16
ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР СЕПТЕМВРИ 2015 / БРОЈ 37 / БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК ПРОБИШТИП ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР www.probistip.gov.mk | [email protected] | facebook.com/probistip

Opstinski informator 37

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Пробиштип, општински информатор бр.37 (Септември 2015) Municipality of Probistip, Municipal newsletter no. 37 (September 2015)

Citation preview

ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОРСЕПТЕМВРИ 2015 / БРОЈ 37 / БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК

ПРОБИШТИПОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОРwww.probistip.gov.mk | [email protected] | facebook.com/probistip

2 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

содржина3

ГРАДСКИОТ ПАРК ДОБИ УШТЕ ЕДЕН СПОРТСКИ ТЕРЕН

5ОД АКТИВНОСТИТЕ

НА ОПШТИНАТА

7ОСВЕТУВАЊЕ НА НОВАТА

КРСТИЛНИЦА

8-9PROBISTIP SUMMER FESTIVAL 2015

10-1160 ГОДИНИ

ОПШТИНА ПРОБИШТИП

14ЛЕСНОВСКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА

15ТРАДИЦИОНАЛНИ СПОРТСКИ

ТУРНИРИ

Издавач:Општина Пробиштип

За издавачот:Тони Тоневски

Главен уредник:Радослав Илиевски

Графички дизајн:Мише Милановски

Печати:ЕВРОПА 92 Кочани

[email protected]

facebook.com/probistip

ВоведникПочитувани сограѓани,После еден извесен период, повторно се огласуваме со нов општински

информатор, 37 по ред, во кој ќе Ве информираме за активностите кои ги имавме во изминатиот период. Ќе можете да прочитате за инфраструктурните зафати кои ги имавме, се во тек или ќе се реализираат. Пробиштипскиот „Summer festival“, кој се одржа на крајот на месец јули, а кој полека станува препознатлив белег на општина Пробиштип. Одбележавме и неколку празника, а имавме и голем број на спортски случувања. Во овој период се осветија новоизградената црква во село Ратавица и новата крстилница при црквата Успение на пресвета Богородица во Пробиштип. Градскиот плоштад доби спомен обележје на светецот Гаврил Лесновски. Се одржа и 24та по ред Лесновска ликовна колонија, која собра уметници од Македонија, Бугарија и Србија, а кои оставија триесетина дела, како траен белег на произлезеното од престојот во убавото Лесново.

Годинава општина Пробиштип одбележува голем јубилеј - 60 години општина Пробиштип, во чија чест издадовме монографија на општина Пробиштип, а која го опфаќа периодот 2005 - 2015.

Се надеваме дека ќе Ве заинтересираме и дека ќе ве информираме за нашите активности, за што впрочем и имаме обврска, а секако се надеваме дека сите понудени содржини ќе ви се допаднат, зошто и тоа ни е целта, да работиме и да ги решаваме проблемите на локално ниво, но и да ви понудиме културно забавни активности, за посреќни и позадоволни сограѓани.

Со почит. Тони Тоневски

ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 3

До повеќенаменското игралиште во градскиот парк изникна уште еден спортски терен, двојно тениско игралиште. Агенцијата за млади и спорт во рамки на проектот на Владата за изградба на 120 тениски игралишта, во соработка со Општина Пробиштип го изградија ова двојно тениско игралиште. Тениските игралишта се изградени по стандардите на Светската тениска федерација со сертифицирана акрилна подлога и со рефлектори за игра во вечерните часови. Оградени се со транспарентна челична ограда. Цена на

Ставен е потпис на договорот за новата инвестиција во Пробиштип вредна 15 милиони евра. Компанијата „Краунфилд Фаундри“, која е со доминантен руски капитал, ќе гради леарница во која е предвидено да работат 280 луѓе. Производството треба да стартува за една година. „Ние разгледувавме повеќе локации во Европа, во прв ред на Балканот и Источна Европа. Сметаме дека Македонија е најсоодветното место за водење бизнис, пред сè како резултат на европската локација, лесниот и брз пристап до пазарите во Европа и во Русија, привлечната бизнис – клима, конкурентните трошоци, квалификуваната работна сила и поддршката од Владата“, изјави Дариус Џуба, главен извршен директор на компанијата. Инвеститорот најави модерени автоматизиран капацитет што ќе работи по високи еколошки стандарди, по теркот на фабрикте во Германија, Франција и Полска. Леарницата ќе ја проектира и гради холандската фирма „Гемко“, специјализирана за вакви капацитети, а веќе е поднесена и студијата влијанието врз животната средина. „Оваа инвестиција за Пробиштип и за околината ќе значи зголемување на вработеноста, вложување во човечки капитал преку обуки и трансфер на знаење,

