12
ВЕСНИК НА МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ‚‚ИЛИНДЕН“ - ТИРАНА ГОДИНА II www.ilinden-tirana.com БРОЈ 18 ТИРАНА - АЛБАНИЈА БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК СЕПТЕМВРИ 2013 Г. Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите - ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Во овој број Страница 2 Страница 3 Страница 5 Страница 6 Страница 8 Страница 4 ILINDEN ILINDEN Градоначалникот на Поградец се залага за изучување на македонскиот јазик во општинските училишта Отворен почесен конзулат на Република Македонија во Драч, Република Албанија Казна од 430 евра за Црвено-Црна алијанса за притисоците врз Македонците Македонците во Ербеле, Маќеларе, го одбележаа празникот Св. Преображение Амбасадорот Карајанов ја претстави платформата за дипломатски активности во Албанија Летен камп “Ја сакам Македонија” за Mакедонските дечиња од соседните земји на Македонија Катерина Тодороска, Македонците во Албанија 1912-1991 Македонија ја победи Грција во Улм - Германија Општина Маврово и Ростуше ИЛИНДЕН, ТРАДИЦИОНАЛНО ГО ОДБЕЛЕЖАА И МАКЕДОНЦИТЕ ВО РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА Во областите Голо Брдо се одржа прослава по повод Илинден. На прославата во областа Голо Брдо покрај бројните Македонци кои дојдоа од цела Албанија и од Македонија, присуствуваше и македонскиот амбасадор во Тирана, Република Албанија г-дин Веле Трпевски, пратениот во македонскиот Парламент г-ѓа Лилјана Поповска, како и делегација од македонско друштво “Илинден”-Тирана предводена од претседателот г-дин Никола Ѓурѓај и преставници од македонско друштво “Илинден “-Тирана Огранок Голо Брдо, како и претседателот на македонски клуб “Илинден“- Лацен Хановер, Германија, г-дин Живко Лазаров. Некогаш прославите се одржувале над селото Гинвец, каде постои црквата „Свети Илија“, додека од пред четири години Илинден заеднички го слават Македонци православни и Македонци муслимани во Требиште - Голо Брдо. Организатор на прославата беше г-дин Едмонд Османи, активист на Македонците во Голо Брдо.

Makedonski vesnik ilinden br 18

  • Upload
    -

  • View
    249

  • Download
    12

Embed Size (px)

DESCRIPTION

 

Citation preview

Page 1: Makedonski vesnik ilinden br 18

ВЕСНИК НА МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ‚‚ИЛИНДЕН“ - ТИРАНА

ГОДИНА II www.ilinden-tirana.comБРОЈ 18 ТИРАНА - АЛБАНИЈА БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК СЕПТЕМВРИ 2013 Г.

Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите - ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Во овој број

Страница 2

Страница 3

Страница 5

Страница 6

Страница 8

Страница 4

ILINDENILINDEN

Градоначалникот на Поградец се залага за

изучување на македонскиот јазик во општинските

училишта

Отворен почесен конзулат на Република Македонија во Драч, Република Албанија

Казна од 430 евра за Црвено-Црна алијанса

за притисоците врз Македонците

Македонците во Ербеле, Маќеларе, го

одбележаа празникот Св. Преображение

Амбасадорот Карајанов ја претстави платформата за дипломатски активности

во Албанија

Летен камп “Ја сакам Македонија” за

Mакедонските дечиња од соседните земји на

Македонија

Катерина Тодороска, Македонците во Албанија

1912-1991

Македонија ја победи Грција во Улм - Германија

Општина Маврово и Ростуше

ИЛИНДЕН, ТРАДИЦИОНАЛНО ГО ОДБЕЛЕЖАА И

МАКЕДОНЦИТЕ ВО РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА

Во областите Голо Брдо се одржа прослава по повод Илинден. На прославата во областа Голо Брдо покрај бројните Македонци кои дојдоа од цела Албанија и од Македонија, присуствуваше и македонскиот амбасадор во Тирана, Република Албанија г-дин Веле Трпевски, пратениот во македонскиот Парламент г-ѓа Лилјана Поповска, како и делегација од македонско друштво “Илинден”-Тирана предводена од претседателот г-дин Никола Ѓурѓај и преставници од македонско друштво “Илинден “-Тирана Огранок Голо Брдо, како и претседателот на македонски клуб “Илинден“- Лацен Хановер, Германија, г-дин Живко Лазаров. Некогаш прославите се одржувале над селото Гинвец, каде постои црквата „Свети Илија“, додека од пред четири години Илинден заеднички го слават Македонци православни и Македонци муслимани во Требиште - Голо Брдо. Организатор на прославата беше г-дин Едмонд Османи, активист на Македонците во Голо Брдо.

