40
Mонетарна економија

Mонетарна економија - utms.cc fakultet/II godina... · Парите како културна појава •Науката за парите •Потешкотии

  • Upload
    others

  • View
    19

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Mонетарна               економија

ТЕОРИЈА НА ПАРИТЕ

Феноменот на пари и нивната улога во процесот на општествена репродукција

Современата економија се нарекува парична економија

Природата на парите –Што претставуват парите денес?

Парите како културна појава

• Науката за парите• Потешкотии при предметот на истражување 

• Парите не се природна туку културна појава

• Парите се општествена појава

Парите како економска појава

• Парите се економска појава• Основни постулати:1. Се појавиле со појавата на пазарот2. Се развиле со развитокот на пазарот3. Ќе исчезнат со исчезнувањето на пазарот• Размена = Акт на купување + Акт на 

продавање• Доверба во парите

Битието на парите

Свое сопствено битие – своја самостојност во однос на другите економски категории

Национално битиеСуштината на парите:1. Некогаш – конкретна стока2. Денес – апстрактно побарувањеСовремените пари имаат конвенционален карактер

Потеклото на парите

• Затворено домашно производство –немало пари

• Развој на производни сили, стоковно парични односи

• Појава на приватна сопственост, поделба на трудот и размена = појава на парите

• Еволуција на парите – од примитивни облици до современи пари

• Карактеристики на еволуцијата на парите1. Развитокот имал различен интензитет2. Секоја држава има свој национален 

пристап во врска со парите и свој паричен суверенитет

3. Заеднички црти во вкупната еволуција на парите за сите облици на пари во одделените средини

4. Постепено слабеење на стоковното значење на материјата од којашто потекнале парите

5. Во улога на пари секогаш било некое употребно добро со своја вредност

Примитивни пари

10.000 – 3.000 години п.н.е. – неолит‐натурални пари, стоковни пари

Племињата како средство за размена користеле: добиток, жито, чај, ориз, тутун, кафе, кожи од животни, оружје, школки, корали, сушена риба

Употребна вредност → функционална вредност

Намерна деградација на употребната вредност на примитивните пари

Трансформација во знак, симбол без материјална или употребна вредност

Металите како пари• Недостатоци на примитивните пари• Fe, Cu, Al, Ag и Au• Златото и среброто – свети пари • Сооднос 1:13,5 (сончева патека/месечева патека)• Карактеристики на златото и среброто:‐ Заменливост‐ Деливост‐ Ковност‐ Трајност‐ Преносливост‐ Препознатливост‐ Корисност‐ Постојаност на нивната вредност• Пенсаторен начин на плаќање

Ковани пари

• Недостатоци на пенсаторниот начин на плаќање

• Трговците – свои знаци• Државата – име, облик, тежина, чистота, симбол= емитува монети кои се разликуваат од земја до земја

Ковани пари

Благородни и неблагородни метали –типизирање на соодносот

Два системи на изразување на чистотата на благородните метали: Француски (900/1000) и Англиски систем (916/1000)

Ковничка стапка – законска цена на златото Граница на дозволено отстапување од тежината – ремедиум

Минимална тежина за полна вредност како средство за плаќање

Ситни пари

• Пари од благородни метали=дефинитивни пари• Пари од помалку вредни метали=ситни пари• Материјална вредност < номинална вредност• Служат за поткусурување!• Се користат и во металните и во книжните 

парични системи• За мали апоени на паричната единица!• Грешемов закон или парадокс• Нема слобода на ковање – исклучиво право на 

државата

Паричници 

• Пари од хартија• Белешки кои упатуваат сами на себе, се плаќаат по видување и гласат на заокружени суми

• Парични сурогати во вид на книжен знак, со пропишана форма и номинална вредност

• Систем на златна валута – паричниците се помошни пари

• Со распаѓање на системот на златна валута – паричниците се трансформираат во книжни пари

Цертификати 

• Потврда за депонирани пари во валутен метал

• Лондонските златари• Goldsmiths Notes – Англија• Gold Certificates/Silver Certificates – САД• Замена за валутните пари во прометот, не се нов вид пари

• Забрзување на размената и плаќање со помали трошоци

• Техничко подобрување на циркулацијата на кованите пари

Банкноти 

• Банкарите издаваат потврди на поголем износ од депонираните валутни пари

• Нема 100% покритие• Цертификати се трансформираат во банкноти

• Од економски аспект: сурогат на пари, средство за плаќање

• Од правен аспект: обврзници

Разлика помеѓу банкнотите и цертификатите 

Цертификати Банкноти 

Потврди Обврзници

Примив од–ќе исплатам на Ќе исплатам на доносителот

Обврска за чување на валутни пари Должност да има процент од депозитот

Трговци, златари, банкари Мал број банки, Централна банка

Оптекот на пари – ист Се зголемува оптекот на пари

Книжни пари

Паричници со присилен курс Законско средство за плаќање за секого! Укинување на ковертибилноста на банкнотите за валутни пари

