13
УНИВЕРЗИТЕТ “Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ С Е М И Н А Р С К А Р А Б О Т А Предмет: ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ Тема: Бучава и заштита од бучава професор: Проф. д-р Светлана П. ОНЧЕВСКА асистент: Асис. м-р. Коце Тодоров изработил: Климент Ристевски 8571 СКОПЈЕ, Мaj 2011 год.

Bucava i zastita od bucava

Embed Size (px)

DESCRIPTION

seminarska rabota

Citation preview

Page 1: Bucava i zastita od bucava

УНИВЕРЗИТЕТ “Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ”

ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ

С Е М И Н А Р С К А Р А Б О Т А

Предмет: ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ

Тема: Бучава и заштита од бучава

професор:

Проф. д-р Светлана П. ОНЧЕВСКА

асистент: Асис. м-р. Коце Тодоров

изработил:

Климент Ристевски 8571

СКОПЈЕ, Мaj 2011 год.

Page 2: Bucava i zastita od bucava

2

СОДРЖИНА:

1. ВОВЕД 3

2. Бучава 5

3. Заштита од бучава 5

3.1 Распоред на простории 6

3.2 Прозорци и врати 6

3.3 Место на изворот на звукот 6

3.4 Групирање на просториите 6

3.5 Пренесување на бучава преку инсталацијата 6

3.6 Зголемување на апсорпцијата на ѕидовите 7

3.7 Избор на градежни елементи, ѕидови и меѓукатни конструкции 7

4. Материјали за звучна заштита 9

4.1 Материјали за апсорпција 10

4.2 Материјали за звучна изолација 11

5. ЗАКЛУЧОК 12

ЛИТЕРАТУРА 13

Page 3: Bucava i zastita od bucava

3

1. ВОВЕД

Проблемот со бучавата е релативно нова дисциплина во

градежништвото, кој е неизбежен да се земе во предвид во современите

планови за градба. Шумот претставува звук кој се состои од голем број

хармонски осцилирања со различни фрекфенции и амплитуди. Тој може да е

предизвикан од најразлични извори и е крајно неопределен. Ве секојдневието,

човекот е изложен на шумови кои се резултат на разни видови на звуци, кои

истовремено допираат до неговото уво и оставаат лош впечаток, што е познат

како бучава.

Бучавата се дефинира како секој непожелен звук кој што на некој начин е

штетен врз здравјето на луѓето и околината. Несаканите звуци можат да

предизвикаат сериозни оштетувања на слухот, го покачува притисокот,

предизвикува замор, се скратува мирот во домот и сонот на луѓето,

намалување на работната способност и нарушување на нервниот систем на

човекот. Сето ова покажува дека бучавата претставува опасен загадувач на

животната средина и човекот.

До скоро време не постоеа никакви прописи за заштита од бучавата. Но

бидејќи е значаен проблем со кој треба да се справуваме, во поново време, е

донесен ,,Закон за заштита од бучава во животната средина’’ и кај нас.

Максимално дозволеното ниво на бучава се движи од 75-80dB на

високофрекфентните шумови и 90-100dB на нискофрекфентните. Нормално

дозволено ниво на бучава се движи од 40-50dB. Според прописите нивото на

бучава кое се создава во стамбените објекти не смее да надминува 30dB ноќе,

а 40dB преку ден.

За овај проблем е создадена научната дисциплина градежна акустика

која се занимава со превземање на секакви мерки за изолираност на

градежните објектите, од бучавата, до пропишаните стандарди. Лицата

задолжени за смалување на бучавата можат да бидат архитекти, инженери или

акустичари, кои секогаш се стремат за изградба на што потивок објект, со

помалку потрошени средства. Добро проектираната звучна заштита со многу

малку трошоци може да ги исполни соодветните барања. Тоа се постигнува со

правилен избор на материјали за звучна изолација и апсорпција, како и со

вградување на системи за намалување на бучавата.

