121
www.facebook.com/prespa.design правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 1 ГРАЃАНСКО ПРАВО 1. Судот нема да ги уважи располагањата на странките кои се: 1) во спротивност со присилните прописи; 2) во спротивност со одредбите на меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија и 3) во спротивност со моралот. Член 3, став 3 2. Судот одлучува за тужбеното барање по правило врз основа на: усно, непосредно и јавно расправање. Член 4 3. Ако тужениот по поднесување на тужба го смени живеалиштето, тогаш должен е за тоа веднаш да го извести судот.Член 140,став 1 4. Приговорот за месна ненадлежност тужениот може да го поднесе најдоцна во писмениот одговор на тужба.Член 19, став 1 5. За судење во спорови за сопственост на недвижност исклучиво е надлежен судот на чие подрачје се наоѓа недвижноста. Ако недвижноста лежи на подрачје на повеќе судови, надлежен е секој од тие судови. Член 33,став 1 и 2 6. Доколку судот во текот на постапката утврди дека за решавање на спорот е надлежен друг домашен орган, тогаш судот ќе се огласи за ненадлежен, ќе ги укине спроведените дејствија во постапката и ќе ја отфрли тужбата. Член 15, став 2 7. Странката е должна да поднесе барање за изземање на судија кога ќе узнае дека постои причина за изземање најдоцна до завршување на главната расправа пред првостепениот суд, а ако главна расправа не се одржала, до донесување на одлуката. Член 66, став 5 8. Доколку тужениот е физичко лице и во текот на постапката се покаже дека редовната постапка околку назначување на законски застапник на тужениот би траела долго, па поради тоа за една или за двете странки би можело да настанат штетни последици

PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

Embed Size (px)

DESCRIPTION

law

Citation preview

Page 1: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 1

ГРАЃАНСКО ПРАВО 1. Судот нема да ги уважи располагањата на странките кои се: 1) во спротивност со присилните прописи; 2) во спротивност со одредбите на меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија и 3) во спротивност со моралот. Член 3, став 3

2. Судот одлучува за тужбеното барање по правило врз основа на: усно, непосредно и јавно расправање. Член 4

3. Ако тужениот по поднесување на тужба го смени живеалиштето, тогаш должен е за тоа веднаш да го извести судот.Член 140,став 1 4. Приговорот за месна ненадлежност тужениот може да го поднесе најдоцна во писмениот одговор на тужба.Член 19, став 1 5. За судење во спорови за сопственост на недвижност исклучиво е надлежен судот на чие подрачје се наоѓа недвижноста. Ако недвижноста лежи на подрачје на повеќе судови, надлежен е секој од тие судови. Член 33,став 1 и 2 6. Доколку судот во текот на постапката утврди дека за решавање на спорот е надлежен друг домашен орган, тогаш судот ќе се огласи за ненадлежен, ќе ги укине спроведените дејствија во постапката и ќе ја отфрли тужбата. Член 15, став 2 7. Странката е должна да поднесе барање за изземање на судија кога ќе узнае дека постои причина за изземање најдоцна до завршување на главната расправа пред првостепениот суд, а ако главна расправа не се одржала, до донесување на одлуката. Член 66, став 5 8. Доколку тужениот е физичко лице и во текот на постапката се покаже дека редовната постапка околку назначување на законски застапник на тужениот би траела долго, па поради тоа за една или за двете странки би можело да настанат штетни последици

