37
Финансиски план (Буџет) на ТТК БАНКА АД Скопје за 2013 година Март, 2013 година

Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

  • Upload
    others

  • View
    10

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) на ТТК БАНКА АД Скопје за 2013 година

ММаарртт,, 22001133 ггооддииннаа

Page 2: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

2

СОДРЖИНА

СОДРЖИНА ........................................................................................................................................................ 2 

1.  ВОВЕД ................................................................................................................................................. 3 

1.1  ОСНОВНИ ФИНАНСИСКИ ЦЕЛИ ЗА 2013 ГОДИНА .................................................................................. 3 1.2  ИЗЈАВА ЗА МИСИЈА НА БАНКАТА ........................................................................................................... 4 

2. OЧЕКУВАНИ МАКРОЕКОНОМСКИ ДВИЖЕЊА ................................................................................... 5 

3.  ПОЗИЦИЈАТА НА ТТК БАНКА ВО БАНКАРСКИОТ СЕКТОР .............................................. 7 

4.  ТТК – SWOT АНАЛИЗА ................................................................................................................. 10 

5.  ТТК – ОСНОВНА ДЕЛОВНА СТРАТЕГИЈА ............................................................................. 11 

5.1  ОСНОВНИ СТРАТЕГИИ НА ТТК БАНКА СЕ: .......................................................................................... 11 5.2  ГЛАВНИ СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ НА ПООДЕЛНИ СЕКТОРИ СЕ: .................................................................... 11 5.3  КВАНТИФИКАЦИЈА НА ОСНОВНИТЕ ПОКАЗАТЕЛИ, КЛУЧНИ ФИНАНСИСКИ ЦЕЛИ И КОМЕНТАР НА

ФИНАНСИСКИТЕ ПРОЕКЦИИ ................................................................................................................ 12 5.3.1  ФИНАНСИСКИ ПРОЕКЦИИ НА БИЛАНС НА СОСТОЈБА И БИЛАНС НА УСПЕХ ........................... 12 

5.4  ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ ................................................................................................................... 14 5.4.1  ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ ОД СЕКТОР ЗА КОМЕРЦИЈАЛНО БАНКАРСТВО.............................. 14 5.4.2  ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ НА ДИРЕКЦИЈАТАЗА КОРПОРАТИВНО БАНКАРСТВО ..................... 17 5.4.3  ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА СРЕДСТВА И ЛИКВИДНОСТ .......................... 19 5.4.4  ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ НА ПРОИЗВОДИ ......... 22 5.4.5  ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ НА СЕКТОРОТ ЗА СТРАТЕШКО БАНКАРСТВО ................................ 26 5.4.6  ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ НА СЕКТОРОТ ЗА ИТ И ПОЗАДИНСКИ ОБРАБОТКИ ....................... 27 5.4.7  ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ ОД ОДДЕЛОТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ........................................... 29 5.4.8  ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ ОД СЕКТОРОТ ЗА ПРАВНИ РАБОТИ И ПРОБЛЕМАТИЧНИ ПЛАСМАНИ

....................................................................................................................................... 31 5.5  КЛУЧНИ ФИНАНСИСКИ ИНДИКАТОРИ ................................................................................................... 33 

Page 3: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

3

1. ВОВЕД Финансискиот план (Буџетот) за 2013 година ги утврдува конкретните активности и иницијативи за остварување на основните финансиски цели на ТТК БАНКА АД Скопје.

За изработка на Финансискиот план за 2013 година од страна на организационите единици на Банката се проектирани активности со динамика на нивна реализација.

Дефинирани се и макроекономските претпоставки и билансни позиции за изработка на финансиските проекции за 2013 година.

Финансискиот план на ТТК БАНКА АД Скопје е основен документ кој претставува водич на Банката за остварување на деловните и финансиските цели за 2013 година.

1.1 ОСНОВНИ ФИНАНСИСКИ ЦЕЛИ ЗА 2013 ГОДИНА

Одржување на оптимална стапка на адекватност на капитал Во насока на одржување на долгорочна стабилност и подготвеност за апсорпција

на ризиците со кои ќе се соочува во своето работење, Банката во 2013 година ќе настојува да го одржи нивото на капитална адекватност не пониско од 15%. Континуирано во 2013 година Банката ќе продолжи активно да управува со ризично пондерираната актива, да врши стрес тестирање на капиталната моќ и потребата од дополнителен капитал, се со цел одржување на оптимална стапка на адекватност на капитал.

Одржување на оптимална структурна ликвидност

Банката ќе биде насочена кон одржување на оптимална ликвидносна позиција и структурна ликвидносна усогласеност која е во согласност со насоките на Народна Банка и интерните акти на Банката.

.

Oстварување на поврат на средства ROAA од 0,71% и остварување на поврат на капитал ROAЕ од 5,0%

Стратешката цел на Банката е да оствари стабилна стапка на поврат на капиталот и задоволителен принос за акционерите. Банката преку севкупното работење, спроведување на деловната политика, преку правилно вложување на изворите, ефикасно користење на средствата за работа со кои располага и преку трошковната реализација, ќе настојува да оствари задоволителен принос на капитал на акционерите и принос на пласман на средства. Сепак поради влошените пазарни и економски услови кои се очекуваат да продолжат, Банката планира да продолжи со спроведување на конзервативна политика на управување со ризиците и одржување на висока рационалност во трошоците, се со цел обезбедување на редовен раст на нето добивката од континуирани активности.

1 споредба на податоци од Нардона Банка заклучно со 30.09.2012 година: ROAA на ниво на банкарски систем изнесува 0,3%,на средните банки изнесува 0,2%: ROAE на ниво на банкарски систем изнесува 2,3%, на средните банки изнесува 1,5%.

Page 4: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

4

Континуирано подобрување на трошковната ефикасност Стратешката цел на Банката е преку ефикасно и рационално користење на оперативните ресурси, да обезбеди континуирано подобрување на трошковната ефикасност која ќе придонесе кон создавање на вишок на вредност. За таа цел се планира разционализација на тековните оперативни трошоци, ценовни заштеди и оптимизација на бројот на вработени.

1.2 ИЗЈАВА ЗА МИСИЈА НА БАНКАТА

Изјавата за Мисија ги содржи долгорочните цели и деловната филозофија на Банката.

Изјавата за Мисија е однапред определен патоказ за развој на стратегиите за управување на бизнисот на Банката.

Изјавата за Мисијата на ТТК Банка АД Скопје е: Ние сме универзална банка партнер за малите и средни претпријатија

во Македонија, која креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето на долгорочно партнерство.

Нашите вредности се: Довербата – биди искрен, внимателен, доследен и транспарентен,

бидејки довербата е основата на нашата работа; Одговорноста – превземи иницијатива, донеси одлуки и застани зад

нивната реализација; и Тимската работа – креирај ефикасна и работна атмосфера,

соработувај на сите нивоа со цел остварување на подобри резултати;

Page 5: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

5

2. OЧЕКУВАНИ МАКРОЕКОНОМСКИ ДВИЖЕЊА2

Глобалната економска и финансиска криза, остануваат фактор со најголемо очекувано влијание врз активностите во наредниот период. Главната карактеристика на опкружувањето и понатаму ќе биде неизвесноста, пред се заради сеуште можни идни ефекти од финансиската криза, кревкоста на меѓународните финансиски пазари и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем број држави и финансиски институции, што наметнува потреба од постојана подготвеност и флексибилност за брза реакција на острите и тешко предвидливи промени на тековите во економијата. Неизвесноста и динамичната промена на условите на опкружување има преносни ефекти и врз македонската економија. Затоа, следењето на ограничувачките фактори наложува неопходност од повисока флексибилност на монетарната и другите макроекономски политики во наредниот период.

Во услови на неповолно надворешно окружување, се очекува дека закрепнувањето на економијата ќе се одвива со малку поумерено темпо од претходно очекуваното, при што проценките се дека економијата ќе биде под потенцијалот и во текот на следната година. Најновите показатели за економската активност одат во прилог на досегашните оцени за економска стагнација во 2012 година. За следната години, новите проекции упатуваат на постепено економско закрепнување. Во 2013 година се очекува раст на БДП од 2,6%, предизвикан од растот на домашната побарувачка и тоа во поголем дел од очекуваните нови приватни и јавни инвестиции.

Најновите макроекономски проекции покажуваат намалување на инфлациските ризици, при што е извршена надолна ревизија на проекцијата за инфлацијата за следната година. При вакви, пониски, појдовни услови и истовремена надолна ревизија на оцените за увозните цени, очекуваната просечна инфлација за 2013 година е ревидирана надолу од 3,5% на 3,2%, Во секој случај, основното сценарио предвидува релативно умерена инфлација, во контролирани рамки. Притоа, очекуваното задржување на негативниот производствен јаз го исклучува ризикот од притисоци преку каналот на побарувачката врз домашните цени. Во надворешниот сектор, позицијата на билансот на плаќања овозможува одржување на девизните резерви на соодветнo ниво, со кое се обезбедува доволно простор за амортизација за евентуални неповолни шокови. Најновите оцени и понатаму укажуваат на веројатно проширување на дефицитот на тековната сметка на билансот на плаќања и тоа 3,8% од БДП во 2013 година. Но сепак се очекува дека трговскиот дефицит во 2013 година ќе биде релативно стабилен, во споредба со претходната година. При постепено закрепнување на странската побарувачка и оцените за отсуство на големи ценовни шокови, се очекува дека извозната активност ќе расте. Од друга страна, во услови на се уште слаба домашна побарувачка, не се очекува дека притисоците врз увозот ќе бидат доволно силни за да предизвикаат проширување на трговскиот дефицит. Се очекува дека умерениот дефицит во тековната сметка во 2013, и понатаму, во целост ќе се финансира преку капиталните приливи, коишто би обезбедиле понатамошен раст на девизните резерви. Општите стратегиски цели3 на Народна Банка во наредниот период се насочени кон: одржување на ценовната стабилност преку спроведување на избрана

2 Извор: Народна Банка - Проекција на макроекономските двжења 2012-2014 година. ³Стратегиски план на НБРМ за период од 2013-2015 година.

Page 6: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

6

монетарна стратегија на одржување стабилен курс на денарот во однос на еврото; одржување стабилен и сигурен банкарски систем; одржување висока флексибилност при управување со девизните резерви, поаѓајки од принципот на сигурност, ликвидност и профитабилност; одржување највисок степен на сигурност, стабилност и ефикасност на платните системи и обезбедување редовно снабдување со книжни и ковани пари; обезбедување квалитетни статистички податоци и анализи како подршка на монетарната политика.

Прогнозите за постепено економско закрепнување се поддржани и од сегашните процени за умерено заживување на кредитната активност на банките во 2013 година.Имено, домашните кредити растеа и во 2012 година, но нивното темпо постојано забавуваше во текот на годината, при што обемот на новото кредитирање беше помал во однос на очекувањата.Влошените согледувања за идниот ризик на банките, истовременото присутно зголемување на кредитниот ризик во системот и евентуалниот процес на финансиско раздолжување (deleverage) на матичните банки, веројатно, се причините за ваквите трендови на кредитниот пазар. Иако овие фактори може да спречат поголем кредитен раст во следниот период, сепак, и понатаму проекциите упатуваат на можно умерено забрзување на растот на кредитите во 2013 година, но со побавно темпо во однос на претходните очекувања.Се очекува дека економското закрепнување и постабилниот амбиент ќе обезбедат прираст на депозитниот потенцијал и стабилизирање на очекувањата на банките и останатите субјекти. Во услови на солидна ликвидност и солвентност на банките, овие фактори, заедно со поолабавената монетарна поставеност, се очекува зголемување на финансиската поддршка на домашната економија од страна на банките.

Page 7: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

7

3. ПОЗИЦИЈАТА НА ТТК БАНКА ВО БАНКАРСКИОТ СЕКТОР

Слабата економска активност како и намалената производствена активност влијаеа врз забавување на растот на активностите на банките, и врз нивната стагнација во третиот квартал од годината.

Главниот двигател на обемот на вкупната актива се депозитите од нефинансиските лица, при што растот на депозитите во третиот квартал во најголем дел беше насочен кон отплата на кредитите користени од страна на банките, што е причина за умерениот раст на активата.

