12
ВЕСНИК НА МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ‚‚ИЛИНДЕН“ - ТИРАНА ГОДИНА II www.ilinden-tirana.com БРОЈ 20 ТИРАНА - АЛБАНИЈА НОЕМВРИ 2013 Година Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите - ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Во овој број Страница 2 Страница 4 Страница 5 Страница 6 Страница 8 Страница 3 ILINDEN ILINDEN Претседателот на Република Македнија д-р Ѓорге Иванов освари средба во Поградец со претставници на Македонската заедница од Поградец, Пустец и Корча Никола – Карајанов: Ефективна соработка меѓу Албанија и Македонија во областа на образованието Македонско друштво “Илинден”- Тирана со фоклорната група “Орeшек” од Областа Гора, Република Албанија учестуваше на 26 –ти Интернационален Фолклорен Фестивал во Латзен –Хановер, Германијa Македонското друштво „Илинден“-Тирана и Македонски клуб “Илинден”- Латзен- Хановер, Германија пред една година потпиша договор за соработка, каде што една од точките беше и соработка на кутурен план Монографија за Горанскиот говор Општина Кичево Европратеник Никола Вуљаниќ: Албанија мора да го реши прашањето на Mакедонското национално малцинство Македонците со исламска вероисповед во Република Албанија го прославија Курбан Бајрам Село Шиштавец, областа Гора, Република Албанија БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК Празникот Курбан Бајрам e вториот најголем празник на муслиманите. По молитвата, верниците ја започнаа тридневната прослава, каде што почитта кон Алах се одбележува со жртвување или симболично колење на курбанот. Од прославата на Курбан Бајрам во областа Голо Брдо и Гора, денот за Македонците со исламска вероисповед започна со утринската молитва „Бајрам намаз“ во најблиските џамии. По утринската молитва во џамиите, според традицијата, се посетуваат гробиштата. Обичај за празникот е принесување на жртва-курбан, со што се приближуваат кон Господ. Потоа месото им се дели на сиромашните, роднините и соседите. На овој ден вратите на секој дом се широко отворени. Домаќините подготвуваат семеен ручек и пречекуваат гости кои ги служат со баклава и си честитаат во нивните семејства да има мир, хармонија и просперитет. Во областа Гора, Македонците со исламска вероисповед традиционално го прославуваат Курбан Бајрам и со оро сред село. Stojanka Palko nov generalen koordinator na makedonsko dru{tvo Iлинден“ Tirana

Makedonski vesnik ilinden br 20

  • Upload
    -

  • View
    244

  • Download
    3

Embed Size (px)

DESCRIPTION

 

Citation preview

Page 1: Makedonski vesnik ilinden br 20

ВЕСНИК НА МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ‚‚ИЛИНДЕН“ - ТИРАНА

ГОДИНА II www.ilinden-tirana.comБРОЈ 20 ТИРАНА - АЛБАНИЈА НОЕМВРИ 2013 Година

Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите - ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Во овој број

Страница 2

Страница 4

Страница 5

Страница 6

Страница 8

Страница 3

ILINDENILINDEN

Претседателот на Република Македнија д-р

Ѓорге Иванов освари средба во Поградец со претставници на

Македонската заедница од Поградец, Пустец и

Корча

Никола – Карајанов: Ефективна соработка

меѓу Албанија и Македонија во областа на

образованието

Македонско друштво “Илинден”- Тирана

со фоклорната група “Орeшек” од Областа

Гора, Република Албанија учестуваше на 26 –ти Интернационален

Фолклорен Фестивал во Латзен –Хановер,

Германијa

Македонското друштво „Илинден“-Тирана и

Македонски клуб “Илинден”- Латзен-

Хановер, Германија пред една година потпиша

договор за соработка, каде што една од точките беше

и соработка на кутурен план

Монографија за Горанскиот говор

Општина Кичево

Европратеник Никола Вуљаниќ: Албанија мора да го реши прашањето на Mакедонското национално

малцинство

Македонците со исламска вероисповед во Република

Албанија го прославија Курбан Бајрам

Село Шиштавец, областа Гора, Република Албанија

БЕСПЛАТЕН

ПРИМЕРОК

Празникот Курбан Бајрам e вториот најголем празник на муслиманите. По молитвата, верниците ја започнаа тридневната прослава, каде што почитта кон Алах се одбележува со жртвување или симболично колење на курбанот. Од прославата на Курбан Бајрам во областа Голо Брдо и Гора, денот за Македонците со исламска вероисповед започна со утринската молитва „Бајрам намаз“ во најблиските џамии. По утринската молитва во џамиите, според традицијата, се посетуваат гробиштата. Обичај за

празникот е принесување на жртва-курбан, со што се приближуваат кон Господ. Потоа месото им се дели на сиромашните, роднините и соседите.

