32
Jas sum novinar! 10 godini MIM

10 години МИМ публикација

Embed Size (px)

DESCRIPTION

По повод 10 годишнинатра на МИМ

Citation preview

Page 1: 10 години МИМ публикација

Jas sum novinar!

10 godini MIM

Page 2: 10 години МИМ публикација

ДЕСЕТТЕ ГОДИНИ НИЗ БРОЈКИ

Сопствена продукција и копродукција во НАД 10 ТВ И РАДИОПРОЕКТИ

Библиотека со ПОВЕЌЕ ОД 800 НАСЛОВИ од различни области, вклучувајќи новинарство, комуникации, односи со јавноста, политика, историја

Повеќе од 1200 НОВИНАРИ И МЕДИУМСКИ ПРОФЕСИОНАЛЦИ учествувале на стотина различни обуки и настани организирани од МИМ во изминативе 10 години

300 НОВИНАРИ И МЕДИУМСКИ ПРОФЕСИОНАЛЦИ учествувале на различни конференции и настани надвор од државава, со посредство на Институтот

50 НОВИНАРИ беа наградени или им беа доделени признанија на конкурсот Најдобра ис-тражувачка сторија на годината во организација на МИМ

МИМ има организирано повеќе од 50 КОНФЕРЕНЦИИ, ТРКАЛЕЗНИ МАСИ И ДЕБАТИ на теми од медиумската сфера

Повеќе од 30 ИЗДАДЕНИ КНИГИ, ПУБЛИКАЦИИ И ПРИРАЧНИЦИ се дел од десетгодишната работа на Институтот

Спроведени повеќе од 10 ИСТРАЖУВАЊА И МЕДИУМСКИ МОНИТОРИНЗИ

Page 3: 10 години МИМ публикација

Веќе десет години, Македон­скиот институт за медиуми (МИМ) го поттикнува и го по­

мага унапредувањето на професи­оналните стандарди во новинар­ството, во медиумите и во јавната комуникација, со цел да влијае врз подобрувањето на демократските процеси во Македонија.

Во нашата досегашна рабо­та, односите со медиумите, со граѓанското општество и со ин­ституциите ги градиме партнер­ски, помагајќи си и почитувајќи се меѓусебно. Наша примарна улога е да им овозможиме најсоодветна поддршка и пристап до најнови знаења за новинарството и за медиумската сфера на новина­рите и медиумските работници, но и на оние кои имаат потре­ба да комуницираат со медиуми­те и со јавноста. Ние сме посвете­ни на проектите кои ќе им отво­

рат можности за доусовршување и проширување на нивните профе­сионални вештини и подобрување на амбиентот и условите во кои функционира новинарството де­нес.

Дури и во времиња на тензич­ни политички настани и проце­си, кога политичките поделби и влијанија се чувствуваа и во ме­диумите, односите што ги граде­ше МИМ со медиумската заедни­ца и новинарите останаа коректни и конструктивни. Основен крите­риум за оваа еднодецениска сора­ботка беа и остануваат професио­налните и етичките стандарди на професијата.

Во градењето на МИМ и на не­говите капацитети беа вклуче­ни голем дел од најистакнатите претставници на новинарство­то кај нас. Нашиот успех е резул­

тат и на нивниот несебичен ан­гажман, како и на поддршката од меѓународните организации и ек­сперти.

Пред нас се уште многу пре­дизвици. Професионалните стан­дарди во новинарството, слобо­дата на медиумите, транспарент­носта во јавната сфера и слобод­ниот пристап до јавните информа­ции и понатаму ќе останат во фо­кусот на нашите залагања, бидејќи во демократските општества тие секогаш треба да се унапредуваат и усовршуваат.

Имајќи го предвид знаењето, професионализмот и посветено­ста на колегите во МИМ и на сите наши соработници, убедена сум дека успехот нема да изостане.

Билјана Петковскадиректор на МИМ

КОН пОвИСОКИ СТаНДаРДИ вО мЕДИумИТЕ

Page 4: 10 години МИМ публикација

НаШаТа мИСИЈAМИМ е невладина, непартиска и непрофитна

организација. Преку зачленување во Собра­нието на корисници на денот на основањето

во 2001 година, МИМ директно го поддржаа редакци­ите на 90 најрелевантни медиуми од земјава. Во своето понатамошно дејствување, Институтот се разви во една од најмасовните медиумски платформи во Македонија. Речиси и да не постои медиум во земјава со кој МИМ не остварил професионална соработка. МИМ им овоз­можува на медиумите и на новинарите лесен и бес­

платен пристап до медиумска литература, медиумски истражувања и анализи, најмодерни ресурси за профе­сионална надградба и едукација, поддршка за нивни­те истражувања, како и можности за заеднички продук­циски или истражувачки зафати. Медиумите и новина­рите во изминативе 10 години учествуваа ангажирано во активностите и телата на МИМ, со што покажаа дека ги препознаваат искрените заложби на Институтот за унапредување на новинарството и ја потврдија својата безрезервна поддршка на неговата мисија.

Главни цели на МИМ се:

• Унапредување на професионалните вештини на македонските новинари и останати лица кои се професио­нално ангажирани во медиумите;

• Поддршка на развојот на независни, слободни и плуралистички медиуми во Македонија;

• Поддршка за учеството на претставниците на македонските медиуми и новинари во обуки на регионално и меѓу­народно ниво, како и на други активности во однос на зајакнувањето на професионалните стандарди и етиката;

• Развивање врски на македонските со меѓународните медиумски професионални организации и другите организации од областа на медиумите;

• Поддршка на развојот на образованието на новинарите во Македонија;

• Развој на граѓанското општество и на демократските вредности во Македонија.

Резултатите од нашата десетгодишна активност нè поттикнуваат и нè обврзуваат да продолжиме со на­шата мисија. Целите и за следните години се веќе проектирани:

• да инсистираме на продолжување на суштинската дебата за состојбите во македонското новинарство и во медиумите;

• да продолжиме да го поддржуваме развојот на независни, слободни и плуралистички медиуми во Македонија;

• да придонесеме медиумите поуспешно да се прилагодат кон новата информатичко­технолошка ера што при­тиска кон конвергенција на различните типови медиуми;

• заеднички да ги дефинираме етичките и професионалните стандарди во новите медиуми.

