18
1 Универзитет Св. Климент Охридски”– Битола Факултет за безбедност Скопје Факултет за туризам и угостителство- Охрид ЕЛАБОРАТ за усогласување на студиските програми со Законот за високо образование за Безбедност и финансиска контрола за 1 и 2 циклус на Универзитетските студии за моделот 3+2 Скопје, септември, 2009 година

Elaborat Za Bezbednost i Finansiska FBN 10.09

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Elaborat Za Bezbednost i Finansiska FBN 10.09

1

Универзитет “Св. Климент Охридски” – Битола

Факултет за безбедност – Скопје

Факултет за туризам и угостителство- Охрид

ЕЛАБОРАТ

за усогласување на студиските програми со Законот за високо

образование за Безбедност и финансиска контрола

за 1 и 2 циклус на Универзитетските студии за моделот 3+2

Скопје, септември, 2009 година

Page 2: Elaborat Za Bezbednost i Finansiska FBN 10.09

2

ЕЛАБОРАТ

Безбедност и финансиска контрола

1. ВОВЕД

Универзитеот Св. Климент Охридски - Битола бележи скоро

тридецениски развоен подем. Универзитетот е државна, највисока автономна

високообразовна, научна и уметничка установа со повеќе членки: факултети,

високостручни школи, институти и други научни установи и организации кои

вршат високообразовна, научна и уметничка дејност на Универзитетот.

Како единици на овој Универзитет, Факултетот за туризам и

угостителство-Охрид, и Факултетот за безбедност - Скопје во изминатата

деценија и пол со значајни промени во општествената, а во тие рамки и во

едукативната сфера, презедоа бројни чекори во насока на осовременување на

наставно - научниот процес. На тој план преземени се повеќе активности чија

цел беше воведување нови студиски програми и осовременување на постојните

во согласност со новите Европски студиски стандарди поставени со Болоњската

декларација.

Согледувајќи ја потребата за профилирање на високо-стручни и тесно-

специјализирани кадри согласно новонастанатите промени во македонската

општествено-економска реалност, Факултетот за туризам и угостителство-

Охрид заедно со Полициската Академија во Скопје (сега Факултетот за

безбедност), во почетокот на изминатата академска 2006/2007 година формираа

работна група со задача да изготви елаборат за отварање на заеднички студии во

областа на безбедноста и финансиската контрола. Презентираниов Елаборат е

резултат на едногодишната работа на работната група од споменатите членки

на Универзитетот “Св. Климент Охридски” -Битола. Во Елаборатот се

презентирани сите значајни аспекти кои што е потребно да се имаат предвид

кога се работи за отворање на нова студиска програма во определена област:

Page 3: Elaborat Za Bezbednost i Finansiska FBN 10.09

3

- мисија и цели и состојба и потреби за соодветен кадар во Р.

Македонија;

- студиски и предметни програми;

- услови за запишување и број на студенти;

- опис на профилот и назив на дипломата;

- институционални можности за изведување на високобразовната

дејност и

- извори за финансирање на дејноста.

По поднесувањето на елаборатот добиена беше акредитација на

предложената наставна програма и веќе успешно се реализираат студии веќе две

години. Оваа година беше поднесен елаборат за вториот циклус на студии по

моделот 3+2 (усогласен со Законот за високо образование), и акредитација се

доби на 17 март 2009 година од 9-тата седница на Одборот за акредитација

(Решение бр. Сл. 12 од 17.03.2009 година).

II: МИСИЈА И ЦЕЛИ И СОСТОЈБИ И ПОТРЕБИ ОД КАДРИ ВО

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Насоката Безбедност и финансиска контрола ќе профилира кадри кои, во

согласност со концептот на модерното универзитетско образование за

непосредно поврзување на теоријата и практиката, ќе се стекнат со знаења и

вештини за:

- современите општествено - економски развојни процеси и перспективи;

- создавањето на капиталот по пат на експлатација на средствата и

трудот и создавањето добивка, профит;

- менаџирање со материјалните и финансиските вредности, со акцент на

нивната контрола;

Page 4: Elaborat Za Bezbednost i Finansiska FBN 10.09

4

- општествените противречности, конфлкти и други облици на

деструкции кои го дестабилизираат и рушат политичкиот, економскиот и

финансискиот систем преку злоупотреба и различни видови на криминалитет и

- формите и начините за превентивно и репресивно делување со цел

попречување и сузбивање на споменатите појави.

