22
1 Врз основа на член 7 став 1 алинеа 16, член 15 став 14 алинеа 5 и член 16 став 6 алинеа 14 од Статутот на Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ), Собранието на ИОРРМ на седницата одржана на 19.06.2013 година, усвои Годишен извештај за работа на Институтот на овластени ревизори на РМ за 2012 година Содржина I. Резиме II. Активности на телата на ИОРРМ Собрание Управен одбор Надзорен одбор Комисии на ИОРРМ III. Финансиски информации Прилог: Извештај за проверките на контрола на квалитетот за 2012 година I. Резиме Институтот на овластени ревизори на РМ во 2012 година спроведe настани за континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластените ревизори. Во рамките на Годишната програма за КПУ за 2012 година беа спроведени 9 настани за КПУ или вкупно 65 часа, за да им се овозможи на овластените ревизори да ја исполнат законската обврска да посетуваат најмалку 120 часа за период од три години, односно најмалку 30 часа годишно во рамките на континуирано професионално усовршување од областа на сметководството и ревизијата, согласно член 28 од Законот за ревизија (Службен весник на РМ бр. 158/2010 и 135/2011). Во 2012 година беа спроведени 9 настани (63 часа) за КПУ за членовите на ИОРРМ. За одржување на предавањата на темите од Годишната програма за КПУ се пријавија и беа поканети предавачи од Македонска берза ад Скопје, Централен регистар на РМ, Управата за финансиско разузнавање, Институтот на директори, Bаker Tilly International, Економски факултет – Скопје, Економско правен консалтинг ФВ, овластени ревизори и претставници на друштвата за ревизија, како и предавачи со други меѓународни сертификати. Вкупно беа опфатени 24 различни теми, од кои што 2 теми беа презентирани на англиски јазик, а останатите беа презентирани на македонски јазик. Предавањата се однесуваа на континуирано професионално образование (меѓународни сметководствени стандарди, меѓународни стандарди за финансиско известување, меѓународни стандарди за ревизија, законска регулатива, контрола на квалитетот на ревизорските услуги) и континуирано професионално усовршување (актуелни теми). Во 2012 година 156 овластени ревизори, односно приближно 78% од овластените ревизори, посетуваа најмалку 30 часа КПУ, 10 овластени ревизори, односно 5%, остварија помеѓу 16 и 30 часа КПУ, и 33 овластени ревизори, односно 17%, остварија 0 часови КПУ. На овластените ревизори ќе им бидат издадени потврди за бројот на исполнети часови за КПУ во 2012 година. Кумулативното исполнување на минималниот број на часови за КПУ, согласно член 28 од Законот за ревизија (Службен весник на РМ, бр. 158/2010 и 135/2011), кој стапи на сила на 16 декември 2010 година, започнува во 2011 година, односно, со остварените часови за КПУ во 2011 година.

Годишен извештај за работа на 2 година izvestaj za rabota za 2012.pdf · предлог дневен ред без оглед на бројот на

  • Upload
    others

  • View
    14

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Годишен извештај за работа на 2 година izvestaj za rabota za 2012.pdf · предлог дневен ред без оглед на бројот на

1

Врз основа на член 7 став 1 алинеа 16, член 15 став 14 алинеа 5 и член 16 став

6 алинеа 14 од Статутот на Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ),

Собранието на ИОРРМ на седницата одржана на 19.06.2013 година, усвои

Годишен извештај за работа на Институтот на овластени ревизори на РМ за 2012 година

Содржина

I. Резиме

II. Активности на телата на ИОРРМ

Собрание

Управен одбор

Надзорен одбор

Комисии на ИОРРМ

III. Финансиски информации

Прилог: Извештај за проверките на контрола на квалитетот за 2012 година

I. Резиме

Институтот на овластени ревизори на РМ во 2012 година спроведe настани за

континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластените ревизори. Во

рамките на Годишната програма за КПУ за 2012 година беа спроведени 9 настани за

КПУ или вкупно 65 часа, за да им се овозможи на овластените ревизори да ја

исполнат законската обврска да посетуваат најмалку 120 часа за период од три

години, односно најмалку 30 часа годишно во рамките на континуирано

професионално усовршување од областа на сметководството и ревизијата, согласно

член 28 од Законот за ревизија (Службен весник на РМ бр. 158/2010 и 135/2011). Во

2012 година беа спроведени 9 настани (63 часа) за КПУ за членовите на ИОРРМ. За

одржување на предавањата на темите од Годишната програма за КПУ се пријавија и

беа поканети предавачи од Македонска берза ад Скопје, Централен регистар на РМ,

Управата за финансиско разузнавање, Институтот на директори, Bаker Tilly

International, Економски факултет – Скопје, Економско правен консалтинг ФВ,

овластени ревизори и претставници на друштвата за ревизија, како и предавачи со

други меѓународни сертификати. Вкупно беа опфатени 24 различни теми, од кои што

2 теми беа презентирани на англиски јазик, а останатите беа презентирани на

македонски јазик. Предавањата се однесуваа на континуирано професионално

образование (меѓународни сметководствени стандарди, меѓународни стандарди за

финансиско известување, меѓународни стандарди за ревизија, законска регулатива,

контрола на квалитетот на ревизорските услуги) и континуирано професионално

усовршување (актуелни теми).

Во 2012 година 156 овластени ревизори, односно приближно 78% од овластените

ревизори, посетуваа најмалку 30 часа КПУ, 10 овластени ревизори, односно 5%,

остварија помеѓу 16 и 30 часа КПУ, и 33 овластени ревизори, односно 17%, остварија

0 часови КПУ. На овластените ревизори ќе им бидат издадени потврди за бројот на

исполнети часови за КПУ во 2012 година. Кумулативното исполнување на

минималниот број на часови за КПУ, согласно член 28 од Законот за ревизија

(Службен весник на РМ, бр. 158/2010 и 135/2011), кој стапи на сила на 16 декември

2010 година, започнува во 2011 година, односно, со остварените часови за КПУ во

2011 година.

Page 2: Годишен извештај за работа на 2 година izvestaj za rabota za 2012.pdf · предлог дневен ред без оглед на бројот на

2

Од 26 до 30 ноември се одржа практичен семинар на тема ‘Практична

примена на Меѓународните стандарди за ревизија‘, во времетраење од 35 КПУ

часови. Спроведувањето на семинарот беше поддржано од страна на Францускиот

конзорциум (CNSS и CSOEC).

Институтот на овластени ревизори на РМ во 2012 година спроведе една сесија за

полагање на испитот за стекнување на звањето ревизор, која што беше

спроведена од 20 до 27 декември 2012 година. Во испитната сесија, 4 (четири)

кандидати кои го положија испитот за стекнување на звањето ревизор и се стекнаа со

уверение за ревизор, издадено од страна на ИОРРМ.

Комисијата за контрола на квалитетот на ревизорските услуги усвои Извештај

за проверките за контрола на квалитетот спроведени во согласност со Годишниот

план за контрола на квалитетот за 2011 година. Извештајот беше доставен до

Собранието на ИОРРМ и до Советот за унапредување и надзор на ревизијата. Во

согласност со Правилникот за начинот и постапката на контрола на квалитетот на

друштвата за ревизија и на овластен ревизор – трговец поединец, Комисијата за

контрола на квалитетот на ревизорските услуги усвои Годишен план за контрола на

квалитет за 2012 година.

Во 2012 година, ИОРРМ спроведуваше активности за усогласување на актите на

ИОРРМ со Законот за ревизија (Службен весник на РМ бр. 158/2010 и 135/2011) и

Статутот на ИОРРМ.

На почетокот на 2012 година, Претседателот на ИОРРМ одржа состанок со

претставници на Светска банка во врска со изготвување на ROSC (Report of the

Observance of Standards and Codes) извештај за Република Македонија, од областа на

сметководство и ревизија, со кој се дава оценка врз основа на разгледување на

одредени стандарди поврзани со состојбите во приватниот и финансискиот сектор.

