69
12/4/2011 1 проф.Горан Станикевски-Горјански ПАРИТЕ ПАРИТЕ СЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА ОТЕПУВАЧКА ( ( драма драма во во пет пет чина чина ) ) Ристо Крле

ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

  • Upload
    others

  • View
    26

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 1проф.Горан Станикевски-Горјански

ПАРИТЕПАРИТЕ СЕСЕ ОТЕПУВАЧКАОТЕПУВАЧКА

((драмадрама вово петпет чиначина) )

Ристо Крле

Page 2: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 2

ПРЕДАВАЊЕ

Притисни Shift+F5

Page 3: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 3

Ристо Крле

ПАРИТЕПАРИТЕ СЕСЕ

ОТЕПУВАЧКАОТЕПУВАЧКА(драма во пет чина)

Page 4: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 4

РистоРисто КрлеКрле (1900(1900--1975)1975)

РИСТОРИСТО КРЛЕКРЛЕ е роден воСтруга 1900г., во семејствона чевларски мајстор.

Завршил основно училиштеи први клас гимназија до1912, а втори клас сезапишал дури четиригодини подоцна, подбугарска окупација. Раноостанал без татко, паповторно бил приморан даго напушти школувањето ида работи.

Антон Панов, Димче Стефановски и РистоРисто КрлеКрле

Page 5: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 5

Од 1920-1924г. Активно учествува воаматерската театарска група „ЦрнДрим“. Следната 1925г. Заминува воПодградец, Албанија, каде работелкако чевлар. Тогаш ја слушналприказната која ќе го опседне и за којаќе се обидува да пишува десетинагодини. Во неговата чевларска работилницадошол селанец да бара евтиничевли за мртовец. Ја раскажалтрагичната приказна дека синоткога по 20 години печалба севратил од Америка домашните него препознале и го убиле.

ВАЖНО

Page 6: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 6

Без искуство, самоук, но постојанопрогонуван од случката, на крајот ја напишалпиесата во еден здив. Тоа било во 1937 година, кога Крле ја напишал својатанеповторлива „Парите се отепувачка“. Скопскиот театар ја прифатил и премиератасе одржала на 27.12.1938година.

Тој ги напишал и драмите: „Антица“, „Милиони маченици“, „Гроф Миливој“, „Велик ден“.

До крајот на својот живот ја пишувал својата„Автобиографија“.

По Втората светска војна работел и живеел воСкопје.

Добитник е на награда за животно дело.

ВАЖНО

Page 7: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 7

ПАРИТЕПАРИТЕ СЕСЕ ОТЕПУВАЧКАОТЕПУВАЧКА

(драма во пет чина)

Page 8: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 8

МИТРЕМИТРЕ, сиромав земјоделецМАРАМАРА, негова женаАНЃЕЛЕАНЃЕЛЕ, нивни синКАТАКАТА, нивна ќеркаСОФРЕСОФРЕ, нивни зет, Катин мажАНААНА, нивна внука од ќерка им КатаКОТЕ, близок роднина, бивш печалбарДЕПА, жена на КотетаФРОСА, кума МитреваСПАСА, девојче на 7 годиниТАНЕ, дете на 3-4 годиниПАНДЕ, кирајџијаЈАНКУЛА, земјоделецПРВО ДЕТЕВТОРО ДЕТЕЕДЕН СЕЛАНЕЦЕДНА ЖЕТВАРКАЖЕТВАРКИ

Се случувало, се случува и ќе се случува насекадекаде што постои и дури постои капиталистички строј.

ЛИЦА ШТО УЧЕСТВУВААТ

деца на Фроса

Page 9: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 9

ПАРИТЕПАРИТЕ СЕСЕ ОТЕПУВАЧКАОТЕПУВАЧКА

Драмата е составена од пет чина и четириетапи.Темата е животот и трагедијата на едномакедонско сиромашно семејство кое епринудено да го испрати својот единствен синна печалба.Идејата е јасно изразена во насловот-проклетството на парите.Таа е битово-социјална драма со мотиви одпечалбарскиот живот.Дејството се случува во дваесеттите годинина XX век, некаде во Западна Македонија иакотоа може да се случи секаде. Но, амбиентот ибитот е македонски.

*(За истата случка Албер Ками прочитал вовесник и кратко ја споменува во неговиотроман „Странецот“, а потоа пишува драма соистиот мотив:„Недоразбирање“).

Page 10: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 10

СОДРЖИНАСОДРЖИНА

1 чинВо почетокот на драмата е опишана сиромашнатакуќа на селанецот Митре, жена му Мара, синотАнгеле и ќерката Ката.Тие се будат рано, на првите петли, како што еобичајот кога се испраќа печалбар. Надвор естудено, снежно, два дена пред Свети Никола, штопредизвикува страв кај домашните за патувањетона Ангеле.Кај нив доаѓаат Коте и Депа за да го испратапечалбарот. Јадат, пијат и разговараат запечалбарскиот живот. Коте бил печалбар, пабожем нешто повеќе знае и може да даде добрисовети. Но, во разговорот се гледа нивнатанаивност, неукост, суеверие и заостанатост. Доаѓаи Фроса, кумата, со погача, како што е обичајот. Софрата мора да е полна, за кога ќе се вратипечалбарот да биде исто така полна, односно да гопречекаат на софра.