Мисијата на студиите е научно спознавање и обука во областа

Безбедност и финансиска контрола со етаблирање на стандарди и нормативи на

Европскиот образовен систем.

Целите на овие студии се јасно детерминирани.

Општата или глобална цел е следната: да се развие, да се прошири и да

се унапреди знаењето од економските, безбедносно-криминалистичките и

кривично-правните науки и да се поттикне практичната примена на ваквите

знаења.

Посебната цел претставува: едуцирање на кадри кои ќе бидат вклучени

во реформирањето на финансискиот систем, царинскиот систем, даночниот

систем и безбедносниот систем, согласно стандардите на Западно-европските

земји, со цел успешно спроведување на Евро-Атланските интеграции и успешно

егзистирање на Р. Македонија во истите ( ЕУ, НАТО и друго).

Потребата од ваков профил на кадри во Република Македонија е повеќе

од актуелна. Многубројните девијантни појави од претходно споменатиот вид,

претставуваат една од основните пречки на патот кон Евроинтегрирањето на Р.

Македонија. Поставувањето на овие појави во една толерантна рамка

претставува императивна задача за надлежните институции во Р. Македонија.

Отсуството на соодветен кадар за реализирање на оваа задача е повеќе од

очигледно. Недостаток од ваков профил на кадри постои во: Министерство за

финансии-Сектор за финансова полиција и Управа за јавни приходи со сите

подрачни единици во единиците на локалната самоуправа, Министерство за

внатрешни работи-Сектор за стопански криминал, Царинска управа на

Република Македонија и сите останати државни институции и стопански

субјекти во земјата.

Page 5: Elaborat Za Bezbednost i Finansiska FBN 10.09

5

III: СТУДИСКА ПРОГРАМА И ПРЕДМЕТНИ ПРОГРАМИ

Факултетот за безбедност-Скопје и Факултетот за туризам и

угостителество-Охрид извршија определени измени и дополнувања на

студиските програми за прв и втор циклус со цел усогласување на истите со

измените на Законот за високо образование (Закон за именување и дополнување

на Законот за високо образование Службен весник на РМ, бр. 26/2009, и

Правилникот за компатибилност на Универзитетот „Св. Климент Охридски„ -

Битола усвоен на 70та седница на Сенатот на Универзитетот „Св. Климент

Охридски“ и објавен во Билтенот на Универзитетот бр.320 од 10.06.2009

година.

Направените усогласувања во најголема мера претставуваат структурни

промени и се однесуваат на прилагодување на бројот на задолжителни и

изборни предмети согласно измените на ЗВО, како и понуда на изборни

предмети од научното поле и научното подрачје во коешто припаѓа студиската

програма, застапени на Единиците на Универзитетот, а во согласност со

Правилникот за компатибилност на Универзитетот „Св. Климент Охридски„

Битола.

ПРВ ЦИКЛУС

Структура на студиската програма

Согласно предложената студиска програма додипломските студии траат

шест (6) семестри. Вкупниот збир на европски кредити по семестар е 30, вкупно

до дипломирање 180 кредити.

Структурата на кредитите на додипломските студии по видови предмети

е следна:

Page 6: Elaborat Za Bezbednost i Finansiska FBN 10.09

6

бр.бр

.

Вид на предмети Број на

предмет

и

Број на

кредити

Процентуално учество во

вкупниот број на кредити

1. Задолжителни

предмети

19+2* 111+9

=120

70,0%

2. изборни

предмети

10 54+6**

=60

30%

Вкупно 31 180 100,0%

* - задолжителна пракса и дипломска работа

** - кредити од изборниот предмет компатибилност 2 од научното

подрачје – општествени науки

Page 7: Elaborat Za Bezbednost i Finansiska FBN 10.09

7

БЕЗБЕДНОСТ И ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА

3+2

Додипломски студии

Прв семестар

Шифра Предмет Број на

часови

Број на

кредити

БФК 101 Вовед во право и уставно

право

3+2 6

БФК 102 Основи на менаџментот 3+2 6

БФК 103 Маркетинг на јавен сектор 3+2 6

БФК 104 Основи на безбедноста и

безбедносниот систем на

Република Македонија

3+2 6

Општ изборен предмет 3+2 6

Општ изборен предмет за I семестар (се избира еден предмет)