чинење на игралиштето е 10.000.000,00 денари. Општина Пробиштип партерно ќе го уредува просторот со изградба на патеки од бекатон плочки, скали, потпорни ѕидови и трибини. Заедно со двете повеќенаменски игралишта и детското игралиште овој простор доби нова содржина, а градскиот парк убав лик. Во секој случај вљубениците на овој спорт добија соодветен терен за играње.

Р.И.

зголемен извоз, а ќе го поттикне и домашното стопанство преку преку мрежата на локални добавувачи“, нагласи Бил Павлески, министер за привлекување странски инвестици. Паралелно со изградбата ќе одат и вработувањата. Се бараат високообразовани, квалификувани кадри, а во план се и нови вложувања. „Инвеститорот најави и можност и од дополнителни вложувања во нова производна линија во следните 4 до 5 години, што ќе значи и нови вработувања. Отворањето нови работни места е наша основна цел и затоа продолжуваме да работиме во насока во најскоро време да имаме и други компании кои ќе го следат примерот на Краунфилд Фаундри“, изјави премиерот Никола Груевски. Општинските власти сметаат дека новата инвестиција ќе го реши горливиот проблем во регионот. „Со оваа инвестиција ќе го запреме трендот на миграција на младите и квалитетни кадри од овој регион“, рече градоначалникот на Пробиштип Тони Тоневски. Властите велат дека со производството од новата леарница за железо и алуминиум ќе се зајакне имиџот на Македонија како дестинација за компаниите од автомобилската индустрија, кои соработуваат со „Краунфилд Фаундри“.

ГРАДСКИОТ ПАРК ВО ПРОБИШТИП ДОБИ УШТЕ ЕДЕН СПОРТСКИ ТЕРЕН

ПОСЛЕ 35 ГОДИНИ ВО ПРОБИШТИПНОВА ПОГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА

4 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

Оваа година за прв пат општините имаат право да аплицираат со уште еден проект за добивање на средства до Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој преку ценрите за развој на планските региони. Општина Пробиштип до Центарот за развој на Источниот плански регион поднесе предлог проект за реконструкција на мост во село Ратавица-село Бунеш. Мостот кој се предвидува да се реконструира со овој проект

Програмата за зачувување на природата во Македонија, поддржана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), објави повик за доставување на предлог проекти од страна на општините од Брегалнички регион во

Општина Пробиштип учествува во изработка на стратегија за развој на туризамот во Источен плански регион со акционен план 2015-2020 заедно со сите општини кои спаѓаат во овој регион. Стратегија се изработува врз основа

Почнувајќи од 7ми Октомври општина Пробиштип ќе започне со одржување на 6 буџетски форумски сесии на кои преку директи средби со граѓаните од општината заеднички, преку транспарентен процес ќе се донесува буџетот на општината за 2016 година. Граѓаните ќе можат преку дирекни дискусии со Градоначалникот и вработените во општинската администрација да даваат свои предлози и коментари, да гласаат и да ги рангираат приоритетните

е клучен дел од локалниот пат кој ги поврзува овие две населени места со останатите населени места вклучително и со градот Пробиштип. Поради обилните врнежи од дожд кои ги имавме во изминатите неколку години дојде до оштетување на мостот а со тоа се предизвика и отежнато одвивање на сообраќајот по истиот.

Вредноста на овој проект е 3.240.000 денари.

висина од 700.000 денари. Општина Пробиштип аплицираше со проект за замена на прозорци во детската градинка ,,Гоце Делчев”. Реализацијата на овој проект се очекува да започне во текот на летото.