ВАЖНО

Page 11: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 11

На крајот, доаѓа Панде кој ќе го испратиАнгеле на брод. И тој седнува на софратаи од негово искуство кажува дека воАмерика, пред Њу Јорк имало некоеостровче каде ги симнувале ситеноводојдени и доктори ги прегледувале. Ако не биле здрави, со здрави заби, сокоса на темето- тогаш ги враќале. Домашните се вознемируваат, бидејќиАнгеле нема пари за назад, но сепак сенадеваат дека се` добро ќе заврши, зашто нивниот Ангеле е млад и здрав.

ВАЖНО

Page 12: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 12

Испраќањето го прават со сите адети. Мара става стомна со вода на прагот, аАнгеле кога ќе излегува треба да јакошне. Мајката го советува да праќаписма, да не седи многу години, да севрати за да го женат. Ангеле ветува декаќе праќа пари, татко му да купи и ниви инова куќа да направи. Ветува дека ќе одикај кумот (мажот на Фроса) и ќе пренесепоздрави. Ангеле трга, а Мара му фрлапченица преку главата, тој ја кошнувастомната и сите плачат, а особенодомашните.

ВАЖНО

Page 13: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 13

ПагурчеПагурче заза ракијаракија

Page 14: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 14

Page 15: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 15

Page 16: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 16

2 чин

И дејствието на вториот чин се случува вокуќата на Митре, каде сите (Митре, Мара, Ката, Депа, Коте, Фроса и нејзините две деца) седат покрај огништето и разговараат. Разговараат за обични домашни работи и затоа како Ангеле сега ќе почне да праќа пари. Иако имаат домашни обврски, тие сепак седати всушност го чекаат да се врати Панде и дараскаже како поминале по пат.Кога доаѓа, му даваат топла ракија и едвајчекаат да слушнат што има да каже. Тој надолго и широко им раскажува како уште когатргнале црна мачка им претрчала преку патот. Тие од страв, од суеверното сфаќање дека тоаноси несреќа си помислиле да се врататназад, но сепак продолжиле. Стигнале воградот, ги нашле другите гурбетчии и Ангелетргнал заедно со нив. ВАЖНО

Page 17: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 17

3 чинВременски скок од 20 години, претставена екуќата на Софре, маж на Ката, и нивната ќеркаАна, која е убаво облечена и се дотерува. Тааима веќе 15 години и мисли на момчиња штофрлаат око на неа. Дотрчуваат деца кои и` кажуваат дека дошолвујко и` Ангеле од Америка. Таа ги дарува со поедно јаболко и шамивче за убавата вест. Влегува Ангеле во куќата со големи куфери иубаво облечен. Од нива ги викнале Ката иСофре и тие брзо доаѓаат во куќата. Ката епресреќна што го гледа брат и` по толку годинии што прво кај неа дошол, а не дома. Одкуферот вади дарови за сите: на Софре му давазлатен саат, на Ката чевли, копринени чорапи излатен прстен, за Ана исто, но и медаљон со петзлатника кој и` го става на вратот. Разговараатза Америка, за тамошната слобода, за кината, театрите, парковите, но и за гангстерите. ВАЖНО

Page 18: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 18

Page 19: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 19

Потоа почнуваат да се договараат како икога да одат кај родителите. На крајрешаваат Ангеле тука да вечера, па даоди кај родителите, но да не им каже које, а утрото да дојде Ката со семејството изаедно да се радуваат.

Вечерата поминува убаво и весело сопесната на жетварките кои се дојдени заработа на нивата на Софре. Ангеле евоодушевен што зборува и пее на својјазик, што е меѓу блиски и што девојките(жетварките) се убави, па се надева декабрзо ќе си најде жена за себе. На крај, Ангеле тргнува дома испратен со песна.

ВАЖНО

Page 20: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 20

4 чин

Куќата на Митре, новоизградена, доброподредена, со нови рогозини и килими, соминдерлак и перници. Митре и Мара штотукузавршиле со вечерата и жетварките, па Митресе испружува да испуши тутун, а Марасредува.На портата доаѓа некој што се претставувакако гурбетчија што му се расипалавтомобилот и бара да преноќи кај нив. Тие гопримаат, го понудуваат да јаде и разговараат. Зборуваат за нивниот син, кој се` уште е воАмерика и во последно време ни писмо не импратил. Тие ја искажуваат својата болка што20 години не си го виделе синот. Туѓинецот сефали дека тој за пет-шест години многуспечалил и дека сигурно и нивниот син ќедојде со пари. Откако Мара му ја местипостелата на туѓинецот, тој се повлекува да сеодмори. ВАЖНО