Трансформација на банкнотите во книжни пари Немаат материјална вредност – само номинална Порано: вредноста во количество злато Сега: вредноста од покритието со стоки Количество пари во оптек – монетарни власти –монетарно‐кредитна политика

Жирални пари

Развиени економии:1. Готови пари (книжни и ситни пари) 10‐20%2. Жирални пари 80‐90% Нематеријален облик на пари Побарување по видување кај деловните банки Правен аспект‐ не се пари, економски аспект‐ се пари

Зголемена брзина на оптекот на пари, влијаат врз општото ниво на цени

Предности: Зголемена сигурност на трансакциите, упростува техниката на плаќање ‐ пренос на пари

Поевтино, нема броење на пари Полесно се планира и остварува платниот промет

Електронски пари

• Дебитни и кредитни картички‐ улога на сурогати на пари• Разгранети компјутерски системи – нов систем на 

плаќање• Доверба во издавачите на картички и општо 

прифаќање‐ дефинитивно средство за плаќање • Електронски пренос на средства, еволуцијата на 

електронските пари = еволуцијата на телекомуникациите (интернетот)

• Импликации:1) Нов паричен систем ‐ електронски пари2) Врз принципите и раководење на банките3) Врз организација и работење на Централната банка4) Врз монетарно планирање и монетарната економија

ФУНКЦИИ НА ПАРИТЕ

Парите како мера на вредноста

(Standard Unit of Account или Standard Value)

• Вредноста на секоја стока се изразува во пари и ја претставува цената на таа стока

• Заедничка мерка на вредноста на сите видови стока

• Материјал за израмнување на вредностите на стоките во процесот на размена(споредуваат)

Парите како прометно средство

(Medium of Exchange)

• Конкретен, опиплив, видлив облик• Се јавуват во облик на парични знаци• Средство за размена

Парите како платежно средство

(Standard of Differed Payments)

• Временско непоклопување на актот на купување и актот на продавање

• Парите стануваат општа стока на договорите• Проширување на функцијата на парите како 

платежно средство и во областа надвор од стоковниот промет (плаќање на ренти, даноци, камати)

• Стандард на одложени плаќања

Парите како средство за штедење

(Store of Value)

• Најмногу почнале да се користат за штедење кога во оптек се наоѓале ковани пари од злато или од сребро

• Штедење – кога куповната сила и интервалутарната вредност на парите е стабилна или во пораст

• Средство за акумулирање на вредноста

Парите како светски пари

• Национална парична единица• Светски пари ‐ Треба да биде меѓународно 

призната и прифатена или да се наметне како одраз на економска и финансиска моќ на националната економија

• Валута – конвертибилни и неконвертибилни, меки и цврсти, пресметковни

• Девиза• Валутен и девизен курс• Конвертибилност

ПАРИЧНИ СИСТЕМИ

Поим и суштина на паричните системи

• Паричниот систем е дел од економскиот систем• Паричен систем: збир на правила и прописи со кои се 

уредуваат сите прашања во врска со функционирањето на парите во една национална економија.

• Збир на позитивни правни прописи и правила (закон за парите, закон за паричниот систем, закон за централната банка, закон за девизниот систем, закон за деловните банки) кој ги донесува државата и ја регулира паричната единица

• Платна заедница(валутно подрачје): доколку во една национална економија се користи исто средство за плаќање и сите обврски и побарувања гласат на исти пари и е во сила еден паричен систем

• Во современи услови на регулирање на национален монетарен систем, државата го регулира:

1. Паритетот на домашната единица2. Името на паричната единица3. Покритието на парите4. Вредноста на паричната единица5. Системот на емисија на парите6. Политиката на каматните стапки7. Конвертибилноста на националната валута8. Системот на меѓународните плаќања9. Девизниот курс10. Циркулацијата на девизите11. Интервенцијата на девизниот пазар• Паричните системи во развојот се делат на: 

металистички парични системи и книжен паричен систем

МЕТАЛИСТИЧКИ ПАРИЧНИ СИСТЕМИ

• Карактеристика: Вредноста на парите е врзана за вредноста на 

златото или среброто како објективен стандард• Сите видови пари и сурогати се заменливи за злато 

или сребро• Во оваа група спаѓаат:• Паралелна валута• Биметализмот• Куцата валута• Монометалистичка валута