Page 2: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 2

судот ќе му назначи на тужениот привремен застапник. Член 76, став 1 9. Полномошник на странка може да биде - адвокат, - лице дипломиран правник кое со странката е во работен однос и - роднина по крв во права линија, брат, сестра или брачен другар, доколку е потполно деловно способен. Член 81, став 1 10. Странките и другите учесници во постапката кои зборуваат друг службен јазик, кој исто така е службен јазик во РМ, во постапката во постапката имаат право при учество на рочиштата и при усно преземање на други процесни дејствија пред судот да го употребуваат својот јазик. Член 93, став 1 11. Поднесоците кои се поднесени од полномошник а кои се неразбирливи или не ги содржат податоците од член 98 ставовите (3), (4), (5) и (8) на овој закон или не се поднесени во доволен број примероци кога тие се поднесени во писмена форма, судот ќе ги отфрли. Член 101, став 1 12. Роковите што не се определни со Закон, надвор од рочиште за главна расправа ги определува ги определува судот со оглед на околностите на случајот. Член 103, став 1 13. Кога судот ќе го одложи рочиштето, новото рочиште ќе се одржи Новото рочиште ќе се одржи во рок од најмалку осум дена, односно во рок од најмногу 45 дена од денот кога рочиштето било одложено. Кога ќе се одложи рочиштето, судот веднаш на присутните ќе им го соопшти местото и времето на новото рочиште. Член 108, став 1 14. Нема да се дозволи враќање во поранешна состојба, ако тужителот кој го поднел предлогот за враќање во поранешна состојба ако е пропуштен рокот за поднесување на предлог за враќање во поранешна состојба, или ако е пропуштено рочиштето определено по повод предлог за враќање во поранешна состојба. Член 111

Page 3: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 3

15. За преземените дејствија на рочиштето се составува записник во писмена форма, електронска форма, или во форма на тонски запис. Член 115 16. Во која форма судот донесува одлука пресуда или решение. Член 121, став 1 17. Судските писмена во текот на постапката Писмената се доставуваат по пошта, по електронски пат, преку службено лице на судот, непосредно во судот, преку нотар, извршител или друго лице определено со закон. Член 125, став 1

18. Странката која е уредно поканета да присуствува на рочиште а не се јави пред судот без оглед на причината, судот нема натамошна обврска да ја повикува. По нејзино барање судот е должен во судот да и врачи покана за денот и часот за одржување на рочиштето, како и примерок од записникот во писмена или електронска форма, односно во форма на тонски запис од претходно одржаното рочиште. Член 126, став 1 19. Доставувањето на поканите до воени лица може да се врши До воени лица, до лица вработени во полицијата и до лица вработени во сувоземниот, водниот и воздушниот сообраќај доставувањето на поканите може да се врши преку нивната команда, односно преку непосредниот старешина, а по потреба може на тој начин да се врши и доставување и на други писмена. Член 130

20. Дозвола за разгледување, препишување или копирање на списи (1) Странките имаат право да ги разгледуваат, препишуваат или копираат списите на постапката во која учествуваат во присуство на овластено лице во судот. (2) На другите лица кои имаат оправдан интерес може да им се дозволи разгледување, препишување или копирање на одделни списи во присуство на овластено лице во судот. Кога постапката е во тек, дозвола дава претседателот на советот, односно судијата поединец, а кога постапката е завршена, претседателот на судот, односно овластеното лице во судот што тој ќе го определи. Член 144 21. Ако до повлекување на тужбата дошло веднаш по исполнувањето на барањето од тужениот

Page 4: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 4

Тужителот кој ќе ја повлече тужбата е должен на спротивната странка да и ги надомести парничните трошоци, освен ако до повлекувањето на тужбата дошло веднаш по исполнувањето на барањето од страна на тужениот. Член 152, став 1 22. Ослободување од плаќање на трошоци по постапката (1) Судот ќе ја ослободи од плаќање на трошоците на постапката странката која според својата општа имотна состојба не е во можност да ги поднесува овие трошоци без штета за својата нужна издршка и нужната издршка на своето семејство. (2) Ослободувањето од плаќање на трошоците на постапката опфаќа ослободување од плаќање на такси и ослободување од полагање на аванс за трошоците на сведоците, вештаците, за увид и за судските огласи. (3) Судот може да ја ослободи странката само од плаќање на такси ако со плаќањето на таксите значително би биле намалени средствата од кои се издржува странката и членовите на нејзиното семејство. (4) При донесувањето на одлуката за ослободување од плаќање на трошоците на постапката, судот грижливо ќе ги оцени сите околности, а особено ќе ја земе предвид вредноста на предметот на спорот, бројот на лицата што ги издржува странката и приходите што ги имаат странката и членовите на нејзиното семејство. Член 163 23. Тужбата со која се поведува парничната постапката треба да содржи определено барање во поглед на главната работа и на споредните барања, факти врз кои тужителот го заснова барањето, докази со кои се утврдуваат овие факти, како и други податоци што мора да ги има секој поднесок (член 98). Член 176, став 1 24. До која фаза од постапката тужениот може да поднесе противтужба без согласност од тужителот Тужениот може најдоцна до првото рочиште за главната расправа кај истиот суд да поднесе противтужба, ако барањето на противтужбата е во врска со тужбеното барање, или ако тие барања можат да се пребијат или ако со противтужбата се бара утврдување на некое право или правен однос од чие постоење или непостоење зависи во целост или делумно одлуката за тужбеното барање. Член 179, став 1