на претходно изработената студија за развој на туризмот која се изготвуваше во изминатите неколку месеци. Стратегија ќе вклучува Проекти значајни за развој на туризмот во состав на регионот кој што ке се реализираат во следните 10 години.

проекти за општината. Право на учество имаат сите граѓани на оптината, НВО, здуженија на граѓани, политички партии, бизнис заедница итн. Сите форумски сесии ќе бидат од отворен карактер, а право на глас ќе имаат граѓани кои присуствувале на најмалку 3 форумски сесии. Ги покануваме сите заинтересирани за повеќе информации да се обратат во Одд. за ЛЕР и заштита на животната средина.

и со кој жителите ќе добијат поквалитетна вода за пиење. Вредноста на овој проект е 3.600.000 денари.

Третата проектна апликација се однесува на уредување на излетничкото место Лесново. Со проектот е предвидено да се изградат нови летниковци, да се постави ново енергетски ефикасно осветлување, изградба на јавни тоалети и слично. Вредноста на проектот е 3.000.000 денари

Сите три проекти од страна на агенцијата беа одобрени и

наскоро општина Пробиштип ќе започне со реализација на истите.

До Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој, Општина Пробиштип аплицираше со три проекти. Првиот проект се однесува на реконструкција на градскиот парк во центарот на градот. Со новиот проект е предвидено комплетна реконструкција на партерно уредување, изградба на фонтани, поставување на урбана опрема и поставување на нови енергетско ефикасни светилки. Вредноста на овој проект изнесува 19.000.000 денари. Вториот проект се однесува на изградба на нов водовод во село Ратавица, со кој ќе се реши долгогодишниот проблем на жителите на село Ратавица со водоснабдувањето

ОПШТИНА ПРОБИШТИП ДОБИ ТРИ ПРОЕКТИ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА МОСТОТ НА ПАТОТ ОД с. РАТАВИЦА КОН с. БУНЕШ

ПРОЕКТ ,,ЗАМЕНА НА ПРОЗОРЦИ ВО ДЕТСКА ГРАДИНКА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ДДЕ ПРОБИШТИП”

СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

БУЏЕТСКИ ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 5

ОД АКТИВНОСТИ НА ОПШТИНАТА

ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОГРАДА НА ДВЕТЕ ПОВЕЌЕНАМЕНСКИ ИГРАЛИШТАВО ЗЛЕТОВО И ВО НАСЕЛБА КАРПОШ

ИЗГРАДБА НА ТРИБИНИ И ПРИСТАПНИ ПАТЕКИ ОКОЛУ НОВОТО ТЕНИСКО ИГРАЛИШТЕВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО ПРОБИШТИП

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. „ДИМИТАР ВЛАХОВ“

6 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

Пензионерскиот дом во Пробиштип, односно домот за живеење на корисниците на пензија, кој во 2001 година беше предаден на Фондот на ПИОМ, пред извесен период повторно е во владение на Здружението на старосни пензионери во Пробиштип. Раководството на Здружението на старосни пензионери од Пробиштип на чело со претседателот Груица Манасијев, последните неколку години интензивно работеа на тоа да ја обезбедат сета потребна документација за сопственоста на домот и од ПИОМ да го повратат во владение на здружението од

Пробиштип. Претстедателот Манасијевски, особено го истакна залагањето на членот од тесното раководство на здружението Иле Петров, кој мошне посветено работеше на случајот и истиот успешно го заврши. Пред еден извесен период успеаа во тоа. Пензионерскиот дом е таму каде што припаѓа, на Здружението на старосни пензионери од Пробиштип. На 18 мај беше потпишана спогодба со Фондот за ПИОМ, со која и офоцијално Пензионерскиот дом во Пробиштип е во владение на Здружението на старосни пензионери од Пробиштип.

Р.И.

