20
ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР ФЕВРУАРИ 2014 / БРОЈ 33 / БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК ПРОБИШТИП ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР www.probistip.gov.mk | [email protected] | facebook.com/probistip СВЕЧЕНО ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА ПОСЛЕДНАТА ДЕЛНИЦА ОД РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ ПРОБИШТИП - СВЕТИ НИКОЛЕ СВЕЧЕНОСТ ПО ПОВОД НОВИТЕ ПОДОВИ ВО ПУ “КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО ЗЛЕТОВО СВЕЧЕНО ОТПОЧНА ГРАДБАТА НА УЛИЦИТЕ ВО С. ДОБРЕВО

Opstinski informator 33

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Пробиштип, општински информатор бр.33 (Февруари 2014) Municipality of Probistip, Municipal newsletter no. 33 (February 2014)

Citation preview

Page 1: Opstinski informator 33

ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОРФЕВРУАРИ 2014 / БРОЈ 33 / БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК

ПРОБИШТИПОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОРwww.probistip.gov.mk | [email protected] | facebook.com/probistip

СВЕЧЕНО ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА ПОСЛЕДНАТА ДЕЛНИЦА ОД РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ

ПРОБИШТИП - СВЕТИ НИКОЛЕСВЕЧЕНОСТ ПО ПОВОД НОВИТЕ ПОДОВИВО ПУ “КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО ЗЛЕТОВО

СВЕЧЕНО ОТПОЧНА ГРАДБАТАНА УЛИЦИТЕ ВО С. ДОБРЕВО

Page 2: Opstinski informator 33

ВоведникПочитувани сограѓани,

На почетокот сме на новата 2014 година, година во која ќе настојуваме да го задржиме темпото кое што го наметнавме во последните неколку години, а кое се однесува на развојот, на нашата општина, на создавање на поубави услови во руралните места, разубавување на градот и сето она што значи убаво општествено живеење. И во оваа година голем број на проекти, некои започнати, некои нови ќе бидат дел од нашето работење, а се со една цел, создавање на услови за убаво живеење и во овие краеви од нашата убава Македонија.Преку овој информатор ќе ве запознаеме со дел од активностите кои што ги имавме во овој период, а за што сме обврзани на транспарентен начин да ги споделиме со Вас почитувани.Ќе имате можност да се запознаете со реализираните инфраструктурни проекти, со одбележувањето на нашите големи верски празници и со дочекот на новата година. На крајот на годината се донесоа програмите кои што ќе бидат наша насока за работа, а секако се донесе и општинскиот буџет.Во овој период имаше неколку трибини на различни теми, а уште една наша поетеса издаде збирка со песни.Традиционално на крајот на годината фотоконкурсот на фотографии со мотиви од Пробиштип предизвикува големо внимание.Секако со моето доаѓање на чело на општината се воспостави пракса на одреден временски период да се даде отчет за сработеното пред граѓаните на општината, а ќе имате можност и да го проследите моето новогодишно интервју за општинскиот информатор… и да не Ви откриваме се!Едноставно прочитајте го и искрено се надевам дека секој од Вас ќе си најде интересна тема за читање, но и запознавање со се она што се случуваше во периодот ноември - јануари. Со почитТони Тоневски

Општински информатор − 2

содржина

3, 4ИНТЕРВЈУ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

6БУЏЕТ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП

ЗА 2014 ГОДИНА

8ГРАДБА НА УЛИЦИ ВО С. ДОБРЕВО

9МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ

10, 11ДОЧЕК НА НОВАТА 2014 ГОДИНА

13ЕДУКАТИВНИ СРЕДБИ

17ПРОБИШТИП ФОТО 2013

20ВОДИЦИ 2014

Издавач:Општина Пробиштип

За издавачот:Тони Тоневски

Главен уредник:Радослав Илиевски

Лектор:Бранка АрсовскаГрафички дизајн:

Мише МилановскиФотографија на насловна:

Благој КлинчарскиПечати:

ЕВРОПА 92 Кочани

[email protected]

facebook.com/probistip

Page 3: Opstinski informator 33

- На почеток сме на сме на 2014 година, време кога се планираат активностите што следат, но и се сумираат резултатите од годината што помина, кажете ни што направивте и дали сте задоволен од направеното во 2013 година?

Тони Тоневски: Во текот на изминатата година продолжија со ист интензитет започнатите клучни проекти во 2012 година. Се пушти во употреба пречистителната станица за вода за пиење, прва во Р.Македонија која ја користи модерната технологија со ултра филтрација за пречистување на водата. Се заврши и пушти во употреба новиот градски пазар кој се простира на површина од околу 8.000 метри квадратни со затворен дел со површина од 543 метри квадратни кој ќе се користи за продавање на продукти по ХАСАП-стандарди во едниот дел, додека предвидено е отворање на маркет во вториот затворен дел. Средствата за изградбата на пазарот се обезбедени од буџетот на општина Пробиштип. Понатаму, по повеќе години ветувања, се асфалтираше патот до с.Бунеш, а се доасфалтираше и преостанатиот дел од патниот правец Пробиштип – Ратавица преку Леговец. На жителите од с.Трооло конечно им се реши проблемот со водоснабдување, проект за кој средства се обезбедија од Агенцијата за рурален развој. Пробиштип доби уште еден спортски објект - ново повеќенаменско игралиште, кое нашите деца и спортисти секојдневно го користат. Нашите најмлади граѓани – децата добија ново детско катче во центарот на градот. Оваа година интензивно се работеше на уредување на инфраструктурата во новата индустриска зона, веќе таму е завршен еден позначаен дел од инфраструктурата. Преку светка банка обезбедивме многу поволен заем од 29 милиони денари кои ќе ги потрошиме за реализација на еден од најзначајните проекти, комплетната реконструкција на улицата Јаким Стојковски во должина од 1220м. Во тек е изградба на минеролошката збирка во центарот на градот, музеј чија изградба и содржина е од непроценлива вредност за општината и воопшто за Р.Македонија. И оваа година, како и претходните се продолжи со поставување

на нови сијалични места, замена на живините со енергетски ефикасни светилки како и со изградба и асфалтирање на нови улици. Генерално, трендот на капитални инвестиции кои го започнавме минатите години ќе продолжи и годината која следи. За мене најважно е граѓаните на општина пробиштип да бидат задоволни од она што ние како локална самоуправа го правиме за подобрување на квалитетот на живеење.

- Минатата година беше и изборна, а вие по втор пат добивте мадат од граѓаните на Пробиштип. На што се должеше огромната поддршка што ја добивте?

Тони Тоневски: Да се стекне довербата од граѓаните и да се добие нивната поддршка по прв пат е многу тешко, а уште потешко е да се задржи нивната доверба и да се добие втор мандат како Градоначалник. Ме радува фактот што граѓаните на општина Пробиштип знаат да препознаат труд и посветеност во нечие работење. Граѓаните сакаат дела, резултати, сакаат промени кои ќе доведат до подобри услови за живот и поубав изглед на нивната околина. Голема заслуга за добиената поддршка се и честите посети на сите месни заедници, средби со сите жители и редовни увиди на проблемите на терен. Граѓаните сакаат да бидат слушнати, сакаат и да знаат на кого ја имаат дадено својата поддршка. Токму поради тоа, добиената доверба е само уште еден поттик и обврска за зголемено темпо на работење и уште поголема посветеност на работата. Граѓните во денешно време не веруваат на ветувања, веруваат и го даваат својот глас за дела, даваат глас за асфалтирани улици, спортски сали, игралишта....Токму многуте реализрани проекти, капитални инвестиции, новата понудена програма, постојаната подршка која ја добивавме од Владата беа клучен фактор граѓаните на Пробиштип да го дадат својот глас за мој нов мандат.