За ова е потребно претходно темелно испитување на можните извори на

звук, положбата и димензиите на објектот, бучноста на околината во која се

наоѓа објектот, минималните пропишани барања за звучна заштита на

елементите како што се: внатрешни и надворешни ѕидови, подови, тавани,

врати, прозорци и е потребна задолжителна изолација на системите за греење,

Page 4: Bucava i zastita od bucava

4

вентилација, канализација. Исто така колкава ке биде изолираноста од

бучавата зависи и од намената на објектот (стамбена зграда, болница,

спортска сала).

За заштита од бучава во Македонија, според “Законот за градење”,

постои членот 8 од делот “Основни барања на градбата”, во кој стои: “градбата

мора да биде проектирана и изведена на таков начин што бучавата која ќе

допира до лицата кои престојуваат во градбата или се во нејзина непосредна

близина, ќе биде на пропишано доволно ниско ниво кое нема да го загрозува

нивното здравје, ќе им овозможи ноќен мир и задоволителни услови за одмор и

работа”.

На слика 1 се гледа дека во одредени области на градот Скопје каде е

мерено нивото на бучава, секаде нивото на комунална бучава е поголемо од

максимално дозволеното ниво (МДН).

Слика 1. Ниво на комунална бучава во град Скопје, мерена во 2003 година

Page 5: Bucava i zastita od bucava

5

2. Бучава

Бучавата претставува збир од непожелни звуци кои се предизвикани од

човекот, а според местото и начинот на нејзино создавање, е поделена на:

- Надворешна бучава (предизвикана од патниот сообраќај, железнички,

авионски, од индустријата, од градење на соседни објеки итн.)

- Воздушен звук (звук кој се пренесува преку воздухот и е создаден од

говорот, разни апарати за слушање музика)

- Ударен звук (конструктивен звук кој се јавува поради побуда на

конструктивните елементи)

- Бучава од опрема (лифтови, вентилација, водоводни цевки)

Пренесувањето на звукот во просторот содржи три елементи: местото

каде се создава звукот (изворот на звукот), патот по кој звукот се

распространува и местото каде звукот се прима. Според тоа и звучната

заштита се класифицира на заштита на изворот, заштита на патот на

распространување и заштита на местото на приемот на звукот.

3. Заштита од бучава

Сите мерки и средства кои се превземаат за смалување на дејството на

бучава претставуваат звучна заштита.

Спрема пропишаните закони, максималните нивоа на бучава во стамбени

простории не смеат да надбинуваат над 30dB ноќе или 40dB преку ден.

Заштитата од бучава може да се постигне со материјали за звучна

изолација и материјали за звучна апсорпција. Звучната пропустливост или

звична изолација се дефинира како способност на некој материјал да пропушти

низ себе одредено количество на звучна енергија. А додека под звучна

апсорпција се подразбира претворање на дел од звучната енергија во друг вид

на енергија (најчесто топлинска) или рефлектирање на дел од звучната

Слика 2. Апсорпција на звук

Page 6: Bucava i zastita od bucava

6

енергија. Апсорпцијата на звукот се дефинира со коефициентот на апсорпција

а кој претставува однос помеѓу апсорбираната и пропуштената енергија.

Мерките кои се преземаат на патот за распростирање на звукот се во

областа на градежништвото и архитектурата, а заштитата може да се постигне

со:

3.1 Распоред на просториите во зградата

Бучните простории треба да се лоцирани на крајот од зградата каде се

наоѓаат извори на бучава (пр. прометна улица), а просториите каде е потребно

пониско ниво на бучава се наоѓаат во центарот на зградата, заштитени од

страните со другите простории, или од страната каде има помирна надворешна

околина. Со ова се постигнува големо ниво на заштита на многу економичен

начин.