Page 21: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 21

Митре и` го покажува на Мара полното куферчесо пари кое успева да го отвори. Златниците муго поматуваат умот на Митре. Тие почнуваат дасе сомневаат дека тој можел да ги спечалипарите за толку краток период во туѓина, деканајверојатно ги нашол или ги украл. Мара мупредлага да земе некој златник или целотокуферче да го украде и да се прави како да незнае каде е.Но, Митре вели:

Митре: Ова куче не ги има спечалено, слушај мети мене! Овој има отепано некого за да дојде доовие пари! А кога тој можел да отепашто јас неби го отепал него и да станам богат човек? Какоги спечалил- така нека ги загуби! Секирата наова куче!Мара вознемирена од намерата на Митре, сакада го разбуди туѓинецот, но тој ја оттурнува и сосекирата влегува во собата.

ВАЖНО

Page 22: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 22

5 чинУтрото Митре и Мара се соочуваат со гревот штого сториле.Страстите се стивнати, но од стореното не можатда избегаат.Кога доаѓа Ката со семејството, тие почнуваатда се сомневаат дека направиле нешто уштепострашно. Ката ја открива вистината. Мајкатане може да го издржи сознанието дека го убиласопствениот син и умира од срцев удар, ататкото се прободува со нож.

ВАЖНО

Page 23: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 23

1.1. експозицијаекспозиција- описот на куќата, обичаите за испраќање на печалбарот ииспраќањето;

2.2. заплетзаплет- враќање на печалбарот вокуќата на сестра му;

3.3. кулминацијакулминација- планот да не се каже које и доаѓањето во куќата на родителите;

4.4. расплетрасплет- заслепеноста на таткото одпарите, убиството на туѓинецот, откривањето на вистината и смрт народителите.

ЕТАПИЕТАПИ ВОВО ДРАМАТАДРАМАТА

ВАЖНО

Page 24: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 24

ЛИКОВИЛИКОВИ

МитреМитре е сиромашен селанец кој епринуден да го испрати единствениот синна печалба. Тој живее мирен, скроменживот и постојано мисли на враќањето насинот. Но, кога доаѓа туѓинецот во неговатакуќа, тој сосема се променува. Страста конпарите му го свртуваат умот и ќе го доведатво состојба да изврши злосторство. Толку езаслепен, што не ја слуша жена си, па дурии кон неа станува агресивен. Си наоѓаизговор и го убива. Се разбира, дека послетоа се кае за стореното злосторство, а когаразбира дека бил син му- се убива. Но, тојне е негативна личност, иако убива. Затоашто не убива тој, туку сиромаштијата ижелбата за подобар живот, како и зависта.

ВАЖНО

Page 25: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 25

МАРАМАРА е типична патријахална жена и мајкакоја ги почитува сите обичаи и која епотчинета на мажот и децата. Се обидувада го одврати мажа си од намерата да убие, бидејќи се плаши да не бидат откриени. Кога ја дознава вистината, мајчиното срцене може да ја поднесе- и умира.

АНГЕЛЕАНГЕЛЕ е печалбар кој уште како дете гопраќаат на печалба, а се враќа каковозрасен маж. Тој постојано мисли на дома, на родителите и сестра си. Таму печалел иштедел, им праќал пари на домашните исреќен се враќа дома. За да направипоголема претстава од своето враќање, јасмислуваат играта заедно со својата сестракоја ќе заврши кобно, за сите.

ВАЖНО

Page 26: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 26

КРАЈ

Да се запамети: Одликите на битовото во драмата сеприкажани во обредната јазична изведба на

комуникацијата, приказот на обичаите,верувањата исо улогата што народната песна ја има во драмата

ВАЖНО

Page 27: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 27

ДОПОЛНИТЕЛЕН

МАТЕРИЈАЛ(информативно)

Притисни Shift+F5

Page 28: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 28

"ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА"Ристо Крле е драмски писател,кој е роден1900год,како син на струшки чевлар. Напишал повеќе драми,но најголем успех имал содрамата Парите се отепувачка.

Во драмата се раскажува за една случка во с.Аларупкаде родителите не препознавајќи го својот син Ангелего убиле. Татко му Митре пред богатството на овој туѓинец којполн со пари враќајќи се од Америка преноќува вонеговиот дом како туѓинец на местото на синот. Драмското дејство е составено од 5 чина. Во куќата на Митре и Мара,еден зимски ден ималороднини,пријатели за да го испратат Ангеле на печалбаво Америка. Од Ангеле се очекувало да им помогне на луѓето восиромаштијата,во подготовките за свадбата на сестраму Кате и кога ќе се врател да се оженел и да оформелсемејство. Имало маси полни со храна,пијалоци,со здравици иблагослови го испратиле Ангеле на печалба подтурско,илинденско востание.

