36
9/29/2011 1 проф.Горан Станикевски-Горјански 5 5 Мит и фоклор

5 Мит и Фолклор

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Мит и фоклор проф.Горан Станикевски-Горјански 9/29/2011 1 МИТ Најстари извори на литературата се митовите. Мит е збор кој води потекло од грчкиот збор mythos - говор , јазик , кажување приказна. Митовите се дело на народниот гениј, тие се колективно народно творештво што се создадени уште во првобитното општество . 39/29/2011 49/29/2011

Citation preview

Page 1: 5 Мит и  Фолклор

9/29/2011 1

проф.Горан Станикевски-Горјански

5 5 Мит и фоклор

Page 2: 5 Мит и  Фолклор

2 9/29/2011

Најстари извори на литературата се митовите.

Мит е збор кој води потекло од грчкиот збор mythos - говор , јазик , кажување приказна.

Митовите се дело на народниот гениј, тие се колективно народно творештво што се создадени уште во првобитното општество .

МИТ

Page 3: 5 Мит и  Фолклор

3 9/29/2011

Митот е фантастична приказна, создадена во најдалечното минато во која се раскажува за она што се случило на самиот почеток.

Тоа се народни приказни во кои примитивниот човек поттикнат од желбата да проникне во тајните на природните појави, немајќи научни сознанија за светот и животот, измислувал фантастични објаснувања и со својата слободна фантазија почнал да ги толкува тие појави создавајќи приказни на кои ние и денес им се восхитуваме.

Page 4: 5 Мит и  Фолклор

4 9/29/2011

Митовите се всушност приказни за создавањето на земјата, небесните тела, човекот, животните итн.;

тие се прв обид за толкување на стварноста, за природните феномени како менувањето на денот и ноќта, годишните времиња, грмотевицата итн.;

тие се прв учебник за моралот и доброто однесување на човекот. Митовите се пренесувале усно од поколение на поколение и придонесле за развивање на говорот.

Многу митови се поврзани со важни историски настани.

Митовите послужиле како инспирација и извор за создавање врвни уметнички дела , од антика до наши денови.

Page 5: 5 Мит и  Фолклор

5 9/29/2011

Митовите се поделени на: 1. Митови за настанувањето на животните

и растенијата. 2. Митови за настанувањето на небеските тела. 3. Космогониски митови 4. Есхатолошки митови 5. Митови за потеклото 6. Аграрни митови 7. Култни митови 8. Етиолошки митови

Page 6: 5 Мит и  Фолклор

6 9/29/2011

1. Митови за настанувањето на животните и растенијата.

а) Митови кои сметаат дека човекот настанал од животно (тотем).

Таквите животни се сметаат за свети и тие се заштитени со забрана за лов (табу).

б) Митови кои сметаат дека животните и растенијата се настанати од луѓе

(пример: митот за Нарцис). 2. Митови за настанувањето на небеските тела. 3. Космогониски митови (митови за настанувањето на

вселената како целина, за создавање на космосот (редот) од (хаосот - нередот); Во нив е предадено настанувањето на светот благодарение на моќта на еден бог (пр.:Библијата).

Page 7: 5 Мит и  Фолклор

7 9/29/2011

4. Есхатолошки митови (митови за крајот на светот).

Како последица на човековиот неморал, поретко како казна од боговите доаѓа до одредени состојби, (како потопи) кои го уништуваат светот.

5. Митови за потеклото- почетокот на употребата на определени средства, орудија.

6. Аграрни митови- митови кои го раскажуваат кружниот пат на вегетативниот циклус на растенијата.

7. Култни митови- митови кои го објаснуваат настанувањето на некои ритуали

(ритуалот на иницијација*)

Page 8: 5 Мит и  Фолклор

8 9/29/2011

8. Етиолошки митови- митови за некоја одредена одлика на некоја појава

пр.: зошто лисицата е итра). Белези на митовите: а) митско време; б) митски простор; в) митска свест.

Page 9: 5 Мит и  Фолклор

9 9/29/2011

Митско време- митот нема историско време. Неговото време е измислено (фиктивно)).

Митски простор- во митот секогаш постои средишно место во кое е сместен некој храм, светилиште или планина што претставува „оска на светот“.

Митска свест- различните форми на култура кај секој народ овозможуваат и специфичен облик на мислење.

Митовите се сакрални (свети) творби, а не

литературни, тие се во тесна врска со литературата, бидејќи имаат раскажувачка структура, ама не се литература, но затоа и` служат на литературата како извор на мотиви употребувани до ден-денес.

Page 10: 5 Мит и  Фолклор

10 9/29/2011

Разни народи со текот на времето создавале бројни митски приказни оформувајќи збир од митови наречен митологија.

