12
ВЕСНИК НА МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ‚‚ИЛИНДЕН“ - ТИРАНА ГОДИНА II www.ilinden-tirana.com БРОЈ 11 ТИРАНА - АЛБАНИЈА БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК СЕПТЕМВРИ 2012 Г. Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите - ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Во овој број Страница 2 Страница 4 Страница 5 Страница 6 Страница 7 Страница 8 Страница 9 Страница 9 ILINDEN ILINDEN ЧЕСТИТ 8 СЕПТЕМВРИ!!! Министерот Попоски меѓу Македонците во Голо Брдо – Република Албанија, 29.08.2012 год. Традиционално во Голо Брдо се празнува заедно православни и муслимани, дојдете да празнуваме и да сме заедно на овој голем празник на 2-ри август, Илинден во село Требишта, Голо Брдо! Илинден е верски празник на село Гинеец каде се наоѓа и црквата свети Илија Vo Tirana promovirani knigi za Makedoncite vo Avstralija i Gora Летен камп за деца - Македонци, припадници на македонските национални малцинства од соседните земји Конференција на иселеничките организации Делегација на АРМ престојуваше во дводневна официјална посета на вооружените сили (ВС) на Република Албанија Албански свештеник сослужува со МПЦ-ОА Народни носии од Мијачка етнографска целина Битола, град за инвестиции и балкански лидер во развојот на туризмот Националниот парк „Пелистер“

Vesnik Ilinden 11

  • Upload
    -

  • View
    234

  • Download
    6

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Vesnik Ilinden 11

Citation preview

Page 1: Vesnik Ilinden 11

ВЕСНИК НА МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ‚‚ИЛИНДЕН“ - ТИРАНА

ГОДИНА II www.ilinden-tirana.comБРОЈ 11 ТИРАНА - АЛБАНИЈА БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК СЕПТЕМВРИ 2012 Г.

Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите - ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Во овој број

Страница 2

Страница 4

Страница 5

Страница 6

Страница 7

Страница 8

Страница 9

Страница 9

ILINDENILINDEN

ЧЕС ТИТ 8 СЕПТЕМВРИ!!!

Министерот Попоски меѓу Македонците во

Голо Брдо – Република Албанија, 29.08.2012 год.

Традиционално во Голо Брдо се празнува заедно

православни и муслимани, дојдете да празнуваме и да сме заедно на овој голем празник на 2-ри

август, Илинден во село Требишта, Голо Брдо!

Илинден е верски празник на село Гинеец каде се

наоѓа и црквата свети Илија

Vo Tirana promovirani knigi za Makedoncite vo

Avstralija i Gora

Летен камп за деца - Македонци, припадници

на македонските национални малцинства

од соседните земји

Конференција на иселеничките организации

Делегација на АРМ престојуваше во

дводневна официјална посета на вооружените сили (ВС) на Република

Албанија

Албански свештеник сослужува со МПЦ-ОА

Народни носии од Мијачка етнографска целина

Битола, град за инвестиции и балкански

лидер во развојот на туризмот

Националниот парк „Пелистер“

Page 2: Vesnik Ilinden 11

VESNIK ILINDENСЕПТЕМВРИ 2012 Г.

2

Министерот Попоски меѓу Македонците во Голо Брдо – Република Албанија, 29.08.2012 год.

Дипломатски дневник

”Требиште – Блиску, а далеку”Патното поврзување кон Македонија e од витално значење на луѓето. Мора да сториме сè, заедно со нашите албански пријатели, за да го изградиме патот и да им овозможиме нормална патна и транспортна комуникација. Голо Брдо има платено висока цена поради отсуство на инфраструктура. Има очекување, конечно, да им се даде можност за развој на овој прекрасен крај и прекрасни луѓе. Имаат идеи и иницијативи за прекугранична соработка на локално ниво, но им треба поддршка од владите ан Р. Македонија и Р. Албанија и од ЕУ. “Говорат најавтентичен македонски јазик и се вистински Европејци во своита сфаќања. Навистина радува што Македонците се насекаде лојални граѓани на земјата во која што живеат”.

Н. Попоски

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска ја посети пограничната област Голо Брдо во Република Албанија, населена претежно со припадници на македонското национално малцинство во оваа земја.

