11

OP 2012 - Strumica · -Бројот на предложени предлози, иницијативи, проекти, активности од мажи и жени ... Примери

  • Upload
    others

  • View
    11

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: OP 2012 - Strumica · -Бројот на предложени предлози, иницијативи, проекти, активности од мажи и жени ... Примери
Page 2: OP 2012 - Strumica · -Бројот на предложени предлози, иницијативи, проекти, активности од мажи и жени ... Примери

1

2.1. Дали имате преземени основни и посебни мерки согласно чл. 5, 6 и 7 од ЗЕМ (заокружете доколку имате) Oпштина Струмица има преземено посебни мерки согласно член 5,6 и 7 од ЗЕМ.

А) Позитивни

√ Б) Охрабрувачки В) Програмски

2.2. Опис на мерките што ги имате преземено: Општина Струмица како успешен пример за правилно вклучување на граѓаните во процесот на креирањето на општинските политики, практики и можноста за нивно партиципативно учество во креирањето на општинскиот Буџет, по четврти пат во 2014 година беше дел од Програмата „Форуми во заедницата“ и спроведување на Буџетските форуми. Целта на програмата е да се поддржи партиципативниот развој на заедницата на локално ниво која истовремено ќе претставува платформа за развој во која граѓаните ќе имаат можност да го подобрат сопствениот живот низ сопствените идеи, а општинската администрација успешно да развива партиципативно и одговорно локално владеење на кое ќе му се верува. Тимот за спроведување на форумот има клучна улога за успешноста на форумот и затоа секогаш се внимава на изборот на лицата што го сочинуваат. Општина Струмица покрај останатите членови на Оперативната група, задолжително и активно го вклучи и Координаторот за еднакви можности на мажите и жените. Координаторот за еднакви можности води сметка за поголемо присуство на жените Форумите, пред се од руралните средини каде обично тие ретко или во многу мал број се вклучуваат во јавниот живот на заедницата. За таа цел Координаторот за еднакви можности на мажите и жените вложува големи напори за вклучување на жените во Форумите со цел да ја подигне свеста кај жителите од тие средини за важноста од учеството на жените во креирањето на локалните политики. (Во прилог на прашалникот ќе Ви биде испратен и Кварталниот Наративен Извештај од Форумите на заедницата за 2014 година). 2.3. Мерење на успешност на мерката (наведете кратки информации-показатели кој е резултатот со спроведувањето на оваа мерка): Показатели од оваа мерка се: -Бројот на мажи и жени учесници -Бројот на предложени предлози, иницијативи, проекти, активности од мажи и жени 2.4. Дали имате предвидено показатели/индикатори за следење на успешноста и напредокот (Ве молиме наведете само аутпут индикатори1) -Имплементација на предложени проекти, иницијативи од жени и мажи учеснички на Форумите во заедницата.

1

Аутпут индикаторите ја мерат количината на стоки или услуги кои се добиваат со реализација на активностите од одделните програми, или пак број на жени и мажи опфатени со одделни програми. Пример за аутпут индикатор е број на мажи/жени опфатени со здравствените програми, број на жени опфатени со програмата за субвенционирање на земјоделството, број на жени од таргет група 24-49 години опфатени со Активните програмии мерки за вработување и др. Преземено од Насоки за подготовка на предлог буџетска пресметка, Министерство за финансии, http://www.mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/OP_2012.pdf  

Page 3: OP 2012 - Strumica · -Бројот на предложени предлози, иницијативи, проекти, активности од мажи и жени ... Примери

2

2.5. Доколку имате документи и прилози кои зборуваат за напредокот, наведете ги во прилог на извештајот: Голем број од предлозите на жените на Форумите на Заедницата се земени во предвид и нивната имлементација е внесена во Буџетот за 2015 година. Примери за предлози се: -Оплеменување на плоштад и стара чаршија во О.Струмица со сезонско цвеќе -Дополнителни осветлувања во дворовите на училиштата -Обнова на водоводна мрежа во неколку училиштата -Поставување телескоп на Царево Кули -Изградба на нови детски градинки 2.6. Преземени иницијативи за инкорпорирање на принципот на еднакви