Сите делови на светот имаат своја митологија, но најпознати се:

египетската, сумерската, индиската, кинеската, старогрчка, римската и др.

Page 11: 5 Мит и  Фолклор

11 9/29/2011

Мит Мит е збор кој води потекло од грчкиот збор

mythos - говор , јазик , кажување приказна. Митовите се дело на народниот гениј , тие се колективно народно творештво што се создадени уште во првобитното општество .

Според својата суштина митот ја

претставува првобитната поезија , наука и теологија , со други зборови , првобитната култура .

ПОТСЕТУВАЊЕ

Page 12: 5 Мит и  Фолклор

12 9/29/2011

Мит и поделба на митовите :

Се смета дека митот настанал многу одамна како потреба на човекот да го организира хаосот создавајќи го редот , поредокот .

Примитивниот човек поттикнат од

желбата да проникне во тајните на природните појави , немајќи научни сознанија за светот и животот , измислувал фантастични објаснувања и со својата слободна фантазија почнал да ги толкува тие појави создавајќи приказни на кои ние и денес им се восхитуваме .

ПОТСЕТУВАЊЕ

Page 13: 5 Мит и  Фолклор

13 9/29/2011

Митовите се поделени на :

Митови за настанокот на живиот свет во природата .

Митови за настанокот на небесните тела. Митови за настанокот на космосот. Есхатолошки митови (митови за крајот на

светот). Митови за вегетативниот циклус на раснењето. Митови за почетокот на употребата на

определени средства , орудија. Митови кои објаснуваат како настанал некој

ритуал – култни митови.

ПОТСЕТУВАЊЕ

Page 14: 5 Мит и  Фолклор

14 9/29/2011

Влијанија на митот

Митовите се пренесувале усно од поколение на поколение и придонесле за развивање на говорот.

Многу митови се поврзани со важни историски настани.

Митовите послужиле како инспирација и извор за создавање врвни уметнички дела , од антика до наши денови.

Најмногубројни митови се создадени во сумерската, древноиндиската, египетската,древногрчката и римската литература.

ПОТСЕТУВАЊЕ

Page 15: 5 Мит и  Фолклор

15 9/29/2011

Фолклор

Под поимот фолклор се подразбира усното творештво на еден народ, кое се пренесувало од поколение на поколение и во одреден момент некој собирач го запишал.

Фолклорот е англиски збор и значи народно знаење.

Се појавил уште во времето на неолитот и е тесно поврзан со појавата на говорот. Сите народи создавале творби кои се именувани како народно творештво. Тоа се пренесувало усно од генерација на генерација, затоа што во тоа време се` уште немало писмо.

Page 16: 5 Мит и  Фолклор

16 9/29/2011

Тоа творештво е наречено народна литература или анонимна литература и неа ја сочинуваат: песни, гатанки, пословици, приказни, преданија, легенди и др.

Фолклорот уште ги опфаќа народната музика,народните ора,везот и накитот.

Фолклор е целокупното духовно творештво на еден народ.

Тука ја подразбираме освен народната литература

и севкупната народна традиција и народните обичаи, народните верувања, народната музика и игра (ора), како и народната материјална култура - ликовна орнаментика, народни носии, занаети, архитектура итн.

Page 17: 5 Мит и  Фолклор

17 9/29/2011

Народната литература води потекло од митологијата. Од обредните песни посветени на божествата и од митолошките приказни подоцна се развиле нови литературни творби познати како народна литература.

Првите создадени песни го означиле и појавувањето на првобитната синкретична уметност, бидејќи биле придружувани со музика, мимика и игра.

Секој народ има луѓе кои се креативни и талентирани за нешто.

Page 18: 5 Мит и  Фолклор

18 9/29/2011

Така еден од нив во момент на инспирација од некој настан или случка ќе состави песна или приказна која ќе ја каже пред други луѓе.

Тие пак, ако им се допадне ќе ја пренесат на други и така творбата усно се пренесувала од човек на човек, од генерација на генерација и се усовршувала се` до моментот додека не била запишана.

Нејзиниот автор останувал анонимен,

бидејќи таа станувала дело на повеќе луѓе.

Page 19: 5 Мит и  Фолклор

19 9/29/2011

По создавањето на творбата со секое нејзино пренесување трпела промени од поединци, некогаш помали, а некогаш поголеми. Таквите промени овозможиле да се појават и варијанти на творбата од кои некои биле поквалитетни, а некои помалку квалитетни, во зависност од талентираноста на нејзиниот креатор.

При создавањето на народните творби се негувала традицијата во колективното создавање, затоа што постојано се употребувале едни исти изразни средства.