Во рамките на посетата, министерот Попоски оствари средби со претставници на локалното македонско население во оваа област, вклучително и со активистите на македонската партија во Република Албанија – Македонска aлијанса за eвропска интеграција (МАЕИ), како и невладината организација „Илинден“. Притоа, беше информиран за активностите на споменатите здруженија во насока на негувањето на македонскиот национален, јазичен и културен

идентитет во областа Голо Брдо. На средбите, жителите од Голо Брдо, укажаа на потребата од што поскора изградба и довршување на патната инфраструктура – што за нив е од витално значење и во тој контекст е побарано, македонските државни претставници на сите нивоа да се заложат кај своите колеги од Република Албанија за динамизирање и асфалтирање на патната делница од границата со Република Македонија до Требиште. Тоа, всушност е и во функција на конечна реализација и ставање во употреба на граничниот премин Џепиште-Требиште. Претставниците од локалното македонско население ги посочија и потребите со кои секојдневно се соочуваат и очекуваат конкретна помош и поддршка од Република Македонија. Во тој контекст, беа споменати потребите за доставување книги на македонски јазик, за

стипендирање студенти од овој крај на универзитетите во Република Македонија, како и за овозможување средношколци да се школуваат во пограничите градови во Република

Македонија – Дебар и Струга.

Page 3: Vesnik Ilinden 11

VESNIK ILINDENСЕПТЕМВРИ 2012 Г.

3

На средбата со градоначалникот и претседателот на советот на општината Требиште, беше укажано на потребата од поддршка на општините од Голо Брдо при аплицирањето и користењето на фондовите на Европската унија за прекугранична соработка со пограничните општини во Република Македонија, во сфери од заемен интерес – локален економски развој, култура, заштита на животната средина и др.Посетата на Голо Брдо, министерот Попоски ја заокружи со учениците

од селото Требиште кои посетуваат дополнителни курсеви по македонски јазик. Притоа, беше нагласена потребата од воведување

на македонскиот јазик во редoвниот образовен систем во таа област, со оглед дека децата досега македонскиот јазик го изучуваат единствено во рамките на курсеви што ги организираат невладини организации.Министерот Попоски се сретна и со децата кои беа дел од „Летниот камп за македонски јазик“ наменет за деца - припадници на македонските национални малцинства во соседните држави.

За потсетување, кампот беше организиран од страна на Министерството за надворешни работи на Република Македонија и се одржа во Охрид од 12 до 19 август оваа година.

Page 4: Vesnik Ilinden 11

VESNIK ILINDENСЕПТЕМВРИ 2012 Г.

4

Традиционално во Голо Брдо се празнува заедно православни и муслимани, дојдете да празнуваме и да сме

заедно на овој голем празник на 2-ри август, Илинден во село Требишта, Голо Брдо!

Илинден е верски празник на село Гинеец каде се наоѓа и црквата свети Илија

So ovaa pokana na Makedonskoto dru{tvo Ilinden, Tirana - ogranok Golo Brdo, zapo~naa potgotovkte za proslavuvaweto na Nacionalniot praznik Ilinden vo Trebi{ta. Sekoja godina Ilinden se slavel vo selo \ineec kade se nao|a crkvata Sveti Ilija, koja se izgradi po raspadot na totalitarniot re`im na Enver Hoxa, re`im koj ne samo gi zatvori crkviте i xamiiте no ги zatvori i granicite. Ne samo од националниот pat koj te одведува во Golo Brdо, тргнувајќи од поголемите

gradovi na Albanija: Tirana, Dra~, Elbasan, Libra`d i drugi, no i preku graniчниот premin Xepi{te-Trebi{te кој дента oficijalno функционираше, dojdoa од сегде da praznuaat, пеејќи makedonski pesni i ora. Нa proslavata на овој голем празник u~estvuvaa gosti i od selata na Golo Бrdo koi и pripaѓaat na teritorijata na Republika Makedonija. Edmond Osmani ~len na Иnicиjativniot кomitet na Пartijata za дemokratski пrosperitet во Republika Albanija gi pozdravi prisutnite. Prisutni na prosla-vata bea N.E g-n Vele Trpevski, Ambasadorot

na Republika Makedonija vo Republika Albanija, zamenik minister za nadvore{ni raboti na Republika Makedonija g-n Zoran Petrov, g-|a Ariana [utku, kordinator na Иnicjativniot кomitet na Partijata za дemokratski пrosperitet na Republika Alban-ija, g-n Ico Najdovski- Perin od Avstralija i drugi po~ituvani gosti. Selo Trebi{ta se pove}e od 90% se muslimani i postи za Bajram, no ne e ~udno kako i sekoga{ тие praznuvale zaedno. Vo \ineec kade што sekoga{ сe praznuvал Ilinden se ostanati samo tri ku}i i godinava оваа прослава, одbeleжувањето на 2-ri avgust nacionalниот praznik Iлинден, ја prezede село Trebi{tе.