можности на жените и мажите во стратешкиот план и буџетот на ЕЛС : -Општина Струмица како успешен пример за правилно вклучување на граѓаните во процесот на креирањето на општинските политики и практики и можноста за нивно партиципативно учество во креирањето на општинскиот Буџет, по четврти пат во 2014 година беше дел од Програмата „Форуми во заедницата“ и спроведување на Буџетските форуми. На ваквите Форуми во заедницата пред се беше запазено бројот на жените да биде еднаков или поголем од бројот на мажите, како и бројот на иницијативите со цел да се постигне еднаква можност на искажувањето на потребите и на жените и на мажите. -На 20 јуни 2014 година во рамките на регионалниот проект за Промоција на Родово Одговорни политики официјално се започна со проектната компонента која во најголем дел е насочена кон единиците на локалната самоуправа. Општина Струмица е дел од проектот и низата предвидени активности насочени кон зајакнување на капацитетите и механизмите за интегрирање на родова перспектива во процесот на креирање на политики и буџетирање на локално ниво. Со овој проект кој ќе се спроведува од 2014 до 2017 година планирано е спроведување на активностите кои имаат за цел зајакнување на капацитетите и механизмите за имплементација на локалните и националните стратешки документиво областа на родовата еднаквост и родово одговорно буџетирање, како што се Стратегија за родова еднаквост, Стратегија за родово одговорно буџетирање и Закон за еднакви можности на мажите и жените. 2.7. Мерење на успешност на иницијативата (наведете кратки информации-

показатели кој е резултатот со спроведувањето на оваа иницијатива): -Бројот на жени кои учествуваа во Форумите на заедницата. -Бројот на иницијативите предложени од жените учеснички (во прилог на образецот ќе Ви бидат испратени и извештаите од Форумите).

2.8. Дали имате предвидено показатели/индикатори за следење на успешноста и напредокот на иницијативата (Ве молиме наведете само аутпут индикатори) Да,предвидено е показател/индикатор за следење на успешноста и напредокот на иницијативите и тоа: Имплементација на иницијативите дадени од жените учеснички на Форумите во заедицата.

2.9. Доколку имате документи и прилози кои зборуваат за напредокот, наведете ги

овде насловите и приложете ги со извештајот. -Реализацијата за предлозите дадени од жените на Форумите во заедницата е предвидена за 2015 година.

Page 4: OP 2012 - Strumica · -Бројот на предложени предлози, иницијативи, проекти, активности од мажи и жени ... Примери

3

2.10. Дали ЕЛС во рамките на активностите за унапредување на еднаквите можности на жените и мажите соработувал со социјалните партнери и невладините организации активни на полето на еднаквите можности на жените и мажите?

-Во полето на еднаквите можности соработуваме со Организација на жени од Струмица. Организација на жени учествуваше во процесот „Зајакнување на капацитетите на локална самоуправа и локални активности за остварување и креирање на ефективни политики за родова еднаквост“ спроведен од страна на Институт за општествени и хуманистички науки и Акција здруженска со финансиска поддршка од UN WOMEN во соработка со ОЖ Струмица и Општина Струмица. Како резултат на овој проект беше изготвена „Предлог програма“ за активностите на општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2014 година. Носители на активностите од оваа програма се ОЖ -Струмица, координаторот за еднакви можности на мажите и жените и КЕМ при Совет на О.Струмица. -Во 2014 година Организација на жени од Струмица аплицира на јавниот повик по Програмата- V2 Социјална заштита, финансирана од буџетот на О.Струмица. Организација на жени од Струмица аплицираше со проектот „Активно вклучување на жените во процесите на донесување на одлуките“, кој што целосно беше поддржан од буџетот на О.Струмица. Ваквиот проект е во согласност со Програмата на О.Струмица во областа на еднаквите можности на мажите и женитеза 2014 преку чии активности се создадоа услови за поактивно вклучување на жените во локалните процеси на одлучување и креирање на родови статистики на територијата на О.Струмица. Проектот придонесе кон зголемување на информирањето и едуцирањето на жените за нивно зголемено учество во креирање на локалните политики и во процесите на одлучување на O.Струмица. Исто така придонесе подобро информирање на жените за можностите и начините за вклучување во процесите на донесување одлуки во месните заедници, поттикнување и зајакнување на жените за активно учество во процесите на донесување одлуки во месните заедници. Исто така придонесе развиен систем за континуирано прибирање, ажурирање и анализа на родови показатели во институциите и приватниот сектор на територија на О.Струмица. Како резултат на посетените населени места се утврдени неколку проблеми како: -Изградба на канализација -Реконструкција на училиштата -Воведување јавен градски превоз -Покривање на одводен канализации-Уредување и одржување на зелени површини -Недостаток на детски градинки -Потреба од филтер станица -Уредување/асфалтирање на главни улици -Општина Струмица е една од 23 општини во Република Македонија вклучени во реализацијата на проектот „Ние сме идни лидерки и двигателки на промените во нашите заедници“. Проектот се спроведува во период од три години, од 2013 до 2015 година, а го спроведуваат одделот за родови студии на Институтот за општествени и хуманистички истражувања при универзитетот „Евро-Балкан“ и Македонското женско лоби, како водечки организации, во стратешко партнерство со Парламентарната комисија за еднакви можности и во соработка со невладините организации ДЕСИДЕ – Асоцијација за демократија, социјална инклузија и развој и Сирма. Целта на проектот е да ги мотивира жените лидерки и да ги развива нивните капацитети во процесот на кандидирање, избор и извршување на градоначалничките и советничките функции во единиците на локалната самоуправа. На овој начин, проектот ќе придонесе за зголемено учество на жените во процесите на донесување одлуки на локално ниво и за поефективно спроведување на родовиот концепт во сите аспекти на локално ниво. Општина Струмица преку Координаторот за еднакви можности на жените и мажите и членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на општината, се вклучија во