ПЕНЗИОНЕРСКИОТ ДОМ ВРАТЕН ТАМУ КАДЕ ШТО ПРИПАЃАНА ПЕНЗИОНЕРИТЕ

ВО ТЕК Е ИЗГРАДБА НАУЛИЦА „ОСОГОВСКА“

ИЗГРАДБА НА ЈАВНА ЧЕШМАВО СЕЛО ДРЕВЕНО И ВО СЕЛО ПУЗДЕРЦИ

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦА „11 ОКТОМВРИ“

АСФАЛТИРАЊЕ НА ПОВЕЌЕ УЛИЦИ ВО ЗЛЕТОВО

КРПЕЊЕ НА УДАРНИ ДУПКИ ВО ПРОБИШТИП

ЧИСТЕЊЕ НА РЕЧНИТЕ КОРИТА

ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 7

ВО ЦРКВАТА УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА СЕ ОСВЕТИ ДОЛГООЧЕКУВАНАТА НОВОИЗГРАДЕНА КРСТИЛНИЦА

На 7 јуни, 1 – ва недела по педесетница на Сите Светии, 3 – то наоѓање на главата на св. Јован Крстител, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Кумановско – осоговски г. Јосиф, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тетовско - гостиварски г. Јосиф и Надлежниот епархиски Архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од МПЦ – ОА, по повод 70 годишниот Јубилеј од одржувањето на Првиот Црковен – народен собор во месец Март 1945 г. во Скопје, го освети новоизградениот параклис,

посветен на „Св. Климент Охридски “, во Пробиштип. На чинот на осветување присуствуваа голем број на верници, меѓу кои беше и првиот човек во општината, градоначалникот Тони Тоневски, пратеникот во Собранието на РМ, Емил Димитриев, познатиот бизнисмен Чедо Петров и други локални функционери. Со изградбата на параклис, пробиштипјани добија една соодветна просторија, каде ќе можат да ги крстат своите дечиња, чин кој се спроведуваше во работните простории на црквата. Нека е за многу години.

Р.И.

Општина Пробиштип втора година по ред се вклучи во програмата Општинско–корисна работа со која на невработените лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд им се нуди можност за социјална вклученост преку работно ангажирање со скратено работно време а се со цел стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазар на труд. Успешно реализраниот проект од минатата година е мотив на општина Пробиштип да продолжи со грижата на старите и изнемоштени лица од руралните и урбаните средини со можност за вклучување и на лицата со оштетен вид, корисници на додаток за слепило и мобилност, корисниците на услугите во дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост, лицата корисници на посебен додаток и децата со посебни потреби. Во рамки на програмата ангажирани се десет лица од категоријата на самохрани родители, родители на три или повеќе деца, млади лица со 29 години со ниски квалификации, млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку шест и дванаесет месеци. Овие лица вршат четири часовна работа и тоа пет лица се ангажирани како негуватели за помош грижа и опслужување на старите, изнемоштени лица и лица со оштетен вид, три лица се ангажирани во руралните

подрачја Добрево, Древено и Злетово и се со место на живеење во руралните места каде и се ангажирани и две лица се од градското подрачје и се ангажирани за крајните корисници од градското подрачје. Ангажираните лица негуватели опслужуваат вкупно 50 лица и тоа 43 стари изнемоштени лица и 7 лица со оштетен вид од кои 2 лица се од Древено, 2 од Злетово, 1 лице од Добрево и 2 лица со оштетен вид од градското подрачје. Две лица се ангажирани за физиотерапевтски и медицински услуги кај лицата со телесен инвалидитет, медицинска сестра и физиотерапевт и тројца дефектолози од кои еден од нив е ангажиран како мобилен дефектолог кој врши индивидуална работа во домашни услови преку воспитно едукативни содржини, еден дефектолог е ангажиран во дневниот центар за лица со телесна и ментална попреченост и еден дефектолог е ангажиран во детската градинка и тоа два дена работи со деца во РЕ„Цветови“, еден ден во РЕ„Срничка“, еден ден во РЕ„Изворче“ Злетово и еден ден во Центар за ран детски развој во с.Ратавица.

Програмата Општинско корисна работа 2015 година е финансиски поддржан од УНДП и е со временски рок од шест месеци.

