274
Снежана Никодиновска – Стефановска, редовен професор на Факултетот за безбедност - Скопје МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ (АВТОРИЗИРАНИ ПРЕДАВАЊА) ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - СКОПЈЕ

fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

  • Upload
    others

  • View
    7

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Снежана Никодиновска – Стефановска, редовен професор на Факултетот за безбедност - Скопје

МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ (АВТОРИЗИРАНИ ПРЕДАВАЊА)

Page 2: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Содржина

ГЛАВА 1. 5

ВОВЕД 5ПОИМ И ДЕФИНИРАЊЕ НА МО 7НАСТАНОК И РАЗВОЈ НА НАУКАТА ЗА МО 10РАЗВОЈ, ПРЕДМЕТ И НАЗИВ НА НУКАТА ЗА МО 10

ГЛАВА 2. 14

ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ НА МО 14Вестфалскиот систем на маѓународни односи 15Развој на светот после Втората светска војна 16Спротивностите во големата коалиција 16Битни карактеристики на повоениот свет 17Студена војна 17Главни актери и крај на студената војна 18

ГЛАВА 3 19

ПРИСТАПИ НА ПРОУЧУВАЊЕ НА МО 19Историски пристап 20Систематскиот пристап 21Нормативен пристап 24Идеалистичка школа на МО 24Реалистичката школа 24Политолошки пристап 25Бихејвиорална анализа 25Теорија на игра 26Анализа на системи 28Донесување политички одлуки 28Еклектички пристап 28

ГЛАВА 4 28

ТЕОРИСКИ РАМКИ ЗА МОДЕРНО ПРОМАТРАЊЕ/НАБЉУДУВАЊЕ НА МО 28ЛИБЕРАЛИЗАМ И НЕОЛИБЕРАЛНИ ИНСТИТУЦИИ 30РЕАЛИЗАМ И НЕОРЕАЛИЗАМ 31РАДИКАЛИЗАМ 32КОНСТРУКТИВИЗАМ 33

ГЛАВА 5 34

ФАКТОРИ НА МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ 34ГЕОГРАФСКИ ФАКТОР ) 35ПРИРОДНИ ИЗВОРИ 38ДЕМОГРАФСКИ ФАКТОР 40ЕКОНОМСКИ ФАКТОР 41ПРАВЕН ФАКТОР 42ТЕХНОЛОШКИ ФАКТОР 44ВОЕН ФАКТОР 46

1

Page 3: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

НАЦИОНАЛЕН ФАКТОР 48

ГЛАВА 6 50

СУБЈЕКТИ НА МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ 50Поимно определување на субјектите на МО 50ДРЖАВАТА КАКО СУБЈЕКТ НА МО 52Население 53Територија 54Организирана власт 56Суверенитет 57МЕЃУНАРОДНИ ОРГАНИЗАЦИИ 57А) Меѓународни владини организации 59Б) Меѓународни невладини организации (НВО) 59МЕЃУНАРОДНИ СТОПАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ 61РАЗЛИЧНИ ДВИЖЕЊА 62ЦРКВАТА КАКО СУБЈЕКТ НА МО 63НАЦИЈАТА КАКО СУБЈЕКТ НА МО 65ГРУПА НА ЛУЃЕКАКО СУБЈЕКТ НА МО 65ЧОВЕКОТ ПОЕДИНЕЦ КАКО СУБЈЕКТ НА МО 66

ГЛАВА 7 67

МЕЃУНАРОДНА ЗАЕДНИЦА 67Поим и различни термини 67Светска заедница 68Светско општество 68Меѓународен систем 68Структура на меѓународната заедница 69Местото на државите во структурата на меѓународната заедница 70Положата на малите и средни држави во МЗ 72Концентрација и деконцентрација на сила 73

ГЛАВА 8 74

ДЕЈНОСТА НА ДРЖАВИТЕ ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ 74АКТИВНОСТ НА ДРЖАВИТЕ 74Услови на дејствувсње на државите 74Мотиви на делување 75Односот на целите и средствата во однесување на државите 76Национални интереси на државите 76Улогата на силата во дејствувањето на државите 78Ограничување на силата 79НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ НА ДРЖАВИТЕ 80Поимот на национална безбедност 81СИСТЕМ НА МЕЃУНАРОДНА БЕЗБЕДНОСТ 82Рамнотежа на сила 82Светска наддржавна влада 83СОЈУЗИ НА ДРЖАВИ 84Класификација на сојузите на државите 85Главни воено-политички сојузи 86

ГЛАВА 9 90

2

Page 4: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

НАЧИНИ И СРЕДСТВА НА ОПШТЕЊЕ ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ 90ДИПЛОМАТИЈА 91Поим на дипломатија 91Разлики помеѓу класичната и модерната дипломатија 92Разликите меѓу класичната и современата дипломатија на планот на промена на општествената функција на

дипломатијата 93Основни задачи на дипломатијата 94МЕЃУНАРОДНОТО ЈАВНО МИСЛЕЊЕ И ПРОПАГАНДАТА КАКО СРЕДСТВА НА МЕЃУНАРОДНО

КОМУНИИЦИРАЊЕ 95ЕКОНОМСКИ ИНСТРУМЕНТИ НА НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА 97Трговија98Инструменти и техника на странската техничка помош 98Средства на економско војување 99ВОЕНИ ИНСТРУМЕНТИ ВО МО 99Ограничена и тотална војна 101

ГЛАВА 10 103

ВИДОВИ МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ 103РАМНОТЕЖА НА СИЛИТЕ 105СТУДЕНАТА ВОЈНА КАКО ИЗРАЗ НА БИПОЛАРНИ ОДНОСИ 108МИРОЉУБИВА АКТИВНА КОЕГЗИСТЕНЦИЈА 110

ГЛАВА 11 112

НОВ СВЕТСКИ ПОРЕДОК 112ОДРЖУВАЊЕ НА МИРОТ И БЕЗБЕДНОСТА ВО НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК 115Безбедноста во новите услови 115ОН и одржувањето на мирот и безбедноста 116Мировните сили како израз на поделените ОН 117Нов дијапозон на мировното делување на ОН 118Претпоставки за миротворно ангажирање на силите на ОН 119Критериуми за делување 120Опции и проблеми за иднината 122Потреба од ново стратегиско разгледување на кризите и акциите 123ОН и глобалниот тероризам 124

125

ВТОР ДЕЛ 126

I.МЕЃУНАРОДНА ПОЛИЦИСКА СОРАБОТКА 128Поим и елемнти на МПС 129Потербата од меѓународна полициска соработка (МПС) 132Историски развој на меѓународната полициска соработка 133А) Раѓањето на Интерпол 136Специфични потреби за меѓународна полициска соработка 137Специјални услови кои ја подржуваат МПС 138II. ИНТЕРПОЛ 1392. Меѓународно-правен статус на ИНТЕРПОЛ 1413. Цели и организација на ИНТЕРПОЛ 1423.2. Организациона структура 1434. Основни функции на Интерпол 145

3

Page 5: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

5.Потерници 1486. НЦБ на Интерпол - Скопје 1517. Особени знаци на Интерпол 151III.ПОЛИЦИСКА СОРАБОТКА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА (ЕУ) 1521.ТРЕВИ - група за борба против меѓународниот тероризам, радикализам и екстремизам 1532. ШЕНГЕНСКИ ДОГОВОР И КОНВЕНЦИЈА ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ШЕНГЕНСКИОТ ДОГОВОР 1542.1.Шенгенски информационен систем 1573. ЕВРОПОЛ 1593.1. Организациона структура на Европол 1603.2.Задачи на Европол 1613.3. Комјутерски систем на Европол 1634. ЕВРОПРАВДА (ЕУРОЈУСТ) 165IV. СОРАБОТКА НА ЗЕМЈИТЕ ВО ЈИЕ ВО ПОЛИЦИСКИТЕ И СУДСКИТЕ РАБОТИ 167 1.CЕЛЕК- ЦЕНТАР ЗА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА 168 2. СОВЕТ ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА .................................................................................................174 .

Глава 1.Вовед

4

Page 6: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Нашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки се однесуваа и ги засега луѓето и културите во целиот свет. Понекогаш МО се одсликани како далечен и апстрактен ритуал кој е воден од мала група луѓе како што се претседатели, генерали и дипломати. Меѓутоа ова не е точно. Иако навистина лидерите ја играат најважната улога во надворешните работи, многу други луѓе учествуваат исто така. Изборите што ги правиме во секојдневниот живот (гласање, учество во политичка кампања, купување стоки или услуги) во крајна линија имаат влијание на светот во кој живееме. Секоја личност има мал придонес во текот на историјата. Во возврат МО во голема мера имаат влијание на секојдневниот живот на граѓаните (пр. можноста на студентите да се вработат по дипломирањето зависи од глобалната економија и меѓународниот економски натпревар/компетиција, а можноста за вработување е олеснета со развојот на меѓународниот транспорт и комуникации; правилата на светскиот трговски систем влијаат на стоката што се конзумира – од телевизор до гас). Интернационализацијата на секојденевниот живот се зголемува рапидно. Подобрите комуникации и транспортни можности констатно ги шират контактите на луѓето од различни земји, како и размената на стоки и идеи. Како напредува технолигијата така светот се повеќе се намалува/стеснува. На Мејфлауер му требаа три месеци да го премине Атлантикот. Во 1924 година, летот на Чарлс Линдберг траеше 33 часа. Педесет години подоцна, Конкорд го направи истото за 3 часа. А балистичките ракети истото можат да го сторат за 30 минути. На поќетокот на 21от век, летот преку Атлантикот чинеше една третина од цената во 1950 година, а телефонскиот повик од Њујорк до Лондон изнесува само мал процент од она колку што изнесувал во средината на векот.1 Глобалната интернет-комуникација е речиси инстантна, а трошоците на пренос се занемарливи.

Сепак некои работи во МО/меѓународната политика останале исти со векови. Известувањето на Тукидид за борбите помеѓу Спарта и Атина за време на Пелопонеската војна, пред 2500 години, открива една чудна и застрашувачка сличност со арапско-израелскиот конфликт по 1947 година. Светот на почетокот на 21от век е „чуден коктел од континуит и промени„. Некои од аспектите на МО и меѓународната политика не се сменети уште од времето на Тукидид. Постои одредена логика на непријателство, дилема околу безбедноста којашто ја придружува политиката меѓу државите. Сојузите, рамнотежата на силите и изборите во стратегијата помеѓу војната и компромисот останале исти со милениуми. 2

Од друга страна Тукидид немал потреба да се грижи за нуклеарнто оружје, за ХИВ/СИДА или за глобалното затоплување. Задача на студентите по МО е да се базираат на минатото без да паднат во негова замка, да го разберат континуитетот, но и промените.

Се поголемиот интерес за МО е резултат на новите содржини и облици/форми на современото мошне разгрането меѓународно делување како и се поголемата поврзаност на различните носители на МО. Светот станува се поповрзан и единствен, такашто набљудувањето на однесувањето на меѓународните актери нужно наметнува поголемо внимание како од теориски така и од чисто практичнополитички причини.

Неколку важни елементи влијаеа особено на зголемување на интересот за МО после Втората светска војна, кога и светот во целина битно се измени стекнувајќи се со квалитативно и квантитативно поинакви обележја.

1 Вид : Џозеф С.Нај,помладиот, Разбирање на меѓународните конфликти воввед во теоријата и историјата, Академски печат, Скопје 2008, стр. 22.2 Ибид.,стр. 22.

5

Page 7: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

- Брзиот развој на воената технологија и нејзиното постојано усовршување најнапред на унилатерален, а подоцна на билатерално и мултилатерално поле, што во периодот на Студената војна доведе до единство во стравот од можноста за тотално светско уништување. Во такви услови се постави и прашањето на неделивоста на мирот и потребата сите меѓународни проблеми нужно да се решаваат со мирни средства.

- Развојот на меѓународните контакти во регионални и светски рамки го прошири полето на активност на меѓународните субјекти. Во новите меѓународни организации се остваруваше меѓународна соработка која помагаше во надминување на конфликтни ситуации. Интернационализацијата на врските во рамките на институционализираните форми на заедничко меѓународно делување ја потврди поврзаноста на светот и ја истакна објективната потреба за сестрана меѓународна соработка на државите, без оглед на нивната големина, сила и политичка концепција.

- Прашањето на неравномерниот економски развој се повеќе се чуствува и станува глобален светски проблем.

- Во 90тите години во терминологијата на МО влезе нов термин – глобализација, кој ги одрази промените кои настанаа на полето на економските, информациските, општествните и политичките промени во светски размери. Глобализацијата различно се дефинира во литературата: “Интензивирање на општествените односи ширум светот кои ги поврзуваат далечните локалитети на таков начин што локалните случувања се обликувани од настани кои се случуваат/појавуваат милји далеку и vice versa (Giddens 1990,21); “интеграција на светската економија (Gilpin 2001, 364); ‘де-територијализација или …пораст на супратериторијалните односи меѓу луѓето”. Глобализацијата за потребите на МО може да се сфати како постојан историски процес; како хомогенизација и унверзализација на светот. Глобализацијата се однесува на процесот на постојан пораст на транснационалните и светски економски, социјални и културни интеракции кои ги надминуваат границите на државите, помогнати со развојот на технологијата. Глобализацијата се огледа во економската сфера, со создавање и забрзан раст на глобалната капиталистичка економија која се повеќе ги занемарува државните граници и ја прави економската смодоволност невозможна.

Комуникациската револуција е важна причина и последица од глобализацијата.Таа ја поттикна глобализацијата на финансиските пазари на кои може инстантно да се влијае со електронски понуди за купување и продавање.

Глобализацијата, исто така е евидентна и во областа на социјализацијата. Сателитите ЦНН, ББЦ инстантно даваат информации за збиднувањата во светот што ја менува нашата перцепција за далечината. Глобалните комуникациски мрежи - илустрирни со Интернетот - им овозможуваат на луѓето лесно да комуницираат по електронска пошта и др. Владите се исправени пред еден голем предизвик. Иако, таквите медиуми, како што е Интернетот, помагаат во споделувањето на научни информации неопходни за економскиот развој, таквите мрежи им дозволуваат и на политичките дисиденти да комуницираат со светот или да рашират потенцијално опасни информации, на пример, како да се направат експлозивни направи, вклучувајќи и оружје за масовно уништување.

Глобализацијата е присутна и во областа на воените активности и на безбедноста. Проширувањето на модерната технологија доведе до развој или набавување на оружје за масовно уништување - нуклеарно, радиолошко, хемиско, биолошко. Таквото оружје не

6

Page 8: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

секогаш е ограничено на државите. Терористичките групи и организации може преку Интернет да добијат такво оружје или да дојдат до информации како да го направат и активираат.

По паѓањето на Берлинскиот зид во 1989 година нова динамика ги исполни МО. Падна социјалистичкиот систем на односи, обединети се двете германски држави, се распаднаа три европски федерации, настапи крај на владеењето на белото малцинство во Јужна Африка, изменети се активностите на ООН, се закануваат еколошки кризи кои ги покажуваат своите опасности, а национализмот расте на сите континенти.

Колкава е користа или опасноста од промени, како да се одговори на бројните предизвици, како да се поставиме како поединци, групи или организации?

Задача на студентите кои ги изучуваат МО е да се базираат на минатото без да паднат во негова замка, да го разберат континуитетот, но и промените, односно многу внимателно да ги посматраат и анализираат силите на континуитет и силите на промени.

МО како научна дисциплина се трудат да ги идентификуваат, дефинираат, анализираат, објаснат и предвидат понатамиошните правци на развој на меѓународната сцена. Но МО не се довршена енциклопедија на знаења од областа на светската политика, туку вовед и поттик за сопствено истражување и понатамошни анализи.

ПоимидефинирањенаМО

За потеклото и поимот на МО постојат бројни и опсежни теории. Меѓутоа, слично како и кај повеќето други општествени појави, нема потполна согласност помеѓу нучниците за неговото одредување и дефинирање. Сепак она што со релативна сигурност може да се заклучи како заедничка одредница на повеќето соврмени теории во толкувањето на поимот МО е тоа што меѓународните односи ги врзуваат за појави кои се однесуваат или одвиваат надвор од границите на една држава.

В.Димитријевиќ и Р. Стојановиќ истакнуваат дека „мо се состочинети од низа видови односи и тие се сите меѓународни по нешто што ги одвојува од исти но внарешни односи... МО во себе ги содржат сите облици на општествениот живот кои во овие односи добиваат изменета суштина„.3 Постојат мислења според кои МО формално и суштински ги опфаќаат само политичките односи, додека науката за МО, како смета В. Иблер треба да се бави со „откривање на правилата на однесување помеѓу државите кога се работи за тие односи„.4 Очигледно вакво одредување е претесно, пред се затоа што ги истакнува државите како единствени субјекти на МО, додека улогата на другите недржавни субјекти е минимизирана. Исто така, ако од таквите односи, освен политичките ги исклучиме другите содржини (економеки, социолошки и др.) тогаш е јасно дека таквиот пристап не ја опфаќа целината на општествените појави на меѓународната сцена и не обезбедува согледување на чинителите/факторите, принципите и механизмите во широките облсти на меѓузвоисност, кои денеска го карактеризираат современиот свет.

Веќе, овие два различни пристапи покажуваат дека изразот МО претставува мошне комплексен поим. Тоа го потврдува и Л.Ледерман (L.Lederman), кој истакнува дека МО се целовити појави на меѓународниот живот, како што се „интелектуалните, научните, духовните, религиозните, социјалните, економките, политичките и на нив сродни„.

3 Војин Димитријевиќ, Радослав Стојановиќ, Меѓународни односи (IV измењено и допуњено издање) „Службени лист СРЈ„ , Београд, 1996, стр. 11.4 Владимир Иблер, Меџународни односи. „Напријед„, Загреб, 1971,стр. 10.

7

Page 9: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Слични толкувања среќаваме и кај Ј. Дирозел (Ј.B.Duroselle) кој смета дека целовитоста на односите во изразот меѓународни се подразбира, а тежиштето се става на одредувањето кога една појава станува меѓународна: „една појава би била меѓународна од моментот кога таа во себе опфаќа било кој однос кој просторно се движи од двете страни на границите„, заклучува дека главна цел на научнто проучување на меѓународните појави-односи е „да се утврдат основните и другите чинители кои ги условуваат„.5

Според современите теории на МО кои преовладуваат во САД и Велика Британија, суштината на МО најчесто ја опфаќа природата и елементите на моќта на државите и другите субјекти во МО, равнотежата на сила, колективната безбедност, водењето и системот на одлучување во надворешната политика и чинителите/факторите кои делуваат на основните движења во МО. Меѓутоа и меѓу западните теоретичари има различни мислења. Така, на пример, Џ.Бартон (Ј.W. Burton) ја нагласува клучната улога на државата во МО и објаснува дека теоријата за МО се бави со „осветлување и објаснување на односите помеѓу државите во било кој околности„, додека Е.Хас (Е.Hass) тврди дека„ во средиштето на МО е феноменот на меѓународното организирање, интеграција и функционирање на меѓународната заедница како своевиден облик на систем”.6 Хенри Кисинџер, констатира дека МО се релативно понов поим и додава дека тие настануваат со појава на надворешната политика на државите, „која уште од Виенскиот конгрес воспоставува врски помеѓу народите”.7

После овие анализи и компарации како референтно може да се смета одредувањето на поимот МO кое заеднички го изведуваат В..Димитријевиќ и Р. Стојановиќ: „МО подразбираат севкупност на економски, политички, идеолошки, правни, дипломатски, воени врски и односи помеѓу народите и државите и систмите на држави, помеѓу основните социјално, економски и политички сили и организации кои делуваат на меѓународен план”.8

Поимот МО може да го употребуваме во двојна смисла: или како ознака за одредено подрачје на меѓучовечките односи/практична човечка дејност или пак како наука која се бави со истражување на тоа подрачје. Ако зборуваме за МО како збир на човечки активности поаѓаме од фактот дека тие се појавиле многу рано во човековата историја т.е. оној момент кога настанале првите држави во повеќе или помалку организирана смисла и кога тие почнале да стапуваат во меѓусебни контакти. Историчарите на МО сметаат дека контактите на Блискиот и Далечниот Исток, Стара Грчка, Рим се почетоци на МО во поширока смисла. Во Европа МО настанале заедно со настанувањето на националните држави во средниот век каде т.н. христијански држави придонеле за интензивен развој на трајни врски и односи, правејќи од Европа епицентар на МО. Меѓутоа, без оглед на значењето на државите како субјекти на МО, МО не можат да се идентификуваат потполно со дејноста на државата, на меѓународната политичка сцена, бидејки покрај службените државни контакти помеѓу поедини држави постојат бројни политички, стопански, културни и општествени врски/односи меѓу поедини организации, групи на луѓе, движења од меѓународен карактер како и граѓани поединци кои во одредени средини и моменти може да делуваат како значаен актер на МО.

Секако дека државите и понатаму се главен субјект на меѓународната политичка сцена, меѓутоа покрај нив во меѓународната заедница делуваат и низа други субјекти од 5 Цитирано според В. Димитријевиќ, Р. Стојановиќ, ибид., стр.13.6 Цитирано според В .Димитријевиќ, Р. Стојановиќ, ибид., стр.12-13.7 Хенри Кисинџер, Дипломатија, „ВЕРЗАЛ“, БЕОГРАД, 1999, стр.717.8 В.Димитријевиќ, Р. Стојановиќ , ибид., стр.13.

8

Page 10: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

чие делување може и зависи содржината на меѓународните односи. Тука ги подразбираме меѓународните организации кои особено по Втората светска војна стануваат значајно место за политички, економски и културни контакти и форуми за унапредување и развој на меѓудржавната соработка (на пр. КЕБС/ОБСЕ). Мошне значајно место имаат и меѓународните стопански организации / мултинационалните компании кои имаат мошне голема улога во креирањето на МО.

Покрај проширувањето на субјектите на МО од значење е и квантитативното и квалтативното менување на кругот на државите-субјекти на МО. Во поранешните периоди на човековата историја политичкиот развој на односите во светот зависеше пред се од делувањето на неколку големи држави и од нивните меѓусебни односи. Благодарение на забрзаниот индустриски развој Европа долго време беше центар на МО и евроцентризмот беше една од основните карактеристики на МО. Врз основа на својот економски развој, воена сила и технолошки развој европјаните беа во состојба да ги држат во потполна послушност големите подрачја на другите континенти, однесувајки се спрема нив како према објекти во МО. Но, по Втората светска војна традиционално големите сили како Франција и Англија престанаа тоа да бидат, а голем број земји во Азија и Африка по процесот на деколонизација влегоа во меѓународниот политички живот како нова категорија на држави со свои специфични барања, нови погледи на понатамошниот развој на меѓународната заедница. Најголем дел од нив се определија за политиката на неврзување, залагајки се за мир, соработка, демократски меѓународни односи и равномерен економски развој.

МО се дел од севкупните односи во глобалното општество. Тие произлегуваат од фактичката состојба дека светската заедница не е единствена и хармонична заедница. Таа е поделена со државни граници на бројни помали, поединечни општества кои на светската сцена настапуваат со свои посебни интереси.МО егзистираат во услови на територијална поделеност на светот на помали територијално определени општества кои се организирани во држави или други територијално-организациони форми. „Суштински, МО се разликуваат од сите други општествени односи по тоа што настануваат од противречностите што се јавуваат заради политичкаа поделба на единствениот простор кој ги овозможува основните услови за опстанок и развој на човековото општество : матерјалното производство. Со оглед дека се тие резултат на на политичката поделба на земјиниот простор помеѓу политички разграничените општества-држави, како такви тие се политички односи....Самодоволноста на секое поединечно општество се ограничува со меѓузависноста која настанува помеѓу нив заради нееднаквите услови што настанаа со политичката поделба на просторот. .. Еден од субјектите во МО секогаш стои на пониско или повисоко ниво на меѓузависност во однос на другите субјекти. Овој факт укажува на нужноста од воспоставување МО. Меѓузависноста е основа врз која настануваат МО”.9

2.РАЗВОЈ, ПРЕДМЕТ И НАЗИВ НА НУКАТА ЗА МО

2.1. РАЗВОЈ НА НАУКАТА ЗА МО

9 Ibid., стр.16.

9

Page 11: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Науката за МО е релативно млада научна дисциплина која се појавила релативно касно во рамките на општествените науки као самостојна научна дисциплина.Таа практично се појави во најновата историја на развојот на научната мисла иако се МО како општествена појава нераздвоен следбеник на развојот на државата.10

Интересот за проучување на МО особено се зголеми во децениите после Втората светска војна. Овој интерес ја наметна желбата и потребата да се создаде една самостојна научна дисциплина која со својот предмет и метод ќе биде усредсредена на проучување на појавите во меѓународниот живот.

Проучувањето на МО одсекогаш сочинувало составен дел на проучувањето на општеството, со оглед на тоа што меѓународниот живот е составен дел на животот на секое општество. Меѓутоа и покрај големото значење што овие односи го имаат на развојот на секое општество, долго не се разви една посебна научна дисциплина која исклучиво би го проучувала овој вид на општествени појави. МО се многу сложени поради тоа што во нив се прекршуваат сите видови на општествениот живот. Тешко е да се издвои некоја општествена појава која не ги преминува границите на општеството/државата и во меѓународниот простор не трпи промени , чии последици не се без значење.Таа поливалентност на МО придонесе тие да бидат предмет на проучување на низа дисциплини. Тие беа проучувани од други општествени науки - историја, социологија, економија и право, како еден вид проблеми кои влегуваа во предметот на тие науки. Покрај тоа многу рано се разви посебна историска дисциплина која историски ги проучуваше овие односи – дипломатска историја, а меѓ. право ги проучуваше во целина правните проблеми на МО.

Првите трудови кои спаѓаат во тн. класичните дела кои ги обработуваат МО настанале како израз на желбата на нивните автори со своето искуство и совети да им помогнат на владетелите во водењето на државничките работи (индискиот мислител Каутиља, Платон, Николо Макијавели). По Француската револуција се појавуваат трудови/дела кои обработуваат прашања од воената вештина и стратегија, се појавуваат дипломатски мемоари и трудови од областа на МЈП, меѓутоа се уште нема труд кој би ги сумирал постојните знаења и би дал одреден систем за набљудување и проучувње на МО.

Дури во почетокот на 20иот век во САД на некои универзитети почнува да се предава предметот “светска политика” во кој пред се историчарите настојуваа преку старите збиднувања да дадат приказ и на новиот развој на светската историја.

Избувнувањето на Првата светска војна и Октомвриската револуција која сериозно го потресе капиталистичкиот свет и најави почеток на коренити светски промени, доведе до забрзување на создавањето и развојот на новата дисциплина- меѓународни односи. Првите повоени трудови за МО главно се бавеа со опишување на меѓународните конференции, мировните договори и со работата на Лигата на народите (универзална меѓународна организација за зачувување на светскиот мир, предводник на ООН). Дури после неколку години наместо дескрипција, односно детален опис, на МО почнуваат да се јавуваат првите трудови во кои се прави обид да се прецизираат одредени категории на МО кои имаат поширока вредност како што се поимите агресија и безбедност, дипломатија, средства на меѓународно комуницирање - јавно мислење и пропаганда.

10 Gavranov V., M.Stojkovik , Meдunarodni odnosi i spoljna politika Juдoslavije, Savremena administracija , Beograd, 1972, str.3.

10

Page 12: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Иако се тврди дека МО како дисциплина настанале во САД и се врзни во најголема мера со американското политичко мислење, прва организирана катедра за МО е формирана на Университетот во Велс во местото Аберсвич (Aberstwstx) во 1919 година.11

После Втората светска војна доаѓа до ново јакнење на науката за МО, што е повторно врзано за промените кои настанаа во светот. Распаѓањето на антихитлеровската коалиција и новото конфронтирање на капитализмот и социјализмот; јакнење на народноослободителните движења во колониите; брзите промени на планот на технологијата и јакнење на воените сили – се секако компоненти кои сите заедно го забрзаа процесот на јакнење на интересот за МО како самостојна научна дисциплина. Така теоретичарите на МО не се задржуваа само на описот на меѓународните збиднувања - минати и сегашни, туку настојуваа покрај барањето на соодветни теориски модели и контури на предвидување на развојот да даваат свои мислења за можностите за водење на одредена политика, за решавање на одредени меѓународни конфликти и создавање нови односи меѓу државите.

2.2.ПРЕДМЕТ НА НАУКАТА ЗА МО

Прашањето за предметот на истражување и проучување за секоја наука претставува conditio sine nqua non за нејзиното постоење. Тоа се однесува и на науката за МО.

Во науката за МО постојано се прават напори за поадекватно, подетлно и повистинито определување на нејзиниот истражувачки предмет. Тежината и комплицираноста на одредувањето на предметот на науката за МО произлегува од низа факти, меѓу кои треба посебно да се истакнат: големиот обем, интензитет и разновидноста на збиднувањата на меѓународната сцена; предметот на исртажување на науката за МО е многу динамичен, сложен и комплексен; големиот број на различни субјекти во меѓународните односи; голем број на фактори кои влијаат на вообличувањето на меѓународните односи во определен момент и историско движење; специфичен однос помеѓу внатрешната и надворшната политика како тесен предмет на интерес на оваа наука; специфичноста на меѓународната заедница; разновидноста на средствата на меѓународното општење; порастот на бројот на нови актери и процеси во меѓународните односи и слично. 12 Токму заради големиот опфат на меѓународните односи, како и големиот број различни субјекти и чинители на меѓународните односи се водат расправи за предметот на оваа наука и за границите на научното спознание.Во литературата за МО постојат бројни и разновидни, често и контроверзни мислења, за тоа што би требало да проучува науката за МО.

Една од првите дефинициии за предметот на науката за МО настанала 1936 година во рамките на Меѓународниот институт за интелектуална соработка на Друштвото на народите.13 Оваа дефиниција изразува став којшто на почетокот на развојот на науката за 11 Види повеќе: Radovan Vukadinović, Meдunarodni politički odnosi, Politicka kultura, Zagreb, 2004, str.12 и www.wikipedia.com12 Gavranov V.,Stojkovik M., Meдunarodni odnosi.....op.cit.стр.3.13 Таа гласи: “Науката за МО е пред се од дескриптивен карактер.Таа донекаде припаѓа на видовите на современта историја на народите и како таква, таа ги опфаќа сите области како што се економијата, трговијата, размената на произвдството, добрата, парите, како и областите политика и култура.” Превземено

11

Page 13: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

МО беше многу широк. Имено, се сметше дека ова наука има енциклопедиски карактер поради сложеноста и разновидноста на меѓународните односи. Затоа за правилното разбирањето на МО би било неопходно да се проучат низа области од општествениот живот. Поради тоа ова наука бара широка интердисциплинарна соработка.14

Во американската литертура постојат бројни, разновидни и често контроверзни мислења за тоа што треба да проучува науката за МО. Така на пр. Стенли Хофман смета дека МО мора да се бават со факторите и сите активности кои влијаат на надворешната политика и на владите на главните заедници на кои е поделен светот. Оваа работна дефиниција, како истакнува авторот, треба да му овозможи на истражувачот да ги определи посебните полиња на интерес кои ке ги истражува/проматра.

Давид Витал се определува за такво проматрање на МО кое пред се ќе покаже каква е позицијата на владите во создавање на надворешната политика.

Францускиот проф. Дирозел заклучува дека меѓународните односи “...научно ги проучуваат меѓународните појави со цел да се утврдат основните и другите чинители кои ги условуваат. Тој прашува:“ Кои се тие меѓународни појави кои се предмет на проучување? За тоа може да се даде една општа дефиниција, по која една појава би била меѓународна од моментот кога таа во себе опфаќа било кој однос кој просторно се движи од двете страни на државните граници...меѓународните односи се пред се политички однои помеѓу државите, потоа односите на групите или поединците од едната и другаа страна на државните граници.”15

Л. Ледерман поаѓа од тоа дека МО “...проучуваат во целата своја сложеност појавите на меѓународниот живот како што се: интелектуалните, научните, духовните, религиозните, социјалните, економските, политичките и со нив сродни појави. Таа дисциплина има за цел да ги истражи битните чинители, основните сили, интелектуалната, доктринарна и идеолошката основа, праксата помеѓу државите, народите, групите и поединците... како и правилата, механизмите и институциите кои ги регулираат тие односи.”16

Г. Шварценбергер истакнува дека средишно поле на студиите за МО е меѓународното општество, неговата еволуција и структура, актерите на меѓународната сцена, моделите на нивното однесување, движечките сили за нивните акции и проблемите на меѓународното планирање.17

Димитријевиќ и Стојановиќ сметаат дека науката за МО ги проучува оновните факти во односите помеѓу политички триторијално потполните општества- кои се денес државите - степенот и формата на нивната меѓзависноста, чинителите/фактрите кои влијаат на нив и објективните и субјективни процеси во движењето на меѓународните односи и организирање на облиците на овие односи, со цел да се откријат законитостите кои нив ги опредеделуваат.18

од: Dimitrijevic V., i Stojnovic R., Medzunarodni odnosi, Nolit, Beograd, 1979, str 16.14 Така на пр. К.Рајт (Q.Wright) наведува осум дисциплини кои имаат конститутивно значење за науката за МО: Меѓународно прао, Меѓународни економски односи, Дипломатска историја, Воена историја, Меѓунаародна политика, Меѓународни организации, колонијално владеење и водење надворешни. Кон тоа ги додава уште и воента вештина, дипломатијата,полтиката географија демографија ид р. Wright K.,The Study of International relations, New York, Appleton Century Crofts, 1955.15 Duroselle J.B., L’etude des relations internationals, Revue francaise de science politique, 4/1952.16 Lederman L., Considerations epistemiloдiques sur l’etude de relations internationames,Melanges Seferiades, Athenes, 1961, str.393.17 Види повеќе: Schwarzenberger G., Power Politics-A Study of Word Society, London, 1964. 18 Vojin Dimitrijević i Radoslav Stojnović , Međunarodni odnosi, Služben list, Beograd, 1996, str 16.

12

Page 14: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Според Р. Вукадиновиќ предметот на науката за МО пред се е поврзан со истражување и проучување на односите меѓу државите во политички, економски, воен и идеолошки, културен и правен аспект19. Освен тие взаемни односи на државен план, потребно е да се анализираат сите останти субјекти: меѓунардни организации, групи, движења, нации и луѓето кои исто така делуваат на содржината на МО. Бронјите фактори кои влијаат врз мо исто така ги определуваат насоките на активноста на одделни субјекти, го поттпомагаат нивното делување и овозможуваат следење на понатамошниот развој.Таквиот став би значел дека меѓународната заедница како средина во која се случуваат сите меѓународни процеси се зема како основна и најширока рамка за за проучување, но предмет на науката за МО би биле меѓудржавните односи, односите помеѓу различните субјекти на МО, истражувањето на факторите кои влијаат на делувањето на субјектите и барање на основни законитости на делување и однесување во меѓународниот политички систем.20

Од овој преглед на се гледа дека постојат различни ставови за предметот на МО како научна дисциплина. Самиот предмет на истражување на овааа дисциплина е во непрекинато движење, мошне е комплексен, на него влијаат голем број различни актери и фактори, постои цврста врска помеѓу внатрешната и надворешната политика, а бројот на актери и процеси е во постојан пораст. Важно е одредена наука да се определи така што ќе се укаже на нејзината конкретна проблематика со подготвеност постојано да се вклучуваат нови подрачја, нови фактори и елементи, имајќи на ум дека предмет на оваа наука е стварноста на МО.

Често се поставува и прашањето дали е потребно издвојување на МО како посебна дисциплина. Во прилог на давање на позитивен одговор би можеле да го истакнеме следново:

▪ -меѓународната политичка заедница битно се разликува од внатрешната политичка средина. За разлика од строго централизирана внатрешна политичка организација, во меѓународната средина/заедница делуваат децентрализирани чинители/фактори: државите и другите субјекти/актери кои настојуваат да ги остварат своите цели било преку соработка било преку конфликт.

▪ -и дидактички разлози бараат презентирање на материјата во целовитост, особено денеска кога на се поголем број на луѓе им е нужно знаење од областа на МО.Издвојувањето на МО како посебна научна дисциплина, не значи дека поедини

проблеми од тоа подрачје не треба да се изучуваат во други научни дисциплине, особено во меѓународното право, меѓународните економски односи, компаративни политички системи, историја на дипломатија и др. Науката за МО не настанала од поделбата на постоечките научни дисциплини туку израснала како синтеза на неколку дисциплини. Оттука и сличностите со другите политиколошки дисциплини.

Понекогаш се водат теориски расправи дали одредена проблематика влегува во во доменот на науката за МО или во друга наука. За да се избегнат спорови од тој вид некои автори сметаат дека науката за МО треба да се прифати како синтетизирачка наука која не би имала сопствено поле за истражување, што не би било исправно. Имено за секоја 19 Вукадиновиќ истакнува дека и другите науки исто така проучуваат поедини аспекти на меѓународните односи, но треба да се предупреди дека дисциплината меѓународни политички односи не проучува еден од облиците на манифестирање, туку ги набљудува како облици на пројавување и остварување на пошироките општествено-политички контакти и процеси. Во Vukadinovic R., op. cit. str.52.20 Radovan Vukadinović, op. cit. str.52.

13

Page 15: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

научна дисциплина не е важно да има свое исклучиво поле на истражување, туку е важно таа дисциплина одредени појави да ги проматра од свој аспект настојувајќи да открие одредени правилности.Така на пр. има и др. општествени науки во кои со поедини појави се бават различни дисциплини - посебни или синтетички (социологија, педагогија, историја).

Би можеле да заклучиме дека како и во другите дисциплини, основна задача на МПО е да ги пронајде во динамиката на светските движења оние основни категории, законитости и тенденции кои го одредуваат тој развој и да ги определи основните фактори со чија помош се остварува тој развој.

2.3. НАЗИВ НА НАУКАТА ЗА МО

Во поглед на самиот назив на оваа дисциплина постојат различни мислења. Најчесто во употреба е називот МО но се сретнуваат и називи меѓународна политика, светска политика, наука за МО, глобална политика и др. Имено, во светската литература од понов датум особено кај западните автори се поретко се користи називот меѓународни односи (eng. International Relations), а се почесто се користи терминот светска политика (World Politics). Сепак , ни за еден од овие два термина нема прифатени дефиниции со помош на кои би се направила јасна разлика иако постојните овозможуваат воочување на разлики. Некои автори сметаат дека називот МО упатува пред се на односите меѓу нациите/државите со што во светските работи особено политиката се минимизира и исклучува влијанието/улогата на другите исто така важни субјекти како што се меѓународните невладини организации и др. Во врска со тоа Х. Кисинџер вели:„...самот израз МО е всушност од поново време во употреба, и тој имплицира дека државата-нација мора да биде основа на нивната организација.„ 21 Од друга страна, пак, има забелешки и на терминот светска политика пред се поради фактот што светот не е уреден како една наднационална организација која би имала своја единствена политика или со други зборови светска политика. Исто така, општествените појави кои се јавуваат во меѓународното општество не се одвиваат исклучиво во областа на политиката.

Глава 2.ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ НА МО

21 Kisindzer.H., Dali je Americi potrebna spoljna politika, BMG, Beograd 2003, str.16.

14

Page 16: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Вовед

Основната структура и принципите на МО, и во современите услови, се длабоко вкоренети во историскиот развој.Современите МО претставуваат продолжение на општествените односи кои се развивале со илјадници години. Промените кои се случувале и големото наследство од минатото ни даваат одговор на прашањето како се менувала структурата на меѓунродните односи и како од почетните односи меѓу групата на луѓе, грдовите и државите настанувале МО какви ги познаваме во современ облик.Историчарите на МО кои подетално се бават со проучување на почетоците на МО поаѓаат во своите описи од древна Кина, Индија, Грција, Рим, барајќи во тие цивилизации почетоците на МО.

Амарна писмата најдени на глинените плочи во Египет кои датираат од 14 век пред нашата ера ја покажуваат коресподенцијата помеѓу египетските фараони и владетелите на другите кралства и територии околу источниот медитеран и Блискиот исток.22 Други историски текстови се бават со прашања кои се релевантни и за современите МО како што се војната, мирот, сојузите, трговијата и др. Тука спаѓаат индиската Артассастра (Arthashastra) од 3 век пне, Историјата на Пелопонеската војна (The history of Peloponnesian warна грчкиот историчар Тукидид (Thycydides) од околу 5 век пне и Уметноста на војната ( The art of war) од Кинескиот писател Сун Цу (Sun Tzu) од 6 век пне.23

Современиот меѓународен систем е производ на европската западната цивилизција. Меѓународниот систем како што го знаеме се развил меѓу европските држави пред 300-500 години и беше извезуван во остатокот на светот неколку века. Битно е да се препознае особеното значење на европската традиција за МО. Меѓутоа мора да се има на ум дека и други цивилизации егзистирале во други региони/делови на светот пред европјаните воопшто таму да пристигнат.24 Европскиот простор долго беше синоним на светскиот развој и од него извираа се до II Светска војна главните правци на европската, односно светската политика.

Многу теоретичари ја земаат 1900тата година како почетна точка за анализа на модерните МО. Историчарот Ерик Хомсбаум (Eric Homsbaum) го опишува 20 век како„ ера на екстреми„ која ја карактеризираат турбуленции, војни и револуции. Во историска смисла, тој е често дефиниран со серија на меѓусебно поврзани глобални конфликти: Првата светска војна 1914-1918 година, Втората светска војна 1939-1945 година и Студената војна 1947-91 година. Овие години обележуваат историски граници на „краткиот„ 20ти век - период на насилство и промена што произведе длабоко дистурбиран/дезорганизиран, економски фрагментиран и идеолошки поделен свет пред и по крајот на Студената војна и колапсот на СССР помеѓу 1989 и 1991 година, праќајќи го во кантата на историјата. Хобсбаум сугерира дека 20иот век вистински започна во 1914 година со катаклизмичната војна која ја избриша состојбата на status quo на 19иот век.

Но, само после 20 години од Версајскиот договор од 1919 година, започна друга светска војна уште по глобална по својот досег од Првата. Втората светска војна беше

22 Види повеќе во: Amarna letters, https://en.wikipedia.org/wiki/Amarna_letters23 Видивиди повеќе во: Joshua S. Goldstein, International Relations, HarpercollinscolegePyblisher, New York, 1996, стр.25.24 Ibid., str.23.

15

Page 17: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

најголем воен судир во историјата на човештвото. Победата над фашистичките сили на Оската ја избори антифашистичката коалиција во која влегоа најголемите капиталистички држави – Велика Британија и САД и првата социјалистичка држава во светот - Совететскиот Сојуз.

Двете светски војни Првата од 1914-18 година и Втората од 1939-1940 земаа само 10 години од 20иот век, но тие го обликуваа и обележаа векот. Ништо како овие војни се нема случено и тие се клучна референтна точка за светот во кој живееме денес.

По насилствата во првата половина на 20 век, најзначајна карактеристика во втората половина на овој век беше отсуството на трета светска војна. Но, наместо тоа дојде до Студена војна (СВ) - период на интензивно непријателство без вистинска војна. Почетната фаза на меѓународните односи по Втората светска војна се одвиваше во знакот на нов облик на конфронтација на бившите сојузници. Терминот Студена војна ќе биде низа години главно обележје на МО.

Динамичните промени во МО на крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години на минатиот век го наговестија крајот на СВ и распадот на биполарната структура на меѓународна заедница на 20-иот век, во која суверените држави беа организирани на различни начела повикувајќи се на потполно различни вредности - идеолошки судир на два глобални воено-политички блока. Рушењето на Берлинскиот зид и обединувањето на Германија, распаѓањето на СССР и Варшавскиот пакт обележија крај на една епоха во кој меѓународниот систем опстојуваше под постојана закана од нуклеарно уништување. Биполарниот систем создаден по Втората светска војна беше срушен.

Студената војна заврши и стимулираше бран на промени во последната декада на 20иот век. Со крајот на СВ биполарната структура на меѓународната заедница стана униполарна - САД станаа единствена вистинска глобална сила како резултат на колапсот на неговиот студеновоен соперник.

Новиот светски поредок и глобализацијата стануваат нови ознаки на развојот на светот кого го карактеризираат три најчесто спомнувани одредници - интеграцијата, демократизацијата и глобализацијата на светот. Притоа постојано се актуелни расправите во каков свет живееме – унуполарен, мултиполарен или мешовит.

Како najdobro ke gi razbereme politiчkite konvulzii vo svetot so koi se srekavame dnevno? Kako ke go predvidime nivnoto idno znaчewe? Nie mora da po~neme so процена na interakciite na predhodnite idei и nastani so tekovnata stvarnost. Kako шto predupredil filozofot Џorx Сantajana - оnie koi ne go pametat minatoto se osudeni da go povtorat. Sli~no britanskiot premier Viston ^er~il edna{ ke zabele`и: Kolku ponazad gleda{ tolku podaleku verojatno ke vidi{.

Taka za da gi razbereme dramati~nite promeni vo MO denes и kako tie ke ja oblikuvaat idninta mora da gi razgleduvamе vo kontekst na dolgoroчna perspektiva {to istra`uva kako meѓународниот polитички sиstem - modelite na interakcija pomegu svetskite politi~ki akteri - se menuva и kako negovite fundamentlni karakteristiki se sprotistavuvaat na promenite. Dali dramatiчnite skore{ни promeni koi simboli~no pretstavuvaa zemjotres vo svetskite raboti go isчistija patot za vistinski nov svetski poredok? Ili ovie darmati~ni promeni ke bidat samo obiчni to~ki na seizmografot na istorijata.

1. СТАРА ГРЦИЈА

16

Page 18: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Стара Грција/Elada од 6 до 5 век пр. н . е. се состоеше од голем број политички ентитети кои ги нарекуваме градови – држави или полиси.

Vo klasi~niot period (od 5-4 vek pne.) gr~kite gradovi држави-polisi imaa relativno mal broj na naselenie. Владата беше затворена во градовите зидини. Поголемите полиси ги потчинуваа помалите кои пак бараа помош во сојузи за да опстанат. Грчките градови држави имаа единствен јазик, култура, религија, архитектура, олимписки игри, но немаа единствена власт- беа или независни или подредени на посилните соседи. Најмоќните полиси беа Атина, Спарта, Теба и Коринт кои ја наметнуваа својата хегемонија на останатите полиси.25 Коринт имаше значајна улога на балансер но, немаше доволно сила да биде хегемон па беше значаен актер во сојузите кои се спротиставуваа на хегемонизмот.

Vo stara Grcija ima{e visoko decentraliziran sistem na MO koj se karakterizira{e so sorabotka ili konflikt-kategorii vo MO koi ќe se zadr`at i vo sovremenite MO. Дипломатските практики не беа развиени, најчесто се состоеја од делегации кои патувале до другите полиси за да ги објаснат своите барања, да ги решат несогласувањата или да преговараат за трговски договори

2.РИМСКОТО ЦАРСТВО

Рим започна како град-држава, но за неколку векови тој постепено ја зголеми својата моќ на сите страни на светот: северно и западно до днешна Германија, Англија, Шпанија и Франција, јужно до Северна Африка и Египет и источно до Иран.

Римската империја претставуваше високо централизиран состав во кој точно се знаеле првата на центарот и односите со поблиските и подалечните делови.Pax romana станува ознака на силната империја и одржувајќи ги локалните традиции овозможи чување на културните разноликости и јазици во сите нејзини делови.

На Запад/З доминира латинскиот јазик на Исток /И грчкиот и хеленската култура што е темел за поделба на империјата и создавање на Источно и Западно царство со два ценри- Константинополис и Рим. Христијанството станува државна религија во двете царства.

Покрај внатрешните слабости кои ги имаше на големата Римска империја и дојдоа закани од Истокот со воени активности на Периското царство, а на Западот јакнеше притисокот од варварите. Под притисокот од варварите, германските племиња и Хуните падна Западното царство во 476 година. Посилнната источна половина на Империјата- Византија со центар во Константинопол (денешен Истамбул) остана политички, економски и културно витална уште неколку векови. Таа се одржа на подрачјето на Балканот и Мала Азија и забележуваше посебен процват.

3. СРЕДНОВЕКОВЕН СИСТЕМ НА МО

25 Спарта , Атина и Теба беа „први меѓу еднаквите„, затоа овој систем може да се опише како систем со неколку држави кои се натпреваруваат за хегемонистичка контрола, спречувани од менувањето на коалиции или на рамнотежата на моќ. Заедничкиот еленски идентитет не ги спречуваше нивните меѓусебни судири. Види повеќе во П.Р.Виоти и М.В. Каупи, ибид.стр. 51-55 и 577-578.

17

Page 19: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

По колапсот на Рим во 5 век, следуваа 1000 години кои се именуваа како среден век или средновоековен период.26 Неговиот крај е означен со ренесансата и реформацијата од 15 и 16 век.

За време на средниот век главниот виновник за поимањето на единството на човештвото беше христијанската црква. По колпасот на Римската империја црквата стана многу богата и привилегирана организација. И покрај понекогаш корумнпираното и дволично однесување на многу членови од црковната хиерархија, христијанството сепак беше рамка во која се одвиваше приватниот како и јавниот средновековен живот.

Во средновековието постоеше мдипломатија. Беа прифатени одредени римски правила и беа воспоставени нови кои станаа дел од меѓународното право : безбеднос поставување на амбасадори, тајност во дипломатските преговори презир кон кршење на договорите. Во однос на световните придонеси/ прашања личните врски беа клуч за дипломатијата. Кралските бракови беа мошне важни. Терироријалните граници беа неодредени и односитепо меѓу краслствата беа функција на династичките брачни односи. Не се зборуваше за „национален интерес туку за интерес на определен владетел или династија.

4.ВЕСТФАЛСКИОТ СИСТЕМ НА МАЃУНАРОДНИ ОДНОСИ

Во 1648 година вестфалскиот мир ја заврши европската триесетгодишна војна, понекогаш нарекувана последна од големите религиски војни, и прва од вој ите на модерните држави. Овој мировен договор ја воспостави суверената територијална држава како доминантна форма на меѓународна организација. Модерниот меѓународен систем често се поврзува со Вестфалскиот договор од 1648 година.

За разлика од средновековниот систем на МО, Вестфалскиот систем на новите односи се гледа во:-одвојување на црковната од световната власт-царската моќ е значително ослабена-системот се темели единствено на суверени држави кои се единствени актери на МО.

Признавајќи ја како еден од главните принципи националната сувереност Вестфалскиот мир беше темел на кој е изграден системот на новите МО. Тој ги етаблираше принципите на независни, суверени држави коишто продолжуваат да го обликуваат меѓународниот систем и денес. Имено овој договор ги постави основните правила кои оттогаш го дефинираат меѓународниот систем – суверенитетот и територијалниот интегритет на државите како еднакви и независни членови на меѓународната заедница.

Една од понатамошните карактеристики на политичкото делување на Вестфалскиот ситем стана рамнотежата на сила во која секоја од големите сили го следеше развојот на своите противници, создавајки сојузи кога беше потребно да се одржи рамнотежата. Вестфалскиот мир ја отвори и вратата на новата мултилатерална дипломатија. Системот што настана по Вестфалскиот мир беше европски и христијанскиа. Начелото на неинтервенција не важеше за исламот и другите делови од светот.

5.ФРАНЦУСКА РЕВОЛУЦИЈА

26 За периодот на средновековна Европа види повеќе во : П.Р. Виоти и М.В: Каупи, ибид.стр.60-64.

18

Page 20: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

So doaѓaweto na Napoleon na vlast sistemot na ramnote`a na sila go do`ivea svojot najgolem predizvik. Vo periodot od 1804-12 g na ~elo na evropskiot sistem e edna zemja: Francija. So porazot na Napoleon vo Rusija francuskata hegemonija vleguva vo kriza и доаѓа до создавање на jaka alijansa: Rusija, Prusija, Avtrija i Velika Britanija

Na Vienskiot kongres (1814-15) se sozdava tn. koncert na golemite sili koi odlu~uvaat deka za site bitni pra{awa vo Eвропа ќe pravzemaat zaedni~ki odluki.

Po germanskoto obedinuvawe pod prusko vodstvo 1871 g koncertot na golemite sili po~nuva poleka da se raspaѓa na dve alijansi: avstrisko-germanska i francusko-anglisko-ruska алијанса. Toa ќe vodi kon Prvata svетска vojna kako nova etapa vo postvestfalskiot sistem на МО.

Na po~etokot na 20iot vek na meѓународната scena se pojavuvaat 3 novi sili-SAD, Japonija и Italija. Така сistemot na golemi sili namesto evropski stana globaliziran.

6. ПРВАТА СЕТСКА ВОЈНА

Sudirot pomegu dvete alijansi vo 1914 g ja napravi Evropa sredi{te na voenite zbidnuvawa, но isto taka taa so svojata `estina i traewe dovede do vklu~uvawe na ostanatite delovi od svetot vo Evropa. SAD vlegoa vo golemata svetska polитика koja dotoga{ be{e rezervirana za evropskite dr`avi со цел da se porazi gерманскиот militarizam и da se parira na revolucionerna Rusija.

Консеквенците од Првата светска војна беа огромни. После 4 години војна, дипломатите и политичките лидери кои се собраа во Версај во 1919 година да состават мировна спогодба беа цврсто решени дека нивните напори мора не само да ги решат повоените прашања -што да се прави со поразените држави, особено Германија и со Австро-унгарската и Отоманската империја кои се распаднаа за време на војната - туку и да ја направат војната невозможна во иднина. Во Версај Франција, Велика Британија, Италија и САД го создаваа концептот на повоените односи.

Прата светска војна е пресвртен настан во МО- настан кој го обележа крајот на една ера и почетокот на друга. Војната и мировните договори со кои таа заврши беа директно одговорни за Октомвриската револуција и основањето на СССР, за распадот на мултинационалната Отоманска и Австроунгарска империја, за понижувањето на поразената Германија,за разочарување на националистичките аспирации во Италија и Јапонија и за слабеење на финансиските и воените капацитети/можности на двете преостанати големи сили на европскиот континент- Франција и Велика Британија.

САД станаа светска сила за време на војната и особено беа значајни 14 точки на американскиот претседател Вудро Вилсон коишто претставуваа план за праведно и трајно мировно спогодување.27 Овие 14 точки беа предлог за новите МО. Осум од точките се бавеа со одредени територијални спорови помеѓу завојуваните држави. Пет точки воведуваа нови норми, правила и практики во дипломатијата за кои претстедателот Вилсон сметаше дека ќе бидат основа за нов вид на МО. Тоа беа:

27 Вудро Вилсон американски претстедател за време на Првата светска војна е класичен либерал на 19 век кој смета дека стратегиите на РС се неморални, бидејќи ги нарушуваат демократските принципи и чувството за национален идентитет. Тој заклучува: „РС е сериозна игра којашто е дискредитирана сега и за секогаш. Тоа е стариот и злогласен поредок кој преовладуваше пред оваа војна Нашата иднина ние можеме да ја градиме и без РС„. Ross, Graham, The Great Powers and Decline of the European States System 1919-1945 (London:Longman, 1983), стр. 109-126.

19

Page 21: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

• Дговори или аранжмани кои се постигнати низ отворена и јавна дипломатија наместо тајна што беше предоминантна пред војната;

• слобода на морињата; • слободна трговија;• намалување на вооружувањето;• усвојување/акомодирање на колонијалните барања засновани на

принципите на самоопределување. Последна точка повикува на создавање на нова организација-подоцна Лигата на

народите- која би го заштитувала суверенитетот на државите - големите и малите. 28 Meѓutoa evropskite dr`ави bea vozdr`ani vo prifaќaweto na predlogot na претседателот Vilson. Frанција be{e i ponatamu pobornik na sistemot na рамнотежа на сила/RS. Таа be{e zainteresirana na Gерманија da i se nametnat reparacii za da ja oslabat i да ја onevozmo`at za novi voeni opasnosti. Rusija ne be{e povikana vo Ligata. Drугите европски dr`ави veruvaa vo delotvornosta na takviot univerzalen sistem, нo najgolem udar ideata za Ligata na narодите dobi so odbivaweto na amerikanskiot Senat da go ratifikuva Paktot za Ligata, so {to Lигата ostana bez svojot najgolem zagovornik. 29

Vo konkretnoto deluvawe Ligata se obide da izgradi praven mehanizam za eliminirawe na vojnata kako sredstvo na meѓународна polитика, no toa ostana na nivo na diskusii. Ligata ne mo`e{e da gi osudi vojnite koi gi zapo~naa nejzinite ~lenki: Japonija vo Manxurija i Italija vo Etiopija. 30Од друга страна SSSR tvrde{e deka sistemot na Ligata vo osnova e imperijalisti~ki, а Germanija be{e protiv versajskiot mir od samiot po~etok така што сeto toa vode{e kon novi podelbi. Така, само после 20 години од Версајскиот договор од 1919 година започна друга светска војна уште по глобална по својот досег од Првата.

Многу теоретичари ја земаат 1900тата година како почетна точка за анализа на модерните МО. Ерик Хомсбаум (Eric Hobsbaum) сугерира дека 20иот век вистински започна во 1914 година со катаклизмичната војна која го избриша статус њуо на 19иот век. Пред првата светска војна светот немаше искусено конфликт кој вплете толку многу различни држави. Не само што ова беше светска војна туку беше прва тотална војна , за време на која значајните протагонисти практично ја мобилизираа целата своја популација и мажи и жени било како војници на фронтот или како работници на „домашниот фронт„.31„Никогааш повторно„ беше изреката и чуствата кои надвладуваа кај народите по завршувањето на војната.

Но, само после 20 години од Версајскиот договор започна друга светска војна уште по глобална по својот досег од Првата.

7. ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

28 Wilson, Forteen Points speech, 18 January 1918.29 Види повеќе: Нај 131-132.30 Нај 136-137.31 John Baylis&Steve Smith, the Globalization of the world Politics-An introduction to international relations, third edition, Ohford universitu press, 2005, str.64.

20

Page 22: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

So doaѓaweto na nacional-socijalistite na ~elo na Germanija 1933 g. se sozdava fa{isti~ka oska Germанија-Italија-Jаpонија. Site три zemji se nezadovolni od razvojот на настаните по Првата светска војна, a niv za kratko ќe im se pridru`i i SSSR (1939-41) склучувајки договор за ненапаѓање со Германија.

VB i Frанција podr`ni od SAD veruvaat deka sprotivnite interesi mo`at da se надминат/pomirat pa i pravat otstapki na Germанија со delewe na ^ehoslova~kа во 1939 gодина veruvajki deka mo`e da se so~uva mirot. Но, уверен vo svojata moќ Hitler ja zapo~nuva vojnata 1939g so napadот na Polska. Po uspe{nite napadi pogolem del od Eвропа se naoѓa pod kontrola na fa{isti~kite sili na Oskata

Но, i pokraj Dogоворот za prijatelstvo Хитлер го napaѓа SSSR 1942g. i po napadот на Јапонија na Perl Harbur i vleguvaweto na SAD vo vojnata odnosite na voi{teto se menuvaat. Така silite na Oskata definitivno se porazeni vo 1945 g.

Втората светска војна ги надмина сите други војни од аспект на човечки загуби, кои се процененети од 35 до 50 милиони луѓе. Не само што се убиваа луѓето туку беа измислени и многу врварски методи за тоа: од нацистичкиот геноцид на 6 милјони евреи кои беа однесени во концентрациони логори, до исфрлањето на атомската бомба од Американското бомбардирање на јапосндките градови Хирошима и Нагасаки во август 1945 година.

Војната беше запамтена по напредокот на воената технологија. Тенковите и авионите кои беа штотуку воведени и одиграа безначајна улога во првата светска војна, доминираа во втората светска војна. Радарот одигра значајна улога, на пример во битката за Британија, една од пресвртниците во втората светска војна. На крајот на војната атомската бомба се појави како зачеток на нуклеарното доба.

Двете светски војни Првата од 1914-18 година и Втората од 1939-1940 земаа само 10 години од 20иот век, но тие го обликуваа и обележаа векот. Ништо како овие војни се нема случено и тие се клучна референтна точка за светот во кој живееме денес.

8.РАЗВОЈ НА СВЕТОТ ПОСЛЕ ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Втората светска војна беше најголем воен судир во историјата на човештвото. Победата над фашистичките сили на Оската ја избори антифашистичката коалиција во која влегоа најголемите ксапиталистички држави – Велика Британија и САД и првата социјалистичка држава во светот- Совететскиот Сојуз. Големите човечки жртви, матерјални загуби и страдањата на населението во годините на војната, влеваа надеж дека повоениот свет ќе собере доволно сила да го сочува мирот и нема да дозволи да се случи повторно таква страотија. Во прилог на тоа одеше и постоењето на силната антихитлеровска коалиција составена од тогаш најсилните држави во светот. Се веруваше дека нивната соработка ќе биде продолжена и во мир и плодовите на таа соработка ќе ги почуствуваат сите држави и народи во светот.

Односите во антихитлеровската коалиција не беа така цврсти за да можат да се одржат во повоените услови. Имено, секоја страна поаѓаше од своите интереси, традиции и очекувања. Сомнителноста и недовербата беа карактеристики на коалицијата во сите фази на војната. Со завршетокот на војната помеѓу големите сојузници доаѓа до отворени разијдувања.

21

Page 23: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Черчил, Рузвелт и Сталин имаа свои сопствени и сосема различни гледања на МО и светот кој се создаваше. Тие беа врзани за своите идеолошко-политички уверувања како и за општествено-економските системи на кои припаѓаа. Черчил и Рузвелт настојуваа да се задржат можности за развој на капиталистичкиот свет и да го спречат ширењето на влијанието на СССР, додека Сталин, водејќи сметка за советските државни интереси сакаше да го прошири социјализмот.