Ariana [utku

VO TIRANA PROMOVIRANI KNIGI ZA MAKEDONCITE VO AVSTRALIJA I GORA

Po povod odbeleжuvaњeto na nacionalniot praznik Ilinden, vo Domot na Аrmijata во Тирана, Македонско друштво “Ilinden” od Tirana organizira promocija na knigite “Makedoncite vo Avstralija,, od г-n Ico Najdovski od Melburn Avstralija i ,,Borje и Borjani„ od Eљmaz Dokle od Gora. Promocijata ja sledea mnogubrojni prisutni Мakedonci, konzulot od македонскатa ambasada vo Tirana, Goran Bojkovski и poveќe albanski mediumi. Od imeto na druштvoto, Ariana Шutku, istakna deka e ova prvo odbeleжuvaњe na Ilinden vo Tirana и se nastojuva da premine vo tradicija vo idnina.

Vo svoeto obraќaњeto pred prisutnite, avtorot Ico Najdovski - Perin, napravi edna paralela kako bi trebalo da se zaчuva makedonskiot identitet vo Albanija,

naglasuvajќi deka Makedoncite vo Avstralija uspeшno se spravuvaat so isчeznuvaњeto na jazikot, kulturata и drugite nacionalni belezi, koi se

Page 5: Vesnik Ilinden 11

VESNIK ILINDENСЕПТЕМВРИ 2012 Г.

5

pod postojan pritisok vo tamoшnoto opшtestvo. Imeno, Makedoncite na pettiot кontinent, se na prvo mesto od 230 etniчki grupi koi go zboruvaat majчiniot jazik vo svoite domovi, шto e svoevidna brana protiv asimilacijata и isчeznuvaњeto kaj идниte generacii. Svoe obra’awe ima{e i avtorot na knigata “Borje и Borjani” Eљmaz Dokle, koj истакна deka jazikot na Goranite, iako жiveat vo tri drжavi e dijalekt na makedonskiot jazik и ne mu pripaѓa nitu na bugarskiot nitu na srpskiot. Dade i primer, deka narodnite nosii na Goranite se

identiчni so nosiite od Galiчnik и Reka.Ariana [utku

ЛЕТЕН КАМП ЗА ДЕЦА - МАКЕДОНЦИ, ПРИПАДНИЦИ НА МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ

МАЛЦИНСТВА ОД СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИНа 13 август 2012 година во Охрид, Р. Македонија Министерот за надворешни работи на Република Македонија г-н Никола Попоски, го отвори првиот “Летен камп” за деца - припадници на македонските национални малцинства кои живеат во соседните држави на Република Македонија. Овој настан претставува дел од проектот на Владата на Република Македонија „Далеку, а блиску”, чија главна цел е подигнување на нивото на познавањето на македонскиот јазик меѓу припадниците на македонските

национални малцинства во соседните земји и македонските заедници во дијаспората. “Летниот камп” оваа година се одржува во хотелот „Конгресен Центар” во Охрид и е предвидено да трае до 19 -ти август. Овој настан, има за цел да го подобри познавањето на мајчиниот јазик на целната група и едновремено да се создаде поголемо заедништво помеѓу Македонците од соседните земји.Наставата по македонски јазик ја изведува професор по македонски јазик од Државниот универзитет „Гоце Делчев”од Штип. Освен наставната компонента, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со културно – историското наследство на Охрид и околината, да присуствуваат на театарска претстава во склоп на “Охридско лето” и да проследат проекции на документарни филмови за историјата на Македонија и македонскиот народ. Споменатата програма е во насока на популаризирање на културните достигнувања на Република Македонија и, уште повеќе зајакнување на културниот и националниот идентитет на припадниците на македонскиот народ кои живеат надвор од границите на Република Македонија. Во иднина се планира “Летниот камп” да прерасне во традиционален настан и истиот да се одржува секоја година како собир на најдобрите ученици кои ги посетувале разните модалитети на изучување на македонскиот јазик во соседството и дијаспората.