- После подолги години на стагнација и немање на речиси никакви или многу мали инфраструктурни зафати, евидентна е градежната експанзија која ја има во изминатите години од Вашиот мандат. На што се должи ова?

„МОЈАТА ВИЗИЈА И МОЈА ЖЕЛБА Е ПРОБИШТИП ДА БИДЕ МОДЕРЕН ЕВРОПСКИ ГРАД,

ГРАД КОЈ НУДИ МОЖНОСТИ ЗА МЛAДИТЕ ДА ОСТАНАТ ТУКА, ТУКА ДА НАЈДАТ РАБОТА,

ДА ОСНОВААТ СВОИ СЕМЕЈСТВА“

ИНТЕРВЈУ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТТОНИ ТОНЕВСКИ

Општински информатор − 3

Page 4: Opstinski informator 33

Тони Тоневски: Токму тоа е суштинската работа за која зборував претходно. Кога дојдов на функцијата Градоначалник во 2009 година, општината беше во сериозна финансиска состојба. Општинската сметка беше блокирана со долг од 72 милиони денари, општината беше уште во прва фаза од фискална децентрализација со што имавме многу ограничувања во нашите надлежности а со тоа и во функционирањето. Општината беше со многу лоша локална инфраструктура, голем дел од граѓаните кои имаа платено комуналии пред повеќе од 20 години сеуште немаа асфалт до своите домови, граѓаните речиси и да беа заборавиле кога последен пат се имаше асфалтирано уличка или изградено тротоар. По раздолжувањето на општината и влезот во втора фаза од децентрализацијата, општината започна да го остварува својот напредок. Со поддршка од Владата и од сопствени средства се изградија локалните патишта до с.Плешенци со вкупна инвестиција од 225.000 евра, с.Стрмош – с.Дренак во вредност од 9.056.998 денари, с.Рајчани – с.Пантелеј со инвестиција од 120. 000 евра, се реконструираше регионалниот пат Пробиштип-Страцин, се заврши патот Пробиштип-Ратавица преку Леговец. Во изминатите години се асфалтираа локални улици во должина од над 20 км. Секојдневно се подобрува улично оветлување во сите населени места. Полека ги решаваме проблемите и со водоводната и канализационата мрежа кои претставуваат еден многу горчлив проблем и за жителите и за самата општина. Преку успешното менаџирање, со државното неизградено земјиште, ние ги натеравме нашите бизнисмени да инвестираат токму тука. Секој ден во нашиот град никнуваат нови објекти, се градат нови деловни простори, се случуваат нови инвестиции и тоа од приватниот сектор. Жителите на Пробиштип 20 години немаат видено кран, немаат видено градба на некој објект, зграда... Денес тоа е реалност. Економскиот развој на општината многу зависи од локалната инфраструктура и токму поради тоа и во наредниот период ќе останеме силно фокусирани на ова поле продолжувајќи со реализација на клучните проекти. Позитивната политичка клима ја одигра својата улога, многу е важно кога локалната и централната власт доаѓаат од иста политичка партија, тоа е добро за граѓаните. Владата многу инвестираше во Пробиштип, ние како локална самоуправа исто така, сите сме сведоци дека секој поголем настан во Пробиштип беше обележан со присуството на државниот врв, без разлика дали се работи за владин или локален проект. На самиот крај, не е толку важно кој инвестира, најважно е што се гради на доброто на граѓаните.

- Веќе е креиран општинскиот буџет, усвоени се програмите по кои ќе работите во оваа година. Што ќе ни издвоите како приоритети во 2014 година?

Тони Тоневски: Бидејќи 2013 година беше изборна година, дел од проектите кои беа предвидени за реализација во 2013 година се одложија и се префрлија за 2014 година.како приоритети ќе бидат реализирани проектите за кои сметам дека се од најголем интерес за граѓаните и воопшто за целата општина. Дел од нив ќе се реализираат со средства од сопствениот буџет, за дел се обезбедени финансии од донации, како и средства од Светска банка. Најважните

приоритети за реализација во 2014 година се:- Реконструкција на улицата “Јаким Стојковски“, која е главна сообраќајна артерија во градот а е со големи оштетувања. За овој проект кој опфаќа поставување на нов слој на асфалт, нови тротоари, изградба на ново улично осветлување како и поставување на урбана опрема, одобрени се средства од Светска банка во висина од 28.000.000 денари. Во тек е постапката за избор на Изведувач по што ќе се започне со реализација на проектот. - Реконструкција на улиците “11 Октомври“ и дел од “Велко Влаховиќ“.- Реконструкција на градскиот парк со нова урбана опрема, изградба на фонтани, нови зелени површини и ново осветлување. - Изградба на секундарен плоштад со паркинг простор.- Изградба на градска капела.- Доизградба на базенот во Злетово.- Изградба на водоводи во повеќе населени места- Асфалтирање на улици во градот, Злетово, Добрево и Ратавица.- Оформување на две нови индустриски зони. Едната е над улицата Миро Барага, над старата бензинска пумпа на Макпетрол, а втората е во близина на новата бензинска пумпа на Макпетрол, во правец на населбата Камењар. Целта ни е да привлечеме инвеститори од страна, кои ќе дадат голем придонес во отворањето на нови работни места. Во оваа насока морам да споменам дека за прв пат ние како локлана самоуправа ги вклучивме граѓаните во процесот на донесување на буџетот,преку органисирање на форумите, кои во индинан ќе бидат наша пракса. Граѓаните даваат предлози и донесуваат одлуки за приоритетните проекти.

- Каква е Вашата визија за Пробиштип после десет години?

Тони Тоневски: Пробиштип полека доживува една модерна трансформација и забележува голем напредок во својот развој. Ние како општина продолжуваме да инвестираме во сите полиња, тоа значи решавање на инфраструктурни проблеми, реализација на проекти од важност за граѓаните, урбанистичко уредување на општината, поддршка на бизнис заедницата за отворање на нови погони и нови работни места а со тоа и намалување на невработеноста. Мојата визија и моја желба е Пробиштип да биде модерен европски град, град кој нуди можности за млaдите да останат тука, тука да најдат работа, да основаат свои семејства. Кога некој странец ќе дојде во Пробиштип да понесе позитивни впечатоци за градот и луѓето, мојата визија е издигнување на културните настани на повисоко ниво, нашите сограѓани имаат вкус на убави нешта, за квалитетни културни настани кои треба да ги има повеќе, во текот на целата година, да ја реобновиме традицијата на полна кино сала. Мојата визија е Пробиштип да биде на врвот во спортските достигнувања, повторно да имаме силни спортски клубови кои ќе носат нови победи и радости.