Page 5: 10 години МИМ публикација

„Македонскиот институт за медиуми стигна до своето десетлетие, што за институција претставува доба на зрелост. Во изминатите години Институтот постојано растеше, патем прележувајќи ги детските болести, за денес да стане цврста и препознатлива институција, не само дома, туку и надвор од Македонија. Се сеќавам кога пред околу девет години ги праќав моите соработници на новинарска об-ука и образование во МИМ, дури и самиот бев слушател на една од обуките за обучу-вачи (Training for trainers). Младите посетители на школата, од сите етнички заедни-ци, со соодветно и несоодветно образование, таму го печеа занаетот според совреме-ни методи. Тие ги прошируваа своите знаења со помош на искусни новинари, од стран-ство, но и домашни, кои им го пренесуваа знаењето на младите новинари. Стотици луѓе поминаа низ тој вид настава во изминативе години. Не помалку МИМ беше акти-вен во обучувањето на вработените во администрацијата, просветата, а неодминлива е и неговата улога во продуцирањето анализи, осврти од полза на поширокото општество. Круна на сè беше отворањето на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста која е посебна позитивна приказна.За крај. Зад секоја институција стојат личности. А луѓето од МИМ треба да се горди на она што го соз-дале, за здравиот темел на институцијата. Пред нив се големи предизвици, на кои сум сигурен дека тие успешно ќе одговорат. Впрочем, десетгодишното искуство е потврда за тоа.“

Мирче Адамчевски, претседател на Управниот одбор на МИМ

Page 6: 10 години МИМ публикација
Page 7: 10 години МИМ публикација

ОБуКИзаштитен знак на мИм

Професионалните новинарски обуки се заштитен знак на МИМ. Преку нив, Институтот го применува кон­цептот на доживотно учење (lifelong learning) во медиумското образование. Сите програми за обука се соз­дадени според најмодерните светски стандарди во новинарството и се имплементираат преку учење низ

практика (learning by doing). Повеќе од дваесетина реномирани уредници и новинари од највлијателните медиуми на македонски и на албански јазик го сочинуваат тимот обучувачи на МИМ. Модерната студиска опрема за радио и за ТВ, како и другите технички помагала со кои се опремени училниците, овозможуваат услови за продуцирање на материјалот од вежбите и негова соодветна подготовка за објавување/емитување. Овие обуки редовно се оце­нуваат, разгледуваат и се дополнуваат со нови содржини. МИМ веќе реализираше обуки и со учење од далечина (distance learning), и ги адаптира своите едукативни програми кон сè поинтензивното користење на дигиталните медиуми и Интернетот. Преку континуираното професионално надоградување на обучувачите и соработката со истакнати светски медиумски експерти, ги носиме денешните светски новинарски и медиумски практики побли­ску до нашите новинари.

„Верувам дека малкумина од нас се надеваа дека оние две девојчиња што во 2001 година ги поставуваа основите на една организација со толку амбициозно име како Македонски институт за медиуми, ќе дочекаат денес да дуваат десет свеќи на роденденската торта. Да дуваат со полни гради и полно срце од сето тоа што успеаја да го постигнат за овие десет години.Македонскиот институт за медиуми денес е организација што гради, креира, воспитува и едуцира новинари. Вистински институт, кој ефикасно ги попол-ни дупките во државното високо образование на новинарите и направи нови-нарството во Македонија да добие ново значење и ниво. Во последните десет години МИМ упорно и вистинољубиво нè потсетува на највисоките стандарди на професионалното новинарство, и тогаш кога сите други потфрлаат во тоа.“

Александар Дамовски, новинар, член на УО на МИМ и поранешен претседател на УО на МИМ

Page 8: 10 години МИМ публикација

„Во нашава релативно скромна заедница на невла-дини организации кои се фокусирани на новинар-ството, Македонскиот институт за медиуми се потврди како значаен ресурсен центар за медиуми-те, пред сè во поглед на едукацијата на новинарски кадри, но и како промотор на проекти кои се обидоа да третираат некои суштински прашања што се однесуваат на регулацијата и саморегулацијата, на статусните проблеми и на етичките норми поврза-ни со оваа професија.Иако и МИМ, во овие десет години, на свој начин ја спо-дели судбината на македонското новинарство, кое како брзо да свена после првите години на процут на медиумите независни од контролата на државата, евидентните дострели на оригиналните и амбици-озни проекти, какви што беа Едногодишната школа за новинарство и во последниве три години Висока-та школа за новинарство и за односи со јавноста, му

ја обезбедија на Институтот заслужената водечка ролја на субјект кој суштински ги јакне капацитетите на македонски-те медиуми за преживување во ова тешко време.Јас сум речиси убеден дека следниот крупен исчекор на македонското новинарство кон подобро, еден ден ќе биде дело токму на новинарите од неколкуте генера-ции обучувани и „пелцувани“ токму во МИМ, со еден ентузијазам, ако може така да се рече, непримерен на севкупните апатични околности во новинар-ството, па и во општеството во целина.“Бранко Героски, главен и одговорен уредник на весни-кот „Шпиц“, поранешен претседател на УО на МИМ

и предавач на ЕШН и на Високата школа

Page 9: 10 години МИМ публикација

МИМ ја создаде Едногодишна­та школа за новинарство (ЕШН) како програма за практично

новинарско образование, чија цел беше да придонесе кон унапредување на про­фесионалните стандарди и етичките вредности во медиумите во Македонија. Во текот на четирите години постоење (2004­2008), ЕШН промовираше нов, со­времен начин на образование, кој го практикуваат најпознатите факултети за новинарство и специјализирани но­винарски школи од Европа и од САД. Кога во септември 2004 година за прв пат започна наставата за 24­те студен­ти на ЕШН, искрено се надевавме дека проектот во кој беа вложени огромен

труд и енергија ќе ги оправда нашите, но и очекувањата на целата медиумска заедница. По завршувањето на првата генерација студенти на ЕШН, резултати­те беа охрабрувачки, а истиот тренд про­должи и во следните три години. Над 90 отсто од стотината студенти запишани во сите четири генерации на ЕШН си го најдоа своето место во светот на медиу­мите и комуникациите. Фактот дека не­кои напредуваа до уредници, дописни­ци на познати странски медиуми и ис­такнати репортери во информативните редакции на највлијателните национал­ни медиуми, говори за квалитетот на но­винарско образование што како основа го стекнаа на ЕШН.

Едногодишна школа за новинарство (ЕШН)

„Кога пред 10 години се основа Македонскиот институт за медиуми, малкумина имаа одговор на прашањата што ќе се случува и како тој ќе опстојува во идни-на. Тоа што од почеток се знаеше беше одговор на новинарските прашања каде, што и зошто – едукација на млади новинари и доедукација на етаблирани нови-нари според навидум едноставните и основни правила на новинарството – да се презентираат и соочат фактите пред да се заземе став или страна и сето тоа во функција на вистината и во функција на иднината на новинарството. Да се биде дел од тој тим кој секојдневно работеше и работи без задршка, и постојано се надоградува, осовременува и учи, сè со цел стекнатото знаење да им го пренесе на младите студенти, истовремено е и поттик и задоволство, но и предизвик и придобивка.“