А.К.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП ПО ВТОР ПАТ Е ОПФАТЕНА ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ОПШТЕСТВЕНО КОРИСНА РАБОТА

8 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

На 24 и 25 јули на платото на градскиот пазар, по втор пат се одржа „Probistip summer festival 2015“. Општина Пробиштип и годинава ја организираше оваа манифестација, која побуди голем интерес. Годинава учесници беа угостителските објекти „Кај Чомбе“, „Сент Никол“, „Тим 2015“, „Аква парк“, „Нимакс фуд“, „Тин“ДООЕЛ и „Проби груп“ Злетово. Генерален спонзор на настанот е „Слајон Комерц“. Спонзор на настанот беше и фабриката за акумулатори „ТАБ Мак“. Настанот е во рамки на „Топол културен бран“ , проект на Министерството за култура. И годинава организаторите се потрудија да ги задоволат сите вкусови и од таа причина на фестивалот присуствуваа луѓе од сите генерации. Два вечера и еден ден се пиеше пиво, се јадеше добра скара и секако се слушаше одлична музика. На

централно поставената бина во двата дена продефилираа Трио Гранде, Анета Наковска, ДНК, Contru DJ, DJ Cobe, Боеми, Само Тони и две жени, Sarah Mace, DJ Mats & DJ Marga Sol. Водител на настанот беше еден од најпопуларните актери во Македонија, Сашко Коцев, кој остави најдобар впечаток кај посетителите и кој му даде посебен шмек на настанот.И годинава настанот привлече огромен број на посетители, претежно од Пробиштип, но ги имаше и од регионот и пошироко. Се изеде преку 1 тон скара и се испи околу 2 тона пиво. Најбитно е што и годинава сите беа задоволни, од организаторот, преку учесниците угостители до артистите кои што земаа учество. Пробиштипјани наздравје и довидување до наредната година.

Р.И.

„PROBISTIP SUMMER FESTIVAL“ ПО ВТОР ПАТПРОБИШТИПЈАНИ СЕ РАЗЛАДУВАА ОД ПЕКОЛНО

ЖЕШКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ СО ЛАДНО ПИВО,ДОБРА СКАРА И ОДЛИЧНА МУЗИКА

ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 9

10 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

СО НИЗА НА МАНИФЕСТАЦИИ И НАСТАНИОПШТИНА ПРОБИШТИП ГО ОДБЕЛЕЖА ГОЛЕМИОТ ЈУБИЛЕЈ

По повод 60 години од формирањето на општината, Општина Пробиштип со низа на спортски и културни настани го одбележа големиот јубилеј. Во рамки на неделата на спортот и културата, а по повод 28 Август, Денот на рударите во Република Македонија, верскиот празник, Успение на пресвета Богородица, која е заштитничка на Пробиштип и по повод денот на Пробиштип, се одржаа низа на спортски и културни настани. Традиционалните турнири во одбојка, кошарка и мал фудбал беа надополнети со тенискиот турнир, кој за прв пат се одржа на новоизграденото, типско двојно тениско игралиште во градскиот парк. По повод празникот Советот на општина Пробиштип одржа свечена седница, на која свое обраќање имаше градоначалникот Тоневски, а на најуспешните ученици и на нивните ментори им беа доделени благодарници и вредносни ваучери. По повод

големиот јубилеј на свечената седница беше промовирана Монографијата „60 години општина Пробиштип“ на авторот Раде Илиевски, а со техничка обработка на Мише Милановски, која го опфаќа периодот 2005 - 2015, како што беше истакнато еден од позначајните периоди во развојот на општина Пробиштип. На 28 август, прво со свечена литургија во цркавата Успение на пресвета Богородица, за потоа на градскиот плоштад беше осветено новопоставеното спомен обележје на светецот Гаврил Лесновски, дар на семејството на Чедо Петров, наш познат бизнисмен, а кое беше изработено од вредните раце на нашиот сограѓанин Дејан Јованов. Одбележувањето на празникот на крајот кулминираше со големиот концерт на Калиопи, која на градскиот плоштад собра повеќеилјадна публика, а присутните уживаа во изведбата на македонската дива.

Р.И.

ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 11

12 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

ЗАПОЧНА НОВАТА УЧЕБНА 2015/2016 ГОДИНА

Во сите училишта во општина Пробиштип училишното ѕвонче во 7 часот и 30 минути го означи започнувањето на новата учебна 2015/2016 година.

Годинава во училишните клупи седнаа вкупно 1489 ученика, од кои во основните 1 109, а во средното училиште 380 ученика.

Во ООУ „Браќа Миладиновци“ се запишани вкупно 705 ученика, а во прво одделение започнаа 87 ученика.

