94

oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на
Page 2: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на
Page 3: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на
Page 4: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на
Page 5: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на
Page 6: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на
Page 7: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на
Page 8: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на
Page 9: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Самоевалуација на ООУ „Браќа Миладиновци“,

Општина „ Аеродром “ – Скопје

Област 1. Организација и реализација настава и учење

Индикатори 1.1 Реализација на наставните планови и програми -Теми: -примена на наставните планови и програми -информирање на родителите и учениците за наставните планови и програми -прилагодување на наставните програми на деца со посебни образовни потреби -избор на наставни предмети -реализација на проширени програми 1.2 Квалитет на наставните планови и програми -Теми: - Родова и етничка рамноправност и муликултурна сензитивност во НП и учебните помагала - интегрирање на карактеристиките и потребите на локалната средина во НП и наставвните помагала -интегрирање на општите ( меѓупредметните) цели на образованието -влијание на наставниците и родителите врз НПП 1.3 Воннаставни активности

-Теми: -обем и разновидност на планираните и реализирани воннаставни активности -опфатеност на учениците со воннаставните активности -вклученост на учениците во изборот и планирањето на работата во воннаставните активности -афирмирање на учениците и на училиштето преку воннаставни активности

Page 10: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

1.4 Планирања на наставниците Теми: -подршка и следење на планирањата на наставниците -индивидуални планирања на наставниците -размена на искуства и информации при планирањето -распоред на часови 1.5 Наставен процес Теми: -наставни форми и методи -избор на задачи ,активности и ресурси -интеракција меѓу наставниците и учениците -приодот на наставникот кон учениците -следење на наставниот процес 1.6 Искуства на учениците од учењето Теми: -средина за учење -атмосфера за учење -потикнување на учениците за превземање одговорност -интеракција на учениците меѓу себе и со возрасните во училиштето 1.7 Задоволување на потребите на учениците Теми: -идентификување на образовните потреби на учениците -почитување на различните потреби на учениците во наставата 1.8 Оценувањето како дел од наставата Теми: -училишна политика за оценување -методи и форми на оценување -користење на информации од оценувањето во наставата

Page 11: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

1.1. Реализација на наставните планови и програми

Примена на наставните планови и програми

Извори на податоци * Наставни планови и програми од БРО * Годишни – тематски планирања на наставниците * Педагошка евиденција и документација * Интервју со стручна служба

Училиштето целосно ги реализира наставните планови и програми одобрени од МОН и БРО. Наставниците ги изработуваат сите годишни, тематски и дневни подготовки за предметите од наставата. Исто така, планираат и реализираат часови со примена на ИКТ, МИО и ЕКО содржини. Сите изготвени програми се во согласност со БРО и се доставуваат до Стручната служба на училиштето.

Информираност на родителите и учениците за НПП

Извори на податоци * Записници од родителски средби

Родителите и учениците на почетокот на учебната година се запознаваат со наставните планови и програми преку веб страната на БРО и училиштето. На почетокот на учебната година се одржуваат родителски состаноци на кои наставниците подетално ги известуваат родителите за наставните планови и програми. Исто така, родителите ги имаат на увид наставните планови и програми по предмети и подрачја коишто се истакнати во училниците, како и индикаторите за оценување. Сите овие податоци се наведени и на официјалната веб страна на училиштето www.oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk

Прилагодување на НП на децата со ПП

Извори на податоци * Записници од наставнички

За учениците кои имаат потешкотии во учењето, наставните содржини се прилагодуваат според нивните способности и при тоа се применува диференцирани пристап на работа.

Page 12: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

совети на училиштето и активите * Годишни – тематски планирања на наставниците * Педагошка евиденција и документација

Избор на наставни предмети

Извори на податоци * Записници од наставнички совети на училиштето и активите * Годишна програма на училиштето * Дневници на паралелките

Во училиштето се имплементира ИБ меѓународна програма за одделенска (ППУО) и предметна настава. Заради потребите на програмата, во нашето училиште сите предмети кои се изучуваат се редовни, се огранизираат активности за реализација на еколошки проекти и точки на акции од воспоставените еко-стандарди.

Реализација на проширени програми

Извори на податоци * Годишна програма на училиштето

Во училиштето постои реализација на проширена програма за учениците. Тие се згрижуваат во училиштето по наставата во периодот од 15:30 до 17:00 часот, воедно и се интегрираат еколошки содржини од еколошката програма во годишната програма за работа на училиштето.

1.2.Квалитет на наставните планови и програми

Родова и етничка рамноправност и муликултурна сензитивност во НП и учебните помагала

Page 13: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Извори на податоци * Годишни – тематски планирања на наставниците * Педагошка евиденција и документација * Записници од наставнички совети на училиштето и активите * Анкети за родители и ученици

Со цел да се обезбеди квалитет на наставните планови и програми при нивно изготвување се внимава да постои интгеграција меѓу предметите (МИО) и интегрирање на флексибилни содржини со мултикултурна сензитивност. Планирањето и реализацијата на наставните планови и програми ја следи раководниот орган и педагошката служба. Воедно, да се обезбеди квалитетно реализирање на наставните планови и програми се реализираат посети на часови, размена на искуства, како и следење на педагошката документација и размена на искуства преку средбите со стручниот актив (колаборативни состаноци). При интервјуата и анкетите во самоевалуација се дискутираше за активностите кои придонесуваат за јакнење на свеста на учениците за припадност во мултикултурно општество, за постоењето на родова и етничка рамноправност, вклучување на родителите со нивното стручно образование (професија) за реализирање на одредени теми Во анкетирањето беа вклучени две групи на учесници – родители и учници. При тоа, опфатени беа следниве анкетни прашања (со достапни примероци на анкети): -Училиштето има активности во наставните програми за јакнење на свеста на учениците за припадност во мултикултурно општество -Училиштето во соработка со локалната средина овозможува поквалитетно и целосно реализирање на наставните програми -Учениците се поттикнуваат на родова и етничка рамноправност преку организирање на едукативни и креативни работилници -Родителите со нивното стручно образование (професија) се вклучени во наставата и придонесуваат за успешна реаизација на одредени теми Резимирано, од реализираните анкетни листови за ученици и родители како и интервјуата со родители можеме да заклучиме дека поголем процент (99%) сметаат дека училиштето применува активности за развивање на мултикултурната сензитивност во наставните планови и програми.

Интегрирање на карактеристиките и потребите на локалната средина во НП и наставвните помагала

Page 14: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Извори на податоци * Анкети за родители и ученици * Записници од реализирани активности

Постои родова и етничка рамноправност во наставните програми, постои соработка со локалната средина за поквалитетно и целосно реализирање на наставните програми како и дека родителите со нивното стручно образование (професија) се вклучени во наставата и придонесуваат за успешна реализација на одредени теми .

Интегрирање на општите ( меѓупредметните) цели на образованието

Извори на податоци * Анкети за родители и ученици * Интервју со наставници и координатори

Со цел да се обезбеди квалитет на наставните планови и програми при нивно изготвување се внимава да постои интгеграција меѓу предметите и интегрирање на флексибилни содржини со мултикултурна сензитивност. Поради имплементирање на меѓународната ИБ програма, наставниците интегрираат предметни цели од различни предмети за кои што изготвуваат и посебни планери.

Влијание на наставниците и родителите врз НПП

Извори на податоци * Записници од родителски средби

Во училиштето наставниците, учениците и родителите ги разгледуваат наставните планови и програми и еколошката содржина . НПП се донесуваат од страна на БРО и МОН.

1.3.Воннаставни активности

Обем и разновидност на планираните и реализирани воннаставни активности

Page 15: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Извори на податоци * Анкети со ученици и родители * Дневници на паралелки

Училиштето планира и реализира разновидни воннаставни активности што ги одразува потребите и интересите на учениците и истовремено допринесуваат за нивниот личен и социјален развој. Воннаставните активности се однапред испланирани и се наведени во годишната програма за работа на училиштето. Според Законот за основно образование, секој наставник е должен да планира и реализира воннаставни активности во текот на учебната година. Истото се применува во нашето училиште, а показатели за тоа се планирањата за воннаставни активности, реализираните активности и извештаите од истите. Во училиштето беше спроведна анкета меѓу учениците и родителите и се добија следните резултати: 79% од родителите се согласуваат дека се запознаени со воннаставните активности на училиштето, 4% не се согласуват а 17% се изјасниле дека не знаат. Дел од воннаставните активности во училиштето: Еко акција „Садница плус“, еко модна ревија, априлијада, осмомартовски базар „Тортијада“, фестивал на здрава храна, презентација на реализирана проектна активност во Музеј на Македонија на тема „Ткаеното килимче“, гостување во МТВ1 во училишната емисија „Голем одмор“, редавање од вработени во СВР Скопје-одд. за превенција во сообраќајот на тема „Безбедност, почитување на сообраќајните правила и прописи“........

Опфатеност на учениците со воннаставните активности

Извори на податоци * Анкети со ученици и родители

Учениците се вклучуваат во воннаставните активности по сопствен избор.

Вклученост на учениците во изборот и планирањето на работата во воннаставните активности

Извори на податоци * Анкети со ученици и родители

Учениците имаат улога во изготвувањето на програмите за работа на воннаставните активности. 87% од родителите и учениците сметаат дека треба да бидат вклучени во планирањето на воннаставните активности, 4% не се согласуваат а 9% се изјасниле дена не знаат.

Page 16: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Афирмирање на учениците и на училиштето преку воннаставни активности

Извори на податоци * Анкети со ученици и родители

87% од родителите и учениците се согласуваат дека воннаставните активности го зголемуваат успехот на ученикот и на тој начин се афирмираат и самите ученици, 4% не се согласуваат а 9% се изјасниле дека не знаат.

1.4. Планирање на наставниците

Подршка и следење на планирањата на наставниците

Извори на податоци * Годишни, тематски планирања * Дневна подготовка * Записници од состаноците на стручните активи * Годишна програма за работа * Годишен извештај за работа на

Во училиштето има пропишани приоди за планирање и утврдени процедури за поддршка и следење на планирањето на наставата од страна на директорот, стручната служба и лица назначени од стручните органи. Од анкетните прашалници заклучивме дека најмалку два пати во едно полугодие се следат планирањата на наставниците од директорот и од стручната служба.

Page 17: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

училиштето * Евидентни листови * Инструменти за следење на планирањата на наставниците * Разговор со Директор, стручна служба, наставници

Индивидуални планирања на наставниците

Извори на податоци * Годишни, тематски планирања * Дневна подготовка * Записници од состаноците на стручните активи * Годишна програма за работа * Годишен извештај за работа на училиштето * Евидентни листови * Инструменти за следење на планирањата на наставниците 8. Разговор со директор, стручна служба, наставници

Сите наставници имаат изготвени тематски и дневни планери кои ги содржат сите неопходни елементи за успешна организација и реализација на часовите. Планирањата на наставниците содржат јасни насоки што се очекува учениците да научат (кои се очекуваните исходи од учењето). Исто така, целите на наставата, очекуваните исходи од учењето и начинот на оценување се јасно утврдени во планирањето, а наставниот кадар ги користи информациите од оценувањето за да ги идентификува потребите на учениците и да ги планира следните чекори во учењето. Активностите, вклучувајќи ги и домашните задачи, се така планирани за ефективно да се искористи времето и на наставниците и на учениците. Според спроведената анкета констатирано е дека задачите што се работат во училиште или дома се добро испланирани со учениците за време на часовите (96,67%). Училиштето применува законски усогласени критериуми за оценување на учениците (98,33%).

Размена на искуства и информации при планирањето

Извори на податоци * Годишни, тематски планирања

Наставниците планираат во рамките на стручните активи и разменуваат искуства и идеи за планирањето преку примена и на ИКТ како и регионална соработка со други училишта,

Page 18: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

* Дневна подготовка * Записници од состаноците на стручните активи * Годишна програма за работа * Годишен извештај за работа на училиштето * Евидентни листови * Инструменти за следење на планирањата на наставниците * Разговор со директор, стручна служба, наставници

консултирање со експерти, користење меѓународни искуства и друго. Според спроведената анкета констатирано е дека наставниците се однесуваат со учениците на начин кој промовира взаемно почитување, помош, соработка и разбирање (98,33%) и притоа ги идентификуваат образовните потреби на учениците преку разговор со ученици и со ученичка заедница (98,33%). Учениците заедно работат на различни проекти, во и надвор од наставата како што се ЕКО проекти, базари, посета на родител-предавач, институции (98,33%).

Распоред на часови

Извори на податоци * Годишни, тематски планирања * Дневна подготовка * Записници од состаноците на стручните активи * Годишна програма за работа * Годишен извештај за работа на училиштето * Евидентни листови *Инструменти за следење на планирањата на наставниците * Разговор со директор, стручна служба, наставници

Распоредот на часови го прави одговорен наставник според просторните и кадровските можности на училиштето (85%).

1.5 Наставен процес

Наставни форми и методи

Извори на податоци

Во наставниот процес во нашето училиште ООУ ,,Браќа Миладиновци,, - Скопје ,се користат разновидни наставни форми и методи (вклучувајќи и употреба на ИКТ во

Page 19: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

* Разговор со наставници * Увид во ученички досиеја * Програма за работа и извештаи на ученичката заедница

наставата) кои соодвествуваат на потребите на учениците и нивните стилови на учење. За таа цел, наставниците користат соодветни методи за работа со учениците: индивидуална работа , во мали групи , како и со целото одделение. Реализацијата на ИКТ програмата е во тек на целата учебна година , а истата се евидентира во годишните програми и во одделенскиот дневник.

Избор на задачи ,активности и ресурси

Извори на податоци

1. * Анкета за родители 2. * Разговор со ученичката

заедница 3. * Разговор со родители,

наставници 4. * Увид во ученички досиеја

Задачите што се работат во училиште или дома се исто така добро испланирани , поврзани со работата на учениците за време на часовите.

Интеракција меѓу наставниците и учениците

Извори на податоци

1. * Анкета за родители 2. * Увид во ученички досиеја 3. * Програма за работа и

извештаи на ученичката заедница

Се користат различни методи на интеракција со учениците што се во насока на промовирање на учењето и градење на довербата меѓу наставниците и учениците. Учениците се поттикнуваат активно да учествуваат во наставата и нивниот придонес се цени. Интеракција меѓу наставниците и учениците во реализација на еколошки проекти и точки на акции од воспоставените еко-стандарди се планира на стручните активи и се реализира преку целата учебна година .

Приодот на наставникот кон учениците

Извори на податоци

1. * Анкета за родители 2. * Увид во ученички досиеја 3. * Увид во евиденцијата на

Наставниците користат позитивни приоди да ги мотивираат учениците ,ги охрабруваат самостојно да мислат, да поставуваат прашања, ги вклучуваат во оценувањето преку самооценување, меѓусебно оценување, водење портфолија ...давајќи им редовни повратни информации за нивната работа.Ги вреднуваат на повеќе начини, преку наставни листови,

Page 20: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

стручната служба повратна информација, тестови...

Следење на наставниот процес

Извори на податоци

1. * Анкета за родители 2. * Увид во евиденцијата на

стручната служба 3. * Разговор со наставници 4. * Програма за работа

Училиштето има пропишана интерна процедура за следење на наставниот процес. Истата редовно се применува , а секој наставник се посетува на час најмалку два пати во полугодие од страна на директорот или стручна служба. За таа цел, постои пракса на размена на искуства преку следење на работата од колеги од стручниот актив. Наодите од истото се користат за подобрување на наставниот процес.

