8
ОПЕРАТИВЕН ПЛАН ЗА ЧАС Датум: 25.05.2011 ООУ „ИЛИНДЕН“ Крива Паланка Наставник: Златковска Снежана Одделение: V (петто) Цели на часот: Учениците да го разберат поимот волумен и да ги научат мерките за волумен и операциите со нив. Тема: Мерење Тип на час: Час за усвојување на новa наставна содржина Наставна единица: Мерки за волумен Очекувани исходи -Разликува должина,плоштина и волумен -Знае да ги наброи мерките за волумен -Претвора повеќеимени брооеви во едноимени и обратно -Извршува операции со мерките за волумен Активности на часот: Преку кратки прашања учениците да се потсетат на мерките за должина како и мерките за плоштина. Колку димензии има квадратот,а колку димензии има коцката? Покажувајќи модел на голема и мала коцка учениците да се воведат во мерките за волумен .Колку големи коцки би можеле да сместиме во училницата?Што мислите што е тоа волумен? Дали квадратот има волумен? Колку мали коцки можеме да сместиме во големата коцка? Откако преку прашања ќе се наведат учениците да увидат колку пати се разликуваат мерките за волумен истите се запишуваат на табла ,а на учениците им се дели работен лист со задачи кои треба самостојно да ги решат.По решавањето на задачите тие треба да ги сменат своите работни листови со другарчето до себе и да си ги проверат задачите врз основа на клучот кој подоцна им се дава. Да се соберат работните листови за да се увидат недостатоците и да се воочи на што треба да се посвети внимание на следниот час. Наставни методи: дискусија,поставување прашања,самостојна работа Форми на работа: Индивидуална и работа во парови Потребни ресурси: Училница со компјутери ,Математика Методи за оценување на учењето на учениците Меѓуученичко оценување на задачите од работниот лист(по решавањето тие си ги разменуваат листовите и си ги прегледуваат задачите ) соодветно оценуваат врз основа на скалата зададена на листот а наставникот тоа го внесува во евиденција. Рефлексија по одржаниот час: Учениците разбраа што се подразбира под поимот волумен.Сите ученици ги научија мерките за волумен и претворањето како и операциите собирање и одземање во поедноставни задачи. Кај некои ученици се појави мал проблем кога требаше да се одзема со позајмување но после УПИ некои разбраа но со еден дел треба уште да се работи. Задачите поставени на работниот лист беа соодветни и ги опфаќаа сите предвидени цели.Истиот наставен лист би можел да се користи и во иднина. Учениците беа мотивирани бидејќи беа ставени во улога на прегледувачи и оценувачи а тоа многу ја зголеми нивната одговорност.

62778475 Мерки За Волумен и Пресметување Волумен На Квадар и Коцка 5 Одд Осмолетка Снежана Златковска

Embed Size (px)

DESCRIPTION

matematika

Citation preview

Page 1: 62778475 Мерки За Волумен и Пресметување Волумен На Квадар и Коцка 5 Одд Осмолетка Снежана Златковска

ОПЕРАТИВЕН ПЛАН ЗА ЧАС Датум: 25.05.2011

ООУ „ИЛИНДЕН“ Крива Паланка

Наставник: Златковска Снежана

Одделение: V (петто)

Цели на часот: Учениците да го разберат поимот волумен и да ги научат мерките за волумен и операциите со нив.

Тема: Мерење

Тип на час: Час за усвојување на новa наставна содржина

Наставна единица: Мерки за волумен

Очекувани исходи -Разликува должина,плоштина и волумен-Знае да ги наброи мерките за волумен-Претвора повеќеимени брооеви во едноимени и обратно-Извршува операции со мерките за волумен

Активности на часот: Преку кратки прашања учениците да се потсетат на мерките за должина како и мерките за плоштина. Колку димензии има квадратот,а колку димензии има коцката?Покажувајќи модел на голема и мала коцка учениците да се воведат во мерките за волумен .Колку големи коцки би можеле да сместиме во училницата?Што мислите што е тоа волумен? Дали квадратот има волумен? Колку мали коцки можеме да сместиме во големата коцка? Откако преку прашања ќе се наведат учениците да увидат колку пати се разликуваат мерките за волумен истите се запишуваат на табла ,а на учениците им се дели работен лист со задачи кои треба самостојно да ги решат.По решавањето на задачите тие треба да ги сменат своите работни листови со другарчето до себе и да си ги проверат задачите врз основа на клучот кој подоцна им се дава. Да се соберат работните листови за да се увидат недостатоците и да се воочи на што треба да се посвети внимание на следниот час.