Р.И.

Општински информатор − 4

Page 5: Opstinski informator 33

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП ГИ УСВОИ ПРОГРАМИТЕ ПО КОИ ЌЕ РАБОТИ ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО 2014 ГОДИНА

На 11-тата Седница на Советот на општина Пробиштип која се одржа на ден 29.11.2013 година Советот расправаше и ги донесе клучните годишни инвестициони Програми и Акциони планови за 2014 година според кој ке се креира најважниот акт на општината – Буџетот за 2014 година. Имајки во вид големиот број инвестициони Програми и Акциони планови можеме со сигурност да констатираме дека буџетот за 2014 година ке биде развоен и дека и во 2014 година продолжува трендот на градење , модернизирање и создавање на уште подобри услови за живот во Пробиштип.Во таа смисла на 11-тата седница беа донесени следните акти за општинита 1. Одлука за пренамена на средства во Буџетот на општина Пробиштип за 2013 година 2. Програма за уредување на градежното земјиште во општина Пробиштип за 2014 година 3. Програма за изградба и одржување на општински патишта и улици за 2014 година 4. Програма за одржување на хигиената на јавните сообраќајни површини во општина Пробиштип за 2014 година 5. Програма за одржување на јавните зелени површини и озеленување на нови површини за 2014 година 6. Програма за изградба и одржување на уличното осветлување во општина Пробиштип за 2014 година 7. Програма за урбанистичко планирање и локален економски развој во општина Пробиштип за 2014 година 8. Програма за енергетска ефикасност во општина Пробиштип за 2014 година 9. Програма за работа на Одделението за инспекциски работи за 2014 година 10. Акционен план за работа на комисијата за еднакви можности во општина Пробиштип за 2014 година 11. Акционен план за реализација на активности на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Пробиштип за 2014 година 12. Акционен план за социјална заштита во општина Пробиштип за 2014 година

13. Програма за работа на Советот за јавно здравје во општина Пробиштип за 2014 година 14. Програма за активности во областа на заштитата и спасувањето во општина Пробиштип за 2014 година 15. Програма за одбележување на празници , манифестации и настани во општина Пробиштип за 2014 година 16. Програма за спроведување на активностите на спортските друштва и одржување на спортската инфраструктура во општина Пробиштип за 2014 година 17. Збирен извештај за проценети штети од пожар на територија на општина Пробиштип септември-октомври 2013 година 18. Одлука за давање под закуп недвижен имот сопственост на општина Пробиштип по пат на јавно наддавање 19. Одлука за утврдување на приоритет на проект„Замена и инсталација на куќни и комбинирани , индустриски и ултразвучни водомери и нивна интеграција во системот за водоснабдување во општина Пробиштип“20. Финансов Извештај на ЈКП „Никола Карев“ за периодот од 01.01.2013 до 30.09.2013 година 21. Согласност на Одлуката за измени и дополнување на Одлуката за утврдување на цени те за издавање пазаришни места на новиот градски пазар во Пробиштип и пазарот во Злетово 22. Именување на членови во Управниот одбор на ЗЈП „ПОНИКВА КП “ Кочани 23. Именување на членови во Надзорниот одбор на ЗЈП „ПОНИКВА КП “ Кочани 24. Молби и барања 25. Одлука за пренамена на средства во Буџетот на општина Пробиштип за 2013 година за детска градинка Гоце Делчев Пробиштип 26. Програма за работа на општинската установа Дом на култура „Злетовски рудар“ Пробиштип со финансов план за 2014 година

Н.Н.

Општински информатор − 5

Page 6: Opstinski informator 33

БУЏЕТ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП ЗА 2014 ГОДИНА

Општина Пробиштип – планирани приходи за 2014 година

Општина Пробиштип-Планирани расходи за 2014 година

Општински информатор − 6

Page 7: Opstinski informator 33

Пробиштип – Свети Николеконечно модернизиран и пуштен во употреба

Со поддршка од 52 милиони денари од Владата во должина од 28 километри свечено беше пуштен во употреба целосно модернизираниот регионален патен правец Свети Николе-Пробиштип.На свеченото пуштање во употреба се обрати и премиерот Никола Груевски кој истакна дека за време на изборите дадоа ветување кое, не само што го исполнија , туку и предвреме го реализираа.На пуштањето присуствуваа и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, заменик министерот за одбрана Емил Димитриев, градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тоневски и градоначалникот на општина Свети Николе Зоран Тасев.Mногу години, ова беше земјен коловоз кој им претставуваше проблем за жителите,додаде Премиерот објаснувајќи дека делницата од патот меѓу селата Мечкуевци и Куково досега беше пробиена, со земјен коловоз, мала ширина и голем број нерамнини и препреки. Можеше да се помине само со теренско возило, а при врнежи од дожд патот беше целосно во прекин, Како што напомена, патот е целосно израмнет, тампониран и асфалтиран во должина од 5,5 километри и ширина на асфалтен коловоз 5,5 метри.

Во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Р.Македонија и Р.Бугарија, Општина Пробиштип доби проект во кој партнери се Детската градинка “ГоцеДелчев“ , Пробиштип, од македонска и Детската градинка „Снежанка“ од градот Гоце Делчев од бугарска страна. Проектот се однесува на енергетска ефикаснос за што говори и самиот наслов „Енергетски ефикасна градинка“, а која опфаќа комплетна промена на прозорите и вратите на градинката, изолација на плафон и правење на нова фасада со енергетски ефикасни материјали. На тој начин објектот „Цветови“ ќе добие комплетно нов лик. Вредноста на проектот е 110.000 евра, а ќе се изведува во текот на 2014 година.

На дел од овој патен правец, од приклучокот кај Свети Николе кон селото Немањица извршена е рехабилитација на посточекиот коловоз со негово приширување за 1,5 метар и е поставен целосно нов асфалтен слој во должина од 2 километра. За да се зголеми безбедноста на сообраќајот и патниот правец да биде функционален по целата должина од 28 километри, поставени се, рече премиерот, заштитени безбедносни огради на постоечките мостови и сообраќајни знаци, а е извршено и бележење со хоризонтална сигнализација на коловозот.„Со изградбата на делницата меѓу селата Мечкуевци и Куково се комплетира регионалниот патен правец и се овозможува директна и најкратка врска меѓу Свети Николе и Пробиштип, како и на сите населени места што гравитираат на овој пат во двете општини. Растојанието меѓу Свети Николе и Пробиштип ќе се скрати за околу 25 километри што освен за жителите, е предност и за развој на економијата во двата града“, истакна Груевски.Премиерот повтори дека Владата посветено работи на изградба на патната инфраструктура и дека оваа година ќе биде заокружена со реконструкција и ревитализација на вкупно 136 километри регионални и магистрални патишта.

