36
Jagoda Mihajlovska-Georgieva INDIGO BOMBAJ

Indigo Bombaj

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Indigo Bombaj

Jagoda Mihajlovska-Georgieva

INDIGO BOMBAJ

Page 2: Indigo Bombaj

I Z D A V A ^ K I C E N T A R T R Iul. Wego{eva 29A, 1000 Skopje, Makedonijatel./faks: +389 2 3077 587e-mail: [email protected]

Glaven urednik Vinka Sazdova

Art direktor Aleksandar Sazdov

Site prava se zadr`ani. Nitu eden del od ova izdanie ne smee da bide prepe­~a tuvan, kopiran ili objavuvan vo koja bilo forma ili na koj bilo na~in vo elek tronskite ili pe~ateni te mediumi, bez pismena soglasnost od avtorot i od izdava~ot.

Page 3: Indigo Bombaj

Jagoda Mihajlovska-Georgieva

INDIGO BOMBAJ

Vtoro izdanie

Page 4: Indigo Bombaj
Page 5: Indigo Bombaj

Книгава им ја посветувам со љубов:

на сестра ми Ана која ме водеше низ неа, осветлувајќи ми го патот;

на маж ми Владо кој преку себе, и во приватниот живот, и низ неговата хируршка дејност, ненаметливо ги размножува највисоките човечки вредности: добрата мисла и чистата душа, љубовта, сомилоста и предаденоста на другите. Благодарение на него е напишан романот „Индиго Бомбај“;

на Тино З. и Мејреме А., на Ристо Ш., на Насер Б. и на сите Гаруди и Ангели од целиот свет.

Page 6: Indigo Bombaj

Бескрајна благодарност што беа со мене додека пишував, до:

самата себе,сите мои сакани,нашата спокојна, семејна куќа во Маврово, другарка ми Винка, издавачот на „Индиго Бомбај“, мојот ментор Мајсторот.

Page 7: Indigo Bombaj

Do ~itatelite

†Indigo Bombaj# e zapis za nekoi nastani od proletta, 1994 godina, vo gradot Bombaj (sega Mumbai), Indija. Junacite i nivnite sudbini se vistiniti... Duri i onie {to izgledaat deka ne se, i tie se. Svedok sum.

Zapisot, pak, {to, eve, ~etirinaeset godini podocna se stori kniga, svedo~i deka nekoi ne{ta, ako ne i site, vo na{ite ̀ ivoti se slu~uvaat mnogu porano otkolku {to nam ni se ~ini. No, i deka se protegaat otposle, mnogu podaleku od {to mo`eme da nasetime. Taka, tamu kade {to romanot †Indigo Bombaj# zavr{uva, zapo~nuva da se razdipluva negovoto prodol`enie, ne pomalku vistinito, v~udoviduva~ko, dramati~no, trogatelno i voshituva~ko istovremeno. Premostuvaj}i gi vremenskite i prostornite granici, od toga{na Indija vtasuva do dene{na Makedonija. Taa nova kniga s¢ u{te ne e napi{ana. Zasega e samo u{te eden `iv dokaz deka ni{to ne e slu~ajno i deka postojat zagado~ni, vozbudlivi ni{ki {to pri~inski-posledi~no gi povr-zuvaat nastanite i lu|eto. Bez ogled koi se, kade i kako ̀ iveat, se poznavaat, ili ne, i dali voop{to nekoga{ }e go prepoznaat toa {to sudbinski gi ima spoeno.

Jagoda Mihajlovska-Georgieva

Page 8: Indigo Bombaj

8

Page 9: Indigo Bombaj

ПРВ ДЕЛ

Page 10: Indigo Bombaj

10

Page 11: Indigo Bombaj

11

СРЕДБИ

Погледни кон небото, можеби ќе здогледаш некоја ѕвезда... Кон небото!? Па, овде ни небо нема, а не пак... Но, спијам ли!?, си го размрда телото. Во спиењето и болката прилегала на сон... Кој го кажа тоа? Кој сака нека е, се покри преку глава, што сака нека си зборува, јас спијам и сонувам. Ни се троши времето... ни се троши времето... Кој ден сме денес? Времето ни се троши... А, колку е часот?.. Колку е!?

Нагло ги отвори очите. Каква кошмарна ноќ!, се стресе, чудни соништа! И сите како вистински!, се обиде да се сети макар на по нешто, но... Повторно замижа, напрегајќи се да се врати назад, во сонуваното. ¥ се стори дека, еве, £ успева, таму е, гледа, но, ви­деното £ се измолкна. Остана по некоја опашка од вознемиреност, не објаснив страв што го почувствува како свој сопствен, отсечоци од загадочни слики... Слушна и смеа, и нејасни гласови потонати во магливи шумови, без да може да им ги препознае сопствениците. Са мо силуети, недоволно осветлени, со безоблични сенки наместо ли ца, бргу­бргу £ претрчаа низ свеста, исчезнувајќи низ таинствени пре мини. Некаква голема птица запавта со белите крилја, па ја сне­ма, а на нејзиното место се појави црномурно момченце. И тоа со крилја? Не. Со темни, крупни очи и дупчиња на образите кога ќе се насмееше. И него го снема. Едни сандали танцуваа, лебдејќи во пра зен простор индиго боја. Тие исто така исчезнаа... Сè доаѓаше и си заминуваше, освен што нечиј кус дијалог се задржа подолго... Пла чеш? Ми студи.

Навистина ноќва многу ми студеше, се вовлече подлабоко во постелата, да не сум го оставила клима уредот на пониска тем пе­ратура? Но,.. станував ли да го проверам, или и тоа сум го сонувала? Да, станав еднаш, бев испотена, а ми студеше. Студот ли ме разбуди, или нешто друго? Што друго?, ја полазија морници.

Page 12: Indigo Bombaj

12

Се подисправи на зглавјето и пред да погледне во часовникот, му го виде лицето на денот што широко се раздиплуваше пред неа. Намерата по ништо да не се разликува од претходните дни, веќе му ја осуетуваше... Кој!? Ненадејно £ се врати парченце откинато од сонуваното, чудесно, бело дрво пееше, ширејќи божествен мирис и сјајна светлина. Златножолта. Дрво!?, сè ми се испомешало, си рече, не пееше дрвото, тоа само процуте во еден единствен миг, опсипувајќи се со раскошни, мирисни цветови, а гласот... Ги протри слепоочниците да £ се доразбистри умот. Каков глас!?

Си спомна на гласот што се провлекуваше низ сите нејзини соништа, цела ноќ. Дури не си ни спомна, повторно јасно го слушна. Сè уште беше тука, во неа, надвор од неа, насекаде, небаре преминал и во јавето. Што ми кажува?, си го запре здивот подобро да го чуе. Не, немаше зборови. Го немаше ни тој што пееше. Што имаше!? Песни, маѓосно привлечни како оној, опојниот мирис на дрвото. Гласот си постоеше сам за себе. Само пееше, тукутака? Не, не беше обично пеење... Тој ли ме будеше!?

Однатре, од длабочината на нејзиното битие, ја повлече некаков многу силен повик да се придружи некому... Кому? Зошто? Каде? Енергично се ослободи од шушкавата прекривка, речиси срипа од креветот, и брзо­брзо ги раскрили тешките, кадифени, модри завеси, прилепувајќи го лицето врз херметички затворените прозорски стакла. Цел еден свет од збиени облици, од бои пренагласени ка­ко врисоци, и од движења ­ надреално хаотични, £ се втурна во погледот. Не можеше да ги слушне звуците, ниту пак, да ги по­чув ствува надворешните мириси, но сеедно, на едноличното зуење на клима уредот во нејзината соба не му успеа како другпат да ја одржи илузијата на спокојна тишина затворена меѓу четирите ѕида. Оти некој од зад грб ненадејно £ свика, не бидува да се бега, имаш долг! Се стаписа. Умот £ смрзна. Не стаса ни да се сврти, а веќе мислите £ ги расече... Се плашиш? Не. Тогаш, зошто ти го слушам... А, нема да боли!? И ова го сонував ноќва, уморно помина со дланки преку очите. Си го чу тупотењето на сопственото срце, £ биеше во градите како секој миг да ќе изрипа надвор. Студени браздички пот £ се лизгаа од вратот кон рамената. Разбуди се веќе еднаш!, налутено си рече, помина ноќта, утро е!