3.2 Прозорци и врати

Треба да имаат задоволувачки степен на звучна заштита. Тие може да

имаат пресудно значење врз изолацијата на просторот, така што со нивна

промена може значајно да се намали бучавата во објектот. Прозорците со едно

стакло, не ги задоволуваат прописите, не само за звучна изолација, туку и

топлинска, па затоа треба да се применуваат прозори со двојни стакла. Исто

така и вратите треба да бидат направени од звучно изолациони материјали, од

полно дрво, од тврди шперплочи меѓу кои се наоѓа апсорпционен материјали

или од полимерни соединенија кои исто треба да имаат звучно изолационен

материјал во внатрешноста. Кај вратите мора да постои праг за да го затвори

просторот под вратата. Прозорците и вратите се категоризирани во класи

според индексот на звучна редукција Rw почнувајќи од 20dB и со зголемување

од по 5dB. Влезната врата треба да има Rw=25…29dB во згради каде има лифт

со што нема голема бучава во ходниците, а за згради без лифт Rw=30…34dB.

3.3 Место на изворот на звукот

Изворите на звук треба да се наоѓаат во најниските делови на зградата

така да тлото би ги упило вибрациите, со што се намалуваат вибрациите кои се

пренесуваат на зградата. Такви извори на звук се котларници, заеднички

пералници, трафостаници.

3.4 Групирање на просториите

За поефикасно справување со проблемот на бучавата, просториите во

зградата треба да се групираат, така што побучните простории треба да се

наоѓаат во еден дел, а потивките на друга страна од зградата.

3.5 Пренесување на бучава преку инсталацијата

Преку инсталациите, поготово водоводот, канализацијата и лифтовите, се

пренесува бучавата низ сите простории. Треба да се превземат мерки во

спречување на слободното ширење на звукот со поставување на еластични

Page 7: Bucava i zastita od bucava

7

елементи (еластични цевки) и еластично поврзување на инсталацијата со

ѕидовите или обложување на цевките со звучно изолациони материјали

(стаклена волна).

3.6 Зголемување на апсорпцијата на ѕидовите

Кога звукот се шири во затворена или полузатворена просторија,

бучавата се зголемува со одбивањето на звукот од околните површини. Со

зголемување на звучната апсорпција, бучавата може да се намали. Тоа може

да се постигне со поставување на акустични елементи. Ефикасноста на овие

системи е поголема во поголеми простории и затоа се применуваат во холови,

сали, училници, ходници.

3.7 Избор на градежни елементи, ѕидови и меѓукатни конструкции

Во многу системи ѕидовите и таваните не учествуваат во носивоста на

конструкцијата или носат некое мало корисно оптеретување. Затоа може да се

обезбеди постоење на добра звучна и топлинска изолација во нив.

Физички гледано, во една зграда е сеедно дали звукот се простира

хоризонтално или вертикално. Затоа ѕидовите и меѓукатните конструкции, или

таваните, ги нарекуваме под едно име како прегради.

По својата конструкција, преградите можат да бидат единечни, двослојни

и повеќеслојни прегради.

Единечните прегради се сите оние прегради кои се состојат од еден

материјал, имаат еден слој и се хомогени. Ваквите прегради поретко се

јавуваат во праксата. Единечни прегради се сите оние прегради кои се состојат

главно од еден материјал, така што другите материјали, кои се застапени во

многу мала количина, имаат занемарливо мало влијание во поглед на

акустичните особини. На тој начин, ѕид од полна тула, малтерисан од двете

страни, спаѓа во групата на единечни прегради, како и ѕидот од шупливи

блокови или бетонски иако блоковите се изразито нехомогени.

Двојните прегради се сочинети од две единечни прегради, но одвоени

една од друга. Двете прегради не мора да бидат од ист материјал, а исто така

не мора да бидат и со иста дебелина.

Основна механичка особина на двојните прегради е тоа што двете

единечни прегради се потполно одвоени. Тоа се самостојни прегради

поставени блиску една до друга. Кај двојните ѕидови, единечните прегради се

нарекуваат облоги, а просторот помеѓу нив меѓупростор. Тој може да остани

празен т.е. да биде исполнет само со воздух, но може да биде исполнет и со

некој лесен и растресит материјал како што е на пр. минерална волна.