Наставни методи: дискусија,поставување прашања,самостојна работа

Форми на работа:Индивидуална и работа во парови

Потребни ресурси: Училница со компјутери ,Математика

Методи за оценување на учењето на учениците Меѓуученичко оценување на задачите од работниот лист(по решавањето тие си ги разменуваат листовите и си ги прегледуваат задачите ) соодветно оценуваат врз основа на скалата зададена на листот а наставникот тоа го внесува во евиденција.

Рефлексија по одржаниот час: Учениците разбраа што се подразбира под поимот волумен.Сите ученици ги научија мерките за волумен и претворањето како и операциите собирање и одземање во поедноставни задачи. Кај некои ученици се појави мал проблем кога требаше да се одзема со позајмување но после УПИ некои разбраа но со еден дел треба уште да се работи. Задачите поставени на работниот лист беа соодветни и ги опфаќаа сите предвидени цели.Истиот наставен лист би можел да се користи и во иднина. Учениците беа мотивирани бидејќи беа ставени во улога на прегледувачи и оценувачи а тоа многу ја зголеми нивната одговорност.

Page 2: 62778475 Мерки За Волумен и Пресметување Волумен На Квадар и Коцка 5 Одд Осмолетка Снежана Златковска

Работен лист бр.1 ЗАДАЧИ од мерки за волумен ( Група А)Име и презиме на ученикот кој решава_______________________________________

Поени___Оценка____1.Дадените повеќеимени броеви претвори ги во едноимени:а 7m3 422dm3 125cm3 =___________________cm3 1/

б 55m3 22dm3 25 mm3 =___________________mm3 1/

в 4m3125dm35cm3=_______________________dm3 1/

г 25m3 36cm3=_________________________m3 1/2.Дадените едноимени броеви претвори ги во повеќеимени броевиа 9 026 525mm3=________ _________ ________ 1/

б 25,432m3=________ _________ 1/3.Пресметаја 3m3256dm3+2m3322dm34cm3=____________________ 1/

б 8dam342m365dm3-5m3125dm3= ___________________ 1/

в 3dm3 265cm3 · 5=____________________________ 1/

г 9m3540dm3 : 6= ____________________________ 1/

Име и презиме на ученикот кој прегледува____________________________________

Работен лист бр.1 ЗАДАЧИ од мерки за волумен (Група Б)Име и презиме на ученикот кој решава_______________________________________

Поени____Оценка_____1.Дадените повеќеимени броеви претвори ги во едноимени:а 6m3 322dm3 242cm3 =_______________cm3 1/

б 75m3 33dm3 12 mm3 =_______________mm3 1/

в 5m3 234dm35cm3=___________________dm3 1/

г 42m3 70cm3=_____________________m3 1/

2.Дадените едноимени броеви претвори ги во повеќеимени броевиа 4 326 025mm3=________ _________ ________ 1/

б 35,032m3=________ _________ 1/

3.Пресметаја 5m3 656dm3+4m3 376dm344cm3=____________________ 1/

б 8dam348m364dm3-6m3259dm3= ___________________ 1/

в 3dm3 265cm3 · 4=____________________________ 1/

г 7m3 345dm3 : 5= ____________________________ 1/

Име и презиме на ученикот кој прегледува____________________________________

Page 3: 62778475 Мерки За Волумен и Пресметување Волумен На Квадар и Коцка 5 Одд Осмолетка Снежана Златковска

КЛУЧ за задачите и скала за оценување( Група А)

1.Дадените повеќеимени броеви претвори ги во едноимени:а 7m3 422dm3 125cm3 =7 422 125cm3

б 55m3 22dm3 25 mm3 =55 022 000 025mm3

в 4m3125dm35cm3=4 125,005dm3

г 25m3 36cm3=25,000 036m3

2.Дадените едноимени броеви претвори ги во повеќеимени броевиа 9 026 525mm3=9dm 326cm3 525mm3

б 25,432m3=25m3 432dm3

3.Пресметаја 3m3256dm3+2m3322dm34cm3=5m3 578dm3 4cm3

б 8dam342m365dm3-5m3125dm3= 8dam3 36m3 940dm3

в 3dm3 265cm3 · 5=16dm3 325cm3

г 9m3540dm3 : 6= 1 590dm3=1 m 3590dm3

Скала: 0,1,2 (недоволен 1) 3,4(доволен 2) 5,6 (добар 3) 7,8 (мн.добар 4) 9,10 (одличен 5)

КЛУЧ за задачите и скала за оценување ( Група Б)

1.Дадените повеќеимени броеви претвори ги во едноимени:а 6m3 322dm3 242cm3 =6 322 242 cm3

б 75m3 33dm3 12 mm3 =75 033 000 012 mm3

в 5m3 234dm35cm3= 5 234,005 dm3

г 42m3 70cm3=42,000 070 m3

2.Дадените едноимени броеви претвори ги во повеќеимени броевиа 4 326 025mm3=4dm3 326cm3 25 mm3