25. Парницата почнува да тече

Page 5: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 5

доставувањето на тужбата до тужениот. Член 184, став 1 26. Тужителот може да ја повлече тужбата без согласност од тужениот пред да се впушти тужениот во расправање за главната работа. Член 183, став 1 27. Повеќе лица можат со една тужба да тужат односно да бидат тужени ( сопарничари ) 1) во поглед на предметот на спорот се во правна заедница или ако нивните права, односно обврски произлегуваат од ист фактички и правен основ; 2) предмет на спорот се барања односно обврски од ист вид што се засноваат врз суштествено истовиден фактички и правен основ иако постои стварна и месна надлежност на истиот суд за секое барање и за секој тужен и 3) тоа е определено со друг закон. Член 186, став 1 28. Кои дејствија е овластен да ги превзема замешувачот тој е овластен да истакнува предлози и да ги презема сите други парнични дејствија во рокови во кои тие дејствија би можела да ги презема странката на која и се придружил. Член 196, став 1 29. Доколку по заклучување на стечајната постапка и бришење на правното лице од соодветниот регистар, а кое нема правен следбеник судот со решение ќе ја отфрли тужбата заради непостоење на странка во спорот. Член 203, став 2 30. Должноста за товар на докажување се однесува На секоја странка, која е должна да ги изнесе фактите и да предложи докази врз кои го заснова своето барање или со кои ги побива наводите и доказите на противникот. Член 205, став 1 31. Судот ќе определи изведување на доказ увид на лице место Увид се презема само на предлог на странка кога за утврдување на некој факт или за разјаснување на некоја околност е потребно непосредно забележување на судот. Член 212, став 1 32. Ако исправата се наоѓа кај трето лице и по својата содржина е заединичка за странката која се повикува на исправата

Page 6: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 6

Судот може на трето лице да му нареди да поднесе исправа Член 219, став 1 33. Ако надлежниот орган не го ослободи сведокот од должноста за чување на службена или воена тајна Не може да се сослуша како сведок Член 221 34. Ако вештакот уредно повикан нема да дојде на рочиштето, а изостанокот нема да го оправда Судот со парична казна од 2.500 до 5.000 евра во денарска противвредност, ќе го казни вештакот, трговецот поединец – вештак, вештакот вработен кај субјектите од ставот (2) на овој член, вештакот вработен во орган на државната управа, кој нема да дојде на рочиште иако е уредно повикан, а изостанокот нема да го оправда, или ако до судот во определениот рок не го достави стручниот наод и мислење. Член 240 35. Судот ќе изведе вештачење како доказ ако странката со тужбата или одговорот на тужба го достави стручниот наод и мислење на вештакот. Член 235, став 1 36. Ако странката има полномошник, покана за рочиште на кое се изведува доказ со сослушување на странки, се доставува се доставува до полномошникот, кој е должен за тоа да ја извести странката. Член 253, став 2 37. Доказот со сослушување на странки се изведува без полагање заклетва. Член 255 38. Во постапката за обезбедување на докази не може да се изведе доказ со сослушување на странките. Член 257, став 2 39. Обезбедување на докази може да се предложи Кога постои оправдан страв дека некој доказ не ќе може да се изведе или дека неговото подоцнежно изведување ќе биде отежнато, може во текот како и пред поведувањето на постапката да се предложи да се изведе овој доказ. Член 257, став 1 40. Подготвување на главната расправа опфаќа претходно испитување на тужбата, доставување на тужбата до тужениот на одговор, одржување на

