11
www.veles.gov.mk НА ОПШТИНА ВЕЛЕС Месечен весник јули, 2015

Mesecen izvestaj, juli - uslugi.veles.gov.mkuslugi.veles.gov.mk/Shared Documents/Месечен весник - Јули 2015.pdfдвете светски војни. Избран е

  • Upload
    others

  • View
    32

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

www.veles.gov.mk

НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Месечен весник

јули, 2015

www.veles.gov.mk

ОТЧЕТНА ОПШТИНА ВЕЛЕС

2014

НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Месечен весник

јули, 2015

3

ОПШТИНА ПО МЕРКА НА ГРАЃАНИТЕ

Осветлување на новиот кружен тек

Изминатиот месец започна изградбата за осветлување на кружниот тек на влезот во градот. Осветлувањето ќе го опфаќа делот од патниот правец кон Спомен Костурницата и надолу кон населба „Речани“ со што во целост ке биде осветлен влезот на градот, а сето тоа ке придонесе за побезбедно одвивање на сообраќајот.

Се уредуваат улиците предвидени во програмата „Декада на Ромите“

Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев имаше средба со министерот без ресор во Владата на Република Македонија Неждет Мустава. По разговорот во кабинетот, тие извршија увид на градежните работи за реконструкција на улиците „Јордан Џурнов“ и „Прохор Пчински“. За целосната реализација на овој проект кој опфака повеке улици во кои претежно живее население од Ромската заедница, обезбедени се средства во вкупен износ од 2.700.000 денари. Средствата се обезбедени од Буџетот на Р. Македонија – Министерство за транспорт и врски, Потпрограма 11-Подршка на имплементација на Декадата и Стратегија за Ромите во висина од 2.000.000 денари ,дополнителните средства во висина од 700.000 денари ке се обезбедат од Програмата за уредување на градежното земјиште на територија на Општина Велес за 2015 година. Реконструкцијата на завршниот слој на коловозот ги опфака и улиците „Славко Давчев”, „Благој Кирков”, „Благој Страчков” и „Стефан Богоев”.

Започна изградбата на новиот кружен тек кај АВОНА

Подготовките за стартување на проектот „Кружен тек кај Авона“ како што велешани најчесто можат да го лоцираат, направени се согласно со законската регулатива што значи: изготвена е сета потребна документација, сообраќајни проекти и дозволи. На започнувањето со градежните работи, градоначалникот Чадиев истакна дека се чувствува особено горд што се запази предвидената динамика и во зацртаните рокови се отпочна со работа на овој многу значаен инфраструктурен зафат. „Оваа патна инфраструктура одамна ги беше надминала стандардите за кои е градена пред повеќе од половина век. Од тогаш интензитетот на сообраќај е многукратно зголемен. Затоа еден од моите приоритети и ветувања беше современо регулирање на оваа крстосница.” – рече градоначалникот Славчо Чадиев. Со изградбата на кружниот тек што изминатиот месец започна да се гради, за два месеца, оваа клучка ќе биде една од најбезбедните за сите учесници во сообраќајот. Целиот проект Општина Велес ќе ја чини 6.000.000 денари. Целосно се финансира од Буџетски средства, а изведувачи на работите се градежните фирми Eвроинженеринг и Гранит.

www.veles.gov.mk4

ОПШТИНА ПО МЕРКА НА ГРАЃАНИТЕ

Информација за штетното влијание на топлотниот бран

Волонтерите од Клуб на млади при ООЦК Велес во соработка со Општина Велес во деновите 28,29 и 30.07.2015 година, извршија делење на информативни флаери и вода за освежување на разни фрекфентни локации во градот. Целта на оваа акција е покрај разладувањето, граѓаните да добијат и информација за штетното влијание на топлотниот бран и мерките кои треба да се преземат за соодветна заштита.

Коњаниците од Илинденскиот марш во Велес

Велес беше дел од маршута на Илинденскиот марш што Организациониот одбор на оваа несекојдневна манифестација во чест на најголемиот македонски празник Илинден го реализира по 37-ми пат.На својот пат за легендарното Крушево коњаниците се поклонија пред споменикот на Велешките илинденци во центарот на градот и заедно со делегација од Општина Велес предводена од Градоначалникот Славчо Чадиев положија цвеќе. велешани горди на своето минато им посакаа добредојде со оро, песна и во духот на традицијата со леб и сол. Рано утрината коњаниците го продолија патот преку Извор и Прилеп до Крушево каде активно се вклучија во обележувањето на 112 годишнината од Илинденското востание.