И оној повик од пред малку, од најдлабокото во неа, £ наложи да му се приклучи на животот надвор, од другата страна, без

Page 13: Indigo Bombaj

13

одложување, веднаш!, принудувајќи ја побрзо од кога било дотогаш да се подготви за излегување. Трескавично го отвори плакарот, извлекувајќи ги здолништето и блузата што £ се најдоа при рака и само што ги обле че, ја стигна прашањето, а каде сум тргнала? Не е важно, воз будено одмавна со раката, тргнувам!

Пред очи £ се појавија нејзините осамени, претпладневни без­делничења низ недобројните простории на хотелскиот комплекс, низ продавниците, по рестораните и баровите, во салоните за ра­зу бавување, капењето во малите езерца, пиењето овошни коктели по терасите... Сè исто, секогаш сè истото!, ја погоди бран од не­го дување. Преку нив се растегнаа и долгите часови поминати во читање. Бесконечна низа од книги, страници и туѓи приказни за туѓи животи, одвреме навреме прекинувани со мрзливи дремки во лежалките поставени под длабоки сенки. Па, ручекот сервиран во климатизирана сала, зашто во меѓувреме надвор жегата ста­нала несносна... Доста, доволно е!, свика на глас... И најпосле, едноличното, премногу одолговлечено попладне кога квечерината никако да се спушти, нејзините пријатели да се вратат од работа, за конечно, по вечерата, заедно со нив да излезе од тој затворен град, наречен хотел.

Но, ајде, ајде, побрзај, излези веќе!, си ги забрза уште повеќе движењата, прескокни ги барем денес сите твои... сè ти е поз­нато... Одеднаш, нејзиното вообичаено секојдневие во хотелот, £ се стори безмерно здодевно, па дури и... Одбивно!? Можеби не одбивно, но задушливо, да. Прв пат се почувствува дека е... Какво е ова чувство!?, се праша, додека со остри потези ја расчешлуваше долгата коса. Ох!, вдиша и длабоко издиша, се чувствувам затворена. И уште? И, уште, омлитавена, недоволно жива!, повлече посилно со четката. Ме има умртвено сиот овој луксуз, како порано тоа не сум го забележала?, прекорно се погледна во огледалото. А, зошто токму сега?

Внатрешниот повик, настојчив и гласен веќе до врисок, речиси ја истурка од собата, ја поттурна прудолу со големи прескоци по скалилата, па лево, со трчање низ долгиот ходник кон пространиот хо телски хол, уште само неколку брзи чекори и... И се најде шумно за дишана пред огромната влезна врата од непробојно стакло, пос­ледната брана што ја издвојуваше од надворешниот свет.

Page 14: Indigo Bombaj

14

Една многу темна дланка беше побрза од нејзината. Му при па­ѓаше на портирот со висок црвен турбан, со густа, отмено обли­кувана, црна брада, во бели чакшири и модар мундир. Елегантно посегна кон вратата за да ја отвори за неа, длабоко £ се поклони, се истави настрана и со другата £ даде знак да помине. Дали притоа изненадено и со прекор ја погледна, вчудовиден од нејзината намера да се одметне од светот на сигурноста, или само така мигум £ се пристори, воопшто не втаса да просуди. Оти, ја погоди мешавина од силен светлосен, звучен и топлотен удар во пределот меѓу градите, таму каде што е срцето, зашеметувајќи ја. На кратко ги затвори очите во обид да се одбрани од ненадејниот напад, се затетерави и слушна:

­ Госпоѓо, дали ви е добро? Дури отпосле го забележа портирот од надворешната страна на

вратата, ист таков како оној од внатрешната, исто облечен, со иста брада, и со ист, веќе беше сигурна во тоа, вчудовиден, прекорен поглед упатен кон неа.

­ Сосема добро, благодарам ­ му се насмеа, полека соземајќи се.

­ За која дестинација да ви повикам такси? ­ се поклони, под­готвен да го употреби малото свирче обесено на синџирче околу вратот со кое ги повикуваше возилата паркирани во долга низа пред хотелот.

­ Нема потреба, ќе прошетам пеш ­ направи широк лак со раката, покажувајќи сосема неопределена насока.

Тој ги ококори крупните очи со многу црни зеници сред белките пренагласено сјајни, не ни обидувајќи се да ја прикрие гримасата на бескрајна зачуденост што му го изобличи темното лице.

­ Простете, ­ се осмели, најдлабоко поклонувајќи се во знак на из винување, ­ простете госпоѓо, ­ повтори, ­ но, вие сте во Бомбај. Ин дија! ­ нагласи. ­ Никој не ве познава овде, ­ покажа со рака кон улич ниот метеж. ­ Не познавате никого. Освен нас во хотелов, ­ уб­ла жи, ­ должен сум да ве предупредам дека не е упатно сама да се движите низ градов, особено не тука, во овој крај многу оддалечен од центарот, сиромашен, знаете, има секакви луѓе. Секојдневно при стигаат наутро во Бомбај, барајќи работа, а навечер, по неколку милиони луѓе од внатрешноста на Индија го напуштаат градов.

Page 15: Indigo Bombaj

15

Неколку милиони, госпоѓо! ­ стави нагласка на милионите, ­ глад­ни, неписмени, болни, ви велам, секакви! Меѓу нив и крадци, на­сил ници, што сè нема во толпата надвор, ­ доверливо £ дошепна, пов торно раширувајќи ги очите. ­ А, тоа, за една таква дама како вас, тоа не е баш... ­ ги поткрена рамениците и запре да најде уште некој збор за да ја разубеди, но таа весело, речиси детски нестрпливо, го пре кина:

­ Нема да одам далеку, ­ милно го погледна и му спушти неколку рупии* напојница во дланката.

­ Па, сепак, ­ се обиде тој повторно, ­ претпоставувам дека ви се познати препораките на нашиов угледен хотел до ценетите гости, ние сме должни да се грижиме за нивната безбедност...

И додаде уште нешто што веројатно се однесуваше на правилата за однесување на странците во градот, но веќе не го слушаше. Ја беше подзела густата возбудливост на уличната мешаница што неодоливо ја привлекуваше и таа, со само еден единствен чекор стана дел од неа. Му се предаде на тој огромен, жив, топол и гласен, пулсирачки организам без отпор. Не, дури не ни без отпор, му се предаде со страст на нуркач во големи длабочини, маѓепсан од повикот на непознатата возбуда. Нурна во вжештената, влажна и леплива, мирислива длабочина на бомбајскиот ден, што се отвори пред неа како капија кон еден поинаков свет, каковшто дотогаш никогаш не беше спознала.

Зовриениот вртлог на толпата ја вшмука во истиот миг. Набрзо почувствува дека веќе не си го препознава сопственото тело. Дали тоа беа нејзините раце и нозе, рамења и колкови, или нечии други, £ се стори дека е сосема сеедно. Се плашиш?, одвреме навреме ќе го чуеше она тревожно прашање, потоа и одговорот, не, не се плашам... Сон беше, ќе си ја стивнеше вознемиреноста, и продолжуваше да се движи низ заедничкиот уличен транс. Во телесните, горчливо­киселкасти мириси на луѓето, во тешката смрдеа на измет од до­машните животни, но и во опојните, слаткасти, парфемски навеви од некои цветни дрвја во градините, скриени за очите на минувачите, или во мистичните, издолжени облачиња од запалени мирисливи стапчиња во тремовите на куќарките и дуќанчињата.

* Индиски пари.

Page 16: Indigo Bombaj

16

* * *Каде што одеа сите, таму одеше и таа. Не одеше, беше носена!

Застани, прибери се, знаеш ли кај си?, во неколку наврати нејзиниот ум се обиде да £ се одметне на хипнотизирачката колективна зашеметеност. Биди присебна, барем запамети некој агол, фасада, прозорец, макар натпис на дуќанче!, си задаваше залудни задачи, зарем не сфаќаш дека се губиш? Ќе пребараше со поглед да не слу чајно наиде на табла со испишано име на улица, или број на ку ќа, но попусто. Не успеа да уочи ништо што би £ послужило ка­ко знак за ориентирање, ниту пак, да се задржи во сеќавањето. Сè бе ше толку шарено, дречливо обоено, пренагласено обликувано, па уште и прегласно и непојмливо густо настегано еднододруго и едноврздруго, што и беше невозможно да направи каква било раз­лика помеѓу веќе виденото и она кое тукушто го здогледува.

