8
50 динари ISSN 1820-6409 С П И С А Н И Е З А Д Е Ц А ИЗДАВА НИУ „МИИЦ” ПАНЧЕВО 81 ФЕВРУАРИ 2016

81 fileразубавите и направете интересно. За „Ѕуница“ да претставува списание со кое активно ќе одмарате

  • Upload
    others

  • View
    15

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: 81 fileразубавите и направете интересно. За „Ѕуница“ да претставува списание со кое активно ќе одмарате

50 динари

ISSN

1820

-640

9

СПИСАНИЕ ЗА ДЕЦА•

ИЗДАВА НИУ „МИИЦ” ПАНЧЕВО

81 ФЕВРУАРИ 2016

Page 2: 81 fileразубавите и направете интересно. За „Ѕуница“ да претставува списание со кое активно ќе одмарате

2

Успешна Нова година и многу успеси во сите сфери.

Предметот Македонски јазик со елементи на национална култура

во ОУ „Жарко Зрењанин“ во Качарево се изучува веќе втора годи-

на. Годинава овој предмет го учат само девет ученика. Тие редовно

доаѓаат на часовите и се трудат да ја совладат материјата предви-

дена за нивната возраст. Активно се вклучуваат во приредбите на

училиштето, а учествуваат и во културно-уметнички програми орга-

низирани од здружението „Вардар-Качарево“ или од Националниот

совет на македонската национална заедница во Република Србија.

Посебно се заинтересирани за часовите по пеење кои ги организира

Пејачката група „Тоше Проески“ со која настапуваат на концерти и во

телевизиски емисии.

Учениците внимателно ги слушаат гостите

Книга со посвета вреди двојно повеќе

Програмата ги воодушеви

присутните

Подарок со желби за успех

Две години македонски

јазик во качарево

Амбасадорката на Република Македонија во Белград, Вера Јова-носка Типко, на втори февруари, го посети училиштето „Гоце Дел-чев“ во Јабука, каде по разговорот со директорот Милосав Урошевиќ престојуваше на часот по македонски јазик.

На сите ученици кои го учат предметот Македонски јазик со еле-менти на национална култура во ова училиште им подари книги и им посака многу успеси во понатамошното учење.

Покрај библиотеките на учениците со нови наслови на македонски јазик од познати македонски поети и писатели се збогати и училиш-ната библиотека.

А учениците гостите ги пречекаа со програма во која низ стихови посветени на јазикот, татковината, љубовта, книгата и другарството покажаа дел од своето знаење.

Во ова училиште веќе четири години се учи предметот Македон-ски јазик со елементи на национална култура и досега учениците настапувале на многу приредби и манифестации каде покажале дел од своето знаење стекнато на часовите по македонски јазик.

ГОСТИ НА ЧАС ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Page 3: 81 fileразубавите и направете интересно. За „Ѕуница“ да претставува списание со кое активно ќе одмарате

3

Драги деца,Драги другарчиња,

„Ѕуница“ е ваше списание кое со своите предлози и идеи упатени до нашата редакција можете сами да го

разубавите и направете интересно. За „Ѕуница“ да претставува списание со кое активно ќе одмарате и ќе биде ваше верно другарче без кое не ќе можете треба да се вклу-чите и вие.

Затоа предлагајте, пишувајте, цртајте, прашувајте. Органи-зирано или поединечно испраќајте ги вашите творби, раска-зи, занимливости и сѐ што мислите дека е интересно за да гиинформираме и другите.

Во овој број на страниците на „Ѕуница“ значајно место за-земаат ликовни и литературни творби на учениците кои го учат предметот Македонски јазик со елементи на национал-на култура во училиштата „Гоце Делчев“ во Јабука и „Жарко Зрењанин“ во Качарево.

Но тука се и вашите другарчиња од Богоевци и Лесковац,а се надеваме дека наскоро ќе ни се придружат и ученички и ученици од Пландиште, Глогоњ, Белград, Краљево, Сомбор Суботица и Панчево.