Старите живини сијалици предадени на овластен постапувач

По реализација на проектот за комплетна реконструкција на уличното осветлување во Општина Велес и замена на живините сијалици, Општина Велес спроведе низа активности за соодветно ракување, обележување на искористените светилки како опасен отпад, пакување и времено складирање во соодветен и безбеден простор.По спроведена постапка за избор на овластен постапувач со опасен отпад, Општина Велес склучи договор за собирање и транспорт на овој опасен отпад со ЕКО ТЕАМ ДОО Скопје, кој поседува дозвола за собирање и транспортирање на опасен отпад, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.На 15.07.2015 г. Општина Велес изврши предавање на 109 кг. опасен отпад, кој ќе биде згрижен согласно обврските од Законот за управување со отпадот.

ОПШТИНА ПО МЕРКА НА ГРАЃАНИТЕ

5

Германската амбасадорка во посета на Општина Велес

Амбасадорката на Германија Кристине Д. Алтхаузер имаше работна посета на Општина Велес. На средбата, градоначалникот Славчо Чадиев ја запозна Алтхаузер со вкупните состојби во градот и напорите кои се вложуваат од страна на локалната самоуправа за подобрување на условите за живот на граѓаните. Двајцата соговорници на средбата ги разгледаа можностите за понатамошна соработка помеѓу Општина Велес и Амбасадата на Република Германија. Од страна на градоначалникот Чадиев беа презентирани и тековните активности на општината, како и идните проекти што ќе бидат реализирани во 2015 година. Беше разгледан и веке завршениот проект во с. Караслари, финансиран од Германската Амбасада. Општина Велес аплицираше на овој проект со цел да овозможи инсталација на секундарна пумпа за вода, со која трајно се реши проблемот со обезбедување на вода во селото. Вредноста на овој проект изнсува 244.660 денари. Проектен партнер на Општина Велес е Јавното комунално претпријатие „Дервен“ чија одговорност ќе биде одржување на пумпата. За време на посетата, градоначалникот заедно со Амбасадорката ја посетија и новата театарска зграда.

Градоначалникот Чадиев присуствуваше на ифтар вечера во велешката џамија „Фазил Ахмед“

Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев, во пресрет на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, присуствуваше на Ифтар во велешката џамија „Фазил Ахмет“. Од негова страна, на присутните граѓани им беше посакано да имаат убави празнични денови, среќа и спокој во семејствата, како и единство, хармонија и взаемно почитување кое треба да биде единствениот пат кој може да донесе економски, културен и сеопшт развој. Ваквите настани се добра прилика да се разменат мислења, но и да се прати порака на единство, бидејќи соживотот и меѓусебното почитување имаат вековна традиција меѓу луѓето кои живеат на овие простори и тоа треба да биде примерот кој треба да биде следен во сечие делување и работа.

Увид во градежните работи на патот Велес-Кадрифаково

Изминатиот месец министерот за транспорт и врски заедно со директорот на ЈП за државни патишта и градоначалниците на Велес, Штип и Лозово, изврши увид на градежните работи на патниот правец Велес-Штип кај Кадрифаково. Делницата во должина од 11 километри треба да биде готова до април идната година. Патот има неколку црни точки, а со нејзина изградба двојно ќе се зголеми широчината од сегашните 6,5 на 11 метри. Со реконструкцијата ќе се направи сосема нова траса каде што возилата ќе се движат со брзина од 80 до 100 километри на час.Целата инвестиција, односно патот Велес-Кадрифаково чини околу 15 милиони евра, средства обезбедени од Владата со заем од Европската банка за обнова и развој.

www.veles.gov.mk

ОПШТИНА ПО МЕРКА НА ГРАЃАНИТЕ

6

64 години од смртта на народниот учител Панко Брашнаров

Општина Велес во соработка со Општинската организација на борци од НОВ одбележаа 64 години од смртта на народниот учител, Панко Брашнаров – илинденецот од двата Илиндена, затвореникот од сите режими, непоколебливиот правдољубец и борец за Македонија. Во негова чест пред споменикот се поклонија делегации од Општина Велес, АРМ, ОО на СЗБ од НОВ, преставници на институциите од градот, здруженија на граѓани и политички партии. По положувањето на букети цвеќе, пригодно обраќање за животот и револуционерниот пат на Панко Брашнаров одржа историчарот Слободан Ников.Тој потсети дека Брашнаров е еден од најголемите македонски револуционери, учител, идеолог и прв потпретседател на Президиумот на АСНОМ. Панко Брашнаров е роден во Велес во 1883 година и бил учесник од Илинден до балканските и двете светски војни. Избран е за народен пратеник и претседавач на Првото заседание на АСНОМ и член на АВНОЈ. По неколку години работа во штотуку организираната држава тој бил приведен како приврзаник на ставовите во Резолуцијата на Информбирото. Прогласен е за непријател на власта и испратен на злогласниот остров Голи Оток каде што починал на 13 јули 1951.