Page 7: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 7

подготвително рочиште и закажување на главна расправа. Член 262, став 2 41. Тужениот со поканата со која се доставува тужбата, ќе се предупреди дека е должен да даде писмен одговор на тужбата во рок што ќе го определи судот, кој не може да биде пократок од 15 дена, ниту подолг од 30 дена од денот на приемот на тужбата. Судот е должен во поканата да го предупреди тужениот на правните последици од недавање на писмен одговор на тужбата во определениот рок (член 319). Член 269, став 2 42. Во која фаза од постапката странките се должни да ги изнесат сите факти и докази и да ги достават исправите и предметите кои имаат намера да ги употребат како доказ најдоцна на подготвителното рочиште да ги изнесат сите факти и докази врз кои ги засноваат своите наводи, како и да ги достават исправите и предметите кои имаат намера да ги употребат како доказ во постапката. Член 271, став 2 43. Ако на подготвително рочиште не дојде тужителот кој е уредно поканет, што ќе стори судот со тужбата а изостанокот не го оправда, тужбата се смета за повлечена, ако со тоа се согласил тужениот, а ако тужениот не е присутен, тужбата ќе се смета за повлечена ако во рок од осум дена по приемот на известувањето за повлекувањето не се изјаснил дека на тоа се противи. Член 277, став 1 44. На подготвителното рочиште судот ќе го определи денот и часот на одржување на рочиштето за главна расправа во рок кој не може да биде пократок од осум дена ниту подолг од 60 дена, а во сложените предмети најмногу до 90 дена сметано од денот на одржаното подготвително рочиште, доказите кои ќе се изведуваат, сведоците и вештаците кои ќе бидат поканети на главната расправа. Член 278, став 1 45. Ако која било од странките не дојде на подготвително рочиште а изостанокот го оправда рочиштето ќе се одложи. Член 277, став 3 46. Ако странките на подготвителното рочиште се согласат спорот да се решава во постапка за медијација

Page 8: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 8

судот ќе донесе решение согласно член 200 став (1) точка 6 од овој закон и ќе ја прекине постапката. Член 273, став 1 47. За злоуотреба на правата што им припаѓаат на странките во постапката (1) Судот е должен постапката да ја спроведе без одолжување, во разумен рок, со што помалку трошоци и да ја оневозможи секоја злоупотреба на правата што на странките им припаѓаат во постапката. (2) Со парична казна од 700 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе се казни физичко лице (странка, замешувач, одговорно лице во правно лице), а со казна во висина од 2.500 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе се казни правно лице кое ќе ги злоупотреби правата што му припаѓаат во постапката. (3) Со паричната казна од ставот (2) на овој член, ќе се казни и застапникот (полномошник или законски застапник), доколку е одговорен за злоупотребата на правата. (4) Паричната казна од ставовите (2) и (3) на овој член ја изрекува првостепениот суд. Надвор од рочиштето за главна расправа казната ја изрекува судија поединец, односно претседателот на советот. (5) Ако паричната казна изречена со правосилно решение не биде доброволно платена во рокот кој го определил судот, таа присилно се наплатува по предлог на судот на начин определен со закон. Член 10 48. Кои факти ќе ги земе како докажани судот одлучува по свое слободно судско уверување врз основа на совесна и грижлива оцена на секој доказ посебно и на сите докази заедно, како и врз основа на резултатите од целокупната постапка. Член 8 49. Судирот на надлежноста меѓу судовите го решава заеднички непосредно повисокиот суд. Член 22 50. При отварањето на главната расправа Претседателот на советот, односно судија поединец го објавува предметот на расправањето. Потоа утврдува дали дошле сите повикани лица, па ако не дошле, проверува дали се уредно повикани и дали го оправдале својот изостанок. Член 279 51. До кога странката на главна расправа може да става приговори и предлози Кога во овој закон е предвидено дека странка може да истакне одреден приговор или предлог или да преземе

