23
Слава славит Кралевиќе Марко Слава славит Кралевиќе Марко, слава славит светаго Ѓорѓија. Дошле триста попој и двесте калуѓери и триста стари патријарси. и му велет на Кралевиќе Марко, ејгииди Кралевиќе Марко, све си имаш, с'де риба от Охрида немаш. И си киниса Кралевиќе Марко, во града Охрида да ојт. Си зеде пушка и сабја. Мајка му велит: - Немој сине, не земај оружје. Нас ќе ни поможит свети Ѓоршија. Си киниса Кралевиќе Марко во Охрида града риба да си купит. и го најде едно Турче: - К'де одиш незнаен делија? - Што ме питаш, шо те тебе брига. Турчето го врза Кралевиќе Марка, и го однесе во града Охрида. Се молеле охриѓани: - Не губи го Кралевиќе Марко, не ќе ни родит нити жито, нити вино, нито трева по полето. А Марко му велит: - Немој да ме носиш прет јанино кафе, три години сум јало, пило, нишчо не сум платило. И тој сега за инет го однесе... А кога го виде Јана девојка: - Добро ми го донесе ов'ј пријет'л, три години јало, пило, нишчо не платило, сега ќе ми платит. И се опијани она црно Турче и си заспа, му зеде Јана к'лучој от појаси и го отк'лучи Кралевиќе Марко. Си однесе она Турче дома. И им велит на онје гости: - Ево риба од Охрида.

146739620 слава-славит-кралевиќе-марко

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: 146739620 слава-славит-кралевиќе-марко

Слава славит Кралевиќе Марко

Слава славит Кралевиќе Марко,

слава славит светаго Ѓорѓија.

Дошле триста попој и двесте калуѓери

и триста стари патријарси.

и му велет на Кралевиќе Марко,

ејгииди Кралевиќе Марко,

све си имаш, с'де риба от Охрида немаш.

И си киниса Кралевиќе Марко,

во града Охрида да ојт.

Си зеде пушка и сабја.

Мајка му велит:

- Немој сине, не земај оружје.

Нас ќе ни поможит свети Ѓоршија.

Си киниса Кралевиќе Марко

во Охрида града риба да си купит.

и го најде едно Турче:

- К'де одиш незнаен делија?

- Што ме питаш, шо те тебе брига.

Турчето го врза Кралевиќе Марка,

и го однесе во града Охрида.

Се молеле охриѓани:

- Не губи го Кралевиќе Марко,

не ќе ни родит нити жито, нити вино,

нито трева по полето.

А Марко му велит:

- Немој да ме носиш

прет јанино кафе, три години сум јало,

пило, нишчо не сум платило.

И тој сега за инет го однесе...

А кога го виде Јана девојка:

- Добро ми го донесе ов'ј пријет'л,

три години јало, пило, нишчо не платило,

сега ќе ми платит.

И се опијани она црно Турче и си заспа,

му зеде Јана к'лучој от појаси и

го отк'лучи Кралевиќе Марко.

Си однесе она Турче дома.

И им велит на онје гости:

- Ево риба од Охрида.

Page 2: 146739620 слава-славит-кралевиќе-марко

Седум јунаци и Арапин

Средба срете Марко Прилепчанец,

Средба срете низ Косово поле,

Тамо прави седумдест манастир,

Без везиров и без царев изан,

От там ојде на широко Скопје,

Тамо фати манастир да праве,

Манастир праве свети Димитрја.

Кога Марко направи манастир,

Ми се пречу во града Стамбола,

Во Стамбола до султан Мурата:

„Султан Мурат си кладе телјали.

Телал личе из града Стамбола:

"Дал чуете Турци и рајате!

Што настанал делибаша Марко,

Што ми сет тиа чудби от него!

Марко и морска ламја

Повали се таја кучка ламја,

повали се од длабоко море,

во широконо Солунско Поле,

да ми идит во Маркоите кули,

да проголтнит Марку машко дете.

Ја дочула Ерина самовила,

самовила Маркое посестрима,

та ми ошла, Марку ми казала.

Велит Марко младе Марковице:

- Искапи ми мое машко дете,

повиј ми го в свилени пелени,

повиј ми го во лулки стребрени

и со повој позлатени;

ќе го водам на шетање.

И'влези си во долга коњушница,

извади ми мојата сејсана,

стегни ми ја со девет попраѕи.

-Си отиде млада Маркојца,

си отиде в долга коњушница,

ми изваде негоа сејсана,

ја напрај, добро ја оружа,

и му кладе белион шатор,

бели шатор и остра сабја,

Page 3: 146739620 слава-славит-кралевиќе-марко

остра сабја, жолта боздогана.