Ја загуби свеста, и за простор, и за време. Само се надеваше дека е сè уште блиску до нејзиниот хотел, и дека од скоро е излезена. Врелите испарувања £ беа префрлиле магловита завеса преку очите, па сите облици ги гледаше разлеани, одметнати од своите јасни кон тури. Имаше необично чувство дека и самата почнува да се рас твора во прегреаната влажност, а тоа £ се виде истовремено и опас но и привлечно. Една налудничава мисла заводливо ја обзеде, да ме снема, и јас да се разлеам!, си помисли, но една друга, од најдалечната периферија на нејзиниот ум, ја предупреди, простете госпоѓо, авторитетно £ се обрати, но вие сте во Бомбај, Индија, ни кој не ве познава овде... Нагло се созеде, ах, тој смешно загрижен пор­тир од хотелот!, ги препозна неговите зборови во сопственото сеќа­вање... И не познавате никого, додаде на глас, подбивно имитирајќи го. Па, што дека никој не ме познава и никого не познавам?, се препраша како да му пркоси на портирот. Возбудливо е!, ми се допаѓа, продолжи, без да води сметка, всушност, без воопшто да е свесна, дали гласно си зборува самата со себе, или само си за­мислува дека разговара со хотелскиот службеник.

Внатрешниот дијалог £ го прекина нечија голема дланка што теш ко £ се спушти врз левото рамо. Друга помала, понежна, ја пов­лече за работ од здолништето од десно. Се најде сопната, речиси приклештена меѓу висок, мошне груб маж со подрасната брада, и црномурно девојченце со крупни очи и густа, неуредна коса.

Page 17: Indigo Bombaj

17

Обајцата истовремено ја опсипаа со неразбирливи зборови, секој влечејќи ја на своја страна. Се сврте кон него, па кон неа, повторно кон него, пак кон неа... така неколку пати.

­ Што сакате од мене? ­ ненадејно изгуби трпение. ­ Воопшто не ве разбирам! ­ дури им свика.

­ Хашиш, хашиш, хашиш... ­ суво и рапаво прошепоти мажот и £ ја подаде полуотворената дланка, притоа наведнувајќи се толку блиску до нејзиното уво што му го почувствува лутиот здив од устата.

­ Јасмин, јасмин, јасмин!.. ­ певливо му се придружи девојчето, пот турајќи £ под нос цветни венчиња со копнежливо сладникав, ин тен зивен мирис, нанижани сè до лакотот на нејзиното ковчесто ра че.

­ Ни хашиш, ни јасмин, ништо не ми треба, ­ нервозно и пре­гласно се насмеа, обидувајќи се да се ослободи од нападната двојка со енергично движење на телото.

­ Хашиш... јасмин... хашиш... јасмин... ­ продолжуваа без престан да £ ја нудат својата стока, туркајќи ја ту лево, ту десно, и само што се обѕрна со намера да побара нечија помош, исчезнаа во толпата.

­ Ох, какви насилни продавачи! ­ воздивна и се стресе.Но, не втаса ни да се соземе, а веќе уличниот бран повторно

ја подзеде, повлекувајќи ја некаде кон... Истисната од толпата, не­баре се беше проврела низ тајновит процеп, одненадеж се најде на широко. Беше тоа пазар пред кој, сета задишана, нагло запре. Отстоја некое време за да се потсмири, си ја поднамести косата, го подзатресе правот од здолништето и навлезе меѓу тезгите. Всуш­ност, тоа и не беа тезги какви што беше свикната да среќава по пазарите што дотогаш ги познаваше. Имаше дрвени конструкции во најнеобични форми, од грубо изделкани, до фино, рачно изрез­бани, украсени со завесички, божем кулиси за куклен театар. Поне­каде и само една штица поставена помеѓу два камена, мала кошара наместо тезга, парче ткаенина послана наземи, картонска кутија, или откината страничка од весник. Најчесто ни толку. Нечиј скут пред нечии боси крснозе во правот, па и помалку. Само две отворени дланки. Дланки наместо тезга.

­ Госпоѓо... госпоѓице... девојче... жено!!! ­ викаа по неа пазар­џиите. ­ Дојди овде... земи го ова... пробај... купи од мене... евтино е!!! ­ ја влечеа дури и за раце.

Page 18: Indigo Bombaj

18

Се почувствува нападната, како да е единствениот купувач на сиот тој пазар, а имаше толку многу луѓе наоколу. Но, сите гледаа во неа, сите само нејзе £ довикуваа, или така £ се чинеше? Нивните повици и нивните погледи, до болка силно ја удираа по телото. Се обиде да се одбрани со љубезно одмавнување со главата, со насмевка им се заблагодаруваше, со отсечно мавтање со рацете ги одбиваше. Понекогаш беше понежна. Понекогаш погруба. Одвреме навреме, дури и прегруба.

Тревожната заплашеност што е сама и незаштитена тајум се всели во неа, обессилувајќи ја. Темни сенки £ се растрчаа пред очи, затскривајќи £ го погледот. Сенки!?, се вознемири. Да, сенките од мојот сон, се сети на силуетите без лица, оние што се губеа низ некакви таинствени премини! Снагата £ омлитаве, дишењето £ стана испрекинато, а срцето фати забрзано да бие. Да излезам од пазаров што поскоро, си помисли, и да си одам одовде, се разврте на сите страни, но каде ли влегов? Таму?, пречекори, па застана, или отспротива?, ја смени насоката. Смири се!, си рече, што си се испаничила толку?, заборави на сонот, ова е само пазар, обичен пазар со обични луѓе. Штом има влез, има и излез.

Се потсмири и повторно тргна меѓу тезгите. Полека, намерно многу полека, сосема за да си ја стивне вознемиреноста. Ништо не купуваше, но сè допре, сè помириса. Имаше овошја и зеленчуци за кои не знаеше дека постојат, со бои и форми какви што ни сликар со најлуда фантазија не би умеел да наслика. Имаше семиња и мирудии, со мириси толку опојни од кои би можело да се заспие длабоко до неизвесно разбудување, толку длабоко, речиси до самиот раб на умирањето. Имаше и исто такви цвеќиња, опако занесни! И инсенс стапчиња, едни заврзани во снопчиња, а други запалени, со тенок, извиен, синкаво­белузлав чад, како од илустрациите во древните индиски епови. Но, имаше и...

­ Што се овие!? ­ застана како вкопана пред една од тезгите. Беше маѓепсана. Зашеметена од миризбите на пазарот. Заситена

од насетените, а непробани вкусови. Возбудена од формите, од боите, растревожена од гласовите, од сето тоа сосема излезена од себе самата. Нетука!

­ Што се овие? ­ повтори, ту погледнувајќи во тезгата, ту во младиот продавач во долга, дури до под колената, кошула од тем ­

Page 19: Indigo Bombaj

19

носина свила, бели, широки, свилени чакшири и елегантен, свет­лосин турбан.

Тој молчеше, насмевнато нишајќи со главата лево­десно.­ Не ме разбирате, нели? Попусто ви се обраќам, ­ ги рашири ра­

цете. ­ Никогаш не сум видела вакви интензивни бои... или, прав во бои. Што, всушност, продавате? ­ продолжи на глас да си зборува са мата со себе, восхитена од глетката.

Потоа се откажа од употребата на зборовите. Премина на гес­ти кулација. Со прашален поглед фати да ги покажува со прст дла­боките, дрвени чиничиња наредени еднододруго врз целата тезга.

­ Аааа! ­ плесна со дланките продавачот и почна да... Не беше тоа објаснување, туку беше необично, певливо рас­

кажување. Иако воопшто не го разбираше, £ се стори дека раскажува ска знолика приказна. Гласот му беше милозвучен, роморлив, рас­пеан. Повеќе ги пееше отколку што ги изговараше зборовите. Чу­десно пеење!, воздивна, не поместувајќи ги очите од неговите усни, обидувајќи се во нив да го препознае значењето на тоа што £ го кажува.

­ Но, за што служат вашиве... ? ­ не додржа. Ја прекина песната. Ја растури магијата. ­ Дали ова се сомлени мирудии? ­ се наведна за да помириса одблиску. Не мирисаа. ­ Или, можеби се бои за ткае нини? – потстана, сè уште непристојно нестрплива. ­ Да не се не какви опијати, афродизијаци, состојки за магиски обреди? ­ го допре со врвот на прстот виолетовото купче од најблиското дрвено чиниче. ­ Ооо, колку е нежно, како прав од свила! ­ прегласно из­вика, махинално лизнувајќи си го прстот.