Јасмина Миронски, дописник за „Франспрес“и предавач на ЕШН и на Високата школа

Page 10: 10 години МИМ публикација

„Можеби една од најголемите предности на ЕШН, што сега е прифатена и од Ви-соката школа за новинарство и за односи со јавност, е тоа што голем дел од пре-давачите беа искусни и активни новинари, кои знаеја да ја спојат теоријата со практиката, потоа теренските искуства и дружењето по наставата. Со тоа, студентите имаа можност вистински да видат што ги очекува во ре-дакциите, да се запознаат со идните колеги и да покажат што научиле. Впрочем, практиката во редакциите е најголема препорака за идното вработување.“

Срѓан Стојанчов, новинар во Радио Слободна Европа, поранешен студент на ЕШН

Page 11: 10 години МИМ публикација

Основањето на Високата школа за новинар­ство и за односи со јавноста (ВШ) беше ло­гично продолжување на заложбите на МИМ

да обезбеди квалитетно новинарско образование во Македонија. Платформата на ВШ беше цврсто поставе­на врз долгогодишното партнерство на Институтот со европските факултети и врз искуството од четирите ге­нерации на ЕШН кое беше непроценливо за тимот на МИМ и на неговите обучувачи. Високата школа е првата високообразовна институција во Македонија која нуди додипломски специјализирани студии за новинарство и за односи со јавноста. Во Школата со посебно внима­ние се гради соодносот помеѓу теоријата и практиката, континуирано се учи преку работа и се создаваат пар­тнерства со медиумската индустрија и приватниот сек­тор што се неопходни за студентите и нивната идна ка­риера. Тука се поттикнува студирањето кое е ориенти­рано кон конкретни резултати, се охрабрува индивиду­алниот став и критичкиот ум, се храни креативноста на студентите и желбата за знаење.

Акредитирана од Министерството за образование и наука во 2008 година како непрофитна високообра­зовна установа, Високата школа е единствена, меѓу дру­гото и поради тоа што:

• Студиските програми на ВШ се усогласени со моде­лот на УНЕСКО и се изработени во партнерство со Данската школа за медиуми и новинарство и Уни­верзитетот за применети науки Виндесхеим од Холандија.

ПИШУВАЈ ГЛАСНО, ЗБОРУВАЈ МОЌНО.

• Школата има потпишано меморандуми за сора­ботка со повеќе од педесет компании, медиуми и институции од јавниот сектор за заеднички про­екти, за обезбедување студентска практика и за гостувања на нивни претставници на предавањата.

• ВШ преку своите партнери и фондови годишно обе­збедува повеќе од дваесет целосни и делумни сти­пендии за новите студенти.

• Центарот „Кариера“ и Институтот за комуникациски студии, кои се дел од Школата, им нудат на студен­тите можност за вработување, вклучување во науч­ни истражувања и студентска мобилност со шеесет факултети од Европа.

• Едицијата „ExLibris“ издава сопствени учебници за најголем број предмети од двете студиски програ­ми на Школата.

Она што ја одликува Високата школа е иновативно­ста во пристапот и постојаната ангажираност да го доне­се најдоброто од високото образование во Македонија. За само три години, ВШ стана дел од програмата Ераз­мус на Европската комисија која поддржува студент­ска мобилност и размена на наставен кадар, а се зач­лени и во најстарата мрежа на новинарски факултети во Европа ­ ЕЈТА. Школата е партнер на Вестминстер фондацијата за демократија од Велика Британија во ак­тивностите насочени кон зајакнување на капацитетите на Собранието на Република Македонија, а соработува и со проектите на ООН во Македонија со кои се реали­зираат годишните студентски кампови.

Page 12: 10 години МИМ публикација

Промовирајќи ја општествената одговорност и вред­ностите на партиципативната демократија, Школата во по­следната година иницираше два големи проекта. Во сора­ботка со „Нова Македонија“ започна да се печати весникот за сите средношколци „Медиум“, додека веб­платформата www.medium.edu.mk ги поврзува сите средношколски но­винарски и литературни секции во земјава. Препознавајќи ја потребата од професионализација на односите со јавноста и корпоративните комуникации, ВШ го иницира­ше процесот за основање Здружение за односи со јавноста на Македонија, очекувајќи го првото собрание во текот на летото, откако работната група составена од 25 професи­оналци од областа на односите со јавноста ќе го заврши работењето на основачките акти на идното здружение.

Последниот успешен проект на Високата школа е добивањето можност за основање на Катедрата за медиуми, заедничко разбирање и дијалог на УНЕСКО за Македонија. Школата е носител на проектот заедно со

14 партнери – универзитети од Европа, научни институти, домашни факултети, невладини организации и медиуми. Катедрата за медиуми на УНЕСКО ќе работи на создавање на постдипломските студии за мултимедија, медиумски менаџмент и онлајн­новинарство, како и на студиите за стратегиски комуникации и менаџмент на односите со јавноста; на воспоставување механизам за брза реакција за неетичко и непрофесионално новинарство; на студентска ТВ­продукција; на развој на веб­платформи кои ќе нудат бо­гат извор информации, текстови, линкови и книги за нови­нари, медиуми и за сите кои се занимаваат со комуникаци­ите. Активностите на Катедрата за медиуми во следните че­тири години ќе имаат силна компонента на интеркултурни­те комуникации и на етиката во медиумите.

Три години по основањето, Високата школа ги оче­кува нејзините први дипломци да ги фрлат капите... но и да се запишат на постдипломските студии на Школата кон крајот на 2011 година.

Page 13: 10 години МИМ публикација

ИНфОРМИРАЈ, кОМУНИцИРАЈ, УчИ.

„Првиот предлог за името на МИМ беше МАМИ (Маке-донски медиумски институт), па лесно е да се прет-постави зошто не беше прифатен. Првите подго-товки за основање на новата организација (тогаш сè уште без име) се случуваа во текот на 2000 година, преку интервјуа со повеќе од триесет главни уредни-ци од цела Македонија. Првата работилница во Мав-рово, во јуни истата година, собра четириесетина новинари и уредници кои прецизно ги определија при-оритетите на развој на (сега веќе) Македонскиот институт за медиуми и ја потпишаа Платформа-та од Маврово, како нивен залог дека ќе го поддржат основањето на Институтот и ќе соработуваат со него. Првата канцеларија на МИМ не беше поголе-ма од пет-шеснаесет квадратни метри и во неа мо-жеа да се сместат две комјутерски маси и две, во тоа време, девојчиња (искрено, сега после 10 години нави-стина не ми пречи деминутивот – напротив, се раду-вам секојпат кога ќе го слушнам). МИМ немаше к`смет во планирањето на настаните во својата прва година. Првото Собрание на корисни-ците на МИМ се одржа на 26 април 2001 година, во те-кот на воениот конфликт во Македонија, на кое уче-ствуваа претставници на 76 медиуми. Првата голе-ма конференција која беше фокусирана на улогата на медиумите во конфликтот во нашата држава се од-ржа на 14 септември 2001 година, само три дена по настаните на 11 септември, така што донаторите и странските партнери беа блиску до одлуката да се повлечат од организацијата на конференцијата. Конференцијата беше прв и успешен обид уредни-ците од македонските и од албанските медиуми да седнат на иста маса и отворено да зборуваат за професионалните и етичките аспекти на нивното работење во текот на конфликтот. Тоа беа почетоците...Успехот на МИМ, пред сè, се должи на постојаната соработка со медиумите и на заеднички утврдена-