Малку по малку, ќе правиме сѐ побројно семејство!Ви подготвивме и интересни текстови кои читајќи ги ќе

стекнете нови знаења. Се надеваме дека ќе уживате и во занимливите задачи кои

ги поставивме пред вас во забавната рубриката.На страниците на „Ѕуница“ постојано ќе ве чекаат изненаду-

вања во кои ќе уживате. Целта е „Ѕуница“ да расне со вас и од месец во месец да биде сѐ поубава и поубава.

Со голема почит и со љубов ве поздравува вашата уреднич-ка, во која ќе имате искрен соработник.

Лилјана Лазареска, уредник

ЗБОР НА УРЕДНИКОТ

КОНКУРС Драги деца, како што ветивме, ова е изненадување

за овој месец!НИУ „МИИЦ“ распишува литературен и ликовен конкурс

кој ќе трае цела година.Од вашите раскази, песни, состави, афоризми, цртежи

кои ќе бидат објавени на страниците на „Ѕуница“ ќе бидат избрани и наградени најдобрите. Жирито составено од најактивните читатели на крајот од годината ќе ги одбере најдобрите цртежи од кои ќе се направи изложба, а најдо-брите литературни творби ќе бидат дел од посебна збирка.

Затоа моливите во рака и пишувајте! Творбите испраќајте ги на адреса:

КОНКУРС ЗА „ЅУНИЦА“До уредничката Лилјана ЛазарескаОУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“,Јабука, Панчево

НЕЗАБОРАВНО ЛЕТУВАЊЕ ВО ОХРИД

Анѓела Маринковиќ е ученичка од второ одделение во ОУ „Жарко Зрењанин“ во Качарево. Таа веќе две години го изучува предметот Македонски јазикот со елементи на национална култура. Минатата година, во ав-густ, по втор пат, заедно со деца од Србија кои го учат македонскиот јазик помина седум незаборавни дена во Охрид. Во дневните активности освен учење на јазикот и иг-рање со другите деца дојдени од другите земји во сеќавање ќе ѝ останат и долгите прошетки покрај Охридското Езеро, ка-пењето во него и посета на разни места.

- За мене најинтересни беа посетите на Музејот на вода, Заливот на коските, Свети Наум и Самоиловата тврдина. Цел живот ќе ги помнам долгите прошетки по Охрид, возењето со бродот, капењето во езерото и шетањето покрај него и многу работи кои со зборови не можат да се опишат, вели Анѓела.

Редовното посетување на часовите и посетата на Ох-рид придонесоа Анѓела да разговара со пријателите и роднините во Ма ке донија, но и полесно да напредува во учењето на македонскиот јазик.

- Потребно е само да се слуша на часовите и да се на-пишат домашните работи кои ги дава професорката. Сѐ е исто како и на другите предмети, вели Анѓела

Со нејзиното напредување во учењето на јазик задо-волни се и нејзините родители.

Page 4: 81 fileразубавите и направете интересно. За „Ѕуница“ да претставува списание со кое активно ќе одмарате

4

Деца на распуст – Вељко Пешевски, I-1, ОУ „Жарко Зрењанин“, Качарево

Убав ден – Милош Прамчевски, III-1, ОУ „Гоце Делчев“, Јабука

Одм

ор -

Јова

на Д

имит

ровс

ки ,I

-1

ОУ

„Жар

ко З

рењ

анин

“, Ка

чаре

во

Сонц

е - Б

ојан

а Н

инче

ски,

IV-3

, О

У „Г

оце

Делч

ев“,

Јабу

ка

Подароци – Милица Младеновски, IV-3, ОУ, „Гоце Делчев“, Јабука

Последниот лист - Петар Чаиќ, IV-3, ОУ „Гоце Делчев“, Јабука

Мое

то у

чили

ште

– М

ихај

ло С

тојк

овск

и,

I-3, О

У „Г

оце

Делч

ев“,

Јабу

ка

Сонч

огле

ди -

Пет

ар Ч

аиќ,

IV-

3,

ОУ

„Гоц

е Де

лчев

“, Ја

бука

Page 5: 81 fileразубавите и направете интересно. За „Ѕуница“ да претставува списание со кое активно ќе одмарате

5

Учениците кои го учат предметот Македонски јазик со елементи на

национална култура во училишта-та „Гоце Делчев“ од Јабука

и „Жарко Зрењанин“ од Качарево учествуваа

во заедничката кул-турно-уметничка програма органи-зирана во ДК „Жар-ко Зрењанин”. Нив-

ното претставување започна со стихови на

македонски јазик пос-ветени на јазикот, книгата

и другарството, а заврши со песната „Македонско девојче“ со која пееја сите во публиката.