Page 5: OP 2012 - Strumica · -Бројот на предложени предлози, иницијативи, проекти, активности од мажи и жени ... Примери

4

проектните активности и изработија едногодишен акциски план за спроведување на активноста чија што крајна цел ќе биде внесување на родовата перспектива во општинските акти и стратешки документи. Согласно Акцискиот план беа реализирани 4 работилници на теми: -Вклучување на родова перспектива во програмите, проектите и документите на

локалната самоуправа -Родово сензитивен јазик во говорот на советниците во општинските Совети -Основни концепти на родова рамноправност и зошто таа е значајна за локалната

самоуправа -Како до родово разделени податоци Како резултат на оваа менторска акција е направена и усвоена од Совет на О.Струмица: -Статутарна одлука за именување и дополнување на Статут на О.Струмица -Измени на Деловникот на работа на Советот на О.Струмица -Во тек се измени и дополнувања во актот за систематизација на работните места

на општина Струмица. 2.11. Дали базата на податоци со која располага ЕЛС е разделена по пол? а) база на податоци која се однесува на човечки ресурси * приложете документ со преглед на човечките ресурси поделени по пол (вкупен број на вработени, по

звање) Општина Струмица располага со база на податоци која се однесува на човечките ресурси. (Во прилог на прашалникот ќе Ви биде испратена базата која се однесува на човечки

ресурси) б) база на податоци која се однесува на програмскиот дел (опфат на корисници по пол од одредени програми, услуги, мерки итн.) * приложете документ со краток опис на локална стратегија/акциски план/услуга и податоци разделени

по пол за предвидени корисници, целни групи, и податоци разделени по пол за опфатени корисници, целни групи итн.

Базата на податоци која се однесува на програмски дел во прилог на прашалникот ќе Ви биде испратена.

Page 6: OP 2012 - Strumica · -Бројот на предложени предлози, иницијативи, проекти, активности од мажи и жени ... Примери

5

2.12.1. Дали единицата на локалната самоуправа има локален акциски план за унапредување на еднаквите можности на жените и мажите? За 2014 Oпштина Струмица има изготвено Предлог Програма во областа на еднаквите можности на мажите и жените. Координатор на активностите се Организација на жени од Струмица, Координаторот за еднакви можности на мажите и жените и Комисијата за еднакви можности на мажите и жените.

2.13. Ако одговорот е да, тогаш приложете го акцискиот план со извештајот и опишете: а) кои активности ги има превземено ЕЛС во текот на извештајниот период

-Посети во 10 населени места во општина Струмица (Во рамките на оваа активност се реализирани посети во 10 населени места на кои жените се информирани за начините на кои тие можат да се вклучат во креирање и носење на одлуки во месните заедници. Исто така, заради поголема информираност на жените за одредени активности на ниво на месните заедници, им се доставени лични покани при одржувањето на одредени состаноци, собири и сл., како и формирање на неформална мрежа на жени за секое населено место. Во рамките на тие средби, секоја од присутните жени беше задолжена (по претходна нивна согласност), да информира одреден број на жени од нејзиното населено место за одржувањето на планираните активности во нивните месни заедници.) -Обуки за јакнење на капацитетите на жените (Заради остварување на оваа цел се реализирани 10 работилници (по една во секое населено место) за активно граѓанско учество, особено на жените, во процесите на носење одлуки во месните заедници. Преку работилниците се зајакнати капацитетите и вештините на жените за лобирање и застапување на нивните интереси. -Креирање на родова статистика (До сите институции во О.Струмица од страна на Организација на жените со писмено барање беа побарани податоци за родовата структура на вработените. Но на барањето сеуште немат одговорено сите институции.)