Page 6: Vesnik Ilinden 11

VESNIK ILINDENСЕПТЕМВРИ 2012 Г.

6

ДЕЛЕГАЦИЈА НА АРМ ПРЕСТОЈУВАШЕ ВО ДВОДНЕВНА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА

ВООРУЖЕНИТЕ СИЛИ (ВС) НА РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА

КОНФЕРЕНЦИЈА НА ИСЕЛЕНИЧКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Делегација на АРМ предводена од началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, престојуваше во дводневна официјална посета на Вооружените сили (ВС) на Република Албанија. Делегацијата на АРМ била пречекана со високи воени почести во Генералштабот на ВС на Република Албанија, каде домаќин му бил Началникот на ГШ на ВС на Република Албанија, генерал-мајор Џемал Ѓункши. На средбата двајцата началници на генералштабови разговараале за можностите за проширување на меѓуармиската соработка, придонесот во рамките на регионалните проекти во духот на ,,Smart Defence“ концептот на НАТО, како и унапредувањето на соработката во доменот на военото образование, обуката и вежбите. Посетата била искористена и за согледување на можностите на двете армии во реализацијата на иницијативата за воено-медицински сили и капацитети на армиите од земјите на балканските земји, поддржана од Кралството Норвешка и САД, како и поддршката за прераснување на Центарот за медицинска обука при Воено-медицинскиот центар на АРМ во регионален центар. За време на престојот во Тирана, генералот Котески оствари средба со министерот за одбрана на Република Албанија, Арбен Имами, ја посети и командата на специјалните сили на Албанските ВС. АРМ има развиено добра билатерална соработка со ВС на Република Албанија за што најдобро говори заедничкото учество на вежбите, школувањето на питомци од Република Македонија во Албанската Воена Академија, како и заедничкиот придонес во рамките на регионалните проекти во одбранбената политика.

Во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонијана во Скопје на 18-19.07.2012 година се одржи Трета годишна конференција на иселенички организации. На годинешната конференција учествуваа околу 140 иселенички организации. На конференцијата

учестуваше како гостин и г-дин Никола Ѓурѓај преседател на Македонско

друштво “Илинден”-Тирана

Page 7: Vesnik Ilinden 11

VESNIK ILINDENСЕПТЕМВРИ 2012 Г.

7

АЛБАНСКИ СВЕШТЕНИК СОСЛУЖУВА СО МПЦ-ОА

Угледен свештеник од Албанската православна црква сослужува со достоинствениците на Македонска православна црква-Охридска архиепископија со знаење на албанскиот архиепископ Анастасиј, кој е Грк по националност. Протојереј-ставрофор Јован Тоди, кој дејствува во албанскиот град Подградец, неодамна држеше богослужба заедно со поглаварот на МПЦ-ОА -архиепископот Стефан и владиците Тимотеј и