Page 9: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 9

некое друго парнично дејствие додека тужениот на главната расправа не се впушти во расправање за главната работа, таквиот приговор, односно предлог странката може да го истакне, до почетокот на доказната постапка. Член 282, став 3 52. Претседателот на советот односно судијата поединец (1) Претседателот на советот односно судијата поединец внимава во текот на главната расправа да се изведат сите прифатени докази. (2) Претседателот на советот односно судијата поединец со поставување на прашања и на друг целесообразен начин се грижи во текот на расправата да се изнесат сите решителни факти, да се дополнат нецелосните наводи на странките за важни факти, да се означат или дополнат доказните средства што се однесуваат на наводите на странките и воопшто да се дадат сите разјаснувања потребни за да се утврди фактичката состојба важна за одлуката. Судот, ако тоа е потребно, со странките може да ги разјасни правните прашања на спорот. Член 283 53. Странките можат да предлагаат нови докази на било кое рочиште од главната расправа Странките можат да изнесуваат нови факти и да предлагаат нови докази, како и да упатуваат поднесоци во кои ќе наведат нови факти и нови докази на првото или на било кое од наредните рочишта на главната расправа, само ако сторат веројатно дека без своја вина не биле во можност да ги изнесат, односно да ги предложат во дотогашниот тек на постапката. Член 284 54. Странката и нејзиниот законски застапник или полномошник можат непосредно да поставуваат прашања на спротивната страна, сведоците и вештаците можат по одобрение од претседателот на советот непосредно да им поставуваат прашања на противната странка, на сведоците и на вештаците. Член 287, став 2 55. Поставувањето на прашањата кои го содржат одговорот или не се однесуваат на предметот на спорот, ќе го забрани Претседателот на советот Член 287, став 3 56. Странките со завршни зборови се обраќаат на судот По изведувањето на сите докази, двете странки, почнувајќи од тужителот, имаат право накусо да му се обратат на судот со завршни зборови, со кои се

Page 10: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 10

резимираат правните и фактичките аспекти на предметот. Член 289 57. Советот може да ја заклучи главната расправа и кога останале да се прибават докази потребни за одлучување а странките ќе се откажат од расправањето за тие докази. Член 290, став 2 58. Главната расправа која повторно е отворена заради дополнување на постапката, ќе се заврши да заврши најдоцна во рок од 30 дена од денот на нејзиното повторно отворање. Член 291, став 2 59. На главната расправа можат да присуствуваат На расправата можат да присуствуваат само полнолетни лица. Член 292, став 2 60. Судот може да ја исклучи јавноста (1) Советот може да ја исклучи јавноста за целата главна расправа или за еден нејзин дел, ако тоа го бараат интересите за чувањето на службена, деловна или лична тајна, интересите на јавниот ред или причините на моралот. (2) Советот може да ја исклучи јавноста и во случај кога со мерките за одржување на редот предвидени во овој закон не би можело да се обезбеди непречено одржување на расправата. Член 293 61. Исклучувањето на јавноста не се однесува Исклучувањето на јавноста не се однесува на странките, нивните законски застапници, полномошниците и замешувачите.Член 294, став 1 62. Со спојување на повеќе парници кои течат пред ист суд меѓу исти лица можат со решение на советот да се спојат заради заедничко расправање, ако со тоа би се забрзало расправањето или би се намалиле трошоците. За сите споени парници судот може да донесе заедничка пресуда. Советот може да определи заради заедничко расправање пред него, да се спојат повеќе парници и тогаш кога за некои од нив е надлежен судија поединец на истиот суд. Член 299, став 1 и 2 63. Ако рочиштето за главна расправа се одржува пред изменет совет