Систем на паралелна валутаПрвите почетоци на ковање пари од злато и сребро до почетокот на XIX век

Основни карактеристики:1. Ковање на пари со полна вредност од злато и од сребро2. Не постои меѓусебна заменливост3. Заменливост на банкнотите во злато или во сребро4. Два наполно самостојни парични системи5. Нема официјален сооднос помеѓу златото и среброто 

(пазарна цена)6. Плаќања врз основа на договор (клаузула на монетата)7. Интервалутен курс8. Две независни валутни подрачја во исто географско 

подрачје9. Слобода на ковање пари и од злато и од сребро

Биметализам• Систем на двојна валута – златни и сребрени пари во 

оптек со полна материјална вредност без автономија во движење на меѓусебната вредност,

• Единствен паричен систем составен од два дела, со учество на пари од два метала=биметализам

Основни карактеристики:• Златни и сребрени пари – со полна материјална 

вредност, законски утврдена цена• Законски утврден сооднос помеѓу вредноста на златото и 

среброто• Слобода на ковање пари и од злато и од сребро• Слобода на увоз и извоз на злато и сребро• Двата вида на пари гласат на иста парична единица• Слободна моќ на плаќање со двата вида на пари

Систем на куца валута

Основни карактеристики:

• Една валута  добива карактеристики на официјални пари, а другата на ситни пари=систем на куца валута

• Демонетизација на еден од металите (куца златна валута ‐ демонетизација на среброто или куца сребрена валута ‐ демонетизација на златото)

• Поврзаност со традиционалните вредности на користење на металот

• Преоден облик кон монометализам• Разлика помеѓу основни пари и ситни пари1. Основни пари (готовински карактер) – неограничено 

ковање2. Ситни пари (натален карактер) – законски ограничени 

количества на ковање• Паричен систем со скратена една нога=куца валута

Монометалистички парични системи

• Во оптек има пари ковани само од еден благороден метал

• Два монометалистички парични системи• Злато за ковање валутни пари, а ситни пари се коваат од други неблагородни метали=систем на златна валута или монометализам на златото

• Сребро за ковање валутни пари, а ситни пари се коваат од други неблагородни метали=систем на сребрена валута или монометализам на среброто

Монометалистички системи на сребрена валута

• Основни карактеристики: Се коваат само сребрени пари Среброто е со неограничена платежна моќ Златните пари имаат карактер на стока Земји производители на сребро (Холандија, Аргентина, Франција, Кина)

• Напуштање на монометалистичката сребрена валута:1. Поради големата стабилност на вредноста на златото2. Поради воведувањето на системот на златна валута од 

страна на Англија како моќна економска сила

Монометалистички систем на златна валута

Воведување: Англија(1816 година) Германија (1873 година) Франција (1878 година) Русија и Јапонија (1847 година) и САД (1900 година)

Основни карактеристики: Вредноста на паричната единица е во постојан паритет со 

вредноста на златото=златен паритет Вредноста на парите – количеството на злато во паричната 

единица Паритет помеѓу цените на монетарното и немонетарното

злато Автоматизам на златниот стандард= или златните ковани 

пари ќе се претопуваат во стоковно злато во случај цената на кованите златни пари да е пониска од цената на стоковното злато

• Системот на монометалистичказлатна валута поминал низ три етапи(потсистеми) во својот развој:

1. Систем на златна валута со златници во оптек

2. Систем на златна валута врз основа на златни прачки

3. Систем на златна валута врз основа на златни девизи

Современ паричен систем Распаѓање на системот на златната валута и премин кон книжната валута=современ паричен систем

Емисија на пари чија вредност не е врзана за објективен стандард или благороден метал=слободни валути

Не се конвертибилни и немаат своја внатрешна материјална вредност= релативно безвреднипари

Пари наметнати со закон од државата како присилно средство за плаќање

Манипулирани валути ‐низок степен на сувереност на централната банка и државата може да манипулира со количеството книжни пари во оптек

Современ паричен систем ‐ книжни пари, жирални (70‐90%) пари и ситни ковани пари

Слабости на книжните пари во споредба со златото:• Се создаваат т.н. парични илузии – со зголемен оптек ќе се решат економските проблеми

• Не постои принцип на автоматско регулирање на оптекот на парите (слободна валута)

• Книжната валута не може да послужи во плаќањата во меѓународниот платен промет како златото

Предности на книжните пари:• Ограничена количина на златото, количеството на златото не може да се зголемува адекватно на растечкитепотреби на производството и прометот

• Книжната валута не се повлекува од шпекулативни причини

• Книжната валута не бега од земјата за време на криза

• Книжната валута е слободна и еластична• Книжната валута е полесна за ракување• Книжната валута е евтина валута