На овој ден вратите на секој дом се широко отворени. Домаќините подготвуваат семеен ручек и пречекуваат гости кои ги служат со баклава и си честитаат во нивните семејства да има мир, хармонија и просперитет. Во областа Гора, Македонците со исламска вероисповед традиционално го прославуваат Курбан Бајрам и со оро сред село.

Stojanka Palko nov generalen koordinator na makedonsko dru{tvo

„Iлинден“ Tirana

Page 2: Makedonski vesnik ilinden br 20

VESNIK ILINDENНОЕМВРИ 2013 Година

2

На 01.11.2013 година претседателот на Makedonsko dru{tvo „Iлинден“ - Tirana, г-дин Никола Ѓурѓај, по поднесената оставка од страна на г-дин Ерјон Танај, генерален координатор на Makedonsko dru{tvo „Iлинден“- Tirana, врз своите надлежности ја означи за нов генерален координатор, Стојанка Палко, со мандат до 2016 година. Makedon-sko dru{tvo „Iлинден“-Tirana му се заблагодари на г-дин Ерјон Танај за придонесот во Makedonsko dru{tvo „Iлинден“- Tirana. Танај ќе продолжи да ја поддржува Македонската

заедница во Република Албанија и активностите на друштвото.Stojanka Palko e rodena vo Pogradec, Republika

Albanija. Osnovnoto i gimnaziskoto obrazovanie go zavr{и vo Pogradec, so kontinuiran odliчen uspeh. Vo 2006 godina e dobitnik na stipendija od Republika Makedonija, vo Unverzitetot Sv “Kiril i Metodij“, Stomatolo{ki fakultet Skopje, Republika Makedonija. Za vreme na studiite prisustvuvaла na razni medicinski i stomatolo{ki kongresi, isto taka, na seminari i obuki, кои mnogu i pomognaa vo usovr{uvaweto i nadgraduvawe-to na nejzinite znaewa, ve{tini i sposobnosti. Od 2010 godina е член na Makedonsko dru{tvo „Iлинден“- Tirana и дописник за Македонски весник Илинден. Diplomira vo 2012 godina na Stomatolo{kiot Fakultet vo Skopje kako Doktor po Stomatologija. Vo 2012 godina be{e eden od uчesnicite na tretata [kola za Мladi лideri {to se or-ganizira pod pokrovitelstvo na Pretsedatelot na Repub-

lika Makedonija, d-r \orge Ivanov i voedno e член na Ivanov [kola za лideri-Alumni, Asocijacija (ISLAA). Od 2012 година do sega raboti kako Doktor po Stomatologija vo Tirana, Република Албанија. Makedonsko dru{tvo “Iлинден“-Tirana на Стојанка Палко и пасакува успех.

Претседателот на Република Македнија д-р Ѓорге Иванов, на 10 октомври 2013 година го посети Подградец, Република Албанија, каде оставри средба со претставници на Македонската заедница од Поградец, Пустец и Корча. Претседателот Иванов изјави дека е неопходна промена на свеста на припадниците на албанската заедница во Македонија, да даваат придонес за правата на Македонците во Република Албанија, затоа што тоа поттикнува и меѓудржавна соработка, ги зближува двете општества.

STOJANKA PALKO NOV GENERALEN KOORDINATOR NA MAKE-DONSKO DRU[TVO „IЛИНДЕН“ TIRANA

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДНИЈА Д-Р ЃОРГЕ ИВАНОВ ОСВАРИ СРЕДБА ВО ПОГРАДЕЦ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА

МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА ОД ПОГРАДЕЦ, ПУСТЕЦ И КОРЧА

Page 3: Makedonski vesnik ilinden br 20

VESNIK ILINDENНОЕМВРИ 2013 Година

3

Министерката за образование и спорт, г-ѓа Линдита Никола во Тирана, оствари средба со амбасадорот на Република Македонија во Тирана, Република Албанија, г- дин Стојан Карајанов. Министерката Никола му изрази благодарност на амбасадорот Карајанов за ефикасната соработка со Македонија во областа на образованието и изрази надеж, да овие односи на соработка продолжат и се консолидираат понатаму, преку