Веќе девет години по ред Маке-донската заедница со своја про-грама учествува во оваа прослава. Освен промовирањето на јазикот и македонската култура склопени се нови пријателства и направени нови контакти за понатамошна со-работка.

Во програмата учествуваа речи-си сите национални заедници кои живеат во Општина Панчево, но и претставници од другите национал-ни совети во Србија.

МАЈЧИН ЈАЗИКМајчиниот јазик е оној на кој ги изговараме нашите

први зборови, јазик кој прв го слушаме веднаш по на-шето раѓање. Мајчин јазик е првиот јазик којшто чове-кот го учи од неговото раѓање. Овој термин исто така се користи за јазик кој некоја личност најдобро го говори

Јазикот е обележје на еден народ, главна карактерис-тика по која се разликува од другите народи.Кој е ваш мајчин јазик и дали вие го сакате и негувате? Знаеме дека во секојдневната комуникација се користат дија-лектите кои секако се огромно богатство на еден јазик, но се трудите ли барем кога пишувате да ги почитувате

правилата на литературниот јазик?

Песни и стихови на македонски јазик

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК

Со стихотворби за јазикот, книгата и другарството и песната „Македонско девојче“ се претставија учениците во Иваново

Page 6: 81 fileразубавите и направете интересно. За „Ѕуница“ да претставува списание со кое активно ќе одмарате

6

МОЈАТА МАЈКА

Еден дождлив ден тргнавме со татко ми на пазар да купиме школски прибор. Татко ми ми рече дека кога ќе завршиме потоа ќе ја посетиме мајка ми на работното место. Насекаде кал и вода, чадорите на луѓето се удараа и сите беа нервозни. Ни моето расположение не беше ништо подобро. Бев мокра, пред неколку минути ме испрска еден несовесен возач, а и од долгото шетање огладнев. Но одеднаш пред мене излезе мајка ми. Таа се насмевна и ме прегрна. Сонцето полека се појавуваше зад облаците и повеќе ништо не ми пречеше. Сара Бојовиќ,

ОУ „Гоце Делчев“ Јабука

ЖЕЛКАТА И ШАРЕНИОТ КИТ

Еден пролетен со­н чев ден желката из лезе на брегот на морето да се проше­та. Сончевите зраци се играа на нејзи­ниот мокар оклоп а таа се чувствуваше многу убаво. Некол­ку пати излегуваше и влегуваше и одде­наш здогледа нешто дотогаш невидено, го лемо и шарено. Се исп лаши и по кој знае кој пат се сокри во водата. Но љубо­питноста не и дава­ше да остане мирна. Бојажливо излезе да види што е тоа. По­лека се приближу­ваше и претпазливо зас тана, зеде здив и праша:

­ Кој си ти?­ Јас сум Шаренко,

кит кој сака да се од­мара и дружи, одго­ворил китот.

­ И јас сакам да се дружам, одговори же л ката Кристина.

Од тој ден тие ста­наа добри пријатели, постојано се дружеа и раскажуваа за сво­ите доживувања.

Сташа Спасов, ОУ „Гоце Делчев“

Јабука

МОЈОТ НАЈДОБАР ДРУГАР

Бранислав Стојановски е мој најдобар дру­гар. Тој оди во петто оделение и има двана­есет години има кратка светло­кафеава коса и зелени очи. Тој е добар кон мене и секогаш играме заедно фудбал. Во неговата екипа сите го викаме Бане. Тој прекар му го дадов јас би­дејќи ми беше некако напорно постојано да го викам со неговото име. Ние слободното време го поминуваме играјќи фудбал. Бане ме учи како да станам светска фудбалерка.