Уште во текот на војната се создаваа новите основи на меѓународната политика и се менуваше изгледот на меѓународната зедница, односно се оцртуваше сликата на новиот свет исполнет со нови обележја, нови сојузи и нови спротивности.

-СССР како единствена социјалистичка држава (покрај неразвиената НР Монголија) излезе од војната како една од двете најсилните светски сили, излезе од изолација и стана значајна светска политичка сила која со своето делување на меѓународен план влијаеше на развојот на МО.

-Старата политичка структура на Европа беше срушена. Во некои земји со рушење на фашистичко уредување беше ликвидиран и капиталистичкиот сѕстем на општествени односи. Комунистичките и работничките партии, благодарејќи на својата улога во антифашистичката војна го зацврстија својот углед и станаа значајна политичка сила и во некои западни држави (Италија, Франција).

-Меѓу капиталистичките држави исто така настанаа големи промени. САД стана апсолутен хегемон на западниот свет благодарејќи на својата воена, политичка и економска сила. Велика Британија и Франција како некогашни големи сили, иако беа во победничката алијанса, излегоа од војната ослабени од воените разорнувања. На слабеење на нивната сила влијаеше и процесот на распаѓање на колонијалниот ситем. Поразените држави Германија, Италија и Јапонија во првите повоени години немаа можност за делување во капиталистичкиот свет.

-Процесот на деколонизација доведе до создавање на нови ослободени држави што доведе до нови односи на поширок меѓународен план

-Основана е ООН како инструмент за зачувување на мирот и унапредување на соработката. Тоа беше нова светска организација која требаше да стане универзално средство за решавање на спорови и траен облик на заедничко делување на голем број различни држави.

8.1.Студена војна

По насилствата во првата половина на 20 век, најзначајна карактеристика во втората половина на овој век беше отсуството на трета светска војна. Но, наместо тоа дојде до Студена војна (СВ) - период на интензивно непријателство без вистинска војна. 32Непријателството беше толку интензивно што многумина очекуваа вооружен конфликт помеѓу двете суперсили. До судири дојде но не директно меѓу СССР и САД. Така, почетната фаза на меѓународните односи по Втората светска војна се одвиваше во знакот на нов облк на конфронтација на бившите сојузници. Терминот студена ќе биде низа години главно обележје на МО. 32 Терминот Студена војна почна да се употребува во популарниот говор во САД во 1946-47 година, но потеклото на овој термин датира уште од 14 век кога писателот Дон Хуан Мануел го употребува за да ја опише состојбата на односите меѓу земјите која не е карактеризирана со вистинска војна. Види: Питер Хју,,Поим на глобална безбедност, Табернакул, Скопје 2009, стр.28.

22

Page 24: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Периодот на непријателство и ривалство меѓу двете коалиции на држави водени од САД и СССР беше како ниедна друга фаза во историјата дотогаш. Девете страни одбегнуваа директен воен конфликт, но водеа војни преку своите застапници каде што едната страна се бореше со непријател спонзориран од другата страна како на пример американската војна во Виетнам или инвазијата на СССР на Авганистан или пак двете страни спонзорираа ривали во конфликт како на пример во арапско- израелскиот конфликт.33

СВ како долг период во МО во повоениот свет и облик на МПО претставува состојба во која сите сили беа собрани околу двата главни центри на мок, целиот меѓународен живота се одвиваше во два затворени системи Источен и Западен, а главните спротивности беа врзани за различните вредности и нивна распределба во светските односи.

Како историска категорија терминот СВ се однесува на состојба на односи меѓу два спротивни општествено-политички и економски системи по Втората светска војна, кога настана големи промени во целокупната структура на меѓународната заедница.

Главни актери во биполарниот модел на студената војна беа двете големи сили САД и СССР. Тие имаа различна концепција за МО и нивната улога во нив.

Во рамките на блоковите се создаваат различни односи. За САД беше најважно во целина да се контролира политиката на сојузниците и преку НАТО да се развива евроатланската соработка.За СССР како економски послаб лидер на Варшавскиот пакт (пандан на НАТО) односите во источниот блок ги средуваше со воени, политички и полициски средства. Економското поврзување (СЕВ) настана касно и во недостаток на средства се покажа неуспешно. За разлика од тоа политички диригиран обид за интегрирање на Истокот, Западна Европа успешно ги реализираше врските со САД и го ревитализираше своето од војната девастирано стопанство. Со помош на Маршаловиот план, ја создадоа Заедницата за јаглен и челик која прерасна во ЕЕЗ односно ЕУ.

Попуштањето на затегнатоста помеѓу блоковите односно детантот беше потпомогнато со создавањето на КЕБС/ОБСЕ во 1975 год. кој во тоа време беше единствен форум каде можеа да се сретнат САД и СССР.

Нуклеарниот паритет -еднаквиот степен на нуклеарно вооружување и уверувањето дека нема да има победник во евентуалниот нуклеарен судир доведе до стабилизација на американско-советските односи, што во периодот на доаѓање на Горбачов на положбата на генерален секретар на КПСС 1985 г. создава простор за либерални движења во ИЕ и советско преќутно прифаќање на распаѓање на источниот блок 1989-1990. Распаѓањето на СССР во 1991 значеше исчезнување на биполарноста на МО.

Динамичните промени во МО на крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години на минатиот век го наговестија крајот на СВ и распадот на биполарната структура на анрхичната меѓународна заедница на 20-иот век, во која суверените држави беа организирани на различни начела повикувајќи се на потполно различни вредности-идеолошки судир на два глобални воено-политички блока. Рушењето на Берлинскиот зид и обединувањето на Германија, распаѓањето на СССР и Варшавскиот пакт обележија крај на една епоха во кој меѓународниот систем опстојуваше под постојана закана од нуклеарно уништување. Биполарниот систем создаден по Втората светска војна беше срушен. Студената војна заврши и стимулираше бран на промени во последната декада на

33 Хју, 28.

23

Page 25: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

20иот век. Конфликтот помегу САД и СССР којшто ја обои секој димензија на политичките, економските и социјалните аспекти на светската политика скоро 50 години заврши. Берлинскиот зид беше срушен, СССР се распадна, комунизмот пропадна. Двете Германии се обединија, а ЕУ и НАТО географски се шират. Ушта повеке демократијата се шири низ светот, меѓународната трговија расте до непредвидливи размери. Но, надежите дека светот по Студената војна ке биде мирољубив се срушија со жестоките конфликти кои останаа во поголем дел од светот особено во земјите во развој на глобалниот југ. Имено, иако традиционалните неизвесности од времето на Студена војна престанаа да доминираат со светската политика, светот не стана побезбедно место за живеење од предходниот период бидејќи го потресоа нови тектонски процеси и збиднувања. Така пртседателот Џорџ Буш се жалеше во ноември1991 г.:„Пропаста на комунизмот ја отвори пандорината кутија на прастарите меѓунационални омрази, нетрпеливости , па дури и освети.34

9.МО ПО СТУДЕНАТА ВОЈНА

Со крајот на СВ биполарната структура на меѓународниот систем/МЗ стана униполарна - САД станаа единствена вистинска глобална сила како резултат на колапсот на неговиот студеновоен соперник. Во почетокот на 90тите год на 20 век САД уживаа во „униполарниот момент„ кога ја водеа војната во персискиот залив. Како единствена останата супер сила способна воено да интервенира во сите делови на светот, САД воспостави апсолутна хегемонија во светот. Таа супериорност произлегуваше од нејзината моќ на воен, економски, технолошки и културен план. Збигњев Бжежински смета дека комбинацијата на сите овие атрибути ги направија САД сеопфатна глобална сила. 35

По карајот на СВ меѓународниот систем се најде под удар на различни идеи проекти и процеси. Еден од клучните идеи е проектот Нов светски поредок (НСП) изнедрен во САД, кој во рамките на новиот развој на МО го изложи американскиот претседател Џ. Буш. Тој пред Конгресот по повод покренувањето на акцијата „Пунстинската олуја„ против Ирак во 1991 година изјави дека НСП е „голема идеја каде различни нации се обединуваат за да ги достигнат универзалните аспирации на човештвото - мирот, безбедноста, слободата и владеењето на правото„. 36

Во развојот на меѓународниот систем/односи по Студената Војна Семјуел Хантингтон (Samuel Hungtington) препознава три фази: униполарна, мулти-униполарна и мултиполарна. Униполарната фаза подразбира структура на мегународниот систем/МЗ со САД како глобален феномен која не траеше долго. Имено светот од униполарната фаза во

34 Кегли, 205.35 Бжежински , З. (1999). Велика шаховска табла, op.cit., стр. 27.36 Bush G.(1991)…???

24

Page 26: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

време на пр. Заливската војна преку уни-мултиполарните фази зачекори во мултиполарен систем во кој според Хангтинтон неколку главни сили кој имаат слична моќ меѓусобно се такмичат и соработуваат. 37 На сегашната природа на меѓународната политика/односи не одговара ни униполарен ни мултиполарен меѓународен систем. Станува збор повеќе за еден необичен хибрид - уни-мултиполарен систем, во кој главни улоги имаат една/единствена супрсила и неколку главни сили. Сепак САД се надмоќни во секој домен на моќтта - економски, воен, дипломатски, идеолошки, технолошки и културен - способни да ги остварат своите интереси во секој дел на светот. Втората група ја сочинуваат главните регионални сили кои настојуваат да ги прошират своите интереси и влијание на глобален план: германско-француската оска во Европа, Русија во Евроазија, Кина и потенцијално Јапонија во Источна Азија, Индија во Јужна Азија, Иран во Југозападна Азија . Во третата група спаѓаат второстепени регионални сили чии интереси се во судир со влијанието на регионалните држави: Велика Британија во однос на германско-француската оска,Украина во однос на Русија, Јапонија во однос на Кина, Јужна Кореа во однос на Јапонија, Пакистан во однос на Индија, Саудиска Арабија во однос на Иран и Аргентина во однос на Бразил. 38

За Ханс Бинејдик ( Hans Binnendijk) најдобар израз за постстуденовоениот период е „ера по Студената војна„ бидејќи сложените структури на овој систем кој сеуште се развива, тешко можат прецизно да се опишат. Овој период на развој на МО има пет вида актери и е обликуван од четири главни тренда, од кој секој влијае на различен начин. 39 Најдоминантни актери се пазарните демократии чија идеологија стана глобален модел, така што кон крајот на 90тите години на 20 век повеќе од половината држави можеа да се окаректиризираат како демократски. Втората група ја сочинуваат државите во транзиција кои се движат и развиваат кон пазарна демократија меѓу кои најважни се Кина, Русија и Индија, држави чија конечна орјентација може да биде пресудна детерминанта за меѓународниот систем кој доаѓа. Третата група ја сочинуваат т.н.„ неспособни држави„ како што се Ирак, Иран, Северна Кореја, Либија, Судан, Авганистан, Куба и Сирија. Сузбивање на нивните активности е основен фокус на земјите од првата и втората категорија земји. Четврта група на актери се новите слободни држави како Камбоџа, Босна и Херцеговина (БиХ), Сомалија, Таџикистан, Конго, Хаити и др.

Меѓународниот систем по СВ неможе да се смета за единствен бидејќи го потресуваат центрипетални и центрифугални сили. Оттука Х. Кисинџер оценува дека во денешниот свет постојат барем 4 меѓународни системи. Првиот е систем на демократски држави кој го сочинуваат САД и З. Европа, во кои доминира демократија и демократски прогрес. Во него војните не се можни, освен на периферијата во која можат да бидат предизвикани од етнички судири, а споровите не се решаваат со војна или закана со војна. Вториот е систем на пространата територија на Евроазија во која главна улога имаат

37 Huntington, S.P. (1999) The Lonely Superpower, ????????? p.3638 Ibid. str. 3639 Binnendijk, H. (1999). Back to Bipolarity. In the Washington Quarterly, Vol.22, No.4, pp.7-22.

25

Page 27: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Русија, Кина, Индија, Јапонија, Кореа и уште некои држави на ЈИ Азија. Војните помеѓу овие држави не се вообичаени но не се ни исклучени. Третиот систем делува во регионот на Блискиот Исток и е подложен на судири чии корени не се ни економски ни стратешки туку идеолошко верски. Тешко е да се постигне компромис меѓу страните така што постои постојана опасност од избувнување на нови судири.

Дваесетиот век беше век на светски војни, жешки или студени, водени од големите сили и нивните сојузници со апокалиптични сценарија за масовно уништување. Оваа опасност очигледно исчезна. Без оглед на тоа што ќе донесе иднината, исчезнувањето и трансформацијата на сите стари актери во светската драма, освен еден, значеа дека трета светска војна од оној стар вид денес е најмалку веројатна.40 Во годините по 1989 година имаше воени операции во повеќе делови од Европа, Азија и Африка иако сите тие не беа официјално класифицирани како војни: во Либерија, Ангола, Судан, некогашна Југославија, во Молдавија, во неколку држави од кавкаскиот и транс-кавкаскиот регион, во постојано експлозивниот Среден Исток, во некогашниот советски дел од Централна Азија и Авганистан. Во овие војни често не беше јасно кој се бори против кого и зошто, во се почестите ситуации на национални распаѓања и дезинтеграции ваквите активности не можеше да се подведат ниту под меѓународни ниту под граѓански војни. Во случајот со Балканот се покажа дека нема остра линија на разграничување меѓу интер-етничките војни и попрепознатливите војни од стариот тип во кои таквите караници лесно можат да се претворат. 41 Тоа значи дека глобалната опасност од војна не е исчезната, таа само си ја промени формата.

Секој историски период е обележан во некоја мера со промена. Се чини дека промените на крајот на 20 и почетокот на 21 век се многу брзи и длабоки така што се развива револуционерно реструктуирање на МО. Бројни интегративни трендови покажуваат на тие можности. Државите се поблиски во комуникациите, идеите и трговијата, како и мирот и безбедноста. Дури и дисентигративните трендови покажуваат тенденција кон реструктуирање. Крајот на стабилноста наметната со биполарната дитрибуција на мок/сила помегу САД и СССР и нивните сојузници, пролиферација на конвенционално и нековенционално оружје, глобалното загрозување на животната средина и повторно оживување на национализмот и етничкте конфликти сето тоа наговестува реструктуираење обележено со неред.

Најзначајните пресвртни точки во светската политика/МО обично се појавуваат на крајот на големите војни, кои ги потресуваат или уништуваат предходните меѓународни аранжмани. Во 20 век Првата и Втората светска војна претставуваа прекин со минатото. Крајот на Студената војна беше историска точка на прекин од не помало епско значење. Како што рече Џорџ Буш во 1992 година, промените стимулирани од карајот на Студената војна беа од библиски пропорции обезбдувајки им на државите можност за прв пат од 1945 г. да преразмислат нивните интересии, цели и приоритети. Но, и покрај сето она што е радикално различно во МО, многу останува исто. Мирната иднина не е извесна. Според реалистите натпреварувањето меѓу големите сили за моќ и положба во услови на

40 Ерик Хобсбаум, Доба на крајности, Кратка историја на ХХ век;1914-1991,ТЕМПЛУМ, Скопје, 2001, стр. 883.41 Ибид., стр.884.

26

Page 28: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

анархична МЗ ќе продолжи. Реалистите предвидуваат и можна нестабилност која може да настапи како резултат на промените во глобалната структура на меѓународниот систем ако американската хегемонија биде разнишана со успонот на ривали кои би го загрозиле водството на САД.

Новиот светски поредок и глобализацијата стануваат нови ознаки на развојот на светот кого го карактеризираат три најчесто спомнувани одредници - интеграцијата, демократизацијата и глобализацијата на светот. Притоа постојано се актуелни расправите во каков свет живееме – унуполарен, мултиполарен или мешовит. Дали драматичните скорешнии промени кои симболично претставуваа земјотрес во светските работи го исчистија патот за вистински нов светски поредок? Или овие дарматични промени ке бидат само обични врвови на сеизмографот на историјата.

Тешко е да се предвиди какви ќе бидат военостратешките и економските односи на големите сили во 21 век. Задачата на предвидување е дополнително комплицирана со парадоксот дека многу парови на големи сили кој се најголеми трговски парнери се најголеми воени соперници. Дали економската соработка ќе помогне да се смали потенцијалното воено натпреварување?

Свеста за овие различни можности можеби беше во предупредувањето на американскиот државен секретар Лоренс Игелбергер во 1989 г. кој укажа дека е важно како САД ќе го оствари преодот од апсолутна превласт во положба на „прв помеѓу еднаквите„. И државниот секретар Хенри Кисинџер укажа во 1993 г. на опасноста дека „САД имаат малку искуство со свет кој се сосотои од многу сили со кој не можат ниту да доминираат ниту да се повлечат во изолација.

Не можеме да знаеме дали иднината ќе личи на темното минато на мултиполарните системи. Начините и праксата можат да се менуваат и можно е политичарите да извлечат поуки од минатите грешки и да го избегнат нивното повторување (Кегли).

Глава 3

ПРИСТАПИНАПРОУЧУВАЊЕНАМО

27

Page 29: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Со ширење на дисциплината МО и со зголемување на кадарот кој се бавеше со истражување на оваа област дојде до создавање на неколку различни пристапи односно школи на проучување на МО. Овие пристапи односно школи ги изразуваат како различни теориски ставови така и општи сфаќања за битните епистемолошки (епистемологија-наука за знаењето и за науката) и методолошки проблеми на оваа наука, што најчесто одговара на филозовското определување на авторите. Во таа смисла може да се каже дека во САД се развиваат школи од емпириски карактер, додека за Европа се карактеристични историско-социолошки пристапи кон проблемите на МО.

Имено со оглед на целите што авторите си ги поставуваат во своето проучување на МО може да се споменат 4 различни групи, од кои секоја поставува, пред науката за МО специфични барања и задачи.

Првата група автори е врзана за традиционалниот легалистички пристап и своите посматрања ги засновува на проучување на меѓународните институции и меѓународното право што би требало да води кон остварување на значајна цел –зачувување на мирот и безбедноста.

Втората група посебно ги разгледува прашањата врзани за воената и одбранбената политика во светски рамки/релации. Значи, општиот развој на МО се разгледува преку споредување на силите на поедини армии, нивните стратегиски цели и сл.

Третата група на теоретичари на МО е доста амбициозна во поставување на целите на оваа дисциплина. Тие сметаат дека ( покрај дескрипциите, етичките и воените проблеми) главна задача на науката за МО мора да биде врзана за создавање на општа теорија, која врз основа на големиот број факти (чињенични матерјал) би го објаснила однесувањето на државите на меѓународен план. Употребувајќи ги предходните искуства, аналогијата и бројните податоци за минатите збиднувања, теоријата за МО би морала да одговори на прашањето зошто развојот на поедина земја се движи во некој правец или зошто во некои одредени делови во светот почесто избувнуваат судири или немири.

Четвртата група автори главното внимание го посветува на прашањата на одржување на светскиот мир. Оттука ги истражуваат проблемите врзани за водењето на војна, ескалацијата на насилството во меѓународни размери/рамки, економските аспекти на разоружувањето.

Во современата наука за МО денеска постојат различни пристапи кои имаат своја вредност, пред се во организација и систематизација на податоците кои ги имаат на располагање истражувачите на МО. Имајќи во вид дека собирањето на податоци е прва фаза на секое истражување за потоа да може да се дојде до систематизација и на крај до научна експликација, така и тие пристапи секој на свој начин, помагаат во организирање на дисциплината и во подготвување на теријата за МО.

Имено, разгледувањето на теориските правци во науката за МО е составен дел на проучување на оваа област на општествениот живот, заради резултатите кои тие во тоа проучување ги достигнале досега.

Во досегашниот развој на науката за МО накратко може да се издвојат некои од водечките пристапи/школи и теориски правци во оваа наука: 1. историскиот пристап (историско-социолошка школа); 2. Нормативниот или филозовскиот; 3. Политиколошкиот и 4. Еклектичкиот (еклектицизам-непостоење на единство, целовитост и доследност во уверувањата и теориите; површност и несамосталност).

28

Page 30: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

1.Историски пристап Го поставува тежиштето на проматрање на дипломатската историја како

дисциплина и матерјалот што таа го дава. Приврзаниците на овој пристап тврдат дека денешните МО се условени од случувањата и гледањата, наследени од минатото и тие се проектираат и во иднината. Така, тие сметаат дека познавајќи го минатото можно е да се истражува сегашноста, но и да се види иднината.

Дипломатската историја ја анализира дејноста на поедини државници пред се на големите држави и посебно внимание посветува на нивното однесување и покажува што тие во минатото сметале за корисно или штетно за националните интереси на својата земја, што било безбедно а што опасно. Ваквиот историски пристап ги прикажува МО во нивниот развој и во него на пр. е можно да се осознаат промените кои настанале во меѓународната средина/заедница во 19 век, кога МО биле затворени во тесен круг на главни држави кои доминирале на меѓ. сцена и кога Европа беше главен политички извор на меѓународни движења.

Дипломатската историја ги покажува и другите значајни карактеристики/црти на меѓународниот развој (настанувањето на новите држави проширување на карактерот и содржината на МО, експанзија на нови надворешнополитички дејности- економски, воени, културни и идеолошки) што дава вредни резултати и може да открие важни законитости до кои дошло на полето на МО.

ДИ оттука како дисциплина е секако корисна во проучување на МО. Ги осветлува тековите на различни национални политики, покажува различни програми, акции и контраакции во одредени историски услови и одговара на прашањето колку праксата на МО овозможува реализација на нормите и целите прокламирани како основа на политиката.

Критичарите на овој пристап истакнуваат дека ДИ, односно историскиот пристап, не дава адекватен одговор на прашањето каква е врската помеѓу причината и последицата. Историјата не може да не учи потполно какви решениа може да превземеме денеска, особено во светот кои така брзо квалитетивно и квантитативно се менува. Точно дека историјата може да укаже на некои потенцијални решенија врз основа на аналогни збиднувања во минатото. Но процесот на донесување на одлуки, особено надворешнополитички, денеска е изменет, опкружен/уоквирен со нови пошироки околности и исполнет со постојано нови сложени елементи.

2.Систематскиот пристап

Овој пристап поаѓа од претпоставката дека во МО постојат одредени правилности кои се јавуваат во различни фази на развој на меѓународното контактирање и не зависат од времето на нивната конкретизација. Во систематскиот пристап (СП) на МО кои настојува да ги спознае МО врз основа на постоечки системи воглавно се истакнуваат три обиди за презентирање на МО: балансот на сила/рамнотежа на сила (БС/РС), биполарноста и универзализмот. Секој од овие облици содржи елементи кои биле и останале присатни во разни фази на МО.a. Балансот на сила – се смета за најстар систем на МО од создавање на модерните држави. Во услови на постоење на различни држави секоја настојувала да ги оствари своите интереси и цели со средства и силата со која располагала. Поборниците на овој

29

Page 31: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

концепт на МО сметаат дека силата и понатаму е основен двигател на меѓународната полтика, па и БС и понатаму е рамка на меѓ.политика. Поради тоа БС би требал да биде сеуште значаен систем во кој тие односи си изразуваат.

Од таквото балансирање на силата, која би требало да биде позитивна категорија на/во МО, бидејки би овозможила непрекинато одржување на уедначени сопернички сили на отприлика исто ниво, се изведуваат заклучоци кои би требало да ја поткрепат вредноста на таквиот систем. Позитивно- БС овозможува постоење на низа мали држави во сенка на големиот баланс било на државите било на наивните коалицији оневозможувајки избувнување на поголеми меѓународни конфликти.

Во услови на постоење на овој систем големите држави односно нивните државници внимателно и постојано треба да ја оценуваат силата на својата држава или коалиција но исто така да го следат развојот на силата на другата страна настојувајки да не се наруши балансот. Државниците на малите држави треба спретно да лавираат/ балансираат помеѓу големите држави. Ако ваквиот систем на МО се посматра во историска ретроспектива, би можеле да се сложиме дека 19 век беше типичен пример за така поставени МО.

Приврзаниците на БС како систем на проматрање на МО тврдат дека токму историјата на МО укажува на тоа дека сите кризни ситуации биле решени брзо и едноставно штом силите се здружиле, т.е изградиле систем на БС. Секако дека таквите размислувања се обид на емпириски начин да се изведе одредена теорија. Но системот на БС можеше да вреди во 18 и 19 век кога општествено-економските услови одговараа и овозможуваа таков правец на однесување на мал круг на европски држави. Релативно тесен круг на елити управуваше со државничките работи, а нивните во суштина исти класни интереси им овозможуваа брзо спогодување и во конфликтни ситуации.Но во денешни услови анализата на МО врз основа на системот на БС би било погрешно и ненаучно, бидејки совремните МО немаат тесен европски карактер, можноста за брза комуникација на меѓународен план упатува на изменета слика на МЗ и односите кои се одвиваат во неа. Така овој систем не може да одговори денеска на многу не само практични туку и теориски прашања.

б) Биполарноста е таков пристап во МО во кој бројни автори главната улога за движење и развој на МО ја гледаат во делувањето на двете најголеми сили, односно два големи контролни центри. Како главен доказ на таквото делување се зема повоениот развој на МО, кога сите односи се развиваа во знакот на студената војна, каде што всушност не постоеше никаква комуникација помеѓу двете различни групи/блокови на држави. Тоа влијаеше на посебно јакнење на лидерите на коалициите и на создавање на нивна специфична улога на светски план.

Ваквиот пристап во МО поаѓа од претпоставката дека покрај постоењето на низа држави во МЗ, голем број од нив на економски, политички, воен, идеолошки и културен план се во многу добри врски со носителите на биполарната политика, но нивниот домет на акција е намален и однапред подреден на делувањето на големите полови.

За таквиот пристап во МО, којшто својот теориски облик можеше да го види во врвот на студената војна, релевантно беше прашањето што со земјите кои не се членки на блоковските структури. Во почетокот двата блока беа скептични па дури и непријателски орјентирани спрема неврзаните земји-земјите кои не припаѓаа на блоковите, но со смалување и отапување на нивната конфронтација ги прифатија блоковски неврзаните како свои потенцијални сојузница.

30

Page 32: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Со развојот на МО се менува и содржината на биполарноста, па со јакнење на НР Кина се постави и прашањето за триангуларна поделба на светот. (Не смее да се заборави ни пентагоналната визија на светот на Кисинџер).

Биполарниот систем на односи делуваше во периодот на студента војна , но и во тој период имаше држави кој останаа надвор од тие поларизирани односи. Со смалувањето на конфронтацијата и воспоставување на односи засновани на начелата на коегзистенцијата, биполарноста нужно мораше да биде напуштена. Бројот на новите актери се зголеми, а и МО од подрачјето на конфронтација и конфликт се движеа во правец на соработка и преговори што водеше кон мултилатрализација на меѓунарондните врски. Во таквиоиот мултилатерален свет постојат многу поголеми можности на равноправно и слободно делување на сите држави и почитување на нивните основни интереси.

в)Универзалноста како пристап во проучување на МО бара свое упориште во далечните историски и општествени формации. На врвот на свокјата мок Рим го опфаќаше најголемиот дел на познатиот свет, се протегаше од бритаскиот брег до Блискиот исток. Територијата на царството и државјанството беа римски, а Pax Romana го чинеше скоро универзален системот на односи на потчинетост и поврзаност на сите останати делови на Римската империја. Подоцнежниот обид за создавање на Римското царство и судирот на двете Цркви пропадна можноста за повторно остварување на таков универзален систем во праксата на МО.

Во почетокот на 20иот век во САД се јави тенденција за заговарање на ново организирање на светот, со оглед на тоа што САД беа во силен индустриски успон и националните рамки и станаа тесни и неможеше да се задоволи со политиката на изолационизам, која што ги ограничуваше нејзините економски и политички амбиции. Залагајки се за универзални концепти на МО, секако дека се сметаше на можностите да во нивната евентуална реализација посебно место да и припадне на младата и јака САД.

Тоа се одрази и на научните кругови кои го прифатија размислувањето за нова светска заедница, светска влада и светска администрација. Овие размислувања беа зајакнати со Првата свeтска војна, Октомвриската револуција и првите чекори на Лигата на народите. Групата на т.н универзалисти бараа светскиот мир да се осигура со ново универзално собирање на светот. Успесите на ООН по Вторта светска војна во полето на решавање на прашањата на расната еднаквост, националната независност, борбата против колонијализмот и економскиот развој им даваше надеж на приврзаниците на таквиот систем на МО дека сепак, во далечна иднина, би можеле да се остварат односи во кои светот би се универзализирал.

Во денешните услови па и оние што доаѓаат, покрај се поголемата поврзаност на светот, меѓузависност и напор за широка соработка би било неможно и непотребно да се предвидува создавање на некои универзални системи. Денес светот е составен од голем број по многу што различни држави, па обединување и спојување не би имало сврха/разлог/цел ако пред тоа не бидат исполнети некои други претпоставки. Во светот исполнет со разлики дури може да биде и опасно барање на таков универзализам. Сосема е друго настојувањето за јакнење на сите облици на равноправна меѓународна соработка која во совремни услови е неопходна. Но и таа соработка треба да поаѓа од почитување на начелото на равноправнотст, сувереност, немешање во внатрешните работи на државите.

Сите три системски пристапи на МО се ограничени во својот пристап (во проучување) на МО. Тие даваат само рамка за поставување на МО. Во приказот на силите кои делуваат во МЗ системските пристапи се доста ограничени, во нив нема компоненти

31

Page 33: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

на општествено делување, нити постојат социолошки анализи за носителите на промени во поедини ситуации. Исто така овие пристапи не влегуваат во суштината на функционирањето на системот, во процесот на донесување на политички одлуки или во мотивате на таквото делување.

Вредноста на системските пристапи е во тоа што даваат одредени карактеристики на облиците/типовите на односите кои делувале во одреден период и кои имале свое значење за МО. Но врз основа на еднаш манифестирани облици на однесување на таквите системи не е можно во изменети услови и во време на делување на нови сили да се градат идентични пристапи во МО.

3.Нормативен пристап

Се темели на тврдењето дека во МО секогаш постоеле одредени стандарди, правила и норми на меѓународно однесување. Оттука долги години се расправало за нивно можно генерализирање што би претставувало приод во проматрање/проучување на МО. Во рамките на нормативистичкиот пристап постојат два основни концепти во посматрање на светот: идеалистички и реалистички (за нив повеке во Глава 4).

3.1. Идеалистичка школа на МО

Се развила особено во САД како резултат на таканаречениот либерален легалистички идеализам на претседателот Вудро Вилсон и заговарање на улогата на правото и ефикасните меѓународни организации. Идеалистите им приоѓаат на МО врз основа на исти стандарди какви што се применуваат и спрема поединецот во општеството. Работите во МО се добри или лоши, праведни или неправедни, морални или неморални. Оттука мислењето дека би било можно да се создаде таков свет во кој и државите би се однесувале како поединецот, држејќи до морални начела кои се карактеристични за човекот.

Обединета акција, јакнење на меѓународните тела, подигање на образованието и културата, укинувања на корупцијата би морале да го изменат светот, а ако тие средства не би биле доволни би требало дури да се употерби и сила за да се постигнат поставените племенити цели.

3.2.Реалистичката школа

Поборниците на нормативистичкиот пристап, таканарачени нормативисти, кои се определиле за тн. реалистички пристап во МО ги темелеа своите гледања на политиката на сила.Тие поаѓаат од тврдењето дека силата е главно постојан и неизменлив елемент во развојот на светската средина, дека светот не е совршен и дека во таков несовршен свет секоја држава може само врз основа на сила да ги реализира своите интереси. Вкупноста на МО се гледа како борба за сила.Еден од првите заговорници на политиката на сила е проф. Николас Спајкмен кој, во периодот пред влегувањето на САД во Втората светска војна, истакнуваше дека зачувувањето и унапредувањето на позицијата на сила во однос на другите држави претставува главна задача на американската политика.Приврзениците на таквиот пристап ја истакнуваат категоријата национален интерес како највисока

32

Page 34: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

вредност за која државата е спремна во секое време да ја употреби расположивата сила, односно расположивите средства.

Главен претставник на реалистичката теорија е американскиот проф. Ханс Моргентау кој интересот и силата ги поставува како главни категории и како норми на меѓународното делување. Според него секој кој делува во МО доаѓа во судир со другиот кој исто така сака да оствари свои интереси со помош на сила. Во своето капитално дело “Политика меѓу народите” (која е синтеза на реализмот и претставува документиран извор на овој теориски правец во науката за МО) тој ги изложи своите погледи на пристапот во проучување на МО и во своите таканаречени шест основни начела го постави темелот на реалистичката теорија во МО.

Основен недостаток на оваа теориска конструкција е тоа што ги сведува сите политички појави на една – борба за моќ.Оваа теорија ја истакна главната улога на државата во МО, но ја фетижизираше силата, не обидувајки се таа категорија да ја определи/одреди во пошироки општествено-политички и економски релации. За научно проучување на улогата на силата во МО неопходно е да се утврдат општествените услови во кои се раѓа политиката на сила и врз основа на тоа да се донесе заклучок за нејзиното присуство, можностите на делување, нејзиното значење и можноста за нејзино исчезнување.Во денешниот свет ни силата не е неизменлива категорија, ниту со нејзина помош можат да се реализираат сите национални интереси на државата, посебно денес во време на постоење на разорно нуклеарно оружје.

Засновувањето на секоја теорија, која во својата основа го има само интересот и силата и сите движења во МО се обидува да ги објасни исклучиво на основа на силата е претесно.Силата не е единствена движечка сила на развојот на општеството, постојат многу вредности (заеднички вредности -националната безбедност, опстанокот, територјалниот интегритет, независност квалитетот на животот; универзални вредности за кои се залагаат државите опстанокот на човештвото, човековите права) и цели кои ги движат народите, а и државите, кои ги водат во нови односи на соработка. На друга страна постојат конфликти кои водат кон можна употреба на сила. Денес во светот постојат тенденции за барање на мирни облици во надминување на споровите и со тоа силата и во практичното вреднување губи во своето некогашно значење.

4. Политолошки пристап

Како резултат на сфаќањето дека не е можно во рамките на една дисциплина да се создаде целовит пристап во проучување на МО дојде до комбинирање на различни академски дисциплине и техники, што доведе до создавање на политолошки пристап. Овој пристап систематизираше некои знаења за владите, мотивите за однесување на државите, а даде и основи за меѓудржвните интеракции.

4.1.Бихејвиорална анализа

Го посматра однесувањето од помалите до поголемите општествени групи па се до делувањето на вкупниот меѓународен систем. Во средиштето на таквото гледање/набљудување на МО се начините на кои поединците и групите ги доживуваат

33

Page 35: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

главните субјекти и фактори на МО т.е. своите држави, другите држави и народи, меѓуародните организации, меѓународниот систем и факторите кои делуваат на него, односите меѓу државите итн. Во трудовите на бихејвиористите во големаа мера се содржани анализи во кои посебно се истакнува националниот стил или карактер, се истражуваат надворешнополитичките елити и нивното однесување. Бихејвиористите во средиштето на проучување го става однесувањето на поединецот и од него извлекува заклучоци значајни за објаснување на однесувањето на актерите во МО. Бихејвиористите сметаат дека општествената појава може да се сведе на индивидуално однесување, па таа и неможе поинаку да се сфати туку само како однесување на поединецот.Меѓутоа тешко е да се прифати дека со анализа на однесувањето на поединецот може да се објасни однесувањето на големите општествени групи какви што се државите.Во центарот на истражувањето на бихејвиоралната школа стои процесот на донесување на одлуки во МО и во надворешната политика на државите.

4.2.Теорија на игра

Теорија на игра (ТИ) е една од новите техники на посматрање на МО. ТИ е специјален вид на анализа на однесувањето во конфликтните ситуации. Нејзините основни елементи можат да се најдат во некои друштвени игри како шах, покер, а некој тврдат дека во секое преговарање има елементи на игра. Но, ТИ како одреден теориски пристап во изучување на МО особено е употреблива во политиката и тоа во студирање на процесот на одлучување, во дипломатското однесување, во стратегиското заплашување и во наоружувањето.

Заговорниците на оваа теорија истакнуваат дека ТИ дава можност за анализирање на МО бидејки овозможува тие да се спознаат врз основа на користа и штетата што во таквото делување може да произлезе за сите актери. Играчи во ТИ може да бидат поединци, групи и секако најчесто државите. Во секоја поедина игра играчите имаат свои различни цели и се соочени со две или повеке можни решенија. Секој играч настојува да ги зајакне своите позиции и да постигне подобар краен резултат, свесен дека игра со друг актер кој има спротивни интереси, што треба да се земе во предвид при проматрање на крајниот исход.Целта на ТИ е сведена на создавање што подобри сопствени политички потези кој можат да се спротистават на спротиставената страна.

Во ТИ се набљудува однесувањето на 2 или повеке учесници во МО во некој конкретен случај. Ова набљудување нема за цел само да го сознае и опише даденото однесување туку и да предвиди можно однесување во некоја идна ситуација која би можела да се случи и да биде слична или иста како и направениот модел-игра. Во овој модел можат да се направи поделба на две групи на игри:

1. Игра/и со нулта резултат (игра со збир нула). Тоа е игра во која добивката на едната страна значи губиток на другата страна (интересите на актерите се спротивни и непомирливи и победата на едната страна значи пораз на другата страна). Во МО, според оваа теорија, интересно е да се напомене, судирите спаѓаат во игри во кои збирот не е равен на нула бидејки добивката на едната страна не мора да значи губиток за другата страна.

34

Page 36: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Оваа игра најдобро се претставува така што се прикажува односот на 2 затвореника кои се уапсени за дело кое го сториле заедно и кои истражниот орган ги испитува/сослушува одвоено. На сослушувањето тој на секој затвореник му (нуди слобода ако признае но притоа да го издаде другиот) вели дека ако тој признае а другиот не, тој ке биде слободен. Ако неговиот партнер признае а тој не, ке добие долга затворска казна а неговиот партнер ке биде ослободен. Ако двајцата признаат ке бидат казнети поблаго ( за потешко дело). Ако ниеден не признае, двајцата ке бидат казнети со кратки казни. И така настапува тн. “затвореничка дилема” во која секој од нив останува неказнет, но – под услов другиот да не признае. Ако пак, другиот затвореник признае ке биде потешко казнет. Оваа игра има едноставно решение - двата затвореника ке признаат. Секој ке резонира на следниов начин: ако мојот партнер признае и јас би требало да признаам, бидејки ке добијам помала казна така. Ако партнерот не признае, јас пак би требало да признаам бидејки ке ме ослободат, наместо да служам помала казна. Другиот затвореник ке размислува на истиот начин. Дилемата е што следејки ги своите рационални избори двојцата ке служат заслужена казна (наместо со кооперација односно молчење не признавање да служат покртка казна. Овој пр. на игра покажува дека двете страни ке изгубат најмногу ако водат сметка само за сопствените интереси. Многу поповолен исход би можел да се очекува за обајцата ако би имале можност да одржуваат мегусебна врска. Ако двата затвореника однапред би ги знаеле можните исходи тогаш би можеле своето однесување да го прилагодат кон тоа и така да најдат најдобро решение за двојцата.

Во меѓународната политика токму најтешко е тоа што не може однапред да се знае стратегијата на другата страна, бидејки врските во МО помеѓу владите се недоволни, а во судирите тие и непостојат.

2. Во играта со ненулта резултат интересите на актерите во играта се сретнуваат и не се апсолутно спротивни. Постојат подрачја на компромис, взаемни отстапки и соработка на актерите кои се натпреваруваат, а крајниот резултат не е толку цврсто одреден како во првиот случај. Тие игри се нарекуваат игри со благо натпреварување. Се појавуваат како во нормалните меѓучовечки односи така и во МО.

Ако ТИ се посматра како одреден политиколошки пристап во МО, може да се сложиме дека во креирањето на политичките одлуки постојат многу сличности со разни друштвени игри. Меѓутоа мора да кажеме дека ваквото мислење би претставувало симплификација на проблемот бидејки:- односите во друштвените игри (шах, покер) се помалку сложени и опасни во споредба со меѓународниот политички живот;-во игрите има стриктни правила, а во дипломатско-политичкото делување содржините и формите на манифестирање се отворени и разновидни, без можност за регулирање на нивните крајни ефекти;-секоја игра може во секој момент да се прекине или напушти, но во меѓународната политика последиците од тоа би биле големи би предизвикале реакција на др. актери и би можеле да предизвикаат некои значајни и непожелни процеси.

Сличнно како и другите математички средства (на пр. статистика) ТИ не може да одговори на прашања кои се од средишен интерес за МО. Таа нема одговор на тоа како настануваат конфликтните ситуации, кои општествени сили делуваат во нив и какви се можностите за нивно решавање. Многу појави во МО имаат квалитативен карактер и неможат да се мерат со кванитативни методи, а ни апстрактно поставени правила не

35

Page 37: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

гарантираат дека гланите актери во одредена ситуација би ги употребиле баш нив за решавање на конкретниот проблем.

ТИ била широко употербувана за прв пат во МО во 1950тите и 1960тите години во обид да се разбере можноста за Американско-Советска нуклеарна војна.

4.3.Анализа на системи

Оваа анализа на подсистемите поаѓа од претпоставката дека покрај богатсвото и разновидноста на МО можно е да се создаде одреден систем и врз основа на неговото однесување да се проматраат МО. Утврдувајќи некои системи како на пр. НАТО истражувачот може да менува ставови, одлуки, факти и на таква основа да ги посматра промените до кои би можело да дојде во деловите на системот.

4.4.Донесување политички одлуки

Според овој пристап на проучување на МО се смета дека меѓународната активност на државите може да се дефинира како збир на одлуки донесени од поединци, а државите се однесуваат како актери во поедина ситуација. Имено се смета дека преку анализата на надворешнополитичките одлуки, процесите и силите што делуваат на актерите кои ги носат тие одлуки укажува на одредена регуларност и на мотивате на делување. Особено се анализира врската која постои меѓу организацијата, процедурите и луѓето кои учествуваат во процесот на донесување на одлуките. Истражувањето на сите тие елементи е мошне сложено бидејки постојат промени во апаратот кој ги донесува одлуките и понекогаш е нејасно кој ги донесува вистинските одлуки, а кој стои позади нив.

5. Еклектички пристап

Приврзаниците на овој пристап во МО сметаат дека ниеден монистички пристап, без оглед на називот и методите, неможе рационално да ги објасни збиднувањата во МО. Тие сметаат дека секој од тие пристапи има своја вредност и содржат вреден матерјал коишто ке овозможат комплексно истражување.

Американскиот проф. Сенли Хофман смета дека секое истражување на МО односно светската политика, треба да објасни 4 значајни компоненти:-политичката структура на светот во дадената ситуација-силите кои делуваат во таа структура и кои можат да ја изменат или зајакнат-односот кој постои помеѓу внатрешната и надворешната политика на поедини единики-резултантата од сите овие три елементи може да се нарече МО.

Овие категории не ја чинат теоријата на МО, тие се компоненти кои треба да се испитаат во секоја ситуација, а тоа е рамка и метод за проучување на МО.

Глава 4

36

Page 38: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

ТЕОРИСКИРАМКИЗАМОДЕРНО/ ПРОМАТРАЊЕ ГЛЕДАЊЕНАМО

Кога заборуваме за МО односно збиднувањата во МЗ гледаме дека станува збор за широко подрачје каде делуваат бројни актери, каде е тешко да се пронајдат причини и последици, а уште потешко да се предвидат МО. Оттука се поставува прашањето дали е можно да се набљудуваат МО каква е целта на нивното теориското проучување?

Теоретичарите развиваат различни теории да ги направат меѓународните настани разбирливи. Со време парадигмите или моделите кои ги градат се ревидираат за да се објасни новиот развој во МО како нови проблеми кои бараат да бидат разбирани и решени.

Теоријата може да помогне во менување на реалноста на МО, но несмее да се заборави дека стварноста на МО итекако влијае на промена на тероијата за МО. Може да се каже дека теоријата е производ и средство за промена на реалноста на МО.

Во МО е значајна врската помеѓу минатите збиднувања и современоста, односно иднината ако може да се предвиди. Оттука прашањето за односот помеѓу историјата и теоријата како два погледа на реалноста на МО.

Разлики:

● во времето кое се анализира – историјата ги зема во предвид историската условеност и поединачноста на збиднувањата кои се образлагаат, додека теоријата настојува да биде вонвременска

● историјата на МО е концентрирана на еден настан на пр. Првата или втората сетска војна, додека теоријата се бави со голем број на војни барајќи некои општи причини, последици, фактори на делување и сл. Историјата се бави со поединечно, а теоријата апстрахира и создава концепти и шеми во кои ги вклучува тие настани.

Историјата и теоријата се цврсто поврзани, неможно е да се одвојат. Историјата дава историски факти во кои теор. бара константи, трендови, модели и примери кои се повторуваат. Секое разбирање на МО бара цврста поврзаност на историјата на МО и тероријата. Теоријата без историјата би била празна шема и збир на неразбирливи апстракни концепти, додека историјата без теоријата би била само листа на факти и датуми.

Во досегашниот развој на МО како научна дисциплина е пројден долг пат на теориско осмислување на МО. Во експликацијата на пристапите во проучување на МО споменавме некои теории кои се развија во минатото додека сега ке се задржиме на неколку генерални теории или поточно теориски перспективи кои се бават со МО:

- либерализам и неолибералниот институционализам- реализам и неориеализмот- радикалните теории и- конструктивизмот како еден од поновите значајни теориски правци (на кој

во САД и Европа во истражувањето на МО му се придава се повеке значење)

37

Page 39: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

ЛИБЕРАЛИЗАМ И НЕОЛИБЕРАЛНИ ИНСТИТУЦИИ

Темелите на либералното мислење можат да се најдат во идеате на просветителите, во либерализмот на 19 и 20 век и во идеализмот на Вудро Вилсон. Монтескје како претставник на либерализмот (покрај Џон Лок, Имануел Кант, Жан Жак Русо, Џон Стујарт Мил, Адам Смит и Давид Рикардо.) смета дека човековата природа е добра и сето зло доага од општеството, односно од моментот кога се создадени државите. Државите би требало во мир да се помагааат, а во војна да водат сметка да си прават помалку зло.

Идеализмот на В.Вилсон отвори пат на либералната теорија која во неговата политичка визија доведе до создавање на Лигата на народите. ЛН според либералите беше оценета како почеток на едно ново видување на светот и МО. Либералите ја подржаа ЛН како инструмент - со кој ќе се елиминира војната, за колективно решавање на споровите што ќе обезбеди мир, а правните инструменти ќе придонесат за негово одржување. (соработката е неопходна и таа се остварува бидејќи постојат меѓународни организации).Некои други либерали тврдеа дека мирот најдобро се одржува преку разоружувањето и дека е тоа конкретен пат кон нови односи.

Либералистичките теории поаѓаат од ставот дека човекот по својата природа е разумно и морално битие и тежнее кон мир, слобода и правда спротивно на реализмот кој истакнува дека природната суштина на човечкото битие е борбата за опстанок. Оваа теорија ги собира заговорниците кои главно промислуваат идеи за свет без војна, свет со универзален морал кој ја отфрла силата како средство за рашавање на судири во МО. Наместо борбата за моќ како средство за сочувување на мирот либералистите ја истакнуваат соработката и воспоставувањето на меѓународни институции. Оттука оваа теорија често ја доведуваат во врска со идеализмот и институционализмот.Либералите не ја негира битната улога на државата во МО како и нивната анархична структура. Напротив, за разлика од реалистите, истакнуваат дека покрај државата значајна улога и влијание во МО имаат бројни чинители/фактори и субјекти како што се внатрешната политика која влијае на однесувањето на државите, недржавните и невојните чинители како и меѓународните организации и институции. Либералистите истакнуваат дека наместо фокусирање на државата на националната безбедност и соперништвото во борбата за стекнување на поголема моќ во однос на другите држави (пред се воена), соработката на државите пред се во безбедноста, но и во сите други области на заеднички интереси е најдобар начин за остварување на сопствена и заедничка безбедност и напредок за сите.

Неуспесите на ЛН и започнувањето на Втората светска војна и избувнивањето на студената војна и конфронтацијата помеѓу блоковите доведе до елиминирање на либерализмот како теорија на МО.

НЕОЛИБЕРАЛИЗАМ

До обновување на либерализмот ќе дојде со појавата на неолибералите по Втората светска војна особено преку Роберт Кеохан и Џосеф Нај.Тој нов неолиберален пристап се темели на тврдењето дека во современиот свет постои помеѓу државите голем број на врски и односи во кои силата не доминира, па дури таа не е применлива како универзален инструмент за реализација на политиката. Тие се поголемо значење им даваат на економските и правните инструменти. Го истакнуваат значењето на односот политика и економија, тврдејки дека економијата е моторна сила на глобалниот свет. Тие истакнуваат

38

Page 40: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

дека соработката се остварува бидејќи е од корист за сите актери на МО, што е многу поважно од самото постоење на меѓународни организации како што тврдат либералите.

Неолибералите се носители на тн. плурализам на актери/субјекти бидејќи во своите теориски прикази на МО ги вклучваат активно и други субјекти освен државата тврдејќи дека државите се се повеке во фаза на предавање на своите функции на новите актери. Тие нови интеракции се гледаат на полето на безбедноста но се очекуваат и на полето на човековите права, заштита на животната средина, имиграцијата и економијата. Неолиберализте, стојат на становиште дека меѓународните институции им помагаат на државите успешно да соработуваат во анархичниот меѓународен систем. Меѓународните институции либералите ги дефинираат како „збир на правила со кои се одредува начинот на кои државите ќе соработуваат и ќе ги регулираат меѓусебните недоразбирања во случај на судир на интереси.„42

Со крајот на Студената војна дојде до процват на либерализмот, односно сега неолиберализмот, два значајни правци се вклучија во оваа школа:1. неолибералниот институционализам и 2. теоријата за демократски мир.

1. Либерални/Неолибералнен институционализам

Се јавува 80тите години на 20 век, на врвот на трката во вооружување, кога се увиде дека борбата за моќ и безбедност, односно политикта на сила и судирите не гарантираат мирен и безбеден развој на современите МО. Приврзениците на оваа школа како и неореалистите го истакнуваат значењето и улогата на државата како клучен актер на МО во анархичниот меѓународен систем. Меѓутоа, тие претпоставуваат и постоење на разни облици на меѓузависност која влијае на создавање заеднички интереси меѓу развиените држави и го нагласуваат значењето на меѓународните институции во зачувување на мирот, тврдејќи дека меѓународните институции им помагаат на државите успешно да соработуваат во тој систем. Во меѓународните институции се развива и негува реципроцитетот, а државите го менуваат своето однесување врз основа на корекцијата на другите држави.43 Еден од најзначајните либерални институционалисти е Роберт Киохејн (Robert Keohane) кој ги максимализира можностите за заедничка добивка на државите доколку соработуваат.

Покрај меѓународните институции, либерални/неолибералните институционалисти посебно внимание посветуваат и на меѓународните режими. Идејата за безбедносните режими се заснова на поголемата свест за потребата на усогласување и воспоставување на поголемо ниво на соработка и доверба меѓу државите во областа на националната и меѓународната безбедност. Меѓународните ражими ги создаваат државите во настојувањето да ги „разработат правилата на соработка дури и кога на меѓународен план владее анархија„. 44 Либерални /неолибералните институционалисти, нагласувајќи го значењето на меѓународните иснтитуции и режими, кои врз основа на дефинирани норми влијаат на однесувањето на државите и соработката помеѓу нив, укажуваат дека идејата на мултилатерализмот е важна за МО. Тоа значи дека членовите на мултилатералниот

42 R.O.Keohane, International Institutions: Two Approaches”, International Studies Quarterly,1998, Vol. 32, No.4, p. 393.43 H.V.Milner, Interests, Institutions and Information: Domestic Politics and International Relations,Princeton University Press, New York, 1997, pp.7-8.44 Ч.В.Кегли и Ј.Р. Виткоф, Светска политика-тренд и трансформација, .........стр.476-477

39

Page 41: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

договор треба да ги почитуваат правилата на однесување за прашања кои се релевантни за аранжманот за соработка помеѓу државите.

2.Теорија за демократски мир

На развојот на теоријата за ДМ најголемом влијание имале гледањата на Емануел Кант за светот во состојба на вечниот/трајниот мир. Теоријата на ДМ стои на стојалиштето дека демократските држави никогаш или скоро никогаш не започнале војна една против друга и дека генерално имале мал број меѓусебни судири. Заговорниците на оваа теорија уште во 80тите години на 20 век изнесоа збир на сфаќања според кои државите со демократско уредување не војуваат меѓу себе, што не е новост во историјата на политичката мисла. Еден од аргументите на оваа теорија е дека економската меѓузависност на државите ја смалува можноста за избувнување на војна помеѓу трговските партнери. Имено творците на оваа теорија сметаат дека демократските политички култури се засновани на толеранција, прилагодување и почитување на правото, избегнување на војната како средство за решавање на меѓусебни спорови и конфронтации. Убведувањето и преговарањето засновани на почитување на правила и право претставуваат основни методи, средства и инструментина МП во решавање на конфликтите помеѓу државите.

Теоретичарите на демократскиот мир истакнуваат дека демократските држави не стапуваат во војни објаснувајки го тоа со либерални експликации:-демократските држави по својот хабитус се мирољубиви бидејки постојат демократски норми и култури-јавното мислење е поставено во тој правец-постоењето на транснационални и меѓународни институции (НАТО и ЕУ) кои ги поврзуваат силно демокрадските држави со мрежа на односи што ограничува и оневозможува избувнување на судири.

Френсис Фукујама во своето дело Крајот на историјата истакнува дека освен либерализмот нема некој теориски правец кој би можел да ги објасни современите МО. Според него за прв пат се создаваат услови за универзализација на западните либерални демократии кои стануваат конечен облик на човековото владеење.

Либерализмот е производ на долга историска и филозофска традиција, иако неговото појавување во теоријата на МО не е така старо. И тука станува збор за две фази: едната врзана за минатото (1ва, 2ра светска војна, Студена војна) и на нова фаза во која се користат либералните идеи за да со нив се опише сегашноста и евентуално да се помогне во предвидување на иднината.

РЕАЛИЗАМ И НЕОРЕАЛИЗАМ

Реализмот односно политичкиот реализам е еден од најзначајнте теориски правци во изучувањето на МО, во чиј центар се истражувањата на националните интереси и националната безбедност.45 Како посебен теориски правец реализмот се потпира на учењата на античките мислители меѓу кои како основоположеник на реалистичкото мислење се смета Tукидид 45 Jack Donelly, J. (2000). Realism and International Relations, Cambrige University Press, New Jork.

40

Page 42: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

(Thucudides), автор на познатото дело „Историја на Пелопонеската војна„ (History of Peloponnesian War). Некои автори, сметаат дека „Пелопонеската војна“ од Тукидид, го илустрира реалистичниот скептицизам за ограничените ефекти на моралот. Тукидид во својот говор кон Атињаните, истакнува дека правото важи само помеѓу еднаквите по сила, односно, силните го прават тоа што го сакаат, а слабите тоа што мораат. Реалистите, исто така, потенцираат дека Тукидид, јасно ги објаснува односите помеѓу Грчките градови – држави/полиси, истакнувајќи дека зголемувањето на моќта на Атина, влијаело кон алармирање на Спарта, а сето ова било причина, воениот судир помеѓу нив, да стане неизбежен. 46

Реалистичката школа, во своите редови го вбројува и Николо Макијавели ( Nicollo Machiavelli) и Жан Жак Русо (Jean Jacques Rousseau) кои сметаат дека луѓето не се меѓу себе благонаклонети туку делуваат конкурентски. Реалистите поаѓаат од “вистинската состојба” на работите во МО. Таа вистинската состојба е постојана и непроменлива бидејки произлегува од непроменливата човечка природа во која доминира инстинктивната потреба за борба за моќ – која во крајна анализа ги одредува МО.Тргнувајќи од длабоко песимистичкиот поглед за човековата природа, Макијавели се залага за силен и ефективен владетел, за кого моќта и безбедноста, се главна преокупација. Според него, владетелите не се ограничени со личниот морал, а секоја акција која ќе се покаже како неопходна за опстанокот на државата, повлекува со себе оправданост. Меѓу другото, реалистите се идентификуваат и со Томас Хобс и неговата теорија за „природната состојба“, каде отсуството од апсолутен авторитет овозможува човечките апетити да бидат водени без ограничувања - индивидуите постојано влегуваат во конфликт, а нивните животи се придружувани со осаменост, беда, злоба и свирепост.

Во основата на реалистичките теории е ставот дека државата е главен актер во МО како и уверувањето дека опстанокот на државата зависи од нејзината моќ. Оттука произлегува дека борбата за моќ е природно тежнение на секоја држава. Според оваа теорија меѓународниот систем претставува анархично општество на држави бидејќи сеуште не постои повисок политички авторитет од државата.47 Државите се суверени, имаат највисока власт над нивната територија и население и тие единствено располагаат со принуда над својата територија и народ/население. Во непостоење на повисок авторитет на кој државите можат да му се обратат заради меѓусобни недоразбирања, реалистите ги гледаат меѓународните односи како непрекината борба на државите за моќ, во која, како што и Тукидид ги опишува војните меѓу античките градовите –држави за превласт, јаките доминираат над слабите односно јаките го прават она што сакаат а слабите она што мораат.

Секоја држава е одговорна за сопствениот опстанок па оттука реалистите сметаат дека државите се наоружуваат и стапуваат о сојузи за да ја зголемат својата национална безбедност. Во анархичниот систем на МО основен начин за опстанок на државите е самопомошта (self-help) односно поседување на сопствена, самостојна способност –што води кој јакнење на нивните воени 46 Martin Griffiths, „International Relations Theory for Twenty - first century“, Routledge, 2007, стр. 1147 Во политичката теорија, анархијата означува недостиг на ред, а еклатантен пример за ова е општоприфатеното тврдење дека, државите во кои постои граѓанска војна, се наоѓаат во состојба на анархија. Но, во меѓународните односи, „анархијата“ претставува недостиг на субјект кој свесно наметнува ред, во правец „од горе“ па надолу кон суверените држави. Ова значи дека, во меѓународните односи постои анархија, иако постои и ред. (на пример постоењето на рамнотежа на сила помеѓу државите или постоењето на една држава - хегемон, како на пр. САД). Cynthia Weber, „International Realations Theory“ , Routledge, 2005, стр. 14

41

Page 43: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

способности во однос на другите држави. Реалистите не ја исклучуваат можноста ривалските држави да соработуваат во некои безбедносни прашања од заеднички интерес, но тврдат дека таквата соработка е ретка.

Оттука, клучни појдовни точки на реалистичкото мислење се: 1. Државите се основни актери на СП/МО; 2. Тие се однесуваат како рационални актери, кои ги процениле своите стратешки позиции и настојуваат да ја максимизираат очекуваната добивка; 3. Државите пред се ги следат своите интереси (што вклучува јасно и опстанок), отколку алтруистичко однесување; 4. Државите функционирраат во свет на „анархија„ без заедничка влада. Од овие ставови произлегува дека државите продолжуваат со агресивното однесување во МО заради неможноста низ взаемна доверба и искрена соработка да се решат меѓусебните спорови. Крајна цел на сите држави во анархичната структура на меѓународната заедница е достигнување, зачувување и унапредување на националната безбедност во изворна реалистичка смисла (независност и суверенитет), при што опстанокот е најважна движечка сила на нивното однесување. 48

Според Ханс Моргентау кој е родоначанкикот и најзначаен претставник на класичниот реализам „камен темелник на политичкиот реализам, како теориска основа на надворешната политика, го сочинува концептот на националниот интерес дефиниран како моќ„. При тоа, тој не го посматра националниот интерес дефиниран како моќ како карактеристика специфична само за една држава, туку го сведува на моќ кон која тежнеат сите држави. Тој смета дека основните елементи на националната моќ на државата ја сочинува географската положба, национални ресурси, индустриски капацитет, воена сила/ способност, населението, националната особеност, националниотн морал и квалитетот на дипломатијата односно владата.

Неореалистите ги прифатија основните идеи на реализмот, но соочени со промените во МО ( развој на меѓународната трговија, интеграции и соработка отварање на канали на соработка Исток-Запад), внесоа некои корективи, односно сите тие промени не можеа да се објаснуваат исклучиво со теоријата на сила. Така неореалистите тргнаа со нова парадигма. Имено, разликата помеѓу класичниот реализам и неореализмот, се состои во нивните спротивни погледи кон изворот и содржината на државните приоритети. Според класичната школа, односот на државата зависи од лидерите кои се мотивирани од желбата за моќ, додека според неореализмот, таквиот однос, главно произлегува од натпреварот помеѓу државите. Класичната школа, меѓу другото, се обидува меѓународните односи да ги објасни преку рационалното согледување правејќи споредба со однесувањето на човекот, додека пак неореалистичната е повеќе агностична.

Структурен реализам

Посебен правец во рамките на неореализмот е структурниот реализам. Структуралниот реализам се разви како посебен правец/струја на неореализмот. Претставниците на оваа струја во проучувањето на МО односно меѓународниот систем ставаат акцент на меѓународната структура. За структурните реалисти, човековата природа нема голема врска со тоа што државите сакаат моќ, туку желбата за моќ ја

48 Симић, д. Р. (2002). Наука о безбедности- савремени пиступи безбедности, op.cit., стр.66.

42

Page 44: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

наметнува самата структура на меѓународниот систем кој ги приморува државите да ја следат моќта. Системот во кој нема наддржавен авторитет и гаранција дека нема да има меѓусебни напади ја поттикнува секоја држава да биде доволно моќна за да се заштити во случај да биде нападната. Најзначани претставници на структурниот реализам се Џон Миршајмер (John J. Mearsheimer) и Кенет Волц (Kenneth N. Waltz).

Бидејќи во рамките на сруктурниот реализам постојат разлики во мислења пред се околу прашањето: Колку моќ е доволно?, се развија два подвида на овиј правец: „дефанзивен реализам“ и офанзивниот реализам.