Обележани 202 години од рагањето на Андера Дамјанов

Годинава навршуваат 202 години од раѓањето на најголемиот балкански градител Андреја Дамјанов. Пред неговиот лик и дело со едно минутно молчење и положување на цвеке на вечното почивалиште на неимарот на македонската сакрална градба, делегација на Општина Велес, како и други делегации оддадоа почит.Андреја Дамјанов е роден во 1813 година во село Папрадиште, велешко, во семејство на познати мијачки градители. Со своите браќа, мајсторот Андреја градел цркви во Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и други земји на Балканот. Неговата градителска умешност била забележана и во Европа, особено од патеписците кои Андреја го споменуваат како вреден и ценет мајстор и градител - уметник Неговите цркви се сметаат за бисери на сакралната архитектура на Балканот. При изградбата на црквите Дамјанов особено внимавал на акустиката во ентериерот на црквата. Црквата посветена на Св. Пантејелмон, светецот заштитник на Велес се одликува со токму таква акустика што светот ја препознава по изразот „Македонска миланска скала“.Покрај овој монумент Дамјанов ги изградил и црквата во манастирот “Св. Јоким Осоговски“ кај Крива Паланка, црквите „Св. Богородица“ во Ново Село, штипско и „Св. Архангел Михаил“ во Чичево. Во Србија ги изградил црквите „Св. Илија“ во Печењевац, „Св. Ѓорги“ во Смедерево, соборната црква во Ниш како и соборната црква во Сарaево и ја завршил градбата на црквата во Мостар.

ОПШТИНА ПО МЕРКА НА ГРАЃАНИТЕ

7

Велес доби Совет на млади

Во Општина Велес денес изминатиот месец се одржа конститутивна седница на Советот на млади, кој ќе се вклучи во процесите на управување со локалната самоуправа. За негов претседател беше избран Филип Спирковски член на Ансамблот „Керамичар”, додека за заменик Кире Јосифовски. На настанот присуствуваше и градоначалникот Славчо Чадиев, кој најави поддршка за сите креативни предлози кои ќе доаѓаат од новоконституираниот Младински совет на Велес.На стартот од работата новиот претседател Спирковски рече дека ова тело ќе има задача да изготви годишна програма за работа, во која ќе бидат вклучени интересите и приоритетите на младите за подобрување на нивниот статус во повеќе полиња на општествениот живот. Од негова страна беше истакнато и дека дадената доверба ќе биде изврешан чесно и одговорно во соработка со сите членови на Советот.

Во с. Сливник се гради нов објект на основното училиште

Во село Сливник се одвиваат интензивни градежни активности за изградба на нов објект кој ќе биде дел од основното подрачно училиште. Објектот според проценките би требало да заврши до почетокот на идната учебна година во септември. Денес во посета на ова велешко село беше и министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми кој заедно со вицепремиерот Муса Џафери и членот на Советот на Општина Велес Петре Саздов направија увид во моменталните активности. Од името на локалната самоуправа и градоначалникот Чадиев, советникот Саздов се заблагодари на Владата на Република Македонија и ресорното министерство за поддршката која Велес во континуитет ја добива, а е во насока на унапредување на образовниот процес и условите за живеење, воопшто. Новиот објект од подрачното училиште кое е дел од ООУ „Васил Главинов” ќе биде од тврда градба. Истот ќе опфаќа три училници заедно со придружните објекти. Парите за изградба во висина од 5.300.000 денари ќе бидат обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

www.veles.gov.mk

ОПШТИНА ПО МЕРКА НА ГРАЃАНИТЕ

8

Генерално чистење на „Бузалково“ од дивите депонии

По воведување на услугата за собирање и транспортирање на комунален, комерцијален и индустриски неопасен отпад во населеното место „Бузалково“ од 01.05.2015 ЈКП „Дервен“ се зафати со чистење на дивите депонии со отпад.Во акцијата се изврши чистење на оградената нерегуларна депонија за комунален отпад на самиот излез од населеното место која што неколку години се користеше од страна на жителите, исто така се изврши и чистење на депонијата во „Долно маало“.Со чистењето на овие депониите, животната средина се растерети од 210м3 отпад кој е транспортиран и соодветно одложен на општинската комунална депонија. Околу 190 домаќинства секој понеделник и четврток добиваат директна услуга за собирање на отпад од општинското јавно комунално претпријатие.Оваа активност е предвидена во Програмата за управување со отпад на територијата на Општина Велес за 2015г.

Завршува уредувањето на улиците „Костадин Бодин“ и „Љубланска“

Градоначалникот Славчо Чадиев направи увид на улицата „Костадин Бодин“и „Љубланска“. Градежните активности завршуваат оваа седмица со што уште две улици се уредени и пристапни на граѓаните. Овие улици се дел од Програмата за уредување на градежно земјиште. Општина Велес и понатаму продолжува со изградба на улици на високите зони со што ке се овозможи по пристапен, безбеден и прегледен пат.