Потешкотиите со кои се соочува реалниот сектор влијаеа и врз движењата во депозитната база во банкарскиот сектор. На годишна основа стапката на раст значително забави, а депозитите на домаќинставта и тоа долгорочните и натаму остануваат главен двигател на растот на депозитната база.

Кредитната активност на годишна основа продолжи да расте, но со побавна динамика. Неизвесното економско опкружување и согледувањата на банките за зголемени ризици од реалниот сектор, следени со конзервативните стратегии се главните причини за ваквите трендови во кредитирањето.

Во услови на забавен кредитен раст, и зголемениот раст на нефунцкионалните кредити, резултираше со зголемување на учеството на нефункционални кредити во вкупните кредити кое изнесуваше 10,9%. Сепак нивото на нефункционални кредити не претставува причина за серизона загриженост, со оглед на неговата целосна покриеност со пресметана исправка на вредност.

дек.11 сеп.12 Промена во % Аппсолутна промена

Билансна сума 331.176 339.148 2,4% 7.972Депозити од нефинансиски сектор 234.161 238.677 1,9% 4.516Капитал и резерви 36.590 39.001 6,6% 2.412Кредити на нефинансиски сектор 202.405 213.381 5,4% 10.975

Клучни финансиски показатели за банкарскиот сектор

Опис

Банкарски систем

Ликвидноста на банкарскиот сектор е стабилна и на високо ниво. Паралелно со стабилната ликвидност, високата солветност е вториот столб на стабилноста на банкарскиот систем и неговата отпорност на ризици.

Како еден од главните ”подржувачи” на солветноста и стабилноста на банките е профитабилноста на банкарскиот систем, која продолжува да зајакнува, што произлегува од јакнењето на приходите од основната дејност т.е нето каматниот приход. Стапките на поврат на активата и капиталот значително се зголемија и на 30.09 изнесуваат 0,3% и 2,3% соодветно, а воедно се подобри и оперативната ефикасност.

Page 8: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

8

дек.11 сеп.12 дек.11 сеп.12 дек.11 сеп.12

РОЕ 3,4% 2,3% -9,7% 1,5% 0,8% 2,6%РОА 0,4% 0,3% -1,1% 0,2% 0,1% 0,4%Профитна маргина 7,3% 5,1% -21,5% 3,5% 1,8% 7,6%

Показатели за профитабилност

ОписБанкарски систем Група средни банки ТТК Банка

Пазарното учество на ТТК Банка е стабилно во анализираниот период и се движи околу 2% во банкарскиот систем на Република Македонија.

сеп.11 сеп.12 сеп.11 сеп.12

Билансна сума 321.168 339.148 6.572 6.652 2,0% 2,0%Депозити од нефинансиски сектор 225.895 238.677 5.132 5.140 2,3% 2,2%Капитал и резерви 35.683 39.001 893 952 2,5% 2,4%Кредити на нефинансиски сектор 199.301 213.381 4.259 4.380 2,1% 2,1%

Пазарно учество на Банката во банкарски

систем сеп.12

Пазарно учество на ТТК Банка во банкарскиот систем

Опис

ТТК Банка Банкарски систем Пазарно учество на Банката во банкарски

систем дек.2011

Во следната табела се прикажани споредбени показатели за изложеноста на ризиците на ТТК Банка со банкарскиот сектор и средната група банки:  

дек.11 сеп.12 дек.11 сеп.12 дек.11 сеп.12

(В, Г и Д) / Вкупна изложеност на кредитен ризик 8.0% 9.2% 7.3% 7.0% 10.4% 11.5%Покриеност на В, Г и Д со пресметана исправка на вредност и посебна резерва 83.2% / 75.7% / 88.5% 84.2%

Нето В, Г и Д од исправката на вредност / Сопствени средства

20.4% 24.4% 17.9% 15.9% 15.3% 18.4%

Пресметана исправка на вредност и посебна резерва / Вкупна изложеност на кредитен ризик 6.7% 7.4% 5.5% 5.7% 9.2% 9.7%

Нефункционални кредити / Вкупни кредити (кредити кон нефинансиски субјекти) 9.9% 10.9% 8.8% 9.8% 9.0% 10.1%

Покриеност на нефункционалните кредити со вкупната пресметана исправка на вредност и посебна резерва 111.4% 103.1% 103.3% 88.8% 170.6% 148.5%

Ликвидна актива/вкупна актива 31.2% 30.3% 29.7% 29.3% 30.0% 26.1%

Ликвидна актива/краткорочни обврски 48.9% 49.4% 50.1% 53.5% 54.3% 46.4%

Стапка на адекватност на капиталот 16.8% 17.1% 17.2% 18.2% 16.8% 16.8%

Показател за ризик од несолвентност

Средни банкиБанкарски систем ТТК Банка

Изложеност на ризици

Видови ризици

Показатели за кредитен ризик

Показатели за ликвидносен ризик

Банката континуирано води сметка за ризикот на кој се изложува настојувајќи истиот да го одржува во прифатливи рамки.

Page 9: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

9

Показателите за квалитет на кредитната изложеност укажуваат на влошен квалитет на кредитната изложеност во септември 20124 година во однос на крајот на претходната година, кој е присутен како во Банката, така и на ниво на банкарски систем.

Споредбените показатели за квалитет на кредитната изложеност упатуваат дека Банката има повисоко учество на изложеноста класифицирана во категориите на ризик В, Г и Д во вкупната кредитна изложеност и тоа како во однос на банките од нејзината група така и во однос на банкарскиот систем. Оваа состојба произлегува од побарувањето кое Банката го има од комитентот Градинар, кое е класифицирано во категорија на ризик Д и е целосно резервирано.

Земајќи го во предвид учеството на нефункционалите во вкупните кредити како порелевантен показател за споредба, може да констатираме дека Банката има малку повисоко учество во однос на банките од нејзината група, и малку пониско учество во однос на банкарскиот систем.

Банката континуирано во споменатиот период одржува висока и стабилна ликвидносна позиција која се потврдува преку движењето на ликвидносните показатели и стапките на ликвидност. Во анализираниот период Банакта го има намалено учеството на ликвидната во вкупната актива и на 30.09.2012 година овој показател е на нешто пониско ниво отколку кај групата на средни банки, и банкарскиот систем во целост.

Со оглед на високата вредност на стапката на адекватност на капиталот ризикот од несолвентност во работењето е на ниско ниво.

4 Најнови податоци кои се објавени од страна на НБРМ

Page 10: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

10

4. ТТК – SWOT АНАЛИЗА

Планските финансиски цели и планираните активности за 2013 година, се засновани на проценка и анализа на јаките и слабите страни, како и на можностите и заканите кои ги има и со кои ќе се соочува ТТК БАНКА АД Скопје. Јаки страни:

− Стабилна и разновидна клиентска база со силен потенцијал за деловен развој и обезбедување на можност за cross-selling.

− Добра покриеност на мрежата на филијали/експозитури, т.е. опфатеност на клиентите.

− Современа организациона структура, пазарно ориентирана. − Цврста и модерна IT платформа, обезбедувајќи поддршка за деловен

развој и финансиско раководење. − Транспарентен и коректен однос кон клиентите на Банката. − Искусен менаџмент и млади, образовани и посветени вработени.

Слаби страни:

− Недостаток од долгорочни извори на средства. − Недостаток од искуство во модерните банкарски услуги. − Отежната аквизиција на нови клиенти.

Можности:

− Чист Биланс на состојба што обезбедува стабилна основа за развој. − Оперативно надградување и реорганизација со што се отвора пат за

поагресивно пенетрирање на пазарот и обезбедување на високо квалитетни услуги.

− Подобрување на финансиската состојба, ребрендирање на Банката на пазарот и зајакнување на нејзината репутација во јавноста.

− Подобрување на квалитетот на кредитното портфолио преку унапредување на процесот на одобрување на кредитни изложености и поквалитетна организација на наплатата.

− Надрградба на постојниот апликативен софтвер во насока на развој и продажба на современи услуги и продукти.

− Дополнителна оптимизација на трошоците од работењето.

Закани:

− Можни негативни импликации за домашната економија поради економските кризи во земјите од соседството.

− Ликвидносна криза во глобалниот финансиски сектор и недостапност на странски извори на средства.

− Агресивна маркетиншка политика на конкуренцијата.

Page 11: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

11

5. ТТК – ОСНОВНА ДЕЛОВНА СТРАТЕГИЈА Основните деловни стратегии на Банката, произлегуваат од Изјавата за Мисијата на Банката и целната позиција на Банката на пазарот, истовремено земајќи ja предвид погоре споменатата SWOT анализа. ТТК Банка функционира како универзална Банка и ги врши сите банкарски активности вклучувајќи платен промет во земјата и во странство, депозитни и кредитни производи за правни и физички лица, акредитиви и гаранции, менувачко работење и други банкарски производи од кои клиентите имаат потреба. Финасискиот план на ТТК БАНКА АД Скопје е основен документ кој претставува водич на Банката за остварување на деловните и финансиските цели во 2013 година. 5.1 Основни стратегии на ТТК Банка се:

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ПАЗАРНО УЧЕСТВО- ТТК БАНКА АД Скопје ќе се развива во правец што ќе овозможи одржување и евентуално зголемување на учеството на Банката во банкарскиот сектор. Исто така ќе се стреми кон зајакнување на својата позиција меѓу конкурентите се со цел цврсто позиционирање меѓу водечките средни банки во Р.Македонија преку континуиран годишен раст на вкупната актива за наредната година.

УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКА СО КЛИЕНТИТЕ- ТТК БАНКА АД Скопје постојано ќе ги зајакнува врските со постоечките клиенти и ќе работи на аквизиција на нови, со фокус на малите и средни претпријатија („МСП“) и домаќинстватa и ќе се стреми да ги достигне највисоките стандарди при пружање на внимателно одбрани производи и услуги на своите клиенти.

УСОГЛАСЕНОСТ СО РЕГУЛАТИВА- ТТК БАНКА АД Скопје ќе го усогласува своето работење со законската регулатива и мерките на монетарната власт и во целост ќе ги практикува основните банкарски принципи и супервизорски стандарди на работење, притоа користејќи ги примерите од најдобрите меѓународни пракси.

5.2 Главни стратешки цели на пооделни сектори се: − Зголемување на клиентската база, со селективно привлекување на нови

клиенти со стабилни и издржливи бизниси. − Развивање на асортиманот на конкурентни производи. − Оптимизирање на мрежата и воведување на современи дистрибуциони канали. − Подобрување на квалитетот на кредитното портфолио, со постојан мониторинг

и навремена проценка на ризиците кои произлегуваат од доцнењето на обврските.

− Ефикасно управување со ликвидностa. − Профитабилно управување со вишокот на ликвидност. − Ефикасно управување со Активата/Пасивата. − Treassury продажба. − Развој на човечките ресурси.

Page 12: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

12

ТТК Банка сето ова ќе го постигне доследно почитувајќи ги основните банкарски принципи:

• Принцип на стабилност и ликвидност.

• Принцип на сигурност.

5.3 КВАНТИФИКАЦИЈА НА ОСНОВНИТЕ ПОКАЗАТЕЛИ, КЛУЧНИ ФИНАНСИСКИ ЦЕЛИ И КОМЕНТАР НА ФИНАНСИСКИТЕ ПРОЕКЦИИ

Финансиските проекции на ТТК Банка во финансискиот план за 2013 година се засновани на:

− Постигнатите резултати на Банката заклучно со 28.02.2013 година.

− Очекувањата за идниот развој на Банката.

− Реализираните движења во државата во текот на 2012 година.

− Проекциите за макроекономските движења во државата за 2013 година.