В скут му даде свое машко дете

с лулќи стребрени,повој позлатени

И отиде Марко во гора зелена,

во гора зелена, во темна клисура;

и си разви белана шатора,

та си кладе свое машко дете.

Си поведе 'рти и загари;

си поведе соколи, лахури,

ќиниса Марко во гора зелена

да си фаќат диви дихании.

Лов улоја, а дете си заборај,

ми излегла ветерна ламја

од длабоко море во Солунско Поле

му голтнала дете од шатора.

Тогај Марку текна за детето.

Коа отиде дете да си видит,

си ми најде саде празни крошни,

а дете - никаде го немат!

My велит Марко на 'рти и загари:

- Трчете вие во Солунско Поле

да фтасате таа кучка ламја;

да а фтасате, ноѕе да ја подјадите,

подјадите, очи извртите;

и ја сега бргу ќе ви фтасам! -

Ја фтасале во Солунско Поле,

'ртите ноѕеја подјале,

соколи и лахури очи и извртиле.

И ми стасал Кралевиќе Марко,

ми ја фтасал таја кучка ламја;

си изваил свое врушко ноже,

та распарал нејзино клето срце,

та извајл свое машко дете.

Марко, трите наречници и В'лкашин

Трудна била млада Јевросима,

трудна била, дете си родила.

Волкашин се многу израдува,

дека му се машко дете роди,

си го прати на крштење црква,

да го крстат уште недојано,

на детето име му клале,

чесно име Марко Кралевиќе.

Page 4: 146739620 слава-славит-кралевиќе-марко

Волкашин ми гости поканило,

повојница на дете да стора,

треќа вечер со слатка вечера.

Гости дошле и си вечерале;

по вечера што си полегнале,

полегнале и сите заспале,

Волкашин ми саде не спиело.

Време било токму на полноќе,

на полноќе - време глуа доба,

што му дошле до три наречници,

на детето к'смет да нaречат.

Двете к'смет на Марко нарекле,

треќа рекла - Марко да е јунак,

кога момче оно да порасти,

на татка си коски да му скрши.

Кога чуло крала Волкашина,

што нарекла треќа наречница,

лели нему ѓуч многу му падна,

што си зеде Марко малечкао

и го кладе во една кошница

кошница со смола намачкана,

та го фрли по бела Вардара,

да с'удаи и да куртулиса,

од што рекла треќа наречница.

Вардар тече и Марка го носи,

кошницата покрај брего плива,

мали Марко во кошница писка.

Што го дочу младоно овчарче

и се прибра кај брего да види

што е тоа, шго толку ми пишти.

Кога виде дете во кошница,

на овчарче лели жал му падна,

се наведе и кошница фати,

кога виде во кошница дете,

си го крена на две бели раце,

го однесе дома кај мајка си,

да го гледа и да го изгледа.

Го гледала и си го ранила,

што-станало момче за работа,

го главила Марка за телчарче,

да си паси сите телци селски.

Телци пасол три дни ем три ноќи,

четврти ден ми истепал телци,

та си дошол дома при татка си,

многу мака нему му паднало,

дека Марко телци истепало.

Page 5: 146739620 слава-славит-кралевиќе-марко

Се налути татко му од Марка,

та истерал Кралевиќа Марка,

да не седи во негојте куќи,

и на Марка тој вака му рекол:

- Ај од тука, ти дете копиле,

што ми стори голем пакос мене,

голем пакос и срам ми донесе,

што истепа сите селски телци,

за да платам едно чудо пари,

та да смирам сичички селани!

Ти да беше дете аирлија,

не ќе беше по река пуштено

од твој татко и од твоја мајка,

да се давиш во белио Вардар,

во Вардара син ми да те види

и од Вардар тој да ми те земи,

и дома ми тој да те донеси,

да те гледам и да те изгледам,

да те сторам момче за женење,

a cera ти пакос да ми сториш,

сите телци селски да истепаш!

Ај од тука, кај сакаш оди си,

Вардар татко тебе нека ти е,

и Вардар мајка нека ти е!

Кога чуло Марко Кралевиќе,

од овчарот што беше му рекол,

се усрамил Марко и избегал,

си отишол покрај бели Вардар

и си седнал во белата песок,

во песокта куќа си ископал

и си седнал тамо да живеи.

Свадба праил Рељо Шестокрило,

свадба праил, сакал да се ожени,

ми поканил кралеи, банеи,

ми поканил китени сватои,

и поканил свети јоановци,

нунко канил стара Волкашина,

а Груица за стара девера,

помал девер му се попишмани.