Page 11: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 11

Ако рочиштето се одржува пред изменет совет, главната расправа ќе продолжи, а претседателот на советот накратко ќе го изложи текот на поранешните рочишта. Советот може да одлучи повторно да се изведат некои од веќе изведените докази. Член 301, став 3 64. Одржувањето на редот во судницата е должност на претседателот на советот Член 303 65. Странките пред парничниот суд можат да склучат судско порамнување Странките во текот на целата постапка пред парничниот суд можат да склучат порамнување за предметот на спорот (судско порамнување).Член 307, став 1 66. Судското поравнување се смета дека е склучено Порамнувањето е склучено кога странките по прочитаниот записник за порамнувањето ќе го потпишат записникот. Член 308, став 2 67. Ако судот утврди дека за предметот на спорот порано било склучено судско поравнување ќе ја отфрли тужбата. Член 309 68. Кога за конечна одлука узреало само дел од тужбеното барање, судот да ја заклучи расправата и да донесе пресуда (делумна пресуда). При оцена дали ќе донесе делумна пресуда судот особено ќе ја земе предвид големината на барањето или делот од барањето кој узреал за одлука. Член 316, став 1 69. Признанието на тужбеното барање тужениот може и без согласност на тужителот да го отповика до донесувањето на пресудата. Член 317, став 4 70. Ако во спор за утврдување на татковство, тужениот го признае татковството Ако тужениот до заклучувањето на главната расправа го признае тужбеното барање, судот без натамошно расправање ќе донесе пресуда со која го усвојува тужбеното барање (пресуда врз основа на признание). Член 317, став 1 71. Ако тужениот не поднесе одговор на тужба во определениот рок

Page 12: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 12

судот ќе донесе пресуда со која го усвојува тужбеното барање (пресуда поради неподнесување на одговор на тужба) ако бидат исполнети следниве услови, ако: 1) на тужениот тужбата и поканата за давање одговор на тужба му биле уредно доставени; 2) основаноста на тужбеното барање произлегува од фактите наведени во тужбата; 3) фактите врз кои се заснова тужбеното барање не се во спротивност со доказите кои тужителот ги поднел или со општопознатите факти и 4) не постојат општопознати околности од кои произлегува дека тужениот од оправдани причини бил спречен да поднесе одговор на тужба. Член 319, став 1 72. Пресудата станува правосилна Пресудата која повеќе не може да се побива со жалба станува правосилна доколку со неа е одлучено за барањето на тужбата или противтужбата. Член 322, став 1 73. Во посложени предмети судот може да го одложи донесувањето на пресудата за осум дена од денот на заклучувањето на главната расправа. Во тој рок судот е должен да одржи рочиште на кое ќе ја објави пресудата. Рочиштето за објавување на пресудата судот е должен да го закаже на рочиштето на кое главната расправа е заклучена и тоа ќе се одржи независно дали странките за тоа биле известени, односно дали пристапиле на тоа рочиште. Член 324, став 4 74. Во посложени предмети објавената пресуда мора писмено да се изработи а во посложените предмети исклучително во рок од 15 дена од денот на објавувањето. Член 326, став 1 75. Ако судот пропуштил да одлучи за сите барања, а странката во рок од 15 дена од приемот на пресудата поднела предлог за дополнување на пресудата, судот ќе закаже главна расправа пред советот заради донесување на пресуда за барањето што не е решено (дополнителна пресуда). Член 329, став 1 76. Поправање на одлука поради очигледни технички грешки при изготвувањето на истата, може странката да бара Грешките во имињата и броевите, како и други очигледни грешки во пишувањето и сметањето, недостатоците во

Page 13: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 13

формата и несогласноста на преписот на пресудата со оригиналот, ќе ги поправи претседателот на советот, односно судијата поединец во секое време.Член 331, став 1 77. Примерок од решение што е објавено на рочиште ќе се достави до странките во заверен препис само ако против тоа решение е дозволена посебна жалба, или ако врз основа на решението може веднаш да се бара извршување или ако тоа го бара управувањето со постапката. Член 332, став 2 78. Ако судот го одбие предлогот за учество на замешувачот во постапката До правосилноста на решението со кое се одбива учеството на замешувачот, замешувачот може да учествува во постапката и неговите парнични дејствија не можат да се исклучат. Член 195, став 2 79. Поправањето на пресудата претставува Грешките во имињата и броевите, како и други очигледни грешки во пишувањето и сметањето, недостатоците во формата и несогласноста на преписот на пресудата со оригиналот, ќе ги поправи претседателот на советот, односно судијата поединец во секое време.Член 331, став 1 80. Незадоволната странка против пресуда донесена во прв степен може да изјави редовен правен лек жалба во рок од 15 дена од денот на доставувањето на преписот на пресудата, ако во овој закон не е определен друг рок. Во меничните и чековните спорови овој рок изнесува осум дена. Член 337, став 1 81. Навремено изјавената жалба, спречува пресудата да стане правосилна во делот што се побива со жалбата. Член 337, став 2 82. Од кога странката може да се одрече од правото на жалба од моментот кога е објавена пресудата, или од моментот кога ќе и се достави преписот на пресудата. Член 338, став 1 83. Жалбата е нецелосна Ако врз основа на податоците од жалбата не може да се утврди која пресуда се побива или ако жалбата не е потпишана (нецелосна жалба), првостепениот суд со

