34
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Медицински факултет Физиотерапевт Предмет: Здравствено и социјално законодавство Тема: Безбедност и здравје при работа (Сл. весник на Р.М. 92/2007) Изработил: Професор: Диме Николовски Проф. д-р. Дончо Донев Бр. на индекс 228

Bezbednost i Zdravje Pri Rabota

  • Upload
    -

  • View
    97

  • Download
    3

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Bezbednost i Zdravje Pri Rabota

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – СкопјеМедицински факултет

Физиотерапевт

Предмет:Здравствено и социјално законодавство

Тема:Безбедност и здравје при работа

(Сл. весник на Р.М. 92/2007)

Изработил: Професор:Диме Николовски Проф. д-р. Дончо Донев Бр. на индекс 228

Page 2: Bezbednost i Zdravje Pri Rabota

Безбедност и здравје при работа Диме Николовски

Скопје, август 2012

Во време на драстични промени,

иднината ја наследуваат оние кои учат.

Тие кои мислат дека научиле се,

оспособени се да живеат во свeт кој повеќе не

постои!

2

Page 3: Bezbednost i Zdravje Pri Rabota

Безбедност и здравје при работа Диме Николовски

Eric Hoffer

Содржина

ВОВЕД...................................................................................................4

1.ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА..............................5

2.ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧОТ.....................................................5

3. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ВРАБОТЕНИТЕ........................................8

4. ТАБЕЛАРЕН ПРЕГЛЕД НА ОБВРСКИТЕ НА РАБОТОДАВАЧОТ

СПОРЕД ЗБЗПР....................................................................................9

Правилник за безбедност и здравје при работа..............................14

Правилник за заштита на работниците при пожар спасување и

евакуација...........................................................................................20

Изјава за следење на обука...............................................................25

3

Page 4: Bezbednost i Zdravje Pri Rabota

Безбедност и здравје при работа Диме Николовски

ВОВЕД

Областа на заштита при работа е регулирана со Законот за

Безбедност и здравје при работа (Службен Весник бр.92/07) и

бројни подзаконски акти донесени врз основа на овој Закон. Во

овој закон се утврдени мерките за безбедност и здравје при

работа, обврските на работодавачот при организирањето на

здравјето и безбедноста на работа како и правата и обврските на

вработените.

Овој закон се применува на сите дејности од јавниот и приватниот

сектор освен оние кои се регулирани со посебни прописи

(Вооружените сили, Полицијата итн).

Тенденција е областа на заштита на работа да се регулира со

наметнување на конкретни обврски на работодавачите и

вработените. Со донесување на новиот закон за безбедност и

здравје и со бројните подзаконски акти кои го следеа новиот

закон како и со конкретни чекори од Државните органи во

областа на заштита при работа се централизира една досега

маргинализирана област. Иако големиот дел од позаконски акти

4

Page 5: Bezbednost i Zdravje Pri Rabota

Безбедност и здравје при работа Диме Николовски

се донесени (преземени) од системи во кои Македонија беше дел

сепак има најави на заменување на истите со нови усогласени со

оние на Европската Унија како дел од критериумите за членство.

1.ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

Според Законот за Безбедност и Здравје главни карактеристики

на односот со кој се уредува безбедноста и здравје при работа се:

Субјекти според

ЗБЗПР(член 1 и 2)

КОЈ Сите вработени и работодавaчи.

Простор ( член 6) КАДЕ На сите места каде се извршува

работниот процес.

Процес ( член 5) ШТО Заштита при работа е составен

дел од организацијата при работа

и истата се остварува преку

почитување на постоечките

прописи и со превземање на

конкретни мерки.

Односи и правила

(член 11)

КАКО Подготвување на изјава за

безбедност

Испитување на работното место и

околина.

Предвидување на ризици и

5

Page 6: Bezbednost i Zdravje Pri Rabota

Безбедност и здравје при работа Диме Николовски

преземање за намалување на

истите.

Подготвување на правилници за

евакуација, пожар.

2. ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧОТ

Општи обврски кои му се наметнати на работодавачот се да

избира работни методи кои ќе го подобрат нивото на безбедност и

здравје при работа (член 5 став 2) и да го прилагоди работниот

процес кон способностите на вработените (член 10).