5.3.1 ФИНАНСИСКИ ПРОЕКЦИИ НА БИЛАНС НА СОСТОЈБА И БИЛАНС НА УСПЕХ

Земајќи го во предвид економското и конкурентско опкружување, макроекономските очекувања, како и планираните активности на Банката, во продолжение се презентирани финансиските проекции на Билансот на состојба и Билансот на успех на Банката. ТТК Банка – Биланс на состојба за 2013 (на квартално ниво)

дек.12 мар.13 јун.13 сеп.13 дек.13 Пораст

Парични средства и парични еквиваленти 1.221.470 1.092.034 1.220.276 1.225.217 1.254.838 2,7%Вложувања во хартии од вредност и средства за тргување 1.019.308 1.132.948 1.159.521 1.189.584 1.162.192 14,0%Бруто кредити на ГК 1.200.898 1.215.537 1.217.995 1.256.760 1.305.885 8,7%Бруто кредити на МСП 1.833.217 1.868.928 1.934.361 1.965.172 1.999.149 9,1%Бруто кредити на Домаќинства 1.334.426 1.336.341 1.347.993 1.363.730 1.378.698 3,3%Исправка на вредност (кредити на клиенти) -479.895 -487.818 -485.909 -496.789 -494.895 3,1%Превземени средства 422.661 417.986 355.277 328.861 302.962 -28,3%Основни средства 278.632 286.812 186.238 190.077 189.941 -31,8%Останата актива 44.022 58.255 62.156 73.504 60.996 38,6%ВКУПНА АКТИВА 6.874.739 6.921.023 6.997.908 7.096.117 7.159.767 4,1%

0 0 0 0 0Депозити на Банки 29.173 28.575 28.559 29.048 29.444 0,9%Депозити на фин. институции 356.766 359.210 352.746 359.178 359.334 0,7%Депозити на ГК 239.279 240.483 261.017 276.809 299.867 25,3%Депозити на МСП 924.076 939.197 948.370 949.698 950.776 2,9%Депозити на Домаќинства 3.693.199 3.731.477 3.756.612 3.782.697 3.811.382 3,2%Обврски за кредити 600.821 574.897 585.106 624.266 620.523 3,3%Останати обврски 62.408 71.579 68.226 66.670 70.540 13,0%Капитал 969.018 975.605 997.271 1.007.752 1.017.901 5,0%ВКУПНА ПАСИВА 6.874.739 6.921.023 6.997.908 7.096.117 7.159.767 4,1%

000МКД

Page 13: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

13

Очекуваниот пораст на Билансот на состојба за 2013 година изнесува 285.028

илјади денари, односно (4,1%) во однос на почетокот на деловната година. Зголемувањето на вкупната актива на Банката произлегува пред се од

планираниот кредитен раст. Стапката на пораст пак на кредитното портфолио е резултат на порастот на депозитната база која ќе биде искористена за пласирање на комерцијалните кредити и за одржување на стабилна ликвидност. Исто така, планираниот пораст е резултат и на изворите обезбедени од домашни и странски наменски и ненаменски кредитни линии.

Во Финансискиот план за 2013 година планиран е годишен раст на бруто кредитите од 7,2%. Овој раст во најголем дел ќе биде подржан преку пласманите за подршка на малите и средни претпријатија и големи клиенти.

Од страна на пасивата годишниот раст на депозитите е планиран од 4,0% и тоа со акцент на прибрани депозити од домаќинствата.

Очекуваните порасти на депозитите и кредитите Банката ќе ги постигне преку проактивен пристап кон продажбата, поголема застапеност во различни типови на медиуми, поизразена надворешна маркетинг комуникација, воведување и развој на нови производи, како и модификација на веќе постоечките и континуирано подобрување на услугите на клиентите со цел задоволување на нивните потреби. Исто така годишниот пораст директно ќе зависи од понудата на квалитетни проекти на корпоративниот сектор, потенцијалот на сегментот домаќинства и кредитниот ризик.

ТТК Банка – Биланс на успех за 2013 (на квартално ниво)

дек.12 мар.13 јун.13 сеп.13 дек.13 Пораст

Приходи од камати 425.306 102.798 210.147 318.584 431.439 1,4%Трошоци од камати -183.148 -42.027 -84.923 -126.291 -166.772 -8,9%Исправка на вредноста на приходот од камата, на нето-основа 27.096 15.782 22.882 30.282 39.582 46,1%

Нето приходи од камати 269.254 76.554 148.106 222.575 304.248 13,0%Приходи од провизии 134.864 32.707 67.178 102.329 141.752 5,1%Трошоци за провизии -20.664 -4.617 -9.417 -14.447 -19.355 -6,3%

Нето приходи од провизии 114.200 28.090 57.761 87.882 122.397 7,2%Нето приходи од курсни разлики 11.570 3.013 6.552 9.542 12.686 9,6%Нето приходи од тргување од средствата и обврските за тргувањ -205 450 658 520 670 -426,1%Останати приходи од дејноста 27.930 2.313 33.755 39.381 47.731 70,9%

422.748 110.419 246.831 359.900 487.733 15,4%

-130.580 -34.056 -68.098 -102.610 -136.942 4,9%-2.135 -558 -1.086 -1.644 -2.244 5,1%

-33.174 -6.942 -13.727 -20.140 -26.553 -20,0%-170.262 -41.601 -89.382 -136.689 -195.749 15,0%

-7.915 -16.088 -16.088 -23.264 -33.515 323,4%-344.067 -99.245 -188.381 -284.347 -395.003 14,8%

78.682 11.174 58.450 75.554 92.730 17,9%-35.781 -7.979 -23.927 -32.100 -40.797 14,0%

42.901 3.196 34.524 43.454 51.933 21,1%-1.717 0 0 0 -1.900 10,6%41.183 3.196 34.524 43.454 50.033 21,5%

данок од добивкаДОБИВКА ПРЕД ОДАНОЧУВАЊЕ

ДОБИВКА ПОСЛЕ ОДАНОЧУВАЊЕ

000МКД

Трошоци за вработени

ОПЕРАТИВЕН ПРИХОД

ОПЕРАТИВНИ ТРОШОЦИ

НЕТО ОПЕРАТИВЕН ПРИХОД

Трошоци за надомести за учество во органи на управување на Трошоци за амортизацијаМатеријални, останати и административни трошоциКапитална загуба и загуба поради оштетување на преземени

Исправка на вредноста на кредитите и пласманите, на нето-

Главна цел на Банката е да остварува континуиран пораст на нето приходите од камата. Во проекциите за наредната година се планира годишен пораст од 13,0%, пред се како резултат на намалените трошоци од камата.

Page 14: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

14

Планираниот годишен пораст на нето приходите од провизија од 7,2% е пред се како резултат на планираното зголемување на приходи од провизии и одржување на исто ниво на трошоците за провизии. За сите категории на материјални, административни и останати трошоци во текот на 2013 година ќе се води строга контрола со цел реализирање на што поголеми заштеди и по можност сведување на оптимално ниво. Проектираните состојби за деловната 2013 година во билансите на Банката се рефлексија на планираните активности од одделните сектори и истите се образложени во понатамошниот текст.

5.4 ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ

5.4.1 ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ ОД СЕКТОР ЗА КОМЕРЦИЈАЛНО БАНКАРСТВО

Стратешкиот фокус на Дирекцијата за Деловна мрежа е да се биде профитен центар на Банката преку современ пристап на продажба на сите банкарски производи и услуги преку деловната мрежа со цел задоволување на финансиските потреби на клиентите.

Согласно стратешкиот фокус и Мисијата на Банката, основни цели на Дирекцијата за Деловна мрежа е производите и услугите кои се нудат за малите и средните претпријатија и физичките лица да бидат прв избор на клиентите, да им обезбеди професионална услуга следејќи ги нивните потреби и на тој начин да создава вредности за нив и за Банката.

Единствен начин на обезбедување на квалитетни банкарски услуги и производи за малите и средните претпријатија и физичките лица, може да биде постигнато преку аквизиција на клиенти, современи техники за продажба и дополнителна продажба на постоечки клиенти, продажба на нови кредитни и атрактивни депозитни производи поддржана со дефинирана стратегија за маркетинг и продажба од една страна и обука на човечките ресурси во деловната мрежа и мерење на перформансите на организационите единици од друга страна.

Пријателскиот, но сепак професионален однос со клиентите, задоволувањето на нивните финансиски потреби, одговорно кредитирање, концептот „сè на едно место“ во филијалите и експозитурите и подигањето на повисоко ниво на свеста и културата на штедење преку едукација на клиентите со поддршка на Дирекцијата за маркетинг и развој на производи ќе ја направат Банката поконкурентна во однос на другите банки.

Одделот за Мали и средни претпријатија во рамките на Дирекцијата за деловна мрежа со производите и услугите кои ги нуди за малите и средни претпријатија, им обезбедува на клиентите финансиска поддршка во остварување на нивните бизнис планови и развој на нивниот бизнис, што индиректно значи и приход за Банката. Бидејќи во современи и брзи услови на работење многу важен е личниот контакт што клиентот го остварува со точно определено лице од Банката, со цел на едно место да биде информиран и опслужен со сите банкарски производи и услуги, сервисирањето на малите и средни претпријатија од страна на Одделот за мали и средни претпријатија и понатаму останува врз основа на принципот на личен банкар.

Одделот за население во рамките на Дирекцијата за Деловна мрежа има за задача да го подржи работењето на филијалите и експозитурите во делот на

Page 15: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

15

физичките лица преку нудење на различни кредитни и депозитни производи и услуги специјално креирани за потребите на физчките лица. Опслужувањето на клиентите -физички лица во Банката е исто така на принципот „личен банкар„ кој освен што се грижи за придобвиање на нови клиенти на Банката, има за задача да ги детектира финансиските потребите на клиентот и да му понуди соодветно банкарско решение.

Одделот за Платни промети во рамките на Дирекцијата за деловна мрежа со производите и услугите кои ги нуди за сите физички и правни лица, им обезбедува на клиентите навремено извршување на сите видови денарски и девизни плаќања. Користењето на електронското банкарство, услугата за СМС и е-маил известување од страна на клиентите и овозможи на Банката намалување на трошоците за процесирање на налозите преку шалтерите на Банката, што значи намалување на потребата од човечки ресурси, а индиректно поголеми приход и за Банката.

Преку мрежа на филијали и експозитури кои ја покриваат скоро целата територија на Република Македонија, овозможена е достапност на производите и услугите за клиентите, додека оптимизирањето на истата со бројот на вработени согласно обемот и планот за развој ќе ја зголеми профитабилност во работењето. Во оваа година планирано е отварање на две нови експозитури, ребрендирање на три експозитури, дислокација на две експозитури и дислокација и реберендирање на други две од постоечките експозитури на поатрактивни места во градот со цел корпоративно идентификување и создавање на препознатлив бренд за Банката. Квантификација на планираните активности на Дирекцијата за деловна мрежа во сегментите Домаќанства и МСП следи подолу. Планиран е пораст на бруто кредити на Домаќинства во деловната 2013 година од 3,3%, додека планираниот процент на пораст на депозити на Домаќинства за истиот период е 3,2%. Со реализација на наведените проценти на пораст, се очекуваат следните остварувања по квартали за деловната 2013 година 5 :

000МКД дек.12 мар.13 јун.13 сеп.13 дек.13

Кредити 944.850 940.890 947.269 956.733 965.427Кредитни картички 95.373 95.603 96.877 98.151 99.425Негативни салда на тековни сметки 101.530 104.781 106.148 107.514 108.881

Функционални кредити на Физички лица (главница) 1.141.753 1.141.275 1.150.294 1.162.398 1.173.732Функционални кредити на СТД (главница) 25.357 24.857 25.310 25.762 26.215

5 Во функционалните кредити на Физички лица не се вклучени побарувањата по основ на камата

Page 16: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

16

Графиконите подолу го илустрираат планираниот пораст за деловната 2013 година во однос на почетокот на годината на бруто кредити и депозити на Домаќинства:

1.915

13.567

29.304

44.272

05.000

10.00015.00020.00025.00030.00035.00040.00045.00050.00055.000

мар.13 јун.13 сеп.13 дек.13

Движење на Бруто кредитите на Домаќинства

0,1%1%

2%

3%

38.278

63.413

89.498

118.183

0

20.000

40.000

60.000

80.000

100.000

120.000

140.000

мар.13 јун.13 сеп.13 дек.13

Движење на Депозитите на Домаќинства

1%2%

2%

3%

Планираниот процент на пораст на бруто кредити на МСП за деловната 2013 година изнесува 9,1%, додека планираниот процент на пораст на депозити за истиот период изнесува 2,9%.

