24
(Извештај 2.1) Практики на учење на далечина во Западен Балкан 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR 2011 Владан Девеџиќ, Белградски универзитет, Белград, Србија Божо Крстајиќ, Универзитет на Црна Гора, Подгорица, Црна Гора Александра Радуловиќ, Универзитет на Црна Гора, Подгорица, Црна Гора Сузана Лошковска, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија Anthony F. Camilleri, EFQUEL, Белгија

511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR 2011 MK.pdf(Извештај 2.1) Практики на учење на далечина во Западен Балкан 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR

  • Upload
    others

  • View
    11

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR 2011 MK.pdf(Извештај 2.1) Практики на учење на далечина во Западен Балкан 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR

(Извештај 2.1)

Практики на учење на далечина во Западен Балкан

511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR

2011

Владан Девеџиќ, Белградски универзитет, Белград, Србија

Божо Крстајиќ, Универзитет на Црна Гора, Подгорица, Црна Гора

Александра Радуловиќ, Универзитет на Црна Гора, Подгорица, Црна Гора

Сузана Лошковска, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија

Anthony F. Camilleri, EFQUEL, Белгија

Page 2: 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR 2011 MK.pdf(Извештај 2.1) Практики на учење на далечина во Западен Балкан 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR
Page 3: 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR 2011 MK.pdf(Извештај 2.1) Практики на учење на далечина во Западен Балкан 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR

СОДРЖИНА

Практики во учењето на далечина во земјите од западен Балкан ................................................................... 3

Вовед .................................................................................................................................................................. 3

Напомена ........................................................................................................................................................... 3

Преглед на електронското учење ........................................................................................................................ 4

Законски и политички инструменти ................................................................................................................ 4

Електронско учење и учење на далечина во Македонија ................................................................................. 5

Учење на далечина во високо образовните институции ............................................................................... 5

Универзитет Св. Кирил и Методиј (Скопје) ................................................................................................ 5

Универзитет на Југоисточна Европа (Тетово) ............................................................................................. 9

Универзитет ФОН во Скопје ....................................................................................................................... 11

Други универзитети во Македонија ......................................................................................................... 12

Обезбедување на квалитет на е-учење и учење на далечина .................................................................... 12

Е-учење и учење на далечина во Црна Гора ..................................................................................................... 14

Учење на далечина во високо образовните институции во Црна Гора ...................................................... 14

Универзитетот во Црна Гора ...................................................................................................................... 14

Приватни универзитети во Црна Гора ........................................................................................................... 15

Универзитет Медитеран ............................................................................................................................ 15

Универзитет Доња Горица ......................................................................................................................... 16

Обезбедување квалитет во електронското учење и учењето на далечина............................................... 16

Електронско учење и учење на далечина во Србија ........................................................................................ 17

Учење на далечина во високо образовните институции во Србија ............................................................ 17

Универзитетот во Крагуевац ...................................................................................................................... 17

Универзитетот во Белград ......................................................................................................................... 18

Други универзитети во Србија ....................................................................................................................... 19

Универзитет во Ниш ................................................................................................................................... 19

Универзитетот во Нови Сад ....................................................................................................................... 19

Сингидунум Универзитет (Белград) .......................................................................................................... 19

Универзитет Метрополитан (Белград) ...................................................................................................... 20

Page 4: 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR 2011 MK.pdf(Извештај 2.1) Практики на учење на далечина во Западен Балкан 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR

2

Обезбедување квалитет во електронското учење и учењето на далечина .............................................. 20

Референци ........................................................................................................................................................... 22

Page 5: 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR 2011 MK.pdf(Извештај 2.1) Практики на учење на далечина во Западен Балкан 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR

3

ПРАКТИКИ ВО УЧЕЊЕТО НА ДАЛЕЧИНА ВО ЗЕМЈИТЕ ОД

ЗАПАДЕН БАЛКАН

ВОВЕД

Целта на овој извештај е да се даде парцијален преглед на легислативата и практиките во земјите од западен Балкан поврзани со учењето на далечина, особено во делот што се однесува на неговиот квалитет. Извештајот е изработен во рамки на проектот DL@WEB, а методологијата користена за негова изработка се карактеризира со колаборативна соработка на високообразовни институции од земјите во Западен Балкан.

Изворните материјали влијаеја на методологијата користена при изработка на извештајот. Основните податоци беа собрани преку извештаи од институциите учеснички во проектот. Потоа овие податоци беа дополнети со јавно достапните податоци за системите за електронско учење. Како резултат на тоа, извештајот се одликува со следните карактеристики:

Извештајот главно се базира на примери (case-случаи) за специфични институции во земјите од западен Балкан, кои на основа на нивната заинтересираност да учествуваат во проект каков што е DL@Web, се претпоставува дека се меѓу најнапредните во имплементацијата на овој вид системи. Согласно тоа, заклучоците базирани на набљудувањата на овие институции не мора да ја отсликуваат комплетната ситуација на ниво на држава во секоја од земјите учеснички.

Поради ограничениот пристап до компаративни студии меѓу земјите од Западен Балкан во оваа област, во голема мерка, најголемиот дел од информациите на национално ниво може да се евалуираат само во рамки на една земја. Овој ефект е резултат на фактот што неколку земји имаат специфични ситуации кои едноставно не дозволуваат пишување на ефикасни извештаи. Така на пример, косовскиот образовен систем се уште е во зародиш, а одговорноста за образованието во Босна и Херцеговина е поделена на 22 различни министерства за образование со различно политичко ниво на одговоронст. Од овие причини, извештајот главно се фокусира на состојбите во Хрватска, Македонија, Србија и Словенија.

НАПОМЕНА

Ништо во овој извештај не треба да се третира како давање на мислење, заземање на позиција или давање предлози за постоечките интернационални спорови во врска со имиња на државите, граници на државите или компетентните административни единици во истите држави.

Од практични причини и поради концизност, во рамките на извештајот:

Зборот Македонија се користи да се означи Поранешна Југословенска Република Македонија

Зборот Косово се користи како референца за Косово дефинирана со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Понатаму, Србија се однесува на географскиот регион на Србија без Косово, бидејќи никакво истражување не беше направено за територијата на Косово, ниту беа на располагање јавно достапни податоци.

Page 6: 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR 2011 MK.pdf(Извештај 2.1) Практики на учење на далечина во Западен Балкан 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR

4

ПРЕГЛЕД НА ЕЛЕКТРОНСКОТО УЧЕЊЕ

ЗАКОНСКИ И ПОЛИТИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ

Во следната табела1 се сумирани инструментите кои се во сила во земјите од Балканот:

Земја Закон Национална стратегија

Министерство Проекти поддржани од Владата

Хрватска Треба да се верифицира

Треба да се верифицира

Треба да се верифицира

Треба да се верифицира

Македнија Закон за високо образование, Службен весник 35/2008 од 14.03.2008, Закон за наука и истражување, Службен весник 46/2008 од 7.04.2008

Национална стратегија за развој на електронски комуникации со информациски технологии, еден од приоритетите е е-образование

Министерство за информатичко општество и администрација

Проект на Владата „Компјутер за секое дете“. Слободен пристап до интернет во студентските домови. Интернет учење – два курса за електронско учење за државни службеници и кандидати за позиции во државната служба.

Црна Гора Закон за наука и истражување (Службен весник на Црна Гора, 71/2005)

Стратегија за развој на информатичко општество (февруари 2009). Еден од приоритетите е е-образование

Министерство за информатичко општество Министерство за образование и спорт

Нема проекти за електронско учење од поголем размер што се поддржани од Владата.

Србија Закон за наука и истражување – активен од декември 2005 година. Закон за високо образование – усвоен во септември 2005 година. Закон за иновативна активност – донесен во 2005 година

Стратегија за развој на информатичко општество во Република Србија. (Службен весник на Србија 87/2006) Еден од приоритетите е е-образование

Министерство за телекомуникации и информатичко општество, Министерство за наука

Дигитализација на научното и културното наследство. Систем за објективна евалуација на квалитетот на артикулацијата како и негова примена поврзана со патолошкиот изговор. Веб-интелигенција и електронско учење. Корпоративен веб-портал за постојана едукација на вработените.