­ Не, не! – со негодување заниша со главата младиот продавач и изговори уште нешто, што секако значеше дека не треба да ги допира, а можеби и дека правот не е за јадење, којзнае, дури и дека е отровен, или пак, особено скапоцен.

Жената се сепна, £ стана толку нелагодно што сета се вцрве и се обиде да најде зборови за извинување, но се сети дека тој нема да ја разбере, па само ги спои дланките пред градите како да моли за прошка, на што тој помирливо £ се насмевна и певливо ја праша:

­ За која боја сакате да ви раскажувам? ­ мина со лесно движење на дланката преку целата тезга. ­ Одберете ја вашата најомилена, ­ продорно £ се нурна во очите, со некое скриено значење во погледот, така £ се стори.

Page 20: Indigo Bombaj

20

Да, токму тоа £ го кажа, таа беше сигурна дека ја дофати суш­тината, иако не разбра ниту збор. Му возврати со насмевка, потоа сосема површно ги одмери боите, зашто веќе имаше решено.

­ Оваа, ­ нежно го потчукна со показалецот работ на чиничето што ја привлече со мистичната длабочина на индигото во прав.

Тој одобрувачки кимна со главата, си го поднамести свилениот турбан, се исправи, вдишувајќи длабоко, при што градите му се проширија од воздухот, а стомакот му се вовлече. За миг ги затвори очите и кога ги отвори, зборовите веќе беа тргнати да му протекуваат меѓу усните низ пеење. Имаше нешто во таа звучна приказна за индиго бојата, нешто што длабоко ја трогна. Веднаш, речиси уште со првите мелодични звуци, продре некаде многу длабоко во неа, допирајќи до... Што можеше да биде тоа до што допре? Што разбуди во неа!? Како што струната на древен, одамна заспан инструмент, поттикнат од ненадејното присуство на свирачот, го извлекува од себе својот веќе заборавен звук, така и таа, од некој свој најдлабок заборав извлече нејасен, темен копнеж, далечен... Непознат, а сепак нејзин.

Се обиде да го препознае, да се присети на неговата првобитна природа, од каде доаѓа, од кои недофатни бездни на нејзините се­ќавања, и зошто токму сега, но, се откажа. Оти тој што зборуваше како да пее, или пееше раскажувајќи, ја повлече во неговата мрежа од звуци и ја понесе на таинствено патување, низ магичните, модри слоеви на индиго бојата. Погледот £ потонуваше во нив додека неговиот глас се спушташе до најниските можни тонови што кога било ги имаше чуено. ¥ се стори ли дека £ се отвора капија кон некоја вонвременска, несфатливо огромна, индиска ноќ во која исчезнуваа нејзините очи и дека исчезнувањето £ предизвикува необјаснива тага, толку длабока колку што беше индиго бојата, и толку темна колку неговиот глас што пееше за неа?

Што има во твојот глас што вака ме растажува?, сакаше да го праша, и уште, дали £ раскажува за разделби, за сомилост кон раздвоените, за заборав, или само така £ се чини? Но, си го префрли погледот од чиничето со индиго врз неговото лице и одеднаш сфати дека е некој што би требало да го познава, Зошто не можам да се сетам?, му се внесе во лицето.

Имаше ковчести образи со високо поставени јаболкца, издолжен, закривен нос и енергично обликувана долна вилица, што му да­

Page 21: Indigo Bombaj

21

ва ше израз на ненаметлива решителност и цврстина. А, очите! Тем ни? Светли? Модри? Модрозеленикави? Или, пак, во сите тие нијанси истовремено, што се прелеваат една во друга? Која е нивната вистинска боја?, се колебаше. Но, тие очи, таа тоа веднаш го забележа, воопшто не одговараа на неговата возраст. Немаше по­веќе од триесет години, а очите му беа мудри како на долговечен ста рец. Но, не старечки угаснати, уморни, не, не, напротив! Мно­гу млади, сјајни, прозрачни, игриви, ама истовремено и толку спокојно длабоки, толку таинствено будни. Беа од оние за кои се закачуваат погледите на сите што ќе се најдат во нивниот видокруг, зашто привлекуваат со нешто... со нешто во нив... Со што!? Што!? Светлина!? Чистота!? Отвореност!? Длабочина!?

­ Дали некогаш сме се сретнале? ­ проговори таа само што стивна последниот звук, а заедно со него и последниот збор од ин­диго приказната. ­ Ми изгледате многу познато, не ве гледам прв пат, веќе сум сигурна, па сепак... А, вие мене ме познавате, или?.. Кажете ми, кој сте, таинствен продавачу, пејачу, што сте, всуш­ност!?

Најпосле се измори од сопствените препрашувања, се измори и од неговото спокојно одмолчување, па и самата молкна. Гледаше отсутно извесно време, ту во него, ту во дрвените чиничиња врз тезгата. И него да не сум го сонувала?, длабоко се замисли. Пак ли истиот кошмар од ноќеска? Не, сигурно не, се расколеба, неговиот глас можеби, песните... Незавршена, мислата одненадеж £ замина во некои темни предели. Не успеа да ја довтаса. Ги рашири рацете, поткревајќи ги рамениците.

Се предаде. ­ Веројатно си вообразувам. Жештинава ми го мати умот, ­ невешто, со полунасмевка си го прикри разочарувањето и за прв пат откако беше дојдена во Бомбај, зажали што не умее да проговори на ниеден од многубројните индиски јазици.

Продавачот изговори неколку певливи зборови, насмевнувајќи се, па, на истиот начин од пред малку, мина со движење на раката преку боите како да вели, но, повелете, одберете си нова.

­ Ах, да, нова приказна! ­ повеќе се сневесели, отколку што се израдува. ­ И нови прашања без одговори, ­ му префрли, божем само тој е виновен што не можат да се разберат. ­ А, вам, гледам, ви е сосема сеедно, ­ огорчено промрморе. ­ Добро, тогаш нека

Page 22: Indigo Bombaj

22

биде жолтата, ­ покажа со рака кон чиничето со... Е, никогаш не сум видела ваква, си помисли, и златножолта, и портокалова ис­то времено! Бојата на шафранот!, се досети. ­ За златниот шафран раскажете ми, ­ кимна потврдно.

­ Задржете го очите во жолтата! ­ така £ рече, однатре £ го кажа тоа, без да изговори ниту збор. ­ Бидете постојано во неа! Сега! Веднаш бидете! ­ безмалу £ нареди и длабоко вдиша подготвен да почне.

Како ли го слушнав кога тој ништо не изусти?, втренчено гледаше во неговите усни што не се беа ни мрднале, хипнотизер ли е? Да не му се препуштам премногу лековерно... Но, песната се разлеа и таа одеднаш, без опирање £ се подаде на жолтата, првин продирајќи со поглед во правот, а потоа речиси телесно, со целото тело, со целата себе. Бојата на златниот шафран беше таа што ја подзеде, или неговиот глас? Го слушаше како се извива, спирално кревајќи се сè погоре и погоре, носејќи ја со себе високо кон некои светлини што се распрснуваа во огромни кружни, виножитни форми, заедно со звуците на песната.

Се виде опсипана од златен прав од светлечки капки, жолти искри, опкружена со чиста, најчиста, од ништо и од никаде дој­дена, а сеприсутна, огромна радост! Сè славеше, сè танцуваше, сè се смееше, ѕвечкаше, ѕунеше, одѕвонуваше, сè се радуваше, сè блес каше. И самата заедно со сето тоа. Беше се сторила радост!

А, откако гласот почна да му стивнува и сјајот на светлината да гасне, а со нив сите облици и звуци нечујно да се пластат во нежна тишина, жената си го извлече погледот од чиничето со жолт прав и го засади во неговите позлатени очи.

­ Мислам дека знам, ­ го загледа, насетувајќи ги правилата на мистичната игра во која беше вовлечена. ­ Јас решавам во каква приказна ќе бидам. Само од мене зависи, од мојот избор, дали ќе се најдам во тага, во радост, или во... А, вие сте тој кој ме води. Продавате илузии, така ли е?

Кимна со главата и £ покажа кон чиничињата, очекувајќи да ја одбере следната боја.