На 20 септември 2012 година, Претседателот на ИОРРМ одржа состанок со г-от Jan

Tyl, претставник на Центарот за реформи во финансиското известување, Светска

банка, во врска со дискусии за статусот на активностите на ИОРРМ, како и дискусија и

размена на мислења во врска со Законот за вршење сметководствени работи.

IFAC1

Институтот на овластени ревизори на РМ изрази интерес за поднесување на барање

за добивање на статус полноправна членка на IFAC и ги подготви потребните

документи и ги спроведува потребните активности за исполнување на барањата на

IFAC. Барањето на ИОРРМ за полноправна членка на IFAC е поддржано од страна на

Францускиот конзорциум. Оваа активност се спроведува со поддршка на Францускиот

козорциум составен од CNCC2 и CSOEC3, во рамките на договорот за партнерство.

Меѓународна соработка

На 25 мај 2010 година, Институтот на овластени ревизори на РМ потпиша Договор за

партнерство со францускиот конзорциум составен од CNCC и CSOEC. Договорот за

партнерство предвидува тригодишна соработка во три области:

Официјална поддршка од страна на францускиот конзорциум во барањето на

ИОРРМ за членство во IFAC.

Продолжување на соработка во спроведувањето на системот за контрола на

квалитет кој беше воспоставен во 2009 година.

Пренесување и размена на искуства во текот на развојот на акциски план како

што се предлага до IFAC.

1 International Federation of Accountants. 2 Compagnie Nationale Des Commissaires Aux Comptes – CNCC 3 Consel Superieur de l'Ordre Des Experts Comptables – CSOEC

Page 3: Годишен извештај за работа на 2 година izvestaj za rabota za 2012.pdf · предлог дневен ред без оглед на бројот на

3

На 11 јуни 2012 година, Претседателот на ИОРРМ одржа состанок со г-от Bernard

Kleiner, претставник на Францускиот конзорциум (CNCC & CSOEC) во врска со статусот

на активностите во рамките на Договорот за партнерство, како и размена на предлози

за спроведување на активности за добивање на полноправно членство во IFAC. Беше

дискутирана и можноста за продолжување на соработката во рамките на Договорот за

партнерство меѓу ИОРРМ и Францускиот конзорциум, по истекување на тригодишниот

период. Дополнително, Францускиот конзорциум ќе достави конкретен предлог за

давање на техничка поддршка во иднина.

По покана на Францускиот конзорциум, Бранка Стојановска, присуствуваше на 67

Конгрес на CSOEC, кој што се одржа на 3, 4 и 5 октомври 2012 година во Париз,

Франција.

На 15 февруари 2013 година, по иницијатива на Комората на ревизори на Република

Азербејџан, ИОРРМ потпиша Меморандум за разбирање со Комората на ревизори на

Република Азербејџан, во поглед на соработка за:

Меѓусебно советување за различни прашања од значење за професијата, на

европско и меѓународно ниво.

Меѓусебна поддршка во областите на етиката, образованието и квалитетот во

активностите што ги вршат ревизорите, членови на двете професионални

организации.

Заедничко учество и поддршка на национални или меѓународни настани

(семинари, конференции, професионални манифестации што се одржуваат од

страна на двете организации).

Размена на публикации (книги, списанија) и други материјали објавени од

страна на професионалните тела; размена на статии што се со значење за

сметководствената и ревизорската професија во списанијата на телата и/или

на веб локациите на двете организации.

Регионалниот проект РЕПАРИС е 5-годишен проект на Центарот за реформи во

финансиското известување на Светска банка, за поддршка на образованието и

развојот во областа на сметководството и ревизијата. Во проектот се вклучени

претставници од професионалните и надзорните тела од областа на сметководство и

ревизија, универзитетите и владините министерства од Албанија, Косово, Македонија,

Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Молдавија и Црна Гора. Во текот на 2012

година, ИОРРМ учествуваше со свои претставници на 2 работилници на кои што се

дискутираше за проблемите со кои се соочуваат професионалните тела при

спроведување на активностите за кои што се надлежни и нивната усогласеност со

барањата на IFAC, а особено за спроведување на контролата на квалитетот.

Презентациите и заклучоците од работилниците се достапни на линкот на CFRR

поставен на веб страната на ИОРРМ.

Совет за унапредување и надзор на ревизија (СУНР)

На 26 јануари 2012 година, Владата на Република Македонија донесе Решение за

именување на претседател и членови на Советот за унапредување и надзор на

ревизијата (СУНР). СУНР одржа конститувна седница и започна со активности за

изготвување на актите на СУНР и негово воспоставување согласно одредбите во

Законот за ревизија. На 14 јуни 2012 година, претседателот на ИОРРМ одржа состанок

со Претседателот на СУНР, г-ѓа Соња Ѓелова-Стојанова. Состанокот се одржа заради

првично запознавање и размена на информации за состојбите и приоритетите на

ИОРРМ и СУНР. На 28 декември 2012 година, по покана на СУНР, Претседателот на

ИОРРМ присуствуваше на состанок со членовите на СУНР на кој што се дискутираше

за тековните и идните активности на ИОРРМ и развивање на соработка помеѓу ИОРРМ

и СУНР.

Во 2012 година, СУНР даде согласност на следните акти на ИОРРМ:

Page 4: Годишен извештај за работа на 2 година izvestaj za rabota za 2012.pdf · предлог дневен ред без оглед на бројот на

4

Одлуки за изменување и дополнување на Статутот на ИОРРМ, заради

усогласување со Законот за ревизија.

Годишниот извештај за работа на ИОРРМ за 2011 година.

Годишната програма за работа на ИОРРМ за 2012 година.

Програма за полагање на испитот за стекнување на звање ревизор.

Правилник за начинот и постапката на полагање на испитот за стекнување на

звањето ревизор.

СУНР достави забелешки за изменување и дополнување на предлог Правилникот

за начинот и постапката на добивање уверение за ревизор и предлог Правилникот за

начин и постапка на добивање уверение за ревизор за лица кои поседуваат

квалификација за ревизор стекната во странство.

Министерство за финансии

На 05 март 2012 година, Министерството за финансии испрати допис до ИОРРМ со кој

што се бара мислење по однос на новата верзија на предлог Законот за вршење

сметководствени работи. ИОРРМ побара мислења од своите членови кои потоа ги

испрати до Министерството за финансии.

На 29 октомври 2012 година, Министерството за финансии испрати допис до ИОРРМ со

кој што се бара мислење по однос на предлог Законот за изменување и дополнување

на Законот за ревизија. ИОРРМ побара мислења од своите членови и достави мислење

по предлог законот.

II. Активности на телата на ИОРРМ

Собрание

Десетата седница на Собранието на ИОРРМ првобитно беше закажана за 24 февруари

2012 година, но седницата не се одржа заради неостварен кворум за работа.

Седницата беше презакажана за 09 март 2012 година, на која седница, согласно член

13, став 8 од Статутот на ИОРРМ, се одлучуваше само по точките од првобитниот

предлог дневен ред без оглед на бројот на присутни членови.

На седницата беа усвоени следните:

- Годишна програма за работа на ИОРРМ за 2012 година.

- Финансиски план на ИОРРМ за 2012 година.

- Одлука за трајно исклучување од членство во ИОРРМ.

Единаесеттата седница на Собранието на ИОРРМ првобитно беше закажана за 09 јуни

2012 година, но седницата не се одржа заради неостварен кворум за работа.

Седницата беше презакажана за 23 јуни 2012 година, на која седница, согласно член

13, став 8 од Статутот на ИОРРМ, се одлучуваше само по точките од првобитниот

предлог дневен ред без оглед на бројот на присутни.

На седницата беа усвоени следните:

- Одлука за усвојување на годишната сметка на ИОРРМ за годината која

завршува на 31 декември 2011 година и извештајот на ревизорот за годишната

сметка за годината која завршува на 31 декември 2011 година.