та платформа на приорите-ти и принципи на работа, како и на јасната визија за развој на Институтот. Успехот на МИМ е и резултат на истрајноста и тврдоглавоста на првиот тим на МИМ, на младешката одваж-ност при соочување со непо-знатото, на леснотијата во влегувањето во ризици и на кон-тинуирана желба и ангажира-ност да се дојде до следното ниво на развој и да се биде подобар. Биба, Мери, Јане, Мишко, Ана, Џемиле... Лејла, Миле, Линдита, Петрит, Ферки, Јасмина, Зо-ран, Сашка, Дејан, Ајо, Сузе, Ардијан, Ивона, Снежана, Марина, Весна, Славчо,Оги, Деле, Марина З., Стамбол, Бојан - се дел од тимот на МИМ низ овие 10 години.Искусните новинари и уредници кои ја поминаа ба-риерата за одење на „тренинг“ и беа дел од една од најважните компоненти на Институтот, „Тре-нинг на тренери“, се уште една причина за успешни-от развој на МИМ. Јасмина, Геро, Назмие, Дончо, Су-зана, Даут, Герман, Гордана, Кате, Зоран Т., Мирче А., Атанас, Сашо, Марга, Зоран И., Назим, Столе, Мирче Ј. - се првите обучувачи на МИМ. Коста, Жути, Олето, Принц, Феко, Шеќер, Сале, Догов, Столе, Лазе и, сека-ко, единствената „Баклава“ се постојани соработ-ници...Уште многумина ја создаваат и ја раскажуваат при-казната за МИМ во пресрет на одбележувањето на десеттиот роденден. Верувајте - оваа новинарска приказна која во себе носи интересна нарација и мно-гу љубопитни ликови сè уште се наоѓа на самиот по-четок. Нејзиниот развој допрва почнува...

Жанета Трајкоска, директор на Високата школа за новинарство

и за односи со јавноста

Page 14: 10 години МИМ публикација

„Пријатен, успешен, интересен и, пред сè, професионален почеток на мојата но-винарска приказна. Случајно влегов, но само по неколку часови и практични за-дачи рамо до рамо со големите новинарски имиња, ми стана јасно дека тука го најдов вистинскиот патоказ кон успехот. Во Школата научив како да пишувам брзо, а моќно, научив како да дојдам до информација, а да останам непристрасна, како да сум остра, но во исто време и етична. Многубројните обуки и после Шко-лата, особено онаа во Луксембург, ми ја разбудија љубопитноста за нови нови-нарски предизвици.“

Билјана Николовска, дописник на ТВ Телма од Велес, поранешен студент на ЕШН и студент на Високата школа

Page 15: 10 години МИМ публикација
Page 16: 10 години МИМ публикација

Медиумскиот простор во Македонија, освен по бројноста на медиумите, се одликува и со бо­гатството на јазиците што се емитуваат во ете­

рот. Ваквата состојба наметнува и специфични потреби и барања на редакциите, кои во својата продукција го ко­ристат јазикот на некоја од другите етничките заедници. МИМ во повеќе наврати спроведе обуки за новинари од медиумите на албански и на ромски јазик, но во редовни­те обуки и во другите програми на македонски и на ан­глиски јазик, се обидува да обезбеди присуство на прет­ставници на медиумите од сите етнички заедници. Впро­чем, еден од поголемите проекти на МИМ беше и Про­грама за едукација на новинари­Роми, со која беа опфа­тени 36 студенти, заинтересирани да бидат дел од оваа професија.

Во Македонија постојат дваесетина медиуми на ал­бански јазик, од кои поголемиот дел имаат проблеми со

недооформени кадровски и технички ресурси. Ваквата состојба создава зголемена потреба за едукација на но­винарите, но и на целиот кадар во медиумите на албан­ски јазик. Со цел да одговори на овие потреби, МИМ во изминативе 10 години организираше повеќе обуки за новинарите на албански јазик, од почетни курсеви до известување. Во 2003 година беше организирана триме­сечна обука за новинари од печатените медиуми на ал­бански јазик, а во 2004 година 40 новинари од редак­циите на албански јазик во Македонија посетуваа обу­ка за професионално усовршување. Дополнително, како дел од својата издавачка дејност МИМ има издадено, но и преведено повеќе од своите изданија и на албански јазик. Новинари од албанските редакции беа дел од про­дукциски проекти, конференции, семинари и други про­грами за доусовршување.

Новинарски обуки за медиумите на другите етнички заедници

„За 10 години МИМ успеа да го задржи ентузијазмот, и тоа е едно од најбитните обележја на оваа институција. Во почетокот, со својата работа влијаеше на усовршувањето на новинарството во земјава преку обуки за активни и млади новинари, а денес тоа го прави едуцирајќи нови генерации новинари во Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Влијанието е очигледно бидејќи повеќето новинари што биле дел од МИМ се едни од најприсутните во медиум-скиот простор. Од друга страна, МИМ со своите активности продолжува да при-донесува сериозно во развојот на медиумите, приспособувајќи ги светските нови-нарски стандарди кон македонската реалност.“

Назим Рашиди, долгогодишен новинар на „Би-Би-Си“, обучувач во МИМ и во Високата школа

Page 17: 10 години МИМ публикација

„Во текот на 2006 година дојдов во МИМ како студент во првата генерација на Програмата за професионализација на новинари-Роми. Успешно ја завршив Про-грамата и остварив контакти со луѓе со кои комуницирам и денес. Искуството во „Дневник“ како практикант преку Програмата, беше од непроценливо значење за мене. Соочувањето со реалните новинарски предизвици беше дополнителен мотив да научам што е можно повеќе за новинарството. По завршувањето на Програмата ја добив можноста од страна на МИМ да бидам дел од нивниот тим, како одговорен за втората генерација на истата Програма.МИМ вложи во моето знаење и благодарен сум за тоа.“

Ајет Османовски, проектен координатор во Ромаверситас/ФООМ и поранешен студент на Програмата за едукација на новинари-Роми

Програмата за едукација на новинари­Роми и нивно вклучување во влијателните медиуми, МИМ ја спроведуваше од 2005 до 2008 година.

Со имплементацијата на оваа програма, МИМ се при­клучи кон Светската декада на Ромите и создаде можно­сти младите новинари­Роми да дадат придонес во про­цесот на интеграција на ромската популација во маке­донското општество.