Агатангел при прославата на големиот верски празник Свети Наум Охридски во истоимениот манастир на брегот на Охридското Езеро. Тој учествуваше на светата архијерејска литургија, а потоа и на чинот на водосветот и на прекршувањето на празничниот колач. Ова не било првпат овој свештеник на АПЦ да сослужува со свештениците на македонската црква, туку тоа е практика што се прави неколкупати годишно во текот на големите верски празници во Дебарско-Кичевската епархија. Изненада во однос на овој албански свештеник е и фактот што тој бил ракоположен како свештеник токму од страна на охридскиот владика г. Тимотеј. Овој чин се случил во 1991 година, во периодот кога Албанската православна црква сè уште не билa обновена и прогласена за автокефална, а што се случи во 1992 година по паѓањето на режимот на тогашниот комунистички лидер Енвер Хоџа. Во православното христијанство чинот на заедничкото сослужување на достоинственици од различни цркви истовремено претставува и чин со кој претставници на едната црква ги признаваат за рамноправни претставниците на другата црква. Врвот на АПЦ досега не го попречил учеството на протојерејот Јован Тоди во богослужбите на МПЦ-ОА, која сè уште не е признаена како автокефална црква во семејството на православните цркви. Дебарско-Кичевскиот владика Тимотеј ни рече дека протојерејот Тоди го замонашиле пред дваесетина години. Тој прво бил ракоположен во ѓакон, на 23 октомври 1991 година на церемонијата која била одржана во манастирот „Свети Наум Охридски“, а четири дена подоцна станал свештеник во црквата „Света Петка“ во охридското село Велгошти. Ова го сторив во периодот кога во Подградец немаше ниту еден свештеник ниту, пак, митрополит. Подоцна, кога се формира автокефална Албанска православна црква, чинот што му го дала нашата црква бил прифатен од страна на достоинствениците на АПЦ. Досега не му направиле никаков проблем - наведува владиката Тимотеј. Животната приказна на албанскиот свештеник е мошне потресна, во неа се испреплетуваат неговата љубов кон Бога и потиснувањето на христијанството од страна на комунистичкиот режим на Енвер Хоџа во Албанија. Протојерејот во периодот на комунистичката власт во Албанија работел како дрводелец за неговото секојдневно живеење да се смени во моментите кога атеистичките власти решиле да $ стават крај на црквата „Света Богородица“ во Подградец и од неа да направат гаража и работилница за поправка на камиони. Во централниот дел од црквата дури бил ископан и канал во кој механичарите слегувале за да ги поправаат долните делови на камионските мотори. Тој не можеше да се помири со ова, иконите што дотогаш биле во црквата да бидат уништени. Kришум ги зел и ги скрил на соодветно место за никој да не може да ги пронајде и да ги уништи. Kога во 1991 година паднал режимот

Page 8: Vesnik Ilinden 11

VESNIK ILINDENСЕПТЕМВРИ 2012 Г.

8

НАРОДНИ НОСИИ ОД МИЈАЧКА ЕТНОГРАФСКА ЦЕЛИНА

Мијачката етнографска целина е во склоп на Западно македонската група. Се протега по сливот на реката Радика и нејзините притоки, а завзема и дел од сливот на Црн Дрим. Се граничи со Брсјачка етнографска целина и Горновардарска етнографска целина. Дел од Мијачката етнографска целина и припаѓа на Голо Брдо.

Дебарски Дримкол и Голо Брдо

Дебарски Дримкол претставува мала пределска целина на падините на Јабланица. Меѓу двата региони постои мала разлика во однос на колоритот и орнаментиката во народната носија, која што разлика не е јасно воочлива.

Народни носии од Голо Брдо

на Енвер Хоџа, тој ги вратил во црквата, која сега е обновена. Во градот е направена уште една православна црква посветена на „Христовото воскресение“. Потоа, кај него се јавила желбата да стане свештеник и набрзо по образованието, кое му е дадено од наша страна, тој беше и ракоположен како свештеник - ни објаснува архимандритот Нектариј, старешината на познатиот манастир „Свети Наум Охридски“. Нашите црковни достоинственици редовно возвраќаат на посетите што ги прави овој свештеник од Подградец. И тие одат на големите верски празници со кои началствува Јован Тоди, но, сепак, не учествуваат во богослужбите од желбата да не се создаваат проблемите бидејќи МПЦ-ОА сè уште не е признаена како автокефална црква. Инаку, достоинствениците на МПЦ-ОА досега неколкупати одржале богослужби со достоинственици на други православни цркви. Битолскиот владика Петар служеше во Бугарија со митрополити на БПЦ, а пред повеќе од десетина години тој во Прилеп одржа заедничка богослужба со романскиот митрополит Kалиник, што тогаш беше протолкувано како сигнал за признавање на МПЦ како самостојна православна црква.

Page 9: Vesnik Ilinden 11

VESNIK ILINDENСЕПТЕМВРИ 2012 Г.

9

Притаен во пазувите на Пелистер ја плете и шепоти својата вечна, безвремена приказна. Со векови создаван и уништуван, окупиран но никогаш вистински не покорен. Се менуваат години векови, милениуми, се напластуваат настани, се менуваат личности еден по друг но секогаш блиски еден на

друг.Градот е во подножјето на планината Баба (со врвот Пелистер висок 2601 м) во средишниот дел на пелагониската котлина. Низ него тече реката Драгор. Се наоѓа на 14 км северно од границата со Грција, на надморска височина од 576 м. Битола е традиционално важна трговско - патничка врска помеѓу Јадранското и Егејското Море, како и една