1.6 Искуства на учениците од учењето

Средина за учење

Page 21: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Извори на податоци

1. * Анкета за родители 2. * Разговор со ученичка

заедница 3. * Родители 4. * Наставници

Повеќето трудови и проекти (цртежи, изработки) на учениците се изложуваат на видни и соодветни места (во училиште и училница). Истите се во доменот на наставата како и надвор од неа (ЕКО проекти , базари , посета на родител – предавач , институции).

Атмосфера за учење

Извори на податоци

1. * Увид во ученички досиеја 2. * Увид во евиденција на

стручната служба 3. * Програма за работа и

извештаи на ученичката заедница

Наставниците користат позитивни приоди да ги мотивираат учениците ,ги охрабруваат самостојно да мислат, да поставуваат прашања, ги вклучуваат во оценувањето преку самооценување, меѓусебно оценување, водење портфолија ...давајќи им редовни повратни информации за нивната работа. Сите ученици учествуваат во активностите за време на часот.

Поттикнување на учениците за превземање одговорност

Извори на податоци

1. * Увид во ученички досиеја 2. * Програма за работа и

извештаи на ученичката заедница

3. * Разговор со ученици, наставници

Учениците се поттикнуваат активно да учествуваат во наставата и нивниот придонес се цени, на начин кој промовира взаемно почитување, помош, соработка и разбирање. Наставниците користат позитивни приоди да ги мотивираат учениците , ги охрабруваат самостојно да мислат, да поставуваат прашања, ги вклучуваат во оценувањето преку самооценување, меѓусебно оценување, водење портфолија , давајќи им редовни повратни информации за нивната работа. Поттикнување на учениците за преземање одговорност во реализацијата на еколошките проекти и точки на акции од воспоставените еко-стандарди е преку организирани еко акции од МОН и локалната средина, на кои училиштето активно учествува.

Интеракција на учениците меѓу себе и со возрасните во

Page 22: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

училиштето

Извори на податоци

1. * Анкета за родители 2. * Увид во ученички досиеја 3. * Увид во евиденција на

стручната служба 4. * Разговор со ученици,

наставници

Ученицитe сметаат дека училиштето , низ организирани форми, поттикнува, охрабрува, мотивира и остварува соработка меѓу учениците и возрасните во училиштето. Доколку се појават пречки во процесот на учење кај учениците , се превземаат мерки за нивно отсранување (дополнителна настава, разговор со наставник, разговор со стручна служба) се со цел да ги мотивираат учениците да го постигнат својот максимум. До истите заклучоци дојдовме од истражувањата кои ги поведовме во нашето училиште , во кои беа опфатени наставници, ученици и родители( по 60 испитаници). Од анкетниот прашалник во кои беа вклучени и родителите, ги добивме следниве резултати: Родители Табеларен приказ

ДА 90.00%

НЕ 10.00%

Графички приказ

1.7 Задоволување на потребите на учениците

Идентификување на образовните потреби на

Page 23: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

учениците

Извори на податоци

1. * Анкета за ученици; 2. * Увид во ученички досиеја; 3. * Увид во евиденцијата на

стручната служба; 4. * Програма за работа и

извештаи на ученичката заедница

Наставниците заедно со стручната служба добро ги познаваат воспитно образовните потреби на секој ученик. Исто така ги идентификуваат пречките во процесот на учењето кај учениците и систематски се преземаат низа активности за намалување и комплетно отстранување на истите.

Почитување на различните потреби на учениците во наставата

Извори на податоци * Разговор со ученичката заедница, родителите,наставниците;

Најголем број од наставниците во процесот на поучување користат различни техники со цел да се даде можност на учениците со различни стилови на учење да научат најмногу што можат. Во оценувањето се користат различни техники со што ги мотивираат учениците да учат и да го постигнат својот максимум. Обезбедување и одржување на здрава и чиста животна средина за работа и учење на учениците е севкупна грижа на училиштето и е на високо и завидно ниво.

1.8 Оценувањето како дел од наставата

Училишна политика за оценување

Извори на податоци

1. * Програма за работа на училиштето;

2. * Правилник за оценување и напредување на ученици;

3. * Интерен правилник за оценување;

Училиштето има дефинирана политика за оценување во која основна цел е да го поддржи учењето на секој ученик. Во училиштето целосно се применуваат законските прописи кои го регулираат оценувањето на учениците. Учениците и родителите се запознати со стандардите и кодексот на оценување. Сите наставниците користат најразлични инструменти, стратегии и методи за оценување ( формативно и сумативно) при што континуирано се следи напредокот и успехот на учениците.

Page 24: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

4. * Увид во педагошка евиденција и документација;

Методи и форми на оценување

Извори на податоци

1. * Користени инструменти за оценување (тестови на знаење, листи за проверка, бодовни листи);

2. * Примери на оценети ученички трудови;

Оценувањето се прави и со самооценување или меѓусебно оценување. Учениците се вклучуваат во оценувањето кое е транспарентно. Таквиот начин на оценување е поттик кај учениците за натамошен напредок и подобрување на сопствените знаења.За постигнатиот успех учениците секогаш добиваат повратна информација од наставниците. Наставниците добиените резултати од оценувањето ги користат како информации за евалуирање и понатамошно планирање и спроведување на наставата.

Користење на информации од оценувањето во наставата

Извори на податоци

1. * Записници од стручни активи, наставнички совет;

2. * Анкети/Интервјуа со ученици и наставници;

3. * Анкети/Интервјуа со родители; 4. * Евиденција на наставници за

остварени средби и соработка со родители;

5. *Интерни акти/кодекси на училиштето;

6. *Инструмент за следење и вреднување на работата на наставникот за оценувањето на напредокот на учениците

Анкетниот лист беше спроведен кај вкупно 60 ученици од предметна настава и притоа се добиени следниве резултати: 100% од испитаниците истакнуваат дека со НПП се запознати од страна на наставниците во текот на наставата. 92% од испитаниците се согласуваат дека може да влијаат врз начинот на реализација на НПП и 8,% не се согласувват со тоа тврдење. 100% од учениците се согласуваат дека секој ученик има можност да изложен труд. По однос на мотивирање на учениците за самостојно мислење, поставување прашања и изведувања заклучоци за наученото 93 % од испитаниците се изјасниле позитивно, а 7 % не се согласуваат. 88 % од испитаниците се согласуваат дека заеднички работат во и надвор од наставата и 12 % дека не работат на тој начин. 66 % од учениците сметаат дека училиштето низ организирани форми поттикнува, мотивира и остварува соработка меѓу учениците и возрасните во училиштето, додека 34 % не се согласуваат. По анализирањето на добиените резултати може да се дојде до заклучок дека најголем процент од учениците се задоволни од средината за учење и соработката со наставниците.

Page 25: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

По однос на интеракцијата наставник-ученик-родител учениците во интервјуто имаа можност да се изјаснат и при тоа се добиени следните повратни информации: 94 % се изјаснија дека соработуваат меѓу себе и разменуваат мислења со своите соученици и 6 % не се согласуваат. 88 % се изјасниле дека родителите се запознати со начинот на работа преку своите деца и 12% не се согласуваат .

Page 26: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на
Page 27: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Јаки страни

❖ Во нашето училиште ,,Браќа Миладиновци“ - Скопје има пропишани приоди за следење на планирањето на наставата од страна на директор , стручната служба и / или лица назначени од стручните органи

❖ Сите наставници имаат изготвено годишни и тематски планирања и дневни подготовки кои ги содржат сите неопходни елементи за успешна организација и реализација на часот

❖ Во ООУ ,,Браќа Миладиновци“ - Скопје се користат разновидни форми и методи на работа во наставата (вклучувајќи и ИКТ)

❖ Наставниците ги вреднуваат тековните постигања на учениците преку тестови, наставни листови повратна информација и слично

❖ Наставниците користат различни техники за оценување со цел да ги мотивираат учениците да го постигнат својот максимум

Слаби страни

❖ Одреден процент од учениците имаат потреба од поголема мотивираност и поголема

соработка помеѓу самите ученици како и возрасните во и вон училиштето.

Приоритети ❖ Да се зголеми заинтересираноста кај одреден број родители за наставниот процес,

наставниот кадар , стручната служба и интеракцијата наставник-ученик-родител во интерес на ученикот.

Тим за подрачје 1

1. Зорица Вучиниќ 2. Катерина Миревска 3. Елена Маневска 4. Синиша Богоевски 5. Лидија Денковска 6. Евгенија Главинова 7. Катерина Ѓорѓиевска – родител

Област 2. Постигања на учениците

Индикатори 2.1 Постигања на учениците

Page 28: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Тема * Следење на постигања на учениците од различен пол,етничка припадност ( и јазикот на наставата ) по наставни предмети и по квалификациони периоди. * Подобрување на постигањатигањата на учениците од различен пол, етничка припадност ( и јазикот на наставата ) * Идентификација на учениците со тшкотии во учењето, на надарените ученици и учениците со посебни образовни потреби * Подобрување на постигањата на ученицит прку редовната, дополнителната/додатната настава * Следење на постигањата при премин од еден во друг циклус и од едно во друго ниво на образование 2.2 Задржување, осипување на учениците Тема * Опфат на учениците * Редовност во наставата * Осипување на учениците * Премин на учениците од едно училиште во дуго 2.3 Повторување на учениците Тема * Ученици што не ја завршуваат годината 2.4 Известување за напредокот на учениците Тема * Известување на родители за напредокот на учениците 2.5 Советодавна помош за понатамошно образование на учениците Тема * Пружање помош при избор на занимањето/институцијата за понатамошно образование, доусовршување или вработување * Грижа за ученици со емоционални потешкотии 2.6 Следење на напредокот Тема * Водење евиденција за индивидуалниот напредок на учениците * Анализа на напредокот на учениците по паралелки

Page 29: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

2.7 Промовирање на постигањата Тема * Промовирање на личните постигања на учениците * Промовирање на постигањата во име на училиштето

2.1 Постигања на учениците

Следење на постигања на учениците од различен пол,етничка припадност ( и јазикот на наставата ) по наставни предмети и по квалификациони периоди.

Извори на податоци * Одделенски дневници * Записници од одделенски и наставнички совети * Ученичко досие * Еидентни листови * Полугодишни и годишни извештаи * Евиденција од стручна служба

Во текот на учебната година се следат и анализираат постигањата на учениците на ниво на паралки, по пол и етничка припадност . За успехот родителите се известуваат преку елктронски дневник, индивидуални и родителски средби .Постигнатиот успех за учебната 2015-2016година е прикажан во табела успех по пол на ниво на училиште учебна 2015-2016година

Вкупно оценети 235 м ж

Одлични 204 ученици 109-53% 95-47%

мн.добри 16 ученици 12-75% 4-25%

добри 7 ученици 4-57% 3-43%

доволни 4 ученици 2-50% 2-50%

неоценети 4 ученици 3-75% 1-25%

Вкупно 130 105

Од анализата за постигнат успех според пол на ниво на училиште од вкупно 235 оценети ученици добиени се следните резултати . Одличен успех повисоки резултати имаат постигнато учениците од машки пол и тоа 109-53% учениците и 95-47% ученици од женски пол .Во однос на постигнат многу добар успех подобри резултати имаат учениците од машки пол и тоа 12-75% и 4-25% ученици од

Page 30: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

женскиот пол. Подобар добар успех постигнале од машки пол 4-57% а женскиот пол 3-43% Изедначени се постигањата помеѓу половите кај постигнат доволен успех. Што се однесува до неоценети ученици, поголем е бројот кај машкиот пол 3-75% во однос на женскиот пол1-25%. Од прегледот се констатира дека учениците од машки пол во однос на женскиот пол имаат постигнато повисоки резултати ( одлични, многу добри, добри ) но значително е поголем бројот на неоценети ученици од машки пол. успех по пол на ниво на училиште учебна 2016-2017година

Вкупно оценети 253 м ж

Одлични 222 ученици 117-53% 105-47%

мн.добри 17 ученици 13-76% 4-24%

добри 8 ученици 4-50% 4-50%

доволни 1 ученици 1-100%

неоценети 5 ученици 4-80% 1-20%

Вкупно 138 115

Од анализата за постигнат успех според пол за учебна 2016-2017година на ниво на училиште за вкупно 248 оценети ученици добиени се скоро идентични резултати како од учбната 2015-2016година. Единствена промена има во постигнат уепех доволен, каде предходната учебна година имало четири ученици, а оваа учебна година само еден ученик .

одлични ученици 2015/2016 год. машки

одлични ученици 2015/2016 год. женски

одлични ученици 2016/2017 год. машки

одлични ученици 2016/2017 год. женски

Успех по пол и националност во учебната 2015-2016година

Page 31: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Македонци 211-90%

Роми – 14-6%

Турци - 3 -1%

Срби 2 -0.85

Останати 5-2%

235 м ж м ж м ж м ж м ж

одли. 106-55% 88-45%

2-100%

1-100%

2-100%

1-100%

4-100%

мн.до 11-79% 3-21% 1-

50% 1-

50%

добри 2-100% 2-

40% 3-

60%

довол. 1-100%

1-33%

2-67%

неоце 3-

75% 1-

25%

Од вкупно 235 ученици , 211 ученици се Македонци од кои, одличен успех постигнале 106-55% од машки пол наспроти 88-45% од женски , во однос на многу добар успех подобри се учениците од машки пол 11-79% наспроти ученици од женски пол 3-21%. Добар и доволен успех имаат само учениците од машки пол. Од 14-6% од вкупниот број оценети ученици Роми , со одличн успех нема ниеден ученик, во однос на постигнат многу добар успех подеднакво се застапени од машки и женски пол Добар успех имаат 3-60% ученици од женски пол, како и во однос на доволен подобри се учениците од женски пол 2-67% , но многу поголем е бројот на неоценети ученици од машки пол 3-75%. Учениците Турци, Срби и останати од двата пола се одлични. Неоценети ученици се од ромска националност , а поголемиот број се машки . Успех по пол и националност во учебната 2016-2017година

Македонци 236-93% Роми 3-1%

Турци 3-1% Срби 3-1%

Останати 2-1%

253 м ж м ж м ж м ж м ж

одли. 111-55% 103-45%

1-100%

3-100%

1-33%

2-67%

1-33% 2-67%

Page 32: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

мн.до 13-79% 5-21%

добри 4-100% 1-100%

довол 1-100%

неоце 4-80% 1-20%

Од вкупно 253 оцнети учници ученици во учбната 2016-2017година , како и во предходните табели добиените резултати, односно успех по пол и националност незначително се променил во однос на предходната учебна година .Кај Македонци позитивно е што оваа учебна година нема доволни ученици. Промена е што оваа учебна година и од учниците Роми има учник со одличен успех но и понатаму поголем е бројот на неоценети ученици Роми од машки пол 4-80%. Учениците Турци, Срби и останати од двата пола се одлични. Во однос на постигањата на учениците по наставни предмети во текот на годината се прават прегледи за секоја паралелка по секој наставен предмет и тоа на крај од првото полугодие и крај на учебната година.

2015-2016год. 2016-2017год.

Највисок Најнизок Највисок Најнизок

1-во полугодие

Работа со компју.

4,93

Германски јазик 3,95

Техничко обра. 4,94

Географија 4,21

Крај на учeебна година

Физичко обр. 4,95

Хемија 4.51

Техничко обра. 4,99

Математика 4,61

* Во учебната 2015/2016година од 4 до 9одд. на крај од учебната година највисок среден успех е по предметот ФЗО 4,95, а најнизок е по предметот хемија 4,51 * Во учебната 2016/2017година од 4 до 9одд. на крај од учебната година највисок среден успех е по предметот Техничко образование 4,99, а најнизок е по предметот математика 4,61. Од извештаите се гледа дека успехот по сите наставни предмети е подобрен во

Page 33: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

споредба со успехот од предходната учебна година, а тоа се должи на редовно следење на постигањата на учениците,разговори,истражувања,ученички трудови и разни активности.