СО СРЕДСТВА ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА ОБЈЕКТОТ “ЦВЕТОВИ” ПРИ ЈОУДГ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ПРОБИШТИП

Општински информатор − 7

Page 8: Opstinski informator 33

Македонско – Бугарската стопанска комора и Советот за развој на Источниот плански регион на 6 ноември потпишаа Меморандум за соработка.- Сакаме да создадеме убав стопански амбиент кој преку градоначалниците од Источниот плански регион ќе дојде до граѓаните со бенефициите што ќе ги осетат од капиталот и вложувањата од сериозните бизнисмени од Бугарија, изјави претседателот на Комората Зоре Темелковски и посочи дека целта е да се доближи капиталот до обичните граѓани преку локалната самоуправа. Според него, вложувањето на бугарскиот пазар ќе им даде можност на македонските стопанственици да добијат европски сертификати за нивните производи. Градоначалникот на Пробиштип и

претседавач на Советот за развој на Источниот плански регион, Тони Тоневски по потпишувањето на Меморандумот за соработка изјави дека ова е само уште еден чекор напред во продлабочувањето на добри односи помеѓу Македонија и Бигарија.- Целта ни е што е можно повеќе да се продлабочи соработката меѓу двете земји, а ние како локални самоуправи и администрација да ги овозможиме сите услови да помогнеме во развојот на економијата и намалувањето на невработеноста. Имаме одлична соработка со општините од Западна Бугарија во делот на искористувањето на средствата за прекугранична соработка што ги нуди ЕУ, но сепак цениме дека можеме уште повеќе, рече Тоневски.

МАКЕДОНИЈА ЈА ПРОДЛАБОЧУВА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА СО БУГАРИЈА

Општински информатор − 8

Свечено отпочна градбата на улиците во село ДобревоВо присуство на голем број на месно население, но и посетители од Пробиштип, а кои повеќе или помалку се поврзани со селото Добрево свечено отпочна реализирањето на проект кој добревчани долго го очекуваа. Во догледен период мештаните на село Добрево ќе чекорат по асфалтирани улици, а газењето на кал и сите други непријатности кои што со години ги чувствуваат едноставно ќе бидат минато. Општина Пробиштип аплицираше со проект за асфалтирање на улици во село Добрево до Агенцијата за подршка на земјоделието и рурален развој, од каде што имаше разбирање за големиот проблем со кој се соочува ова село и го одобрија на општо задоволство и на општината, но највеќе на мештаните на ова село.Предвидено е со проектот да се асфалтираат четири улици во село Добрево во вкупна должина од еден километар. Вредноста на проектот е десет милиони денари. Настанот со свое присуство го удостоија вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски, заменик министер за одбрана, Емил Димитриев, државниот секретар во министерството за животна средина и просторно планирање, Соња Лепиткова и секако оној кој беше најупорен во реализирањето на овој проект, градоначалникот Тони Тоневски, во придружба на Ранко Давитков, претседател

на советот на општина Пробиштип. Во своето обраќање првиот човек во општината меѓу другото истакна „Големо е задоволството кога успеваме да асфалтираме и градиме и во нашите села, кога успеваме да ги подобриме условите на живот на луѓето кои живеат тука, на децата кои газеа кал за да стигнат на училиште“. Заменик претседателот на влада на Република Македонија Зоран Ставревски не криејќи го задоволството од тоа што е повторно меѓу пробиштипјани истакна дека македонската влада гради автопати, современи булевари, но гради и улици по селата во Македонија со што им ги подобрува условите за живот на граѓаните на нашата држава. Се наврaти на многуте проекти кои што се изградија последните неколку години во општината, но воедно и вети дека овде нема да застанат. Во периодот што следи најави неколку значајни проекти за пробиштипјани кои се во план да ги реализираат, како реконструкција на регионалниот пат Пробиштип - Свети Николе и на регионалниот пат Пробиштип - Крупиште. Инаку од Агенцијата за подршка на земјоделието и рурален развој, општина Пробиштип доби уште еден проект, водоснбдителен систем во с. Бунеш, а истиот ќе биде реализиран во периодот што следи.

Р.И.

Page 9: Opstinski informator 33

Иницијативата на педесетина македонски интелектуалци , поети, писатели и други јавни личности „Македонскиот манифест“ до домашната и меѓународна јавност , по повод засилениот притисок врз Република Македонија да го промени уставното име, во петокот на 13 декември беше претставена пред пробиштипската јавност.Во преполната сала во Домот на култура „Злетовски рудар“ од страна на дел од членовите на иницијативниот одбор Ефтим Клетников, Георги Барбаровски и Стефан Влахов Мицов, во придружба на нивниот гостин, поранешниот амбасадор од кариера, Ристо Никовски, со наслов „Името е нашата татковина“, беше образложено зошто е оваа иницијатива. На трибината присуствуваа Неговото Високо Преосвештенство Митрополит Брегалнички г.Иларион, Архимандрит Дамаскин

На 19 ноември во ПУ „Кирил и Методиј“ во Злетово во присуство на првиот човек во општината, градоначалникот Тони Тоневски, потполковникот Марк Воткинс, шеф на канцеларијата за воена соработка при Амбасадата на САД, заменик шефот и директор за билатерални односи на канцеларијата за воена соработка при Амбасадата на САД, директорот на училиштето Дејан Арсовски, советниците во Советот на општина Пробиштип, тимот од УСАИД, проектниот тим, голем број на наставници, ученици, родители, беше свечено пуштен во употреба новиот под во училиштето кој преку проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, со средства од Европската команда на американската војска (ЕУКОМ) и Општина Пробиштип се постави во училиштето. Стариот , мошне руиниран под се замени со нов флексибилен ПВЦ под, кој освен што го подобри ликот во училниците, претставува и поголема сигурност и безбедност при движење на учениците.„Како градоначалник, едно огромна благодарност упатувам

Игумен на Лесновски Манастир,Градоначалникот Тони Тоневски, Претседателот на Совет Ранко Давитков, советници, претставници од бизнис заедницата и други граѓани од општината. Настанот започна со читањето на Македонскиот Манифест, за да продолжи со излагањето на сите присутни гости, а на крајот сите присутни имаа можност да се вклучат со прашања, на кои гостите трпеливо одговараа .Трибината беше збогатена со промовирање на најновот дело на Ристо Никовски „Улогата на САД во македонските голготи 1991 - 2013“ а секој посетител можеше да купи книга, а средствата од продадените книги се наменети за хуманитарни цели во општина Пробиштип. Инпонира тоа што промоцијата на манифестот започна од Пробиштип и во наредниот период ќе ја обиколи цела Македонија.

до мисијата на УСАИД“ и на „ЕУКОМ“ за постојаната поддршка која ја даваат во насока на создавање на поволна средина за еден подобар образовен систем“, истакна градоначалникот Тоневски во своето обраќање, пред присутните, а на оваа мисија се заблагодари и директорот Арсовски, за несебичната помош и поддршка што ја има ова училиште со години на назад и изрази надеж дека она што се покажало како успешно, ќе продолжи и понатаму. „Ние во ЕУКОМ ја признаваме важноста на меѓуетничката интеграција во училиштата во Македонија и ме радува што целта во училиштето во Злетово е успешно постигната“, рече потполковникот Марк В. Воткинс, шеф на канцеларијата за воена соработка при Амбасадата на САД.Уште еден во низата на успешно реализирани проекти во општина Пробиштип е завршен, акако што велат од локалната самоуправа.... одиме понатаму во реализација на уште многу проекти, а се во интерес на подобрување на условите за живеење во нашата општина.