Со реализација на горе наведените проценти на пораст, се очекуваат следните остварувања по квартали за деловната 2013 година6:

000МКД дек.12 мар.13 јун.13 сеп.13 дек.13

Краткорочни кредити 542.593 590.726 589.637 570.548 561.183Долгорочни кредити 1.116.453 1.070.679 1.140.447 1.195.215 1.242.983

Функционални кредити на МСП (главница) 1.659.046 1.661.405 1.730.084 1.765.763 1.804.166

По видување 657.829 594.435 605.231 607.140 607.399Орочени до 1 год 248.993 328.693 327.070 326.487 327.308Орочени над 1 год 17.255 16.069 16.069 16.071 16.069

Депозити на МСП 924.076 939.197 948.370 949.698 950.776

6 Во функционалните кредити на МСП не се вклучени побарувањата по основ на камата

Page 17: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

17

Графиконите подолу го илустрираат планираниот пораст за деловната 2013 година во однос на почетокот на годината на бруто кредити и депозити на МСП:

35.711

101.144

131.955

165.932

0

20.000

40.000

60.000

80.000

100.000

120.000

140.000

160.000

180.000

200.000

мар.13 јун.13 сеп.13 дек.13

Движење на Бруто кредити на МСП

2%

6%

7%

9%

15.120

24.293 25.621 26.699

0

5.000

10.000

15.000

20.000

25.000

30.000

35.000

мар.13 јун.13 сеп.13 дек.13

Движење на Депозитите на МСП

2%

2.6%

2.8%

2.9%

5.4.2 ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ НА ДИРЕКЦИЈАТАЗА КОРПОРАТИВНО БАНКАРСТВО

Во 2013 година, стратешкиот фокус на Дирекцијата за Корпоративно

банкарство ќе биде кон овозможување на квалитетна услуга и конкретни одговори на предизвиците и можностите со кои ќе се соочуваат клиентите со цел да можат да направат позитивна разлика во однос на чекорите кои ги презема Банката за овозможување на разновидни кориснички услуги како и развој на нови производи и услуги. Дирекцијата за корпоративно банкарство во 2013 година ќе биде активно насочена кон постоечките клиенти со кои Банката има развиено подолгорочна соработка и има развиено деловни односи како и кон проширување на клиентската база преку понудата на разновидни решенија согласно потребите на пазарот. Големо внимание ќе се посвети на оние клиенти со развиен бонитет, способност за отплата на кредитите, во зависност од степенот на ризичност на индустријата од која доаѓа и.т.н.

Банката ќе направи напори да обезбеди поголем обем на евтини извори на финансирање на компаниите што би одиграла значајна улога во поддршката на домашната економија особено на компаниите кои се насочени кон инвестирање во проширување и модернизација на своите бизниси.

Во поглед на валутната структура на кредити паралелно ќе се пласираат и денарските и девизните кредити. Од аспект на рочноста, преку изнаоѓање на поефтини извори на средства, Дирекцијата ќе се стреми кон поголем пласман на долгорочните кредити со цел олеснување на работата на компаниите кои постојано инвестираат во проширување и усовршување на своето работење со цел зголемување на својата конкурентност. Во тој правец преку долгорочните кредити би се овозможило и намалување на потенцијалниот ризикот за Банката. Но, во секој случај и во 2013 година одреден дел од кредитната активност ќе завземат и краткорочните денарски

Page 18: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

18

кредити со кои фирмите ќе ја одржуваат својата ликвидност во услови кога се очекуваат големи предизвици во економијата.

ТТК Банка има за цел да развива долгорочни односи со своите клиенти и да ги следи во нивното работење и помага во нивните инвестициски стратегии. ТТК Банка е тука да им овозможи финансиски, советодавни и решенија од аспект на ризикот во работењето, кои им се потребни на клиентите како би им помогнале да бидат насочни кон иднината со доверба. Во своето досегашно работење ТТК Банка има изградено цврста репутација, која подразбира континуирано организациско вложување во одржување на доследен квалитет и стандард на понудата на услугите, развивање на нови производи и услуги со конкурентни услови на пазарот, современа технологија за обработка на податоци, непречена комуникација и известување на клиентите.

Со цел да се одговори на потребите на корпоративните клиенти со квалитетна услугата согласно последните трендови во банкарското работење во светски рамки, Банката постојано ќе вложува во своите човечки ресурси преку инвестирањето во соодветни тренинг програми и континуирани обуки на вработените. Работењето на Дирекцијата за Корпоративно банкарство во 2013 година ќе биде насочено кон:

− Одржување на довербата и сигурноста кај постојните клиенти и привлекување на нови клиенти.

− Обезбедување на потребното ниво на квалитетни извори на средства, со зголемување на депозитната база и користење на наменски и ненаменски кредитни линии.

− Постигнување на продуктивност во деловните процеси преку понуда на богата линија на производи и брза и квалитетна услуга.

− Подобрување на квалитетот на кредитното портфолио, со постојано следење (мониторинг) на работењето на корпоративните клиенти и навремена проценка на ризиците кои произлегуваат од доцнење со плаќање на обврските.

− Транспарентност и совесно работење како примарна вредност која носи видливи резултати.

− Градење и одржување на репутацијата на Банката како еден од клучните фактори за привлекување на нови клиенти.

− Ефикасно и рационално користење на инфраструктурата, човечките ресурси и технологијата, со цел зголемување на профитабилното работење.

Квантификација на планираните активности на Дирекцијата за корпоративно банкарство следи подолу.

Планираниот процент на пораст на бруто кредити на корпоративните клиенти за деловната 2013 година изнесува 8,7%, додека пак 25,3% е планираниот процент на зголемување на депозити за истиот период. Со реализација на горе наведените проценти на пораст, се очекуваат следните остварувања по квартали за деловната 2013 година.7 7 Во функционалните кредити на Големи клиенти не се вклучени побарувањата по основ на камата

Page 19: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

19

000MKD дек.12 мар.13 јун.13 сеп.13 дек.13

Краткорочни кредити 385.282 395.840 439.173 460.719 456.055Долгорочни кредити 600.589 609.486 594.609 614.570 668.679

Функционални кредити на Големи клиенти (главница) 985.871 1.005.327 1.033.782 1.075.289 1.124.734

По видување 153.484 143.728 153.618 158.766 171.174Орочени до 1 год 72.147 83.134 93.823 104.512 115.207Орочени над 1 год 13.648 13.620 13.575 13.530 13.485

Депозити на Големи клиенти 239.279 240.483 261.017 276.809 299.867

Графиконите подолу го илустрираат планираниот пораст за деловната 2013 година во однос на почетокот на годината на Бруто кредити и депозити на Корпоративните клиенти:

14.639 17.096

55.862

104.987

0

20.000

40.000

60.000

80.000

100.000

120.000

мар.13 јун.13 сеп.13 дек.13

Движење на Бруто кредитите на Големи клиeнти

1,2% 1,4% 5%

9%

1.204

21.738

37.530

60.588

0

10.000

20.000

30.000

40.000

50.000

60.000

70.000

80.000

мар.13 јун.13 сеп.13 дек.13

Движење на Депозитите на Големи клиенти

1%9%

16%

25%

5.4.3 ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА СРЕДСТВА И ЛИКВИДНОСТ

Во текот на 2013 година Дирекцијата за средства и ликвидност и понатаму ќе продолжи со управување на ликвидните средства на Банката со цел обезбедување на навремено исполнување на сите достасани обврски и ефикасно и ефективно управување со вишокот на ликвидни средства при тоа почитувајќи ја регулативата на Народна Банка на Р. Македонија, лимитите поставени од Дирекцијата за управување со ризици како и инструкциите кои ги добива од Комисијата за управување со актива и пасива и Комисијата за управување со ликвидност. Дирекцијата и понатака извршувањето на задачите и сервисирањето на клиентите ќе ги обезбедува со највисока професионалност.

Page 20: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

20

Во рамки на Дирекцијата, Одделот за управување со средства и ликвидност во планскиот период ќе продолжи да :

1. Управува со рочната сруктура на активата и пасивата Одделот ќе продолжи со ефикасно управување на рочната структура на активата

и пасивата преку континуирано следење и анализа на рочните блокови на соодветните билансни и вонбилансни позиции, преку активностите на финансиските пазари кои директно влијаат на определени билансни позиции и преку рефинансирање од финансиските институции.

2. Управува со отворена девизна позиција (ОДП) Банката и во наредната година ќе продолжи со конзервативно управување на

отворената девизна позиција, во рамки на претходно дефинираните лимити, со цел обезбедување на стабилен пораст на профитот од базичниот бизнис на Банката без преземање на прекумерни ризици од промена на интервалутарните односи на конвертибилните валути. За оставраување на оваа цел Одделот за управување со средства и ликвидност и понатаму ќе продолжи со дневното следење на девизниот ризик и преземање конкретни активности за неговото управување.

3. Предвидува движењето на девизниот курс и каматнате стапки

Во текот на 2013 година, а во контекст на управувањето со отворената девизна позиција и управувањето со портфолиото на ликвидна актива, Одделот за управување со средства и ликвидност ќе продолжи да подготвува предвидувања за девизниот курс на EUR/MKD за период од минимум 3 месеци и да врши следење на пазарните каматни стапки на домашниот пазар и каматни стапки на странскиот пазар.

4. Следење и одржување на интерните ликвидносни индикатори

Во 2013 година како дел од процесот на управување со ликвидноста, Одделот и понатаму активно ќе ги следи интерните ликвидносни индикатори, исполнувајќи го коефициентот на ликвидност на ниво од најмалку 20 %, како и одржување на стапките на ликвидност во рамки на пропишаните лимити. За исполнување на оваа цел Одделот и во наредниот период ќе ги користи домашните и странски финансиски пазари и ќе продолжи да управува со своето портфолио на пласмани и извори на средства.

5. Извршува трансакции на финансиските пазари

Со цел остварување на профит и едновремено управување со ликвидносниот и девизниот ризик, Одделот и во 2013 година ќе има за задача да извршува трансакции на финансиските пазари и тоа преку:

• Тргување со девизни средства (трансакции со странски платежни средства од свое име и за своја сметка).

• Трансакции на пазарот на пари. • Трансакции на примарен пазар на државни хартии од вредност и трансакции со

НБРМ за спроведување на монетарната политика. • Депозитни трансакции во денари, девизи и денарски депозити со девизна

клаузула со клиентите- финансиски институции. • Управување со девизен диспонибилитет.

Page 21: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

21

• Котација (присинг) на курсевите за странските платежни средства. • Составување на курсните листи на Банката за трансакции со странски платежни

средства кои Банката ги прави од свое име, а за туѓа сметка.

6. Извори на финансирање од меѓународни и/или домашни финансиски институции. Одделот за управување со средства и ликвидност прави континуирана анализа

на финансискот пазар и потенцијалните можности за рефинансирање на Банката. Во овој контекст, Одделот ќе ги воспоставува и оддржува контактите со сите екстерни институции од кои Банката користи финансиски средства за рефинансирње или постои таква можност.

Дирекцијата ќе продолжи со активностите за анализа на финансиските услови за рефинансирање и нивното влијание врз активата и пасивата на Банката од аспект на цената, ОДП и ликвидносните индикатори.

И во 2013 година стратешкиот фокус на Одделот е да ја максимизира профитабилноста преку применување на оптимална комбинација на рочната и валутната структура на средствата и обврските, водејќи сметка за исполнување на интерните и екстерните ликвидносни показатели. Квалитетот на управување со ликвидносниот ризик подразбира идентификација, следење и контрола на овој ризик, што значи обезбедување ликвидност во нормални и стресни услови на работа без да се предизвикаат сериозни последици во работењето на Банката. Во рамки на Дирекцијата за средства и ликвидност, Одделот за работа со хартии од вредност, во насока на реализација на планот за деловната 2013 година, ги планира следните активности:

− Привлекување на нови клиенти преку развиената мрежа на експозитури низ целата земја,

− Зголемен обем на трансакции и поголем приход од провизии земајќи ги во предвид напорите на Владата на РМ за за живување на Берзата.

