76
www.slvesnik.com.mk [email protected] СОДРЖИНА Стр. 2016. Одлука за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Техно- лошко индустриската развојна зона Скопје 2 и за висината на закупнината..... 2 2017. Одлука за определување на коефици- ент за утврдување на плата на претсе- дателот и членовите на Комисијата за заштита на конкуренцијата................... 3 2018. Правилник за начинот на извршува- ње на гранични проверки и граничен надзор (*)................................................ 4 2019. Правилник за начинот на остварува- њето на еднократен паричен надоме- сток и неговата висина во случај на повреда и оштетување на организмот на активниот воен и цивилен персо- нал на служба во Армијата на Репуб- лика Македонија.................................... 10 2020. Упатство за начинот за утврдување на материјална одговорност на воениот и цивилниот персонал на служба во Ар- мијата на Република Македонија........... 11 2021. Правилник за дополнување на Правил- никот за степенот на уредување на гра- дежно земјиште со објекти на комунална Стр. инфраструктура и начинот на утврдување на висината на трошоците за уредувањето во зависност од степенот на уреденост...... 12 2022. Решение за утврдување на листата со баратели за склучување на договор за финансиска поддршка........................... 12 2023. Одлука за одземање на дозволата за вршење на радиодифузна дејност на ТРД А2 ТелевизијаДООЕЛ Скопје, бр. 07-3483/1 од 27.11.2008 година...... 13 2024. Колективен договор за изменување и дополнување на колективниот дого- вор за вработените од тутунското сто- панство.................................................... 14 2025. Колективен договор за вработените од тутунското стопанство (Пречистен текст)....................................................... 15 Меѓународни договори 29. Закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македо- нија и Швајцарскиот сојузен совет за преземање на лица кои престојуваат без дозвола............................................. 1-40 Огласен дел........................................... 1-100 Број 75 15 јуни 2012, петок година LXVIII

75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

  • Upload
    others

  • View
    4

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

www.slvesnik.com.mk [email protected]

СОДРЖИНА

Стр. 2016. Одлука за определување на периодот на

закуп на градежното земјиште во Техно-лошко индустриската развојна зона Скопје 2 и за висината на закупнината..... 2

2017. Одлука за определување на коефици-ент за утврдување на плата на претсе-дателот и членовите на Комисијата за заштита на конкуренцијата................... 3

2018. Правилник за начинот на извршува-ње на гранични проверки и граничен надзор (*)................................................ 4

2019. Правилник за начинот на остварува-њето на еднократен паричен надоме-сток и неговата висина во случај на повреда и оштетување на организмот на активниот воен и цивилен персо-нал на служба во Армијата на Репуб-лика Македонија.................................... 10

2020. Упатство за начинот за утврдување на материјална одговорност на воениот и цивилниот персонал на служба во Ар-мијата на Република Македонија........... 11

2021. Правилник за дополнување на Правил-никот за степенот на уредување на гра-дежно земјиште со објекти на комунална

Стр.

инфраструктура и начинот на утврдување на висината на трошоците за уредувањето во зависност од степенот на уреденост...... 12

2022. Решение за утврдување на листата со баратели за склучување на договор за финансиска поддршка........................... 12

2023. Одлука за одземање на дозволата за вршење на радиодифузна дејност на ТРД „А2 Телевизија“ ДООЕЛ Скопје, бр. 07-3483/1 од 27.11.2008 година...... 13

2024. Колективен договор за изменување и дополнување на колективниот дого-вор за вработените од тутунското сто-панство.................................................... 14

2025. Колективен договор за вработените од тутунското стопанство (Пречистен текст)....................................................... 15

Меѓународни договори

29. Закон за ратификација на Договорот

меѓу Владата на Република Македо-нија и Швајцарскиот сојузен совет за преземање на лица кои престојуваат без дозвола............................................. 1-40

Огласен дел........................................... 1-100

Број 75 15 јуни 2012, петок година LXVIII

Page 2: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 2 - Бр. 75 15 јуни 2012

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2016.

Врз основа на член 36 став 3 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Репуб-лика Македонија” бр.59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10 и 51/11) и член 8 став 6 од Законот за технолошки индустриски развојни зони („Службен весник на Република Македонија” бр. 14/07, 103/08, 130/08, 139/09 и 156/10), Владата на Република Маке-донија, на седницата одржана на 12.6.2012 година, до-несе

О Д Л У К А

ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПЕРИОДОТ НА ЗАКУП НА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ ВО ТЕХНОЛОШКО ИНДУСТРИСКАТА РАЗВОЈНА ЗОНА СКОПЈЕ 2

И ЗА ВИСИНАТА НА ЗАКУПНИНАТА

Член 1 Со оваа одлука се определува периодот на закуп на

градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 2 и висината на закупнината за за-купопримачот Друштво за производство, трговија и ус-луги ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, со седиште во Скопје.

Член 2

Градежното земјиште кое се дава во долготраен за-куп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист бр.436 за КО Бунарџик и Геодетскиот Елаборат за геодетски работи за посебни намени за нумерички податоци бр.207-2 од 24.4.2012 година, сопственост на Република Македонија и прет-ставува градежно земјиште според извод од Урбани-стичкиот план бр.94 локалитет/населено место Илин-ден, Општина Илинден, издаден од Република Македо-нија Општина Илинден под бр. 10-1030/5 од 23.4.2012 година, врз основа на Урбанистички проект за ТИРЗ Скопје 2 со технички бр.F1007 од 2008 година, одобрен по извршена ревизија, од Комисијата при Министерс-тво за транспорт и врски под бр.16-3399 од 6.3.2008 година.

Член 3

Градежното земјиште од член 2 на оваа одлука се дава во долготраен закуп за период кој изнесува 95 (де-ведесет и пет) години, сметано од денот на склучува-њето на Договорот за долготраен закуп на градежно земјиште.

Член 4

Висината на закупнината за градежното земјиште од член 2 на оваа одлука изнесува:

- во првите пет години, закупнината за градежното земјиште изнесува 0.1 евро годишно за метар квадра-тен во денарска противвредност според средниот курс

од Народна банка на Република Македонија на денот на исплата, односно 11.764,3 евра за една (1) година, одредено како фиксен износ.

- по истекот на првите пет години, закупнината за земјиштето наведено во член 2 од оваа одлука, ќе се одредува за секоја година посебно и ќе се пресметува со употреба на закупнината од 0,1 евро за метар ква-дратен како основен надоместок со можност за нејзино зголемување со пресметување на вредноста на офици-јалната инфлациска стапка во Република Македонија за претходната година, но не повеќе од 15% од износот на основниот надоместок (т.е. максималната годишна за-купнина за периодот од шестата (6) година до крајот на периодот на закупот нема да надмине 0,115 евра за ме-тар квадратен (м2).

Во рок од 60 дена од денот на склучувањето на До-говорот за долготраен закуп на градежно земјиште, а врз основа на претходно писмено известување од Ди-рекцијата за Технолошки индустриски развојни зони, закупопримачот доставува доказ за уплатен износ на сметката на Буџетот на Република Македонија во виси-на од 58.821.5 евра во денарска противвредност според средниот курс од Народна банка на Република Македо-нија на датумот на уплата, што претставува закупнина за првите пет години.

По истекот на првите пет години од денот на склу-чување на Договорот за долготраен закуп на градежно земјиште, до крајот на периодот за закуп, закупнината за долготраен закуп на градежното земјиште наведено во член 2 од оваа одлука се плаќа за секоја година од-напред најдоцна до 25-от ден од последниот месец од датумот кога е склучен Договорот за долготраен закуп на градежно земјиште, на сметката на Буџетот на Ре-публика Македонија, за што претходно закупоприма-чот го известува закуподавачот во согласност со став 2 од оваа одлука.

За исплатата на каква било закупнина според Дого-ворот за долготраен закуп на градежно земјиште не се пресметува ДДВ, под услов на закупопримачот да му е издадено Решение за започнување со работа во соглас-ност со член 33 од Законот за технолошки индустриски развојни зони.

Член 5

Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од де-нот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.

Бр. 41-4565/1 Претседател на Владата

12 јуни 2012 година на Република Македонија, Скопје м-р Никола Груевски, с.р.

Page 3: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 3

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2017.

Врз основа на член 27 став 4 од Законот за заштита на конкуренцијата („Службен весник на Република Ма-кедонија“ број 145/2010 и 136/2011), член 2 и 18 од Законот за плата и други надоместоци на избрани и имену-вани лица во Република Македонија („Службен весник на СРМ“ број 36/90 и „Службен весник на Република Македонија“ број 38/91, 23/97, 37/05, 84/05, 121/07, 161/08, 92/09, 42/10, 97/10, 162/10 и 11/12) и член 2 точка 7 алинеја 8 oд Oдлуката за основање постојани работни тела на Собранието на Република Mакедонија („Служ-бен весник на Република Mакедонија“ број 91/2011), Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 14 јуни 2012 година донесе

О Д Л У К А

ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПЛАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ЧЛЕНОВИТЕ НА KОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА

1. Со оваа одлука се определуваат коефициентите за утврдување на платата на претседателот и членовите

на Комисијата за заштита на конкуренцијата кои ја вршат функцијата професионално, и тоа: - за претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата ............................................................. 3,7 - за членот кој е претседател на Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата ......................................................................................................................... 3,6 - за другиот член кој професионално ја врши функцијата ........................................................................... 3,3 2. Основицата за пресметување на платата по коефициентот од точката 1 на оваа одлука се определува сог-

ласно Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија. 3. Решение за определување на плата на претседателот и членовите на Комисијата за заштита на конкурен-

цијата, врз основа на коефициентите утврдени во точка 1 на оваа одлука донесува Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија.

4. Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а

ќе се применува од денот на именувањето на составот на Kомисијата за заштита на конкуренцијата согласно Законот за заштита на конкуренцијата ("Службен весник на Република Македонија“ број 145/2010 и 136/2011).

Бр. 15-2820/1 Претседател

14 јуни 2012 година Комисијата за прашања на Скопје изборите и именувањата, Илија Димовски, с.р.

Page 4: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 4 - Бр. 75 15 јуни 2012

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

2018. Врз основа на член 67 став 1 точката 1) од Законот

за гранична контрола („Службен весник на Република Македонија” бр. 171/10) министерот за внатрешни ра-боти, донесе

П Р А В И Л Н И К

ЗА НАЧИНОТ НА ИЗВРШУВАЊЕ НА ГРАНИЧНИ ПРОВЕРКИ И ГРАНИЧЕН НАДЗОР (∗)

I. ОПШТА ОДРЕДБА

Член 1

Со овој правилник се пропишува начинот на извр-шување на гранични проверки и граничен надзор.

II. НАЧИН НА ИЗВРШУВАЊЕ НА ГРАНИЧНИ

ПРОВЕРКИ

Член 2 Граничните проверки при влез на територијата на

Република Македонија по правило се вршат пред извр-шувањето на другите видови на контрола, а на излез од територијата на Република Македонија по извршува-њето на другите видови на контрола (царинска, фито – санитарна, ветеринарна и друг вид на контрола).

Член 3

Kомандирот или во негово отсуство помошникот командир, односно раководителот на смена кој е одго-ворен за граничниот премин распоредува доволен број полициски службеници како и доволно опрема и средс-тва заради извршување на ефективни и ефикасни гра-нични проверки.

Член 4

Преглед и претрес на превозното сретство, лицето и предметите кои ги носи со себе се врши кога постои:

- сомнение во идентитетот на лицето; - сомнение во валидноста на патните и друг вид до-

кументи; - сомнение дека лицето пренесува забранети пред-

мети; - соменение дека лицето е можен сторител на кри-

вично дело; - сомнение дека лицето е закана за јавниот ред и

мир и правниот поредок; - соменение дека лицето претставува закана за на-

ционалната безбедност, јавната политика и меѓународ-ната безбедност или јавното здравје или

- сомнение дека возилото кое што го управува е предмет на кражба или одземање.

Член 5

Преглед и претрес на лица и возила односно про-верки на втора линија, доколку условите го дозволува-ат тоа, се врши на однапред определено место надвор

∗ Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата (ЕЗ) бр. 562/2006 на Европскиот парламент и Советот за правилата кои го уредуваат начинот на движењето на лица преку границите (Шенгенски граничен кодекс), од 15.03.2006 година, CELEX бр. 32006R0562

од сообраќајните ленти наменети за вршење на мини-мални и детални гранични проверки (прва линија на проверки).

Член 6

Во случај на попуштање во режимот на гранични проверки, детални гранични проверки се вршат на:

- државјани на трети земји; - лица за кои постои сомневање во валидноста на

нивните патни и друг вид документи без разлика на нивното државјанство;

- лица за кои постои можност да се поврзани со не-законско преминување на државната граница и

- лица што имаат сомнително однесување. Полицискиот службеник на лицата од ставот 1 на

овој член врши задолжителни проверки во стоп листи-те во соодветните евиденции и електронските бази на податоци и ги внесува потребните податоци за лицето и превозното средство во соодветните евиденции и електронските бази на податоци.

Член 7

Во случај на пропуштање во режимот на гранични проверки, минималните гранични проверки, со цел утврдување на идентитетот на лицето и валидноста на патните документи, се вршат на:

- државјани на Република Македонија и - лица кои го уживаат правото на Заедницата за сло-

бодно движење.

Член 8 На граничните премини, сите сервисни информа-

ции и секоја друга особено важна информација се реги-стрираат рачно или електронски во дневникот за наста-ни.

Информацијата од став 1 на овој член ги содржи следните податоци:

- името и презимето на полицискиот службеник кој е одговорен за граничните проверки (раководител на смена) и имињата на другите полициски службеници од неговата смена;

- секое попуштање во режимот на граничните про-верки;

- издавањето визи и други документи на граница; - лицата кои се приведени и поднесените жалби (за

кривични дела и прекршоци); - лица на кои им е одбиен влез во Република Маке-

донија (основи за одбивање и државјанство); - безбедносните кодови на штембилите за влез и из-

лез, идентитетот на полициските службеници кои се за-должени со печатите на одреден датум или смена, како и информација која се однесува на изгубени и украде-ни печати;

- поплаки од лицата кои биле предмет на проверка; - други особено важни полициски или судски мерки

(екстрадиции и сл.); - статистички податоци за бројот на лица и превоз-

ни сретства кои ја преминале државната граница и - посебни настани.

Page 5: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 5

III. ГРАНИЧНИ ПРОВЕРКИ НА КОПНЕНИТЕ ГРАНИЦИ

Гранични проверки во патниот сообраќај

Член 9

Полицискиот службеник кој е на должност на гра-ничниот премин врши ефективни проверки на лицата и превозните средства и обезбедува безбедност и непре-чен проток на патниот сообраќај.

Граничните проверки, доколку е тоа можно, се вр-шат од двајца полициски службеници надвор од каби-ните за гранични проверки.

Член 10

Преглед и претрес на превозните средства се прави кога:

- постојат основи за сомневање дека во внатрешно-ста на патничкото возилото се скриени лица, дрога, експлозивни материи, оружје, радиоактивни материи и други недозволени средства и забранети предмети;

- постојат основи за сомневање дека возачот или патниците од возилото извршиле кривично дело или прекршок;

- покажаните документи за патничкото возилото се нецелосни, фалсификувани или невистинити.

Гранични проверки на приватни патнички возила

Член 11

Граничните проверки на лица кои патуваат со при-ватни патнички возила, се вршат така што едниот по-лициски службеник ги проверува документите на лица-та кои ја преминуваат границата, а другиот полициски службеник во исто време ги надгледува лицата во пат-ничкото возило и го обезбедува службеникот кој врши проверка.

Кога постои сомнение дека патниот документ, во-зачката дозвола, осигурувањето или документот за ре-гистрација на возилото е фалсификуван, тогаш сите патници го напуштаат патничкото возило, а патничко-то возило целосно се претресува.

Активностите од став 2 на овој член, се вршат со секундарна проверка на втората линија.

Гранични проверки на автобуси

Член 12

Граничните проверки на лицата кои ја преминуваат државната граница со автобус по правило се вршат внатре во автобусот, при што треба да се преземат следниве мерки:

- проверката на документи започнува со проверка на возачот на автобусот и водичот на групата, доколку станува збор за организирано патување;

- во случај кога постои сомнение во однос на валид-носта на патниот документ, лицето се замолува да го напушти автобусот и да биде подложено на детална контрола.

Член 13

Во случај на густ сообраќај, предност при спрове-дувањето на граничната проверка имаат патниците од автобусот кој е на редовна линија доколку околностите го дозволуваат тоа.

Додека се проверуваат патните документи на лица-та внатре во автобусот, полициските службеници, до-колку е тоа можно, користат мобилни електронски уре-ди, особено за пребарување во базите на податоците во соодветните евиденции и електронските бази на пода-тоци.

Гранични проверки на товарни возила

Член 14

Граничните проверки на товарни возила се вршат во соработка со царинските службеници.

Граничните проверки на товарни возила се вршат на посебна лента за товарни возила, при што може да се користи техничка опрема, како што се: рендген уре-ди, детектори за јаглерод диоксид, фиберскопи, ендо-скопи и слично.

За време на проверките на товарни возила, особено се внимава на товарни возила со контејнери каде мо-жат да се скријат украдени патнички возила, луѓе или опасни материи.

Сите документи за содржината на контејнерот тре-ба да бидат внимателно проверени.

Член 15

Детални гранични проверки на товарни возила се вршат во случај кога:

- царинските пломби се искинати – скршени; - церадата е оштетена, искината или зашиена; - постои сомнение дека внатре може да има сокрие-

ни луѓе, дрога, експлозивни материи, оружје, радиоа-ктивни материи и други недозволени средства и забра-нети предмети.

Член 16

Дополнителни гранични проверки на товарни вози-ла се спроведуваат со цел да се утврди:

- способноста на возачот за управување на возило-то, работните часови на возачот и осигурувањето;

- габаритот како и максимално дозволената носи-вост на возилата;

- контролата на присуството на хемиски, биолошки или радиоактивни и други штетни материи.

IV. ГРАНИЧНИ ПРОВЕРКИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ

СООБРАЌАЈ

Член 17 Раководителот на смена кој е на должност на же-

лезничкиот граничен премин ги прибира информации-те за распоредот на железничкиот сообраќај и бројот на предвидени патници во возот.

Член 18

Граничните проверки во железничкиот сообраќај се состојат од проверка на:

- персоналот во возот; - патниците кои патуваат во странство; - патниците кои доаѓаат од странство, а кои прет-

ходно не биле проверени; - надворешноста на возот.

Page 6: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 6 - Бр. 75 15 јуни 2012

Член 19 Кога постои сомнение дека во возот има скриено

лица или предмети кои се предмет на гранични провер-ки, возот целосно се претресува.

Член 20

При вршење на граничните проверки на платфор-мата на првата станица на пристигнување или на пос-ледната станица пред заминување од територијата на Република Македонија возот се обезбедува со цел да се спречи избегнување на граничните проверки.

Полициските службеници кои вршат гранични про-верки се во постојан контакт со полициските службе-ници кој го обезбедуваат возот.

За време на проверките во возот, на патниците не им се дозволува да се движат низ возот.

Граничните проверки на возот кој пренесува стоки се состојат од проверка на документите на персоналот на возот и преглед на внатрешноста на возот во собра-ботка со царинските службеници.

Член 21

Кога постои ризик од пренесување на експлозивни материјали, при вршење на граничните проверки на во-зовите кои пренесуваат патници и стоки, полицискиот службеник особено внимава на патниците и предмети-те.

При вршење на граничните проверки од став 1 на овој член се користат кучиња трагачи и други технички средства.

Граничните проверки не треба да го оддолжуваат закажаното време за заминување на возовите.

Во случај на евентуално оддолжување на заминува-ње на возот, веднаш се известува службеникот на же-лезничката станица.

V. ГРАНИЧНИ ПРОВЕРКИ НА ВОЗДУШНИОТ

СООБРАЌАЈ

Гранични проверки на меѓународните аеродромите

Член 22 Раководителот на смена кој е на должност во аеро-

дромот ги собира сите неопходни информации за рас-предот на воздушниот сообраќај, со цел да распореди доволен број полициски службеници во согласност со протокот на патниците.

Предност при граничните проверки на меѓународ-ните аеродроми имаат патниците кои заминуваат од те-риторијата на Република Македонија.

Член 23

При вршење на граничните проверки на воздухоп-ловот кој пристигнал на аеродром во Република Маке-донија, полицискиот службеник ги обезбедува сите до-кументи кои се однесуваат на лицата кои се депортира-ни или екстрадирани во Република Македонија соглас-но ратификуван меѓународен договор од капетанот, од-носно водачот на воздухопловот.

Документите од ставот 1 на овој член, заедно со ли-цата од страна на полицискиот службеник се предаваат на раководителот на смена.