Подобрување на постигањата на учениците од различен пол, етничка припадност ( и јазикот на наставата )

Извори на податоци * Одделенски дневници * Записници од одделенски и наставнички совети * Ученичко досие * Еидентни листови * Полугодишни и годишни извештаи * Евиденција од стручна служба *Освоени дипломи на општински, регионални и републички натправари

Во училиштето не се прави разлика помеѓу учениците во однос на пол и етничка припадност. Сите ученици учествуваат во реализација на наставната програма и доколку имаат потреба има можност да го подобрат сопственото знаење преку индивидуална помош од страна на наставниците, учество на слободни и вонучилишни активности, дополнитлна и додатна настава .

Идентификација на учениците со тшкотии во учењето, на надарените ученици и учениците со посебни образовни потреби

Извори на податоци * Евиденција на стручната служба * Евиденција на наставниците од одделенска и предметна настава

Учениците со посебни образовни потреби уште при запишување во прво одделение се евидентираат и од родителите се бара да достават наод и мислење од специјлизирани институции. За секој ученик со поп по секој наставен предмет индивидуално се изработува долгорочен и краткорочен план во кој се дефинирани целите и начинот на работа со учениците. За учениците кај кои во текот на образованието се пројавуват потешкотиите во

Page 34: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

учењето најчесто укажувањата се од наставниците, родителите како и промените во успехот и поведенито. Во соработка со наставниците се изготвуваат програми за индивидуален пристап при реализација на наставните содржини. За учениците од 2-9одд. на почеток од учебната година , стручна служба спроведува анкета во која наставниот кадар се произнесува за надарени ученици по соодветниот наставен предмет. Доколку се регистрира надарен ученик ќе се изготви посебен образовен план кој ќе се реализира во тек на целата учебна година .Сите ученици се вклучени во реализација на еколошката програма.

Подобрување на постигањата на ученицит прeку редовната, дополнителната/додатната настава

Извори на податоци * Одделенски дневници * Полугодишни и годишни извештаи, * Учество на натпревари и освоени награди * Анкета за родители и ученици

За подобрување на постигањата на учениците , наставниците применуваат истражувања, активни методи на работа во групи, тимска работа, изведбени активности, разговори, дебати, презентацији, демонстрации , употреба на ИКТ како и нови сознанија добиени од посета на семинари и обуки. Со тоа часовите се организирани, комуникацијата е поголема и не се прави разлика според пол и националност, со исклучок при одредени спортски натпревари помеѓу машки и женски екипи. За одредени наставни содржини кои не се доволно усвоени се организира дополнителна настава. Дополнителната настава им помага на учениците полесно да го совладаат натавниот материјал. Наставниците ги задоволат потребите за учење на сите ученици. Со овие тврдења се согласуваат 83% од анкетираните ученици, 13% не се согласуваат а 4% се изјасниле дека не се запознаени. Родителите се запознаени со дополнителната настава и дополнителната настава му помага на ученикот да го совлада наставниот материјал кој не е доволно усвоен, се согласуваат 74% од анкетираните родители, 13% не се согласуваат а 13% се изјасниле дека не се запознаени Додатна настава посетуваат ученици кои имаат потреба од проширување на сопствените знаења, а дел се подготвуваат за учество на натпревари. Наставниците по секој наставен предмет имаат изготвено програма за додатна и дополнителна настава по која работат во тек на цела учебна година..

Page 35: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Соработката на учениците и родителите е на задоволително ниво, а постои и ефективна соработка меѓу раководниот кадар, стручната служба, наставниците и родителите за постигањата на учениците. Со понуденото тврдење не се согласуваат само 5-12% анкетирани родители. Во однос на тврдењата изготвените извештаи и анализи по паралелки се доставуваат на увид по барање на родителите, има позитивни искажувања.

Следење на постигањата при премин од еден во друг циклус и од едно во друго ниво на образование

Извори на податоци * Одделенски дневници од петто и шесто одделение

На крај од прво полугодие во 6-то одделение се изготвува преглед за влијанието на успехот на учениците при премин од одделенска во предметна настава. Се врши споредба на добиените резултати со резултатите од предхоната години и истото се презентира пред наставнички совет.

2015 – 2016 учебна година – 6-то одд. полугодие

2014-2015год.5-тто одд. 5 4 3 2 1 вк

5 32-76

% 10-24 % 42

4 3-75 % 1-25 % 4

3 1-100 % 1

2

1

вк 32 13 2 47

Од 42 одлични ученици во 5-тто одделение, во6-то одделение 32-76% од учениците го задржале одличниот успех , 10-24% го намалиле на многу добар Од вкупно 4 многу добри ученици, 3-75% го задржале успехот, а 1-25% го намалиле на добар Еден добар ученик го здржал успехот и во 6-то одделение

Page 36: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Од вкупно 47 ученици, 36-77% го задржале истиот успех, а 11-23% го намалиле успехот во 6-то одделение Графички приказ на успех во петто и шесто одделение

5-тто одд.

одлични

мн.добри

добри

6-то одд.

одлични

мн.добри

добри

2016 – 2017 учебна година – 6-то одд. полугодие

2015-2016год.5-тто одд 5 4 3 2 1 вк

5 25-

83% 5-17% 30

4 3-60% 2-40% 5

3 1-100% 1

2

1

Вкупно 25 8 3 36

Од 30 одлични ученици во 5-тто одделение, во6-то одделение 25-83% од учениците го задржале одличниот успех , 5-17% го намалиле на многу добар. Од вкупно 5 многу добри ученици, 3-60% го задржале успехот, а 2-40% го намалиле на добар Еден добар ученик го здржал успехот и во 6-то одделение. Од вкупно 36 ученици, 29-81% го задржале истиот успех, а 7-19% го намалиле успехот во 6-то одделение Графички приказ на успех во петто и шесто одделение

Page 37: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

5-тто одд.

одлични

мн.добри

добри

6-то одд.

одлични

мн.добри

добри

2.2 Задржување, осипување на учениците

Опфат на учениците

Извори на податоци * Списоци на деца од реонот на училиштето * Закон за основно образование

Локалната самоуправа навреме доставува списоци за деца кои според реонизација треба да се запишат во нашето училиште. Во месец април преку соопштенија кои се истакнуваат на поголем број објекти кои гравитираат околку училиштето , родителите се информирани од кога ќе започне запишувањето на децата во прво одделение и кои документи треба да се достават во училиште согласно законот за основно образование. Секој родител добива информација за ден и час кога треба да го донесе детето на опсервација. Училиштето ги запишува сите ученици од реонот.

Редовност во наставата

Извори на податоци * Одделенски дневници * Полугодишни и годишни извештаи * Евиденција од стручната служба

Учебна година 2015/16 2016/17

Опис

Одделенска настава

Оправдани 12823 10694 Неоправдани 211 126 Се 13034 10820 Просек по уче. 61 48

Предметна настава

Оправдани 11268 10491 Неоправдани 147 1673 Се 12738 12164 Просек по уче. 78 72

Тотал Оправдани 24091 21185 Неоправдани 1681 1799

Page 38: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Се 25772 22948 Просек по уче. 69 59

2015-2016 учебна година

одделенска настава оправдани

одделенска настава неопрвдани

2016/2017 одделенска оправдани

2016/2017 одделенска неоправдани

2015/2016 предметна оправдани

2015/2016 предметна неоправдани

2016/2017 предметна оправдани

2016/2017 предметна неоправдани

Зголемениот број неоправдани изостаноци во учебната 2016-2017година е резултат на учници кои во првото полугодие не посетуваа редовно настава, а за кои доставна пријави до ДПИ и Меѓуопштински центар за социјални работи.

Осипување на учениците

Извори на податоци * Одделенски дневници * Полугодишни и годишни извештаи

Во учебната 2015-2016 година три ученика се осипани односно ученици кои не посетуваат настава неколку години наназад, за што се поднесени пријави до ДПИ и Меѓуопштински центар за социјални работи. Во учебната 2016-2017 година три ученика се осипани односно ученици кои не посетуваат настава неколку години наназад, за што се поднесени пријави до ДПИ и Меѓуопштински центар за социјални работи.

Премин на учениците од едно училиште во дуго

Page 39: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Извори на податоци * Одделенски дневници * Полугодишни и годишни извештаи * Преглед на дојдени и заминати ученици * Преглед постигнат успех 9-то одд. –средно училиште

При премин на учениците од едно во друго училиште се запазува постапката за уредно водење педагошка евиденција и документација и навремено доставување на информации за успехот кој учениците го постигнале, ова е на високо ниво во однос на основните училишта , што не е случај и со размена на информации со средните училишта. Во учебната 2015-2016 година од нашето училште по основ преселување 24 ученици заминати се во други училишта и други држави , а 6 ученици се дојдени во нашето училиште. Во учебната 2016-2017 година од нашето училште по основ преселување 3 ученика заминале во други училишта и други држави , а 7 ученици се дојдени во нашето училиште. Во однос на информациите во кои средни училишта се запишани учениците, оваа учебна година 2016-2017, е на повисоко ниво во однос на сите предходни. Но и понатаму се јавува проблем во добивање информации со каков успех учениците го продолжиле образованието Стручната службата во повеке наврати електронски има доставено барање до средните училишта но само за 59% уд учениците има повратна информација за постигнат успех на крај од првото полугодие, што претставува проблем за изготвување целчосна анализа на постигнат успех при премин во средно образование.

2.3 Повторување на учениците

Ученици што не ја завршуваат годината

* Педагошка евиденција и документација * Статистички извештаи * Записник од одделнски и наставнички совети

Во учебната 2015-2016 година 4-1,3% од учениците не ја завршиле учебната година и тоа по основ осипани . Во учебната 2016-2017 година 3-0,7% од учениците не ја завршиле учебната година и тоа по основ осипани.

2.4 Известување за напредокот на учениците

Известување на родители за напредокот на учениците

Page 40: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Извори на податоци * Педагошка евиденција и документација

Електронски дневник, овозможува полесно информирање и секојдневна контрола од страна на родителите за постигнувањата и изостаноците на своите деца. Стручната служба редовно изготвува извештаи на тримесечие, полугодиеи и крај на учебна година за постигањата на учениците по паралелки и на ниво на одделение, според податоците добиени од одделенските и класните раководители. Сите информации од анализите се презентираат на Совет на родители и родителски средби.

2.5 Советодавна помош за понатамошно образование на учениците

Пружање помош при избор на занимањето/институцијата за понатамошно образование, доусовршување или вработување

Извори на податоци * Годишна програма за работа на училиштето * Програма за работа на стручната служба * Извештаи од стручна служба * Анкети * Презентации од средни училишта * Посети на средни училишта

Во годишната програма на училиштето и програмите на стручната служба има поголем број активности за професионалниот развој на учениците од 9-то оделение. Истиот се состои од повеќе циклуси во кои преку предавања и дискусии на одделенските часови, стручната служба учениците ги запознавава со кој вид на образование што можат да работат, и каде се можат да го продолжат образовниот степен. Се спроведува анкета од која се добиваат првичните информации за желбата каде би сакале да продолжат, а потоа се спроведува тестирање со примена на тестови на интелигенција и тестови на способност. По сумирање на податоците учениците индивидуално се информираат каде би било пожелно да се запишат врз основа на добиените резултати од анкетите и тестовите. Дополнување на информираноста во кои училишта што се изучува и со кое звање се запознаваат од презентациите на голем број средни училишта.

Грижа за ученици со емоционални потешкотии

Извори на податоци

Во тек на целата учебна година стручната служба во соработка со родителите и

Page 41: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

* Годишна програма за работа на училиштето * Програма за работа на стручната служба * Извештаи од стручна служба * Анкетиза наставниците од одделенска и предметна настава

наставниците води грижа за евентуални емоционални проблеми кај учениците. Наставниците ја информираат стручната служба доколку забележат промени кај учениците. Се врши опсервација на ученикот, се разговара со родителите како би се добиле информации за изворот на емоционалните потешкотии и истото би помогнало до поефективно работење во процесот на надминување на проблемот. Во исклучителни – поспецифични случаи родителот се советува да побара стручна помош од специјалозирани институции.

2.6 Следење на напредокот

Водење евиденција за индивидуалниот напредок на учениците

Извори на податоци * Програма за работа на стручната служба * Дневници на паралелки * Записници од родителски средби * Педагошка евиденција *Пзвештаи за успехот по паралелка * Извештаи од работата на стручните активи * Евидентни листови за успехот на учениците * Свидетелства * Записници од состаноци на Одделенски совет * Записници од состаноци на Наставнички совет * Записници од состаноци на Совет на Родители

Водење на педагошка документација во училиштето е на високо ниво, а истото се констатира од увид на дневникот на паралелка како и од индивидуалните досие кои ги имаат учениците, а се исполнети со изработки од севкупното работење во тековната учебна година. Наставниците постојано ја еведентираат работата на учениците што придонесува до целосен преглед за усвоеноста на наставниот материјал како и на стагнирање или напредок кај учениците. Ова овозможува поголема и поусшешна соработка со родителите и стручната служба, како и навремено превземање на одредени активности за евентуално подобрување и олеснување при усвојување на наставните содржини. Електронски дневник редовно се води и овозможува полесен и секојдневен увид на родителот за постигнатиот успех и редовноста на учениците. Евиденцијата за постигнувањата на учениците им е достапна на наставници, учениците и на нивните родители. Со податоците учениците редовно се запознаваат на одделенскиот час, родителите на индивидуални или на групни родителски средби со одделенскиот раководител и предметните наставници, а писмено преку евидентните листови што ги добиваат по секое тримесечие, полугодие и свидетелство на крајот од учебната година.

Page 42: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

* Извештаи за успех по одделни предмети

Анализа на напредокот на учениците по паралелки

Извори на податоци * Програма за работа на стручната служба * Дневници на паралелки *Извештаи за успехот по паралелка * Извештаи од работата на стручните активи * Видентни листови за успехот на учениците * Свидетелства * Записници од состаноци на Одделенски совет * Записници од состаноци на Наставнички совет * Записници од состаноци на Совет на Родители * Извештаи за успех по одделни предмети

Резултатите од анализите се користат за подобрување на воспитно-образовниот процес. Евиденцијата што се води за напредокот и постигнувањата на учениците, нивната присутност и поведение, се разгледува на Одделенските совети, на Наставничките совети и со родителите на родителските средби и индивидуални средби, како и на состаноци на Советот на родители. За подобрување на резултатите на учениците и наставата, функционираат активите по сродните предмети кои соработуваат, за решавање на одредени проблеми или надминување на слабостите по соодветните предмети, реализирање на дополнителна настава, редовно давање домашна задача. Училиштето во почетокот на секоја година си одредува приоритети, кои ги евидентира во Годишната програма на училиштето (развивање воспитна компонента на образовниот процес, градење партнерство и соработка со родителите на учениците, намалување на бројот на изостаноци на ниво на училиште, поголема соработка на релацијата наставник – ученик – родител). Овие активности се координирани од Директорот на училиштето и стручната служба во училиштето, се со цел постигнување на подобри индивидуални ученички резултати како и за подобрување на резултатите на ниво на училиште.