од најзначајните патнички врски на Балканот со Централна Европа. Во текот на историјата, во зависност од владетелите, градот Битола имал многу имиња. Словенскиот назив за градот, Битола, потекнува од зборот Обител кој за време на средниот век се користел за заедница на монаси, односно манастир. Името го добил по многуте манастири што се наоѓале во градот и во околината, а некои постојат и денес.Со текот на времето, гласот О се исфрла во изговорот на зборот „Обител“, и името на градот станува Битола. Денес Битола е град на просперитет, град привлечен за многу туристи од голем број земји. Неговата местоположба и реализираните проекти на актуелната локална самоуправа создаваат услови со кои се привлекуваат не само луѓе кои сакаат да прошетаат низ градот, туку и да инвестираат и да останат во овој прекрасен град. Инвеститорите во поранешната касарна веќе почнаа да создаваат нов мал град на овој простор исполнет со луксузни објекти. Во моментот во тек е изградбата на рускиот инвеститор Јуриј Липухин и домашниот инвеститор ГП Пелистер. И индустриската зона Жабени е место каде в тек е изградбата на германскиот интернационален бренд од автомобилската индустрија Кромберг и Шуберт, а продадени се и 45 градежни парцели на инвеститори од Италија, Холандија, Грција, Австралија и Македонија. Покрај ваквиот економски развој Битола привлекува голем број гости со исклучително богатата културна програма, особено за време на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ. Во 2011 година Битола од Балканската алијанса на хотелски асоцијации ја доби наградата за балкански лидер во развојот на туризмот.Општината успешно го реализира и проектот Битола филмски град што се потврдува со големиот број режисери и продуценти кои своите сценарија ги реализираат на атрактивната сценографија на овој исклучителен град. Неодамна заврши снимањето на филмот „До Балчак“ во режија на Столе Попов, а наскоро започнува и снимањето на нова турска серија. Општина Битола, со цел создавање на уште подобри и попривлечни услови континуирано вложува и во подобрување на инфраструктурата на градот. Создадени се голем број зелени површини, асфалтирани се улици, холтикултурно се уредуваат голем број простори. Патеката долж Златната линија ве води на прошетка низ најатрактивните локации во овој град.

БИТОЛА, ГРАД ЗА ИНВЕСТИЦИИ И БАЛКАНСКИ ЛИДЕР ВО РАЗВОЈОТ НА ТУРИЗМОТ

Page 10: Vesnik Ilinden 11

VESNIK ILINDENСЕПТЕМВРИ 2012 Г.

10

НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК „ПЕЛИСТЕР“Паркот се наоѓа на северниот дел на планината Баба (Пелистер) која е лоцирана во југо - западниот дел на Република Македонија. Зафаќа површина од 11000 хектари, негова најниска точка е 890 м, а највисока врвот Пелистер кој се наоѓа на 2601 м надморска висина. Јужно од врвот Пелистер, во високо планинската зона, се наоѓаат две глацијални езера - Мало Езеро (2180 м) и Големо Езеро (2218 м), познати уште како Пелистерски Очи. Големиот број на патеки, од кои дел се обележани, му овозможуваат на посетителот да ги открие многуте природни вредности на Пелистер и да дојде до неговите најинтересни места. Две од овие патеки се опремени со информативни табли (на македонски и англиски јазик) кои изобилуваат со информации кои се однесуваат на природните и

културните вредности на локалитетот на кој се поставени:-од планинскиот дом Копанки до врвот Пелистер, т.н. “Патека по камењарот” (околу 5 часа пешачење) и- од живописното село Брајчино до Големо Езеро (околу 6 часа пешачење.) -Третата патека е специјално прилагодена и наменета за едукација на деца a се наоѓа на потегот од детското одморалиште до локалитетот Голема Ливада.Од селата Маловиште, Ниже Поле и Магарево, исто така, има патеки кои водат до Паркот и тие ги прават овие села идеални за влез во него.Патеката по камењарот е едукативно показна стаза, која што ги води посетителите на Националниот парк Пелистер низ еден мошне атрактивен простор исполнет со разновидни природни убавини. По должината на патеката се среќаваат пространи шуми од молика, ретка и ендемична флора и разни видови релјефни облици коишто се формирани низ долготрајни и сложени природни процеси, како и фосилни остатоци од поранешната глечерска состојба на Пелистер. Детската патека е вистинска можност за запознавање на природата преку забава и рекреација. Пелистер е вистинско место, да стекнете култура на здраво живеење и да се биде дел од природата.Античкиот локалитет Хераклеа, е место каде секој камен и постамент е обвиен со својата мистичност и го носи времето на минатото...Штом го направиш првиот чекор низ тесните улички на Хераклеа под твоите нозе ќе се распостели историјата и минатото. Името на Хераклеа Линкестис неминовно го навраќа секој од нас со векови назад, во периодот на IV век п.н.е. кога овој град е основан од страна на Филип II. Наоѓајќи се на најзначајната сообраќајница од тоа време, Виа Игнација (via Egnatia),