Шифра Предмет Број на

часови

Број на

кредити

БФК 105 Основи на економија 3+2 6

БФК 106 Статистика 3+2 6

БФК 107 Стопанска математика 3+2 6

БФК 108 Информациони технологии 3+2 6

БФК 109 Економика на претпријатија 3+2 6

Page 8: Elaborat Za Bezbednost i Finansiska FBN 10.09

8

Втор семестар

Шифра Предмет Број на

часови

Број на

кредити

БФК 110 Основи на сметководството 3+2 6

БФК 111 Вовед во криминалистика и

криминалистичката тактика

3+2 6

БФК 112 Кривично право 3+2 6

БФК 113 Фискален систем 3+2 6

Изборен предмет 3+2 6

Изборен предмет во струката за II семестар ( се избира еден предмет)

Шифра Предмет Број на

часови

Број на

кредити

БФК 114 Безбедност во приватен сектор 3+2 6

БФК 115 Мегународна трговија 3+2 6

БФК 116 Еколошка криминалистика 3+2 6

БФК 117 Банкарско работење 3+2 6

БФК 118 Финансиски систем и политика 3+2 6

Page 9: Elaborat Za Bezbednost i Finansiska FBN 10.09

9

Трет семестар

Шифра Предмет Број на

часови

Број на

кредити

БФК 119 Финансиско сметководство 3+2 6

БФК 120 Даночно работење 3+2 6

БФК 121 Управно право 3+2 6

БФК122 Менаџмент на човечки

реусрси

3+2 6

Изборен предмет 3+2 6

Изборен предмет во струката за III семестар (се избира еден предмет)

Шифра Предмет Број на

часови

Број на

кредити

БФК 123 Деловен странски јазик 3+2 6

БФК 124 Компјутерски криминал 3+2 6

БФК 125 Социјална патологија 3+2 6

Page 10: Elaborat Za Bezbednost i Finansiska FBN 10.09

10

Четврт семестар

Шифра Предмет Број на

часови

Број на

кредити

БФК 126 Кривично процесно право 3+2 6

БФК 127 Криминологија 3+2 6

БФК 128 Царинско работење 3+2 6

БФК 129 Перење на пари 3+2 6

Изборен предмет 3+2 6

Изборни предмети во струката за IV семестар (се избира еден предмет)

Шифра Предмет Број на

часови

Број на

кредити

БФК 130 Економска криминалистика 3+2 6

БФК 131 Меѓународен тероризам 3+2 6

БФК 132 Организиран криминал и

корупција

3+2 6

БФК 133 Деловен странски јазик 2 3+2 6

БФК 134 Односи со јавноста 3+2 6

Page 11: Elaborat Za Bezbednost i Finansiska FBN 10.09

11

Петти семестар

Изборни предмети група 1 (се избираат четири предмети)

Шифра Предмет Број на

часови

Број на

кредити

БФК 135 Меѓународни односи со

меѓународна соработка

3+2 6

БФК 136 Методика на истражување на

финансиски криминал

3+2 6

БФК 137 Методика на истражување на

организиран криминал

3+2 6

БФК 138 Платни системи 3+2 6

БФК 139 Превенција на криминалитет 3+2 6

БФК 140 Психологија на комуникации и

разузнувачки анализи

3+2 6

БФК 141 Интерна и екстерна контрола 3+2 6

БФК 142 Криминалистичка методика 3+2 6

Изборни предмети Компатибилност 2 - од научното подрачје (се избира

еден предмет)

Предмети од научното

подрачје-општествени науки *

Page 12: Elaborat Za Bezbednost i Finansiska FBN 10.09

12

Шести семестар

Шифра Предмет Број на

часови

Број на

кредити

БФК 143 Финансиска контрола и

ревизија 3+2 6

БФК 144 Криминалистичка

психологија

3+2 3

БФК 145 Криминалистичка техника 3+2 6

БФК 146 Задолжителна пракса 3+2 3

БФК 147 Дипломска работа 3+2 6

Изборен предмет 3+2 6

Изборни предмети во струката за VI семестар (се избира еден предмет)

Шифра Предмет Број на

часови

Број на

кредити

БФК 148 Меѓународен патнички промет 3+2 6

БФК 149 Заштита на културно

наследство

3+2 6

БФК 150 Меѓународни стандарди во

транспорт на стока

3+2 6

БФК 151 Криминалистичко разузнавање 3+2 6

вкупниот број на кредити што студентот треба да ги акумулира во текот на една година на студии треба да изнесува минимум 60. Доколку изборниот предмет од научното поле или научното подрачје не носи доволен број на кредити за да се остварат минимум 60кредити во текот на една година на студии, тогаш студентот предвидениот минимален број кредити мора да ги надолни со избор на дополнителен изборен предмет од научното поле односно научното подрачје.