Член 24 Граничните проверки по правило се вршат на опре-

делено место во патничкиот терминал, односно аеро-дромската зграда.

По исклучок од ставот 1 на овој член, кога постои ризик за националната безбедност или ризик од илегал-на миграција, граничните проверки се вршат на излезот пред воздухопловот или на влезот односно излезот од патничкиот терминал.

На систематски гранични проверки подлежат и еки-пажите на карго летовите.

Член 25

Сите делови на аеродромот се под контрола и над-зор преку видео мониторинг и патролирање особено во делот каде патниците се чекираат, пасошката контрола и транзит зоната.

Поради безбедносни причини, секоја багаж кој е оставен од неговиот сопственик или друг оставен сом-нителен предмет веднаш се пријавува кај надлежните служби во Министерството за внатрешни работи и службата за безбедност на аеродромот.

Член 26

Во случаи на виша сила или непосредна опасност или по инструкции добиени од надлежната контрола на летот, воздухоплов може да слета на место кое не е граничен премин и без издадено одобрение за слетува-ње.

Воздухопловот од ставот 1 на овој член може да го продолжи летот по извршување на граничните провер-ки и одобение од полициските и царинските службени-ци.

Гранични проверки на патници со посебен статус

Член 27

Како патници со посебен ВИП статус во смисла на овој правилник се подразбираат: шефови на држави и други лица носители на дипломатски или службени па-соши, како и членови на нивните делегации кои прет-ходно писмено се најавени преку Министерството за надворешни работи на надлежните полициски служби на граничниот премин.

Лицата од став 1 на овој член не подлежат на гра-нични проверки.

Над лицата од став 1 на овој член се вршат безбед-носни проверки во посебен простор - ВИП салон на ае-родромот, уреден и опремен со потребни технички средства и опрема (ренген уреди, детектори, скенери и слично).

Ако лицата од став 1 на овој член патуваат со воз-духоплов на редовна линија за нив важат сите предви-дени безбедносни процедури како и за останатите пат-ници од тој лет.

Ако лицата од став 1 на овој член патуваат со спе-цијален воздухоплов вообичаено се вршат предвидени-те безбедносни процедури.

По исклучок од став 5 на овој член, на писмено ба-рање на капетанот, односно водачот на воздухопловот може да се отстапи од вршење на безбедносните проце-дури.

Page 7: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 7 Гранични проверки на аеродромите кои немаат ста-тус на меѓународни аеродроми (спортски аеродроми

и хелиодроми)

Член 28 Ако обемот на сообраќајот е мал, на спортските ае-

родроми и хелиодроми не е потребно постојано при-суство на полициските службеници, под услов да по-стои гаранција дека потребните полициски службени-ци може навремено да бидат распоредени.

Во случај кога постојаното присуство на полици-ските службеници на аеродромот не е обезбедено, опе-раторот на аеродромот два часа претходно соодветно ги известува надлежните полициски службеници за пристигнувањето или заминувањето на воздухоплов од или во друга држава.

Гранични проверки на лица од приватни летови

Член 29

На лицата кои поаѓаат или доаѓаат од странство со приватни летови и при тоа застануваат на територијата на Република Македонија, се вршат гранични проверки и се става штембил за влез на општата изјава предвиде-на со закон.

VI. ГРАНИЧНИ ПРОВЕРКИ НА ЕЗЕРСКИОТ

СООБРАЌАЈ

Општи правила за гранични проверки на езерскиот сообраќај

Член 30

Полицискиот службеник одговорен за граничниот премин овозможува вршење на ефективни проверки на патниците и екипажот на пловните објекти.

Граничните проверки од став 1 на овој член се те-мелат на анализите на ризикот, како и на постојаниот и целосен надзор на езерската област.

Член 31

Патниците кои излегуваат на крајбрежјето се пред-мет на гранични проверки во согласност со општите правила за влез, особено ако проценката на ризиците поврзани со безбедноста и илегалната миграција пока-жува дека постои потреба да се спроведат детални про-верки, како и преглед и претрес.

Член 32

При проценката на безбедносните и миграционите ризици, полициските службеници водат сметка за:

- државјанството на патниците, - сите расположливи информации за шпедитерската

компанија и нејзината одговорност, - секој извештај за состојбата и релевантни инфор-

мации кои тие ги поседуваат, како и информации доби-ени од други држави или соседни земји.

Член 33

Списокот на членовите на екипажот и сите патници на пловниот објект ги содржи следниве информации:

- име и презиме, - датум на раѓање,

- државјанство, - број и тип на патен документ, и број на виза до-

колку е таа потребна за влез на територијата на Репуб-лика Македонија.

Член 34

Списокот со податоците за членовите на екипажот и патниците се доставува до надлежните полициски службеници најдоцна два часа пред испловувањето на пловниот објект кој сообраќа на редовна меѓународна бродска линија.

Гранични проверки на пловните објекти

за крстосување

Член 35 Заповедникот на пловниот објект за крстосување

или застапникот на сопственикот или од него овласте-но физичко или правно лице доставува до надлежната полициска станица маршута на патувањето и програма на крстосувањето најдоцна до 24 часа пред заминува-њето од пристаништето на соседната држава и при-стигнувањето на пристаниште на територија на Репуб-лика Македонија.

Кога пловниот објект за крстосување доаѓа од при-станиште на соседна држава на пристаниште кое се на-оѓа на територија на Република Македонија, екипажот и патниците се предмет на гранични проверки при влез врз основа на Списокот на членовите на екипажот и патниците на пловниот објект.

Член 36

Заповедникот на пловниот објект за крстосување или застапникот на сопственикот или од него овласте-но физичко или правно лице доставува до надлежната полициска станица маршута на патувањето и програма на крстосувањето, најдоцна до 24 часа пред пловниот објект да го напушти пристаништето кое се наоѓа на територијата на Република Македонија.

Ако маршутата на патувањето на пловниот објект за крстосување се состои само од пристаништа кои се наоѓаат на територијата на Република Македонија, не-ма да се вршат гранични проверки, а пловниот објект може да вплови во пристаништа кои не се гранични премини.

Кога пловниот објект за крстосување заминува од пристаниште кое се наоѓа на територијата на Републи-ка Македонија и плови кон пристаниште кое се наоѓа во соседна држава, екипажот и патниците се предмет на гранични проверки при излез врз основа на Списо-кот на членовите на екипажот и патниците на пловниот објект.

Гранични проверки на пловни објекти за слободна

пловидба

Член 37 Лицата со пловни објекти за слободна пловидба

кои доаѓаат од соседна држава или заминуваат кон неа се предмет на гранични проверки и можат да влезат или излезат од територијата на Република Македонија само од пристаништето кое е граничен премин.

Page 8: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 8 - Бр. 75 15 јуни 2012

По исклучок од ставот 1 на овој член, доколку зара-ди виша сила пловниот објект за слободна пловидба кој пристигнува од соседна држава треба да вплови во пристаниште кое не е граничен премин, се известува надлежната полициска станица, како и надлежната ка-петанија на пристаништето.

Во случајот од став 2 на овој член, граничните про-верки на пловните објекти за слободна пловидба се спроведуваат врз основа на проценката за ризиците по-врзани со илегална миграција, а особено кога приста-ништето е во непосредна близина на територијата на соседната држава.

Член 38

За пловните објекти за слободна пловидба важат општите правила за гранични проверки при што се вр-ши проверка на документот за техничките карактери-стики на пловниот објект и списокот на членовите на екипажот и патниците на пловниот објект.

Примерок од документот од став 1 на овој член се доставува и до надлежната капетанија, како и до поли-циските службеници на надлежната полициска стани-ца за гранични проверки на пристаништето најдоцна по пристигнувањето односно пред заминувањето на пловниот објект од пристаништето.

Пловниот објект за слободна пловидба треба да по-седува примерок од документот од став 1 на овој член се додека е во територијалните води на Република Ма-кедонија.

Гранични проверки на крајбрежниот риболов

Член 39

На екипажите на пловните објекти за крајбрежно рибарење регистрирани во Република Македонија, кои секојдневно или најдоцна до 36 часа од нивното зами-нување се враќаат во пристаништето каде што се реги-стрирани или во било кое друго пристаниште на тери-торијата на Република Македонија, без запирање во пристаниште на соседна држава не се спроведуваат гранични проверки.

На екипажите на пловните објекти за крајбрежно рибарење кои не се регистрирани во пристаниште на соседна држава се спроведуваат гранични проверки во согласност со општите правила предвидени со закон.

Капетанот на пловниот објект ги известува надлеж-ните полициски службеници за секоја измена на списо-кот на екипажот и за евентуално присуство на патници на пловниот објект.

Кога постои ризик од илегална миграција, се вршат гранични проверки и физички преглед и претрес на пловниот објект.

VII. ПОСЕБНИ ПРАВИЛА ЗА ГРАНИЧНИ ПРОВЕРКИ

ЗА ОДРЕДЕНИ КАТЕГОРИИ НА ЛИЦА

Шефови на држави и членови на нивната делегација

Член 40 Шефовите на држави и членовите на нивните

делегации за чие што пристигнување и заминување е официјално најавено преку Министерството за

надворешни работи до полициските службеници на граничниот премин, не подлежат на гранични про-верки.

За непречено преминување на државната граница на шефовите на држави и членовите на нивната делега-ција им се обезбедува посебна слободна коловозна лен-та или други соодветни простории (ВИП салон на аеро-дромите и слично).

Пилоти и членови на нивниот екипаж

Член 41

Сопственикот на пилотска дозвола или сертификат односно потврда за член на екипажот согласно Анекс 9 од Конвенцијата за Цивилна воздушна пловидба од 7.12.1944 година, за време на извршување на своите должности можат:

- да се качуваат и симнуваат од аеродромот на по-патно запирање или аеродромот на пристигнување кој се наоѓа на територијата на Република Македонија,

- да престојуваат на територијата на општината во која се наоѓа аеродромот на попатно запирање или ае-родромот на пристигнување кој се наоѓа на територија-та на Република Македонија,

- да се движат со сите превозни средства од еден до друг аеродром на територијата на Република Македо-нија со цел да се качат во воздухоплов кој заминува од тој аеродром.

Член 42

Секогаш кога е тоа можно при граничните провер-ки, предност имаат членовите на екипажот на возду-хопловот, кои се проверуваат пред проверките на пат-ниците или на однапред определени блиски локации и места наменети за таа цел.

Ако членовите на екипажот им се добро познати на полициските службеници кои ги вршат граничните проверки, тие можат да бидат предмет на гранични проверки по случаен избор.

Морнари

Член 43

Морнарите можат да влезат на територијата на Ре-публика Македонија на пристаништето каде впловил пловниот објект или во соседните општини кои се нао-ѓаат на крајбрежјето, под услов нивното име да биде наведено на Списокот на членови на екипажот на плов-ниот објект на кој припаѓаат, кој претходно бил доста-вен за проверка до надлежните органи и да поседуваат документ за идентификација дека се морнари издаден согласно Женевската конвенција од 19 јуни 2003 годи-на (бр. 185), Лондонската конвенција од 9 април 1965 година (ФАЛ Конвенција) и согласно закон, доколку тој документ е признат од страна на Република Маке-донија.

Согласно проценката на ризиците поврзана со вна-трешната безбедност и илегалната миграција, на мор-нарите им се спроведуваат вообичаените гранични проверки пред симнувањето на крајбрежјето.

Page 9: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 9

Член 44 Морнарите што имаат намера да престојуваат над-

вор од општините кои се наоѓаат на крајбрежјето во близина на пристаништето, треба да ги исполнуваат општите услови за влез на територијата на Република Македонија согласно закон.

По исклучок од став 1 на овој член, на морнарите може да им биде дозволен влез иако не поседуваат ва-жечка виза за влез во Република Македонија, во след-ните случаи:

- за качување на пловниот објект кој веќе е усидрен или треба да пристигне во друго пристаниште,

- за транзит во друга земја или враќање во земјата на потекло и

- во итни случаи или при постоење на неопходни околности, како што се болест, отпуштање, или истеку-вање на договор за вработување.

Во случаите од ставот 2 на овој член, на морнатите кои имаат важечка патна исправа, може да им биде из-дадена виза на граничниот премин.

Носители на дипломатски, официјални или службени пасоши и членови на меѓународни организации

Член 45

Носителите на дипломатски, официјални или служ-бени пасоши издадени од надлежни државни органи, како и носители на исправи и документи издадени од меѓународни организации, кои патуваат по службена должност, може да добијат приоритет во однос на дру-гите патници при граничните проверки.

Лицата од став 1 на овој член, треба да поседуваат виза доколку таа претставува услов за влез во Републи-ка Македонија, но од нив нема да се бара доказ дека поседуваат доволно парични средствата за престој на територијата на Република Македонија.

Член 46

Од лицето кое се претставува и се повикува на при-велигии, имунитети или исклучоци, полицискиот службеник може да побара доказ за таквиот статус со презентирање на соодветни документи (потврди изда-дени од акредитираната земја, дипломатски пасош или друг документ).

Ако постојат сомневања за статусот на лицето од став 1 на овој член, полицискиот службеник во случај на итност, може да се обрати до Министерството за надворешни работи.

Член 47

На граничниот премин може да се дозволи влез на акредитираните членови на дипломатските мисии и конзуларните претставништва и членовите на нивните семејства, како и на имателите на дипломатски, офици-јални или службени пасоши на територијата на Репуб-лика Македонија, без претходни консултации со над-лежни државни органи.

По исклучок од став 1 на овој член, надлежните др-жавни органи се консултираат кога во соодветните евиденции и електронски бази на податоци е доставено предупредување за лицата од ставот 1 на овој член.

Кога постои ризик и оправдано сомневање за недо-лично однесување или криминална активност на лица-та од ставот 1 на овој член, за тоа веднаш треба да се информира Министерството за надворешни работи.

Член 48 Членовите на меѓународни организации кои патува-

ат по службена должност може да добијат првенство при преминувањето на државната граница и постапува-њето за време на граничните проверки, доколку посе-дуваат документи издадени од страна на меѓународни-те организации, и тоа:

- пропусница на Обединетите нации која се издава на персоналот на Обединетите нации и помошните агенции според Конвенцијата за привилегии и имуни-тети на специјализираните агенции донесена од страна на Генералното собрание на Обединетите Нации на 21 ноември 1947 година во Њујорк,

- пропусница на Европската заедница, - легитимација издаден од страна на Генералниот

секретаријат на Советот на Европа, - пропусница на Европската заедница за атомска

енегрија (Евроатом), - документи изадени согласно Договорот меѓу стра-

ните во Северно-атлантскиот договор (СОФА) за ста-тусот на нивните сили (воена книшка за идентифика-ција односно армиски идентификациски документ, придружен со патен налог, полномошно или поедине-чен или колективен налог за движење), како и доку-менти издадени во рамките на Партнерството за мир.

Прекугранични работници

Член 49

Граничните проверки на прекуграничните работни-ци се вршат според општите правила за проверки на лица на граничните премини предвидени со закон.

Прекуграничните работници кои им се добро поз-нати на полициските службеници заради честото пре-минување на државната граница на истиот граничен премин и за кои не постои предупредување во соодвет-ните евиденции и електронски бази на податоци или востоп листите, подлежат само на повремени гранични проверки за да се утврди дека поседуваат важечка пат-на исправа, односно соодветен документ за преминува-ње на границата и дека ги исполнуваат потребните ус-ловите за влез односно излез од територијата на Репуб-лика Македонија.

Деталните гранични проверки, како и преглед и пре-трес врз прекуграничните работници, се спроведуваат по-времено без претходна најава и во различни интервали.

Малолетни лица

Член 50

Малолетните лица што ја преминуваат границата подлежат на исти гранични проверки при влез односно излез, како и полнолетните лица.

При вршењето на граничните проверки се посвету-ва особено внимание на малолетните лица, без оглед на тоа дали тие патуваат со придружба или сами.

Кога малолетното лице е со придружба, полициски-от службеник треба да провери дали придружниците се родители на малолетното лице, особено во случај кога малолетното лице е придружувано од едно полнолетно лице и ако постои сериозна основа за сомневање дека малолетното лице е незаконски одземено од лицето кое е негов родител или законски старател.

Ако малолетното лице не патува со родител, однос-но старател, лицето кое што го придружува треба да поседува полномоштво издадено од страна на родите-лите или законскиот старател.

Page 10: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 10 - Бр. 75 15 јуни 2012

Член 51 Кога малолетното лице е странски државјанин и па-

тува без придружба, се проверува дали малолетното лице поседува одобрение за самостојно патување даде-но од родителот односно старателот заверено од надле-жен странски орган или дипломатско конзуларно прет-ставништво на Република Македонија во странство.

Иматели на дозволи за локален граничен сообраќај

Член 52

Имателите на дозвола за локален граничен сообра-ќај издадена врз основа на меѓународен или билатера-лен договор меѓу Република Македонија и друга сосе-дена држава, подлежат на посебен третман при гранич-ните проверки утврден согласно договорот.

VIII. ГРАНИЧЕН НАДЗОР

Член 53

Секоја полицска станица за граничен надзор изготвува анализа на ризик на локално ниво според критериумите утврдени од страна на Секторот за гранични работи и ми-грации при Министерството за внатрешни работи.

Според утврдениот степен на ризик: - се определува потребниот вкупен број на полици-

ски службеници за соодветната полициска станица, - се планира и организира спроведувањето на гра-

ничниот надзор на месечна, неделна и дневна основа и - се утврдува најкраткото време потребно за при-

стигнување на местото на настанот.

Член 54 Полициските службеници кои вршат граничен над-

зор се опремени на начин што овозможува највисок степен на нивна мобилност и комуникативност.

Средствата и опремата треба да бидат прилагодени на спецификите на теренот и временските услови при вршењето на граничниот надзор.

Единиците при вршењето на граничниот надзор треба меѓусебно да соработуваат, како и да соработува-ат со надлежните органи од соседните земји.

Член 55

Полициските службеници кои вршат граничен над-зор воспоставуваат интензивна и квалитетна соработка со жителите на пограничните области.

Член 56

Граничниот надзор се спроведува со: - патролирање со подвижни полициски единици,

кое може да се изведува без или со превозни средства, и тоа со: патнички возила, теренски возила, моторцик-ли, моторни санки, патролни чамци и хеликоптери,

- статичен граничен надзор на посебно познати, значајни и осетливи места,

- помош на софистицирани технички средства и опрема,

- комбиниран начин на обезбедување на граничен надзор со: подвижни патроли, статични сили и софи-стицирани средства и уреди.

Член 57

Одредбите на членовите 7, 8, 20, 26, 28, 33, 35, 36 став 2, 39, 40 став 1, 41, 42, 43, 44 став 1, 45, 46 , 47 ста-вови 1 и 2, 48, 49, 50 и 51 од овој правилник ќе важат до пристапувањето на Република Македонија во Европската унија.

Член 58 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник

престанува да важи Правилникот за начинот на извр-шување на обезбедување на државната граница и на граничната контрола („Службен весник на Република Македонија” бр. 153/10).

Член 59 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од

денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб-лика Македонија”.

Бр.12.1-35121/1 Министер 6 јуни 2012 година за внатрешни работи, Скопје м–р Гордана Јанкулоска, с.р.

__________

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА 2019.

Врз основа на член 190 став 5 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија („Службен вес-ник на Република Македонија” бр. 36/10, 23/11, 47/11, 148/11 и 55/12), министерот за одбрана, донесе

П Р А В И Л Н И К

ЗА НАЧИНОТ НА ОСТВАРУВАЊЕТО НА ЕДНО-КРАТЕН ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОК И НЕГОВА-ТА ВИСИНА ВО СЛУЧАЈ НА ПОВРЕДА И ОШ-ТЕТУВАЊЕ НА ОРГАНИЗМОТ НА АКТИВНИОТ ВОЕН И ЦИВИЛЕН ПЕРСОНАЛ НА СЛУЖБА ВО АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот за оствару-

вање на еднократeн паричен надоместок и неговата виси-на во случај на повреда и оштетување на организмот на активниот воен и цивилен персонал на служба во Армија-та на Република Македонија (во натамошниот текст: Ар-мијата).