Преку методот „учење преку работа“, искусни уред­ници, новинари и обучувачи на МИМ ги подготвуваа студентите за професионална работа во влијателните медиуми во земјава. Резултатот од програмата беа повеќе од 500 прилози и текстови на теми поврзани со состојбите во ромската заедница, што беа објавени на водечките телевизии и во највлијателните весници. Дел од студентите и денес работат во медиумите, а другите го искористија стекнатото знаење и искуство за работа во граѓанскиот сектор, јавната администрација и во од­носите со јавноста.

програма за едукација на новинари-Роми

Page 18: 10 години МИМ публикација

„Кога се зборува за развојот на медиумите во Македонија, по се изгледа Македон-скиот институт за медиуми гледа многу понапред од останатите, без оглед дали се работи за унапредување на националната наставна програма со часови по ме-диумска писменост, за поместување на уредувачките и финансиските граници што се однесува до одржливоста на новите медиуми или, пак, за основање соп-ствени акредитирани програми. Едноставно МИМ e доверлив, конзистентен и ва-жен ресурс за локалната и меѓународната медиумска заедница. На овој јубилеј Европскиот центар за новинарство се гордее што е дел од десетго-дишната приказна на МИМ и очекува нови достигнувања во следните 10 години...“Џош Лапорт, советник за развој на медиуми, Европски центар за новинарство

Унапредувањето на медиумската писменост во об­разовниот процес и создавањето капацитети за успешна примена на правото на слободен при­

стап до информациите од јавен карактер, особено за претставниците на медиумите, се области во кои МИМ работеше многу. Искуството што го стекнавме притоа го потврди нашето убедување дека новинарството ќе биде подобро кога институциите ќе обезбедат непре­чен пристап до јавните информации, а младите луѓе ќе научат подобро да ја разбираат функцијата на медиуми­те во општеството, за правилно да ги прифаќаат и кри­тички да ги третираат медиумските пораки.

Овие две области се само илустрација за фокусот што го има МИМ во јавниот и во граѓанскиот сектор. Ин­ститутот спроведува обуки за комуникација со медиу­мите и јавноста за претставници на граѓански, јавни и државни организации и институции, кои имаат потреба од обучени кадри кои ќе ја вршат одговорната функција за комуницирање со јавноста и медиумите. Обуките се

одговор на потребата на институциите и на граѓанските организации за зголемување на нивната транспарент­ност, како и за поуспешно претставување на резултати­те од нивната работа во јавноста. Во изминатите 10 го­дини, во нив беа вклучени 2000 претставници од невла­дините организации, од јавните институции и од едини­ците на локалната самоуправа.

Обуки за граѓанскиот и за јавниот сектор

Page 19: 10 години МИМ публикација

медиумска писменост за образованието на 21 век

Придонес во зајакнувањето на граѓанското општество

Во свет на сеприсутни и севлијателни слики, зву­ци и текстови, медиумската писменост им овозможува на младите да стекнат знаења и вештини за користење на медиумите и толкување на медиумските пораки во секојдневниот живот. Потребата од воведување на ме­диумската писменост во образовниот систем на разви­ените земји е веќе препознаена, а во Македонија овој современ концепт прв пат беше промовиран од страна на МИМ преку проектот „Унапредување на медиумска­та писменост во образованието во Македонија“.

Овој тригодишен проект ќе резултира со 60 спроведени обуки за околу 1500 наставници по мајчин јазик од основните и од средните училишта од цела Македонија. Во рамките на проектот беше издаден и „Прирачник за наставници за изучување на медиумската писменост во наставата по мајчин

те и подобрување на комуникацијата меѓу новинари­те и граѓанските организации. Целта на овој петгодишен проект, поддржан од УСАИД, беше да се придонесе кон развој на повлијателен и посилен невладин сектор во земјава. Во спроведувањето на активностите, покрај Ин­ститутот учествуваа и Европскиот центар за непрофитно право и Конект, а главен координатор на активностите беше Институтот за трајни заедници.

МИМ работеше на зајакнување на капацитетите на лидерските невладини организации за нивна ефикасна и редовна комуникација со медиумите и со јавноста. Како дел од активностите, МИМ го организираше и гласањето за Годишна медиумска награда на граѓанското опште-ство, којашто четири години по ред им беше доделувана на медиумите и на програмите кои најмногу придонесле за промовирање на граѓанскиот сектор во Македонија.

јазик“, а беше креирана и Интернет­страница www.mediumskapismenost.edu.mk, каде сите заинтересирани може да најдат повеќе информации од оваа област.

Учеството на МИМ во Проектот за зајакнување на граѓанското општество во Македонија беше дел од процесот на иницирање граѓански теми во медиуми­

Page 20: 10 години МИМ публикација

ИЗДаваШТвО за трајни вредности во медиумската сфера

Понудата на литература од сферата на новинарство­то и медиумското образова­

ние на македонскиот пазар отсеко­гаш била повеќе од скромна: рет­ко се случува промоција на кни­ги од домашни автори, а досега ре­чиси и не постоеја иницијативи за преведување познати светски на­слови. Овој недостиг значително го отежнува процесот на едукација на новинарите низ формалниот ви­сокообразовен систем, а во обла­

ста на новинарската дообука созда­ва проблематичен јаз кој мора да се адресира. Сиромашната понуда на овој тип литература во Македонија е причина и за недостигот од општи знаења кај пошироката јавност за медиумите, јавното информирање, односите со јавноста и потребата од комуникација со медиумите. Уште во периодот на основањето, МИМ го постави овој проблем на ниво на приоритет, а во изминатите пет години се обидува да докаже дека

вложувањето во медиумска литера­тура значи создавање трајни вред­ности и директна поддршка на про­цесот на едукација и подигнување на професионалните стандарди во новинарството.

Институтот не застанува тука – стремежот да бидеме во тек со свет­ските трендови во новинарството и медиумите ни ја наметнува обвр­ската за постојано збогатување на збирката изданија со печат на МИМ.

Во изминатите десет години МИМ преведе и из­даде на македонски, на албански и на англиски јазик дваесетина новинарски прирачници, темат­

ски публикации, регионални истражувања и прирачни­ци за комуникација со медиумите и односи со јавноста. Во 2005 година беа издадени книгите „Пишување за пе­чатени медиуми“ и „Пишување за електронски меди­

уми“ што ги содржат основите и практичните наче­ла за пишување во весник, за радио, за телевизија и за онлајн­издаваштвото, а беа потпишани од обучувачите на МИМ. Книгите служеа како главно наставно помага­ло за ЕШН и сè уште претставуваат дел од литературата што ја користат студентите по новинарство и комуника­ции во повеќе високообразовни институции.