Page 2: Makedonski vesnik ilinden br 18

VESNIK ILINDENСЕПТЕМВРИ 2013 Г.

2

Амбасадорот на Република Македонија, г-дин Веле Трпевски 27 Јули 2013 година во центарот на Драч, Република Албанија отвори почесен конзулат на Република Македонија. За почесен конзул е именуван г-дин Александар Пило. Македонските граѓани и Македонците во Република Албанија добија уште еден центар во Република Алабнија каде ќе можат да се обратат за сите евентуални прашања или проблеми кои ги засегаат. Гордо се вее македонското знаме во Драч!

Градоначалникот на Поградец, Република Албанија, г-дин Артан Шкмби изјави дека би сакал да дозволи македонскиот јазик да се учи во тамошните училишта, и покрај тврдењата, на г-дин Васил Стерјовски, дека Албанија не ги исполнува препораките на Советот на Европа околу образованието на мајчин јазик на малцинствата. „Ние како локална власт сме отворени за барањата на малцинствата, доколку до мене

пристигне барање за отворање на неколку класови за изучување на јазикот на некое од малцинствата, ние сме отворени за реализација на таа идеја, затоа што посакуваме ова да се случи во нашит град“ - изјавил Шкмби, на тркалезната маса по повод Рамковната конвенција за заштита на малцинствата во Воскополе, Република Албанија.

ОТВОРЕН ПОЧЕСЕН КОНЗУЛАТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ДРАЧ, РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПОГРАДЕЦ СЕ ЗАЛАГА ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО ОПШТИНСКИТЕ УЧИЛИШТА

Page 3: Makedonski vesnik ilinden br 18

VESNIK ILINDENСЕПТЕМВРИ 2013 Г.

3

КАЗНА ОД 430 ЕВРА ЗА ЦРВЕНО-ЦРНА АЛИЈАНСА ЗА ПРИТИСОЦИТЕ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕРБЕЛЕ, МАЌЕЛАРЕ, ГО ОДБЕЛЕЖАА ПРАЗНИКОТ СВ. ПРЕОБРАЖЕНИЕ

Ултранационалистичката Црвено-црна алијанса во Албанија се жали и на ваквата симболична казна за националистичкиот испад во Пустец Мала Преспа. Крешник Спахиу, претседател на Црвено-црната алијанса, поднесе тужба против одлуката на Комесарот за заштита од дискриминација во Албанија, со кој парично се казнува партијата за инцидентите предизвикани во општина Пустец на 16-ти ноември минатата година. Паричната казна Комесарот ја изрече откако Алијансата не ја испочитува одлуката да се извини јавно за

настаните во рок од 30 дена. Спахиу во тужбата тврди дека „претензиите покренати од страна на Комесарот за заштита од дискриминација и општина Пустец се апсурдни и нереални“, бидејќи од страна на Црвено-црната алијанса во општина Пустец не била спроведена никаква насилна или дискриминирачка акција против жителите на Пустец.Казната што треба да ја плати Црвено-црната алијанса за инцидентите изнесува само 430 евра. Иако Комесарот оцени дека акциите и декларациите на партијата Црвено-црната алијанса се

дискриминирачки за македонското малцинство во општина Пустец, Мала Преспа и дека тие се типични манифестации на агресивен национализам и негирање на нивните права што им се загарантирани со меѓународните акти и внатрешната легислатива, сепак реши да ја казни Алијансата минимално, со 430 евра, без оглед што Законот предвидува казна до 3.550 евра. Ваквата казна следува заради минатогодишните настани од ноември, кога членови на ултра националистичката партија ја оштетија патната сигнализација на општината, сигнализацијата на гимназијата, здраствениот дом и извикуваа националистички пароли, дека тоа е албанска земја и дека Македонците треба да си одат.Овие испади и закани на Црвено-црната алијанса во општина Пустец, Мала Преспа ги осуди целокупната јавност во Албанија, како и американскиот амбасадор во Тирана, Република Албанија, г-дин Александар Арвизу. Истите инциденти најдоа место и во годинашниот извештај на Стејт департментот за човековите права во Албанија.