Што сè не виде, таа жена, тој ден, на пазарот во Бомбај, крај тезгата на таинствениот продавач! Каде сè не отиде! Што сè не почувствува! А, откако уште само една боја остана неиспеана,

Page 23: Indigo Bombaj

23

ги затвори очите, ги спушти рацете крај телото, ја зафрли малку наназад главата и спокојно ја исчека последната приказна. Не му рече, пејте ми ја белата, не му ја покажа со прст, ниту со поглед. Само стивна, сосема стивна и длабоко се вслуша. Никаков звук. Ни облик. Ни случување. Ништо не допре до неа. Една недосеглива тишина се отвори, претворајќи се во бескрајно празно и фати да се проширува... да се проширува... да се проширува... Сè до што допре го претвори во празнина, замолкната и недофатна за мислата, па дури и самите нејзини мисли ги впи во себе, пребришувајќи ги една по една. Таа воопшто не се вознемири поради тоа исчезнување. Не се ни уплаши белата боја и неа да не ја одведе со себе, каде што беше наумила да појде. Не, напротив! Дури, потајум и посака така да се случи, за да види до каде може да се отпатува, а можеби и да се втаса до крајот на сите краеви за да се спознае што има потаму.

Но, додека празнината ги молчеше своите бели созвучја, одда­лечувајќи се сè повеќе и повеќе, до самиот раб на појмливото, последната мисла што ја дофати жената се престори во прашање, а, дали има враќање оттаму, од најдалечното?

Ги отвори очите. Ширум! Ги отвори толку широко небаре никогаш веќе не ќе ги затвори. Ни за спиење. Како трајно да се беше разбудила и како да ќе остане будна засекогаш, така £ се стори.

Колку е сè празно и тивко!, се исчуди, каде отидоа сите... пазарот, луѓето, тезгите... таинствениот продавач... Му ги здогледа очите. Само нив ги виде пред себе.

­ Многу беше големо, тоа, празното, ­ тивко изговори. ­ И да­лечно. Ако сте хипнотизер, илузионист, голем мајстор сте, ­ за­несено му се насмевна. ­ Me поведовте на магично патување.

Тој одвај забележливо кимна со главата. Потоа си ги спои палецот и најмалиот прст од десната дланка, па со показалецот го допре индиго правот, со средниот златножолтиот, а со домалиот белиот. На јаготките му останаа минијатурни, обоени траги. Ја испружи раката преку тезгата, со другата £ даде знак да пријде поблиску, па, нежно £ го притисна челото со врвовите на трите прста истовремено. Меѓу двете веѓи £ отпечати индиго точка, над неа шафран златна, а највисоко, речиси до коренот на косата, бела.

Нејзе не £ се стори чудно тоа што немаше што да го праша. Ни зошто ја обележа со тробоен знак, ни какво е значењето на сето

Page 24: Indigo Bombaj

24

тоа, ни на кој начин да се однесува кон нејзиниот белег, ни колку е траен, ништо. Ја поднаведна главата, си го спушти погледот и постоја така извесно време, во необична, блажена стивнатост.

Отпосле, или само што го крена погледот, сосема малку от­после, или многу подоцна, не можеше да процени кога, одеднаш сè се промени. Целиот пазар, со сета врева, со сите звуци, со сите мириси, сосе мешаницата и турканицата, сосе тезгите, продавачите и купувачите, сосе боите и формите наоколу, целиот тој пазар што сè дотогаш толку многу го немаше, како некаде да си беше заминал, во еден единствен миг се врати. Многу силно, дури жестоко го почувствува неговото враќање. Бучно е, си помисли, и мора да е премногу топло, ги забележа трагите од пот по сопствената облека, по рацете, по целото тело. Потоа го префрли вниманието кон тез­гата пред себе. ¥ се виде сосема поинаква од претходно. Ко бо­жем прв пат да ја гледа. Се збуни. Мина со поглед преку секое од чиничињата со бои и... Колку е часот?, праша. Не праша таа, нечиј друг глас во неа го постави прашањето. И пак, колку е часот, а, кој ден сме денес? Ми се троши времето, повторно истиот глас во неа. Одеднаш го изгуби интересот за боите, за продавачот, за сè наоколу. Видливо се растревожи.

­ Треба да си одам, ­ нестрпливо рече.Но, каде треба да одам? Каде јас, всушност, бев тргната? И зошто?

Ме повика ли некој? Кој? Кога?.. Нешто ја спречи да продолжи да се прашува, нагло £ ги блокира мислите, сеќавањата. Што беше тоа?, се напрегна да одгатне. Попусто. Патот до одговорите остана затворен. Ох!, ја затресе главата, обидувајќи се да си ги разбистри мислите. Што се случува со мене?

­ Најдобро е веднаш да заминам, ­ му се обрати на Таинствениот, враќајќи си ја присебноста.

Тој веќе се беше зафатил со некаква работа околу својата тезга, со некои ситни нешта вообичаени за пазарџиите, со ништо не покажувајќи дека ја слушнал, па дури ни дека го забележува нејзиното присуство.

­ Е, па, тогаш... ­ се поколеба дали само да му рече до видување, да му ја пружи раката за поздрав, или, можеби, само да се сврти и да си замине без збор.

Page 25: Indigo Bombaj

25

Всушност, си помисли, ние двајцата не се ни запознавме. Еден е од многутемина што продаваат на пазаров, а јас дури не му бев ни купувач, зошто толку се домислувам како да се збогувам со него?

­ Си одам јас! ­ изговори набрзина, изненадена што се почувствува навредена од неговата незаинтересираност.

Тој ја извлече главата од под тезгата кај што нешто редеше и прередуваше, сосема рамнодушно, кусо ја погледна и продолжи со работењето. А, твоите бои што пеат?, сакаше да го прекори, а далечните патувања со твојот глас?, а, бескрајното празно?, каде отиде сето тоа?, се почувствува како заведена, па напуштена љу­бов ница. Ах, сенешто, веднаш се созеде. Какви будалштини!, се прекори себеси наместо да го прекорува него, засрамена од соп­ственото чувство. Во што ли се заплеткав јас?, дури и си се налути себеси. Во евтините трикови на еден обичен пазарџија?

И таква, навредена, посрамена и лута, енергично му го сврте грбот и нему, и на неговата тезга со дрвените чиничиња, и на бои­те во нив, забрзувајќи го чекорот колку што £ дозволуваше тур­каницата на пазарот и пробивајќи се макотрпно меѓу тезгите и сиот тој џагорлив и раздвижен народ наоколу. Сета зазбивтана од брзањето и од топлината, застана да здивне дури откако беше си­гурна дека доволно се оддалечила.

Но, оној темен копнеж, длабок колку длабочината на индиго бојата, неочекувано се изнурна од негде, кај што стутулен демнеше во неа и таа повторно ја препозна тагата што тој ја носеше во себе. Во истиот миг лутината, навреденоста и засраменоста се повлекоа, небаре никогаш и не ги беше почувствувала.

А, да се вратам кај него?, зеде да се премислува. Не се ни раз­деливме како што треба. Сепак, заедно поминавме чудесни... Што беа тие, минути, часови, години, што!?, се двоумеше. Тој мај ­сторски, само за мене изведе цела претстава... Но, зарем беше прет­става? А, јас тукутака си заминав, речиси побегнав, си префрли. Ве ројатно очекуваше нешто за возврат, па, да, се сневесели, зошто не се сетив на заминување да му оставам некоја рупија? И оној копнежот, повторно ја обзеде, повикувајќи ја на повторна средба со Таинствениот. Ќе се вратам, ненадејно реши. Но, се разврте на сите страни, не се снаоѓам баш најдобро на пазаров, ќе го најдам ли патот до неговата тезга?

Page 26: Indigo Bombaj

26

Ух, воздивна, забришувајќи си ги испотените раце од здол ниш­тето, каков метеж, колку многу луѓе! Треба да бидам повнимателна, навистина секакви ги има овде. И се сети на предупредувањето на хотелскиот портир. Потоа се сети и на хотелот, и на себеси како излегува од него, и на улицата, и на уличниот бран што ја донесе до пазарот. Единствено не можеше да се сети како се случи да се впушти во таа авантура. Мигот кога реши да ја напушти својата соба £ се виде како избледен одглас од некое друго време, толку многу оддалечено од неа, што е неможно да го дофати со мисла. Не ми е јасно зошто го сторив тоа што никогаш до сега не сум го сторила, помина со дланката преку челото. Како ли одеднаш се осмелив со сема сама да се втурнам во овој град,..со каква цел? Ненадејна, многу остра болка во слепоочниците £ ја прекина потрагата по одговорите. Се појави и веднаш ја снема. Со неа исчезна и нејзината намера да го открие она што £ остана неразјаснето. Ја напушти како одненадеж сосема да ја беше заборавила.