Р.И.

МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ ПРЕД ПРОБИШТИПЈАНИ

ВО ПУ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО ЗЛЕТОВО СВЕЧЕНО ПУШТЕНИ ВО УПОТРЕБА

РЕКОНСТРУИРАНИТЕ ПОДОВИ

Општински информатор − 9

Page 10: Opstinski informator 33

СО НИЗА НА НАСТАНИ И МАНИФЕСТАЦИИОПШТИНА ПРОБИШТИП

ЈА ИСПРАТИ СТАРАТА 2013И ЈА ДОЧЕКА НОВАТА 2014 ГОДИНА

Општина Пробиштип и годинава се потруди Пробиштип и пробиштипјани да ја почувствуваат новогодишната магија. Центарот на градот беше новогодишно украсен, а градскиот плоштад каде што беше поставена големата новогодишна елка само го збогати новогодишниот амбиент во Пробиштип. На радост на најмалите низ улиците на градот, но и низ сите поголеми места во општината помина Дедо мраз кој неколку дена пред нова година се дружеше со дечињата, а на градскиот плоштад заигра со нив. Во организација на ОУ Дом на култура „Злетовски рудар“ дечињата можеа да присуствуваат на претставата Снежана и седумте џуџиња, исполнета со многу волшебства, а каде главна фигура беше токму тој.......... Дедо мраз. Од локалната самоуправа се погрижија сите оние кои што новата година ја пречекуваат во нивните домови да излезат на градскиот плоштад каде имаа можност со убава музика и весело расположение да ја дочекаат новата година, а по полноќ да уживаат во прекрасниот огномет. Традиционално веќе неколку години по ред во очи на новата година Градоначалникот има свечен прием на претставниците од бизнис секторот, пред кои

дава отчет за сработеното и ги искажува своите намери за годината што следи. По повод новогодишните и божиќни празници градоначалникот Тоневски ги посети дечињата со посебни потреби кои учат во ООУ „Браќа Миладиновци“ и кои престојуваат во дневниот центар за деца со посебни потреби.На дечињата им дари новогодишни пакетчиња, а тие се израдуваа на оваа посета, а и му испеаа на градоначалникот и неговите придружници новогодишни песнички. Во духот на новата година и Божиќ на социјално загрозените лица, особено од руралните места, но и од градот, Градоначалникот им подели божиќни пакети со храна и средства за хигиена. Честитајќи им ја новата 2014 година Градоначалникот заедно со општинската администрација на сите наши сограѓани им посакуваат здравје, среќа, успех и бериќет, но и дадоа ветување дека во годината што следи ќе продолжат како и до сега со уште позасилено темпо во реализација на зацртаните проекти, а се во интерес на граѓаните на општина Пробиштип.

Р.И.

Општински информатор − 10

Page 11: Opstinski informator 33

Општински информатор − 11

Page 12: Opstinski informator 33

ООУ „Никола Карев“ – Пробиштип по трет пат е добитник на највисокото еколошко признание ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ во рамките на еко-мрежата од ОХО и Министерството за образование. Ова претставува голема чест, но во истовреме и огромна одговорност за училиштето. Училиштето продолжува понатаму бидејки заштитата на животната средина е една

од секојдневни обврски, вредности во работењето и врвни приоритети на училиштето. Секако, добивањето трет пат по ред на зелено знаме е сатисфакција за трудот на целиот еко тим во училиштето, зошто тоа е знак дека преданата и професионална ангажираност дава и конкретни резултати.

ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ И ПО ТРЕТ ПАТДОБИТНИК НА ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ

Во средата, на 27 ноември, во кружната сала на Домот на култура „Злетовски рудар“ се одржа 29 регионален ПП квиз. На овој квиз учество земаа претставници од општините Пробиштип, Кратово, Куманово и Свети Николе. Учениците се натпреваруваа во две категории, основни и средни училишта. Во категоријата на основни училишта првото место го освои екипата на Свети Николе, Пробиштипјани беа на второто место и третото место им припадна на натпреварувачите од Куманово. Во категоријата на средни училишта првото место заслужено им припадна на Кумановчани, додека Пробиштип,

Општина Пробиштип во соработка со Полицијата и претставници од ГИЗ во округлата сала при Домот на културата „Злетовски рудар“ одржаа презентација на тема Трговија со луѓе каде целна група беа учениците од трета година од СОУ „Н. Н. Борче”. Учениците имаа можност да бидат дел од мини-проектот ДВД Караван во склоп на активностите за одбележување на Неделата на борба против трговија со луѓе која во Македонија се одбележува од 2-9 Декември

градот домаќин и во оваа категорија го освои второто место, а третото место го освоија Светиноколчани. Победниците во двете категории, односно освојувачите на првото место, во конкретниот случај Свети Николе и Куманово, натпреварувањето ќе го продолжат на Републичкиот ПП квиз натпревар, кој ќе се одржи во Скопје. Честитки за сите учесници и секако им посакуваме понатамошен успех на најдобрите. Пробиштип уште еднаш се покажа како добар домаќин и добар организатор на вакви или слични настани.

Р.И.

секоја година. Презентацијата се состоеше во прикажување на краткиот пантомима филм на тема Трговија со луѓе. Целта е да се поттикне дискусија на оваа тема, како и за тоа кои луѓе се најизложени на ризик да станат жртви и како општеството може да се справи со овој проблем. Денешниот настан се организираше во рамките на Регионалната програма за социјална заштита и превенција на трговија со луѓе при ГИЗ(Германско друштво за интернационална соработка.

ВО ПРОБИШТИП СЕ ОДРЖА 29ОТ РЕГИОНАЛЕН ПП КВИЗ

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА “ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ”

Општински информатор − 12

Page 13: Opstinski informator 33

ЗАПОЧНА СО ИМПЛЕМЕНТАЦИ ПРОЕКТОТ „ПРИЈАТЕЛИ ЗАСЕКОГАШ“

По повод 17 Ноември, светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, ОСБСП - Пробиштип во соработка со Полициската станица во Пробиштип го одбележа овој датум со низа на активности кои што се одржаа од 11 - 15 Ноември.Со низа на едукативни средби со учениците од основните и средното училиште во општина Пробиштип, кои беа реализиани од страна на УПС од ПС и ПО за БСП Пробиштип во рамки на сообраќајно воспитна акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, а на тие средби беше презентиран

Во рамките на проектот „Пријатели засекогаш“ , финансиран од АЦЕУ, учениците од ООУ„Никола Карев“-Пробиштип заедно со учениците основното училиште „Христо Ботев“ од Бугарија ги посетија учениците од Kаlocsa(Колоча)-Унгарија. Посетата ја опишаа како незаборавна. Не можеа да се определат дали е поубав градот со безбројните негови знаменитости или луѓето со нивната гостопримливост и неизмерно топлиот прием. Денот беше исполнет со повеке

филмот „Сообраќаен буквар 2“.На овие средби меѓу другото беше истакната информацијата за бројот на загинати наши сограѓани од сообраќајни незгоди во периодот 2011 - 2013 година, заклучно со месец октомври 2013 година. За среќа во нашата општина станува збор за мал број на жртви (3) од кои 1 возач, а другите двајца се патници во сообраќајот.