Се налути Рељо Шестокрило,

што испрати старега девера

по патишта, по сите друмишта,

и по сите, богме, раскрсници,

со здравица девер да му бара,

кај ќе најди, девер да си земи.

Постар девер сегде ми прошетал,

Page 6: 146739620 слава-славит-кралевиќе-марко

по патишта и по раскрсници,

нигде девер она не мн нашло,

кога дошол до бела Вардара,

што ми нашол Марко во песокта.

Пред Марко се Грујо застојало

и изваил здравица со вино,

та поканил Марка за девера.

Лели Марко тогај прогоори:

Ај од тука, незнаен делија,

не шегај се со мене сирака,

мене ми е Вардар татко и мајка,

а песокта мене ми е куќа.

Прогоори постара девера:

He ce, брате, со тебе шегувам

туку тебе за девера канам

у онего Реља Шестокрила,

зет ќе биде, невеста ќе зема,

заповедај, здравицата земи,

за да бидеш помала девера! -

Кога чуло Марко Кралевиќе,

што ми зело здравица во рака,

се напило, свадба почестило,

помал девер она ми станало

и тргнало на свадба да оди...

Што ми пошле у Рељо Шестокрила,

Рељо ми го лепо пречекало,

си променил помала девера

со убаи свадбински алишта,

го обружа со светло оружје.

Ми чукнале свирци, табуанци,

ми тргнале ќитени сватои

и ми ошле, невеста си зеле.

Кога назад тие си иделе,

и ми дошле во гора зелена,

што излегла една ѕверетина,

ѕверетина, богме, со три глаи,

што заптиса ќитени сватои,

та му зеде од сите дарои,

најодзади два млади девера,

тие водат убаа невеста.

Ѕверетина невеста им сака,

на девери она вака рекла:

- Ја остајте, два млади девера,

ја остајте младата невеста,

за живи да се куртулисате!-

Се уплаши постара девера,

Page 7: 146739620 слава-славит-кралевиќе-марко

си остаи убаа невеста,

за живо тој да куртулиса.

Марко, брате, не ми се уплаши,

од невеста не ми се истаи

и невеста она не си дава.

Лели ми се ѕверетин налути

и се пушти Марка да загуби.

Марко ми сејуначки бореше,

сватоите од скраја гледале,

сите ми се богме, уплашиле

се уплашиле и ми избегале,

сите у Реља дома отишле.

Заптисале свирци, табуанци,

му викнале ѓаци ем попои,

да ми пеат девер ем невеста,

та седнале за душа да јадат,

за невеста и малио девер.

Ѕверетина со Марко се борил,

три саати токму се бориле,

дури Марко ѕверетина кутнал,

му пресекол до три ѕверски глаи,

што му зело сичките дарои

и отпуштил три синџири робје:

први синиир се млади момчиња,

втори синџир се млади девојки,

треќи cинџир старци ем старички.

И си зело убаа невеста,

та си ошло у Реља Шестокрила,

и ми пошол на чесна трпеза,

та му фрлил трите ѕверски глаи,

од глаи се сите уплашиле

и на нозе сите ми скочиле,

на Марка му чес голема дале,

на трпеза на чело го клале.

Тогај Марко викнал постар девер.

Лели рече, Марко, проговори:

- Ој ти, море, постари девере,

кога не си ти за девер да си,

зашто си се ти девер сторило

и невеста на пат си остаил?

Наведи се јас да те научам,

за други пат пак да бидеш девер!

Се наведе Грујо постар девер,

Марко му удри шес боздогана.

И повикал стари Волкашина,

та му удрил петнаесе боздогана,

Page 8: 146739620 слава-славит-кралевиќе-марко

му прекршил сите негој ребра.

Што повикал и старега свата,

та му удрил петнаесе боздогана,

дека не знај невеста да чуа.

И повикал китени сватои

и заредил с тешка боздогана,

кому еден, кому два удирал,

и секому даро му повраќал,

што му зела лоша ѕверетина.

И си седнал на чесна трпеза,

та повикал младата невеста,

да се клања, рака да бакнуа

Ми удриле свирци, табуанци,

пак отпрво поткачи се свадба,

сите јадат и вино си пијат

и сите се радосно веселат.

Тогај ми се Волкашин потсетил,

проговори и Марка го праша:

-Ој ти, море незнаен делија,

ќе те прашам, право да ми кажеш:

која мајка тебе те родило,

и кој татко тебе те гледало?

-Лели Марко тогај проговори:

-Ој ти, море, стари Волкашине,

Вардар мајка, Вардар ми е татко,

ситна песок ми е моја куќа.