− Дополнителни приходи во 2013 година може да се очекуваат од активноста - дејствување како покровител при котација. Имено, Владата на РМ најави намалување на критериумите за котирање на Македонска Берза и задолжително котирање на дополнителни 500 компании.

Квантификација на очекуваните остварувања на Дирекцијата за средства и

ликвидност по квартали за деловната 2013 година се презентирани во прегледот кој следи:

000МКД дек.12 мар.13 јун.13 сеп.13 дек.13

Парични средства и парични еквиваленти 1.221.470 1.092.034 1.220.276 1.225.217 1.254.838Вложувања во хартии од вредност и средства за тргување 1.019.308 1.132.948 1.159.521 1.189.584 1.162.192Кредити и побарувања од банки 0 0 0 0 0

Актива на Дирекција за Средства и ликвидност 2.240.777 2.224.983 2.379.797 2.414.801 2.417.030

Депозити на Банки 29.173 28.575 28.559 29.048 29.444Депозити на фин. институции 356.766 359.210 352.746 359.178 359.334Обврски за кредити 600.821 574.897 585.106 624.266 640.523

Депозити на Сектор за Средства и ликвидност 986.759 962.683 966.412 1.012.492 1.029.301

Page 22: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

22

5.4.4 ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ НА ПРОИЗВОДИ

Маркетинг активностите на ТТК Банка во 2013 година ќе се насочат кон:

1) Цели

I. Зголемување на продажбата и профитот преку:

• Зголемување и подобрување на постоечкото портфолио со нови производи и унапредување на постоечките.

• Зголемување на уделот на пазарот. • Одржување на постоечка клиентска база и развој на истата, преку

привлекување на нови корисници.

II. Зголемување на довербата во Банката • Градење на долготрајни врски со постоечките клиенти преку зголемување

на задоволството и лојалноста на клиентите.

III. Надградба на маркетиншки и продажни вештини на вработените во Банката

IV. Зајакнување на позитивниот имиџ на ТТК Банка преку:

• Навремена, точна и транспарентна комуникација на сите новитети преку соодветни маркетинг канали и ПР активности.

• Спроведување на промотивни акции за подобрување на продажбата. • Спроведување на стратегијата на општествено одговорна компанија, со цел

да го одржи имиџот на истакнат филантроп за што се доказ и бројните награди и признанија во изминатиот период.

2) Целни групи

• Бизнис заедница - деловна / професионална јавност (Сопственици на МСП, донесувачи на одлуки во ГП)

• Поширока јавност (Физички лица, Медиуми) • Внатрешна јавност – Вработени

Целните групи се со следниве демографски карактеристики: - Примарна целна група (двигатели на прилив) - жени и мажи, 25-55, жители

на урбани средини со средни до високи приходи и едукација, вработени во јавен/приватен сектор, самовработени професионалци (доктори, правници, стоматолози итн), сопственици на компании кои се извозно ориентирани.

- Секундарна целна група (двигатели на развој) – старост 18-25 и над 50 години, со отворени погледи и аспирации.

- Поширока целна група - сите 18+, рурални, семејни бизниси, сезонски вработени, семејства со малолетни деца, млади.

Page 23: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

23

3) Истражување и анализа на Пазарот

Следењето на трендовите на пазарот како и потребите на корисниците на банкарски услуги и посветеноста кон задоволување на потребите, води кон раст на учеството на пазарот, продажбата и профитот.

Во 2013 ТТК Банка ќе продолжи со дневно следење на конкуренцијата, вршење на benchmarking анализи, анализи на продажбата.

Битен елемент за анализа ќе биде и квалитативно истражување на карактеристиките на корисниците и идентификација на потребите со цел податоците да се искористат при дефинирање и подобрување на услугата на Банката. 4) Развој на Нови Производи

Во текот на 2013 година во фокус ќе биде и развојот на нови производи, како и модификација на постоечките со цел да се обезбеди реализација на поставените цели. Дирекцијата за маркетинг и развој на производи ќе врши анализа на користењето на постоечките производи, согласно резултатите од истражувањата за анализа на пазарот, анализа на корисничките потреби и врз база на одредени параметри ќе го развива и модифицира продуктното портфолио.

Во рамки на овие активности се планира: • Развој на понудата на кредитни производи за правни лица преку:

o Фокус кон понуда на производи од кредитните линии достапни преку МБПР и евентуално други странски кредитни линии.

o Промотивни акции преку понуда на производите со поповолни надоместоци.

• Подобрување на понудата на кредитни производи за физички лица преку: o Понуда на фиксна каматна стапка на ненаменски потрошувачки кредити,

хипотекарни и станбени кредити. o Зголемување на рок на отплата кај хипотекарните и станбени кредити, во

согласност со пазарните услови. o Понуда на промотивни кредитни производи со атрактивни и конкурентни

услови (намалени надоместоци) во контролиран временски период, за различни сегменти на корисници, особено за корисниците кои ја примаат својата плата во ТТК Банка.

• Проширување на понудата на депозитни производи за физички лица преку развој на следните производи:

o Депозити со можност за отворени уплати. o Отворен депозит со можност за флексибилно разорочување. o Пакет за детско штедење преку развој на диференциран производ за

детско штедење со атрактивни каматни стапки, со можност за остварување на бонус камата за секоја дополнителна година на одлежување на орочените средства.

o Депозит со прогресивни каматни стапки во рамки на периодот на орочување.

o Промотивен депозит со конкурентна и атрактивна каматна стапка.

• Развој на услуги во делот на платните промети, обработка и администрирање на производите

Page 24: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

24

o Развој на трајни налози за вршење на плаќања од трансакциски сметки и преку електронското банкарство (проширување на мрежата за плаќање на телефонски услуги, режиски трошоци преку склучување на Договори со мобилни оператори, снабдувачи со ел. енегија и топлинска енергија преку шалтерите на ТТК банка).

o Развој на пакети за примателите на плата/пензија преку диференцирање на цените во платниот промет по сегменти на корисници, диференцирање на каматните стапки на средствата на трансакциската сметка како и каматната стапка на дозволените пречекорувања.

o Овозможување на купопродажба на девизи на девизен пазар за физички лица.

o Континуирани анализи и насоченост кон селективно зголемување на постоечки надоместоци.

• Развој на алтернативни канали на дистрибуција на банкарските производи и

услуги o Развој на услуги достапни преку електронско банкарство за физички

лица: o Можност за плаќање на нарачани производи и услуги од интернет

сајтовите за електронска трговија преку трансакциска сметка. o Отворање на депозитни производи преку интернет банка. o Реализирање на купопродажби на девизи за денари . o Аплицирање за кредити преку е-банкарство. o Надополнување на pre paid сметки за мобилни и фиксни телефонски

услуги.

• Развој на електронски сервиси за информирање o Подобрување и проширување на услугите достапни преку СМС каналот

кој сега функционира во една насока банка-корисник, преку развој на двонасочна комуникација, односно доставување на различни информации на барање на крајните корисници.

Се планира и поедноставување на процедурите и документацијата со цел

производите и услугите да бидат кориснички ориентирани и да овозможуваат задоволување на потребите. 5) Развој на дистрибутивни канали

Активностите поврзани со дистрибутивните канали опфаќаат подобрување на постоечките и обезбедување на нови канали преку кои ќе бидат достапни производите на Банката.

• Соработка со нови дистрибутивни канали и проширување на мрежата на соработници (автосалони, ординации, универзитети, агенции и слично кои ќе бидат канали за продажба и контакти со нови корисници).

• Користење на веб страната на Банката како поддршка на каналите и комуникацијата.

• Развој на партнер програмата.

Page 25: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

25

6) Маркетинг комуникација Комуникациски цели на Банката за 2013 година се директно поврзани со

целите - зголемување на довербата во Банката и свесноста за предностите на производите и услугите што ги нуди со цел создавање интерес за Банката и пораст на продажбата. Комуникациските активности на Банката ќе се реализираат согласно маркетинг целите и расположивиот буџет.

Целокупната комуникација ќе придонесе во одржувањето и подобрувањето на имиџот преку потенцирање на посветеноста на Банката во градењето на довербата на корисниците и пружање на висококвалитетна и навремена услуга.

• Надворешна комуникација (Рекламирање и Односи со јавност) Во соработка со останатите организациони делови во Банката, согласно плановите

за развој на нови производи, ТТК Банка со проактивен, таргетиран и сегментиран маркетинг ќе реализира присуство во различни типови на медиуми преку обезбедување на најниски можни цени за медумски закуп за тв, принт, радио, надворешно и интернет претставување.

Поизразен ќе биде директниот маркетинг – комуникација на пакетите производи директно на корисниците, телефонски и во писмени информатори (пошта, е-маил) како и преку организирање на директни средби и презентации. Активности за продукција и ажурирање на рекламни и репрезентативни материјали, организирање на нивна дистрибуција до филијалите, експозитурите и други дистрибутивни канали.

Активности за обезбедување на позитивни и бројни објави во медиумите преку континуирана соработка со претставници од медиумите.

• Внатрешна комуникација Запознавањето на вработените со сите новини во работењето на Банката, правила

на комуницирање, подобрување на маркетиншките и продажните способности преку организирани тренинзи, совети, е-маил како и преку директна комуникација со вработените со што ќе се постигне поглема ефикасност во работењето. 7) Грижа на клиентите (Customer Care)

Во рамки на одделот за Маркетинг се вршат и активности од областа на грижа на корисници. Во соработка со деловната мрежа ќе се обезбеди подобрување на процесот преку навремена комуникација со корисниците кои имаат поплаки за работењето. 8) Корпоративна и општествена одговорност (CSR)

Како основен дел од економијата, ТТК Банка во своето работење се грижи и делува за добробитот на општеството во кое работи, и тоа на начин кој е високо видлив.

Page 26: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

26

5.4.5 ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ НА СЕКТОРОТ ЗА СТРАТЕШКО БАНКАРСТВО

Во 2013 година Банката ќе продолжи да води прудентна политика при управувањето со ризиците и континуирано ќе презема мерки и активности за унапредување на воспоставениот систем за управување со ризици со цел обезбедување негова подобра функционалност и сеопфатност, како и создавање основа за остварување на деловните цели.

Имајќи го во предвид сé поголемото значење што го има управувањето со пооделните ризици во остварувањето на стратешките цели на Банката, во наредниот период ќе бидат спроведени следните активности:

• Ревидирање на Методологијата за класификација на кредитната изложеност и

пресметка на исправка на вредност/ посебна резерва согласно најавените измени во Одлуката за управување со кредитен ризик;

• Воспоставување на сеопфатен процес за утврдување на интерниот капитал на Банката согласно дополнувањата во Одлуката за управување со ризици;

• Континуирано следење на квалитетот на кредитната изложеност и дефинирање предлог мерки за подобрување на истиот;

• Развивање на култура и свесност за значењето на оперативните ризици за работењето на Банката и воспоставување на системска апликација за побрза и поефикасна евиденција на настанатите ризици и штетни настани;

• Организирање на обуки за известувачите за оперативни ризици со цел интензивирање на процесот на прибирање на податоци за штетни настани и подобрување на квалитетот на истите;

• Воспоставување нови и унапредување на постојните интерни извештаи кои ќе придонесат за ефикасно следење на пооделните видови ризици;

• Следење и имплементација на актуелните трендови и законските и позаконските новини во доменот на управувањето со ризиците;

• Спроведување на анализи на елементите вклучени во пресметка на стапката на адекватност на капитал. Преку ефикасно спроведување на фазите од процесот на управување со

ризиците т.е. преку соодветно идентификување, мерење/оценка, следење, контрола и известување за изложеноста на пооделните ризици, Банката ќе ги остварува поставените деловни цели истовремено водејќи сметка за одржување на прифатливо ниво на ризик.

Банката ќе спроведува стрес-тест анализи со цел однапред да го согледа влијанието на секој поединечен ризик, како и нивното меѓусебно влијание врз сопствените средства и крајниот финансиски резултат. Врз основа на добиените резултати Банката ќе ги утврди ризиците кои може да имаат најголеми последици врз нејзиното работење и ќе презема навремени мерки со цел да се минимизираат можностите за евентуални загуби.