Кенет Волц (Kenet Volc)49, претставник на дефанзивниот реализам, тргнува од ставот дека оштрото реагирање на државите во МО не е резултат на нивната природна склоност да се борат за моќ и доминација, што произлегува од „насилната страна на човековата природа„, туку државите се принудени така да реагираат за да стекнат подобра позиција во анархичната структура на меѓународниот систем каде нема централен авторитет-арбитер. Според Волц, значи, нарушувањето на рамнотежата на сила доаѓа од структурата на анархичниот систем, кој и наметнува на државата која ја изгибила позицијата да бара начини за воспоставување/обновување на рамнотежата. Ваквото толкување на однесувањето на државите во МО е познато под називот „дефанзивен реализам„.

Меѓународниот систем е и систем на „себе-помош“, државите се должни да се грижат сами за себе, бидејќи не постои никој друг, кој би ги заштитил. Тоа значи дека тие се должни да внимаваат на својата безбедност и да ги гледаат другите држави како потенцијална закана. Тие мораат континуиарано да го прилагодуваат својот став според нивното сфаќање за својата, но и моќта на другите држави. Волц истакнува дека, државите се приморани да се натпреваруваат помеѓу себе за моќ, затоа што посакуваат безбедност. Тој тврди дека државите бараат само онолку моќ колку што е неопходно да ја остварат нивната безбедност и ќе престанат да се обидуваат да стекнат релативна предност во однос на другите држави, затоа што тоа ќе ги мотивира да се здружат против неа. Дефанзивните реалисти тврдат дека не е паметно државата да се обидува да го максимизира својот удел во светската моќ, бидејќи системот ќе ја казни ако се обиде да се обезбеди премногу. Потрагата по хегемонија за нив е непромислена.

Офанзивниот реализам, чиј претставник е Миршајмер, тврди дека анархичната структурата на меѓународниот систем, ги поттикнува државите, да бараат можности за стекнување на предност на сметка на другите држави т.е. да ја максимализираат својата моќ, како би обезбедиле позиција на светска сила, односно би биле над супарничките сили. Претставниците на овој правец тврдат дека во стратешка смисла најдобаро е државите да стекнат што е можно поголема моќ и ако се околностите поволни да воспостават хегемонија. Притоа, целта не е доминација сама по себе туку поседувањето на

49 Релистичкиот пристап кон меѓународните односи, беше ревидиран со делото на Кенет Волц „Теорија на меѓународна политика“ од 1979 година, според кое системот е составен од структура и неговите делови кои се во интеракција. Политичките структури имаат три елементи: принципот на ред, (анархија или хиерархија), карактерот на елементите (функционални или диференцирани) и распределба на можности. Волц тврди дека само два елементи од струкутрата на системот на меѓународни односи се константни: недостиг на надхиерархиски авторитет (се мисли дека принципот на ред е анархија) и принципот на себе - помагање (елементите на структурата се функционални). Според тоа, единствена варијабла е распределбата на можностите, со главно разликување на мултиполарните и биполарните системи. Види: Martin Griffiths, „International Relations Theory for Twenty - first century“, Routledge, 2007, стр. 13

43

Page 45: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

предоминантна моќ како најдобар начин да се обезбеди сопствениот опстанок. Државите се однесуваат по образецот дека „предноста во моќ„ е „најдобра одбрана„.

За разлика од дефанзивниот реализам, според кој основна цел на државата е опстанокот, според офанзивниот реализам, главната цел на државата, е да стане хегемон во системот. Но, и покрај овие разлики и двете теории се согласни со тоа, дека анархичниот систем ги приморува државите да се стремат кон стекнување на моќ.

Во различните теории на реализмот очигледно е дека поедини автори имаат различни пристапи, но она што ги поврзува во “еден реализам” е нивното инсистирање дека постои унитарна аутономна држава како главен актер и меѓународен анархичен систем во кој тие држ. делуваат. Тоа е она што ги обединува а од др.страна ги разликува од поборниците на либерализмот и радикализмот во МО. MO iи понатаму најчесто се гледаат низ рамката на реализмот, при што се застапува ставот дека државата , низ историјата, сегашноста и во догледна идниона е клучен субјект на МО, а нејзината моќ е најсигурно средство за сочувувсње на националните интереси.

Главниот недостаток на реализмот се состои во тоа што, меѓународните односи ги разгледува мошне едноставно, еднодимензионално, избегнувајќи ја мултифакторијалноста на светот. Обидот процесите и односите да се симплифицираат до најголема можна мера, оди само на штета на објективното спознавање на меѓународните односи. Несомнено е дека силата има важна улога во меѓународните односи и дека во целата историја влијаела на нив, но тоа не значи дека силата е основа на меѓународните односи. Денес, имајќи ја предвид Повелбата на ОН, забранета е употреба на сила или закана со употреба на сила, за остварување на своите интереси и решавање на споровите помеѓу државите. Освен тоа, во насока на високиот степен на меѓузависност во меѓународните односи, постојат ситуации каде што одредени спорови не можат да се решат со употреба на сила, туку исклучиво со преговарање.

Реализмот во современиот свет, треба да се разгледува исклучиво во спрега со останатите современи теории, бидејќи изолиаран, ја дава сликата на едно минато време, чии карактеристики се отсутни денес, а тоа е фактот што силата не е, и не може да биде основа во меѓународните односи.

РАДИКАЛИЗАМ

Радикализмот е трета модерна теориска перспектива на посматрање на МО и се состои од различни правци школи и автори кои имаат една заедничка црта - сфаќањето за вредноста на економијата во МО. Со тоа се ослонуваат/повикуваат на Марксовото учење, а некои од правците се и своевиден обид за востановување на неомарксизмот во МО.

Радикалите го гледаат империјализмот како хиерархиски меѓународен систем кој им дава шанса на некои држави, организации и поединци на сметка на другите. Тоа го илустрираат со положбата на развиените земји кои можат да ги продаваат своите производи, коишто неможат да ги продадат дома, на неразвиените кои се ограничени во својот извоз и зависат од развиениот свет.

Радикалите се повикуваат и на В.И.Ленин и неговото тврдење дека по распределба на светскиот пазар ке дојде до војна помеѓу капиталистичките земји. Радикалите свесни

44

Page 46: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

дека до тоа не дојде, истакнуваат дека современиот капитализам е во состојба да употребува посуптилни методи од војна.

Денес, велат радикалите, експлоатацијата на неразвиените не се врши со примена на сила туку со економска принуда, што претставува нова форма на колонијализмот- неоколонијализам.Радикалите даваат една нормативистичка проекција на односите Север-Југ, истакнувајки дека светската капиталистиичка структура е лоша, дека нејзините методи се експлоататорски, па на тие темели не може да се оствари никаков равноправен меѓународен систем.

Радикалите изгубија на своето значење со карајот на Студената војна и распадот на социјалистичкиот систем во Европа. Ним им се забележуваше дека со теориите со кои го осудуваа капитализмот, не можеа да ја објаснат соработката на Истокот и Западот во времето на детантот. Критичарита истакнуваат дека радикалите не се во состојба да објаснат како некои држави го прифакаат капитализмот, а сепак ја избегнуваат економската и политичката зависност.

Радикализмот и денес некој го нарекуваат економски детерминизам и го сметаат за теорија која бара круцијални промени во МО. Тој помага во разбирањето на економските сили и економските фактори во МО.

КОНСТРУКТИВИЗАМ

Конструктивизмот нема единствени категории, но конструктивистите истакнуваат дека светот е толку сложен што не е можно да се создаде единствена теорија на МО, така што тие одбиваат да бидат сврстани во некоја униформирана теорија.

Со појавата на конструктивистите во теоријата за МО повторно се поставуваат прашањата за природата на државата, концептот на државјанството и суверенитетот. Од друга страна воведени се парадигми поврзани со родот (гендер) и етницитетот, што беше надвор од истражувањето на МО. Конструктивизмот поаѓа од уверувањето дека светот е некој вид на општествена конструкција и отука називот на теоријата. Конструктивистите тврдат дека светот постојано се менува и дека луѓето се носители на тие промени. За нив е битно зошто државите се однесуваат на одреден начин и во обидот на одговорот на тоа прашање го истакнуваат значењето на ставовите на елитите, идентитетот и општествените норми. Потребата за изучување на нормите и праксата на ииндивидуите и колективитетите во внатрешната и надворешната политика за конструктивистите е единствен предуслов за разбирање на современиот свет.

Кај предходните три теории главните параметри на истражување се движат околу воената, политичката и економската сила, што не е случај со конструктивистите. Тие сакаат да сватат, на пример, како со помош на јазикот луѓето го конструираат политичкиот свет во кој живеат и како тие конструкции влијаат на политичкото однесување. Конструктивитите сметаат дека треба да се обрне внимание на истражување на текстови, а посебно на скриената смисла.

Тие признаваат дека силата постои во секоја трансакција помеѓу актерите и дека целта на конструктивизмот е да го пронајде изворот на таа сила. Покажувајки како идеите го создаваат и менуваат идентитетот, конструктивистите настојуваат да следат како се создаваат и формулираат државните интереси или како тој процес тече во некои недржавни структури.

45

Page 47: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Конструктивистите ја нагласуваат важноста на идеите и културата во обликувањето како на реалноста, така и на дискурсот на МО/мегународната политика. Тие се фокусираат врз прашња поврзани со идентитетот, нормите, култрата, националните интереси и меѓународното владеење. Тие веруваат дека лидерите како и обичните луѓе не се мотивирани само од матерјален интерес, туку и од сопствента свест за идентитетот, моралот и за тоа што во едно општество или култура се смета за соодветно. А таквите норми се менуваат со времето.50

Неореалистите и неолибералите го земаат здраво за готово фактот дека државите дејствуваат според сопствените национални интереси, но имаат толку малку да кажат за тоа како тие интереси се обликувани или како се менуваат сотекот на времето. Конструктивистите користат различни области и дисциплини за да го истражат процесот со кој лидерите, народите и културите ги менуваат своите приоритети ги обликиуваат своите идентитети и прифаќаат нови форми на однесување. Тие упатуваат дека поимите како нација и суверенитет кои им даваат смисла на нашите животи како и на нашите теории, се општествено конструирани и не постојат „таму некаде„ . Или, како што вели Нај, ако го разгледаме поимот безбедност, кој обично се дефинира во однос на загрозување на виталнит интереси. Традиционалните теории за МО ја разгледуваат безбедноста во однос на насилството или војната помеѓу државите, но во современиот денешен свет безбедност на човекот може да биде загрозена и од економски или еколошки катастрофи.51

Постојат многу видови/врсти конструктивисти, но сите се согласни дека реалистите и либералите се далеку од тоа да дадат реална/вистинита слика за светот. На луѓето не им е потребно објаснување како работите изгледаат туку објаснување за тоа како светот постанал таков каков што е. Конструктивистите се усредсредувааат на важни прашања како што се идентитет, норми, култура национален интерес и меѓународно управување.52

***Теориите за МО прават обид да обезбедат концептуален метод врз основа на кој

може да се анализираат МО. Според Оле Холсти,теориите за МО делуваат како пар на обоени наочари за сонце овозможувајќи му на носителот да ги гледа само настаните релевантни за неговата теорија. Реалистите на пр. не обрнуваат внимани на настани кои за конструктивистите се круцијални и обратно.

За да се сфати денешниот свет/ современите МО, мора да ги разбереме ставовите и на либералите и на реалистите за МО и да водиме сметка за општествените и културните промени што ги нагласуваат конструктивистите. Реализмот, либерализмот и конструктивизмот се неопходни за да се сфати значењето на меѓународната политика во менувањето на светот.

50 Џозеф С. Нај, ибид., стр.29.51 Ибид стр.30.52 Види: Adler, E. (20В03). Constructivism in International Relations: Sources, Contributions, Debates and Future Directions”-Handbook of IR. Sage Publications; Thausend Oaks; California.

46

Page 48: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Глава 5

ФАКТОРИНАМЕЃУНАРОДНИТЕОДНОСИ

Во проучувањето на МО особено внимание им се посветува на разгледувањето на условите и збиднувањата, што овозможува идентификација на поголем број на појави и создавање на системско проучување на МО. Условите и збиднувањата, различни по своја содржина, траење и рефлексите кои ги предизвикуваат во меѓународните движења, го сочинуваат внатрешното и надворешно опкружување на државите, односно му даваат основни обележја на амбиентот во кој делуваат субјектите на МО. Разните услови и збиднувања влијаат на насоките во кои се развиваат/реализираат МО и дека во нив или со нивна помош се одвива главната содржина која настанува во средината во која делуваат тие субјекти- а која најчесто ја нарекуваме меѓународна заедница (МЗ).

Условите и збиднувањата кои значително влијаат на донесување на одлуките и мерките на владите, потоа последиците кои од тука произлегуваат и резултантата на влијание и разликите кои постојат меѓу државите се основни варијабли кои ги создаваат темелите на меѓународниот политички систем. Земјата, морето, луѓето, машините идеите, институциите и другите црти на човечкиот хабитус добиваат свое меѓународно значење од дистрибуцијата на тие феномени во време и простор.

Сите тие елементи заедно можат да се наречат факти, кои треба да помогнат на создавање хипотези и теории.

Факторите (Ф) се различни и разновидни појави кои влијаат на реалноста на МО и на процесите кои се во тек.

Ф. се на пример географски откритија, технолошки развој, култура, распределба на суровински извори, религијата како појава ( како организирана сила-црква, таа е субјект во МО), климата, порастот на насаелението и др. Дури може да го поставиме прашањето дали не е се фактор што било како може да влијае на стварноста на МО. Во таа смисла Ф. ни се чинат како несвесни сили на потикнување или спречување на напредокот.

Многу Ф. на пр. географски, демографски, економски и др, можат да влијаат на основните карактеристики и на способноста на поедина држава, односно на нејзиното место во меѓународниот политички систем. Тие Ф. посебно доагаат до израз кога се прават компаративни анализи за можното делување на поедина држава во рамките на подсистемот или поедина политичка регионална заедница на која таа држава и припага

Многу често доага до мешање на субјектите и факторите на МО . Мегутоа, субјектите во МО делуваат свесно и волно и со своето дејство можат во

позитивна или негативна смисла да ги менуваат МО. Ф. на МО се јавуваат како појави кои влијаат на динамиката на МО како и на положбата на поедина држава во МЗ, на

47

Page 49: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

процесите кои настануваат, на интеракциите од меѓународен карактер ( на односите меѓу државите).

Ф се делат на субјективни и објективни, во зависност од облиците на нивното пројавување. Така во субјективни ф. спагаат - социјални елементи и национализам, а во објективни ф. - технологија, население, економија и др.

Втора поделба на Ф. се однесува на нивниот динамизам, односно на стабилноста, па се истакнува дека географскиот ф. е стабилен и потешко изменлив, додека национализмот или технологијата се јавуваат како многу динамични, кои брзо и разновидно се развиваат и можат и различно да влијаат на МО.

Во современата фаза на проучување на МО Ф. завземата значајно место, а скоро сите автори ги земаат како варијабли на меѓународниот политички живот врз основа на кои може да се посматра, теоретизира и анализира системот на меѓународните политички односи. Во тоа проучување дојде до обид да се издвои поедин фактор и врз основа на него изолирано се спознаваат процесите кои течат во МО. Ваквото монистичко определување само за еден фактор, без оглед на неговата конкретна манифестација и важност, неможе да даде права слика на МО ниту може да да помогне за точно и целовито спознавање на меѓународната динамика.

Освен таквиот монистички пристап има несогласувања за тоа кои се ф. треба да бидат проучувани во МО. Денес се забележува тенденција за смалување на бројот на ф. и се прават обиди со истакнување и детална анализа на помал број на ф. да се образложат поедини процеси и да се направи одредено теориско воопштување.

ГЕОГРАФСКИ ФАКТОР (ГФ)

Под ГФ се подразбираат збир на елементи кои ја определуваат природната положба и богатството на една земја. Според некои мислења се сметал за средишен фактор на МО имајќи го во вид неговиот постојан карактер односно неговата постојаност.

Извесно е дека државите опстојуваат во различни природни средини и услови како што се климата, природата на земјиштето, географската положба. Разбирливо е дека овие услови далуваат на положбата на секоја држава, нејзиниот развој и односите со другите држави.

При определувањето на статусот, улогата и моќта на определен субјект во одвивањето и насочувањето на настаните и развојот на мегународната заедница треба да се земат предвид бројни фактори, од кои некои се по значајни, а некои помалку значајни. Но сите тие фактори чинат една целина. Обидот еден фактор за се одвои на сметка на другите фактори не може да обезбеди вистинско и целосно сознание на МО.

Поаѓајќи од тоа дека географијата е мајка на историјата се правеле обиди во минатото МО да се објаснат со такви географски чинители како што се големината на државната територија, природните извори, карактеристиките на територијата, географската положба, имање на море или излез на море, климата.

Исто така, се правеа обиди за конституирање на посебни научни дисциплини како геополитика или геоисторија особено во Германија. Географските матерјалисти и

48

Page 50: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

геоплоитичарите на ГФ му даваа доминантна улога во животот на државата, нејзиниот развој, на развојот на сите општествени процеси па и на МО. Во истакнување на одредени географски елементи (истакнувањето дека климата е еден од битните елементи за напредокот на државата, дека државата е жив организам кој расте и дека малите држави се без иднина бидејки се наогаат на патот на големите држави, шпекулациите за посебната вредност на географската положбата на поедини земји на пр. Велика Британија, нордиските земји, САД) се наоѓаа аргументи за образлагање, а потоа и за создавање на различни политички доктрини од експанзионистички и империјален карактер.

Георафските елементи требаа да помогнат во разбирање на историјата или МО. Како што на пр. францускиот автор Виктор Кузен пишува во Воведот во историјата на филозофијата 1828 г. “дајте ми географска карта на било која земја (географска положба, клима, природни богатства, флора, геологија и сл.) и се обврзувам дека ќе ви кажам какво е населението на таа земја и каква улога таа земја ке има во историјата”.

Таквото геополитизирање односно придавање важност на некои географски обележја во одредени фази на развој на МО беше особено развиено и служеше за формулирање на политиката на поедина држава, односно требаше да биде не само поттик туку да служи и како оправдание за определени политички акции. Така ако е државата жив организам кои треба да се шири, разбирливо дека поголемите држави својот животен простор мора да го земат од некој друг, а бидејќи се големи држави тоа можат да го направат на сметка на малите држави кои во тоа време не се сметаа за равноправни субјекти во МО.

Придавање на посебно значење на некои географски обележја во одредени етапи/периоди на развој на МО беше посебно развиено и непосредно се реперкуираше и во формулирање на политиката на поедини држави. Значењето на една држава во МО во голема мера може да биде определена од нејзината географска положба и просторот кој го завзема. Значењето на патиштата кои поминуваат низ нејзината територија, стратегиската позиција во дадени услови на воена техника, пристапот до море, се се тоа елементи на географската положба на државата, кои можат да влијаат на нејзиното однесување и на однесувањето на другите држави спрема неа.Географската локација може да влијае на потенцијалите/моќта на државата. На пр. , тоа што Англија и Јапонија се овстровски земји историски им обезбеди за штита од инвазии од страна на континенталните и другите држави. На сличен начина, одделувањето на САД од Европа им овозможи на САД во својата рана историја да водат изолационистичка надворешна политика, избегнувајќи го она што Џорџ Вашингтон го нарекува „заплеткани алијанси„ на европската политика. 53 Всушност САД беа способни да го одложат своето учество во Првата и Втората војна како резултат на географската одалеченост од воените подрачја. Океаните претставуваа значајна изолација од европските настани. Секако оваа геополитичка предност беше намалена со појавата на напредната технологија, особено со развојот на интерконтинеталните балистички проектили и други вооружени системи со кои се зголеми ранливоста на САД на воени напади.

53 Каупи и Виоти, Меѓународни односи, 143.

49

Page 51: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

На просторот кој го завземаше една држава големо внимание посветуваа припадниците на тн. геополитичка школа. Геополитичките сфаќања прв систематски ги изложил во 19 век германскиот географ/проф. Фридрих Рацел во своето дело Политичка географија 1897г. каде го изнесува своето мислење за односот меѓу политиката и географијата. Тој поаѓа од ставот дека растот на една држава се гледа во нејзиното територијално ширење, па државите кои имаат поголема територија имаат и поголема моќ. Оваа корелација помеѓу големината на територијата и државната моќ, според Рацел, предизвикувала кај државите постојано тежнение за проширување на својата територија. Овие сфакања имаат свое објаснување во општествените услови во кои настанале, а тоа е времето на освојување на колониите и создавање на големите колонијални империи од страна на империјалистичките сили.

Рацел, исто така, настојува да покаже дека климата делува на начинот на живот и темпераментот на лугето од што извлекуваше заклучоци кои требаа да покажат како лугето од одредени географски подрачја се однесуваат во политичкото делување. Па така, тој смета дека модерните држави се појавиле во умерениот климатски појас, дека племињата од север ги победувале племињата од југ, и дека населението од север покажуваат поголеми физички и морални вредности од оние на југ, што се одразува во нивното политичко однесување.

Тој смета дека големината на територијата на државата влијае на политичките хоризонти на населението (население во мала држава - стеснети хоризонти и мал интелект).

Рацеловата политичка географија, настана во времето на јакнење и развој на немачкото царство, па се обидуваше да ја образложи и оправда територијалната експанзија.

Во понатамошниот развој на геополитикчите објаснувања на општествените појави, во нејзината англосаксонска интерпретација, географската положба на една земја има првостепено значење за нејзината положба во МО. Најизразени претставници на овој правец се британскиот географ Халфорд Мекиндер и американскиот адмирал Алфред Махан.

Во Велика Британија Мекиндер, проф. на Оксфордскиот универзитет, во зависноста помеѓу географијата и меѓународните збиднувања посебна важност му даваше на морето при што сметаше дека токму поморската сила и богатството со јаглен и овозможина ВБ да стане голема сила. Тој сметаше дека распоредот на копното и морето на земјината топка овозможува создавање на големи империи и дури едно светско царство. Тој Европа, Азија и Африка ја нарече „светско царство„. Познат е неговиот афоризам според кој „оној што владее со Источна Европа го контролира пределот на срцето; оној кој владее со пределот на срцето го контролира светското острво; оној кој владее со светското острво го контролира целиот свет„.54 По првата светска војна Мекиндер ја модификува својата теорија, така што сега Атланскио океан го гледа како спона меѓу Западна Европа и Америка па во таа област го гледаше „вториот стожер на моќ„ кој со првиот ќе биде во состојба на равнотежа.55

Во САД постоеа бројни научици кои за своето проматрање/проучување на МО земаа одредени географски чинители како помошни елементи, а потоа на нив градеа пошироки концепти на политичко делување. Американскиот адмирал Ман во делото 54 Кегли, Светска политика, 14255 Димитријевик, Меѓународни односи,169.

50

Page 52: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Влијанието на поморската сила на историјата 1660-1783, го стави акцентот на поморската сила и сметаше дека морето е најдобар комуникациски пат за воспоставување на односи со надворешниот свет и за развивање и јакнење на сопствената сила.

Проф. Спајкмен ја истакнуваше, исто така географијата како важен фактор во формулирање на надворешната политика, но не го земаше како единствен. Според него елемнтите кои ја определуваат надворешната политика на поедина земја се гледаат во: големината на територијата, број на население, природни богатства економскиот и технички развој, етничката хомогеност, политичка стабилност и др. Тој се залагаше за нов меѓународен поредок заснован на САД како арбитер и гарант во најшироки светски релации, односно за модел на МО во кој ќе воспоставуваат равнотежа и ќе го обезбедуваат светкиот мир (имајќи ја во вид американската сила). Со своите ставови тој. им помогна на заговорниците на американското надворешнополитичко глобално делување.

Хантингтон и Вилер ја земаат климата како чинител кој влијае на одредени политички движења, развој на државата и големите владетели.

Најголемо влијание на практичната политика размислувањата на геополитичарите добија помеѓу двете светски војни во Хитлерова Германија. Германската школа на геополитичари под водство на Карл Хаусхофер, надоврзувајки се на Рацеловото учење, додаде некои нови наводни законитости на пр. појмот на животен простор. Истакнувањето дека на германскиот народ му треба простор и потреба од менување на границите, правото на устието на реката која тече низ територијата, водеше кон истакнување на војната и освојувањата како праведно средство за јакнење на државната мок.

Ако критички ги гледаме тврдењата на приврзениците на г. фактор, може да се види дека односите во светот се значајно изменети и дека некогашните оцени немаат денеска вредност. На пр. историјата на Англија секако дека би била поинаква да имала поинаква географска положба. Но примерот на Англија докажува дека морето не преставува апсолутно сигурна граница бидејки и Римјаните и Данците и Норманите и германските племиња ја освојувале. Во денешни услови на постоење на ракетно-нуклеарно оружје не е потребно да се зборува.

Слично може да се каже и за значењето на природните извори како предност на одредена држава (пр. значењето на јагленот во одреден временски период, нафтата, нуклеарната енергија). Значењето на природните граници – море, реки, планински венци, пустини, џунгли за безбедноста, меѓународната трговија и сообракај ,исто така, се менува. Теориите на географскиот детерминизам спаѓаат во оние гледања кои се обидуваат сложените појави да ги објаснуваат исклучиво со еден фактор. Различните теории на географскиот детерминизам запоставуваат некои значајни чинители присатни во креирање на на МО. Во нив го нема човечкиот фактор и општествените односи во одредена епоха, ниту се разгледува државната организација, ниту карактерот на поедина земја. Преку разни географски чинители/елементи кои се постојани и потешко изменливи настојуваат да го согледаат развојот на МО, објаснувајки го само со географскиот фактор. Покрај тоа што географската средина има влијание на животот на лугето, односно народите и на нивното однесување па и на она од политички карактер, сепак нема толкаво значење за да се земе како самостоен во објаснување на така сложени појави, може да се земе како делумичен фактор на интерпретација на МО.

51

Page 53: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

ПРИРОДНИ ИЗВОРИ

За МО природните извори (ПИ) се сите корисни матерјали и процеси кои се наогаат во природата , а луѓето се способни со својста технологија да ги користат.ПИ се повеке стануваат фактор на МО кои можат да се употребуваат во различни ситуации, во настојувањето да се влијае на правецот на политичкото делување на државата.

Долго време не се поставуваше прашањето за исцрпноста на ПИ кои се сметаа за неисцрпни/непотрошливи. Дури во последниве децении почна да се размислува за нивно исцрпување (на шумски пространства, руди, горива, обработлива површина, питка вода па дури и на кислородот).

ПИ сами по себе не се показател на вистинското место на една држава во МО. Има големи земји со бројни природни богатсва, а сепак не се големи сили, а пак мали земји со скромни природни богатства ги развиле своите индустриски капацитети и си осигурале важно место во МО. Но и денес природните извори се многу важни. Индустриски развиените земји се заинтересирани за максимално искористување на своите ресурси но и за постојан и сигурен достап до сировини во други подрачја, за да ги задоволат своите сегашни и идни потерби за суровини и горива. Во разни временски периоди различни природни богатства добивале на значење јагленот, железната руда, нафтата (така на пр.во многу анализи на МО се истакнува дека Велика Британија успеала да ја изгради својата империја благодарејки на јагленот, кој и овозможи изградба на тогаш модерна индустрија.

Од сите суровини посебно значење има нафтата која во повоениот период стана темел на индустрискиот развој на скоро сите земји. Моќта на државите кои произведуваат нафта произлегува од фактот што повеќето индустриски држави зависат од нив во однос на резаервите на нафта и на природен гас. Во случаите со Иран и со Саудиска Арабија, „петродоларите„ од Западот помагаат во задржување на моќта на авторитарните лидери бидејќи обезбедуваат потрошувачки добра и услуги за локалното население. Иако САД се помалку зависни од Јапонија и од повеќето европски држави, повеќе од половина од американската потрошувачка е од странски извори. САД се богати со природни ресурси додека Јапонија е зависна од странските извори за повеќето суровини, но предноста на САД која е богата со суровини, е намалена поради фактот што таа е и најголем потрошувач на природните ресурси.

Со оглед на големото значење на нафтата во стопанскиот живот на секоја земја таа во многу случаи се искористувала како важно средство за постигнување на политички цели (на пр. на поширок меѓународен план дојде до израз во 1973г кога арапските земји ја употербија нафтата како средство за притисок на САД и Холандија, кои ја подржуваа и помагаа израелската политика во блискоисточната криза). Оттогаш членките на ОПЕЦ се повеќе ја координираат својата активност заради реализација на заеднички ставови кои немаат само економски карактер.

Нафтата има големо значење и во одржување на сојузнички односи (СССР како извозник на нафта и суровини можеше да го координира развојот на односите во СЕВ, односно Варшавскиот пакт, а членките на ЕУ настојуваат да реализираат заедничка политика во снабдувањето со нафта.

Иако денеска со развојот на техниката и технолигијата лугето можат поуспешно да ја надминуваат природно релативно сиромашните територии на кои живеат, богатството со ПИ не е без значење во односите помеѓу државите. Во зависност од развојот на

52

Page 54: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

матерјалното производство, растеше и опагаше значењето на поедини природни суровини. Една држава можеше да биде сиромашна ако немаше јаглен во времето кога јагленот беше основен извор на енергија за придвижување на индустриското производство. Во др услови, со развојот на др. извори на енергија, таа иста држава можеше да завзема водечко место во светското производство. Со развојот на производството на синтетички материјали, многу земји кои не располагаа со ПИ/суровини, стануваат значајни производители благодарејки на хемиската индустрија. Истовремено земјите кои располагале со тие природни суровини, го губат местото кое го имале на светскиот пазар (тоа посено е случај со производството на вештачка гума, земјоделско губриво и др).

Секое време на развој на цивилизацијата има свое технолошко обележје. Во зависнот од тоа, растеше и опагаше значењето на поедини природни суровини, што секогаш оставаше трага на односите меѓу државите. Државите во тежнението да ја јакнат својаата моќ и богатство, секогаш се труделе да ги поседуваат тие суровини во доволна количина. Доколку не можеле да ги добијат со размена во меѓународните економски односи, честа појава беше судирот со употреба на средства на принуда. Дури и во современи услови, на развиена технологија, натпреварот на државите да поседуваат извори на нафта, нуклеарни суровини, ретки метали потребни во ракетната техника, често битно влијаат на развој на односите како во регионални така и во светски рамки. Политиката на САД при деколониззцијата на Конго 1960 г во голема мера беше одредена од интересите на САД за нуклеарните суровини во Катанга.

ДЕМОГРАФСКИ ФАКТОР

ДФ понекогаш се смета за мошне значаен фактор во МО. Врз основа на некои аспекти на негово манифестирање се прават обиди да се согледа положбата и местото на одредена земја и да се определат можностите за нејзино понатамошно делување.

Во минатото често тн. демографска еластичност, која се гледа во природниот прираст на населението, се земала како оправдување и обраазложение за експанзионистичката територијална политика. Истакнувајки ја пренаселеноста и недостатокот од простор за нормален развој Јапан во 1931 се обиде да го оправда нападот на Кина, а слично тврдеше и Италија во времето на нападот на Етиопија. Високиот природен прираст многу одамна се зема како еден од битните показатели на државната моќ и врз основа на него се прават обиди да се определи политиката на одредена земја и нејзиното значење за МО.

Термините пренаселеност и демографска пресија треба прецизно да се определат. Секако дека ситуацијата е различна ако станува збор за земјоделска земја со помалку развиено земјоделство, а сликата е друга ако станува збор за земја која е на висок степен на стопански развој .

Развојот на повоениот свет е индикативен во тој поглед што некои држави, кои пред војната настапуваа како пренаселени и во кои тн. демографска пресија се истакнуваше како чинител/елемент на нивната политичка акција, во новите услови успешно ги решија своите проблеми. Ако како класичен пример на земја која имала проблем со пренаселеност се земе Германија, во која националсоцијалистичката влада се обиде тој елемент да го вгради во темелите на германската агресивна политика, после Втората светска војна се појавија двете германски држави Западна германија/СРГ и

53

Page 55: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Источна германија/ГДР коишто не само што немаа демографска пресија туку имаа и потреба за странска работна сила. Развојот на технологијата и правилно искористување на производните капацитети направи двете Германии да станат значајни имиграциски земји.

Во минатото за меѓународната политика податоците за бројот на населението на една земја имаше голема важност за проценка на нејзината воена сила. Тргнувајки од тврдењето дека “господ е на страната на големите батаљони”, се веруваше дека бројот на војници под оружје е најмеродавен критериум за евентуална победа. Дури со развојот на новата воена технологија почна да се менува гледањето на важноста на бројот на војници под оружје.

Некои од демографските показатели и денес имаат значаење. Ако се погледа старосната структура на населението на одредена држава, односно бројот на работоспособното население, можат да се извлекуваат понатамошни заклучоци за можностите на стопанскиот развој, но и за делувањето на држ на меѓ. план.

Во повоениот развој на МО значајно е и прашањето на демографското движење односно емиграцијата (преселување од татковината во странска земја предизвикано од различни причини – економски, политички, религиозни и др) и миграцијата на населението и нивните позитивни и негативни страни.

Како позитивни аспекти на емиграцијата се смета намалување на невработеноста, прилив на странски средства и извоз нз домашни производи (бидејки емигрантите се традиционално врзани за производите од својот крај), запознавање на работниците со подобра организација на работата, со модерната технологија и сл. што може да се примени при нивното вракање во татковината.

Во негативни аспекти може да се вброи одливот на мозоци. Стопанскиот и општествениот развој денес неможат да се замислат без високо стручни и научни работници, такашто денес се води во светот права натпревар помеѓу развиените земји, за нивно привлекување во една земја. Движењето на работната сила, пред се на стучни и научни работници, е индикатор на улогата и местото на одредена земја во во меѓународните економски односи и МО воопшто.

Имиграцискиот прилив на нови имигранти понекогаш е единствен можен начин за населување на одредени географски подрачја пр САД.Прашањето на асимилација на имигрантите, што е внатрешно прашање на државата, може да има змачење на МО.

Забрзаниот пораст на светското население е посебно чуствително прашање со оглед дека се работи за земји кои влегуваат во групата неразвиени земји во коишто стопанскиот развој е обременет со заостанатоста и колонијалното наследство, па не се очекува дека тие ќе бидат способни/кадри успешно да го рашат својот демографски бум. Тоа може да доведе до продлабочување на јазот меѓу богатиот Север и сиромашниот Југ.

Некои теоретичари на МО токму во демографската експанзија вака профилирана гледаат опасност за понатамошниот правец на развој на МО. Тие тврдат дека така пренаселени неразвиените земји, мора на некој начин да станат извор на меѓународни несогласувња и опасности, што се заедно може да води кон комплицирање на МО.

Се разбира дека проблемот не е само во бројот на населението, туку пред се во системот на производство и распределба. Во организирани средини, со примена на научно- технолошки достигнувања и примена на нови видови житарици може да се надминат некои од проблемите што ги носи збрзаниот природен прираст на населението. Исто така, и МЗ би морала да биде повеќе цврсто ангажирана со помош на своите инструменти, во прв ред ОН и нејзините специјализирани агенции-ФАО, (Food and agriculture organization) да го постави проблемот на равноправна распределба на добрата и

54

Page 56: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

усогласен/похармоничен развој на сите региони во светот како средишен проблем на економскиот и политички развој на современиот свет. На тој начин би се смалила опасноста од демогравскиот бум, а со зголемување на бројот на населението не би се зголемувал и продлабочувал јазот кој ги дели развиените држави и народи од неразвиените.

ЕКОНОМСКИ ФАКТОР

ЕФ е еден од најважните ф. на МО. Но тој често не се прикажува точно или намерно не се прикажува правото значење што го има економскиот фактор за МО. Оттука може да се зборува за две различни научни експликации.

Во првиот случај многу западни теоретичари, во своите теориски интерпретации, намерно го отстрануваат ЕФ, или го намалуваат неговото значење (во случаи кога на пр. истакнувањето на ЕФ во МО би укажало на експлоатацијата на помалку развиените земји и интересите на големите компании, па во такви случаи се истакнуваат некои неекономски чинители).

Исто така, кога се превземаат акции против ослободување на колониите или во ситуации на навлегување во суверените права на други држави се става акцент на неекономски чинители/елементи. Така се истакнува наводната неспособност на колониите за самостоен живот или во случаите кога империјалистичките сили интервенираат во внатрешниот развој на малите земји, како причина се наваедува одбрана на демократија или порано потребата од спречување на комунистичката опасност. Иако овие теориски експликации беа врзани за времето на студената војна, погрешно е да се мисли дека во подобриот развој на МО тие исчезнаа.

Во вториот случај на погрешно прикажување на ЕФ станува збор за предимензионирање на неговото значење во МО. Тоа тн. економистичко сфакање на МО поаѓа од претпоставката дека МО се во својата суштина верна копија на економските збиднувања, па оттука ЕФ во сите ситуации и средини има првенствено значење. Така се создаваат теории кои треба да го покажат влијанието на ЕФ како одлучувачко, дури и во оние ситуации каде не е ниту еден ниту најглавен фактор.

Сеопфатното сфакање на МО смета дека општествено-економскиот фактор е одлучувачки во последна инстанца, но тоа незначи дека на МО не влијаат и други фактори како природни така и општествени кои се всушност одредени од економската база и чинат надградба над таа основа (пр. политички или правен фактор).

Влијанието на ЕФ на МО, односно до посебни врски и влијание на економијата на меѓународната политика доаѓа во времето на капитализмот. Таа тн. економизација на МО настапува со зголемувањето на кругот на субјектите, со примена на економски средства како инструменти на поширока политичка акција, така што економијата е цврста позадина на политичкото делување.

Во прецизирањеро на местото и значењето на ЕФ во МО, сепак понекогаш е тешко да се определи точната врска помеѓу економскиот потенцијал не една држава и нејзиното влијание на другите субјекти на МО (пр. во периодот од 1925-30г во светски рамки економски најсилни беа 1. САД, 2. Германија, 3. Велика Британија, 4. Франција, 5. СССР, 6. Италија и 7. Јапонија додека во поглед на политичкото влијание на истите држави на меѓународната средина редоследот беше Франција, Велика Британија, Италија, Германија, СССР, Јапонија, САД).

55

Page 57: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Има примери кога политичкото влијание што го има една земја ја надминува нејзината економска развиеност (пр. Индија со својата динамични наворешна политика и политичко влијание кое го има на меѓународен план го надминува својот економски степен на развој ).

ПРАВЕН ФАКТОР

Кога зборуваме за ПФ се поставува прашањето дали можат во така разнолични и богати односи помеѓу различни субјекти да делуваат правни норми и дали тие ја ограничуваат слободата на политичкото делување.

Покрај различните мислења во теоријата и праксата на МО сосема е извесно дека улогата на правото е во пораст и дека во современиот развој на МО постои појака правна регулација на одредени односи од меѓународен карактер.

До јакнење на улогата на правото дојде особено во втората половина на 19иот век.Создавањето на Лигата на народите како прва меѓународна политичка организација

значеше продор на мирот во доменот на политичките односи, кои дотогаш се наогаа во надлежност на државата. По Втората светска војна ООН почна правно да ги нормира начините на однесувањето на државите, тргнувајки од некои најважни прашања врзани за опстанокот на човештвото (зачувување на мирот и прашањето на меѓународната безбедност) па се до развиени облици на сестрана меѓународна соработка (специјализирани агенции на ООН).

Погрешни би било да се смета дека со јакнење на ПФ во МО, се ограничува слободата на државите на меѓународен план. Пред се, правните прописи кои ги прифака одредена држава не се наметнати туку нив ги прифатила самата држава. Прописите на меѓународното право настануваат како израз на волја на различни држави, кои тие однапред ги прифатиле и се договориле дека ќе ги почитуваат.

Во праксата на меѓународниот политички живот се поставува прашањето можат ли прописите на меѓународното право да бидат прописи? Бројните кризни ситуации во кои се кршат нормите и непостоење на ефикасни санкции одат во прилог на тие сомненија. Негирањето на прописите на меѓународното право, се развиле во минатотот особено кај германските филозофи и правници. Така на пр. Хегел сметал дека неможат да постојат никакви правни прописи кои би ја ограничувале државата, а Пухта-оснивач на историско-правната школа бил уверен дека правото може да постои само во државата. Отука за меѓународното право можеше да се извлече заклучок дека е тоа само елемент на моралноста.

Забелешките кои се ставаат на меѓународното право, односно на можнооста од негово постоење и примена во односите помеѓу различни држави, поаѓаат од постарите сфакања кои се обидуваа да ја согледаат улогата на меѓународното право во МО правејки аналогија на улогата на правото во државата и во МО, занемарувајки ги бројните особенодти на МО. Така во согласност со теријата на поделбата на внатрешната власт на законодаавна, извршна и судска се бараа исти такви облици во меѓународното право. Така критиките на меѓународното право најчесто се сведуваат на истакнувањето дека:

● Во МО нема некој повисок законодавец, што значи дека не постои ни право задолжително за државите членки на МЗ

56

Page 58: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

● Во МО нема сеуште делотворни санкции

● Сеуште е низок моралниот и културниот степен на развој на светот, па не успеало да се создаде некое право кое би делувало меѓу народите и во денешната пракса тоа не може да биде прифатено.

Ако би се обиделе да одговориме на овие критики, како контраргумент би можеле да истакнеме:

● Дека меѓународното право е посебен дел на правото и дека тоа ги обврзува државите во меѓусебните односи. Иако нема некој посебен законодавец меѓународното право може да настанува по обичаен пат, а освен тоа државите со своите активности на меѓународен план, особено со склучување на меѓународни договори, сами го создаваат правото-значи настапуваат во улога на законодавец

● Точно е дека во МО нема некои цврсти санкции кои би можеле да обезбедат стриктна примена на меѓународното право со сила, иако во системот на ООН и во создавање на системот на колективна безбедност, се прават обиди да се остварат такви односи во кои државите би можеле навистина да сметаат на делотворна примена на колективни санкции.

● Нискиот морален и културен степен на современиот свет и делувањето на субјекти кои се на различен степен на својот развој не може да се прифати како теза, бидејки очигледно е, а и во минаатото се потврдило дека и во различни општества можат да функционираат одредени правни норми.

Во современтата фаза на развој на МЗ доаѓа до се поголемо поврзување на различни држави, до иницирање на многу контакти така што соработката претставува главна содржина на односите на меѓународен план. Оттука правниот фактор на МО токму во регулирање на таквите содржини има полна можност на својата примена. Елементите на заедништво и соработка стануваат се позначајни, а со самото тоа и потребата врз основа на равноправно договарање и доброволно прифакање да се бараат правни прописи за усогласување и понатамошно развивање на широка меѓ соработка.

ТЕХНОЛОШКИ ФАКТОР

Динамичниот развој на науката и техниката, што е една од главните карактеристики на современиот свет го чини технолокиот фактор (ТФ) на МО.

За МО технологијата односно ТФ е значаен како контекст на човековото однесување и развој на МЗ.

За истражувачите на МО не е можно да го пренебрегнат на пр. пронаогањето на радарот, не како технолошки пронајдок туку од аспект на неговото значење /влијание на понатамошниот развој на воената сила и на нејзиното демонстрирање во војна. Слично е и со повоениот развој на атомското, хидрогенското, нуклеарното па антинуклеарното оружје кое, посматрано во контекст на пошироко политичко делување, укажува на

57

Page 59: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

зависноста на технолошкиот развој, военостратегиските доктрини и надворешнополитичките потези на главните актери на меѓ односи.

До Втората светска војна не се обрнуваше поголемо влијание на ТФ. Дури за време на војните кога се виде дека дека појаката технологија победува, порасна интересот за влијанието на ТФ/технологијата на развојот на МО. Со трката во вооружување за време на студената војна која доведе до создавање на средства за масовно уништување, технологијата, односно нејзината политичка манифестација, стана составен дел на посматрањето на најважните политички збиднувања.

Основни обележја на ТФ се:

⮚ ТФ е кумулативен односно постои континуитет во пронајдоците и новите откритија кои се основа за изнаогање на нови посовремени пронајдоци. Симултани откритија, особено во современиот развој на науката и техниката се ретки.

⮚ Во технологијата постои и посебна акцелеративност (забрзување, поспешување), што се гледа во фактот дека знаењето/науката и техниката се развиваат многу побргу отколку поединците и нациите. Проф. Џулијан Хаксли, бивш директор на УНЕСКО, се обиде таа брза трансформација да ја изрази со математичка формула, според која, ако се земе во вид фактот дека епохата во човековиот развој е оној период во човековата историја во кој некој важен пронајдок предизвикува длабоки промени во човековиот живот, тогаш може да се утврди дека од почетокот на палеолитот до следното доба требало милион години. Од неолитот рокот до следната епоха е смален на десетици илјади години, а во тн. историска етапа една епоха трае еден век/100 год. Во 20иот век тој распон од една технолошка етапа до друга, односно од еден голем пронајдок до друг, се смалува на 10 години (радио и тв, радиоактивноста, разбивање на атомското езгро и др).

Неочекувано брзо технолошки напредуваа земји кои во многу тешки услови постигнаа високи резултати пр. СССР, Јапан, Кина.

⮚ Технолошкиот развој во својата динамика е неизбежен што има свои позитивни и негативни страни. Гледајки ја мирнодопската технологија на пр. примената на атомската енергија во цивилни цели, може да се заклучи дека таквиот понатамошен развој може да ја подобри положбата на човекот. Но усовршувањето на военото атомско оружје чии сведоци сме ние одзема милјарди долари кои би можеле да се употребат во многу покорисни и похумани цели.

⮚ Развојот на технологијата е дифузен, што значи дека знаењето, особено денес, многу брзо се шири од земјата на пронајдокот. Било какво спречување на ширење на таквите пронајдоци/сознанија се покажало неуспешно.

Посматрано во историски развој, технолошките пронајдоци особено влијаеле на ширење на европската мок. Развојот на поморството и навигациските инструменти придонесе за голем поморски продор на Европјаните на другите подрачја/континенти, а терра инцогнита благодарејки на тие пронајдоци и освојувања постепено се губеше. Супериорноста на европјаните во вооружување, можноста лесно да освојуваат и одржување на покорноста на одалечените поседи и народи ширум светот овозможија јакнење на капитализмот а потоа и империјализмот. Скоро цела Африка, дел од Азија,

58

Page 60: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

острови во Пацификот и Индискиот океан беа во рацете на 7 европски држ: Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Португалија и Шпанија. А токму благодарејки на колонијалните поседи сите тие земји ги развиваа и јакнеа своите позиции и на внатрешен и на надворешен план.

Први промени на таквата состојба, посматрано повторно од технолошки аспект настапија после Првата, а особено после Втората светска војна кога европјаните го насочија оружјето против себе и големата воена технологија ја искористија за разурнување.

Процесот на деколонизација ги уништува некогашните колонијални империи градени токму со помош на модерната технологија.

Забрзаниот развој на науката и техниката влијаеше на проширување на подрачјето на соработка и под тоа влијание настанаа нови подрачја на меѓунхародни контакти (соработка во железничкиот, воздухопловниот и бродскиот сообракај, телекомуникации, ТВ соработка). Така настанаа нови подрачја на меѓународното право кое ги опфака прашањата на соработка на тие специјалистички полиња, а доага до ширење на специјализирани меѓународни организации, универзални или регионални.

Значајни промени внесе технолошкиот развој на облиците на меѓународното комуницирање што се гледа во дипломатската служба. Кон крајот на 18 век на претставникот на САД во Франција, Бенџамин Франклин, му требаа 5 месеци да се јави на својата вклада и да добие понатамошни инструкции, бидејки толку траеше патот на курирот. Во такви ситуации амбасадорот беше препуштен сам на себе и на своите интуиции и во рамките на општо дадените упатства мораше самостално да делува. Во денешниот свет на развиена техника дипломатите побрзо ги пренесуваат важни информации добиени од својата држава/влада, подобро се контролирани, а можноста за директен контакт со министерот за надворешни работи или дури и со шефот на државата, влијае на измена на положбата на дипломатите. Тоа влијае и на смалување на слободата и самостојноста на делувањето на дипломатот, така што денес понекогаш се вели дека амбасадорите се претвориле во службеници покрај телефон, а некои автори истакнуваат дека дипломатите денес не би биле потребни да не ги измислело минатото.

Но таквите размислувања ја забораваат ширината на денешните меѓународни контакти. Иако благодарејки на можноста за брзо и лесно комуницирање, важните и осетливи прашања се решаваат на повисоко ниво од амбасадорското, несмее да се заборави, дека дипломатските претставништва се важни места низ кои проагаат, или се контролираат, сите главни врски помеѓу поедини држави.

Развојот на писменоста и средствата за масовна комуникација - весниците, радиото, телевизијата значајно влијаеше на јавност на МО. Преку постојано известување тие се приближени до најшироките народни маси. На тој начин се создадени можности за развој на одредено јавно мислење во однос на меѓународните збиднувања, кое дури и ги преминува границите на одредена земја.

Технолошкиот развој во голема мера влијаеше на усовршување на обавештајната/разузнавачката дејност и до класичната улога на разузнавачот.

Технолошките критериуми денес се земаат како важни показатели на националниот престиж на поедина држава и нејзиниот статус во МО. Тоа посебно доага до израз во најголемите држави, кои не жалат средства токму преку своите технолошки достигнувања да ги покажат предностите на својата политика и сопствениот модел на развој.

59

Page 61: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

ВОЕН ФАКТОР

Воениот фактор (ВФ) во МО, сфатен како можност на употреба на воениот потенцијал, имал и во минатото и денес , големо значење за развојот на МО.

Во времето кога војната беше дозволено средство на решавање на меѓународните спорови, кое го дозволуваше и меѓународното право (јус беллум), и кога од политичка гледна точка војната беше нормално продолжение на политиката со помош на други средства, воената сила беше средишна компонента која влијаеше на разрешување на спорните проблеми во МО.

Современиот развој на МЗ, постоење на одредени правни норми, но и развојот на воената технологија со уништувачки размери, влијаат на тоа војната како средство на комуницирање да се елиминира од меѓ живот и државите да пристапуваат кон мирно решавање на своите спорови . Но и покрај постоењето на постоечките правни одредби со кои се забранува војната и создавањето на различни системи на регионална или поширока колективна безбедност, факт е дека и во денешниот свет воената сила има има голема важност за секоја држава и токму од воената сила произлегува и одредена поширока политичка концепција која се настојува да се реализира на меѓународната сцена.

По својот квалитативен состав денешната воена сила е битно различна од минатите фази на развој на МО. Денес имаме поделба на држави /армии:- кои располагаат со значајно количество на нуклеарно оружје (САД и Русија)- армии кои имаат значајно количество на нуклеарно оружје (Франција, Велика Британија, НР Кина, Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја),- на држави чии армии наскоро можат да бидат опремени со нуклеарно оружје- на држави кои од економски или политички причини немаат во план изградба на свој нуклеарен воен потенцијал .

Во повоениот свет вооружувањето, и покрај изјавите, декларациите и резолуциите од унилатерален, билатерален и мултилатерален карактер за ограни;уванје на вооруЃувањето, стана основно обележје на развојот на МО, а постојаното зголемување на издатоците за вооружување, посредно или непосредно, влијаат на општиот развој на економските, социјалните и политичките процеси на современиот свет.

Досегашниот процес на вооружување се развиваше напоредно со својата антитеза – разоружувањето, кое го следеше општото движење на МО.

Забрзаниот развој на новата воена техника и воено-политичката поларизација во времето на студената војна доведоа до создавање на низа воено-политички доктрини со кои се правеа обиди да се обликуваат и воените и политичките задачи во согласност со повоениот развој на светот:

⮚ Доктрина на нуклеарно застрашување ја развија САД во периодот на поседување на атомскиот монопол, кои сметаат дека со поседувањето на атомска бомба ке го дисциплинираат СССР

⮚ Доктрина на тн. масовна одмазда-американска воена доктрина (откако и СССР се стекнаа со атомско оружје се создава заедничко застрашување иако не рамномерно) со која се прави обид да му се заканува на СССР, ако делува спротивно на американските интенции. Тоа беше обид на генералите од Пентагон во новите услови на взаемно

60

Page 62: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

застрашување да пронајдат доктрина со која би можеле да ги остварат офанзивните политички цели.

⮚ Доктрина на равнотежа на страв – која тврди дека процесот во вооружување, посебно јакнењето на нуклеарните сили, не му се заканува на мирот. Напротив се тврдело дека тоа го јакне светскиот мир, бидејки плашејки се една од друга, двете страни непрекинато ке ги јакнат своите нуклеарни арсенали а нема да се осмелат истите да ги употребат.

⮚ Доктрина на ограничени нуклеарни војни – се истакнува дека употербата на ограничени видови нуклеарно оружје во одредени ситуации е можно (ако се загрозени американските интереси, а тие подрачја не се во вклопуваат во средиштето на светската политика).

⮚ Доктрина на ескалација – доби значење во времето на виетнамската војна. Со нејзе се сакше да се степенува употребата на средствата и со зголемување на воениот притисок да се принуди виетнамскиот народ да се предаде.

Сите тие доктрини настанаа како резултат на новиот развој на воената техника и постојаната оценка на вредноста на силата на сопствените и противничките вооружени сили. Заради развојот на воената техника војната не беше како во минатото средство со кое се присилува послабиот да ги прифати наметнатите услови. Употербата на воената сила на најголемите држави, односно нивно конфронтирање во светски судир, е незамислива. Така, советскиот адмирал Ќапошников парафразирајки го Клаузевиц кој рече дека војната е продолжение на политиката со други средства, истакна дека во новите услови мирот е продолжение на конфликтите само на друг начин, мислејки дека без оглед на на облиците и содржината на можното судирање во нуклерното доба, тоа никако не смее да добие облик на војна.

НАЦИОНАЛЕН ФАКТОР

НФ е тешко да се определи токму заради различните елементи, објективни или субјективни, кои се врзуваат со припадноста на поединецот на поедин народ.

Во Европа до формирање на нации дојде со распагање на феудалниот систем. Развојот на капитализмот надвор од Европа доведе до развој на националната свест и настанување на нациите во Азија и Африка, што влијаеше на движење на МО, рушење на империјализмот, деколонизација и создавање на нови држави кои со својата независна и неврзана политика настојуваа да се отстрани зависноста, хегемонијата и експлоатацијата од МО.

Со настанокот на нациите, се јавуваат и националните држави, кои до денес претставуват облик на државно организирање на нациите, па често нацијата и државата како поими се изедначуваат. Но не смее да се заборави дека не може секогаш нацијата да се идентификува со државата затоа што е можно неколку народи да живеат во една држава или еден народ да има две посебни држави Северна и Јужна Кореа.

61

Page 63: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Во некои анализи на НФ се истакнува дека најпостојан и најцврст показател на една нација е заедничкиот јазик и дека тој истовремено може да служи како индикатор за постоење или непостоење на одредена нација. Но и тука постојат исклучоци од тоа правило, иако во Европа процесот на формирање на нации течеше врз основа на тоа што населението прифакаше воглавно еден заеднички јазик - белгискиот народ кој зборува 2 различни јазика- фламански и валонски; 60 милиона население на Нигер зборува 50 различни јазици; во голем број земји јазикот на колонизаторот останал главен, официјален /службен јазик.

Ни државните граници на поедини земји не одговараат потполно на разместувањето/распространувањето на сопствениот народ. Во историјата на МО има примери на конфликтни ситуации кога матичната држава ги ограничувала правата на националните малцинства или националните малцинства делувале иредентистички барајки да се припојат/приклучат на својата матична држава. По Првата и Втората светска војна се преселувани поедини народи како би се намалиле такви можности на делување и би се зајакнала националната компакност на одреденаат држава.

Праксата покажува дека кога меѓудржавните односи се добри прашањето на националните малцинстава се решава лесно. Во конфликтни или лоши односи мегу државите националните малцинства стануваат жртва преку која се прекршува службената политика, односно не е можно развивање на нормални односи.

Националната култура е вториот важен елемент на собирање на еден народ без оглед каде се наога и заедно со јазикот создава една цврста интеграциска подлога.

Од делувањето на НФ треба да се разликува национализмот кој како одредена идеологија е исклучив и шовинистички поставен према др народи, при што се преувеличува вредноста на сопствената нација.

*

* *

Секои од овие ф. во одредени ситуации и средини влијае на МО. Без оглед дали се работи за објективни или субјективни тие се постојано опкружување на меѓународниот политички систем и влијаат на однесувањето на главните субјекти/актери на МО. Заради бројноста на факторите на МО, формите на нивно манифестирање, разликите кои постојат помеѓу нив, нивната постојаност и променливост не може да се направи една систематизација која би дала трајна скала на делување на факторите во сите ситуации и во сите средини.

На овие фактори можат да им се додадат и други како на пример религијата, тероризмот и еколошкиот фактор.

Религискиот фактор сосема јасно е еден од мошне важните фактори на МО, со оглед на силата на религијата и црквената организација која ја користеше во разните фази на развојот на општеството.

Во 60тите години мошне интензивно почнаа да се применуваат акти на поединечно насилство, кое иако имаше узори во минатото, во наше време постигна посебно ниво. Со цел да постигнат различни цели, силите кои се определија за такви активности, нивните акции, интереси и решенија кои сакаа да ги изнудат со употерба на насилство, посматрачите на МО од тој период би можела да ги води кон анализа на специјален фактор –тероризмот во МО.

62

Page 64: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Посматрајки ја сегашноста а уште повеќе перспективата на МО и проблемите кои ги предизвикува постојаниот пораст на различни човечки активности, може да се зборува за опасностите кои стојат пред човештвото во облик на постојано уништување на човековата околина. Оттука се во право оние автори кои, веке денес ги проматраат тие збиднувања како манифестација на еколошкиот фактор во МО, истражувајќи ги состојбите, причините и последиците.

Факторите на МО ги исполнуваат со содржина МО, даваат основни карактеристики на меѓународната заедница во поедини фази на нејзиниот развој и истовремено претставуваат основна граѓа за науката за МО.

Глава 6

СУБЈЕКТИНАМЕЃУНАРОДНИТЕОДНОСИ

Поимно определување на субјектите на МО

Просторот и полето во кои постојат МО, многу писатели го споредуваат со сцена или арена каде се движат носителите на дејствијата. Оттука и не зачудува што во странската литература, особено онаа на англиски јазик, често основната единица во МО, оној субјект кој влегува во нив, се нрекува актер. И во нашата литература може да се најде овој назив (главни актери на блискоисточната криза).Но, најчесто во нашата

63

Page 65: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

литература се зборува за субјекти, субјективни чинители, учесници во МО и др, но ние се определуваме за терминот субјект иако и тој не е без мани.

Определувањето на терминот/називот за помот за којшто зборуваме треба да ја наговести суштината на прашањето за кое се расправа кое може да се постави и поконкретно: што е субјект на МО и кои се се субјекти на МО?

Пред да одговориме на овие прашања би морале да напоменеме дека субјектите на МО не се исто што и субјектите на меѓународното право иако овие два поима се поврзани бидејки правото мора да ја следи општествената стварност. Субјектите на меѓународното право се баараат со одговорот на прашањето кој може да биде носител на меѓународните права и обврски додека за субјектите на МО е одлучувачка способноста за изворно и вистинско делување во светски рамки.За постарите теоретичари на МО прашањето за субјективитет во МО воопшто и не се поставува затоа што тие меѓународните односи ги дефинираат исклучиво како односи помегу државите. Ваквото сфаќање беше разбирливо во времето кога проучувањето на МО само што почна да се развива особено во 19етиот век, но и пред и по тој период во МО самостојно учествуваа и актери кои не беа држави (пр. царства територијално помалку вообличени, католичката црква и др.).

Но, на светската сцена со секој нов степен на општествениот развој се јавуваат нови субјекти. Ова особено важи за периодот по Првата светска војна кога на светската сцена се појавија определени асоцијации, движења и пред се меѓународни организации познати под поимот актери на МО. По Втората светска војна и во денешното динамично и сложено време постојат многубројни и различни субјекти на МО. Тие се своевиден одговор на сложеноста на современите односи на меѓународната сцена, но и влијаат на настаните во неа.

Субјектите/актерите всушност се оние организми и механизми кои ги иницираат, водат и насочуваат сите активности во меѓународните случувања. Науката за МО овие организми и механизми ги дефинира како субјекти/актери на МО од чие дејствување произлегуваат самите МО.Субјектите на МО се многубројни и разновидни; тие имат различни полиња на дејствување; имаат свои карактеристики и различни позиции и улоги во МО.

Особини на субјектите на МО

Во најопшта смисла, во субјекти на МО ги вбројуваме сите единици, учесници или носители на активности во МО.Констатацијата дека постојат многубројни и разновидни субјекти на МО не е доволна за да помогне тие лесно да се дефинираат и да се класифицираат во светската политика.За да се определат видовите субјекти, односно да се одговори на прашањето кога одредена единица (организирана група на луѓе, организација, заедница, ентитет и сл.) станува субјект на МО, потребно е да се утврдат основните особини кои таа единица треба да ги има.Вообичаени (кои се подразбираат ) особини на субјектите на МО се:

⮚ Организираност - што подразбира организација и постоење на средиште на одлучување. Групата на луге мора да биде организирана така што да може да создава одлуки кои се припишуваат на целокупната заедница, т.е. да има средиште на одлучување. Организираноста претпоставува дека одвивањето на МО и

64

Page 66: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

градењето на меѓународната заедница (МЗ) се свесни и целесеобразни активности на актерите на светските настани.

