8
Рибите се водни ‘рбетни животни со перки и внатрешни жабри. Постојат три живи класи на риби: - примитивните безвилични риби, или Agnatha; - ‘рскавичните (ајкуловидни) риби, или Chondrichthyes; и - коскените риби или Osteichthyes. Овие групи, иако имаат различни анатомски карактеристики, поседуваат низа заеднички особини поврзани со нивното заедничко еволутивно потекло или со нивниот подводен начин на живот. Рибите биле најраните 'рбетници и веројатно еволуирале од група на водни нижихордати; копнените 'рбетници еволуирале од рибите.

риби

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: риби

Рибите  се водни ‘рбетни животни со перки и внатрешни жабри. Постојат три живи класи на риби:    - примитивните безвилични риби, или Agnatha;    - ‘рскавичните (ајкуловидни) риби, или Chondrichthyes; и   - коскените риби или Osteichthyes. Овие групи, иако имаат различни анатомски карактеристики, поседуваат низа заеднички особини поврзани со нивното заедничко еволутивно потекло или со нивниот подводен начин на живот. Рибите биле најраните 'рбетници и веројатно еволуирале од група на водни нижихордати; копнените 'рбетници еволуирале од рибите.

Page 2: риби

    Постојат околу 20 000 видови на риби. Тие се разликуваат во големина, и тоа од 7,9 mm долгиот педоциприс (Paedocypris) кој живее во тропските мочуришта на Суматра, па с  до 14 m ѐдолгата китовска ајкула. Повеќето се светло обоени и многу имаат форми приспособени за камуфлажа. Можат да се најдат во сите морски, слатководни и соленкасти води низ светот, на било која длабочина. Членовите на различните видови на риби толерираат температури на водата од замрзнување до преку 38 °C. 

Page 3: риби

Повеќето се или соленоводни или слатководни жители, но некои се физиолошки адаптирани за движење од една во друга водна средина. Поголем број од рибите родени во слатките води го минуваат животот како возрасни единки во океанот, враќајќи се во слатките води за да се мрестат; обратната миграција се случува кај некои риби од океанот. Многу риби остануваат во тесно организирани групи, а други се сами и се здружуваат само за време на мрестење и хранење.

Page 4: риби

Рибите може да се месојади, тревојади или сештојади. Некои риби се чистачи на езерските или океанските дна. Рибите се главен извор за човечка храна, рибино масло, храна за домашните животни итн.

Page 5: риби

Примитивните риби од класата Agnatha немаат вилици и парни пелвични и пекторални перки кои се присутни кај поразвиените риби. Оваа, во голема мерка истребена класа, вклучува две живи групи, крвоцицачките змиулки и чистачките миксини. Рибите од истребената класа Placodermi биле првите вертебрати кои развиле вилици и парни перки. Овие риби имале коскести скелети и биле прекриени со коскест штит. Една гранка од оваа група веројатно била прекурсор за две главни сегашни класи на риби, ‘рскавичните и коскените риби.

Page 6: риби

‘Рскавични риби

‘Рскавичните риби (ајкули, раи, химери) се разликуваат од коскените по нивните ‘рскавични скелети, потоа со отсуството на рибен меур , по конструкцијата на нивните опашни перки, како и по отсуството на жабрена покривка или оперкулум. Кожата кај припадниците на оваа група е покриена со вкоренети забовидни структури наречени дентикули, давајќи и груб, шмирглест квалитет. Речиси сите ајкули се морски жители.

Page 7: риби

Коскените риби се разликуваат од другите живи риби по нивните коскени скелети и по присуството на пливачки меур или, кај неколку риби, бели дробови. Коскените риби се поделени на две поткласи,месестопернати риби и зракопернати риби. Втората група вклучува преку 95% од сите живи риби.

Page 8: риби

Најраните коскени риби биле со месести перки. Од нив, за време на период во кој владеела голема суша, еволуирале од една страна водоземците (првите копнени вертебрати) и зракопернатите риби од друга. Единствените живи месестопернати риби се дводишалките и еден вид на целокант. Овие риби задржале некои особини од раните коскени риби: месести перки со поддржувачки коски, внатрешни ноздри и бели дробови.