Сара Ѓошевски, Јабука

ПЛИВАЊЕ

На крајот од месец март трите паралелки од второ одделение организирано тргнаа на пливање во ба­зенот на Панчево. Сите се трудевме да научиме да пливаме. Некаде кон средината на месецот учите­лот по пливање ме пофали и рече дека многу до­бро напредувам. Кога се вратив од пливање на татко ми му реков дека сигурно ќе положам. Во среда, на полагање прво отиде второ еден, па потоа беше на­шето одделение и на крајот второ три. Јас тогаш го положив испитот и добив диплома и беџ. Додека се фалев со дипломата пред моите другарки видов дека и мајка ми и татко ми се гордеат со мене.

Душица Мицковски, ОУ „Гоце Делчев“ Јабука

МАЧОРОТ ПОПИ

Мачорот Попи спиеше во својата куќа. Слушна дека е дојдена неговата газдарица и потрча во пресрет. Таа му даде да јаде. Ма­чорот беше многу среќен. Тој имаше жолти шарки и многу сакаше деца. Тој беше разигран. Попладне лежеше на креветот и пре­деше. Одеднаш го разбуди разговорот на неговата газдарица. Таа зборуваше со нејзината внука. Газдарицата беше многу среќна за­тоа што внуката Ѝ вети дека ќе дојде попладне кај неа. Попи исто така многу ја сакаше Марија бидејќи и со неа убаво се играше. Тој излезе надвор за да ја пречека пред портата. Кога ја здогледа Ѝ се стрча во нозете и почна да скока. Марија го зеде во прегратка и долго време останаа така прегрнати. Не обрнаа внимание ни на баба Ленка, ниту на дождот кој во тој момент почна да врне. По­лека отидоа во собата каде се играа, а потоа заспаа заедно.

Бојана Нинчевска, ОУ „Гоце Делчев“ Јабука

Page 7: 81 fileразубавите и направете интересно. За „Ѕуница“ да претставува списание со кое активно ќе одмарате

Мирослав Антиќ за себе (1932­1986)

„Роден сум 1932 год. во северен Ба-нат, с. Мокрин, каде што го завршив и основното училиште. Учев во гим-назијата во Кикинда и Панчево, бев на студии во Белград, а живеам во Нови Сад.

Имам и некои награди и призна-нија, две „Невен“- ови. Една за живот-но дело во поезијата за деца. Горано-ва награда. Награда Стеријев Театар. Златна арена за филмско сценарио. Награда Ослободување на Војводи-на. Седмојулска награда на Србија. Носител сум на орден за заслуга на народот. Некој од сето ова би можел да напише безброј страници. На пример: го уредуваше списа-нието „Ритам“ или го уредуваше Змаевиот „Невен“,....

Најмногу би сакал, сами да ја измислите мојата биографија. Тогаш ќе имам различни животи и ќе бидам најжив меѓу живите.

Останатото, што не е за најава на писател, туку за шепотење, го ка-жав во песната „In memoriam“ и во сите останати свои песни“.

Поетот Мика Антиќ, во еден разговор рече дека има читано за мно-гу писатели и сите на него влијаеле, но малку се оние кои, како што тој велеше, му останале добри и вечни пријатели. Во детската литерату-ра, на пример, никогаш не се разочарал во Сент Егзипери, велеше тој. Во своето дело, Антиќ слично на Егзипери, покажува колку се вредни малите нешта, кои возрасните луѓе и не ги забележуваат. Тој пишува за ситниците што го опкружуваат човекот, а за кои тој не е свесен, преокупиран со секојдневните животни активности.

Во своето обраќање кон децата, велеше: „Моите песни не се песни, туку писма за секој од вас. Тие не се во овие зборови, туку во вас, а зборовите се употребуваат само како клучеви; да се отклучи вратата зад која некоја поезија, веќе доживеана, веќе завршена, веќе многупа-ти кажана, чека затворена некој да ја ослободи“.