Едиција „мИм“ со повеќе од 20 наслови

Page 21: 10 години МИМ публикација

Ова се некои од објавените наслови под слоганот Едиција „МИМ“:

1. Прирачник „Известување за различностите“ (2001), на албански јазик

2. „Македонија ­ конфликтот и медиумите“ (2003), на македонски, на албански и на англиски јазик

3. „Улогата на медиумите во конфликти“ (2003), на англиски јазик

4. „Како да комуницирате со медиумите“ (2003), на македонски, на албански и на англиски јазик

5. „Сопственоста на медиумите и нејзиното влијание врз независноста и плурализмот во медиумите“ (2004), на македонски и на англиски јазик

6. „Пишување за печатени медиуми“ (2005), на македонски јазик

7. „Пишување за електронски медиуми“ (2005), на македонски јазик

8. Истражување „Бизнисот во етиката, етиката во бизнисот“ (2005), на македонски и на англиски јазик

9. „Етиката и новинарството во Југоисточна Европа“ (2005), на македонски и на англиски јазик

10. „Односи со медиумите: Прирачник за Роми“ (2005), на македонски јазик

12. „Косово и медиумите“ (2008), на албански, на српски и на англиски јазик

13. Прирачник „Информациите од јавен карактер се за давање, а не за чување“ (2007), на македонски и на албански јазик

14. Прирачник „Пристапот до информации од јавен карактер е слободен“ (2008), на македонски и на албански јазик

15. „Примери од досегашната работа на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер“ (2009), на македонски и на албански јазик

16. Прирачник „Полицијата и судството како извор на информации за новинарите“ (2008), на македонски јазик

17. „Прирачник за наставници за изучување на медиумската писменост во наставата по мајчин јазик“ (2010), на македонски, албански, турски и на српски јазик

Page 22: 10 години МИМ публикација

Во контекст на напорите за унапредување на про­фесионалните стандарди, МИМ сè повеќе се фо­кусира кон развивање на истражувачката дејност.

Ова длабинско „скенирање“ на состојбите во медиуми­те претставува поткрепа на активностите што Институ­тот ги иницира и спроведува, поради што во последни­те неколку години интензивно ги развива своите истра­жувачки капацитети. Целта на истражувањата е да по­служат како основа за натамошни иницијативи во обла­ста на професионализација на новинарите и медиумите, развојот на новинарското образование, како и развојот на граѓанското општество и на демократските вредности во Македонија.

Во изминативе 10 години, Институтот иницира­ше десетина истражувања од областа на медиумите, кои беа реализирани од страна на домашни истражу­вачи. Само во последната година беа спроведени че­тири истражувања и анализи: „Јавната радиодифузија во Македонија во контекст на европската политика“,

„Прашањето на саморегулацијата во медиумите во Македонија“, „Одржливоста на онлајн­медиумите во Македонија“ и „Состојбата со медиумите на јазиците на заедниците во Република Македонија“.

За време на локалните и претседателските избо­ри 2009 година, Институтот спроведе мониторинг на 16 влијателни медиуми во земјава за „Начините и фор­мите на известување за изборите во медиумите во Македонија“, по што беше издаден Финален извештај со заклучоци и препораки за натамошно подобрување на стандардите во новинарството.

Голем дел истражувања беа направени и во рамките на регионални проекти на Мрежата за професионализација на медиумите во Југоисточна Ев­ропа (СЕЕНПМ) во текот на 2006 и 2007 година на теми поврзани со содржината на главните (прајм­тајм) домаш­ни вести, политичката инструментализација и клиенте­лизам во македонските медиуми.

ИСТРаЖуваЊамедиумската сфера под лупа

Page 23: 10 години МИМ публикација

„На медиумската заедни-ца пред 10 години и беше по-требен нов фактор кој ќе ја даде стартната инјекција за да може се случи проме-на во однесувањето на за-едницата, медиумскиот професионалец да се при-движи кон новото, да дојде до менување на начинот на

размислување и на односот кон општествените заедници, кон економијата , кон контролата од политичката моќ.

Тој фактор беше Македонскиот институт за медиуми. Уште од почетокот, МИМ како дел од невладиниот сектор иницираше решавање на проблемите на медиумската заедница стремејќи се кон исполнување на нејзините цели. МИМ ди-ректно работеше со граѓанските организации,

со еснафската заедница на новинарите и со за-едницата на радиодифузерите, а, барајќи проме-на на состојбата во и околу медиумите, воспо-стави комуникација и со законодавната и со из-вршната власт. Почетната мала иницијатива се трансформираше во голем успех кој беше ши-роко поддржан од меѓународната заедница која пак, го помогна и основањето на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста.

Својата мисија МИМ мора да ја продолжи и во иднина, бидејќи едукацијата е доживотна, а интеракцијата на луѓето со медиумите е суш-тинска. МИМ докажа дека може да го промени човечкиот фактор кој ќе го гради новото демо-кратско општество.

Јас лично и во иднина посакувам успеси на сите полиња и проекти што ги работи и ги под-држува МИМ.“

Горан Гаврилов, сопственик на Радио Канал 77

„Мислам дека е исклучително значајно појавувањето на Македонскиот инсти-тут за медиуми во период кога другите новинарски здруженија и асоцијации само формално егзистираа. Денес, МИМ има значајна улога и на своевиден начин ги обе-динува медиумите во Македонија, а со својата објективност и непристрасност умее да им дава поддршка тогаш кога за тоа имаат потреба без притоа да се на-метнува, МИМ советува и едуцира, знае да заземе сопствен став по прашањата за заштита на слободата на изразувањето, но знае и критички да се постави кон оние претставници на „седмата сила“ што не ги почитуваат етиката и мора-лот. Се надевам дека така ќе биде и во наредните 10 години.“

Даниела Каневче, главен уредник на Првиот програмски сервис во Македонското радио

Page 24: 10 години МИМ публикација

пРОДуКЦИЈа стандарди и во визуелното изразување

Десетина сопствени продукциски проекти како и копродукциски соработки се дел од професионалното портфолио на МИМ во изминатата декада. Продукциските проекти се насочени кон релевантни теми што најчесто не се третирани во влијателните медиуми, но се од значење за развојот на граѓанското опште­

ство и демократските вредности во Македонија. Овие медиумски производи ги интегрираат сите професионални принципи при изработката, со амбиција да претставуваат пример, и во тематска и во новинарска смисла.

Последниот копродукциски проект на МИМ и на ТВ Канал 5, е ТВ­квизот со енигматско­едукативен карактер „Одиме во ЕУ“, кој преку забава ги тестира познавањата на млади студенти, но и на сериозни квизаџии. Низ 21 емисија, повеќе од шеесет натпреварувачи ги проверија своите знаења за Европската Унија и за европските вред­ности.

Од 2005 година, Македонскиот институт за медиуми го продуцира телевизиското неделно интервју на Радио Слободна Европа. Интервјуата се емитуваат на маке­донски и на албански јазик на националните телевизии

Канал 5 и Алсат­М, како и на седум локални ТВ­станици. Овој серијал интервјуа обезбедува ексклузивни гости, чиишто изјави за неделното интервју честопати се ци­тирани од сите медиуми.