Погледна угоре. Дали моите пријатели, се праша, би можеле да бидат веќе загрижени што ме нема? Небото беше усвитено бело, прекриено со копрена од врели испарувања и таму не го најде сончевиот круг, ама претпостави според јачината на светлината дека ноќта е сè уште далеку, па се успокои. Не, си рече, тие се вра­ќаат од работа дури квечерум, само ми се причинува дека многу одамна сум овде. Не се запраша колку е оддалечена од хотелот и како ќе го најде патот за назад, зашто копнежот по Таинствениот не ја оставаше на мира. Неговиот глас што ги пееше приказните за боите беше населен во неа како постојан состанар, дури не ни како потстанар. Толку јасно и силно ја привикуваше однатре, што £ се чинеше дека и другите тоа можат да го слушнат. Тргна, постојано менувајќи ја насоката. Ја разгледуваше околината со брз и површен поглед и многу ретко подзастануваше пред некоја од тезгите.

Само на едно место се задржа малку подолго. Здогледа широки дрвени корита, под стреата од бамбусови трски, во кои блескаа огромни, неправилни парчиња мраз нафрлани едноврздруго во нечистата вода што се топеше од нив. Џагорлива врволица од луѓе се туркаше и се надвикуваше околу продавачот кој со тежок чекан го раскршуваше мразот, а купувачите си ги носеа парчињата во метални кофи, во кошници од пратје, а некои и в раце, завиткани во стари весници.

Page 27: Indigo Bombaj

27

Наоколу имаше и многу деца, босоноги, полуоблечени, голуж­драви, мрсулави, секакви, од мали до најмали, им се меткаа на воз­расните меѓу нозете, врескаа, скокаа, се смееја, се расправаа меѓу­себно... но, и мласкајќи од задоволство, лижеа и шмукаа парченца мраз што ги собираа од правта под коритата.

Ех, што не сум едно од нив!, воздивна жената, одеднаш чув­ствувајќи неизгаслива жед. Како до сега не забележав некој да про ­да ва пијалаци?, се изненади. Не виде ни чешми на пазарот. Само ед­наш оддалеку слушна чкрипеж на пумпа, но не му обрна внимание на тоа, веројатно затоа што имаше запомнето дека странците во градот не треба да пијат вода надвор од хотелите во кои се сместени. Ниту пак, да јадат свежи овошја без лушпа и зеленчуци измиени со вода. Беше заплашена од вознемирувачки сведоштва за ужасни цревни болести, за смртоносни зарази и умирачки во пеколни маки. Но, овие деца толку безгрижно уживаат!, ги гледаше со заблазнување, оближувајќи си ги испуканите усни и суво подголтнувајќи.

Одненадеж, погледот £ се закачи на блиската тезга од десно. Токму ова сега ти треба!, се израдува алчната жед во неа, купи си една од нив, ги препозна големите овошки со дебела кора, веќе ги имаше јадено во хотелскиот ресторан. Меѓу непцата го почувствува вкусот на нивната мека срцевина, свежината на сокот.

Со неколку брзи чекори се најде пред купот жолто­црвени плодови. Не без напор, се проби меѓу мноштвото што гласно се над викуваше, наддавајќи се со продавачот. Тој, робустен, смуртен, сиот излепен и испрскан од овошните сокови, со засукани ракави до лакти, беше застанал со подраширени нозе од неговата страна на тезгата, сам наспроти толпата, како господар во одбрана на сво­јот посед. Истовремено ја изговараше цената, подаваше од пло­довите, ги расцепуваше со големо сечило, дотураше нови, ги пре­редуваше, постојано зборувајќи, гестикулирајќи и довикувајќи се со некого отспротива. Роеви муви зуеја наоколу, шмукаа од сокот што се цедеше од тезгата, навалуваа врз секој новоисечен плод, врз секое откинато парченце од неговата срцевина, се лепеа врз рацете и лицата на купувачите. Некои лица изгледаа како да се опсипани со црни сипаници, а главчињата, пак, на бебињата во рацете на мајките беа сосема поцрнети од инсектите врз нив.

Кога се проби до првиот ред, речиси налегнат врз тезгата, бидејќи мноштвото зад него го пригмечуваше со телата, го зграби плодот

Page 28: Indigo Bombaj

28

што £ беше при рака и му го подаде на продавачот. Подземајќи го, тој ја изговори цената во рупии, очигледно многу поголема от­колку што всушност беше, оти препозна дека е странкиња. Таа вед­наш му кимна одобрувачки со главата. Забележа дека лицето му се развлекува од зајадливо исчудување, види ја ти неа, не се ни обидува да намали, ништо не им е премногу скапо на странчиштава! И уште забележа дека продавачот има длабока лузна долж левиот образ што му ги затега усните, па наместо да се насмее, целото ли­це му се искриви во ужасна гримаса.

­ Пресечи го надве, ­ нестрпливо му рече, дообјаснувајќи му со гестикулација.

Жедта, турканицата, жештината, смрдеата, мувите, а сега и непријатното лице на човекот пред неа, направија да се почувствува необично напнато, премногу растревожено.

­ Што чекаш? Сечи! ­ му се вдаде раздразнето.Тој со едната рака го постави плодот на трупчето за сечење, а

со другата бавно го крена широкото, остро сечило, но наместо да замавне, го задржа во воздухот, гледајќи во неа со исчекување.

­ Ах, да! ­ се досети таа, ­ се разбира дека ќе ти платам, само ти сечи! ­ и си ја симна торбичката од рамото.

Во истиот миг кога ја спушти раката за да го извади паричникот, го слушна тапиот удар од неговото сечило. Ги чу и крцкањето и напукнувањето на дебелата овошна кора, па дури £ се стори дека си ја слуша плунката како во млазеви £ надоаѓа меѓу непцата, желни да ја згаснат жедта што побрзо. И додека наслепо пребаруваше низ внатрешноста на торбичката, го гледаше како ја одмерува, држејќи ги половинките на овошката со крупните, месести прсти со нечистотија под ноктите. Очигледно немаше намера да £ ги по­даде пред да му биде платено, па ја чекаше, но не спокојно, туку со видлива напнатост. Ух, ама е недоверлив, не ќе му побегнам!, ја обзеде наплив од огорченост, подигајќи во неа вжештена лутина што £ ги сплетка прстите и £ го забави наоѓањето на паричникот. Жедта £ го помати умот. Крупни капки пот £ протекоа по грбот, по листовите на нозете, по лицето, по целото тело. Ја турна раката подлабоко во торбичката и нервозно почна да претура по неа. Мигот се развлече во непријатен молк. Се прошири наоколу, зафаќајќи ги сите од првиот ред кои беа најблиску до неа, па и оние зад нив

Page 29: Indigo Bombaj

29

се стишаа, насетувајќи дека се случува нешто вредно за внимание. Одеднаш изгуби трпение.

­ Еве ти, на! ­ пламна и со еден единствен, силовен потег ја истури целата содржина врз тезгата.

Заѕвечка врзопот клучеви, се стркала сјајот за усни, се отвори капачето од малечкото огледалце, се разлетаа неколку хартиени шамичиња, листовите од еден нотес се свртеа одопаку, а несесерот полн со женски дреболии одвај се задржа на работ од тезгата. Долу, под неа, падна само една единствена, минијатурна, метална паричка, од оние со дупче во средината, но никој не ја забележа, зашто нечујно потона во правот. Молкот се прошири уште повеќе. Целата толпа се зби во жив ѕид, љубопитен и полн со исчекување. Продавачот ги спушти двете половини од овошката, со оџагарени очи минувајќи ваму­таму по разновидните ситни предмети рас­фрлани врз тезгата.

­ Немам со што да ти платам, ­ изговори жената со глас како да вели, убиј ме ако сакаш, се предавам, и ги рашири рацете, пот­кревајќи ги рамениците во очај.

Се развлече едно заедничко, продолжено и многу длабоко, ааааах!, продавачот на глас опцу, а лузната му се прошири на лицето изобличено од лутина. Толпата се разџагори низ потсмешливи, погрдни извици, се возбуди, се придвижи. Сите покажуваа кон неа, небаре е опасен престапник фатен на дело, кого што се подготвуваат да го каменуваат.