ДООБЈАСНУВАЊЕ

Page 29: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 29

После 20год во селото,ненајавено се вратил Анѓеле одпечалба во куќата на неговата сестра Кате и јапрепознал неговата внука Ана. Откако разбрале,неговите блиски го прославуваленеговото враќање. Потоа, вечерта, по смислениот план заедно со сестра сизаминал во куќата на неговите родители Митре и Мара. Остарените родители не го препознале својот син имислеле дека е туѓинец . Тогаш почнале да го опишуваат нивниот син Анѓеле иго прашале дало го сретнал некаде во Чикаго. Потоа Анѓеле си легнал да се одмори,а неговиот таткоМитре сакал да дознае што имало во куферот натуѓинецот. Кога го отворил куферот,се зачудил бидејќи внатреимало злато.Тогаш ја викнал неговата жена Мара и седоговориле да го убијаат туѓинецот,бидејќи сметаледека толкаво богатство неможело да се стекни на чесенначин за 5-6 год. Тогаш тие го убиле,со секира. Другиот ден кога неговата ќерка им отишла на гости имкажала дека тоа навистина бил нивниот син Ангеле. Во тој момент неговата мајка умрела од инфаркт,анеговиот татко се самооубил,се прободил со нож восрцето.

ДООБЈАСНУВАЊЕ

Page 30: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 30

РИСТО КРЛЕПојавата на драмите на Ристо Крле напрагот на Втората светска војна беше уштеедна потврда дека неслучајната литературана Повардарска Македонија го пронашласвоето место меѓу југословенскитекнижевности, поезијата на Кочо Рацин ,КолеНеделковски и др. го зацврсти тоауверување уште посигурно.Крле бил еден одпрвите учесници во Културно-уметничкотодруштво Црни Дрим во Струга.Позавршувањето на Втората светска војна севработил како чиновник во Министерствотоза просвета во Скопје а долги години потоасе до своето пензионирање бил службеникна Друштвото на писателите на Македонија.Р.Крле ги напишал драмите:,,Антица’’, ,,Милиони маченици’’, ,,Парите сеотепувачка’’.

ДООБЈАСНУВАЊЕ

Page 31: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 31

Парите се отепувачка:

Главни протагонисти во драмата парите сеотепувачка се земјоделецот Митре, неговата женаМара и нивните деца Анѓеле и Ката.

Го испраќаат Анѓеле на печалба и тој се немавратено дома 20 год.Тој кога се враќа најпрвиноди кај својата сестра и таму смислува да не им секажува на своите родители,неговата сестра сеобидува да го вразуми, но тој сака да гиизненади.Вечерта оди кај своите родители ,тие него препознаваат мислат дека е некој странец, а тојне им се претставува.Кога си легнал да спиетаткото си помислил овој има многу пари за кратковреме, а мојот Анѓеле го нема 20 г. па така решилда го убие.Мајката на Анѓеле сакала да го спречисвојот сопруг, но не успеала.Утредента доаѓанивната ќерка и го бара својот брат.Когадознаваат дека го убиле сопствениот син мајкатаумира од срцев удар, а таткото се самоубива.

ДООБЈАСНУВАЊЕ

скратено

Page 32: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 32

ПРЕДАВАЊЕ

од учебникот(информативно)

Притисни Shift+F5 Важно

Page 33: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 33

РИСТО КРЛЕ

Page 34: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 34

Page 35: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 35

Page 36: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 36

Page 37: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 37

Да се запамети: Одликите на битовото во драмата се прикажани во

обредната јазична изведба на комуникацијата, приказот на обичаите,верувањата и со улогата што народната песна ја има во драмата

Page 38: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 38

Page 39: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 39

Антон Панов, Димче Стефановски и Ристо Крле

Page 40: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 40

Користена литература:

„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле

„За матуранти“ од Билјана Богданоска

Page 41: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 41

РЕАЛИЗАМРЕАЛИЗАМ

ДРАМСКО ТВОРЕШТВО

проф.Горан Станикевски-Горјански

АЛБЕРАЛБЕР КАМИКАМИ

НЕДОРАЗБИРАЊЕНЕДОРАЗБИРАЊЕ

Page 42: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 42

Притисни Shift+F5Shift+F5

ПРЕДАВАЊЕПРЕДАВАЊЕ

АЛБЕРАЛБЕР КАМИКАМИ(1(1913913--19196060))

ДРАМСКОДРАМСКО ТВОРЕШТВОТВОРЕШТВО

--НЕДОРАЗБИРАЊЕНЕДОРАЗБИРАЊЕ--

Page 43: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 43

АЛБЕРАЛБЕР КАМИКАМИ (1913-1960)

� Албер Ками е претставник на современаталитература и според правецот и времето во коетворел нема голема врска со нашите драматурзи одвремето меѓу двете светски војни. Но, инспирацијатаза драмата „Недоразбирање“ е поврзувачката нитка. Имено, Албер Ками прочитал во весник за случкатакоја со години го измачувала. � Р.Крле да ја напише „Парите се отепувачка“, и

тој, на свој начин ја обработил истата тема. Додека Крле се трудел да ја задрживистинитоста на приказната, да ја смести воавтентичниот македонски амбиент прикажувајќиги безбројните обичаи, за Ками приказната есамо приказна, идеја да го смести нештото восвои рамки.� Како автор на апсурдот, покрај „Странецот“ и

„Недоразбирање“ ги носи истите елементи –безначајноста на егзистирањето, бесмислата наживотот, изгубеноста на човекот во новото општество.