Член 2 Еднократниот паричен надоместок се определува

во зависност од степенот на повредата и оштетувањето на организмот на активниот воен и цивилен персонал на служба во Армијата и истиот изнесува:

- за активен воен и цивилен персонал со 100% по-вреда и оштетување на организмот, на коj за редовен живот му е потребна нега и помош од друго лице, де-сет просечни нето плати исплатени во Министерство за одбрана, за последниот месец пред настапувањето на повредата и оштетувањето на организмот (во натамош-ниот текст: просечни нето плати):

- за активен воен и цивилен персонал со 100% по-вреда и оштетување на организмот, осум ипол просеч-ни нето плати;

- за активен воен и цивилен персонал со 90% по-вреда и оштетување на организмот, седум ипол про-сечни нето плати;

- за активен воен и цивилен персонал со 80% повре-да и оштетување на организмот, шест ипол просечни нето плати;

- за активен воен и цивилен персонал со 70% повре-да и оштетување на организмот, пет ипол просечни не-то плати;

- за активен воен и цивилен персонал - со 60% по-вреда и оштетување на организмот, четири ипол про-сечни нето плати;

- за активен воен и цивилен персонал со 50% повреда и оштетување на организмот, три ипол просечни нето плати;

- за активен воен и цивилен персонал со 40% повреда и оштетување на организмот, две ипол просечни нето плати;

- за активен воен и цивилен персонал со 30% повре-да и оштетување на организмот, една ипол просечна нето плата и

- за активен воен и цивилен персонал со 20 % по-вреда и оштетување на организмот, една половина од просечната нето плата.

Член 3

За остварување на правото на еднократен паричен надоместок, активниот воен и цивилен персонал подне-сува писмeно барање до Министерство за одбрана, по

Page 11: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 11 изминати 15 дена од денот на давањето на наодот, оценката и мислењето на воено-лекарската комисија за степенот на повредата и оштетувањето на организмот.

Кон барањето од став 1 на овој член, се приложува наодот, оценката и мислењето на воено-лекарската ко-мисија, со што се докажува дека се исполнети условите за остварување на правото на еднократен паричен на-доместок.

Член 4

Со денот на влегувањето во сила на овој правил-ник престанува да важи Упатството за начинот и по-стапката за остварување на еднократниот паричен на-доместок и неговата висина во случај на повреда и оштетување на организмот на воените лица на служба во Армијата на Република Македонија („Службен вес-ник на Република Македонија” бр.24/06).

Член 5

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб-лика Македонија”.

Бр. 01-3193/1 7 јуни 2012 година Министер за одбрана, Скопје д-р Фатмир Бесими, с.р.

__________ 2020.

Врз основа на член 127 од Законот за служба во Ар-мијата на Република Mакедонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/10, 23/11,47/11, 148/11 и 55/12), министерот за одбрана, донесe

У П А Т С Т В О

ЗА НАЧИНОТ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА МАТЕРИ-ЈАЛНА ОДГОВОРНОСТ НА ВОЕНИОТ И ЦИ-ВИЛНИОТ ПЕРСОНАЛ НА СЛУЖБА ВО АРМИЈАТА

НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 1. Со ова упатство се пропишува начинот за утврду-

вање на материјална одговорност на воениот и цивил-ниот персонал на служба во Армијата на Република Македонија (во натамошниот текст: Армијата), за пре-дизвикана штета на средствата на Република Македо-нија во врска со вршењето на службата.

2. Воениот и цивилниот персонал на служба во Ар-мијата, кој на било каков начин ќе дознае за постоење на штета на средствата на Република Македонија во врска со вршењето на службата во Армијата, го изве-стува непосредно претпоставениот воен старешина или раководниот работник (во натамошнио текст: непо-средно препоставениот старешина).

Непосредно претпоставениот старешина спроведу-ва претходна постапка за утврдување на штетата.

При спроведувањето на претходната постапка се зе-ма изјава од лицето кое ја пријавило штетата, за што се составува записник, а по потреба се сослушуваат све-доци и се спроведуваат други дејствија кои не трпат одлагање, а се од битно значење за утврдување на ма-теријалната одговорност за предизвиканата штета.

3. Од страна на непосредно претпоставениот старе-шина, врз основа на прибавените докази и утврдените факти, се поднесува пријава до воениот или цивилниот персонал кој е надлежен да одлучува за материјалната одговорност и обврската за надомест на штета (во на-тамошниот текст:надлежен воен старешина).

Пријавата од став 1 на оваа точка содржи податоци за: - лицето или лицата за кои постои основано сомне-

ние дека ја сториле штетата (чин, име, татково име и презиме, должност на која е поставено–Воена пошта, адреса и место на живеење, единствен матичен број на граѓанинот и број на лична карта);

- име и презиме на лицето кое непосредно било за-должено со уништениот, оштетениот или исчезнатиот предмет, а доколку никој не бил задолжен, се наведува

името и презимето на лицето кое вршело стражарско-чуварска служба во времето на настанувањето на ште-тата;

- време, место и начин (опис) на сторување на ште-тата;

- видот на предизвиканата штета (назив на униште-ниот, оштетениот или исчезнатиот предмет);

- висината на предизвиканата штета и начин на утврдување на истата;

- датум на дознавање на предизвиканата штета и - други податоци, факти и списи кои се од значење

за утврдување на материјалната одговорност за предиз-виканата штета.

4. По приемот на пријавата за причинетата штета, односно по дознавањето за причинета штета, се доне-сува решение за поведување на постапка за утврдување на материјалната одговорност и за формирање на ко-мисија за утврдување на одговорноста (во натамошни-от текст: Комисијата).

Решението од став 1 на оваа точка, донесено од надлежниот воен старешина содржи податоци за :

- лицето против кое се поведува постапката за утвр-дување на материјалната одговорност (чин, име, татко-во име и презиме, должност на која е поставено – ВП, адреса и место на живеење, единствен матичен број на граѓанинот и број на лична карта);

- време, место и начин (опис) на сторување на ште-тата;

- видот и висината на предизвиканата штета (назив и вид на уништениот, оштетениот или исчезнатиот предмет);

- претседателот и членовите на Комисијата; - задачите на Комисијата и - рокот за спроведување на постапката за утврдува-

ње на материјалната одговорност. 5. Ако во постапката за утврдување на материјална-

та одговорност не може да се утврди идентитетот на сторителот, од страна на надлежниот воен старешина се поведува постапка против непознат сторител.

Во случај од став 1 на оваа точка, се известува вое-ната полиција, а штетата сторена надвор од воените објекти на Министерството за одбрана (во натамошни-от текст: Министерството), се пријавува во Министерс-твото за внатрешни работи.

6. Во постапката за утврдување на материјалната одговорност од страна на Комисијата се преземаат следните дејствија:

- на лицето против кого е поведена постапката за утврдување на материјалната одговорност му се овоз-можува, да се произнесе по наводите во пријавата,

- се спроведуваат дејствија кои не трпат одлагање а се од значење за утврдување на материјалната одговор-ност и

- се прибавуваат сите докази кои се од значење за утврдување на материјалната одговорност.

7. Доколку не може да се утврди висината на ште-тата, од страна на Комисијата може да се побара и стручно мислење првенствено од стручни лица во Ар-мијата и Министерството, а по потреба може да се ан-гажираат и стручни лица и вешти лица од надвор.

8. Во постапката за утврдување на материјална од-говорност, во случаите кога се работи за штета предиз-викана во сообраќајна несреќа, од страна на Комисија-та се обезбедува писмен извештај од Воената полиција или од Министерството за внатрешни работи и се обез-бедуваат податоци за лицето кое ја предизвикало соо-браќајната несреќа.

9. По спроведената постапка Комисијата изработу-ва предлог-решение за утврдување на материјалната одговорност и обврска за надомест на штетата или предлог-решение за делумно или целосно ослободува-ње од обврската за надомест на штета, по што предме-тот заедно со сите списи се доставува на одлучување до надлежниот воен старешина.

Page 12: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 12 - Бр. 75 15 јуни 2012

Доколку во текот на постапката Комисијата дојде до сознание дека, штетата ја предизвикале повеќе лица или дека, кај пријавеното лице не постои вина за пре-дизвиканата штета, а постои вина кај друго лице, се из-вестува писмено надлежниот воен старешина за утвр-дената состојба, со предлог да се запре постапката про-тив пријавениот и да се поведе постапка против лице-то, односно лицата за кои постои основано сомнение дека ја сториле штетата.

10. Кога постапката за утврдување на материјална одговорност се води против војник на доброволно слу-жење на воениот рок, питомец на Воената академија и лице на стручно оспособување и усовршување за офи-цери и подофицери и активниот резервен персонал, од страна на Комисијата се спроведува постапка пред вој-никот да биде отпуштен од Армијата, пред питомецот да ја заврши Воената академија, пред лицето да го за-врши стручното оспособување и усовршување за офи-цери и подофицери, односно пред истекот на догово-рот за активен резервен персонал.

Доколку, непосредно претпоставениот старешина на лицата од став 1 на оваа точка при нивното раздол-жување со опремата утврди дека постои кусок, однос-но дека е причинета штета на опрема, се обезбедува из-јава од лицето кое се раздолжува за причините за кусо-кот, односно штетата, дали ја признава штетата и дали се согласува да ја надомести, за што се составува за-писник.

11. Ако лицето од точка 10 став 1 од ова упатство ја признае штетата и е согласно да ја надомести, од бла-гајникот во единицата се изработува финансиски доку-мент (каса прими и сл.) за висината на штетата заради наплата на истата.

Ако лицето ја признае штетата, но не е согласно да ја надомести, како и во случаи кога не ја признава ште-тата, од страна на непосредно претпоставениот старе-шина се поднесува пријава до надлежниот воен старе-шина заради поведување на постапка за утврдување на материјална одговорност, кон која се приложува и за-писник прибавен при раздолжувањето со опремата.

12. За утврдување на материјална одговорност и об-врската за надомест на штета, односно за делумно или целосно ослободување од обврската за надомест на штета, од страна на надлежниот воен старешина се до-несува решение.

13. Поднесувањето на пријавата од точка 3 од ова упатство и донесувањето на решението од точка 4 од ова упатство се врши во роковите определени во Коле-ктивниот договор за уредување, односно доуредување на правата, обврските и одговорностите од работен од-нос во Министерството за одбрана („Службен весник на Република Македонија” бр.78/02)

14. Со денот на влегувањето во сила на ова упат-ство престанува да важи Упатството за начинот и по-стапката за утврдување на материјална одговорност на воените лица на служба во Армијата на Република Ма-кедонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/03).

15. Ова упатство влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб-лика Македонија”.

Бр. 01-2436/3 7 јуни 2012 година Министер за одбрана, Скопје д-р Фатмир Бесими, с.р.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

2021. Врз основа на член 83 став (4) од Законот за гра-

дежно земјиште (“Службен весник на Република Маке-донија“ бр.17/11 и 53/11), министерот за транспорт и врски донесе

П Р А В И Л Н И К

ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА СТЕ-ПЕНОТ НА УРЕДУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИ-ШТЕ СО ОБЈЕКТИ НА КОМУНАЛНА ИНФРА-СТРУКТУРА И НАЧИНОТ НА УТВРДУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА ТРОШОЦИТЕ ЗА УРЕДУВАЊЕТО ВО ЗАВИСНОСТ ОД СТЕПЕНОТ НА УРЕДЕНОСТ

Член 1

Во Правилникот за степенот на уредување на гра-дежно земјиште со објекти на комунална инфрастру-ктура и начинот на утврдување на висината на трошо-ците за уредувањето во зависност од степенот на уре-деност (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 93/11 и 65/12) во член 4 став (3) се додава нова ре-ченица која гласи:“Висината на трошоците за уредува-ње на градежно земјиште во зависност од степенот на уреденост на градежното земјиште се пресметува на 27% од вкупно пресметаната површина согласно став (1) и (2) од овој член и за други објекти од став (1) на овој член без оглед на нивната височина, кои се наоѓа-ат на истата градежна парцела на која е предвидена из-градба на објект со височина над 32 ката.“

Член 2

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Репуб-лика Македонија“.

Бр. 01-14691

15 јуни 2012 година Министер, Скопје Миле Јанакиески, с.р.

__________ 2022.

Врз основа на член 22 став 2 алинеа 1 од Уредбата за начинот и поблиските критериуми за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопре-возници и потребната документација која треба да се достави од корисниците на финансиската поддршка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/12), министерот за транспорт и врски донесе

Р Е Ш Е Н И Е

ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЛИСТАТА СО БАРАТЕЛИ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ФИНАНСКИСКА

ПОДДРШКА 1. Со ова решение се утврдува листата на баратели

за склучување на договор за финанскиска поддршка и тоа:

- WizzAir Hungary Ltd со адреса: BUD International Airoprt, Building 221.H-1185, Budapest.

2. Ова решение влегува во сила со денот на донесу-вањето, а ќе се објави во „Службен весник на Републи-ка Македонија“.

Бр. 02-12431/10 Министер

11 јуни 2012 година за транспорт и врски, Скопје Миле Јанакиески, с.р.

Page 13: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 13

СОВЕТ ЗА РАДИОДИФУЗИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

2023. Советот за радиодифузија на РМ врз основа на член

37, став 1, точки 2 и 5, член 63, став 1, алинеја 3 и член 31, став 3 од Законот за радиодифузната дејност („Сл.весник на РМ”, бр.100/05, 19/07, 103/08, 152/08, 6/10, 145/10, 97/11, 13/12), а во согласност со член 64 на истиот закон и Заклучокот на Советот, бр. 02-3129/2 од 13.6.2012 година, на 21-та седница одржана на 13.6.2012 година донесе

О Д Л У К А

ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА ДОЗВОЛАТА ЗА ВРШЕЊЕ НА РАДИОДИФУЗНА ДЕЈНОСТ НА ТРД „А2 ТЕЛЕВИ-ЗИЈА“ ДООЕЛ СКОПЈЕ, БР. 07-3483/1 ОД 27.11.2008

ГОДИНА 1. СЕ ОДЗЕМА дозволата, бр.07-3483/1 од

27.11.2008 година, за вршење радиодифузна дејност на Трговското радиодифузно друштво „А2 Телевизија“ ДООЕЛ Скопје, поради тоа што по издавањето на доз-волата настанале околности што претставуваат закон-ски пречки за имателот да врши радиодифузна дејност - неисполнување на условите од дозволата за вршење радиодифузна дејност односно непридржување до фор-матот за кој му е доделена дозволата – претежно заба-вен општ формат.

2. Тужбата не го одлага извршувањето на оваа Од-лука.

3. Оваа Одлука да се објави во „Службен весник на Република Македонија“.

О б р а з л о ж е н и е

Советот за радиодифузија на РМ на својата 17-та

седница, одржана на 29.05.2012 година, откако прет-ходно ја усвои Информацијата од мониторингот на програмскиот сервис на ТРД „А2 Телевизија“ ДООЕЛ Скопје, реализиран во периодот од 19 до 28 мај 2012 година, врз основа на член 64, во врска со член 63, став 1, алинеја 3 од Законот за радиодифузната дејност, а согласно Заклучокот на Советот, бр.02-2791/4 од 30.5.2012 година, иницираше постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на ТРД „А2 Телевизија“ ДООЕЛ Скопје, бр.07-3483/1 од 27.11.2008 година, поради неисполнување на условите од дозвола-та односно непридржување до форматот за кој му е до-делена истата – претежно забавен општ формат.

Во врска со тоа, Советот на ТРД „А2 Телевизија“ ДО-ОЕЛ Скопје на 30-ти мај 2012 година му упати Известува-ње, бр.03-2931/1 од 30.5.2012 година, во кое му укажа на потребата веднаш, а најдоцна во рок од 15 (петнаесет) де-на сметано од 30.5.2012 година, да го усогласи форматот на својот програмски сервис со форматот за кој му е доде-лена дозволата, бр.07-3483/1 од 27.11.2008 година – про-грамски сервис од претежно забавен општ формат. Сове-тот на ТРД „А2 Телевизија“ ДООЕЛ Скопје, со истиот до-пис му укажа дека доколку во утврдениот рок не го усог-ласи форматот на својот програмски сервис со форматот за кој му е доделена дозволата, врз основа на член 63, став 1, алинеја 3 и член 64 од Законот за радиодифузната деј-ност, ќе донесе одлука со која ќе му ја одземе дозволата, бр.07-3483/1 од 27.11.2008 година.

Согласно иницираната постапка, Советот за радио-дифузија на РМ на својата 21-ва седница, одржана на 13.6.2012 година, го разгледа Извештајот, бр.10-3187/1 од 13.6. 2012 од контролниот мониторинг на програм-скиот сервис на ТРД „А2 Телевизија“ ДООЕЛ Скопје (Анализа на форматот), реализиран во периодот од 4-ти до 10-ти јуни 2012 година. Врз основа на наведениот Извештајот се констатираше дека ТВ А2 отстапува од претежно забавниот општ формат за кој добила дозво-ла за вршење радиодифузна дејност, односно дека на-место најмногу 65% емитува 75,68% програми што ис-полнуваат забавна функција.

Следствено на тоа, се констатираше дека ТРД „А2 Телевизија“ ДООЕЛ Скопје не постапило по укажува-њето на Советот, бр.03-2931/1 од 30.5.2012 година, од-носно не го усогласило форматот на својот програмски сервис со форматот за кој му е доделена дозволата за вршење радиодифузна дејност, бр.07-3483/1 од 27.11.2008 година – програмски сервис од претежно за-бавен општ формат.

Имено, согласно со член 42 став 2 од Законот за ради-одифузната дејност, со дозволата се уредува природата на програмскиот сервис. ТРД „А2 Телевизија“ ДООЕЛ Скопје, врз основа на доделената дозвола, бр.07-3483/1 од 27.11.2008, има право и обврска да емитува телевизиски програмски сервис од претежно забавен општ формат. Со оглед на утврдената фактичка состојба во Извештајот, бр.10-3187/1 од 13.6.2012 од контролниот мониторинг на програмскиот сервис на ТРД „А2 Телевизија“ ДООЕЛ Скопје (Анализа на форматот), реализиран во периодот од 4-ти до 10-ти јуни 2012, се констатира дека наведениот субјект евидентно не ги исполнува условите од дозволата, бр.07-3483/1 од 27.11.2008 во однос на програмскиот фор-мат за кој му е доделена истата.

Врз основа на погоре наведеното, а имајќи ја во предвид одредбата содржана во член 63 став 1, алинеја 3 од Законот за радиодифузната дејност, согласно која Советот за радиодифузија ја одзема дозволата ако по издавањето на дозволата настанале околности што претставуваат законски пречки за имателот да врши ра-диодифузна дејност, Советот констатираше дека се ис-полнети законските претпоставки за одземање на доз-волата за вршење радиодифузна дејност, бр.07-3483/1 од 27.11.2008 година на ТРД „А2 Телевизија“ ДООЕЛ Скопје, поради неисполнување на условите од дозвола-та односно непридржување до форматот за кој му е до-делена дозволата – претежно забавен општ формат.

Врз основа на тоа, Советот на 21-та седница, одр-жана на 13.06.2012 година, согласно Заклучокот на Со-ветот, бр.02-3129/2 од 13.06.2012 година, донесе одлу-ка како во диспозитивот.

Согласно член 65, став 2 од Законот за радиодифуз-ната дејност, тужбата против оваа одлука, не го одлага извршувањето на одлуката.

Бр. 07-192 Совет за радиодифузија на РМ

13 јуни 2012 година Претседател, Скопје м-р Зоран Трајчевски, с.р. Упатство за правно средство: Против одлуката за

одземање на дозволата, Трговското радиодифузно друштво „А2 Телевизија„ ДООЕЛ Скопје, има право во рок од 15 дена од денот на добивањето на одлуката да поднесе тужба до надлежен суд.

Page 14: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 14 - Бр. 75 15 јуни 2012

КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ 2024.

Врз основа на член 107, 205, став 3, 206 и 207 од ЗРО („Сл. весник на РМ“ бр. 158/10 – пречистен текст бр. 11/2012), член 17 и 19 од Општиот Колективен До-говор за приватниот сектор од областа на стопанство-то, и член 155 од Колективниот Договор за вработени-те од тутунското стопанство и Законот за Минимална плата во Република Македонија („Сл. весник на РМ“ бр. 11/2012) синдикатот на работниците од агроинду-стрискиот комплекс на Република Македонија - Агро Синдикат и здружението за тутунско стопанство на Организацијата на работодавачи на Република Македо-нија, на 23.5.2012 година, склучија

КОЛ ЕК ТИ В ЕН ДО ГО ВО Р

ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА КО-ЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ОД

ТУТУНСКОТО СТОПАНСТВО

Член 1 По членот 7 од колективниот договор за вработе-

ните од тутунско стопанство се додава нов наслов кој гласи:

Измена на договор за вработување

Член 2

По членот 15 се додава нов член 15а кој гласи:

Член 15а Работодавачот е должен да ги информира работни-

ците на определено време за слободните работни места преку објава на огласна табла, за да можат и овие ра-ботници да ја имаат истата можност за добивање на вработување на неопределено време.

Член 3

По членот 53 се додава нов член 53а кој гласи:

Член 53а Пренесувањето на трговско друштво или делови на

трговско друштво, само по себе не дава основ за отпу-штање на работници, освен отпуштањето од економ-ски, технолошки или организациони причини, коишто налагаат кадровски промени, а отпуштањето ќе се вр-ши согласно условите и критериумите утврдени во ко-лективниот договор за вработените во тутунското сто-панство.