Има објавено над десетици поетски книги. Меѓу најпознатите се „Плави чиперак“ и „ Гарави сокак“.

Обидете се да го најдете бројот 8 во морето од деветки...

Како ве служи видот? Ве предупредуваме дека на почетокот ќе биде лесно, но подоцна сите цифри ќе ви изгледаат како осмици.

Пишете ни во коментар за колку време ја пронајдовте осмицата.

Загатката со лубеници стана хит на интер-нет...

Задачата за многумина претставува главо-болка, затоа што не можат да ја решат. Убаво загледајте се и напишете ни коментар колку лубеници гледате, доколку ги споите.

Што мислите, има ли трик?

КОЛКУ ЛУБЕНИцИ

ИМА НА СЛИКАВА?

Веруваме дека оваа задача ќе ви биде лесна и ќе ја решите за брзо време...

Авторот на задачата се потрудил да не биде многу компли цирана, затоа сметаме дека воопшто нема да ви биде проблем кога ќе барате решение за истата.

Кога ќе го најдете решението, напишете ни го во коментар.

ИНТЕРЕСНА ЗАДАЧА

СО ОВОШЈЕ

7

МИРОСЛАВ АНТИЌ

БУДИМИР

Кога го гледам небото: и ѕвездите се Цигани.И птиците се Цигани.И црните облаци што се влечат од Чот– сите се Цигани.

Кога го гледам Дунав: жабите се Цигани.И кајчињата се Цигани.И црните бранови што доаѓаат од Сусека-сите се Цигани.

Кога ќе замижам,толку е страшен мракот,Па гледам дека и јас сум Циганин.

Низ чорапите ми излегле нозете,Низ капата ми расне мојата црна коса.Најубаво сум циганско детеОдовде до ДунавИ до небото– и сосема до Сланкамен.

(Од српски на македонски превел: Виктор Шеќеровски)

ЗА КОЛКУ ВРЕМЕ ЌЕ Е НАЈДЕТЕ ОСМИцАТА?

Page 8: 81 fileразубавите и направете интересно. За „Ѕуница“ да претставува списание со кое активно ќе одмарате

Во учебната 2015/2016 година, во Основното учи­лиште „Бора Станковиќ“ во Богојевце, Лесковац, оваа учебна 2015/2016 година, почна да се изучува предметот Македонски јазик со елементи на нацио­нална култура. За пофалба е разбирањето на Школ­ската управа Лесковац и директорот на училиштето Миодраг Стојановиќ, но и на родителите на учени­ците, зошто мајчиниот јазик ни е завет од дедовци­те, како тламникот во огништето.

– Чувај го како црнката во окото­без јазик си никој и ништо, рекол големиот македонски детски поет Видое Подгорец.

Ова е трета група која во Лесковац се определи за изучување на македонскиот јазик. Пораката од Лесковац, упатена до другите здруженија е дека тре­ба да ги насочат своите напори и да прават само кон­структивни чекори кои даваат позитивни резултати.

– Со љубов, со восхит и трепет во нашиве срца ќе го изучуваме нашиот мајчин, македонски јазик. А ро­дителите ветија дека секогаш се подготвени за сора­ботка, а имаат и желба да им помогнат и на другите македонски здруженија во Република Србија овој чин да биде предизвик и за нив во 2016 година.

Маре Каранфиловиќ

8

Предизвик кој во 2016 година треба да биде поттик на другите здруженија на македонската заедница во Србија, но и на родителите

„Ѕуница” Литературно списание за деца година VIII / број 81 / Издавач: НИУ „Македонски информативен и издавачки центар” Панчево / Директор и главен и одговорен уредник: Виктор Б. Шеќеровски / Уредник и лектор: Лилјана Лазареска / Teхнички уредник: Зоран Перовиќ / Печат: „ХЛ принт” д.о.о. Бачки Петровац / Списанието излегува со финансиска поддршка на НС на МНЗ во Србија, на Секретаријатот за култура на АПВ и на Министерството за култура на РС / Ракописите, фотографиите и илустрациите не се враќаат /

Лесковац треба да биде патоказ