2.7 Промовирање на постигањата

Промовирање на личните постигања на учениците ипостигањата во име на училиштето

Извори на податоци

Училиштето има изградено систем на вредности и начин на промовирање на личните

Page 43: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

*Годишна програма за работа на училиштето *Изложени трудови на ученици *Паноа со пофалби,награди,медиумско промовирање на постигањата на учениците *Интервју со наставници и стручни соработници, ученици, родители

постигања на сите ученици во рамките на училиштето и во пошироката локална средина. Учениците имаат можности (согласно своите способности и интереси) да ги изразат своите креативни потенцијали во наставата и во воннаставните активности. Училиштето води политика на поттикнување на наставниот кадар и учениците да учествуваат и постигнуваат успех на натпревари на локално, регионално и национално ниво. Наставниот кадар успешно го користи пофалувањето како начин на мотивирање. Училиштето води грижа за постигањата на учениците како и за промовирање на истите преку сите можни електронски мрежи за комуникација ( Web I FB на учиштето, Web страна и елктронски весник на Општина Аеродром) , на родителски средби , изложување на трудовите и освоените наградаи во холот на училиште. Преку подрачјто биодиверзитет Учениците се запознаваат со начините на кои се менуваат живите суштества во животната средина под влијание на природните фактори и човекот.

Јаки страни

❖ Следење на постигањата и напредокот на учениците ❖ Изготвување на индивидуални планови за работа со ученици со поп, потечкотии во

учењето ❖ Изготвување посебни програми за додатна и сополнителна настава ❖ Навремено и редовно известување на родителите за успехот и напредокот на

учениците

Слаби страни ❖ Недоволна соработка со стручните служби од средните училиште за учениците кои се запишани во прва година средно образование како и успехот кој го постигнале

Приоритети ❖ Подобрување на соработката со стручната служба од средните училишта

Изработил подрачје 2

1. Славица Анѓеловска

Област 3. Професионален развој на наставниците, стручните соработници и раководниот кадар

Индикатори 3.1 Наставни средства и материјали Тема * Опременост со стручна литература и наставни средства и помагала * Училишна библиотека * Потрошен материјал

Page 44: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

3.2 Следење на развојните потреби на наставниот кадар Тема * Професионален развој на наставниците

3.1 Наставни средства и материјали

* Опременост со стручна литература и наставни средства и помагала

Извори на податоци * Попис 2015, 2016 г. * Непосреден увид во документацијата на училиштето за набавување на стручна литература и наставни помагала * Разговор со наставниците, стручната служба и директорот * Увид во документацијата за планирани и набавени потрошни материјали * Анкети за наставници и ученици

Училиштето располага со разновидна стручна литература и наставни средства и помагала согласно Нормативите по сите наставни предмети. Според извршената анкета за потребите на училиштето за успешна изработка на самоевалуацијата, во врска со опременост со стручна литература, наставни средства и помагала, 74% од наставниот кадар се изјаси дека училиштето е доволно опремено со стручна литература, 9% од наставниот кадар се изјасни дека училиштето не е доволно опремено со стручна литература, додека 17% од наставниот кадар не ја знае фактичката состојба.Наставниците и учениците знаат кои наставни средства и материјали им се нарасполагање и истите ефективно и ефикасно ги користат во наставата и учењето. Учењето и наставата се збогатенипреку планирано користење на ИКТ во наставата. За таа цел сите кабинети од предметна настава се опремени со компјутери (освен кабинетот по ликовно образование), додека во одделенска настава се користат Linux - лаптопи. Во две училници се поставени и Smart табли. На прашањето “Колку пристапот до интернет ги задоволува вашите потреби за активностите на часот?“ 65% од наставниците одговориле дека пристапот до интенет целосно ги задоволува нивните потреби за активностите на часот, додека 36% од учениците одговориле дека пристапот до интенет делумно ги задоволува нивните потреби за активностите на часот.

Page 45: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Училиштето планира и навремено обезбедува потрошен материјал за потребите на наставниците. Училиштето располага со повеќе видови на електронски апарати као што се: Фотокопир, печатари, Фото апарати, касетофони, DVD, скенер, проектори, ТВ приемници, со што се задоволени потребите за работа во училиштето. Во одделенска и предметна настава училиштето обезбеди за секој актив по еден принтер. Училиштето располага со дополнителни нагледи средства потребни за одржување на наставата по одделни предмети: шестари, линијари, агломери, географски карти, микроскопи, хемиски инструменти и сл. На прашањето “Дали во претходните две учебни години имате добиено нови наставни или нагледни средства и помагала?“ 74% од наставниците одговориле потврдно. Новите набавени наставни средства и помагала се: картички со стрелки, фигури и простор, бројни картички 0 – 100, календар и време, домино картички и работни листови по предметот математика Cambridge за одделенска настава;физички географски карти и постери; лабораториски прибор за предметот хемија, модели за предметот биологија, математички ресурси, збирки со задачи по математика за 7,8 и 9 одделение, за предметот физика: оптичка клупа, динамометри, електроскоп, магнети, кабли за поврзување, прачки за демонстрација на електрицитет, демонстратор на Лоренцово правило и Архимедов закон, демонстратор на II Њутнов закон;историски карти; музички инструменти; орфови инструменти; плутани табли, стиропори, проектори, лап – топ компјутер за групата математика и природни науки, мали звучници, енциклопедии, книги. Училиштето располага со разновидна стручна литература и наставни средства и помагала согласно нормативите по сите наставни предмети од областа на еколошкото образование и заштитата на животната средина.

Page 46: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Училиштето е опремено со стручна литература, наставни средства и помагала од областа на еколошкото образование и заштитата на животната средина.

Училишна библиотека

Извори на податоци * Непосреден увид во документацијата на училиштето за набавување на стручна литература и наставни помагала * Разговор со наставници стручна служба и директор * Увид во библиотечната евиденција * Разговор со одговорните лица * Разговор со учениците * Разговор со наставниците * Анкета со наставници, ученици, одговорни во библиотека *Самоевалуација на училиштето и план за развој на училиштето

Училиштето располага со две библиотеки од кои едната е реновирана во септември 2012 година чиј фонд изнесувал 10 000 книги, а другата е направена и опремена со книжевен фонд во декември 2014 година за потребите на IB во одделенска настава. Од тогаш до мај 2017 година , библиотечниот фонд постојано е во пораст преку разни донации и изнесува 12000 изданија. Училиштето располага со разновидна стручна литература согласно Нормативите по сите наставни предмети. Книжниот фонд содржи стручна литература за наставниот кадар, задолжителни лектири, сликовници, актуелна литература за деца и млади, списанија, речници, атласи, како и најсофистицирани енциклопедии преку кои систематски се развива културата на читањето и претставува голема помош во учењето. Во рамките на библиотеките ангажирани се тројца наставници, кои прописно и уредно ја водат библиотечната евиденција . Двете библиотеки се добро подредени и располагаат со компјутер и пристап до интернет. Работното време на библиотеките е секој работен ден од 07:30 часот до 15:30 часот. Двете библиотеки се целосно инкорпорирани во наставниот процес и претставуваат едно од најомилените и најфреквентните катчиња во училиштето во кои со задоволство учениците и вработените ги реализираат своите програмски задачи од редовната настава, додатната настава и слободните ученички активности. За фондот на книги и друга литература од анкетираните ученици 72% се согласуваат дека има доволно, 15% се изјасниле дека не знаат и 13% мислат дека нема доволно. Во однос на тоа дали работното време ги задоволува потребите на учениците според анкетните листови 52% се изјасниле дека целосно ги задоволува, 38% делумно и 10% се изјасниле дека воопшто не задоволува. Во однос на литература која ја користат наставниците 55% најмногу користат енциклопедии, 50% користат стручна литература, 23% користат прирачници и 7% друго. На прашањето „Што би променил во училишната библиотека за нејзино подобро функционирање?“ од анкетираните библиотекари најчести предлози се: постојано зголемување на фондот на книги, нагледни средства и помагала.

Page 47: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Анкета за наставници Анкета за ученици

Потрошен материјал

Извори на податоци * Непосреден увид во документацијата на училиштето за набавување на стручна литература и наставни помагала * Разговор со наставници стручна служба, директор, техничкиот персонал * Разговор со одговорното лице; Увид во документацијата за планирани и набавени потрошни материјали * Самоевалуација на училиштето и план за развој на училиштето * Непосреден увид во документацијата на училиштето и интерните акти * Увид во интерните акти,

Училиштето континуирано изготвува план за јавни набавки преку кој навремено обезбедува потрошен материјал и ги утврдува потребите на наставниците за наставни средства и помагала, вклучувајќи книги, материјали за практична работа, аудио-визуелна и ИКТ опрема, и континуирано ги обновува за да соодветствуваат на современите наставни текови. Поголемиот дел од наставниот кадар (78,2 %) сметаат дека потрошниот материјал кој го набавува училиштето е доволен за наставниците да ги реализираат наставните и воннаставите активности. Своите потреби во однос на потрошниот материјал ги утврдуваат преку писмена ,усна и електронска форма. Наставниците и учениците знаат кои наставни средства и материјали им се на располагање и истите ефективно и ефикасно ги користат во наставата и во учењето. Анкета за наставници

Page 48: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

полугодишен и годишен извештај, годишна програма, Записници од стручни активи

78%

22%

Дали обезбедените материјали количински се

доволни за да ги реализирате наставите и воннаставните

активности?

ДА НЕ

64%25%

11%

На кој начин училиштето ги утврдува вашите потреби за потрошен

материјал? (пр. писмена /усна/електронска форма)

ПИСМЕНА УСНА ЕЛЕКТОРНСКА

3.2 Следење на развојните потреби на наставниот кадар

Професионален развој на наставниците

Извори на податоци * Интерните акти * Разговорите со стручната служба, наставниците и со директорот * Програмата за професионален развој на наставниот кадар * Извештај од самоевалуација * * Програмата за работа на менторот и нововработениот во текот на учебната година * Анкетите на училиштето за

Училштето ги идентификува потребите на наставниците за професионлени развој, преку програма и стратегии за обезбедување на професионалниот развој (вклучувајќи и менторство). Нашето училиштето ја почитува законската регулатива за професионален развој на наставниот кадар, а има и внатрешни механизми за оддавање признанија на наставниот кадар што внесува ефективни иновации во работата. Работата на наставниците во училиштето се следи преку посета на час, анализа на годишните, тематските и дневни планирања; ангажираност на наставниците во вон-наставните активности и афирмирање на училиштето; учество за обука на наставници; учество во проекти; водење евиденција на планирани, спроведени обуки и дисеминација. Училиштето има стратегија за дисеминирање на знаењето, вештините и способностите на кадарот со што ја почитува законската регулатива за професионален развој на кадарот, што внесува ефективни иновации во работата. Наставниот кадар има ажурирани портфолија за професионален развој. Вреднувањето на работата на наставниците и

Page 49: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

професионален развој на кадарот * Листите од спроведените интерни обуки, Сертификати за учество на обуки од еколошката програма (на директор, педагог/психолог и наставник) * План на наставникот координатор на еколошката програма за десиминација на другите наставници

идентификувањето на нивните потреби се врши преку посета на часови од страна на стручната служба и директорот во текот на годината. Училиштето ги идентификува потребите на наставниците за професионален развој преку анкетен прашалник и од следењата на часовите на наставниците од страна на директорот и стручна служба, а во соработка со БРО и МОН. Училиштето на наставниците-приправници им определува ментор. Менторот на приправникот му подготвува програма и друга подготовка потребна за оспособување на наставникот за полагање испит. Менторот изработува извештај за работата на наставникот. Наставниците-приправници се следат преку посета на час од страна на менторот, директорот, стручна служба и им се укажува на начинот на водење на педагошката евиденција и документација, се консултираат со останатите колеги и им се помага во работата и при полагањето на приправничкиот испит. Во период од 2015 - 2017 преку гласање на Наставнички совет со ментроство се имаат стекнато 9 наставници. Преглед на обуки, семинари, десеминации, стручни предавања во период од 2015-2017 година. -Директор има посетено 12 обуки -Стручна служба(педагог,психолог и дефектолог) 9 обуки и семинари -Одделенски наставници од 1-5 одд. 24 обуки и семинари. -Предметни наставници од 6-9 одд. 17 обуки и семинари. За оваа тема се анкетираа 33 наставници. Според добиените податоци за првиот исказ „ Училиштето континуирано ги идентификува потребите за професионалниот развој “ триесет и три од анкетираните наставници или 100% се изјаснија позитивно. Во однос на вториот исказ „ Дали стекнатите знаења од обуките ги применуваат во наставата “ дваесет и седум наставници или 81% се изјаснија со редовно применување,а шест од анкетираните или 19% со понекогаш. За третиот исказ „ Дали се корисни спроведените дисеминации од страна на обучени лица “дваесет и осум од анкетираните наставници или 85% се изјаснија дека се целосно корисни,а пет од анкетираните или 15% се изјаснија со делумно.

Page 50: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

➢ За исказот„ Дали се почитува законската регулатива за професионалниот развој на кадарот“ триесет и три од анкетираните наставници или 100% се изјаснија дека се почитува регулативата.

➢ За исказот„Дали во училиштето има внатрешни механизми за оддавање признанија на кадарот што се внесува ефективни иновации“се изјаснија дваесет и два од анкетираните наставници или 66% со целосно,осум или 25% делумно и тројца или 9% за воопшто.

➢ Во однос на исказот„Дали редовно и навремено се ажурираат портфолијата за професионален развој“триесет и три од анкетираните наставници или 100% се изјаснија позитивно. Професионален развој (обука) на наставниците- координатори на еколошката програма редовно присуствуваат на организираните обуки од МОН, БРО, владини и невладини организации .

Јаки страни

❖ Училниците се опремени со компјутери ❖ Активно користење на ИКТ во наставата. ❖ Училиштето планира и навремено обезбедува потрошен материјал за потребите на

наставниците

Слаби страни ❖ Недоволен, неконтинуиран пристап до интернет

Приоритети ❖ Да се подобри пристапот до интернет во училниците.

Тим за подрачје 3

1. Билјана Узуновска 2. Билјана Чулева 3. Александра Кизова 4. Маја Здравковска 5. Симона Михајловска 6. Снежана Тасевска 7. Лилјана Мемов- родител

Област 4. Управување и раководење

Индикатори 4.1. Сместување и просторни капацитети Тема

Page 51: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

* Просторни услови * Искористеност на просторните капацитети 4.2 Обезбедување на потребниот наставен кадар Тема * Број на вработени и соодветноист на наставниот кадар * Ефективност и распоредување на кадарот * Стручната служба како поддршка на наставниот кадар 4.3 Финансиско работење во училиштето Тема * Постапки со кои се обезбедува почитување на законската регулатива за финансиско работење * Транспарентност во планирањето и трошењето на училишниот буџет 4.4. Управување и раководење со училиштето Тема * Управување со училиштето * Раководење со училиштето 4.5. Цели и креирање на училишната политика Тема * Јасност и соодветност на целите * процедури за креирање на училишната политика 4.6. Развојно планирање Тема * Цели на развојното планирање * Професионален развој/стручно усовршување на кадарот * Материјално технички средства * Инфраструктура

4.1. Сместување и просторни

Page 52: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

капацитети

Просторни услови

Извори на податоци * Годишна програма за работа; * План за развој на училиштето * Непосреден увид; * Распоред на часови; * Записници од просветна и санитарна инспекција * Полугодишен и годишен извештај

Училиштето има јасен план и распоред, максимално ги користи расположивите капацитети за изведување на наставата и на воннаставните активности, со што ги задоволува потребите на учениците. Во внатрешниот училишен простор од 2875 м2 има:

• единаесет училници за одделенска настава

• дванаесет кабинети за предметна настава,

• една просторија за директор

• една наставничка просторија,

• две простории за стручна служба

• една просторија за MYP координатор

• една просторија за PYP координатор

• две библиотеки

• една просторија за секретар

• една просторија за магационер / домаќин

• една просторија за технички персонал

• десет санитарни јазли

• една сала за спорт ( 160 м2)

• две спортски игралишта (1200 м2)

• девет ходници

• училишен двор (4900 м2) Училиштето презема ефикасни мерки за континуирано одржување на хигиената . По секој извршен увид од страна на просветната и санитарната инспекција постојат записници со решенија. Училишната фасада е во целот реновирана , како и : подовите, санитарните јазли, фискултурната сала и оградата во училишниот двор. Во голем дел од училишните простории старите врати се заменети со нови. Училиштето ги исполнува стандардите за енергетски ефикасен објект ( заменети се старите прозорци со нови PVC енергетско ефикасни, на покривот има поставено сончеви колектори за добивање на топла вода за потребите на училишната сала за часовите по физичко воспитување, поставена е нова фасада со топлинска изолација стиропол со

Page 53: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

дебелина од 10 cm). Училиштето има јасен план и распоред за максимална употреба на расположивите капацитети за изведување на наставата со што ги задоволува потребите на учениците.