- Одлука за избор на ревизори на финансиските извештаи на ИОРРМ за годината

што завршува на 31.12.2012, 31.12.2013 и 31.12.2014 година.

- Одлука за изрекување дисциплинска мерка – Трајно исклучување од членство

во ИОРРМ за овластени ревизори членови на ИОРРМ кои не платиле членарина

за 2006, 2007, 2008 и/или 2009 година.

- Одлука за укинување на трајно исклучување од членство во ИОРРМ.

Page 5: Годишен извештај за работа на 2 година izvestaj za rabota za 2012.pdf · предлог дневен ред без оглед на бројот на

5

- Одлука за изменување и дополнување на Статутот на ИОРРМ, која што на

03.10.2012 година доби согласност од СУНР.

- Годишен извештај за работа на ИОРРМ за 2011 година, вклучително Годишниот

извештај за проверките за контрола на квалитетот за 2011 година, кој што на

03.10.2012 година доби согласност од СУНР.

На седницата беа спроведени и избори за членовите на телата на ИОРРМ заради

истекување на мандатот од три години. Изборите беа спроведени со тајно гласање,

согласно Статутот на ИОРРМ, по предлог на Управниот одбор на ИОРРМ. На седницата

беше избран претседател на ИОРРМ, односно, за претседател беше повторно избран

Борислав Атанасовски, овластен ревизор, од Друштво за ревизија, проценка и

финансиски консалтинг ”Б И Љ, Боро и Љупчо” доо Скопје.

На седницата беше разгледан Извештајот на Надзорниот одбор за годишната сметка и

ревизорскиот извештај за 2011 година.

Надзорен одбор

Надзорниот одбор ги одржа 14-та, 15-та и 16-та седница на кои беа разгледани

следните:

- Годишна сметка за 2011 година и извештајот за извршена ревизија на

годишната сметка на ИОРРМ за 2011 година.

- Тримесечните извештаи на ИОРРМ за периодите кои се однесуваат за 2011

година.

- Тримесечните извештаи за првите тримесечја во 2012 година, како и

финансиското работење на ИОРРМ во 2012 година.

- Предлог Годишниот извештај за работа на ИОРРМ за 2011 година.

Надзорниот одбор усвои:

- Предлог одлука за избор на ревизори на финансиските извештаи на ИОРРМ за

годината што завршува на 31.12.2012, 31.12.2013 и 31.12.2014 година избор

на ревизор, која се доставува до Собранието на ИОРРМ за усвојување.

- Извештај на Надзорниот одбор на ИОРРМ кон извештајот за работењето на

ИОРРМ, годишната сметка за 2011 година и извештајот на ревизорот за

годишната сметка на ИОРРМ за 2011 година кој се доставува до Собранието на

ИОРРМ.

- Извештај за годишната сметка и ревизорскиот извештај за 2011 година кој што

се доставува до Собранието на ИОРРМ.

Надзорниот одбор за претседател на Надзорниот одбор повторно ја избра Кристина

Тилиќ, овластен ревизор, од Друштво за ревизија ‘Ефект-Плус‘ доо Скопје.

Управен одбор

Во 2012 година, Управниот одбор одржа десет седници на кои ги усвои следните:

o Тримесечни извештаи за работа на ИОРРМ кои што се доставуваат до Советот за

унапредување и надзор на ревизијата и Надзорниот одбор на ИОРРМ, заради

редовно информирање.

o Ажуриран акциски план за работа на ИОРРМ за период од три години, кој беше

доставен до, и одобрен од сдтрана на, IFAC.

o Правилник за ажурирање на материјалите за подготовка на кандидатите за

полагање на испитот.

o Одлука за избор на претседатели на Комисиите на ИОРРМ.

o Програма за полагање на испитот за стекнување звање ревизор, која што на

05.11.2012 година доби согласност од СУНР.

Page 6: Годишен извештај за работа на 2 година izvestaj za rabota za 2012.pdf · предлог дневен ред без оглед на бројот на

6

o Правилник за начинот и постапката на полагање на испитот за стекнување на

звањето ревизор, кој што на 05.11.2012 година доби согласност од СУНР.

o Прирачник за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор.

o Правилник за начинот и постапката на добивање уверение за ревизор, кој беше

доставен за добивање согласност од СУНР.

o Правилник за начинот и постапката на добивање уверение за ревизор за лица

кои поседуваат уверение за ревизор стекнато во странство, кој беше доставен за

добивање согласност од СУНР.

o Правилник за внатрешна организација и систематизација на работните места во

ИОРРМ.

o Програмата за Континуирано професионално усовршување за 2012 година.

o Прирачник за спроведување на Континуирано професионално усовршување.

o Извештај за спроведување на КПУ за 2011 година.

o Пописен елаборат за состојбата на средствата и обврските на ИОРРМ на

31.12.2011 година.

Управниот одбор, исто така, го одобри пакетот на документи за доставување до IFAC

за доставување на барање за стекнување на статус полноправна членка на IFAC, даде

согласност за уплаќање на 25% од вкупно остварените приходи на ИОРРМ, уплатени

од друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци во претходната

година, согласно член 15 од Законот за ревизија (Службен весник на РМ, бр.

158/2010 и 135/2011 и подготви забелешки на предлог Законот за изменување и

дополнување на Законот за ревизија, по барање на Министерството за финансии.

Управниот одбор разгледуваше предлози и барања доставени до Управниот одбор на

ИОРРМ.

Комисии на ИОРРМ

1. Комисија за регистрација на ревизори и овластени ревизори

Комисијата за регистрација на ревизори и овластени ревизори:

Достави предлог за зачленување на пет нови овластени ревизори во ИОРРМ.

Го преработи и усвои предлог Правилник за начинот и постапката на добивање

уверение за ревизор за лица кои поседуваат уверение за ревизор стекнато во

странство. Правилникот беше преработен заради усогласување со Законот за

ревизија (Службен весник на РМ бр. 158/2010 и 135/2011) и Статутот на ИОРРМ.

Го преработи и усвои предлог Правилник за начинот и постапката на добивање

уверение за ревизор; заради усогласување со Законот за ревизија (Службен

весник на РМ бр. 158/2010 и 135/2011) и Статутот на ИОРРМ.

2. Комисија за контрола на квалитетот на ревизорските услуги

Комисијата за контрола на квалитетот на ревизорските услуги:

Подготви и усвои Извештај за спроведените проверки за контрола на квалитет

во 2011 година, кој претставува интегрален дел од Годишниот извештај за

работа на ИОРРМ за 2011 година.

Подготви и усвои Годишен план за контрола на квалитет за 2012 година.

Изборот на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

за вршење на проверка за контрола на квалитетот со користење на матрица во

која друштвата се рангираат земајќи го предвид вкупниот број на ангажмани

според Годишниот извештај на активности плус ангажмани за ентитети од јавен

интерес. Во изборот на друштвата се водеше сметка за вкупниот број на

Page 7: Годишен извештај за работа на 2 година izvestaj za rabota za 2012.pdf · предлог дневен ред без оглед на бројот на

7

ангажмани, бројот на ревидирани ентитети од јавен интерес, потполноста на

податоците во прашалниците, анализата на показатели за надоместок по час и

надоместок по ангажман, информациите добиени од прашалникот за

прелиминарни податоци за системот на контрола на квалитет, други индикатори

за квалитет, како на пример објавени ревизорски извештаи, ставот и одговорот

на системот на контрола на квалитетот кој го спроведува ИОРРМ.

се извршуваа активности за спроведување на проверки за контрола на квалитет

според Годишниот план за контрола на квалитет за 2012 година.

Подготви усвои предлог до Управниот одбор на ИОРРМ за вработување на втор

контролор на квалитет.

Подготви Годишна програма за работа на Комисијата за контрола на квалитетот

на ревизорските услуги за 2013 година.