Македонците во Република Албанија 18-19.08.2013 година во село Ербеле – Полени во општина Маќеларе,Република Албанија го одбележаа големиот христиjански празник и храм на селото, Св. Преображение. Прославата вклучуваше литургија кај истоимената црквата во селото која датира од 12 век, и богат. На прослава за празникот Преображение присуствуваа Македонци со потекло од Ербеле кои што живеат во Тирана, Драч, Елбасан, Маќеларе, Горно Крчиште, Дебар и од Македонија. Меѓу присутните беа и Генерален Координатор на Македонско друштво “Илинден”- Тирана, г-дин Ерјон Танај заедно со делегација од друштвото.

Page 4: Makedonski vesnik ilinden br 18

VESNIK ILINDENСЕПТЕМВРИ 2013 Г.

4

АМБАСАДОРОТ КАРАЈАНОВ ЈА ПРЕТСТАВИ ПЛАТФОРМАТА ЗА ДИПЛОМАТСКИ АКТИВНОСТИ ВО АЛБАНИЈА

Унапредување на политичките и економските односи со пријателска Република Албанија, како и на правата на македонското малцинство во Република Албанија, ќе бидат меѓу приоритетните на дипломатските активности на новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Албанија,г-дин Стојан Карајанов, пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика во Собранието на Република Македонија каде ја претстави својата платформа.Во рамките на интензивирањето на политичката

комуникација на високо ниво, Карајанов посочи дека ќе се заложи новата Влада во Тирана да го потврди прифаќањето на иницијативата за одржување заедничка владина седница покрената од македонската страна. Во тој контекст најави и активности за унапредување на односите меѓу Парламентите на двете земји.Особен интерес постои, вели, и за нашите

искуства во процесот на евроинтеграциите, со оглед дека Албанија се уште чека на статус на кандидат за членство во ЕУ.Македонија, пак, вели г-дин Карајанов очекува поддршка од Тирана за полноправното

членство во НАТО, подвлекувајќи дека таа земја не смета за формална членка на Алијансата.Во однос на економските релации амбасадорот Карајанов потенцира дека во 2012 година

вкупниот обем на стоковна размена меѓу двете земји изнесувал 115 милиони евра, од кои 75 милиони евра се македонски извоз во Албанија. Овој тренд, вели, бележи постојан пораст, но се уште има огромен и неискористен простор за пласман на македонски производи и заедничко делување на трети пазари, а во делот на инфраструктурата за заеднички настапи за изградба на обиколницата околу Охридското Езеро, рече Карајанов додавајќи дека од македонска страна завршени се активностите на оваа делница.Можност за соработка гледа и во туризмот, во здравството и во образованието, како и во делот

на животната средина каде двете земји имаат интерес за заштита на Охридското, Преспанското Езеро и Студенчишкото Блато.Во однос на македонското национално малцинство рече дека проблем е признавањето на

нивните права, кое вели е и главната забелешка на ЕУ и еден од условите за земјата да добие статус на кандидат за членка. Според него, грешката е направена со пописот од 2011 година каде се регистрирани само 5.521 Македонци, за што има и жалба до Стразбур заедно со србско-црногорското, грчкото и влашкото малцинство.Новата Влада на г-дин Еди Рама ќе мора да посвети далеку поголемо влијание на прашањето

на малцинствата. Доколку се придвижат работите во оваа насока, во координација со институциите кај нас, имам намера да предложиме потпишување спогодба за признавање на правата на малцинствата, обострано, вели Карајанов.Тој најави можност за отворање на Македонски културно-информативен центар во Албанија и

воведување конзуларни денови во Мала Преспа и Голо Брдо каде живее доминатно македонско население.