б) кои резултати се постигнати согласно Акцискиот план Реализирани посети во 10 населени места Зголемен процент на информирани жени Зголемен број на едуцирани жени за застапување на нивните интереси

в) како го меревте постигнувањето на успехот на резултатите (наведете аутпут индикатори)

Број на реализирани посети Број на учесници Број на неформални мрежи Број на реализирани обуки Листа на учесници Број на остварени средби Број на доставени писмени барања

г) колку средства се одвоени од буџетот на општината а колку од донации?

Во Предлог Програмата во областа на еднаквите можности на мажите и жените беа предвидени 50,000.00денари кои ќе бидат финансирани од Буџет на О.Струмица. Организација на жени аплицираше на јавниот повик кој О.Струмица секоја година го објавува по Програмата - V2 Социјална заштита, финансирана од буџетот на О.Струмица. Организација на жени од Струмица аплицираше со проектот „Активно вклучување на жените во процесите на донесување на одлуките“, кој што целосно беше поддржан од буџетот на О.Струмица. Ваквиот проект е во согласност со Програмата на О.Струмица во областа на еднаквите можности на мажите и жените за 2014 преку чии активности се создадоа услови за поактивно вклучување на жените во локалните процеси на одлучување и креирање на родови статистики на територијата на О.Струмица. За реализација на проектот од буџетот на О.Струмица беа издвоени 295 899денари.

Page 7: OP 2012 - Strumica · -Бројот на предложени предлози, иницијативи, проекти, активности од мажи и жени ... Примери

6

2.14.1. Дали надлежностите и задачите на координаторот конкретно се утврдени во актот за систематизација на работните места во ЕЛС?

-Во тек е подготовка на систематизацијата на работното место. 2.15. Кои обуки во текот на извештајниот период координаторот/координаторката

ги има реализирано? Дали тој во обуките се јавил/а како: √ а) слушател/слушателка б) обучувач/обучувачка Координаторот за еднакви можности во текот на 2014 година ги организираше истите обуки како и новоназначениот координатор за еднакви можности на мажите и жените од декемвро 2014 - Нела Масалковска – соработник во одделението за Локален Економски развој. -Вклучување на родова перспектива во програмите, проектите и документите на локалната самоуправа -Родово сензитивен јазик во говорот на советниците во општинските Совети -Основни концепти на родова рамноправност и зошто таа е значајна за локалната

самоуправа -Како до родово разделени податоци

Page 8: OP 2012 - Strumica · -Бројот на предложени предлози, иницијативи, проекти, активности од мажи и жени ... Примери

7

2.16 Во рамките на целосниот период на извршувањето на функцијата, наведете кои обуки (наведете тематски родова еднаквост и недискриминација, трговија со луѓе, семејно насилство, родова еднаквост и социјална заштита итн). Координаторот за еднакви можности има посетено:

-Работен состанок во локално координативно тело во рамките на кампањата 16 дена активизам за борба против семејно насилство,организирано од страна на Организаци на жени. 2.17. Како добиените знаења се понатаму пренесени во Вашата институција, дали

имате воспоставено метод или систем на пренесување на знаења (пренесување на информации, споделување на материјали, држење на кратки сесии за пренесување на знаења на колеги итн.)

Ве молиме опишете На состаноците кои се одржуваат со вработените во Општина Струмица, најмногу со одделението за Локален Економски развој, Координаторот за еднакви можности ги споделува новостекнатите знаења и информации во рамките на еднаквите можности. Во одделението за Локален Економски развој планирано е да се направи база на податоци на Стопански субјекти, каде што од Координаторот е предложено во формуларот за пополнување на стои и број на вработени по пол. 2.18. Колку и кои иницијативи (проекти, програми и активности, предлог стратегии) координаторот/координаторката за еднаквите можности на жените и мажите има доставено до ЕЛС? -Програма на општина Струмица во областа на еднаквите можности на мажите и жените за 2014 година. 2.19.Колку од тие иницијативи биле усвоени и реализирани во ЕЛС? Програмата беше усвоена од Советот на Општина Струмица, додека активностите беа реализирани од страна на Организација на жените во соработка со Координаторот за еднакви можности на мажите и жените како и Комисијата за Еднакви можности на мажите и жените.

