4
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЈАВЕН ПОВИК ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРЕТКВАЛИФИКАЦИЈА Владата на Република Македонија преку Комисија за подготвување, организирање и спроведување на постапка за доделување на концесија за вода за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река и учество во јавно приватно партнерство со АД ЕЛЕМ, ("Комисијата"), ги поканува сите потенцијални понудувачи (секој како "Потенцијален понудувач") за доставување на документи за учество во претквалификација (“Документи во претквалификација) за доделување и спроведување на Договор за концесија и учество во јавно-приватно партнерство со АД ЕЛЕМ за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река. Ова вклучува проектирање, финансирање, изградба, управување и одржување на нови хидроелектрични централи Чебрен (индикативен инсталиран капацитет од 333 MW) и Галиште (индикативен инсталиран капацитет од 193,5 MW) исто како и управување со постоечката хидроелектрична централа Тиквеш (116 MW) лоцирани на Црна река во Република Македонија. ("Проектот"). Проектот ќе се додели преку транспарентна и конкурентна тендерска постапка, со примена на најдобрите меѓународни практики, Законот за концесии и други видови на јавно приватно партнерство (Службен весник на Република Македонија бр. 7/08; 139/08; 64/09 и 52/10) ("Закон") и во согласност со Одлуката за започнување на постапка за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река и учество во јавно приватно партнерство со АД ЕЛЕМ бр. 51-7558/1 од 21.12.2010 (“Службен весник на Република Македонијабр. 169/10). Во согласност со Дел 6 (Јавен повик) од Законот, подолу се наведени клучните информации за Проектот и постапката за доделување на Проектот. 1. ПРОЕКТ 1.1 Предмет Со Проектот се предвидува на најдобриот понудувач да му се додели следното: (i) Концесија за искористување на водата за производство на електрична енергија, (ii) Ексклузивно право да ги проектира, изгради, управува и одржува ХЕЦ Чебрен“ (со индикативен вкупен инсталиран капацитет од 333MW) и ХЕЦ "Галиште" (со индикативен вкупен инсталиран капацитет од 193,5MW), и (iii) Ексклузивно право да ја управува и одржува ХЕЦ Тиквеш“ (со инсталиран капацитет од 116MW) откако истата ќе биде отстапена од страна на македонската компанијата во државна сопственост АД ЕЛЕМ, кои се предмет на враќање на Владата на Република Македонија по истекот на периодот на концесија. Проектот ќе биде структуиран како јавно-приватно партнерство, при што најдобриот понудувач ќе формира проектна компанија со АД ЕЛЕМ. Придонесот на АД ЕЛЕМ во капиталот на проектната компанија може да го содржи особено преносот на постоечката ХЕЦ Тиквеш како и други придонеси.

Javen Povik CebrenGaliste FINAL MK

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Javen Povik CebrenGaliste FINAL MK

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЈАВЕН ПОВИК – ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРЕТКВАЛИФИКАЦИЈА Владата на Република Македонија преку Комисија за подготвување, организирање и спроведување на постапка за доделување на концесија за вода за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река и учество во јавно приватно партнерство со АД ЕЛЕМ, ("Комисијата"), ги поканува сите потенцијални понудувачи (секој како "Потенцијален понудувач") за доставување на документи за учество во претквалификација (“Документи во претквалификација”) за доделување и спроведување на Договор за концесија и учество во јавно-приватно партнерство со АД ЕЛЕМ за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река. Ова вклучува проектирање, финансирање, изградба, управување и одржување на нови хидроелектрични централи Чебрен (индикативен инсталиран капацитет од 333 MW) и Галиште (индикативен инсталиран капацитет од 193,5 MW) исто како и управување со постоечката хидроелектрична централа Тиквеш (116 MW) лоцирани на Црна река во Република Македонија. ("Проектот"). Проектот ќе се додели преку транспарентна и конкурентна тендерска постапка, со примена на најдобрите меѓународни практики, Законот за концесии и други видови на јавно приватно партнерство (Службен весник на Република Македонија бр. 7/08; 139/08; 64/09 и 52/10) ("Закон") и во согласност со Одлуката за започнување на постапка за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река и учество во јавно приватно партнерство со АД ЕЛЕМ бр. 51-7558/1 од 21.12.2010 (“Службен весник на Република Македонија” бр. 169/10). Во согласност со Дел 6 (Јавен повик) од Законот, подолу се наведени клучните информации за Проектот и постапката за доделување на Проектот. 1. ПРОЕКТ