НИКОЛА – КАРАЈАНОВ: ЕФЕКТИВНА СОРАБОТКА МЕЃУ АЛБАНИЈА И МАКЕДОНИЈА ВО ОБЛАСТА НА ОБРАЗОВАНИЕТО

Има можност и за аплицирање за многу грантови од Европската унија кои се однесуваат на регионални проекти и фондови кои ја поттикнуваат меѓуграничната соработка, од што корист ќе имаат сите на Балканот. „На Балканот му треба големо отворање, не само инфраструктурно да се поврзува, туку и ментално, да почнат луѓето да мислат позитивно и да ги гледаат сите иницијативи во подобрување на состојбите и на државите и на припадниците на заедниците“, нагласи претседателот Иванов. Македонскиот претседател очекува набрзо резултати и сите иницијативи на Македонците во Република Албанија да бидат во корист на државата, која треба да добие и кандидатски статус, да го започне процесот на евроинтегрирање во интерес на целиот регион. Главен проблем на Македонската заедница во Албанија, како што беше посочено на средбата со Македонскиот претседател, е образованието на мајчин јазик и вработувањето. Претседателот на Македонско друштво “Илинден” –Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај има пројект за донација на книги од страна на граѓаните на Република Македонија и истите да се донират за Македонците во Република Албанија и Македонците во Балканот со цел зачувување на македонскиот јазик. Проектот има поддршка од ИСЛАА, Алумни асоциацијата. Овие проекти помагат за зачувување на македонскиот јазик кај македонското национално малциство во Република Албанија, изјави Стојанка Палко, генерален координатор на Македонско друштво “Илинден” –Тирана. Изјавата на албанскиот премиер г-дин Еди Рама, преставниците на Македонската заедница, ја гледаа како голема надеж за Македонците во Република Албанија. “Со политичката организираност стануваат субјект во политичкиот живот, каде што можат преку институциите да ги стекнат сите нивни барања и потреби. Кога имате во соседни земји малцинства на државите, секојпат треба да се размислува позитивно и креативно. Да не излезе дека ние Македонците од Македонија бараме права за Македонците во Албанија, туку напротив на Балканот ни е потребно, Албанците во Македонија да се изборат за правата на Македонците во Албанија и тогаш се создава таа солидарност меѓу двете заедници и взаемна помош, користење на позитивни искуства во интерес на државите во кои живеат заедниците“, изјави претседателот Иванов, нагласувајќи дека Македонците во Република Албанија мора да го поттикнуваат секој напредок на државата во која живеат, бидејќи тоа е во интерес на евроинтеграциите. Според Претседателот важно е нивниот удел да биде позитивен, да бидат лојални граѓани на Албанија, потикнувачи на позитивните трендови и процеси.

Стојанка Палко

Page 4: Makedonski vesnik ilinden br 20

VESNIK ILINDENНОЕМВРИ 2013 Година

4

обезбедување на квоти за студенти, размена на предавачи за наставата во високообразовните институции, соработка и учество на взаемните институции во проекти од регионалните и меѓународните програми за развој на високото образование и науката. Амбасадорот Карајанов, од негова страна, честитајќи и на министерката Никола за превземената должност, зборуваше за можноста за организирање, во иднина, на тркалезни маси меѓу двете земји, каде би се разговарало за прашања важни за зајакнување на меѓусебната соработка во сите области, особено во областа на образованието.

МАКЕДОНСКО ДРУШТВО “ИЛИНДЕН”- ТИРАНА СО ФОКЛОРНАТА ГРУПА “ОРEШЕК” ОД ОБЛАСТА ГОРА, РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА

УЧЕСТУВАШЕ НА 26 –ТИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ ВО ЛАТЗЕН –ХАНОВЕР, ГЕРМАНИЈA

Македонското друштво “Илинден”- Тирана со делегација предводена од претседателот г-дин Никола Ѓурѓај и претседателот на Македонско друштво “Илинден”- Тирана, Огранок Голо Брдо, г-дин Ули Халилај го посетија Латзен- Хановер, Сојузна Република Германија и учествуваа на 26 –ти Интернационален Фолклорен Фестивал во Латзен –Хановер,

Германија со фоклорната група ”Орeшек “ од Областа Гора. Македонскиот клуб “Илинден” -Латзен Хановер, Германија по 26-ти пат организираше Интернационален Фолкорен Фестивал, кои преставува една од познатите манифестации на клубот и градот Латзен. Манифестацијата се одржи на 26-ти Октомври 2013-та година. На фестивалот зедоа учество фоклорната група “Орeшек“ од Областа Гора, Албанија и ансамблот “Лупчо Сантов” Оризари- Кочани, Македонија како и групи од повеќе меѓународни фолклорни групи кои преставуваат културни групи во Латзен – Хановер. Исто така, се преставија со фоклорни групи и полското и португалското малциство. На 26 –ти Интернационален Фолклорен Фестивал во Латзен – Хановер, Македонско друштво “Илинден”- Тирана ги престави Македонците од Република Албанија со фоклорната група ”Орeшек“ од Областа Гора. Делегацијата на Македонско друштво “Илинден“-Тирана освари средба со раковоството на Македонски клуб “Илинден”- Латзен, Хановер. Македонско друштво “Илинден“-Тирана му додели благодарница “Илинден“ на Македонскиот клуб “Илинден”- Латзен, Хановер.