2. ПРЕДИЗВИЦИ, ДОБРИ ПРАКСИ И НАУЧЕНИ ЛЕКЦИИ 3.1. Наведете предизвици со кои што сте се соочиле во единицата на локалната

самоуправа во текот на извештајната година и како сте ги надминале? Во рамките на извршувањето на активностите од Програмата за еднакви можности на мажите и жените, присуството на жените низ руралните села беша во многу мал број. Резултатот за сето тоа е менталитетот на жените во руралните средини, кој сеуште се води на тоа дека жените треба да бидат домаќинки и да се грижат за семејтвото, додека мажите се тие кои треба да се занимаваат со се останато. 3.2. Споделете пример за добра или лоша пракса Општината во организирањето на јавните собири и форумот на заедницата настојува да обезбеди присуство на жените во руралните средини каде ретко се вклучени во јавниот живот на заедницата пред се поради менталниот склоп на тие средини. Примери постојат повеќе но како најзабележителен за важноста за вклученоста на жените во процесот на предлагање и одлучување на приоритетни проекти би го спомнале изградбата на водоводна мрежа во 5 населени места кој директно произлезе како иницијатива од жените во тие населени места кои секојдневно и директно се врзани за потребата од чиста вода во нивните домови.

Page 9: OP 2012 - Strumica · -Бројот на предложени предлози, иницијативи, проекти, активности од мажи и жени ... Примери

8

3.3. Наведете примери за научени лекции Жените претставуваат околу половина од популацијата во светот. Врз основа на овој податок, би требало да се очекува дека половина од придобивките на развојниот процес одат кај жените, а другата половина кај мажите. Но во реалност не е така. Задачата на координаторот е континуирано следење на состојбата на родовата рамноправност на локално ниво и преземање на иницијативи за унапредување на состојбата. 4. ОПИШЕТЕ ГИ ВАШИТЕ СЛЕДНИ ЧЕКОРИ

4.1. Опишете накратко кој е вашиот план на активности за следната година и кон

што ќе придонесат (имплементација на Стратегијата за родова еднаквост, стратешки документи на ЕЛС итн.)

Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за Локална самоуправа, Координаторот за еднакви можности на Општина Струмица изготви Програма за активностите на Општина Струмица во областа на еднакви можности на мажите и жените за 2015 година. Планирани активности во доменот на еднаквите можности за 2015 година се: -Одржување на предавања за корпусот на човекови права, законската легислатива за родова рамноправост и правата на жените. -Подготовка, печатење и дистрибуција на едукативен материјал/флаер -Промоција и медиумска покриеност на проектот Едукација и информирање на жените за нивните права -Емитување на видео снимка од предавањето на локалната телевизија -Укажување од Комисијата за еднакви можности ( КЕМ) до систе органи, организации и институции на локално ниво за ,,Почитување на принципот на еднакви можности и промовирање и унапредување на еднаквите можности на жените и мажите“. - Преку изготвување и испраќање на писмо од Комисијата за еднакви можности до сите институции и организации кои се под локална власт; -Укажување и преку непосредни дирекни, средби, состаноци и др. Контакти; -Промоција и публикација на активноста преку веб страната на општината -Одржувања на едукативно предавања на тема малигните заболувања на репродуктивните органи кај жената и превенција од истите. -Емитување на видео снимка од предавањето на локалната телевизија -Промоција и медиумска покриеност на активноста -Активно учество на Комисијата за еднакви можности при креирањето на локалните политики и алоцирањето на средствата од општинскиот буџет од аспект на родовата рамноправност и родовата перспектива. -Учество на семинари, работилници, панел дискусии и округли маси поврзани со правото на еднаквите можности за сите. -Публицирање на информации преку дистрибуција на печатени материјали во општинскиот центар за услуги и веб страната на општината 5. ПОДАТОЦИ ЗА КОМИСИЈАТА ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ

5.1. Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Општина Струмица е

формирана во 2006 година. 5.1.1. Ве молиме наведете ја структура на комисија по:

Page 10: OP 2012 - Strumica · -Бројот на предложени предлози, иницијативи, проекти, активности од мажи и жени ... Примери