Page 44: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 44

НЕДОРАЗБИРАЊЕНЕДОРАЗБИРАЊЕ ((драмадрама вово тритри чиначина))

ЛИКОВИ:

МартаМарта (сестрата)

МаријаМарија (сопругата)

МајкатаМајката

ЈанЈан (синот, братот на Марта и сопругот на Марија)

СтарецотСтарецот (служителот)

Page 45: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 45

КРАТКАКРАТКА СОДРЖИНАСОДРЖИНА нана драматадрамата

� Дејството се случува во некое запустено, зафрлено место, во некоја крчма кадеМајката и ќерка и Марта издаваат соби наслучајните, ретки минувачи. (Подоцна сеспоменува дека националноста на Јан еЧех, но тоа воопшто не е важно).

� Уште веднаш, дијалогот меѓу Мајката иМарта за новиот гостин провоцирасомневања кај читателот дека тие праватнешто нечесно:

Page 46: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 46

� МАРТА: Имашлив ли е?� МАЈКАТА: Не го згрижи цената.� МАРТА: Ако е имашлив, уште поарно. Ама, исто така, тој

треба да биде и сам.� МАЈКАТА: (изнемоштено) Сам и имашлив, да. И, тогаш

повторно ќе треба да почнеме.� МАРТА: Ќе почнеме, навистина. Ама затоа, пак, ќе ни се

исплати трудот.� Уште пократко, Ками успева да ни го долови ликот на Марта

која никогаш не се смее, освен, како што вели самата – кога есама во својата соба, која со своите груби црти и немладешкооднесување е премногу сериозна и „тврда“. Многу брзо – уштево воведот тој ги искажува нејзините стремежи, нејзинитеидеали за животот, како и начинот на кој планира да гиисполни:� МАРТА: Ах, мајко! Кога ќе собереме многу пари и кога ќе ја

напуштиме оваа бескрајна рамнина, кога ќе ја оставиме задсебе оваа крчма и овој врнежлив град, и кога ќе ја заборавимеоваа пуста земја, дента кога ќе бидеме најнакрај, пред моретоза коешто толку мечтаам, во тој ден, ќе ме видиш како сесмеам. Ама, за да се живее покрај море, требаат многу пари. Затоа, не треба да се плашиме од зборовите. Затоа, треба да сезафатиме со она што ќе дојде. Ако тој е доволно имашлив, мојата слобода ќе почне, можеби, со него.

Page 47: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 47

� Од зборовите на Марта се гледа дека таа сечувствува како во затвор, закована вопустелијата на својата душа и дека мечтае заослободувањето, за ширината на морето, кога ќесе чувствува среќна. Всушност, несреќната Мартаја бара среќата преку парите, преку туѓата смрт, само за да избега од... себеси и својот корен, даизбега далеку од сомневањата дали е таа доволновредна за љубовта на мајка и`.

� Луѓето што доаѓаат во нивната крчма се жртви нанејзината рамнодушност кон животот – таа гиубива тешејќи се дека мирно и спокојно ги праќаво „другиот свет“, без болка, успивајќи ги, башкако што таа (и мајка и) би сакале да си умрат. Туѓиот живот за Марта нема никаво значење, убиствата ги извршува без трошка грижа насовест, божем за нејзина „виша“ цел – среќата вонејзниот безначаен живот.

Page 48: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 48

� Мајката, пак, се чини, прави се, само да иудоволи на ќерката – зашто само таа и останала. Сопругот починал, синот одамна заминал безникаков абер.

� И веќе на деветтата страница од драмата едијалогот:

� МАРТА: Мајко, ќе треба да го отепаме.

� МАЈКАТА (потивко): Несомнено, ќе треба да гоотепаме.

� МАРТА: Некако чудно го велите тоа.

� МАЈКАТА: Снемоштена сум, навистина, и вонајмала рака би сакала овој да биде последен. Отепувањето страшно истоштува. Не ми е многугрижа дали ќе умрам покрај морето или среденашава рамнина, меѓутоа, толку би сакала по овазаедно да си заминеме.

Page 49: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 49

� Дијалог во кој гледаме две сурови злосторнички, убијци, за кои очекуваме во наредните страницида се променат и очовечат, да ги здобијат нашитесимпатии на било кој начин. Мајката тоа донекаде и го успева, но Марта, Марта е иста какоСтранецот – бесчувствителна, корава, речисикако некој вонземјанин што не може да гиразбере луѓето коишто чувствуваат. За неа немасимпатии, таа не сака ни да ги здобие, единствено што посакува е ослободување –широкото море, ослободување од потрагата наљубовта од мајка си; ослободување од стегите наубиствата кои не и значат повеќе од обичнадремка и одмор од секојдневието.