Комисијата работеше на подготвување на измени и дополнувања на Правилникот за

начинот и постапката на контрола на квалитетот на друштвата за ревизија и

овластените ревизори – трговци поединци, заради усогласување со Законот за

ревизија (Службен весник на РМ бр. 158/2010 и 135/2011), Статутот на ИОРРМ и за да

се рефлектира искуството и наодите од спроведените проверки за контрола на

квалитетот.

Комисијата подготвува предлог упатство за утврдување на минимални саати,

пресметка на просечна цена по час, предлог просечна минимална цена по час по

ангажман и предлог минимален надоместок за ревизија.

3. Комисија за етика

Комисијата за етика подготви предлог Правилник за начинот и постапката за

утврдување на повредите и за дисциплинските мерки на членовите на ИОРРМ, во

согласност со Законот за ревизија (Службен весник на РМ бр. 158/2010 и 135/2011) и

Статутот на ИОРРМ.

4. Комисија за образование, обука и публикации

Комисијата за образование, обука и публикации:

подготви извештај за спроведувањето на Континуирано професионално

усовршување во 2011 година, кој се доставува до Управниот одбор на ИОРРМ.

Подготви и усвои предлог Програма за спроведување на КПУ за 2012 година.

Спроведе подготвителни активности за настаните за КПУ кои се одржaа во 2012

година.

Подготви и усвои предлог Прирачник за спроведување на КПУ.

Подготви предлог до Управниот одбор за ажурирање на материјалите за

подготовка на кандидатите за полагање на испитот.

Подготви оглас за пријавување на лица за ажурирање/преведување на

материјалите за подготовка на кандидатите за полагање на испитот и ги

разгледуваше доставените пријави по Огласот за пријавување на лица за

ажурирање/преведување на материјалите за подготовка на кандидатите за

полагање на испитот.

Подготви предлог до Управниот одбор на ИОРРМ за спроведување на практичен

семинар врз основа на дадена понуда од страна на Францускиот конзорциум.

Подготви предлог до Управниот одбор на ИОРРМ за определување на минимум

часови/цена за ревизија.

Подготви Предлог Програма за полагање на испитот за стекнување звање

ревизор.

Page 8: Годишен извештај за работа на 2 година izvestaj za rabota za 2012.pdf · предлог дневен ред без оглед на бројот на

8

Во 2012 година беа спроведени 9 настани (63 часа) за КПУ за членовите на ИОРРМ. За

одржување на предавањата на темите од Годишната програма за КПУ се пријавија и

беа поканети предавачи од Македонска берза ад Скопје, Централен регистар на РМ,

Управата за финансиско разузнавање, Институтот на директори, Bаker Tilly

International, Економски факултет – Скопје, Економско правен консалтинг ФВ,

овластени ревизори и претставници на друштвата за ревизија, како и предавачи со

други меѓународни сертификати.

5. Комисија за спроведување на испитот за стекнување на звањето ревизор

Комисијата за спроведување на испитот за стекнување на звањето ревизор:

Подготви предлог Правилник за начинот и постапката на полагање на испитот

за стекнување на звањето ревизор.

Подготви предлог Прирачник за спроведување на испитот за стекнување звање

ревизор.

Комисијата подготви Повик за пријавување на кандидати за полагање на испитот и ги

разгледа доставените барања за полагање на испитот. Од 20 до 27 декември 2012

година, беа спроведени сите 8 дела на испитот за стекнување звање ревизор.

Советот за унапредување и надзор на ревизијата за претседател на Комисијата за

спроведување на испитот за стекнување звање ревизор на ИОРРМ ја назначи г-ѓа

Соња Ѓелова-Стојанова, претседател на СУНР, како претставник на СУНР.

6. Комисија за сметководствени стандарди

Комисијата за сметководствени стандарди изготви Годишна програма за работа на

Комисијата за 2013 година и подготви одговор на доставен допис од страна на член

на ИОРРМ во кој што се бара мислење во врска со МСФИ.

III. Финансиски информации

Во 2012 година, ИОРРМ оствари приходи од членарина која се однесува на физички

лица и правни лица, спроведување на испитот за овластени ревизори, спроведување

на КПУ, практичен семинар и продажба на ЦД-то МСФИ 2009.

Подолу е дадена табела со споредбени информации во однос на Финансискиот план

на ИОРРМ за 2012 година и реализираните приходи и трошоци во 2012 година.

Page 9: Годишен извештај за работа на 2 година izvestaj za rabota za 2012.pdf · предлог дневен ред без оглед на бројот на

9

Приходи и расходи на ИОРРМ за 2012 г. (споредба со 2011 г.)

Број на лица Износ по лице Коментар

Вкупно

ПЛАНИРАНО

РЕАЛИЗИРАНО

2012

РЕАЛИЗИРАНО

2011 2012/2011

(денари) (денари) (денари) (денари)

1 Приходи

1.1 Членарина - овластени ревизори 170 6,000 1,020,000 1,044,400 1,095,500 -5%

1.2 Членарина - друштва за ревизија и ТП 1.00% 3,100,000 3,245,886 3,092,694 5%

1.3 Надомест за полагање на испитот за ревизор 160 9,200 10 лица по испит 1,472,000 809,600 984,400 -18%

1.4 Семинари 120 9,000 10 лица по обука 1,080,000 466,800 103,600 351%

1.5 Континуирано професионално усовршување 160 12,000 1,920,000 1,630,000 1,863,600 -13%

1.6 Камата 450,000 566,299 416,049 36%

1.7 Останати приходи 100,000 30,962 /

Вкупно приходи 9,142,000 7,793,947 7,555,843 3%

%

од приходи Коментар

Вкупно

ПЛАНИРАНО

РЕАЛИЗИРАНО

2012

РЕАЛИЗИРАНО

2011 %

(денари) (денари) (денари)

2 Расходи

2.1 Бруто плати и надоместоци 4 вработени 2,800,000 2,195,172 2,195,086 0%

2.2 Расходи за испитот (% од 1.3) 60.00% 883,200 208,710 353,832 -41%

2.3 Расходи на семинари (% од 1.4) 60.00% 648,000 561,279 45,638 1130%

2.4 Расход за контрола на квалитет 100,000 137,735 72,759 89%

2.5 Расход за КПУ (% од 1.5) 60.00% 1,152,000 955,545 833,263 15%

2.6 Канцелариски трошоци 200,000 123,984 190,503 -35%

2.7 Административни трошоци 200,000 225,820 235,194 -4%

2.8 Телекомуникациски услуги 150,000 107,473 160,751 -33%

2.9 Одржување на состаноци на телата на ИОРРМ 400,000 423,470 146,191 45%

2.10 Кирија и комуналии 950,000 929,213 912,274 2%

2.11 Сметководство и ревизија на годишната сметка 130,000 139,605 110,085 27%

2.12 Совет за унапредување и надзор на ревизија 25% od 1.2 775,000 636,047 /

2.13 Учество на меѓународни конференции 250,000 59,235 54,795 8%

2.14 Членарина (IFAC) 4000 usd 200,000 191,400 162,995 17%

2.15 8,838,200 6,894,687 5,473,366 26%

2.16 Непредвидени трошоци (% од 2.15) 3.00% 265,146 528,323 327,793 61%

Вкупни расходи 9,103,346 7,423,010 5,801,159 28%

Нето приходи 38,654 370,938 1,754,684 -79%

3 Дополнителни информации:

3.1 Депозити 13,000,000

3.2 Пренесени дел на вишокот на приходи од претходните години 15,102,563

Page 10: Годишен извештај за работа на 2 година izvestaj za rabota za 2012.pdf · предлог дневен ред без оглед на бројот на

10

IV. Анализа на реализирање на активностите од Годишната програма за работа за 2012 година

Планирана активност Реализирана активност

Изготвување и усвојување на Годишна

програма и Финансиски план на ИОРРМ за

2012 година.

Реализирано на 11-та седница на Собранието

на ИОРРМ.

Изготвување и усвојување на Годишен

извештај за работата на ИОРРМ за 2011

година.