Page 20: 5 Мит и  Фолклор

20 9/29/2011

Народна литература:

усно создавање усно пренесување анонимност колективност варијантност традиционалност

Page 21: 5 Мит и  Фолклор

21 9/29/2011

Основни карактеристики на народната литература

Појавата на фолклорот е тесно сврзана со појавата на говорот (народната литература се пренесувала усно и придонела за развој на говорот).

Првосоздадените песни биле придружени со музика и мимика. Тие ја означуваат првобитната синкретична уметност.

Основни карактеристики на народните творби се: усниот начин на создавање, усното пренесување, анонимност, колективност,

варијантност и традиционалност. Секоја народна творба минувала низ следниве

фази: создавање, ширење, масовно прифаќање, стареење, исчезнување .

Page 22: 5 Мит и  Фолклор

22 9/29/2011

Народна литература

усно создавање

усно пренесување анонимност колективност варијантност традиционалност

Page 23: 5 Мит и  Фолклор

23 9/29/2011

Белези на народното творештво: 1. Устен начин на создавање (се`уште нема писмо), 2. Анонимност (неговиот автор е непознат). 3. Варијантност и колективност. 4. Традиција во колективното создавање.

Page 24: 5 Мит и  Фолклор

24 9/29/2011

Фази на народната творба

Народна творба

создавање ширење масовно прифаќање стареење исчезнување

Page 25: 5 Мит и  Фолклор

25 9/29/2011

Народната литература била создавана во трите основни литературни рода:

лирика,епика,драма. Лирската поезија ги има следниве видови: обредни песни, трудови песни, обичајни,

митолошки, борбено-патриотски, љубовни и хумористични.

Од прозните видови (освен епските песни за Крали Марко) најраспростанети се:приказните, бајките, преданијата, легендите...

Народниот фолклор има огромно значење за секој народ. Тој им помогнал на народите да го сочуваат својот јазик, име, идентитет.

Page 26: 5 Мит и  Фолклор

26 9/29/2011

Page 27: 5 Мит и  Фолклор

27 9/29/2011

Лирската поезија ги има следните видови: Обредни песни: коледарски, велигденски,

ѓурѓовденски, додолски и др. Обичајни песни: приспивни, свадбарски,

тажачки и др. Трудови песни: овчарски, жетварски,

аргатски, печалбарски идр. Љубовни, борбено-патриотски и

хумористични. Епски песни (за Марко Крале) и мали епски

творби: приказни, сказни, преданија, легенди и др.

Page 28: 5 Мит и  Фолклор

28 9/29/2011

Народната литература одиграла значајна улога кај народите кои биле под ропство да си го сочуваат својот јазик, традиција и идентитет.

* Покрај народната литература под

фолклор се подразбира и народното оро, народниот вез, народната музика, накитот и др.

Page 29: 5 Мит и  Фолклор

29 9/29/2011

Фолклор Под поимот фолклор се подразбира усното

творештво на еден народ , кое се пренесувало од поколение на поколение и во одреден момент некој собирач го запишал .

Ова усно творештво се состои од песни,приказни,преданија,гатанки, пословици...Тоа творештво е познато под името народна или анонимна литература.

Фолклорот уште ги опфаќа народната музика,народните ора,везот и накитот.

ПОТСЕТУВАЊЕ

Page 30: 5 Мит и  Фолклор

30 9/29/2011

Фолклор е целокупното духовно творештво на еден народ. Тука ја подразбираме освен народната литература и севкупната народна традиција и народните обичаи, народните верувања, народната музика и игра (ора), како и народната материјална култура- ликовна орнаментика, народни носии, занаети, архитектура итн. Народната литература води потекло од митологијата. Од обредните песни посветени на божествата и од митолошките приказни подоцна се развиле нови литературни творби познати како народна литература.

ПОТСЕТУВАЊЕ ПОТСЕТУВАЊЕ

Page 31: 5 Мит и  Фолклор

31 9/29/2011

Page 32: 5 Мит и  Фолклор

32 9/29/2011

Page 33: 5 Мит и  Фолклор

33 9/29/2011

Page 34: 5 Мит и  Фолклор

34 9/29/2011

Народна литература

усно создавање

усно пренесување анонимност колективност варијантност традиционалност

ПОТСЕТУВАЊЕ

Page 35: 5 Мит и  Фолклор

35 9/29/2011

Фази на народната творба

Народна творба

создавање ширење масовно прифаќање стареење исчезнување

ПОТСЕТУВАЊЕ

Page 36: 5 Мит и  Фолклор

36 9/29/2011

..

АЛГОРИТАМ ЦЕНТАР