Р.И.

активности, започнуваше со заеднички часови, а потоа и спортски активности, фолк танци, игри во природа, јавање на коњ. Од посетата на преубавите знаменитости во градот може да ги издвоиме старата градска библиотека, фабрика за преработка на пиперки, фабриката за изработка на призводи од порцелан, а посебен впечаток на сите иm остави посетата на преубавата Будимпешта.

СО ЕДУКАТИВНИ СРЕДБИ, ОДБЕЛЕЖАН 17 НОЕМВРИ,

СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА СЕЌАВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ОД СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ

Општински информатор − 13

Page 14: Opstinski informator 33

СО МУЗИЧКО СПОРТСКИ НАСТАН ВО ПРОБИШТИП ОДБЕЛЕЖАН 3ТИ ДЕКЕМВРИ, МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Во организација на општина Пробиштип, меѓународниот ден на лицата со посебни потреби 3-ти Декември беше одбележан во спортската сала „Софија Петрова“. Овој ден беше одбележан со активности од забавен и спортски карактер, на кој земаа учество лицата од Дневниот центар за деца со посебни потреби и учениците од посебната паралелка при ООУ „Браќа Миладиновци“ од Пробиштип. Со свое присуство настанот го удостоија и градоначалникот Тони Тоневски, претседателот на Совет Ранко Давитков, советници, раководители, претставници од институции, сопственици на фирми, родители и други гости. „Како Градоначалник на општината ја давам својата поддршка на оние на кои им е најмногу потребна а тоа се децата и се обидувам да ја подржам секоја манифестација што е посветена токму на нив. Овие деца треба да бидат во контакт со сите други деца, да бидат дел од сите нормални процеси кои се случуваат во општеството, да учествуваат во сите активности и манифестации, да се социјализираат, вклучуваат во спортот, културата.“изјави Тоневски.На крајот од настанот присутните гости можеа да ги видат изработките од децата

од дневниот центар, да ги разгледаат и да си купат некоја од нив. Специјални гости на настанот беа децата од Дневниот центар од општина Виница. Во чест на денот, првиот човек во општината на Дневниот центар за деца со посебни потреби им подари клима уред, а на дечињата од посебната паралелка при ООУ „Браќа Миладиновци“ подарок им беше новата училница, со која конечно добија поголем простор и посоодветни услови за настава, а која во соработка со директорот на ова училиште им ја овозможија, после долги години на чекање несоодветниот и тесен простор, да се замени со соодветен простор во кој има услови за нормално и непречено реализирање на наставата.

Градоначалникот на Општина Пробиштип се вклучи во акцијата на Министерството за труд и социјална политика “Се грижиме за топол дом” која веќе се спроведува во Република Македонија.„Министерството за труд и социјална политика и останатите стратешки партнери излегуваат во пресрет и помагаат и ги поддржуваат социјално загрозените семејства се со цел да се задоволат потребите на лицата на коишто им е најпотребна помошта“, изјави Градоначалникот Тоневски.

Во средата, на 27 Ноември, на локација во непосредна близина на Пробиштип љубителите на природата, оние кои си ја сакаат планетата и оние кои добро и мислат на поколенијата кои што доаѓаат излегоа и садеа дрвца, во рамки на „Денот на дрвото - есен 2013“, под мотото – „Засади здравје! Засади здрава иднина!“, кој се одржа на територијата на Република Македонија, каде беа засадени околу 4000 000 дрвца. Ако се земе дека околу 61% од засадените дрвца успеваат и оваа акцијасе реализира успешно.Заменик министерот за одбрана, Емил Димитриев, заедно со градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски и претседателот на совет на општина Пробиштип, Ранко Давитков, активно се вклучија во одбележувањето на оваа оригинална и пред се корисна иницијатива - садеа здравје, садеа здрава иднина.

Општина Пробиштип, во соработка со Центарот за социјална работа и бизнис заедницата од Општината донираа кујна, фотелја и тепих, наменети за едно повеќедетно семејство од Злетово. Станува збор за семејство од шест члена, во кое на крајот на годината ќе се роди петтото дете. Градоначалникот Тоневски на дечињата им подари пакетчиња со млечни производи. Оваа акција има хуман карактер и е наменета за семејства во социјален ризик на кои им е неопходна помош.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП СЕ ВКЛУЧИ ВО АКЦИЈАТА „СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ТОПОЛ ДОМ“

ДЕН НА ДРВОТО – „ЗАСАДИ ЗДРАВЈЕ! ЗАСАДИ ЗДРАВА ИДНИНА!“

Општински информатор − 14

Page 15: Opstinski informator 33

Во присуство на вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски, заменик министерот за одбрана, Емил Димитриев, државниот секретар во министерството за животна средина и просторно планирање, Соња Лепиткова, градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски и претседателот на Совет на општина Пробиштип, Ранко Давитков, на 7 февруари свечено се пушти во употреба новата линија за производство на семитракциони индустриски батерии. Инвестицијата, вредна шест милиони евра, со која во текот на 2014 година ќе бидат примени нови педесет работника. Моментално во фабриката работат 170 работници, а досега словенците инвестираа дванаесет милиони евра. Според Зоран Ставревски, ваквите и слични примери низ целата држава се како резултат на поволната бизнис клима во земјата. Оваа инвестиција е од голем значај за Пробиштип и пробиштипјани од причина што со неа се

отвараат нови работни места. Ваквите инвестиции се повеќе од неопходни не само за Пробиштип, туку и во сите помали општини, од причина што ако не ја сопрат барем ќе ја ублажат миграцијата на млади и образовни кадри.

Р.И.

ФАБРИКАТА ЗА АКУМУЛАТОРИ „ТАБ МАК“ПУШТИ ВО УПОТРЕБА НОВА ПРОИЗВОДСТВЕНА ЛИНИЈА

Во средата, симболично како среќен ден, на 13 Ноември, во Пензионерскиот дом, во пријатна и убава атмосфера, проследена со звуците на етно музичката група „Пробиштип“ се одржа еден несекојдневен настан. Активната општествена работничка, долгогодишна новинарка, денес пензионерка, која е претседател на комисијата за културно забавен живот на СЗПМ имаше промоција на книгата „Песни од дамарите“, збирка на 45 песни кои настанале од длабочината на нејзината душа, а кои авторката со мудроста и зрелоста на третото доба ни ги понуди, за да не израдува, но и да ни го растрепери срцето, предизвикувајќи и по некоја солза во окото.„Многу од овие песни се настанати во осама, во тишина, кога сопатник ми беа желбите и копнежите, но и болката, тагата и немирот. Сите стихови што се објавени во оваа книга на моменти личат на медалјон, во кој се носат најмилите, децата,

внуците, пријателите, но и љубовта кон животниот сопатник и кон секој оној кој ја заслужува мојата искрена љубов“, меѓу другото истакна авторката, обраќајќи се пред присутните, кои ги имаше во голем број. На промоцијата освен семејството, пријателите, претставниците од локалната самоуправа, здружението на пензионер, во кое е член со своето присуство ја удостоија и Станка Трајанова, секретар на извршниот одбор при СЗПМ и претставници на пензионерски друштва од Злетово, Штип, Македонска Каменица, Свети Николе, Неготино и Кочани. Промотор на книгата беше Калина Сливовска - Андонова, заменик на главниот уредник на весникот „Пензионер плус“. Промоцијата долго ќе се памети, а Пробиштип доби уште еден бисер кој ќе го најде своето место во родно крајното литературно катче, на кој ќе му се насладуваат љубителите на убавиот пишан збор.