Работодавачот ќе дозволи вработените непосредно или преку свој

претставник да учествуваат во утврдувањето на недостатоците и

подобрување на условите за работа (член 27 и 28) и мора да

назначи:

-едно или повеќе стручни лица за безбедност (член 19)

-овластена здравствена установа која ќе врши стручни

задачи за здравје при работа ( член 17 и член 20)

-да донесе безбедносни мерки против пожар (член 17)

-мерки за прва помош и евакуација (член 17)

-обука на вработените за безбедно извршување на работата

(член 17)

-вршење на прегледи и испитување на работната средина

( член 33)

-следење на здравствената состојба на вработените( член 17)

Работодавачот според Законот за безбедност и здравје мора да

изготви и да спроведе изјава за безбедност на секое работно

6

Page 7: Bezbednost i Zdravje Pri Rabota

Безбедност и здравје при работа Диме Николовски

место. Изјавата за безбедност претставува идентификација на

опасностите и проценка на ризиците. Оваа обврска

работодавачите имаат рок од две години од стапување на сила на

Законот за безбедност и здравје при работа односно до 07.2009

година. Оваа законска одредба не се применуваше поради

отуството на издадени дозвола за вршење на стручни работи од

страна на Министерството за труд и социјална политика.

Основните обврски кои Законот му ги наметнува на Работодавачот

за да ја организира безбедноста и здравјето при работа, можат да

се извршени директно од страна на работодавачот или преку

назначување на овластени стручни лица.

Стручните лица во прв поглед ќе имаат обврска да го советуваат

работодавачот,да подготвата стручна основа за изјавата за

безбедност да вршат контролни прегледи на работното место, да

вршат обука на вработените и да даваат конкретни предлози за

унапредување на безбедноста и здравјето на работното место.

( член 19)

Работодавачот е должен земајќи го во предвид технолошкиот

процес, да преземе мерки за заштита при пожар или доколку

настане да ја намали опасноста на најмала можна мера за да ги

заштити вработените.

Во таа насока работодавачот ќе организира и ќе обезбеди

евакуација, спасување и прва помош, ќе оспособи лица кои ќе ја

спроведуваат евакуацијата, ќе ги запознае вработените со планот

за евакуација и ќе спроведе практични вежби најмалку една во

две години.( член 24). Доколку на работното место и во работните

простории работат до 20 луѓе тогаш најмалку еден од нив ќе биде

7

Page 8: Bezbednost i Zdravje Pri Rabota

Безбедност и здравје при работа Диме Николовски

оспособен за давање на прва помош, гасење пожар евакуација и

спасување а над овој број на секои 20 по уште еден.(член 24)

Работодавачот ќе обезбеди соодветни апарати за гасење на пожар

и истите ќе ги постави на видно и достапно место и ќе ги

сервисира во согласност со подзаконските прописи. ( член 8 од

Правилникот за изборот на видовите и на количините на

противпожарните апарати..)

Работодавачот во случај на непосредна опасност ќе има даде на

вработените соодветни упатства за запирање со работа и

евакуација и во никој случај нема да ги задолжува вработените со

извршување на работни задачи.

Средствата за работа работодавачот ќе ги држи во исправна

состојба, а ќе ја проверува исправноста и безбедноста со правење

на повремени испитувања. (член 33).

3. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ВРАБОТЕНИТЕ

Вработените генерално треба да соработуваат со работодавачот со

давање на мислења, предлози и забелешки. Активната улога на

вработениот не претставува само право туку и обврска на

вработениот.(член 38) Вработените ќе соработуваат и со

стручните лица поставени од работодавачот во областа на

заштита на безбедноста и здравјето при работа.

8

Page 9: Bezbednost i Zdravje Pri Rabota

Безбедност и здравје при работа Диме Николовски

Вработените ќе ги почитуваат упатствата од производителот при

управување со средствата за работа (член 41).

Вработените имаат право да именуваат претставник кое

претставува лице избрано од страна на вработените да ги

застапува нивните интереси во поглед на безбедноста и здравјето

при работа пред работодавачот.(член 3)

Бројот на претставниците ќе зависи од бројот на вработените, со

тоа што тој број не може да биде помал од:

- над десет вработени, се избира еден претставник,

- двајца претставници на 101 до 500 вработени и тројца

претставници кај работодавачот кои имаат над 501 вработен.