Во текот на дебатата тој доби поддршка од пратениците за неговото именување на дипломатската позиција како дипломат од кариера со богато искуство. Воедно доби и насоки да работи и на формално признавање на уставното име на Република

Page 5: Makedonski vesnik ilinden br 18

VESNIK ILINDENСЕПТЕМВРИ 2013 Г.

5

ЛЕТЕН КАМП “ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА” ЗА MАКЕДОНСКИТЕ ДЕЧИЊА ОД СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИ НА МАКЕДОНИЈА

Во организација на Министерството за надворешни работи на Р. Македонија, од 18 до 25 август 2013 год., во Охрид се одржа вториот Летен камп “Ја сакам Македонија” на којшто

учествуваат вкупно 35 ученици, припадници на македонското национално малцинство од Србија, Албанија, Косово и Бугарија. Од Република Албанија на летниот

камп учествуваа македонски деца од областите Голо Брдо и Мала Преспа, како и од градовите Корча, Подградец и Билишта. Во рамките на програмата на Летниот камп – 2013, се одржува настава по македонски јазик, македонска култура и историја од страна на предавачи од Филолошкиот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип.Овој настан претставува дел од

проектот на Владата на Република Македонија „Далеку, а блиску”, чија главна цел е подигнување на нивото на познавањето на македонскиот јазик меѓу припадниците на македонските национални малцинства во соседните земји и македонските заедници во дијаспората. Летниот камп “ Ја сакам Македонија” и оваа, втора година по ред, се одржува во хотелот „Конгресен Центар” во Охрид.Освен наставната компонента,

учесниците имаа можност да ги посетат културно – историските знаменитости во Охрид и охридското крајбрежје, како што се Музејот на вода – залив на коски во месноста Градиште, манастирскиот комплекс Св. Наум Охридски, како и Самоиловата тврдина, црквата “Св. Пантелејмон” на Плаошник и Куќата на Робевци во Охрид. Воедно учесниците имаат можност и да проследат проекции на документарни филмови за историјата на Македонија и

Македонија од страна на Тирана, која веќе го користи во билатералната комуникација.Во текот на дебатата од страна на Ромео Треневски од ВМРО-ДПМНЕ, било речено дека

од околу 400.000 или 14 проценти жители на Албанија кои на последниот попис поради определени притисоци не се изјасниле за својата етничка припадност најголем дел се припадници на малциствата Македонци, Грци, Роми,Срби–Црногорци, Еѓиптиани и Власи.На секој етникум и на секој човек треба да му се даде можност слободно да се декларира. За

жал, голем број Македонци околу 200.000 немале шанса да го сторат тоа. Би побарал од вас да направите контакти со сите важни фактори на наредниот попис Македонците воРепублика Албанија да можат да се декларираат, речкол Треневски. Г-дин Стојан Карајанов на дипломатската позиција воТирана Република Албанија заминува по

амбасадорскиот мандат во Република Косово.

Page 6: Makedonski vesnik ilinden br 18

VESNIK ILINDENСЕПТЕМВРИ 2013 Г.

6

Неодамна, во издание на реномираната издавачка куќа МЕНОРА од Скопје излезе исклучитено значајното дело на проф. д-р Катерина Тодороска насловено „Македонците во Албанија 1912-1991“. Како што се гледа од насловот, во овој труд се говори за еден многу значаен период за

македонската историја бидејќи, во периодот на Балканските војни на македонскиот народ му се зададени најтешките удари со раскинувањето на неговото етничко тело. Имено, во 1913 год. со Букурешкиот мировен договор етничка Македонија била разделена меѓу соседните држави, при што еден пограничен дел потпаднал во албанската територија. Токму за населението од овие делови говори овој труд. При тоа, уште во воведот, проф. д-р Катерина Тодороска ќе забележи дека „од иднината на секој народ може да се предвиди од неговиот однос кон сопственото минато, кој живее и ги надградува поуките извлечени од својата историја. Изучувањето на нашето, македонско минато, ни ги покажува темните периоди, кога во недостиг на пишувани документи, мозаикот треба да го составуваме само преку проучувањето на народниот живот. Така, нашиот народ ќе може да си ги согледа дострелите, да се види себеси и во својот занаетчиски, но и во својот земјоделски живот, во подалечното и блиското минато. И врз основа на резултатите од вчера да го гради поперспективното утре“.Книгата „Македонците во Албанија 1912-1991“ содржински е поделена на неколку глави.