Дирекцијата за контролинг и стратешко планирање во 2013 година ќе продолжи да го одржува и унапредува воспоставениот систем на известувања спрема органите на Банката, преку кој се овозможува адекватност следење на финансиската состојба и резултаите од работењето. Дирекцијата и понатаму ќе продолжи со детално следење

Page 27: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

27

на остварените резултати од работењето на Банката и давање конкретни предлози и инструкции во насока на остварување на планираните задачи на Банката. Во наредната 2013 година ќе се насочи кон унапредување на системот на мерење на профитабилноста на Банката и нејзините организациони делови и поставување контролни механизми за одржување и зголемување на профитабилноста на Банката. Во согласност со овластувањата кои ги има во рамките на лимитите за одлучување, Дирекцијата за Кредитна анализа во 2013 година ќе продолжи континуирано да работи на финансиската анализа на бараните кредитни изложености во постојан контакт и соработка со Филијалите, ќе врши подготовка на потребната документација за седниците на Kредитен одбор, ќе настојува да го одржи достигнатото ниво и да го унапреди квалитетот на методологиите за обработка на барања за кредитни производи преку имплементација на новини во процесот на кредитно одлучување со цел да придонесе во подобрувањето на квалитетот на кредитно портфолио на Банката и намалување на ризичните пласмани. Дирекцијата за сметководство во деловната 2013 година ќе го продолжи работењето согласно сметковниот план и методологијата за евидентирање и вреднување на сметководствените ставки за подготовка на финансиските извештаи, согласно меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ) и во координација со другите дирекции ќе придонесе за подобрувањето на работењето на Банката.

5.4.6 ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ НА СЕКТОРОТ ЗА ИТ И ПОЗАДИНСКИ ОБРАБОТКИ Инвестициона и IT стратегија за 2013 година ТТК БАНКА планира инвестициите во материјални и нематеријални средства за 2013 година да бидат како што се дадени во прегледот што следува:

Тип на инвестиции Вкупно1 ТРАНСПОРТНИ СРЕДСТВА 600

Rebrending 2.250Нови експозитури (мебел,клима уреди,светлечки реклами) 1.150Компјутерска опрема, лап топови принтери,скенери, факс машини 2.553Надградба на сервери 610Надградба на Storage и виртуелна околина 2.000Компјутери за замена 936Мрежни компоненти 300Time delay каси 648Бројачи на пари 900

2 МЕБЕЛ И КАНЦЕЛАРИСКА ОПРЕМА 11.347Аларми и видео надзор 370Циско рутер за нови локации 260ПП Ормари и каси 270

3 ОСТАНАТА ОПРЕМА 900Обнова на светлечки реклами 500

4 ДРУГИ СТАВКИ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ И ОПРЕМАТА 500Нови експозитури и дислокација на постоечки(градежни работи) 1750

5 ВЛОЖУВАЊА ВО НЕДВИЖНОСТИ И ОПРЕМА ЗЕМЕНИ ПОД ЗАКУП 1.750Документ менаџмент 3.000Direct debit-project of National Payment Systems - MIPS 600Развој на софтвер заради законска регулатива 3.727Миграција на домаин 2012, проширување на опсегот за развој на нови производи 1.147Адекватност на капитал ( рата за 2013 ) 1.500

6 СОФТВЕР 9.974

Вкупни инвестиции 25.071

Page 28: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

28

ТТК Банка во 2013 година ќе продолжи со понатамошно развивање и усовршување на информатичката технологија на Банката и за таа цел ќе бидат прeземени следните активности:

• Донесување на планови и приоритети за употреба на информатичката технологија за остварување на визијата и мисијата на Банката.

• Воведување на нови технолошки трендови во банкарското работење и доближување на информациите за можностите што ги нуди ИТ до менаџерите од сите нивоа, со цел нивна успешна примена во работењето на Банката.

• Исполнување на барањата поставени како законски регулативи за банкарско работење од страна на регулаторните органи во државата.

• Надградба на хардверската и софтверската инфраструктура со навремена техничка поддршка со цел обезбедување конзистентна околина во која менаџментот, вработените и комитентите ќе имаат адекватен и брз пристап до информациите неопходни за задоволување на своите потреби.

Планирањето и развојот на информатичката технологија ќе биде под силно влијание на глобалните технолошки тредови и тоа:

Постојаната и сеприсутна web-технологија - која се повеќе ќе обезбедува

пристап од било кое место на интернет до широк опсег на суштински банкарски информации. Клиентите во наредниот период ќе го подигнат нивото на очекувања од Банката и ќе бараат just-in-time високо квалитетни експертски информации.

Поедноставени и брзи услуги, достапни од далечина - брзите мрежи, далечинскиот пристап и безжичното поврзување ќе го обезбедуваат бараниот пристап.

Зголемена употреба на лесни портабилни уреди – мобилни телефони, таблети, лаптопи - се повеќе луѓето ќе одбираат преносливи, мали и безжични уреди за нивните потреби за пристап до потребните информации.

24-часовена достапност на услугите - корисниците ќе очекуваат услугите и поддршката да бидат 24 часа, седум дена во неделата.

Електронска комерција. Заострена конкуренција во понудата и извршувањето на одредени

банкарски активности од страна на небанкарски и нефинансиски институции. Законски решенија Во 2013 година се планира имплементација на следните законските измени кои

ќе стапат на сила или пак се во најава: - измени за најмалиот износ на заокружување на паричните средства, - директно дебитирање (Direct debit) воведување на меѓународните стандарди во

домашниот платен систем за директно задолжување, согласно SEPA препораките. Хардверска и мрежна инфраструктура Во 2013 година се планира зголемување на проточната моќ на линиите за

податочен пренос до истурените локации на Банката. Во делот на хардвер, се планира проширувањето на капацитетот на податочниот дисковен простор во централната систем сала и набавка на помал сервер за алтернативната локација.

Page 29: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

29

Во 2013 година, планираме надградба на ебанк решението на Банката со следниве можности :

- Воведување повеќејазичност (англиски и албански). - Воведување можност за орочување/разорочување на депозити од физички лица. - Автоматизирано одобрување на дозволено пречекорување за физички лица кои ги исполнуваат условите. - Надополнување на pre-paid сметки на корисници на мобилна телефонија - Воведување можности за плаќања на трговци на интернет директно од трансакциска сметка за корисниците на електронското банкарство

Прифаќањето и имплементирањето на најразличните услуги и производи во

согласност со Финансискиот план(Буџетот) на Банката, ќе се изведува со поддршка од менаџментот и од сите организациони единици во Банката опфатени со услугата.

 

5.4.7 ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ ОД ОДДЕЛОТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Стратегијата за човечки ресурси за 2013 година и понатаму е фокусирана кон зголемување на продуктивноста на вработените и подобрување на услугата кон клиентите, а со цел задржување на конкурентноста на пазарот. Фокусот на работа на Одделот оваа година е директно насочен кон искористување на вкупниот потенцијал на вработените и раководството во тренинг, обука, доусовршување, како и во мотивација и наградување, а преку основните активности:

1. Усовршување, доусовршување и едукација на банкарските службеници 2. Планирање (регрутација и селекција) на човечките ресурси 3. Наградување и мерење на резултатите 4. Унапредување на внатрешната организација на работата

1. Усовршување, доусовршување и едукација на банкарските службеници

Во 2013 година се планирани интензивни стручни, технички и континуирани наменски обуки, како и обуки за организациски и менаџерски вештини наменети за вработените од сите организациони единици. Оваа година со поголема инвестиција во обуки за вработените се утврди сеопфатна програма која директно ќе влијае кон остварување на предвидените таргети во престојната година. Тренинг планот и Финансискиот план за 2013 година се изработени согласно инпутите на сите организациони единици за потребите во претстојната година.

Најголемиот дел од техничките обуки и стручните усовршувања се наменети за вработените од Секторот за Информатичка технологија и позадински обработки. Секторот Комерцијално банкарство во својата редовна програма опфаќаат интерни обуки наменети за сите вработени додека развојот на вештините на вработените е планиран со користење на надворешни обучувачи. За овој сектор се издвоени 50% од Финансискиот план за стручни оспособувања и усовршувања. Останатите организациони единици се застапени во Финансискиот план со 25% од вкупните трошоци. За овие најголем дел се планирани посети на семинари, конференции и настани за стручно усовршување. Овие претставуваат поголема инвестиција во

Page 30: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

30

вработените и обврзуваат на лојалност кон Банката со што се обезбедува директно влијание во задржување на вработените на работното место.

Како и во 2012 година во тренинг планот ќе се стават во функција и интерните Тренери како внатрешни специјалисти во областа (ТТК – Тренер и ТТК – Професионалец), кои во изминатите години беа идентификувани од страна на Раководните лица на организационите единици и Одделот за човечки ресурси и организација.

Со цел достапност на сите обуки и материјали, Одделот во 2013 година ќе продолжи со полнење на електронската библиотека и ќе ја дополнува со стручна литература, со збирка на материјали од обуки, конференции, презентации и електронски книги.

Дополнително, како и секоја година, Одделот за човечки ресурси и организација предвидува организирање на две годишни средби со вработените, како и општествено корисни активности во соработка со Дирекцијата за маркетинг и развој на производи со цел подигнување на тимскиот дух на вработените, продлабочување на соработката и подобрување на меѓучовечките односи.

2. Планирање (регрутација и селекција) на човечките ресурси Во текот на 2013 година, како и во изминатите години клучна задача на Банката

е грижата за оптималниот број на вработени, рационално поставување и ангажирање на вработените.

Како резултат на следење на конкуренцијата, а воедно и имплементирање на политиката за задржување на клучни вработени, Банката, трошоците за бруто плати во 2013 година ги планира на ниво на просечните плати во дејноста.

За регрутација и селекција на небанкарски службеници, ТТК Банка во 2013 година има издвоено средства за консултантски услуги и услуги од Агенции за привремени вработувања

3. Наградување и мерење на резултатите Постоечкиот систем на наградување ќе се развива во насока за подобро да ги

задоволи пазарните стандарди и да ги мотивира вработените, односно да има јасна диференцијација на квалитетот на работа.

Во 2013 година Одделот, ќе се стреми кон унапредување на системот за следење на извршувањата, со мерливи параметри кој е директно поврзан со платата, варијабилниот дел од платата и можноста за унапредување. Унапредувањето на извршувањето на задачите на вработените во текот на годината е предвидено преку спроведување на истражувања и проекти за евалуација на работата, задоволството како и мислењето на вработените со цел постигнување на предвидените резултати во доменот на човечките ресурси.

Дополнително во 2013 година ке се развиваат: - Постојната шема за годишен бонус која ќе биде интегрален дел од системот за

управување со извршувањата и прераспределба во согласност со остварените резултати на ниво на Банката;

- Стимулативни и санкциони мерки за вработените кои се опфатени со постоечките правилници за работа и интерни политики на Одделот за човечки ресурси како: Процедурата за ред и дисциплина и Санкции согласно законските одредби.

Page 31: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

31

4. Унапредување на внатрешната организација на работата Во 2012 година Одделот за човечки ресурси ги превзема и активноситте од

областа на организација која опфаќа грижа за внатрешните процеси и активнсоти од сите органзиациони единици односно координација на донесувањето на сите акти на ниво на банка. Во наредната година ќе се работи на унапредувањето на активностите на Одделот преку спроведување на поединечни проекти за подобрување на внатрешната орагнизација на Банката.

Дополнително ќе се продолжи со истражувањата за задоволството како и мислењето на вработените со цел постигнување на предвидените резултати во доменот на човечките ресурси.

Во насока на имплементирање на концептот на модерен Банкар во 2013 година е и планот за обезбедување на униформи за вработените во деловната мрежа и за останатите вработени кои работат со клиенти.