Page 25: 10 години МИМ публикација

Телевизиската и радиоемисија „Нашиот круг“ прикажувана на 26 медиуми

Емисијата „Нашиот круг” во продукција на МИМ се емиту­ваше на две национални телевизии (Канал 5 и Алсат­М),

на 10 локални ТВ­станици, како и на 14 локални ради­останици во земјава, во продолжение на телевизиско­то неделно интервју на Радио Слободна Европа. Произ­водството им беше доверено на студентите на ЕШН, кои ги подготвуваа прилозите за емисијата под водство на обучувачи­координатори од тимот на МИМ. Во емисиите се начнаа повеќе теми од граѓанскиот домен, и беа претставе­ни активностите на повеќе од 50 невладини организации и здруженија на граѓани. Целта на емисијата, која се реализи­раше како дел од Проектот за зајакнување на граѓанското општество, беше да се промовира граѓанското новинарство и работата на невладините организации во Македонија.

Тв-магазин „Контрафор“

ТВ­магазинот „Контрафор“, продуциран од страна на МИМ во 2002 година, ги спои новинарите Македонци и Албан­

ци, кои заедно изработуваа различни новинарски продукти за локални теми од интерес на граѓаните. Беа продуцирани 12 емисии во времетраење од 30 минути, кои се емитуваа на се­дум телевизии во областите опфатени со конфликтот во 2001 година.

прилози на младите новинари на Тв метрополис

ТВ Метрополис е медиумска платформа во чии рамки функционира Интернет­страницата www.metropolistv.nl, на која свои медиумски продукти поставуваат соработници од повеќе од 50 земји од целиот свет, а се продуци­

ра и телевизиска емисија која се емитува на третиот канал на холандскиот јавен сервис. МИМ и ВШ во 2010 годи­на почнаа соработка со ТВ Метрополис, при што неколку студенти од Високата школа поставија свои прилози на Интернет­страницата, за чија продукција се погрижи искусниот тим на МИМ.

Page 26: 10 години МИМ публикација

Иако стана препознатлив како центар за едукација на новинари и медиумски профе­сионалци, Институтот во изминативе години,

настојуваше да придонесе и кон унапредување на општиот медиумски амбиент во земјава, но и во реги­онот. Со поддршка од медиумите, МИМ, во соработка со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во 2001 година го иницираше донесувањето на но­виот Етички кодекс на новинарите на Македонија. Во насока на заштита на новинарските права и сло­бодата на изразување, МИМ во 2005 година, заедно со ЗНМ, лобираше за иницијативата за укинување на затворската казна за кривичните дела навреда и кле­вета.

Националните и меѓу на ро­дните конференции што ги ор­ганизираше МИМ досега при­влекоа огромно внимание, а дел од нив ја разбрануваа ја вноста и иницираа натамошна јавна дискусија околу прашањата што ги отворија. По завршувањето на конфликтот во 2001 годи­на, Институтот ја организира­ше првата конференција по­светена на улогата на медиуми­те во конфликтот во Македонија, на која учеству­ваа претставниците и на македонските и на албан­ските медиуми. На меѓународните конференции, како што беше онаа организирана во 2003 година под наслов „Улогата на медиумите во време на кон­фликт“, МИМ ги донесе познатите воени известува­чи од регионот и од највлијателните европски меди­уми во земјава. Во текот на двете национални кон­ференции посветени на професионалните стандар­ди во новинарството во Македонија, пак, одржани во 2005 и 2006 година, Институтот успеа да ги сед­не на иста маса најрелевантните новинари и уред­ници во земјава, кои се согласија дека Македонија мора да се приклучи кон процесот на медиумска саморегулација заради заштита на новинарската

ИНИЦИЈаТИвИ За пОДОБРуваЊЕ На мЕДИумСКИОТ амБИЕНТ

Page 27: 10 години МИМ публикација

„МИМ направи многу за новинарството во Македонија и за воспоставување ви-стински стандарди во професијата. Беше отворена врата за сите активности на новинарите, за новинарските организации и за оние што сакаа да ги научат вештините на новинарството. ЕШН им овозможи на многу новинари да се усовр-шат и да се вработат во медиумите, а некои од нив да прераснат во столбови на редакциите. Семинарите, конференциите и обуките за новите трендови во но-винарството придонесоа за подигнување на стандардите во професионалното информирање и известување, што воедно придонесе и за поткревање на нивото на демократијата. Јас сум убеден дека МИМ ќе продолжи да биде силна логистика за новинарите и за новинарството.

Џелал Незири, координатор на мрежата за истражување СКООП за Македонија и учесник на обуки на МИМ

професија, но и заради одговорноста што медиумите ја имаат кон граѓаните и јавноста. Во 2007 година, МИМ организираше конференција за улогата на новинарите­истражувачи при известување за корупција, која прв пат ги собра на едно место претставниците на меди­умите, на клучните државни институции и на јавната администрација надлежни за оваа проблематика. Се апелираше за интензивирање на соработката помеѓу медиумите и институциите, со цел да се подигне нивото на транспарентност и отчетност на државните органи, и со цел да се постигне поефикасно спротивставување на корупцијата и организираниот криминал во земјата.

Конференцијата „Косово и медиумите“ органи­зирана во 2008 година придонесе за промоција на МИМ како активен и важен субјект во регионот. Сите

овие настани овозможија македонските новинари да ја интензивираат соработката со нивните колеги и медиумски организации од светот.

Page 28: 10 години МИМ публикација

Kако дел од заложбите за професионализација и подобрување на стандардите во ма­кедонското новинарство, почнувајќи од 2001 година, МИМ ја доделува наградата за Најдобра истражувачка сторија на годината, награда која прерасна во едно од

најзначајните и најпрестижни признанија во Македонија за промовирање новинарство по светски стандарди. Повеќе од педесетина новинари биле наградени или им биле оддаде­ни признанија за исклучителните напори во истражувањето и продуцирањето оригинал­ни и квалитетни новинарски приказни.

Од 2006 до 2009 година, Институтот ја организираше Годишната медиумска награда на граѓанското општество, за избор на медиум кој дава најголем придонес за промоција на граѓанското општество. Три години по ред, од 2001 до 2003 година, ја организираше најпрестижната светска изложба за новинарска фотографија World Press Photo.