Реализирано на 11-та седница на Собранието

на ИОРРМ. Извештајот доби согласност на

СУНР.

Изготвување на Програма за Континуирано

професионално усовршување на овластените

ревизори за 2012 година, во согласност со

најновите достигнувања во професијата.

Реализирано на 18.05.2012 година.

Организирање и спроведување на

Континуирано професионално усовршување.

Реализирано во јуни, септември и декември

2012 година.

Организирање и спроведување на практични

семинари од областа на ревизијата

Реализирано. Практичен семинар на тема

‘Практична примена на МСР‘ во соработка со

Францускиот конзорциум, одржан од 26 до 30

ноември 2012 година.

Изготвување и усвојување на Програма за

полагање на испитот за стекнување на

звањето ревизор.

Реализирано на 24.10.2012 година.

Програмата доби согласност на СУНР.

Организирање и спроведување на испитот за

стекнување звање ревизор.

Во 2012 година, ИОРРМ спроведе една сесија

на испитот за стекнување на звањето

ревизор, во декември 2012 година.

Усвојување на годишен план за контрола на

квалитет за 2012 година и спроведување на

проверки за контрола на квалитетот кај

друштвата за ревизија и овластените

ревизори – трговци поединци.

Реализирано. Повеќе информации во

Извештајот за спроведените проверки на

контрола на квалитетот за 2012 година кој е

прилог кон Годишниот извештај за работа за

2012 година.

Преведување и ажурирање на МСР, МСС,

МСФИ, Кодексот на етика за професионални

сметководители на МФС и Меѓународните

стандарди за контрола на квалитет

Не е реализирано. Министерството за

финансии е носител на договорот со

издавачот на стандардите за нивно

ажурирање и тие се надлежни за нивно

објавување во Службен весник на РМ. Од

аспект на МСС И МСФИ, одговорноста

преминува кај Институтот на сметководители

и овластени сметководители на РМ.

Ја следи примената и ги спроведува МСР,

Кодексот на етика за професионални

сметководители на МФС кај друштвата за

ревизија и овластените ревизори – трговци

поединци

Реализирано.

Page 11: Годишен извештај за работа на 2 година izvestaj za rabota za 2012.pdf · предлог дневен ред без оглед на бројот на

11

Покренување на дисциплински постапки и

изрекување мерки на членовите поради

повреда на МСР, Кодексот на етика за

професионални сметководители на МФС и

актите на ИОРРМ.

Во 2012 година, беше изречена дисциплинска

мерка – трајно исклучување од членство за

28 овластени ревизори, по основ на

неплатени членарини.

Водење на регистар на овластени ревизори и

регистар на друштва за ревизија и овластени

ревизори – трговци поединци.

Реализирано.

Соработка со професионални асоцијации на

сметководители и ревизори во странство.

Реализирано во рамките на регионалниот

проект РЕПАРИС и Договорот за пратнерство

со Францускиот козорциум.

Усогласување на актите на ИОРРМ со Законот

за ревизија (Службен весник на РМ, број

158/2010 и 135/2011).

Делумно реализирано. Во 2013 ќе се

усогласат Правилниците што се во

надлежност на Комисијата за етика и

Комисијата за контрола на квалитетот на

ревизорските услуги.

Спроведување на тригодишниот акциски план

доставен до МФС, со цел добивање на

полноправно членство во МФС.

Според оценката на МФС, акцискиот план на

ИОРРМ за 2012 година беше реализиран во

поглед на контрола на квалитетот, делумно

реализиран во поглед на активности кои што

зависат од СУНР и се одложени за 2013

година (од аспект на стандардот за

образование и следење на практично

искуство во ревизија), како и аѓурирање на

Кодексот за етика на порофесионални

сметководители на МФС (превод на

македонски јазик).

Април 2013 година Борислав Атанасовски

Претседател на ИОРРМ

Page 12: Годишен извештај за работа на 2 година izvestaj za rabota za 2012.pdf · предлог дневен ред без оглед на бројот на

Мај 2013 1

КОМИСИЈА ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ

ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРОВЕРКИТЕ НА

КОНТРОЛАТА НА КВАЛИТЕТОТ

Page 13: Годишен извештај за работа на 2 година izvestaj za rabota za 2012.pdf · предлог дневен ред без оглед на бројот на

2

РЕЗИМЕ

1. ПРИНЦИПИ НА КОНТРОЛАТА НА КВАЛИТЕТ

2. СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА 2011 ГОДИНА

2.1. Општо опкружување на контролата

2.2. Избор на ревизори и ангажмани

3. РЕЗУЛТАТИ ОД КОНТРОЛИТЕ

3.1. Дијагноза на организацијата и системот на внатрешна контрола на ревизорските

фирми

3.2. Заклучоци од испитувањата на избраните ангажмани

3.3. Процена на доброто спроведување на ангажманот

4. ГЛАВНИ ПРЕПОРАКИ

4.1. Препораки до комисија за Образование

5. ПОСЛЕДОВАТЕЛНО СЛЕДЕЊЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ

Page 14: Годишен извештај за работа на 2 година izvestaj za rabota za 2012.pdf · предлог дневен ред без оглед на бројот на

3

1. ПРИНЦИПИ НА КОНТРОЛАТА НА КВАЛИТЕТ

Според член 19 од Законот за ревизија, Институтот на овластени ревизори на Република

Македонија (ИОРРМ) спроведува проверки на контролата на квалитет на овластени ревизори,

друштва за ревизија и овластен ревизор – трговец поединец.

Според член 12 од Статутот на ИОРРМ, овластените ревизори, друштвата за ревизија и

овластените ревизори – трговци поединци (во натамошниот текст: друштва за ревизија),

подлежат на систем за контрола на квалитетот заради усогласеност на работењето на

ревизорите со процедурите за вршење на ревизија пропишани со Меѓународните стандарди за

ревизија, Кодексот на етика за професионалните сметководители на МФС и националното

право.

Системот на контрола на квалитетот е многу важен за обезбедување висококвалитетни

ревизорски услуги и за зголемување на веродостојноста на издадените финансиски

информации.

Правилникот за начинот и постапките за контрола на квалитетот на овластените ревизори,

ревизорските друштва и овластените ревизори-трговци поединци (во натамошниот текст:

Правилникот) ги дефинира основните принципи и постапките на проверката на контролата на

квалитетот.

2. СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА 2012 ГОДИНА

2.1. Општо опкружување на контролата

Во 2012 и 2013 година проверките на конторолата на квалитетот се спроведоа во согласност со

Годишниот план за контрола на квалитетот за 2012 година усвоен од Комисијата за контрола

на квалитетот на ревизорските услуги (во понатамошниот текст: Комисијата).

Изборот на друштва за ревизија за проверка на контролата на квалитетот се направи врз основа

на објективни критериуми и анализа на ризици. Прашалникот за прелиминарни податоци

(ППП) и Годишниот извештај на активности (ГИА) кои беа доставени од сите друштва за

ревизија обезбедуваат пристап за избор базиран на ризици.

Сите друштва за ревизија навреме ги доставија Прашалникот за прелиминарни податоци

(ППП) и Годишниот извештај на активности (ГИА).

Годишниот план за 2012 година се спроведе во периодот септември 2012 година – февруари

2013 година.

2.2. Избор на ревизори и ангажмани

Податоците од годишниот извештај на активности за вкупниот број на ревизорски ангажмани

и ангажмани на ентитети од јавен интерес се искористија за поделба и рангирање на друштвата

за ревизија во три групи:

Број на ангажмани според ГИА + ентитети од јавен интерес > 36 (13 друштва)

Број на ангажмани според ГИА+ ентитети од јавен интерес >12< 36 (13 друштва)

Број на ангажмани според ГИА + ентитети од јавен интерес < 12 (13 друштва)

Според податоците од ГИА, 7 друштва за ревизија во рамките на третата група имаат

пријавено од 0-4 ревизорски ангажмани. Согласно ГИА, само едно друштво за ревизија немало

ревизорски ангажмани во 2012 година.