⮚ Независност - непреченост во одлучувањето од страна на другите субјекти. Субјектот на МО мора да биде независен од другите такви субјекти пред се од некоја држава. Независноста на субјектите на МО е однос на еден субјект кон другите субјекти. Многубројните субјекти во МО развиваат помегу себе специфични односи на независност при одлучувањето. Независноста како особина му припага на секој субјект на МО, без разлика дали во дадени моменти на донесувањето на одлуките тие се во поголема или помала мерка слободни и автономни во своето дејствување. Вистинската независност во меѓународното делување не се остварува прку формално прокламираната независност, ниту преку апсолутната независнот на субјектите на МО.

⮚ Меѓународен карактер - активностите и односите на таквиот субјект да ги преминуваат границите на една држава. Значи субјектите на МО треба да бидат меѓународни субјекти, а не оние кои учествуваат во рамките на политичките системи кои не се меѓународни.

⮚ Политичко значење - субјектот да е носител на политички интереси и да е способен за политичка акција. Со оглед дека МО пред се се подразбираат меѓународни политички односи, субјектите на тие односи мора да бидат политички релевантни, што значи дека можат да се оквалификуваат како носители на политички интереси кои се способни за политичка акција.56

Би можеле да заклучиме дека субјекти на МО се: носители на одредени дејности и збиднувања карактеристични за МО т.е. тоа е секој носител на некоја активност која влијае на МО во позитивна или негативна смисла. Критериумите кои ги одредуваат субјектите се:

● Свест и намера нешто да се стори или не

● Последиците на таквата акција мора да имаат меѓународно значење.

Видови субјекти на МО

Во литературата субјектите на МО најчесто се делат на: национални, меѓународни и транснационални субјекти.

Национални субјекти се оние чија организација е територијално ограничена со една држава. Типичен пример за национален субјект во МО е државата. Она што ја разликува од другите субјекти на МО е дека таа е организирана на одредена меѓународно признаена територија, дека има свое население и легитимно располага со политички, економски, правни, воени и други средства и инструменти за примена на одредени правила и правото, како и за заштита (безбедност и дбрана) на своето население, територија, општественото уредување и други вредности.

56 Dimitrijevic I Stojanovic , Medzunarodni odnosi,83-86.

65

Page 67: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Меѓународни субјекти настануваат со здружување на државите и државните организации (односно луѓето преку своите држави ) и државите се нивни членки.

Транснационални субјекти настануваат со здружуање на луѓе од различни земји без посредство на нивните држави заради задоволување на своите интереси кои не можат или е комплицирано да ги остварат преку национални или меѓудржавни субјекти. Тука спаѓаат: меѓународни невладини организации, транснационални политички движења, транснационални верски организации, танснационални стопански организации и др.

Покрај државата која е најстар и сеуште најглавен носител на меѓународни дејствија/активости кругот на субјекти го сочинуваат и :

o Меѓународни организации - владини и невладини o Мултинационални компании o Политички движења од меѓународен карактер o Црквата и религиски движењаo Нациитеo Група на луѓе o Човекот како поединец.

ДРЖАВАТА КАКО СУБЈЕКТ НА МО

Државата претставува еден од најзначајните и најмоќните носители на меѓународните активности. Некои автори, имајќи го во вид нејзиното место и улога на меѓународен план, сметаат дека државата е и единтвениот автономен и автентичен субјект на МО.

Модерниот меѓународен систем постои околу 500 години. Пред тоа луѓето беа организирани во мешани политички единици како држави-градови, империи, феудални поседи. Во последниве 200 години се шири идеата дека нацијата- група луѓе кои делат чуство на национален идентитет кој вообичаено го вклучува јазикот и клтурата- треба да имаат нивна сопствена држава. Повеќето големи држави се нации-држави но, од времето на Втората светска војна, и процесот на деколонизација во Азија и Африка се јавија многу нови држави, од кои многу не можат да се сметаат за држави-нации. Главен извор на конфликт и војна во сегашноста е токму честото несогласување помегу чуствувањето, рзбирањето на нацијата и актуелната државна граница.

Независноста од бившите колонии и распадот на големите мултинационални држави на повеќе помали држави ( СССР, Чехословачка, СФРЈ) го зголеми бројот на држави во светот. Бројот се менува бидејќи некои ентитети се делат, а некои се соединуваат (двете Германии).

Некои политички ентитети не се стриктно држави и не се признти како такви иако често се нарекуваат држави, на пример, Тајван остров кој се смета за интегрален дел на Кина, а во пракса е независен па така сегашниот статус му е нејасен. Сеуште постојт колонии и поседи чии што статус може да се промени во иднина, на пример Порто Рико-УСА, Бермуда-Британија, Мартиник-Франција.

66

Page 68: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Државите се, секако, еден од најзначајните меѓународни субјекти. Во минатото државите беа главен субјект на МО. Но од почетокот на 20иот век се јавуваат и други субјекти. Имено промените што настанаа и го обележаа 20иот век се рефлектираа и во сферата на МО во кои како субјекти се појавија и меѓународни организации, народи, партии, групи на луѓе и сл. Но, дејствувањето па дури и постоењето на меѓународните организации и на други ичесници во МО во значајна мера зависи од односот на државата/ите кон нив.

Главната улога во меѓународните односи и политика и натаму им припаѓа на државите. Државата е територијален ентитет населен со население и контролиран од влада која

не одговара на повисок авторитет; има суверенитет на нејзината територија (носи и извршува закони, собира даноци и сл.). Како основна и најважна единица во МО државата поседува неколку основни елементи кои ја разликуваат од останатите меѓународни субјекти.

Според правната теорија секоја држава ја обележуваат 4 основни елементи - атрибути на државата:

⮚ Население

⮚ Територија

⮚ Власт

⮚ СуверенитетСама територија без население не може да биде држава (на пр. Антартикот);

населението само по себе, исто така, не може да биде држава (на пр. колониите или протекторатите); но самата влада може во дадени ситуации да биде без територија и држава (на пр. владите во бегство кои се признаваат само во исклучителни ситуации, како што е војната). Тоа значи дека само при постоење на сите овие елементи/услови можеме да зборуваме за држава.

1.Население

Населението на една држава го сочинуваат луѓето кои постојано живеат на нејзината територија. За МО од значење се квантитативните и квалитативните обележја на населението бидејки луѓето се субјективниот елемент на државата и тие се носители на сите општествени односи, па значи и на меѓународни односи. Во денешниот свет постојат околу 200 држави помеѓу кои постојат големи разлики во бројот на нивните жители. Според бројот на населението државите се делат на големи и мали држави-Кина и Индија наспроти минијатурните држви како што се Сан Марино и Монако. Само 23 држави во светот кои имаат население над 50 милјони сочинуваат 75% од светската популација. Тука спаѓаат: Кина, Индија, САД, Индонезија, Русија, Јапонија, Пакистан, Бангаладеш, Нигерија, Мексико, Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Иран,Турција и др.

Бројот на населението традиционално се зема како еден од основните показатели на моќта на државата иако самиот број на населението не зборува многу за влијанието коешто државата го има во МО. Во одредени временски периоди кога физичката работна сила била значаен фактор во производниот процес и бројот на војници во освојување

67

Page 69: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

победа, бројот на населението имал особено значење за моќта и улогата на државата во МО/МЗ. Но процесот на индустријализација, комјутеризација и автоматизација на производниот процес, како и модернизацијата на оружјето го релативизира значењето на бројот на населението како фактор на сила и моќ на современите држави.

Во однос на значењето на населението и неговото влијание за местото на државата во МО битни се и квалитативните обележја на населението:- Старосната структура (го покажува бројот на активното работно население)- Карактерот на население (градско, рурално - укажува на степенот на урбанизација) - Писменоста и степенот на образованието (ветува поголема продуктивност и подобро искористување на населението)

Во теоријата на МО особено внимание се посветува на националниот состав на населението. Во тој поглед државите можат да се сведат на 3 групи:

- национално хомогени држави - населението во пополност или во огромно мнозинство припаѓа на една нација (пр. Данска, Јапонија со исклучок на мал дел луѓе кои имаат корејско или друго потекло, поголемиот дел од јапонското население има ист јазик, историја, култура, физички карактеристии и национален идентитет)- )

- национално нехомогени/мултинационални - населението е составено од повеќе нации или нејзини делови. Швајцарија е еден пример на релаитивно успешна мултинационална држава која е составена од швајцарци кои зборуваат германски, француски, италјански или романски (јазик кој е сличен со латинскиот јазик на Римската империја и се задржав кај едно малцинство во Швајцарија). Неуспешни примери на мултинационални држави се Советскиот Сојуз и поранешна Југославија/СФРЈ. - држави чиишти национален состав е тешко во сегашниот момент да се определи. Оваа група има две подргрупи: новонастанати држави чие население усеуште не ја рзвило националната свест и сеуште во голема мера племенски се определува (примери на такви држави можат да се најдат во Африка како резултат на самоволното повлекување на границите и сферите на влијание од страна на некогашните колонијални сили ).Во втората шпдгрупа спаѓаат имиграционите држави, чие насечение главно го сочинуваат доселениците од други држави и нивните потомци. Обележјето на овие држави е во тоа што доселениците не се задржуваа долго во национални групи според своето потекло, туку се мешаа и се „претопуваа„ под влијание на заедничка култура.

Постојат две или повеќе држави во границите на една единствена држава како на пр. Чехословачка, која беше создадена од сојузничките сили по Првата светска војна, од една територија која беше дел од победената Авдсто-Унгарија. Физички исти луѓе, Чесите и Словаците имаа ист јазик и покрај одреден број протестанти и евреи, повеќето од популацијата беа католици. Но, постоеа значајни разлики во културата во однос на засебите развои во период од приближно 50 години. Се сметаше дека одделните идентитети на Чесите и оние на Словаците се многу повеќе од само етнички разлики, кои во 1993 година доведе до официјален распад на Чехословачка на две посебни нации-држави Чешка и Словачка.

Друг пример на бинационална држава која сеуште е целосна е Белгија со нејзините национални групи кои зборуваат различни јазици фламански и француски. Белгискиот крал кој се смета за белгиец, не е ниту Фламанец ниту валонец. Како шеф на државата, белгискиот крал го симболизираа белгиското национално единство. Негова улога е да превзема конкретни чекори за да помогне да се одржи некој степен на обединетост помеѓу Фламанците и Валонците. Истовремено белгиската влада се подели во посебни групи на

68

Page 70: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

институции кои им служат на оделни фламански и валонски национални групи. Дури и универзитетите се поделени долж националните линии. 57

Канада е уште еден пример на бинационална држава составена од две национални групи кои зборуваат англиски и француски. Чувството на национално единство како Канаѓани, покрај националната разновидност, придонесува за одржување на целосноста на земјата. Проблематично за националното единство е кога еден говорител на англиски јазик или говорител на француски јазик се смета за припадник на друга нација.

2.Територија

Државите се основани на територија. Државната територија е дел од просторот (копно, вода, воздух)58 којаја ја населува и користи населението и која се наоѓа под власт на владата на таа држава. Територијата на држвата е една од основните разлики помеѓу современата држава и бројните средновеквни творби. Големината, квалитетот и географската положба на државната територија често се третираат како извор на државната сила и во МО, бидејќи тие посредно укажуваат на нејзините можности за снабдување со суровини, карактерот на индустрискиот развој и употребата на воениот простор. Територијалното групирање е дамнешна особина на човечките општества за кои територијата исполнуваше низа важни функции. Врз основа на тие функции се создадени и мерила за опишување и споредување на државните територии како што се:а) Големината на територијата која квантитативно се изразува во обемот на нејзината површина, а не со волуменот на вкупниот простор кој го завзема. Во поглед на големината на територијата постојат воочливи разлики помеѓу државите. Така големите држави –Канада, САД, Кина, имаат територија од над 9 милијона км, додека малите држави како Сан Марино со 61 км или Монако со 1,5 км имаат спорен статус и не се сметаат секогаш за субјекти на МО.б) Квалитет на територијата ја подразбира економската вредност на земјиштето, подземјето, водата и подморјето.Во минатото под квалитет се подразбирал односот пому обработливата и необработливата земја. Подоцна се земаа во вид условите кои постоеја за сточарствоСо развојот на индустријата јакне улогата на територијата како извор на суровини кои на светскиот пазар добиваат поголемо значење. Откривањето и експлоатацијата на нафтата прави пресврт во меѓународното значење на пустинските земји како на пр. Саудиска Арабија, Кувајт и др. Потребата за некои суровини (нафта, уран) станува позначајна за сметка на други суровини (јаглен), а добива на значење подморјето чии минерални богатства може да се искористуваат. Стратегискиот аспект на државната териротија често се сфака како државна сила- снабдување со суровини, употреба на воен простор. Стратегиското значење на квалитетот на територијата се сведува на еден вид економско. Имено, во криза или вооружен судир добива посебено значење земјоделската и суровинската самодоволност на територијата (во подобра положба ке биде државата која има основа за доволно производство на храна

57 Каупи, 50158 Со вода (мориња и океани) е покриена приближно седумдесет (точно 70,80 проценти од вкупната земјина топка (510.072.000.000 км2, а остатокот од околу 29,2% на земјината шовршина ја сочинува сувоземна територија. Цитирано според: Златко Исаковић,Становништво и територија као елементи политичке моћи у међународним односима.

69

Page 71: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

и разновидна суровинска база, која овозможува непречено снабдување со суровински материјал).в)Географската положба е единствена за секоја држава и се однесува на нејзината положба на планетата замја (државите пред се се опишуваат по местото кое го завземаат).Во МО положбата на државата, како покажува историјата, има различни последици:

- ги одредува соседите (според тоа видот на влијание кои ќе го трпат)- учеството во светскиот пазар- изложеност на вооружени нападиСе смета дека државите сместени на главни комуникациски правци, се во

поповолна положба да играат посредничка трговска улога, но затоа пак се загрозени со големи миграциски промени и воени походи.

Големината, квалитетот и географската положба на државната територија често се третираат како извор на сила и моќ на државата во МО, бидејќи овие карактеристики посредно укажуваат на нејзините можности, на пример, за снабдување со суровини, карктерот на индустрискиот развој, стратегиското значење и сл.

Очигледно е дека територијата со своите погодни или непогодни услови има влијание врз статусот и улогата на секоја држава во МО. Но тој елемнт не смее ниту да се потценува ниту да се апсолутизира. Постојат бројни примери на држави со голема териорија но со мало значење и улога во МО (пр. Афричките држави). Почитувањето на територијалниот интегритет за сите држави во признаените граници е важен принцип во МО. Многу од денешните граници се резултат на минатите војни (во кои победниците земале територија од победените) или биле наметнати арбитрарно од трети страни како на пример колонизаторите. Овие граници создаваа мнногу проблеми-поделба на нации или етнички групи во различни држави, создавање држави кои ќе немаат ресурси или излез на пристаниште и сл. И покрај овие несовршенства во меѓународниот систем најголема вредност се дава на почитувањето на меѓународно признатите граници.

3.Организирана власт

Постоењето на организирана државна власт (влада) која го контролира населението и територијата е значаен елемент во секоја современа држава. Владата е избрана и организирана во согласност со националното законодавство, а надворешните работи се водат преку посебни органи. Постојат случаи кога одредена влада од различни причини не може ефикасно да ја контролира ситуацијата во својата земја. Доколку тоа се однесува исклучиво на внатрешната ситуација како на пример во случај на побуна или револуција, постоењето на државата не се доведува во прашање се до моментот додека не дојде до поголемо ангажирање на странски сили.

Во историјата на МО има примери кога се признава влада која ја изгубила контролата над својата земја и се наоѓа во избеглиштво (пример - Полската, Југоловенската, Норвешката влада за време на Втората светска војна).

Исто така, можно е од определени политички причини да :- не се признае влада која навистина ја контролира територијата и населението (долгогодишно непризнавање на Кина од страна на САД)- се признаваат формални претставници на влади кои престанале да постојат и чие население и територија влегле во состав на други држави (американско признавање на дипломатските претставници на балтичките држави).

70

Page 72: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Владата го организира политичкиот живот во земјата и располага со политичка власт. Но мора да се има во вид дека секоја државна заедница е и одредена стопанска целина заснована на одредени начела на општествено-економскиот развој. Освен податоците за општествено-политичкото уредување, кои мораат да ги земат во вид политичките и економските компоненти, важни се податоците за економскиот развој на поедина држава, нејзината поврзаност со другите држави, располагњето со суровини, системот на економско и општествено планирање. Сите тие показатели можат да укажат каква е силат на поедина држава.

4. Суверенитет

Во МО суверенитетот се зема како факт и владите се третираат како легални претставници на државната заедница без оглед на забелешките кои можат да се стават во поглед на вистинскиот досег на сувереноста. Својата сувереност државата може да ја манифестира на внатрешен и надворешен план. Жан Боден ја дефинира сувереноста како највисока власт која не признава ниедна друга повисока власт од себе. Меѓутоа, особено по Втората светска војна, е многу тешко тој критериум да се примени на сите формално самостојни државни заедници. Имено во поглед на надворешната сувереност која се однесува на меѓународните односи државите заради својот политички ангажман, прифатените обврски, како и заради внатрешната и меѓународната ситуација се приморани да ја жртвуваат својата сувереност. Но, без оглед на забелешките кои можат да се дадат во поглед на вистинскиот опсег на сувереноста и сите облици на нејзиното манифестирање во МО, сепак сувереноста во МО се зема како факт.

Современата форма на државноста е поврзана со сфаќањето на суверенитетот. Во прво време тој означувал неограничена моќ на монархот. Со Вестфалскиот мировен договор од 1648 година започнува периодот на современиот систем на МО, заснован врз взаемното признавање на правната еднаквост и независност на секоја држава. Во 18тиот век започнува новата фаза во развојот на државите со преминување на суверенитетот од монархот на суверенитетот на нациите/државите. Се формираат националните држави кои во текот на 19иот век се протегаат на најголемиот дел од европскиот простор. Во 60тите години на 20иот век, како резултат на националното будење и антиколонијалните движења и борби, ваквите форми на држави се прошируваат и на другите континенти ( на пр.Африка). Така земјите/државите од тнр. трет свет се јавуваат како суверени и независни држави во МЗ, односно субјекти на МО.

Има случаи кога сосема е очигледно дека одредена држава не располага со суверенитет. Можни се и случаи на полусувереност или тн. поделена сувереност (пр. Гдањск меѓу двете светски војни, слободната територија Трст по Втората светска војна, Монако). Постојат мислења/гледања дека во современиот свет не е можно постоење на потполна и неограничена сувереност бидејки тоа би било противречно на било какви можности за регулирање на МО и создавање на било какви рамки на организиран меѓународен политички систем. Надворешниот државен авторитет не може да биде сосема неограничен, бидејки тогаш не би постоело никакво право меѓу државите. Правните правила што државите ги прифатиле не произлегуваат од некоја власт надвор од државата, туку државата врз основа на сопствена процена доброволно ги прифатиле и се спремни да ги почитуваат во своите односи со другите субјекти во МО.

71

Page 73: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

МЕЃУНАРОДНИ ОРГАНИЗАЦИИ

Меѓународните односи како динамични процеси кои се одвиваат во МЗ, исклучително се зголемија и со својата комплексност налагаат покрај активноста на државата формирање на нови институции кои ќе можат:

-да ја унапредуваат соработката (економската, политичката и општествената)-да помогнат во решавање на меѓународните конфликти-да обезбедат или помогнат во обезбедување на сопствената одбрана и

националната безбедност.За реализирање на вакви задачи државите ги здружуваат своите сили, што

придонесува за позитивен развој на МЗ и нејзино поцврсто поврзување и создавање услови за добро функционирање на меѓународниот политички систем.

Меѓународните организации се јавуваат како субјекти на современите МО. Тие се меѓународни субјекти кои настануваат со здружување на државите и државните организации (односно на луѓето преку нивните држави. Тие претставуваат вид меѓународно здружување преку кое повеќе држави, влади или други чинители во светот ги уредуваат и регулираат своите меѓусобни релации и донесуваат одлуки во врска со нив. Меѓународните организации се организирани системи на односи помеѓу членките со свои соодветни органи.

За поимот меѓународни организации нема усогласена дефиниција. Така проф. Андраши ги дефинира меѓународните организации како заедница на повеќе држави основана со меѓународен договор, која има сопствени органи, а служи за постигнување на заеднички определени цели.59 Според Обрен Рачиќ и Војин Димитријевиќ меѓународните организации се трајни облици на институционализирано општење на три или повеќе држави, основани со повеќестран договор, со посебен статус и постојани органи, во рамките на кои, на начин предвиден со статутите и другите акти на организацијата, се одвиваат процеси на мултилатерално преговарање и заедничко одлучување на државите членки во соодветни области на меѓународната соработка.60

Меѓународните организации имаат свои органи кои претставуваат средиште на одлучување и преку кои организацијата делува како субјект на МО и меѓународното право. Правна претпоставка за постоење на меѓународна организација е нејзиниот статут (кој стапува во сила со ратификација од потребен број на држави). Фактичка претпоставка за постоење на меѓународните организации е да се формирани главните органи и да започнале со работа.

Во современиот свет порастот на бројот на меѓународните организации е резултат на повеке фактори:

● Државите не се веќе самодоволни во економски, културен, општествен па и политички поглед и нужно бараат можности за здружено делување

● Развојот на воени и технички средства ја сруши претставата за затвореност и излираност на државата што се одрази на подготвеноста на државите за склучување на поцврсти контакти

59 Ј.Андраши, Мегународно право, Загреб.60 О.Рачић, В.Димитријевић, Међународне организацје, „Современа администрација“, Београд, 1988, стр.17.

72

Page 74: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

● Создавањето на социјалистичките држави, студеновоената поларизација на воените, идеолошките и политичките сили доведе до блоковско поврзување кое доведе со создавање на меѓународни организации на Исток и Запад

● Во современа фаза на развој на МО, во која од конфликтни односи се преминува на односи исполнети со взаемно корисна соработка, најголем број држави сакаат да делуваат активно во разни меѓународни организации кои што се покажаа како корисни инструменти на усогласено делување и решавање на меѓународните проблеми.61

Бројот на меѓународни организации се зголеми петократно по Втората светека војна-1945 година, досигнувајќи бројка од 500 меѓународни владини и 5000 невладини организации (НВО). Во просек, на секои пет дена се формира една НВО во светот.62

Различните дејности на меѓународните организации и различните интереси кои ги задоволуваат, даваат содржина на фактот дека меѓународните организации се посебни субјекти на МО, чија воља, цели и постапки не можат во потполност да се припишат на ниеден друг субјект.63

Меѓународните организации се делат на:o Меѓународни владини организации o Меѓународни невладини организации

А) Меѓународни владини организации

Меѓународните владини организации се најстариот вид меѓународни организации. Членки на меѓунарондните владини организации се државите кои делуваат врз основа на меѓународен договор – статут. Државите учествуваат во активностите, телата и органите на меѓународните организации преку свои службени претставници. Ови органи не се појавуваат како некое наддржавно или супранационално средиште кое би можело да носи одлуки независно од волјата на државите членки.

Меѓународните владини организации се делат на: Универзални – формирани на светко ниво. Во надлежност на овие организации се сите прашања од значење за сите земји во светот и на човечкиот род воопшто. Најафирмирана универзална меѓународна владина организације е ООН и нејзините специјализирани агенции (УНЕСКО, ФАО и др.)Регионални – се формираат на регионално ниво. Целта им е да вршат усогласување на интересите на државите од еден регион и да градат заедничка политика за сите прашања што го засегаат животот на регионот (ОБСЕ, НАТО и др.)

Б) Меѓународни невладини организации (НВО)

61 Radovan Vukadivoić, ibid., стр.10862 Joshua S. Goldstein, International Relations, HarperColins , 1996, str.269.63 V. Dimitrijević i R. Sojanović, ibid., стр.120.

73

Page 75: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

НВО се транснационални субјекти на МО кои ги исполнуваат сите услови кои се бараат за субјектите на МО, но од другите се разликуваат по тоа што во нив се собрани луѓе од различни држави, без посредување на нивните држави.Овие организации претставуваат здруженија на групи и поединци од различни држави, чии цели не се лукративни, те. не се состојат во стекнување на добивка.64 НВО се залагаат за интересите на своите членови или за општи интереси и цели.

Можат да имаат различни карактеристики:-организации на политички странки/партии на разни држави-меѓународни хуманитарни организации кои исполнуваат значајни функции во време на војна и мир (Лигата на црвениот крст и црвената полумесечина, Доктори без граници)-професионални организации кои се бават со пропаѓирање или унапредување на одредени активности (светска федерација на здружение за ООН, меѓународен сојуз на есперантисти, светски филателистички сојуз, меѓународно здружение за заштита на животни и др.

Пред Првата светска војна имаше 176 НВО. Во 1956 година нивниот број беше близу 1000, а во 1970 година околу 2000. Во 90тите години на 20иот век бројката се зголеми на 26000.

Меѓународните НВО се разликуваат меѓусебе според големината, структурата, дејноста и задачите. Сите имаат карактеристики кои ги разликлуваат од државите и од меѓувладиниете организации. Основно оружје на НВО во меѓународните односи/меѓународната политика е мобилизација на светското јавно мислење, а метод на постигнување на значајните цели е вршење притисок ма меѓувладините организации (пред се ООН) и непосредно врз определени држави. Така делуваат Гринпис (Греанпаеце), Амнести интернешнел (Амнестѕ Интернатионал), Меѓународната федерација за правата на човекот и др. (овие организации често се нарекуваат меѓународни групи за притисок).

Многу НВО тврдат дека делуваат како „глобална совест”, застапувајќи ги широките јавни интереси. Иако не се избрани по демократски пат, понекогаш тие помагаат да се создадат нови норми преку непосредно вршење притисок врз владите и бизнис лидерите за да ги изменат ставовите (стратегиите).

Невладините организции се залагаат за решавање на различни прашања. Меѓународниот договор за забрана на употреба на нагазни мини беше резултат на соработката (базирани на интернет) помеѓу невладини организации, влади на држави со средна моќ, како Канада, политичари и познати личности како принцезата Дијана. За глобалните прашања на сиромаштијата, рок-звздите и НВО работеа заедно за да извршат притисок за бришење на долгот на сиромашните многу задолжени земји. Прашањата од екологијата се прашања кои се од интерес на голем број НВО. Улогата на НВО беше важна како канал за комуникација меѓу делегациите во расправите околу глобалното затоплување, во Кјото 1997г. Проектот Ливе Еартх на поранешниот потпретседател на САД Ал Гор, организираше 24 –часони концерти во седум главни градови низ светот, во 2007 година. Овој настан ја обедини светската јавност во настојувањата да ги убеди владите да превземат дејства во врска со климатските промени.

НВО го мобилизираат јавното мислење и го градат чуството на обичните луѓе дека тие можат да влијаат во разрешувањето на крупните и значајни меѓународни проблеми.

Некои теоретичари ги сметаат не-државните субјекти како терористичките групи и криминалните организации како невладини организации.65 Терористите често тврдат дека

64 Ибид., стр.122.65 Види:Пол Р.Виоти и Марк В. Каупи, Меѓународни односи и светска политика-бзебедност, економија , идентитет, Академски печат, Скопје 2009, стр.15.

74

Page 76: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

претставуваат поголем број на луѓе, додека транснационалните криминални организации се фокусираат на потесни економски интереси, вклучувајќи се во политиката само кога постои закана за нивните нелегално стекнати профити. Во минатото терористичките активности имаа локлен карактер, најчесто ограничен во рамките на една држава. Понов феномен е глобализација на тероризмот од страна на групите како Ал Каеда, за чиишто следбеници се смета дека дејствуваат во повеќе од 60 држави.

МЕЃУНАРОДНИ СТОПАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Големо влијание во МО имаат и меѓународните стопански организации кои се познати како транснационални компании или мултинационални компании (МНК). Тоа се сите компании, корпорации или слични економски организации чија основна цел е остварување на профит и кои имаат меѓународен карактер по:- составот на нивниот капитал- составот на управувачките тела и - меѓународната распространетост.

Иако нема егзактна дефиниција за МНК, тие се големи корпорации кои што дејствуваат истовремено во повеќе држави преку своите филјали, а седиштето/центарот на управување и одлучување се наоѓа во една од тие држави. Заради својата економска моќ и ресурси тие се многу моќни на светската сцена.

По правило, овие организации се во добри врски со својата влада, односно со владата чии капитал е најголем .Тие се вклучени во внатрешната политиката како на земјата каде е седиштето така и на земјите домаќини каде се браншите (деловите), односно филјалите (друштвата - керќи) на мултинационалните компании (МНК).

Односот помеѓу меѓународните стопански организации те. мултинационалните компании и државата е сложен и овие два субјекта на МО влијаат еден на друг. МНК лобираат кај владите за политики кои ќе им обезбедат зголемување на профитабилноста на бизнисот во странство. Од друга страна владите на домашната земја (државата каде што е седиштето на МНК) и земјите домаќини (државите каде се филјалите) ги употребуваат МНК како инструменти за нивните надворешно политичко делување/стратегии.

Политичкото делување на МНК потекнува од исполнување на нивната основна цел остварување на профит, која се состои во користење на економската моќ заради подржување на оние политички сили во државите кои ќе им обезбедат најповолни услови за работење. Преку свои луѓе во транснационалните компании можат да дојдат до истакнати позиции во владата, или пак моажат да потпомагаат такви движења во националниот развој кои најмногу одговараат на нивните интереси. На пр.голема била улогата на фирмата АРАМЦО во напорите да се конзервираат општествено-економските односи во Саудиска Арабија. МНК ја користат економската моќ и им даваат подршка на оние политички сили во државите кои можат да им служат на нивните интереси. Кога се во прашање големи добивки или големи ризици, политичката акција на МНК е комбинирана и со брутални интервенции.

Најеклатантен пример на мешање / интервенција во политиката на земја домакин е дејствувањето на Меѓународната телеграфска и телефонска компанија/корпорација (ИТТ) во Чиле. ИТТ превзема бројни организирани акции да го спречи доаѓањето на власт на претседателот Аљенде, а покасно и да го свргне/смени, затоа што тој сакаше, а потоа и

75

Page 77: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

спроведе национализација на значаен дел од имотот на таа компанија во Чиле. Од објавените документи се гледа и поврзаноста помеѓу ИТТ и некои установи на САД (бившиот директор на ЦИА бил еден од членовите на Извршниот одбор на ИТТ ). 66

Интервенцијата заврши со воена хунта со генерал Пиноче на чело, концентрациони логори, илјадници мртви и исчезнати чилеанци и убиство на претседателот Аљенде.

Активностите на МНК се фалат но и се осудуваат, зависно од тоа како се гледа на нивното делување.67

Како позитивни страни на делувањето на МНК се истакнуваат:- Динамичен развој на светското стопанство- Воведување на побрза модернизација- Потикнување на технолошкиот развој на поедина земја- Надминување на тесните граници на националниот пазар и извоз- Забрзување на научноистражувачката работа.

Но делувањето на МНК има и негативни страни. Мултинационалните компании :- доведуваат до нестабилност на стопанството- ја зголемуваат диспропорцијата во развојот на поедини/одделни сектори- активно делуваат во конзервирање на постоечките општествени и политички односи во одредени држави - активно делуваат врз одржување на неоколонијалистичките врски и односи во новоослободените земји - во развиените земји МНК ја смалуваат можноста за делувањето на синдикатите; ја подвојуваат работничката класа и ги отапуваат нејзините организирани форми на борба.

Како расте опсегот и моќта на МНК, разбирливо се јавува и загриженоста дали тие не ја поткопуваат способноста на суверените држави да ги контролираат своите економии, а со тоа и својата судбина. Дали е можно МНК да ја разнишаат основата на сегашниот меѓународен систем? Или овие прашања за влијанието на МНК се засновани на паушални оценки па оттука се неосновани?68

Државите преку правната регулатива, даноците па дури и национализација на цели компании, настојуваат да го спречат преголемиот раст на МНК со цел да имаат контрола на нивното делување.

Како независни субјекти на меѓународната сцена МНК се многу моќни. Само 25 држави во светот имаат БНП поголем од заработката на најголемите МНК (на пр. Генерал Моторс, Форд, Еџџон. Големите/гигантските МНК придонесуваат за глобалната меѓузависност. Тие се толку длабоко испреплетени во голем број држави така што имаат интерес за стабилен меѓународен систем како во безбедносните работи така и во трговските и монетарните односи.

Ние не живееме во свет без национални граници, но меѓународните активности на МНК се движат во тој правец.69

66 Види повеќе: A. Sampson , Sovereiдn State. The Secret History of ITT, London, Hodder and Stoughton, 1973.67 Види повеќе: Charls W.Kegly, Jr. & EugeneR.Wittkopf, World Politics, Trend and ransformation, (Sixth Edition), St. Martim Press, New York, 1997, str. 191.68 Ибид. стр.193.69 J. Goldstein, ibid., str. 384.

76

Page 78: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

РАЗЛИЧНИ ДВИЖЕЊА

Различни движења се своевидни субјекти на МО без оглед дали имаат организиран облик на делување во институционална форма или не.

Иако во нив не учествуваат државите, силата на меѓународните движења е понекогаш голема, а можностите на нивното делување се протега во најразлични делови на светот.

Меѓународните политички движења собираат луѓе од различни националности и државјанства кои тежнеат кон усвојување на поширока политичка идеологија, учење или програма (меѓународни политички интернационали - комунистичката интернационала, социјалистичката интернационала и др.) и се залагаат за нивно усвојување и остварување во цел свет.

Овие движења тежнеат за промени во меѓународната политика. Тие веруваат во предноста на определени општествено-политички системи, кои веќе постојат или треба допрва да се воведат.

Организацијата на меѓународните политички движења не е толку едноствна и јасна како што е тоа случај кај меѓународните невладини организации. Припадниците на движењето се по правило многу поприврзани кон движењето отколку членовите на НВО.

Најкарактеристични меѓународни политички движења, кои се и субјекти на МО, се меѓународните политички интернационали (комунистичките интернационали, социјалистичката интернационала).

Во времето на Студената војна, кога дојде до општа политичка поларизација, дојде до распаѓање на меѓународни организации кои можеа да се наречат и политички движења (пр. синдикалната организација се подели на Светска федерација на синдикати (источна) и Меѓународна федерација на слободни синдикати (западна).

Има движења кои немаат изразито политички обележја на акциите кои ги превземаат (движења против нуклеарни експерименти, движења кои се залагаат за светскиот мир).

Специфична категорија на движење е Светската ционистичка организација која е партнер на државата Израел, која е важен меѓународен актер, кој има големи можности на делување со оглед на распротанетоста на Евреите и хроничната запаливост на блискоисточната ситуација.

Се претпоставува/проценува дека огромен дел од светската популација се членови на религиски/верски движења (политички активни организации засновани на силни верски убедувања. Во теоријата, религијата се смета за природна светска сила за меѓународно единство и хармонија, но во името на религијата милјони луге умреа. Во Крстоносните војни, меѓу 11иот и 14иот век, загинаа/умреа милјони Христијани и Муслимани, додека во религиозните конфликти за време на триесетгодишната војна (1618-1648) помегу Католиците и Протестантите загинаа близу една четвртина од сите европјани.

ЦРКВАТА КАКО СУБЈЕКТ НА МО

Верската припадност беше и остана многу значајна во МО. Луѓето во светот силно се групираат врз верска основа. Ова групирање има големо влијание врз реализацијата на

77

Page 79: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

МО. Може да зборуваме за два облици на организирање врз верска основа: верски движења во светот кои се поврзани со определени верски учења и сами по себе не се субјекти на МО и црквата, односно институционалниот облик на изразување на верски чуства.

Некои религии немаат хиерархиски организирана црква или имаат амо национални организации и водачи. Други пак успеале да создадат светска црква на чело со органи на кои верниците им се покоруваат. Во овој случај станува збор за вистински субјекти на МО.

Во раните епохи на човековата историја за односите помеѓу државите големо значење имала религијата и црквата. Односите на европските држави во средниот век носат обележја на религиски судири и војни (крстоносните војни меѓу христијанските и муслиманските држави). Верската исклучивост и нетолеранцијаОневозможувале воспоставување на нормални односи помеѓу државите со различни религии.по Вестфалскиот мир од 1648 година со кој е завршена триесетгодишната војна помегу протестантите и католиците во Европа (1618-1648), воспоставена е рамноправност на верите во Европа. Зад оваа рамноправност, меѓутоа, воспоставена е рамнотежа на силите во Европа, чие функционирање станувало се побитно за оносите на европските држави. Впрочем зад верските судири секогаш постоеле јасни интереси на државите, кои произлегувале од меѓузависноста во даден момент.

Историското искуство покажува дека не може и не смее да се игнорира влијанието на религијата и црквата врз МО. Тие се значајни во мобилизирање на масите и создавање непријателски чувства кон општетвените групи кои припаѓаат на друга религијаВо зависност од организираноста различни цркви различно се присутни како субјекти во МО. Нјмоќна е католичката црква, а другите цркви далеку заостануваат позади неа по обем на меѓународна организираност и цврстина на структурата.

Протестантската црква има релативно слаба кохезија, нејзините акции не се поврзани па можноста за нејзино влијание во МО е доста скромно.

Православната црква - во својата традиција имала добри односи со политичката власт, но со време го изменила тој однос.Со избувнување на Октомвриската револуција голем дел од Православната црква се става на страна на активните непријатели на новата власт или чекаа понатамошен развој на настаните.

Во годините на Вторта светска војна Православната црква се јавува како значајна национална сила која го заговараше и будеше патриотизмот кај рускиот народ во борбата против фашизмот и помагаше во одбрана на земјата, што доведе до менување на ставот на власта спрема црквата.

Покасно Руската Православна црква стана ангажирана во борбата за мир, што ја зајакна државната помош и односите спрема нејзините акции во земјата.

Католичката црква има најголема можност за делување како субјект на МО со оглед на големиот број католици распространети по светот (повеке од 960 милиони) како и на традиционално добрата организација. Таа се заснива на развиен систем на правила и има строга хиерархија. Поглаварот на црквата Папата до 1870 година беше и световен владетел на еден дел од Италија. Од 1929 година Италија ја призна сувереноста на Ватикан. Со оглед на минијатурната територија и безначајниот број на неговото постојано население Ватикан/Светата столица не може да се смета за држава, но католичката црква е несомнено субјект на МО, бидејки има светски центар на одлучување, не е потчинет на неден друг субјект на МО, ужива предаденост на голем број луѓе од цел свет и непосредно стапува во односи со други субјекти на МО.

78

Page 80: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Ватикан/ Светата столица склучува меѓународни договори со други држави тн. Конкордати со кој се регулира положбата и правото на католиците и католичката црква во таа држава . Ватикан одржува дипломатски односи со други држави и е член на меѓународни организации.

Католичката црква може значајно да влијае на јавното мислење особено во средините каде е традиционално силна така што често политичките партии во своето име или програма ја истакнуваат припадноста на католичката вера (на пр. тнр. демохристијански партии во Италија и Германија).

НАЦИЈАТА КАКО СУБЈЕКТ НА МО

Нациите се, исто така, значаен субјект на МО. Нивното влијание во МО е особено видливо кога одредена нација се бори за остварување на својата државност (пр. до Првата светска војна во Европа кога многу формирани нации бараа можност за создавање на свои национални држави).

Во дел од новоослободените афрички држави нациите или племињата беа носители на антиколонијалната борба и покасно станаа главен елемент во изградбата на новата државност.

Нацијата може да делува како субјект на МО и кога не постои соодветна државна организација. Освен во моментите на антиколонијалната борба, кога нациите со својата активност се вклучија во поширокиот процес на распагање на колонијализмот, нацијата може да делува во правец на менување на постоечките односи во одредена државна целина развивајќи сепаратистичка политика. Таквите активности можат понекогаш да ги прејдат рамките на внатрешни прашања на одредена држава и да станат дел на регионалните проблеми на МО, бидејки предизвикува поместување во политичко територијалната карта и на распоредот на силите во тој регион што се рефлектира не само на односите во тој регион туку и во пошироката МЗ. создавањето на нови држави значи формирање и појава на нов субјект во МО.

ГРУПА НА ЛУЃЕКАКО СУБЈЕКТ НА МО

Групи на луѓе во поедини држави влијаат на МО преку надворешната политика на својата држава и тогаш стануваат значајни субјекти на МО. Тие главно делуваат во рамките на прифатената концепција за развој на државата и нејзината надворешна политика, но во поедини случаи, со цел да реализира некој свој посебен интерес, може да превземат и чекори кои излегуваат од општите рамки на надворешнополитичкиот курс на државата.

Синдикалното раководство на големите синдикати, во некои западни земји имаат влијание на надворешната политика. Во времето на интензивирање на непријателските односи на релација Исток-Запад американските синдикални централи беа носители на антикомунистичкот курс, уверени дека на тој начин ги остваруваат пошироките цели на американската политика, но ги остваруваат и економските интереси на американското синдикално движење. Оттука војната во Кореа и агресијата на Виетнам беа подржани од раководствата на големите синдикати.

79

Page 81: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Врвот на воената елита е втората важна и влиателна сила која може да се нарече група на луѓе која има можност, благодарејки на модерниот развој на воената технологија и улогата што ја има воената сила, да се појави како важен субјект, особено во одредени ситуации

Во новонастанатите земји војската се појавува често како единствен солидно изграден механизам кој функционира, па оттука произлегуваат и воените хунти во Латинска Америка кои станаа вградени во нестабилниот политички живот на тоа подрачје и беа доказ за длабоките општествено-економски тешкотии на одредени држави.Во ситуации кога доаѓа до спрега на одредени национални воени сили со странски, извесно е дека таквата дејност ги преминува локалните рамки и им овозможува на воените групи да се појават како носители на одредени промени, најчесто од конзервативен карактер, но кои можат да имаат важни меѓународни последици (пр. во Чиле војската делуваше координирано со американската).

Во САД военоиндустрискиот комплекс е многу силен и има силно влијание врз надворешната политика на САД. Со оглед на тоа што политиката на САД е во средиштето на МО, сосема е извесно дека и влијанието на овој комплекс се чувствува во динамиката на меѓународните збиднувања.

ЦИА може да се смета за субјект на МО:- заради карактерот на своето глобално делување- влијанието кое го има на креаторите на надворешната политика- средствата со кои располага.ЦИА делувала мошне самостојно, дури без посебно одобрување на највисоките политички тела во ситуации кои можеле да имаат витално значење за одржување на светскиот мир (пр. испраќање на шпионскиот авион У-2 воочи на планираниот париски состанок; организирање на акција против Куба во 1961 г.).

ЧОВЕКОТ ПОЕДИНЕЦ КАКО СУБЈЕКТ НА МО

Во теоријата на МО постојат различни мислења за улогата на поединецот како субјект на МО.

Во анализита на дипломатското делување се става акцент на индивидуалните карактеристики на поедини лица оттука се извлекуваат заклучоци за влијанието што одреден државник како индивидуа го имал на својата средина, односно на улогата на поединецот во креирање на важни политички одлуки.

Други анализи сметаат дека однесувањето на државата на меѓународен план е врзана, пред се, за донесените одлуки, па затоа треба да се анализираат актерите и процесот на донесување на одлуки

Кај креаторите на политиката би требало да се проучи нивниот систем на вредности, ставови, темперамент, рационалност, културни вредности, идеолошка припадност и др, што би требало не само да го прикаже неговиот лик, туку тоа би трбало да ги објасни и предвиди МО.

При индивидуалното ниво на анализа на МО се зема улогата и значењето на поединецот. Во 1991 година садам Хусеин бил пресуден фактор во Заливската војна, како што во Ирачката војна 2003 година бил Џорџ В. Буш. Во кубанската ракетна криза во 1962 година Џон Ф. Кенеди и Никита Хрушчов се соочија со можноста од нуклеарна војна, така

80

Page 82: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

што крајната одлука во врска со војната беше во нивни раце.Но, на ниво на индивидуи не може не може да се објасни од кои причини тие се нашле во таква сиутуација.

Дел од поновите политиколошки анализи, кои го проучуваат делувањето на креаторите на надворешната политиика, ја потенцираат здравствената состојба на поединецот (под влијание на здравствената состојба ги посматрале/примале сите збиднувања) тн. Политичка патологија - државниците тешко можат да се тргнат од политичкиот живот и покрај лошата здравствената состојба.

Во современиот свет на развиени средства на комуникација и луѓето како поединци стануваат се позначајни носители на јавното мислење за кое мора да водат сметка и најсилните влади. Човекот како поединец има свој став и однос према збиднувањата како на внтрешно така и на надворешнополитички план. Во случај на неочекувани и најчесто неповолни политички промени поединецот јавно го изразува својот став. Кога реакциите на поединците ќе се соберат доаѓа до пошироко спогодување помеѓу поединците кое може да се нарече јавно мислење. На тој начин се создава заедница во која се појавува човекот поединец, граѓанин кој заедно со останатите може да делува во одредени моменти, изразувајќи задоволство или незадоволство, а може да иницира и некои потполно нови акции. Поединецот преку јавното мислење добива можност да го изрази својот став за одредена состојба или политика. Ако таквите реакции ги прејдат границите на земјата може да се зборува за меѓународно јавно мислење (разни мировни акции, антинуклеарни движења и др.)

Глава 7

МЕЃУНАРОДНАЗАЕДНИЦА

Меѓународната заедница (МЗ) е средишна категорија на сите теориски анализи на МО. Овој термин е се поприсутен тво праксата на МО. Но, и покрај неговата распространетост, теориската и практична примена терминот МЗ различно се сфаќа, а во некои средини се прават напори тој да се отстрани. МЗ е термин којшто науката за МО го превзема од меѓународното право и оперира со него.

Поим и различни термини

Во обидот да се изнајде адекватноста на терминот меѓународна заедница (МЗ) може веднаш да се забележи дека во согласност со значењето на самиот поим “заедница” во класичната социологија, овој назив подразбира постоење на вредности и интереси кои се заеднички на сите припадници на заедницата,те. извесен степен на лојалност на членовите кон заедницата, (во овој случај државите кои секако се најважни составни делови на МЗ).

Припадноста на некоја заедница нужно имплицира и заеднички интереси, цели и вредности на сите членки кои би овозможиле постојано одржување и развивање на нивните взаемни врски и односи.

81

Page 83: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Во услови на хетероген и децентрализиран систем на МО тешко е да се инсистира на постоење на лојалност или заеднички интереси и вредности на членовите на МЗ ( во МЗ делуваат повеќе од 200 држави различни по територија, индустриски развој, воена сила, општествено-политичко уредување, географска положба и др.).Некои теоретичари застапуваат теза дека денес, а и во догледна иднина неможе да се зборува за постоење на МЗ (меѓу државита постојат разлики и недоверба што се заедно би можело да води до конфликтни ситуации).Тие не веруваат дека во МО е постигнат потребен степен на интеграција и предаденост на деловите спрема целината за да може да се зборува за МЗ, па го употребуваат терминот меѓународно општество кое е: - полабилно во интерните врски и - претставува пат кон далечна цел која условно би можела да се нарече МЗ.

Меѓународното општество е збир на различни групи во кои сеуште доминира индивидуалноста на членовите, секоја држава настапува со свои индивидуални барања и потреби, а кохезиските врски се сеуште слаби и минимални, односно државите скоро и да немаат заеднички односи и врски.Во меѓународното општество се работи за постоење и непрекинато делување на збир од различни држави кои можат да се окарактеризираат повеќе како случајни учесници во некои благо интегрирачки збиднувања.Шварценбергер (Сцхњарзенбергер) смета дека неможе да се зборува за МЗ бидејќи таа не постои. Според него општеството се заснива на интерес, недоверба и страв, а заедницата бара самопожртвување, самоодредкување, љубов и доверба што ги нема во денешните МО.

Светска заедница

Приврзениците на терминот светска заедница акцентот го ставаат на универзалното сфаќање на светот те. при набљудување на меѓународната средина сметаат дека треба да се појде од универзалноста на денешниот свет.Норвешкиот проф. Матхисен (Матхисен) тврди дека на пр. светот е интегриран во толкава мера такашто секое збиднување, без оглед каде се случило се рефлектира во вкупноста на МО. Ова е особено случај кога станува збор за делување на големите сили или поголеми промени во меѓународните односи, што сосема јасно автоматски ќе се рефлектира во вкупноста на врските, без оглед за кое место станува збор.

Светско општество

Светско општество е термин кој се употербува ограничено и го подразбира човештвото во целина во било кој период на неговиот развој.Според теоретичарите кои го употребуваат овој термин целото човештво може да се посматра како едно општество, со свои сопствени особини, кои се менуваат и развиваат.Овој терми претставува кредо на светските федералисти, кои сметаат дека во МО уште денес може да се создаде светска федерација која би ја сочинувале сите држави на светот и која би требала да овозможи елиминирање на сите негативности на денешниот развој, а посебно нестабилноста и војната.

82

Page 84: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Меѓународен систем

Терминот меѓународен систем е од понов датум.Означува збир на варијабли кои имаат свои правила во однесувањето на државите и специфични карактеристики.Мортон Каплан (Мортон Каплан) го дефинира меѓународниот систем како интегрирана целина со различни степени на кохезија - збир на независни политички единици кои зачестено делуваат едни на други и во согласност со усталени процеси. .

Британскиот професор по Меѓународни односи, Ф. С. Нортхиџ (Ф.С. Нортхедге) меѓународниот систем го дефинира како систем составен од суверени држави без заедничка власт над нив, кои постојат 3-4 века, кои покрај промените опстанал покажувајќи релативна цврстина.

Покрај различните термини постојат разлики во проучувањето на МЗ. Дел од авторите ја проучува :- како правна појава-категорија на меѓународното јавно право (МЈП)- како општествен феномен.

Правниот пристап тргнува од фактот дека во МЈП се зборува за МЗ и се истакнуваат одредени елементи на МЗ како средина во која делуваат нормите на МЈП.

Социолошкиот пристап бара постоење на одредени групи кои коегзистираат, меѓусебно се зависни и нивните взаемни односи не се случајни туки имаат константен карактер.

Земајќи во вид двата пристапи, МЗ може да се определи како социјален феномен кој е правно релевантен, кој ја сочинува средината на сите оние процеси кои ги нарекуваме МО, а во таа средина важат истовремено и правилата на меѓународното јавно право. Во таа средина се применува МЈП и во неа тоа де фацто се создава. Меѓународното јавно право во МЗ се појавува како облик на надградба и регулирање на односите кои настануваат во МЗ, а МЗ е општествен феномен на меѓународен план.

Елементи кои го овозможуваат одржувањето на МЗ и нејзино се поголемо поврзување се:

▪ светскиот пазар - со динамика на раст и закони со универзална вредност кои неможе да се ограничат

▪ меѓународната поделба на трудот-кооперацијата и специјализацијата на производството кои нужно влијаат во надминување на националните граници во производството и придонесуваат за поголема поврзаност па дури и интеграција во меѓународни рамки

▪ модерната технологија - чии раст има се повеќе меѓународен/универзален карактер

▪ развојот на нуклеарното оружје-МЗ обединета во страв од тотално уништување

За меѓународно зближување на државите, народите и поединците придонесуваат и :- Врски од најразличен карактер помеѓу државите- Современите миграции на населението- Културните и спортските врски

83

Page 85: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

- Големиот бран на туристички посети- Неделивоста на мирот.

Степенот на зачестеност, разновидност и интензитетот на односите кои денес настануваат во меѓународната средина ни даваат за право таа општествена средина да ја наречеме заедница во која постапно се профилираат одредени заеднички интереси кои водат кон поцврсто поврзување и интегрирање на нејзините делови во најширока смисла.

Структура на меѓународната заедница

Под структура на МЗ се подразбираат:

▪ Елементите на таа заедница -тоа се субјектите на МО и

▪ Средината во која делуваат - се изразува со дејството на факторите кои влијаат на субјектите и на МЗ во целина

Покрај другите субјекти сепак државата се појавува како најважен субјект кој со своите акции влијае на структурата на МЗ и на МО како процеси кои настануваат во таа заедничка средина.

На положбата на држ во МЗ влијаат различни елементи кои можат да се подведат во две групи:1. Природни фактори - големина на територија, клима, население кои ќе ни покажат на кое место во структурата на МЗ е државата и какви се можностите за нејзино делување, како и факторите кои се однесуваат на степенот на општествено-политичкото уредување, стопанската стабилност, внатрешното единство, коишто можат да го покажат правото место на државите во МО.2. На положбата на државите во МЗ се одразуваат и меѓународните односи, како процеси кои се одвиваат постојано, Динамиката на меѓународните движења им овозможува на креаторите на надворешната политика, следејќи ги движењата на меѓународен план, да се определуваат и бараат нови патишта за реализација на своите национални интереси. На пример процесот на создавање на политиката на неврзување – настана со создавање на нови земји, но и во согласност со промените кои се случуваа во МО те. смалување на напнатоста помеѓу блоковите што даде простор за политика која нема да биде врзана за блоковите.Определеноста на одредена држава за воено-политичка алијанса во времето на Студената војна нужно влијаеше на нејзината поврзаност со вкупната структура на блокот на кој му припаѓа но тоа повратно влијае и на позицијата на државата во МЗ.

Членството во блокот: - ја јакнеше позицијата на силите кои се наоѓаа на власт во одредена држава (тоа значеше поголема внатрешнополитичка стабилност) - значеше ограничување на надворешнополитичката активност на членките на блоковите (тие во целост мораа да ја прифаќаат општата линија на заедничко делување, која самостојно ја определуваше лидерот на блокот).

84

Page 86: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Местото на државите во структурата на меѓународната заедница

Со оглед на местото кое го завземаат во МЗ државите се делат на:

▪ Големи - тоа се оние држави кои имаат светски интереси

▪Мали - држави кои не се во можност во поголема мера да ја менуваат сликата на МО.

Освен оваа поделба постои и трипартитната поделба споредкоја постојат: големи, средни и мали држави.

▪ Средни – во оваа група најчесто се сврстуваат држави кои не се во можност да реализираат некоја голема светска политика, но имаат интереси кои ги преминуваат нивните национални граници (било поради територијалната положба, број на население, високо индустриско производство, висок национален доход и др.).

Во историски пресек големите сили имале секогаш повластена положба во МЗ и МО.

Во 19 век кога е создадена Светата алијанса-организација на големите сили (Русија, Австрија, Прусија, Франција и Англија), тие соработуваа и ги остваруваа своите национални интереси, а малите држави беа подредени.

Во почетокот на 20иот век малите и средни држави добија право да учествуваат на Хашките конференции и Париската конференција во 1919 година каде се направи специфична категоризација:

Во првата група: Франција,Велика Британија,САД, Италија,Јапонија – големи сили кои имаат интереси од светско значење, и можност за поинакво разгледување на проблемите во МО.

Во втората група беа останатите завојувани страни, сили со ограничени интереси, што значи дека во разгледување на меѓународните проблеми не се бараше нивно мислење,(учествуваа само кога се разгледуваа прашања кои се однесуваат на нив - Белгија, Румунија, Полска, СХС).

Во третата група се државите кои ги прекинале односите со централните сили те. ги прекинаа дипломатските односи со Германија.

Во четвртата група беа неутралните и новосоздадените држави.На Париската конференција во 1946 година беше овозможено пошироко делување

на малите и средните држави. Беше постигнат степен на демократизација во МО, сите држави кои се бореа против фашизмот можеа да го изнесат своето мислење, но сепак мировните договори беа составувани од советот на министрите на големите сили.

И по Втората светска војна дојде до истакнување на посебната положба на големите сили.Во Советот за безбедност на ООН големите сили (САД, СССР, Кина, Фанција и Велика Британија) се постојани членки и имаат правото на вето).

Развојот на политичките, економските и воените односи во светот доведоа наместо неколку големи сили (САД, СССР, Кина, Фанција и ВБ) во прв план да дојадат две големи држави ,кои врз основа на своите квантитативни и квалитативни предности над останатите, се изборија за водечка положба во рамките на двата општествено-политички система и двата военополитички блока.Тие два нови актери наречени суперсили (САД и СССР) ги истакнаа своите глобални интереси .

85

Page 87: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Со крајот на Студената војна и биполаризмот се појавија идеи за период на униполаризам во кое една држва може самостојно да го реализира меѓународното водство. Во униполарниот систем постои еден пол те. еден центар кој со својата вкупна воена, економска, политичка, дипломатска и културна сила може да ги предводи другите држави.

Теоријата за тн.хегемониска стабилност пледира за такви односи во кои американската хегемонија ќе биде извор и гаранција за безбедноста на останатите држави.Заговорници на оваа идеа се американски автори, но, не наидува на одобрување кај големите земји како Русија, Франција, Кина, Индија кои се залагаат за создавање на мултиполарен свет. Теориски гледано моделот на униполарност значи:

▪ централна власт која ги одредува правилата на однесување на сите меѓународни актери

▪ централната власт настапува како актер кој ги решава сите спорови во МЗ

▪ централната власт им го определува на другите актери степенот на нивната независна акција.

Нападот на светскиот трговски центар (кулите близначки) на 11.09.2001 внасе промени во гледањето на униполарната положба на САД. Се покажа дека центарот (САД) е ранлив и дека сите акции кој тој ги превзема на меѓународен план не се автоматски подржани од останатите делови на МЗ.

Збигњев Бжежински во книгата Амерички избор пишува дека помеѓу хегмонијата и водството американската политика мора да го избере водството кое нема да биде наметнато и кое со својата содржина може да биде подржано од другите членки на МЗ.Основната идеја за Бжежински е како америкнската моќ да се сочува и трансформира во таков облик преку кој американското водство нема да претставува глобална доминација туку израз на партнерство во кое Америка со својата сила би можела успешно да предводи но не и да ги диктира односите во МЗ.Тој стравува од бран на антиамериканизам и од некорисни политички потези кои ќе ја водат САД во (униполарно) водство и изолација.

Мултиполарен свет е модел кој е создаден како одговор на униполарноста. Со него сака да се истакне дека во времето кога престанува да функционира биполарниот свет треба да се прифати нов модел, но не оној кој ќе се темели на приматот на една држава те. униполарниот модел.

Е. Примаков е еден од авторите кои се залагаше за овој концепт. По завршетокот на Студената војна Русија остана без своите сојузници, а од друга страна се профилираат нови центри на делување – Кина, Индија, Западна Европа. Но, тој не се залага за пентагонален или квадриполарен модел на МЗ. За него е битно да не се прифати еднополарноста и да се овозможи неколку големи земји да расправаат за меѓународните прашања, користејки ги постојните меѓународни механизми, пред се ОН и ОБСЕ.

Во теориска смисла мултиполарниот свет би ги имал следниве карактеристики:

▪ Државите тежнеат да не се појави ниеден актер кој би можел да биде лидер

▪ Свесно одржување на сопствените позици во рамките на мултиполарниот модел, дури и во случај да дојде до спротивности помеѓу поедини актери не смее да се дозволи да дојде до негов крај

86

Page 88: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Создавањето на мултиполарен свет може да стане реалност кога САД ќе одлучат да прифатат таков концепт. Но засега ниедна голема сила не би сакала да се вклучи во создавање на модел кој не би водел сметка за американските интереси.

Положата на малите и средни држави во МЗ

Малите држави - постојат но тие се повеќе објекти во МЗ кои се под влијание на една суперсила.

Постојат три категории мали држави со оглед на нивната положба во структурата на МЗ и нивната надворешнополитичка активност:

▪ Држави кои се интегрирани во воено-политичките блокови

▪ Постојано неутралните и неутралистички држави

▪ Неврзани држави -кои се определиле за политиката на неврзување

Блоковските држави - имаат исти цели како главната сила предводничка, исто општествено-политичко уредување, економски и класни интерси и врз основа на тоа завземаат одредени ставови и во МО било на регионален или на универзален план( на пр. во ОН). Малата држава во рамките на блокот смета дека ја нашла својата можност за настап во МО, дека станала појака и дека ја обезбедила својата безбедност. Од друга страна, малите држави во блоковите се ограничени во своето надворешнополитичко делување каде мора да водат сметка за интересите на државата предводник на блокот.

Постојано неутрални и неутралистички држави - Швајцарија и Австрија се постојано неутрални држави и нивната меѓународноправна положба како неутрални држави е утврдена со договор. Тие не можат да пристапуваат кон воени сојузи и блокови.Австрија ја модифицираше неутралноста на Швајцарија и таа е членка на ООН и ЕУНеутралистички држави - еднострана желба на поедина држава да води политика на неутралност и таа неутралност да биде почитувана од другите држави особено големите сили (Шведска и Финска), за разлика од неутралните држ тие можат да се приклучуваат кон блоковите.

Неврзаните држави се трета категорија на мали држви не заради големината туку поради ралативно малата сила која ја имаат. Тие не сакаат да се приклучат кој некој од блоковите. За време на Студената војна, беа ангажирани во борбата за мир, демократизацијата на МО, прогрес и активна мирољубива политика, но не влегоа во блоковите сметајки дека тоа не е пат за решавање на меѓународните проблеми. При карајот на Студената војна движењето и политиката на поневрзувањет изгубија на своето значење во меѓународната политика.

Структурата на МЗ не е стабилна и неизменлива категорија. Таа се менува напоредно со општиот општествено -економски развој на современиот свет.Промената на позицијата на една земја особено ако е голема сила или промените во рамките на коалициите го менуваат распоредот на силите во МО и се реперкуираат односно чувствуваат во МЗ.Најголеми промени предизвика распадот на европскиот

87

Page 89: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

социјализам, создавањето на нови држави и новите правци на делување на релативно малите држави.

Концентрација и деконцентрација на сила

МЗ поминува низ два напоредни процеса по Втората светска војна.

▪ Концентрација на силата - процес кои значеше собирање на силите, пред се, во блоковски рамки

▪ Деконцентрација на силата - поголема можност за самостално делување на поширок круг на држави.

Денес наместо овие термини се употребуваат термините интеграција и дезинтеграција.МЗ како средина која е исполнета со разновидни процеси ја карактеризираат двата

правци на делување.Два периоди од развојот на МО се исполнети со овие процеси.Во годините на Студената војна - концентрација на економска, политичка. и воена

сила во рамките на двата блокаСо промена на МО дојде до израз другиот процес –деконцентрација на силата со

што се овозможи појава на нови држави, создавање на нови надворешнополитички концепции во тие земји како и во некои земји кои предходно се определиле за блоковската политика.