Page 50: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 50

� Во меѓувреме Јан (синот) разговара со својатасопруга Марија и ја убедува дека начинот кој гоизбрал да се појави пред своите најблиски еправилен. Бидејќи не го препознале веднаш, тојодлучува да остане во крчмата како туѓинец за даги набљудува од страна. Навреден е што не гопрепознаваат и што наместо голем пречек напечалбарот тие му даваат пиво кое тој си го плаќакако и секој друг гостин Марија не го поддржуваво намерите и се сомнева дека се ќе испадне какошто треба. Таа не може да сфати како мајката неси го препознала синот, зашто мајките секогаш гипрепознаваат своите синови. Таа го убедува декатреба да ги каже едноставните зборови „јас сум“– да биде искрен, а не да игра непотребни игри.

Page 51: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 51

� ЈАН: Овде дојдов да ја донесам печалбата и, акоможам, среќата. Кога научив за смртта на таткоми, одеднаш разбрав дека сум одговорен за нивдвете и, така, сега го правам она што треба. Амапретпоставувам дека не е толку лесно, како штообично се вели, дома да се вратиш; треба дапомине време па од еден туѓинец да станеш син.

� МАРИЈА: Тогаш, зошто не се јави дека севраќаш? Има случаи кога човек требазадолжително да постапи како другите луѓе. Когасака да го препознаат треба да си го каже името, тоа барем е јасно. Инаку, завршува со тоа што сесе замешува, ако човек се претстави за некој штоне е. Зошто да не те сметаат за туѓинец во куќатаво која се претставуваш како туѓинец? Не, не, сево ова не е разумно.

Page 52: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 52

� Убава е постапката на Јан да се врати дома задолгот што го чувствува кон мајка си да гоисполни, иако не го усреќува. Но, зошто мора даправи претстава – зошто сака да ги преиспитува? Дали се тие доволно добри да им го даде она штоим го ветил – парите што ги спечалил – по коитие го пратиле и го чекале цел живот, од коиодамна се откажале?

� Иако Марија се труди да го разубеди во начиноткој го избрал со својата чиста и искрена љубов, тој е упорен и на крајот ја оттргнува од себесипраќајќи ја да преспие на друго место, а него даго остави сам во куќата на мајка си.

Page 53: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 53

� Во пансионот неговите генералии гизапишува Марта, но таа не го нипогледнува пасошот кој тој и го подава сонадеж дека ќе го види името и се ќе серазјасни. Јан се обидува да разговара сонеа, но таа не сака да го третира поинакуод сите останати гости и туѓинци – па несе впушта во разговор. Доаѓа и Мајкатакоја ги препрочитува генералиите и којавнесува емоции во разговорот, па дури, воеден момент го нарекува „синко“ –предупредувајќи го дека рацете се уште исе силни, речиси молејќи тој да сфатидека тука не го чека ништо добро.

Page 54: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 54

� МАЈКАТА: Зошто му зборував за моиве раце? Ако, сепак, ги погледаше можеби ќе го разберешеона што Марта му го кажа. Би разбрал и би сизаминал. Ама, тој не разбира. Самиот си ја барасмртта. А, јас само би сакала да си замине за даможам, уште ноќва, да си легнам и да сизаспијам. Остарев многу!

� На крајот од првиот чин двете жени сесоочуваат со моментот – или ќе се решат да гоубијат туѓинецот ноќта или воопшто нема да гоубиваат. Ги тревожи единствено тоа што и дветесе поразлични од другпат кога биле сосемарамнодушни кон убиствата што ги извршувале, мајката снемоштена, а Марта раздразнета. Овааситуација за момент влева надеж кај читателотдека можеби сепак се ќе заврши добро и дека тиесепак навреме ќе дознаат кој е тој.

Page 55: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 55

� И на почетокот од вториот чин продолжува таанадеж поради двоумењето на Јан. Тој гипреиспитува зборовите на Марија, почнува даверува во нив и кога ќе реши да си замине – веќеќе биде доцна. Старецот (слугата) му го носиотровниот чај кој го испива, и потоа целатапроцедура на убивањето си го добива својотвообичаен тек. Тие двете го носат во надојденатарека и го фрлаат да се удави заедно со ситепретходни туѓинци кои ги ограбувале за да јакупат „среќата“ на Марта.� Во третиот чин – се е веќе завршено. Убиството

е извршено, Старецот средува, Марта чувствуванова животна енергија, нов полет, речиси среќа, а мајката е уште повеќе снемоштена. Средувајќи, Старецот го наоѓа пасошот на туќинецот и и гоподава на Марта. Таа тогаш за првпат го читаимето и иако дознава што се случило – нереагира никако, сосема мирно и студено само и годава на Мајката за и таа да ја дознае вистината.