Page 15: Годишен извештај за работа на 2 година izvestaj za rabota za 2012.pdf · предлог дневен ред без оглед на бројот на

4

Беа избрани вкупно 17 друштва за ревизија (6 од првата група, 6 од втората група и 5 од

третата група)

Планот се подготви согласно очекувањето за финализирање на постапката за вработување на

уште еден проверувач на контролата на квалитетот во текот на 2012 година. Вториот

проверувач на конторла на квлитетот се вклучи во текот на февруари 2013 година.

Проверката на контролата на квалитетот се спроведе кај 16 друштва за ревизија . За 12

друштва за ревизија ова беше втора проверка на контролата на квалитетот.

За избор на друштва за ревизија од секоја група се зеде во предвид вкупниот број на

ангажмани, бројот на ревидирани ентитети од јавен интерес, кога била спроведена последна

проверка на контролата на квалитет и резултатот од неа, анализата на надоместокот и

потрошените часови, информациите добиени од прашалникот за прелиминарни податоци за

системот на контрола на квалитет и информациите обезбедени со прашалникот за годишни

активности, други индикатори за квалитет, како на пример објавени извештаи на независниот

ревизор и сл.

За избор на примерокот на ангажмани за ревизија се следеа барањата во Правилникот. Во

примерокот беа застапени ангажмани за ревизија од сите овластени ревизори одговорни на

ангажман во избраното друштво. За секое друштво за ревизија беа избрани 2 или најмногу 3

ангажмани за ревизија. Во примерокот беа застапени ангажмани на ентитети од јавен интерес,

вклучувајќи и анагажмани со модификувано ревизорско мислење.

3. РЕЗУЛТАТИ ОД КОНТРОЛИТЕ

3.1. Дијагноза на организацијата и системот на внатрешна контрола на

друштвата за ревизија

Управителот (директорот) на друштвото за ревизија ја има крајната одговорност за системот

на контрола на квалитетот.

Политиките и постапките на контрола на квалитетот се документирани во форма на

Правилник за контрола на квалитет. Друштвата за ревизија определиле релевантни барања за

квалитет. Кај две друштва за ревизија политиките и постапките за контрола на квалитет не

се документирани.

Политиките за контрола на квалитет генерално се прилагодени на големината и обемот на

активностите на друштвото и ги следат барањата на МСКК1.

Правилникот за контрола на квалитетот, со исклучок на едно друштво за ревизија, содржи

политика за проверка на контрола на квалитет на ангажман (ПККА). Друштвата за ревизија

генерално немаат утврдено критериуми за околности во кои треба да се спроведува ПККА

како и форма и содржина на документација за документирање на ПККА. Друштвата за

ревизија имаат вградено политика за надгледување со цел да се обезбеди разумно уверување

дека политиките и постапките кои се однесуваат на системот на контрола на квалитет се

релевантни, адекватни, дејствуваат ефективно и се усогласени во практиката. Овие процеси

сеуште не се имплементирани во практика. На друштвата за ревизија им се препорача дека

постапките на надгледување треба да ја обезбедат независноста на лицата вклучени во

постапката.

Прашањето за доверливост формално се декларира од страна на персоналот.

Page 16: Годишен извештај за работа на 2 година izvestaj za rabota za 2012.pdf · предлог дневен ред без оглед на бројот на

5

Генерално друштвата за ревизија немаат прирачник за внатрешни процедури или друг

интерен акт во кој се опишани активностите на друштвото, систематизација и опис на работни

места. Ова прашање е релевантно посебно за друштвата за ревизија кои обавуваат и други

активности покрај ревизија (неревизорски услуги), имаат персонал кој се ангажира во

севкупните активности на друштвото или постои поврзаност на друштвото за ревизија

(професионална, финансиска, сопственичка и сл.) со друго друштво или лице.

Професионалното усовршување на овластените ревизори се одвива во рамките на програмата

за континуирано професионално усовршување која ја организира и спроведува ИОРРМ.

Останатиот персонал на ревизија главно се обучува на терен под надзор на овластен ревизор.

Друштвата за ревизија, со некои исклучоци, немаат план за обука на вкупниот персонал. Има

недостаток на документација за обемот и содржината на спроведените интрени обуки (таму

каде се спроведуваат), а некаде евиденцијата за обука на персоналот не се ажурира на редовна

основа на ниво на ангажиран член на ревизорскиот тим.

МСКК1 ја нагласува потребата за континуирана обука на сите нивоа на персонал на

друштвото за ревизија и бара друштвото да ги обезбеди неопходните ресурси за обука за да

му се овозможи на персоналот да ги развива и одржува бараните способности и

компетентност.

Генерално, процесот на оценка на успешноста во работењето на персоналот, било на

формален или помалку формален начин, не е воспоставен. Меѓународните мрежи се

придржуваат до глобално воспоставените правила на ниво на мрежа за оценка на успешноста

на персоналот.

Кај едно друштво за ревизија идентификувавме ситуација каде потребниот минимум на двајца

овластени ревизори е намален и за промените не бил информиран Институтот. Согласно

Законот за ревизија, друштвото за ревизија е обврзано во рок од шест месеци од настанатата

промена да го надополни бројот на овластени ревизори до потребниот минимум на овластени

ревизори пропишан со Законот за ревизија.

Друштвата за ревизија немале практика на користење експерти или други надворешни лица со

експертско знаење во специјализирана област на сметководство или ревизија.

Освен кај едно друштво за ревизија, независноста формално се потврдува со потпишување на

изјави за независност. Правилникот на друштвата за контрола на квалитетот генерално

предвидува заштитни мерки за околности и односи кои создаваат закани по независноста.

Кај половина од друштвата за ревизија постои отстапување од барањето за доставување на

годишна писмена конфирмација од персоналот за придржување кон политиките и постапките

за независност и Кодексот за етика.

Друштвата за ревизија генерално немаат документирана методологија за ревизија, со цел да

се опишат активностите на друштвото при ревизија. Друштвата за ревизија кои набавиле

софтвер (CASEWARE) за водење на ревизорската документација сеуште не го применуваат.

Друштвата за ревизија треба да осигураат конзистентен начин на водење и организација на

ревизорското досие. Ретко каде се води перманентно досие. Некаде тековното досие е

поделено во стандардизирани секции каде друштвата за ревизија ги користат упатставата од

практичниот семинар на ИОРРМ за организација на ревизорско досие.

Се побара од друштвата за ревизија прецизно да се определат рокот за архивирање на

ревизорското досие заедно со процедурите за архивирање.

Page 17: Годишен извештај за работа на 2 година izvestaj za rabota za 2012.pdf · предлог дневен ред без оглед на бројот на

6

3.2. Заклучоци од испитувањата на избраните ангажмани

Нема индикации за постоење на конфликт на интереси. На ова прашање посебно се обрна

внимание таму каде друштвото за ревизја обавува и други активности покрај ревизија или

ревизорската активност ја обавува во заеднички простории со друго друштво кое обавува

неревизорски активности.

Во ревизорската документација се документира постапкта на прифаќање и продолжување на

ангажман, при што се користат стандардни обрасци, а некаде се врши и проценка на ризик на

ангажман. Исклучок има кај три ангажмани каде не се документира постапкта на прифаќање

и продолжување на ангажман, а кај еден ангажман има неконзистентност во постапката

воспоставена на ниво на друштво за ревизија.

Генерално се планира временската рамка на ангажман, но не се подготвува буџет за ревизија.

На друштвата за ревизија им се препорача да воспостават и користат систем на евиденција на

потрошено време. Ретко каде се документира објаснувањето за разликата помеѓу планирани и

потрошени саати.

Со некои исклучоци, друштвата за ревизија немаат воспоставено и следат практика на

комуникација со претходен ревизор.

Кај повеќето ангажмани се отстапува од барањето на МСР 230 за документирање кој ги

изготвил (проверил) работните белешки и датумот на кој е завршена таквата работа

(проверка).