Двата процеса, процесот на концентрација и деконцентрација се взаемно поврзани и условени.

Процесите на поврзување и меѓузависноста на народите и државите во современи услови се пат кон поинтегрирана МЗ. Сегашната структура на МЗ е подложна на постојани промени, но до израз доаѓаат напорите да се зајакнат елементите кои водат кон единствен свет, кои може да биде помалку антагонистичен, или бар може да пронајде средства на комуникација кои не би ги довеле во опасност ниту државите како главни актери на меѓународниот живот, ниту меѓународната средина во која тие живеат и делуваат. Основа за нова концентрација на државите се прифаќањето на начелата -слободен пазар, владеење на правото и почитување на човековите права Иако не е универзален процес, сепак во него се вклучени поголем број современи држави.

88

Page 90: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Глава 8

ДЕЈНОСТАНАДРЖАВИТЕВОМЕЃУНАРОДНИТЕОДНОСИ

АКТИВНОСТ НА ДРЖАВИТЕ

Услови на дејствувсње на државите

За да се истражи дејаствување на државите во меѓународната средина потребно е да се анализираат условите во кои тие дејствуваат како и мотивите на таквото дејствување. Дејствувањето на државите се одвива во одредени услови кои во различен степен влијаат на надворешнополитичкиот ангажман на поедина држава .

Природните услови (климата, географската положба, природните богатства) некогаш важен лимит на акцијата на една држава, но и показател на нејзините идни акции, денес се истакнуваат како дополнителни елементи кои ја дополнуваат анализата за можното дејствување на една држава.

Покрај природните услови и општествено-политичките и економските услови ја сочинуваат важната рамка на услови кои ги детерминираат можностите за дејствување на државите на меѓународен план. Во анализата на збирот на општествено-политичките и економски услови на одредена држава евидентно е влијанието на различни општествени структури, разлики во животен стандард, различни култури и др., што заедно ја детерминираат можноста за дејствување на државата на меѓународен план.

Надворешнополитичкото дејствување на државите претставува активност насочена кон постигнување на промени во меѓународниот политички систем.

Надворешнополитичкото дејствување на државата:- е условено/иницирано од одредени мотиви

- има одреден континуитет, - има поставени цели и

89

Page 91: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

- има очекуван конкретен резултат ( секоја меѓународна активност на државите се превзема за да се постигне одреден резултат). Ако не е можно да се оствари тој резултат се зборува за неуспех на надворешната политика на одредена земја.

Мотиви на делување

Во надворешно-политичкото делување државите поставуваат одредени цели (зачувување на националната безбедност, експанзија-видлива кај империјалистичките држави кои како крајна цел на својата активност имаат завземање на територии на други држави или пак сакаат да остварат такви односи во кои другите држави ќе се наоѓаат под нивна политичка, економска или воена контрола).

Мотивите и целите на надворешнополитичката активност на државите мора да се анализираат со помош на политички, културни, економски, психолошки и стратегиски фактори чие значење се менува во праксата на односите.

На начинот на однесувањето на државите во МО влијаат :- идеалите и моралните вредности,(важно е да се истражат вистинските интереси кои се кријат зад моралните прогласи) - историските искуства (особено односите со соседите или други држави сопарници во подолг период) - политиката на главните конкуренти, - целокупната концепција на општествениот развој на државата која е основа на вкупната внатрешна и надворешна активност.

Односот на целите и средствата во однесување на државите

За да можат да се остварат целите на надворешната политика не смее да дојде до расчекор помеѓу целите и средствата за нивно реализирање.

За МО посебна вредност има познавањето на односот помеѓу реалноста на денешниот развој како и некои искуства од минатото, во кое можат да се најдат одредени поуки.

Практичната политика на меѓународен план треба да се базира на точна проценка на сопствените можности и можноста на другите држави.

Непознавањето или игнорирањето на меѓународните факти може да води во катастрофа особено во свремени услови на постоење на оружје за масовно уништување.

Постојат, главно две можни ситуации кога станува збор за односот помеѓу целите и средствата:

Во првиот случај - надворешната политика може да се сфати како вештина на постигнување на неможното (Наполеон, Хитлер).

Во вториот случај - политиката може да се сфати како вештина и постојана активност насочена кон подобро запознавање на стварноста. Врз основа на тоа се прилагодува сопственото политичко делување, кое се темели на точна оценка на сопствената сила и можноста за позиционирање во меѓународните релации. Наведувјќи пример за таквото делување западните теоретичари најчесто го истакнуваат геслото на

90

Page 92: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Метерних :„Никогаш не сум дал ултиматум којшто не сум можел да го поткрепам со дела.„

При истражувањето на можностите за делување на поедина држава во МО не се работи за некои апсолутни можности, туку станува збор само за релации спрема други држави.

Основни фактори кои влијаат на моќта на една држава, а со тоа и на нејзината активност во МО се географскиот факто., степенот на индустриското производство, политичката, општествената и стопанската организација, вооружените сили и дипломатската поставеност те. можност да се најдат сојузници било на политичко било на воено поле.

Реалните можности на секоја држава влијаат на мотивацијата и определување на целите на надворешната политика. Секоја поголема/повисока цел се остварува со помош на бројни пониски-работни цели.

Успехот на надворешната политика се мери со напредокот кој се постигнува во насока на остварување на највисоката цел. Така на пример за време на Студената војна, а и подоцна јакнењето на воздушните сили на САД се сметаше за пониска цел-инструмент за постигнување на повисоката цел - јакнење на севкупноста на воената сила на САД, што не беше сама за себе цел туку инструмент да се постигне крајната највисока цел-американската хегемонија во светот. Во современи услови како главна и највисока цел на сите држави е нивниот опстанок .

Национални интереси на државите

Теориски посматрано националните интереси се постојани црти на надворешната политика на дина земја, нешто што стои надвор од било какви внатрешни политички согласувања или несогласувања (пр. зачувување на мирот, националната безбедност, напредок).

Покрај истакнувањето на трајноста и континуитетот на националниот интерес, неговото формулирање зависи од креаторите на надворешната политика те. од општествено-политичките сили кои се на власт. Ако се земе како пример американската ситуација за односот помеѓу поедини сили во процесот на созавање на надворешната политика, очигледно е дека особено во времето на Студената војна, на процесот на поставување на националниот интерес, неговото крајно дефинирање и разработка во пракса влијаеше крупниот монополистички капитал. Американскиот капитал врзан за воената сила беше заинтересиран за ширење на пазарот и нови нарачки, такашто тие кругови вршеа силен притисок на креаторите на надворешната политика и подржуваа најагресивна линија на делување која може да води во војна. На воено-индустриски комплекс не му одговараа мирни МО, па со оглед на силата со која располагаше беше во можност своите интереси да ги пласира како национални, а своите економски проблеми да ги претвори во национална криза, а таквото делување претставуваше опасност која можеше да ја загрози политиката на меѓународно попуштањеодносно детантот.При напуштањето на претседателската положба, американскиот претседател Двајт Ајзенхауер истакна дека оваа поврзаност на стопанските кругови со политичките и воените не смее да ја загрозува слободата и демократскиот развој на Америка.

91

Page 93: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

За разлика од збирот на интереси кои се сметаат за прилично цврсти, постои збир на интереси кои се нарекуват политички интереси. Тие се формулираат во зависност од интересите на актуелната владеачка структура, партија или група која е на власт, значи станува збор за не толку важни прашања, каде е можно да се претпостави дека различни партии ќе имаат различни мислења.

Ако се анализира делувањето на западноевропските партии, евидентно е дека секоја промена на партиите на власт става нови акценти во надворешната политика, односно се менуваат тн. политичките интереси било да станув збор за процесот на попуштање во Европа, развивање трговски односи со источните делови на Европа итн. Но сепак, во најважните прашања кои во периодот по Втората светска војна на Запад се толкуваа како национални интереси на западноевропските држави како на пр.одржување сојуз со САД и соработка со НАТО нема никакви крупни промени и без оглед на промената на владеачките странки тие идноси не се менуваат.

Во рамките на националните интереси на државата најважни се оние кои се нарекуваат животни интереси на државите. За сочувување на овие интереси државата е спремна да оди и во војна иако е послаба од противникот.во овој вид животни интереси спаѓа пред се зачувувањето и заштитата на националната територија.Постојат и др. важни интереси кои не се сметаат за толку зна;ајни па државата е спремна да ги реализира со други средства, а не со војна.

Од тие интереси различни по карактер и траење произлегува надворешната политика како систематска формулација на националните интереси на државите.Во случај на неспоивост на интересите се поставува прашањето за приоритет на важноста на интересите, но и за конкретните можности со кои располага државата за нивно остварување.

На меѓународен план основно е прашањето за можноста на усогласување на надворешно-политичките линии на поедини држави, односно пронаоѓање допирни точки помеѓу нивните национални интереси (ако нема допирни точки нема ни можност за постигнување на дипломатски решенија).

Степенот на заедничките интереси на државите подложен е на промени и во согласност со нивните внатрешни движења, како и под влијание на динамиката на меународниот живот битно се менуваат можностите за усогласување и прилагодување на спротивните интереси. Така на пр. до 60тите се сметаше дака меѓу САД и СССР неможат да постојат никакви заеднички интереси, но претседателот Кенеди, свесен за новите американските и меѓународни реалности виде дека постојат заеднички основни интереси и цели меѓу двете најголеми држави, односно дека и двете не сакаат нуклеарен судир, проширување на кругот на нуклеарните држави и „не сакаат да вдишуваат нуклеарна прашина„.

Идеата за ограничена билатерална коегзистенција меѓу двете најсилни држави послужи како основа за натамошниот развој и ширење на нивните односи (Никсон и Брежњев потпишаа документ за основите на взаемните односи на двете супер сили - активна коегзистенција).

Во современиот развој МО се потиснуваат размислувањата за наводна неспоивост или непостоење на заеднички интереси и преовладува тежнението за усогласување на националните интереси и за изнаоѓање на допирни точки. Многу ретко се случува сите интереси на државите да се толку спротивни за да неможе да се развива било каква соработка, или пак односите да се толку усоглаени и целите истоветни за да нема никави проблеми во усогласување на нивните интереси. Односот на спротивни и заеднички

92

Page 94: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

интереси е променлив, зависи од внатрешни и надворешни фактори кои влијаат во одредени периоди повеќе да доаѓа до израз едниот или другиот елемент.

Улогата на силата во дејствувањето на државите

За делувањето на државата во МО одлучувачко е какви способности и стојат на располагање на дражавата на меѓународен план. Тоа го наметнува прашањето за поимот сила, односно негово дефинирање и опис, Што е важно бидејки еден долг период во развојот на меѓународните односи беше заснован на политиката на сила.

Капитализмот ја постави силата во центарот на својот развој, па силата долго време беше основа на внатрешната и надворешната политика на капиталистичките држави Промените во поделбата на светот,борба за освојување нови пазари, напорите за нивно одржување и проширување во времето на империјализмот не можеа да се одвиваат без употреба на политичка, економска и воена сила. Но, во повоениот период на МО силата стана потребна за да се сочуваат позициите на капиталистичкиот свет и да се направи обид да се сопрат новите промени во облик на новите општествено-економски движења.силата особено дојде до израз во делувањето на американската надвореШна политика на САД во светот и заради зголемените можности на примена на разни облици на сила. САД врз основа на големата сила со која располагаШе ја постави илата како главна претпоствка при формирање и разработка на надворешно -политичките глобални цели.

Оттука секако е нужно да се постави прашањто што е тоа сила или политика од позиција на сила.

На Запад се употербуваат два термина force - сила и power - моќ при што некои автори ги изедначуваат, а други прават разлика. На пример американскиот автор А. Бурке вели :”Народот може да ја употреби својата моќ пред да ја употерби силата. Силата е само една од апликациите на моќта” Моќта може да се окарактеризира како способност другите да се присилат да се однесуваат во согласност со желбите на одредена држава.Според американскиот геополитичар Спајкмен (Спѕкман) борбата за моќ е првостепена цел на внатрешната и надворешната политика на државата, бидејќи само со помош на моќта можат да се остварат целите на внатрешната и надворешната политика

Некои западни теоретичари разликуваат одредени состојби во кои силата се манифестира на различни начини.

Ф. Хартман го согледува/проучува целокупниот развој на МЗ и МО како состојба во која се појавуваат различни облици на однесување на државите: - состојба на мир - силата би се изразувала со влијание (инфлуенце) над послабите држави- тн. мешовита состојба - се карактеризира со дејствување во кое се изразува моќта, но без употерба на сила - состојба на војна - се употребува физичка сила (форце)

Силата на секоја држава е неделива и се појавува на меѓунароната сцена во тоталитет, иако теориски може да се зборува за поедини елементи на силата на пр. воена, економска итн.Но кај западните теоретичари силата главно се изедначува со воената сила, односно борбената спремност на државата.

И покрај промените низ кои пројде модерната МЗ воената сила е сеуште еден од значајните арбитрерни елементина промена во меѓународните односи.Силата на државата

93

Page 95: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

може да се дефинира како вкупност на сите сили кои и стојат на располагање на владеачката класа за остварување на нејзините цели.

Силата не е синоним за целите - државата следи одредени цели со помош на својата сила и се обидува да ги оствари врз основа на средствата кои и стојат на располагање.

Прашањето на силата на поедина држава може да се разгледува од неколку аспекти,односно може да се сфати :- како средишен поим на меѓународната политичка теорија,односно цел која настојува да ја реализира одредена држава- како категорија која е подредена на поимот цел на државното делување те. силата може во тој случај да претставува услов за делотворноста на избраните средства за постигнување на адворешно-политичките цели- како вкупна способност која им стои на располагање на креаторите на државната политика.

Ограничување на силата

Според западните теоретичари постојат две групи на фактори кои можат да ја елиминираат употребата на сила во надворешнополитичкото одлучување

Во првата група спаѓаат тн. субјективни пречки - кога владеачката гарнитура врз основа на проценка на внатрешниот развој смета дека употребата на сила би можела да предизвика големи пореметувања, пред се од матерјална природа, па се откажува од примената на сила

Во втората група посебно се исткнува факторот на потенцијалните способности на противникот кога ситуација во која на пример силите се уедначени па тоа автоматски наметнува дисциплинирање на сопствената сила, бидејки нејзината примена може да доведе до непознати или негативни последици.

На можноста за конкретна примена на сила влијаат бројни внатрешни и надворешни околности, кои креаторите на надворешната политика треба предходно прецизно да ги истражат. На пр.:- Односот на желбата и реалните можности на државата или воено-политичката коалиција- Добивање на внатрешна подршка за одредени акции во кои ќе се употреби сила на меѓународен план- Меѓународно правните прописи поставуваат нормативи на однесување (во Повелбата на ОН чл.2 ст.4 се забранува не само употреба туку и закана со сила)- Процена на ефектите на поедина акција на однесувањето на другите држави- Примената на сила мора да биде селективна и точна, точен избор на место и средства во момент кој најдобро одговара на замислените политички цели.

Авторите кои се определуваат за политиката на сила како основен елемент на меѓународниот живот ја одбиваат вредноста на тие корективи и сметаат дека силните држави може самостојно да ја употребуваат својата сила.

Политиката на сила во денешниот свет не смее да има предност пред меѓународните правила на однесување.Без оглед што правилата на меѓународното право сеуште не се почитуваат, нити во сите ситуации се темел на МО, сепак од односот спрема нив и во поставување на политиката на тие правила или против нив можно е да се спознае и процени однесувањето на една држава во МО.

94

Page 96: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ НА ДРЖАВИТЕ

Со делувањето на државите во МО се поврзува прашањето на националната безбедност како највисока цел на секоја држава.

Се истакнуваат 5 различни можности во кои една држава може да ја реализира својата национална безбедност:

1. Да се потпира на сопствените сили без вклучување во воено-политички блокови (изолационистичката политика на САД до И св војна, неутрлноста-Швајцарија, Австрија, во политиката на неврзаните)

2. Да бара безбедност во алијанси и создавање рамнотежа на сила (периодот на студената војна и делувањето во рамките на воено-пол. коалиции)

3. Создавање на системот на колективна безбедност во кој држ би биле взаемно обврзани да го чуваат мирот и безбедноста

4. Делување на државите во рамките на поширока светска империја ( пр. Римското царство)

5. Предлозите на застапниците на светскиот федерализам за создавање на светска федерација со светска влада која автоматски би требала да го реши прашањето на безбедноста на сите држави во МЗ.

Поимот на национална безбедност

Националната безбедност се дефинира како отсуство на било каков страв од напад, загрозување на интересите или закана од други држава/и.

Безбедноста според тоа се поставува пред се во афирмативен однос спрема несигурноста и стравот. Tоа би требало да биде состојба на потполна смиреност во која државата нема никакво чувство на страв или опасност.Ваквата состојба е исклучиво од субјективна природа и тешко е да се најдат објективни критериуми по кои би се мерела таа состојба на смиреност или чуството на загрозеност.

Безбедноста кон која денес тежнее секоја држава, без оглед што не може да се нарече апсолутна и што зависи од многу вредности кои различните креатори на надворешнополитичкото делување ги поставуваат во средиштето на својата активност, твори комплексен поим со неколку составни елементи.

Во прв ред безбедноста подразбира: физички опстанок на една држава и на нејзиното население, заедно со основните атрибути на независноста и постојан матерјален просперитет на државата. Тој збир на витални интереси секоја држава е спремна да го постави како најзначаен дел од хиерархијта на политичките вредности и спремна е да ги ангажира сите средства за негова одбрана. Секоја политика во центарот на својот интерес го поставува непреченото реализирање на овие елементи, сметајќи дека постои нормален степен на национална безбедност ако на тие елементи не им се заканува некоја опасност.

95

Page 97: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Меѓународната безбедност би требало да значи дека сите членови на МЗ како целина се чуствуваат сигурни и дека во меѓународниот политички систем постојат такви односи, или механизми, кои овозможуваат на сите држави да им се гарантира и во пракса да им се даде безбедност.Често во теоријата се истакнуваат примери со кои се обидува да се илустрира тврдењето дека меѓународната безбедност не значи и постоење на мир, бидејќи некоја држава може да се чувствува сигурна, иако негде во светот има војна. Исто така , се наведува дека во поранешниот развој на МО многу држави заради поволната геополитичка положба се чуствувале сигурни иако на други континети имало војни. Но денес во услови на се поголема воена, технолошка и економска меѓузависност на државите тоа губи на значење.

МЗ станува се поповрзана со различни комуникациски и економски нишки.Равојот на воената технологија и современите превозни средства ја прават единствена средината која е подложна на рефлексите на сите процеси, било од позитивен или негативен карактер кои се одвиваат во неа.Меѓузависноста станува се поголема и пореметувањата во еден дел на светот нужно пронаоѓа свои брзи одрази во други, па макар географски значително одалечени делови на современиот свет.

Меѓународната безбедност денес добива поконкретно значење и се повеќе се поврзува со проблемите на одржувањето на мирот во најшироки глобални рамки. Меѓународната безбедност оттука, како збир на мерки со кои се гарантира нормално постоење на сите држави и елиминирање на војната, битен предуслов за опстанок и развој на МЗ.

Севкупната надворешнополитичка дејност на државите е насочена во осигурување на национална безедност.

За таа цел европските држави употребувале различни техники:- јакнење на сопствените сили - како прва и основна претпоставка за сопствената безбедност- создавање на воено-политички блокови - кои имаа за задача да ја јакнат позицијата на поедини држави членки и полесно остварување на нивните политички цели- рамнотежа на сила - одржување на таква состојба на европките држави при што ниедна држава во сојуз со други нема даа да има поголема воена способност од другите членки на тн. европски концерн на држави.

Во повоениот развој на на односи повторно во Европа го активира силниот процес на политичко делување во барање на нов систем на безбедност.

Системнамеѓународна безбедност

Под овој поим подразбираме одреден метод на делување, начин на постапување и збир на средства што државите би ги превземале во своите меѓусебни односи за остварување на најтрајно чувство на безбедност.

Во теоријата на МО се искристаризирале 3 основни концепции според кои би било можно да се остварат системи на меѓународна безбедност:

• Рамнотежа на сила• Колективна безбедност• Светска влада

96

Page 98: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Рамнотежа на сила

Овој терми најчесто означува одредена состојба во МО. Може да биде резултат на случајно делување на разни актери или мотив за делување на државите.Во таа смисла, знажи, кога постои намерна желба на еден дел др1ави во МЗ да остварат состојба на уравнотежени односи на воено или политичко поле, може да се зборува з рамнотежа на сила како мотив на делување на државите

Системот на рамнотежа на силата функционираше во МО неколку века особено во 18, 19 и почетокот на 20иот век. Покрај обидите да се изгради цврст систем кој би имал подолго временско траење, рамнотежата на силите или меѓународниот систем заснован на неа се покажаа недоволни во поглед на содржината ивремето на траење. Системот на РС не успеа нитуда го зголеми чуството на сигурност кај своите носители, ниту го реши прашањето на европскиот или светскиот мир за некој подолг временски период.

По првата светска војна токму заради лошите искуства со системот на РС и незадоволството од неговото функционирање, се правеа обиди да се изгради различен, поширок по бројот на актери и по своите функции, поцврст систем на меѓународна безбедност.

2. Тој нов облик на организирање на мирот и меѓународна безбедност е наречен колективна безбедност (КБ).

КБ може да се оствари само во ситуација во која силата на сите мирољубиви држави значително ја надминува силата на потенцијалниот агресор. За да се оствари таква ситуација партнерите во системот на колективна безбедност прифаќаат општи принципи на таквото делување и конкретни обврски кои се состојат во:

● прифаќање на начелото на ограничување на примената на сила или елиминирање на примената на вооружена сила

● начелото на мирно решавање на споровите

● обврска за здружување на сите сили против било која држава, дури и против учесник во системот, кои со насилни средства би се обиделе да ги нарушат прифатените темели на системот на колективна безбедност.

Функцијата на здружување на силите има двоен карактер:• потенцијалниот напаѓач треба да го одврати од обидот за агресија• во случај ако е извршена агресија на членовите на системот на колективна

безбедност со силата со која располага итно да ја ликвидира агресијата и нејзините последици.

Прифаќајќи дека мирот е неделив и дека загрозубањето на мирот значи опасност за сите нив, учесниците во системот на колективната безбедност однапред се согласуваат дека ќе се спротистават на таквата опасност, го прифаќаат начинот на таквото спротиставување и се подготвени да ги вложат сите свои сили во заедничкото делување во остварување на колективните цели.

Системот на колективна безбедност (КБ) никогаш не е реализиран во согласност со овие теориските претпоставки, но дел од нив најде место во напорите за создавање на

97

Page 99: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

системот на колективна безбедност после И и ИИ светска војна (Друштвото на народите и ООН-применети системи на колективн безбедност.

Светска наддржавна влада

За разлика од РС и КБ , концепцијата за светска влада претставува само обид за теориско размислување за можноста за реализација на меѓународниот мир и безбедност.

Оваа концепција има подолга традиција во делувањето на политичките мислители кои во 19иот век започнаа со проекти за создавање на единствена светска организација како и кај денешните федералисти кои се уверени дека само со создавање на единствена целина во која ќе бидат здружени сите држави со единствена управна и извршна власт може да се овозможи остварување на најважните цели: одржување на мирот и меѓународната безбедност.

Создавањето на светската влада претставува главен предуслов и истовремено главно средство за меѓународната безбедност. Се исклучува можноста за државно делување, а државите како самостојни единици мораат да исчезнат во новата многу поголема федерална светска целина.Над остатоците на некогашните држави би била создадена повисока федерална власт од светски карактер и домет, која би располагала со многу јака и организирана светска сила по состав и функции. Таа сила би била толку јака и организирана што никој не би се спротиставил на создавањето и одржувањето на таквиот единствен меѓународен поредок.

Но светот денеска е далеку од таквото реШавање на своите проблеми па концепцијата на федералистите за меѓународната безбедност останува дел на прилично нереалните ставови за идниот развој на МО.

Во теоријата на МО знажаен е и концептот на сигурносна/безбедносна заедница кој во 50тите години на 20иот век ја воведе Карл Дојч (Karl Деутсцх).

Безбедносна заедница се создава меѓу актерите кои соработуваат на меѓународен план на начин на којшто масите и елитите имаат силно чуство на мир како во сегашноста така и во иднина.

Државите во оваа заедница :• имаат компатибилни вредности• прифаќаат одговорност една према друга• постои предвидливост на политичките цели кои ги прокламира политичката елита• овој концепт со ширењето на НАТО и развивањето на Европската заедница

односно ЕУ значително доби на значење

Безбедносната заедница стана одреден институционален облик во кој се отварува и изградува безбедноста која подоцна може да биде поврзана со други меѓународни тела (ОН, ОБСЕ), но во рамките на своите граници е толку јака што практично својата сила ја црпи од внатрешните односи.

Денес се зборува за НАТО и ЕУ како за најдобри примери на интеграција кои се созадени на темелот на безбедносна заедница, а таа ги охрабрува сите понатамошни интеграциски процеси, бидејќи безбедноста во тие целини се дефинира како трајна категорија кон која тежнеат сите актери

98

Page 100: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Динамичните промени во МО, особено по завршетокот на Студената војна, доведоа до ново сфаќање на безбедноста, постојат бројни спротивни дефиниции, но се повеќе се истакнува мултидимензионалноста на поимот кој има повеќе нивоа:

Според Бери Бузан (Баррѕ Бузан) има 5 главни подрачја на безбедност: воено, политичко, стопанско, општествено и еколошко. Тие се меѓусебно поврзани и често директно условени.

СОЈУЗИНАДРЖАВИ

На меѓународен план државите настапуваат самостојно или заедно во сојуз со други држави со кои се здружиле од одредени политички, воени, економски или идеолошки причини.

Во раната историја на МО различни единици се собирале и ги здружувале своите сили за остварување на заедничка цел/и.

Во стара Грција на процесот на собирање влијаела традицијата и заедничкиот јазик.Во Европа основа за собирање бешее христијанството (против исламските држави).Во времето на Светата алијанса идеологијата за одржување на постоечкиот поредок здружи различни европски држави

Во модерниот период на МО основа за поврзување е истоветноста на општествено-политичкото и економско уредување на државите. Со поделбата на светот на социјалистички и капиталистички држави и земји во развој-главно неврзани дојде и до нова поделба на сојузите на државите.

Дефиницијата на поимот сојуз на држави (коалицја, алијанса, блок) се сведува на неколку елемента:- сојуз на држави е поврзување на 2 или повеке држави кој има задача остварување на договорените политички цели- тоа е договор за поврзување на 2 или повеќе држави со цел да им се зајакне одбраната против воен напад од надвор или да се подготви напад на трета држава.

Во современата пракса на МО терминот алијанса или сојуз се заменува со називите: договор за взаемна помош; договор за пријателство,соработка и взаемна помош и др.

Трајноста, односно хомогеноста на сојузите зависи од степенот на политичкото, економското, военото и идеолошкото единство на членките.

Политичкото единство е главна основа на која се градат облици на заедништво и соработка на други полиња. Постоењето на сојузите не исклучува постоење на различни интереси што влијае на успехот или неуспехот на една алијанса.

Центрифугални тенденции можат да се појават во сојузот коишто битно можат да влијаат на однесување на државите членки и на судбината на самиот сојуз што може да се огледа во:• Ситуации кога специфични национални интереси превладуваат над општите интереси

на сојузот, ако државата е јака може и да излезе од сојузот (пр. Франција излезе од воената структура на НАТО)

• Лидерот на сојузот остварува сопствени интереси со можност да се загрозат или непочитуваат интересите на другите членки (пр. Американското однесување во виетнамскиот судир)

99

Page 101: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

• Еден од членовите на коалицијата да се обиде или реализира сопствени интереси со помош на сојузничките воени сили (обидот на Португалија НАТО поинтензивно да се ангажира во Африка)

• Развојот на воената технологија и поседување на атомското оружје доведе до поделба на членки на сојузот кои имаат и оние кои немаат нуклеарно оружје

• Покрај промените на военотехнолошко поле членките на воено-политичките сојузи од разни политички и економски причини гледаат во сојузите корисно средство за реализација на националната безбедност

• Друго прашање е колку државите се спремни да се жртвуваат за одржување на сојузоте (потреба за усогласување на блоковската политика, што значи лимитирање на суверена акција.

Класификација на сојузите на државите

Сојузите на државите можат дасе поделат според различни критериуми:

1.според целите:- Офанзивни - се склучуваат пред избувнување на непријателствата, потписниците се обврзуваат на взаемна помош во борба против недефиниран непријател (пр. Антикоминтерна-пакт)- Дефанзивни или одбранбени - во кои еден сојузник му ветува помош на друг во случај на напад- Алијанси кај кои се е можна мешавина на двата видови на цели

2. Според бројот на членовите:- Билатерални - во кои делуваат две држави кои врз основа на двостран договор поставуваат цели, средства и методи за постигнување на заедничка акција (пр. 20 годишниот договор за пријателство, соработка и взаемна помош меѓу НР Кина и СССР)- Колективни - кои имаат поголем број учесници па би требало да имаат предност не само во облиците на интерниот развој на односи туку и во можностите на вистинска примена на сојузот

3.Според територијалниот критериум- Директни - членовите на сојузот се во непосреден територијален допир (Варшавски пакт)- Индиректни - членовите не се меѓусебни соседи (НАТО)

4.Според силата на взаемните сојузници:- Равноправни сојузи - односот на силата е на исто ниво- Неравноправни сојузи - во кои не настапуваат држави со иста моќ

5. Според намерата - политички или воени алијанси (денес таков систем е напуштен, сојузите си поставуваат и воени и политички цели)

6.Според векот на траење

100

Page 102: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

- Привремени - определен рок на траење- Постојани - не е наведено на колку години се склучува договорот

7.Според интерното уредување:- Сојузи кои немаат постојана тела, имаат периодични состаноци и - Сојузи кои имаат разработена стуктура на тела

8.Поделба на тн. постојани и на привремени сојузници- Во постојан сојуз се наоѓаат земји кои освен истоветни политички интереси имаат сличности од мнатото, заедничко политичко делување или политички гледања (пр. заедничкото делување на САД и ВБ од И св. војна па натаму)- Во сојузи од привремен карактер можат да се соберат држави различни по своите политички гледања, општествено уредување и идеолошки ставови (пр.антифашистичката коалиција - “брак од корист” , привремен воен компромис).

Главни воено-политички сојузи

Најјактите воено-политички сојузи настанаа по Втората светска војна.Карактеристиките на МО во тој период беа пренесени и на сојузите и нивните

интерни односи.Процесот на создавање на организирани облици на воено-политичко дејствување

започна кај западноевропските држави.Врз основа на истоветноста на погледите на развојот на светот и опасноста од социјализмот брзо ги активираа своите сили за собирање под водство на САД.

Бриселскиот пакт од 1948 значеше почеток на здружување на западноевропските политички сили. Потписници - ВБ, Франција и земјите на Бенелукс.Главна цел - заштита од евентуална “германска агресија”.Рок на траење 50 години.Подржан од САД,кој во пактот видоа прилика за остварување на многу пошироки концепции.

НАТО (Договор за Северноатланска организација) 1949.Најзначаен инструмент на воено-политичкото делување на западните држави.

Главни цели - одбрана од агресија и давање помош на членките на пактот во такви ситуации и организирање на заедничка помош на нападнатата страна.Главно тело - Совет, носи најважни политички, воени и организациони одлуки.Преставници се министри на државите- за одбрана, надворешни работи, финансии-зависно од предметот којшто се разгледува, има 25 комитети и секретаријат,главен секретар Расмунсен.Седиште во Брисел.Соработката во рамките на НАТО има широк домет и опфаќа политики, стопански и воени прашања.Воените сили се делат на:

- Национални воени сили ставени на располагање на НАТО

101

Page 103: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

- Воени сили кои остануваат под национална команда.

Рио - пакт - меѓународен договор за взаемна помош 1947 - не е во права смисла воено-политичка алијанса, но во одредени периоди САД го користеа за свои политички акции во Латинска Америка

АНЗУС -1951 организација на земјите на Пацификот: Австралија, Нов Зеланд и САД (договорот е склучен на недодредено време)

СЕАТО - пактот, членки-земјите на ЈИ Азија: Филипини, Пакистан, Тајланд; државите на Пацификот: Австралија, Нов Зеланд и САД и некогашните колонизатори на тоа подрачје:ВБ и Франција.Требаше да ја зајакне “сигурноста” на државите на ЈИАзија (во договорот беше предвидено организацијата да се ангажира не само во случај на надворешен напад туку и во случај на “преврат” во било која земја).

Багдадски пакт, 1955, договор за создавање организација на државите на Средна Азија-Турска и Ирак, подоцна Иран, Пакистан, ВБ и САД.По повлекувањето на Ирак се преименува во ЦЕНТО-пакт,Иран го напушта во 1979 година.Пактовите на западниот свет предводени од САД при создавањето земаа во обзир некои геополитички сугестии и правеа обид да ги затворат/заокружат социјалистичките држави.

Варшавскиот договор/пакт - 1955, прв инструмент на военополитика соработка на социјалисртичките држави, (како одговор на влегувањето на СРГ во НАТО) , распуштен 1992 г.Поставен против било кој агресор кој би нападнал членка на сојузот.

Механизам за собирање на државите

Функционирање на механизмот на сојузот, те. нивното создавање, одржување и употреба е исто така значајно прашањево теоријата и праксата.

Првиот проблем е врзан за избор на сојузник. Во време на мир државата врз основа на своите класни, политички и економски потреби ја разгедува и создава својата поширока надворешно-политичка стратегија може да формулира ставови за односот спрема поедини сојузи те. може да се вклучи во некој сојуз

Во случај на избувнување на некој конфликт, сојузите побрзо се склучуваат со помалку резерви, не само во поглед на членките туку и во поглед на делувањето, бидејки главна цел е успешно решавање на соочувањето со опасноста

Цел на секој сојуз е јакнење на моќта на државата која смета дека нејзините способности се мали за да ги оствари своите интереси. Се води сметка интересите на потенцијалните сојузници да не ги надминат интересите поставени во самијот сојуз. Единството на моќ и интереси е основа за успешно делување. Ббез моќ на државите нема шанси сојузот да успеее,без заеднички усогласени интереси нема можност за подолго одржување на сојузот и остварување на поставените цели.

102

Page 104: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Ако во сојузот е постигнат договор за целите, државите членки на сојузот мора да се договорат:-за ситуации кога сојузот ке стапи во акција-за времето на траење на сојузот-за создавање на инфраструктура на сојузот на територијата на поедини држави

Ситуациите кога механизмот на сојузот ке стапи во акција тн. Casus foederis може да се определи на неколку начини:- Ситуацијата може да се фиксира просторно те. да се определи дека одредена алијанса е врзана за делување на определен географски простор НАТО и Варшавски пакт (ВП) го ограничија својот домет на Европа- Определување на агресорот против кој механизмот на сојузот ке биде употребен (на пр. ВП против било каков напад и било кој агресор - Специјалното определување на агресорот често зависи од политички фактори (на пр. при создавањето на СЕАТО, САД изјавија дека ке прискокнат во помош на членките само во случај на “комунистички напад”, што го прецизираше и идеолошкиот досег на делување на коалициите и главните американски интереси.

Државите предходно мора да се договорат што ке сметаат за агресија. Обично се бара:- Постоење на вистински облици на напад (не закана)- Агесијата мора да постигне одреден степен за да се разликува од инцидент- Агресијата мора да дојде од надвор

Главните воено-политички сојузи се склучуваат по правило на 20 години, за да се обезбеди континуирано делување во подолг период и да се обезбеди поцврста интеграција.

Билатералните договори за сојуз се гасат со едностран отказ на еден од сојузниците, а кај мултилатералните можно е поедини членови да го напуштат сојузот (1948 Албанија го прекина членството во ВП, 1966 година Франција се повлече од воената структура на НАТО).

Воено-политичките сојузи и понатаму се важен инструмент, но заради позитивните движења во МО, државите бараат нови патишта на спогодување и соработка. Тоа може да се види на примерот на Европа, каде носителите на некогашните блоковски конфронтации денеска заеднички работат на пронаоѓање патишта за развој на нови односи.

НАТО стана главно средиште на развивање на нови облици на соработка меѓу членките. Со завршетокот на студената војна НАТО и формално ги призна озменетите МО, и започна дебата за новите облици на политичко, општествено и економско поврзување на темелите на евроатланската соработка.

НАТО се шири на Исток и бившите социјалистички држави мора да ги исполнат следниве услови за влез во НАТО:

o воспоставување на демократијаo почитување на човековите праваo цивилна контрола над воените силиo добри односи со соседите

103

Page 105: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Албанија, Македонија и Хрватска се потписнички на Јадранската повелба од 2002, која обезбедува заедничка соработка на патот за полноправно членство во НАТО. Во 2009 година Албанија и Хрватска влегоа во НАТО. Република Македонија поради спорот со Грција во поглед на името не беше примена.

Европската Унија претставува посебен облик на сојуз. ЕУ не е сојуз во класична смисла на тој збор и во неа не доминираат политичко-воените аспекти .

Со Договорот од Мастрихт се поставени три столба на кои почива ЕУ:

● Европска заедница - се решаваат политички и економски прашања на соработка

● Заедничка надворешна и безбедносна политика - се бави со надворешната политика и безбедноста

● Правосудство и внатершни работи - се бави со внатрешната политикаВо рамките на вториот столб ЕУ дејствуваше на тлото на бивша Југославиоја, но

исто служи и како рамка за воените мисии на ЕУ во РМ, БиХ и Авганистан.Лисабонскиот договор од 2009 година ги обединува трите столба.

104

Page 106: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Глава 9 НАЧИНИИСРЕДСТВАНАОПШТЕЊЕВО

МЕЃУНАРОДНИТЕОДНОСИМО се општествени односи, а комуницирањето до кое доаѓа во МЗ е израз на напорите на

субјектите на МО, пред се државите, да ги остварат своите цели и интереси. Под начини и средства на општење се подразбираат сите оние инструменти кои се применуваат во односите меѓу субјектите кои постојат и делуваат на меѓународен план. Кога зборуваме за општење во МО се поаѓа од неколку претпоставки:

- постоење на заедничка средина во која делуваат низа субјекти на МО

- желба и потреба за нивно меѓународно комуницирање

- постоење на различни интереси на меѓународен план

- тие заеднички и различни интереси субјектите се обидуваат да ги решат на меѓународен план со различни средства.

Секоја држава избира најефикасни средства за остварување на своите цели.Тешко е да се одвои еден начин или средство на комуницирање бидејќи тие се комбинираат. Во денешно време тешко е да се замисли само изолирано дипломатско делување без директна или посредна употреба на други начини и средства на комуницирање кои можат да ја потпомогнат или поткрепат дипломатската акција.

Во начини и средства на општење во МО може да се сврстат:

- дипломатијата

- јавното мислење и меѓународната пропаганда

- економските средства и инструменти

- воените средства

ДИПЛОМАТИЈАВо сите фази на човековата историја дипломатојата (Д) имала специфични

карактеристики, но некои карактеристики секогаш се присатни во извршување на дипломатските задачи. Без оглед како се дефинира Д. таа секогаш е израз на вкупното делување на сите учесници во меѓународниот живот кои во согласност со своите можности и потреби настојуваат да реализираат оптимални цели на меѓународен план. Со оглед на тоа дека интересите на државите не се истоветни, во МЗ не може да дојде до паралелно задоволување на тие национални интереси, па тие понекогаш доаѓаат во конфликт. Тие сложени прашања кои можат да го загрозат нормалното одвивање на МО, па дури да доведат и до војна, ги решава Д. Ако се посматраат досегашните спорови помеѓу државите, макар во поновата фаза на развој на МО, евидентно е дека најголем број се решени без употреба на сила, односно на основа на мирни контакти и стрпливи преговори, што е залуга на Д.

105

Page 107: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Државите и покрај разликите кои ги делат и кои иницираат избувнување на конфликти, сепак сакаат заеднички да делуваат и спогодбено да ги решаваат проблемите. Тоа особено доаѓа до израз во најновиот развој на МО, каде државата не е само заинтересирана да ги брани своите национални интереси туку заради разгранетоста на денешните контакти бара канали за координирање на своите акции заедно со другите држави.

Поим на дипломатија Д. се смета за најстар облик на општење меѓу државите. Кога се зборува за Д

веднаш се мисли и на надворешната политика. Но постојат разлики помеѓу Д и надворешната политика. Надворешната политика претставува програма за акција која државата ја остварува во МО додека дипломатијата е метод со чија помош таа политика се остварува. Значи дипломатијата не ја создава надворешната политика, туку ја пренесува, објаснува, преговара и застапува основната политичка линија на една држава.

Под дипломатија често се подразбираат различни работи:

- надворешна политика на некоја држава (на пр. кога ќе се каже дипломатијата на САД во Европа се мисли на надворешната политика на САД)

- водење на меѓународни преговори и мирно решавање на споровите

- посебна способност и вештина на водење на надворешни работи од поедини државници

Вакви определувања на дипломатијата се еднострани, бидејќи сепак, водењето на меѓународните преговори и мирното решавање на споровите претставуваат битни компоненти на дипломатијата. Дипломатијата обично престанува во моментот кога ќе се употребат други средства, пред се насилни и кога поедини проблеми почнуваат да се решаваат со употреба на сила.

Денес преговарањето не е само начело на МО туку е и позитивна одредба на меѓународното право. Така чл. 33 од Повелбата на ООН вели дека решавањето на споровите по мирен пат (преку преговори, анкети, помирување) значи можност спорните прашања во МО успешно да се решаваат. Некои меѓународни организации од регионален тип предвидуваат исто: Повелбата на ОАД, ОАЈ/Е- бараат преговарање и мирно решавање на споровите со директно контактирање на заитересираните страни. Начелата на политиката на коегзистенција и неврзување исто така бараат преговори како начин на делување во МО.

Како начин и средство за остварување на надворешно-политичките цели дипломатијата е специфична дејност во полето на надворешната политика. Надворешната политика ја определува стратегијата и долгорочните цели, а дипломатијата е тактичко средство за нивно остварување.

Државата према надвор ја претставуваат, посебни органи. Кај нас тоа се :претстедателот на Републиката, Владата, Собранието, МНР и апаратот кој делува во нашите претставништва во странство.

Од сето изложено би можеле дипломатијата да ја дефинираме како општествена дејност со соодветна организација која има задача да ја претставува државата во МО и да работи на остварување на надворешнополитичките цели на државата со мирни средства

106

Page 108: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Разлики помеѓу класичната и модерната дипломатија Дипломатијата е многу старо средствао на МО и таа се менувала во согласност со

општите општествени промени и новите задачи кои се поставуваа пред неа. Се променија и методите на делувањето на дипломатските претставници од кои во феудалните монархии се барало да бидат спремни дворјани кои ќе ги исполнат доверените задачи не бирајќи средства. Во современи услови дипломатите треба да бидат широко и сестрано образовани, да знаат странски јазици, да имаат познавање од општествено-политичките, економските и културни прилики на државата во која ја обавуваат дипломатската функција.

Уште од Првата светска војна се зборува за нова и стара класична дипломатија, а оваа поделба е особено видлива по Втората светска војна.

Општествено-политичките промени во светот, зголемување на кругот на државите и промените на планот на технологијата и комуницирањето меѓу државите, влијаеше на профилирање на нов тип ма МО, што мораше да се одрази и во начините и срдствата на дипломаткото општење.

Дипломатијата изгуби на својата “романтичност” или сфаќањето дека е тоа вештина на “интриги и сплетки „.Дипломатијата стана како што вели Џорџ Кенан (Георге Кеннан) “бизнис на комуницирање помеѓу владите” .

И кај класичната и кај модерната Д. има постојан дипломатскиот апарат кој денес е зголемен со професионален кадар (со нови квалитети, специјално образование, искуство во дипломатските работи).

Освен што се зголеми бројот на луѓето ангажирани во дипломатските претставништа воспотавени се многу нови меѓународни организации, а ООН стана најголем дипломатски форум.

Под влијание на барањето за јавност Д денес во поголем дел е отворена/јавна активност подложна на известување и коментирање од средствата за јавно информирање. Јавноста на Д има свои граници такашто и понатаму некои значајни контакти или контакти во кризни ситуации течат по други канали и многу тајно.

Карактеристика на современата Д е проширувањето на профилот на кадрите кои работат во поедини дипломатски преставништва. Д. од политичко –церемонијална дејност е претворена во ангажирана работна активност, која бара различни видови на кадри кои добро ја познаваат поедината проблематика. Во дипломатските предтставништва, по војната покрај политичките воените и економските секретари и аташеи се појавуваат советници за наука, техника, земјоделство и др.во зависност од развиеноста на МО и интересот кои постои за поедина земја.

Мошне значајна е и „политичката дипломатија„ која ја водат министрите за надворешни работи или шефовите на државите. Таа активност денес станува се поинтензивна.

Разликите меѓу класичната и современата дипломатија на планот на промена на општествената функција на дипломатијата

Класичната Д служеше како средство за остварување на одредени политичките и меѓународноправни рамки за непречено функционирање на либералната светско

107

Page 109: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

стопанство. Во империјализмот придонесуваше за извоз на капитал, поделба на светот и извоз на стока и суровини.

Во таа класична дипломатија постоеше одвоеност помеѓу политичките и економски цели и функции. Имено, Д. како инструмент на надворешната политика пред се ја застапуваше државата во надворешните односи со други земји, а економските односи беа во втор план. Тука пред се делуваа приватните компании.

Денес Д. служи и за остварување на економски задачи, па дипломатските преставништва добиваат нови оддели-економски преставништва. Д. служи за остварување на економските цели и на надворешната политика, нема подвоеност меѓу економијата и политиката. Трговската размана се појавува како одредено тактичко средтство, бидејки со помош на трговијата можат да се остварат и одредени надворешно-политички цели.

Покрај економската дипломатија која е новост во современата дипломатија, постои и воена дипломатија. И класичната дипломатија познаваше воена дипломатија но таа имаше задачи од церемонијален карактер и военоразузнавачка природа. На воената дипломатија денес влијаат: создавањето на воено-политикчи сојузи, договорите за взаемна помош и соработка, постоење на воени бази во странство, воената помош односно вооружувањето на поедини војски што бара поголемо ангажирање на воената дипломатија

Класичната дипломатија ги постави рамките на мирното решавање на споровите (Хашките конвенции од 1907) како битна компонента на современата дипломатија.

Друга функција на дипломатијата беше одржување на воените сојузи. И денес сојузите се важни, но се проширени темелите на кои се базираат и не се остварувани само со дипломатски методи. Воените аташеа на пр. често се испраќани да решаваат прашања кои не се само од воен туку имаат и дипломатски карактер. Таква политика практицира САД, кои во рамките на НАТО настојуваат да решаваат прашањата по дипломатски пат со напомена дека, ако биде потербно, ќе испрати воени претставници кои ќе имаат пошироки овластувања/надлежности од воен и политички карактер.

Основни задачи на дипломатијата • Основни здачи на современата дипломатија се:

• заштита,

• репрезентација,

• посматрање и известување

• преговарање

Под заштита – се подразбира заштита на државните интереси, поединци, компании и др. За д можат д ружат заштита дипломатските претставништва мораат да бидат во тек со правниот, економскиот и културниот развој на државата и со развојот на врските со сопствената држава. Нивна посебна задача е да следат дали се реализираат договорите од различен карактер. Во случај да настанат некои проблеми во билатералната соработка го известуваат своето МНР и врз основа на инструкциите кои ќе ги добијат да влијаат на МНР во државата во која се наоѓаат за да се пристапи кон решавање на тие прашања.

Репрезентација- дипломатскиот претставник се јавува како политички застапник на својата земја и е овластен за водење прелиминарни преговори, доколку не се работи за

108

Page 110: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

некои сложени политички прашања за кои е потребно да има посебно полномошно или пак се пракаат посебни претставници.Тоа политичкото застапување подразбира во најширока смисла:

✔ Водење билатерални контакти

✔ Следење на политичките движења во државата

✔ Реферирање на своето МНР за степенот и перспективите на политичкиот развој на државата и меѓусебната соработка

✔ Други обврски од церемонијален карактер.

Посматрање и известување – е следна функција на работата на дипломтскиот претставник. Дипломатите се “очи уши” на својата влада во одредена земја.тие би требале први да забележат одредени процеси и за тоа го известат своето МНР. Било да станува збор за политички, воени, економски или социјални информации, државата треба редовно и брзо да се известува за да не ја изненади ништо,

Проучувањето на податоците кои се примаат се во надлежност на специјални одели на МНР кои се од регионален карактер, во зависност од интересите што ги има државата за одредени подрачја. Ппреку анализа на податоците даваат оцени за идниот развој што овозможува создавање на потрајна надворешнополитичка орјентација на поедина земја

• Преговарање – непрекинато преговарање на дипломатските претставници како нивна најголема умешност и способност е уште една нивна функција.Објекти на преговарање можат да бидат различни- од политички па до културни и спортски прашања. Методите на преговарање можат да бидат различни: уверување, пријателска соработка и преговарање, преговарање заради давање одредена помош, преговарање за да се залаже противникот, преговори со методот на блиц-дипломатија, преговори со одреден политички или воен притисок, преговори во време на окупација на поедини земји и др.

МЕЃУНАРОДНОТО ЈАВНО МИСЛЕЊЕ И ПРОПАГАНДАТА КАКО СРЕДСТВА НА МЕЃУНАРОДНО КОМУНИИЦИРАЊЕ

Јавното мислење се јавува како однос или еден од односите на граѓаните спрема општествените движења и процеси, на внатрешен план или во надворешната политика на поедина земја. Овде пред се мисли на односот на граѓаните спрема политичките збиднувања, односно спрема надворешната политика на една земја и нејзината насоченост/правец на развој.

Има различни мислења за вредноста на јавното мислење и неговото влијание на МО и на формулирањето на одредена политика.Некои сметаат дека е важен фактор на МО бидејќи делува како”невидлива и несовладлива сила”. Некои идеалистички концепции го поствуваат јавното милење како меѓународен стандард.

Но, има и мислења кои пак тврдат дека надворешната политика треба да се создава самостојно, без влијание на широките народни маси.

109

Page 111: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Јавното мислење со години се истражува со социолошки методи кои се применуваат и во МО (Џорџ Галуп во 1936 година го изврши првото истражување од тој вид и го отвори патот на развој на бројни истражувања и создавање на истражувачки институти кои во својта работа поаѓаат од претпоставката дека репрезентативен примерок, ако е правилно избран, дава адекватен одговор на поставените прашања.

Ако се следи улогта на јавното мислење во МО може да се види дека тој поим влезе во МО во поновиот период. Во минатото надворешната политика се создавала во тесен круг на луѓе, била тајна и недостапна до широките народни маси. Дури со развојот на модерниот парламентаризам се овозможува парламентите на посреден начин да ги одразуваат збиднувањата во кабинетите на министерствата за надворешни работи и врвните креатори на политиката.

Ленин и В. Вилсон беа за укинување на праксата на водење тајна дипломатија и оведување на отворена, јавна дипломатија.

Јавното мислење може да биде прогресивно или негативно во зависност од ставовите кои превладуваат во одредена средина

Секоја држава настојува да формира свое јавно мислење во согласност со своите политички цели и интереси кои владеачката класа сака да ги оствари. Добро организирано јавно мислење може да даде подршка на одредени поголеми политички акции кога на државниот апарат му се потребни изрази на прифаќање и одобрување на таква политика.

Со работите на подготовка и моделирање на јавното мислење се бави пропагандата, која се организира во рамките на државните граници, а делува и како специјално организирана дејност која е наменета за поедини држави.Најчесто пропагандата е упатена кон соседите или кон поголем број на други држави, а во случај на големите држави е насочена кон сите земји и делови на светот.

• Пропагандата претставува организиарана акција која тежнее кон доброволно прифаќање на некои политички идеи и ставови или менување на политичко однесување.

Пропагандата како важно средство на меѓ. делување се среќава многу рано (стара Грција), но дури во 17 век Католичката црква прва организирано поставила специјално тело за ширење на верата (пропаганда фиде)

За време на Првата светска војна пропагандата станува четврта димензија на МО (покрј дипломатската,економскатат и воената димензија).

Пропагандата како масовно подготвена и грижливо координирана владина кампања се јавува прво во САД за време на Првата светстка војна, потоа во Русија по Октомвриската револуција .

Подоцна фашистичките режими, пред се во Ггерманија и Италија ја развија пропагандата, користејки се со нејзините можности (Јозеф Гебелс Хитлеров “мајстор за пропаганда” тврдеше дека најмоќно средство на пропагандата е лагата под услов да е голема и често повторувана)

По Втората светска војна, Студената војна влијаеше на развојот на пропгандата.

Постојат бариери за ширење на пропагандата:

• скептицизмот на народодот за се што доаѓа од надвор

• технички проблеми (соодветен број на луѓе кои го знаат јазикот на поедини земји).

110

Page 112: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Се поставуваат организирани мерки како бариера за ширење на пропагандата:

• цензура која оневозможува било каково ширење на пишани матерјали

• пречки на работата на странски радио и ТВ програми.

Постојат сличности и разлики меѓу пропагандата и дипломатијата. Тие се слични по тоа што и двете се вербални по својот карактер на акција.

Разлики:

• во однос на адресатот: пропагандата се обраќа на народот, а не на службените претставници на земјата

• пропагандата е исклучива, во потполност подредена на националните интереси (дипломатијата бара компромис и спремна е да корегира некои свои интереси, пропагандата е заинтересирана само за такви слики кои ќе обезбедат предност на сопствениот национален интерес )

Пропагандата и дипломатијата се комбинираат, поедини дипломатски потези се следат со акти на пропаганда или некои дипломатски состанци се превземаат во пропагандни цели.

По Втората светска војна почнаа да се создаваат културни центри при амбасадите, информативни центри, читални, институции кои даваат стипендии за студирање и специјализации и др.

Големите држави развија и специјални агенции за пропагандно делување (координирана дејност во издавање на пишани матерјали на разни јазици, дистрибуција на матерјали во странство, радио и ТВ програми, изложби, отварање читални и сл –во САД со тоа се бави УСИА-агенција за меѓ. комуницирање, во Велика Британија –Бритисх Цоунцил.

Пропагндата никогаш не е цел за себе, таа е поврзана со политичките цели кои одредена држава сака да ги постигне.

Би можеле да се претпостави дека некоја организирана пропаганда која би била насочена кон истакнување на потребата од заедничко живеење, соработка, спогодбено решавање на светските проблеми (на пр. Во рамките на ОН) би можела да биде значаен чинител во унапреување на карактерот на МО и во надминување на бариерите кои сеупште делат многу народи.

ЕКОНОМСКИ ИНСТРУМЕНТИ НА НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКАЕкономијата во последно време добива се повеќе на значење во надворешно-политичката

сцена. Светот кој е денес меѓузависна и поврзана целина има интерес економските односи да се развиваат интензивно на меѓународен план.

Под економски инструменти на надворешната политика се мисли на секоја можност, институција или политика, која се применува заради постигнување на надворешнополитички цели и има посредни или непосредни надворешно-политички обележја. Тие економски инструменти на надворешната политика можат да бидат насочени кон постигнување на различни цели. Целите можат да бидат:

● само од економски карактер: увоз на суровини, извоз на готови производи

111

Page 113: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

● изразито политички: со развој на трговски врски да се шири политичкото влијание

● воен карактер: со развивање на економски врски да се обезбедат одредени воени интереси (на пр. да се обезбеди право за држење на воени бази)

Целите целите можат да бидат и од психолошка природа те. со развивање на економски врски да се искажат симпатии или желба да се помогне на друга држава или народ.

Целите, како што се гледа не се исклучиво економски, но средствата се исклучиво економски. Економските односи на секоја држава денес се инструменти на нејзината надворешна политика, а секоја држава е мошне осетлива на промените до кои може да дојде на тоа поле.

Од економскиот развој и стопанските способности зависи и однесувањето на државите во МО, а истовремено тоа е и ознака за општата моќ на државата. Економската сила со сите економски инструменти сд важен показател за можностите за акција на државите во МО.

За МО е важно во кои правци се развиваат економските инструменти на надворешната политика, каде се манифестираат и какви се тие средства на влијание во МО.

Државата може да делува во МО на неколку начини:

● со јакнење на својата економска сила и развој

● применувајќи економски инструменти кои и стојат на располагање

● давајќи одредена економска помош на државите за кои смета дека и се сојузници или можат да станат нејзини потенцијални сојузници

● со своето економски делување и употреба на одредени инструменти државата може да го слабее или ограничи влијанието на своите непријатели.

Трговија Во склоп на економските инструменти особено важно место има трговијата.Од

старите Феничани и Грци, кои меѓу првите системски започнаа да развиваат трговски врски, сметајќи дека тоа меѓу другото, е начин за јакнење на нивната положба, трговијата помина долг пат, во кој се сменуваа различни фази на МО, но таа секогаш била важен инструмент

Во меѓународните економски односи секоја држ настојува со развој на трговијата (Т) да обезбеди можноси за производство, потрошувачка и одбрана.

Насочувањето на трговијата не е само инструмент на економско делување, туку и составен дел на политичка пенетрација. Тоа може да има различни намени како што е јакнењето на колонијалните врски (неоколонијализам), кога бројни некогашни колонизаторски сили настојуваат да ги задржат своите позиции во поедини нови држави. Политиката на Франција и ВБ по губењето на колониите покажува дека насочувањето токму на трговската рзмена и присутност на одредени економски инструменти им

112

Page 114: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

овозможи на овие земји значајно политичко делување на тие земји во поедини делови на Африка.

Инструменти со кои може да се насочува трговската акција се: билатерални трговски договори, преференцијални тарифи, квоти, давање специјални кредити и манипулации со цени

Инструменти и техника на странската техничка помошВрската помеѓу економското делување и давањето економска помош денес е сосма

евидентно.Унапредување на трговската соработка е можна со давање средства или кредити со што се активираат и одредени економски сили во поедина земја. Помошта може да се дава посредно со јакнење на пријатели или сојузници. Потоа може да се тежнее кон јакнење на нивните способности или употереба на одредени сировини или производи со кои располагаат.Во времето на Студената војна економската помош беше важно сретство за спречување на пристапување на поедини држави на спротивната страна.

Странската помош стана составен дел на општата надворешната политика на блоковите и со помош на некои економски аранжмани кои имаа крктер на помош се настојуваше да се делува и да се соберат сојузници.

Давањето помош може да подели во 3 категории:

• а) помош која се дава заради развој со специјално инвестирање на странски капитал (покрај економска цел постојат политички и идеолошки интереси- Маршалов план)

• б) техничка помош, те. активности насочени на образование, ефикасност на економско производство и сл.

• в) програми кои треба да помогнат во развој и стабилизација на одредени држави и имаат задача економски и политички да го зајакнат системот (за да се добие дозвола за држење на сопствени воени сили, да се спречат потешкотии за враќање на кредити и др.)

Можно е да се комбинираат овие три системи.

Средства на економско војување Под економско војување треба да се разбере употереба на сите оние средства кои можат да

ја ослабат противничката страна, без оглед дали е состојбата воена или мирнодобска.Во време на војна држаавите настојуваат со поморски блокади се настојува да се спречи можноста за јакнење на противничките сили и да се отежне нормално функционирање на нејзиното стопанството .

Но многу почесто примената на различните видови на економски притисок на поедини земји во време на мир заради политички причини. Со примената на: високи царински стапки и воведување импорни квоти, бојкот на стока која доаѓа од одредена земја, ембарго на извоз на суровини и стока, одбивање на давање кредити или економска помош манипулирање со курсот на одредени национални валути се создаваат многу сложени ситуации кои мора да се рефлектираат на општата состојба на односите помеѓу поедини држави или на развојот на оние земји спрема кои се применуваат такви мерки на дискриминација.

Во времето на Студената војна особено беа присатни економските средства на војување во односите Запад - Исток. Со создавањето на Маршаловиот план, со забрана на извоз на тн. стратегиски матерјали во социјалистичките држави, примена на високи царини и бојкот на стока

113

Page 115: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

од источноевропските држави, дојде до прекин на нормалните економски врски помеѓу двете големи држави.

Во разгледувањето на економските средства за комуницирање на меѓународен план, може да се заклучи дека денешните меѓународни политички оноси се се повеќе поврзани со економските движења и не е можно раздвојување на тие два правци на развој

ВОЕНИ ИНСТРУМЕНТИ ВО МОВо МО се одвиваат односи на соработка и конфликти и во тие две крајности на односи се

одвиваат останатите контакти на државите во МЗ.Во тие контакти секоја држава ги застапува своите интереси и ги користи сите средства за постигнување на своите цели и задоволување на интересите. Воените инструменти се употребуваат во МО во ситуации кога државата е убедена дека употребата на воената сила е можна и корисна, и дека постои таков распоред на односи на меѓународен план кој овозможува реализација на нејзините интереси со помош на воена акција.

Можноста за примена на војната како средство за решавање на политички проблеми, во смисла на Клаузевицевата дефиниција дека војната е продолжение на политиката со други средства, зависела главно:

• од потребата за брзо решавање на некој проблем

• од опасностаа да се промени односот на силите на штета на одредена држава

• од проценката дали целите остварени со војна ќе одговараат на вложените напори

• од прашањето дали постојат изгледи за победа во конкретниот однос на сили

● од тоа дали се извршени претходни подготовки (воени, економски, политички, морални) за водење на војна итн.