Искористеност на просторните капацитети

Извори на податоци * Непосреден увид; * Интервјуа со наставниците

Училишниот простор ги исполнува условите за изведување на настава според Нормативот. Наставата во училиштето се одвива во една смена. Постојат соодветни и пријатни просторни услови за одвивање на наставата, за работа на наставниот кадар и за организирање на воннаставни активности за учениците. Големината на училниците соодветствува на бројот на ученици во паралелките. Според направеното интервју за прашањето од првата тема.“ Училишниот простор ги исполнува условите за изведување на настава според Нормативот, со позитивен одговор или се согласувам одговориле 96% од анкетираните наставници, додека делумно се согласуваат 4% од наставниците. Не се согласуваат 0% од наставниците. За второто анкетно прашање „ Постојат соодветни и пријатни просторни услови за одвивање на наставниот процес“ се согласуваат 88% од анкетираните наставници, додека делумно се согласуваат, 8%. Не се согласуваат, 4% од наставницитe.. Во однос на третото прашање,„ Постојат соодветни и просторни услови за работа на наставниот кадар“ се согласуваат 84% од анкетираните наставници. Делумно се согласуваат 12% од наставниците. Со одговор не се согласувам се изјасниле само 4% од анкетираните наставници. Во однос на четвртото прашање од анкетните листов „ Постојат соодветни и пријатни просторни услови за организирање на воннаставни активности за учениците“ , се согласуваат 84% од анкетираните наставници, делумно се согласуваат 16% од наставниците, додека не се согласуваат 4% од наставниците Во однос на петтото прашање „ Училиштето има јасен план и распоред и максимално ги користи расположивите капацитети за изведување на наставата и на воннаставни активности, со што ги задоволува потребите на учениците“ со одговор се согласувам се изјасниле 88% од анкетираните наставници Делумно се согласуваат 8% од наставниците, додека не се согласуваат 4% од наставниците. Во однос на шестото прашање „Големината на училницата соодветствува на бројот на учениците во паралелката“ со одговор се согласувам се изјасниле 88% од наставниците,

Page 54: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Делумно се согласуваат 8% од наставниците, а не се согласуваат 1% од наставниците.

Page 55: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Во текот на годината во целост се реализирани точките на акција од воспоставените еко-стандарди .

4.2 Обезбедување на потребниот наставен кадар

Број на вработени и соодветност на наставниот кадар

Извори на податоци * Увид во досиејата на вработените * Увид во правилникот за систематизација * Разговор со директорот и со наставниците * Годишна програма за работа на училиштето * Програма за работа на стручната служба

Училиштето ги обезбедува потребите од наставен и административно-технички персонал за реализирање на целопкупниот процес. Во училиштето се вработени вкупно 54 лица од кои 8 машки и 46 женски. Во други училишта дополнуваат 4 наставника од кои 1 машко и 3 женски. Од сите 54 вработени лица, сите се со соодветно образование. Од наставниот кадар 44 се на неопределено време, а 10 на определено време. Сите наставници се со соодветна стручна подготовка и се стекнати со педагошка, психолошка и методска квалификација за извршување на наставниот процес со положен стручен испит освен наставниците-приправници, односно наставниот кадар е во согласност со нормативите.Според степенот на стручната подготовка:

• Основно: 1 женско – вкупно 1

• Виша:0 машки и 2 женски - вкупно 2.

Page 56: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

• Средна: 1 машко и 4 женски – вкупно 5

• Висока :6 машки и 37 женски - вкупно 43

• Магистри: 1 машки и 2 женски - вкупно 3.

Ефективност и распоредување на кадарот

Извори на податоци * Увид во правилникот за систематизација * Анкета со наставници * Непосреден увид;

Во училиштето за планирање и реализирање на PYP и MYP програма има двајца кординатори од кој едниот е за одделенска, а другиот за предметна настава. Наставниците ефективно придонесуваат за работата на училиштето и успешно работат како тим во рамките на стручните активи: одделенски, јазичен, општествен и природно - научен. Сите отсуства од работа навремено се пријавувват кај работодавниот орган. Отсуствата од работа се во согласност со Законот за работни односи и се евидентираат кај надлежната служба. Задолжителното присуство на наставничките и одделенските совети се евидентира на посебен список. Со цел да има непречено одвивање на воспитно-образовниот процес кога има отсутните наставници, навремено се прави нов распоред или ако се работи за подолго отсуство, училиштето реагира со брза и соодветна замена. При распределба на кадарот во предвид се земаат квалитетите, искуството и експертизата на наставниците што придонесува за исполнување на целите на наставата.. Според направената анкета во која учествуваа 18 наставника се добија следниве податоци: За прашањето од првата тема“ Наставниот кадар е во согласност со нормативите“ со позитивен одговор или се согласувам се изјаснија 100% од анкетираните наставници. За второто анкетно прашање „ Наставниот кадар е квалификуван и оспособен да ги презема одговорностите во наставата согласно со потребите на учениците и училиштето во целина., се согласуваат 100% од анкетираните наставници, додека не се согласуваат, 0% од наставниците. Во однос на третото прашање „Работата на наставниот кадар е соодветно надополнета и олеснета од страна админастративвно-техничкиот персонал“ се согласуваат 94% од анкетираните настаници. Со одговор не се согласувам се изјасниле само 0,5 % од наставниците Во однос на четвртото прашање од анкетните листови дали „Наставниците ефиктивно

Page 57: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

придонесуваат за работа на училиштето и успешно работат како тим во рамките на стручен актив“ се согласуваат 100% од анкетираните настаници, со одговор не се согласувам се изјасниле само 0 % од наставниците. Во однос на петтото прашање „ Училиштето има стручна служба која им помага на наставниците во организација на наставата,следење во напредокот на учениците“ со позитивен одговор или се согласувам се изјаснија 100% од наставниците. Во однос на шестото прашање „ Стручната служба во својата програма за работа планира и спроведува разновидни активности за работата со учениците и наставниците и е секогаш отворена за соработка“ со позитивен одговор или се согласувам одговориле 100% од анкетираните наставници Соодветно распоредување на наставниот кадар и стручната служба во вклучување и реализација на еколошката програма е зависно од темата и потребите за реализација на наставните содржини од еко пограмата.

Стручната служба како поддршка на наставниот кадар

Извори на податоци * Програма и извештај за работата на стручната служба * Разговор со наставници и директор

Стручната служба во училиштето – психолог, педагог и дефектолог во соработка со наставниот кадар и тимското работење имаат голем придонес во севкупното работење на училиштето. Соработката е секојдневна на ниво на паралелки и индивидуални средби согласно потребите на наставниците. На почеток од учебната година учествува во изготвување на програмите на стручните активи, консултативни разговори за престојната учебна година, за ученици за кои стручната служба има согледува за потешкотиите со кои се соочуваат учениците при совладување на наставните содржини и однесување. Стручната служба во својата програма за работа планира и спроведува активности за работа со учениците, наставниците и родители.

4.3 Финансиско работење во училиштето

Постапки со кои се обезбедува почитување на законската регулатива за

Page 58: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

финансиско работење

Извори на податоци * Увид во финансов план, развоен план и годишна програма за работа на училиштето * Разговор со наставниците, директорот и УО * Записници и одлуки од УО

Училиштето работи во согласност со законските норми за финансиско работење и раководството, ги користи сите механизми за стекнување на дополнителни финансиски средства со кои се овозможува подобрување на условите за настава во училиштето, како и тековно одржување на училишната зграда и обезбедување да се подобрат условите за престој во истата. Училишниот одбор е запознаен со сите финансиски активности во училиштето преку редовните состаноци на кои уредно се водат записници.

Транспарентност во планирањето и трошењето на училишниот буџет

Извори на податоци * Увид во финансов план, развоен план и годишна програма за работа на училиштето * Разговор со наставниците, директорот и УО * Разговор со секретарот на училиштето * Записници и одлуки од УО

Управата на училиштето врши распределба на средства која е економична, ефикасна и правична. Фокусот на планирањето и трошењето на буџетот е за подобрување на наставата и учењето, но и покрај тоа има простор за набавка на други ресурси кои би го унапредиле наставниот процес за кои е формирана и комисија за јавни набавки. Буџетот им овозможува на наставниците и учениците користење на нагледни средства со цел подобрување на наставата и доближување на истата со најсовремените училишта во регионот. Со тоа се подразбира користење на Smart табла за сите одделенија од I до IX и користење на ИКТ наставниот процес. Дополнување на буџетот на училиште е и со средствата од годишните собирни акции ( пластични шишиња, стара хартија ....) , кои се спроведуваат во тек на целата учебна година, а во која активно учествуваат ученици, родители и вработените.

4.4. Управување и раководење со училиштето

Управување со училиштето

Извори на податоци * Годишна програма за работа

Од спроведената анкета со наставници и стручна служба на ова подрачје добиени се следниве одговори: 100% се согласуваат дека Училишниот одбор има воспоставено

Page 59: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

* Интервјуа со наставниците и директорот * Деловник за работа на Училишниот одбор * Записници, одлуки и извештаи од работата на училишниот одбор * Самоевалуација и план за развој на училиштето * Интервју со Училишен одбор * Анкетен прашалник

партнерски однос со Раководниот орган во Училиштето и др.образовни структури и дека обезбедува редовни и сеопфатни информации за својата работа на вклучените во воспитно-образовниот процес. Училишниот одбор се избира јавно и демократски, по навремено дадена покана одржува редовни состаноци, се читаат записниците и се гласа демократски за одлуките. Има Деловник за работа и соработува со директорот.

Раководење со училиштето

Извори на податоци * Годишна програма за работа * Интервјуа со наставниците и директорот * Програма за работа на директорот * Анкетен прашалник

Директорот има визија за развојот на училиштето, професионалниот развој на наставниците и унапредувањето на наставата и оценувањето. Врз основа на способностите на наставниот кадар дава задачи или ги вклучува во тимови каде даваат добар придонес. Колективот, родителите и учениците го почитуваат директорот како одговорен, правичен и стручен. Внесува промени, добро определува цели, раководи со проекти и промени. Силна страна на директорот му се комуникациските вештини, одржувањето добри односи помеѓу сите учесници во наставата, промовира и поддржува тимска работа. Овозможува демократска размена на мислења,почитува мислења при одлучувањето и ги стимулира стручните активи да се насочат кон професионален развој. Редовно посетува часови со цел да ги насочи наставниците кон личен и професионален развој, подобрување на наставата и оценувањето. Вработените, родителите и учениците активно учествуваат во креирање на целите, стратегиите за развој на училиштето. Има

Page 60: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

акциски планови за проценка на постигнатите резултати, реализираните активности и доследно ги спроведува. Обезбедува финансиски средства за професионален развој на наставниците, има вспоставено политика и врши интерни дисеминации на наставниот кадар.Во соработка со одговорните на стручните активи ги идентификува потребите од нагледни средства и потрошен материјал и навремено ги набавува.Во соработка со одговорните на стручните активи ги идентификува потребите од стручна литература и навремено ја набавува. Во соработка со наставниците, родителите и учениците ги идентификува потребите од санации и навремено ги реализира. Преку локалната самоуправа, НВО, проекти ја подобрува инфраструктурата и опремата на училиштето. Училиштето има правилници за дисциплината, правата, обврските насилното однесување, секаков вид на дискриминација, оценувањето, менторска работа и сл. Директорот води ефективни и ефикасни состаноци на одделенските совети и наставничкиот совет, со кординаторите за имплементација на IB програмата и лидерите на активи. Достапен е за индивидуални советодавни разговори. Генерално, политиките и плановите на училиштето произлегуваат од добри анализи, дискусии, податоци и потребите научилиштето.Плановите кои ги донесува училиштето се разултат на соработка на наставници, родители, ученици.Директорот добро го презентира училиштето пред локалната заедница и надлежните институции. Под негово раководство видливи се подобрувања на училишната клима, инфраструктурата, професионалниот развој на наставниците, успехот на учениците, учеството на родителите во работата на училиштето, еколошката едукација и меѓуетничките односи. 100% се согласуваат дека Раководниот орган има стратешка определба заснована на јасна визија за потребите на училиштето, 90% се согласуваат дека Раководниот орган знае објективно да ги оцени квалитетите на вработените и нивниот придонес во тимската работа, 90% се согласуваат дека Раководниот орган ја промовира добрата пракса што постои во училиштето, 100% се согласуваат дека Раководниот орган донесува одговорни одлуки, 90% се согласуваат дека Раководниот орган има изградено професионален однос кон работата кое се заснова на најнови знаења и вештини, 85% се согласуваат дека Раководниот орган ефективно делегира, комуницира и раководи со вработените и нивниот развој, 90% се согласуваат дека Раководниот орган во центарот на своето работење ги става постигнувањата на учениците и подобрувањето на училиштето и 100% се согласуваат дека Раководниот орган иницира и успешно раководи со промените во образовниот процес.

Page 61: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Еко-менаџмент од еколошката програма е на високо ниво и се рефлектира со позитвни резултати во интерес на целото училиште.

4.5. Цели и креирање на училишната политика

Јасност и соодветност на целите

Извори на податоци * Годишна програма за работа на училиштето; * Самоевалуација; * Развоен план на училиштето; * Акциони планови; * Анкети/Интервјуа со директор, стручна служба, наставници, родители, ученици; * Записници од УО/Совет на родители/ Наставнички совет; * Интерни акти * Анкета на наставници

Целите на училиштето се целосно во согласност со целите на државната и локалната образовна политика. Тие се прецизни и јасни и се фокусирани на подобрувањето на квалитетот на наставата и подобрување на постигнувањата на сите ученици.

Вработените, родителите и учениците учествуваат во креирање на целите, начелата и

Page 62: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

вредностите на училиштето, и се запознаени со начинот на нивното остварување и подобрување. Во остварувањето на поставените цели активно учествуваат сите релевантни субјекти ( кадарот, наставниците, учениците, родителите и локалната заедници). Постигнувањето на поставените цели позитивно влијае врз работата на училиштето.

Целите за реализација на активности од еколошката програма се јасно дефинирани и поставени во програмата за Еколошка интеграција на еколошка едукација во образовниот систем, која е во состав на годишната програма на училиштето.

Процедури за креирање на училишната политика

Извори на податоци * Развоен план на училиштето; * Акциони планови; * Анкети/Интервјуа со директор, стручна служба, наставници, родители, ученици; * Записници од УО/Совет на родители/Наставнички совет; * Анкета на наставници

Вработените активно учествуваат во креирањето и остварувањето на целите на училиштето со севкупното работење (изготвување и целосна реализација на наставниот план и програма како и наставните цели, меѓусебна соработка и споделување идеи и искуства, организирање и учество на презентации, работилници и приредби, натпревари, обуки, состаноци), како и креирање на политиката на еколошка едукација и имплементација .