Каде ли сум го оставила паричникот?, се напрегна да си ги собере раштрканите мисли, ништо не купував... Но, сум го понела ли воопшто со себе?, се трудеше да се присети на моментот кога го напушти хотелот, ама не £ успеа, зашто беше обвиткан со маг­ловит заборав. А, потоа... потоа, откако излегов на улица? Ох!, она девојче со јасмин и човекот со хашиш, тие ме ограбија! И сега? Што да правам сега?, се вознемири. Не бидува да се бега, имаш долг!, слушна прекорен глас.

­ Немам ни намера да бегам, ­ ојадено му одбруси . ­ На што ти личам, на пазарски џепчија? ­ гневно се сврте да види кој е тој што се осмелува така да ја омаловажи, па се сепна.

Халуцинирам!, вџашено помисли, покривајќи си го лицето со рацете, оној со боите, хипнотизерот... маѓепсникот, што ли беше,

Page 30: Indigo Bombaj

30

тој е виновен, умот ми го сомле. Како наседнав на неговите песни и бои? Но, нејзиното сеќавање нагло направи голем прескок наназад и не почитувајќи го редоследот на случувањата од денот, се втурна меѓу некои луѓе со сенки наместо лица, меѓу големи бели крилја што павтаат... Едно црномурно момченце £ се смееше со дупчиња на образите... Сонот!, безгласно врисна во себе и си ги затвори очите, треперејќи од... Одеднаш £ застуде. Од необјаснив страв £ застуде. И во сонот некому студеше, £ се разлазија мразни трпки по ‘рбетот... И плачеше.

­ Во неволја сте. Ви треба помош? ­ £ се обрати некој на анг­лиски.

Остана замижана. Нема повторно да ме прелажеш, £ се подби на сопствената вообразба.

­ На услуга сум ви, ­ го чу повторно истиот глас. Машки. Многу љубезен. Нагласено учтив.

Ги отвори очите. Непознат човек на нејзина возраст, а, можеби и малку помлад, стоеше до неа, рамењата речиси им се допираа. Изненадено го погледна. Како пазарот да не беше негово вообичаено место. Изгледаше негувано. Чисто. Пристојно.

­ Поминував, па видов дека нешто се случува, ­ се насмевна, откривајќи ги блескаво белите заби, ­ и, еве ме, по сè изгледа на­вистина сум ви потребен, ­ со телото го задржуваше притисокот на толпата.

­ Потребен!? ­ се збуни таа, загледувајќи го недоверливо. Беше строен, исправен, ја надвишуваше за цела педа и згора. Со

издолжено, меко обликувано, продуховено лице, паметни, крупни очи малку искосени нагоре, енергична брада и правилно исцртани усни. Косата, сјајно црна, рамна и уредно потстрижена му допираше до коренот на долгиот врат. Кожата му беше затегната, темна како исончана, со мирис на... Вдиша длабоко, кратко замижувајќи да ја одгатне природата на... не беше парфем нанесен овде­онде. Можеби облеката му мирисаше? Или, здивот? Не, ништо од тоа, целото негово тело издишуваше со ненаметливиот, деликатно зачаден мошусен мирис... На кедрово дрво!, повторно вдиша длабоко. Има­ше кедри во хотелската градина, затоа се сети. Ја привлекуваше свежиот, интригантен, таинствен мирис што тие го ширеа, особено ноќе, околу полноќ.

Page 31: Indigo Bombaj

31

­ Овој овде, ­ непознатиот покажа со главата кон продавачот кој сè уште вревеше и мавташе со рацете, стрелајќи ја со лути погледи, ­ не е баш добронамерен, би можел да ве убие за неколку рупии, ­ шеговито се засмеа.

Oдлично зборуваше англиски со одвај забележлива индиска нагласка. Се издвојуваше од сите околу тезгата според однесувањето и изгледот, па дури и од неа. Си ја погледна својата облека накапана од сокови и од пот, стуткана. Потоа неговата ­ блескаво бела, долга индиска кошула со широки ракави до зглобовите, белите, платнени панталони... Си го префрли погледот врз рацете излепени со нечистотија, а неговите чисти, со нежни, долги прсти, рамно потсечени нокти, мека, темна кожа. Како тукушто да се беше спуштил однекаде, озгора, недопрен од овој пазар, се исчуди, па уште и толку присебен. Не ли му е топло?, жедта повторно раскопа врели рани во нејзината утроба, пламнувајќи £ во грлото.

­ Соберете си ја торбичката и да си одиме, ­ беспоговорно £ наложи.

Рече, да си одиме, што значеше, двајцата да одат заедно. Жената го забележа тоа, но немаше време да толкува и да се прашува. Толпата навалуваше со несмалена сила, пригмечувајќи ја до самиот раб на тезгата, а нејзината жед стануваше крволочна, таква ја почувствува, како да почнала самата да си ја пие сопствената крв од прежеднетост. Почна набрзина да си ги прибира дреболиите, целите излепени со овошен сок. Виде дека непознатиот му подава книжена банкнота на продавачот, но, истовремено и дека едно ковчесто детско раче се пробива помеѓу настеганите тела на возрасните, го дофаќа од тезгата нејзиниот сјај за усни, па брзо­брзо се повлекува во толпата. Нека, не е важно, си помисли, нарамувајќи си ја торбичката, само што поскоро да ставам в уста парче... Но, човекот ја фати цврсто за раката, ја извлечка од мноштвото, пробивајќи £ пат со сопственото тело и таа сфати дека ја немаше земено нејзината овошка. Панично се сврте кон тезгата што веќе им беше зад грб, но пред што и да е да изусти, тој рече:

­ Имам вода ако сте жедна. А, ако сте гладна... ­ Дајте ми да се напијам. Веднаш, ве молам! – речиси му го

оттргна пластичното шишенце што го извади од големата, кожена торба со долга рачка за преку рамо.

Page 32: Indigo Bombaj

32

­ Ова е Индија, ­ се насмевна, гледајќи ја како ја голта течноста, внимавајќи да не £ капне ниту една капка надвор од устата, ­ зарем не ве посоветувале да не тргнувате без вода со себе? Купечка! ­ нагласи.

­ Не планирав да одам... ­ отпи уште неколку голтки.­ Па, во Индија не се ни планира, ­ се изнасмеа весело, ­ и онака

ништо не испаѓа според плановите. И самата, ете, видовте дека денес...

Жената испитувачки го погледна. Како се појави овој човек? Случајно?, се запраша. Или, пак...

­ Не ви се ни заблагодарив, ­ учтиво рече, ­ а не се ни запознавме, ­ му ја подаде раката и си го изговори името.

­ Јас ве познавам, вие мене не, ­ £ ја стегна дланката, ­ се викам Бистарај.

­ Од каде би можеле да ме познавате? ­ се зачуди, прикривајќи ја сомничавоста. Можеби ме следел?, се вознемири, со каква намера?

­ Ова не е баш најпогодно место за разговори, ­ покажа наоколу, ­ првин да се извлечеме од пазаров, ­ исчекори, давајќи £ знак да тргне по него.

И не затоа што по природа беше упорна, често и до тврдоглавост, туку затоа што копнежот по Таинствениот ја гонеше повторно да го сретне... настрана сите нејзини сомнежи и недоверливости, реши да се ослободи од непознатиот.

­ Чекајте, ­ го запре, ­ во недоразбирање сме. Јас засега немам намера да си одам одовде.

­ Веројатно сте немале намера ни да дојдете довде, ­ отсечно £ возврати. ­ Имате ли воопшто претстава колку сте се оддалечиле?

Сепак ме следел, си потврди таа, инаку како би знаел дека сум оддалечена од... Значи, точно знае од каде сум тргнала, се растревожи, но се присили со ништо да не му го покаже тоа. Најдобро е веднаш да се збогувам со него, и да бидам попретпазлива, секако попретпазлива, ова е Бомбај, а во Бомбај... пак се сети на зборовите на хотелскиот портир.

­ Простете, господине... ­ му го заборави името. ­ Викајте ме само Бистарај, доволно е, ­ љубезно кимна со гла­

вата.

Page 33: Indigo Bombaj

33

­ Бистарај, ­ почна мазно да се извлекува, ­ благодарна сум ви што ми помогнавте, но јас имам уште некоја работа да дозавршам. Сама! ­ потенцира, подавајќи му ја раката за збогување.