Словенија Треба да се верифицира

Треба да се верифицира

Министерство за образование и спорт

Интернетот како поддршка за учење и предавање - Проект „Trubar“

2

ИКТ во училиштата3

Учење на далечина во Словенија4:

Неколку проекти во кои е развиен софтвер за настава за различни предмети како хемија, физика, за посебни потреби, како и помали образовни проекти во кои е изготвена електронска содржина – направени се повеќе од 300 производи

5

1 Извори: Macedonia, Montenegro, Serbia: The Challenge of e-Learning in the Western Balkans White Paper. Produced by ICT-WEB-

PROMS project (FP7 Support Action, 2010). Slovenia: Amon T. E-Learning in Slovenia in Demiray U. (ed) Case on Challenges Facing e-

Learning and National Development: Institutional Studies and Practices Vol. 2. Andolu University, Ekisheir Turkey, 2010

2 http://www.educa.fmf.uni-lj.si/trubar

3 http://colos1.fri.uni-lj.si/~infor

4 http://www.ltfe.org/crp

5 http://ro.zrsss.si/projekti.htm

Page 7: 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR 2011 MK.pdf(Извештај 2.1) Практики на учење на далечина во Западен Балкан 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR

5

ЕЛЕКТРОНСКО УЧЕЊЕ И УЧЕЊЕ НА ДАЛЕЧИНА ВО

МАКЕДОНИЈА

Во Македонија забележителен е големиот број на владини напори во насока на придонес или поддршка на развојот на електронското учење, иако на исклучително ниска основа. Меѓу нив може да се наведат:

финансирање за воведување на информациско комуникациските технологии (ИКТ) во институциите,

стратегија за зголемување на продирањето на интернетот во општеството,

стратегија за спроведување на високото образование во повеќето градови во земјата преку креирање на високо образовни единици за „дисперзирани студии“.

Обидите направени од страна на Владата за спроведување на ИКТ во општеството доведоа до основање на Министерство за информатичко општество и администрација. Меѓу повеќето проекти спроведени од страна на Министерството се и е-инфраструктура, е-влада, е-бизнис, е-здравство,

е-образование и е-граѓани6. Дел од резултатите од проектот за е-образование вклучуваат:

компјутер за секој студент, имплементација на локални мрежи (LAN) и слободен пристап до интернет во сите студентски домови, доделување ваучери на апсолвентите за купување на компјутери, обезбедување интернет за сите средни и основни училишта и друго.

Продирањето на интернетот во општеството е на ниско ниво. Според Меѓународната телекомуникациска унија (ITU, International Telecommunication Union) (http://www.itu.int/en/pages/default.aspx), регистрирани се вкупно 1 057 400 интернет корисници во јуни 2010 година, односно 51.0% од населението во земјата. Сепак, националната ИКТ стратегија го поставува процентот на корисници кои користат компјутери на 50% и корисници на интернет на 30%.

Во овој момент, учењето на далечина е вклучено во мешани студиски програми7, особено како

дел од акредитираните вонредни студии.

Ниту една институција во Македонија во моментов не обезбедува комплетна програма со учење на далечина.

Законот не прави разлика меѓу учењето на далечина и традиционалниот начин на учење, поради што сите акредитирани мешани студиски програми ја добиваат акредитацијата бидејќи ги задоволуваат условите дефинирани за традиционалните студиски програми.

Технологиите за електронското учење се користат за поддршка на процесот на учење. Во таа насока, речиси сите универзитети користат некој вид на систем за менаџирање на содржини (LMS - learning management system) за поддршка на процесот на учење, а дел од нив нудат и видеоконференции како еден вид на учење на далечина.

УЧЕЊЕ НА ДАЛЕЧИНА ВО ВИСОКО ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ (СКОПЈЕ)

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје е првиот државен универзитет во Македонија. Тој е основан во 1949 година. Денес, УКИМ претставува заедница од 21 факултет, 5 научни институти и 11 придружни членки, кои развиваат наставни програми во сите научни области - општествени, техничко-технолошки, природни науки, математика, медицински, биотехнички науки и уметност. Во 2009 година на универзитетот биле запишани приближно 50 000 студенти од Македонија на сите циклуси на студии, како и повеќе од 700 студенти од странство.

6 http://www.mio.gov.mk/?q=node/156

7 As in: Bonk C. J., & Graham, C. R. (2006). The handbook of blended learning: Global perspectives, local

designs. Pfeiffer.

Page 8: 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR 2011 MK.pdf(Извештај 2.1) Практики на учење на далечина во Западен Балкан 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR

6

На универзитетот се вработени над 2700 наставно-научни и соработнички кадри. На УКИМ своето образование го оформиле повеќе од 126 000 високо-стручни кадри (со завршени додипломски студии), над 53 000 магистри и повеќе од 2700 доктори на науки во сите наставно-научни области.

ПОНУДА НА ПРОГРАМИ ЗА УЧЕЊЕ НА ДАЛЕЧИНА

Универзитетот нуди една програма за учење на далечина, Магистерски студии за дигитално процесирање на сигнали, која е наведена во универзитетскиот каталог на студиски програми и ја има добиено акредитацијата на идентичен начин како и сите останати студиски програми во Македонија.

ДРУГИ ВИДОВИ НА УПОТРЕБА НА ИКТ

Секој факултет на веб обезбедува информации за студенти, а се користи и LMS како дигитален репозиториум за материјали за курсевите. Дополнително, постои ограничено користење на функционалностите на LMS за собирање на домашните задачи или за организирање на испити, тестови итн.

Секој факултет во најмала рака обезбедува информациски систем за студентите и LMS како репозиториум за материјали за курсевите. На пример, како LMS за магистерските студии за дигитално процесирање на сигнали се користи „Moodle“. Всушност, „Moodle“ е еден од најупотребуваните LMS на факултетите. Иако тој во најголема мера се користи како репозиториум за материјалите, сепак дел од факултетите ги користат и неговите функционалности за поставување и собирање на задачите, правење тестови и слично.

ТЕХНОЛОГИЈА

Три различни технологии се користат во рамки на универзитетот

„Moodle“ се користи како LMS за магистерските студии за дигитално процесирање на сигнали. Дополнително, „Moodle“ се користи и како LMS од страна на многу други факултети што вклучуваат електронско учење како поддршка и дополнување на традиционалниот начин на спроведување на курсевите

Факултетот за електротехника и информациски технологии разви сопствен LMS познат како

FEITle8. ФЕИТ околината за учење (FEIT Learning Environment, FEITle) претставува онлајн

систем за комуникација и размена на материјали. Со помош на овој систем, на студентите им се овозможува пристап до документи или материјали во електронска форма (книги, материјали и презентации од предавања и вежби, материјали за лабораториски вежби, резултати од тестови и друго), известувања за активностите во рамки на курсевите, форуми, резултати од остварена активност во рамките на курсевите, предложени теми за изработка на семинарски работи, проекти, календар на активности, Wiki страници за курсевите, што може да се разгледуваат и дополнуваат, како и последни информации и известувања поврзани со Факултетот.

Природно-математичкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје користи

систем за електронско оценување развиен од страна на компанијата Innovation9. Овој портал

содржи модули за администратори, курсеви, прашања, автоматско внесување на прашања во системот (курсот) од документ напишан во Word, извештаи, креирање на тестови, тестирање, статистика и многу други.

8 http://etech.feit.ukim.edu.mk/FEITPortal/FileManagement/TabelaProfesor.aspx

9 http://etest.ii.edu.mk/

Page 9: 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR 2011 MK.pdf(Извештај 2.1) Практики на учење на далечина во Западен Балкан 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR

7

СТУДЕНТИ КОИ ГИ КОРИСТАТ МОЖНОСТИТЕ НА УЧЕЊЕТО НА ДАЛЕЧИНА

Статистички податоци на располагање има само за FEITe системот. Од почетокот до денес порталот е користен од 3797 студенти и 120 вработени на факултетот. Од 3797 студенти кои го користат системот 3318 се студенти на додипломски студии, а 479 се студенти запишани на втор циклус - магистерски студии.

