Upload
others
View
6
Download
0
Embed Size (px)
Citation preview
VII одд.
06 - 10.04. 2020 понеделник до петок
МАШКИ ХОР
I.Во тетратката препишете и научете го следниот текст:
Машкиот хор е вокален ансамбл составен од возрасни машки гласови
(тенор,баритон и бас).Може да исполнува едногласни, двогласни, тригласни и
повеќегласни композиции. Машкиот хор може да има моќен, масовен и темен
звук.Погоден е за искажување на драмски,херојски и борбени расположенија.Со
темниот звук остава впечаток на цврстина и сплотеност.Машкиот хор може да
исполнува композиции со различен карактер и жанр.
II.Во тетратките направи анализа (како на часовите) на следната композиција :
1.„Хор на ловџиите“од операта „Волшебниот стрелец“ од Карл Марија Вебер
III. Истражи за операта и за композиторот Карл Марија Вебер и запиши кратка
биографија за него (во 5,6 реченици).
Домашна активност:
Пожелно е да се изработи кратка презентација во PP, WORD или PDF со неколку слајдови ( 7 или 8 ) за содржините: хорско пеење, детски, женски и машки хор. Преку кратко наративно раскажување и слики од истите содржини направете убава креативна презентација со максимум 10 слајдови. Презентацијата треба да биде наведена со име и презиме на ученикот и одделение. IV.Повторете го изучениот материјал преку пополнување на дадените листови:
Вашите презентации и досегашни домашни изработки пратете ми ги исклучиво на следниот е-маил:[email protected] најдоцна до 10.04.2020 за да има време да ги прегледам и оценам. Секоја ваша активност, како погоре наведената ќе биде заведена и оценета со повисока оценка во зависност од тоа како е изработена.
ЧУВАЈТЕ СЕ !