1.1 Предмет Со Проектот се предвидува на најдобриот понудувач да му се додели следното: (i) Концесија за искористување на водата за производство на електрична енергија, (ii) Ексклузивно право да ги проектира, изгради, управува и одржува ХЕЦ “Чебрен“ (со

индикативен вкупен инсталиран капацитет од 333MW) и ХЕЦ "Галиште" (со индикативен вкупен инсталиран капацитет од 193,5MW), и

(iii) Ексклузивно право да ја управува и одржува ХЕЦ “Тиквеш“ (со инсталиран капацитет од 116MW) откако истата ќе биде отстапена од страна на македонската компанијата во државна сопственост АД ЕЛЕМ,

кои се предмет на враќање на Владата на Република Македонија по истекот на периодот на концесија.

Проектот ќе биде структуиран како јавно-приватно партнерство, при што најдобриот понудувач ќе формира проектна компанија со АД ЕЛЕМ. Придонесот на АД ЕЛЕМ во капиталот на проектната компанија може да го содржи особено преносот на постоечката ХЕЦ Тиквеш како и други придонеси.

Page 2: Javen Povik CebrenGaliste FINAL MK

2.

1.2 Вредност на проектот Индикативната инвестициона вредност на ХЕЦ Чебрен ќе биде 340 милиони Евра. Индикативната инвестициона вредност на ХЕЦ Галиште ќе биде приближно 200 милиони Евра. 1.3 Локација на Капацитетите Капацитетите од проектот ќе бидат лоцирани на Црна река во Република Македонија. 1.4 Активности кои ќе се изведуваат во капацитетите Производство на електрична енергија и подобрување на снабдувањето со електрична енергија.

2. ПОСТАПКА НА ПРЕТКВАЛИФИКАЦИЈА

2.1 Вид на постапка Видот на постапката за доделување на Проектот ќе биде "ограничен повик" во согласност со член 31 (б) и член 33 од Законот, што значи дека Проектот ќе биде доделен следејќи постапка која се одвива во две (2) фази:

- Фаза I : Претквалификација на Потенцијални Понудувачи, и - Фаза II: Покана за доставување на понуди од страна на претквалификуваните

понудувачи.

2.2 Адреса и Начин на Собирање на претквалификациска документација. Потенцијалните Понудувачи се повикуваат да ја подигнат деталната претквалификациска документација, која содржи Упатства за Потенцијалните Понудувачи ("Претквалификациски Документи") преку доставување на барање преку електронска пошта на следните адреси: [email protected] со копија до [email protected] и [email protected]. Потенцијалните Понудувачи кои ќе достават барање за Претквалификациски Документи ќе бидат регистрирани и вклучени во листата за прашања и одговори и доставување на известувања. Секое барање за дополнителни информации и/или прашања кои се однесуваат на претквалификацискиот документ можат да се достават преку електронска пошта на Комисијата со копија до IFC на горенаведените адреси. 2.3 Критериуми за претквалификација Критериумите за претквалификација ќе бидат дадени во Претквалификациските Документи. 3. ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ ЗА УЧЕСТВО ВО

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИЈА И ОТВОРАЊЕ

3.1 Јазик на документите

Јазикот на документите за учество во претквалификација ќе биде англиски. 3.2 Потребна документација која треба да ја достават потенцијалните понудувачи

За информација на потенцијалните понудувачи, долунаведените податоци ќе бидат побарани за целите на претквалификацијата, во согласност со член 44 од Законот. За повеќе информации погледнете го претквалификацискиот документ.

Page 3: Javen Povik CebrenGaliste FINAL MK

3.