„Не знам за другите, но јас не знам да ги кријам сво-ите емоции, па ќе кажам дека моите пријатели од МИМ, беспоштедно се во моето срце.Таа 2001 година, седев во кафуле, кога некој ми јави дека јас сум добитникот на првата награда на Ма-кедонскиот институт за медиуми. Тоа беше плима од емоции, јас сепак не бев дете кое во животот е познато по успеси. Заслугата е на мојот ментор, покојна, Вера В. Аџигогова, заменик на главниот уредник на “Вест”. Виде потенцијал во мене и не от-стапи од тоа. Тогаш јас немав искуство, па нејзина беше идејата за “Хендикепираните сè уште го ба-раат своето место под сонцето”, истражување за борбата на родителите со државата за децата со посебни потреби. Интересно е како темата ја ра-ботев во училиштето со назив -“Иднина”.И главниот уредник на “Вест” Горан Михајловски, сето тоа го доживеа на посебен начин. Еден од ретките кој поседува доблест да се гордее со сво-ите новинари, уште истиот ден ми кажа како со

тогашниот сопственик на вес-никот, “Фершпед”, се договорил да ме наградат со постојано вработување. Поради тоа и по-ради МИМ, и останав во оваа професија.И за следната 2002 година, за-едно со Вера В. Аџигогова и Маја Илиевска-Пачемска бевме добит-ници, но овојпат на втора на-града за “Вила Водно”. Сметав-ме дека сме обесправени, дека заслужуваме прва, па наградата и паричниот износ го подаривме на жири комисијата со цел развој на млади новинари истражувачи. Во 2006 година пак, за серијалот “Ка-тастар”, од МИМ, бев наградена и со признание за развој на истражувачкото новинарство.“

Јорданка Ивановска – Јоци, новинар во „Дневник“, добитник на првата награда за Најдобра

истражувачка сторија на годината за 2001 година.

НаГРаДИ За пОТТИК И ОДДаваЊЕ пРИЗНаНИЈа

Page 29: 10 години МИМ публикација

РЕГИОНаЛНа И мЕЃуНаРОДНа СОРаБОТКа

Интензивна и плодотворна ­ се епитетите кои ја опишуваат соработката на МИМ со центри­те за новинарско образование и медиумски­

те субјекти во Југоисточна Европа во изминатото де­сетлетие. МИМ е основач и членка на Мрежата за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа (www.seenpm.org), како и на Мрежата на ме­диумски организации од Југоисточна Европа (www.seemo.org), и на Медиумската мрежа за различности од Лондон (www.mdi.org).

Како резултат на меѓународната соработ­ка, Институтот организираше многу настани во

Македонија и делегираше над 300 македонски учес­ници на различни медиумски настани и собири над­вор од земјава.

Поврзувањето со регионалните и меѓународните организации овозможува, пред сè, размена на иску­ства и знаења, мобилност на експерти, соработка на различни истражувачки проекти и преземање до­бри практики. Воспоставеното партнерство ќе про­должи и во иднина со цел да се обединат ресурси­те и да се создадат услови за подинамичен развој на новинарското дообразование во регионот.

Page 30: 10 години МИМ публикација

Во изминатите десет години, МИМ соработуваше со многу организации, институции и поединци од земјава и од странство. Медиумите и новинарите беа најприсутни во нашите активности, бидејќи ние постоиме за нив и наша примарна задача е да соработуваме и да им помагаме првенствено на новинарите и на остана­

тите професионалци во медиумите.

Интензивно работевме и со стотици граѓански организации, многу државни институции, единици на локал­ната самоуправа, приватни компании и истакнати експерти во повеќе области. Сите тие придонесоа за наши­от успех и без нивната соработка и поддршка, резултатите на МИМ ќе беа многу поскромни. Просторот во оваа публикација е премал за да може да ги именуваме сите наши досегашни партнери, соработници и пријатели.

Затоа, овде јавно им се заблагодаруваме на сите, и искрено се надеваме дека нашата соработка успешно ќе ја продолжиме и во наредните десет години.

Сепак, постоењето на МИМ немаше да биде возможно без довербата и поддршката од нашите основачи, Дан­ската школа за новинарство и Ирекс Про Медиа/УСАИД. Им благодариме затоа што веруваа во нас од самиот по­четок, што нè поддржуваа и нè охрабруваа и во миговите кога не беше лесно, кога требаше да се донесат тешки одлуки или да се решат проблематични ситуации.

МИМ досега реализираше стотина успешни иницијативи и проекти благодарение и на нашите донатори. Ис­крено им благодариме за сета поддршка, доверба и посветеност заеднички да придонесеме за развојот на меди­умската сцена, новинарското образование, транспарентноста и отчетноста на институциите, слободниот пристап до јавните информации и многу други активности што ја унапредуваат демократијата во нашата земја.

ДОНаТОРИ И пОДДРЖуваЧИ На мИм

•DanishSchoolofJournalism•USAID•IREXProMedia•InstituteforSustainableCommunities,USA•PressNowFoundation,Netherlands•OSCE•TheBritishEmbassyinMacedonia•USEmbassyinMacedonia•EmbassyoftheKingdomofNetherlandsinMacedonia•EuropeanAgencyforReconstruction•UNESCO•IFA/StabilityPactforSouthEasternEurope,sponsoredbyGermany

•DelegationofEuropeanCommission•OpenSocietyInstitute–BudapestandLondon•BalkanTrustforDemocracy/GermanMarshallFundofUS•SwedishHelsinkiCommitteeforHumanRights•KonradAdenauerStiftung•FriedrichEbertStiftung•MediaDiversityInstitute,London•CenterforWar,PeaceandNewsMedia,NewYork•InternationalCenterofJournalists,Washington,DC•InternationalFederationofJournalists,Brussels•NorwegianPeople’sAid•EuropeanJournalismCentre,Netherlands

Page 31: 10 години МИМ публикација

аКТуЕЛЕН СОСТав На упРавНИОТ ОДБОР На мИм (маНДаТ 2009-2011)

претседател на уО:• Мирче Адамчевски, новинар, поранешен претседател на Советот за радиодифузија и долгогодишен уред­

ник во “Нова Македонија“

Членови на уО:• Александар Дамовски, новинар

• Љубица Манговска, програмски директор на Тера Тв Битола

• Назим Рашиди, уредник во сервисот на албански јазик на БиБиСи

• Снежана Трпевска, виш предавач на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста

• Јорген Рингард, Данска школа за новинарство, Архус , Данска

• Џош Лапорт, Европски центар за новинарство, Мастрихт, Холандија

Заменици-членови на уО:• Даниела каневче, гл. уредник на првиот програмски сервис во Македонското радио

• Спасијка Јованова, уредник во економскиот магазин “Капитал“ – Скопје

• Беким Мурати, уредник во вториот програмски сервис при Македонската телевизија

• Билјана Петковска, директор

• Мери каранфиловска, директор за финансии и администрација

• Јане Стефанов, технички раководител

• Петрит Сарачини, програмски раководител

• Весна Никодиноска, програмски раководител

• Ивона Ефтимова, програмски асистент

• Сузана Николовска, асистент за финансиско работење

• Славчо Миленковски, програмски асистент

• Џемиле курта, одржување

Тимот на мИм

Page 32: 10 години МИМ публикација

Адреса: Јуриј Гагарин 17/1­1; 1000 Скопјетелефон: +389 2 30 90 004; факс: +389 2 30 90 [email protected]; www.mim.org.mk www.pr.org.mk; www.mediumskapismenost.edu.mk

www.vs.edu.mkwww.medium.edu.mkwww.multiviamedia.edu.mkwww.unescochair-vs.edu.mk