ПРИМЕР (CASE STUDY): УПОТРЕБА НА СИСТЕМ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ТЕСТИРАЊЕ (Е-ТЕСТ)

НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

Основната структура на системот се состои од курсеви чии материјали се поделени во лекции, претставени во форма на стебло. Секоја лекција содржи помали делови, а секој дел од своја страна се состои од групи што имаат посебна цел за изучување. Материјалот содржан во секоја лекција е поделен на најмалку три дела. За секој дел се направени најмалку четири групи прашања што содржат по најмалку пет прашања. Најмалку едно од овие прашања е скриено и е наменето за крајниот испит (но, не и за изведување на тестирањето). Останатите прашања се користат за онлајн тестирањето.

Системот за електронско тестирање може да има неограничен број на курсеви. Со нив управуваат корисници со посебни привилегии за администрирање на курсеви. Курсевите се меѓусебно независни. Тие имаат своја структура и база на прашања. Со избирање на прашања од базата на прашања, системот автоматски може да креира тестови. Прашањата се однесуваат на различни наставни единици, во согласност со претходно опишаната организација. Бројот на прашања за секој курс најчесто достигнува до околу 1500 прашања.

Резултатите од секој тест генериран од страна на системот, претставуваат еден вид мерка за вербалните, квантитативните и аналитичките вештини поврзани со специфични области од курсот. За секоја област постојат посебни временски ограничувања и оценки. Секоја област има прашања кои дефинираат даден концепт или вештина. Во системот се разликуваат три класи прашања и тоа: вербални, квантитативни и аналитички, кои може да бидат од три различни вида: прашања со одговор како избор од повеќе можности, прашања со краток одговор и прашања со одговор во форма на есеј. Евалуацијата на внесените одговори се прави на крајот на тестот. Реализирањето на евалуацијата не претставува голем проблем, бидејќи повеќето прашања во системот имаат фиксни одговори. Со прикажувањето на конечните резултати, системот нуди и можност да се видат точните одговори. Со цел да се избегне погодување на одговорите, воведени се негативни поени.

Системот динамички креира различни тестови за секој студент со фиксен број на прашања. Стратегијата за креирање на тестови ја дефинира администраторот на курсот. При подесувањето на стратегијата се користи структурата на курсот во форма на стебло. Администраторот ги утврдува областите од кои ќе се изберат прашањата, специфицирајќи го бројот на прашања од секоја област.

Бидејќи секој објект за учење содржи прашање со иста тежина, тестовите што ќе бидат генерирани имаат иста тежина, но, студентите добиваат различни тестови од објектите за учење избрани од администраторот.

Page 10: 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR 2011 MK.pdf(Извештај 2.1) Практики на учење на далечина во Западен Балкан 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR

8

ИСТРАЖУВАЧКИ И РАЗВОЈНИ ПРОЕКТИ

Проект Опис и постигнати резултати

Establishment of an open and distance learning study center in Skopje - CONV/98/PHA/0040, 1999/2000

Како резултат на проектот бил отворен Центар за отворено и далечинско учење на Електротехничкиот факултет

Initiation of blended learning system TEMPUS SCM-C010A05-2005

Во рамките на проектот се развиени веб-базирани алатки за визуелизација на основните концепти на дигиталното процесирање на сигнали (ДСП), предавања со алатки што овозможуваат функционалност и овозможуваат студентите активно да ги користат алатките притоа нудејќи им едно сосема поинакво искуство при учењето. Евалуацијата од студентите кои следеа интензивен курс на овој начин, покажа дека тие сметаат дека алатките им помогнаа да визуелизираат некои од концептите што придонесува за поефикасно учење.

Master studies in DSP based on blended learning approach

10

Проектот вклучува развој и креирање на истоимена студиска програма на Факултетот за електротехника и информациски технологии на УКИМ во Скопје. Оваа студиска програма е акредитирана и понудена на студентите на Факултетот. Процесот за акредитација на студиската програма е спроведен на ист начин како и за традиционалните студиски програми, без да се бараат дополнителни услови.

Distance Education System (DES) - TEMPUS Phare 13371-1998

Во рамките на проектот бил направен обид за воведување на концептот систем за учење на далечина со користење на универзитетската мрежа.

Distributed Information Technologies and Flexible Education - TEMPUS Phare 14440-1999 JEP

Проектот имал за цел да направи преглед, реконструкција и/или развој на нови курсеви во областа на информатиката, информациските науки и науките кои се однесуваат на концептот на (дигитални) библиотеки, нагласувајќи го притоа развојот, управувањето и употребата на комплексни дистрибуирани информациски системи.

Multilingual Web-based Science Courses - TEMPUS SCM No C00B04 – 2004

Проектот бил наменет за подобрување на веб-базираното знаење на студентите и наставниците, имплементација на веб-базирани пристапи во наставните планови, како и за формирање на центар за повеќејазично учење на далечина на Универзитетот во Скопје и Универзитетот во Тетово.

Integrating E-Learning across Teachers’ Curriculum - TEMPUS CD No 40020-2005

Целта на проектот се состоела во реконструирање и развој на наставна програма, како и обезбедување на модерни средства за обука, што ќе се одржуваат Педагошкиот факултет и факултетите за обука на наставен кадар во Македонија на основа на: ревидирање, реконструкција и развој на нови базични додипломски и постдипломски курсеви што ќе го инкорпорираат електронското учење во методиката и практиката, воспоставување на околина за електронско учење како поддршка во наставната програма со надградба на техничките средства, професионализација и (ре)обука на наставници-обучувачи и студенти во настава/учење потпомогнато од технологијата.

Web Based Multimedia E-Learning for Applied Technologies

11 - TEMPUS SCM

No C013B05 – 2005

Целта на проектот била да се развие методологија што ќе овозможи придвижување кон веб-базирано мултимедиско е-учење за применетите технологии и имплементација на прототипи преку селекција на неколку пилот курсеви меѓу македонските универзитети и членовите на конзорциумот.

Computer-supported Collaborative Learning - TEMPUS SCM CO21A06-2006

Проектот имал за цел да се воведе нова средина за учење, во која помалку ќе се стави акцент на меморирање, учење со белешки и учење на материјалот за испити во краток временски период, а повеќе ќе се истакнат способностите како што се комуникација, решавање на проблеми и артикулација на решенија.

Video Conferencing Educational Services (VICES)

12 - 144650-TEMPUS-

2008-IT-JPGR

Целта на проектот е да се овозможат видео конференциски сервиси меѓу универзитетите во Македонија, како дел од системот за учење на далечина. Остварувањето на оваа цел е замислено да се направи користејќи ја постоечката IP-базирана комуникациска инфраструктура (МАРНЕТ). Во рамките на проектот треба да се обезбеди прилагодување на образовната и организациската методологија за користење на видео-конференциски подсистем за образовни цели во повеќе-јазична околина за учење на далечина; развој на околина за учење на далечина базирана на видео конференции која ќе влијае на подобрување на интер-дисциплинарноста и транс-дисциплинарноста на сервисите за обучување на национално и интернационално ниво, како и на зголемување на капацитетот на МАРНЕТ за интернационална соработка и за спроведување на процес на модернизација преку отворање на МАРНЕТ како кон образовните институции, така и кон граѓаните воопшто.