Page 63: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Учениците имаат свој придонес во креирањето и остварувањето на целите на училиштето преку учество на сите предвидени активности (презентации, приредби, работилници, натпревари), преку состаноци на училишна заедница, соработка со наставниот кадар како и останатите вработени во училиштето.

Родителите помагаат во креирањето и остварувањето на целите на училиштето преку поддршка на сите активности во училиштето ( презентации, приредби, работилници, натпревари, родителски средби, состаноци), одржување на предавања и организирање посети, давање свои предлози и идеи на Советот на родители како и на родителските средби.

Page 64: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Училиштето ги зема предвид мислењата на родителите и учениците.

4.6. Развојно планирање

Цели на развојното планирање

Извори на податоци * Развоен план на училиштето

Училиштето има јасни и прецизни цели во развојното планирање кое ги отсликуваат мисијата, визијата и вредностите на училиштето.Во целите на развојното планирање се вклучени наставниците, родителите, учениците и претставници од локалната заедница. Има изготвен акционен план за поставените цели и доследно го спроведува. Училиштето има план за следење и евалуација на реализацијата на активностите и постигање на поставените индикатори за успешност.Навремено ги информира наставниците, учениците и родителите за поставените цели, динамиката за нивно реализирање и постигнатите резултати и ги зема предвид ставовите на наставниците, родителите, учениците и локалната заедница.

Page 65: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Да се биде успешен во било која професија е невозможно без континуиран професионален развој, кој може да се согледа во контекст на концептот за доживотно учење. Доколку сакаме да им помогнеме на нашите ученици во процесот на учење, тогаш и ние самите треба да сме „успешни ученици“.

Професионален развој/стручно усовршување на кадарот

Извори на податоци * Годишна програма за работа на училиштето * Анкетен прашалник за наставниците, директорот, координаторите и секретарот на училиштето * Развоен план на училиштето

Професионалниот развој на наставниците во основа е процес кој ги унапредува вештините и компетициите на наставникот, а целта на тоа е унапредување на квалитетот на наставата, како и учењето и постигнувањата на учениците. Од спроведената анкета меѓу вработените 85% одговориле дека професионалниот развој како континуиран процес се одвива и во самото училиште низ различни видови планирани преноси на искуства и размена на знаења. Освен семинарите кои ги посетуваат наставниците, значаен дел од професионалниот развој кај поголем дел од наставниците се одвива во самото училиште преку различни дисеминации, размена на искуства меѓу наставниците, преку посета на отворени часови, следење на новитети во наставните методи и техники со цел да се подобри наставниот процес. На ова прашање 12,5 % одговориле дека во самото училиште не го усовршуваат професионалниот развој, а 2,5% делумно. На прашањето дали професионалниот развој и стручното усовршување зависи од финансиите, 7,5% не дале одговор на ова прашање, 27,5 % одговориле дека професионалното усовршување зависи од финансиите, 20% дека финансиите не се пречка за професионалното усовршување, додека 45% одговориле дека делумно финансиите влијаат врз стручното усовршување.

Page 66: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Графички приказ на одговори за прашање бр.1 од анкетата: Професионалниот развој како континуиран процес се одвива и во училиштето низ различни видови планирани преноси на искуства и размена на знаења.

Графички приказ на одговори од прашање бр.3 од анкетата: Професионалниот развој и стручното усовршување не зависи од финансиите

Page 67: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Материјално технички средства

Извори на податоци - Интервјуа со директор, наставниците,родителите и учениците * Годишна програма за работа * План запрофесионален развој * Извештаи од интерната евалуацијата * Пописни листи * Финансиски план на училиштето * Увид во опремата

Училиштето добива финансиски средства од буџетот на РМ и основачот и редовно известува за приходите и расходите и наменското трошење на средствата. Завршните сметки се разгледуваат на седниците на УО и се предлагаат на усвојување до Советот на општината. Потребите од материјално-технички средства училиштето навремено ги идентификува и континуирано ги планира и ги обезбедува. Училиштето врши организирање и координирање на активности за утврдување на потребите и набавка на услуги и материјални добра: канцелариски материјали,материјали за одржување на зграда, средства за одржување хигиена и др. Поставени се две нови интерактивни табли кои придонесуваат за осовременување на наставниот процес и имплементирање на PYP и MYP програмата кои се реализираат преку истражувачки активности и користење на ИКТ во наставата . Нагледните средства со кои располага училиштето се во употреба и редовно се користат од страна на наставниците. Со планот за јавни набавки училиштето планира и врши набавки на средства и континуирано ги одржува преку донации,провизии и дополнителни финансиски средства со создавање услови за издавање под закуп на соодветниот простор во сопственост на училиштето (спортска сала). За секоја набавка се формира Комисија за јавни набавки. Дел од наставните средства и помагала се обезбедуваат преку донации од родители: Смарт табла, книги за училишна библиотека, шкафчиња, наставни средства и помагала во училниците, телевизори, касетофони, принтери и озвучување (донации од „Тортијада“) и др. Обезбедени се материјално технички средства и од други донатори: клима (Нептун), спортска опрема (Винора ДООЕЛ), Смарт табла (Телеком), пинг-понг маса (МОН). Според направениот увид во пописните листи констатирано е дека постоечките нагледни средства и помагала се во функција. Според потребите и барањата на PYP и MYP програмата во училиштето се обезбедуваат дополнителни нагледни средства, помагала и ресурси. Постојаните нагледни средства и опрема се во функција и оптимално се користат.

Инфраструктура

Извори на податоци

Како дел од Развојното планирање е и континуираното ревидирање на планот за

Page 68: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

* Увид во Инфраструктурата * Апликации на училиштето за обезбедување на средства од локалната самоуправа, заедница, донатори и сл.

подобрување и осовременување на инфраструктурата на училиштето. Постојано се изнаоѓаат начини за обезбедување на средства за одржување на постоечките ресурси и средства за наменско инвестирање во подобрување на инфраструктурата. Училиштето врши организирање и координирање на градежните работи: санирање и уредување на просторот (училници и канцеларии) и негова санитарно- техничка обработка. Училиштето обезбедува сопствени средства од донатори за наменско инвестирање во истата преку активности за изработка на проекти според потребите на училиштето. За дел од инфраструктурните потреби, училиштето аплицира и поднесува барање до МОН и локалната самоуправа за обезбедување средства.

Јаки страни

❖ Постојат соодветни и пријатни просторни услови за одвивање на наставата, за работа на наставниот кадар и за организирање на воннаставни активности за учениците.

❖ Училиштето ги исполнува стандардите за енергетски ефикасен објект ❖ Наставниот кадар е квалификуван и оспособен да ги преземе одговорностите во

наставата согласно потребите на учениците и училиштето во целина ❖ Училиштето има стручна служба која им помага на наставниците во организација на

наставата, следење на напредокот на учениците, справување со проблемите на индивидуално и групно ниво и давање советодавна помошна учениците.

❖ Училиштето располага со дефектолог со полно работно време, кој помага при работата со учениците со посебни потреби

❖ Сите постапки поврзани со финансиско работење коишто ги спроведува училиштето се во согласност со законските норми и прописи

❖ Раководниот кадар има разбирање за механизмите што може да ги користи за стекнување дополнителни финансиски средства и тој го следи наменското трошење на овие средства

❖ Целиот буџет се користи наменски и за креативни цели кои се насочени кон подобрување на квалитетот на наставата, учењето и развојот на училиштето во целина

❖ Состаноците на Училишниот одбор се водат со однапред изготвен дневен ред;Членовите се редовни

❖ Воспоставени се термини за средби:директор – координатор; директор – стручна служба; директор – лидери на активи; координатор – лидери

❖ Креирана е Јазичната политика на училиштето ; Политика на оценување ❖ Наставниците, директорот, координаторите и педгошко – психолошката служба од

учебната 2013 година посетија и обуки од меѓународен карактер. Имено училиштето од

Page 69: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

учебната 2013/14 започна со реализација на ИБ меѓународна програма и се стреми да добие лиценца со цел да стане дел од мрежата на ИБ училишта

Слаби страни

❖ Промовирање на добра пракса во училиштето преку соработка со други училишта кои спроведуваат IB меѓународна програма

Приоритети

❖ Соработка со други училишта кои спроведуваат IB меѓународна програма ❖ Училиштето и понатаму континуирано да ги следи обуките организирани од МОН и

акредитирани организации од МОН и IB организацијата

Тим за подрачје 4

1. Наташа Талеска 2. Сашка Вукелиќ 3. Анкица Арџелиева 4. Јасмина Јовеска 5. Биљана Ќириќ 6. Наталија Чаловска 7. Татјана Бурник 8. Билјана Ниновска – родител

Област 5. Комуникации и односи со јавноста

Индикатори 5.1 Севкупна грижа за учениците Тема *Заштита од физички повреди и елементарни непогоди * Превенција од насилство *Заштита од пушење, алкохол и дрога *Квалитет на достапна храна *Поддршка на учениците со телесни пречки во развојот *Грижа за ученици од социјално загрозени семејства 5.2 Здравје Тема * Хгиена и заштита од болести

Page 70: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

* Грижа за ученици со здравствени проблеми

5.1 Севкупна грижа за учениците

Заштита од физички повреди и елементарни непогоди

Извори на податоци * Годишна програма на училиштетo * Кодекс на однесување во училиштето * Закон за основно образование * Увид во просториите на училиштето и училишниот двор * Анкета

Од анкетата спроведена на репрезентативен број испитаници според утврдените критериуми добиени се следниве резултати и заклучоци: Училиштето има пропишани мерки и активности за безбедност во наставата. Сите места во училиштето и училишниот двор кои би биле евентуални места за опасност (шахти, штекери и сл.) се заштитени и не претставуваат опасност за учениците. Училишниот простор е безбеден за изведување на настава и инфраструктурата во училиштето (мебел, скали, подови, прозорци, струјни места, двор) се безбедни и не претставуваат потенцијална опасност од повреди на учениците. Училиштето e безбедно за учениците во текот на наставата во училишната зграда и двор. . Училиштето има изработен правилник за заштита и спасување од елементарни и други несреќи и Елаборат за заштита од пожари, експлозии и опасни материи со дополнување на мерки за заштита. За обезбедување и сигурност на учениците за време на наставата која се изведува во две смени има дежурни наставници кои водат грижа за да не настанат проблеми за време на одморите во училиштето и училиштниот двор. За дополнителна заштита на учениците и навремено алармирање за одредени ситуации, училиштето (влезови, холот, ходниците) е под видео надзор и училиштето го обезбедува лице за обезбедување од Агенцијата „ Национал “. Резултати добиени при анкетирање: 100% од испитаниците се согласуваат дека ,,Училиштето има пропишани мерки и активности за безбедност“

Page 71: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Превенција од насилство

Извори на податоци

• * Годишна програма на училиштетo

• * Кодекс на однесување во училиштето

• * Закон за основно образование

• * Увид во просториите на училиштето и училишниот двор

• * Програма за работа на педагог и психолог

• * Анкети

Во училиштето се забранети сите видови на психичко и физичко насилство. Училиштето има донесено Кодекс на однесување на учениците, истакнат е на јавно место во кој е наведено дека, доколку кај учениците се јават проблеми од било каков карактер (лични, во врска со училиштето, социјалниот живот) можат да се обратат за помош кај наставниците. Советодавна работа со учениците кои манифестираат различни облици на неприлагодено однесување, ја организира и реализира стручната служба според својата годишна програма. За постоењето и помошта од стручната служба учениците се информираат уште во почетокот на учебната година од одделенскиот раководител на одделенскиот час, родителите на родителска средба и Советот на родители. За решавање на различни проблеми кај децата, психологот и педагогот разговараат со родителите на децата кои покажуваат облици на наприлагодено однесување. Учениците се насочуваат за да препознаваат облици на насилство и заштита од истите, како и превенција од меѓусебно насилство, омраза и други типови на нетрпение во училиштето. За учениците за кои постои сомневање дека се физички или ментално злоупотребени, известувањето се врши преку предметниот или одделенскиот наставник кој го забележал тоа или има сознанија од други ученици. Во присуство на наставникот, ученикот и родителот се превземаат соодветни педагошки мерки пропишани со Законот за основно образование. По однос на ова прашање сите испитаници се согласуваат дека во училиштето се забранети сите видови на психичко и физичко нaсилство.

Page 72: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Заштита од пушење, алкохол и дрога

Извори на податоци * Годишна програма на училиштетo

• * Кодекс на однесување во училиштето

• * Закон за основно образование

• * Програма за работа на педагог и психолог

• * Анкети

Училиштето има политика за забрана за пушење , консумирање на алкохол и дистрибуција и консумирање на наркотични супстанци, која подразбира дека во училиштето (училниците, канцеларијата, тоалетите, училишниот двор ) не се пуши, не се доаѓа во алкохолизирана состојба, не се консумира алкохол и не се дистрибуираат и користат наркотични супстанци. За учениците се организираат предавања од стручни лица за превенција од пушење, алкохол и дрога. Ваквите предавања се од голема корист за нив за да ги согледаат последиците од пушењето, алкохолот и дрогата и да го насочат своето однесување кон негирање на ваквите пороци со цел избегнување на ризиците. Дополнителна едукација, за превенција од дрога и превенција на насилство, учениците добиваат по одделни предмети На прашањето.,, Дали училиштето има политика за забрана за пушење,конзумирање алкохоли дистрибуција и користење наркотични супстанци“.

Page 73: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Квалитет на достапна храна

Извори на податоци

• * Годишна програма на училиштетo

• * Кодекс на однесување во училиштето

• * Закон за основно образование

• * Флаери и плакат за здрава храна

• * Извештај од работењето на ЕКО oдборот

• * Анкети

• * Мени за топол оброк

• * Стандарди за правилна исхрана

• * Извештаи од санитарна инспекција и Завод за здравствена заштита

За учениците во училиштето, организирана е исхрана која ја врши фирма која за таа намена се услужува со училишната кујна за што има договор со училиштето. Советoт на родители учествува во изготвување на мени, водејќи сметка учениците да се хранат здраво. Преку зацртаните планови и програми на ЕКО одборот на училиштето (кое е вклучено во ЕКО програмата) се опфатени разни активности за здрава исхрана, т.е.користење здрава и свежа храна. По обработка на резлутатите од изготвената анкета сите испитаници се согласуваат дека Училиштето се грижи за квалитетот на храната што им ја нуди на учениците .