Член 4 Во членот 57, став 1 во првата реченица, после збо-

рот “плата”, зборот “ќе” се брише. Во членот 57, став 1, точката на крајот на реченица-

та се брише и се додаваат зборовите: “и се утврдува во износ од 10.300,00 денари, за 100% остварена норма од утврдената во гранката или полно работно време од просечното годишно 174 часа месечно.”.

После ставот 1 од членот 57 ставот 2 се брише и се додава нов став 2 кој гласи: “Пресметувањето на најни-ската плата, утврдена во став 1 на овој член, ќе започне да се применува со исплатата на платата за месец сеп-тември, 2012 година, а за наредните години за утврду-вање на најниска плата ќе се преговара од месец сеп-тември во тековната година за наредната година .”

Во ставот 3 се бришат зборовите “си го” и на нивно место се додава зборот “ја”, после зборот “задржуваат” се бришат зборовите “правото на”, а после зборот “истата” се додава зборот “задолжително”.

Во ставот 4 од членот 57, после зборот “објавуваат” се додаваат зборовите “со спогодба”, наместо датата “31.01”, се додава 31.12, а по зборот “година” се брише точката и се додаваат зборовите “за наредната година, при што во истата задолжително се вградуваат-пресме-туваат зголемените трошоци за живот за претходната година, објавени во државниот завод за статистика.”.

Пречистениот текст на член 57 гласи: При утврдување на најниската основна плата се по-

аѓа особено од: трошоците на живот, економските можности, општото ниво на платите на дејност, нивото на продуктивноста, економичноста, рентабилноста, со-цијалните давања и други економски и социјални фа-ктори и се утврдува во износ од 10.300,00 денари, за полно работно време од просечното годишно 174 часа месечно.

Пресметувањето на најниската основна плата, утвр-дена во став 1 на овој член, ќе започне да се применува со исплатата на платата за месец септември, 2012 годи-на, а за наредните години за утврдување на најниска плата ќе се преговара од месец септември во тековната година за наредната година.

Работодавачите од тутунската индустрија кои има-ат повисока најниска плата од утврдената најниска пла-та во овој Колективен Договор, ја задржуваат таа нај-ниска плата (не можат да ја намалат) и истата задолжи-телно се вградува во Колективните Договори на ниво на работодавач.

Најниската основна плата за најнизок степен на сложеност со спогодба ја утврдуваат и објавуваат пот-писниците на колективниот договор најмалку еднаш годишно, но не подоцна од 31. 12. тековната година за наредната година, при што во истата задолжително се вградуваат-пресметуваат зголемените трошоци за жи-вот за претходната година, објавени во државниот за-вод за статистика.

Член 5

По членот 59, пред став 1 се додава нов ставов кој гласи:

“Поединечните работи, односно занимања се класи-фицираат по групи на сложеност за тутунска индустри-ја, согласно Одлуката за утврдување на националната класификација на дејности (Сл. весник на РМ“ бр.37/11 од 24.3.2011).”

Степенот на сложеност I (еден) се однесува на из-носот на најниската основна нето плата дефинирана со овој колективен договор и со степенот I (eден) се по-криени занимањата - општ работник.

Во член 59 работните места од прва група на сло-женост – чистач на погон, канцеларија и кујна преми-нуваат во втора група на сложеност.

Член 6

Во член 81 се бришат од став еден прва и втора али-неа.

Член 7 По членот 81 се додава нов член 81а кој гласи:

Член 81а Работодавачот може да му исплати на работникот

13та плата, доколку работодавачот има можност да ја исплати.

Page 15: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 15

Член 8 Во член 88, став 2 се бришат зборовите “се испла-

ќа”, а по зборовите “3 месеци” се додаваат зборовите “се вградува во бруто платата на работникот, ако иста-та претходно не била вградена”.

Член 9

Во членот 116, после ставот 3 се додава нов став 3 кој гласи:

“Работникот има право на надоместок на неискори-стениот дел од годишниот одмор пред престанокот на работниот однос, ако претходно побарал користење на годишен одмор, а не му било овозможено користење на годишен одмор, а работниот однос му престанал не по негова вина и волја”.

Член 10

По членот 140 се додава нов член 140а кој гласи:

Член 140а “Во случај на пренесување или превземање на рабо-

тодавачот од друго трговско друштво или негов дел, синдикалната организација продолжува во целост да функционира.”

Член 11

По членот 152 се додава нов член 152а кој гласи:

Член 152а Работничка која користи отсуство поради бреме-

ност, раѓање и родителство, ако сака може да се врати на работа и пред истекот на отсуството, но не и пред 45 дена од раѓањето на детето.

Работничката од ставот 1 на овој член, покрај пра-вото на плата има право и на надомест на плата за отсуство поради бременост и родителство во висина од 50% од утврдениот износ на надоместокот за отсуство од ставот 1 на овој член според прописите за здрав-ствена заштита.

На крајот на родителското отсуство работникот има право да се врати на истото работно место или доколку тоа не е возможно, на соодветно работно место според условите од договорот за вработување.

Член 12

По членот 158 се додава нов член 158а кој гласи: Под поимот Колективно договарање се подразбира

и секоја колективна спогодба или договор склучен по-меѓу синдикатот и работодавачот кој се однесува на ус-ловите за работа, уредување на односите помеѓу рабо-тодавачот и работниците за права од работен однос и истиот претставувадел од колективен договор на ниво на гранка или работодавач.

Член 13

По членот 162 се додава нов член 162а кој гласи: Колективните договори на ниво на работодавач да се

усогласат со овој Колективен договор во рок од 3 месеци по неговото објавување во „Службен весник на РМ“.

Член 14

Овој Колективен Договор стапува во сила со денот на склучувањето, а ќе се применува од денот на него-вото објавување во „Службен весник на РМ”.

Член 15 Потписниците на овој Колективен Договор за изме-

нување и дополнување на Колективниот Договор за вработените од тутунското стопанство се обврзуваат да ги вградат одредбите од овој Колективен Договор по неговото склучување во Колективниот Договор за вра-ботените од тутунското стопанство и да изготват пре-чистен текст веднаш по потпишувањето на овој Коле-ктивен Договор.

Бр. 0101-10 Бр. 0101-118/1

23 мај 2012 година 23 мај 2012 година Скопје Скопје

Организација на работодавачите Синдикат на работниците

на Македонија од агроиндустрискиот комплекс на Р. Македонија Здружение за ,,Агро - Синдикат“

Тутунско стопанство Претседател, Претседател,

Лидија Групчева, с.р. Живкo Даневски, с.р. __________

2025. Организацијата на работодавачи на Република Маке-

донија, здружение за тутунско стопанство и Синдикатот на работниците од агроиндустрискиот комплекс на Ре-публика Македонија - Агро Синдикат врз основа на член 162а од Колективниот Договор за изменување и допол-нување на Колективниот Договор за вработените од ту-тунското стопанство на Седницата одржана на 23.5.2012 година, го утврдија пречистениот текст на Колективниот Договор за вработените од тутунското стопанство. Пре-чистениот текст на Колективниот Договор за вработени-те од тутунското стопанство ги опфаќа: Колективниот Договор за вработените од тутунското стопанство („Сл. весник на РМ“ бр. 135/2009), Спогодбата за усогласува-ње на Колективниот Договор за вработените од тутун-ското стопанство бр. 0101-114/1; бр. 0101-4 од 12.10.2010 година („Сл. весник на РМ“ бр. 140/2010), Спогодбата за продолжување на Колективниот Договор за вработените од тутунското стопанство бр. 0101-9; бр. 0101-120/1 од 7.11.2011 година („Сл. весник на РМ бр. 161/2011) и Колективниот Договор за изменување и до-полнување на Колективниот Договор за вработените од тутунското стопанство од 23.5.2012 година

Бр. 0101-10/1 Бр. 0101-118/2

23 мај 2012 година 23 мај 2012 година Скопје Скопје

Организација на работодавачите Синдикат на работниците

на Македонија од агроиндустрискиот комплекс на Р. Македонија Здружение за ,,Агро - Синдикат“

Тутунско стопанство Претседател, Претседател,

Лидија Групчева, с.р. Живкo Даневски, с.р.

Page 16: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 16 - Бр. 75 15 јуни 2012

КОЛ ЕК ТИ В ЕН ДО ГО ВО Р ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ОД ТУТУНСКОТО СТОПАНСТВО

(ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ)

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1 Со овој Колективен договор се уредуваат и доуре-

дуваат, во согласност со закон и со Општиот колекти-вен договор за приватниот сектор од областа на сто-панството на Р. Македонија, правата, обврските и одго-ворностите помеѓу работниците и работодавачите.

Член 2

Колективниот договор ги обврзува сите работници и работодавачи, од оваа гранка, односно оддел, члено-ви на Агросиндикатот и на Здружението на работода-вачи од тутунското стопанство на Организацијата на работодавачи на Македонија.

Член 3

Со колективен договор на ниво на работодавач мо-жат да се утврдат поголеми права на работниците од оние утврдени со закон, со Општиот колективен дого-вор или со овој Колективен договор.

Со колективен договор на ниво на работодавач не можат да бидат утврдени помали права на работниците од правата утврдени со закон, со Општиот колективен договор и со овој Колективен договор.

Одредбите од колективниот договор на ниво на ра-ботодавач спротивни на став 2 од овој член се ништов-ни и не можат да произведуваат правно дејство.

Забрана на дискриминација

Член 4

Во случај на дискриминација работникот има право да бара надомест на штета согласно Законот за облига-циони односи.

1. Договор за вработување

Член 5

Со потпишување на договорот за вработување, се заснова работен однос помеѓу работникот и работода-вачот.

Договорот за вработување работникот го склучува лично, а во име на работодавачот договорот го склучу-ва законскиот застапник запишан во регистарот на правниот субјект или претставник овластен од него .

Договорот за вработување покрај содржината од членот 28 од ЗРО мора да содржи и подетални иденти-фикациски податоци за странките односно матичен број на работникот и матичен и регистарски број на ра-ботодавачот.

Член 6

Договорот за вработување и правата од работен од-нос влегуваат во сила на денот утврден за отпочнување со работа во договорот за вработување.

Случаите кога работникот од оправдани прични не може да отпочне со работа на денот определен со дого-ворот за вработување се:

- болест; - смртен случај на член на потесно семејство;

- елементарна непогода (пожар, поплава и сл ); - други случаи предвидени со колективен договор

на ниво на работодавач или договор за вработување.

2. Посебни услови за засновање работен однос

Член 7 Посебните услови можат да се предвидат како ус-

лов за вработување само ако се неопходни за извршу-вање на работите на одредено работно место.

Како посебни услови за вработување можат да се предвидат, особено: посебната стручна подготовка, по-себни знаења и способности за извршување на соодвет-ни работи, работно искуство и други специфични ус-лови утврдени за работното место во актот за система-тизација на работодавачот.

Во договорите за вработување, работодавачот не може да утврди посебни услови кои значат дискрими-нација на кандидатите по која било основа.

За извршување на работите на работните места за кои како посебен услов не се бара стручна подготовка, или друг вид стручна способност, не може како посе-бен услов да се утврдува работното искуство.

3. Измена на договор за вработување

Член 8

Во случај на промена на работното место со работ-никот се склучува нов променет договор за вработува-ње.

Работникот може да работи и на друго работно ме-сто, по негово барање или на барање на работодавачот ако прима иста или поголема плата ако за тоа се спого-дат со работодавачот.

II. ПРАВА И ОБВРСКИ НА СТРАНИТЕ ПРИ СКЛУ-

ЧУВАЊЕНА ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

1. Начин за засновање работен однос

Член 9 Одлука за потребата од засновање работен однос

донесува работодавачот, односно органот што ќе го определи тој.

Работодавачот ја обезбедува потребата од работни-ци на начин утврден со Законот за работни односи.

Работодавачот е должен да ја определи стручната подготовка потребна за извршување на работните зада-чи за работното место со општ акт на работодавачот.

Член 10

Изборот од пријавените кандидати го врши работо-давачот.

Член 11

Пред донесување на одлуката за избор на определе-но работно место, ако тоа е утврдено како посебен ус-лов за засновање работен однос, се врши проверка на способностите за вршење на работите на работното ме-сто, освен за приправниците и работници без квалифи-кации.

Проверката на способноста за вршење на работите на работното место го врши комисија именувана од надлежниот орган на работодавачот. Комисијата е со-

Page 17: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 17 ставена од 3 членови, кои мора да имаат најмалку ист степен на стручна подготовка како и работникот чии работни и стручни способности се проверуваат.

Лицето што ќе добие негативна оценка од комиси-јата, се смета дека не ги исполнува посебните услови и не може да заснова работен однос.

Член 12

Проверката на работната способност за вршење на работите на работното место пред донесување на одлу-ката за засновање работен однос може да се врши пис-мено и практично со:

- тестирање; - разговор; - практична работа.

Член 13 За начинот, времето и местото на проверката на ра-

ботната способност, кандидатот се известува по пис-мен пат, по потреба и преку Центрите за вработување.

За проверување на способноста на кандидатите, ко-мисијата составува записник во кој ги внесува следни-ве податоци:

- називот на работодавачот; - презиме и име на кандидатот; - на кој оглас се пријавени; - кога е извршено проверувањето; - кои практични работи се извршувани; - оценка на кандидатот (задоволува, не задоволува); - состав на комисијата. Комисијата го доставува записникот до надлежниот

орган на работодавачот.

Член 14 Работниот однос се заснова со склучување на дого-

вор за вработување меѓу работникот и работодавачот. Договорот за вработување се склучува во писмена

форма. Со склучување на договорот за вработување рабо-

тодавачот е должен да го пријави работникот во задол-жителното социјално осигурување (пензиско и инва-лидско, здравствено осигурување и осигурување во случај на невработеност) во согласност со посебните прописи.

Примерок од склучениот договор за вработување се доставува до работникот.

Член 15

Кандидатот што не е избран има право на приговор во рок од 8 дена од приемот на известувањето, до орга-нот утврден со колективен договор на ниво на работо-давач.

Член 16

Работодавачот е должен да ги информира работни-ците на определено време за слободните работни места преку објава на огласна табла, за да можат и овие ра-ботници да ја имаат истата можност за добивање на вработување на неопределено време.

III. ОБВРСКИ НА РАБОТНИКОТ

Член 17

Работникот е должен совесно да ја извршува своја-та работа на работното место за коешто склучил дого-вор за вработување, во време и на место, коишто се

определени за извршување на работата, почитувајќи ја организацијата на работата и деловната активност на работодавачот.

Работникот ја изведува работата во обем и на начин според технолошките стандарди на видот на работата на работното место и според упатства и насоки на претпоставениот овластен работник од работодавачот.

Член 18

Работникот има право да одбие да работи ако му се заканува непосредна опасност по животот или здравје-то, поради неспроведување на пропишаните мерки за заштита при работа.

Во случај работникот да одбие да работи согласно со претходниот став должен е писмено да го извести работодавачот и претставникот на работниците за за-штита при работа за причините поради кои одбива да работи.

До колку работодавачот смета дека во работата не постои опасност по животот и здравјето на работникот и дека прекинот на работа е неоснован, должен е пис-мено да го извести работникот и да побара посредува-ње на трудова инспекција.

Член 19

Работникот е должен да врши и друга работа која не е предвидена со договорот за вработување, а е во рамките на неговата стручна подготовка, врз основа на писмен акт од страна на работодавачот се додека траат причините, но не подолго од 1 месец, освен во случаи:

- кога треба да се замени отсутен работник; - кога е зголемен обемот на работата; - ако на работното место на кое работи е намален

обемот на работа; - во услови на елементарни непогоди кои се случи-

ле или непосредно се закануваат; - на неопходно завршување на започнат процес, чие

прекинување, со оглед на природата на технологијата на работата, би предизвикало материјални загуби;

- на спречување на расипување на суровини и мате-ријали, односно отстранување на дефекти на опремата и на средствата за работа;

- на завршување на итни и неодложни дејства; - кога тоа е неопходно за отстранување или спречу-

вање на последиците во случаите на природна или дру-га несреќа;

- во други случаи утврдени со колективен договор на ниво на работодавач.

Работникот во сите случаи кога врши друга работа која не е предвидена со договорот за вработување, има право на еднаква плата каква што примал на своето ра-ботно место, односно, плата која е за него поповолна.

IV. ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧОТ

Член 20

Работодавачот има обврска да му ги обезбеди на ра-ботникот сите услови и претпоставки за навремено и безбедно извршување на работите и работните задачи во рамките на описот и содржината на работа на работ-ното место за кое работникот засновал работен однос:

Page 18: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 18 - Бр. 75 15 јуни 2012

- редовно да му исплатува плата; - надоместоци на плата; - трошоци во врска со работата; - соодветна заштита при работа и посебна заштита

при работа; согласно со закон, со Општиот колективен договор

за приватниот сектор од областа на стопанството на Р. Македонија, колективен договор на ниво на работода-вач и договорот за вработување.

V. ПРИПРАВНИЧКИ СТАЖ И ПРОБНА РАБОТА

Член 21

При склучувањето на договорот за вработување, ра-ботникот и работодавачот може да договорат пробна работа.

Траењето на пробната работа за одредени работни задачи изнесува најмногу 6 месеци утврдени по групи на сложеност во колективниот договор на ниво на ра-ботодавач.

Начинот на спроведувањето и оценувањето на пробната работа го утврдува работодавачот.

Член 22

Приправничкиот стаж се утврдува во различно вре-метраење врз основа на степенот на образованието, до-колку со друг закон не е поинаку решено;

- за работите од IV и V степен стручна наобразба - најмногу 3 месеци;

- за работите од VI степен стручна наобразба - најм-ногу 5 месеци;

- за работите над VI степен стручна наобразба - најмногу 6 месеци.

Приправничкиот стаж се изведува според Програма која ја подготвува работодавачот. Менторот што ја спроведува програмата мора да има најмалку еднаков степен на стручно образование како и приправникот и 3 години работно искуство.

Во договорот за вработување, на приправникот му се утврдува начинот на извршувањето на приправнич-киот стаж.

Приправничкиот стаж може врз основа на предлог на менторот да се намали, но не помалку од половина-та од првобитно утврденото траење на приправничкиот стаж.

Приправничкиот испит содржи оценување на знае-њето на струката и на работното подрачје за кое се ос-пособува приправникот. Комисијата за приправнички-от испит е составена најмалку од 3 члена кои имааат најмалку еднаков степен на стручно образование како и приправникот и 3 години работно искуство. Менто-рот учествува во работата на Комисијата, но не е неј-зин член.

Приправникот го полага приправничкиот испит нај-доцна до истекот на приправничкиот стаж. Доколку не го положи приправничкиот испит има право повторно да полага во рок кој не смее да биде помал од 15, а не поголем од 45 дена. Доколку и по втор пат не го поло-жи приправничкиот испит му престанува работниот однос на денот кога не го положил испитот.

VI. ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУ-ВАЊЕ СО ОТКАЗ ОД СТРАНА НА РАБОТНИКОТ И

РАБОТОДАВАЧОТ

Член 23 Работниот однос престанува со откажување на до-

говорот за вработување на иницијатива на една од до-говорените страни, поради губење на работната спо-собност на работникот утврдено од надлежен орган согласно со законот, поради возраст на работникот, по-ради истекот на договорениот рок до колку договорот за вработување е склучен на определено време, поради смрт на работникот или работодавачот (физичко лице), односно престанок на правниот субјективитет на рабо-тодавачот (правно лице) поради стечај или по друга ос-нова, со писмена спогодба меѓу странките, со судска пресуда и во други случаи утврдени со закон.

Откажувањето на договорот за вработување задол-жително се изразува во писмена форма.

Откажувањето на договорот за вработување на ини-цијатива на едната од договорените странки согласно со став 1 може да биде условено со отказен рок соглас-но со Законот за работни односи.

1. Откажување на договорот за вработување

со отказ од страна на работодавачот

Член 24 Работодавачот не може да го откаже договорот за

вработување со отказ, доколку за откажувањето нема оправдани причини сврзани со способноста или со од-несувањето на работникот (лична причина или причи-на на вина на страна на работникот) или за потребите на функционирање на работодавачот (деловни причи-ни).

Работодавачот не може да го откаже договорот за вработување со отказ, поради причини сврзани за одне-сувањето на работникот или за неговата работа пред да му се овозможи да се брани по изнесените наводи, освен во случаи кога од работодавачот оправдано не може да се очекува да му даде таква можност (тешка повреда на работните обврски со која се доведува во прашање функционирањето на работодавачот).