Кога чуло крала Волкашина,

што му кажа Марко Кралевиќе,

оти Вардар нему мајка било,

тој се сетил оти тој е Марко.

Лели вели крала Волкашина:

-Ој ти, море, момче помал девер,

ти си мој син, јас сум твојот татко,

сум ти клало име твое Марко,

треќа вечер тебе ти нарекле,

ти да бидиш јунак над јунака,

ти да станеш момче за женење и

коските мене да ми скршиш,

кога ќе си ти јунак порастиш.

Наречница треќа така рече,

за тоа те јас во Вардар фрлив,

да се удајш и да не ме тепаш.

Арно ама, што е наречено,

преку глаа ќе врви на чоеко.

-Кога чуло Марко Кралевиќе,

што му кажа стара Волкашина,

Page 9: 146739620 слава-славит-кралевиќе-марко

оти тој на Марко му бил татко,

рипна момче на нозе јуначки,

та си стори до три метание

и му бакна рака на татка си,

и му сакал од татка проштење,

што му скршил коски со боздоган.

А Волкашин прегрнал си Марко,

го целивал три пати во чело.

И седнале на чесна трпеза,

да си пијат вино ем ракија,

јале, пиле токмо три месеци

и сите си радосно отишле,

откако се свадба битисала.

Фала богу, за чудо големо,

што се рекло од три наречнци,

што се рекло и се извршило.

ПОСТИЛ МАРКО ПОСТИ ВЕЛИКОИ

Постил Марко пости великои,

седем поти лебец ми каснало,

от киниса в црква на причесна,

Не ми одит по рамни друмови,

ток ми одит из гора зелена:

А от гора лисје попаднале.

Изговори Марко Крале:

-А, горице, зелена горице !

Аљ ти огон корен изгорело,

иљ ти врше слана попарило ?

Одговори зелена горица:

-Ај, ти тебе, незнајна делијо !

Не ми корен огон изгорело,

ни ми врше слано попарило,

Шо не одиш по рамни друмови,

токо врвиш из гора зелена.

Шо помина црна Арапина,

шо носеше три синџири робје:

прво робје се млади момчиња,

второ робје се млади невести,

трети робје се добри девојки.

Изговори Марко Крале:

-А, горице, зелена горице,

али имат време поминато ?

Изговори зелена горица:

-Ај, ти тебе, незнајна делијо !

Page 10: 146739620 слава-славит-кралевиќе-марко

Не е многу ни пак ми е мртва:

толку има три дни И ти ноќи.

Се налути Марко Крале,

Дупна коља с десна узенгија:

-Бодни Шарец, да би не боднало !

Го привтаса три саати место.

От извикна што го гласа држит:

-Бог те убил, црна Арапино !

Нел остави три синџира робје !

Изговори црна Арапина:

-Ид оттуе, незнајна делијо !

Дан е те клада напред в синџиров.

Се наљути Марко Крале,

го привтаса црна Арапина

и му зеде таја црна глава

и спушчи три синџира робје.

От отиде в црква на причесна.

В’ЛКАШИН И МАРКО

Црква градил В‟лкашин и Марко,

црква градил Света Арангела,

до своите кули над Вароша.

Ја градиле до девет години

се од мермер диреци клавале

а покривот со сребрени плочи.

Иконите се од суво злато,

на вратата В‟лкашин се писал

син му Марко, богме, му завидел

и тој ми се одлево написал

во одежди и кралцки круни.

Манастиро азар му се сторил

и требало за да си го светат

поканиле патрик и владици.

Од Охрида за да му светат

поканиле ѓаци ем попои,

поканиле кралеи и банеи,

поканиле народ од секаде.

Како тие чесно поканиле

така чесно тие ним му дошле,

манастиро си го осветиле,

лепи гости тие направиле.

Што станале три четири трпези:

на првата патрик и владици,

Page 11: 146739620 слава-славит-кралевиќе-марко

втората беше кралеи и банеи,

трета беше од сите рисјани.

Jале, пиле три дни ем три ноќи.

Откога се сите поднапиле

мушавере тие ми чиниле,

најповеќе кралеи и банеи

секој му се јунаство, валил.

Марко слушал и вино „и служел

и тој ми се јуначки повалил за негоото,

боме, јунаство наче грло, вака тој да вели:

- Ој ви, море кралеи и банеи

сите вие сте биле јунаци,

зер јас не сум од татка појунак.

Кога чуло крала В‟лкашина лели,

брате, недраго му панда,

рипнал јунак на нозе јуначки,

та извадил сабја од ножница

и се пуштил Марко да го губит.