Претставникот на вработените има право:

o да ги обиколи работните места поради согледување на

состојбата во врска со безбедноста при работа;

o да разговара со работодавачот за потребите и

проблемите на безбедноста и здравјето при работа;

o да ја извести инспекцијата на трудот за нејзино

посредување, да присуствува, да ги даде своите

согледувања и да има увид во записникот составен од

страна на инспекторот и

o да побара од работодавачот информации и да има

пристап до изјавите за процена за безбедноста и

извештаите што се обврска на работодавачот и други

документи во врска со планирањето и уредувањето на

безбедноста и здравјето при работа.

9

Page 10: Bezbednost i Zdravje Pri Rabota

Безбедност и здравје при работа Диме Николовски

4. Табеларен преглед на обврските на

работодавачот според ЗБЗПР

ОБВРСКИ НА

РАБОТОДАВАЧОТ И

ВРАБОТЕНИОТ

СПОРЕД НОВИОТ

ЗАКОН ЗА

БЕЗБЕДНОСТ И

ЗДРАВЈЕ ПРИ

РАБОТА(Сл.весник

бр.92/07) од 24.07.2007

година ИЗВОР ПЕРИОД

     

1.Изјава за безбедност    

а.) Секој работодавач

мора да изготви и

спроведе изјава за

безбедност на секое

работно место

Член 11 став 1 од

Законот за безбедност

и здравје при работа

Две години од

денот на

влегување на сила

на овој закон

( член 60). Тоа

значи дека

крајниот рок за

изготвување и

спроведување на

изјава за

безвбедност е

07.2009 година

б.)Изјавата за безбедност

се заоснова на

Член 11 став 3 од

Законот за безбедност  

10

Page 11: Bezbednost i Zdravje Pri Rabota

Безбедност и здравје при работа Диме Николовски

идентификација на

опасноста и проценка на

ризиците по безбедноста

и здравјето и здравје при работа

в.)На вработените и на

претставниците им се

презентира изјавата за

безбедност

Член 27 став 2 од

Законот за безбедност

и здравје при работа  

г.) Работодавач ќе биде

казнет со глоба од 5.000

до 8.000 евра доколку

нема изготвено и

спроведена изјава за

безбедност во писмена

форма

Член 58 став 1 алинеја

1 од Законот за

безбедност и здравје

при работа  

     

2.Заштита од пожар,

евакуација и спасување    

а.) Земајќи го во предвид

технолошкиот процес и

материјалите кои се

користат при работа,

работодавачот треба да

преземе мерки да не

настане пожар

Член 24 став 1 од

Законот за безбедност

и здравје при работа

Со стапување на

сила на законот за

безбедност и

здравје при работа

б.) Работодавачот да

утврди план за евакуација

и спасување во случај на

вонредна ситуација и да

спроведе практични

Член 24 став 4 од

Законот за безбедност

и здравје при работа

Најмалку еднаш

на две години

11

Page 12: Bezbednost i Zdravje Pri Rabota

Безбедност и здравје при работа Диме Николовски

вежби

в.) На секое работно

место каде работат до 20

вработени најмалку еден

ќе биде обучен за прва

помош, гасење пожар,

евакуација и спасување а

над овој број на секои 20

уште по еден

Член 24 став 6 од

Законот за безбедност

и здравје при работа

Со стапување на

сила на новиот

закон за

безбедност и

здравје при работа

г) Работодавачот ќе

склучи договори со други

правни субјекти

специјализирани за

давање на услуги, особено

во однос на давање на

прва помош, итна

медицинска помош,

активности за евакуација

и спасување и

противпожарна заштита.

Член 24 став 7 од

Законот за безбедност

и здравје при работа

Со стапување на

сила на новиот

закон за

безбедност и

здравје при работа

     

Обука и претставници

на вработените    

а.) Бројот на

претставниците ќе зависи

од бројот на вработените

Член 29 од Законот за

безбедност и здравје

при работа  

б.) Работодавачот има

обврска да спроведе

обука во областа на

здравје и безбедност при

работа на вработените

Член 31 од Законот за

безбедност и здравје

при работа

а)при вработување

б)при

преместување на

ново работно

место

12

Page 13: Bezbednost i Zdravje Pri Rabota

Безбедност и здравје при работа Диме Николовски

в)при вовоедување

на нова

технологија и нови

средства за

работа,

г)при измена на

работниот процес

в.) Обуката се спроведува

од страна на стучно лице

кое има положено

стручен испит

Член 19 од Законот за

безбедност и здравје

при работа

Со стапување на

сила на законот за

безбедност и

здравје при работа

и Правилникот за

полагање на

стручен испит од

областа на

безбедност и

здравје при работа

     