Page 5: Makedonski vesnik ilinden br 20

VESNIK ILINDENНОЕМВРИ 2013 Година

5

Новиот известувач за Албанија од Европскиот парламент, хрватскиот европратеник г-дин Никола Вуљаниќ, порача дека ќе се бори што македонското национално малцинство во оваа земја да ги ужива сите права и да биде третирано како грчкото. Хрватскиот европратеник изјави за Миа дека ЕУ е унија на граѓани, а дури потоа унија на нации, па затоа, според него, не може една земја што сака да влезе во Европската унија да ги третира различно малцинствата. Во неколку разговори што досега ги имав со албанските власти, го поставив прашањето за правата на

МАКЕДОНСКОТО ДРУШТВО „ИЛИНДЕН“-ТИРАНА И МАКЕДОНСКИ КЛУБ “ИЛИНДЕН”- ЛАТЗЕН-ХАНОВЕР, ГЕРМАНИЈА ПРЕД ЕДНА

ГОДИНА ПОТПИША ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА, КАДЕ ШТО ЕДНА ОД ТОЧКИТЕ БЕШЕ И СОРАБОТКА НА КУТУРЕН ПЛАН

ЕВРОПРАТЕНИК НИКОЛА ВУЉАНИЌ: АЛБАНИЈА МОРА ДА ГО РЕШИ ПРАШАЊЕТО НА MАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО

МАЛЦИНСТВО

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”- Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај и Претседателот на Македонски клуб

“Илинден” Латзен-Хановер, г-дин Живко Лазаров

Претседателот на Македонски клуб “Илинден” Латзен-Хановер, Германија, г-дин Живко Лазаров, му додели плакета со мотив тешкото за претседателот на Македонско друштво “Илинден”- Тирана, г-дин Никола

Ѓурѓај

Page 6: Makedonski vesnik ilinden br 20

VESNIK ILINDENНОЕМВРИ 2013 Година

6

македонското национално малцинство. Тешко можам да поверувам дека таков проблем воопшто постои, па затоа ќе инсистирам и во иднина да се реши истото. Тоа е нешто што Албанија, ако не го решила, ќе мора да го реши. На пример, јас прочитав и слушнав во разговорите со властите во Албанија дека тие права со грчкото малцинство се средени на задоволувачки начин и се разбира дека истото мора да се направи и со македонското национално малцинство, вели Вуљаниќ во изјава за МИА. Хрватскиот европратеник, смета дека едно од клучните прашања што секоја земја мора да ги одговори пред да стане кандидат за членство во ЕУ е положбата на националните и другите верски малцинства во својата земја. Посериозниот влез на Република Албанија во европските интеграции, како добивање кандидатски статус, пред се, е важно за Албанија. Но, не само за неа. Албанија е земја што се наоѓа во средината на Западен Балкан и во сите соседни земји, албанското малцинство е пропорционално позначајно, како во Грција, така и во Македонија, Црна Гора, Србија и Косово. Влезот на Албанија во статус на кандидат ќе означи престанување на каква-било можност за судир околу границите, положбата на малцинствата во земјите и поинаков пристап на самата Албанија кон малцинствата, потенцира Вуљаниќ. Најавувајќи дека ЕП ќе донесе Резолуција со препорака Албанија да стане земја-кандидат за членство во Европската унија, Вуљаниќ, сепак прецизира дека Европската комисија, која секогаш е внимателна и мора да биде таква, ќе постави некои услови и нема веднаш да се согласи на промена на статусот на Албанија.

Проф. Дрвошанов е четвртиот Македонец, кој се стекна со титулата доктор по филолошки науки од областа дијалектологија на македонскиот јазик. Поднасловената книга е прва монографија на лексичко-семантичка тема за горанскиот говор, изработена од македонски научник. Опусот на проф. Дрвошанов има околу триста библиографски единици.

МОНОГРАФИЈА ЗА ГОРАНСКИОТ ГОВОР

(Васил Дрвошанов, Кон роднинската терминологија

на горанскиот говор, Бата прес, Скопје, 2013)

Во низата значајни трудови од проф. д-р Васил Дрвошанов, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, се надоврзува уште едно мошне значајно дело, не само од аспект на научна вредност и темелна обработка, туку и од аспект на истакнување на целокупноста на македонскиот народ со сите негови откинати делови коишто денес се наоѓаат надвор од границите на Република Македонија, како што се и Гораните, Македонци со исламска вероисповед што живеат на територија на три држави, Македонија, Албанија и Косово. Со трудот Кон роднинската терминологија на горанскиот говор авторот Васил Дрвошанов дава особен придонес за горанскиот говор и за македонската дијалектологија воопшто, бидејќи се работи за прва монографија напишана од македонски лингвист, а која обработува проблематика