Меѓупросторот во преградата игра многу важна улога. Ако тој е многу

тесен, со големина од неколку милиметри, до неколку сантиметри, тогаш тој

нема влијание на звучната изолација, па двослојниот ѕид се третира како да не

Page 8: Bucava i zastita od bucava

8

постои меѓупростор. Друг случај се јавува кога просторот е многу голем до

големини од еден метар и повеќе. Тогаш повеќе не се работи за една преграда,

затоа што облогите ограничуваат простор во кој може да дојди до простирање

на звучни бранови.

Преграда од три слоја настанува кога на двослојната ќе се додаде уште

еден слој. Или ако се додадат повеќе слоеви, станува збор за повеќеслојна

преграда. Посебен случај се двослојните или повеќеслојните прегради, кои се

изградени од различен материјал на облогите, и кога меѓупросторот помеѓу нив

се сведува на нула. Ако овие слоеви се со слични акустични особини,

двослојните и повеќеслојните прегради можат да се рачунаат како хомогени и

единечни прегради.

Кај еднослојните прегради, звучната изолација може да се зголемува со

зголемување на дебелината на преградата или со користење на материјал со

поголема густина. Со тоа се зголемува индексот на звучна редукција Rw. Кај

двојните ѕидови, звучната заштита може да се постигне на два начини: со

зголемување на површинската маса на облогите и со зголемување на

растојанието помеѓу нив.

Ако преградните ѕидови се изработуваат од стандардни материјали како

што се тула или бетон, тогаш добра звучна изолација се постигнува ако

површинската маса на преградата е поголема од 350 kg/m2.

Кај хомогените тавани звучната изолација, како кај сите еднослојни

прегради, се зголемува со зголемување на површинската маса на таванот.

Касетираните и ребрастите тавани не можат сами да ја задоволат потребната

заштита од бучавата. Зголемување на заштитата кај нив може да се постигне

со правење на пливачки под или со висечки плафон.

Пливачкиот под најчесто заштитува од ударен, конструктивен звук кој се

предизвикува од одење или паѓање на тешки предмети. Тој се изработува така

што подот во еден дел е прекинат со мек слој на кој подот “плива” и ги

апсорбира вибрациите настанати од ударот. Поставувањето на пливачки под

може да предизвика уште поголеми проблеми ако се врши без претходно

добро извршени пресметки, со тоа што може да настане резонанција.

Слика 3. Единчна и двојна преграда

Page 9: Bucava i zastita od bucava

9

4. Материјали за звучна заштита За звучна заштита се користат материјали поделени во две основни

групи:

- Материјали за апсорпција на звук

- Материјали за звучна изолација

Во апсорбирачки материјали спаѓаат материјалите кои ја намалуваат

рефлектираната енергија, а изолациски се оние кои учествуваат во

намалување на јачината на звукот било да е настанат со удар или за воздушен

звук.

Во зависност од поставеноста на изолационите материјали можиме да

добиеме три вида на елементи:

- Кога нема поставено материјал за заштита од бучава (изолационен

или апсорпционен) најчесто елементите имаат многу слаба звучна

изолација која ретко кога ги задоволува потребните услови

- Кога имаме поставено изолационен материјал во внатрешноста на

елементот, добиваме звучно изолационен елемент кој има одредена

заштита од бучава, но нема апсорпциони својства

- Кога е поставен апсорпционен материјал од надворешната страна на

елементот и изолационен во внатрешноста се постигнуваат најдобри

својства во поглед на заштитата од бучава и тој елемент не врши

рефлексија на звукот, а истовремено и не пропушта голем дел од

звучната енергија низ него

Слика 4. Пливачки под

Page 10: Bucava i zastita od bucava

10

4.1 Материјали за апсорпција

Сите материјали имаат одредена способност за апсорпција т.е. сите

апсорбираат еден дел од звучната енергија која паѓа на нив. Способноста за

апсорпција на материјалите се зголемува со зголемување на нивната

порозност. За разлика од термоизолационите материјали кај кои големо

значење имаше затворената порозност, кај овие материјали од значење е

нивната отворената порозност. Затоа елементите изградени од овие

материјали се изработуваат со голем број на перфорации (Слика 5) Исто така

се изработуваат двослојни и повеќеслојни преградни елементи со апсорпциони

својства и елементи со испапчувања и вдлабнувања (Слика 6).