Page 74: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Поддршка на учениците со телесни пречки во развојот

Извори на податоци

• * Годишна програма на училиштетo

• * Годишна програма на директор

• Кодекс на однесување во училиштето

• * Закон за основно образование

• * Програма за работа на педагот, психолог и дефектолог

• *Анкети

Училиштето има пропишани процедури за грижа на учениците со пречки во развојот. На учениците при уписот им се бара позитивно мислење од лекар-специјалист. Истите се вклучени во редовна настава со прилагодени програми според своите можности. Училиштето соработува со родителите и други релевантни институции за обезбедување и грижа за оваа категорија на ученици. Од страна на учениците и наставниците, безрезервно им се дава помош на учениците со пречки во развојот во сите моменти кога е потребно. Исто така добиваат стручна помош од дефектолог и од стручната служба во училиштето. Резултати добиени при анкетирање

Грижа за ученици од социјално загрозени семејства

Извори на податоци

• * Годишна програма на училиштетo

• * Закон за основно образование

• * Програма за работа на педагог и психолог

• * Програма за работа на

На учениците од социјално загрозените семејства им се пристапува внимателно, да не се повреди нивната личност. Најголема поддршка добиваат од разговорите со oдделенскиот раководител и психологот на училиштето, кои им влеваат самодоверба и им даваат морална поддршка. Училиштето за целосна интеграција на учениците од социјално загрозени семејства во наставните и воннаставните активности (екскурзии, натпревари, театарски претстави, облека,храна), самоиницијативно одлучува да им помогне на овие деца, најчесто преку донатори од локалната заедница и преку хумани акции организирани

Page 75: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

директор

• * Разговор со ученици и наставници

• * Програма и извештај од работата на организацијата на * Црвен Крст

• Анкети

од учениците за помош и поддршка на соученици од социјално загрозени семејства. Училиштето преку ученичката заедница, и ПЦК организира хуманитарни акции за собирање средства и помагање на социјално загрозените семејства. На прашањето,, Училиштето има пропишани процедури за обезбедување материјални средства за учениците кои заради социјлна загрозенсот на нивните семејства не се во состојба да ја следат наставата под исти услови како другите ученици 14 од испитааниците се согласуваат а само 2 незнаат На прашањето ,,Дали училиштето го посетуваат ученици од социјално загрозени семејства“ 13 од испитаниците се согласуваат а само 3 незнаат Табеларен приказ:

Page 76: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

5.2 Здравје

Хгиена и заштита од болести

Извори на податоци

▪ * Годишна програма за работа на училиштето

▪ * Закон за основно образование ▪ * Потврда од ХЕСО за извршена

ДДД ▪ * Записници од надлежни органи

за контрола на хигиената ▪ * Правилник за работа на

помошниот персонал ▪ * Фактури за набавка на

средства за хигиена и дезинфекција

▪ * Увид во училишниот простор ▪ * Статут на училиштето ▪ * Извештај од систематски

преглед ▪ * Извештаи од стоматолошки

преглед ▪ * Евиденција од психолошката

служба ▪ * Евиденција од наставниците по

предметот физичко и здравствено образование

▪ * Белешки од одделенски раководители * Анкета

Хигиената во училиштето е на ниво кое задоволува согласно стандардите за хигиена од страна на Министерство за здравство. Училиштето има правилник за работа на техничкиот персонал кој се придржува и работи по него во областа на нивните задолженија и активности. Согласно правилникот се врши метење на ходници и скали најмалку повеќе пати во денот. Училниците се метат, а подот се брише најмалку еднаш во текот на денот, а понекогаш и повеќе по потреба и ова е најчесто по завршување на часовите. Другите простории (наставничка канцеларија, канцеларија на директор, педагог, психолог и сите други простории) се метат и подот се брише најмлаку еднаш во текот на денот, а понекогаш и повеќе по потреба. Проветрување на просториите најчесто се врши наутро но и во текот на денот во зависност од временските услови.. Се врши целосно чистење на просториите, прозорците и мебелот два пати во текот на годината за време на зимскиот и летниот распуст на учениците. Тоалетите (ученички и наставнички) се чистат редовно и тоа со хигиенски средства . Отстранување на отпад се прави по неколку пати во денот и тоа за време на големиот одмор, меѓу двете смени и по завршување на часовите. Училишниот двор се чисти од секакви отпадоци, а тревните површини редовно се оддржуваат од страна на домаќинот. Бројот на корпи и нивната распределеност низ училиштето е на одлично ниво, а наставниот кадар заедно со учениците од ЕКО одборот но и класните раководители преку подигање на еко совеста на сите ученици се грижат отпадот да завршува во корпите. Вработените во училиштето еднаш годишно вршат санитарен преглед за што има потврда за истите (санитарни книшки). Училиштето на почетокот на учебната година реализира дезинфекција, дератизација и дезинсекција (ДДД) на сите простории во училиштето. Доколку има потреба во случаи на епидемии од грип, појава на глувци или инсекти ДДД се врши и повеќе од двапати. Од хигиената во училиштето задоволни се ....13 од испитаниците а само 3 се изјасниле дека не се задоволни. 2.На прашањето Дали во училиштето ,во секоја училница и во ходниците и има корпи за отпадоци .Сите испитаници се согласуваат.

Page 77: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Спроведување на точките на акција се реализираат преку неделните планирања на часови за реализација на еко содржини кои се однесуваат на здравјето согласно воспоставените еко-стандарди

Грижа за ученици со здравствени проблеми

Извори на податоци

▪ * Годишна програма заработа на училиштето

Доколку дојде до појава на епидемија, училиштето во согласност со правилата и насоките дадени од епидемиолошката служба ги информираат учениците, родителите и наставниците за симптомите, преносливоста и превенцијата при тоа воведува посебен режим на однесување во и надвор од училиштето со цел навремено откривање и побрзо

Page 78: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

▪ * Закон за основно образование ▪ Извештај од систематски

преглед ▪ * Извештаи од стоматолошки

преглед ▪ * Евиденција од психолошката

служба ▪ * Евиденција од наставниците по

предметот физичко и здравствено образование

▪ * Белешки од одделенски раководители

▪ * Анкети

санирање на болеста. Во ваков случај стручната служба во соработка со класните раководители секојдневно ја проверува состојбата на отсуства во училиштето поради болест и врз основа на тоа се превземаат дополнителни дејства за реализирање на наставата. Училиштето во својот буџет има наменето средства за набавка на средства за чистење, дезинфекција и лична хигиена. Од страна на надлежните ограни за контрола на хигиена, училиштето добива записник со донесени решенија. Санитарниот јазол е во добра состојба и истите се целосно реновирани. Учениците од секоја втора учебна година заедно со своите класни раководители одат на систематски прегледи со кои се идентификуваат здравствените проблеми на учениците. Секоја година учениците одат на стоматолошки преглед при што се врши залевање на забите. Доколку се забележат посериозни здравствени проблеми учениците заедно со своите родители се повикуваат во диспанзерот или се советуваат да го посетат матичниот лекар. Со цел да добијат максимална помош на овие ученици им помага и стручната служба, наставниците и директорот на училиштето. На учениците кои поради болест се спречени да ја следат редовната настава, училиштето им овозможува полагање на одделенски испит на крајот на учебната година. За учениците кај кои се идентификувани здравствени проблеми, училиштето добива сознанија од родителите на учениците кои пак разговараат со одделенскиот раководител. Одделенскиот раководител за здравствените проблеми на учениците ги информира предметните наставници, особено наставниците по физичко и здравствено образование. Доколку учениците оправдано или неоправдано отсуствуваат од часовите и имаат повеќе од 100 оправдани или 30 неоправдани изостаноци одделенските раководители го известуваат училишниот психолог. Родителите добиваат покана за советување на родители во согласност со Законот за основно образование. Тие се должни да присуствуваат на закажаните средби и да ги објаснат причините за отсуството на своите деца. Наставниците по физичко и здравствено образование според планот и програмата за работа во текот на годината вршат мерење на висината, тежината и држењето на телото кај секој ученик. Овие резултати може да бидат показател за одредени физички аномалии кај учениците. Кај овие ученици се изведуваат посебни вежби или се праќаат за помош кај стручни лица. За учениците со посебни образовни потреби од голема помош се разговорите и соработката со стручната служба. Стручната служба во секое време е на располагање на учениците при решавање на проблемот. Во училиштето се организираат предавања од стручни лица за едукација и заштита на учениците од заразни болести.

Page 79: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Табеларен приказ на извршената анкета

Јаки страни

❖ Училиштето има пропишани мерки и активности за безбедност во наставата. ❖ Училишниот простор е безбеден за изведување на настава. ❖ Учениците со пречки во развојот се добро прифатени од учениците и вработените и се

вклучени во сите активности кои се изведуваат. ❖ Не постои поделба помеѓу учениците според социјалениот статус. ❖ Наставниците се обучени за давање прва помош при потреба

Слаби страни

❖ Во училиштето потребни се предавања за штетното влијание на пороците во вид на работилници и предавања во кои ќе бидат вклучени и родителите.

Приоритети /

Тим за подрачје 5

1. Наташа Талеска 2. Сашка Вукелиќ 3. Анкица Арџелиева 4. Јасмина Јовеска 5. Биљана Ќириќ 6. Наталија Чаловска 7. Татјана Бурник 8. Новица Новаковски – родител

Област 6. Училишна клима и култура

Page 80: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Индикатори 6.1Училишна клима и односи во училиштето Тема * Углед / имиџ на училиштето * Кодекс на однесување * Училишна клима * Поведение и дисциплина во училиштето *Партиципација на учениците во решавањето проблеми и донесувањето одлуки 6.2. Еднаквост и правичност Тема * Познавање на правата на децата * Еднаков и правичен третман на сите ученици * Прифаќање и промовирање на мултикултурализмот

6.1 Училишна клима и односи во училиштето

Углед / имиџ на училиштето

Извори на податоци * Развоен план на училиштето * Акционен план * Записници од стручни активи * Записници од стручни активи * Записници од одделенски и

Наставниот кадар во нашето училиште професионално и квалитетно ја извршува воспитно образовната дејност со што се обезбедуваат услови за постигнување високи образовни резултати во наставните и воннаставните активности а со тоа и зголемување на угледот и имиџот на училиштето. Ученици и родители Училиштето е препознатливо по високиот квалитетот на работа и постигањата на

Page 81: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

наставнички совети * Извештаи од спроведени работилници * Правилник за видови на пофалби , награди и педагошки мерки * Етички кодекс на однесување * Педагошко психолошка документација

учениците во различни области, како и остварување на визијата и мисијата на училиштето.89,65%се согласуваат, а 10,34% не знаат Училиштето се грижи за здравјето и безбедноста на учениците, ги негува родовата сензитивност и мултикултурализмот, 93,1% се согласуваат , 6,89% не знаат Учениците и вработените се идентификуваат со училиштето, се грижат за неговиот углед и се горди што се дел од него. 93,1%се согласуваат , 3,45% не се согласуваат, а 3,45% не знаат

Наставници Училиштето е препознатливо по високиот квалитетот на работа и постигањата на учениците во различни области, како и остварување на визијата и мисијата на училиштето.90%се согласуваат , а 10% не знаат Наставниот кадар ужива респект кај родителите. 93,33%се согласуваат , а 6,66% не се согласуваат Училиштето се грижи за здравјето и безбедноста на учениците, ги негува родовата сензитивност и мултикултурализмот, 93,33% се согласуваат , 6,66% не знаат Учениците и вработените се идентификуваат со училиштето, се грижат за неговиот углед и се горди што се дел од него. 96,67%се согласуваат , а 3,33% не знаат. Преку еко содржините кај учениците се гради позитивен однос кон околината , хигиената во училницата со користење на ЕКО средства, декорирање на корпи со соодветни симболи пишување на пораки за хигиена во дворот.

Кодекс на однесување

Извори на податоци * Развоен план на училиштето * Акционен план * Записници од стручни активи * Записници од стручни активи * Записници од одделенски и наставнички совети * Извештаи од спроведени работилници * Правилник за видови на

Ученици и родители Училиштето има Кодекс на однесување со кој се поставени принципите и правилата на

однесување на сите структури во училиштето (раководниот кадар, наставниците,

стручната служба, техничкиот персонал, учениците и родителите). 89,65% се согласуваат,

6,89%не се согласуваат, а 3,45% не знаат

Училиштето има пишани процедури за реагирање во случај на прекршување на

принципите и правилата на однесување пропишани со кодексот и таквите процедури ги

спроведува во пракса. 82,76% се согласуваат, 3,45%не се согласуваат, а 13,79% не знаат

Наставници

Page 82: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

пофалби , награди и педагошки мерки * Етички кодекс на однесување * Педагошко психолошка документација

Училиштето има Кодекс на однесување со кој се поставени принципите и правилата на

однесување на сите структури во училиштето (раководниот кадар, наставниците,

стручната служба, техничкиот персонал, учениците и родителите). 100% се согласуваат

Во неговата изработка учествувале преставници на сите структури, а при неговото

усвојување е спроведена демократска процедура со учество на претставници на сите

структури. 90% се согласуваат, а 10% не знаат

Училиштето има пишани процедури за реагирање во случај на прекршување на

принципите и правилата на однесување пропишани со кодексот и таквите процедури ги

спроведува во пракса.93,33% се согласуваат, а 6,66% не знаат.

Еко одборот во соработка со учениците и вработените изработе еко кодекс кој е составен

дел на апликцијата за еколошко училиште.

Училишна клима

Извори на податоци * Развоен план на училиштето * Акционен план * Записници од стручни активи * Записници од стручни активи * Записници од одделенски и наставнички совети * Извештаи од спроведени работилници * Правилник за видови на пофалби , награди и педагошки мерки * Етички кодекс на однесување * Педагошко психолошка документација

Ученици и родители Во училиштето постои професионална соработка меѓу вработените. 82,76% се согласуваат, 17,24% не знаат Раководниот и наставниот кадар играат важна улога во одржување на постојано добра атмосфера во училиштето 96,55% се согласуваат,а 3,45% не знаат Наставници Училиштето води политика на заемно почитување и рамноправен третман на сите структури што учествуваат во училиштиот живот. 90% се согласуваат, а 10% не се согласуваат Во училиштето постои професионална соработка меѓу вработените. 100% се согласуваат Раководниот и наставниот кадар играат важна улога во одржување на постојано добра атмосфера во училиштето што се гледа од нивното однесување со учениците, другите вработени, родителите и посетителите на училиштето. 96,67% се согласуваат,а 3,33% не знаат Вработените ги упатуваат учениците да се грижат за училиштето и едни за други. 100% се согласуваат

Page 83: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

Речиси сите ученици (без оглед на способности, род, етничка припадност, вера и потекло) се чувствуваат прифатени од возрасните и другите ученици во училиштето. 96,67% се согласуваат,а 3,33% не знаат

Поведение и дисциплина во училиштето

Извори на податоци * Развоен план на училиштето * Акционен план * Записници од стручни активи * Записници од стручни активи * Записници од одделенски и наставнички совети * Извештаи од спроведени работилници * Правилник за видови на пофалби , награди и педагошки мерки * Етички кодекс на однесување * Педагошко психолошка документација

Ученици и родители Постои работна атмосфера за време на наставата и воннаставните активности, а вработените постојано се грижат за однесувањето и безбедноста на учениците за време на одморите, приемот на учениците и нивното заминување од училиште. 86% се согласуваат, 6,89% не се согласуваата 6,89% не знаат Вработените внимателно, но авторитетно се справуваат со проблеми кои се однесуваат на дисциплината и редовноста, поради што нема прекини во учењето и наставата. 79,31% се согласуваат,10,34% не се согласуваат 10,34% не знаат Училиштето соодветно го применува правилникот за изрекување на педагошки мерки.75,86% се согласуваат, 3,45% не се согласуваат, 20,69% не знаат Наставници Дисциплината на учениците е многу добра. 83,33% се согласуваат,10% не се согласуваата 6,67% не знаат Постои работна атмосфера за време на наставата и воннаставните активности, а вработените постојано се грижат за однесувањето и безбедноста на учениците за време на одморите, приемот на учениците и нивното заминување од училиште. 90% се согласуваат,6,67% не се согласуваата 3,33% не знаат Учениците се совесни и соработуваат со кадарот и меѓусебно, и учтиво се однесуваат. 90% се согласуваат,6,67% не се согласуваата 3,33% не знаат Вработените внимателно, но авторитетно се справуваат со проблеми кои се однесуваат на дисциплината и редовноста, поради што нема прекини во учењето и наставата. 96,67% се согласуваат,3,33% не се согласуваат Училиштето соодветно го применува правилникот за изрекување на педагошки мерки.100% се согласуваат

Партиципација на учениците во решавањето проблеми и

Page 84: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

донесувањето одлуки

Извори на податоци * Развоен план на училиштето * Акционен план * Записници од стручни активи * Записници од стручни активи * Записници од одделенски и наставнички совети * Извештаи од спроведени работилници * Правилник за видови на пофалби , награди и педагошки мерки * Етички кодекс на однесување * Педагошко психолошка документациј

Ученици и родители Учениците се навремено и целосно информирани за сите работи што се од нивен непосреден интерес и учествуваат во решавањето проблеми и донесувањето одлуки во врска со тие работи. 96,55% се согласуваат, 3,45% не се согласуваат Учениците се совесни и соработуваат со кадарот и меѓусебно и учтиво се однесуваат. 75,86% се согласуваат,13,79% не се согласуваат, 10,34% не знаат Наставници Учениците се навремено и целосно информирани за сите работи што се од нивен непосреден интерес и учествуваат во решавањето проблеми и донесувањето одлуки во врска со тие работи. 96,67 % се согласуваат, 3,33% не знаат Партиципација на учениците во реализацијата решавањето проблеми, донесувањето одлуки како активни учесници во реализација на седумте чекори и точките на акција од еко-стандардите, еко-секција, еко-патроли и еко-одбор е во тек на целата учебна година .