Page 7: Makedonski vesnik ilinden br 20

VESNIK ILINDENНОЕМВРИ 2013 Година

7

за горанскиот говор. Во воведот којшто на еден поетски начин започнува со цитат од Крсте Петков Мисирков, Дрвошанов се осврнува на историјатот на поделбата на Гораните во текот на политичките превирања на Балканот при што овој дел од македонскиот народ, иако подложен на различни јазични и културни влијанија го зачувал својот македонски идентитет којшто е вграден и во самиот дијалект и во културата, обичаите и фолклорното богатство. Авторот Васил Дрвошанов дава и карта на областа Гора и го истакнува местото на горанскиот говор како дел од западните периферни говори во рамките на целината на македонскиот дијалектен ареал. Д-р Васил Дровшанов бил поттикнат да ја обработи лексиката на роднинската терминологија на горанскиот говор од фактот што лексиката за роднинските односи во еден јазик е најстариот слој во него и ја одразува нераскинливата поврзаност со останатиот дел од тој дијасистем. Анализата на Дрвошанов го потврди токму тоа: горанскиот говор е дел од македонскиот дијалектен систем што ги има сите одлики на западното наречје, но и со зачувани архаични јазични црти и свои специфични јазични особености коишто уште повеќе го истакнуваат неговото значење од аспект на откривање на јазичната историја низ дијалектологијата.За целите на своето научно истражување Васил Дрвошанов ексцерпирал објавен фолклорен материјал од горанскиот говор од печатени извори, а потоа го обработил според семантички гнезда и според принципите на обработка зацртани од акад. Божидар Видоески во Прашалникот за собирање материјал за македонскиот дијалектен атлас. Д-р Васил Дрвошанов со перо на искусен дијалектолог со тридецениска посветеност на истражувања во областа на дијалектологијата, посебно во обработка на дијалектната лексика, дава темелна анализа на сите лексеми кои се однесуваат на роднинската терминологија, а кои се регистрирани во ексцерпираните материјали. Притоа, авторот со извонредна прецизност ги дава толкувањата на лексемите, нивната етимологија, нивните фонетски варијанти и значенски разлики. Во своите толкувања и анализи на значењето, Дрвошанов прави споредби со трудовите во кои е досега обработена роднинската терминологија. Дрвошанов со прецизен методолошки пристап прави споредба и со сите постојни речници на македонскиот јазик кои нудат толкување на дадените лексеми и можат да помогнат во прецизирање на значењето. Се разбира, посебно внимание во оваа монографија привлекуваат лексемите, кои, според својот зборообразувачки состав или според своето значење, се уникатни на македонската јазична територија и сведочат за посебноста на дијалектот и за духовноста и инвентивноста на нашето население што живеело на овие простори. Како специфични ќе ги истакнеме лексемите новожена со значење ’младоженец‘ и даденица со значење ’мома што ќе се мажи со согласност на родителите‘, а што авторот ги истакнува само како дел од специфичните примери регистрирани во горанскиот говор, првата како архаизам, забележана во двата лужичкосрпски јазика, а втората како лексичко подновување мотивирано од обичаите на македонското население од овој крај.

Бидејќи Гораните се Македонци со исламска вероисповед, дел од роднинската терминологија е позајмена од турскиот јазик што е очекувано. Но она што е интересно е зачувувањето на најголем дел од македонските називи за роднинските односи, кои, во принцип, не очекуваме да ги сретнеме кај населението со исламска вероисповед. Тоа е уште еден показател дека чувството за припадноста кон македонскиот етнос е длабоко и тоа го поддржувало чувањето на лексемите, кои биле во вековна употреба претходно и кои се одраз на исконските врски на членовите на фамилијата, не само на фамилијата во потесна смисла на значењето, туку и на поширокото сродство, но и на припадноста на еден народ во целина. Монографијата се состои од неколку дела: вовед со карта на горанскиот говор, опис на сите одделни лексеми на роднинските односи со обемен број примери, заклучок, речник на лексемите од сферата на роднинската терминологија, список на користена литература и содржина. Обработката на лексиката од роднинската терминологија започнува, разбирливо, со зборот мајка, суштински и исконски назив за жената што донесува нов живот, што го продолжува родот и што се грижи