(i) Податоци за финансиската и економската способност:

• заверен извештај за финансиската состојба на потенцијалниот понудувач (или, во случај кога потенцијалниот понудувач е конзорциум, за секој член на конзорциумот) за последните три (3) години; и

• Изјавај од реноимирана (првокласна) финансиска институција или банка за нејзината намера да одобри заем за имплементација на Проектот.

(ii) Податоци за искуство во слични проекти: • Податоци за учеството во слични концесиски проекти за Потенцијалниот

понудувач (или во случај кога потенцијалниот понудувач е конзорциум, за секој член на конзорциумот); и

• Податоци кои се однесуваат на практичното искуство на клучниот персонал на Потенцијалниот понудувач во битните фази во слични концесиски проекти.

(iii) Податоци за структурата на менаџментот и оперативните способности: • Предложениот тим кој ќе работи на Проектот вклучувајќи податоци кои се

однесуваат на стручноста и искуството на секој член на тимот; • Начин на менаџирање на тимот и носителите на менаџерските функции во тимот;

и • Информации кои се однесуваат на опремата и/или градежна или друга техника

кои ќе бидат применети за периодот на времетраење на Проектот.

(iv) Други документирани податоци: • Заверен извод на докумнетите за регистрација на потенцијалните понудувачи; • Изјава од потенцијалниот понудувач (или во случај кога потенцијалниот

понудувач е конзорциум, од секој член на конзорциумот поединечно) со која изјавуваат дека ако ним им биде доделен Проектот, ќе бидат колективно и солидарно одговорни за обврските кои се однесуваат на Проектот; или во случај наведен во член 21-а од Законот, изјава од потенцијалниот понудувач со која се потврдува формирањето на правно лице (треба да се има во предвид дека овие изјави може да бидат побарани во подоцнежна фаза – за време на Фаза II од процедурата за доделување на Проектот);

• Изјава со која Потенцијалниот понудувач докажува дека (или во случај кога потенцијалниот понудувач е конзорциум, сите членови на конзорциумот) не е инсолвентен и не е во постапка на стечај, дека не е осудуван за измама, корупција или перење на пари и дека не се води кривична или прекршочна постапка во врска со неговата професионална дејност и дека сите даночни обврски се платени како и сите јавни давачки врз основа на прописите на земјата во која се основани

• Информација/Изјава за сите минати или тековни судски постапки (судски или административни) кои се воделе против Потенцијалните понудувачи (или во случај кога потенцијалниот понудувач е конзорциум, против било кој член на конзорциумот поединечно).

3.3 Период на важност на документите од претквалификација Документите од претквалификација ќе бидат валидни најмалку три (3) месеци од денот на нивното поднесување до Комисијата.

3.4 Рокови, Адреса и Начин на доставување на документи во претквалификација Документите од претквалификација треба да бидат поднесени до 16:00 по локално време во Скопје на 16.03.2011, на адресата на Комисијата наведена подолу.

Page 4: Javen Povik CebrenGaliste FINAL MK

4.

Потенцијалните понудувачи кои ги исполнуваат критериумите наведени во претквалификацискиот документ ќе бидат повикани да учествуваат на меѓународна конкурентна тендерска постапка за Проектот не подоцна од 01.04.2011 година.. За оваа цел, до сите претквалификациски понудувачи ќе биде доставена писмена покана без јавна објава. Сите тендерски документи ќе бидат испратени по уплата на надоместок во висина од 5.000 евра (во денарска противвредност). 3.5 Овластени лица кои ќе учествуваат на отворањето на документите од

претквалификација Само на членовите на Комисијата, специјално формирана за целите на доделувањето на Проектот, ќе им биде дозволено да ги отворат и евалуираат документите во претквалификација. 4. КОНТАКТИ

Г-дин Виктор Андонов Министерство за економија/ Комисија Јуриј Гагарин 15 Скопје, Република Македонија Тел: +389 2 30 93 517 Факс: +389 2 30 84 472 Email: [email protected]

Г-дин. Мартин Собек Меѓународна финансиска корпорација Email: [email protected] Г-дин. Никола Сапорити Меѓународна финансиска корпорација E-mail: [email protected]