Page 56: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 56

� МАЈКАТА: (со безизразен глас) Ете, убаво знаев декаеден ден вака ќе се случи, оти тогаш и тоа ќе има крај.

� МАРТА: (доаѓа до шанкот) Мајко!

� МАЈКАТА: (со истиот глас од пред малку) Доволно еМарта, доста живеев. Поживеав повеќе од мојот син. Јасне го препознав и јас го отепав. Сега, мжам да појдамда му се придружам на дното на реката каде штотревата веќе го покрива неговото лице.

� МАРТА: Мајчице! Белки нема да ме оставите сега сама?

� МАЈКАТА: Многу ми помагаше Марта, и жал ми е штоќе те оставам. Ако може ова уште нешто да значи, требада кажам дека на свој начин ти беше добра девојка. Секогаш ме почитуваше, се токму како што треба. Ама, сега, снемоштена сум и моево старо срце, коештомислев дека се стаило, повторно го фати болката. Веќене сум толку млада за да се справам со неа. Впрочем, кога една мајка веќе не е кадарна да си го препознаесинот, тогаш нема што да бара на овој свет.

Page 57: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 57

� Марта се обидува да ја одврати мајката однамерата да умре, но во разговорот самоќе го дознае она што од секогаш сеплашела – дека иако таа била добраќерка, мајката повеќе го сакала синот којбил отсутен. Синот, кој според Марта, имал среќен и исполнет живот, животпокрај морето (слободен), живот исполнетсо љубов – и живот кој не е грев дазаврши, зашто грев е нејзиниот – во кој непочувствувала ништо! Неможејќи да себори против желабата на мајката, Мартаќе се помири:

Page 58: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 58

� МАРТА: ...Толку сум далеку од она што гомилувам, и за мојата оддалеченост нема лек. Гомразам, го мразам зашто тој го постигна она штого сакаше! Јас, пак, како татковина го имам овојзатворен и затемнет простор каде што небото ебез хоризонт, за мојата глад ја имам овдешнатакисела слива и ништо за мојата жед, освен крватза да ја засити. Ете, тоа е цената што треба да сеплати за нежноста на една мајка! Тогаш некаумре, бидејќи никогаш не сум била сакана! Повторно нека се затворат вратите околу мене!...

� Единствената надеж за среќа Марта ја губи. Се емрачно, темно, кисело и горко во нејзиниотживот. Се е затворено. Ни морето веќе нема да иго пружи задоволството. Нема слобода за неа.

Page 59: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 59

� Во последната слика на драмата во куќата наМарта доаѓа Марија барајќи си го својот љубенсопруг. Марта ладнокрвно и ја кажува вистинатадека ноќта го убиле и дека сега и мајката му сепридружува во реката. Чувствителната ирасплакана Марија предизвикува гадење кајМарта. За неа, сега сите сметки се расчистени, ипак таа е губитникот.

� МАРТА: Да не преувеличуваме. Вие го загубивтемажот, јас ја загубив мајка ми. И покрај се, ниесега сме раздолжени. Меѓутоа, вие загубивтесамо еднаш, откако се наживеавте со години ибез тој да ве отфрли. Мене, пак, мајка ми меотфрли. Сега, таа е мртва и јас сум губитник – повторпат.

� Толку се згадува од чувствата што ќе рече:

Page 60: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 60

� МАРТА: Не допирајте ме, веќе еднаш виреков. При помислата дека една човечкарака би можела да ми ја пренесе својататоплина пред да умрам, при помислатадека што и да е што личи на човечкатанежност би можело уште да ме следи, вомоите слепоочници чувствувам дека удирасета жар на крвта.

� Марија, пак, ја губи надежта дека ќе најдеутеха кај единствената блиска на својотмаж, ја губи надежта дека воопшто ќеможе да најде утеха за загубата, па сесвртува кон небото барајќи помош.

Page 61: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 61

� МАРИЈА (низ силен пискот): Оф, Господи, неможам да живеам во оваа пустина! Тебе ќе тизборувам и ќе знам да ги најдам моите зборови. (Паѓа на коленици). Да, Тебе ти се предавам. Смилувај се, сврти се кон мене! Слушни ме, подајми ја Твојата рака! Смилувај се, Господи, надоние што се сакаат и што се разделени!

� (Се отвара вратата и се појавува стариотслужител).

� СТАРЕЦОТ: (со јасен и цврст глас) Ме повикавте?

� МАРИЈА (свртувајќи се кон него): Ох! Не знам! Ама, помогнете ми, потребно ми е некој да мипомогне. Смилувајте се и прифатете да мипомогнете!

� СТАРЕЦОТ (со истиот глас): Не!