10 http://dsp.feit.ukim.edu.mk/DSPBLEND/

11 http://weblab.ii.edu.mk/

12 http://vices.marnet.net.mk/

Page 11: 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR 2011 MK.pdf(Извештај 2.1) Практики на учење на далечина во Западен Балкан 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR

9

УНИВЕРЗИТЕТ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА (ТЕТОВО)

ПОНУДА НА КУРСЕВИ ЗА УЧЕЊЕ НА ДАЛЕЧИНА

Универзитетот нуди можност за делумно студирање на далечина за неколку студиски програми [SEEU, 2011]. На ваков начин може да се студира на следните студиски програми: Студии за јавна администрација и комуникациски науки на Факултетот за јавна администрација и политички науки; Компјутерски науки на Факултетот за современи науки и технологии и Англиски јазик и литература на Факултетот за јазици, култури и комуникација. Режимот на студии на овие студиски програми е следен:

на почетокот од секој семестар студентите имаат воведен час со наставникот на соодветниот предмет;

курсевите за здобивање на вештини (на пример, курсеви за англиски јазик и курсевите за здобивање со информатички вештини) се организираат лице-во-лице, со средби еднаш на две недели, по работното време во зависност од нивото на знаење на студентите;

со користење на електронски систем за менаџирање на содржини “Libri”, студентите се насочуваат кон самостојно учење, со поставени критериуми за евалуација, потребни материјали и можност за учество во електронски форуми;

на крајот од семестарот се организира интензивен семинар со релевантни наставници за дадениот курс.

Од академската 2011-2012, целите студиски програми ќе започнат да се нудат во форма на курсеви на далечина.

Студиите се организирани во согласност со повеќе-јазичниот и повеќе-културниот модел, прикажан на слика 1.

Page 12: 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR 2011 MK.pdf(Извештај 2.1) Практики на учење на далечина во Западен Балкан 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR

10

Слика 1. Повеќе-јазичен и повеќе-културен модел за студирање

ДРУГИ ПОЛИЊА НА УПОТРЕБА НА ИКТ

Центарот за стручна поддршка (обезбедува тренинг за модерни, интерактивни методологии за предавање, со посебен акцент на користење на технологијата и меѓукултуролошката комуникација), Центарот за кариера (ги спојува студентите со локалните бизнис компании и овозможува поврзување со другите центри за кариера во регионот), Центарот за развој на бизнис (обезбедува сервиси за локалните бизниси, повторно со посебен акцент на користење на технологијата), и Центар за далечинско образование (се прави обид да се прошират универзитетските сервиси надвор од кампусот и во околните заедници), значително ја користат информатичко комуникациската технологија во нивните секојдневни активности.

Сите студенти имаат пристап до нивниот распоред и другите информации преку е-сервиси. Наставниците може исто така, да пристапуваат и да ги менуваат сопствените распореди со користење на овие сервиси. Од неодамна е имплементиран и сервис за електронско оценување што е на располагање на наставниците

СЕРВИСИ ЗА ПОДДРШКА

Центарот за електронско учење во институцијата е од голема помош за универзитетот во насока на искористување на потенцијалот на технологијата за подобрување на наставата и учењето. Една од основните цели на центарот за е-учење е да промовира самостојното, ученички-ориентираното образование преку развој и нудење на квалитетни веб-базирани курсеви што може да се реализираат комплетно како онлајн-курсеви. Уште повеќе, со развивање на интерактивни онлајн материјали, како дополнување на традиционалните курсеви, како и со организирање на работилници поврзани со развој и размена на онлајн материјали, центарот за електронско учење

Page 13: 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR 2011 MK.pdf(Извештај 2.1) Практики на учење на далечина во Западен Балкан 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR

11

го помага подобрувањето на ефективноста во наставата и учењето. Тој обезбедува голем број на сервиси, со што ќе помогне во остварување на целите на Универзитетот. Меѓу понудените сервиси се вбројуваат:

организирање на работилници за различни теми поврзани со електронското учење, на пример, придобивки и ограничувања на електронското учење, дизајнирање на предавањата, онлајн настава итн.;

целиот потребен софтвер, на пример, LMS за успешно спроведување на активностите поврзани со електронското учење. Овој систем (Libri) им помага на факултетите да ги спроведат активностите поврзани со курсевите преку веб. Тука спаѓаат размена на материјали, комуникација, соработка и оценување;

редовно се одржуваат обуки за факултетите на Универзитетот ЈИЕ со цел да се овозможи развој на ефективно онлајн-предавање. Овие програми за обука покриваат многу теми, почнувајќи од дизајн на предавањето за предметите што се спроведуваат онлајн, каде учесниците се запознаваат со различни концепти и алатки што помагаат во дизајнирањето на педагошки издржани онлајн предмети, сè до развој на он-лајн содржина со различни алатки за развој како што се: Camtasia studio, Adobe Connect итн. Дополнително, Центарот обезбедува обука за системот Libri и неговите алатки со цел да овозможи наставниот кадар да ги објавува онлајн своите предмети.

поддршка за развој на онлајн курсеви. Факултетите треба само да ја обезбедат содржината на он-лајн предметот. Тимот за поддршка во центарот за електронско учење ја спроведува понатамошната постапка. Дополнително, центарот им помага на факултетите во развој на квалитетен онлајн наставен материјал за подобрување на учењето на студентите.

ТЕХНОЛОГИЈА

Libri13

претставува онлајн LMS наменет за веб-базирано спроведување на предметите што се организираат во рамките на Универзитетот. Системот поддржува веб-базирано изведување на активностите предвидени со предметите, овозможувајќи размена на материјали, комуникација и соработка, како и оценување. Профилите за предметите се креираат на барање на факултетите во зависност од тоа кои предмети се активираат.

Во некои случаи Libri се надополнува со користење на LMS ANGEL.

R&D ПРОЕКТИ

Институцијата е партнер во проектот VICES, што беше опишан во претходниот текст.

УНИВЕРЗИТЕТ ФОН ВО СКОПЈЕ

ПОНУДА НА КУРСЕВИ ЗА УЧЕЊЕ НА ДАЛЕЧИНА

Универзитетот не нуди програми на далечина.

ДРУГИ ПОЛИЊА НА УПОТРЕБА НА ИКТ

Околу 50 курсеви во рамки на факултетите користат LMS за поддршка на активностите на курсевите.

СЕРВИСИ ЗА ПОДРШКА

ТЕХНОЛОГИЈА

13 https://libri.seeu.edu.mk

Page 14: 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR 2011 MK.pdf(Извештај 2.1) Практики на учење на далечина во Западен Балкан 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR

12

Како LMS систем се користи Moodle.

СТУДЕНТИ КОИ ГИ КОРИСТАТ МОЖНОСТИТЕ НА УЧЕЊЕТО НА ДАЛЕЧИНА

Во системот се имплементирани приближно 50 курсеви на секој факултет, а околу 5000 студенти и 30% од наставниот кадар го користат регуларно.

ИСТРАЖУВАЧКИ И РАЗВОЈНИ ПРОЕКТИ

Институцијата е партнер во проектот VICES, што беше претходно спомнат.

ДРУГИ УНИВЕРЗИТЕТИ ВО МАКЕДОНИЈА

УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО БИТОЛА

Како и другите универзитети во Македонија, Универзитетот ,,Св. Климент Охридски" во Битола не нуди студиски програми на далечина. Во рамки на универзитетот, различни LMS се користат како репозиториуми за материјалите за учење. На пример, Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи, користи сопствен LMS систем (http://famis.edu.mk/atutor/index.php) што се базира на ATutor (http://atutor.ca/). Користењето на системот обезбедува поедноставен пристап до материјалите за учење. Што е многу поважно, овој систем е значаен за вонредните студенти, бидејќи тие не се обврзани да патуваат во Битола.

УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО ШТИП

Слично како и во останатите универзитети во Македонија, на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип не постои акредитирана студиска програма за електронско учење или учење на далечина. И покрај тоа, имплементирани се и се користат во практиката повеќе форми на електронско учење и учење на далечина. Иако во моментов, главно, се користи Moodle како платформа, Универзитетот развива и сопствено решение во соработка со Мајкрософт (Microsoft) базирано на Шеарпоинт (Sharepoint). Постоечката инфраструктура на Универзитетот – таблетите Клаус, со нивниот клиент-сервер софтвер што обезбедува TCP/IP конекција со таблетите, исто така се користи за комуникација и интеракција. Покрај тоа, овозможени се и видео конференции. Системот претежно се користи од страна на студентите од медицинскиот факултет за следење на операции што се извршуваат на Клиниката Нирнберг во Германија, како и во болницата „Филип Втори“ во Скопје.