Права и обврски на

вработените    

а.) Право и обврска на

секој вработен е да дава

предлози, забелешки и

мислења во областа на

заштита на безбедноста и

здравјето при работа

Член 39 став 2 од

Законот за безбедност

и здравје при работа  

б.) Вработениот мора

правилно и според

упатствата да ги користи

средствата за работа и

опремата за лична

Член 41 од Законот за

безбедност и здравје

при работа

 

13

Page 14: Bezbednost i Zdravje Pri Rabota

Безбедност и здравје при работа Диме Николовски

заштита

в.) Вработениот има право

да побара асистенција од

надлежниот инспекторат

за труд доколку смета

дека не се исполнети

условите за безбедност и

здравје при работа

Член 42 став 2 од

Законот за безбедност

и здравје при работа  

г.) Вработениот мора

веднаш да го извести

работодавачот за секој

недостаток кој би можел

да ја загрози неговата или

безбедноста на другите

вработени

Член 42 став 1 од

Законот за безбедност

и здравје при работа  

14

Page 15: Bezbednost i Zdravje Pri Rabota

Безбедност и здравје при работа Диме Николовски

Врз основа на член 17 став 1 од Законот за безбедност и здравје

при работа (понатаму: Законот), кај работодавачот

_________________________ управителот ___________________ на ден

_._.20__ година го донесе следниот:

ПРАВИЛНИК ЗА БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО ПРИ РАБОТА

I. Основни одредби

Член 1

Овој правилник, во согласност со Законот, го уредува

спроведувањето на безбедноста и здравјето при работа на

вработените во _____________________________________________________

(понатаму: Работодавачот) со цел создавање на безбедносни

услови при работа заради заштита на здравјето и работните

способности на вработените.

15

Page 16: Bezbednost i Zdravje Pri Rabota

Безбедност и здравје при работа Диме Николовски

II.Oбврски на Работодавачот

Член 2

Работодавачот обезбедува безбедност и здравје при работата и

презема мерки потребни за заштита на безбедност и здравје при

работата на вработените.

Член 3

Работодавачот воведува заштитни мерки и избира работни и

производствени методи кои го подобруваат нивото на работа на

вработените.

Во случај на повреда при работа поради невообичаени и

непредвидливи околности кои се надвор од контролата на

Работодавачот или поради настани чии последици не можеле да

се избегнат, Работодавачот не е одговорен според прописите за

безбедност и здравје при работа.

Член 4

Работодавачот доколку смета ќе ги довери своите обврски во

областа на заштита на здравјето и безбедноста на вработените на

овластени правни и физички лица.

16

Page 17: Bezbednost i Zdravje Pri Rabota

Безбедност и здравје при работа Диме Николовски

На овластените лица ќе им ги стави на располагање сите

потребни информации во областа на здравјето и безбедноста на

вработените.

Член 5

Работодавачот го следи здравјето на вработените преку

ангажирање на овластена здраствена установа која врши

прегледи на здравејто на вработените, најмалку еднаш во 18

месеци.

Член 6

Работодавачот средствата и опремата за работа, електричната

инсталација, греењето како и други инсталации ги одржува

редовно и правилно во исправна состојба, во согласност со

техничките прописи и одредени стандарди, на начин кој

обезбедува потребна сигурност на вработените, така што во текот

на користењето и евентуални преместувања на друго работно

место, истите прегледи и проверки на нивната исправност.

Член 7

Работодавачот донесува правилници и ги известува вработените

за истите за заштита на вработените во случај на пожар и друга

елементарна непогода како и утврдува план за евакуација во кој

поблиску ги уредува начините за постапување во случај на пожар

и друга елементарна непогода.

Информирање на вработените

17

Page 18: Bezbednost i Zdravje Pri Rabota

Безбедност и здравје при работа Диме Николовски

Член 8

Работодавачот ги известува вработените при вработување,

менување на работно место или при менување на технолошкиот

процес за мерките и активностите што ги презема во областа на

здравјето и безбедноста на вработените како и ги запознава со

обврските што вработените треба да ги превземе.

Член 9

Додека траат опасностите работодавачот не ги задолжува

вработените со работни задачи чие извршување би ја згрозила

нивната безбедност и здравје.

Член 10

Работодавачот дозволува вработените да учествуваат во

дискусиите за сите прашања поврзани со безбедноста и здравјето

на вработените.