Во современи услови на воспоставена рамнотежа на воен план, можноста за решавање на политичките прашања со политички средства и зајкнато влијание на јавното мислење ги отежнуваат па дури и елиминираат можностите за глобална примена на војната како средство за решавање на политички прашања.Позната дефиниција на Клаузевиц за војната денес може да се постави такашто војната повеќе не е средство за водење на политика, туку водењето на војна (во глобални рамки) би значело автоматски крај на секоја политика.

Покрај фактот дека употербата на сила во светски универзални рамки денес е неможна, сепак воената сила е средство на делување на секоја политика.

Целите коишто воената сила треба да ги штити или остварува се различни и зависат од односот на политиката и воената сила.

Воената сила може да се појави како:

• одбранбено средство да ја штити територијата и националната безбеднсот на државата

• средство за застрашување кое ќе го одврати противникот од напад

• инструмент кој ке го натера противникот да се откаже од нападот и да побара мирно решавање на проблемот

• значаен елемент на националниот престиж на државата на меѓународен план

114

Page 116: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

• организирана сила во рацете на владеачката група која треба да одржи ред на внатрешен план и помогне во спроведување на утвредната политика

• организирана сила за водење воени операции.

Различно сфаќање на војната и мирот

Класификацијата на војните е различна и бројна:

• војни чија цел е експанзија или реализација на националната безбедност

• освојувачки и одбранбени војни

• тн. рационални војни во кои држвите се раководат од стопански интереси

• ограничени и тотални војни.

Како доаѓа до војни? Постојат повеќе мислења/теории за местото на војната во МО.

● Според демографската теорија основна причина за војна се спротивностите помеѓу природниот прираст и обезбедување на нормални услови за живот (Платон, Аристотел).

Во времето на капитализмот Малтус станува заговорник на контролата на прираст на населението. Тој истакнуваше дека населението се развива со геометриска прогресија, а средствата за негово одржување со аритметичка па Малтус бараше начин да се воспостави рамнотежа. Според него катастрофалните несреќи, меѓу кои ги вбројуваше и војните, водат кон урамнотежување кое може да го спаси човештвото.

Ваквите мислења сосема извено се во спротивност со големите можности за развој на денешиот свет.

• Биолошка теорија тргнува од тврдењето дека човекот во своето делување подлегнува на биолошки правила.Човекот е воден од инстинкти кои му се вродени, па човековото однесување треба да се посматра на биолошка основа, а не на разум. Во своите анализи Цицерон пишува за човечките страсти кои се незаситни па се појавува омраза, побуни и војни.

Според Б. Расел (Руссел) човекот има агресивен инстинкт тој е во конфликт со природата, со друг човек и во рамките на војните кога народите војуваат против други народи. Но, човекот поседува и морални корективи кои го водат кон одржување на мирот. Тие два инстинкта се борат во човечката природа, па Расел смета дека со пацифички акции и движења ќе дојде до надвладување на инстиктот за мир.

Биолошката теорија ги сфаќа војните како трајна категорија, која е секогаш присатна во човечкото општество и која не зависи од општествено-економски или класни односи што е еднострано и непотполно.

• Легалистичкото сфаќање на војната поаѓа од максимата “ултима ратио регум” (последно средство за прибавување на правото) што би требало да значи дека војната е последно средтво за реализација на сопствените државни права.Овие мислења се базираат на силата на државата и нејзината воена сила, кога војната не беше правно забранета и државата прибегнуваше кон употреба на воена сила за остварување на своите цели. Во современи услови не само што војната е забранета со многу меѓународни документи туку исто така е јасно дека и во мошне критични ситуации е неможно да се употреби воена сила и од најсилните држави.

115

Page 117: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

• Војната се разгледува како средство на општествен развој- повикувајки се на искуствата од минатото и на улогата што промените носени од војната или кои настапиле како последица на војна им донеле на поедини народи (улогата на Првата светска војна во овозможување на Октомвриската револуција и на Втората светска војна во победата на социјализмот во ИЕ).Но при анализа на МО може да се заклучи дека и во услови на мир е остварен значаен општествено-економски напредок, такашто прогресивните промени не се и не мораат да бидат врзани за војни.

Ограничена и тотална војна Во САД во 50тите години на 20иот век, почна да се пропагира теоријата на ограничени

војни, кои во услови на нуклеарно оружје може да ја одржи војната како средство на државната политика

Скоро сите досегашни војни биле од ограничен карактер. Иисклучоци можат да се најдат во походите на Асирците кои потполно ги уништиле своите соседи не штедејќи ни матерјални добра ни население, римската акција во Картагена и сл. Почести беа воени судири од освојувачки карактер кои не тежнееа кон потполно физичко уништување на населението. Ограничените војни беа ограничени во избор на противникот, целите, просторот на дејствување и средствата кои се применуваа ( на пр. империјалистичките конфликти имаат ограничени цели бидејки се водат за пазари, суровини, комуникациски патишта, стратегиски точки или заради престиж на една држава).

Втората светска војна, планирана како дел на целосно освојување на светот од Хитлерова Германија и нејзините сојузници, по целите, ангажираните средства и сили, претставуваше тотална војна во која посредно или непосредно беа вклучени скоро сите земји. Промените до кои дојде во повоениот свет беа од поширок карактер и се одразија многу подалеку од границите во кои се водеа војните (распаѓање на колонијалните империи, создавање нови азиски и афрички држави, ширење на социјалистичките идеи).

Сите војни водени во повоениот свет спаѓаат во категоријата на ограничени војни од локален карактер (се одвиваат на определен простор, реализација на определени цели и имаат точно определени сојузници).

Ако до Втората светска војна водењето ораничени војни беше пред се врзано за политичка одлука да на се уништи непријателот до крај, во денешни услови поставувањето на ограничена цел е врзано за политичко но и воено одлучување. Имено во светот на развиено нуклеарно оружје државата која располага со таква сила доброволно се ограничува дека нема да го употреби тоа оружје во случај на војна.

Протагонистите на теоријата на ограничена војна тргнуваат од претпоставката дека светот е исполнет со конфликти и не може да се исклучи избувнување на нови конфликти од локален катактер, но се свесни дека никој не сака да види избувнување на нуклеарен судир што е равно на уништување на современата цивилизација.

Граѓанска војна (ГВ) и тероризмот се понаташни облици на војни. Тие немаат таков досег како тоталната или ограничената војна, но се многу чести во современите МО.

ГВ е војна помеѓу различни страни во рамките на државата, а целта и е контрола на територија или создавање на нова власт.

ГВ може да има пошироко значење, како американската граѓанска војна (1861-65) и граѓанската војна во Русија (1918-21) кои имаа значајни меѓународни последици и потесно

116

Page 118: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

значење како бројните африкански граѓански војни (Ангола, Конго), врзани за завојуваните страни и помала помош од надвор

ГВ можат да се класифицираат во три вида:

● ГВ со кои се сака да се доврши владеењето на странските конолизатори

● ГВ со кои дел од државната заедница сака/настојува да се одвои и да создаде засебна целина

● ГВ кои настануваат како резултат на желбата за обединување со друг дел на својот народ

Без оглед на должината на траење секоја ГВ остава последици во земјата и непосредното соседство. Државите кои се зафатени со ГВ слабеат економски, бегалци одат во соседните земји, оружје се доставува на страните во судирот и покрај формалната забрана. Оттука иако станува збор за внатрешен судир, тој добива меѓународни аспекти и ги дестабилизира приликите на поширокото подрачје.

Тероризамот е денес се поприсутен на разни страни на светот.

Постојат многу дефиниции за тероризмот. Она што е сепак доминантно во секој облик што може да се нарече тероризам е стравот покрај заканата со сила или употребата на сила. Овие елементи можат да се земат како главни одредници на феноменот кој постојано се менува и се прилагодува на новите услови.

Тероризмот не е облик на герилско војување, ниту е политичко или иеолошко движење. Т. е метод со која одредена група која има некои свои политички, филозофски или религиски уверувања делува за да дестабилизираат одредена земја или регион и на тој начин да ги промовираат своите религиски, екстремистички, радикално марксистички, расни или фашистички уверувања.

Борбата против Т. е сложена, бидејки секоја Т. организација има мала, добро организирана мрежа и подршка од разни страни. Терористичките акти доведоа до употреба на тн. државен тероризам, кога државната сила се пресметува со земјите за кои се верува дека ги помагаат терористите ( акциите на САД против Либија, Судан, Ирак).

Глобалниот свет, можноста за брзо движење и лесно доаѓање до нуклеарно оружје го чинат Т. една од најголемите светки опасности. Никој сам неможе да победи во борба против Т. и само меѓународна акција со учество на сите земји може да даде резултат.

117

Page 119: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Глава 10 ВИДОВИМЕЃУНАРОДНИОДНОСИ

МО се сложен и комплексен аспект на општествената стварност. Овие односи се богати по својата содржина, по бројот на главните носители на акции и облиците на нивното однесување во МЗ. МО се динамични и променливи и формите на манифестирање и носителите се менуваат како според квлитетот така и квантитетот. Голем број актери на меѓунроден план настојуваат да ги реализираат своите интереси. Со цел полесно да ги реализираат тие интереси или да обезбедат нивна доминација во МЗ се воспоставуваат бројни билатерални и мултилатерални врски и односи помеѓу субјектите на МО, врз основа на традицијата, општесвено-политичкото уредување, историското искуство, географската положба и др. Тоа доведува до настанување на голем број различни односи како по содржаина така и по облик , кои се вклопуваат во целината која ја нарекуваме МО. Сите тие разновидни односи се одвиваат во МЗ кко единствена средина.

Во така големиот сплет на различни односи ниедна шема или класификација на односите не може да ги опфати сите облици на однесување на државите, нити сите карактеристики на нивното делување. Сепак во теоријата на МО постојат бтојни примери на создавње на специфични системи на МО во кои врз основа на одреден број на заеднички црти се означуваат неколку можни типиви на тие односи. Во теоријата на МО постојат различни поделби, како и различни критриуми за класификација на односите кои овде ги разгледуваме/проучуваме како видови на МО.70

Под тип/вид на МО треба да се разберат облици и содржини на МО и дејствувања, толку карактеристични што создаваат одредени црти на заедништво.

Во досегашната историја на МО можат да се најдат такви видови на односи кои биле карактеристични за поедини фази на развој на човековата историја.

Како почетен систем/вид на МО може да се земе Стара Грција која изгради одредени односи и норми на однесување помеѓу градовите држави во една заедничка средина , каде постоело заедништво изразено со заедничка традиција, минато и јазик на сите тие единици.

Римската држава, поставена во облик на голема и моќна империја, имаше сосема друг карактер. Хегемонијата на Рим над останатите делови на светот беше основна карактеристика на делување.

70 Види: R.Vukadinović, Međunarodni politički odnosi,Politička kultura, Zagreb, 2004, str.207.

118

Page 120: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Посебен тип на односи покасно е воспоставен во Европа. Во специфичниот амбиент на папската и царската власт се создаваше, исто така, специфичен збир на односи и права во рамките на “семејството на христијански држави”.

Така нареченииот класичен тип на односи доминираше неколку века од Вестфалскиот мир 1648 година до создавањето на првата социјалистичка држава – СССР во1917 година. Територијално тој тип на односи ги зафакаше европските христијански држави. МО беа засновани на акцијата на одреден број држави чии односи беа регулрани врз основа на обичаите и правото. Меѓудржавните спорови се решаваа со војна, а системот на безбедност беше заснован на рамнотежа на силите.

Првата и Втората светска војна доведоа до бројни промени во меѓународната средина што влијаеше на првецот на развој на МО. По втората светска војна дојде до револуционерни промени во МО:

▪ паралелно постоење на капиталистички и социјалистички држави

▪ распагање на колонијалниот систем и создавање на нови држави

▪ пронаоѓањето и развојот на нуклеарното и ракетното оружје.Сето тоа влијаеше на профилот на МО на менување на неговата динамика и бројот на

актерите.

Во досегашната историја на меѓународната заедница, можат генерално да се класифицираат три карактеристични вида на меѓудржавно делување/МО, кои според носителите на акција/актерите, целите и средствата исполнуваат критериуми кои се бараат за постоење на еден систем, односно претставуваат систем на односи :

1.Класичен тип на односи заснован на рамнотежа на силите

2.Биполаризмот во времето на студената војна

3.Коегзистенцијата како тип на односи на држави со различни општествено политички системи.

РАМНОТЕЖА НА СИЛИТЕСамиот термин рамнотежа на сила (РС) има неколку различни значења:

▪ ситуација која постои меѓу поедини држави,те. кога постои отприлика иста сила на државите или сојузите на држави

▪ може да биде ознака на политика или цел кон која се тежнее (целта би требало да биде однапред назначен, а политиката која ја има РС како свој главен интерес би морала да води сметка за постоење на РС

119

Page 121: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

▪ РС може да биде симбол кој ја означува тн.реалистичка политика според која силата е главна полуга на мегународното делување

▪ Рамнотежа на силата (РС) е тип на МО, што значи дека врз основа на карактеристиките на однесување на држвите во одреден период може да се даде опис на тој период на МО.

Основни претпоставки за постоење/дејствување на системот на РС, кои некои автори го сметаат за успешен инструмент кој во долги периоди ги елиминирал судирите во Евопа се:

o во системот треба да постои поголем број самостојни држави кои стапуваат во меѓусебни односи (подеднакво моќни поголеми држави кои обично се нарекуваат големи сили или есенцијални актери)

o непостоење на голем центар кој би имал поголема моќ над силата на поедини држави

o државите располагаат со својата сила која ќе ја употребат како крајно средство за остварување на своите интереси, што значи дека појаките држави се во подобра положба бидејкќи „ јаките ги почитуваат а слабите ги тепаат„

o силата може единствено да се неутрализира со сила (силата нема да се употреби ако на друга страна постои отприлика иста таква сила). Ако нема таква сила државата државата самостојно ќе одлучува за употребата на сила зависно од своите потреби.

Принципот на РС е содржан во договорите од 18 и 19 век и подразбира создавање на таква ситуација во која се уравнотежени односите помеѓу поедини страни. Со помош на сопствена сила или здружени сили во сојуз се постигнува состојба во која на ниедна држава или сојуз на држави не им се дозволува да станат силни за да ја загрозат безбедноста на другите држави.

Релизацијата на таков тип на односи во кој доминира РС отвара неколку значајни прашања:

а) РС како тип на односи се покажува како нестабилен. – Историјата на МО во долгиот период кој може да се нарече систем н РС ја покажува тенденциата на државите да делуваат во правец на менување на односот на силит, а самиот принцип на РС тежнее кон одржување на статус њуи. Заради тоа и самите приврзаници кои се определуваат за РС како средишно начело во МО, бараат од овој вид на односи да биде динамичен за да се сочува рамнотежата против растечката сила и хегемонија, па и да се стапи во војна ако е потребно за да се остварат тие цели.

б) Во праксата на МО тешко е да утврди моментот кога е постигната РС (војната е единствено можно средство за проверка на односот на силите, односно обид повторно да се воспостави рамнотежа).

ц) Постои субјективност при оценка на таквата состојба. Историчарот и државникот различно ја проценуваат РС. Истотичарот изјавува дека постои РС кога двете спротиставени страни му се чинат еднакви во поглед на силата, а државникот кога мисли дека неговата држава е појака од другите.

120

Page 122: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

д) РС поаѓа од нееднаквоста на државите бидејќи во пракса вредеше за големите држави. Малите држави имаа интерес за негово одржување бидејќи од тоа зависеше нивната национална безбедност па дури и опстанок. Примерот на Полска, која како помала држава беше три пати делена помеѓу Прусија, Австрија и Русија, претставува пример за негативните ефекти што ги имаше постоењето на РС за помалите држави и нивните национални интереси.

Постојат различни објаснувања/образложенија за самото функционирање на РС. Постојат 3 главни групи на гледишта:

Според првото-РС се создава автоматски,односно секоја држава сака да биде што појака па во процесот на јкнење доага до РС. Државите не тежнеат кон РС туку секоја од нив сака да биде што појака па така и се однесува, што би значело дека РС е воспоставена релативно самостално без некое намерно или организирано делување.

Според второто мислење, посебно значење во одржување на РС имаат тн. држави балансери, кои со својата смислена политика, префрлајќи ја тежината од една на друга страна, воспоставуваат и одржуваат баланс. Историјата на МО покажува дека тн. Балансер бил многу популарен во минатото. Најчесто таа улога ја играла Велика Британија, која ја ставала својата сила на една или друга страна и се разбира секогаш ја избирала онаа страна која била против најјаката политичка држава или група, со што РС требало да биде на подолг период сочувана.

Во последниот случај, ова е најчесто сваќање РС како тип /вид на МО се проматра, пред се, врз основа на светското делување на главните актери и нивните активности/акции кои водат кон воспоставување на РС. Значи кон рамнотежа треба свесно да тежнеат сите или бар водечките држави кои учествувааст во МО. Тоа не ја подразбира само желбата на послабите да се изедначат со појаките за да им се спротистават (бидејки тоа е опфатено со првиот автоматски механизам) туку и предаденост на оние кои се привремено помоќни кон самиот систем чии основи не скаат да ги нарушат, вклучувајќи тука и понатамошно постоење на поголем број на независни субјекти, држави . За да ги одбранат општите, заедничките и сопствените вредности државите ќе ја јакнат сопствената моќ/сила и ќе се групираат против помоќниот потенцијален противник но нема, заради свои интереси, да дозволат изразена нерамнотежа во своја корист со што би го довеле во прашање опстанокот на МЗ составена од поголем број независни држави.

Класичен пример на РС имаме во 18 век кога во Западна Европа постоела рамнотежа помегу Велика Британија, Франција и Шпанија; во Средна и Источна Европа помеѓу Австрија, Прусија, Русија и Турција. Во ваква игра сојузниците лесно се менуваа. Обидот Наполеон да завладее со Европа доведува до сојуз на сите европски држави против Франција и до нејзин пораз. Државите победнички се обидуваат да воспостават мегусебна рамнотежа утврдувајќи на Виенскиот конгрес распределба на територии и сфери на влијание: Русија дбива дел од Поласка, Австрија контрол над Италија, Прусија ја присоединува рајнската област, а Британската првласт надвор од Европа е потврдена. Победниците создаваат четворни сојуз како противтежа на можната обнова на Франција. Меѓутоа кога се појвија спротивности помеѓу големите сили повекестраната рамнотежа се заменува со обидите да се воспостави проста рамнотежа помегу сојузи на држави. Како одговор на тројниот сојуз - Германија, Авструнгарија и Италија доаѓа до француско-рускиот сојуз. Ривалството помеѓу нив доведува

121

Page 123: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

до се поголеми кризи и подготовки за војна. Ни приближувањето на ВБ кон Франција и Русија (создавањето на „големата антанта„) не успеа да ја спречи Првата светска војна.

Во периодот на функционирањето на РС, силата на членките на системот била релативно рамномерно распоредена, државите по своите општествено-политички карактеристики биле истоветни или слични, моќта можела исто така лесно да се мери и проверува, одлуките се носеле во тесен круг, а ограничените војни биле составен дел на тогашната политика.

Од ова се гледа дека РС не можеше да обезбеди стабилност на МО за подолг период. Европскиот систем на РС не ја елиминира војната, напротив, војната беше облик на проверување на способноста те. можноста за одржување на РС или нејзино менување .

РС беше замислена како систем кој овозможуваше посебно истакнување на интересите на збир на држави кои самостојно или во сојузи настојувале во различни периоди да ги остварат своите надворешнополитички цели не обрнувајќи внимание на постоењето и интересите на другите помали субјекти. Рамнотежата на големите требаше да обезбеди стабилност и за малите држави кои живееа во сенка на тој воспоставен однос, но при промената на односите на рамнотежа меѓу големите токму малите и средните држави паѓаа како жртви на таквата акција на големите држави.

Во текот на долгогодишнотро делување видот/ типот на РС изгради тн. специфични техники на своето функционирање.

Специфични техники на функционирањето на РС се огледаат во:

а ) во напорите за стекнување на сојузници;

б) во интервенциите во внатрешните работи на други земји ако во нив доаѓа до промени кои според мислењето на големите држави би можеле да ги загрозат нејзините интереси и одржувањето на целокупниот систем на РС. Интервенцијата се спроведува во рамките на сопствената интересна сфера и во системот на РС се толерира од другите носители на рамнотежата во има на божем повисоки цели. За носителите на РС промената на владата внатре во државата која е во свера на влијание, не работа на нејзиниот народ. Политиката на РС на овој начин се исполуваше во времето на биполаризмот по Втората светска војна што се гледаше во интервенциите на САД во Латинска Америка и СССР во источна Европа. Интервенции би имало и без РС, но таа ги „легализира„ во име на божем заштита на светскиот мир и безбедност;

в)Создавање на тампон-држави и нивна неутрализација. Како производ на политиката на РС настануваат и тн. Тампон држави. Тоа се држави надвор од интересните сфери , но во подрачјето каде се судираа интересите на големите сили. Бидејќи ниедна не е во состојба да загосподари со тоа подрачје, а е способна да го спречи ривалот тоа да го стори на тампон државата ие овозможено слободнпо постоење, под услов да води пасивна надворешна политика, , без можност да се приклонуваат кон спротиставените сили. Швајцарија остана тампон држава до крајот на Студената војна на стратегиски многу важен дел на Европа. Нејзиното поседување од некоја европска сила би и дало предност што ниедна друга не би можела да го поднесе.

122

Page 124: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

г) во компензациите како важно средство за одржување на РС. Ниедна од водечките сила не можеше да дозволи добиток на другата сила без надокнада-компензација за себе. Инаку би пораснала моќта на првата сила и равнотежата би била нарушена. На Берлинскиот конгрес 1871 година Босна и Херцеговина беше доделена на Австро-Унгарија како компензација за јакнењето на руското влијание во Бугарија.

Во класичниот тип на МО, кој го карактеризираше РС, мирот и безбедноста никому не беа гарантирани, силата беше често употребувана и врз основа на силата се вреднуваше позицијата и политиката на една земја.Целиот систем е недемократски, поаѓа од неравноправноста на државите членки.

Во МО може успешно да функционира систем кој ќе ги признае темелните права на сите членки на МЗ, каде споровите ке бидат решавани на равноправен начин и каде војната како средство на меѓудржавно општење ќе биде сосема исклучена.

СТУДЕНАТА ВОЈНА КАКО ИЗРАЗ НА БИПОЛАРНИ ОДНОСИ

Во првите години после Втората светска војна, напоредно со спротивностите во Антихитлеровската коалиција наречена Голема коалиција, се создаваше нов тип на меѓународни односи, заснован на постоење на две големи поларни структури и нивните тенденции за постојано јакнење.

Основни карактеристики на биполарниот систем беа:

⮚ Воена и дипломатска сила е собрана околу два големи центри, кои со својата моќ и авторитет се јавуваат како лидери на големите сојузи кои ги водат другите држави кои според својата положба и распоредот на силите во вкупноста на МО мораат да ја прифатат таквата политика.

⮚ Интеракциите и општењето се одвива меѓу лидерите на спритиставените блокови и помеѓу лидерите и членовите на неговата структура.

⮚ Средишни прашања на односите се врзани за идеолошките вредности и нивната распределба во светот иако територијалните праѓања и ли сферите на влијание исто така имаа значење за избувнување на конфликтни ситуации.

Во повоениот свет се појавија значајни нови обележја кои станаа основа на која се профилираше биполарноста на меѓудржавните врски:

● СССР од војната излегува како една од двете најсилни сили, што му овозможи политичко дејствување кое битно влијаеше на развојот на МО.

● По војната се измени и сликата на Европа, во која неколку земји тргнаа во изградба на социјалистичкиот систем на односи.

123

Page 125: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

● Во западниот свет САД стана апсолутен лидер и хегемон благодарејќи на својата општа економска, воена и политичка сила. Тоа овозможи американскиот империјализам сосема да ја напушти политиката на изолационизам и користејќи ја предноста на својата положба по војната да ја постави својата глобална надворешнополитичка акција.

● За време на војната созреваа условите за јакнење на идејата на народноослоодителните движења, кои по војната добија широк замав прво во Азија а потоа и во Африка, кои бараа ликвидација на колонијализмот.

● Како резултат на соработката за време на војната и обид за институционализација на меѓународното комуницирање се создава ООН, со задача да придонесе за јакнење на меѓународните контакти и да помага во зачувување на мирот и безбедноста.

Во процесот на распаѓање на стриот систем и судирот на спротивните антагонистички сили во глобални релации се создаваше и нов тип на односи кој може да се нарече биполарен модел. Но, во тој модел секако Студената војна е најглавната содржина на сите меѓудржавни врски во текот на долг период.

Студената војна можеме да ја дефинираме како состојба на отворено непријателство, постојана биполарна ривализација и борба помеѓу државите со спротивни општествено-политички системи, во која Запад се обиде да ги запре промените кои настанаа после Втората светска војна кои требаа да водат кон менување на постоечката состојба и јакнење на социјализмот.

Карактеристики на студената војна

Како историска категорија терминот студена војна се однесува на состојба на односи на два спротивни општестевно-политички и економски системи по Втората светска војна, кога настанаа значајни крупни промени во севкупната структура на МЗ.

Студената војна (СВ) започна во времето кога се создаде светскиот социјалистички систем, односно кога Советскиот сојуз и НР Монголија престанаа да бидат единствени социјалистички земји.

На почетокот СВ како свое значајно обележје го имаше фактот дека ја започнаа или носеа западните земји уверени дека со збир на различни мерки ќе го „запрат комунизмот„. По губењето на атомскиот монопол од страна на САД воената рамнотежа на сила стана ознака на СВ.

Изворите на СВ, етапите низ кој е воден судирот и употребуваните средства се дел од современите МО во кои СВ многу години беше главна категорија на нивниот понатрамошен развој. Така во целокупноста на МО по Втората светска војна можат да се видат некои темелни карактеристики кои имаат вредност во одредувањето на местото на овој феномен во повоениот развој на светот.

1.СВ имаше глобални консеквенци (немаше дел од планетата кој не беше директно или посредно засегнат/допрен од студеновоената политика и акција

124

Page 126: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

2.Западните држави ја поставија својата политика на сила против социјалистичките држави но и против народноослободителните движења (тие се бореа за независност рушејќи го колонијалниот систем, но можеа да станат носители на трансформација која би водела кон социјализам). Двете можности на делување беа непожелни и во пракса беа сузбивани со сите средства.

3. Главниот правец на конфронтирање помеѓу САД и СССР се одвиваше во Германија и заради Германија (двете страни се залагаа за различни решенија, кои автоматски се исклучуваа). Со создавањето на двете Германии, тие станаа главни протагонисти на СВ и преку нив течеше процесот на постојана напнатост.

4.Новите видови на нуклеарно и ракетно оружје влијаеше на силата на двете големи сили, на поинакво профилирање на нивните вкупни односи и барање можност за непосредно решавање на некои проблеми од нивните взаемни односи.

Ангажманот на неврзаните земји, заедно со промените во блоковските структури придонесе за разбивање на биполарноста во МО и со тоа до постепено надминување на СВ (Индија, Југославија, Египет)

Настаната во специфични услови по Втората светска војна во согласност со промените во МЗ, биполарноста изразена во студеновоена состојба на односи го доживеа својот врв и крај водејќи кон создавање нови типови на МО.

МИРОЉУБИВА АКТИВНА КОЕГЗИСТЕНЦИЈА

Коегзистенцијата како вид на МО доби можност за практична реализација во времето на Ленин, по победата на првата социјалистичка револуција и создавањето на првата социјалистичка држава. Ленин ја постави тезата за потребата од прифаќање на коегзистенцијата како законитост во време на постоење на земји со различни уредувања, но укажува и на потребата од нивно взаемно контактирање особено на економски план.

Ако за времето на Ленин може да се зборува дека предходеше на првото обликување на содржината и формата на новиот вид на МО помеѓу државите со различни општествено-политички уредувања, за време на постоењето на Големата коалиција во Втората светска војна практично се рализираше коегзистенцијата. Но, таа воена соработка кратко траеше.

Првата конкретизација на коегзистенцијата во државна смисла даде договорт- Панча Шила - склучен помеѓу Кина и Индија во 1954 година, со којшто се предвидува решавањето на прашањето за Тибет. Двете азиски држави потавија пет основни начела како основна рамка за можен развој на односите со ралично уредување:

1. Взаемно почитување на територијалниот интегритет и суверенитет2. Взаемно ненапаѓање3. Немешање во внатрешните работи на другите држави4. Рамноправност и заедничка корист

125

Page 127: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

5. Мирна коегзистенција.По овој договор коегзистенцијата почнува се повеќе да се среќава во многу билатерални и мултилателарни договори. Сепак нема единствена дефиниција за поимот коегзистенција, но таа може да се окарактеризира како:

o Тип на меѓународна соработка карактеристичен за држави со различно, дури спротивно општествено - политичко и економско уредување

o Активна соработка на државите во разни полиња со цел да се сочува мирот и безбедноста што е особено важно во услови на постоење на нуклеарно оужје

o Меѓународна соработка во согласност со начелата на Повелбата на ОНo Облик на меѓународна соработка кој не претставува средство за конзервирање на

постоечките облици на општествено уредување, ниту средство за запирање на понатамошниот општествен развој, особено процесот на осамостојување на народите.

Во Декларацијата за начелата на меѓународното право за пријателски односи и соработка на државите, прифатена на заседанието на Генералното собрание на ООН во 1970 година се прифатени следниве начела на коегзистенциј:

1. Забрана на закана со сила или употреба на сила против територијалниот интегритет или независност

2. Мирно решавање на споровите

3. Забрана на мешање во внатрешните работи на држ

4. Суверена еднаквост на државите

5. Равноправност и самоопределување на народите

6. Совесно исполнување на меѓународните обврски превземени во согласнот со Повелбата на ООН

7. Обврска за соработка на државте во согласност со Повелбата на ООН

Вредноста на коегзистенцијата ја сватија и лидерите на двете најголеми сили , САД и СССР, кои во московскиот документ наречен „Основи на взаемните односи помеѓу СССР и САД„ од 1972 гдина исткнаа дека двете земји ќе тргнуват од „уверувањето дек нуклеарното доба нема друга основа за развивање на нивните меѓународни односи освен мирната коегзистенција. Разликита во идеологијата и на општетвениот систем на САД и СССР не се пречка за развој на нивните меѓусебни нормални односи, засновани на начелото на сувереност, еднаквост, немешање во внатрешните работи и взаемна корист„.71

Своја понатамошна афирмација коегзистенцијата те. нејзините начела добија во процесот на Конференцијата за европска безбедност и соработка – КЕБС.

Иако во Завршниот акт од Хелсинки не се спомнува изрично коегзистенцијата, евидентно е дека нејзините идеи се присатни во низа начела кои ги уредуваат односите меѓу 35 држави од Европа како и САД и Канада.

71 Правда, 30 мај1972.

126

Page 128: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Париската повелба за нова Европа ги проширува седумте начела на Декларацијата на ОН со уште три нови и значајни начела:

- Неповредивост на границите

- Територијалниот интегритет

- Почитување на човековите права

Државите членки на КЕБС дадоа значаен придонес не само за остварување на новите односи на тлото на Европа, туку и за создавање услови за профилирање на односи кои во најголема мера ги опфаќаа идеите, духот и содржината на мирољубивата коегзистенција.

Со падот на социјализмот во Европа и создавање на нови односи, коегзистенцијата изгуби на своето значење.Таа е заменета со барање нови облици и содржини на МО.

Глава 11

НОВСВЕТСКИПОРЕДОК

Крајот на 20-от век го обележа радикалнин промени кои го трасираа патот за нов квалитет, облици, содржини и вид на МО. Тој нов вид кој е сеуште во формирање е познат како- нов светски поредок (НСП). Така новиот светски поредок стана синтагма која би трбала да означи нов период на МО во кои се случија големи промени на сите страни на светот.

Промените од крајот на 90-те години на 20-от век отворија пат на новиот светски поредок и имаа своја идеолошка, политичка и стопанска димензија.

Во големиот натпревар помеѓу двата система, предводени од САД и СССР, дојде до заситување и се покажа дека идеологијата губи се повеќе на своето значење во рамките на социјалистичкиот и капиталистичкиот систем.

Настојувањето на Реган да ја јакне американската воена сила, во борбата против “царството на злото”, и тврдењето дека детантот завршил, негативно одекнаа во Западна Европа (ЗЕ). Американското инсистирање на јакнење на одбраната во НАТО и желбата да се инсталира нуклеарно оружје во ЗЕ ги плашеше американските сојузници, го одалечија европското јавно мислење и политичките кругови од Америка. Во Европа, Хелсиншкиот процесс/КЕБС го отвори патот на поинакво промислување/гледање на МО каде се отвараа границите меѓу Исток и Запад. Оттука враќањето на времето на Студената војна не можеше да добие подршка.

Кон тоа секако придонесе и новата советска политика. Големата револуција на Горбачов на почетокот покажа дека социјализмот како идеолошки систем на вредности изгуби на значење и во советското општество и кај советските сојузници.

127

Page 129: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Идеологијата која го одвојуваше Истокот од Западот, почна да се губи. Во рамките на КЕБС членките на Варшавскиот договор видоа можност за развивање на врските со Запад, ја прифаќаат западната технологија, културните вредности, научната соработка. Изјавата на советските челници дека, ако Унгарија излезе од Варшавскиот пакт, Советкиот Сојуз нама да има ништо против значеше зелено светло за сите во Источна Европа кои бараа слободни избори и прифаќање на западниот систем на политички и економски развој.

Во сплетот на крајот на идеолошкото, политичкото и стопанското натпреварување на двата системи се наоѓа и темелот на новиот светски поредок и обидот за кооперативност на мнозинството држави.

При определувањето на НСП се поставува прашањето каква е структурата на НСП, кои се водечките сили или институции и компетенциите кои тие ги имаат во одредувањето на правила за однесување и истовремено обезбедувањето на придржувањето кон нив.

Во теориско-моделска смисла, врз основа на структурата на главните учесници, би можеле да се анлизираат можности за 4 видови системи на нова светска безбедност:

1. моделот на нов поредок во кој водечка улога имаат ОН2. модел на пентагонално делување на 5 големи столба на светската политика и

стопанство: САД, ЕУ, Јапонија, Кина, Русија3. модел на полицентризам во кој сепак постои водечка политичка и воена сила-САД4. модел на нов светски поредок, втемелен на меѓузависност на државите, кои би го

зајакнале ОН и радикално би ги смениле овластувањата на организацијата.

1. Јакнење на светската организација/ООН: со слабеењето на идеологијата како движечка сила и САД и СССР покажаа интерес за јакнење на ООН. САД го платија заостанатиот долг кон ООН истот го стори и СССР. Во 1988 година СССР изнесе план за менување на улогата на ООН според кој ОН треба да стане главен столб на политичките активности во светот преку јакнење на Советот за безбедност, промовирање на нова улога во создавање на сили за одржување на мирот, јакнење на улогата на Судот на правдата и започнување заедничка акција преку ОН во насока на заштита на животната средина, сузбивање на болести, решавање на прашањето на храна и сл. Делувањето на ОН при осудата на Ирак и започнувањето на Пустинската олуја, акцијата во Сомалија, санкциите против Србија и др. покажаа дека ОН во заедничка акција, посебно на големите сили, може успешно да решава поедини отворени прашања за мирот и безбедноста.

Моделот на новиот светски поредок со ОН на чело би се темелел на постојните односи и со нивното менување би можел да помине во некоја повисока фаза на кооперативно делување на учесниците.

2. Моделот на пентагонално делување - во 70тите го заговараше Х. Кисинџер, кој го најави настанувањето на петте светски седишта на моќ: САД, Западна Европа, Кина, Јапонија и СССР.

Пентагонот на моќ како главен столб на новиот светски поредок, се заснива на пет истакнати актери на врвот и на нивното влијание во светската организација.

Во современи услови на развој на МО пентагоналата не може да се сфати како самостојни учесници кои делуваат самостојно. Тие ги извршуваат своите задачи во рамките на ОН, имајќи таму соодветно место со оглед на техничко-стопанската/економската или воено–политичката сила и влијание.

128

Page 130: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Дипломатијата на 5-те големи столба организирана како свесна и волна активност која ја прифаќаат сите страни, би можела да биде инструмент на организирано меѓународно делување, средство со кое би се промовирал и развивал новиот систем на МО. Ако таквото делување би ја издржало пробата на времето и ако 5-те столба во толкава мера се поврзат во своите перцепции и антиципација на светот кој се создава, би можело да се зборува за пентагон како специфичен модел на светскиот поредок.

2. Модел на полицентризам во кој постои сепак една водечка политичка и воена сила (суперсила) - САД тргнува од тоа дека некогашната суперсила СССР исчезна и дека само во смалена форма остана Русија како суперсила со ограничен домет/досег (нуклеарно оружје, па во воено-политичка смисла на чело на хиерархијата во МО е само првата суперсила – САД.

Според мислењето на дел од американските аналитичари САД се јавува како главен и единствен мултилатерист кои со својата снага и влијание делува како главно средиште. Но, прашањето е во кој правец ќе се развиват односите во структурата на новиот светки поредок и на кого ќе му биде дадена улогата на главен креатор на политичката активност. Дали тоа ќе биде ОН, заедничката акција на 5те најсилни полови - пентагоналата или врз основа на спознавање на реалната улога на САД ќе се прифати можноста таа да биде онаа средишна сила која би ја водела акцијата на светски план. И тука треба да се одвојат 2 прашања: политички-дипломатско и воено. Америка делуваше со својата дипломатија во изнаогање на политички решенија но употребувше и воена сила кога за тоа ќе се донесе одлука. Но, прашањето е кое е тоа средиште кое ќе ја донесе одлуката. Дали тоа ке биде ОН како главно тело на светскиот поредок или таа одлука ке се донесе во заедничка координација на ставовите на 5те главни светски полови?

Ако САД во своите раце ги спои и политичкото одлучување и военото делување би можело да се зборува за превземање на водечка улога во НСП, што би можело да се нарече и глобално светско водство.

4. Во прилог на оние кои тврдат дека новиот модел на односи може да се создаде, и тоа во блиска иднина, оди исчезнувањето на идеологијата како движечка сила на политиката и како главна црта на поделба, создавањето на новите држави и се поголемата меѓузависност на државите.

Основна претпоставка за таквиот модел на МО би била желбата и потребата на државите меѓусебно активно да соработуваат во решавање на политичките прашања, стопанскиот развој и заедничкиот пристап кон глобалните прашања. Токму тоа би требало да ги поврзе сите земји, без оглед на нивната сила, големина и регионалната припадност на системи и подсостеми. Мрежата на мултилатерални врски би развила конструктивни односи меѓу државите и постојано би ја јакнела нивната потреба за заедничко делување.

Во тие рамки, на темелот на глобалната меѓузависност и соработка би можело да се создаде големо движење во правец на создавање НСП кој би бил втемелен на универзално прифатени начела и потреба за вклучување на сите делови во светот во единствeна целина. Тука ООН би можеле да добијат нова улога која би ги претворила во инструмент на НСП. ООН не би постанала светска влада, но нејзините надлежности би се зголемиле. Оваа организација би била столб за спречување и решавање на конфликтите и средиште за обликување на меѓународната соработка. Тој модел на светски поредок би бил универзален по своите учесници, посилен по овластувањата на светската органиација и подемократски по начелата на делување. Меѓузависноста и соработката би биле категории

129

Page 131: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

кои би влијаеле на тоа пошироко да се овласти ОН и државите доброволно да се вклучат во тој нов систем кој би можел да се нарече НСП.

Таквиот модел на светскиот поредок би значел дека државите сфаќаат дека одржувањето на мирот е во интерес на сите нив, па треба да се залагаат за зачувување на светкиот мир, а во случај на кршење на мирот, да бидат спремни да дадат свој придонес во остварување на начелата на светскиот поредок.

Меѓузависноста како објективна категорија на светскиот развој укажува дека за ниедна држава не е можно излегување од сведскиот поредок, изолирање или затварање, без оглед дали станува збор за големи или мали држави.

Гледан во такви координати на потенцијално настанување, НСП би можел да биде траен и вреден облик на дејствување на државите во кои и дипломатијата би имала свое постојано место во развивање на идеите за мир и соработка.

ОДРЖУВАЊЕ НА МИРОТ И БЕЗБЕДНОСТА ВО НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК

Со создавање на НСП се актуелизира прашањето за безбедноста како темел на тој поредок. Во оптимистичките анализи кои ја прифаќаат посткомунистичката и пост-студеновоената состојба се тврди дека безбедноста доби ново значење. Државите кои се определија за демократски начела на развој, слободен пазар и почитување на човекови права како основни параметри во националното и меѓународното делување имаат и ново разбирање за концептот за безбедност.

Безбедноста во новите условиАко безбедноста се сфати како состојба во која државата не чуствува надворешна

опасност тогаш може да се смета дека распаѓањето на блоковите ја отстрани големата закана за можна нуклеарна војна. Катаклизмичните сценарија исчезнаа, но останаа други облици на опасност: етнички судири, радикални национализми и граѓански војни кои извираат од новите односи и стари пригушени содржини.

Во современи услови безбедноста добива нови обележја:

• Таа со еден дел е поставена на развиена воена сила (без која уште долго нема да се може, но не е единствена гаранција за безбедност).

• Покрај воената сила државата мора да води сметка за својот внатрешен политички развој и стабилност, што подразбира создавање демократски темели за развој и почитување на човековите права.

• Тука е и прашањето за постојан развој на стопанството и унапредување на квалитетот на животот и заштита на животната средина.

130

Page 132: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Сите расправи за НСП треба да појдат од основното прашање: какви сили ќе им стојат на државите на располагање за јакнење на нивното чуство на безбедност и во која мера делови на МЗ ќе бидат интегрирани во системот на новите односи.

Наместо спротиставените блокови кои со своите воени потенцијали покриваа два големи дела на планетата, сега се јавуваат подрачја/зони на стабилност и просперитет и зони на кризи каде владеат судири, глад и немаштија како резултат на влијанието на етнички, национални, политички и стопански чинители кои делуваат во подолг период па и таа поделба ќе има подолго временско траење.

Имајќи го тоа на ум, и НСП треба да се сфати како динамична состојба, во која делуваат различни актери, каде имаме изразени спротивности и каде се оцртуваат поделбите кои со тек на време можат да водат кон избувнување на нови кризи и пореметувања.

ОН и одржувањето на мирот и безбедностаАко се прифати тезата дека во новите услови кои настанаа по големите промени доаѓа

до создавање на НСП, сосема е извесно дека во него едно од значајните места мора да има светската организација-ООН. Многу години ООН беше ставана во функција на биполарниот натпревар, а дури потоа како организација на обединети држави кои требаа да имаат заеднички цели и средства на акција. ОН се врзани за состојбите во МО и располага со онолку сила колку што државите членки ќе пренесат на организацијата.

Најважни задачи на ОН зацртани во Повелбата (чл.1), а тоа се: “одржување на светскиот мир и безбедност со мирни средства” и “превземање на колективни мерки заради спречување и отстранување на заканите по мирот и сузбивање на нападите или други нарушувања на мирот”.

Во главата 6 и 7 од Повелбата се определуваат видовите спорови кои можат да го загрозат меѓународниот мир и безбедност како и средствата со кои би се спречило тоа, но телата на ОН во долгиот повоен период беа прилично неделотворни во решавање на таа основна задача.

Дури во периодот на попуштање и приближување на ставовите на двата блока, Советот на безбедност (СБ) како најзначајно тело на ОН делуваше онака како што го замислија оснивачите на ОН.

Заедничките акции на 5-те постојани членки на СБ во решавање на кризните состојби во МО ја потврдија новата улога на СБ и го подигнаа угледот на ОН.

Агресијата на Ирак врз Кувајт, крвавото распаѓање на југословенската федерација (СФРЈ), Сомалија и Руанда се појавија како нови теми за акција на ООН. Сите тие кризи го ставија на испит заедништвото на делување на големите сили во Советот за

131

Page 133: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

безедност, подготвеноста на членките одговорно да делуваат во кризи и способноста на ООН да ги извршува своите задачи. И, на крај делотворноста на механизмот на мировните сили повторно беше ставена на тежок испит.

Мировните активности на ООН можат да се поделат во два периода кои одговараат на главните правци на развој на МО.

Во првиот период-во блоковки поларизираниот и поделен свет мировните сили беа ограничени во своите активности. Делувајќи како воени сили на длабоко поделената меѓународна организација, мировните сили на ОН служеа повеке како симбол на можно делување отколку како сериозен инструмент кои би требало да го врати меѓународниот мир и безбедност.

Со распаѓање на блоковите и политиката на Горбачов се создадоа темели за поинаков пристап кон мировните сили. Горбачов се залагаше за јакнење на ОН и создавање постојани МС кои би делувале во поедини кризни ситуации кога е загрозен мирот и безбедноста, што беше израз на верувањето дека ОН можат да ги заменат блоковските соочувања. и да отвори шанси за нови МО.

Мировните сили како израз на поделените ОНМировните операции не се предвидени со Повелбата на ОН. Тие се појавија како

практично и конкретно надополнување на делувањето на ОН. До 1978 година која се смета за крај на првата фаза во делувањето на МС и започнувње на втората беа покренати 13 мировни операции.

Мировните операции во најголем дел се однесуваа на: набљудување, контрола на прекинот на огинот, набљудување на граничните линии и посредување помеѓу завојуваните страни. Активноста на силите на ОН се темели на начелата:

● Согласност на страните

● Непристрасност на посматрачите

● Неприменување на сила во повеќето случаи.

Правната основа за делување на страните е пронајдена во Главата 6 и 7 од Повелбата кои ги разработуваат мирното решавање на споровите и акциите кои се однесуваат на заканата на мирот, нарушување на мирот или чинот на напаѓање. Токму таквото поставување на мировните операции помеѓу овие две глави од Повелбата доведоа до тоа дека мировните операции можат да се посматраат како некој вид „глава шесипол од Повелбта„.

132

Page 134: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Повеќето мировни акции беа врзани со процесот на деколонизација, а споровите кои се однесуваа на блоковските односи остануваа надвор од ОН со желба да се сочува организацијата. Со самото тоа делувањето на мировните сили не беше одраз на системот на колективна безбеност, а првата воена акција на ОН против агресорот НДР Кореа не беше изведена како дел од операцијата на целата организација заради советското вето и прекинот на советското учество во работата на ОН.

Тринаесетте мировни акци сепак помогнаа да се замрзне дел од конфликтите, да се намалат ризиците од ширење на судирите или активирање на нови актери. Но, она што се смета за посебно значајно мировните акции од тој период оневозможија вклучување на овие конфликти во големиот судир на релација Исток-Запад. ООН не успеа да го развие системот на колективна безбедност нити ги реши сите кризи (кои беа надвор од дометот на блоковската конфронтација), но го отвори патот за поставување на мировните акции како инструмент на делување на ОН на полето на зачувување на мирот и безбедноста.

Нов дијапозон на мировното делување на ОНВлегувајки во втората фаза на мировната активност на ООН и требаа 10 години

одмор (1977-1988) за да собере сила за нови мировни операции. Во тој период МО влегоа во фазата на детант, а на советската политичка сцена стапи Горбачов со нов правец во надворешната политика. Од 1989 до 1994 година се реализирани 21 мировна акција со 70.000 војници од 68 држави.

Безбедноста од времето на Студената војна се сведуваше на националната безбедност на поедини држави кои ја остваруваа или по пат на влегување во воено-политички сојузи или во водење неутрална или неврзана политика.

Со влегување во фаза на создавање на НСП, безбденоста добива на својата универзалност - нема држава која може сосема самостојно да ги решава прашањата на својата безбедност не водејќи сметка за опкружувањето и потребата од соработка.

Во сите теориски трудови кои се бават со безбедноста се истакнува дека нема апсолутна безбедност па и националната безбедност е релативна категорија. Тоа особено важии во денешниот поврзан и меѓузависен свет каде секое загрозување на безбедноста во едно подрачје брзо се рефлектира во различни облици и средства на соседни подрачја, па и на МЗ.

Во новите меѓународни услови се создава идејата за потребата од развивање на состојба во која ќе се усогласуваат заедничките национални безбедносни интереси и каде ОН би требало да биде средишно тело кое би работело на зачувување на мирот и безбедноста во согласност со својата главна задача заради која ООН во голема мера е основана.

133

Page 135: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Во настојувањето да се зајкне улогата на ОН во процесот на создавање на нова меѓународна безбедност, миротворните акции станаа побројни, а проширен е дијапазонот на нивните активности. Од почетните главно посматрачки и контролни мисии, мировните сили добија нови задачи: ги подготвуваа и следеа избрите во Намибија, Ел Салвадор, Ангола, Камбоџа; добија заштитна функција помеѓу мнозинството и малцинството (УНПРОФОР); заштита на доставување на хуманитарна помош (Сомалија, Босна); помош во обновување на државните и полициски функци (Ел Салвадор, Камбоџа); известување за кршење на правата во вооружените конфликти.

Овој широк дијапазон на делување на мировните сили може да се оцени на различни начини како во позитивна така и во негативна смисла.

Претпоставки за миротворно ангажирање на силите на ОНЕдна од темелна претпоставка на поранешното ангажирање на мировните сили на ОН беше согласноста на завојуваните страни или страните во конфликтот. Но, промените во МО донекаде го изменија тоа.

Создавањето на заштитни зони во Северен Ирак, (за заштита на Курдите 1991 е изведено со заедничка војна акција на САД, ВБ, Франција кои подоцна беа заменети со војници на ОН) претставуваше акција која прв пат го постави прашањето за согласност на државата, односно можноста со воена сила да се делува на територија на суверена држава членка на ОН без добивање формална покана или согласност.

Во документот Агенда за мир Б.Б.Гали прецизираше дека „одржувањето на мирот е техника која ги проширува можностите за спречување на конфликти и за создавање на мирот„ истакна дека досега сите акции на ОН беа изведени со согласност на заинтересираните страни. Од тоа некои аналитичари извлекуваат заклучок дека зборот досега претставув пресвртница односно дека целата Агенда за мир би можела да се интерпретира како делување со согласност на страните. Но, ако нема согласност, СБ би можел, повикувајќи се на глава 7 од Повелбата-зачувување на меѓународниот мир и безбедност- еднострано да употерби воена сила по свое наоѓање. Ваквата интерпретација на документот предизвика страв од преголемото арбитрирање од надвор, па макар било тоа и од ОН.

Поборниците на поодлучно ангажирање на воените сили во мировни операции сметаат дека ако постои состојба која главата 7 од Повелбата ја означува како опасност за маѓународниот мир и безбедност, треба одлуките на ОН да се донесуваат брзо и делотворно, испраќајќи воени сили со цел да се смалат страдањата на народот, да се прекине судирот и да се воспостави мир. Барање за давање согласност од локалните власти, кои во некои случи и не постојат (Руанда, Сомалија) би ја успорило акцијата и би ја намалило нејзината делотворност.

134

Page 136: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Секако дека поедноставно би било кога Повелбата би содржела некои одредби за мировните сили, нивниот мандат, претпоставки за употерба и сл.

Но, во вакви услови СБ го дава општиот политички став и мандат, додека на терен се бара од воените сили конкретните прашања да ги решаваат со локалните власти (кои можат да бидат неспремни или неволни да прифатат таква соработка.

Значајно прашање се врзува за можноста за употерба на сила од страна на воените сили на ОН. Во првата фаза на изведувањето на мировните операции на воените сили им беше дозволена употерба на оружје кога беа директно/непосредно загрозени и кога извршувањето на нивната задача беше оневозможено со сила. Најновите примери од БиХ или Сомалија покажаа дека примената на сила понекогаш е битна претпоставка за евентуален успех. Но, исто така, се покажа дека завојуваните страни на теренот можат да ја спречат воената сила на мировните сили на ОН и да превземат други активности против нив како блокада на хуманитарни конвои, заробување на војници и др.

Таквите активности против мировните сили водеа кон слабеење на улогата на миротворците како на теренот така и во средствата за масовни комуникации.

Свесен за таквата состојба, Бутрос Гали во “Агенда за мир” најави можност за создавање на снаги кои ќе можат да употребат сила: “пеаце енфорцемент форцес” (сили за наметнување на мирот), кои би тербало да настапат во точно определени услови.

Критериуми за делувањеООН нема изградено некоја точна типологија според која поедини судири би ги

подвела во подобни за ангажирање на мировните сили или на оние во кои не се гледа потреба од ангажирање или не се настува успех.

Б.Б.Гали во Агендата за мир не ги елаборира можните конфликти но смета дека за одржување на мирот во МЗ е важна:

● Превентивната дипломатија (превентиве дипломацѕ)

● Создавање на мирот (пеаце макинг)

● Сочувување на мирот (пеаце кеепинг)

● Изградба на мирот (пеце буилдинг)

1.Превентивна дипломатија (ПД) би требала да го обезбеди меѓународниот мир и безбедност, да помогне во спречување и отстранување на споровите меѓу државите кои би

135

Page 137: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

можеле да водат до избувнување на конфликт. Оваа задача постои од основањето на ООН но по завршување на Студената војна и новото настојување колективно да се оди во правец на јакнење на мирот доаѓа до нов пристап кон превантивната дипломатија.

Во својот документ Б. Гали ја дефинира ПД како акција на страните која ќе го ограничи ширење на конфликтите кога тие ќе избувнат.

Главна улога во системот на ПД имаат генералниот секретар на ОН, специјализирани агенции и програми, СБ, ГС и регионалите организации кои соработуваат со ОН.

Најважни активности со чија помош се остварува ПД се:

✔Мерките за јакнење доверба, те. слободен проток на информации

✔ Размена на воени мисии

✔ Остварување на национални активноси,политика

✔ Рано јавување за различни опасности

✔ Превентивна употреба на силите на ОН

✔ Создавање на демилитаризирани зони и др.

Превентивното распоредување е споменато како посебно средство во рамките на ПД. Воените сили би биле распоредени во рамките на потенцијалните зони на непријателства на територијата на земјата која ќе го побара тоа и така тие би биле видлив застрашувач (детерент) на потенцијалниот агресор. Превентивното распоредување може да биде побарано од една влада или од владите на земјите кои се во спор. Со тоа би се спречило избувнување на судир, критичното подрачје би било под контрола, а хуманитарната помош би спасила човечки животи и би ги олеснила страдањата на народот.

Прва таква акција акција на превентивно распоредување на воените сили беше извршена во РМ

2. Творење на мирот (Пеаце макинг) е активност на ОН која цели кон одржување на мирот и безбедноста и враќање на состојбата пред избувнување на вооружениот конфликт во рамките на државата или МЗ. Главата 6 од Повелбата зборува за решавање на конфликтите кој го загрозуваат меѓународниот мир и безбедност претежно со невојни средства. Ако тоа не е доволно СБ може да го искористи чл.42 од Повелбата со кој се бара

136

Page 138: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

употреба на војна сила за враќање на мирот. Можноста за формирање на воени сили постоеше во Повелбата од нејзиното донесување, но досега не дојде до создавање на специјални воени сили на ОН. Б.Гали прв пат ја истакнува таа можност во Агендата за мир кога го спомнува создавањето на “пеаце енфорцемент форцес”- сили за наметнување на мирот. Тие мировни сили би делувале во услови кога во согласност со Повелбата ќе се оцени дека постои агресија. Ако дојде до нивно создавање тие активно би делувале во актуелните меѓународни кризи, вооружени конфликти и би воспоставиле мир.

3.Зачувување на мирот (Пеаце кеепинг) е дејност на ОН за да се создадат услови за спречување на избувнување на меѓународни конфликти кои би го загрозиле меѓународниот мир.Тоа е привремена дејност која има рок на траење-подолг или пократок, а се одржува со намера да се спречи ширење на конфликтот додека се бара политичко решение. Во Агендата за мир се истакнува дека за одржување на мирот се користи воени и цивилни сили. Тоа е техника со која се спречува конфликтот и се изградува мирот

4. Градење на мирот (Пеаце буилдинг) претставува збир на активности на ОН со кој се настојува да се задржи меѓународниот мир и безбедност. Со решавање на стопански, општествени, национални, хуманитарни и културни проблеми во државата или во МЗ, се настојува да се спречи повторно избувнување на вооружени конфликти.Така се создава состојба во која завојуваните страни можат да пристапат кон нови темели на својот живот во повоените услови. Таа помошта на ОН треба да помогне во зацелување на раните и во отстранување на причините кои ги вовеле во вооружениот конфликт.

Опции и проблеми за иднинатаИако светот влезе во пост-студеновоен период, а биполарноста поделба остана

само како бивш модел на МО, сепак светот не стана посигурен. Конфликтите кои беа решавани во рамките на блоковските структури или беа пригушувани, избија сега со сета снага покажувајки дека исчезнувањето на блоковите отвори простор за нова манифестација на националните тежненија.

Во понатамошното делување ОН треба да смета на нови конфликти кои ќе бидат опасност за меѓународниот мир и безбедност.

Каде лежат потенцијалните опасности?

• Земјите во развој или тн. Трет свет е далеку од состојба на смиреност и судирите кои ќе се појавуваат таму ќе ги имаат сите карактеристики на етнички, национални, расни и верски судири во кои ќе се повторуваат сликите од Руанда и Сомалија-масовно унуштување на луѓе и имот.

Прашањето е дали ОН ќе ги сфати овие конфликти како закана за меѓународниот мир ќеили одолговлечува со превземање акција?

137

Page 139: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Дали третиот свет ќе се смета за периферија на светот, која во услови на непостоење на блоковски натпревар не учесствува во геостратегиските поделби?

Не би можело да се очекува дека јакнењето на свеста на лидерите на тие земји или во нивните регионални организации би било така развиено да можат самостојно мирно да ги решаваат своите проблеми.Доколку се сака да се постигне делотворност во тој дел на светот, токму превентивната диполматија би требало да биде максимално развиена и со помош на мрежа на специјални тела би требало да настојува секој спор уште во својот зачеток да се стави под конртола.

• Второ големо подрачје кое ќе биде богато со конфликти е подрачјето на бившиот Советски Сојуз. Рускиот национализам, во желбата за повторно создавање на голема држава или пак во настојувањето да се “заштитат” Русите кои ги има повеќе од 24 милиони во сите нови држави кои настанаа по распадот на СССР, би можел да предизвика проблеми кои секако дека би се заканиле со пошироки последици.

Понатамошен проблем е и прашањето за опстанокот на самата Русија, односно тежнението на поедини делови да се осамостојат и издвојат од руската држава (пр. Чеченија).

• Значително поширок проблем во иднина ќе биде етничкото тежнение за самоопределување на народите.Станува збор за процес кој нема свои географски граници. Желбата за самобитност, која може да тежнее кон организирање на сопствена државност, ќе биде доминантна карактеристика на времето кое следува.

Бидејќи не постои некои универзален арбитер кои би можел децидно да утврди во кои случаи постои а во кои не можност за самоопределување, конфликтите на тоа ниво ќе баараат постојана будност и акција на ОН.

• За аналитичарите кои се определуваат за судирот на цивилизациите (С.Хунгтингтон) како иден модел на МО, исламот е голем предизвик, кој со оглед на бројноста и распространетоста на муслиманите, има глобална димензија. Балканот може да стане подрачје на нестабилност и кризи (судир на трите цивилизации, недовршените поделби, прашањето на создавање на нови држави, влијанието на последиците од војната на новите балкански односи се само дел од прашањата кои се врзуваат за оценката на балканските односи и на нови опасности на тоа подрачје.

Потреба од ново стратегиско разгледување на кризите и акциитеОд ОН не може да се очекува да бидат центар на стратегиско следење на

светот и сите опасности кои се јавуваат во иднина. ООН не е опремена и има голем бирократизиран апарат кој царува на шеми и папирологија. Но, она што мора да се очекува е побрза и поенергична акција на државите членки во случаи на појавување на кризи. ООН се светска политичка организација, најрепрезентаивен форум на кој

138

Page 140: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

државите можат да ги изнесат своите проблеми. Но, сепак би требало да се размислува за некое ново помошно тело кое постојано би водело сметка за актуелната состојба на безбедност.

Постојаното следење на збиднувањата во поедини региони, анализирање на односите и предвидување на понатамошниот развој во кризните зони, би требало да бидат составен дел на механизмот на ОН, ако се сака организацијата да започне кооперативно делување во правец на мирот и безбедноста.

• Финансирањето на мировните операции е уште еден проблем на ОН. Начинот на финансирање на мировните операции предизвикува критики кај држави членки (издвојувањата се преголеми, издвојуваат за акции во кои немаат никакви инетереси, а Русија истакнува дека самата учествува во мировни мисии во рамките на Заедницата на независни држави). Доколку не се осигураат постојани извори на финансирање на мировните операции, може да се случи некои акции да не бидат превземени поради недостаток на средства што во услови на бројни можни кризи претставува опасен расчекор.

• Само дел од земјите членки активно учествуваат во мировните операции. Значителен придонес дале Канада, Австрија, Ирак и Холандија.Станува збор за воени сили кои се ставаат на располагање на ОН на нејзино барање и воглавно нема време за посебни подготовки.

Во разни пригоди се истакнува потербата од основање на постојани воени сили на ОН . Таква можност е предвидена во чл.43 од Повелбата, но тоа сеуште останува како теориска можност. Денес, сеуште, државите членки на ОН сметаат дека тоа би бил голем предизвик за нивната сувереност така што таа идеа не добива поширока подршка во ОН. Прашањето на команда со воените сили во кризните подрачја предизвикуваат дилеми.

• Односите меѓу националните команди и командата на ОН во голем број случаи се напнати и недефинирани. Токму затоа се смета дека доверувањето на воените операции на една земја (Сомалија-САД, Руанда-Франција) би било поделотворно и поедноставно, и за ОН и за текот на операцијата (побрзо би се донесувале одлуки, националните сили би имале и поголема одговорност бидејќи би знаеле дека тие директно одговараат пред ОН за одредена акција, националниот контингент под национална команда би бил максимално заинтересиран за успешно извршување на задачата но и за безбедноста на својот персонал.