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТ НА Е-УЧЕЊЕ И УЧЕЊЕ НА

ДАЛЕЧИНА

Законот за високо образование регулира неколку прашања вклучувајќи го и процесот за обезбедување на квалитет. Една од позначајните промени во тековната верзија на законот е и воспоставување на единствено тело за акредитација и евалуација на високото образование во Република Македонија наместо на две тела (Комисија за акредитација и Агенција за евалуација на високото образование) дефинирани во претходната верзија на законот. Комисијата за акредитација и евалуација е независно тело со следните обврски:

одобрување, верификација и признавање на високо образовните институции со спроведување на процес на акредитација;

проценка на квалитетот во следните области: извршување на активностите, управување и финансирање;

систем за евалуација на академските и други, поврзани со нив, активности;

други активности и механизми што придонесуваат за развој и одржување на квалитетот во високото образование и одредби на органите (агенциите) одговорни за проценка на квалитетот во високото образование.

Page 15: 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR 2011 MK.pdf(Извештај 2.1) Практики на учење на далечина во Западен Балкан 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR

13

евалуацијата (проценка на квалитетот) на високо-образовните институции се спроведува со: екстерна евалуација (екстерна проценка на квалитетот); само-евалуација (интерна проценка на квалитетот); и систем за евалуација на квалитетот на академскиот кадар.

Не постојат специфични правила или процедури за обезбедување квалитет на програмите за учење на далечина или мешаните програми. Поради тоа, мешаните програми и предвидените потполно виртуелни програми, го минуваат истиот процес на евалуација и акредитација како и стандардните програми.

Сепак, некои универзитети работат во насока на креирање на нови стандарди како дел од нивната култура за квалитет. Имено, центарот за електронско учење во склоп на Универзитетот на Југоисточна Европа, започна со развој на препораки и стандарди за квалитет на електронското учење што вклучуваат развој на содржина, испорака на курсот, проверка и евалуација на знаење, заштита на авторски права, онлајн предавање, итн. Дополнително, образованието во овие

институции се развива на основа на следните индикатори14

:

анализа на потребите на студентите,

мотивација,

директна интеракција наставник-студент,

социјални ефекти,

организациски специфики,

дизајн на предавањата,

достапност,

учење прилагоедно на потребите на ученикот, и

ограничувања во проценка на бариерите што генерално влијаат на образованието на далечина во корелација со околината и севкупните политики на универзитетите.

14 Fetaj B, Fetaj M, E-Learning in Croatia in Demiray U. (ed) Case on Challenges Facing e-Learning and

National Development: Institutional Studies and Practices Vol. 1. Andolu University, Ekisheir Turkey, 2010.

Page 16: 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR 2011 MK.pdf(Извештај 2.1) Практики на учење на далечина во Западен Балкан 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR

14

Е-УЧЕЊЕ И УЧЕЊЕ НА ДАЛЕЧИНА ВО ЦРНА ГОРА

Како и кај останатите балкански земји, потенцијалот на електронското учење на далечина е ограничено со релативно малата рата на пенетрација на интернетот, 43.9% во 2009 година. Овој недостаток е сепак малку ублажен со фактот дека Црна Гора е мала земја, а со тоа не постојат значајни географски бариери за пристап до универзитет, каде сите универзитети нудат адекватни интернет ресурси на располагање на сите нивни студенти.

Образованието во Црна Гора е регулирано од страна на Министерството за едукација и спорт на владата на Црна Гора. Министерството за едукација и спорт (МЕС) е највисокиот авторитет одговорен за севкупната политика на образованието во земјата.

Високото образование може да се обезбеди од страна на универзитети и високо образовни институции што имаат лиценца и акредитација. Универзитети и колеџи, академии и независни стручни училишта организираат и спроведуваат студии во научните, уметничките и професионалните полиња за кои се акредитирани. Во првата година од студиите, може да се запишат кандидати кои се здобиле со соодветно средно образование. Студентите може да бидат запишани во државна квота или самите да го финансираат своето образование.

Почнувајќи од учебната 2004/2005 година, на сите факултети се применува Болоњската декларација. Имплементација на оваа Декларација значи дека таканаречените виши школи не постојат повеќе, но, остануваат само таканаречените високите школи (факултети), каде образованието трае три години. Студиските програми во Црна Гора може да се поделат во две категории: академски студиски програми и применети студиски програми.

Основните студии траат три школски години. Постдипломските специјалистички студии траат една академска година, а постдипломските мастер студии всушност се двегодишни по основните, односно, едногодишни по специјалистичките студии. Докторските студии се во времетраење од три години. Исклучително изучувањето на програмите на академските студии може да доведе до стекнување диплома за докторски студии, додека применетите студиски програми, најмногу може да доведат до ниво на мастер.

Во Црна Гора има еден државен и два приватни универзитета. Иако речиси во сите институти од овие универзитети се користи ИКТ, сепак нејзината употреба не е во насока на учење на далечина, туку само како поддршка во традиционалниот начин на држење настава.

УЧЕЊЕ НА ДАЛЕЧИНА ВО ВИСОКО ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО

ЦРНА ГОРА

УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ЦРНА ГОРА

Универзитетот на Црна Гора е единствената државна институција за високо образование во Црна Гора. Универзитетот на Црна Гора го сочинуваат 19 факултети, 3 независни студиски програми и 3 научно-истражувачки институти. Сите 19 факултети нудат 77 студиски програми. Во академската 2009/2010, вкупниот број на студенти изнесувал 20475.

ПОНУДА НА КУРСЕВИ ЗА УЧЕЊЕ НА ДАЛЕЧИНА

Голем број на факултети во рамките на Универзитетот нудат учење на далечина:

Во рамките на студиската програма за додипломски студии во Подгорица има група за учење на далечина. Студентите кои се дел од оваа група ги имаат истите права како и студентите кои следат традиционална настава. Тие може да пристапат до снимени предавања, како и до литература и материјали со помош на нивната LMS сметка. Во овој LMS има 35 модули, од кои 25 се целосно онлајн со исклучок на изведувањето на тестовите и завршните испити. Испитите што се спроведуваат, начинот на оценување, како и сертификатите што се добиваат се исти и за студентите кои онлајн ја следат наставата и за студентите кои студираат на традиционалниот начин.

Од 2007 година, на Електротехничкиот факултет се спроведува пилот програма за додипломски студии на комбиниран начин. Методологијата на курсот комбинира традиционален

Page 17: 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR 2011 MK.pdf(Извештај 2.1) Практики на учење на далечина во Западен Балкан 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR

15

(лице-во-лице) пристап и пристап базиран на технологија што го овозможува користењето на LMS. Сите материјали за курсот (предавања, испити, тестови, итн) ги обезбедува LMS.

Од 2006 година, предавањата за една од студиските програми на Економскиот факултет се одржуваат преку видео-конференции на оддалечен кампус во Бело Поле во северниот дел на Црна Гора. Предавањата на ваков начин се одржуваат речиси секојдневно, а наставниот кадар од Економскиот факултетот го посетува кампусот само кога треба да се изработи практична работа. Почнувајќи од следниот семестар, сите предавања и вежби ќе се преместат на веб. Сепак, спроведувањето на испитите ќе се одвива на традиционален начин.

ДРУГИ ПОЛИЊА НА УПОТРЕБА НА ИКТ

Видео-конференциите и репозиториумите за материјали за учење се користат на ниво на целата институција во голем број курсеви.

СЕРВИСИ ЗА ПОДДРШКА

Универзитетот во Црна Гора има еден главен центар за електронско учење со кој управува Центарот за информациски систем (CIS, Center of Information system). Тој претставува организациска единица на Универзитетот со задача планирање, развој и одржување на сервиси и мрежата за истражување и образование на Црна Гора (MREN, Montenegro Research and Еducation Network). Еден од сервисите што ги обезбедува е електронското учење. CIS ги координира сите активности на Универзитетот во Црна Гора во однос на каков било вид на електронско учење и обезбедува технички ресурси согласно потребите.

ТЕХНОЛОГИЈА

Системот за менаџмент на учење се базира на Moodle, а за видео-стриминг се користи Adobe Connect Pro. Салата за видео конференции е достапна од CIS.