Page 8: Makedonski vesnik ilinden br 20

VESNIK ILINDENНОЕМВРИ 2013 Година

8

за потомството. Како што истакнува Васил Дрвошанов, „лексемата мајка зборува за единството на горанскиот говор со македонскиот дијасистем“. Интересни лексеми како називи за мајка се лексемата маја како хипокористик од мајка и единствено во вокативна форма (Давај ме, мила маје, за него,/ голем мерак имам за него,/ ели ќе ти бегам по него Брод (ГНП, 249); и лексемата дада (заедно со хипокористичната форма дадица), која со значење на родителка и мајка се употребува само во горанскиот говор. сп. Фатимо мила, дадина ќерко,/ тамо те дада не дава! Крушево (НПГ, 70); Фатимо мила, дадина,/ тамо те дада не дава/ во тија љуте Шеовци. /.../ Мајчице мила, најмила,/ синојка сме се карале,/ на повноќ ме напудиле;/ ка не ме удајле кучича,/ под стреа сум ноќевало! Крушево (ГНП, 274). Освен како назив за мајка, дада се употребува и како назив за сестра или постаро женско лице, употреба позната и во други наши говори. За разлика од називот за мајка, каде што во голема мера се зачувале македонските лексеми, кај називите за татко имаме мала употреба на лексемата татко, а доминантна употреба на лексемата бабо, како турцизам што навлегол со исламската религија. Оваа диспропорција е уште еден показател на она што веќе го истакнавме дека називот за мајка како исконски назив е зачуван, зашто има улога на нешто што е нераскинливо врзано со корените, со предците, а називот за татко, машкиот родител којшто најчесто отсуствувал од домот, работејќи за егзистенцијата на фамилијата, но и вклучувајќи се во општествените промени, бил тој што многу побргу морал да се прилагоди на околината и во тоа прилагодување да прифати и назив што ќе го идентификува со дадениот поредок во општеството и во религиските убедувања. Токму затоа за ’татко‘ ги сретнуваме називите бабо со разновидностите баба, бабе и бабајко, а само во неколку песни сретнуваме назив татко.Интересни примери за називи за роднински врски сретнуваме и кај другите обработени лексеми, од кои ќе ги истакнеме следниве: синтагмите једен материн, јен јеного и једен бабету како називи за ’единец‘, паралелно со супстантивизираното јен (Ја сум јена, жива да не бидем,/ Ја сум другарица, жива да не бидем,/ ако сакам друго севде јод тебе,/ ако зборим с други беќар ка тебе Кукаљане (НПГ, 143); потоа називот дете кој во горанскиот говор се среќава и со значење на младич, млад маж, ерген, (сп. „Ќилим ткајем–кола да изгрешим/ ако сакам друго дете ка тебе); називот беќар исто така со значење на млад маж, ерген, назив со голема фреквенција и со употреба и во деминутивната форма беќарче; називите млајнеста, мланеста и манеста како лексеми добиени од именската група ’млада невеста‘, како и заемката од албанскиот јазик нуса, којашто се употребува со повеќе значења. Од називите за жена ќе ги истакнеме називите жена, љуба и љубица, анама и анка, а од називите за потомството лексемите син, синко, ќерка, ќеркица, челад и чедо. Како интересни ќе ги наведеме и називите за баба и дедо кои на оваа македонска дијалектна територија не се среќаваат како такви туку доминира синтагматски назив, стари бабо // стар бабе // стар бабајко и стара мајка // постара матере, додека лексемата баба не се употребува со значењето на ’мајка на родителот‘, туку само со значење на ’стара жена‘. Лексемите брат и сестра се зачувале во горанскиот говор со повеќе разновидности од лексемата брат (братец, братче, братенце, брате и др.) и неколу разновидности од лексемата сестра (сестрица, дада и дадица). Заемки среќаваме само кај називот за вујко дајџо, и кај називот за стрико амиџе, аџе и аџо. Овде треба уште еднаш да се истакнат специфичните лексеми за ’свршеница‘ што се сретнуваат на оваа територија а тоа се даденица, дејка даденица, дејка дадена, девојка извадена и дејка извадена. Целосно гледано, доминираат македонските лексеми како називи за роднинските односи, иако во другите наши говори, каде што живеат Македонци со исламска верисповед, бројот на заемките од турскиот јазик за роднинската терминологија е поголем. Ова е уште еден показател дека се работи за средина во која грижливо се чуваат јазичните и културните вредности и обичаи. На крајот на трудот е даден заклучокот, речник на лексемите од сферата на роднинската терминологија, список на користена литература и содржина, делови што осмислено ја прават оваа монографија една комплетна научна анализа на дијалектен материјал од говор што е повеќе од неопходно да биде обработен од сите аспекти, а тоа е

Page 9: Makedonski vesnik ilinden br 20

VESNIK ILINDENНОЕМВРИ 2013 Година

9

Кичево е град во средишниот дел на Западна Македонија. Градот лежи во Кичевската Котлина под југоисточните падини на планината Бистра. Од Скопје Кичево е оддалечено 112 километри, а се наоѓа на речиси половина пат меѓу Гостивар (46 километри) и Охрид (61 километар). Кичево се наоѓа во западниот дел на Република Македонија, сместен во Кичевската Котлина, која преставува јасно обликувана природна целина, опколена од сите страни со високи планини. Припаѓа на горното сливно подрачје на реката Треска, на северната страна допира до превојот Стража, на западната страна се издига планината Бистра, на јужната страна по долината на реката Треска се протега до Илинска планина, а на источната страна допира со северниот дел на Порече. Според бројот на жители, Кичево е најголема општина, со 52,5% од вкупниот број на жители во регионот.