Кога видел Марко Крале оти татко му

ќе го загуби чест му сторил –

не му се спротиставил рештил Марко

пред него да бега

и не кренал рака на татка си,

да не земит клетва од Бога.

Марко бегал околу црквата,

три пати ја црквата опколил.

Го привтасал татко му В‟лкашин,

го привтасал и ќе го пресечел,

лели Марко и тој сабја имал

на татка си неќел да ја вадит.

Марко врати од манастир турнал

в црква влегол и му се затворил,

од лутина В‟лкашин ми удрил

на чесните врати манастирски.

Фала Богу за чудо големо

од врата ми крви што протекле.

Ангел божи В‟лкашину рекол:

- В‟лкашине, ти си полудел

да што трчиш по сина ти Марка

да го сечиш и да го погубиш

и голем грев ти сакаш да сториш.

Света црква за да ја затвориш,

еве три дни ти кај освети

зар пак сакаш да ја просветуаш ?

Марко си јет од тебе појунак,

и пак рака на тебе не кренал,

Page 12: 146739620 слава-славит-кралевиќе-марко

тук си влезе во Светаја црква

да откини, чест тебе да стори,

В‟лкашине, ти чест не познаваш.

Дејди, море стара В‟лкашине,

ти не удри црковните врати,

тук‟ ми удри света Арангела

и му рани негоата нога

и од нога крви потекоа.

В‟лкашине аир ќе ти се растурат.

Манастиро здрав не ќе останит

до три - четири, богме, појаси.

Марко коња кова

Марко коња кова,

на мрак на зајсонце,

шо обуш му клава,

плочи оканици,

клинци стодрамници.

Коњот му говори:

- Марко мој стопане,

шо толку ме ружиш,

за дека ме спремаш?

- Коњу мое добро,

јазе ќе да ода

по млада невеста.

- Марко мој стопане,

ти нели ме знаеш

лоша сопка имам,

јазе ќе се сопна,

невеста ќе падне.

Марко Kрале ja одменува свадбарината

Едно утро Марко ми подрани

из Прилепа Марко, из Варошот

да прошетат Косовска наија;

ушче први петли не пеали,

тој се фрли Шарцу на рамена

и ми тргна по бели друмови;

Page 13: 146739620 слава-славит-кралевиќе-марко

пo среденоќ из Скопје помина;

дури петли први пропеале,

тој помина Качански клисури;

дури зора утро зазорила,

тој натури Косовска наија;

дури с'лнце утро да изгреет,

тој ми влезе во Косово Поле!

Нишчо Марко среќа не го стрети.

саде стрети Косовска девојка.

Марко нејзе велит: - Добро утро,

добро утро, Косовке вдовице!

-А таја му нему одговори:

Ја не су си Косовка вдовица,

туку су си Косовка девојка.

-Тога рече Марко Кралевиќе:

-Ај ти тебе, Косовке девојке,

ќе те прашам, право да ми кажеш,

шчо ти тебе коси побелеле,

бело лико ти се расипало ?

Али жалиш од рода твојего,

шчо не си се млада оможила ?

-Тога рече Косовка девојка:

-Ја не жаљам од рода мојего,

току имат триесет години,

как ми дошол црна Арапина,

од цара ми свадбина прекупил:

кој ќа јунак млади се оженит,

нему сакат триесет и три минца,

а девојка која ќе се можит,

нејзе сакат триесет минцови.

Мои браќа ми се сиромаси,

ми немает азно да му дает;

затова ми коса побелела,

бело лико ми се расипало!

-Тога барат Марко во пазува,

ми извади триесет минцови,

је и даде Косовке девојке,

Тога рече Марко Кралевиќе:

-Да си сакаш момче спроти себе,

да си сакаш, да си се омажиш

и на Арап свадбина да платиш.

Ќе те прашам, Косовке девојке,

ќе те прашам, право да ми кажеш,

жити рода и твоја крвнина,

жити вера наша православна,

жити име Христос Исусово,

Page 14: 146739620 слава-славит-кралевиќе-марко

немој мене ти да ме излажеш:

коде му се кулн Арапови?

-Одговори Косовка девојка:

-Кули му се сами познавает,

под Косово в зелени ливаѓе.

Тамо имат белана чадора,

на чадорот од злато јаболко,

това светит како јасно слнце,

оддалеко сами се познават.

-Тога стегна Марко Кралевиќе,

тога стегна своја брза коња.

Го догледа стража Арапова,

го догледа ушче оддалеко,

му говорит црне Арапине:

-Арапине, наши господине,

по друм идет страшен је делија

и страшно ми коња наљутило,

од нози му огон искри летат,

од уста му бели пени паѓет,

од носот му сини пламни бијат,

од очи му секавици пушчат,

и најстрашно ми се променило:

на плешчи му кожув од мечиште,

на глава му калпак од в'лчишче

во уста нешчо црно носит,

како јагне половингодишно.