Page 62: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 62

� Вака, сосема безнадежно завршувадрамата, фрлајќи не во една депресија, восоочување со самите себе. И сосознанитео дека никој не може да нипомогне, дека во болката секогаш смесами и сами треба да ја преболиме. Или даиздржиме, или да и се препуштиме какошто тоа го прави Мајката.

Page 63: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 63

� Апсурдот, толку препознатлив во творештвото наКами, јасно го забележуваме и во драмата„Недоразбирање“. � Апсурдно е непрепознавањето на синот,

очекувањето на разврската на недоразбирањето, апсурден е животот на мајката – но носител наапсурдноста на современиот човек е секакоМарта (ќерката). Трошка морал не останува вонеа. Таа на почетокот се труди да биде добраќерка, но во меѓувреме извршува безброј убистваза да си го оствари својот сон. Кога ќе го убиебратот, таа продолжува да мечтае за својатаслобода за идниот убав живот, оправдувајќи седека тој веќе го проживеал своето. Дури кога ќесе убие мајката таа ја сфаќа целосната бесмислаи апсурдот на своето постоење. Затоа и е дурисмешна реакцијата на Марија и нејзината желбаза одболување на болката и за продолжување насреќата. Зашто среќа – според Марта не постои!

Page 64: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 64

� За подобро сфаќање на драмата добро е да имобрнеме внимание на зборовите на Ками којпоради необичните критики и збунетоста напубликата почувствувал потреба да образложинекои нејзини аспекти:� „Недоразбирање“ е напишано во 1941 година

во окупирана Франција. Тогаш живеев, противсвојата волја, во планинскиот дел од ЦентралнаФранција. Таа историска и географска ситуацијабеше доволна за да го објасни видотклаустрофобија од која тогаш страдав и која сеодразува во таа драма. Точно е дека во неатешко се дише. Ама сите во тоа време тешкодишевме. Тоа ни малку не влијае тегобноста натој текст да ми пречи колку што и пречеше и напубликата. За да му влеам храброст на читателотпри пристап кон драмата, однапред ќе мупредложам: 1) да ја прифати можноста декапораката на драмата не е во целост негативна; 2) да го набљудува „Недоразбирање“ како обидда се создаде модерна трагедија.

Page 65: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 65

� Синот кој сака да го препознаат иако не гооткрил своето име и кого го убиваат неговатамајка и сестра, во чисто недоразбирање, тоа есодржината на оваа драма. Без сомнение, тоа емошне песимистична визија на човечкатасудбина. Ама таа може да се определи соопределен оптимизам, барем кога станува збор зачовекот. Бидејќи, впрочем, се ќе беше поинакуако синот речеше: „Тоа сум јас, еве го моетоиме“. Тоа ќе значеше во еден неправичен ирамнодушен свет, човек може да се спаси себесии другите, ако прибегне кон најпростатаискреност и кон вистинскиот збор. Јазикот, истотака, ги збуни гледачите. Знаев дека ќе бидетака. Да ги облечев своите ликови во пеплум, можеби сите ќе плескаа. Напротив, намерата мибеше моите современи ликови да проговорат сојазикот на трагедијата.

Page 66: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 66

� Да ја кажеме вистината, ништо не е потешко одтоа, бидејќи треба да се изнајде јазик доволноприроден за да можат современите луѓе да гоговорат, и доволно необичен за да може во негода се почувствува трагичниот тон.

За да се доближам до тој идеал, се обидов да јаискористам постапката на оддалечување каогастанува збор за карактерите и на двосмисленостакога станува збор за дијалозите. Кај гледачеоттребаше во исто време да поттикне истовременочувство на близост и на отуѓеност, во гледачот ичитателот. Меѓутоа, не сум сигурен дека јапостигнав вистинската мера.

Page 67: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 67

� Што се однесува за ликот на стариот слуга, тојне е задолжително симбол на судбината. Когаеден лик кој ја преживеал драмата го повикувабога, тој е оној што се одѕива. Ама и тоа е, можеби, само уште едно недоразбирањеповеќе. Ако тој и вели „не“ на онаа која го молиза помош, тоа само значи дека тој нема намерада и помогне и дека по определена граница настрадањето и неправдата никој повеќе не моженикому да му помогне ниту страдањето може дасе подели.� Не верувам, впрочем, дека овие објаснувања

ќе имаат некаква полза. И понатаму мисламдека „Недоразбирање“ е лесно разбирливо делопод услов да се прифати неговиот јазик и да сеповерува во длабоката ангажираност написателот. Бидејќи театарот не е игра, во тоасум уверен.“

Page 68: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 68

КористенаКористена литературалитература::

„„НедоразбирањеНедоразбирање““ одод АлберАлбер КамиКами

„„МодернатаМодерната трагедијатрагедија нана АлберАлбер КамиКами““одод ЈадранкаЈадранка ВладоваВладова

Page 69: ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКАŸАРИТЕ-СЕ... · 12/4/2011 проф.ГоранСтаникевски-Горјански 1 ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (драмавопет

12/4/2011 69

..АЛГОРИТАМ ЦЕНТАР