ВТОР ЦИКЛУС

Page 13: Elaborat Za Bezbednost i Finansiska FBN 10.09

13

1. Структура на предметната програма

Постдипломските студии траат четири (4) семестри. Вкупниот збир на

европски кредити по семестар е 30, вкупно до магистрирање 120 кредити.

Структурата на кредитите на постдипломските студии по видови

предмети е следна:

р.бр. Вид на предмети Број на

предмет

и

Број на

кредити

Процентуално учество во

вкупниот број на кредити

1. Задолжителните

предмети

7+1* 48+18 =

66

60,0%

2. изборни

предмети

9 54 40.0%

Вкупно 17 120 100,0%

* - магистерски труд

БЕЗБЕДНОСТ И ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА

Page 14: Elaborat Za Bezbednost i Finansiska FBN 10.09

14

ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ

Седми семестар

Шифра Предмет Број на

кредити

БФК 152 Стратегиски анализи и

криминалистичко разузнавање

9

БФК 153 Методологија на истражување на

безбедносните појави

9

Изборен предмет во струката 6

Изборен предмет во струката 6

30

Изборни предмети за седми семестер (се избираат два предмета)

Шифра Предмет Број на

кредити

БФК 154 Методика на истражување на економско-

финансиски криминал

6

БФК 155 Перење на пари и финансирање на тероризам

( напредно ниво )

6

БФК 156 Методика на истражување на комјутерски

криминал

6

Осми семестар

Шифра Предмет Број на кредити

БФК 157 Финансиски менаџмент 6

БФК 158 Анализа на финансиски извештаи 6

БФК 159 Современи теории и системи за безбедност 6

Изборен предмет во струката 6

Изборен предмет во струката 6

30

Изборни предмети во струката за осми семестар (се избираат два

предмети)

Шифра Предмет Број на кредити

БФК 160 Капитал и ризик 6

БФК 161 Интерна и екстерна ревизија 6

БФК 162 Европски безбедносни стандарди и постапки 6

Page 15: Elaborat Za Bezbednost i Finansiska FBN 10.09

15

при транспорт на стока

Деветти семестар

Изборни предмети група 1 за деветти семестер (се избираат

четири предмета)

Шифра Предмет Број на кредити

БФК 163 Е-бизнис 6

БФК 164 Даночно сметководство 6

БФК 165 Методика на истражување на финансиски

организиран криминал

6

БФК 166 Меѓународна соработка во борба против

финансиски криминал

6

БФК 167 Современи економски системи 6

БФК 168 Човекови права при финансиски контроли и

истраги

6

Изборни предмети група 2 (од научното

подрачје – избор на еден)

Предмети од научното подрачје-општествени

науки

*

Десетти семестар

Шифра Предмет Број на кредити

БФК 169 Современи даночни системи 6

БФК 170 Безбедносни стратегии 6

БФК 171 Магистерски труд 18

вкупниот број на кредити што студентот треба да ги акумулира во текот на една година на студии треба да изнесува минимум 60. Доколку изборниот предмет од научното поле или научното подрачје не носи доволен број на кредити за да се остварат минимум 60кредити во текот на една година на студии, тогаш студентот предвидениот минимален број кредити мора да ги надолни со избор на дополнителен изборен предмет од научното поле односно научното подрачје.

Силабусите на сите предмети се дадени во Елаборатите за трансформација на студиската програма којшто беше усвоен од Сенатот на УКЛО на 66 Седница одржана на ден 30,01,2009. Врз основа на овој

Page 16: Elaborat Za Bezbednost i Finansiska FBN 10.09

16

Елаборат Одборот за акредитација ја акредитира студиската програма по безбедност и финансиска контрола со решение бр.Сл.12 од 17.03.2009.