Пристапот во ревизијата генерално не базира на идентификација и оцена на ризици иако има

подобрување во разгледувањето на ризиците. Кај мал број ангажмани се користат

стандардизирани обрасци кои му овозможуваат на ревизорот да идентификува ризици преку

разгледување на предетерминирани фактори на ризик, а некаде се користат и обрасци за

проценка на ризик (инхерентен и контролен ризик) на ниво на салда на сметки или по одделни

циклуси. Најчеста слабост е што ревизорот не ја поврзува проценката на ризикот (повисоко

од ниско) со идентификувани настани и околности.

Генерално недостасува резимирана проценка на ризици од матријално погрешно

прикажување на ниво на финансиски извештаи и на ниво на тврдења.

Нема поврзаност на ревизорските постапки (планираната природа, временски распоред и

обемот на ревизорските постапки) и ризиците.

Друштвата за ревизија имаат утврден критериум за определување на вкупна материјалност.

Најчесто не се утврдува материјалност за извршување иако некои друштва за ревизија

пристапуваат кон алокација на вкупната материјалност по салда на сметки. Се изоставува

документирањето на расудувањето на ревизорот во утврдувањето на материјалноста. Кај две

друштва за ревизија идентификувавме проблем со конзистентна примена на концептот на

материјалност. Друштвата за ревизија исклучително малку го користат концептот на

материјалноста во фазата на извршување и комплетирање на ревизијата.

Кај половина од проверените друштвата за ревизија, ревизорот не ги вклучува во ревизорската

документација клучните елементи на стекнатото разбирање во однос на секој од аспектите на

ентитетот и неговото опкружување согласно МСР 315 и изворите на информации од кои е

стекнато разбирањето.

Постапките за проценка на ризик кои се бараат со МСР 315 ретко се документираат за

резултатите и заклучоците (распрашување на раководството, анализата на резултатите од

Page 18: Годишен извештај за работа на 2 година izvestaj za rabota za 2012.pdf · предлог дневен ред без оглед на бројот на

7

аналитичките постапки, набљудување итн) и се поврзуваат со идентификувани фактори на

ризик и ревизорскиот пристап. Заклучокот за соодветноста на претпоставката за континуитет

ретко каде е дел од прелиминарните ревизорски постапки (посебно таму каде што може да се

забележат индикации за нејзино разгледување).

Ретко каде има документирано постапки за оценка на ризикот од измама согласно МСР 240.

Писмената изјава од раководството не обезбедува доволно доказ за ризикот од измама.

Посебно не се дискутира или документира дискусијата за подложноста на финансиските

извештаи на ризик од материјално погрешно прикажување.

Кај повеќето избрани ангажмани не се следат барањата на МСР 315 за документирање на

ревизорското разбирање на системот на интерни контроли. Многу ретко се документира

рвизорското разбирање на деловните процеси и не се идентификуваат релевантни контроли.

За многу мал број на ангажмани се спроведени тестови на поминување или истите не се

поддржани со достатно соодветна ревизорска документација. Не се поврзува проценката на

ризикот со ревизорското разгледување на интерните контроли.

Ревизорот генерално подготвува ревизорски план или ревизорска стратегија.

Неколку друштва за ревизија користат стандардизирани ревизорски програми, а кај

останатите, ревизорски постапки формално не се дизајнираат и планираат. Се идентификуваа

неколку ситуации каде програмите (таму каде се кристат стандардни ревизорски програми) не

се прилагодени на спецификите на ангажманот. Идентификувавме отстапувања каде

ревизорот не го следи ревизорскиот план и не ги документира причините за таквото

отстапување. Некаде планираните ревизорски постапки се така дизајнирани да не

обезбедуваат ревизорски доказ за сите релевантни тврдења. Ревизорот ретко каде воспоставува комуникација со претходен ревизор или планира

спроведување на ревизорски постапки за потврдување на почетни салда. Ревизорската

програма (таму каде се користат стандардни ревизорски програми) не бара спроведување на

ревизорски постапки за прибирање ревизорски доказ за почетни салда.

Тестови на контрола ретко кога се спроведуваат. Ревизорскиот доказ се прибира главно преку

суштински постапки.

Кај повеќето друштва за ревизија се идентификуваа отстапувања од барањето на МСР 330,

да без оглед на оценeтите ризици од материјално погрешно прикажување, ревизорот треба да

дизајнира и изврши суштински постапки за секоја материјална класа на трансакции, салда на

сметки или обелоденувања. Во постапката на контрола на квалитет се идентификуваа и

документираа материјалните салда на сметки или тврдења за кои не постоеше документиран

ревизорски доказ за спроведени суштински ревизорски постапки. Овие отстапувања во

најголем дел влијаеа врз финалниот заклучок за проверката на контролата на квалитет.

Отстапувањето од ова барање влијае врз оценката на достатноста и соодветноста на

ревизорскиот доказ (квалитетот на ревизорскиот доказ) како подршка на ревизорското

мислење.

Усмените образложенија на ревизорот беа земени во предвид таму каде беше потребно да се

образложат или да се разјаснат информациите содржани во ревизорската документација.

Примерокот генерално се состои од специфични ставки избрани со примена на

професионално расудување, а ревизорот само кај неколку ангажмани ги има документирано

критериумите за избор на примерок. Друштвата за ревизија генерално немаат методологија

за избор на примерок. Освен за неколку ангажмани, кај останатите, ревизорите немаат

практика на користење алатки за избор на примерок.

Page 19: Годишен извештај за работа на 2 година izvestaj za rabota za 2012.pdf · предлог дневен ред без оглед на бројот на

8

Кај неколку ангажмани писмото со изјави на раководството не соодржи соодветен датум за да

преставува релевантен ревизорски доказ. Кај еден ревизорски ангажман нема писмо со изјави

на раководството.

Има отстапувања кај повеќе ангажмани во спроведување на ревизорски постапки за

обезбедување на ревизорски доказ за да се оцени дали севкупното презентирање на

финансиските извештаи, вклучувајќи ги и поврзаните обелоденувања, се во согласност со

применливата рамка за финансиско известување.

Ревизорот ретко каде подготвува резиме за значајните наоди во ревизијата.

Ревизорот го квалификува мислењето, но во работната документација за повеќето ангажмани

(со квалификувано мислење) не се образложени причините и како ревизорот заклучил за

модификација на мислењето.

Ретко каде се документира дека ревизорот ги дискутирал основите за модификација на

мислењето или други значајни прашања кои произлегле со раководството или тие кои се

одговорни за управување.

Во ревизорското досие често не се сумираат резултатите од ревизијата за целите на

финализирање на ревизијата. Ревизорското досие содржи малку релевантна документација во

фазата на комплетирање на ревизијата. Треба да се осигура конзистентно референцирање и

вкрстено референцирање на работната документација. Ревизорската програма (таму каде се

подготвува) и ревизорската работа за повеќето ангажмани не се соодветно меѓуесебно

рефернцирани. Има отстапувања во документирањето и резимирањето на корегирани и

некорегирани погрешни прикажувања и отстапувања.

Недостасуваат заклучоци или соодветно не се формулираат заклучоците за достатноста и

соодветноста на ревизорскиот доказ. Само со избор на специфични ставки за тестирање не

може да бидат донесени заклучоци за целата популација.

Кај неколку ангажмани идентификувавме ситуации кога присуствувањето на пописот било

неизводливо и во досието нема доказ за спроведени алтернативни постапки за прибавување на

достатно соодветни ревизорски докази за постоењето и состојбата на залихите. Во неколку

случаи мислењето не е модифицирано.

Ревизорските извештаи ги содржат елементите кои се бараат со МСР 700, освен во два

ангажмани каде се идентификуваше отстапување. Кај два ревизорски ангажмани датумот на

ревизорскиот извештај е несоодветен.

Кај неколку ангажмани се укажа дека се отстапува од формулацијата во белешката на која се

повикува во мислењето кога ревизорот нагласува прашање.