горанскиот говор. Посебно треба да ја истакнеме содржината на заклучокот, во кој авторот д-р Васил Дрвошанов дава сумирани резултати од спроведената научна анализа, но и извлекува заклучоци за значењето на горанскиот говор, поткрепувајќи ги со цитати на значајни научници и интелектуалци, заклучоци кои ја истакнуваат вистината за македонскиот народ и неговото трнливо опстојување низ вековите. Со оваа монографија на д-р Васил Дрвошанов добиваме нов дијалектолошки труд со детално обработен лексички материјал од областа на роднинската терминологија што има значење не само од научен аспект, туку, и пред сè од културолошки и национален аспект. Националниот идентитет на секој народ е најпрепознатлив преку јазикот, а потврдата за припадноста на едно дијалектно подрачје што е надвор од границите на Република Македонија кон целината на македонската јазична територија во услови кога постојано треба да се докажуваме себеси пред пошироката светска јавност поради постоењето на квазинаучни кругови во дел од соседните држави, е голем влог во македонистиката и уште еден камен во мозаикот што ја потврдува нашата самобитност.

Проф. д-р Веселинка Лаброска

Институт за македонски јазик “Крсте Мисирков“ Скопје, Македонија

ОПШТИНА КИЧЕВО

Грб на Општина Кичево

Кичево

Page 10: Makedonski vesnik ilinden br 20

VESNIK ILINDENНОЕМВРИ 2013 Година

10

Македонец од Кичево, Битолски Вилает, слика од рускиот весник „Весник и

библиотека за самообразование“ од 1903 година

Св. Апостоли Петар и Павле, постои и денес изградена (и доградувана) е на темелите на постара црква (средновековна). Околу црквата порано се наоѓале градските гробишта кои денес не постојат. Со изградбата на новите придружни објекти на денешната црква се откриени гробови. На само 20 метри од црквата се наоѓаат римските гробишта, веднаш во подножјето на калето. Во црквата веројатно навратувале и патници кои оделе по стариот пат зашто црквата се наоѓа веднаш до него.

Англичанецот Едминд Спенсер бил капетан и многу патувал, пред се, во разузнавачки цели. Во 1850 година ја посетил и Македонија. Еве што друго пишува Едмунд Спенсер за Кичево во својот патепис:„Напуштајќи ја прекрасната долина на Дреска, поминавме преку планината на пат за

Критчево, древната Скиртијана, која денес претставува мало село што нема повеќе од стотина куќи. Се почувствувавме меланхолично, гледајќи го прекрасниот и простран басен во кој беше сместено селото, каде што почвата очигледно беше мошне плодоносна, но малку обработена. Неколку напуштени села беа расфрлани во околината покажувајќи дека оваа област мора некогаш да била место каде што се одвивал некој смртоносен судир, а тоа било неодамна. Критчево е сместено во подножјето на еден планински венец, не многу висок, овде-онде покриен со шума, претставувајќи еден освежителен предел во овие области на Македонија, каде студениот гол камен често е главната карактеристика на пределот; иако овие планини некаде испреплетени со бројни плодни површини, мали долини или клисури, каде што течат водите на Зајас, Карасу, Кандрису и на неколку помали реки се влеваат во реката Вардар, сепак се чини дека земјата е добро прилагодлива за земјоделство; сепак единствените жители кои ги сретнавме на нашиот пат беа неколкумина номади со нивните стада.”Сево ова се случувало за време на одметнувањето на Али паша – Јанински, во првата

половина на 19 век, време кога се случува феудална анархија во Османлиската империја. Како причина било искористено укинувањето на јаничарскиот ред во 1826 година од страна на султанот Махмуд II, по што голем број на турски феудалци се одметнале и почнале со масовен терор во областите каде владееле. Поради тоа населението се повеќе ги напуштало селата преселувајќи се во градовите. Едмунд Спенсер несомнено бил сведок на периодот после феудалната анархија во Кичево. Првите никулци на Македонската револуционерна организација започнале со револуционерната работа на Ѓаконот Јосиф на манастирот Света Богородица - Пречиста, и на учителите на повеќе кичевски села. По направените обиколки и првите контакти со печалбарите по кичевските села, Пере Тошев заедно со Јосиф во 1878 година ја формираат првата вооружена чета на чело со Дуко Тасев, а во чии редови бил и Јордан Пиперката. Тие ќе бидат предводници на Брсјачка буна во 1880 година. Исто така, на 2 август 1903, започнува востание на чело со Арсо Војвода и Јордан Пиперката, а се држат ослободени територии до 9 август кога востанието било крваво задушено.