Член 25

Работодавачот може да му го откаже договорот за вработување со отказ на работникот, поради кршење на работната дисциплина или поради неисполнување на обврските од работата или причини на вина (лична причина од страна на работникот) доколку кршењето на работната дисциплина или неисполнувањето на об-врските од работа е утврдена со посебна постапка (сос-лушување на прекршителот, на сведоци и изведување на докази).

Член 26

Работодавачот може да го откаже договорот за вра-ботување со отказ ако работодавачот не е задоволен од извршувањето на работните обврски на работникот.

Врз основа на извештајот од непосредниот раково-дител, ако работодавачот не е задоволен од извршува-њето на работните обврски на работникот, истиот е

Page 19: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 19 должен да му даде писмено упатство и насоки за пра-вилно извршување на работните обврски и да го преду-преди дека не е задоволен од начинот на нивното извр-шување.

По добивање извештај од непосредниот раководи-тел дека работникот во утврдениот рок од 30 дена не го подобри своето работење, одлука од став 1 на овој член донесува органот на управување на работодавачот.

Член 27

Работодавачот може да го откаже договорот за вра-ботување со отказ ако е работникот неспособен да ги извршува работните задачи утврдени со закон, со овој Колективен договор, со колективен договор на ниво на работодавач и со договорот за вработување.

Утврдувањето дека е работникот неспособен да ги извршува работните задачи го врши комисија форми-рана од органот на управување на работодавачот.

Комисијата брои три члена, а членовите треба да имаат најмалку ист степен на стручна подготовка што се бара за работното место.

Комисијата треба да прибави потребни податоци за условите, околностите и за причините за неспособно-ста на работникот да ги извршува работните задачи на работното место.

Член 28

На работникот му се доставува писмено известува-ње дека е отпочната постапка за утврдување на негови-те знаења и способности за извршување на работите од работното место на кое е распореден.

За почетокот на постапката писмено се известува Синдикатот.

Работникот и Синдикатот имаат право на увид во документацијата врз основа на која е започната постап-ката.

Член 29

Постапката за утврдување на неспособност на ра-ботникот да ги извршува работните задачи ја спроведу-ва комисија врз основа на документацијата за најмалку едномесечно следење на работата на работникот.

Во време на следење се смета само физичкото при-суство на работникот на работа.

Член 30

На работникот, кај кого е утврдена неспособноста за извршување на работните задачи, може да му биде понуден нов договор за вработување кој одговара на неговите знаења и способности, доколку има друго ра-ботно место.

Ако работникот не го прифати новиот договор за вработување или ако нема друго работно место, може да му престане работниот однос.

Член 31

Работодавачот може да го откаже договорот за вра-ботување со отказ заради кршење на работната дисцип-лина и работниот ред од страна на рабтникот ако се утврди постоењето на оправдана причина сврзана за неговото однесување или ако е причината заснована на потребите на функционирањето на работодавачот.

Работниот ред и дисциплина ги утврдува органот на управување на работодавачот.

Член 32 Работодавачот може да го откаже договорот за вра-

ботување со отказ поради кршење на работната дис-циплина или неисполнување на обврските од страна на работникот утврдени со закон, со колективен договор, со акт на работодавачот и со договорот за вработување и ако:

- не ги почитува работниот ред и дисциплина спо-ред правилата пропишани од страна на работодавачот;

- не ги извршува или несовесно и ненавремено ги извршува работните обврски;

- не се придржува кон прописите што важат за вр-шење на работите на работното место;

- не се придржува на распоредот и користењето на работното време;

- не побара отсуство или навремено писмено не го извести работодавачот за отсуството од работа;

- поради болест или оправдани причини отсуствува од работа, а за тоа во рок од 48 часа на писмено не го извести работодавачот;

- со средствата за работа не се постапува совесно или согласно со техничките упатства за работа;

- настане штета, грешка во работењето или загуба, а за тоа веднаш не го извести работодавачот;

- не ги почитува прописите за заштита при работа или употребува прописно или не ги одржува средства-та и опремата за заштита при работа;

- предизвикува неред и насилнички се однесува за време на работата;

- незаконско или неовластено ги користи средства-та на работодавачот.

Со колективен договор на ниво на работодавач мо-жат да се утврдат и други случаи на кршење на работ-ниот ред и дисциплина.

Член 33

Работодавачот може да го откаже договорот за вра-ботување без отказен рок во случаите на кршење на ра-ботниот ред и дисциплина или неисполнување на ра-ботните обврски од страна на работникот утврдени со закон, со овој Колективен договор, со колективен до-говор на ниво на работодавач и со договор за вработу-вање и тоа ако:

- неоправдано изостане од работа 3 последователни работни дена или 5 работни дена со прекин во текот на една година;

- го злоупотреби боледувањето; - не се придржува кон прописите за здравствена за-

штита, заштита при работа, пожар, експлозија, штетно дејствување на отровни и за други опасни материи и ги повредува прописите за заштита на животната средина;

- внесува, употребува или е под дејство на алкохол и наркотични средства;

- стори кражба или во врска со работата намерно или од крајно невнимание ќе предизвика штета на ра-ботодавачот;

- го злоупотреби или пречекори даденото овласту-вање;

- одаде деловна, службена или државна тајна. Со колективен договор на ниво на работодавач мо-

жат да се утврдат и други случаи на кршење на работ-ниот ред и дисциплина и на работните обврски за кои работодавачот го откажува договорот за вработување без отказен рок.

Page 20: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 20 - Бр. 75 15 јуни 2012

Член 34 По исклучок од членот 33 до донесување на одлука

за откажување на договорот за вработување со отказ органот на управување на работодавачот или лице ов-ластено од него со писмен налог може да го отстрани работникот од друштвото ако:

- работникот со своето присуство во друштвото го загрозува животот или здравјето на работниците или други лица или се оштетуваат средствата од поголема вредност;

- присуството на работникот кај работодавачот штет-но ќе се одразува врз работењето кај работодавачот;

- присуството на работникот оневозможува утврду-вање на одговорноста за повреда на работните обврски и

- кога против работникот е покрената кривична по-стапка од надлежен орган за кривично дело сторено на работа или во врска со работата.

Член 35

Приговор против одлуката за откажување на дого-ворот за вработување, односно против отстранувањето од кај работодавачот во смисла на членовите 32 и 33 не ја задржува од извршување одлуката за отказ, односно писмениот налог.

Член 36

Работникот писмено се известува дека се исполнети условите за откажување на договорот за вработување со отказ заради кршење на работната дисциплина и ра-ботниот ред.

Известувањето од став 1 на овој член се доставува и до Агро Синдикатот - Синдикалната организација кај работодавачот.

Во текот на утврдувањето на условите за откажува-ње на договорот за вработување со отказ заради крше-ње на работната дисциплина и работниот ред, задолжи-телно се разгледува и мислењето на синдикатот ако е доставено.

Во известувањето од став 1 на овој член се наведу-ва повредата, опис на дејствата, како и времето и ме-стото кога е направена истата.

Член 37

Работодавачот може да донесе одлука за откажува-ње на договорот за вработување на работник поради повреда на работна дисциплина во рок од три месеци од денот на сознанието за повредата.

Работодавачот може да донесе одлука за откажува-ње на договорот за вработување на работник поради неисполнување на обврските од работното место во рок од 3 месеца од денот на сознанието за неисполну-вањето.

Член 38

Ако работодавачот или лицето што го овластува тој одлучат да го сослушаат работникот,, утврдуваат дали се исполнети условите за откажување на догово-рот за вработување со отказ заради кршење на работна-та дисциплина и работниот ред.

Работодавачот, односно овластениот работник му дава можност на работникот да се изјасни по изнесени-те наводи и да приложи нови докази корисни за него, односно му овозможува да се брани за изнесените на-води на обвинението.

Ако работникот на кој му е уредно доставена пока-на, не се јави, одредбата од став 1 на овој член не се применува.

Ако е тоа неопходно, работодавачот или лицето што го овластил можат да овластат работник кој ќе спроведе увид заради утврдување на околностите и фа-ктите во врска со постапката во која се утврдува дека се исполнети условите за откажување на договорот за вработување со отказ заради кршење на работната дис-циплина и работниот ред.

Член 39

Ако работодавачот, односно лицето што го овла-стил тој утврди дека не се исполнети условите за отка-жување на договорот за вработување со отказ заради кршење на работната дисциплина и работниот ред или дека постојат околности што ја исклучуваат неговата одговорност или дека нема докази за кршење на работ-ната дисциплина и работниот ред, го известува работ-никот дека ја запрел постапката.

Член 40

Работодавачот, односно лицето што го овластил тој утврдува дали се исполнети условите за откажува-ње на договорот за вработување со отказ заради крше-ње на работната дисциплина и работниот ред и ако утврди дека се исполнети условите за откажување на договорот за вработување со отказ заради кршење на работната дисциплина и работниот ред, во отсуство на работникот, донесува одлука за откажување на догово-рот за вработување со отказ.

Во одлуката за отказ работодавачот е обврзан да ги утврди легалните причини за престанок на работниот однос на работникот.

Во одлуката за отказ се наведува повредата, опис на дејствата, како и времето и местото кога е направена истата.

Член 41

Одлуката за откажување на договорот за вработување со отказ заради кршење на работната дисциплина и работ-ниот ред на работникот му се врачува во писмена форма, со увод, диспозитив, образложение во кое се наведуваат причините за откажување на договорот за вработување на работникот и правна поука на приговор.

Одлуката ја потпишува работодавачот. Одлуката му се доставува на работникот непосред-

но со потпис или преку доставница со повратница. Ако работникот го одбие приемот, одлуката се

истакнува на огласна табла кај работодавачот во при-суство на два работника и со тоа се смета дека е извр-шена уредна достава, по истекот на 8 дена.

Работникот има право на приговор во рок од 8 дена од денот на приемот на одлуката.

Член 42

За време на отказниот рок работодавачот на работ-никот ќе му овозможи отсуство од работа поради бара-ње ново вработување 4 часа во текот на работната не-дела, со тоа што времето на користење го одредува ра-ботникот.

За време на отказниот рок работникот има права и обврски од работен однос.

Page 21: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 21

Член 43 Работодавачот ја потврдува наведената одлука ако е

донесена во согласност со законот. Органот на управување на работодавачот ја преина-

чува нападнатата одлука ако фактите не се правилно утврдени, ако погрешно е применет законот, Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството на Р. Македонија, овој Колективен дого-вор и колективен договор на ниво на работодавач.

Член 44

Во постапката пред органот за одлучување односно по приговорот, работникот може да го застапува син-дикалниот претставник кај работодавачот или овластен застапник од Агро- Синдикатот.

Товарот на докажување дека постои оправдана при-чина за престанок на работниот однос на работникот со откажување на договорот за вработување го сноси ра-ботодавачот.

Член 45

По приговорот надлежниот орган за одлучување може одлуката за отказ да ја поништи, да ја потврди или да ја преиначи.

Доколку оцени надлежниот орган дека одлуката за откажувањето на договорот за вработување е неоправ-дана и ја поништи или преиначи одлуката, обврзан е да наложи враќање на работникот на работа и да утврди надомест на штета во висина на штетата што ја претр-пел работникот.

Одлуката на надлежниот орган за одлучување во втор степен е конечна.

По врачувањето на конечната одлука или кога не е донесена одлука во законски предвидениот рок од ра-ботадавачот, работникот има право согласно со Зако-нот за работни односи да покрене постапка пред над-лежниот суд.

2. Откажување на договорот за вработување

oд страна на работникот

Член 46 Работникот може да го откаже договорот за врабо-

тување во секое време од причини наведени во членот 100 став 1 од ЗРО и има право на испратнина и обе-штетување во висина од 1 плата за секои 3 години ра-ботен стаж, но максимум до 6 плати.

Изјавата за откажување на договорот за вработува-ње согласно со претходниот став се поднесува до за-конскиот застапник на работодавачот во писмена фор-ма, со точно наведена причина согласно со членот 100 од ЗРО.

Во случај на откажување на договорот од страна на работникот од други причини работникот е должен да се придржува до отказните рокови утврдени со закон, со колективен договор на ниво на работодавач и со до-говорот за вработување.

3. Откажување на договорот за вработување од деловни причини

Член 47

Како деловни причини се сметаат случаите кога ра-ботодавачот има намера да воведе поголеми промени во производството, програмата, реорганизацијата, структурата и технологијата, а кои ќе предизвикаат по-треба од намалување на бројот на работниците.

Во случаите кога ќе настанат предвидените промени од став 1 на овој член,на работникот може да му преста-не работниот однос на начин и постапка предвидени со Законот за работни односи, со овој Колективен договор и со колективен договор на ниво на работодавач.

Член 48

Работодавачот за намерата, а најдоцна 30 дена пред донесувањето на одлуката за откажување на договорот за вработување од деловни причини ја известува син-дикалната организација на Агро Синдикатот кај рабо-тодавачот и се консултира и советува, а за намерата треба да даде свое мислење во рок од 30 дена.

За постапката за утврдувањето на потребата од пре-станок од работа на повеќе од 150 работници или пове-ќе од 5% од вкупниот број на работници кај работода-вачот се изготвува и применува програмата донесена од надлежен орган на работодавачот по претходно до-биено мислење од синдикалната организација на Агро Синдикатот кај работодавачот која е должна да достави мислење во рок од 30 дена.

Доколку не се произнесе синдикатот во предвиде-ниот рок, се смета дека ја прифатил програмата.

Програмата ги содржи следниве елементи: 1. Општи податоци за друштвото; 2. Промени што се воведуваат и причините за нив-

ното воведување: - укинување на работно место, - намалување на број на извршители на работно ме-

сто; 3. Број на вработени по работно место и/или работ-

ни места, квалификациона структура на работното ме-сто за чија работа престанала потребата или се намалу-ва бројот на извршители по работно место;

4. Начин на решавање на правата на работниците за чија работа престанала потребата;

5. Финансиски и други средства што треба да се обезбедат за спроведување на програмата;

6. Рокови и носители на активностите за спроведу-вање на програмата.

Член 49

Бројот и структурата на работниците на кои им се откажува договорот за вработување кај работодавачот, поради економски, технолошки, организациски, стру-ктурни или слични причини (деловни причини), се утврдува врз основа на следните основни критериуми:

- стручна подготовка и квалификација; - вкупен работен стаж; - работно искуство; - возраст; - видот и значењето на работното место; - резултати од работата.

Page 22: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 22 - Бр. 75 15 јуни 2012

Член 50 Критериумите од членот 49 од овој Колективен до-

говор се вреднуваат според следниве мерила: 1. Стручна подготовка и квалификација: VII-1 степен 50 бода VII степен 40 бода VI степен 30 бода V степен 25 бода IV степен 20 бода III степен 15 бода II степен 10 бода I степен 5 бода. 2. Работен стаж - над 31 година 5 бода - од 21 до 30 години 4 бода - од 11 до 20 години 3 бода - од 6 до 10 години 2 бода - до 5 години 1 бод. 3. Работно искуство - над 31 година 5 бода - од 21 до 30 години 4 бода - од 11 до 20 години 3 бода - од 6 до 10 години 2 бода - до 5 години 1 бод 4. Возраст Врз основа на возраста, работниците добиваат по 1

бод за секоја година старост. 5. Видот и значењето на работното место Врз основа на видот и значењето на работното ме-

сто, работниците ги добиваат следните бодови: - за IX и VIII група 5 бода - за VII и VI група 4 бода - за V и IV група 3 бода - за III група 2 бода - за II и I група 1 бод. 6. Резултати од работата Резултатите од работата се одредуваат врз основа

на квалитетно и навремено извршување на работите, рационално и економично користење на средствата за работа и работното време, самоиницијативно извршу-вање на работните задачи и вршење на дополнителни работни задачи без посебно барање од работодавачот, вршење на дополнителни работни задачи кога се бара тоа од него, иновации, технички унапредувања и други видови творештво со кои се придонесува во заштедата и зголемувањето на добивката.

Резултатите од работа се оценуваат според следни-те бодови:

Степен Опис Бодови 6 Иновации, технички унапредувања

и други видови творештво со кои се придонесува во заштедата и зголемувањето на добивката

5

5 Работникот ги врши задачите во согласност со барањата на ра-ботното место, самоиницијатив-но исто така работи дополнител-ни задачи, без посебно барање од работодавачот.

4

4 Работникот ги врши задачите во согласност со барањата на работ-ното место и врши дополнителни налози, кога се бара тоа од него.

3

3 Работникот работи задачи во согласност со барањата на работ-ното место.

2

2 Работникот не ги работи само-стојно налозите во согласност со барањата на работното место: потребно е да се врши надзор за да ги изврши налозите.

1

1 Работникот не ги врши налозите во согласност со барањето на ра-ботното место.

0

Оценката за критериумот резултати од работа ја да-

ва непосредниот претпоставен на работникот. Со колективен договор на ниво на работодавач мо-

же да се додадат и други критериуми. Критериумите утврдени на ниво на работодавач се вреднуваат според мерила утврдени со колективен договор на ниво на ра-ботодавач.

Член 51

Доколку според членот 50 од овој Колективен дого-вор, работниците имаат ист вкупен број бодови, пред-ност да го задржат работното место го имаат работни-ците според следниот редослед:

1. Доколку повеќе работници се распределени на работни задачи за кои согласно со систематизацијата на работните места се предвидени два степена на стручна подготовка, предност да го задржат работното место имаат оние работници кои имаат повисок степен на стручна подготовка од определен вид знаење;

2. Доколку има поголем број работници на исти ра-ботни задачи кои имаат ист степен на образование, предност да го задржат работното место имаат оние ра-ботници што имаат подолго работно искуство на исти-те работни задачи кај работодавачот;

3. Доколку има поголем број работници на исти за-дачи, кои имаат ист степен на образование и исто ра-ботно искуство, предност да го задржат работното ме-сто имаат оние работници кои, според оценката на не-посредниот раководител, имаат резултати во извршува-њето на работните задачи.

4. Доколку има поголем број работници на исти ра-ботни задачи со ист степен на образование, исто работ-но искуство и исти резултати во извршувањето на ра-ботните задачи, предност да го задржи работното ме-сто има:

- работник кој е до 5 години пред одење во пензија; - работничка за време на бременост или со дете до 2

години; - самохран родител, односно усвоител на дете до 7

години; - работник со хендикепирано дете; - работник со професионално заболување; - работник со намалена и изменета работна способ-

ност; - еден од брачните другари кои се вработени кај ра-

ботодавачот; - работник кој претрпел повреда на работа и - работник кој е со полоша економско-социјална по-

ложба.

Page 23: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 23

По утврдувањето на бодирањето односно критериу-мите од претходниот став, надлежниот орган јавно ги истакнува на огласна табла бодовните листи.

Работниците кои сметаат дека се бодирани несоод-ветно имаат право на приговор против листата на боди-рање.

За одлучување по приговорот и натамошната по-стапка за заштита на правата пред органите на работо-давачот соодветно се применуваат одредбите од пред-ходното поглавје.

Член 52

Во случај на откажување на договорот за вработу-вање од деловни причини, основицата за пресметка на испратнината е просечната плата на работникот во последните шест месеци пред отказот, но истата да не биде помала од платата врз основа на која се исплаќаат придонесите за социјално и здравствено осигурување.

Во случај на откажување на договорот за вработу-вање од деловни причини, работодавачот на работни-кот му исплатува испратнина согласно со членот 97 став 1 од ЗРО.

Работодавачот може да исплати испратнина и над предвидената во Законот за работни односи.

Член 53

Програмата за решавање на вишокот работници мо-ра да биде финансиски поткрепена.

Член 54

Одлуката за откажување на договорот за вработува-ње поради деловни причини се доставува поединечно до секој работник .

Член 55

Пренесувањето на трговско друштво или делови на трговско друштво, само по себе не дава основ за отпу-штање на работници, освен отпуштањето од економ-ски, технолошки или организациони причини, коишто налагаат кадровски промени, а отпуштањето ќе се вр-ши согласно условите и критериумите утврдени во ко-лективниот договор за вработените во тутунското сто-панство.

Член 56

Во случај на повторно отпочнување со работа на правното лице по спроведена стечајна постапка се вра-ботуваат невработените работници кои претходно ра-ботеле кај тој работодавач.

VII. ПЛАТА И НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА

1. Плата

Член 57

Работникот има право на плата. Платата на работникот за работа со полно работно

време не може да биде пониска од најниската плата утврдена со овој колективен договор.

Платата е составена од: - основна плата; - дел од плата за работна успешност и - додатоци.

а) Основна плата

Член 58 Основната платата на работникот и степенот на сло-

женост со коефициентот за полно работно време, норма-лен учинок и нормални услови за работа се утврдува со договорот за вработување, и не може да биде пониска од најниската плата утврдена за одделни степени за сложе-ност согласно со овој колективен договор. - Под нормален учинок се подразбираат однапред утвр-дени работни резултати врз основа на општо прифате-ни норми и нормативи особено обемот и квалитетот на работата, економичност и ефикасност во користењето на средствата.