Page 14: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 14

решение против кое не е дозволена жалба, ќе го повика жалителот во определен рок да ја дополни или исправи жалбата со поднесок или на записник кај тој суд. Член 340, став 1 84. Ако странката во текот на првостепената постапка не истакнала приговор за застареност странката тој приговор не може да го изнесе во жалбата. Член 341, став 2 85. Ако при донесување на првостепената пресуда судот бил непрописно составен Судот сторил суштествена повреда на одредбите на парничната постапка. Член 343, став 2, точка 1 86. Жалбата се поднесува Жалбата се поднесува до судот што ја изрекол првостепената пресуда во доволен број примероци за судот и за спротивната странка. Член 346 87. Ако странка која што во целост успеала во спорот поднесе жалба Жалбата е недозволена ако ја изјавило лице кое не е овластено за поднесување на жалбата, или лице кое се одрекло или се откажало од жалбата или ако лицето кое ја изјавило жалбата нема правен интерес за поднесување на жалбата. Член 347, став 3 88. Ако првостепениот суд при донесување на првостепената пресуда сторил суштествена повреда на одредбите на парничната постапка, а пресудата не била еднаш укината Второстепениот суд со решение ќе ја укине првостепената пресуда, ако утврди дека постои суштествена повреда на одредбите на парничната постапката (член 343) и ќе го врати предметот до истиот првостепен суд или ќе му го отстапи на надлежниот првостепен суд заради одржување на нова главна расправа. Во ова решение второстепениот суд ќе одлучи и кои спроведени дејствија, зафатени со суштествената повреда на одредбите на парничната постапка, се укинуваат. Член 358, став 1 89. Ако пресудата веќе еднаш била укината, а советот на второстепениот суд најде дека пресудата против која е поднесена жалба, се заснова на суштествена повреда на одредбите на парничната постапка

Page 15: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 15

Кога на седница на советот ќе се утврди дека пресудата против која е изјавена жалба се заснова на суштествена повреда на одредбите на парничната постапка или на погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба, а пресудата веќе еднаш била укината, второстепениот суд ќе закаже расправа и мериторно ќе одлучи.Член 351, став 3 90. Жалба против решение со кое се казнува сведок, може да поднесе (1) Оправданоста на причините за одбивање на сведочење или давање одговор на одделни прашања ја оценува судот пред кој сведокот треба да сведочи. Ако е потребно, претходно за тоа ќе се сослушаат странките. (2) Против решението на судот од ставот (1) на овој член странките немаат право на посебна жалба, а сведокот може ова решение да го побива во жалбата против решението со кое е изречена парична казна или затвор поради тоа што одбил да сведочи или не дал одговор на одделно прашање (член 233 став (2)). 91. Ревизија може да се поднесе (1) Против правосилна пресуда донесена во втор степен странките можат да изјават ревизија во рок од 30 дена од денот на доставувањето на препис на пресудата. (2) Странките можат да изјават ревизија против второстепена пресуда, ако вредноста на предметот на спорот на побиваниот дел на пресудата надминува 1.000.000 денари. (3) По исклучок од ставот (2) на овој член, без оглед на вредноста на спорот, ревизијата секогаш е дозволена: 1) во спорови за издршка; 2) во спорови за надоместок на штета за загубена издршка поради смрт на давателот на издршката; 3) во спорови од работните односи по повод престанок на работен однос; 4) во спорови за заштита на авторско право освен за паричните побарувања по тој основ; 5) во спорови што се однесуваат на заштита и употреба на пронајдоци и технички унапредувања, мостри, модели и жигови и на правото на употреба на фирма или назив, како и во спорови од нелојален натпревар и монополистички однесувања освен за паричните побарувања по тие основи и 6) во спорови во кои во постапка по жалба второстепениот суд ја преиначил првостепената пресуда. (4) Ревизијата по исклучок е дозволена и против второстепена пресуда против која не може да се изјави ревизија според ставот (2) од овој член, ако второстепениот суд во изреката на