• При вработувањето во ООН треба да се бара од лицата да покажат висок степен на делотворност, компетенции и интегритет, што би требало да биде гаранција дека задачите ќе се извршуваат во добар дух во согласност со начелата на ОН.

139

Page 141: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

ОН и глобалниот тероризамТерористичкиот напад на САД на 11.09.2001 година се смета за почеток на

новите глобални меѓународни односи. Меѓународната јавност подготвено изрази солидарност со САД сваќајќи дека тероризмот нема граници и бара заедничка соработка и активност во неговото сузбивање.

ОН на тој терористички акт реагираше со резолуцијата бр.1373 за потребата за спречување на тероризмот и создавање на Противтерористички комитет. Започната е меѓународна соработка а низа меѓународни организации ја стави борбата против тероризмот во центарот на својата активност НАТО, ЕУ, АСЕАН, АПЕЦ, ОАД.

Заедничките активности дадоа резултати ( во последните 3 год. се фатени 3000 терористи, затворени се 600 банкарски сметки преку кои се финансираа терористички операции).

Терористите се вклучија во глобалните процеси. Покрај глобализацијата, која има свои економски, општествени, информациско-комуникациски и еколошки аспекти, може да се тврди дека тероризмот добива глобални обележја кои можат да се елиминираат со антитерористичко делување.

Конфликтите и нестабилната ситуација во поедини земји или подрачје е подобна почва за терористички активности. Оттука денес е сосема јасно дека само решавањео на нестабилноста и обезбедување на мирот, развојот на сите народи и земји, усогласен развој на сите цивилизации, почитување на човековите права и современиот прогрес може да бидат пречка за тероризмот.

Главна улога во тие активности би тербало да ја имаат ОН и Советот за безбедност. Придржуваќи се кон целите и начелата поставени во Повелбата ОН би требало да стане средиште на борбата против тероризмот

Одлуките кои би ги носел ОН би биле многу повредни и позначајни од оние кои се носат од најголемата светска сила. Тероризмот е многу голем предизвик и опасност за со него да се бави само макар и најсилната држава и неколку нејзини сојузници. Со таква политика се создаваат нови поделби, дури и меѓу сојузниците што не е корисно и им погодува на терористите

Само смислена, силна и единствена акција која ќе ја води ОН може да организира постојана и глобална борба против глобалното зло-тероризмот. Меѓународната соработка и единство ќе и дадат шанса на светската организација во новите услови да се појави како средиште на светското собирање и воедно инструмент за заедничка акција против тероризмот.

140

Page 142: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Д-Р СНЕЖАНА НИКОДИНОВСКА – СТЕФАНОВСКА

МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ И МЕЃУНАРОДНА ПОЛИЦИСКА СОРАБОТКА

(ПРЕДАВАЊА )

ВТОР ДЕЛ

МЕЃУНАРОДНАПОЛИЦИСКАСОРАБОТКА

141

Page 143: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

МЕЃУНАРОДНА ПОЛИЦИСКА СОРАБОТКА

Вовед

Меѓународниот криминал денес добива нови форми, содржини и има нови негативни последици по меѓународната безбедност.

Денес се повеќе се посветува внимание на спротиставувањето на меѓународниот криминал како од самите држави кои се загрозени од него така и од целокупната меѓународна заедница. Сосема е извесно дека денес ниедна држава не може да каже дека е заштитена од ваквите облици на загрозување на безбедноста.

Воспоставување и постојано развивање на меѓународната полициска соработка (МПС) е одраз на реалната потреба на поедините држави и меѓународната заедница да организираат меѓусебна соработка и заеднички акции за одржување на јавниот ред и борбата против криминалот како заеднички непријател. Криминалот, особено оној со меѓународни обележја, се почесто ги загрозува цивилизациските вреднсти, економските и другите онови на општеството и опстанокот на поедини држави или силите на власт. Тој во исто време ги доведува во прашање меѓународните односи и светскиот мир.

На глобално ниво, во теоријата и прксата, не се формулирани соодветни решенија за спречување на најопасните деликти и тенденции. Дефинирањето и втемелувањето на меѓународните полициски односи, значи има особена општоопштествена важност, особено од аспект на вклучување на националната полиција во соодветни институции.72 Согласно меѓународните конвенции и кодекси, пред се кодексот на полициската етика на ОН, Советот на Европа (СЕ), релевантните чинители во поедини земји имаат обврска и одговорност да спроведат реорганизација на полицијата како неопходен предуслов за остварувања на задачите на поширок план. МПС денес се остварува на различни нивоа: централно, регионално и локално, при што носители на соработката се првенствено државите со соодветните органи и меѓународните организации. За полицијата на секоја држава од голема важност се меѓународните полициски односи и соработката со меѓународните полициски организации (Интерпол, Европол и др.).

Поим и елемнти на МПС

Како феномен којшто е присатен во сите етапи на развој на човечкото општество, криминалот денес има крупни перформанси, се јавува во различен обем во сите држави со исти појавни облици, па се зборува за меѓународен криминал. Тој ја надминува територијата и капацитетите на поедини држави, без оглед на нивната големина и севкупна моќ. Оттука

72 Слободан Нешковиќ, Меѓународна полициска сарадња, Безбедност, бр.5, 2005,стр.754.

142

Page 144: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

заедничката акција во искоренување на ова зло е постојана тема на највисоките собири на евроатлантските институии. Негативните последици коишто ги произведува меѓународниот криминал во општествената, економската и социјалната сфера, ги мобилизираат политичките раководства на сите земји овие напори да ги стават во приоритетите на своето надворешнополитичко делување/настапување.

Така, се појавува потреба за систематско и содржајно проучување на проблематиката на меѓународните полициски односи, како специфичен сегмент на вкупните меѓународни односи, што секако олеснува постигнување на потребна соработка на глобално ниво.

Поимот меѓународни полициски односи не е потполно дефиниран во научната теорија, такшто не е вреднуван како научна категорија, без оглед на трудовите на поголем број научници. Според проф. д-р Будимир Бабовиќ меѓунродните полициски односи се „односи коишто се воспоставуваат на меѓународен план помеѓу полициските органи и институции на различни држави со цел да се извршат задачи кои се поставуваат пред нив во врка со борбата за одржување на јавниот ред против криминалот како еден од аспектите на нарушување на јавниот поредок„.73

Институционализацијата на меѓународната соработка помеѓу националните полиции претставува основен предуслов на успешно спротиставување на меѓународниот организиран криминал. Бидејќи државите се сеуште основни субјекти на МО и МЈП само на меѓудржавно дипломатско и политичко ниво може да се постигне договор и согласност за единствена и заедничка визија, политика, стратегија, планови, цели и задачи за сузбивање на меѓународниот криминал. Реализацијата и конкретизацијата на заедничката политика, стратегија, планови, цели и задачи е можна само преку единствено, правно дефинирано и уредено, централизирано, стандардизирано, и добро координирано меѓународно полициско тело. Освен соработката во рамките на меѓународните организации МПС може да се одвива и надвор од нив на билатерална или мултилатерална основа.

Покрај званичната соработка која се заснива на формалното барање на званичниците на една држава или нејзината национална полиција за воспоставивање на билатерална или регионална соработка до званичниците или полицијата на друга замја, постои и неформална полициска соработка. Таа претставува најстар и најприсутен облик на соработка и најчесто е билатерална. Имено полициите на две држави имаат неформален договор да воспоставуваат врски во процесот на поставувње на оперативни барања кои потоа ги продлабочуваат преку соработката на самите полицајци. МПС може да биде званична/јавна или тајна, а може да се одвива надвор од меѓународни организации на билатерално и мултилатерално ниво како и во рамките на меѓународни организации од регионален или универзален карактер.

Оттука МПС може да се дефинира како институционализирана и правно дефинирана и уредена, формална или неформална, званична или тајана соработка на националните полиции на најмалку две држави, кои се одвиваат во рамките или надвор од меѓународните организации, а чии цели се да со навремени контакти и акции овозможат успешно

73 Бабовиќ,Б., Полиција у свјетском поретку, Београд, Неа, 1997, стр.68.

143

Page 145: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

превентивно и репресивно делување против сите облици на загрозување со карактер на криминал којшто има меѓународни демензии.

Во поглед на содржината на МПС можат да се издвојат следниве основни категории:

⮚ Размена на информации за извршители на кривични дела

⮚ Превземање на дејствија за потребите на друга држава/и

⮚ Заедничка ација со полициските органи на друга/и држава/и и

⮚ Техничка помош и соработка.74

Размената на информации за потенцијални и евидентирани извршители на кривични дела, или содржината на истите претставува најраспространет вид на соработка помеѓу поедини земји.

Превземањето на дејствија за потребите на странска држава/и опфаќа пронаоѓање на лица врз основа на меѓународна потерница објавена преку Интерпол, потоа полициско сослушување, апсење, ставање во притвор и постапка на екстрадиција. На овие постапки им предходи званично барање на соодветен надлежен орган на странската земја.

Заедничка акција со полициските органи на други држави опфќаат собирање на разновидни информации, откривање локации за извршување на кривични дела (на пр. места за печатење лажни пари), пресекување на канали за шверц на дрога и друго, каде полицаецот од една држава активно учествува во операциите кои се изведуваат во друга држава. Оваа соработка е предвидена/легализирана со Конвенцијата на ОН од 1988 година, за создавање на заеднички тимови во одредени околности.

Техничка помош и соработка се состои во давање на услуги и помош на други држави преку постојните институции. Тука спаѓаат: финансиска помош (финнсирање на проекти, стипендии и сл.), помош со технички средства, образование и тренинг на кадри.

Меѓународната полициска соработка како еден од облиците на меѓународните односи се развива на принципите и начелата на МО, меѓународното право и одредени автономни поставки. Државите и нивните органи равноправно, под еднакви услови и со почитување на суверенитетот учествуваат во меѓународните полициски односи.

Потербата од меѓународна полициска соработка (МПС)

Потербата за МПС помеѓу националните полициски сервиси е особено јасна во услови кога постојат такви безбедносни предизвици како што се тероризмот, трговијата со дрога, оружје и

74 Бабовиќ., Б., исто, стр.70.

144

Page 146: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

луѓе, компјутерскиот криминал или корупцијата. Но и покрај барањето и потербата степенот на соработка е релативно низок.

Во светло на потребата од адресирање на заканите кои ги поставува транснационалниот криминал се поставува прашањето што е тоа што ги спречува националните полициски агенции да ги делат информациите со странските колеги, ангажирани во заеднички истраги и следења?

Постојат две категории на пречки за МПС:

1.традиционалниот национален пристап кон полициското работење и

2. недостаток на национални институции кои би го олеснувале делењето на информации во рамките и надвор од државата.

За да се одговори на овие пречки беа формирани организации за МПС.

Препознавањето дека меѓународната соработка може да одговори на меѓународниот криминал беше иницирано со кражбата на царскиот накит во Виена, Австрија во 1913 година. После неколку недели накитот беше лоциран во друг европски град. Кога австриската влада побара враќање на накитот и екстрадиција на извршителите на кражбата, никој не знаеше како да го процесуира тоа, едноставно не постоеше процедура. Виенскиот шеф на полицијата д-р. Сцхобер и принцот Алберт од Монако го свикаа првиот меѓународен криминалистички конгрес во 1914 год.овој настан кој беше свикан од шефови на полиција и значајни членови на меѓународната заедница водеше кон создавање на ИНТЕРПОЛ. Интерпол беше востановен за да ја олесни соработката на националните полициски сервиси во светот.

Европската полициска служба-Европол започна со работа во 1998 година за да го компензира исчезнувањето на границите како резултат на Шенгенските договори и другите договори на ЕУ.

Организациите за МПС имаат значајна улога во борбата против транснационалниот криминал:

Прво, го подигаат нивото на грижа на државите вис-а-вис заканите од транснационалниот криминал и користа од соработка.

Второ, им помагаат на државите да сорботуваат поподготвено, на систематска основа, градејќи ги нивните капацитети.

Трето, организациите за МПС ги отстрануваат традиционалните пречки за МПС, промовирајќи доверба, комуникација и професионално партнерство помеѓу странските колеги.

Историски развој на меѓународната полициска соработка

145

Page 147: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Меѓународната полициска соработка не е пронајдок на ерата на глобализцијата. Историските корени на меѓународната полициска соработка датираат барем од 19 век со експанзијата на националните држави.

Меѓународната полициска соработка имала различни форми согласно различни цели. Историски тренд беше постепеното напуштање на политичките полициски работи и фокусирање на решавањето на криминални работи како и движење од ограничена форма на соработка кон креирање на перманентни структуирани договори/аранжмани на соработка. Меѓународните полициски организации со бројни меѓународни преставници/членство не беа формирани се додека полициските институци не станаа доволно автономни односно независни од политичките центри на нивните држави за да делуваат/функционираат релативно независно. Кога овој структурален услов на институционална автономија беше исполнет, полициските институции почнаа да соработуваат преку границите на своите национални држави врз основа на заеднички концепции кои што се однесуваа на развојот и извршувањето на меѓународниот криминал. Така формите на меѓународната полициска соработка која што во текот на 19иот век беше насочена кон заштита на етаблираните автократски политички режими, особено на европскиот континент, доведе во 1923 г. до создавање на Меѓународната комисија на криминалистичка полиција, организацијата денес позната како Интерпол.

Во текот на 19 век полициските институции на САД немаа значајна улога во меѓународната полициска практика. Во тоа време, полициските должности со меѓународна димензија во САД беа поврзани со американските околности, како што се извршувањето на задачи поврзани со ропството, имиграцијата и утврдување на националните граници на северно-американскиот континент.

Во Европа, меѓутоа, меѓународната полициска пракса беше од средината на 19от век па наваму компаративно многу поразвиена. Европската полициска соработка тогаш се однесуваше на политичките задачи кои се однесуваа на заштита на воспоставените конзервативни системи од сомнителни субверзивни активности. Ова беше случај со Полициската унија на Германските држави, меѓународна полициска организација што беше активна од 1851 до 1866 година, чија задача беше да ја совлада/угуши политичката опозиција која се состоеше од демократи, анархисти и социјалисти. Унијата беше особено ориентирана кон воспоставување системи на размена на информации преку печатени материјали како и на одржување полициски состаноци. Но, Полициската унија можеше да соработува само со полициите од седумте нации кои зборуваа германски јазик, кои беа идеолошки блиски и обединети во федерална унија. Бидејќи организацијата остана тесно поврзана со политичките услови, не беше изненадувачки кога нејзините активности почнаа да опаѓаат како што растеше непријателството помеѓу владите на земјите чии полициски институции беа членки на Унијата. Унијата се распушти кога избувна војната помеѓу двете нејзини најзначајни членки, Прусија и Австрија во 1866 година.

146

Page 148: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Иако во втората половина на 19 век во меѓународните полициски активности беше забележлив трендот кон справување со криминалните работи, политичките цели продолжија да доминираат во полициската работа преку националните граници. Во последната декада на 19 век, насилните инциденти инспирирани од радикалните политички идеи повторно ги затресоа основите на автократските режими во Европа и ја забрзаа меѓународна полициска соработка. На 10 септември 1898, царицата Елизабета од Австрија беше убиена од италијанскиот анархист Луиги Луцхени, што придонесе и понатаму да се интензивира грижата од анархистички закани/опасности. Неколку недели подоцна на 29 септември 1898 година, италијанската влада организираше меѓународна конференција во Рим за да ја организира борбата против анархизмот.

„Римската меѓународната конференција за општествена одбрана од анархизмот„ (Интернатионал Цонференце оф Роме фор тхе Социал Дефенце Агаинст Анарцхистс) се одржа од 24.11 до 21.12.1898 година. На конференцијата присуствуваа 54 делегати од 21 европска земја. Во завршниот протокол од конференцијта анархизмот беше дефиниран како акт кој со употреба на насилни средства настојува да ја уништи организацијата на општеството. За потребите на практичното полициско работење, римскиот протокол содржеше планови со кои требаше да се охрабри полицијата да продолжи да ги надгледува анархистите, да се формира во секоја држава учесничка специјализирана агенција за надгледување заради оставрување на таа цел и да се организира систем за размена на информации помеѓу овие национални агенции. Државите кои го потпишаа завршниот протокол на Конференцијата се согласија да го усвојат „портраит парле„ (слика што зборува) - метод за криминалистичка идентификација. Технички пософистицирана верзија на „бертилон„ системот измислен од Алпхонсе Бертиллон, „портраит парле„ беше метод на идентификација што ги класифицираше осомничените криминалци врз основа на нумерички изразени мерки на делови од главата и телото. На Конференцијата, исто така, беше донесена одредба за екстрадиција на лица кои се обиделе да убијат или киднапираат суверен или водач на држава.

Во ноември 1901 година руските власти, повикувајќи се на атентатот на американскиот претстедател Мак Кинли (МцКинлѕ) од анархист во септември истата година, сакаа да го ревитализираат анти-анархистичкиот програм од Конференцијата во Рим. Така, во март 1904 г се одржа вториот анти-анархистички состанок во Сент Петерсбург, Русија, каде претставници од 10 земји се согласија за „Тајниот протокол за меѓународната војна против анархизмот„ (Сецрет Протоцол фор тхе Интернатионал Њар он Анарцхисм ).

Свесни за политички сензитивната природа на анархизмот, состаноците во Рим и Ст. Петерсбург за анти-анархизам му пријдоа на анархизмот како на исклучиво криминална работа, која ќе биде решавана на административно ниво од полициски институции. Сепак, само неколку земји донесоа нови закони базирани на протоколите од Рим и Ст. Петерсбург.

Учесниците на состаноците во Рим и Ст. Петерсбург не можеа да се согласат околу создавањето на централно анти-анархистичко разузнавачко биро за размена на информации преку границите на различни држави.

147

Page 149: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Меѓународните полициски активности во раните години на 20иот па наваму беа фокусирани на меѓународната проституција или трговија со бело робје како што се нарекуваше тогаш. Меѓународната конференција за бело робје беше организирана од француските власти во Парис 15 јули 1902 година. На продолжението на состанокот во 1904 година во Парис, беше потпишан „Меѓународен договор за спречување на трговијата со бело робје„ (Интернатионал Агреемент фор тхе Суппресион оф тхе Њхите Славе Траффиц) од страна на владите на 12 европски држави. Некои не-европски држави меѓу кои и САД не го потпишаа договорот но се согласија да се придржуваат на неговите одредби. На следниот состанок во мај 1910 година во Парис, беше усвоена „Меѓународна конвенција за спречување на трговијата со бело робје„ (Интернатионал Цонвентион фор тхе Суппресион оф тхе Њхите Славе Траффиц), која ја потпишаа 13 држави, вклучувајќи поголем дел од државите кои го потпишаа договорот од 1904. САД беа меѓу државите кои не се придржуваа кон новиот договор.

Договорот за бело робје не влијаеше особено на курсот и резултатите на меѓународната полициска стратегија и други практични аспекти на политиката за проституцијата. Наместо тоа, полициските активности во областа на белото робје се развија како дел на националните политики. Напорите да се контролира трговијата на проститутки во САД, на пример, беше водено врз основа на националната легислатива на САД, особено врз основа на „Њхите Славе Траффиц Ацт„ - Актот за трговија со бело робје од 1910 година.

Во почетокот на 20иот век бројно се зголемија напорите за формално организирање на меѓународната полициска соработка. Повеќето од тие планови не беа успешни, но значајното зголемување на обидите за структуирање на меѓународна полициска соработка јасно покажуваше глобализација во многу области на општеството. Меѓународната полициска соработка исто така постепено се деполитизираше во однос на нејзините цели, иако имаше повремени враќање на политичките полициски задачи/должности како што беше случајот за време на изненадните кризи кои се појавија по Болшевичката револуција, кога полициските институции во Европа, САД и насекаде во светот го свртеа вниманието кон ширењето на ?глобалното? комунистичко движење. Во 20иот век ваквите политички мотивирани меѓународни полициски активности ќе бидат само привремено релевантни.

Првата иницијатива во 20иот век за формално создавање на меѓународна полициска организација за работи кои немаат политичка природа беше превземена на Првиот конгрес на криминалистичката полиција во Монако 1914 година. Како што кажува самото име на конгресот, состанокот се фокусираше на криминалистичките/кривичните работи на полицијата, тенденција која беше антиципирана уште од крајот на 19 век. Конгресот не успеа да институционализира меѓународна полициска организација, главно поради тоа што состанокот небеше организиран од полициски службеници туку од политичари и правници. Дискусиите на Конгресот се движеа во правни рамки, вклучувајќи дебати за меѓународно правни договори како што се процедурите за екстрадиција.

На американскиот континент, главната копија на европската полициска соработка во раниот 20ети век, потекна од Латинска Америка, каде беа правени договори да се структуира меѓународна полициска соработка на меѓународните полициски конференции во Буенос Аирес

148

Page 150: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

1905, во Сао Паоло 1912 и во Буенос Аирес 1920 година но овие напори беа незначајни бидејќи беа главно ориентирани на професионални цели, имено да се воспостават подобри односи помеѓу полицијата од различни земји, а не на контрола на меѓународниот криминал.

Во септември 1922 година, на состанокот на полицијата во Њујорк беше создадена Меѓународната конференција на полицијата - Интернатионал полице Цонференце (ИПЦ). Експлицитно креирана како организација за промовирање и олеснување на меѓународна соработка меѓу полиција, Конференцијата ќе остане доминантно американска организација која беше главно загрижена за промоција на идеален професионализам помеѓу локалните американски агенции за извршување на законот. Во 1932 година на чело на ИПЦ дојде Барон Колиер (Баррон Цоллиер), богат пензиониран бизнисмен, кој се обиде да даде нов живот на организацијата но без успех.

ИПЦ беше независно организирана од полициските службеници, пред се од Полицискиот департмент/оддел на Њујорк, и соработката помеѓу членовите на Конференцијата се обидуваше да биде извршена надвор од контекстот на формалниот правен систем. Меѓутоа, она што и недостасуваше на ИПЦ беше било каква грижа за меѓународниот криминал. Интернационализацијата на криминалот што требаше и можеше да го оправда основањето на меѓународна полициска организација во тоа време недостасуваше во САД. Особено поради одалеченоста од Европа и другите делови од светот и поради тоа што САД сеуште немаше добро развиена федерална полиција, полициските операции остануваа изолирани од остатокот на светот.

А) Раѓањето на Интерпол

Меѓународната комисија за криминалистичка полиција (МККП), организацијата денес позната како Интерпол, беше основана во 1923 и постои и денес како меѓународна полициска организација која трае најдолго. МККП беше формирана на меѓународниот полициски конгрес во Виена, не како дипломатска иницијатива, туку како независна иницијатива на полициски службеници од различни, главно европски држави. Комисијата беше востановена без потпишување на меѓународен договор или правен документ. Активностите на МККП беа планирани на полициски состаноци и преку кореспонденција помеѓу полициските службеници, без контрола на нивните влади. Долго време од своето основање МККП немаше меѓународно признат правен статус и нема формална правна процедура за стекнување членство во Комисијата.

Седиштето на МККП првично беше во Виена, и имаше технички најсовршени полициски средства. Седиштето имаше специјализиран оддел за откривање фалсификати на пасоши, чекови и пари, отпечатоци и фотографии и други системи на полициско знаење и полициска техника. Разни средства за директна полициска соработка, како радио мрежа и публикациите, беа најголемите достигнувања на МККП.

149

Page 151: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Мотивација за полицијата да соработува преку структурите на МККП претставуваше зголемувањето на прекуграничниот криминал како и интернационализацијата на криминалот која се случуваше на крајот на Првата светска војна. Соработката ја потикнуваа и новите видови на криминал, брзите општествени промени и технолошкиот прогрес. Затоа, Комисијата востанови нов систем на технички напредни средства за меѓународна полициска комуникација. Исто така, спротивно на спората/тромата правна процедура за екстрадиција, МККП се залагаше за директна полициска комуникација за поефикасна соработка преку националните граници.

МККП успеа да опстане и покрај политичките и културните разлики кој што ги обележуваа земјите членки од Европа и надвор од неа. Меѓународната полициска соработка се базираше на стандардите на ефикасност и системите на познавање на меѓународниот криминал што можеа да бидат поделени помеѓу полициските професионалци. Затоа, МККП можеше да ја шири својата организациона структура и можности, наспроти фактот што помеѓу членовите на Комисијата немаше јасна дефиниција за меѓународниот криминал.

Можноста за политизирање на полициската работа во случајот на МККП се случи кога организацијата беше превземена од нацистите, по анексијата на Австрија во 1938 година. Таа година председателството на МККП му беше доверено на нацистички полициски службеник, а неколку години подоцна седиштето беше префрлено во Берлин каде организационо потпадна во СС полицијата. Иако практичните консеквенци на нацификацијата на МККП не се јасни, организацијата очигледно беше ранлива на употребата во политички цели.

По Втората светска војна, во 1946 година, МККП беше реформирана на собирот на полицијата во Брисел, Белгија. Оттогаш, седиштето на МККП е во Франција.

На 25тото Генерално собрание на МККП, одржано во Виена, Австрија во 1956 година, донесен е сегашниот Статут, со што името на организацијата е променето во МОКП – Меѓународна организација на криминалистичка полиција (ИЦПО - Интернатионал Цриминал Полице Организатион-Интерпол).

Членството на организацијата продолжи да расте и денес опфаќа полициски институции од повеќе од 180 земји.

Специфични потреби за меѓународна полициска соработка

Од практична полициска перспектива, одредени специфични дејства на меѓународната соработка се постојано потребни за справување со меѓународниот криминал. Иницијално, има потреба од откривање, документирање и комуницирање односно информирање за основните податоци за криминалот, на пр.: Што се случило? Кога? Каде? Опис на осомничените? Поврдени? Понатаму, има потреба од помош во истрагите, на пр. лоцирање и апсење на осомничените, собирање на докази, идентифицирање и испитување на сведоци и притворување и екстрадирање

150

Page 152: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

на осомничените. Конечно, често има потреба од помош во судскиот прогон, на пр. сведочење или обезбедување на појавување на сведците во суд, имање истражен персонал кој ќе сведочи во суд и ако треба да се донесе пресуда да се дадат на судијата доволно основни информации за осомничениот за да определи соодветна казна.

Други форми на меѓународна полициска соработка, кои се помалку препознатливи но се многу важни се: учество во експертизи, делење на технологијата и ресурсите, размена на културни информации и филозофија и заеднички неформални друштвени и рекреативни активности.

Специјални услови кои ја подржуваат МПС

Интересно е дека се она што го одликува современиот свет, а што го олеснува зголемувањето на транснационалниот криминал како што се развојот на транспортот, комуникацискиот систем, светската трговија, туризмот и сл., исто така, овозможува поголема меѓународна полициска соработка. Би можеле тука да ги додадеме и:

1. ширењето на телевизијата, филмовите и професионалните известувачки медиуми (луѓето во светот се информирани за сите политички збиднувања, природни катастрофи или сторен криминал; полицајци во Швајцарија гледаат американски полициски серии и така „учат„ за полицијата во Сан Франциско (серијата „Улиците на Сан Франциско) или за Чикашката мафија гледајки го филмот Кум.

2. обврската на многу држави да се учи втор или трет јазик во училиште. Основен услов за меѓународна комуникација и кооперација е познавањето барем на современите „меѓународните јазици„. Енглескиот денес е секако најдобар јазик за комуникација бидејки тоа е јазикот на контролорите на воздушниот сообраќај, се употребува во компјутерското програмирање, и е јазик на бизнисот и туризмот (оваа улога се менува: латинскиот го заменил грчкиот јазик, францускиот латинскиот, а сега енглескиот го заменува францускиот јазик.

3. како кумулативен ефект од горе спомнатите услови, развој на едно светко сознание кај полицијата/оние што го спроведуваат законот и обичните луѓе низ светот, односно свесноста за она што се случува во светот/други земји и чувството на лична загриженост за резултатите од светските збиднувања. И покрај разликите кои постојат, се верува дека, со оглед на тоа што живееме заедно на овој свет, би можеле да живееме подобро ако соработуваме, особено кога е во прашање транснационалниот криминал.

За да биде меѓународната полициска соработка успешна потребно е да постои „хармонизација„ односно: 1. регулирање на односите 2. прилагодување на различните системи еден кон друг 3.хармонизирање кон заеднички норми. Тоа е процес односно период на правење компромиси и прилагодување, и период во кој нови хибридни полиции и процедури ќе се институционализираат.

151

Page 153: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

За успешна МПС од значење е организирање на заеднички меѓународни обуки на кои :

• полицијата ќе се запознае со правните прописи и процедури, работните методи во други земји

• ќе се воспостават персонални врски меѓу полициските офицери што би ја олесниле нивната службена комуникациија

• ќе се зголеми разбирањето за културните разлики како и компетенциите за меѓукултурна комуникација (особено важни кога се работи за имигранти и странски државјани).

II. ИНТЕРПОЛ

1. Историски развој

Иницијативата за создавање меѓународна полициска организација од која ќе настане Интерпол се врзува за Првиот меѓународен полициски конгрес, одржан 1914 година во Монако. Правниците и полицајците од 14 земји расправаа :

● За можноста да се забрза и поедностави апсењето на криминалците

● За усовршување на методите за идентификација

● За воспоставување централна меѓународна картотека

● За уедначување на екстрадиционите постапки

Тогаш беше договорено следниот конгрес да се одржи 1916 година во Букурешт, но тоа не се реализира бидејки само три месеци по конгресот во Монако избувна Првата светска војна.

Вториот меѓународен полициски конгрес беше одржан од 3-7 септември 1923 година во Виена. За одржување на тој конгрес најзаслужен беше директорот на виенската полиција, д-р Јохан Шобер (Јохан Сцхобер), кој се смета за основач на Интерпол.

Шобер поканите за Конгресот не ги упати до државите туку до шефовите на полицииите на поедини градови, пред се европските метрополи. Меѓутоа, непосредно воочи конгресот и на самиот конгрес се разговараше за полициска соработка помеѓу државите. Ова делумно го објаснува карактерот на организмот кој ќе се формира: се работеше за здружение на поединци за кои може да се каже дека би требало да ги претставуваат државите.

152

Page 154: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Во работата на конгресот учествуваа 138 делегати од 20 земји и територии (Ријека во тој период била слободна територија). Со одлука на делегатите беше формирана Меѓународна комисија на криминалистичката полиција (МККП), со седиште во Виена75.

Конгресот усвои 12 резолуции, и првата го содржеше првиот Статут на МККП. Со Статутот на Комисијата се утврдени следниве цели на нејзината дејност: а) остварување на взаемна помош на сите полициски органи според нивните национални закони и б)создавање и усовршување на инструменти и организации кои би ја олесниле борбата против криминалот.

Комисијата имаше сосема неодреден правен статус: од една страна, во нејзината работа учествуваа поединци што ги претставуваа одделните држави, но во индивидуално својство, а од друга страна, владите на државите кои не беа претставени на Конгресот беа повикани да определат свои претставници. И покрај двојниот меѓународно-правен статус, Комисијата се афирмира како првобитно јадро, кое децидно ја потврди потребата од институционални облици на полициската соработка.

Во 1938 година во дејноста на МККП учествуваа претставници на полициски органи на 38 држави. МККП особено во периодот на интензивна соработка со Друштвото на народите, со размената на информации ги постави темелите на МПС. Особено е значаен придонесот на МККП во институционализација на меѓународната соработка и сузбивањето на фалсикувањето на пари и усвојување на Меѓунароната конвенција за сузбивање на фалсификувани пари во 1929 година.

Едно од најзначајните достигнувања на „првата„ Комисија се огледа во создавање на посебна радио-телеграфска мрежа за потребите на меѓународната полициска соработка. На меѓународната радио-телеграфска конференција во Вашингтон 1928 г., за тие потреби беше одредена посебна фреквенција. Крајот на нагорната линија во развојот на Комисијата е означен со „аншлусот„ на Австрија од страна на германската армија 1938 година и почнувањето на Втората светска војна.

По завршетокот на Втората светска војна новиот дух на меѓународна солидарност и блискост на интересите на победничките сили, како и на новоослободените земји, ја реафирмира и потребата од интензивна полициска соработка и нејзино институционализирање.

Во 1946 година на иницијатива на белгијанецот Флорент Лоуњаге потпретседател на МККП и генерален инспектор на државната безбедност во Белгија, по дипломатски пат свика меѓународна конференција што е одржана во Брисел во присуство на 19 држави. На конференцијата е обновена работата на МККП, донесен е нов Статут и одлука за пренесување на нејзиното седиште во Парис. Со Статутот полициската соработка е ограничена на „општите казниви дела„. Од подрачјето на таа соработка се иземени политичките тела, што како формула,

75 Во меѓународната комисија на криминалистичката полиција беа претставници на 17 земји и територии: Австрија, Белгија, Египет, Франција, Грција, Холандија, Италија, Јапонија, Југославија, Кина, Унгарија, Германија, Полска, Румунија, САД , Швајцарија, Шведска и Ријека (слободна и независна територија создадена со Рапалскиот договор меѓу Југославија и Италија 1920 година). Кина не учествуваше на Конгресот, а од земји кои учествуваа на оснивачкиот конгрес во Комисијата не влегоа Чешкословачка, Данска и Летонија (која во 1940 ќе влезе во состав на СССР).

153

Page 155: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

всушност е осноовната реална претпоставка за функционирање на овој облик соработка. Комисијата го задржува статусот не на меѓувладино тело, туку на тело составено од челнови делегирани од нивните влади.

Промените на општествените, политичките и воените односи на тоа време се рефлектираа и на работата на оваа организација па на 25тото заседание на Генералното собрание на МККП е усвоен новиот Статут и е изменет називот на ова тело. Усвоен е денешниот назив Меѓународна организација на криминалистичка полиција – ИНТЕРПОЛ.

2. Меѓународно-правен статус на ИНТЕРПОЛ

Со години, па дури и децении, владееше извесна конфузија во поглед на статусот на Интерпол. Во прилог на тоа дека Интерпол е меѓувладина организавија има повеќе аргументи: органите на полицијата не можат да партиципираат во активностите на Интерпол без согласност на нивните влади, котизацијата се исплаќа од државните буџети, шефовите на делегациите што учествуваат во работата на Генералното собрание ги именува односната влада, на функционерите им се признаваат определени привилегии и имунитети итн.

Во 1947 година Интерпол бара од ОН признавање на статус на меѓународна невладина организација но апликацијата не беше прифатена. Но, во 1955 година Резолуцијата на ОН за наркотици упатува на Интерпол како на најквалификувана меѓународна организација за размена на информации за трговијата со дрога така што во 1971 година Интерпол беше признаен од ОН како меѓувладина организација иако не е создадена со меѓународен договор 76.

Франција, уште во првиот Договор за седиштето во 1972, изрично го прифати Интерпол, како меѓународна организација. Тоа го потврди и во новиот Договор за седиштето во 1982 година во кој што беше потврдена независноста, автономијата и правниот статус на меѓувладина организација.

Според тоа Интерпол претставува меѓународна организација sui generis, што од своето основање до денес ја прошири својата активност на 194 држави членки.

3. Цели и организација на ИНТЕРПОЛ3.1. Цели

Основните цели на Интерпол се утврдени во чл. 2 од Статутот на оваа организација во кои се вели дека организацијата се залага:

76 Hebenton, B., Thomas, T.,: Policing Europe, Cooperation, Conflict and Control, M St Martin’s Press, New York, 1955.

154

Page 156: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

а) да го обезбеди и унапреди заемното помаѓање на сите органи на криминалистичката полиција во границите на важечките закони во различни земји и во духот на Општата декларација за правата на човекот

б) да воспостави и да ги развива сите институции кои можат ефикасно да придонесуваат во превенцијата и репресијата на општите казниви дела.

Заради политички неутралната улога која мора да ја има, Статутот на Интерпол во чл. 3 забранува било каква активност или интервенција во прашањата или случаевите кои имаат политичка, воена, верска или расна позадина. Неговата работа е насочена пред се на јавната безбедност и тероризмот, организираниот криминал, нелегално производство на дрога и трговија со дрога, шверц со оружје, трговија со луѓе, перење на пари, детска порнографија, финасиски и хај-тек криминал и корупција.

Принципи на кои се заснива соработката во рамките на Интерпол се77:

а) почитување на државниот суверенитет – соработката во секој момент треба да биде базирана на активности кои ги превземаат полициски сили во различни држави членки и да се спроведува во рамките на нивните државни граници и во согласност со нивните специфични национални закони.

б) примена на кривичното право – полето на активност на организацијата е на превенција на криминалитетот и примена на законите врзано за општите кривични дела. Тоа е единствена основа на која може да дојде до воспоставување на спогодба помеѓу земјите членки.

в) универзалност – секоја држава членка може да соработува со било која друга, а таа соработка не семее да биде попречувана од географски или лингвистички фактори.

г) еднаквост на сите држави членки – сите држави членки мораат да имаат исти обврски и исти права независно од нивните финансиски придонеси за организацијата.

д) соработка со други органи – соработката со посредство на НЦБ се проширува на сите владини органи кои се заинтересирани за сузбивање на кривичните дела на општиот криминалитет.

ѓ) флексибилност на работните методи - работните методи мораат да останат доволно флексибилни како би се земала во обзир големата разновидност на структурите и ситуациите во различни земји.

3.2. Организациона структура

77 Стајиќ, Љ., Основи безбдедности,Полициска академија, београд, 2004, стр.101.

155

Page 157: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Со оглед на принципот на почитување на националниот суверенитет Интерпол нема оперативни единици/тимови со наднационални овластувања кои можат да патуваат во текот на истражните постапки по различни земји.

Машинеријата на Интерпол е базирана на перманетни структури на централно и национално ниво.

Организациона структура на Интерпол ја сочинуваат (чл. 5 од Статутот):

● Генералното собрание

● Извршниот комитет

● Генералниот екретаријат

● Националните централни бироа

● Советници

Генералното собрание (ГС) е највисок орган кој го сочинуваат делегати назначени од секоја држава членка. ГС заседава еднаш годишно во различни места во светот и ги носи сите важни политички одлуки како и одлуки кои се однесуваат на ресурсите, работните методи, финансиите активностите и програмите на Интерпол. ГС, исто така, го избира и Извршниот комитет. Генерално, ГС носи одлуки со просто мнозинство во форма на резолуции.

Извршниот комитет (ИК) е извршен орган на Интерпол, кој има 13 членови избрани од Генералното собрание. Со ИК претседава претседателот на Организацијата избран исто така од ГС. Покрај претседателот ИК го сочинуваат и 3 потпретседатели и 9 делегати. Членовите на ИК треба да потекнуваат од различни земји, при што треба да се води сметка за географската застапеност (чл.15). Претседателот се избира на 4 години со 2/3 мнозинство, ако не се постигне мнозинство по второто гласање, доволно е и просто мнозинство. Потпреседателите се избираат на 3 години со просто мнозинство. Секоја држава има еден глас. Во вршење на своите должности сите избрани во ИК се сметаат за претставници на Организацијата, а не претставници на своите земји. ИК се состанува најмалку еднаш годишно (чл. 20), а по правило 2 до 3 пати годишно .

Функции на ИК се (чл.22):

- контрола на извршувањето на одлуките на ГС- подготовка на дневниот ред на заседаниата на ГС - поднесуање предлози и програми за работа на ГС- контрола на работата на генерлниот секретар- извршување други задачи кои му ги доверува ГС.

156

Page 158: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Генерален секретаријат е лоциран во Лион и него го сочинуваат генералниот секретар, административниот и техничкиот перспнал на Секретаријатот. Генералниот секретаријат работи 24 часа 365 дена во годината на четирите официјални јазици на организацијата: арапски, англески, француски и шпански. Секретаријатот има шест регионални канцеларии во Аргентина, Брегот на слоновата коска, Ел Салвадор, Кенија, Тајланд и Зимбабве и канцеларија за врски во ООН.

Секретеријатот е поделен на 4 оделенија кои што покриваат административни работи, полициски работи, истражување и техничка помош. Со Серетаријатот раководи генерален секретар кој го именуван ГС за време од 5 г. и може повторно да биде избран. Генералниот секретар е всушност шеф на организацијата и е одговорен за дневната МПС и имплементација на одлуките на ГС и ИК.

Генералниот секретар и персоналот на Секретаријатот, според Статутот (чл.30), се независни од владите на државите што ги делегираат и не смеат да се советуваат со нив или да работат по нивни инструкции.

Обемот на работата на Секретаријатот е мошне широк и сложен и покрива различни активности:

- ги спроведува одлуките на ГС и ИК- дејствува како меѓународен центар во борба против општиот криминал- комуницира со националните и меѓународните органи и тела во однос на истражувањето

на криминалот- размена на документација и информации- издавање оперативни, научни и стручни публикации итн.

Национални централни бироа (НЦБ) – се национални канцеларии на Интерпол. Преку нив се одвива сржта на операциите на Интерпол. Владата на секоја држава членка е должна да именува едно постојано тело кое делува како средиште на сите комуникации на Интерпол. НЦБ е претставник на организацијата во државата членка и истовремено претставник на државата членка во организацијата. Секоја земја ги организира како посебни служби при министерствата за внатрешни работи или правда или како посебни самостојни тела78. ЦНБ обезбедува врска со:

- различните служби во својата земја

- другите НЦБ

- Генералниот секретаријат на организацијата.

78 НЦБ во САД е во ФБИ, во Англија е во Метрополитен полиција при Нов Скотланд Јард.

157

Page 159: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

НЦБ имаат повеќеслојна улога:

● ги спроведуваат одлуките на Интерпол,

● водат централна криминалистичка евиденција за меѓународни деликвнти и

меѓународни кривични дела

● пренесуваат странски барања за МПС до домашните полициски служби,

● во својата земја иницираат разгледување на актуелни практични криминалистички

проблеми за кои терба да завземе став и Интерпол,

● ги канализираат оперативните откривачки активности на Интерпол во соработка со

други национални органи и други НЦБ и со службите на генералниот секретаријат, и

● помагаат во остварување на други облици на соработка, како што е екстрадицијата

и казнено-правната помош во судските предмети.НЦБ служат како контакт точки за странски органи кои можеби не ја разбираат

комплексноста на системот за извршување на законите на земјата со која сакаат да стапат во контакт. Тие имаат само еден партнер во односната земја, а тоа е НЦБ.

Сите НЦБа ги примат сите барања упатени од странство во неговата земја од страна на различните странски полициски и др. органи во кои се бараат одредени известувања/информации. По извршените проверки НЦБто ги упатува известувањата до заинтересираните држави. НЦБ, исто така прима информации и барања од НЦБ на другите земји и ги упатува до надлежните национални органи. Тоа има голема предност која доаѓа до израз кога оредени оперативни органи коишто работат на поединечен случај не мораат сами да ги пронаоѓаат органите со кои треба да соработуваат/контактираат во странската земја. Другата предност се огледа во тоа што НЦБ на државите членки не се соочуваат со јазични тешкотии. Ако е потребно НЦБа ќе го преведат матерјалот од или на еден од службените јазици на Интерпол.

Советници - се експерти од различни области, кои имаат советодавна улога за проучување на некои научни прашања (чл.34). Тие можат да бидат именувани од ИК и потврдени од ГС. Тоа се лица кои имаат меѓународна репутација и углед во некоја од областите кои се од интерес за Организацијата.

4. Основни функции на Интерпол

Активностите на Интерпол се базираат на следниве три основно функции:

158

Page 160: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

● безбедни глобални комуникациски сервиси/услуги за полицијата

● сервиси на оперативни податоци и база на податоци за полицијата

● сервиси за оперативна поддршка на полицијата

4.1. Безбедни глобални комуникациски сервиси за полицијата(secure global police communication services)

Основа за ефикасно извршување на законите на меѓународен план е можноста полицијата да разменува значајни податоци брзо и безбедно. За таа цел Интерпол разви глобален полициски комуникационен систем познат како И-24/7. Овој систем ги поврзува Генералниот секретаријат во Лион со НЦБ во земјите членки и регионалните канцеларии, со што се креира мрежа за размена на полициски информации и им се овозможува на оние кои го извршуваат законот во земјите членки брз пристап до податоците на организцијата и на другите сервиси.

Државите членки можат, исто така, да им дозволат пристап на други овластени тела/органи за извршување на законот надвор од НЦБ, како на пример на единиците за граничната контрола или царинските службеници.

Интерпол продолжува да развива нови сервиси и тренинг програми за да им овозможи на корисниците да можат целосно да го користат системот И - 24/7.

Една од основните функции на Интерпол е да и овозможи на полицијата во светот да разминуваат информации безбедно и брзо. И-24/7 системот кој им овозможува на полицијата во светот едноставна платформа преку која тие можат да делат круцијални информации за криминалците и криминалните активности.

Употребувајќи го И-24/7, НЦБ може да бараат и проверуваат податоци многу брзо, со директен пристап во базата на податоци која содржи информации за осомничени терористи, лица за кои има издадено потерница, отпечатоци, ДНК профил, изгубени или украдени патни документи, украдени моторни возила, уметнички дела и сл. Овие ресурси и овозможуваат на полицијата брз пристап до потенцијално важни информации, олеснувајќи ги со тоа кривичните/криминалистичките истраги.

Овој систем, исто така им овозможува на земјите членки пристап до националните бази на податоци на секоја од нив употребувајќи ја business-to business (Б2Б) врската.

Иако И-24/7 е сместен во НЦБ, Интерпол ги потикнува државите членки да ги прошират нивните врски со граничната полиција, царината и службите за имиграција итн. НЦБ го контролираат степенот на пристап на другите овластенеи корисници на сервисите на Интерпол и можат да бараат да бидаат информирани за истрагите во нивните национални бази на податоци од страна на другите држави.

159

Page 161: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

4.2.Сервиси на оперативни податоци и база на податоци за полицијата(Operational data services and data bases forcesfor police)

За да може да се бори против ОК полицијата има потреба од информации кои можат да и помогнат при истрагите или да и помогнат да го спречат криминалот. Интерпол управува со неколку бази на податоци, достапни на бироата на Интерпол во сите земји членки преку И-24/7 комуникацискиот систем кои содржат: осомничени терористи, основни податоци за криминалци (имиња, фотографии), отпечатоци, ДНК прфил, изгубени или украдени патни документи, украдени моторни возила, уметнички дела.

4.3.Сервиси за оперативна поддршка на полицијата

(Operational police services)

Интерпол бара да се подигне улогата на НЦБ и регионалните канцеларии и да се зголеми одзивот на Генералниот секретаријат кон нивните потреби. Ова вклучува развој на итна подршка и операционални активнности насочени во приоритетните области на криминал: бегалци, јавна безбедност и тероризам, дрога и организиран криминал, трговија со луѓе и финансиски и хај-тек криминал. Командниот и координативен центар (ККЦ) работи 24 часа на сите официјални јазици на Интерпол и служи како прва контакт точка за секоја земја членка која се соочува со кризна ситуација. Персоналот на ККЦ обезбедува ресурсите на организацијата да бидат спремни и на располагање во секое време и на секое место кога тие може да бидат потребни.

Ако се случи терористички напад или природна непогода, ККЦ и Групата за подршка во кризи се мобилизираат, се нудат и ја координираат активноста која ја превзема Интерпол во тие случаи.

За само неколку часа тимови за одговор на инциденти и тимови за идентификација на жртвите составени од официри од Генералниот секретаријат и од земјите членки можат да бидат распоредени на местото на настанот.

Уште една компонента на оваа суштинска функција на Интерпол е системот на потерници за што ќе стане збор подолу.

Единицата за криминалистичка анализа придонесува во истрагите преку помош која им ја дава на офицерите кои работат во Генералниот секртетаријат и во земјите членки преку

160

Page 162: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

истражувања и анализи за трендовите во полето на криминалот. Оваа единица исто така организира за земјите членки тренинг курсеви за техниките на криминалистичката анализа.

Интерпол иницира и координира многу полициски тренинг програми кои покриваат различни приоритетни области на криминал чија цел е да го подигаат капацитетот на држаците членки во борбата против меѓународниот криминал.

5.Потерници

Една од најзначајните функции на Интерпол е да и помага на полицијата во земјите членки со давање информации поврзани со криминал/казниви дела преку системот на меѓународни потерници и објави познати како Интерпол нотицес. Информациите се однесуваат на лица кои се бараат за направен сериозен криминал, исчезнати лица, неидентификувани тела/лешеви, можни закани и за начинот на извршување на одделни дела (модус операнди). Постојат и потерници кои ги користи ОН за да се предупреди полицијата за лица кои се субјект на санкциите на ОН против Ал Каеда и талибанците, како и потерници на Маѓународниот кривичен суд за бивша Југославија и Руанда за лица кои се бараат за сериозно кршење на меѓународното право за човековите права.

На барање на НЦБ или други меѓународни организации со кои Интерпол има склучено специјални договори, Генералниот секретаријат издава потерници на сите официјални јазици на Интерпол. Генералниот секретаријат може самостојно да издаде Зелена потерница.

5.1. Видови на потерници / објави

a) Црвена потерница

Оваа потерница Генералниот секретаријат ја дистрибуира до сите НЦБ ако се работи за лица барани заради лишување од слобода и екстрадиција. Притоа, за лица за кои се бара лишување од слобода заради екстрадиција, во рамките на Интерпол е утврдена посебна предекстрадициона постапка, што опфаќа мерки за обезбедување присуство на лицата до отварањето на формалната постапка за екстрадиција.

Предекстрадиционата постапка се одвива во повеќе фази. Во првата фаза судските органи на државата што бара екстрадиција доставуваат налог за лишување од слобода до полицијата известувајќи ја дека ќе поведат постапка за екстрадиција по откривањето на сторителот. Во втората фаза НЦБ на односната држава бара од Генералниот секретаријат распишување

161

Page 163: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

потерница со сите податоци за извршеното дело и за извршителот. Во случај на итност барањето се поднесува до НЦБ на државата во која лицето се наоѓа, за што веднаш се известува Генералниот секретаријат. По приемот на барањето Генералниот секретаријат испитува предходно дали предметот не потпаѓа, евентуално, под ограничувањата утврдени со Статутот (политичко дело итн.), а потоа подготвува и дистрибуира црвена потерница до сите НЦБ. Кога лицето за кое е распишана потерница е откриено, полицијата на односната држава превзема мерки што се во согласност со нејзиното национално законодавство (од надзор до лишување од слобода) и за тоа ја известува полицијата на државата што поднела барање за екстрадиција, односно нејзиното НЦБ. Националното биро мора да потврди дека во најкус можен рок ќе биде поднесено формално барање за екстрадиција по дипломатски или по друг регуларен пат. По завршувањето на постапката за екстрадиција, двете НЦБ организираат спроведување и предавање, односно превземање на екстрадираното лице.

б) Сина потерница

Оваа потерница се дистрибуира за да се соберат дополнителни информации за идентитетот на лица (на пр. псевдоними, да се утврди местото на престој, адреса) или за нелегалните активности поврзани со криминалната работа.

в) Зелена потерница

Генералниот секретаријат доставува до државите зелена потерница со која се предупредуваат и им дава криминалистичко релевантни податоци за лица кои извршиле кривични дела во повеќе држави и се претпоставува дека може да ги повторат тие дела во други земји.

г) Жолта потерница

Жолта потерница се издава за да се помогне во лоцирање на исчезнати лица, особено малолетници, или да помогне во идентификување на лица кои не можат сами да се идентификуваат.

д) Црна потерница

162

Page 164: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Црната потерница се подготвува и дистрибуира за идентификација на лешеви. Овој црн билтен содржи фотографии, отисоци или други предмети со кои би можело да се идентификува лицето.

ѓ) Портокалова потерница

Со оваа потерница се предупредува полицијата, јавноста, јавните организации и други меѓународни организации за можни закани кон нив од скриено оружје, поштенски бомби и други опасни материјали.

е) Специјална потерница на Интерпол - Совет за безбедност на ОН

(INTERPOL - United nations Security Council special notice)

Во 2005 година, на барање на Советот за безбедност на ОН беше креирана Интерпол - Совет за безбедност на ОН специјална потерница за подршка на Советот за безбедност во борбата против тероризмот.

Оваа специјална потерница се издава за групи и поединци поврзани со Ал Каеда и талибанците (наведени во 1267 листа на Комитетот) кои се предмет на санкции преку смрзнување на приносите/приходите , забрани за патување и ембарго на оружје. Таа има 2 функции. Прво, ги предупредува службениците кои го спроведуваат законот за оние кои се предмет на антитерористичките санкции на ОН. Второ, тие се барање на сите службениците кои го спроведуваат законот да соработуваат со Интерпол и ОН со превземање на дејствија/акции специфицирани во потерницата за односното лице.

Со исклучок на портокаловата сите други потерници содржат 2 типа информации:

● Идентификациони карактеристики - сеопфатни податоци за утврдување на

идентитетот на лицето на кое што се однесува потрницата, физички опис, фотографии, отпечатоци и други релевантни информации како занимање, јазици кој ги зборува лицето, број на идентификациони документи и др.

● Судски/правни информации - на пример казниво дело за кое лицето се обвинува,

законите според кои е обвинето, максимална казна која може да биде изречена. Во случај на црвената потерница одредбите за налогот за апсење и изречената казна од судот и др.

163

Page 165: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

6. НЦБ на Интерпол - Скопје

Националното централно биро на Интерпол во Скопје формирано согласно обврските кои произлегуваат од членство на РМ во Интерпол (62 заседание на Генералното собрание на Интерпол Аруба, 1993г.) е во рамките на Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР на РМ.

НЦБ го користи АСФ (аутоматед сеарцх фацилитиес) бази на податоци за лица, украдени возила, уметнички предмети, изгубени/украдени патни исправи и др. и внесува податоци во истите.

Вработените го користат системот на електронска пошта, при што размената на информации помеѓу земјите членки на Интерпол се изведува во затворена и заштитена средина.Електронската пошта која пристига во НЦБ Скопје постојано е следена од оператор, што придонесува за навремено делување, особено во итни случаи.

Пристапот до 1-24/7 комуникациски ситем на Интерпол е заштитен како од техничка страна така и во поглед на кориснички пристап.Националниот офицер за заштита на 1-24/7 системот кој е вработен во Интерпол Скопје и е назначен од страна на Генералниот секретаријат врши контрола на пристапот до системот на секој корисник поединачно, доделувајки им на корисниците различни права на пристап во согласност со нивната функција и работните задачи кои ги извршуваат.

Интерпол- Скопје работи во две смени (8-22 часот), а останатото време како и за време на викендите и празниците постои дежурен инспектор кој може веднаш да интервенира. Дежурниот телефон на овој инспектор е постојано во функција и е објавен на сајтот на Интерпол.

7. Особени знаци на Интерпол

Официјалното име на Интерпол е “ИЦПО - Интерпол”, а официјалните кратенки се „ОIPC” - “Оrganization internationale de police criminelle”,”ICPO ” - “ International Criminal Police Organization”.

Зборот Интерпол е кратенка/контракција од “интернатионал полице”, и беше избран како телеграфска адреса во 1946 година. Во 1956 година Меѓународната комисија на криминалистичката полиција го смени името и стана Меѓународна организација на криминалистичката полиција - Интерпол.

Интерпол има свое знаме и амблем. Знамето се употербува од 1950 година. Основата на знамето е светло плава, а во средината на плавото поле се навоѓа амблемот на Интерпол

164

Page 166: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

окулу кои се 4 молњи кои ги симболизираат телекомуникациите и брзината на полициската акција. Амблемот на Интерпол се употребува, исто така, од 1950 година и на него е претставена земјината топка што покажува дека активноста на Интерпол се протега низ цел свет, маслинови гранки од двете страни на земјината топка кои го симболизираат мирот, името Интерпол под земјината топка, вертикален меч позади земјината топка кој што ја претставува полициската акција, кратенките „ОИПЦ” и “ИЦПО” над земјината топка на двете страни од мечот и вага под маслиновите гранки што ја симболизира правдата.

. ИИИПОЛИЦИСКАСОРАБОТКАВОЕВРОПСКАТА ( )УНИЈА ЕУ

Полициската соработка стартуваше во 1975 година во рамките на ТРЕВИ со специјално вмнимание посветено на соработката против тероризмот. Мастришкиот договор што стапи во сила на 1 ноември 1993 година ја дефинираше полициската соработка како работа од заеднички интерес вклучувајќи го создавањето на Европол. Така полициската соработка беше внесена во задачите на ЕУ.Беше етаблиран тн. Трет столб на ЕУ –Правда и внатрешни работи (наслов Шест од Договорот за ЕУ) кој обезбеди рамка за соработка на полициските и правосудните органи. Соработката во оваа област се одвиваше на меѓувладина основа и се одлучуваше главно со консензус.

Договорот од Амстердам потпишан на 2.10.1997 година, а влезе во сила 1.5.1999 година, содржеше по прецизни одредби за полициската соработка. Дел од областите од зазееднички интерес - визи, азил, контрола на надворешни граници, судска соработка во граѓанските предмети Договорот од Амстердам ги трансферира во првиот столб такашто во третиот столб останува полициската и судската соработката во кривичните работи. Договорот ги интегрира Шенгенските аки во правниот систем на ЕУ.

Соработката во областа на правдата и внатрешните работи се базираше на Виенскиот акционен план, усвоен декември 1998, заклучоците од состанокот на Европскиот совет во Тампере октомври 1999 и Хашкиот програм од 2004 година.

Со ратификација на Лисабонскиот договор 2009 година трите столба се споени така што полициската соработка е содржана во насловот Област на слобода, безбедност и правда. Беше усвоен и Штокхолмскиот програм како трет пет-годишен план со насоки во областа на правда и внатрешни работи. Овие два документа се неопходни во работата на европските офицери за извршување на законите во нивната борба против криминалот.

165

Page 167: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

1.ТРЕВИ - група за борба против меѓународниот тероризам, радикализам и екстремизам

Соработката помеѓу државите членки на ЕУ (тогаш ЕЗ) во областа на полициските и судките рботи започна во 1975 година со создавањето на тн. Група ТРЕВИ79. Оваа група претставуваше меѓувладина мрежа или форум од службеници од министерствата за правда и внатрешни работи во ЕЗ . ТРЕВИ беше креирана за време на самитот на Европскиот совет во Рим 1-2 .12.1975. Престана да постои кога беше интегрирана во Третиот столб на ЕУ со Мастришкиот договор од 1992 година.

Создавањето на ТРЕВИ беше иницирано од неколку терористички акти, особено земањето заложници и масакарот на олимписките игри во Минхен 1972 год, со оглед на тоа што Интерпол во тоа време неможеше ефикасно да помага во борбата против тероризмот.

Иако иницијално ТРЕВИ го координираше одговорот на европските влади против тероризмот, постепено почна да ја шири својата активност на други области како што беше прекуграничната соработка на полициите во ЕЗ во борбата против илегалната трговија со дрога, организираниот криминал и др. Покрај тоа се разговарало и за мерките за образование и истражување и јакнење на оперативната соработка на органите за безбедност во рамките на ЕЗ.

Државите членки на тогаш Европската Заедница (ЕЗ) го создадоа овој широк меѓувладин форум за соработка надвор од формалната договорна структура на ЕЗ. Иако немаше постојан секретаријата Групата ТРЕВИ им овозможуваше на органите кои го извршуваат законот во државите членки да комуницираат на лимитиран но корисен начин и да ги разменуваат информациите за различнивидови транснационален криминал и да ги споделуваат најдобрите пракси во борбата против нив.

Групата ТРЕВИ ја постави нормативната и институционална основа за соработката во областа на правдата и внатрешните работи во ЕУ.

79 Во некои француски книги се споменува дека називот на оваа група -ТРЕВИ произлегува од terorisme, radicalism, extremisme et violence internationale, што не е веројатно со оглед на тоа што ТРЕВИ беше англиска иницијатива. Мошне веројатно дека името потекнува од познатата фонтана во Рим Фонтана ди треви каде што се одржуваше првиот состанок на ТРЕВИ воден од холанганецот по име Фонтејин што на англиски значи фонтана.

166

Page 168: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

2. ШЕНГЕНСКИДОГОВОРИКОНВЕНЦИЈАЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАНАШЕНГЕНСКИОТДОГОВОР

Слободното движење на граѓаните низ Европската Унија (ЕУ) е содржано во европските договори, но практично тоа стана реалност со создавање на “Шенген зоната”. Оваа зона без граници беше именувана по гратчето Шенген во Луксембург, кое се наоѓа на границата помеѓу Луксембург, Франција и Германија. Имено на 14 јуни 1985 година Франција и Германија заедно со земјите на Бенелукс - Холандија, Белгија и Луксембург го потпишаа Шенгенскиот договор/спогодба за постепено укинување на контролата на нивните заеднички граници ( Аgreament between the governments of the states of the Benelux economic union, the federal Republic of Germany and the French Republic on the progresive/gradual abolition of cheks at their common borders) познат под името Шенгенски договор (Shengen agreeement). Со овој договор беше изразена спремноста да се олесни преминувањето на лицата низ пасошката и царинската контрола на границите помеѓу државите потписнички, за постепено да биде укината секаква контрола. Целта на овој договор беше да се испита како укинувањето на контролата на лицата на границите ќе влијае на безбедноста на земјите.

Пет години подоцна, на 19 јуни 1990 година државите членки на шенген ја потпишаа Конвенцијата за имплементација на Шенгенскиот договор (Convention Implementing the Shengen agreement), која стапи во сила на 1.09.1995 година.