IV. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И БРОЈ НА СТУДЕНТИ

Заедничките студии по Безбедност и финансиска контрола се

организирани меѓу членките на Универзитетот “Св. Климент Охридски” -

Битола: Факултет за безбедноста - Скопје (матичен факултет) и

Факултетот за туризам и угостителство - Охрид.

На заедничките студии Безбедност и финансиска контрола, согласно

условите на конкурсот и препораките на Министерството за образование и

наука, бројот на студенти ќе биде одреден од Наставно-научните совети на

двете високообразовни интитуции партиципиенти, во согласност со

Министерството за образование и наука.

Студентите ќе се запишуваат 50% на Факултетот за туризам и

угостителство воОхрид, и 50 % на Факултетот за безбедност во Скопје.

Евиденцијата ке се води на матичниот факултет- Факултетот за безбедност во

Скопје.

При студирањето поддеднаков број на студенти ке престојуваат во исто

време на двете високообразовни установи, за предавањата по одредени

предмети ке патуваат наставниците.

Поделбата на средствата ке се врши зависно од кредитите односно 50%

на ФТУ- Охрид, и 50 % на ФБ-Скопје.

V. ОПИС НА ПРОФИЛОТ И НАЗИВ НА ДИПЛОМАТА

Студентот кој завршил додипломски студии се стекнува со степен

“дипломиран” или “Bachelor” (скратено: дипл. или БА). На студентот му се

издава диплома во која се наведува и видот на факултетската стручна

подготовка, стручниот назив, како и средната оценка на успехот.

Дипломата ќе ја издава матичниот факултет – Факултетот за безбедност

во Скопје, а ќе ја потпишуваат и двете високообразовни установи.

Page 17: Elaborat Za Bezbednost i Finansiska FBN 10.09

17

Стручниот назив на студентите кои ќе дипломираат на оваа насока е

Дипломиран на Безбедност и финансиска контрола (BA in Security and financial

control).

Студентот кој завршил постдипломски студии се стекнува со степен

“магистер на науки” или “Master” (скратено: м-р. или MA).

Стручниот назив на студентите кои ќе магистрираат на оваа насока е

Магистер на науки од областа на Безбедноста и финансиската контрола (MA

in Security and Financial control).

VI. ИНСТИТУЦИОНАЛНИ МОЖНОСТИ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА

ВИСОКООБРАЗОВНАТА ДЕЈНОСТ

Институционалните можности за отворање на заедничките студии

Безбедност и финансиска контрола се нао”аат во кадровските, просторните и

финансиските услови на Факултетот за туризам и угостителство-Охрид и

Факултетот за безбедност -Скопје.

1. Наставен потенцијал и покриеноста на наставниот процес

Наставниот процес на заедничките студии Безбедност и финансиска

контрола го спроведуваат наставници и соработници вработени на Факултетот

за туризам и угостителство-Охрид и на Факултетот за безбедност-Скопје, и

двете членки на Универзитетот Свети Климент Охридски-Битола

Особено треба да се истакне дека голем број од овие кадри за своја

потесна специјалност избрале проблематика што се обработува во рамки на оваа

насока. Потврда за ова е тоа што во досегашниот период за секоја наставна

дисциплина што се изучува на оваа насока се објавени универзитетски

учебници и наставни помагала од страна на предметните наставници и

соработници. Во исто време, и научната активност на вработените е на високо

ниво: објавени бројни научно-стручни трудови од соодветната проблематика,

учество на бројни научни симпозиуми и конференции во земјата и во странство,

и друго.

Во согласност со тенденциите за повисока мобилност и поголемо

ангажирање на универзитетскиот кадар, Факултетот за туризам и угостителство-

Page 18: Elaborat Za Bezbednost i Finansiska FBN 10.09

18

Охрид и Факултетот за безбедност -Скопје се отворени за соработка, при што за

одредени наставни дисциплини планираат да ангажираат наставници од сродни

факултети од начиот и Универзитетите во Р. Македонија.

Посебно внимание се посветува и на соработката со претпријатија и

институции од областите кои што теоретски ќе се изучуваат на

интердисциплинарните студии Безбедност и финансиска контрола. Исто така се

планира да продолжи започнатиот тренд за вклучување на стручни лица од

практиката во наставниот процес на одредени стручни предмети.