Р.И.

„ПЕСНИ ОД ДАМАРИТЕ“НА АВТОРКАТА МИЛЕВКА ЗДРАВКОВСКА

ГИ РАЗБРАНУВА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПОЕЗИЈА

Општински информатор − 15

Page 16: Opstinski informator 33

Здружението на пензионери од Пробиштип се вбројува меѓу најмасовните и најорганизирани невладини организации во општината. Стручната служба преку комисиите,Извршниот одбор и Собранието, во текот на 2013 година успеа не само да ја реализира зацртаната програма, туку и да сработи повеќе од тоа. Во делот на социјалата, грижата за здравјето, едукацијата, културата, спортот и рекреацијата, слободно може да се каже дека го држи приматот меѓу најактивните здруженија во Македонија. Годинава за истакнување е враќањето на сопственоста над пензионерскиот дом, благодарение на огромната заложба на претседателот Груица Манасијев и неговиот тим, околу прибирање на документацијата и докажување на сопственоста, проблем што долги години ги мачи пензионерите во Пробиштип. Во дел на социјалата се направени повеќе активности, за нашите најголеми верски празници, на најзагрозените пензионери им беа дадени прехрамбени пакети, а беа доделени и 55 пакети со облека, донација од Холандската фондација „Помош за Македонија“, која се реализираше преку Црвениот крст на Пробиштип. Во делот на здравството беа организирани неколку едукативни предавања и превентивни прегледи од страна на доктори, волонтери во општинскиот Црвен крст. На 40 пензионери им беше овозможено

бањско климатско лекување, каде Здружението на пензионери целосно ги покриваше патните трошоци, а 10 - 30 проценти, зависно од големината на пензијата со дел на средства им ја покриваше партиципацијата за пансионското сместување. КУД „Весели пензионери“, претставуваат вистински амбасадор на културното богатство на општината не само во Македонија, туку и надвор од нејзините граници, презентирајќи ги обичаите, традициите, народните песни и ората на најавтентичен начин. Од меѓународниот фестивал на изворен, стилизиран, кореографиран фолклор и хорски напеви „Илинденски денови“ во Битола, се вратија со две први и едно второ место. Спортот исто така спаѓа меѓу најатрактивните активности на ЗП. Од републичкиот спортски натпревар кој се одржа во Штип , женската екипа во дисциплината влечење на јаже го освои првото, а машката екипа, во истата дисциплина се врати со освоено второ место. Овде би ги споменале и четирите меѓуопштински пријателски средби во салонски спортски дисциплини, кои традиционално секоја година се одржуваат помеѓу пензионерските здруженија на Пробиштип, Кратово, Крива Паланка и Свети Николе. Меѓу активностите кои анимираат најголем број на пензионери се екскурзиите и средбите на зелено. Организирани се десетина екскурзии со опфат на околу 1200 пензионери, а круна на овие

активности е собирот на пензионери на 21 септември, по повод верскиот празник „Мала Богородица“, каде учествуваа преку 35 здруженија од Република Македонија, со околу 4 000 пензионери. Тој 21 септември, Лесново беше Македонија во мало. Овде сакаме да ја истакнеме одличната соработка што ја имаме со локалната самоуправа и пред се со првиот човек, градоначалникот Тони Тоневски, кој не себично не подржува во сите наши активности. На крај сме од годината и веќе се планираат активностите за во 2014 година, а комисиите веќе ги изработуваат своите програми за наредната година за кои се оптимисти дека ќе биде поуспешна од оваа. Со низа на активности и случувања, ова здружение ќе настојува да извлече од дома што поголем број на пензионери и да ги вклучи во зацртаните активности. Според зборовите на првиот човек од ова здружение, Груица Манасијев, главен акцент ќе биде ставен на реновирање на пензионерскиот дом и по можност аплицирање до некој од фондовите на ЕУ или некоја друга фондација за обезбедување на средства за надградба, со што ќе се обезбедат подобри услови за сместување, за дружење и на низа на активности, се разбира досегашните само ќе се надоградат, а се со една цел подобрување на условите и побезгрижен пензионерски живот на сите пробиштипјани.

ТРЕТО ДОБА

ГОДИНА ИСПОЛНЕТА СО АКТИВНОСТИ,ПЛАНИРАЊАТА ЗА НАРЕДНАТА УШТЕ ПОГОЛЕМИ

Општински информатор − 16

Page 17: Opstinski informator 33

Со изложба на фотографии, произлезени од фото конкурсот „Пробиштип фото 2013“ на 6 декември во холот на Домот на култура „Злетовски рудар“ се одбележа државниот празник „Свети Климент Охридски“.На изложбата имаше фотографии кои конкурираа на повикот од страна на општината на слободна тема , но од годинава и на зададена тема - „Мојата улица - моето маало“. Победија фотографиите со наслов возобновување, пролет и Цвет на слободна тема, а на темата „Мојата улица - моето маало“ победија фотографиите Злетово, Виножито 2 и Паркот во Пробиштип. Честитки до нашите сограѓани Стефанија Иванова - III место, Александра Јанева II место и Бранка

Спасовска - I место (слободна тема). Честитки и до Јован Спасовски III место, Нина Миновска - II место и Злате Анчов - I место (зададена тема). Градоначалникот Тоневски им се заблагодари на сите учесници, а им честита на наградените доделувајќи им диплома за освоено место и награда, вредносни ваучери. Изложбата на фотографии десетина дена ќе биде истакната во холот на Домот на културата, со што сите граѓани ќе имаат можност да ја видат, а потоа ќе прошета низ општините во регионот за да можат пошироко граѓаните од регионот да ги видат убавините на општина Пробиштип и креативноста на вљубениците на добрата фотографија.

Р.И.

Општински информатор − 17

СО ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ ОД КОНКУРСОТ „ПРОБИШТИП ФОТО 2013“ ОПШТИНА ПРОБИШТИП ГО

ОДБЕЛЕЖА 8 ДЕКЕМВРИ - „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Page 18: Opstinski informator 33

На 3 јануари, на местото викано Жгури, на самата граница помеѓу општините Пробиштип и Кратово и годинава се собраа голем број на посетители во слава и чест на Божиќ да ги запалат бадникарските огнови и да наберат бадникови гранчиња, кои ќе бидат составен дел на бадниковата трпеза во нивните домови. Од минатата година, кон оваа убава традиција која ја негува општина Пробиштип се приклучи и општина Кратово заеднички да направат вовед во празниците што следат, но и да се дружат. Овој убав ден започна во ресторанот „Кај Чомбе“, каде што со години наназад се собираат претставници од бизнис секторот, на кои им се дели погача со паричка, а на оној на кого ќе му се падне паричката е кум на манифестацијата и наредната година е покровител на настанот. Оваа година паричката му падна на Красимир Богатиновски, сопственик на познатата сендвичара „5 - ка“ и на ресторанот „Фортуна“. Среќниот добитник првите честитки ги доби од Градоначалникот , кој му подари златник со Исусовото раѓање. Не изостанаа