Така во првата, која носи наслов „Општествено-политичките услови на Балканот кон крајот на 19. и почетокот на 20. век“ авторот го воведува читателот во состојбите во македонските и албанските територии кон крајот на османското владеење во тие простори. На тој начин е овозможено читателот да се запознае со меѓусебниот однос на македонското и албанското население во тој период, со нивните заеднички интереси кои се движеле во правец на

ослободување од вековната власт и создавање на свои држави.Втората глава „Влијанието на состојбите на Балканот врз македонското население во Албанија во 20. век“ го третира македонското ослободително движење уште од Илинденското востание, преку Балканските војни, до Првата светска и Втората

КАТЕРИНА ТОДОРОСКА, МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА 1912-1991

македонскиот народ. Предвидено е, секоја година да се зголемува бројката на учесници на кампот, а право на учество да имаат сите Македонци, без разлика на кој дел од светот живеат, што укажува дека овој проект полека прераснува во една традиција којашто ги обединува Македонците од дијаспората и македонските национални од соседните земји, во Република Македонија.

Page 7: Makedonski vesnik ilinden br 18

VESNIK ILINDENСЕПТЕМВРИ 2013 Г.

7Естела Ѓурѓај

светска војна. Во таа насока, првенствено се задржува на учесниците во овие години кои потекнувале или се бореле на територијата на албанската држава, а себеси се чувствувале како Македонци. Црпејќи податоци, директно од највозрасните Македонци во Албанија, и споредувајќи го кажаното со објавената литература и достапната документација, проф. Тодороска успеа, за прв пат, да направи единствен преглед на сите овие случувања. Во книгата како посебен проблем е обработено и македонско-албанското граничното прашање,

во третата глава. При тоа читаме: „Денешната гranicata me|u R. Makedonija i R. Albanija iznesuva 186 km. Od niv 137 km. se zemjena, 28 km. ezerska i 21 km. re~na granica. Кога станува збор за оваа денешна граница треба да се подвлече фактот дека таа не била само македонско-албанска, туку многу повеќе гранична линија меѓу интересите на Големите сили. Тие, во почетокот на 20. век, проценувајќи ја немоќта за опстанок на Османската империја, започнале со подготовки за разграбување на нејзините балкански територии“. Имајќи ги предвид интересите на балканските и европските држави за териториите населени со македонско и албанско население, нормално било граничното прашање да се протегнува со години по создавањето на албанската држава. На тој начин, со децении на македонското население му бил оспоруван фактот дека е посебна етнос, но затоа пак, секоја нова власт наметнувала свои национални интереси и го третирала Македонецот како „свој“.Териториите во Албанија населени со македонско малцинство, исто така се претставени преку

преглед на селата, окрузите, но и бројноста на населението. При тоа, проф. Тодороска користи статистички податоци од бројна литература, во која многу воочлив е фактот за кој зборувавме т.е. за присвојувањето на македонското население во Албанија зависно од државата на која и припаѓа пишувачот на статистиката. Затоа пак, македонското население кое се уште живее во Албанија ја искаѓува својата припадност кон македонскиот етникум, независно од бројните притисоци од албанската власт да се асимилира и обезличи. Последната глава носи наслов „ Образованието на Македонците во пограничните македонско

– албански места“. Во неа се зборува за сите проблеми кои морале да ги поминат Македонците во Албанија за да стигнат до свое образование. Според авторот: „Образованието во периодот на националната преродба, како кај македонскиот, така и кај албанскиот народ, било особено значаен сегмент за успехот на тој процес. Во таа смисла училиштата и учителите имале посебно важно место во општествениот живот. Од друга стара, се поголем број на деца бил испраќан на училиште бидејќи и родителите биле амбицирани да имаат учени поколенија, кои би живееле полагодени побогат живот’.Со таква помисла, родителите на македонските деца се труделе да им ги овозможат сите