- За нормални услови на работа се сметаат условите во кои претежно се извршува работата, без посебни физички и психички напрегања, влијанија на средината, опасност од повреди и други оптоварувања, потешки од нормални-те. Овие услови се составен дел на конкретното работно место и се вклучени во најниската плата.

Член 59

При утврдување на најниска плата се поаѓа особено од: трошоците на живот, економските можности, општото ниво на платите на гранка, односно оддел, нивото на про-дуктивноста, економичноста, рентабилноста, социјалните давања и други економски и социјални фактори и се утвр-дува во износ од 10.300,00 денари, за 100% остварена нор-ма од утврдената во гранката или полно работно време од просечното годишно 174 часа месечно.

Пресметувањето на најниската плата, утврдена во став 1 на овој член, ќе започне да се применува со исп-латата на платата за месец септември, 2012 година, а за наредните години за утврдување на најниска плата ќе се преговара од месец септември во тековната година за наредната година.

Работодавачите од тутунската индустрија кои има-ат повисока најниска плата од утврдената најниска пла-та во овој Колективен договор ја задржуваат таа најни-ска плата (не можат да ја намалат) и истата задолжи-телно се вградува во Колективните договори на ниво на работодавач.

Најниската плата ја утврдуваат и објавуваат со спо-годба потписниците на колективниот договор најмалку еднаш годишно, но не подоцна од 31.12. тековната го-дина за наредната година, при што во истата задолжи-телно се вградуваат-пресметуваат зголемените трошо-ци за живот за претходната година, објавени во држав-ниот завод за статистика.

Член 60

Основната плата се определува на тој начин што најниската плата од став 2 на претходниот член 59 на овој колективен договор се зголемува за степенот на сложеност на работното место.

Член 61

Поединечните работи, односно занимања се класи-фицираат по групи на сложеност за тутунска индустри-ја, согласно Одлуката за утврдување на националната класификација на дејности („Сл. весник на РМ“ бр. 37/11 од 24.3.2011).

Работите, односно работните места се групираат во групи на сложеност, како што следува:

Page 24: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 24 - Бр. 75 15 јуни 2012

Група

Степен на сложеност I група: Во оваа група спаѓаат едноставни рутински работи

кои не бараат посебно образование, односно квалифи-кација, како што се на пример:

- општ работник. Коефициентот на сложеност на работите е од 1,00

до 1,19. II група: Во оваа група спаѓаат помалку сложени работи и

работни задачи, односно работа со помош на едностав-ни средства за работа за кои се доволни писмени упат-ства, односно интерна полуквалификација за извршу-вање на наведените работи како што се на пример:

- чистач во погон, канцеларија и кујна, копирант, портир и други.

Коефициентот на сложеност на работата е од 1,20 до 1,29.

III група: Во оваа група спаѓаат средно сложени работи и за-

дачи на кои работата се повторува, со повремена појава на нови работни задачи. Извршувањето на овие работ-ни задачи бара образование на ниво на квалификуван работник, како што се на пример:

- келнер, дактилограф, столар, ѕидар и други. Коефициентот на сложеност на работата е 1,30 до

1,49. IV група: Во оваа група спаѓаат посложени и поразновидни

работи и работни задачи за чие извршување се неоп-ходни консултации. Извршувањето на овие работи и работни задачи претпоставува образование на средна стручна подготовка како што се на пример:

- оперативно-технолошки работи, работни задачи на технолошкиот процес на работа и други.

Коефициентот на сложеност на работите е од 1,50 до 1,69.

V група: Во оваа група спаѓаат посложени работи и работни

задачи кои бараат повисок степен на самостојност во извршувањето на работите и работните задачи, како што се на пример:

- мајстор во производство, обработка и преработка на тутун и други.

Коефициентот на сложеност на работите е од 1,70 до 1,89.

VI група: Оваа група подразбира и работни задачи во непо-

средното производство, работи на организирање, воде-ње на подготовка на процесот на трудот, посебни зада-чи во областа на услугите, административни и деловни функции, за што е потребно виша стручна подготовка, како што се на пример:

- оперативен технолог за производство на суров ту-тун, оперативен технолог во обработка и преработка на суров тутун, организатор за заштитата на суров тутун и нега и други.

Коефициентот на сложеност на работите е од 1,90 до 2,29.

VII група: Во оваа група спаѓаат мошне сложени работи и ра-

ботни задачи што бараат иницијативност и креативност на работникот во стручно работење на подготовки, анализи и организација на работниот процес, за што е потребно заокружено теоретско и практично знаење, за чие извршување е неопходно образование на ниво на висока стручна подготовка, како што се на пример:

- технолог во производство и обработка на суров тутун, технолог за обработка, нега и заштита на суров тутун и други.

Коефициентот на сложеност на работите е 2,30 до 2,69.

VIII група: Во оваа група спаѓаат мошне сложени работи и ра-

ботни задачи за што е неопходно специјалистичко зна-ење заради извршување на високи стручни и сложени работи, вклучувајќи и работи во научно-истражувачки проекти. За работници од оваа група потребно е обра-зование на ниво на висока стручна подготовка и завр-шена специјалистичка програма на образование или магистратура, како што се на пример:

- специјалисти за производство, технологија, одр-жување, економски истражувања, маркетинг, коорди-натори и друго.

Коефициентот на сложеност на работите е најмалку 2,70.

IX група: Оваа група подразбира најсложени работи и работ-

ни задачи со најголемо знаење за водење на процесот на производство, за чие извршување се неопходни одредени високи специјализации, докторат на науки, како што се на пример:

- креативни работи во производство, развојот на но-ви технологии, аналитички истражувања, научно-истражувачки работи, координација и друго.

Коефициентот на сложеност на работите е најмалку 3,00.

Со колективен договор на ниво на работодавач се доутврдуваат работните места од групите од I до IX.

Член 62

Со колективен договор на ниво на работодавач мо-жат да се утврдат и други групи на повисоки степени на сложеност за одредени работни места.

Член 63

Основната плата се пресметува и исплатува како месечна плата најдоцна 15 дена по изминување на исп-латниот период.

Со колективен договор на ниво на работодавач, ра-ботодавачот и синдикатот можат да утврдат и неделна плата која се пресметува и исплатува со истекот на ра-ботната недела.

Член 64

Работодавачот кај кого настанале потешкотии во работењето врз основа на изготвена програма со која се обезбедува надминување на настанатите проблеми, а со согласност од Синдикалната организација на Агро Синдикатот кај работодавачот може да утврди отста-пување од најниската плата утврдена со членот 59 од

Page 25: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 25 овој Колективен договор, со тоа што намалувањето на најниската плата не може да изнесува повеќе од 20% и не може да трае подолго од 6 месеци.

Работодавачот е должен на работниците да им извр-ши исплата на разликата меѓу најниската плата за од-делни степени на сложеност и помалку исплатената плата во рок од 1 година од настанувањето на причини-те во смисла на став 1 на овој член.

б) Дел за работна успешност

Член 65 Критериуми и мерила за утврдување на работната

успешност се: обем, квалитет, креативност и инвен-тивност, остварена продуктивност, економичност, за-штеди во процесот на работење, ефикасност и користе-ње на средствата за работа и работното време и други критериуми утврдени во колективниот договор на ниво на работодавач и друг акт на работодавачот.

Работната успешност се мери, односно проценува за поединци или групи на работници според однапред утврдени критериуми и мерила.

Резултатите од работењето на работникот согласно со претходниот став ги утврдува, односно оценува ра-ботникот кој го води и организира процесот на работа.

Доколку работникот не ги достигнува работните ре-зултати од причини што не зависат од работникот, има право на 100% од основната плата за одделната група на која е распореден работникот.

Член 66

Во случај кога повеќе од 30% од работниците не ги исполнуваат утврдените норми и нормативи, синдикатот може да покрене иницијатива за нивно преиспитување.

Член 67

Дел од платата врз основа на работна успешност се пресметува и исплатува заедно со основната плата или во друг термин кој е поповолен за работодавачот.

г) Дел за деловна успешност

Член 68 На работникот може да му се исплати и дел врз ос-

нова на деловна успешност на работодавачот. д) Додатоци на плата

Член 69 Основната плата за одделни степени на сложеност

на работникот се зголемува кога работникот работи во услови потешки од нормалните за определено работно место, а особено:

- работни задачи во чие извршување работникот по-стојано е изложен на неповолните влијанија на околи-ната (чад, саѓе, топол пепел, прашина, влага, високи, односно ниски температури, врева, блескава вештачка светлина, работа во темни простории или во простории со несоодветно обоено светло);

- при работни задачи во кои согласно со прописите работникот постојано употребува заштитни средства како што се: заштитни чевли, гас маски, маски против прав, уреди за доведување свеж воздух или други за-штитни средства;

- работи при кои работникот е изложен на посебни опасности (пожар, вода, експлозија).

Со колективен договор на ниво на работодавач, се утврдуваат потешките услови за работа од нормалните за одделни работни места и износот на зголемувањето врз таа основа не зависи од висината на платата на работни-кот, туку се утврдува во единствен износ за сите работни-ци што работат во тие потешки услови на работа.

Член 70

Основната плата на работникот се зголемува по час најмалку за:

- за прекувремена работа ......................................35% - за работа ноќе.......................................................35% - за работа во три смени.........................................5% - за работа во недела..............................................50% За работа во денови на празници и неработни дено-

ви утврдени со закон, работникот има право на надо-мест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа зголе-мена за 50%.

Додатоците не се исклучуваат меѓусебно. Правото на зголемен надоместок врз основа на ра-

бота во три смени работникот го остварува само за ефективно проведено работно време во смени.

Со колективен договор на ниво на работодавачот основната плата на работникот врз основа на став 1 на овој член може да се зголеми.

Член 71

Основната плата на работникот се зголемува за нај-малку 0,5% за секоја година работен стаж.

Член 72

Платата на членовите на органите на управување и работниците со посебни овластувања и одговорности утврдени со Статутот или друг акт на работодавачот, ја определува органот што ги избрал, во согласност со актот на работодавачот.

Член 73

Инвалид на трудот има право на работа со скратено работно време, односно вработување на друга соодвет-на работа, преквалификација или доквалификација, ка-ко и право на соодветен паричен надоместок во врска со користењето на тие права, во согласност со пропи-сите за пензиско-инвалидско осигурување, со овој Ко-лективен договор односно на ниво на работодавач.

Член 74

Најниската плата на работник кој е 5 години пред исполнување на условите за пензија, а е распореден на помалку вреднувано работно место, не може да биде помала од платата што ја примал пред распоредување-то, валоризирана за тековниот пораст на платите кај ра-ботодавачот.

2. Надоместоци на плата

Член 75

Работодавачот на работникот му исплатува надо-мест на плата за:

- боледување (за време на привремена неспособ-ност од работа);

- годишен одмор;

Page 26: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 26 - Бр. 75 15 јуни 2012

- платен вонреден одмор; - за време на прекин на работниот процес од причи-

ни од страна на работодавачот; - празници и неработни денови утврдени со закон

или друг пропис; - слободни денови од работа; - дообразование, стручно оспособување и преквали-

фикација, односно доквалификација согласно со потре-бите на работодавачот;

- синдикално образование; - за време на отказен рок и - други случаи утврдени со колективен договор на

ниво на работодавач. Во случаите од претходниот став на работникот му

припаѓа надоместок на плата во висина од неговата просечна плата од последните 12 месеци доколку со за-кон поинаку не е определено.

Доколку работникот не примал плата во тој период, му припаѓа надомест во висина на најниската плата на ниво на работодавач.

Член 76

Работникот има право на надомест на плата врз ос-нова на придонесот од иновации, рационализации и други видови творештва, за потребите на работодава-чот, кој се утврдува со договор склучен меѓу работни-кот и работодавачот.

Работодавачот и синдикатот можат да утврдат кри-териуми за утврдување на висината на надоместокот врз оваа основа со колективниот договор на ниво на ра-ботодавач.

Член 77

За време на приправничкиот стаж и пробна работа на работникот му припаѓа плата најмалку 80% од пла-тата за одделен степен на сложеност предвидена за ра-ботното место за кое се оспособува.

Член 78

Работниците што се упатуваат на привремен вонре-ден одмор имаат право на надомест на плата во висина од најмалку 80% што ја оствариле во претходниот ме-сец пред да бидат упатени на ПВО.

Надоместокот од став 1 на овој член се валоризира со просечниот пораст на платите кај работодавачот.

Работниците од став 1 на овој член додека се наоѓа-ат на ПВО немаат право на регрес за исхрана и трошо-ци за превоз.

Член 79

За време на времена неспособност за работа поради болест до 7 дена работникот има право на надоместок на плата во висина од 70%, до 15 дена почнувајќи од првиот ден на боледување од 80% и над 15 дена за сите денови од 90% од основицата утврдена со закон.

За време на времена неспособност за работа поради повреда на работа и професионално заболување работ-никот има право на надоместок на плата во висина на неговата плата исплатена во претходниот месец.

Член 80

Надоместокот на плата на работникот за време на прекин на работниот процес од деловни причини изне-сува 70% од неговата плата за период до 3 месеци во тековната година.

Член 81 За време на штрајк кој е организиран заради повре-

дени права на работниците уредени со закон, колекти-вен договор и со договорот за вработување: неисплате-на плата, неплатени придонеси и надоместоци, непот-пишување на колективен договор и необезбедени усло-ви за работа, работодавачот на работникот му исплату-ва надоместок на плата во висина од 100% од основна-та плата на работникот, за време од 5 работни дена за остварени права, а над 5 работни дена 60% од основна-та плата на работникот.

Член 82

- Работникот добива надоместок на плати и тоа: - за деновите поминати на годишен одмор; - за деновите на празниците согласно со законот,

или определени како неработни денови од страна на надлежен државен орган;

- за деновите на платено отсуство согласно со овој колективен договор;

- за време на стручно оспособување и преквалифи-кација односно доквалилификација согласно со потре-бите на работодавачот;

- за време на извршување на синдикални активно-сти, избраните членови во органите на синдикатот на повисоко ниво, претседателот на синдикалната органи-зација и членовите на синдикалниот одбор.

Основицата за пресметката претставува остварена-та плата на работникот во тековниот месец.

3. Надоместување на трошоците поврзани

со работата

Член 83 Работникот има право и на надомест на трошоците

поврзани со работа утврдени со закон и колективен до-говор и тоа:

- дневници за службени патувања во земјата; - дневници за службени патувања во странство; - теренски додаток; - надомест за одвоен живот; - надомест на трошоците за користење на сопствен

автомобил за потреби на работодавачот; - надомест на трошоците при селидба за потребите

на работодавачот. Покрај надоместоците од став 1 на овој член сог-

ласно со колективен договор, на работникот му се исп-латува надоместок и за:

- регрес при користење на годишниот одмор; - новогодишен надоместок; - јубилејни награди за работа кај ист работодавач; - заминување во пензија; - непрекинато боледување; - потешки последици од елементарни непогоди; - во случај на смрт на работник. Основицата за пресметување на надоместоците на

работниците преставува просечната месечна плата по работник во земјата исплатена во претходните 3 месе-ци.

Работодавачот на свој трошок на работниците им организира превоз до и од работното место, како и ис-храна за време на работа.

Page 27: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 27

Работодавачот, доколку не организирал исхрана за време на работа или нема организиран превоз до и од работното место, на работниците да им ја зголеми пла-тата за износот на трошоците по основ на исхрана за време на работа и превоз до и од работа, пресметани согласно со закон и колективен договор.

Трошоците за исхрана изнесуваат во висина од 25% од просечната нето плата по работник исплатена во претходната година, а трошоците за превоз во висина на стварните трошоци во јавниот сообраќај.

Со колективен договор на ниво на работодавач на-доместоците од претходниот став можат да бидат зго-лемени.

Член 84

Работодавачот може да му исплати на работникот 13та плата, доколку работодавачот има можност да ја исплати.

Член 85

За време на службено патување во Републиката на работникот му следува дневница во висина од 8% од просечната месечна плата исплатена по работник во Републиката во претходните 3 месеци и надоместок на трошоците за ноќевање во целосен износ според при-ложената сметка.

Член 86

За време на службено патување на работникот му следува дневница во полн износ за следните случаи:

- за секои 24 часа поминати на службен пат; - за остатокот на времето подолго од 12 часа, кога

службеното патување траело повеќе од еден ден; - кога службеното патување трае подолго од 12 ча-

са, а пократко од 24 часа. Половина дневница му припаѓа на работникот, ако

траело патувањето повеќе од 8, а помалку од 12 часа, како и за остатокот од времето поминато на пат подол-го од 8, а пократко од 12 часа, кога службеното патува-ње траело повеќе од 1 ден.

Член 87

Надоместокот на трошоците и дневниците за служ-бено патување во странство се утврдуваат во висина на дневницата предвидена во Уредбата за дневниците за службено патување, што на републичките органи им се признаваат како материјални трошоци.

Член 88

Работникот има право на надомест на трошоците за превоз при службеното патување во земјата и во странство.

На службеното патување работникот може да кори-сти:

- возило на работодавачот; - автобус; - воз (кола за спиење); - авион; - брод. Во исклучителни случаи, за службено патување мо-

же да се користи и приватно возило, рентакар или такси. Налогодавачот во налогот го определува средство-

то кое ќе го користи работникот на службеното патува-ње, водејќи сметка тоа да биде најрационално и еконо-мично.

Кога работникот за службено патување користи сопствено возило, се признава за секој изминат кило-метар по 30% од цената на литар гориво за сопственото возило.

Член 89

Работникот има право на теренски додаток во зем-јата, за работа на терен надвор од седиштето на работо-давачот, во зависност од обезбедените услови за пре-стој на работникот на терен (сместување, исхрана и др.), во висина утврдена согласно со колективен дого-вор на ниво на работодавач.

Член 90

За одвоен живот од семејството на работникот му следува надомест за одвоен живот во висина од најмал-ку 60% од остварената просечна месечна плата во Ре-публиката исплатена во последните 3 месеци.

Работникот го користи правото на овој надоместок во целост, само во случај кога нема организирано сме-стување и исхрана.

Доколку на работникот му е обезбедено сместување или исхрана, надоместокот се намалува за 25%.

Под одвоен живот од семејството се смета времето поминато на работа надвор од местото на живеење во траење над 30 дена непрекинато.

Член 91

Работникот има право на топол оброк за време на работа.

Ако нема организирано исхрана, надоместок во ви-сина од 25% од просечната месечна плата во Републи-ката исплатена во последните 3 месеци се вградува во бруто платата на работникот, ако истата претходно не била вградена.

Член 92

Дневниците за службено патување, регресот за ис-храна и теренскиот додаток се исклучуваат меѓусебно.

Надоместокот за одвоен живот и теренскиот дода-ток меѓусебно се исклучуваат.

Член 93

На работниците на кои не им е обезбеден превоз до и од работа, им се исплатува надомест во висина на возниот билет од локалниот јавен превоз.

Надоместокот од претходниот став се исплатува ако од местото на живеење до работното место има над 2 км.

Член 94

Висината на регресот за годишен одмор изнесува една просечна месечна плата во Републиката исплатена во претходните 3 месеци.

Член 95

Висината на новогодишниот надоместок за време на новогодишните празници изнесува 65% од просеч-ната месечна плата во Републиката исплатена во прет-ходните три месеци.

На ниво на работодавач може да се утврди поголем износ.

Новогодишниот надоместок да се исплати заклучно со 31.12. во тековната година, но не подоцна од 31.03. наредната година.

Page 28: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 28 - Бр. 75 15 јуни 2012

Член 96 Работникот има право на отпремнина при замину-

вање во пензија во висина на најмалку 3 просечни ме-сечни плати исплатени во последните 3 месеци на ни-во на Република Македонија.

Член 97

Во случај на смрт на работникот, на семејството му се исплаќа еднократна парична помош во висина од 3 просечни месечни плати исплатени во Републиката во последните 3 месеци.

Во случај на смрт на член од потесното семејство на работникот му се исплатува помош во висина на 2 просечни месечни плати исплатени во Републиката во последните 3 месеци.

Под потесно семејство на работникот во смисла на став 2 од овој член се подразбира брачниот другар, де-цата на работникот и лица што ги издржува врз основа на закон.

Член 98

За непрекинато боледување подолго од 6 месеци, на работникот му се исплатува еднократна помош во висина од 1 просечна месечна плата исплатена во Ре-публиката во претходните 3 месеци.

Член 99

Во случај на потешки последици од елементарни непогоди на работникот му се исплатува надомест од најмалку 1 просечна месечна плата во Р.М.