Page 11: Makedonski vesnik ilinden br 20

Издавач: Македонско друштво “Илинден” – ТиранаГлавен и одговорен уредник: Никола ЃурѓајЗаменик на главен и одговорен уредник: Ерлин МазникуЛектура: Валентина НесторКомпјутерска обработка: Тримакс - ТиранаПечати: ДСИ - Тирана Фотографии: Архива на МКД “Илинден “- Тирана и редакцијатаРедакција:

1. Ариана Шутку – Тирана 2. Ернеста Дука – Драч3. Ули Халилај – Голо Брдо4. Љубе Богдановски – Горно Крчиште

Контакт:

0692401778 АЛ 0038971946391 МК Адреса: ул. „Михал Грамено“ 183 - Тирана, Албанијае-mail: [email protected] Web: www.ilinden-tirana.com

Банка: Национална Комерциална Банка - Тирана

IBAN:AL1520511021289300CLOTCLALLY LEK

SWIFT:NCBAALTX020

IBAN:AL4820511021289300CLOTCFEURA EUR

SWIFT:NCBAALTX

VESNIK ILINDENНОЕМВРИ 2013 Година

5. Алдана Лоровска – Врбник6. Бесим Мемишај – Гора7. Ѓерѓи Тeрпо - Мала Преспа8. Брунилда Абдиај - Елбасан9. Стојанка Палко - Поградец

Стани и ти дописник на Македонски Весник Илинден

Известувај од својето место за Македонците кои живат во твојот крај, случките за кои мислиш дека се интересни за објавување, поврзи се и стани дел од Македонскиот весник Илинден. Прати порка на: [email protected]

РЕКЛАМНИ ЦЕНИ ЗА МАКЕДОНСКИ ВЕСНИК ИЛИНДЕН Задна страна (целосна) – 200 evra Внатрешна страна (целосна) – 150 evra Било која целосна страница Внатре – 100 evra 1/2 страница (Верикално/хоризонтално) – 50 evra 1/4 страница (Верикално/хоризонтално) – 30 evraВе молиме контактирајте, ќе ни биде задоволство да организираме прифатлив рекламен пакет за вашите потреби. Сите реклами се предмет на одобрување од страна на редакцијата на Македонски Весник Илинден, кој го задржува правото да ja одбие или да го откажете било која реклама во секое време.

@ivotot mi ima otvoreno stotina crni vrati. @ivotot mi e pocrnet i mnogu imam istrpeno; mnogu lu|e mi rekoa deka mnogu imam istrpeno i deka sum bila hrabra, sama na sred pati{ta ne znaej}i {to ne mi donese `ivotot.

U{te kolku treba da istrpam so edno malo dve godi{no devoj~e, koe kako angel~e me gleda vo o~i, kое го бара nejziniot tatko, no iskreno mnogu sum izmorena i srceto ve}e ne mi trpi. Kade se moite bliski i prijateli!? Site vikaat deka `ivotot so edna raka ti dava a so drugata ti zema, no mene mi izgleda deka me ima isfrleno vo nekoja pustina so prazni zborovi. Isto kako ova pismo, koe go pi{uvam kako eden pat bez kraj, kako eden pat bez povrat. Kade e moeto gnezdo, kade e mojata sre}a, mojata ku}a?! Zo{to sekoj moj ~ekor me nатажuva, zo{to sekoja moja solza mojot neprijatel go raduva, zo{to ja nema mojata nasmevka, zo{to ~asovnikot za mene ve}e ne raboti, zo{to majkata u{te misli!?

Sakam da tr~am, da se izmoram i da ne zastanam, da ja trgnam ova bolka {to ne me ostava da `iveam, da pi{uvam beskraj, se dodeka nemam ve}e boja i dodeka nemam ve}e misli, no dali znae{ deka posle seto ova {to imam istrpeno moite neвroni veke ne mi pomagaat da mislam?!

Ah, `ivot od soni{ta, zo{to me potoни, znae{ se izmoriv od ova no}, so ovie yvezdi bez kraj, so ova pola mese~ina koja li~i so mojata du{a. Dali e mo`no u{te edna{ da vratam se? Dali e mo`no Gospod da me prerodi u{te edna{, za vtorpat da bidam u{te edna{ dete, da go pominam `ivotot, no so ovie misli {to gi imam sega...

Fidana ]ulhanxiu

Page 12: Makedonski vesnik ilinden br 20

МАКЕДОНСКО ДРУШТВО „ИЛИНДЕН“ - ТИРАНАSHOQATA MAQEDONASE „ILINDEN“ TIRAN{

MACEDONIAN ASSOCIATION „ILINDEN“ - TIRANA

www.ilinden-tirana.com

Отсега можете да нè следите на интернет порталот