ОПШТИНА ПО МЕРКА НА ГРАЃАНИТЕ

9

Заврши изградбата на паркинг просторот кај „Мало мовче“

Градоначалникот Славчо Чадиев во рамките на својата работна агенда изврши увид на локацијата во близина на Мало мовче, каде што завршија градежните активности за изградба на нов паркинг простор наменет за 168 возила. Површината на овој паркинг простор изнесува околу 3,660м2, а средствата за негова изградба се во износ од 3.000.000 денари.Со пуштањето во употреба се очекува значително да се намали навалицата и гужвата како од левата страна на градот, така и од централното градско подрачје.

Настапот на хорот „Св. Злата Мегленска “ и хорот од Беркли од Калифорнија

Во амфитеатаротот на Младински парк продолжи културниот бран со настап на хорот „Св. Злата Мегленска“ и хорот на првата презвитеријанска Црква на Беркли, Калифорнија. Хорот Св. Злата Мегленска во изминатата 2014 година се закити со два златни и еден сребрен медал на светските хорски игри во Рига. Под водство на диригентката Летка Димовска-Полизова овој ансамбл ја потврди својата улога на афирматор на македонската хорска музика ширум светот вбројувајќи се во официјалната листа на дваесетте најдобри хорски ансамбли од целиот свет.Хорот на Првата презвитеријанска Црква на Беркли, Калифорнија е составен од разновидна група на музичари кои живеат во петокрузи во Сан Франциско во Северна Калифорнија. Тие се посветени на музиката и хорската уметност, а доказ се многубројните концерти со оркестри и турнеи на меѓународно ниво. Хорот промовира мир и разбирање меѓу луѓето од различни потекла. Тој брои 100 хористи од кои за концертни турнеи се извираа само 55 хористи..

Учесниците на фоклорниот фестивал на прием во Општина Велес

Спектарот од бои, народни шари и насмеани лица од амфитеатарот на Младинскиот парк се пресели денес во општинската зграда. На прием кај градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев и претседателот на Организациониот одбор на ИФФ Томе Јаневски дојдоа преставници на фолклорните ансамбли. Градоначалникот Чадиев им се заблагодари на гостите што со својот фолклор и позитивна енергија и овој пат докажаа дека се најмоќните амбасадори на своите земји и промотори на својата култура. Г-динот Јаневски не го криеше задоволството што продолжува да негува пријателството меѓу ансамблите и земјите од каде што тие доаѓаат со нови, млади играорци, но и со ветерани што се редовни учесници на овој, веќе реномиран и стандардизиран интернационален фолклорен фестивал.

www.veles.gov.mk

ОПШТИНА ПО МЕРКА НА ГРАЃАНИТЕ

10

Свечено отворен 12-тиот ИФФ ,,Велес" 2015

Изминатиот месец во Младинскиот парк започна 12-тиот Интернационален фоклорен фестивал „Велес” 2015. Традиционално, на свеченото отворање му претходеше дефиле на учесниците низ улиците на Велес преплетувајќи ги боите на Македонија, Турција, Романија, Босна и Херцеговина, Унгарија, Бугарија, Естонија, Полска и Србија.

12-тото издание на Интернационалниот фолклорен фестивал го отвори градоначалникот Славчо Чадиев кој во своето обраќање истакна дека во Велес овие 5 дена официјален јазик на комуникација ќе бидат танцот и мелодијата, песната, ритамот на музиката со која ги изразуваат своите чувства членовите на сите странски и домашни фолклорни ансамбли.„ Велес и велешани со нетрпение очекуваат да Ве поздрават, да Ви го покажат својот град и да Ви подарат пријателство што ќе Ве натера повторно да се вратите тука, во лулката на македонската култура, во градот на поезијата, револуцијата, во градот на мостовите, писменоста и уметноста, во Велес.” – истакна градоначалникот Славчо Чадиев.Присутните во амфитеатарот во Младинскиот парк ги поздрави и Томе Јаневски, претседател на Организациониот одбор на фестивалот. Тој истакна дека Велес дванаесетти пат се радува, игра и пее заедно со своите гости.„Велес и оваа година на светот му покажува дека врските создадени со игра и песна се најсилни и најтрајни”. – истакна г-динот Јаневски.На првата фестивалска вечер покрај домаќините од Македонија, настапија и гостите од Турција, Романија, Босна и Херцеговина, Унгарија и Бугарија.Следните 4 дена Велес и околните општини продолжија да живеат во ритамот на фестивалот.

www.veles.gov.mk

ОТЧЕТНА ОПШТИНА ВЕЛЕС

2014

НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Месечен весник

јули, 2015