СТУДЕНТИ КОИ ГИ КОРИСТАТ МОЖНОСТИТЕ НА УЧЕЊЕТО НА ДАЛЕЧИНА

Околу 120 студенти се запишани на студиската програма со учење на далечина на додипломски студии во Подгорица.

ИСТРАЖУВАЧКИ И РАЗВОЈНИ ПРОЕКТИ

Проект Опис и резултати

Програма за електронско учење за Србија и Црна Гора

Финансиран од World University Service – Austrian Committee

Идејата на проектот била да се создаде колаборативна околина меѓу академската заедница и трети лица во Србија и Црна Гора, со цел како резултат да произлезе заеднички и стандардизиран пристап за воспоставување на процесот на електронското учење на териториите на соодветните членови. Проектот овозможил отварање универзитетски центри за електронско учење, што ќе послужат како центри за промоција и развој на електронското учење во рамките на универзитетите. Центарот за електронско учење на Универзитетот во Црна Гора бил креиран како резултат на проектот.

Програма за електронско учење за Србија и Црна Гора – Фаза 2

Финансиран од World University Service – Austrian Committee

Со поддршка од страна на проектот е развиен курс што вклучува електронско учење. Благодарение на оваа иницијатива се формира пилот програма на институтот за инженерство.

ПРИВАТНИ УНИВЕРЗИТЕТИ ВО ЦРНА ГОРА

УНИВЕРЗИТЕТ МЕДИТЕРАН

Page 18: 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR 2011 MK.pdf(Извештај 2.1) Практики на учење на далечина во Западен Балкан 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR

16

Како и другите универзитети во Црна Гора, Универзитетот Медитеран обезбедува систем за учење на далечина (DLS, Distance Learning System) во наставните програми на Факултетот за информациски технологии, Факултетот за туризам во Бар - МТС (Montenegro Tourism School) и Факултетот за бизнис студии (Montenegro Business Schlool).

Универзитетот Медитеран им овозможува на студентите да учат на далечина користејќи го веб-базираниот DLS систем. Во текот на семестарот периодично се набљудиваат предавањата и вежбите на факултетите (наутро или навечер, или во сабота) во согласност на плановите на професорите и асистентите. Презентациите на семинарските работи или други проекти изработени од студентите, полагањето на тестовите и финалните испити се одвива на традиционален начин, во просториите на факултетите. Универзитетот Медитеран во Подгорица ги има предвид препораките и искуството од водечките светски институции и организации што обезбедуваат специфични стандарди и системи за обезбедување на квалитетот на наставата што се одвива на далечина. Во тек се подготовките за воведување на систем за учење на далечина и во другите факултети. Обезбедувањето на квалитетот на наставата се спроведува интерно и се одвива на ист начин како и за традиционалните предавања на факултетите.

УНИВЕРЗИТЕТ ДОЊА ГОРИЦА

Универзитетот Доња Горица (УГД) го користи учењето на далечина како дел од регуларната настава во случаите кога професорите од странство им држат предавања преку видео на студентите на универзитетот. Видео преносот што се користи за остварување на комуникацијата е двонасочен. Во секој семестар има случаи во кои само во дел од наставата се користи овој концепт. Во тие случаи, честотата на овој вид предавања е еднаш неделно. Уште повеќе, овој универзитет користи LMS речиси за сите курсеви. На универзитетот е развиена сопствена софтверска инфраструктура. Секој студент добива корисничка сметка со која може да се регистрира на курсевите на кои планира да учествува во дадениот семестар (регистрирањето на курсевите може да се оствари исклучително онлајн преку апликација), да го гледа својот академски профил (секој студент има пристап само до сопствените оценки) и да го провери статусот на финансиските обврски кои ги има спрема факултетот (како и да плати преку порталот). Студентите, исто така, имаат пристап до различни курсеви и ресурси за учење. Покрај тоа, им се доделува и веб-простор и адреса за електронска пошта.

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ КВАЛИТЕТ ВО ЕЛЕКТРОНСКОТО УЧЕЊЕ И

УЧЕЊЕТО НА ДАЛЕЧИНА

Во 2004 година, Владата на Црна Гора формира Совет за високо образование. Меѓу другите функции што ги извршува овој совет, е и процесот на акредитација и спроведување на екстерна евалуација со помош на неговите комисии. Советот за високо образование е посебно одговорен за обезбедување на квалитетот во високото образование во Црна Гора.

Министерството за образование и спорт има ингеренции да издаде, менува или одземе дозвола за работа во една институција. Секоја високообразовна институција во Црна Гора, без разлика дали е новоформирана или е веќе во функција, треба да има дозвола за работа. Таа го одредува видот на институцијата, нејзините акредитирани студиски програми, максималниот број на студенти што може да ги прими, како и степените на образование и дипломите што може да ги издаде.

Во однос на квалитетот на електронското учење, курсевите за учење на далечина подлежат на истата процедура за акредитација како и традиционалните курсеви. Во спроведеното истражување, нема евиденција за процедури или стандарди за квалитет што се специфични за учењето на далечина или електронското учење. Како дел од интерните процедурите за обезбедување на квалитет, Универзитетот во Црна Гора прави истражувања на студентите кои следат настава на далечина и се дел од процесот на електронско учење.

Page 19: 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR 2011 MK.pdf(Извештај 2.1) Практики на учење на далечина во Западен Балкан 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR

17

ЕЛЕКТРОНСКО УЧЕЊЕ И УЧЕЊЕ НА ДАЛЕЧИНА ВО

СРБИЈА

Почетоците на активностите порзани со учењето на далечина во Србија се иницирани од личните интереси и меѓународните врски на универзитетските истражувачи кои своите истражувања ги спроведуваат во насока на примена на различни форми на интернет-базирани технологии во образованието. Со текот на времето, обезбедени се средства што ќе го потпомогнат преминот од решавање на истражувачки базирани проблеми во оваа област кон реална примена на учењето на далечина во универзитетите. На институтите се воведуваат LMS, како Moodle, кон што постепено сè повеќе се насочува вниманието. На некои од универзитетите во Србија, неодамна се развиени и акредитирани комплетни програми за учење на далечина. Сепак, процедурите за обезбедување на квалитетот се уште се на различно ниво.

Денес, „Стратегијата за развој на информатичко општество во Република Србија“ промовира електронско учење, тврдејќи дека „ефективната интеграција на ИКТ во образовниот систем е еден од катализаторите за создавање на општество базирано на знаење и економија“. Всушност, според оваа Стратегија:

ИКТ треба да се користи во функција на обезбедување на корисно и високостручно образование, истражување и развој;

ИКТ во образованието треба да се користи за воведување на современи концепти за електронско учење и отворено учење на далечина;

ИКТ треба да претставува технолошка база за спроведување на актуелно и ефикасно истражување и развој.

Во однос на користење на интернетот, стапката во Србија е исклучително ниска. Во 2008 година таа изнесувала 32.4%. Во средината на 2011 година, тешко е генерално да се оцени состојбата на Србија од аспект на учењето на далечина и обезбедување на квалитетот со кој тоа се спроведува. Причина за тоа е постоењето на многу контроверзни информации. На пример, според истражување направено во 2010 година [Ivanovic et al., 2010], околу дваесетина институти од сите државни и неколку приватни универзитети во Србија нудат учење на далечина. Уште повеќе, истражувањето ги означува овие на следниот начин: „се нуди комплетната наставна програма во форма на учење на далечина“. Од друга страна, според официјалните податоци од Комисијата за акредитација и обезбедување на квалитет во високото образование во Србија (CAQA, Committee for Accreditation and Quality Assurance in higher education in Serbia) во истиот временски период, се нудат шест официјално акредитирани програми за учење на далечина на универзитетско ниво, од кои три се на државните универзитети и три на приватен универзитет, како и четири програми на ниво на колеџ. Дополнително се нудат и седум акредитирани студиски програми на друг приватен универзитет, што се одвиваат и на традиционален начин и во форма на учење на далечина. Сепак, од некоја причина, ова не е наведено во официјалниот извештај добиен од CAQA. Оттука може да се заклучи дека, во најголема мера, понуденото учење на далечина на универзитетите во Србија се користи како дополнителна поддршка на традиционалниот начин на одвивање на наставата во просториите на факултетите. Со други зборови, непосредната анализа на тековните практики открива дека повеќето курсеви наменети да се одвиваат на далечина, всушност се нудат на комбиниран начин, така што поголемиот дел од материјалите се достапни на Moodle или друг LMS, но, со уште неколку други образовни компоненти и процеси (како оценување и администрација) поддржани во режим на учење на далечина.