-Тога рече црна Арапина:

-Ај ви вами, триесет стражари,

вие него убаво причекајте

и оружје од појас земите,

пратите го при мене да доет:

тове ми е младо неженето,

тове идет свадбина да платит

ќе ми дает азно небројано.

-Ушче Арап лафот не дорече,

ми приближи Марко Кралевиќе.

Кога Марко стражари приближи,

а стражари сите избегае,

кој по поле, кој по планина.

Право тргат Арапу на чадор.

Марко нему велит:- Добро утро,

добро утро, наши господине,

господине, Арап од преку-море!

Кажи мене шчо е свадбарина,

да ти плата царска свадбарина,

оту после потов ќа си гледам,

Page 15: 146739620 слава-славит-кралевиќе-марко

зоре сватове на пот ме чекает.

-Тога рече црна Арапина:

-Хај ги тебе, незнајно делијо,

дали ушче не си се научил?

Ево имат триесет години,

коде седа на рамно Косово:

кој ќа јунак млади се оженит,

нему зема триесет и три минца,

а девојка, која ќе се можит,

нејзе земам триесет минцови;

како тебе најголем јунака,

и шеесет пак не ти се многу!

-Тога барат Марко во пазуви,

ми извади саде три минцови:

-На ти тебе, наши господине,

на ти тебе саде три минцови:

верувај ме, повеќ азно немам.

Кога ќе појдам по убава невеста,

шчо ќе мене дарчок ме даруват,

сиот дарчок тебе ќе поклона.

-Тога рече црна Арапина:

-Ал ме ложиш, ал вистина велиш,

ал со мене шега ќе се биеш ?

-И ми зеде тешка топузина,

ми го удри три четири поти.

Тога рече Марко Кралевиќе:

-Бог те убил, Црна Арапино!

Ал се смееш, ал вистина маваш,

ал од кожувов правот ли го тресеш?

Почекај ме и ја да те удра,

ти да видиш јунак како мават.

-Пак извади Марко Кралевиќе,

ми извади своја топузина.

Кога Марко на Арапин мафна

фала богу, чудо е големо,

сногата му во земи пропадна,

а глава му настрана побегна.

Пак се пушчи по триесет стражари.

двајсет редом сите и истепа,

А троица саде ми остави,

да ми личит три млади телали,

да ми личит низ равно Косово:

-Коде иматјунак за женење,

да си сакат мома спроти него,

да си сакат, да си се оженат!

-Коде имат мома за можење,

Page 16: 146739620 слава-славит-кралевиќе-марко

да си сакат момче спроти неа,

да си сакат, да си се оможит!

Заплатила Маркова десница,

заплатила сета свадбарина.

Марко и димна гора

Најмил ми се левен Марко,

да ми вардит Димна гора

Димна гора и зелена.

Навечер ја обидваше,

а наутроја опитваше:

-Ај ти тебе, зелена горо,

што си, горо, подгорила?

Аљ те оган изгорело?

Аљ те слана посланила?

-Левен Марко, а стопане!

не ме оган изгорело,

не ме слана посланила,

туку жаљба ми паднала;

поминае три синџири

три синџири младо робје,

под нозе ме изгазие,

co c лзи ме попарие.

Први синцир што помина,

се јунаци посвршени;

втори синџир што помина,

се девојки прстенвати;

а треќиот што помина,

се вдоици с луди деца.

-Тога велит левен Марко:

-А кде си отидое?

-Димна гора одговори:

-Бргу трага ќе им наиш,

сега рано поминае.

-Се наљути левен Марко,

и си зеде брза коња,

што пособра дробна војска

дробна војска се Арапи;

си прифтаса три синцира,

си просече зулумќари,

си испушти младо робје,

од синцири и истаи,

Page 17: 146739620 слава-славит-кралевиќе-марко

и даруа с добро азно,

и испушти на вилает.

Марко Kрале и три синџира робје

Сама мома црни очи клела,

да гледаа, ниско задремаа,

не видоа што по друм мина,

поминаа три илјади татари

прокараа три синџири робје:

еден синџир се млади невести,

други синџир се млади момчета,

трети синџир се млади девојки.

Невестите жално - милно плачат:

-Мили наши, сами машки деца,

та кој ќе ве обана, успие,

та кој ќе ве повие, развие?

-Девојќите жално - милно плачат:

-Мили наши, наши танќи дари,

та кој ќе ве развие, увие?