­ Да пазарувате!? ­ ја погледна со сомнеж. ­ Без паричник сте. Заборавивте?

Изгледа насетува дека се сомневам во него, си помисли и £ стана нелагодно.

­ Не, не, ­ се збуни, ­ нема ништо да купувам, всушност, треба да се сретнам со еден... ­ се збуни уште повеќе, притеснета од неговите очи што мошне индискретно £ го испитуваа лицето, упорно и во детали. ­ Со еден пријател, ­ изговори, ­ има тезга на пазаров... со бои, со прав во боја, ­ пропелтечи, изненадена што воопшто му открива толку подробности.

­ Гледам, сте имале веќе една средба со ... ­ прсна во весела смеа, ­ со тој ваш пријател, ­ продолжи да се смее, очигледно, забавувајќи се на сметка на нејзината збунетост.

­ Вие Бистарај, или читате мисли, или... ­ сакаше да дорече, или сето време сте ми зад петиците, но, тој ја прекина, ненадејно станувајќи сериозен.

­ Немам такви способности, верувајте ми, ­ ја успокои. ­ По вашиот тробоен знак знам дека сте го сретнале Арџуна.

­ Арџуна ли му е името? Го познавате? ­ си го допре челото кај што требаше да £ бидат точките.

­ Така го нарекуваат сите, којзнае дали му е тоа вистинското име. Ако воопшто има име, ­ додаде. ¥ се стори ли нејзе дека насети загатка во неговиот глас?

­ Значи, добро го познавате, ­ се зачуди од ненадејниот наплив на возбуда.

­ Пааа, ­ оддолговлече, ­ не се осмелувам да тврдам. Зависи што подразбирате под познавање. Со никого не зборува, тој само...

­ Пее! ­ извика. ­ Пее со бои! Ама што ми е мене што толку се возбудувам?, се прекори. Па,

тој е обичен пазарџиски хипнотизер кој заработува на сметка на наивните... Но, желбата повторно да го сретне ја повлече силно, како да беше врзана за него со некоја цврста, невидлива нишка што ја одржува нивната заумна врска, колку и таа да се обидува да £ се спротивстави.

Page 34: Indigo Bombaj

34

­ Да, пее. Кој ги чул, никогаш нема да ги заборави неговите песни, а кој го видел, никогаш нема да може да го најде на местото на првата средба. Така сите раскажуваат. Еднаш е овде, а другпат којзнае каде, во друг град, во друга земја, а можеби и... ­ се изнасмеа пак весело, ­ во некој друг свет. Што велите на тоа, а? Не чудете се, немате поим во што сè веруваме ние, Индијците.

­ Што уште знаете за него? ­ љубопитството £ нарасна до нестрпливост.

­ Знам исто така, тврдат некои, дека Арџуна им се појавува само на оние кои самиот тој ќе ги избере. И кога тој ќе реши.

­ Сакате да ми кажете дека токму јас сум избраната? Од сите овие луѓе на пазаров, баш мене ме избрал? ­ сомничаво ја заниша главата. Сенешто, си помисли, какви чудаци постојат, и овој е еден од нив. Го погледна под око, подбивно додавајќи: ­ Но, зошто, ви се молам, би го направил тоа? Што ќе сум му, пак, јас? Ние не се ни разбиравме.

­ Не бидете толку сигурна.­Убедете ме, ­ инаетливо се поднасмеа. ­ Ако дознаам нешто

повеќе, можеби навистина... ­ звуците на индиго песната одненадеж се втурнаа во нејзините мисли и таа запре, не дорече. ­ Но, добро, ­ се поколеба, ­ што чекате, кажувајте што знаете за... Како се викаше? Ах, да, Арџуна!

­ Полека, полека, многу нешта можам да ви раскажам, но, ­ се сврте лево­десно, ­ веќе ви реков, пазаров не е место за долги муабети, гледате и самата во каква мешаница и врева сме. Првин да си заминеме одовде.

­ Заминете си, Бистарај! ­ нељубезно му одврати, одеднаш сосема губејќи го трпението. ­ Немате обврска да ме придружувате.

Ух, ама ми се закачи овој човек! Што си замислува, се разлути во себе, дека треба да си го трошам времето со него само затоа што ми се нашол во ситна неволја? И каде, всушност, сака да ме одведе?, повторно се посомнева во неговите намери.

­ Должник сум ви, ­ си го смекна гласот, ­ но, сигурна сум дека одиме на различни страни. Уште еднаш ви благодарам и... ­ по втор пат му ја пружи раката да се збогува.

­ Грешите, ­ заниша со главата, ­ во иста насока одиме. Работам во хотелот, вашиот хотел, а, вие, простете, ­ наместо да £ возврати

Page 35: Indigo Bombaj

35

на поздравот ги спои дланките во знак на извинување, ­ вие сте се изгубиле и не го знаете тоа, но јас знам. Премногу далеку сте заталкале. Се чудам како воопшто сте стигнале довде.

­ Мислите дека не би можела да си го најдам патот за назад? ­ остана инаетлива.

Си спомна на страшните приказни од црните хроники на весниците за исчезнувањето на странците во Индија, за умирањата под неразјаснети околности, за трговијата со луѓе и човечки органи, за ограбувањата, киднапирањата. Ненадејно од свеста £ изнурка веќе потиснатиот тревожен дијалог од изминатата, кошмарна ноќ. Се плашиш? Не... Нема да боли?.. Да не беа претскажувачки тие зборови?, необјаснив, студен страв £ го полази телото. Таа не беше од оние кои веруваат во натприродните моќи на соништата, па сепак... Сè е можно, сè е можно, се стресе. Ох!, како да знам дали овој човек ја зборува вистината? Можеби од улицата забележал кога го напуштав хотелот и сето време ме следел? А, ако е само добронамерен и лојален хотелски службеник? Треба ли да му поверувам?, се најде во небрано, нерешителна, наполно збркана. Одеднаш се почувствува напуштена на чуден начин. Бескрајно уплашена од осаменоста. И како уште!? И многу растажена. Од каде пак, сега, оваа тага?, се изненади. Па, ја препозна. Арџуна!, се сети, таинствениот пејач!, тоа беше истата онаа тага што доаѓаше од неговиот глас во индиго боја.

­ Можеби е тука некаде, близу? ­ на глас изговори, обѕирајќи се околу себе.

­ Хотелот!? Не е. Многу далеку е одовде, верувајте ми.­ Далеку е, а? ­ таа мислеше на Арџуна, не на хотелот. Си го одврза погледот и го пушти да £ отпатува во бескрајните

далечини на приказните во боја, заминувајќи и самата заедно со него.

Бистарај спокојно ја сочека да се врати. ­ Многу чудни нешта ми се случуваа додека тој пееше крај

неговата тезга, ­ одмавна со главата како да сака да се ослободи од сеќавањата. ­ За Арџуна ви зборувам, ­ се изненади што му се доверува.

­ Знам, ­ рече. ­ Луѓето раскажуваат...

Page 36: Indigo Bombaj

36

­ Ме однесе до некој недогледно празен простор. Беше чудесно, магично... и застрашувачко истовремено. Ох, би сакала повторно да отидам таму! ­ воздивна.

­ Сите одиме натаму. Но, ­ се насмеа, ­ првин да ве одведам до вашиот хотел. Навистина е далеку, не ќе го најдете патот без мене.

­ Во ред, тогаш, ­ се созеде, ­ штом така велите... Изгледа немам избор.

­ Имате, ама не би сакал да ве заплашувам. Девојка како вас, толку млада, а сама меѓу непознати луѓе на вакво место, па уште и странкиња изгубена далеку од хотелот... Деновите се долги во Бомбај, а ноќите уште подолги. Скоро ќе се стемни, ­ погледна кон сонцето што веќе од поодамна го беше напуштило зенитот. Никој не го знае вашиот јазик овде...

­ И никого не познавам. Тоа веќе еднаш сум го чула, ­ нестрпливо го прекина. ­ А, и не сум девојка, ниту пак, толку млада колку што мо жеби изгледам. Триесет и девет од неодамна, ­ нервозно се насмеа. ­ Впрочем, не е ни важно. И, ете, ­ ги рашири рацете како да се предава, ­ само вие ме познавате. Да одиме! Водете ме, ­ додаде со несигурен глас.

­ Се плашите?­ Не, ­ тивко рече таа, надевајќи се дека од вревата на пазарот

нема да чуе како £ бие срцето.