Обука на вработените

Член 11

Работодавачот врши теоретско и практично оспособување на

вработените за безбедно и здраво работење при засновање на

работен однос, преместување на друга работа, при воведување

нова технологија, односно новите средства за работење, како и

при промена на работниот процес.

18

Page 19: Bezbednost i Zdravje Pri Rabota

Безбедност и здравје при работа Диме Николовски

Обуката се врши во текот на работното време.

Член 12

Работодавачот обуката ќе ја прилагоди на спецификите на

работното место.

Евиденција

Член 13

Работодавачот е должен да води и чува евиденција за:

- работните места со зголемен ризик и вработените

распоредени на тие работни места;

- повреда при работа, професионално заболување и болести во

врска со работата;

- оспособување на вработените за безбедно и здраво

работење;

- опасните материи кои се користат во текот на работењето;

- извршените испитувања на работната околина;

- извршените прегледи и испитувања на опремата и

средствата за работење и опремата за лична заштита;

- поднесените пријави од трудовата инспекција за смртни,

колективни или тешки повреди при работа и професионални

заболувања, односно заболувања во врска со работата на

вработениот.

III.Права и обврски на вработените

Член 14

19

Page 20: Bezbednost i Zdravje Pri Rabota

Безбедност и здравје при работа Диме Николовски

Вработениот има право и обврска пред почетокот на работата да

се запознае со мерките за безбедност и здравје при работа за

работите кои ќе ги работи, како и оспособување за нивно

спроведување.

Член 15

Вработениот има право да одбие да работи доколку му се заканува

непосредна опасност по животот и здравјето, поради тоа што на

работното место на кое работи не се применети пропишаните

мерки за безбедност и здравје, како и други случаи утврдени со

Закон.

Член 16

Вработениот е должен да ги почитува прописите за безбедност и

здравје при работа, за да не ја загрози својата безбедност и

здравје, безбедноста и здравјето на другите вработени лица, како

и да го извести Работодавачот за секој вид потенцијална опасност

која би можела да влијае на безбедноста и здравјето при работа.

Член 17

Обврските на Работодавачот утврдени со овој Правилник согласно

Законот, истовремено претставуваат права на вработените во

врска со спроведување на мерките на безбедност и здравје при

работа.

IV.Организирање на работата во врска со безбедност и

здравјето при работа

Член 18

20

Page 21: Bezbednost i Zdravje Pri Rabota

Безбедност и здравје при работа Диме Николовски

Вработените кои ги извршуваат работите во врска со безбедноста

и здравјето при работа учествуват во подготовката на актите за

проценка на ризикот, во опремувањето и уредувањето на

работното место со цел обезбедување безбедни услови при работа,

вршат контрола на средствата за работа и опремата за лична

заштита, подготвуваат и спроведуваат оспособување на

вработените за безбедно работење, организираат преглед и

проверка на опремата за работење, предлагаат мерки за

подобрување на условите за работа, подготовка на упатства за

безбедно работење, ја следат состојбата во врска со повредите при

работа и професионални заболувања, забрануваат работа кога ќе

утврди постоење непосредна опасност по животот и здравјето на

вработените, водат пропишана евиденција во областа на

безбедноста и здравјето при работа.

Завршни Одредби

Член 19

Овој правилник стапува на сила на денот на донесување.

21

Page 22: Bezbednost i Zdravje Pri Rabota

Безбедност и здравје при работа Диме Николовски

Врз основа на член 24 од Законот за безбедност и заштита при

работа( Службен весник на Р. Македонија бр.92/07 од 24.07.2007)

управителот на _________________________ го донесе следниот:

Правилник за заштита на работниците при пожар

спасување и евакуација

член 1

Со овој Правилник, во _____________________________ (понатаму

Работодавач) се уредуваат мерките за заштита при работа,

обврските на работодавачот и правата и обврските на работниците

во областа на заштита при пожар евакуација и спасување.

Обврски на Работодавачот

член 2

Работодавачот земјаќи го во предвид технолошкиот процес,

средствата за работа како и големината на објектот презема

мерки за да не настане пожар, а во случај да настане да ја намали

опасноста по безбедноста и здравјето на вработените.

член 3

На секое работно место и во работните простории каде работат до

20 вработени работодавачот именува најмалку еден за давање на

прва помош, гасење пожар, евакуација и спасување. Над овој број

а на секои 20 вработени работодавачот ќе обезбеди уште по еден.