5.4.8 ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ ОД СЕКТОРОТ ЗА ПРАВНИ РАБОТИ И ПРОБЛЕМАТИЧНИ ПЛАСМАНИ

Во рамките на утврдените процедури за работа и врз основа на претходно

дефинираните насоки на дејствување, Секторот за правни работи и проблематични пласмани во 2013 година ќе презема активности за подобрување на продуктивноста во извршувањето на работните обврски. Секторот за правни работи во 2013 година ќе презема активности се со цел зголемување на процентот на наплата на побарувањата по сите основи, редовни активности кои се однесуваат на воспоставување на заложни права на движен и недвижен имот како обезбедување на побарувања, водење на судски спорови во кои Банката се јавува како тужител или тужена страна, активно учество во изготвување и правно усогласување на интерните акти на Банката, договори, спогодби како и управување со преземен имот од страна на Банката заради наплата на своите побарувања.

Потребата од подобрување на наплатата кај тужените побарувања е еден од

основните приоритети утврдени во предвидените активности на Одделот за правни работи за текот на 2013 година.

За таа цел се преземаат следните активности: • Зголемување на соработката со надворешни соработници/адвокати. • Зголемена активност во контактите и посета на извршители со следење

на нивното работење. • Унапредување на техничките можности и системски решенија за

евидентирање и следење на тужените предмети.

Во однос на останатите активности кои произлегуваат од редовните работни обврски, Одделот за правни работи ќе продолжи со исполнување на мерките и приоритетите за 2013 година кои се во насока на ажурно и квалитетно водење на судските спорови во кои Банката се јавува како тужител или како тужена страна, воспоставување на заложни права на движен и недвижен имот како обезбедување на побарувања како и активно учество во изготвување и правно усогласување на интерните акти на Банката. Одделот за правни работи ќе вложи дополнителни напори во зголемувањето на ефикасноста на наплатата на побарувањата, пред се на

Page 32: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

32

поведените постапки пред надлежни извршители како и соработката со ангажираните адвокати со преземање на сите законски предвидени активности со цел наламување на бројот на активирани предмети и зголемување на процентот на наплата.

Со цел поефикасно и ажурно следење на законската регулатива, континуираните измени и дополнување на законските прописи, како и понатамашно надградување на усовршување на вработените во Одделот се планира посета на стручни семинари, советувања и предавања.

Целта на Одделот за лоши пласмани и преземени средства во 2013 е подобрување на ефикасноста во наплатата на проблематичните пласмани и подобрување на продажбата на преземените средства.

Во насока на подобрување на наплатата на проблематичните пласмани ќе се пристапи кон:

• Администрирање на ненаплатени побарувања и регулирање на наплата на тужени и отпишани побарувања.

• Реструктуирање на побарувањата на клиенти кои западнале во финансиски тешкотии.

• Реорганизација на Call Center во делот на редефинирање на портфолиото што се работи во рамките на Одделот како и портфолиото што го работи надворешната агенција за наплата на долгови.

• Подобрување на техничките можности и системски решенија за следење на побарувањата и наплатата.

Согласно новодонесените процедури за наплата на побарувања од физички и

правни лица продолжува непоходната соработка и комуникација со останатите организациони единици на Банката директно инволвирани во процесот на наплата. Ваквиот начин на соработка претставува солидна основа за реализирање на поголеми резултати и зголемување на процентот на наплата преку добра организациона поставеност, делегирани надлежности и посветеност на сите нивоа во процесот на наплата.

За подобрување на продажбата на преземени средства се предвидува активен

пристап за зголемување на продажба на преземениот имот преку: • Зголемена маркетиншка активност преку МАС медиумите и агенции за

посредување при продажба на недвижности. • Лични контакти и непосредни спогодби. • Дополнителни активности за регулирање на имотно правниот статус и

владение на преземените средства. Доколку бидат исполнети целите и плановите на Одделот би требало да се

оствари значително намалување на портфолиото на превземени средства, како и на проблематичните пласмани на Банката, што само по себе ќе влијае на зголемување на профитабилноста на Банката.

Page 33: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Финансиски план (Буџет) за 2013 година

33

5.5 КЛУЧНИ ФИНАНСИСКИ ИНДИКАТОРИ

Реализацијата на планираните активности и финансиски цели, се одразува на клучните финансиски индикатори кои за деловната 2013 година се планира да изнесуваат:

ПРОФИТАБИЛНОСТ дек.13

Стапка на поврат на просечна актива ROAA 0,7%Стапка на поврат на просечни сопствени средства ROAE 5,0%Коеф. Оперативни трошоци/ Оперативни Приходи 81,0%

КВАЛИТЕТ НА АКТИВА

Нето кредити/ Вкупна Актива 58,5%Резервација за кредити/ Бруто кредити 10,6%Основни средства/ Сопствени средства 20,2%Преземени средства/ Актива 4,2%

АДЕКВАТНОСТ НА КАПИТАЛ

Сопствени средства/ Ризично Пондерирана Актива 16,5%Ливериџ (Вкупна Актива/ Капитал) 7,0

ЛИКВИДНОСТ

Ликвидна актива/ Вкупна Актива 30,0%Бруто кредити на Клиенти/ Депозити на Клиенти 86,4%

ПРОДУКТИВНОСТ

Актива/ Вкупно вработени (илј ден) 26.518

ФИНАНСИСКИ ПОКАЗАТЕЛИ

НАДЗОРЕН ОДБОР

Page 34: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Биланс на состојба дек.12 јан.13 фев.13 мар.13 апр.13 мај.13 јун.13 јул.13 авг.13 сеп.13 окт.13 ное.13 дек.13Пораст во

2013

Парични средства и парични еквиваленти 1.221.470 1.135.340 1.124.537 1.092.034 1.052.107 1.031.681 1.220.276 1.198.671 1.193.932 1.225.217 1.179.415 1.142.634 1.254.838 2,7%Вложувања во хартии од вредност и средства за тргување 1.019.308 1.080.538 1.124.186 1.132.948 1.137.079 1.143.415 1.159.521 1.166.167 1.173.958 1.189.584 1.198.230 1.209.992 1.162.192 14,0%Кредити и побарувања од банки 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0,0%

Кредити и побарувања од ГК 1.200.898 1.145.801 1.167.025 1.215.537 1.237.524 1.258.029 1.217.995 1.220.939 1.227.930 1.256.760 1.279.418 1.314.801 1.305.885 8,7%Кредити и побарувања од МСП 1.833.217 1.818.296 1.806.039 1.868.928 1.884.739 1.918.550 1.934.361 1.948.607 1.952.019 1.965.172 1.975.658 1.987.714 1.999.149 9,1%Кредити и побарувања од домаќинства 1.334.426 1.323.817 1.304.047 1.336.341 1.339.835 1.344.024 1.347.993 1.352.452 1.357.441 1.363.730 1.369.270 1.374.759 1.378.698 3,3%Бруто кредити на клиенти 4.368.541 4.287.914 4.277.111 4.420.806 4.462.098 4.520.603 4.500.349 4.521.998 4.537.390 4.585.663 4.624.346 4.677.274 4.683.732 7,2%Исправка на вредност (кредити на клиенти) -479.895 -486.291 -488.333 -487.818 -490.223 -492.789 -485.909 -489.122 -496.169 -496.789 -496.806 -495.675 -494.895 3,1%

Нето кредити на клиенти 3.888.647 3.801.623 3.788.778 3.932.988 3.971.875 4.027.814 4.014.440 4.032.876 4.041.222 4.088.874 4.127.540 4.181.599 4.188.838 7,7%Превземени средства 422.661 406.738 420.076 417.986 417.986 418.169 355.277 345.724 341.175 328.861 331.021 331.755 302.962 -28,3%Основни средства 278.632 276.452 287.360 286.812 287.146 285.980 186.238 187.201 190.109 190.077 190.485 189.743 189.941 -31,8%Останата актива 44.022 50.834 54.989 58.255 62.235 53.498 62.156 70.789 77.948 73.504 56.844 55.569 60.996 38,6%ВКУПНА АКТИВА 6.874.739 6.751.523 6.799.926 6.921.023 6.928.428 6.960.556 6.997.908 7.001.429 7.018.344 7.096.117 7.083.535 7.111.292 7.159.767 4,1%

Депозити на Банки 29.173 28.701 29.022 28.575 28.408 29.216 28.559 29.047 28.119 29.048 29.117 28.231 29.444 0,9%Депозити на финансиски институции 356.766 358.018 369.124 359.210 362.535 354.481 352.746 353.291 354.774 359.178 353.373 354.872 359.334 0,7%Депозити на ГК 239.279 229.258 226.590 240.483 247.666 254.543 261.017 267.491 273.965 276.809 286.913 293.390 299.867 25,3%Депозити на МСП 924.076 851.048 862.698 939.197 927.008 944.623 948.370 942.713 937.746 949.698 946.797 948.717 950.776 2,9%Депозити на домаќинства 3.693.199 3.712.376 3.723.132 3.731.477 3.740.905 3.750.784 3.756.612 3.762.490 3.770.569 3.782.697 3.793.125 3.803.004 3.811.382 3,2%

Депозити на коминтенти 5.213.320 5.150.700 5.181.544 5.270.366 5.278.114 5.304.430 5.318.745 5.325.985 5.337.053 5.368.381 5.380.207 5.399.982 5.421.358 4,0%Депозити Вкупно 5.242.493 5.179.401 5.210.566 5.298.942 5.306.522 5.333.646 5.347.304 5.355.031 5.365.172 5.397.429 5.409.324 5.428.214 5.450.803 4,0%Обврски за кредити 600.821 561.395 564.098 574.897 572.723 573.906 585.106 582.723 583.664 624.266 593.068 594.332 620.523 3,3%

Посебна резерва и резервирања 6.966 5.100 4.947 6.930 7.023 7.152 7.223 7.316 7.380 7.313 7.485 7.536 7.739 11,1%Обврски за данок на добивка 0 768 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0,0%

Останати обврски 55.442 50.530 52.131 64.649 82.488 81.465 61.003 55.880 57.534 59.357 61.447 64.273 62.801 13,3%Вкупно обврски 5.905.721 5.797.194 5.831.742 5.945.418 5.968.756 5.996.169 6.000.636 6.000.949 6.013.750 6.088.366 6.071.324 6.094.355 6.141.866 4,0%

Основачки капитал 907.888 907.888 907.888 907.888 907.888 907.888 907.888 907.888 907.888 907.888 907.888 907.888 907.888 0,0%Резервен фонд 19.947 19.947 19.947 19.947 26.124 26.124 26.124 26.124 26.124 26.124 26.124 26.124 26.124 31,0%Ревалоризациони резерви 0 0 0 3.392 3.392 5.072 11.232 12.002 12.362 12.782 13.727 16.352 16.352 0,0%Задржана добивка/(Акумулирани загуби) 0 41.183 41.183 41.183 17.504 17.504 17.504 17.504 17.504 17.504 17.504 17.504 17.504 0,0%Акумулирана добивка/загуба за периодот 41.183 -14.689 -834 3.196 4.765 7.799 34.524 36.962 40.715 43.454 46.968 49.069 50.033 21,5%

Капитал 969.018 954.330 968.184 975.605 959.672 964.387 997.271 1.000.480 1.004.594 1.007.752 1.012.211 1.016.938 1.017.901 5,0%ВКУПНА ПАСИВА 6.874.739 6.751.523 6.799.926 6.921.023 6.928.428 6.960.556 6.997.908 7.001.429 7.018.343 7.096.117 7.083.535 7.111.292 7.159.767 4,1%

check * 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0Вонбилансна актива 630.149 646.322 624.063 641.625 651.604 671.281 672.722 682.310 681.973 667.620 684.943 684.049 693.970

0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0КОЕФИЦИЕНТИЛиквидна актива/Вкупна актива 28,8% 28,9% 29,2% 28,0% 27,4% 27,1% 30,0% 29,9% 29,9% 30,2% 29,7% 29,2% 30,0%Основни средства/Сопствени средства 31,0% 31,3% 32,0% 31,8% 31,0% 30,8% 19,9% 20,0% 20,3% 20,3% 20,3% 20,2% 20,2%Сопствени средства/РПА 16,1% 16,5% 16,8% 16,3% 16,4% 16,3% 16,9% 16,9% 16,8% 16,7% 16,6% 16,5% 16,5%Превземени средства/Вкупна Актива 6,1% 6,0% 6,2% 6,0% 6,0% 6,0% 5,1% 4,9% 4,9% 4,6% 4,7% 4,7% 4,2%