Слика 5. Перфориран акустичен панел

Слика 6. Апсорпциони елементи

Page 11: Bucava i zastita od bucava

11

Слика 7. Украсни прегради

Материјалите кои се користат за апсорпција на бучава можат да бидат

минерални и стаклени влакна, дрвени влакна и дрвена волна. Од сите овие

материјали се изработуваат соодветни елементи (плочи) за звучна изолација

кои имаат отворена порозност и се перфорирани. Постојат и акустични

малтери и бетони кои ги опфаќаат сите бетони и малтери со олеснета маса.

Покрај овие материјали постојат и фабрички произведени системи од

повеќе слоеви на различни материјали кои треба да задоволуваат услови на

звучна апсорпција и декоративни особини. Тие се користат за мали простории и

се во склоп на внатрешниот ентериер (Слика 7).

4.2 Материјали за звучна изолација

Способноста на звучна изолација на материјалите зависи во најголем дел

од динамичкиот модул на еластичност. Кога вредноста на модулот на

еластичност е ниска, брзината на поминување на звукот низ материјалот се

намалува и со тоа се постигнува само мал дел од енергијата да биде

пропуштен од преградата. Според тоа како изолациони материјали треба да се

користат материјали со мала вредност на динамички модул на еластичност т.е.

поеластични материјали и материјали со изразена отворена порозност.

Производите кои се изработуваат се на база на стаклена волна,

минерална волна (Слика 8), дрвени влакна (Слика 9) и синтетички ќелијести

материјали (материјали кои се добиваат на база на гума или други еластични

синтетички полимери).

Слика 8. Минерална волна

Слика 9. Плочи на база на дрвени влакна

Page 12: Bucava i zastita od bucava

12

5. ЗАКЛУЧОК

Според сето ова што е прикажано, бучавата спаѓа во еден од главните

проблеми и предизвици во денешното време со кои се справуваат современите

проектанти. Иако таа на прв поглед не остава впечаток на голем проблем,

сепак може сериозно да влијае врз психичката состојба на луѓето изложени на

неа.

Проектантите треба да имаат широки познавања во оваа област за да

можат на доследен начин да ги решат овие проблеми. Заштитата од бучавата

во некои случаи може да се реши на многу едноставен начин и со многу малку

додатни средства. Но за тоа треба внимателно и темелно да се разгледаат

сите решенија за изолирање на објектот кои ни се на располагање.

Големината на објектот, карактеристиките на изворите на звукот,

намената на објектот, сето тоа влијае на: степенот на заштитеност од бучава

кој треба да се постигне, одбирањето на погодните звучно изолациони и

апсорпциони материјали (стаклена волна, минерална волна, дрвена волна

итн.) и одбирањето на местата каде е најисплатливо да се спречи бучавата

што навлегува во објектот. Сите елементи на конструкцијата треба да ги

исполнуваат минималните барањата, во однос на звучната заштита, кои се

пропишани за секој елемент одделно.

Посебно треба да се внимава и да се обрне внимание на грешките кои

настануваат во изградбата, а кои можат да бидат случајни или пак како

резултат на недоволно објаснети (со детали) начините на изведување на

елементите од системот. Поради тоа се појавуваат звучни мостови во

конструкцијата и тогаш целото планирање ќе биде залудно.

Page 13: Bucava i zastita od bucava

13

ЛИТЕРАТУРА

1. Светлана П. Ончевска, “Печатени предавања по Градежни

материјали”, Градежен факултет, Скопје, 2001 год.

2. Dr. Dušan D. Kalić, “ARHITEKTONSKI PRIRUČNIK 82”

3. Dr. Dušan D. Kalić, “ARHITEKTONSKI PRIRUČNIK 83”

4. http://bucava.worldpress.com

5. http://www.build.mk

6. http://www.trimo.mk

7. http://www.knauf.com.mk

8. http://www.moepp.gov.mk