честитките и од минатогодишниот кум Горан Стоилковски, кој заедно со општина Кратово беа главни покровители на оваа убава манифестација. Од таму славењето продолжи на „Жгури“, каде повеќе стотици пробиштипјани и кратовци насобрани околу посната трпеза и бадникарските огнови го чекаа осветувањето на погачите, кои беа поделени помеѓу присутните, а оваа година најсреќен беше токму градоначалникот Тони Тоневски, кој доби сребреник со Исусовото раѓање. И годинава паричката е во раце на пробиштипјани, а на кратовчани им посакуваме повеќе среќа во наредната година. Забележително беше што годинава имаше најмногу посетители, кои што освен што се насладуваа на посната трпеза, на греаната ракија, на црвеното вино туку и заиграа и запеаа и така со весела мисла и позитивна атмосфера направија вовед во нашиот најголем христијански празник. Нека е за многу години!

Р.И.

Општински информатор − 18

КРАСИМИР БОГАТИНОВСКИПРЕТСТАВНИК ОД БИЗНИС СЕКТОРОТ И ТОНИ ТОНЕВСКИ, АКТУЕЛНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК, СЕ НОВИТЕ БАДНИКАРСКИ КУМОВИ

Page 19: Opstinski informator 33

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТОНЕВСКИВО ПОСЕТА НА ПРВИТЕ НОВОРОДЕНИ ДЕЦА ВО НОВАТА 2014 ГОДИНА

НАЦИОНАЛНИОТ ОДБОЈКАРСКИ ТИМ НА ПРИПРЕМИ ВО ПРОБИШТИП

Градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тоневски ги посети првите дечиња родени во Новата 2014 година.Во општина Пробиштип првото родено бебе во 2014 година е машко дете, инаку трето дете на семејството Ташевски а второто родено бебе е од Злетово и е женско, а инаку е петто дете на семејството Петровски.За локална самоуправа многу важен приоритет е зголемување на наталитетот во општината и од таа причина, новина од оваа година е посетата на градоначалникот Тоневски на првородените дечиња во Пробиштип и Злетово и дарување на паричен ваучер, знак на внимание со што сака и на родителите и на сите граѓани од општината да им посака среќа, а на новородените да им посака убава и успешна иднина.

Пробиштип располага со солидна спортска инфраструктура. Тоа го потврдуваме со самиот факт дека во Пробиштип има четири и во Злетово една спортска сала, голем број на отворени спортски терени ширум градот и предградијата, а терените надополнети со солидните угостителски објекти, убавото сместување, вкусната храна, климатските услови, спа центарот, аква паркот и сите содржини што ги нуди овој воден парк за во летниот период претставуваат извонредна можност за тренинзи и подготовки на спортските екипи, но и на националните тимови. Токму од тие причини, националниот тим во одбојка во месец декември своите припреми во подготовките за настапот во третата фаза од квалификациите за СП 2014 во Полска, од 3 до 5 јануари 2014 во Ниш, ги направи токму тука, во Пробиштип. На општо задоволство на љубителите на одбојката во спортската сала

„Софија Петрова“ се одигра контролен двомеч со бугарскиот суперлигаш Габрово. И во двата натпревара македонскиот национален тим беше подобар од гостите, а присутните уживаа во убавата одбојка.Со самото тоа што репрезентативците беа презадоволни од она што го добија како пакет на понуда во делот на престојот во Пробиштип говори за тоа дека овој град има што да понуди, не само на спортистите, туку и на сите оние кои што го сакаат алтернативниот туризам. Има капацитет, има содржина, има убава природа и идеални услови за убав одмор, а за тоа колку сме спортски град, зборуваат сите оние спортисти кои што се произлезени од скоро сите спортски дисциплини што ги имаме во градот, а многумина од нив ги бранат боите на нашите национални тимови.

Општински информатор − 19

:

Приходите кои сте ги оствариле во земјата и во странство, во изминатата 2013 година, пријавете ги во вашата Годишна даночна пријава:✓ награди, бонуси и други надоместоци на плата✓ кирии✓ авторски права и права од индустриска сопственост✓ повремено вршење на услуги (договор на дело)✓ дивиденди, учество во добивката и камати по заеми дадени на физички и правни лица✓ игри на среќа и наградни игри✓ капитални добивки од продажба на учество во капитал и недвижен имот

Годишната даночна пријава (ПДД-ГДП) можете да ја преземете преку веб страницата или на шалтерите на УЈП. Доколку сте регистриран корисник на е-Даноци, поднесете ја пријавата електронски преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/

ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ДО 15 МАРТ!

Автори на цртежот: Фани Ангелеска, Сара Божиноска и Драгана Прешеска - СОУ „Наум Наумоски Борче“ Крушево

Page 20: Opstinski informator 33

19 јануари, ден Водици, голем верски празник за припадниците на христијанската вероисповест, ден кога се крстат водите и кога завршуваат некрстените денови. И годинава во Злетово во раните утрински часови, а во Пробиштип во 11 часот беа осветени водите со фрлање на светиот крст. За светиот крст во Злетовска река се фрлија дванаесетмина злетовчани, секој со надеж дека токму тој ќе биде среќникот кој ќе го фати крстот и на кого цела 2014 година ќе му биде среќна, а ќе донесе среќа и на неговото семејство. Најсреќен од сите беше Тоше Ангелов, кој некриејќи ја среќата беше убеден дека токму оваа 2014 година ќе му биде многу среќна. Во Пробиштип вообичаено околу базенот во Аква паркот тој ден се собира неколку илјадна публика во очекување на чинот на осветување на водата и фрлање на светиот крст и по него скокање од голем број на пробиштипјани во длабочините на базенот со надеж дека ќе го фатат и секако дека ќе им донесе среќа, радост, спокој во нивните домови. Од дваесет и троицата кои што скокнаа по крстот најсреќен

беше младиот седумнаесетгодишен пробиштипјанец Иван Анастасовски кој очекува среќниот крст да му донесе многу убавини во оваа година.И годинава Општина Пробиштип на сите капачи им дари по една крпа со вез од настанот, а на најсреќните градоначалникот Тоневски им дари по еден златник. Од име на Советот, претседателот Давитков им дари по еден акумулатор, дар од фабриката за акумулаторти Таб - Мак, а од црквата исто така добија пригодни подароци. Како што се обичаите среќните фаќачи на крстот една недела по настанот ги посетуваат сите домови, со што им ги благословуваат нивните семејства, а пак домаќините го бакнуваат крстот и го даруваат со пари.Се надеваме дека оваа 2014 година на сите пробиштипјани ќе им биде убава година, пред се полна со здравје, со среќа и со успех и на фаќачите на светиот крст, но и на сите наши сограѓани.Исус се јави! За многу години денот!

ТОШЕ АНГЕЛОВ ВО ЗЛЕТОВОИ ИВАН АНАСТАСОВСКИ ВО ПРОБИШТИП

ГО ФАТИЈА СРЕЌНИОТ КРСТ