Хераклеа станува и најважна нејзина станица во регионот.Ваквиот нејзин статус неминовно влијае и врз нејзиниот брз развој што е сосема

очигледен не само од историските извори, туку и од материјалните остатоци на

Page 11: Vesnik Ilinden 11

Издавач: Македонско друштво “Илинден” – ТиранаГлавен и одговорен уредник: Никола ЃурѓајЗаменик на главен и одговорен уредник: Ерлин МазникуЛектура: Валентина НесторКомпјутерска обработка: Тримакс - ТиранаПечати: ДСИ - Тирана Фотографии: Архива на МКД “Илинден “-Тирана и редакцијатаРедакција:

1. Ариана Шутку – Тирана 2. Ернеста Дука – Драч3. Ули Халилај – Голо Брдо4. Љубе Богдановски – Горно Крчиште

Контакт:0692401778 АЛ 0038971946391 МК Адреса: ул. „Михал Грамено“ 183 - Тирана, Албанијае-mail: [email protected] Web: www.ilinden-tirana.com

Банка: Национална Комерциална Банка - ТиранаIBAN:AL1520511021289300CLOTCLALLY LEK

SWIFT:NCBAALTX020IBAN:AL4820511021289300CLOTCFEURA EUR

SWIFT:NCBAALTX

VESNIK ILINDENСЕПТЕМВРИ 2012 Г.

5. Алдана Лоровска – Врбник6. Бесим Мемишај – Гора7. Ѓерѓи Тeрпо - Мала Преспа8. Брунилда Абдиај - Елбасан

Стани и ти дописник на Македонски Весник Илинден

Известувај од својето место за Македонците кои живат во твојот крај, случките за кои мислиш дека се интересни за објавување, поврзи се и стани дел од Македонскиот весник Илинден. Прати порка на: [email protected]

денешниот локалитет.-Музеј Битола, Националната Установа „Завод и Музеј” - Битола денес е лоцирана во еден од најзначајните културноисториски споменици во Битола, во објектот Стара касарна. Важноста и значењето на овој објект не се резултат само на неговата монументалност, туку и на историското минато, настаните и личностите кои тука престојувале. Со задолжително посетување на постојаната поставка, градската соба и собата на Мустафа Кемал Ататурк... .-Саат кулата, според старите преданија е изградена во истиот период кога во нејзина непосредна близина се градел и православниот храм Св. Димитрија, во триесеттите години на

XIX век, иако постоењето на Саат кула во Битола се споменува уште од XVII век.Изградена е од масивни камени блокови. Главниот и воедно најдекоративниот дел од Саат кулата го сочинува делот каде се поставени бројчаниците, и тоа од сите четири страни по еден.Старата битолска чаршија, Безистенот, Магазата, Црквата „Свети Димитрија“, Католичката црква, Исак и Јени. За ниеден македонски град се немаат испеано толку многу народни песни колку што има за Битола.

(Редакцијата на в. „Илинден“ се заблагодарува за соработката на градоначалникот на Битола, г-дин Владимир Талески и неговиот кабинет)

Page 12: Vesnik Ilinden 11

МАКЕДОНСКО ДРУШТВО „ИЛИНДЕН“ - ТИРАНАSHOQATA MAQEDONASE „ILINDEN“ TIRAN{

MACEDONIAN ASSOCIATION „ILINDEN“ - TIRANA

Компјутерска обработка: Тримакс Картографија

Bul. K.J. Pitu 15/6, Skopjetel: ++389(0)2/2401 280faks:++389(0)2/2401 282

www.trimaks.com.mk

sh.p.k. Trimaks - Tiran[

cel: ++355(0)69/3861-502tel/fax: ++355(0)4/2268-489

Rr. Alipash Guxia No 35 Tiran[e-mail: [email protected]