услови на своите деца за постигнување на подобри резултати во образованието. Разгледувајќи го ова прашање, во книгата е претставен развојот на наставата на македонски јазик во Албанија. При тоа не е одминат и фактот дека албанските власти, зависно од политичките прилики во одреден период, некогаш го дозволувале, а некогаш најстрого го забранувале македонскиот јазик во домот и училиштето.Заклучувајќи го трудот проф. д-р Тодороска ќе запише дека „македонското население кое живее во границите на Р. Албанија поминало низ вистинска голгота, за да стаса до состојба на пристоен живот, кој во себе вклучува само основно образобание на мајчиниот јазик., што не е случај во средните училишта или во високото образование. Дозволено е организирање во политички и културни организации, иако освен во Мала Преспа, никаде во Албанија не се признава македонско малцинство.Таков е животот на македонското население денес“.Ние ќе го заклучиме ова наше претставување на книгата „Македонците во Албанија 1912-

1991“ од проф. д-р Катерина Тодороска, со мотото на книгата „Многумина видоа, многумина кажаа, ниту сè видоа, ниту сè кажаа“, ќе посакаме уште многу вакви изданија со кои ќе се расветлуваат сè повеќе и повеќе прашања поврзани со животот на Македонците во Албанија.

Page 8: Makedonski vesnik ilinden br 18

VESNIK ILINDENСЕПТЕМВРИ 2013 Г.

8

МАКЕДОНИЈА ЈА ПОБЕДИ ГРЦИЈА ВО УЛМ - ГЕРМАНИЈА

ОПШТИНА МАВРОВО И РОСТУШЕ

Со фантастичната серија од 17- 6 во финишот од натпреварот, македонските кошаркари славеа со 77-75 против Грција на КОГА???? пријателски натпревар кој се играше во Германија. Македонските кошаркари ја запишаа втората победа во трите дуели против нашиот јужен сосед откако во германскиот град Улм славеа со 77-75. За да биде победата уште послатка, најдобриот грчки кошаркар Спанулис промаши удар за победа и го прокоцка водството кое што Грција го имаше во најголемиот дел од мечот.

Херој на вечерта беше Лестер Бо Мекејлеб кој дефинитивно фати ритам и повторно беше кобен за Грците. Постигна 25 поени од кои најголем дел во клучните моменти од натпреварот. За македонската екипа е добро што и Антиќ полека но сигурно влегува во форма.

Градоначалник на Општина Маврово

и Ростуше г-дин Мукрем Мехмеди

Oпштина Маврово и Ростуше се наоѓа во западниот дел на Македонија, зафаќа површина од 682 km2 и е една од трите територијално наголеми општини во Репблика Македонија. Релјефот,

климата, местоположбата, културните и природните богатства ја прават општината вистинска туристичка атракција за поширокиот регион, а сето тоа е причина повеќе да биде посетувана како од домашни, така и од странски туристи. Позначајни туристички објекти кои се наоѓаат на територијата на оваа општина, а вредни да се споменат се: Мавровското езеро, реката Радика, водопадите Дуф, Бојков Кладенец, ледничко езеро Локув, планините

Кораб, Бистра, Крчин и Дешат, пештерите Шаркова дупка, Алилица, Калина дупка и уште многу други непомалку значајни туристички атракции.Седиштето на општината се наоѓа во с.Ростуше.

Page 9: Makedonski vesnik ilinden br 18

VESNIK ILINDENСЕПТЕМВРИ 2013 Г.

9

ПРИРОДНИ БОГАТСТВАOпштината Маврово и Ростуше изобилува со

природни богатства, почнувајќи од реки, планини, езера, пештери и низа други природни убавини. Еден од позначајните природни ресурси на овој крај е водата, која ја има во големи и задоволителни количини. Така хидрографијата во овој крај се одликува со богати води, меѓу кои најзначајна е реката Радика, која се простира по средината на