Клучните точки на Конвенцијата се однесуваат на создавање на заедничка област на безбедност и правда. Тие се однесуваа на:

● Хармонизација на одредбите за влез и краток престој во Шенген зоната од страна на не-ЕУ

државјани (унифирмирана шенген виза, заедничка листа на трети држави чии државјанин треба да имаат виза за влез во Шенген зоната)

● Прашања за азилот (определување во која држава членка може да биде поднесена

барање за азил)

● Мерките за борба против прекуграничниот криминал со дрога

● Полициската соработка

● Соработката на шенген државите во областа на правосудството

Кон Конвенцијата постепено пристапуваа и други држави Италија 1991, Шпанија 1992, Грција 1995, Австрија 1996, Шведска, Данска и Финска 1996 година. Но со пристапувањето кон Конвенцијата не се одвиваше паралелно и укинувањето на граничната контрола. Имено, во зависност од државата тој процес се одвиваше во период од 5 до 8 години. Скандинавските земји не ги укинаа граничните контроли се до 25 април 2005 година.

167

Page 169: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Велика Британија и Ирска, не пристапија кон Шенгентеските договори односно не ги укинаа нивните гранични контроли, но учествуваат во полициската соработка и соработката во областа на правосудството. За таа цел патнитците од ЕУ треба да ги покажат пасошите за влез во Велика Британија и Ирска

Трети земји, како што се Норвешка и Исланд припаѓаат на Шенген зоната од 1996, а потполно почнаа да го применуваат шенгенскиот режим од 2001 година. Инаку тие заедно со другите 3 скандинавски земји-Шведска, Данска и Финска се членки на нордиската пасошката унија повеќе од 50 години, што значи дека граничните контроли во скандинавија беа укинати одамна.

На 1 мај 2004 кон договорот се приклучуваат Кипар, Чешка, Поласка, Унгарија, Словачка, Словенија, Естонија, Латвија и Литванија. Обврската за имплементирање на овој договор за овие држави беше до 2008та година, така што во декември таа година овие земји станаа членки на шенген зоната, со исклучок на Кипар. 80

На 1 јануари 2007 Бугарија и Романија станаа членки на ЕУ. Се очекуваше да станат членки на Шенген зоната во 2011, но до денес (2019) не се суште членки. 81 Хрватска стана членка на ЕУ 2013 година но, сеуште не членка на Шенген зоната.

Државите кои не се членки на ЕУ кaко Норвешка Исланд, Швајцарија и Лихтенштајн се дел од Шенген зоната. Швајцарија стана дел од шенген зоната со укинувањето на граничната контрола на копно декември 2008 година и на воздушните граници април 2009 година, а Лихтенштајн 2011 .

2.1.Односот на Шенген со ЕУ

“Шенген” беше инициран надвор од рамките на ЕЗ/ЕУ бидејќи во 1985 година сите држави членки на ЕЗ не сакаа да учествуваат во укинување на контролата на лицата на нивните граници. Така Шенгенската спогодба се применуваше само во земјите членки потписнички. Со договорот од Амстердам од 1997 година, кој стапи во сила 1999 година и кој што ја промовираше областа на слобода, безбедност и правда, релевантните акти на Шенген беа интегрирани во рамките на правниот систем на ЕУ.

2.2.Компензаторни мерки

Со цел да се гарантира безбедноста на државите со оглед на тоа што контролата на границите беше укината беа превземени/создадени тн. “компензаторни мерки”:

80 Кипар е челнка на ЕУ од 2004 година, но неможе да го потпишр Шенгенскиот договор додека не го разреши спорот на де факто поделен остров и со тоа поврзаните политички проблеми.81 Во овие земји сеуште нема зајакнати механизми и мерки за борбата против корупцијата и организираниот криминал.

168

Page 170: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

● се зајакна граничната контрола на надворешните граници на Шенген зоната-заедничко

дефинирање на условите за преминување на надворешните граници на државите членки на ЕУ и униформирани правила и процедури што ќе ги применуваат државите членки при контрола на лицата кои ги преминуваат тие граници (Сцхенген Боредер Цоде Р 562/2006)

● хармонизација на правилата за условите за влез и изавање виза за лица кои не се

државјани на ЕУ што вклучува: список на трети земји чии државјани мора да имаат виза за влез во ЕУ; единствени постапки и услови за издавање на виза и единствен модел на виза; правила за испитување на барањата за азил

● унапредување на пркуграничната полициска соработка

● создавање на ШИС/Шенген информационен систем – систем за размена на информации

за барани лица и објекти

● олеснување на заедничка правна помош

● соработка во борбата против трговија со луѓе

Со укинување на полициската контрола на внатрешните граници на земјите членки на ЕУ што се дел на Шенген зоната, голем број одредби беа донесени за да се унапреди полициската соработка:

● заедничка оперативна помош и размена на информации

● пркуграничен надзор

● прекугранично следење на осомничени лица

● подобрени комуникациски врски помеѓу агенциите кои го извршуваат законот

● назначување на офицери за врска

Конвенцијата за имплементација на Шенгенскиот договор обезбедува зајакнување на прекуграничната полициска соработка. Под одредени услови, на полицаец од една земја му се дозволува да гони криминалец преку граница во соседната земја (hotnpursuit). Исто така, е дозволено е следење/набљудување на криминалец во соседна земја. Специфичните услови под кои сето тоа е дозволено се предвидува во билатералени договори со соседните земји. Во овие договори одредбите од Шенгенската конвенција можат да се применуваат и да бидат специфицирани во детали. На пример колку длабоко на својата територија Франција дозволува странска полиција да навлезе во случај на гонење (hot pursuit)? Кој агенции/органи треба веднаш да бидат известени во Италија?

169

Page 171: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Меѓутоа на територијата на одредена земја, само нејзините полициски сили се надлежни да делуваат согласно принципите на меѓународното право. Ако странска полиција фати криминалец таа може само да го притвори, додека полицијата на чија територија се наоѓаат ќе го спроведе апсењето, а потоа ќе треба формално да биде побара екстрадиција.

2.3.Шенгенски информационен систем

Во функција на полициската соработка за да се подобри безбедносниот дефицит како резултат на укинување на граничната контрола е создаден Шенгенски информативен систем – ШИС (Shengen Information System-SIS).

ШИС се состои од централна база на податоци лоцирана во Стразбур, Франција со која што се поврзани националните системи Н-ШИС ( National Shengen Information System-N-SIS) подржани од мрежата позната како СИРЕНЕ- дополнително барање информации при национален влез / SIRENE-Suplementary Information Request at the National Entry. Овие бироа обезбедуваат дополнителни информации за податоците кои се внесени во ШИС.

Во ШИС се внесуваат податоци за:

● лица кои треба да се уапсат и екстрадираат

● државјани од трети земји, вклучени во листата на лица на кои им е забранет влез во

Шенген зоната

● за исчезнати лица (малолетници и возрасни) на кои им е потребна заштита и треба да се

утврди нивното престојувалиште

● лица барани од судски органи (сведоци и др. лица кои треба да се јават пред суд)

● лица и превозни средства кои се предмет на надзор или специфична контрола

● одредена категорија украдени или изгубени објекти (документи за идентификација,

возила, оружје, банковни книшки и др.)Податоци за лице кои полицијата може да ги внесе во системот се :

● име

● физички карактеристики/црти

● дата и место на раѓање

● пол

170

Page 172: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

● националност

● дали лицето е насилно

● дали лицето е вооружано

● причина за негово внесување во ШИС

● акција која треба да биде превземена

Конвенцијата исклучува собирање информации во поглед на расното потекло, религиозното убедување, сексуалната орјентација или членување во организации кои не се нелегални.

Секоја Шенген држава може да внесе податоци во ШИС за лица и предмети кои се бараат така што тие се одговорни за нивната законитост и точност. Шенгенските правни прописи содржат одредби за заштита на податоците како и независно тело за заштита на податоците.

Пристап до податоците од мрежата имаат полициските, граничните и царинските служби, и органите надлежни за издавање визи и дозволи за престој.

За добивање на барана информација, како основни средства за комуникација се користат соодветни формулари почнувајќи од формулар А па се до формулар Q82.

Зголемвањето на бројот на државите членки , брзиот технолошки развој, потребата од интегрирање на потребите идентификувани од корисниците на ШИС налага негово

82 Формуларот А се користи за барaње од правосудните органи за задржување , со цел екстрадирање. Формуларот Б е за барaње за дискретно следенње во сфера на безбедност на државата. Формуларите С, D и Е се за баранње за проверка на лица и превозни средства кои влегувале повеке од еднаш во Шенгенската зона. Формуларот F е за соопштение до држава членка дека неjзиното барање е спротивно на неjзиното внатрешно законодавство.Формуларот G е за известување на држава членка за пронаjдено лице или обjект, евидентиран во ШИС. Формуларот Н е за известуван, е дека не може да се исполни деjствие побарано од друга држава членка. Формуларот I служи за барање за промена на цел, посочена во барање на држава членка. Формуларот J е за корегирање на направена грешка во 6арање воведено во ШИС. Формуларот К е за корегирање на лични податоци, од страна на носител на ова право. Формуларот L е точна идентификациjа на лице опишано во ШИС. Формуларот М е за размена на информации т.е.барања во ШИС. Формуларот N е за информирање на странец, вклучен во список на лица на кои им е забрането влегување во Шенген зона. Формуларот О е за странец, вклучен во ШИС, како лице кое не може да влегува во зоната, но поседува дозвола за престоj во нeкoja држава членка. Формуларот Р е за опис на превозно средство, наjдено во друга држава. Формуларот Q е за опис на лице, обjект на кражба. кое е во ШИС.

171

Page 173: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

реструктуирање преку дизајнирање на втора генерација на ШИС –ШИС ИИ кој што требаше да стане оперативен 2007 година.

Неколку земји на ЕУ (Германија, Австрија, Франција, Шпанија, Белгија, Холандија и Луксембург) во мај 2005 потпишаа во Прум, Германија спогодба именувана како ШИС ИИИ, со цел преку поблиска соработка помеѓу државите да се засили превенцијата и борбата против криминалот. Договорот овозможува на надлежните органи кои го спроведуваат законот подобра размена на податоци особено со пристап во базата на податоци за ДНК и отпечатоци на прсти, како и целосен автоматизиран пристап до податоци за регистарски таблички на возила.

Прум ја зголемува полициската соработка преку оперативни мерки како на пр. разни видови заеднички акции како заеднички патроли. Исто така полицаецот од една држава може да биде испратен во друга држава за време на големи јавни настани (фудбалски натпревари, мегународни конференции) и ќе ги има истите права и должности како и домашниот полицаец.

3. ЕВРОПОЛ

Европол е основан со договорот за Европската унија 1992 година како тело што има за цел во рамките на заемната соработка во сферата на правдата и на внатрешните работи да развие систем на размена на податоци.

Европол е всушност кратенка од Европска полициска агенција (EUROPOL European Police Office).

Целта на Европол е да ја подобри ефикасноста и соработката помеѓу компетентните служби на државите членки во превенирање и борбата против тешкиот меѓународен организиран криминал и тероризам.

Мисијата на Европол е да даде значаен придонес во акцијата на ЕУ против организираниот криминал и тероризмот особено во таргетирање на криминалните организации.

3.1. Историски развој на Европол

Зачетоците на Европол се наоѓаат во Групата ТРЕВИ - форум за соработка на министрите за внатрешни работи и правда на земјите членки на ЕЗ/ЕУ, креиран 1975 година, кој беше активен се до влегување во сила на Договорот за ЕУ во 1993.

Основањето на Европол беше договорен со Мастришкиот договор за ЕУ на 7.2.1992 година.

172

Page 174: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Седиштето на Европол е во Хаг, Холандија и Европол започна со ограничени активности/операции на 3.01.1993 како Единица на Европол за дрога/ЕДУ (Europol Drugs Unit –EDU) во борба против дрогата. ЕДУ беше оперативна од 1995 до 1999 и на 1 јули 1999 г . беше заменета со Европол.

Cо Конвенцијата за Европол од 1995 година (во сила од 1998 година) оваа служба е трансформирана во вистинска меѓувладина полициска организација, независна од европските институции и државите-членки, од типот на Интерпол. Европол има својство па правно лице и може да склучува договори со ЕЗ или држави и да членува во Меѓународната организација на криминалистистичката полиција - Интерпол.

Основната цел при основањето на Европол - борбата против трговијата со наркотични дроги, подоцна со одлуки на Советот е проширена врз борбата против тероризмот, против фалсификувањето на платежни средства и перење на пари. Договорот од Амстердам ја проширува улогата на Европол во прибирањето и во обработката на информации и во водење на истраги, создавајќи услови за негови интервенции на териториите на државите-членки. Цо одлука на Советот на ЕУ во 2000 година е основан и Европски полициски колеџ (CEPOL) од највисоки претставници на државите-членки и државите-кандидати за членство во ЕУ, чијашто задача е поттикнување на соработката помеѓу националпите полициски образовни институции, заради развивање на идентични едукативни програми за превенција и за репресија на криминалот. Договорот од Ница од 2001 година востановува потесна соработка меѓу Европол и Европравда, во која вторава институција ја развива својата активност во судска поддршка на првата, заради јакнење на борбата против тешките форми на криминал и обезбедување на повисоко ниво на заштита на граѓаните во просторот на слободата, на безбедноста и на правдата

Постепено други значајни области на криминалот беа додадени. Од 1.1.2002 мандатот на Европол беше проширен на сите сериозни форми на меѓународен криминал кои беа набројани во Анексот на Конвенцијата на Европол – тероризам, трговија со луѓе, трговија со дрога, недозволена трговија со радиоактивни и нуклеарни матерјали, фалсификување на еврото, нелегална трговија со возила, перење на пари стекнати од меѓународни криминални активности.

Со Одлука на Советот (COM (2006)817 final) која стапи на сила 1.1.2010 година Европол би бил еднаков со другите тела и агенции на ЕУ како што се ЦЕПОЛ и Европравда. Одлуката ги интегрираше и трите протоколи на Кнвенцијата за Европол од 2000, 2002 и 2003 година.

Лисабонскиот договор (2009) стипулира дека мисијата на Европол ќе биде да ја поддржува и јакне акцијата на полициските и други надлежни органи на државите членки во нивната заедничка соработка во превенцијата и борбата против тешкиот криминал кој засега две или повеќе држави-членки, тероризмот и форми на криминал кој го засега заедничкиот интерес на Унијата. На Европоол не му е дадена извршна моќ што би го направила сличен со ФБИ во блиска иднина.

173

Page 175: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Одлуката за Европол е заменета со Регулатива83 донесена од Европскиот парламент и Советот на предлог на Еевропската комисија (ЕК) во редовна законодавна постапка. Со влегување во сила на Регулативата на 1 мај 2017 година Европол официјално стана Агенција на ЕУ за соработка во извршување на законот. Новата Регулатива ја зајакна улогата на Европол во подржување на соработката помеѓу органите кои го спроведуваат законот во ЕУ.

3.2. Организациона структура на Европол

Внатрешната организација на Европол одговара на неговата позиција како супранационално тело востановено со меѓудржавен договор (Конвенцијата). Највисок орган е Управниот совет/одбор составен од онолку членови, колку што има држави-членки. Советот се состанува најмалку двапати годишно и одлучува со консензус во вршењето на работите од неговата надлежност: предлагање на именување и разрешување на директорот, утврдување на организационите и статусните прашања во службата на Европол, финансирање и решавање на евентуални спорови меѓу државите и Европол, или меѓу самите држави во врска со неговите активности.

Извршен орган иа Европол е директорот, кој има четворица заменици, сите именувани со едногласна одлука на Советот со мандат од четири години и со можност за најмногу едно преименување. 84Директорот ги именува и разрешува службените лица (агентите) на Европол, по претходно мошне селективно регрутирање од редот па докажани полициски стручњаци во државите-членки. Тие се во постојан професионален однос со Европол со сите привилегии и имунитети на негови функционери и со обврски за независно вршење на нивната должност и чување на службената тајна.

Организацијата на Европол патаму ја сочинуваат и националните тела, што се должни да ги основаат државите-членки, како единствени органи за врска меѓу Европол и другите национални полициски структури. Нивниот состав и бројност е препуштен на националните полициски органи, а односите на секоја национална единица на Европол со другите полициски и судски структури во државата се регулирани со националните закони. Нивна основна задача е да ја координираат соработката и размената на информации меѓу надлежните органи на државата и Европол, така што имаат и улога на своевиден филтер во однос на доставувањето на такви информации и може да ги сопрат истите, ако оценат дека се засегнати битни национални безбедносни интереси или дека може да ги компромитираат резултатите на истрагата што се води во таа држава. Секоја држава-потписпик на Конвенцијата е должна да определи и надлежен орган за надзор над работата на националната единица заради обезбедување на заштита на личните податоци и на правата па граѓаните.

83 REGULATION (EU) 2016/794 OF THE EUROPEAN PARLIAMENT AND OF THE COUNCIL of 11 May 2016 on the European Union Agency for Law Enforcement Cooperation (Europol) and replacing and repealing Council Decisions 2009/371/JHA, 2009/934/JHA, 2009/935/JHA, 2009/936/JHA and 2009/968/JHA84 Со новата Регулатива за Европол извршниот директор има 3 заменици.

174

Page 176: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Мрежата на Европол ги вклучува и државните офицери за врска, испратени во Европол од страна на неговите национални единици. Офицерите за врска ги именува државата, но по претходна согласност на директорот на Европол и на Управпиот совет, од редот на специјалисти во подрачјето на превенцијата и репресијата на облиците на криминал што се во компетенција на Европол. Нивната улога е да ги претставуваат интересите на нивните национални тела, да разменуваат информации и да учествуваат во активностите на службата на Европол.

3.3 Задачи на Европол

На вака развиената полициска мрежа и се поставени мошне амбициозни задачи: да ја подобри соработката и ефикасноста на полициските служби на државите-членки во борбата против тероризмот, трговијата со наркотични дроги и другите тешки форми на транснационален криминал што укажуваат на постоење на организирана криминална структура и засегаат две или повеќе држави-членки на начин што, според тежината на тие облици на криминал и нивните последици, се налага потребата од заедничка акција (чл.2 од Конвенцијата за Европол). Со тоа е определено широко, речиси безгранично поле на негово дејствување, ако се земе предвид фактот на изразената динамичност и појавата на нови форми на тежок криминал како што е фалсификувањето на пари (еврото), трговијата со луѓе, трговијата со оружјс и радиоактивни материи, кражба на возила од европските држави, трговија со делови од човековото тело, трговијата со културни добра итн. Од тие причини на Советот на министри на ЕУ му е дадено овластување со своја одлука да утврдува и други облици на криминал врз кои треба да се прошират активностите на Европол. Во оваа смисла, со одлука на Советот од 2001 година надлежноста на Европол е проширена на сите казнени дела содржани во посебен анекс на Конвенцијата за Европол.

До стапувањето во сила на Одлуката за Европол на 1.1.2010 година којашто ја замени Конвенцијата за Европол условите за ангажирање на Европол во превенцијата и истрагите за тешки дела беа определени со Конвенцијата (чл.2), во согласност со општото начело на супсидијаритет, владеачко во целата институционално-правна структура на ЕУ. Прво, потребно беше да се работи за криминална активност на криминална структура или организација, при што поимот 'структура' подразбира органи-зација што има елементи на систем кој се одликува со внатрешна кохерентност и перманентност на своите активности, додека поимот 'организација' се дефинира како група луѓе здружени заради остварување на некоја криминална цел. Тоа значи дека Европол не можеше да се ангажира во изолирапи криминални случаи на поедипци, независно од тежината на делото. Не би потпаднал под неговите компетенции, на пример, случајот на некој убиец кој не е припадник на терористичка организација, независно што извршил повеќе убиства во различни држави.

Второ, ангажирањето на Европол претпоставува таквите дела да засегаат две или повеќе држави-членки. Тоа значи делата да се извршени на територија на две или повеќе држави, или

175

Page 177: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

една иста криминална организација да ја остварува својата активност во две или повеќе држави итн. Исклучена е неговата интервенција кога се работи за криминална структура или организација што ги остварува своите криминални цели само на територијата на една држава.

Со стапувањето во сила на Одлуката за Европол, мандатот на Европол не е ограничен само на организиран криминал односно кога станува збор за активност на организирана криминална структура. Сега Европол може да делува/ асистира во истраги на сериозен криминал извршен во повеќе земји членки на ЕУ, надвор од *организиран* контекст, како на пр. во случај кога сериски убиец делува во повеќе држави членки, перењето пари и сл.

Но, Европол нема функции на класична федерална полициска структура (како на пример американското ФБИ): да врши полициски истраги во конкретни случаи, да применува специјални истражни мерки, да апси итн. Во основа, Европол е повеќе центар за размсна на информации отколку оператпвна полициска служба.

Со Хашкиот програм од 2004 година Европол доби задача да изготвува стратешки извештаи за заканите од организираниот криминал и тероризмот од перспектива на ЕУ. Во 2006 беше направен првиот годишен извештај за проценка на заканите од ОК во рамките на ЕУ (Оrganised Crime Threat Assesment- OCTA).85 Исто така, Европол изготвува и стратегиски извештај за закани од областа на тероризмот- EU Terrorism Situation and Trend Report (TE-SAT),

3.4. Комјутерски систем на Европол

Заради ефикасно остваруваље на моше обемните и сложени задачи, востановен е и компјутерски систем на Европол (Тхе Еуропол Цомпутер Сѕстем-ТЕЦС). Бо овој систем се прибираат, се чуваат и се обработуваат податоци што ги доставуваат државите-членки и Европол. Комјутерскиот системот на Европол е составен од следниве компоненти:

● Еден информационен систем (Europol information system - EIS) со ограничена и

прецизно дефинирана содржина, кој дозволува брз пристап до базата на податоци, кон која имаат пристап националните единици, Интерпол или трети држави.податоците кои се внесуваат во системот се однесуваат на: а) лица кои согласно националниот закони на земја членка се осомничени или учествувале во извршување на крвично дело кое е во надлежност на Европол или биле осудени за такви дела;б) лица за кои постои реален основ и се верува дека според националниот закон ке извршат кривични дела, за кои е надлежен Европол. Лични податоци кои се внесуваат во системот се:- презиме име, моминско презиме, прекари

85 По Одлуката за Европол од 2010 година беше преименуван во - EU Serious and Organised Crime Threat Assessment (SOCTA).

176

Page 178: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

-датум и место на раѓање

- националност

- пол и

- специфични непроменливи физички карактеристики кои би помогнале при идентификација на лицето.

Покрај личните податоци инфо системот може да се користи и за чување, менување и користење и на други податоци за лицата:

-опис на делото

-средства кои се употребени или можеби ке се употребат за извршување на кривично дело

-релевантни институции кои работат на случајот (за да може директно да се контактираат)

-сомнение за членство во криминална организација и сл.

● Досијеа за поединечни случаи, односно работни досиеа за целите на анализата

(Analitical work files-AWF), со податоци за жртвите, сведоците или воопшто лицата што може да дадат некоја информација за случајот, врз основа на кои може да се вршат општи анализи или оперативни обработки; и

● Систем на индекси (Index system), односно регистер на податоци кон кој имаат

пристап службите на Европол и офицерите за врска. Планирано е востановување на европска база на ДНК-податоци.

Во краткиот период па своето дејствување Европол има постигнато забележливи резултати: има учествувано (до 2002 го-дина) во две илјади и триста истраги, од кои над 60% се однесуваат на трговија со дроги, 15% на кражба на автомобили, 8% на перење пари и 4%о на трговија со луѓе.

3.5 Контрола над Европол

Од самиот почеток на дејствувањето на Европол е истакната една издржана резерва, што го допира прашањсто на легитимната заснованост и демократската контрола над европските институции. Со оглед на тоа дека Европол има карактеристики на класична полициска структура - да прибира податоци, да учествува во истраги итн., се поставува, имено, прашањето за контролата врз неговата работа од демократски легитимирана ииституција, во прв ред од аспект на почитувањето и на заштитата на човековите слободи и права. Европскиот суд на правдата- ЕСП нема компетенции да го контролира неговото работење, ниту да води постапки по тужби за

177

Page 179: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

злоупотреби на полициските овластувања. Со оглед дека овој оправдан приговор се однесува воопшто на институционалната структура на ЕУ, во која, па пример, Парламентот како единствена демократски избрана институција нема такви контролни овластувања, разрешницата на овој конституционален проблем е побарана во создавање во 1998 година на посебеи Комитет за надзор над прибирањето, обработката и користењето на податоците со кои располага Европол, составено од по два претставника на секоја држава-членка. Во негов состав е формиран и посебен комитет за жалби од поединци кои имаат право да побараат прибраните податоци за нив да бидат избришани од евиденциите, како и комитет за безбедност чијашто основна грижа е обезбедување на доверливоста на податоците во нивното користење.

Европол склучува договори со трети земји (земји кои не се членки на ЕУ и меѓународни организации). Може да склучува две вида на договори:

-стратешки договор (размена на инфо кои не вклучуваат лични податоци) и

-оперативни оговори ( размена на лични податоци).

Република Македонија има склучено стратешки и оперативен договор со Европол .

4. (EUROJUST)ЕВРОПРАВДА

Со одлука на Советот во 2002 година е основан Европравда (EUROJUST- Европско тело за судска соработка) - орган на ЕУ во подрачјето на 'третиот столб' на судска и на полициска соработка. На неговото основање му претходеше долгогодишна расправа, концентрирана врз прашањето за создавање на единствен европски правосуден простор, а непосреден повод за таквата одлука се заклучоците на Самитот во Тампере од 1999 година за создавање на посебно тело што ке има задача да придонесе за реализација наконцептот на ЕУ како простор на слобода, безбедност и правда, составено од судии, јавни обвинители и полициски службеници, делегирани од цекоја држава-членка заради зајакнување на борбата против тешките форми на криминал. По формирањето, прво, на едно такво привремено тело во 2001 година и врз првичните искуства (телото постапувало во над сто и осумдесет случаи во текот на една година со позитивни резултати), на Самитот во Лакен истата година е повторена заложбата за основање на постојан орган, по што е донесена споменатата одлука на Советот. Создавањето на овој орган е инспирира но, според тоа, со потребата од заеднички и ефикасни мерки на спречувањето на потешките форми на криминал, особено на организираниот криминал, со забрзување и поедноставување на формалните судски и полициските постапки во државите-членки. Од друга страна, како што е истакнато во преамбулата на одлуката за неговото основање, тоа антиципира прифаќање и на други структурни мерки на ниво на ЕУ, насочени кон оптимална соработка во

178

Page 180: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

постапките на казнено гонење што би се спроведувале на територијата на повеќе државичленки, со почитување на основните човекови слободи и права .

Со создавањето на овој орган се пополнува една осетлива празнина во судската соработка во казнената област, детерминирана во основа со начелото на интергавернментализам, која на сегашното ниво на развиеност и примена на класичните инструменти на соработка (екстрадиција, трансфер на казнената соработка итн.) е далеку под предизвиците што ги отвораат новите и се поопасни форми на криминал кои добиваат транснационални облици (корупција, перење на пари, тероризам итн.). Ефикасната борба против новите форми на криминал е попречена со разликите во казнените законодавства, превладувањето на традиционалните стојалишта за апсолутниот суверенитет на државата и казненото право како негова директна рефлексија, бавноста во ратификацијата и во имплементацијата на меѓународните инструменти за соработката во спречувањето на криминалот итн.

Европравда е основан како орган на ЕУ со правен субјективитет и е составен од претставници на сите држави-членки од редот на судиите, јавните обвинители или полициски службеници кои имаат соодветни овластувања (во правните системи во кои полицијата има, на пример, овластувања да ја води формалната претказнена постапка). Секој од нив може да продолжи да ја врши својата функција во државата што ја претставува. Секој од членовите на ова тело може да има по еден или повеќе помошници. Заради олеснување на работата на Европравда, секоја држава-членка определува еден или повеќе национални кореспонденти, кои соработуваат со неговите членови деташирвни од односните држави. Седиштето на Европравда е во Хаг. Неговите активности се финансираат од буџетот на ЕУ.

Својата основна функција - да ја помогне соработката во гонењето на 'тешките облици на криминал, Европравда не ја остварува спротивно на постојните инструменти на соработка, туку во нивна поддршка и со нивно користење. Според одлуката за неговото основање (чл.4), Европравда ги остварува своите активности во судската соработка мегу државите-членки во однос на следниве казнени дела: дела што со Конвенцијата за Европол од 1995 година се ставени во компетенција на Европол; компјутерски криминал; измами и корупција и сите други дела што ги засегаат финансиските интереси на ЕУ; перењето на приноси од криминал; еколошки криминал; учество во криминална организација; други дела сторени во врска со претходно наведените. И покрај таксативното набројување на делата, теоријата го прифака стојалиштето дека таа листа не е затворена и дека подрачјето на неговите активности може да се прошири и на други дела кога тоа ке го побараат државите-членки.

Активностите на овој орган се цоцтојат во промовирање и подобрување на координацијата помефу надлежните органи на државите во однос на истрагите и постапките, подобрување на соработката помеѓу надлежните органи, особено со олеснување на заемната судска помош и екстрадициите, и поддршка на надлежните органи на државите-членки за подигање на ефикасностана нивните истраги и постапки. Европравда постапува во истраги и во постапки што тангираат најмалку две држави-членки, што не ја исклучува можноста за негово вклучување во истрагите што се водат само во една држава, или во држава-членка и некоја трета држава.

179

Page 181: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Активностите на поддршка и олеснување на истрагите се остваруваат на два начини: со поединечни ангажмани на членовите на ова тело во нивните национални држави, или колективно, особено кога се работи за помасовни облици на организиран криминал, за акции од поголем обем или на барање на еден или повеке членови. Колегиумот/колеџот на Европравда се состои од 25 национални членови, цекој со по еден глас при одлучувањето. Колегиумот одлучува со квалификувано или просто мнозинство, избира одсвоите членови претседател и двајца потпретседатели во согласност со Советот. Во рамките на Европравда се формираат и ад хок тела и посебни тимови за спречување на определени облици тежок криминал (тероризам, трговија со луѓе итн.). Заради надзор над користењето и заштитата на персонални податоци за лица опфатени со неговите активности, во рамките на Европравда е востановено и посебно надзорно тело што го сочунуваат претставници на сите држави-членки.

Своите активности Европравда ги остварува 'проактивно', со определени барања, предлози интервенции итн. во однос на надлежните органи на државите-членки, или „реактивно„, постапувајќи по барање иа тие органи.

Таквиот карактер на нејзините активности го детерминира и статусот на претставииците на државите-членки во ова тело: тие не се 'офицери за врска', разменети меѓу нивните национални држави, туку негови функционери како институција на ЕУ, но од друга страна немаат посебно утврдени овластувања, туку ги имаат овластувањата што се определени од страна на нивните национални држави. Тие, значи, имаат статус и овластувања како судии, јавни обвинители или како полициски службеници на нивните матични држави, дефинирани со домашното право и меѓународните инструменти за судска соработка прифатени од таа држава. Така, на пример, националните членови на ова тело имаат пристап кон судските, обвинителските или кон полициските евиденции и податоци во својата држава како и секој друг судија, јавен обвинител или полициски службеник и имаат овластување да воспоставуваат директни контакти со надлежните органи на својата држава. Но, сепак, во крајна инстанција, секоја држава-членка го определува обемот на овластувањата на сопствениот член, така што може да определи минимални или максимални овластувања во однос иа истрагите и другите постапки на казнено гонење и соработка со органите на други држави.

Во остварувањето на своите активности Европравда соработува со другите органи во сферата на судската и полициската соработка, како Европол, континуирано ја известува Комисијата и најмалку еднаш годишно го информира Парламентот и Советот за учеството во истрагите и за нивните резултати. Особено се важни односите со Европол, во однос на кој орган Европравда нема никаква супремација, туку помеѓу нив е воспоставена соработка како меѓу две независни тела, од кои секое ги развива своите функции на своето специфично подрачје. Притоа, иницијативите за ангажирање на Европравда доаѓаат обично од Европол. Со рамковната одлука за 'европскиот налог на апсење' од Советот во 2002 година, во надлежност на Европравда е ставено одлучувањето кој налог за апсење иа определено лице да се изврши во случај кога такви наредби се издадени од судовите на повеќе држави. Исто така, државата што не постапува во рамките на роковите определени со рамковната одлука за извршување на налогот за апсење, должна е да јао извести Европравда за причините за непочитување на роковите .

180

Page 182: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Со востаповувањето па Европравда не се отстранети сите пречки за поефикасна судска соработка во спречувањето па криминалот. Иако во текот на своето неколку годишно постоење ова тело покажа добри резултати (во 2001 годша постапувало во 180, во 2002-202, во 2003-300 барања за истраги и други активности), неговото учество во заедничките истраги, имено, честопати се губи во лавиринтите на меѓународните инструменти за заемната судска соработка. Европравда донекаде може да ја олесни нивната примена преку создавање на заеднички екипи за истраги, но иницијативата за тоа сепак потекнува од државата-членка. Државите не се со ништо обврзани да одговарат на неговите барања, да разменуваат информации или да ги побараат неговите услуги, а кога побараат негово ангажирање не се со ништо обврзани да ја продолжат истрагата на тој начин или да ги искористат нејзините резултати. Извесен исклучок претставува колективното барање од Европравда за определени информации или преземање на дејства во истрагите, во кој случај државата, ако го одбие има обврска да го образложи своето одбивање да соработува. Зајакнувањето на улогата на Европравда, според одделни мислења, претпоставува нејзино трансформирање во „европски центар за експертизи” што ќе обезбедува експертска помош на националните судови и полиции во откривањето и во гонењето на тешките форми на криминал

4. СОРАБОТКАНАЗЕМЈИТЕВО ЈУГОИСТОЧНА/ ЕВРОПА ЈИЕВОПОЛИЦИСКИТЕИСУДСКИТЕРАБОТИ

По завршетокот на Студената војна и пропаѓањето на реалсоцијализмот во државите на некогашниот Источен блок следеше барање на нов безбедносен идентитет во Централна и Источна Европа. Јакнењето на организираниот и прекуграничниот криминал и зголемувањето на степенот на корупција во сите сфери на општествениот живот придонесоа во рамките на постојните регионални иницијативи за меѓудржана соработка во Југоисточна Европа (ЈИЕ) да зајакне и соработката во областа на внатрешните работи и правосудството.

Најзначајните регионални иницијативи за соработка-Централноевропската иницијатива, Иницијативата за соработка во ЈИЕ, Процесот на соработка во ЈИЕ и Пактот за стабилност во ЈИЕ/Регионален совет за соработка-во рамките на своите надлежности и овластувања значајно внимание посветуваат на воспоставување на соработката помеѓу државите на југоистокот на Европа во областа на внатрешните работи и правосудството. Покрај овие иницијативи, кои во рамките на своите активности содржат и институционални рамки за воспоставување на соработка во областа на правосудството и внатрешните работи, во 2002 година беше формирана асоцијацијата на шефовите на полициите на ЈИЕ (Southeast Europe police chiefs association –SEPCA) , а 2003 година и Советодавната група на обвинители од ЈИЕ (Sautheast European Prosecutors Advisors Group-SEEPAG ).

181

Page 183: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Оваквите видови соработка во ЈИЕ имаат за цел создавање услови за подобрување на севкупната безбедност на државите во регионот и за воспоставување на сигурни, но воедно и отворени граници.

1. - СЕЛЕК Центар за за спроведување на законотво -(Southeast European Law Enforcement Југоисточна Европа

Center (SELEC) )

- Наследник на СЕКИ ИНИЦИЈАТИВАЗА (СОРАБОТКАНА ЈУГОИСТОЧНАЕВРОПА Sautheast

european cooperative initiative-SECI )

Иницијативата за сорботка во ЈИЕ/СЕКИ започна 1996 година, по завршувањето на вооружените судири во Република Хрватска и Босна и Херцеговина. Оваа иницијатива ја покренаа САД со цел да се надминат последиците од судирот во регионот.

Покрај бројните и мошне амбициозно осмислени активности, СЕКИ имаше и план во врска со поедноставување на процедурите за преминување на границите помеѓу новонастанатите држави на Западниот Балкан, но и ЈИЕ.Тоа се однасуваше пред се на подобрување и опремување на граничните премини, за поедноставување на пограничните и царинските процедури на работа, реорганизација на пограничните служби и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

1.1.РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА БОРБА ПРОТИВ ПРЕКУГРАНИЧЕН КРИМИНАЛ/СЕКИ ЦЕНТАР/ Regional center for combating transborder crime/ SEKI Center

1.1. Историја на СЕКИ центарот

На 15 Април 1998 во Женева, Комитетот на СЕКИ го потврди Предлог проектот на Романската делегација насловен “Превенција и борба против прекуграничниот криминал” како дел од Програмата за олеснување на трговијата и транспортот. Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Унгарија, Република Македонија, Молдавија, Романија и Турција го потпишаа “Договор за соработка во превенцијата и борбата против прекуграничениот криминал” (познат и како СЕКИ договор) на 26 мај 1999 година. Оттогаш овој ден се смета за ден на СЕКИ центарот. Земјите членки на Центарот се обврзаа на учество во рамената на информации и подтоци, како и заедничко водење на истражни дејствија и казнување на прекуграничниот криминал.

182

Page 184: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

СЕКИ договорот влезе во сила на 1 февруари 2000 година. Сите страни потписнички го ратификуваа договорот. Романија и СЕКИ центарот потпишаа “Договор за административен центар” (Хеадљуартерс Агреемент) на 2 октомври 2000 година, кој влезе во сила на 4 април 2001 година.

Првиот состанок на Заедничкиот комитетот за соработка, кој што претставувае одлучувачко тело на Секи центарот се одржа на 11-12 февруари 2000 година, додека на 1 ноември 2000 година Секи центарот стана оперативен.

1.1.2. Земји членки

СЕКИ центарот има 13 земји членки (крајот на 2010 година) Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Унгарија, Република Македонија, Молдавија, Романија, Словенија, Србија, Црна Гора и Турција.86

1.1.3. Постојани советници

Статус на постојани советници им е доделен на ИЦПО - Интерпол и Светската царинска организација (СЦО) , согласно СЕКИ договорот.

Постојаното учеството на претставници на Интерпол и СЦО на состаноците на Центарот осигурува континуирана координација со цел да се превенира било кое повторување на ресурсите и напорите. Интерпол и СЦО обезбедуваат постојана поддршка на операционалните активности на Центарот.

1.1.4. Постојани набљудувачи

Со оглед на тоа што криминалните мрежи од Источна Европа оперораат и надвор од овој региона други држави се придружија на СЕКИ центарот како држави набљудувачи

Статусот на постојан набљудувач се доделува од Комитетот за заедничка соработка (ЈЦЦ), врз основа на размена на дописи, кои ги дефинираат условите за соработка. Моментално, има повеќе земји набљудувачи и меѓународни организации кои имаат статус на постојани набљудувачи, како следниве:

86 Денес (2019) СЕЛЕК ма 11 држави членки. Словенија и Хрватска не се повеке членки.

183

Page 185: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Држави: Австрија, Азербејнџан,Белгија, Велика Британија, Грузија, Германија, Италија, Израел, Јапонија, Канада, Полска, Португалија, САД, Словачка, Украина, Франција, Холандија, Чешката република, и Шпанија.

Меѓународни организации: Меѓународна организација за миграции (ИОМ), Европски институт за соработка при примена на законите (ЕУЛЕЦ), Меѓународен центар за миграциона политика и развој (ИЦМПД), Канцеларија/Клириншка куќа на Југоисточна Европа за контрола на мали и лесни оружја (СЕЕСАЦ), Централно европската иницијатива (ЦЕИ). Исто така Мемеорандум за разбирање за соработка беше потпишан со специјалниот координатор за Пактот за стабилност на Југоисточна Европа во однос на иницијативата за борба против организираниот цриминал (СПОЦ).

1.1.5. Што претставува СЕКИ центарот

СЕКИ центарот претставува единствена оперативна организација која ја олеснува брзата размена на информаации помеѓу органите кои го спроведуваат законот од различни земји во поглед на прекуграничниот криминал.

СЕКИ центарот координира регионални операции, ставајки ги ресурсите на државите членки со цел да се демонтира/отстранат организираните криминални мрежи.

Оперативните активности на Центарот се водат/изведуваат во рамките на седум Таск Форцес / работни групи/ кои адресираат прашања како што се дрогата и трговијата со луге, украдени возила, криумчарење и царински измами, финансиски и комјутерски криминал, тероризам и безбедност на контејнерите.

СЕКИ прави анализи и извешти за посебни области од организираниот криминал и организира тренинзи за претстсавниците на органите кои го извршуваат законот од земјите членки.

Примарна цел на организацијата е да ја подобри регионалната соработка во борбата против прекуграничниот криминал. Со цел да се постигне оваа цел, се бара постигнување на координирани напори помеѓу агенциите кои ги спроведуваат законите со индивидуалните земји учеснички.

Имајќи ги во предвид глобалните аспекти на прекуграничниот криминал особено е важна соработката со земјите надвор од регионот и меѓународните организации. Во овој поглед Секи центарот е катализатор за ефикасни работни врски за да се направи оваа соработка можна.

Предностите на СЕКИ центарот се:

▪ Оригиналност - тоа е единствена меѓународна организација за спроведување на законот

која ги здружува претставниците на полицијата и царината

184

Page 186: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

▪ Ефикасност - претставниците на државите членки се сретнуваат дневно на исто работно

место

▪ Компетенции - употребата на центарот ја забрзува размената на информации (статистиката

кажува дека времето е редуцирано до 80% отколку во билатерални случаи)

▪ Способност/опременост - СЕКИ договорот обезбедува неопходна правна рамка за сите

видови соработка во областа на спроведување на законите/лањ енфорцемент

▪ Соработка - СЕКИ работи како платформа за размена на искуства и заеднички тренинзи

▪ Експертизи – земјите членки го користат знаењето / кноњ-хоњ за борбата против ОК во

ЈИЕ

▪ Безбедност – комуникацискиот систем на СЕКИ е браз, енкриптирана, ефикасна и евтина

алатка за комуникација

▪ Помош- Центарот обезбедува логистичка подршка за заеднички истраги.

1.1.6. Цели

⮚ Воспоставување на механизам заснован на зголемена соработка помеѓу полицијата,

царината и другите клучни субјекти во борбата против организираниот криминал, со цел државите членки да си помагаат во превенирање, детектирање, истражување, гонење и осудување на прекуграничниот кеиминал

⮚ Подржување на активностите на теренот,

⮚ Обезбедување помош во хармонизација на правото на државите членки согласно

барањата на ЕУ

⮚ Подржување на националните напори со цел да се унапреди домашната соработка помегу

агенциите/органите кои го извршуваат законот

⮚ Подршка на специјализираните Работни групи/ “Таск Форцес”.

1.1.7. Организациона структура на СЕКИ

Организационата структура на СЕКИ центарот ја сочинуваат :

185

Page 187: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

⮚ Заедничкиот комитете за соработка (ЈЦЦ)/Јоинт Цоопертион Цоммиттее (ЈЦЦ) - највисоко

одлучувачко тело на СЕКИ центарот. Ова тело го сочинуваат по два претставника од секоја земја потписничка на СЕКИ договорот и тоа еден претставник од Министерсвото за внатрешни работи и еден од Царината. Секоја земја членка има еден глас во процесот на одлучување.

⮚ Менаџментот на СЕКИ центарот го сочинуваат :

• директорот кој се избира на две години од страна на Заедничкиот комитет за соработка со можност за уште два мандати

• заменик директорот/раководител на Одделот за оперативна подршка • раководителот на Одделот за правни и внатрешни работи ги координира работите

врзани за оперативните работи на СЕКИ Центрот. Тој ги прави и собира стратешките анализи за појавите облици на прекуграничниот криминал. Оваа функција може да ја обавува само факултетски образувано лице кое има раководно искуство во работата на полицијата и царината и кои треба да поседуваа знаење и вештина во меѓународната соработка и дипломатските односи.

• шеф на отсекот за правни и внатрешни работи на СЕКИ Центарот ја претставува и координира работата на Центарот во отсуство и спреченост на директорот и заменикот. Тој треба да биде правен експерт во облата на меѓународното право, со пожелно работно искуство во полиција или царина.

⮚ Офицери за врска (ќе бидат објаснети подолу во текстот)

⮚ Секретаријат - дава логистичка подршка потребна за одржување на состаноците на

ЈЦЦ; ги поготвува работните документи од сениците на ЈЦЦ; му помага на директорот на СЕКИ центарот во развивање на меѓународни проекти; ги развива односите со јавноста. Од 2004 година воспоставена е нова позиција офицер за осноси со јавноста во Секретаријатот на СЕКИ Центарот.

Менаџментот на Центарот е подржан од мал персонал и е одговорен за работата на организацијата.

Центарот обезбедува место за државите членки да разменуваат правни и оперативни информации брзо и навремено како и да ги координираат мултинационалните истраги во балканскиот регион. Методот е:

▪ Барањата за регионална помош/асистенција се испраќаат до Центарот од

индивидуални држави преку офицерите за врска

▪ Офицерите за врска потоа ги дисеминираат до офицерот за врски на односната земја

▪ Одговорите на барањата се форвардираат од инволвираните офицери за врска до

земјата која го доставила барањето.

186

Page 188: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Активноста на офицерите за врска се подржани од Националните фокални точки/НФТ востановени во секоја држава членка. НФТ исполнуваат две улоги: прво - делуваат како клирингхаус за барањата на Центарот за информации, обезбедувајќи дека барањата се испратени до соодветни органи во земјите и второ- ги собира одговорите и ги враќа до Центарот.

1.1.9. Оперативна активност

Оперативните активности на СЕКИ Центарот се водат во согласност со Регулативите на СЕКИ Центарот, Стратешкиот план и Годишниот акционен план. Центарот обезбедува место за земјите членки каде тие можат да ги разменат информациите во врска со примената на правото на брз начин, како и да ги координираат мулти-национални истраги во регионот на Југоисточна Европа, во рамките на Работните групи.

Сржта на оперативните активности на СЕКИ центарот се изведува преку офицерите за врска кои се назначени од земјите членки на СЕКИ центарот и работат заедно во неговото седиште. Тие ги претставуваат нивните национални полициски и царински служби и обезбедуваат постојана размена на информации помеѓу СЕКИ и агенциите/органите за спроведување на законите на државите членки, преку националните контакт точки. Согласно правилата за внатрешна организација на СЕКИ Центарот секоја држава потписничка на Договорот е должна да именува експерт од областа на полицијата или царината, кој е едиинствено контакт лице помеѓу офицерите за врска на СЕКИ центарот во Букурешт и нивните национлни органи за спроведување на законот.

Оперативната активност на СЕКИ центарот се фокусирани на: а) размена на информации и б) координација на работните групи. Овие два оперативни методи во СЕКИ центарот се комплементарни и се подржуваат меѓусебно.

а) Размена на информации

Размената на информации е базична активност во рамките на Центарот и се одвива преку офицерите за врска. Мрежата на размена на информации е составена од офицерите за врска од полицијата и/или царината, кои се подржани од националните фокусни точки/канцеларии во земјите членки.

Перманентната размена на информации преку СЕКИ центарот овозможува успешни истраги, апсења и пресуди. Во април 2006 година, разузнавачките податоци од романската полиција преку СЕКИ Центарот овозможија координирана истрага за шверц на цигари помеѓу

187

Page 189: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Романија и Србија. Истрагата резултираше со апсење на 15 шверцери уапсени на териториите на двете држави (11 во Романија и 4 во Србија)

б) Работни групи (TASK FORCES)

Втората форма на соработка која се обезбедува во рамките на СЕКИ Центарот е “Работната група”. Работната група на СЕКИ центарот претставува метод на работа за специјализирана соработка во различни области со цел да се реализира мисијата на СЕКИ центарот.

Работните групи се основаат и организираат на иницијатива на една од земјите членки во согласност со Општите инструкции за работните групи. Нивните активности се определени врз основа на Годишен акционен план, кој го донеле земјите учеснички и организациите.

Работните групи претставуваат специјализирани тимови кои се составени од претставници од агенциите за извршување на законот (од полицијата или царината) од државите членки на СЕКИ, кои ги координираат своите напори во борбата против пооделни видови на организиран криминал.

Тие претставуваат значајна и ефикасна алатка, со оглед на тоа што е фокусирана на заедничка активност/делување и која е значајно средство за соработка. Членовите, претставници од полицијата или царината на земјите членки, работат заедно и разменуваат информации за специфични теми на Работните групи.

Генералната мисија на Работните групи е да обезбеди успешен одговор на прекуграничните и други криминални активности во регионот на ЈИЕ. Крајна цел е, работејќи во соработка со релевантните надлежни национални органи и организации, идентификување и значајно намалување на организираниот криминал во регионот.

Државите членки на СЕКИ Центарот имаат право да му предлагаат на Заедничкиот комитет за соработка да одобри формирање на Работна група на СЕКИ. Тие можат да носат ознака на СЕКИ само ако мнозинството од државите на СЕКИ се ангажирани во работата на работната група.

Предлогот за формирање на СЕКИ работна група треба да ги содржи следниве информации:

⮚ Јасни и прецизни цели во согласност со СЕКИ договорот

⮚ Име, позиција, адреса и телефонски број на лицето во државата членка кој го направил

барањето за формирање работна група и контакт точка (лице) одговорно за координирање на формирањето на работната група. СЕКИ регионалниот центар им дава соодветна подршка на работните групи и назначува

офицер за врска кој ќе ги координира и разменува информациите помеѓу Секи Центарот и оделните работни групи.

188

Page 190: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Земјите членки што предлагаат формирање на работни групи ќе определат и координатор на работната група кој ќе преседава со состаноците на работната група.

Офицерите за врски се проект менаџери на Работните групи. Во овој поглед тие имаат значајна улога во имплементирањето на регионалните операции преку подготвување неопходни документи вклучувајќи услови за упатување, акционите планови и извештаи за евалуација, во тесна соработка со Координаторите на работните групи во земјите членки и директорот на Одделот за оперативна на поддршка на Центарот.

Офицерите за врски сместени во Центарот, се поддржани од секоја земја членка и одржуваат постојан контакт со нивните национални власти, преку нивните Национални фокусни канцеларии. Офицерите за врски се добро тренирани, искусни и се силно посветени на мисијата на СЕКИ центарот. Тие сочинуваат унифициран, добро мотивиран тим , чии резултати ја зголемуваат динамиката на оперативните активности на СЕКИ Регионалниот центар.

Работните групи се координирани од државите кои ја земаат одговорноста за нив. Од основањето на СЕКИ Центарот земјите членки идентификувале бројни организирани прекугранични области на криминална цел, меѓу кои: трговија со луѓе и шверцување бегалци, трговија со дроги, трговија со украдени возила, финансиски и компјутерски криминал, комерцијални измами и царински прекршоци и тероризам. Оттука СЕКИ центарот има активна:

⮚ работна група за треговија со луѓе (Романија)

⮚ работна група за трговија со дрога (Бугарија)

⮚ работна група за комерцијални и царински измами

⮚ работна група за трговија со украдени возила (Унгарија)

⮚ работна група за финансиски и комјутерски криминал (Македонија)

⮚ работна група за борба против тероризмот (Турција)

⮚ работна група за COUNTAINER SECURITY (Грција)

Република Македонија е една од иницијаторите на идеата за формирање на СЕКИ центарот, а договорот за соработка кој што е основен правен акт на центарот го ратификуваше во 2000 година. Од 2001 година се номинирани и упатени офицери за врска од царината и полицијата во СЕКИ центарот. Воедно во Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР има национална фокусна канцеларија со офицер за врска за СЕКИ за постапување по барањата на центарот.

На 7 октомври 2011 г. влезе во силаоснивачкиот документ на СЕЛЕК- Конвенцијата за спроведување на правото во ЈИЕ (Convention on Southeast European Law Enforcement Centre

189

Page 191: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

SELEC), датум кога СЕКИ центарот стана СЕЛЕК, и неговите оперативни и стратешки капацитети беа пренесени на СЕЛЕК како негов наследник.87

ОКТА за ЈИЕ

Со цел да се пополни празнината/прекинот на разузнавањето помеѓу ЕУ и регионот на ЈИЕ особено Западен Балкан во октомври 2007 година ЕУ претседателството предложи развој на ОКТА за ЈИЕ -Проценка на заканите од ОК за ЈИЕ (organized crime threat assessment for South East European Region-OCTA SEE).

СЕКИ регионалниот центар за борба против ОК беше идентификуван како соодветна регионална организација да се бави со подготовка на таков документ имајќи го Европол како институција која ќе го подржува и воедно ќе има бенефиции од ОКТА-ЈИЕ, како и државите членки.

Наследник на СЕКИ центарот е СЕЛЕК- Центарот за извршување на законот во ЈИЕ (Southeast European Law Enforcement Center - SELEC). Оснивачки документ на СЕЛЕК е Конвенцијата за СЕЛЕК што стапи на сила на 7.110.2011 година, датум кога СЕКИ стана СЕЛЕК.

2. СОВЕТ ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА (Regional Cooperation Council)(бивш ПАКТ ЗА СТАБИЛНОСТ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА- Stability Pact for South Eastern Europe)

Пактот за стабилност на југоисточна Европа претсатвува прв сериозен обид на меѓународната заедница да ја замени реактивната политика при интервенциите во случај на кризи со сеопфатна долготрајна стратегија за превенирање на конфликтите.

На 10 јуни 1999 година на иницијатива на Европската унија во Келн е усвоен Пактот за стабилност на Југоисточна Европа. Во оснивачкиот документ, повеќе од 40 земји и организации превземаа да ги зајакнат земјите на ЈИЕ во нивните напори да го унапредуваат/јакнат мирот, демократијата, почитувањето на човековите права и економскиот просперитет со цел да се постигне стабилност во целиот регион.Евро-атлантска интеграција им беше ветена на сите земји во регионот. На самитот во Сараево на 30 јули 1999 година Пактот беше инаугуриран.

Пактот е политичка иницијатива за охрабрување и зајакнување на соработката меѓу земјите членки од Југоисточна Европа како и за насочување на постоечките напори при асистирање на политичката, економската и безбедноссната интеграција на регионот во Европа.

87 SELEC, as successor of SECI Center founded in 1999, is established to provide support to its 11 Member States (Republic of Albania, Bosnia and Herzegovina, Republic of Bulgaria, The former Yugoslav Republic of Macedonia, Hellenic Republic, Hungary, Republic of Moldova, Montenegro, Romania, Republic of Serbia and Republic of Turkey), to enhance the coordination in preventing and combating crime, including transnational serious and organized crime.

190

Page 192: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Пактот за стабилност е базиран на искуството и лекциите од управувањето на кризите во светот. Превенцијата на конфликтите и градењето на мирот можат да бидат успешни само ако започнат паралелно во три клучни сектори: создавање на безбедна околина, промоција на одржлив демократски систем и промоција на економска и социјална благосостојба. Прогресот во сите три сектори е неопходен за одржлив мир и демократија.

Партнери на Пактот за стабилност:

• Земји од регионот: Албанија Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Молдавија, Романија, Србија, Црна Гора и Македонија

• Земјите членки на ЕУ и Европската комисија

• Други земји: Канада, Јапан, Норвешка, Русија, Швајцарија, Турција, САД

• Меѓународни организации: ОН, ОБСЕ, Советот на Европа, УНХЦР, НАТО, ОЕЦД

• Меѓународни финансиски организации: Светска банка, ММФ,ЕБРД, Европска инвестициона банка, Банка за развој на Советот на Европа

• Регионални иницијативи: Црноморска економска соработка, ЦЕИ, СЕКИ, Југоисточен европски процес на соработка (СЕЕЦП)

Пактот за стабилност претставува политичка декларација и рамковен договор за меѓународна соработка за развој на заедничка стратегија на сите партнери за стабилност и развој на ЈИЕ. Тој не е нова меѓународна организација ниту има независни финансиски ресурси или структури за имплементација.

Организационо Пактот се потпира на Специјалниот координатор, Ерхард Бусек и 30тина членови на неговиот тим. Негова најзначајна работа е да ги усогласи политичките стратегии на учесниците, да ги координира постоечките и новите иницијативи во регионот и со тоа да помогне да се избегне дуплирање на работата.

Најзначаен политички инструмент на Пактот за стабилност е Регионалната маса, со која заседава Специјалниот координатор.

Во рамките на Регионалната маса делуваат три Работни маси:

• Работна маса И: демократизација и човекови права

• Работна маса ИИ: економска реконструкција, кооперација и развој

• Работна маса ИИИ: безбедносдни прашања со 2 работни под-маси за:

- безбедност и одбрана

- правда и внатрешни работи

191

Page 193: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

Двете работни под-маси во Работната маса ИИИ се бават со прашања поврзани со внатрешната и надворешната безбедност. Целта е да се востанови стабилна безбедносна околина во регионот и да се промовира реционална соработка во борбата против организираниот криминал и корупцијата и миграционите прашања.

Работната под-маса за правда и внатрешни работи се бави покрај другото и со полициски тренинг и регионална соработка на полицијата и граничната полиција.

Трансформација на Пактот

Во рамките на Пактот за стабилноство ЈИЕ беа основани голем број иницијативи за соработка во областа на полицијата и правосудството како штп се: Иницијативата за борба против ОК (СПОК) ,Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци- МАРРИ, Полицискиот форум, Антикорупциската иницијатива на Пактот за стабилност во ЈИЕ, Иницијативата за управување и контрола на границите (Охридски процес заврши 2007 година).

Имајќи ги во вид мноштвото на регионалните иницијативи во областа на безбедноста, Пактот за стабилност беше трансформиран во Регионален совет за соработка каде беа *канализирани * сите иницијативи. Целта на трансформацијата на Пактот беше врзана за создавање на поефикасен механизам за регионална соработка и истовремено превземање на одговорноста за функционирањето на овој форум за меѓудржавна соработка од страна на државите во регионот. Регионалниот совет за соработка претставува покривна рамка над наведените иницијативи.

Советот за регионална соработка (СРС) беше официјално основан на 27 февруари 2008 година, како наследник на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа. Советот е оперативен орган на Процесот на соработка во Југоисточна Европа (PСЈИЕ) и претставува централна точка за регионална соработка. Исто така, делува и како форум за перманентно присуство на меѓународната заедница ангажирана во регионот. Советот се фокусира на регионалната соработка на подрачјето на Југоисточна Европа (ЈИЕ) преку рамка на регионална сопственост и водство којашто, исто така, ги поддржува европските и евроатланските интеграции. Клучната улога на Советот е подготовка и координирање на развојни проекти и создавање политичка клима што ќе овозможи севкупен економски и социјален напредок во ЈИЕ, во полза на луѓето од регионот.

Работата на СРС е насочена на пет приоритетни области:

eкономски и социјален развој

инфраструктура и енергетика

правда и внатрешни работи

192

Page 194: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

соработка во областа на безбедноста

градење човечки капитал и парламентарна

соработка

Организацијата одржува тесни работни односи со сите релевантни актери во наведените области, како што се владите, меѓународните организации, меѓународните финансиски институции , регионалните организации, приватниот сектор и граѓанското општество.

Во СРС членуваат 45 земји, организации и меѓународни финансиски институции. СРС има Секретаријат лоциран во Сараево (Босна и Херцеговина), на чело со Генералниот секретар.

Покрај главната канцеларија во Сараево, Секретаријатот има и Канцеларија за врски со европските и евроатланските институции во Брисел. СРС одржува еден состанок годишно, додека Одборот на СРС на секои три месеци. Одборот на СРС дава оперативни насоки и врши надзор над работата на организацијата. Одборот го сочинуваат оние членки на СРС, коишто учествуваат во буџетот на Секретаријатот на СРС, како и Европската унија (ЕУ) претставена од Тројката што ја сочинуваат Претседавачot со ЕУ, Европската комисија и Секретаријатот на Советот на ЕУ.СРС ги носи одлуките со консензус.

Секретаријатот на СРС обезбедува техничка, аналитичка и организациска поддршка на Генералниот секретар на СРС целата организација, како и на претседавачот со ПСЈИЕ. Служи и како рамка за координација на активностите што се однесуваат на регионалната соработка во ЈИЕ, и како информативна и централна точка за таквите активности.Во Секретаријатот на СРС се вработени 38 лица од ЈИЕ, од кои 32 работат во Сараево и 6 во Брисел, а од нив 20 се експерти или аналитичари.

Буџетот на СРС изнесува 3 милиони евра годишно – од кои 1/3 ја сочинува придонесот на земјите-членки на СРС од ЈИЕ, 1/3 од Европската комисија и1/3 од останатите членки на СРС.

Правда и внатрешни работи

Борбата против организираниот криминал и корупцијата, реформата на полицијата, спроведувањето на законите и судскиот систем, борбата против незаконската миграција, визното олеснување и либерализацијата на визниот режим, како и зајакнувањето на граничното управување се од посебно значење за земјите од Југоисточна Европа и нивната европска и евроатланска агенда, поради што се дел од основните приоритети на СРС.

СРС ја поддржува, промовира и координира работата на релевантните регионални иницијативи активни во областа на правдата и внатрешните работи во целата ЈИЕ, притоа обезбедувајќи заемно зајакнување, а не преклопување на нивните заложби, во согласност со целта за интегрирање на регионот во ЕУ.

Стратешките цели на РСС вклучуваат:

193

Page 195: fb.uklo.edu.mk€¦  · Web viewНашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи (МО) се фасцинантна тема бидејки

● борба против прекуграничниот организиран криминал, особено преку Центарот за

борба против прекуграничниот криминал на Иницијативата за соработка во Југоисточна Европа (SECI ) и Советодавната група на обвинители на земјите од Југоисточна Европа (SEEPAG);

● поддршка во спроведувањето на Конвенцијата за полициска соработка преку

Здружението на шефови на полицијата на Југоисточна Европа (SEPCA);

● борба против корупцијата, вклучувајќи ја и соработката со Регионалната

иницијатива за борба против корупција (RAI);

● воспоставувањето на одделенија за крим-анализа во земјите од ЈИЕ и регионална

размена на податоци за организиран криминал;

● активности што се однесуваат на миграцијата и азилот, вклучувајќи ја и

соработката со Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци (MARRI) и следење на релевантните состојби во ЕУ.

194