6.2. Еднаквост и правичност

Познавање на правата на децата

Извори на податоци * Педагошка евиденција и документација во однос на вклученост на учениците во воннаставни активности * Интервјуа со ученици, родители и стручна служба * Анкетни листови за ученици и родители

Сите вработени во училиштето ги знаат и ги почитуваат правата на децата. Учениците се поттикнуваат да ги почитуваат своите права и училиштето ги заштитува во случај на нивно нарушување. Родителите се запознаваат со правата на децата на родителски средби организирани во текот на учебната година во училиштето. Наставните содржини од наставните програми максимално се користат од страна на наставниот кадар за промовирање на еднаквоста и правичноста како вредности кон кои треба да се стремат учениците. Стручната служба преку реализација на своите програмски содржини придонесува учениците да учат како да се справуваат со конкретни ситуации поврзани со дискриминација.

Page 85: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

* Разговор со: Ученичка заедница Детска организација Родители,наставници * Записници од родителски средби * Изложени ученички трудови * Проектни активности

Еднаквост и правичност се обезбедува во училиштето за сите ученици без разлика на нивниот пол, етничка припадност, социјален статус и способностите кои што ги покажуваат за време на часовите. Сите ученици се вклучени во слободни ученички активности и на сите им се дава можност да учествуваат на различни конкурси, натпревари. Во оценувањето сите ученици подеднакво се третираат. Училиштето помага во создавање услови за еднаков третман на сите ученици преку консултативна работа по однос на форми, методи, средства и постапки во текот на целиот наставен процес, овозможувајќи создавање не само поволна клима во паралелките исто така и зема учество во откривање на промените во однесувањето на учениците. Пропишаните принципи во Кодексот на однесување на училчиштето, се применуваат и почитуваат и од вработените и од учениците. Познавање на правата на децата (анкетни листови за ученици и родители) 1. 100% од учениците и родителите се согласиле дека децата ги знааат своите права 2. 96,66 % од учениците и родителите се согласиле и 3,34% делумно се согласиле дека ги поттикнуваат своите соученици за практикување на своите права и ги заштитуваат во случај на нивно нарушување. 3. 70% од учениците и родителите се согласиле и 30 % делумно се согласиле дека училиштето организира работилници и ги информира (запознава) со правата на децата. 4. 100% од учениците и родителите се согласиле дека се почитуваат правата на децата. (анкетни листови за наставници) 1. 96,87 % од наставниците се согласиле, а 3,13 % делумно се согласиле дека децата ги знаат своите права. 2.90,63 % од наставниците се согласиле,а 9,37 % делумно се согласиле дека ги извршуваат обврските што произлегуваат од правата. 3. 96,87 % од наставниците се согласиле, а 3,13 % делумно се согласиле дека во училиштето, учениците се запознаваат со нивните права.

Еднаков и правичен третман на сите ученици

Извори на податоци

Почитувањето на правата на децата е пракса кај сите вработени во училиштето.

Page 86: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

* Педагошка евиденција и документација во однос на вклученост на учениците во воннаставни активности * Интервјуа со ученици, родители и стручна служба * Анкетни листови за ученици и родители * Разговор со: Ученичка заедница Детска организација Родители,наставници * Записници од родителски средби * Изложени ученички трудови * Проектни активности

Училиштето успешно ги заштитува учениците во случај да бидат нарушени нивните права. Тие слободно ги практикуваат своите права во меѓусебната комуникација. Приоритет во однесувањето на вработените е да се однесуваат подеднакво кон сите ученици, независно од полот, етничка припадност, социјално потекло и способностите. Меѓу темелните вредности на училиштето е промовирање на еднаквоста и правичноста во односите меѓу вработените, учениците и родителите. Учениците се учат како да се справуваат со конкретни ситуации поврзани со дискриминација во училишен контекст. (анкетни листови за ученици и родители ) 1. 93,33 % од учениците се согласиле и 6,67 % делумно се согласиле дека училиштето ги промовира еднаквоста правичноста како темелни вредности во сите свои пишани документи и обезбедува нивно почитување во односите меѓу вработените, учениците и родителите. 2. 96,66 %,од учениците се согласиле, 3,34 % делумно се согласиле дека сите родители се запознаени со политиката што ја води училиштето во врска со позитивното вреднување на учениците од етничка, културна, верска и јазична разноликост во заедницата. 3. 86,66 % од учениците се согласиле, 13,34 % делумно се согласиле дека во училиште сите наставници исто се однесуваат со сите ученици независно од пол, етничка припадност, социјално потекло, способност на активности. 4. 83,33 % од учениците се согласиле, 16,67 % делумно се согласиле дека во училиштето постои еднаквост и правичност помеѓу сите ученици и се обезбедува нивно почитување. (анкетни листови за наставници) 1. 96,87 % од наставниците се согласиле, а 3,13% делумно се согласиле дека во училиште сите наставници исто се однесуваат со сите ученици независно од пол, етничка припадност, социјално потекло, способност на активности. 2. 96,87 % од наставниците се согласиле, а 3,13% делумно се согласиле дека во училиштето постои еднаквост и правичност помеѓу сите ученици и се обезбедува нивно почитување 3. 96,25 % од наставниците се согласиле, 3,75 % делумно се согласиле дека сите ученици се запознаени со препознавање и справување со конкретни ситуации поврзани со дискриминација во училиштето. 4. 96,87 % од наставниците се согласиле, а 3,13% делумно се согласиле дека училиштето

Page 87: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

позитивно ги вреднува учениците од етничка, културна, верска и јазична различност во заедницата.

Прифаќање и промовирање на мултикултурализмот

Извори на податоци * Педагошка евиденција и документација во однос на вклученост на учениците во воннаставни активности * Интервјуа со ученици, родители и стручна служба * Анкетни листови за ученици и родители * Разговор со: Ученичка заедница Детска организација Родители,наставници * Записници од родителски средби * Изложени ученички трудови * Проектни активности

Позитивното вреднување и промовирање на етничката, културната, верската и јазичната разноликост во училиштето и заедницата е вградено во политиката на училиштето. Учениците учат да ја почитуваат сопствената и културата и традицијата на другите етнички заедници во Р. Македонија. Училиштето организира заеднички наставни или воннаставни активности и обезбедува меѓуетничка соработка на учениците и вработените со друго училиште. Со спроведување на активностите од проектот за “Меѓуетничка интеграција во образованието“ промовирајќи и активности на взаемна меѓуетничка и мултикултурна соработка на учениците и вработените со училишта од општината, градот и други градови од републиката, учениците имаат можност да се запознаваат и да ги почитуваат како сопствената, така и традицијата и културата на другите етнички заедници во Р. Македонија. Прифаќање и промовирање на мултикултурализмот (анкетни листови за ученици и родители ) 1. 93,33 % од учениците и родителите се согласиле, а 6,67 % делумно се согласуваат дека постои почит кон сопствената и културата и традицијата на другите етнички заедници во РМ без оглед на која група и припаѓаат и на кој јазик ја посетуваат наставата. 2. 70 % од учениците и родителите се согласиле, а 30 % делумно дека родителите се запознаени со тоа дека училиштето организира заедничка настава и /или воннаставни активности за културно-јазични групи. 3. 70 % од учениците и родителите се согласиле, а 30 % делумно дека родителите се запознаени со меѓуетничката соработка на училиштето со други училишта. (анкетни листови за наставници) 1. 96,25 % од учениците и родителите се согласиле, а 3,75 % делумно се согласуваат дека во училиштето учиме како да ја почитуваме сопствената и културата и традицијата на другите етнички заедници во РМ без оглед на која група и припаѓаат и на кој јазик ја посетуваат наставата

Page 88: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

2. 90,63 % од учениците и родителите се согласиле, а 9,37 % делумно се согласуваат дека учениците посетуваат заедничка настава и/или воннаставни активности за културно/јазични групи се согласиле 3. 81,25 %,од учениците и родителите се согласиле, а 18,75 % делумно дека соработуваме со ученици од други училишта.

Јаки страни

❖ Наставниот кадар и педагошко психолошката служба покажуваат високо ниво на взаемно почитување и почитување кон сите ученици во училиштето и истото се должи на добра соработка и взаемна доверба.

❖ Постои взаемна подршка и клима на отвореност за соработка помеѓу учениците и наставниците

❖ Добра училишна клима меѓу вработените во училиштето и меѓу учениците ❖ Континуирано учениците се мотивираат за постигнување подобри резултати ❖ Училиштето соодветно го применува правилникот за изрекување на педагошки

мерки. ❖ Изготвен Кодекс на однесување на наставниците и учениците истакнат на видно

место во училиштето ❖ Меѓуетничката соработка на училиштето со други училишта.

Слаби страни

❖ Поголемо поттикнување на учениците за почитување на Кодексот на однесување од страна на наставниците како носители на овие активности

Приоритети

Тим за подрачје 6

1. Мирјана Цветковска 2. Оливер Миленковски 3. Сунчица петрева 4. Ленче Гулевска 5. Маја Глигорова 6. Драгана Николовска 7. Гордана Николвска – родител

Област 7. Соработка со родители и со локалната средина

Индикатори

Page 89: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

7.1 Партнерски однос со родителите и со локалната и деловната заедница Теми * Соработка на училиштето со родителите * Соработка со локалната заедница * Соработка со деловната заедница и невладиниот сектор

7.1 Партнерски однос со родителите и со локалната и деловната заедница

Соработка на училиштето со родителите

Извори на податоци : * Извештај за работата на училиштето (полугодишен, годишен) * Записнинци од совет на родители и родителски средби * Анкети со родители и наставници * Записници од состаноци од училишниот одбор * Електронски дневник * Евидентни листови * Увид во веб страната на училиштето * Педагошка евиденција и документација ( за општествено корисна работа и јавно културна дејност ) * Фотографии

Соработката на училиштето со родителите е транспарентна,постојана и јавна.Училиштето ги потикнува родителите на соработка преку учество во Советот на родители,Училишниот одбор,организирање на родителски средби , приемни денови, заеднички активности , едукативни и креативни работилници.Училиштето организира најмалку четири родителски средби кога родителите се запознаваат со постигнувањата, редовноста и дисциплината на учениците , како и дополнителни и индивидуални родителски средби за решавање на актуелни прашања. Родителите се вклучени во воспитно образовниот процес преку организирање на предавања на тема која е поврзана со истражувачки и воспитно образовни потреби на учениците. Родителите даваат свој придонес во наставата преку посети на нивното работно место, како и преку вклучување во воннаставни истражувачки активности. Родителите имаат слободен и јасен пристап до сите информации за училиштето кои се однесуваат на целите, организацијата, тековните и идните планирани активности. Училиштето бара и ги почитува мислењата од родителите. Родителите се чувствуваат добредојдени и прифатени од страна на вработените во училиштето.Од спроведената анкета 86,40% од испитаниците се согласуваат дека училиштето ги потикнува родителите на соработка преку организирање на заеднички средби и работилници, а 13,60% не се согласуваат . На прашањето дека родителот како презентер учествува во воспитно образовниот

Page 90: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

процес преку организирање на предавања на тема која е поврзана со истражувачките и воспитно образовни потреби на учениците 77,28% се согласуваат, 10% не се согласуваат и 10% незнаат. Од испитаниците 86% се согласуваат дека родителите имаат слободен и јасен пристап до сите информации, 7% не се согласуваат и 7% незнаат.

1,82% од испитаниците сметаат дека училиштето бара и ги почитува мислањата од родителите, 6,82% % не се согласуваат и 11,36% незнаат . 84,09% од испитаниците се чувствуваат добредојдени во училиштето, 4,55% не се согласуваат и 11,36% незнаат.

Соработка со локалната заедница

Извори на податоци * Извештај за работата на училиштето (полугодишен, годишен) * Електронски дневни * Увид во веб страната на училиштето * Анкетни листови * Педагошка евиденција и документација ( за општествено корисна работа,здравствена

Училиштето остварува постојана соработка со локалната заедница во рамките на законската регулатива.Соработува со организации и институции од локалната заедница преку посети,организирани натпревари и заеднички манифестации. На прашањето дека училиштето преку заеднички проекти , организирање и учество во настани е активно вклучено во работата на локалната заедница 80% од испитаниците се согласуваат,а 20% незнаат. 77,98% од нив се согласуваат дека Локалната заедница се грижи за подобрување на условите за работа во училиштето, 4,84% не се согласуваат и 17,18% незнаат. 68,18%од испитаниците сметаат дека училиштето промовира и прифаќа вклучување на волонтери од заедницата во наставните и воннаставните активности, 2,27% % не се

Page 91: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

заштита и јавно културна дејност

согласуваат и 29,5% незнаат.

Соработка со деловната заедница и невладиниот сектор

Извори на податоци * Извештај за работата на училиштето (полугодишен, годишен * Анкетни листови * Документација за добиени спонзорства и донации

Училишната соработка со деловната заедница и невладиниот сектор се сведува на реализирање проекти со невладини здруженија. Дека меѓу училиштето и деловната заедница постои соработка која се остварува преку практична настава и заеднички проекти поттикнати од двете страни 70% од испитаниците се согласуваат, 7% не се согласуваат и 23% незнаат.

71% од испитаниците се согласуваат дека постои успешна соработка на училиштето со невладиниот сектор и активно учество на вработените во проекти од интерес на

Page 92: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

заедницата, а 29% незнаат за соработката на училиштето со невладинито сектор. Училиштето активно соработува со родителите, локалната и деловната заедница, невладиниот сектор и медиумите со вклучување на нивни претставници како активни учесници во реализација на еколошката програма (еко-одбор).

Јаки страни

❖ Родителите имаат слободен и јасен пристап до сите информации кои се однесуваат

на целите, организацијата, тековните и идните планирани активности ❖ Училиштето преку заеднички проекти , организирање и учество во настани е активно

вклучено во работата на локалната заедница ❖ Постои успешна соработка на училиштето со невладиниот сектор

Слаби страни

❖ Не се забележани

Приоритети

❖ Училиштето и понатаму континуирано да соработува со локалната и деловната

заедница што ќе придонесе за поголем напредок и развој на училиштето

Тим за подрачје 7

1. Марика Станковска 2. Татјана Галевска 3. Гордана Ристевска 4. Јасмина Караџовски 5. Анета Трифуновска 6. Маријана Насевска 7. Тања Симоновска 8. Димитар Громбановски- родител

Комисија за изработка на самоевалуација:

1. Славица Анѓеловска - психолог 2. Билјана Узуновска - педагог 3. Мирјана Цветковска - предметен наставник- англиски јазик

Page 93: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на

4. Марика Станковска – одделенски наставник 5. Новица Новаковски – родител

Page 94: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · -методи и форми на ... * Инструменти ... очекуваните исходи од учењето и начинот на