-Момчетата жално - милно плачат:

-Мили наши, наши танки пушки,

та кој ќе ве измие, истрие ?

-Најнапред е Султана невеста

и по неа Калина девоќа,

и по неа Милош добар јунак;

искокнаа на врх планината,

проговори Султана невеста:

-Бог ве убил, три илјади татари,

позапрете малку да починем,

дете ми е paцe отќинало!

-Ка дочуа три илјади татари,

позапреа малку да починат:

в еднаш тресна дете на земјата,

па си бркна в свилни џебове,

та извади пиле соколенце;

па си брка в свилени пазуи,

та извади таа бела книга,

таа бела книга - црно писмо.

Тури книга под крилје на пиле,

на пилето вели и говори:

-Е ти пиле, пиле соколенце,

са да литнеш, далек да одлиташ,

Page 18: 146739620 слава-славит-кралевиќе-марко

та да идеш у Будима града,

у Будима града в меаната,

там ќе наеш Марко Кралевити,

дека пие това рујно вино,

да го служи Мила меанџика,

та се стави у Маркови скути,

с уста гукни, пиле, с крилја трепни

та испушти таа бела книга,

испушти ја на Маркови скути!

Па си дојде Марко Кралевити,

та си изби три илјад татари,

отпушти си три синџира робје.

Kрали Марко и мајстор Ѓуро

Еле, Марко, дели Марко!

Марко шета низ Стамбола,

на рамо му прат железо,

прат железо од сто ока;

у раци му прачка близна,

прачка близна двесте ока.

Сал си оде, сал си шета.

Изговара дели Марко:

- Стамболчани, чорбаџии,

кажете ми дека има,

дека има арен мајстор

да направе остра сабја ?

Арч да туре триста ока,

да е дл'га девет педи,

у ширина осум педи,

у тежина триста драма;

да е сабја бурмалија,

да ја носам у пазуха,

ќе му даам три кесиња,

три кесиња бели пари!

-Изговарат стамболчани:

-Mope Марко, дели Марко,

ајде оди понагоре,

понагоре уста Ѓуро.

Изговара дели Марко:

-Mope Ѓуро, уста Ѓуро,

тебе тражам, тебе најдо.

Се подробно расправило.

Изговара уста Ѓуро:

Page 19: 146739620 слава-славит-кралевиќе-марко

-Ќе направам, оти нејќам,

ќе ја правам од Ѓурѓевден,

од Ѓурѓовден до Митровден!

Марко му е арч оставил.

Ојде време кај Митровден,

ојде Марко кај Ѓуроте.

Изговара дели Марко:

-Mope Ѓуро, уста Ѓуро

направи ли остда сабја ?

Извадија уста Гуро,

прегледа ја дели Марко:

у дл'жина девет педи,

у тежина триста драма;

па ја тури у пазуха.

Издговара дели Марко:

-А бре Ѓуро, уста Ѓуро,

дали можеш да направеш

друга сабја бурмалија ?

Изговара уста Ѓуро:

-Ќе направам, оти нејќам!

А што беше дели Марко,

извадил е остра сабја,

пресекол му бели раце,

немој друга да направе.

КОГА ОДЕЛЕ СВАТОВИ

Свршил Марко ќерка си Јана

многу надалеко,

преку три - четири гори,

во Црвено јаболко.

Кога оиле сватови

Марко му говори:

- Китени сватови,

јадете и пијте,

и збогум ојте си,

Јана не ја давам

оти не умее глава да си мие,

ни па умее свекру чес да стори,

Сватои станале,

сите си отишле,

невеста не зеле.

Page 20: 146739620 слава-славит-кралевиќе-марко

Шетал Марко покрај Бело море

Ој, шетал Марко, бре, покрај Бело Море

Покрај море, бре, покрај турски дворје .

Ој покрај море, бре, покрај турски дворје,

Го догледа, бре, турчинка девојка.

Ој, ајде Марко, бре, и ти потурчај се,

ќе ти турим, бре, име најголемо.

Ој, сакаш Асан, бре, сакаш Асан Бегот,

Сакаш асан, бре, сакаш Асан бегот.

Ој, не се турчам, бре, турчин ја да гледам,

Не се турчам, бре, турчин ја да гледам.

Ој, ајде було, бре, и ти покрстај се,

Ќе ти турам, бре, име најголемо.

Ој, ќе ти турам, бре, име најголемо,

Сакаш Анѓа, бре, сакаш Анѓелина.

Пофалил се Богатион

Пофалил се богатион:

- Ја су богат преку богат,

ем од крала, ем од цара,

ем од Марка од Прилепа.