Во ООУ „Никола Карев“ започнаа со настава вкупно 404 ученика, од кои 46 првачиња.

Во СОУ „Н.Н. Борче“ учебната 2015/2016 година ја започнаа 380 ученика, од кои во прва година 86.

За разлика од основните училишта каде бројот на ученици

е континуирано ист, во средното училиште за разлика од минатата година има намалување од 22 ученика или една цела паралелка.

Што се однесува до Детската градинка „Гоце Делчев“ и таму новата учебна година навремено започна во сите три објекти во општината. Градинката ја посетуваат вкупно 382 дечиња од кои во објектот „Цветови“ има 162, во „Срничка“ 147 и во „Изворче“ во Злетово 64 и во с. Ратавица во рамки на ран детски развој 9 дечиња.

Радува тоа што има значителен пораст на дечиња во градинката, особено во Пробиштип, додека во Злетово има благо намалување.

Р.И.

ЕЛЕНА МИТКОВСКА, УЧЕНИКОТ НА ГЕНЕРАЦИЈА ВО СОУ „Н.Н. БОРЧЕ“ Е НОВИОТ ДОБИТНИК НА СТИПЕНДИЈА ОД ОПШТИНА ПРОБИШТИП

Општина Пробиштип од минатата година започна со доделување на стипендија на најистакнати ученици, односно ученикот на генерација од СОУ „Н.Н. Борче“ добива стипендија, како награда и сатисфакција на трудот кој го вложил во неговото образование, но кој по оцена на наставниот кадар од училиштето се издвојуви и се истакнува во однос на другите соученици. Минатата година за учебната 2014/2015 година беше Марио Тачевски, а годинава тоа е ученичката Елена Митковска, кои во период од 9 месеци ќе добиваат стипендија во износ од 2.000,00 денари. На овој начин Општина Пробиштип сака да ги мотивира учениците за да постигнат подобри резултати, со што нема само да бидат во трка за освојување на стипендија, туку ќе вложат и во нивна лична надградба на знаење, што ќе им послужи за понатамошното студирање, но и во текот на целиот живот.

Р.И.

ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 13

ОПШТИНА ПРОБИШТИП ГО ОДБЕЛЕЖА 2 АВГУСТ

Со турнир во кошарка во предвечерието на нашиот најголем празник „Илинден“, започна одбележувањето на 2 Август. Утредента на спомен обележјето на паднатите борци, кое се наоѓа во центарот на Злетово, делегации од Советот на општина Пробиштип, од Локалната самоуправа, Продолжувачите на делото на борците од НОБ и од политичките партии, положија свежо цвеќе и им се поклонија на паднатите борци за слобода на Македонија. Пред спомен плочата беше прочитан реферат за значај на

празникот, а од ПУ „Кирил и Методиј“ имаше и соодветна програма. Пред присутните се обрати Ранко Давитков, претседател на Советот на општина Пробиштип, а се обрати и претставник од продолжувачите на делото на борците од НОБ. Во вечерните часови пред голем број на посетители беше одиграно финалето од турнирот во мал фудбал „Васил Миленов“, а прославата на празникот заврши со концерт на фолк ѕвездата Анета Наковска.

Р.И.

По повод 8 Септември, денот на независноста на Република Македонија и Ден на ослободувањето на Пробиштип, а во чест на големиот јубилеј „60 години општина Пробиштип“ на повеќенаменското игралиште во центарот на градот се одржа концерт на КУД „Весели пензионери“ и

малите од КУД „Злетовски рудар“ од Пробиштип и КУД „Владо Тасевски“ од Скопје. Ова беше меѓугенерациско надигрување на општо задоволство на присутните. Настанот беше и во рамки на „Топлиот културен бран“, проект на Министерството за култура, во соработка со Општина Пробиштип.

Р.И.