За ангажманите каде ревизорот го квалификува мислењето ретко каде се квантифицира

финансискиот ефект односно не се објаснува дали и зошто не било практично да се

квантифицира финансискиот ефект.

Идентификувавме неколку случаи каде се отстапува од член 34 од Законот за ревизија, со кој

се бара ревизорскиот извештај да го потпише овластениот ревизор кој ја вршел ревизијата.

Во мислењето, во пасус за Извештај за други правни и регулаторни барања, не се презентира

мислење за конзистентноста на годишниот извештај за работење со годишната сметка и

финансиските извештаи (отстапување од член 34 од Законот за ревизија).

Page 20: Годишен извештај за работа на 2 година izvestaj za rabota za 2012.pdf · предлог дневен ред без оглед на бројот на

9

Во врска со писмо за ревизорско ангажирање и/или договор, во неколку случаи укажавме дека

во договорот со клиентот треба да се вградат барањата на МСР 210, посебно за одговорноста

на двете страни и да се идентификува применливата рамка за финансиско известување.

3.3. Процена на доброто спроведување на ангажманот

За целите на проверката на контролата на квалитет, кај повеќето друштва за ревизија сеуште

постои отстапување од МСР 230.8, за подготвување на ревизорска документација која е

достатна да се разбере природата, временскиот распоред и обемот на извршени ревизорски

постапки за следење на МСР и применливите правни и регулаторни барања, резултатите од

извршените ревизорски постапки и добиените ревизорски докази, значајните прашања,

донесените заклучоци, и значајните професионални расудувања.

Проверката на избраните ангажмани идентификува отстапувања кај повеќе ангажмани од

барањата на професионалните стандарди за документирање на ревизорската работа. Во такви

околности проверката на контролата на квалитетот неможе да идентификува доказ за обемот

и природата на спроведените ревизорски постапки и за обезбедениот ревизорски доказ. Ова

претставува значаен елемент во финалниот заклучок за резултатите од проверката на

контролата на квалитетот.

Кај повеќето друштва за ревизија се идентификуваа отстапувања од барањето на МСР 330,

според кое, ревизорот треба да дизајнира и изврши суштински постапки за секоја материјална

класа на трансакции, салда на сметки или обелоденувања. Во повеќе случаи се отстапува од

спроведување на алтернативни ревизорски постапки. Отстапувањето од овие барања влијае

врз оценката проверувачот на контролата на квалитетот на квалитетот на ревизорскиот доказ

за поддршка на мислењето на независниот ревизор и во најголем дел учествува во финалниот

заклучок за резултатите од проверката на контролата на квалитетот.

Повеќето друштва за ревизија сеуште не применуваат пристап во ревизијата базиран на

анлиза и оценка на ризици.

Во споредба со претходната проверка на контролата на квалитет се забележа напредок со

поголема употреба на стандардизирани обрасци во форма на прашалници, работни документи

и стандардизирани форми на ревизорски програми по одделни салда на сметки. Друштвата за

ревизија треба да осигураат дека добро ја разбираат целта за пополнувањето на

стандардизираните форми, да прибават и користат инструкции заради конзистентно

пополнување на истите за секој ангажман, и да ја имаат воспоставено врската до соодветниот

МСР или неговото релевантно барање.

За повеќето друштва за ревизија заклучокот е дека треба да постои единствено ревизорско

досие (ревизорска папка) во кое на едно место ќе биде организирана целата ревизорска

документација.

4. ГЛАВНИ ПРЕПОРАКИ

Составен дел на резимираниот извештај е севкупен заклучок за резултатите од проверката на

контролата на квалитетот. Околу 70% од проверените ангажмани доведуваат до севкупен

заклучок кој е незадоволителен.

Препораките генрално се со висок приоритет, најголемиот дел од нив се повторуваат во однос

на претходната проверка на контролата на квалитет и за нив се даде краен рок за

Page 21: Годишен извештај за работа на 2 година izvestaj za rabota za 2012.pdf · предлог дневен ред без оглед на бројот на

10

комплетирање до 30.09.2013 година, за да се осигураат неопходните подобрувања пред

следниот циклус на проверки на контролата на квалитет.

Генерално со препораките се бара:

Воспоставување и документирање на ревизорска методологија за да се осигура конзистентно

следење на утврдени барања за спроведување на ревизорската работа во согласност со МСР.

Воспоставување на систем за евиденција на потрошено време.

Планирање и спроведување обуки за сите нивоа на персонал.

Воспоставување на аранажмани за проверка на ревизорската работа вклучувајќи и

утврдување на критериуми за проверка на контролата на квалитет на ангажман. Исто така, од

друштвата за ревизија се побара да воспостават процес на надгледување кој е дизајниран за да

обезбеди разумно уверување дека политиките и постапките кои се однесуваат на системот на

контрола на квалитет се релевантни, адекватни, дејствуваат ефективно и се усогласени во

практиката.

Следење на барањето на МСР 315 за документирање на дискусијата меѓу тимот на

ангажманот, клучните елементи на стекнатото разбирање во однос на секој од аспектите на

ентитетот и неговото опкружување и за секој од елементите на интерните контроли, изворите

на информации од кои е стекнато разбирањето и извршените постапки во однос на проценка

на ризикот, идентификуваните и проценети ризици од материјално погрешно прикажување на

ниво на финансиски извештаи, и на ниво на тврдења, идентификуваните ризици и поврзаните

контроли за кои ревизoрот стекнал разбирање.

Ревизорот треба да дизајнира и преземе понатамошни ревизорски постапки чија природа,

временски распоред и обем ќе се заснова и ќе се однесува на проценетите ризици од

материјално погрешни прикажувања на ниво на тврдење. Ревизорот треба да дизајнира и

изврши суштински постапки за секоја материјална класа на трансакции, салда на сметки или

обелоденувања.

Ревизорот треба да ја оценува достатноста и соодветноста на ревизорскиот доказ.

Ревизорот треба да обезбеди ревизорска документација која ќе биде достатна да се разбере

природата и обемот на ревизорските постапки, резултатите од истите и донесените заклучоци.

Документацијата на ревизорот треба да биде организирана во работно досие на конзистентен

начин за секој ревизорски ангажман, и на начин кој ќе ја покажува ревизорската работа во

фазата на планирање, извршување и комплетирање на ревизијата.

Ревизорот треба да подготви ревизорска документација за значајните прашања кои

произлегуваат во текот на ревизијата, донесените заклучоци за истите и значајните

професионални расудувања направени за донесување на таквите заклучоци.

Ревизорот треба да изврши ревизорски постапки за да оцени дали севкупното презентирање

на финансиските извештаи, вклучувајќи ги и поврзаните обелоденувања, се во согласност со

применливата рамка за финансиско известување.

Кога ревизорот го модификува мислењето или нагласува прашање да се следат препораките

на МСР 705 и МСР 706.

Page 22: Годишен извештај за работа на 2 година izvestaj za rabota za 2012.pdf · предлог дневен ред без оглед на бројот на

11

4.1. Препораки до Комисијата за образование

Во ноември 2012 година беше организирана 40 часовна обука за практична примена на

ревизијата, спроведена во соработка со Францускиот Институт на овластени ревизори. Таа

беше високо оценета од стана на учесниците на обуката.

Бидејќи со неа беше опфатена мала група на овластени ревизори, практичари, и се

препорачува на Комисијата за образование да разгледа можност за повторување на обуката

или организирање на обуки дизајнирани да покриваат специфични барања на МСР за нивна

практична примена.

5. ПОСЛЕДОВАТЕЛНО СЛЕДЕЊЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ

Кај 12 друштва за ревизија ова беше втора проверка на контролата на квалитет. На

периодична основа од друштвата беше побарано да достават ажурирана информација за

статусот на препораките кои беа дадени како резултат на спроведените проверки на

контролата на квалитет.

Гордана Никушевска

Претседател на Комисијата за

Контрола на квалитетот на

ревизорските услуги