Куќа ми е опадена,

Со карагрош покриена,

врати ми се самотворни,

Пенџерина со џамои.

МАРКО НЕМА ВО ШТО ДА СЕ

КОЛНИТ

Пијат јадат седумдесет кралои,

пијат јадат на ладна мејана,

пијат јадат мушавре чинат,

меѓу ними сабја загинало,

сите ми се клетва заколнале,

кој во сина, кој во ќерка.

Page 21: 146739620 слава-славит-кралевиќе-марко

Марко немат во што да се колнит,

ни во сина, нито мила ќерка,

и Маркоје недраго остана.

И ја рече млада Маркоице:

-Ај ти тебе, моје прво либе,

промени се бело, наружај се ,

ке те носам кај мајка на гости !

- Се промени млада Маркоица,

се промени, бело, се наружа,

тогаш велит млада Маркоица,

-Ај кошуло, пуста останала,

кога си бев кај мајка девојка,

тогај беше долго ем широко,

а сега си тесно оскусено.

- Кинисле на гости со Марка,

кога беја пред гора зелена,

тогај велит Марко добар јунак:

-Седни малу, млада Маркоица:

да разгледам нешто низ горава!

И му велит млада Маркоица:

-Ај ти тебе, Марко добар јунак,

што се пулиш во дрво за бесење ?

Не барај си дрво за бесење,

тук барај си дрво за лелајка,

пресечи си чојена долама,

да завиткаш твоје машко дете.

Прелетало змејче огноито

Прелетало змејче огноито,

под крилја му убава девојка,

е изнесе на врв на планина,

е оста‟и на камен стано‟ит,

е оста‟и ем е нарачу‟ат:

- Ќе поминит една лоша среќа,

лоша среќа Црна Арапина,

да се кажиш од голема рода,

татко ми е Марко Кралевина,

вујко ми е Јанкула војвода,

а братучед Секула малечок.

Page 22: 146739620 слава-славит-кралевиќе-марко

Крале Марко и Корун арамија

Корун шета низ гора зелена,

Заптисало седомдес потишча,

И заптиса осемдес друмови,

Не оставит пиле да прелетат,

Не пак ушче човек да поминет.

Изговори крала Пајазита:

“Ај ви вами незнојни делии!

Кој ќа излезет јунак над јунака,

Да го фатит Корун арамија –

Или живо или отепано?

Ќе му дада три бели градови:

Прва града, града Камненица,

Да си ковет коња неплатена,

Врора града, града Виненица,

Да си пиет вино неплатено,

Треќа града Паланќа крај реке,

Да си љуби девојки невести.”

Ашик фрли Марко Кралевиќе,

Ашик фрли во бели градови,

Тој излези јунак над јунака,

Си нареди потајно оружје,

Го нареди во свилени појас,

И ми јавна своја брза коња,

От киниса, теја да ми одит.

Ми одело – шчо доодело,

Поодело до рамни друмови.

Се стретија с Корун арамија.

Изговори Корун арамија:

“Ај ти тебе незнајна делиjо,

Ајде да се мије изминемо!”

Пак говори Марко Кралевиќе:

“Ај ти тебе Корун арамија!

Не сум дошал да се изминеме,

Тек сум дошал да се о0бидеме,

Ако сакаш да се обидеме,

Обидеме с наши брзи коњи.

Се фатије с нивни брзи коњи,

Бој се бијет, не се обивајет;

Коњи биле два брата родени.

Се фатије с тешки боздогани,

Боздогани им се искршие.

Се фатија с нивни остри саби,

Остри саби на обет правени.

Page 23: 146739620 слава-славит-кралевиќе-марко

Се фатије тенки половиње,

Се борише три саати време.

От ли падна Марко Кралевиќа,

Одговори Стојна самовила,

“Бог те убил Марку Кралевиќе,

Са шчо си се толку уплашило?

Камо ти потајно оружје?”

Свес му дојде Марку Кралевиќе,

Се побара свилени појаси,

Го извади потајно оружје,

Го распара Корун арамија.

От му најде дванаесет срца.

Се почуди Марко Кралевиќа,

Сите срца биле заспиени,

Саде једно било пробудено!

От му зеде таја руса глава;

Му однесе кралу Пајазиту:

“Ај ти тебе, крале Пајазите!

Го загубив Корун арамију,

И распушчив седомдес потишча,

И распушчив осудес друмови,

И си зеде три бели градеви:

Прва града, града Камненица,

Ем да ковет коња неплатена;

Втора града, града Виненица,

Да си пијет вино неплатено;

Треќа града, Паланка крај реке,

Ем да љубит невести, девојки.