УЧЕЊЕ НА ДАЛЕЧИНА ВО ВИСОКО ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО

СРБИЈА

УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО КРАГУЕВАЦ

ПОНУДА НА КУРСЕВИ ЗА УЧЕЊЕ НА ДАЛЕЧИНА

Page 20: 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR 2011 MK.pdf(Извештај 2.1) Практики на учење на далечина во Западен Балкан 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR

18

На Универзитетот во Крагуевац, Техничкиот факултет Чачак (ТФЧ), во 2008 година се востанови мастер програма за учење на далечина „Мастер за електронско учење“. Целта на програмата е да обезбеди обука за идните експерти за дизајн и имплементација на електронското учење. Програмата е развиена во согласност со принципите на Болоњската декларација во рамките на Темпус проектот „Мастер наставна програма за електронско учење“ („M.Sc. curriculum in e-learning”). Часовите во склоп на овие студии се одржуваат онлајн

(http://www.tfc.kg.ac.rs/tempus-jep-41016-2006/). Оваа програма е единствена во Србија во форма на „програма за електронско учење со електронско учење“, имајќи предвид дека покрива содржини/теми од областа на електронското учење, а за одржување на наставата исто, така се користи учење на далечина.

ДРУГИ ПОЛИЊА НА УПОТРЕБА НА ИКТ

Голем број факултети користат некаков LMS како репозиториум на материјали за курсевите.

СЕРВИСИ ЗА ПОДДРШКА

ТЕХНОЛОГИЈА

Moodle се користи како репозиториум на курсеви на дел од факултетите.

СТУДЕНТИ КОИ ГИ КОРИСТАТ МОЖНОСТИТЕ НА УЧЕЊЕТО НА ДАЛЕЧИНА

ИСТРАЖУВАЧКИ И РАЗВОЈНИ ПРОЕКТИ

УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО БЕЛГРАД

ПОНУДА НА КУРСЕВИ ЗА УЧЕЊЕ НА ДАЛЕЧИНА

Во 2009 година, на Факултетот за организациски науки (ФОН) е акредитирана програма за учење на далечина „Информациски системи и технологии“ (ИСТ). Таа претставува дел од стандардната листа на програми што се нуди на новите генерации студенти кои се запишуваат на Факултетот. Оваа програма еволуира во програма за учење на далечина од истоимената програма за која наставата се одвива на традиционален начин, како одговор на големата побарувачка и заинтересираност од страна на студентите за областа информациски системи и технологии. Курсевите се подготвени во согласност со моделот ADDIE, така што секој опис на истите ја вклучува и неговата детална структура по теми и наставни единици, како и цели и начини на спроведување на наставата за секој метод. Станува збор за начини што вклучуваат компјутерски-базирано, проблем-базирано, социјално-конструктивистичко учење и слично, и кои често се комбинираат. Дополнително, наставната програма се базира на ACM насоки, објавени како официјални препораки за развој на ИСТ наставни програми [ACM/AIS/AITP, 2002].

Онлајн курсеви нудат и многу други институти на Универзитетот во Белград. Многу често нив ги водат ентузијасти за учење на далечина, т.е. наставници кои го сметаат учењето на далечина за ветувачка дополнителна поддршка за нивните предмети. Добар пример за тоа е Медицинскиот факултет, каде во моментов има четири онлајн курсеви на додипломски студии, три комбинирани програми на ниво на мастер студии, како и два комбинирани курса за докторски студии. Сепак, стратегијата за развој на учење на далечина во Медицинскиот факултет не е во целост спроведена. Курсевите се всушност развиени благодарение на меѓународните проекти и донации кои овозможиле ентузијазмот на професорите да резултира во онлајн или комбинирани курсеви развиени од нивна страна.

ОСТАНАТИ НАЧИНИ НА КОРИСТЕЊЕ НА ИКТ

Page 21: 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR 2011 MK.pdf(Извештај 2.1) Практики на учење на далечина во Западен Балкан 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR

19

На некои институти се нудат репозиториуми на материјали за курсевите преку LMS, а за други, административната позадина е онлајн.

СЕРВИСИ ЗА ПОДРШКА

ТЕХНОЛОГИЈА

Moodle се кроисти како LMS во институцијата.

СТУДЕНТИ КОИ ГИ КОРИСТАТ МОЖНОСТИТЕ НА УЧЕЊЕТО НА ДАЛЕЧИНА

Курсот ,,Информациски системи и технологии" годишно го посетуваат околу 80 студенти, запишани како студенти на далечина.

ИСТРАЖУВАЧКИ И РАЗВОЈНИ ПРОЕКТИ

ДРУГИ УНИВЕРЗИТЕТИ ВО СРБИЈА

УНИВЕРЗИТЕТ ВО НИШ

Електронскиот факултет го користи Moodle за своите курсеви. Во тек е процес на унифицирање на курсевите кои се нудат на унифициран и кохерентен начин, за разлика од претходно кога тоа се правело на поединечно ниво. Сите курсеви се опишуваат во согласност со утврден шаблон чија структура е усвоена да биде информативна за студентите. Ова дефинитивно претставува добар пристап за обезбедување на квалитет, во најмала рака на ниво на институт. На ниво на Универзитет, овој унифициран пристап не е усвоен и не постојат стандарди на универзитетско ниво во однос на LMS што се користи.

УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО НОВИ САД

Постојат голем број курсеви што ги нуди Универзитетот во Нови Сад, а кои се спроведуваат со учење на далечина, заедно со обезбедување на квалитетот во смисла на содржините. Покрај тоа, постои и техничка поддршка за наствниот кадар и за студентите. На пример, Институтот за информатика на Факултетот за технички науки има сеопфатно множество од wiki-страници поврзани со нивните курсеви. Тие користат Sakai LMS за менаџмент на курсевите и нивен сопствен систем за оценување, наречен Otisak. Околу десетина наставници на Универзитетот во Нови Сад, регуларно го користат Otisak за оценување на студентите, иако тој поддржува само прашања со одговор од повеќе избори.

За жал, исто како и во случајот со Медицинскиот факултет на Универзитетот во Белград, Универзитетот во Нови Сад нема усвоено унифицирана стратегија за развој. Единствено професорите-ентузијасти ги прават своите онлајн или комбинирани курсеви. LMS што се користат на различни институти се разликуваат (на пример, Институтот за математика користи Moodle-базиран портал за онлајн курсевите). Покрај тоа, варира и нивото на усвојување на учењето на далечина на различни институти во Универзитетот.

СИНГИДУНУМ УНИВЕРЗИТЕТ (БЕЛГРАД)

Универзитетот нуди три акредитирани студиски програми со учење на далечина, бизнис економија, туризам и управување со хотели, како и инжерски менаџмент. Во моментот на пишување на извештајот, на официјаллниот веб/сајт на Универзитетот е наведена уште една акредитирана програма, маркетинг и комерција, но, во базата на Комисијата за акредитација и обезбедување на квалитет постојат само три акредитирани програми со учење на далечина.