Член 100

За непрекината работа во Друштвото, на работни-ците им се дава во пари или друг вид награда во висина утврдена со колективен договор на ниво на работода-вач за:

- за 10 години, - за 20 години и - за 30 години.

VIII. РАБОТНО ВРЕМЕ

Член 101

Работното време не може да изнесува повеќе од 40 часа неделно.

Работната недела по правило трае 5 работни дена. Со колективен договор на ниво на работодавач сог-

ласно со закон може да се утврди пократко неделно ра-ботно време од 40 часа.

Со одлука од претходниот став се утврдуваат усло-вите и деловите од работниот процес на работодавачот за кои се скратува работното време.

Работното време од став 3 на овој член се смета за полно работно време.

Член 102 На работникот кој работи на особено тешки, напор-

ни и работи штетни по здравје, кои штетно влијаат врз неговото здравје односно работната способност не мо-же во целост да се отстрани или да се попречи со при-мена на заштитни мерки, работното време му се скра-

тува сразмерно со штетното влијание врз неговото здравје, односно работна способност во согласност со закон и колективен договор.

Со колективен договор на ниво на работодавач се утврдуваат условите за работа потешки од нормалните за одделни работни места кај работодавачот. Елементи за потешки услови за работа кои задолжително мора да се земат предвид се следниве:

- влијание на околината (клима, врева, вибрации, зрачење, влага, штетни гасови, биолошки влијанија и др);

- физички и психички оптоварувања (оптоварување на сетилата, тешки физички напори со можни последи-ци за здравјето, работа со нечисти материи и др);

- опасност по здравјето и животот на работното ме-сто (опасност од алатите или предметите на трудот, од транспортните средства и средствата на јавниот соо-браќај, опасности од паѓање, електрична струја, од за-трупување, експлозија, жешки и вжарени предмети или материи, нагризувачки материјали и др.).

Член 103

Кога тоа го бара природата на дејноста односно ра-ботата и работните задачи и организацијата на работа-та, подобро користење на средствата за работа, пораци-оналното користење на работното време и извршување на определени работи и задачи со утврдени рокови, одржување и ремонт, изготвување на пресметки и ана-лизи, спазување на одредени рокови во интерес на ра-ботодавачот, овластениот работник му предлага на ра-ботоводниот орган да донесе одлука за прераспределба на работното време.

Прераспределбата на работното време се врши така што во определени временски периоди во текот на го-дината биде подолго од осум часа дневно, а во остана-тиот период пократко од осум часа дневно, со тоа што вкупното работно време на работникот во просек да не биде подолго од 40 часа во работната недела во текот на годината, а да се обезбеди соодветен одмор на ра-ботникот помеѓу работните денови кој не може да биде пократок од 12 часа.

Како полно работно време од осум работни часа се смета и работно време, пократко од осум часа, а по-долго од четири часа, и во тој случај на работникот му следува исхрана.

Прераспределбата на работното време во писмена одлука ја донесува овластениот работник.

Член 104

Дневното работно време, вклучувајќи и прекувре-мена работа не може да трае повеќе од 10 часа дневно, а најмногу 190 часа годишно.

За работните места кај кои постои поголема опас-ност од повреди или здравствени оштетувања, со коле-ктивен договор на ниво на работодавач, полното работ-но време може да трае помалку од 36 часа неделно.

Член 105

Почетокот и крајот на работното време, вклучувај-ќи ги паузите, и останатите услови за искористување на полното работно време во работната недела се утвр-дува со акт на работодавачот.

Page 29: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 29

Промена на дневното работно време не може да се менува во текот на работниот ден.

Член 106

Евиденцијата за полното работно време ја органи-зира и врши овластена надлежна служба или овластен поединец назначен од работодавачот со вообичаени средства и на начин утврдени со ЗРО.

Претставникот на синдикатот има право на увид во евиденцијата во врска со користењето на полното ра-ботно време вкупно и поединечно за секој работник.

IX. ПАУЗИ И ОДМОРИ

1. Паузи за време на работното време

Член 107

Времето за користење на 30 минутна пауза за време на работното време, утврдено со ЗРО, се регулира со интерен акт на работодавачот.

Одмор помеѓу два последователни дена

Член 108

Работникот има право на одмор меѓу два последо-вателни работни дена во непрекинато траење од нај-малку 12 часа.

Неделен одмор

Член 109

Работникот има право на неделен одмор во траење од најмалку 24 часа непрекинато по правило во недела.

Заради објективни, технички и организациски при-чини на работникот може да му се обезбеди неделен одмор во некој друг ден во неделата.

2. Платен вонреден одмор

Член 110

Во услови и околности на целосно или делумно престанување на производниот процес од деловни при-чини или намалување на обемот на работата во одреде-ни организациски делови односно делови на производ-ниот процес, односно работа кај работодавачот, работ-ниците од тие организациски делови односно произ-водни процеси се упатуваат на платен вонреден одмор (во понатамошниот текст ПВО).

Синдикалниот претставник не може да биде упатен на платен вонреден одмор.

Член 111

Одлука за организирање на ПВО донесува органот на управување во друштвото.

Овластен работник од работодавачот го определува организацискиот дел и делот на производниот процес односно работата во која се исполнети условите и околностите за организирање на ПВО и времетраењето на организирањето на ПВО со изготвена програма претходно разгледана од Синдикалната организација на Агро Синдикатот кај работодавачот и добиено мис-лење од неа.

Врз основа на одлуката на органот на управување за организирање на ПВО, овластен работник кај рабо-тодавачот изготвува план за спроведување на ПВО, и со решение поединечно ги определува работниците кои се упатуваат на ПВО и ја определува должината на тој одмор.

Приговорот поднесен против решението за упатува-ње на работникот на ПВО не го задржува извршување-то на решението.

По престанување на условите и околностите, овла-стениот работник со одлука утврдува дека престанала потребата за организирање на ПВО во соодветниот ор-ганизациски дел односно технолошко-техничкиот про-изводен процес и дека се создадени услови за редовно производство односно работа по истиот.

Член 112

На работните места каде што процесот на произ-водството и работата го дозволуваат тоа, се врши наиз-менично упатување и враќање на работниците на ПВО при што се обезбедува сигурноста на објектите и по-стројките и квалитетот на работата.

Член 113

Упатувањето на работниците на ПВО може да трае 3 месеци во текот на една календарска година.

Член 114

Синдикалните претставници имаат право да бараат информации за применување на одлуката за упатување на ПВО и нејзиното спроведување.

3. Определување на траењето на годишниот

одмор

Член 115 Работникот има право на годишен одмор во текот

на една календарска година во траење од најмалку 20 работни дена.

Должината на годишниот одмор над законски утвр-дените 20 работни дена се зголемува според степенот на сложеност на работното место, работниот стаж, ус-ловите за работа, возраста и инвалидноста.

Годишниот одмор на работникот согласно со крите-

риумите од став 2 се зголемува: 1. за времето поминато во работен однос: - до 10 години работен стаж 1 работен ден - од 11 до 20 години работен стаж 2 работни дена - од 21 до 30 години работен стаж 3 работни дена - над 31 година работен стаж 4 работни дена 2. за сложеноста на работите на работното место: - I, II, III степен на стручна подготовка 1 работен

ден - IV, V, VI, степен на стручна подготовка 2 работни

дена - VII, VIII, IX степен на стручна подготовка 3 ра-

ботни дена 3. за неповолни услови за работа до 3 работни дена 4. здравствената состојба и други социјални услови

во кои живее работникот до 3 работни дена 5. за бенифициран стаж утврден за одредена работа

до 3 работни дена

Page 30: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 30 - Бр. 75 15 јуни 2012

Повозрасен работник маж со над 59 години и жена со над 57 години живот, работник-инвалид, работник со најмалку 60% телесно оштетување и работник кој негува и чува дете со телесен или душевен недостаток, има право на уште 3 работни дена годишен одмор.

Работник помлад од 18 години има право на годи-шен одмор зголемен за 7 работни дена.

Со колективен договор на ниво на работодавач мо-жат да се утврдат и други критериуми.

Дожината на годишниот одмор се утврдува така што на 20 работни дена се додаваат деновите од став 3, на овој член.

Доколку го надминува работникот максимумот врз основа на критериумите во овој член има право на го-дишен одмор само до 26 работни дена.

Должината на годишниот одмор стекната по точки-те 3 и 5 од став 3 на овој член може да изнесува и по-веќе од 26 работни дена.

Член 116

Со колективен договор на ниво на работодавач се определува траењето на годишниот одмор за работни-ците кои работат под потешки услови за работа и за други категории работници, но не подолго од 36 работ-ни дена.

Под потешки услови за работа во смисла на прет-ходниот став се смета онаа работа за која е утврден бе-нифициран стаж, работа со скратено работно време, особено тешка физичка работа, работа под зголемен ат-мосферски притисок, работа во вода или влага, работа изложена на јонизирачки зрачења, работа на висока температура и гасови, работа во прашина, работа со хе-микалии, работа со нагризувачки материјали.

Член 117

Годишниот одмор се користи во непрекинато трае-ње.

Годишниот одмор може да се користи и во два де-ла.

Ако работникот го користи годишниот одмор во де-лови, првиот дел го користи во траење од најмалку 12 работни дена без прекин во текот на календарската го-дина, а вториот дел до крајот на месец јуни во наредна-та година.

Работникот кој сака вториот дел од годишниот од-мор да го користи по сопствена желба, треба најмалку 8 дена пред одењето на одмор да поднесе писмено ба-рање до раководителот на работната единица во која работи, заради обезбедување на непрекинато работење во работната единица, за кое нешто одлучува овласте-ниот раководител.

Ако за време на годишниот одмор работникот ко-ристи боледување, должен е за тоа веднаш да го изве-сти непосредниот раководител.

Времетраењето на боледувањето не се смета во го-дишниот одмор.

Член 118

Работникот има право 2 дена од годишниот одмор да користи по своја желба за свои лични потреби, за што е должен да го извести непосредниот раководител пред користењето на тоа право и да добие одобрение од истиот.

Саботите се сметаат како неработни денови при ко-ристењето на годишниот одмор.

Ако работникот повторно заснова работен однос во рок од 5 дена од престанокот на претходниот работен однос не се смета за прекин на работа заради стекнува-ње на право на годишен одмор.

Член 119

Работникот го користи годишниот одмор согласно со планот за користење на годишни одмори донесен кај работодавачот.

При изготвување на планот за користење на годиш-ни одмори се води сметка истите работници да не го користат годишниот одмор секоја година во исто вре-ме, како и за желбите на работниците, доколку тоа не е во спротивност со барањата на процесот на работа.

Решение за користење на годишен одмор донесува работоводниот орган на работодавачот или лице овла-стено од него.

Работникот има право на надоместок на неискори-стениот дел од годишниот одмор пред престанокот на работниот однос, ако претходно побарал користење на годишен одмор, а не му било овозможено користење на годишен одмор, а работниот однос му престанал не по негова вина и волја.

4. Платен одмор

Член 120

Работникот има право на платен одмор заради лич-ни и семејни околности до 7 работни дена во текот на една календарска година во следните случаи:

- за склучување брак...........................................3 дена - за склучување брак на дете..............................2 дена - за раѓање или посвојување дете......................2 дена - за смрт на сопружник или дете.......................5 дена - за смрт на родител, брат, сестра......................2 дена - за смрт на родител на сопружник...................2 дена - за смрт на дедо или баба..................................1 ден - за полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот .........................3 дена - за селидба на семејството од едно на друго место………………………………….2 дена - за селидба на семејството во исто место.........1 ден - за елементарни непогоди ................................3 дена - и во други случаи утврдени со колективен договор

на ниво на работодавач. Во случаите од став 1, отсуството од работа се обез-

бедува и се користи во деновите на траењето на причи-ната врз основа на која се остварува, без оглед на бара-њето на процесот на работа.

Член 121

Работникот може да отсуствува од работа и да му се исплатува плата и во следниве случаи:

- кога е упатен на стручно усовршување или обра-зование;

- кога е упатен на научно-стручна работа; - кога е упатен на синдикално школување и усовр-

шување.

Член 122 Доброволните дарители на крв имаат право на два

последователни работни денови за секое давање крв и тоа денот кога дава крв и наредниот ден.

Page 31: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 31

Во случај на давање крв во неработен ден, дарите-лот има право на 2 последователни слободни работни дена.

Слободните денови се сметаат како денови помина-ти на работа.

Член 123

Работникот може да отсуствува од работа во текот на календарската година без надоместок на плата и придонеси од плата најдолго 3 месеци, во следните случаи:

- за нега на член на семејство; - за изградба или поправка на куќа, односно стан; - за учество на културни и спортски приредби; - за учество на конгреси, конференции и сл.; - за подготовка и полагање на стручен испит; - за лечење за своја сметка; - во други случаи по барање на работникот. За време на користење на неплатеното отсуство, на

работникот му мируваат правата и обврските од рабо-тен однос.

Член 124

Решение за користење на отсуството од работа со надомест и без надомест на плата како и за мирување на правата и обврските предвидени со закон и со овој колективен договор, донесува надлежен орган на рабо-тодавачот.

Член 125

За користење на платено или неплатено отсуство од работа, работникот е должен да поднесе писмено бара-ње до надлежниот орган на работодавачот.

X. МИРНО РЕШАВАЊЕ НА ИНДИВИДУАЛНИТЕИ

КОЛЕКТИВНИТЕ РАБОТНИ СПОРОВИ

Член 126 Индивидуален работен спор претставува спор во

врска со остварувањето на правата на работникот утвр-дени со закон, со колективниот договор и со договорот за вработување.

Колективни работни спорови се спорови во врска со склучувањето, измената и дополнувањето и приме-ната на колективниот договор, остварување на правото на синдикално организирање и штрајк.

Член 127

Споровите што не можат да се решат со меѓусебно спогодување, можат да се решат по пат на помирување или по пат на арбитража.

Помирувањето е процес во кој независна трета страна определена од страните во спорот им помага на страните во спорот во изнаоѓање на решение за спорот.

Арбитража е решавање на спор од страна на трета страна која ја определиле страните во спорот и која од-лучува за спорот.

Член 128

Лицата помирувачи, односно арбитри страните во спорот ги бираат од Листата на помирувачи односно арбитри што ја утврдуваат самите.

Страните во спорот заеднички го определуваат тре-тиот член во постапката за помирување односно арби-тража.

Постапка за помирување

(мировен совет)

Член 129 Индивидуалните и колективните работни спорови

можат да се решаваат по пат на мирење и пред посе-бен мировен совет.

Постапката за помирување започнува со предлог од која било страна, најдоцна во рок од 5 дена од настану-вањето на спорот, во кој предлагачот на помирувањето ја изнесува содржината на спорниот однос.

По добивањето на предлогот другата страна е должна да одговори во рок од 3 дена.

Страните во спорот во мировниот совет предлагаат свој член, а заеднички го определуваат третиот член на мировниот совет од листата на помирувачи.

Помирувачот раководи со мировниот совет и им помага на страните во спорот во изнаоѓање решение за спорот.

Во случај, другата страна да не одговори на предло-гот, не именува член за мировниот совет, не се избере помирувач или не се постигне спогодба за решавање на спорот, постапката за помирување се запира.

Член 130

Постапката за помирување страните во спорот се должни да ја завршат во рок од 15 дена, од поднесува-њето на предлогот за постапка за помирување.

Спогодбата што ќе се постигне во постапката за по-мирување мора да биде во писмена форма и истата е задолжителна за страните во спорот.

Член 131

Со колективен договор на ниво на работодавач мо-же да се доуреди формирањето на посебен мировен со-вет и постапката на решавање на индивидуален или ко-лективен работен спор.

Постапка пред арбитража

Член 132

Во случај на колективен работен спор, која било од страните во спорот може да поднесе предлог за постап-ка пред арбитража, во рок од 8 дена од денот на наста-нувањето на спорот, односно од денот на запирањето на постапката за помирување.

Арбитража може да врши еден или повеќе арбитри. Страните во спорот заеднички го избираат арбите-

рот или арбитрите од Листата на арбитри. Арбитерот е должен да закаже расправа во рок од 5

дена од приемот на предлогот. На расправата се повикуваат овластени претставни-

ци на страните во спорот. Одлуката на арбитерот е конечна и задолжителна за

страните во спорот. Постапката пред арбитража завршува во рок од 25

дена од денот на настанувањето на спорот.

Page 32: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 32 - Бр. 75 15 јуни 2012

XI. ИНФОРМИРАЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕ (комуникација помеѓу работодавачот и синдикатот)

Член 133

Работодавачот обезбедува задолжително редовно и навремено информирање на работниците за деловните и развојните решенија од влијание на економската и социјалната положба на работниците, а особено за:

- годишни и повеќегодишни планови за развој; - организациски промени; - одлуки со кои се уредуваат правата од работен од-

нос на работниците; - годишни деловни резултати; - други значајни деловни и развојни решенија; - други прашања од заеднички интерес. - Информирањето се врши писмено, а за одредени

работи и усно и може да се врши, преку гласило, бил-тен, на состаноци и на друг начин утврден од страна на работодавачот или со колективен договор на ниво на работодавач.

Учество на работниците во работењето

Член 134

Органот на управување на работодавачот, во рам-ките на своите надлежности се грижи за остварување на правата на работниците во согласност со Законот, Статутот на работодавачот, овој Колективен договор и со други општи акти, со кои на работниците им се овозможува:

1. Да го следат извршувањето на одредбите на овој Колективен договор и на другите акти на работодава-чот кои се однесуваат на социјалната и економската положба на работниците;

2. Да ги утврдуваат ставовите на работниците кои се доставуваат до надлежните органи на работодавачот и

3. Да расправаат и да одлучуваат за предлозите на Синдикатот.

XII. СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ И ОБРАЗОВАНИЕ НА РАБОТНИЦИТЕ

Член 135

Работникот има право на стручно оспособување и образование во зависност од процесот на работа кога тоа е во интерес на работодавачот.

Работникот може стручно да се оспособува и обра-зува доколку работодавачот го упати на стручно оспсо-бување и образование.

Доколку стручното оспособување и образование е организирано во текот на работното време, работникот користи платено отсуство поради оспособување и образование.

Програмата, времетраењето, правата и обврските на договорените страни во однос на образованието, до-школувањето и оспособувањето на работниците во вр-ска со потребите на работодавачот се уредуваат со акт на работодавачот.

Член 136 На работникот кој во интерес на работодавачот е

упатен на стручно оспособување и образование, му се исплаќа редовно и соодветен износ на трошоците свр-зани со тоа, како што се:

- превоз; - котизација, школарина; - трошоци за исхрана и - трошоци за престој.

Член 137 По завршувањето на стручното оспособување, пре-

квалификација односно доквалификација, за потребите на работодавачот, работодавачот може да му понуди нов договор за вработување на работникот.

Ученици и студенти

Член 138

Работодавачот во договор со надлежната образовна организација прифаќа ученици и студенти на практич-на работа.

На учениците и студентите што ќе вршат практична работа кај работодавачот им се обезбедува обука за за-штита при работа, соодветни заштитни средства, ис-храна и превоз до работа и од работа, доколку такви се организирани, и соодветен инструктор.

Одлука за прием на ученици и студенти на практич-на донесува овластено лице.

XIII. УСЛОВИ ЗА РАБОТА НА СИНДИКАТОТ

Член 139

Работодавачот е должен да создаде услови за рабо-та на синдикатот во врска со заштитата на правата на работниците од работниот однос, утврдени со закон и со колективен договор.

Активноста на синдикатот во согласност со став 1 од овој член, не може да се ограничи или да се спречи со акт на органите на работодавачот.

Член 140

На барање на синдикатот, работодавачот доставува податоци и информации за оние прашања што имаат најнепосредно влијание врз материјалната и социјална-та положба на членовите на синдикатот (работниците) и ги разгледува мислењата и предлозите на синдикатот во постапката на донесување одлуки и решенија што имаат битно влијание врз материјалната и социјалната положба, односно во остварувањето на правата на ра-ботниците.

На претседателот на синдикалната организација и на членовите на синдикалниот одбор им се овозможува непречено комуницирање со работодавачот, или со ли-це овластено од него и со сите работници во претприја-тието, кога тоа е неопходно за остварување на функци-јата на синдикатот.

На овластениот синдикален претставник кој не е вработен кај работодавачот, мора да му се овозможи непречена комуникација и синдикална активност од страна на работодавачот.

Page 33: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 33

Член 141 На барање на синдикатот, му се обезбедуваат след-

ниве услови: 1) Пристап кон податоци и информации за оние

прашања што имаат најнепосредно влијание врз мате-ријалната и социјалната положба на работниците како и информација за вкупната општествено-економска, материјална и социјална положба на вработените во друштвото;

2) Со свои мислења и предлози да учествува во по-стапката на донесувања на одлуки кои имаат битно вли-јание врз материјалната и социјалната положба на работ-ниците, а органите на работодавачот да ги разгледаат истите во присуство на претставник на синдикатот;

3) Да дава мислења за одговорност на работникот за сторени повреди на работната должност и работните обврски како и застапување на работниците пред над-лежниот орган на работодавачот и надвор од него.