б 35,032m3=35 m3 32dm3

3.Пресметаја 5m3 656dm3+4m3 376dm344cm3=10m3 32dm3 44cm3

б 8dam348m364dm3-6m3259dm3= 8dam3 41m3 805dm3

в 3dm3 265cm3 · 4=13dm3 60cm3

г 7m3 345dm3 : 5= 1469 dm3= 1m3 469 dm3

Скала: 0,1,2 (недоволен 1) 3,4(доволен 2) 5,6 (добар 3) 7,8 (мн.добар 4) 9,10 (одличен 5)

Page 4: 62778475 Мерки За Волумен и Пресметување Волумен На Квадар и Коцка 5 Одд Осмолетка Снежана Златковска

ОПЕРАТИВЕН ПЛАН ЗА ЧАС Датум: 26.05.2011г.

ООУ „ИЛИНДЕН“ Крива Паланка

Наставник: Златковска Снежана

Одделение: V (петто)

Цели на часот: Учениците треба знаат да пресметуваат волумен на квадар и коцка

Тема: Мерење

Тип на час: Час за усвојување на новa наставна содржина

Наставна единица: Волумен на квадар и коцка

Очекувани исходи -Разликува квадар од коцка -Ги знае формулите за пресметување волумен на квадар и коцка -Ја спроведува постапката за пресметување , пресметува точно и објаснува

Активности на часот: На почетокот на часот учениците преку кратки прашања се потсетуваат за волумен и мерките за волумен.Се делат во 5 групи и секоја група добива ЗСН табела која треба да ја пополнидо крајот на часот.На почетокот да ги пополнат првите две колони ,а на крајот последната. Потоа им се делат наставни помагала со помош на кои тие треба да изработат квадар и коцка. Додека тие работат им се поставуваат прашања,од типот: -Колку димензии има квадарот,а колку коцката? -Што треба да направиме за да го пресметаме волуменот? На соодветното место во работниот лист учениците да ги запишат соодветните димензии на телото што го изработуваат на часот,а потоа да го пресметаат неговиот волумен .Истата постапка да ја направат и со телото кое го донеле од дома(кутија од сок,млеко,ќибрит,празна кутија од лекови и сл).Добиените податоци да ги внесат на листот и по еден претставник да презентира пред другите.-Какво тело направивте овде? Што пресметувавте?Колкав е резултатот?Во која мерна единица го изразивте?и сл. Истата постапка ја спроведуваат и за телото кое имаа за задача да го донесат од надвор. На крајот на часот ја пополнуваат и последната колона од ЗСН табелата.

Наставни методи: дискусија,поставување прашања,

Форми на работа:Групна и работа во парови

Потребни ресурси: Соодветни стапчиња за изработка на телата ,пластелин,5 работни листови со ЗСН табела, кутии од сок,млеко и сл.

Методи за оценување на учењето на учениците Следење и поддршка на учениците низ УПИ и постојана поддршка преку соодветно поставени прашања.Табела ЗСН за добивање повратна информација

Page 5: 62778475 Мерки За Волумен и Пресметување Волумен На Квадар и Коцка 5 Одд Осмолетка Снежана Златковска

Рефлексија по одржаниот час: Учениците направија многу убави тела со помош на стапчиња и пластелин. Интересот беше голем за работата Тие соработуваа едни со други во групата се помагаа и заеднички ги решаваа проблемите. На почетокот ги пополнија двете колониод ЗСН табелата ,мошне брзо ги изработија и квадарот и коцката.Беа организирани и додека еден мереше другите запишуваа и пресметуваа. Сите групи ги завршија своите задачи. Потоа пар по пар како што седеа добија задача да пресметаат волумен на разновидни кутии од картон и добиените резултати да ги изразат во литри (dm3). И оваа задача беше успешно завршена. На крајот на часот ја пополнија и последната колона од ЗСН табелата. Поставените цели беа успешно реализирани но на следните часови да се посвети внимание на пресметувањето на една од димензиите (должина ,ширина или висина )доколку е познат волуменот и другите две димензии. Времето за завршување на задачите беше соодветно.

Page 6: 62778475 Мерки За Волумен и Пресметување Волумен На Квадар и Коцка 5 Одд Осмолетка Снежана Златковска

И еве што добивме на крај....

Page 7: 62778475 Мерки За Волумен и Пресметување Волумен На Квадар и Коцка 5 Одд Осмолетка Снежана Златковска

А за спомен и неколку фотографии....

Page 8: 62778475 Мерки За Волумен и Пресметување Волумен На Квадар и Коцка 5 Одд Осмолетка Снежана Златковска