Материјалите/содржините за учење на далечина се достапни преку Moodle. Секој курс се состои од наставни единици кои се менаџираат на неделно ниво. Постои тим за техничка поддршка за спроведување на учењето на далечина кој е одговорен за менаџмент на платформата за учење на далечина и одржување на курсевите, комуникација со наставниот кадар

Page 22: 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR 2011 MK.pdf(Извештај 2.1) Практики на учење на далечина во Западен Балкан 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR

20

и студентите, како и за подготовка на оценувањето и администрација. На пример, сопствена опрема се користи да овозможи интеропрабилност и „import/export“ на ставки меѓу (исто така, сопствен) систем за оценување, наречен Multitutor, Moodle-базираната платформа за учење на далечина и администрацијата за услугите на студентите. Системот за оценување ја истакнува разликата меѓу учењето на далечина спроведено на Универзитетот Сингидунум и учењето на далечина на другите универзитети. Овој систем се користи од 2007 година, а е инсталиран на повеќе институти во Универзитетот. Меѓутоа, резултатите од евалуациите на курсевите и програмите со учење на далечина на Универзитетот Сингидунум не се објавуваат.

УНИВЕРЗИТЕТ МЕТРОПОЛИТАН (БЕЛГРАД)

Факултетот за информациски технологии (основач на Универзитетот Метрополитан), е еден од првите во Србија што добил работна дозвола од Министерството за едукација да организира додипломска студиска програма на далечина и да ја нуди и на традиционален начин и како студиска прграма на далечина. Потоа, во соработка со предвачи од Институтот за технологија во Њујорк, Универзитетот Метрополитан развил и акредититрал шест други студиски програми, повторно на традиционален начин и како студиски програми на далечина, во областа на менаџментот и дизајнот (Операциски менаџмент, Графички дизајн, и Менаџмент и на додипломско ниво, и Информациски технологии и системи, Дизајн на нови медии и Маркетиншки менаџмент на матер ниво).

Тековно на овој универзитет има повеќе од 500 студенти од Србија, Грција, Австрија, Шпанија, Германија, Соединетите Американски Држави, Мексико и Соединетите Арапски Емирати, кои студираат на далечина. На официјалната веб-страница на Универзитетот Метрополитан се достапни примери за мултимедијални предавања и упатства. Покрај литературата во дигитален формат и материјалите од предавањата потребни за подготовка на испитите, се обезбедуваат квалитетни студии за студентите на далечина кои не се во можност регуларно да присуствуваат на часовите. Предавачите се достапни за студентите преку видео конференции, што овозможува отсуството од класичните часови да не ја исклучи комуникацијата во релано време меѓу наставниците и студентите.

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ КВАЛИТЕТ ВО ЕЛЕКТРОНСКОТО УЧЕЊЕ И

УЧЕЊЕТО НА ДАЛЕЧИНА

Од страна на Српскиот национален совет за високо образование е изготвен Статут за стандарди и процедури за акредитација на факултетите и факултетските наставни програми. Статутот вклучува множество од стандарди за учење на далечина. Според стандардот, програма од ваков вид треба да се „базира на методи и технологии за учење на далечина и да биде поткрепена со ресурси што овозможуваат квалитетно спроведување ваквите програми. Факултетот може да изготви студиски програми и програми на далечина за секоја област и за секое наставно-научно и едукациско-уметничко поле, ако наставната содржина, поткрепена со достапни ресурси, може квалитетно да се прилагоди во форма на програма на далечина и ако обезбедува стекнување на исто ниво на знаење на дипломираните студенти, иста ефикасност во студирањето и ист академски степен (диплома) како во случај на традиционалниот начин на реализација на студиската програма.“

Статутот пропишува:

содржината на курсот концептуално треба да се прилагоди за учење на далечина, со јасно истакнати термини за консултации;

упатствата за учење што ги обезбедува факултетот треба да содржат конкретни предлози и сугестии за стратегиите за учење на студентите и самотестирање;

системот за тестирање треба да се интегрира во LMS и треба да поддржува различни методи за учење и оценување;

испитот треба да се реализира во просториите на факултетот;

факултетот треба да ја обезбеди опремата и ИКТ за зачувување и одржување на двонасочна комуникација меѓу наставниците и студентите, потребна за реализација на образованието на далечина.

Page 23: 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR 2011 MK.pdf(Извештај 2.1) Практики на учење на далечина во Западен Балкан 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR

21

Покрај овие суштински барања, дел од факултетите имаат дополнителни системи за обезбедување на квалитет што ги имплементираат со текот на времето.

Универзитетот во Крагуевац спроведува систематски циклус за контрола на квалитет. На крајот од секоја академска година се анкетираат студентите со цел да се направи евалуација на самата студиска програма, наставниците, услугите и добиениот впечаток од спроведената програма. Потоа резултатите се објавуваат, а Техничкиот факултет во Чачак ги користи за понатамошно подобрување на понудата и спроведувањето на овие студиски програми. Како дополнување на ваквите периодични евалуации, факултетот неодамна спроведе SEVAQ+ евалуација на неговите студиски програми на далечина, како дел од нивните интерни процедури за обезбедување на квалитет. Резултатите од евалуацијата се објавувени во опсежен извештај. Прашалникот SEVAQ+ содржи прашања за ресурсите, процесите и резултатите. Во согласност со тоа, студентите може да направат евалуација на група од изјави за информациите што ги обезбедува курсот, материјалите за учење, сервисите што им се нудат на студентите, активностите поврзани со електронското учење, оценувањето на знаењето и ефикасноста на курсот (воопшто, како и од аспект на проширување на знаењето и мотивацијата за ефективно учење).

Дополнително, сите универзитети, помалку или повеќе, применуваат стандарди за интерна контрола на квалитет на нивната понуда. Стандардите најчесто се во форма на стандарди за публикување на описите на курсевите, студентски анкети, политики за технолошки развој, стандарди за креирање на материјали за учење и друго. Сепак, овие стандарди се различни за факултетите и не се водени од тие дефинирани на пошироко ниво.

Page 24: 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR 2011 MK.pdf(Извештај 2.1) Практики на учење на далечина во Западен Балкан 511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR

22

РЕФЕРЕНЦИ

[ACM/AIS/AITP, 2002] ACM/AIS/AITP, "IS 2002 -Model Curriculum and Guidelines for Undergraduate Degree Programs in Information Systems". [Online]. Available:

http://www.acm.org/education/is2002.pdf (Last visited: June 2011)

[DEMIRAY, 2010] U. Demiray, eds., CASES ON CHALLENGES FACING E-LEARNING AND NATIONAL DEVELOPMENT: Institutional Studies and Practices, VOLUME: II, Anadolu University-2010, Eskisehir-Turkey, Electronic ISBN 978-975-98590-9-1 (2.c)

[HSV, 2008] Swedish National Agency of Higher Education (HSV), "E-learning quality: Aspects and criteria for evaluation of e-learning in higher education", Report 2008:11 R, 2008. [Online]. Available:

http://www.hsv.se/download/18.8f0e4c9119e2b4a60c800028057/0811R.pdf (Last visited: June 2011)

[HEFYROM, 2009] HIGHER EDUCATION IN THE FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF

MACEDONIA,http://eacea.ec.europa.eu/tempus/participating_countries/reviews/fyromacedonia_review_of_higher_education.pdf (Last visited: June 2011)

[Ivanovic et al., 2010] M. Ivanovic, Z. Putnik, Z. Budimac, "The State and Development of E-Learning in Serbia". In: U. Demiray (Ed.), "Cases on Challenges Facing e-Learning and National Development: Institutional Studies and Practices", Vol. I, Anadolu University-2010, Eskisehir, Turkey, Electronic ISBN 978-975-98590-8-4 (1.c), pp. 773-797.

[Milosevic et al., 2009] Milosevic, D., Bjekic, D., Krneta, R.: Evaluation Of Master Study Of E-Learning: Case Study From Serbia, 5o International Conference on Open and Distance Learning ICODL 2009, Open and Distance Education for Global Collaboration & Educational Development, Proceedings on CD, ISBN 978-960-87597-1-8, Athens, Greece, November 27-29, 2009, pp. 260-269. http://artemis.eap.gr/ICODL2009/ICODL_5/My%20Webs/ICODL/B-PDF/B2/100.pdf

[SEEU,2011] http://www.euni.de/tools/jobpopup.php?lang=en&option=showJobs&jobid=443946&jobty p=5&university=See+University&country=MK&sid=3783 (Last visited: June 2011)