9

а) Пол (3 жени и 2 мажи) б) Образование (сите високо) в) Етничка припадност (македонци) г) Припадност на политичка партија (3 СДСМ, 1 ВМРО-ДПМНЕ и 1 Социјалистичка партија) 5.2. Наведете дали Комисијата за еднакви можности на жените и мажите активно учествуваше: а) во креирање и донесување на развојна програма на единицата на локалната самоуправа б) во донесување на буџет на единицата на локалната самоуправа в) во давање предлози за инкорпорирање на принципот на еднакви можности во работата на органите на единицата на локалната самоуправа Комисијата за еднакви можности на мажите и жените активно секоја година учествува во донесувањето на годишната програма за еднакви можности на мажите и жените. Исто така активно учествува во донесувањето на буџетот на единицата на локалната самоуправа. Во рамките на проектот за Промоција на Родово одговорни политики, имплементиран од страна на UN WOMEN, во месец април ќе бидат одржани обуки за Родово Одговорно Буџетирање, па како резултат на новите стекнати знаења наредната година Координаторот и КЕМ ќе се залагат за РОБ, кое нема да значи посебни буџети за жените, туку значи проценка на буџетите од аспект на родовата рамноправност и вклучување на родовите перспективи на сите нивоа во процесите на буџетирање. 5.3. Кои мерки и активности во насока на унапредување на еднакви можности Комисијата ги има доставено до Советот на единицата на локалната самоуправа? Во рамките на проектот „Ние сме идни лидерки и двигателки на промените во нашата заедница“ спроведен од одделот за родови студии на Институтот за општествени и хуманистички истражувања при универзитетот „Евро-Балкан“ и Македонското женско лоби, како водечки организации, во стратешко партнерство со Парламентарната комисија за еднакви можности и во соработка со невладините организации ДЕСИДЕ – Асоцијација за демократија, социјална инклузија и развој и Сирма. О.Струмица направи измени на документи кои беа анализирани од родов аспект. Комисијата за еднакви можнисти на мажите и жените ги достави до Советот на Општина Струмица: -Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на О.Струмица -Предлог измени и дополнувања во актот за систематизација на работните места на О.Струмица -Предлог измени на Деловник за работа на Совет за О.Струмица

5.4. Дали Комисијата за еднакви можности на жените и мажите има годишна програма за работа? Комисијата за еднакви можности на мажите и жените не изготвува годишна програма за работа, но учествува во имплементацијата на активностите кои произлегуваат од Програмата за еднакви можности на мажите и жените за 2014 година изработена од Координаторот за еднакви можности на мажите и жените. 5.5.. Наведете колку состаноци има одржано Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, на кои теми и доколку сакате одредени добри пракси од тие состаноци да се наведат во годишниот извештај, Ве молиме наведете накратко тука и приложете записници. Во 2014 година Комисијата за еднакви можности на мажите и жените има одржано еден состанок, на кој се дискутираше за Предлог програмата за еднаквите можности на

Page 11: OP 2012 - Strumica · -Бројот на предложени предлози, иницијативи, проекти, активности од мажи и жени ... Примери

10

мажите и жените за 2015. (Во прилог на образецот ќе ви биде испратен записникот од средбата) 6. ПРЕДЛОЗИ И СУГЕСТИИ ДО СЕМ-МТСП

6.1. Наведете Ваши предлози или иницијативи до СЕМ- МТСП во насока на

подобрување на: а) Функционалноста и координацијата на механизмите за родова еднаквост помеѓу централно и локално ниво или помеѓу ЕЛС

-За да постои подобра функционалност и координација за родово еднаквост помеѓу централно и локално ниво би требало да постои пред се поголема соработка, во смисла на вршење консултации со Координаторите на еднаквите можности на мажите и жените како и со Комисијата, со цел да се постигне поефикасно извршувањето на задачите во рамките на родовата еднаквост.

б) Имплементација на Стратегијата за родова еднаквост во секторските политики/програми

Општина Струмица согласно своите законски обврски како и согласно своите надлежности, во своето тековно работење, но и при реализација на општиснки проекти секогаш го има во предвид остварувањето на принципот на еднаквост и еднаквите можности за ситем еднаков третман и забрана на секаков вид дискриминација. Во извршувањето на родовата еднаквост О.Струмица се води според Стратегијата за родова еднаквост, така и понатму ќе продолжи.