8 СЕПТЕМВРИ, ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА РМ И ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ПРОБИШТИП ОДБЕЛЕЖАН СО КОНЦЕРТ НА КУЛТУРНО УМЕТНИЧИ ДРУШТВА

14 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

ВО ЛЕСНОВО СЕ ОДРЖА 24 ТА ПО РЕДЛЕСНОВСКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА

Малку со задоцнување од вообичаениот термин, месецот јули, кога се одржува ликовната колонија, во Лесново се одржа 24-та по ред Меѓународна лесновска ликовна колонија. И годинава имаше интерес за учество во колонијата иако се реализираше во период кога веќе сите се работно ангажирани, сепак дванаесет уметника најдоа и време и волја да бидат дел од колонијата и да поминат едно убаво време во преубавото, древно Лесново. Имаше уметници од Македонија, Бугарија и Србија, а истите твореа на слободна тема и секој воден од сопствената инспирација направија по неколку дела. За поздрав е што дел од колонијата беа и неколку вљубеници на ликовната уметност од Пробиштип, кои не се професионалци, но имаат голем талент.

Реномираниот наш македонски уметник Тони Чатлевски, кој дојде со група на уметници од Прилеп, неколку дена неуморно сликаа исполнети со позитивна енергија која ја дава ова наше древно место на надморска височина од 1000 метри. Резултат од престојот и творењето на уметниците се триесетината ликовни дела, кои остануваат во Домот на култура „Злетовски рудар“ Пробиштип, кои ќе бидат траен белег за успешно реализираната, 24 по ред Лесновска ликовна колонија. Изложба на делата од овагодишната ликовна колонија ќе се одржи по повод 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба, во аулата на Домот на култура „Злетовски рудар“ Пробиштип.

Р.И.

ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 15

ТРАДИЦИОНАЛНО , СПОРТСКИТЕ ТУРНИРИ ВО ПРОБИШТИП ПРОСЛЕДЕНИ СО ГОЛЕМА ПУБЛИКА

И годинава во знак на одбележување на 28 Август, спортските турнири во рамки на неделата на спортот и културата предизвикаа огромен интерес кај пробиштипјани. Турнирот во мал фудбал секоја вечер на повеќенаменското игралиште собираа илјадна публика, а додека пак турнирите во одбојка и кошарка беа пропратени со голем интерес. Оваа година особено интересен беше турнирот во тенис, кој се одигра на новоизграденото двојно тениско игралиште во градскиот парк, каде за прв пат пробиштипјани добија

соодветен терен за играње на тенис. На турнирите продефилираа голем број на спортисти кои се натпреваруваа за вредните награди кои ги обезбеди Општина Пробиштип. Со награди се закитија најдобрите. Победник на турнирот во мал фудбал беше екипата „Лавови“ од Крива Паланка. Во баскет најуспешна беше екипата„Воденица 3“ од Крива Паланка, кај мажите и екипата „Пантич тим“ - жени. Во тенис победник на турнирот е Никола Максимовски. Одбојка „Тин волеј“ оод Пробиштип, жени и „Велес“ од Велес, мажи.

Р.И.

16 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

www.probistip.gov.mk | [email protected] | facebook.com/probistip

На 3 мај во ден недела, во с. Ратавица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брагалнички г.Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, ја освети новоизградената црква посветена на Св.Троица во с.Ратавица,и отслужи Света Архиерејска Литургија.

Храмот е изграден со посебно залагање на г.Иларион, бидејќи е прва црква во с.Ратавица и со голема помош на братството од Лесновскиот манастир, а секако со најголема помош во изградбата од православните жители од селото Ратавица.

Изградбата е започната во средината на 2010 лето Господово, во изградбата учествуваа со парична помош жителите на селото, општина Пробоштип и повеќе приватни фирми од општината и пошироко.

На чинот на осветувањето присуствуваа многубтојни гости меѓу кои и градоначалникот на општина Пробиштип г. Тони Тоневски, претседателот на советот г. Ранко Давитков и други јавни личности.

На крајот г.Иларион се заблагодари на сите што помогнаа да се изгради оваа црква, а посебна благодарност изрази до жителите на Ратавица што помогнаа во изградбата на овој првослано-христијански храм во с.Ратавица.

За сите присутни на осветувањето беше организирана заедничка трпеза од страна на Советот на Mесната заедница, и сите жители на Ратавица.

Конечно православните мештани од село Ратавица од овој ден ќе имаат свој храм каде ќе ги вршат верските обреди.

А.А.

ОСВЕТУВАЊЕ НА ЦРКВА ВО с. РАТАВИЦА