Работодавачот е должен да обезбеди работни про-стории, да обезбедува стручни, административни и тех-нички услови за работа на синдикалната организација на Агро Синдикатот кај работодавачот, што се регули-ра со посебен договор за дејствување и работа на Син-дикатот кај работодавачот.

Работодавачот ја пресметува синдикалната члена-рина од платата и согласно со одлуката на Агро-Син-дикатот, ја пренесува на соодветните синдикални сме-тки или на синдикалната организација која врши пона-тамошна прераспределба на синдикалната членарина согласно со одлуката.

На претставникот на синдикатот да му се овозможи непречено комуницирање со претставниците на орга-ните на управување, со работоводните органи и да му се дозволи пристап до одредени работни места кога е потребно тоа за остварување на функцијата на синди-катот и заштита на неговите членови.

Кога на органите на управување кај работодавачот се расправа за правата на работниците, на синдикалниот преставник му се овозможува учество во расправата.

На синдикалните преставници им се овозможува отсуство од работа со надомест на плата за учество на синдикални состаноци, семинари, конгреси, конферен-ции и др.

Член 142

Претседателот и членовите на синдикалниот одбор на синдикалната организација имаат посебна заштита и не можат да бидат повикани на одговорност ниту дове-дени во понеповолна положба, вклучувајќи го преста-нокот на работниот однос, поради членство во синди-катот или учество во синдикални активности со кои се штитат правата и интересите на работниците, ако по-стапуваат во согласност со закон и со колективен дого-вор.

Посебната заштита на претседателот и членовите на синдикалниот одбор на синдикатот трае за време на нивниот мандат и 2 години потоа.

Како синдикален претставник се сметаат и функци-онерите во синдикатот, кои се вработени кај работода-вачот, а својата функција ја извршуваат волонтерски.

Член 143

Синдикалниот претставник не може: - да биде упатен на платен вонреден одмор (ПВО);

- да биде распореден на друго работно место без не-гова согласност;

- да му престане работниот однос од деловни при-чини.

Член 144

Во случај на пренесување или превземање на рабо-тодавачот од друго трговско друштво или негов дел, синдикалната организација продолжува во целост да функционира.

Член 145

Со одлука на Агро Синдикатот се утврдува бројот на синдикалните претставници кои уживаат заштита, а тоа се: членовите на синдикалните одбори во синди-калните организации и бираните преставници во пови-соките органи на синдикатот.

Член 146

Претседателот на синдикалната организација кај работодавачот функцијата ја врши професионално во синдикална организација со над 300 членови на синди-калната организација на Агро Синдикатот во договор со Агро Синдикатот.

За време на вршењето на функцијата нему му при-паѓа плата во висина на платата што ја имал пред от-почнувањето на функцијата.

Работодавачот е должен на синдикалниот престав-ник да му овозможи платено отсуство од работа заради ефикасно вршење на функциите на Агро Синдикатот и синдикално образование и оспособување.

Претседателите на синдикалните организации, во друштва со помал број на вработени, односно помалку од 300 членови, заради обавување на синдикалните активности во организацијата како и за синдикално образование и оспособување, се ослободуваат од свои-те работни обврски до 40 часа во текот на месецот.

Отсуството надвор од организацијата го правдаат со покана.

Членовите на синдикалниот одбор, заради обавува-ње на синдикалните активности, како и за синдикално образование и оспособување, се ослободуваат од свои-те работни обврски до 20 часа во текот на месецот.

Отсуството надвор од организацијата го правдаат со покана.

Времето определено од ставовите 4 и 5 од овој член синдикалниот претставник ќе го користи според потре-бите на синдикалните активности.

Членовите на синдикатот и членовите на синдикал-ните органи синдикално се образуваат односно едуци-раат, за што трошоците ги партиципира работодавачот, по програма на Агро- Синдикатот.

За тоа време синдикалниот преставник има право на надомест на плата во висина на неговата плата и си-те други надоместоци.

Член 147

Претседателот како и членови на синдикална орга-низација кои се избрани во повисоките органи на син-дикатот, односно именувани во органите на синдика-тот, чие вршење бара привремено да престанат да рабо-тат кај работодавачот, имаат право по престанување на

Page 34: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 34 - Бр. 75 15 јуни 2012 функцијата што ја вршеле, во рок од 5 дена, да се вра-тат кај работодавачот на работи и работно место на кое претходно работеле или на соодветно работно место кое одговара на нивната стручна подготовка, за што се склучува посебен договор со работодавачот.

XIV. ОСТВАРУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ПРАВАТА

НА РАБОТНИЦИТЕ

Член 148 Доколку работникот смета дека работодавачот не

му обезбедува кое било од правата од работен однос утврдени со закон, колективен договор и со договорот за вработување, работникот има право да бара нивно исполнување и да го извести работодавачот и синди-калната организација.

Работодавачот е должен во рок од 15 дена да одго-вори во писмена форма на барањето.

Член 149

Ако правото врз основа на работен однос на работ-никот е прекршено со писмена одлука или со друг пис-мен акт на работодавачот, работникот има право во рок од 8 дена да поднесе писмено барање за поништување, укинување или преиначување на одлуката, односно конкретниот писмен акт, односно да го отстрани кр-шењето на правото.

Ако работодавачот во натамошниот рок од 8 дена од врачувањето на писменото барање не одлучи по ба-рањето, односно не го отстрани кршењето на правото, работникот може во рок од 15 дена да бара судска за-штита пред надлежниот суд.

Член 150

Доколку работникот смета дека одлуката за отказ на договорот за вработување е неоснована и незакони-та може да поднесе тужба во рок од 15 дена од врачу-вањето од страна на работодавачот, пред надлежен суд.

Член 151

По барање на работникот, Агро Синдикатот кај ра-ботодавачот може да го застапува работникот во по-стапка по приговор.

Член 152

Во случај на колективен спор меѓу работодавачот и сите работници или поголема група работници, во вр-ска со остварување на веќе утврдени права од работни-от однос со закон или со колективен договор, спорот ќе се решава во постапка за помирување и арбитража.

Во случај на колективен спор сите рокови за инди-видуално остварување и заштита на правата од работен однос, согласно со закон и колективен договор, почну-ваат да течат со денот кога странките прогласиле неус-пешност на преговарањето односно арбитражата.

Член 153

Штрајкот е организиран прекин на работа заради остварување и зголемување на правата од работниот однос утврдени со закон, Општ колективен договор и со овој Колективен договор.

Штрајкот на работниците кај работодавачот го наја-вува претседателот на Синдикалната организација на Агро Синдикатот кај работодавачот, согласно со Ста-тутот на Агро-Синдикатот, до работоводниот орган на работодавачот, а на дејноста која ја опфаќа колектив-ниот договор штрајкот го најавува претседателот на Агро-Синдикатот до Здружението на работодавачи против кого е насочен.

Штрајкот поради неостварување на веќе договоре-ни права се најавува 3 дена пред започнувањето.

Штрајкот, во случај надлежниот орган да одбие преговори во врска со членот 57 од овој колективен до-говор, или за други прашања согласно со одредбите од овој колективен договор, или за други поголеми права од работен однос, се најавува 7 дена по одбивањето.

Штрајкот во случај на започнати преговори во кои не е постигната согласност за синдикалните барања се најавува 7 дена од Спогодбата на претставниците на работодавачот и синдикатот дека преговорите за оства-рување (зголемување) на правата се неуспешни.

Штрајкот на работниците кај работодавачот однос-но во дејноста која ја опфаќа овој колективен договор го организираат и водат органите на синдикалната ор-ганизација на Агро Синдикатот кај работодавачот по претходна консултација со Агро Синдикатот, според Статутот на Агро- Синдикатот.

За време на штрајк и по завршувањето на штрајкот, работодавачот односно неговите органи немаат право да преземаат мерки на одговорност за повреда на ра-ботниот ред и дисциплина ниту да го откажат догово-рот за вработување поради учество во штрајк.

Заштита при работа

Член 154

Работникот има право на заштита при работа. За-штитата на работа опфаќа мерки насочени кон создава-ње на сигурни услови за работа.

За обезбедување на потребните услови за заштита на работниците на работа, работодавачот односно ов-ластен орган, донесува општ акт со кој се уредува за-штитата на работниците во согласност со закон.

Работодавачот, при стапувањето на работникот на работа со договор за вработување, е должен да го за-познае со сите опасности во работата и со правата и об-врските во врска со заштитата на работа и услови за ра-бота.

Работникот има право да одбие да работи ако му се заканува непосредна опасност по живот или здравјето, поради тоа што не се спроведени пропишаните мерки за заштита при работа.

Член 155

Работодавачот, врз основа на научни сознанија (ме-ѓународни стандарди) и современите достигнувања, должен е да ја обезбеди работата на начин со кој се обезбедува сигурноста на работењето и заштитата на здравјето на работниците да презема мерки и да утвр-дува нормативи со кои се обезбедува психофизичкото здравје и личната сигурност, особено:

- да ги утврдува мерките за заштита на работа на начин и со средства со кои максимално би ја обезбедил сигурноста на работниците, да ги смалува можностите за повреда и професионални заболувања;

Page 35: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 35

- да го информираат синдикалниот повереник за по-тешките повреди на работа, колективните несреќи, професионалните болести и слично;

- на работниците да им се обезбеди оспособување на подрачјето на заштита на работа и здравствена си-гурност на работниците.

Посебна заштита на жената, младите,

и инвалидните работници

Член 156 Работнички за време на бременост не смеат да ги

извршуваат следниве работи: - за кои се бара посебен услов, здравствена, телесна

и психофизичка состојба; - кои се утврдени како напорни; - кои имаат штетно влијание врз здравјето на труд-

ницата и врз бременоста. - Напорни и за здравје штетни работи кои не смеат

за време на бременост да се обавуваат се: - работи што предизвикуваат постојани и силни ви-

брации на телото и врева што предизвикува подолг притисок на телото;

- работи со опасни и предмети и материјали штетни по здравје;

- работи во простории во кои доаѓа до опасни зра-чења;

- работи кај кои е потребно да се дигаат и пренесу-ваат товари;

- работи што се извршуваат претежно во нефизио-лошка или присилна положба.

Член 157

Работничка која користи отсуство поради бреме-ност, раѓање и родителство, ако сака може да се врати на работа и пред истекот на отсуството, но не и пред 45 дена од раѓањето на детето.

Работничката од ставот 1 на овој член, покрај пра-вото на плата има право и на надомест на плата за отсуство поради бременост и родителство во висина од 50% од утврдениот износ на надоместокот за отсуство од ставот 1 на овој член според прописите за здрав-ствена заштита.

На крајот на родителското отсуство работникот има право да се врати на истото работно место или доколку тоа не е возможно, на соодветно работно место според условите од договорот за вработување.

Член 158

Работникот со намалена работна способност и ра-ботникот кој работи на работа за која постои опасност од настапување на инвалидност, има право на работа на соодветно работно место според стручната подгото-вка и работното искуство.

Член 159

Работните места на кои не смеат да работат работ-ници помлади од 18 години се определуваат со коле-ктивниот договор на ниво на работодавач.

XV. ИЗМЕНУВАЊЕ, ДОПОЛНУВАЊЕ, ТОЛКУВАЊЕ И СЛЕДЕЊЕНА ПРИМЕНАТА НА КОЛЕКТИВНИОТ

ДОГОВОР

Изменување и дополнување на колективниот договор

Член 160

Секој учесник може да предложи изменување и до-полнување на овој Колективен договор.

Предлогот за изменување и дополнување на овој Колективен договор во писмена форма се доставува до другиот учесник кој е должен да се изјасни во рок од 30 дена.

Во случај ако другиот учесник не го прифати или не се изјасни по предлогот во рок од став 2 на овој член, учесникот-предлагачот може да започне постапка за усогласување.

Член 161

Постапката за усогласување започнува на барање на еден од учесниците во Колективниот договор и тре-ба да заврши во рок од 60 дена од поднесувањето на барањето.

Во рок од 10 дена од поднесувањето на барањето за усогласување се формира комисија за усогласување.

Секој од учесниците именува по три члена во коми-сијата за усогласување.

Членовите на комисијата договорно избираат пре-тседател.

Секое усогласување што ќе го постигнат учесници-те мора да биде во писмена форма.

Со усогласените ставови учесниците задолжително пристапуваат кон изменување и дополнување на Коле-ктивниот договор.

Следење на примената на колективниот договор

Член 162

За следење на примената на овој Колективен дого-вор учесниците формираат комисија.

Секој од учесниците на овој Колективен договор именува по 3 члена во комисијата од став 1 на овој член, во рок од 15 дена од склучувањето на овој коле-ктивен договор.

Комисијата ќе работи по изготвен деловник за работа.

Толкување на колективниот договор

Член 163 Комисијата од член 162 на овој Колективен договор

дава толкување на одредбите на овој Колективен дого-вор.

Член 164

Под поимот Колективно договарање се подразбира и секоја колективна спогодба или договор склучен по-меѓу синдикатот и работодавачот кој се однесува на ус-ловите за работа, уредување на односите помеѓу рабо-тодавачот и работниците за права од работен однос и истиот претставувадел од колективен договор на ниво на гранка или работодавач.

Page 36: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 36 - Бр. 75 15 јуни 2012

XVI. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 165 За решавање на споровите меѓу потписниците на

овој Колективен договор што не можат да се решат со меѓусебно договарање, се формира комисија за усогла-сување.

Секој од учесниците именува по два члена во коми-сијата за усогласување.

Член 166

Трошоците за подготвување и следење на примена-та на овој Колективен договор, потписниците ги сносат подеднакво.

Член 167

Овој Колективен договор се склучува за време од две години.

Важењето на овој Колективен договор се продолжу-ва доколку страните склучат спогодба најдоцна 30 дена пред истекот на важењето на Колективниот договор.

Член 168

Овој Колективен договор и неговите изменувања и дополнувања, како и откажувањето или пристапување-то пред нивното објавување се доставуваат на реги-страција до министерството надлежно за работите од областа на трудот, а се објавуваат во “Службен весник на РМ”.

Колективните договори на ниво на работодавач се регистрираат кај Синдикатот на работниците од агро-индустрискиот комплекс на Република Македонија „Агро-Синдикат“ и Здружението за тутунско стопанс-тво при Организацијата на работодавачи на Македо-нија.

Член 169

Колективните договори на ниво на работодавач да се усогласат со овој Колективен договор во рок од 3 месеци по неговото објавување во Службен весник на Р. М, а примената на одредбите од овој Колективен до-говор за колективните договори на ниво на работода-вач ќе важат од денот на потпишувањето на овој Коле-ктивен Договор.

Член 170 Овој колективен договор стапува во сила со денот

на склучувањето, а ќе се применува од денот на него-вото објавување во “Службен весник на РМ”.

Организација на работодавачите Синдикат на работниците

на Македонија од агроиндустрискиот комплекс на Р. Македонија Здружение за ,,Агро - Синдикат“

Тутунско стопанство Претседател, Претседател,

Лидија Групчева, с.р. Живкo Даневски, с.р.

www.slvesnik.com.mk [email protected] Издавач: ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ц.о.-Скопје бул. „Партизански одреди” бр. 29. Поштенски фах 51. Директор и одговорен уредник – м-р Тони Трајанов. Телефон: +389-2-55 12 400. Телефакс: +389-2-55 12 401. Претплатата за 2012 година изнесува 10.100,00 денари. „Службен весник на Република Македонија“ излегува по потреба. Рок за рекламации: 15 дена. Жиро-сметка: 300000000188798. Депонент на Комерцијална банка, АД - Скопје. Печат: ГРАФИЧКИ ЦЕНТАР ДООЕЛ, Скопје.

Page 37: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Број 75

15 јуни 2012, петок

година LXVIII

www.slvesnik.com.mk

[email protected]

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Стр. 29. Закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и

Швајцарскиот сојузен совет за преземање на лица кои престојуваат без дозвола. 1_____________________________

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

29.

Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат

У К А З

ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ МЕЃУ ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ШВАЈЦАРСКИОТ СОЈУЗЕН СОВЕТ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА ЛИЦА

КОИ ПРЕСТОЈУВААТ БЕЗ ДОЗВОЛА Се прогласува Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и

Швајцарскиот сојузен совет за преземање на лица кои престојуваат без дозвола, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 11 јуни 2012 година. Бр. 07-2736/1 Претседател

11 јуни 2012 година на Република Македонија, Скопје Ѓорге Иванов, с.р.

Претседател на Собранието на Република

Македонија, Трајко Вељаноски, с.р.

Page 38: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 2 - Бр. 75 15 јуни 2012

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

З А К О Н ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ МЕЃУ ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ШВАЈЦАРСКИОТ СОЈУЗЕН СОВЕТ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА ЛИЦА КОИ ПРЕСТОЈУВААТ БЕЗ

ДОЗВОЛА

Член 1 Се ратификува Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Швајцарскиот сојузен совет за

преземање на лица кои престојуваат без дозвола, склучен во Скопје на 15 март 2012 година.

Член 2 Договорот во оригинал на македонски, француски и англиски јазик гласи:

Page 39: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 3

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 40: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 4 - Бр. 75 15 јуни 2012

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 41: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 5

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 42: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 6 - Бр. 75 15 јуни 2012

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 43: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 7

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 44: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 8 - Бр. 75 15 јуни 2012

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 45: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 9

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 46: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 10 - Бр. 75 15 јуни 2012

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 47: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 11

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 48: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 12 - Бр. 75 15 јуни 2012

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 49: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 13

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 50: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 14 - Бр. 75 15 јуни 2012

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 51: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 15

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 52: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 16 - Бр. 75 15 јуни 2012

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 53: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 17

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 54: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 18 - Бр. 75 15 јуни 2012

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 55: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 19

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 56: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 20 - Бр. 75 15 јуни 2012

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 57: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 21

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 58: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 22 - Бр. 75 15 јуни 2012

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 59: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 23

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 60: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 24 - Бр. 75 15 јуни 2012

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 61: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 25

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 62: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 26 - Бр. 75 15 јуни 2012

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 63: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 27

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 64: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 28 - Бр. 75 15 јуни 2012

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 65: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 29

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 66: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 30 - Бр. 75 15 јуни 2012

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 67: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 31

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 68: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 32 - Бр. 75 15 јуни 2012

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 69: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 33

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 70: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 34 - Бр. 75 15 јуни 2012

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 71: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 35

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 72: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 36 - Бр. 75 15 јуни 2012

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 73: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 37

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 74: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 38 - Бр. 75 15 јуни 2012

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 75: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

15 јуни 2012 Бр. 75 - Стр. 39

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Page 76: 75 15 јуни 2012, петок година LXVIIIкуп претставува дел од КП бр. 9 со површина од 117 643 м2 според Имотен лист

Стр. 40 - Бр. 75 15 јуни 2012

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Член 3 Министерството за внатрешни работи се определува како надлежен орган на државната управа што ќе се

грижи за извршување на овој закон. Член 4

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија".

________________

L I G J PËR RATIFIKIMIN E MARRËVESHJES NDËRMJET QEVERISË SË REPUBLIKËS SË MAQEDONISË

DHE KËSHILLIT FEDERAL TË ZVICRËS PËR MARRJEN E PERSONAVE QË QËNDROJNË PA LEJE

Neni 1 Ratifikohet Marrëveshja ndërmjet Qeverisë së Republikës së Maqedonisë dhe Këshillit Federal të Zvicrës për

marrjen e personave që qëndrojnë pa leje, e lidhur në Shkup më 15 mars 2012.

Neni 2 Marrëveshja në origjinal në gjuhën maqedonase, frënge dhe angleze, është si vijon:

Neni 3

Ministria e Punëve të Brendshme caktohet si organ kompetent i administratës shtetërore që do të kujdeset për zbatimin e këtij ligji.

Neni 4 Ky ligj hyn në fuqi në ditën e tetë nga dita e botimit në "Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë".

www.slvesnik.com.mk [email protected] Издавач: ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ц.о.-Скопје бул. „Партизански одреди” бр. 29. Поштенски фах 51. Директор и одговорен уредник – м-р Тони Трајанов. Телефон: +389-2-55 12 400. Телефакс: +389-2-55 12 401. Претплатата за 2012 година изнесува 10.100,00 денари. „Службен весник на Република Македонија“ излегува по потреба. Рок за рекламации: 15 дена. Жиро-сметка: 300000000188798. Депонент на Комерцијална банка, АД - Скопје. Печат: ГРАФИЧКИ ЦЕНТАР ДООЕЛ, Скопје.