22

Page 23: Bezbednost i Zdravje Pri Rabota

Безбедност и здравје при работа Диме Николовски

член 4

Работодавачот на свој товар врши теоретска и практична обука на

вработените со цел да ги запознае со опасностите на работното

место и дејствијата кои ќе се преземат во случај на пожар.

член 5

Работодавачот склучува договори со други правни

лица,специјализирани за давање услуги во областа на заштита на

безбедноста и здравјето на вработените.

член 6

Работодавачот ќе изготви евакуационен план (Анекс 1) кој

претставува составен дел од овој правилник каде ќе ја предвиди

постапката, мерките и начините на дејствување при случај на

евакуација на вработените во случај на пожар

член 7

Работодавачот ќе ги запознае вработените со евакуациониот план

и мерките кои ги презело за заштита на вработените во случај на

пожар.

член 8

Работодавачот ќе ги земе во предвид предлозите, мислењата и

забелешките дадени од страна на вработените во врска со

мерките кои се преземени или треба да се преземат за заштита на

вработените во случај на пожар.

23

Page 24: Bezbednost i Zdravje Pri Rabota

Безбедност и здравје при работа Диме Николовски

член 9

Работодавачот нема да ги задолжува вработените со работни

задачи додека траат опасностите по безбедноста и здравјето на

вработените

член 10

Работодавачот ќе ја обезбеди потрабната опрема за гасење на

пожар и ќе ја стави на видно и достапно место.

член 11

Работодавачот редовно ќе врши контрола и сервисирање на

потребната опрема за гасење на пожар

член 12

Работодавачот ќе им ја стави на располагање потребната опрема

на лицата кои ќе ја спроведуваат евакуацијата, спасувањето,

гасењето на пожарот и прва помош.

член 13

Работодавачот ќе обучи лице кое во случај на потреба ќе пружи

прва помош.

член 14

24

Page 25: Bezbednost i Zdravje Pri Rabota

Безбедност и здравје при работа Диме Николовски

Работодавачот ќе обезбеди главниот енергетски извор да биде

поставен на видно и достапно место како и лице кое во случај на

пожар на електричната инсталација ќе стори напори да го

исклучи од напојување.

член 15

Лице кое ќе контактира со противпожарната бригада, во случај на

пожар ќе биде назначено од работодавачот.

Права и обврски на вработените

член 16

Вработениот ќе ги почитува прописите за безбедност и здравје

при работа како и ќе се придржува кон упатствата издадени од

работодавачот за дејствување во случај на опасност од пожар.

член 17

Вработениот ќе учестувува на обуките за заштита на здравјето и

безбедноста на вработените организирани од работодавачот.

член 18

Вработениот ќе дава конкретни предлози, мислења и забелешки

за унапредување на безбедноста здравјето на вработeните.

член 19

25

Page 26: Bezbednost i Zdravje Pri Rabota

Безбедност и здравје при работа Диме Николовски

Вработениот има право да одбие извршување на работна задача

доколку е изложен на непосредна опасност по здравјето или

животот.

член 20

Вработениот ќе ракува со средставата за работа според

пропишаните упатства со цел да избегне евентуална опасност од

пожар.

член 21

Вработениот стрикно ќе ги следи правилата и другите интрени

акти и наредби на работодавачот за постапување во случај на

пожар, други елементарни непогоди и запирање на работа и

евакуација во такви случаи.

Преодни и завршни одредби

Член 22

Овој правилник стапува во сила на денот на неговото донесување.

26

Page 27: Bezbednost i Zdravje Pri Rabota

Безбедност и здравје при работа Диме Николовски

Согласно член 31 од Законот за безбедност и здравје при работа

(Службен весник на Република Македонија бр. 92/07), а по

спроведената обука од страна на работодавачот

___________________________, вработениот ___________________, на ден

___________ година ја даде следната:

И З Ј А В А

Јас, ___________________________ од ____________, распореден/а на

работно место___________________, кај работодавачот

___________________________, изјавувам дека на ден ___________ година

ја следев обуката од областа на безбедност и здравје при работа и

запознаен/а сум со актите на работодавачот како и со средствата

и мерките за заштита при работа.

27

Page 28: Bezbednost i Zdravje Pri Rabota

Безбедност и здравје при работа Диме Николовски

Скопје, __________ година

Изјавил:

____________

28