Page 35: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Биланс на успех дек.12 јан.13 фев.13 мар.13 апр.13 мај.13 јун.13 јул.13 авг.13 сеп.13 окт.13 ное.13 дек.13Пораст во

2013

Приходи од камати 425.306 35.318 67.217 102.798 138.358 174.391 210.147 246.168 282.228 318.584 356.519 394.114 431.439 1,4%Трошоци од камати -183.148 -14.681 -27.640 -42.027 -56.444 -70.829 -84.923 -98.809 -112.569 -126.291 -139.962 -153.423 -166.772 -8,9%Исправка на вредноста на приходот од камата, на нето-основа 27.096 1.660 13.582 15.782 17.982 20.182 22.882 25.582 28.082 30.282 33.282 36.282 39.582 46,1%

НЕТО ПРИХОДИ ОД КАМАТИ 269.254 22.298 53.159 76.554 99.896 123.744 148.106 172.941 197.741 222.575 249.839 276.972 304.248 13,0%Приходи од провизија 134.864 10.354 21.365 32.707 44.074 55.601 67.178 78.755 90.532 102.329 114.888 128.195 141.752 5,1%Трошоци за провизија -20.664 -1.588 -3.036 -4.617 -6.217 -7.817 -9.417 -11.117 -12.847 -14.447 -16.097 -17.747 -19.355 -6,3%

НЕТО ПРИХОДИ ОД ПРОВИЗИИ 114.200 8.765 18.329 28.090 37.857 47.784 57.761 67.638 77.685 87.882 98.790 110.447 122.397 7,2%

НЕТО ПРИХОДИ ОД КУРСНИ РАЗЛИКИ 11.570 673 1.689 3.013 4.212 5.424 6.552 7.673 8.604 9.542 10.538 11.638 12.686 9,6%

НЕТО-ПРИХОДИ ОД ТРГУВАЊЕ ОД СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ ЗА ТРГУВАЊЕ -205 760 669 450 550 770 658 536 496 520 250 340 670 -426,1%

ОСТАНАТИ ПРИХОДИ ОД ДЕЈНОСТА 27.930 1.932 3.191 2.313 2.768 4.343 33.755 35.388 38.630 39.381 39.831 40.281 47.731 70,9%

ОПЕРАТИВЕН ПРИХОД 422.748 34.428 77.036 110.419 145.283 182.065 246.831 284.175 323.155 359.900 399.249 439.679 487.733 15,4%

Трошоци за плати -128.701 -11.242 -22.052 -33.036 -44.020 -55.004 -66.028 -77.052 -88.076 -99.160 -110.244 -121.328 -132.412 2,9%Надомести за вработените врз основа на колективни договори -1.879 -77 -115 -1.020 -1.340 -1.690 -2.070 -2.720 -3.100 -3.450 -3.770 -4.120 -4.530 141,1%

ТРОШОЦИ ЗА ВРАБОТЕНИ -130.580 -11.320 -22.166 -34.056 -45.360 -56.694 -68.098 -79.772 -91.176 -102.610 -114.014 -125.448 -136.942 4,9%ТРОШОЦИ ЗА НАДОМЕСТИ ЗА УЧЕСТВО ВО ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ НА БАНКАТА -2.135 -222 -373 -558 -782 -934 -1.086 -1.310 -1.462 -1.644 -1.868 -2.020 -2.244 5,1%ТРОШОЦИ ЗА АМОРТИЗАЦИЈА -33.174 -2.319 -4.635 -6.942 -9.279 -11.596 -13.727 -15.858 -18.009 -20.140 -22.291 -24.422 -26.553 -20,0%МАТЕРИЈАЛНИ, ОСТАНАТИ И АДМИНИСТРАТИВНИ ТРОШОЦИ -170.262 -12.606 -26.025 -41.601 -58.649 -73.324 -89.382 -104.555 -119.755 -136.689 -153.076 -172.702 -195.749 15,0%КАПИТАЛНА ЗАГУБА И ЗАГУБА ПОРАДИ ОШТЕТУВАЊЕ НА ПРЕЗЕМЕНИ СРЕДСТВА -7.915 -15.703 -15.703 -16.088 -16.088 -16.088 -16.088 -16.088 -16.088 -23.264 -23.264 -23.264 -33.515 323,4%

ОПЕРАТИВНИ ТРОШОЦИ -344.067 -42.170 -68.902 -99.245 -130.158 -158.635 -188.381 -217.583 -246.489 -284.347 -314.513 -347.856 -395.003 14,8%

78.682 -7.741 8.134 11.174 15.125 23.429 58.450 66.592 76.665 75.554 84.736 91.823 92.730 17,9%

Исправка на вредноста (Загуби поради оштетување) -35.781 -6.947 -8.968 -7.979 -10.360 -15.630 -23.927 -29.630 -35.950 -32.100 -37.768 -42.754 -40.797 14,0%

Данок од добивка -1.717 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 -1.900 10,6%

41.183 -14.689 -834 3.196 4.765 7.799 34.524 36.962 40.715 43.454 46.968 49.069 50.033 21,5%

НЕТО ОПЕРАТИВЕН ПРИХОД

ДОБИВКА ПО ОДАНОЧУВАЊЕ

Page 36: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

ОПЕРАТИВНИ ТРОШОЦИ дек.12 јан.13 фев.13 мар.13 апр.13 мај.13 јун.13 јул.13 авг.13 сеп.13 окт.13 ное.13 дек.13

Трошоци за плати -128.701 -11.242 -22.052 -33.036 -44.020 -55.004 -66.028 -77.052 -88.076 -99.160 -110.244 -121.328 -132.412Користи при пензионирањето 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0

Надомести за вработените врз основа на колективни договори -1.075 -738 -794 -1.700 -2.020 -2.370 -2.750 -3.400 -3.780 -4.130 -4.450 -4.800 -5.210Останати трошоци за технолошки вишок -804 660 680 680 680 680 680 680 680 680 680 680 680ТРОШОЦИ ЗА ВРАБОТЕНИ -130.580 -11.320 -22.166 -34.056 -45.360 -56.694 -68.098 -79.772 -91.176 -102.610 -114.014 -125.448 -136.942

ТРОШОЦИ ЗА НАДОМЕСТИ ЗА УЧЕСТВО ВО ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ НА БАНКАТА -2.135 -222 -373 -558 -782 -934 -1.086 -1.310 -1.462 -1.644 -1.868 -2.020 -2.244

ТРОШОЦИ ЗА АМОРТИЗАЦИЈА -33.174 -2.319 -4.635 -6.942 -9.279 -11.596 -13.727 -15.858 -18.009 -20.140 -22.291 -24.422 -26.553

Премии за осигурување на депозити -26.150 -2.155 -4.323 -6.480 -8.680 -10.880 -13.080 -15.430 -17.780 -20.330 -23.030 -25.580 -28.130Премии за осигурување на имотот и на вработените -3.105 -269 -538 -819 -1.092 -1.365 -1.638 -1.911 -2.184 -2.457 -2.730 -3.003 -3.276Материјали и услуги -76.010 -6.872 -14.152 -22.020 -28.460 -34.976 -41.051 -47.331 -53.326 -60.061 -66.776 -73.897 -82.826Административни и трошоци за маркетинг -8.415 -144 -355 -1.883 -3.592 -5.739 -6.824 -7.389 -8.001 -8.680 -9.387 -10.044 -11.708Останати даноци и придонеси -4.533 -59 -545 -643 -1.364 -1.550 -1.586 -1.632 -1.668 -2.039 -2.085 -2.126 -2.187Трошоци за кирии -33.782 -2.834 -5.637 -8.293 -11.139 -13.985 -16.831 -19.713 -22.595 -25.477 -28.359 -31.241 -34.283Трошоци за судски спорови -11.969 -222 -305 -906 -1.099 -1.390 -4.362 -6.574 -8.966 -11.826 -14.480 -20.022 -26.004Останати трошоци -6.297 -50 -169 -557 -3.223 -3.439 -4.011 -4.575 -5.235 -5.819 -6.230 -6.790 -7.335

МАТЕРИЈАЛНИ, ОСТАНАТИ И АДМИНИСТРАТИВНИ ТРОШОЦИ -170.262 -12.606 -26.025 -41.601 -58.649 -73.324 -89.382 -104.555 -119.755 -136.689 -153.076 -172.702 -195.749

КАПИТАЛНА ЗАГУБА (ВКЛ. ПРОЦЕНКА НА 036) -7.915 -15.703 -15.703 -16.088 -16.088 -16.088 -16.088 -16.088 -16.088 -23.264 -23.264 -23.264 -33.515

ОПЕРАТИВНИ ТРОШОЦИ ВКУПНО: -344.067 -42.170 -68.902 -99.245 -130.158 -158.635 -188.381 -217.583 -246.489 -284.347 -314.513 -347.856 -395.003

Page 37: Финансиски план Буџет на ТТК БАНКА АД … plan (budget...и сеуште отежнатиот пристап кон пазарите на голем

Тип на инвестиции јан.13 фев.13 мар.13 апр.13 мај.13 јун.13 јул.13 авг.13 сеп.13 окт.13 ное.13 дек.13

1 ТРАНСПОРТНИ СРЕДСТВА 600 600 600 600 600 600Rebrending 450 450 900 900 1.350 1.350 1.800 1.800 2.250Нови експозитури (мебел,клима уреди,светлечки реклами) 59 79 550 550 550 550 1.150 1.150 1.150 1.150 1.150 1.150Компјутерска опрема, лап топови принтери,скенери, факс машини 108 353 573 793 1.013 1.233 1.453 1.673 1.893 2.113 2.333 2.553Надградба на сервери 610 610 610 610 610 610Надградба на Storage и виртуелна околина 1000 1.000 2000 2.000 2.000Компјутери за замена 44 96 176 256 336 416 496 576 656 736 816 936Мрежни компоненти 300 300 300 300Time delay каси 54 108 162 216 270 324 378 432 486 540 594 648Бројачи на пари 90 180 270 360 450 540 630 720 810 900

2 МЕБЕЛ И КАНЦЕЛАРИСКА ОПРЕМА 265 636 1.551 2.445 2.889 3.783 5.437 7.331 8.075 9.969 10.413 11.347Аларми и видео надзор 9 98 80 80 80 80 160 160 370 370 370 370Циско рутер за нови локации 130 130 130 130 260 260 260 260 260 260ПП Ормари и каси 135 135 135 135 270 270 270 270 270 270

3 ОСТАНАТА ОПРЕМА 9 98 345 345 345 345 690 690 900 900 900 900Обнова на светлечки реклами 100 200 300 400 500 500 500 500

4 ДРУГИ СТАВКИ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ И ОПРЕМАТА 0 0 0 0 100 200 300 400 500 500 500 500Нови експозитури и дислокација на постоечки(градежни работи) 350 350 700 1.050 1.400 1.400 1.400 1.400 1.400 1.750

5 ВЛОЖУВАЊА ВО НЕДВИЖНОСТИ И ОПРЕМА ЗЕМЕНИ ПОД ЗАКУП 0 0 350 350 700 1.050 1.400 1.400 1.400 1.400 1.400 1.750Документ менаџмент 3.000 3.000 3.000 3.000 3.000Direct debit-project of National Payment Systems - MIPS 600 600 600Развој на софтвер заради законска регулатива 727 727 727 727 727 1.727 1.727 1.727 2.727 2.727 2.727 3.727Миграција на домаин 2012, проширување на опсегот за развој на нови производи 247 247 247 247 247 247 247 247 247 1.147 1.147Адекватност на капитал ( рата за 2013 ) 1.500 1.500 1.500 1.500 1.500 1.500 1.500 1.500 1.500

6 СОФТВЕР 727 974 974 2.474 2.474 3.474 3.474 6.474 7.474 8.074 8.974 9.974

Вкупни инвестиции 1.001 1.708 3.220 5.614 6.508 8.852 11.901 16.895 18.949 21.443 22.787 25.071

кумулативно