националниот парк “Маврово“, а се одликува со бистра вода и е доста богата со риба, особено со пaстрмка, која е позната низ целата држава. Особен внимание заслужува и глацијалното езеро “Локув“ кое се наоѓа на прекрасната и живопсина планина Дешат на надморска височина од околу 1570 м. До ова езеро може да се стигне по обележани пешачки патеки и тоа преку две локации, едната локација води преку селото Битуше, додека другата локација преку селото Требиште. Не може да се зборува за природно наследство, а да не се спомне надалеку познатиот водопад “Дуф“ кој се наоѓа во близина на селото Ростуше и кој претставува вистиски туристички феномен, ремек дело на природата, а до кој може да се стигне по обележани пешачки патеки. Денес овој водопад е многу често посетуван од страна на туристи од различни возрасти, него го посетуваат како студенти, така и пензионери. Според тоа можеме да кажеме дека навистина вреди да се посети едно вакво природно богатсво, една конструкција на природата и нејзината моќ. Друга битна хидрографска одлика на оваа општина е Мавровското езеро, тоа е вештачко езеро кое се одликува со бистра и студена вода и кое претставува извор на електрична енергија. Посебно може да се ужива во благодетите на ова езеро, благодарејќи на развиениот туристички потенцијал кој е распространет покрај самото езеро, а кој потенцијал се состои од низа на хотели, како во селото Маврово, така и во населбата Маврови Анови.

Покрај сето ова општината Маврово и Ростуше, се простира на планинско подрачје, каде што посебно внимание треба да им се обрне на неколку планини, меѓу кои позначајни се планината Бистра, Кораб, Дешат и Крчин. Планината Бистра се одликува со неколку планински врвови, а најзначаен од нив е врвот Меденица (2163 мнв), оваа планина е позната по развојот на зимскиот туризам, кој е овозможен со функционирањето на ски-центарот “Заре Лазарески“, кој во зима е еден од најпосетуваните ски-центри во нашата држава. Покрај ова општината може да се пофали со уште еден природен феномен, а тоа е планината Кораб, со највисокиот планински врв во нашата земја, познат како Голем Кораб со 2764 мнв.

КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Покрај природното наследство општината Маврово и Ростуше поседува и богато културно наследство, кое што се градело со години и години наназад.

Националниот парк Маврово

Ски-центарот “Заре Лазарески” - Маврово

Бигорскиот Манастир Св.Јован Крстител

Page 10: Makedonski vesnik ilinden br 18

VESNIK ILINDENСЕПТЕМВРИ 2013 Г.

10

Токму за овој вид на наследство ни зборува и самата историја и историските споменци кои постојат и ден денес, како што е случајот со Бигорскиот Манастир Св.Јован Крстител и уште

многу други културни споменици. Во минатото во овие краишта биле развиени голем број на занаети, како што се столарскиот занает, ѕидарскиот занает и др. Токму од овој дел на државата, посебно од Река и Мијачкиот крај, потекнуваат најдобрите ѕидари во Европа па и пошироко, нив денес можете да ги сретнете во многу европски држави Италија, Германија, Швајцарија и во други земји во светот. Како што погоре спомнавме манастирот Св.Јован Бигорски е една од реткостите не само во нашата општина туку и

во целата држава, тој претставува вистинско културно богатство на кое одраз му даваат фреските и иконостасот кои се составни делови на црквата во самиот манастир. Едно друго доста значајно културно богатство на тлото на оваа општина е мостот “Елен скок“ кој се наоѓа на Гарска река и за кој мост врзани се повеќе легенди.

Друго доста значајно културно богатство во овој крај е славењето на празниците, како муслиманските, така и христијанските празници. Од муслиманските празници вреди да спомен месецот Рамазан – месец на постот. Тоа е период кога меѓу муслиманите преовладува мир и благосостојба, а се одликува со некои специфичности кои покрај религиската страна имаат и културна страна, како што е чинот

на будење во ноќните часови со примена на етно музика, тапани и сурли, како и подготовката на разни видови на традиционални јадења.

Од христијанските празници треба да се споме празникот Водици, празник каде што христијаните се облекуваат во својата традиционална носија и подготвуваат разни видови на јадења и специјалитет и на тој начин ги дочекуваат гостите од целото село. Исто така на овој празник, верниците од христијанска вероисповест се фрлаат во водиите на реката Радика, за да го фатат крстот.

Галичката свадба како традиционален настан се одржува секоја година на Петровден - 12 јули и е културна манифестација богата со многу оригинални, единствени и неповторливи свадбарски обичаи и ритуали. Во деновите на свадбата, пиштат зурлите и ечат тапаните „од Галичник до Река“, со сиот подземен и надземен екот кон каменот на Бистра и небесниот свод. Тие придружници на печалбарите на овој крај на Македонија, секогаш ја најавуваат Галичката

свадба која е со најмногу сватови. Галичката Свадба во своето опстојување придонела да се негуваат единствените свадбарски обичаи и ритуали, на жителите од овој крај, да се

сочувааат изворните песни, ора, и надалеку познатата галичка носија-изработена со филигранска прецизност и точност на терзиите. Секоја година посебна комисија избира двајца млади кои ќе се венчаат на Галичката свадба. Еден од предусловите е барем еден

Село Ростуше

Прослава Водици во Село Ростуше

Галичката свадба

Page 11: Makedonski vesnik ilinden br 18

Издавач: Македонско друштво “Илинден” – ТиранаГлавен и одговорен уредник: Никола ЃурѓајЗаменик на главен и одговорен уредник: Ерлин МазникуЛектура: Валентина НесторКомпјутерска обработка: Тримакс - ТиранаПечати: ДСИ - Тирана Фотографии: Архива на МКД “Илинден “- Тирана и редакцијатаРедакција:

1. Ариана Шутку – Тирана 2. Ернеста Дука – Драч3. Ули Халилај – Голо Брдо4. Љубе Богдановски – Горно Крчиште

Контакт:0692401778 АЛ 0038971946391 МК Адреса: ул. „Михал Грамено“ 183 - Тирана, Албанијае-mail: [email protected] Web: www.ilinden-tirana.com

Банка: Национална Комерциална Банка - ТиранаIBAN:AL1520511021289300CLOTCLALLY LEK

SWIFT:NCBAALTX020IBAN:AL4820511021289300CLOTCFEURA EUR

SWIFT:NCBAALTX

VESNIK ILINDENСЕПТЕМВРИ 2013 Г.

5. Алдана Лоровска – Врбник6. Бесим Мемишај – Гора7. Ѓерѓи Тeрпо - Мала Преспа8. Брунилда Абдиај - Елбасан9. Стојанка Палко - Поградец

Стани и ти дописник на Македонски Весник Илинден

Известувај од својето место за Македонците кои живат во твојот крај, случките за кои мислиш дека се интересни за објавување, поврзи се и стани дел од Македонскиот весник Илинден. Прати порка на: [email protected]

РЕКЛАМНИ ЦЕНИ ЗА МАКЕДОНСКИ ВЕСНИК ИЛИНДЕН Задна страна (целосна) – 200 evra Внатрешна страна (целосна) – 150 evra Било која целосна страница Внатре – 100 evra 1/2 страница (Верикално/хоризонтално) – 50 evra 1/4 страница (Верикално/хоризонтално) – 30 evraВе молиме контактирајте, ќе ни биде задоволство да организираме прифатлив рекламен пакет за вашите потреби. Сите реклами се предмет на одобрување од страна на редакцијата на Македонски Весник Илинден, кој го задржува правото да ja одбие или да го откажете било која реклама во секое време.

од младите да потекнува од Галично семејство. Секоја година за време на Галичката свадба, се почитуваат голем број на обичаи кои ја карактеризираат оваа свадба: чекањето на тапаните,

свекрвино оро, носењето на невестата на вода, поставувањето на свадбарскиот бајрак, канењето на мртвите, бричењето на зетот, земањето на невестата, замесувањето на лебот, венчавањето во црквата „Св. Петар и Павле”, и други обичаи.

Тешко Оро Галичката свадба

Земањето на невестата Галичката свадба

Бричењето на зетот Галичката свадба

Page 12: Makedonski vesnik ilinden br 18

МАКЕДОНСКО ДРУШТВО „ИЛИНДЕН“ - ТИРАНАSHOQATA MAQEDONASE „ILINDEN“ TIRAN{

MACEDONIAN ASSOCIATION „ILINDEN“ - TIRANA