Page 16: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 16

пресудата што ја донел, тоа го дозволил. Второстепениот суд може да дозволи ревизија со конкретизирање на опфатот на правното прашање кое би се покренало пред Врховниот суд на Република Македонија, ако оцени дека одлуката во спорот зависи од решавање на некое материјално-правно или процесно-правно прашање важно за обезбедување на единствена примена на законот и воедначување на судската практика. Во образложението на пресудата второстепениот суд е должен да наведе заради кое правно прашање ја дозволил ревизијата и да ги наведе одлуките кои укажуваат на невоедначена примена на законот, како и да ги образложи причините поради кои смета дека ова е важно за обезбедување на единствена примена на закон и воедначување на судската практика. (5) Одредбите од ставовите (2) и (4) на овој член не се применуваат во оние спорови за кои со овој или со друг закон изрично е одредено дека за нив ревизија не е дозволена. Член 372 92. Поднесената ревизија не го задржува извршувањето на правосилната пресуда против која е изјавена. Член 374 93. Ревизија се поднесува Ревизија се поднесува до судот што ја изрекол првостепената пресуда во доволен број примероци за судот и за противната странка. Член 379 94. Ревизискиот суд одлучува одлучува без расправа. Член 382 95. Странките можат да изјават ревизија против второстепена пресуда ако вредноста на побиваниот дел надминува 1.000.000 денари. Член 372, став 2 96. Во спорови во кои во постапката по жалба второстепениот суд ја преиначил првостепената пресуда ревизијата секогаш е дозволена, во спорови во кои во постапка по жалба второстепениот суд ја преиначил првостепената пресуда. Член 372, став 3, точка 6 97. Повторување на постапка може да се бара против правосилно завршена постапка (1) Постапката што со одлука на судот е завршена правосилно, може, по предлог од странката, да се повтори, ако:

Page 17: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 17

1) при донесувањето на одлуката учествувал судија, односно судија-поротник кој според законот морал да биде изземен (член 64), односно кој со решение на судот бил изземен; 2) на некоја странка со незаконито постапување, а особено со пропуштање на доставувањето не и била дадена можност да расправа пред судот; 3) во постапката како тужител или тужен учествувало лице кое не може да биде странка во постапката или ако странката која е правно лице не ја застапувало овластено лице, или ако парнично неспособната странка не ја застапувал законски застапник, или ако законскиот застапник, односно полномошник на странката немал потребно овластување за водење на постапката или за одделни дејствија во постапката, доколку водење на постапката, односно вршење на одделни дејствија во постапката не било дополнително одобрено; 4) одлуката на судот се заснова врз лажен исказ на сведок или вештак; 5) одлуката на судот се заснова врз исправа што е фалсификувана или во која е заверена невистинита содржина; 6) до одлуката на судот дошло поради кривично дело на судијата, односно на судијата-поротник, на законскиот застапник или на полномошникот на странката, на спротивната странка или на некое трето лице; 7) странката стекне можност да ја употреби правосилната одлука на судот која порано меѓу истите странки е донесена за исто барање; 8) одлуката на судот се заснова врз друга одлука на суд или врз одлука на некој друг орган, а таа одлука ќе биде правосилно преиначена, укината, односно поништена; 9) странката узнае за нови факти или најде или стекне можност да употреби нови докази врз основа на кои за странката можела да биде донесена поповолна одлука тие факти или докази да биле употребени во поранешната постапка и 10) со одлука на надлежен орган дополнително правосилно е одлучено за претходно прашање (член 11 ставови (1) и (2)) на кое се заснова одлуката на судот. (2) Постапката правосилно завршена со пресуда врз основа на признание, пресуда врз основа на одрекување, пресуда поради неподнесување на одговор на тужба и пресуда поради изостанок не може да се повтори поради причините од ставот (1) точки 8, 9 и 10 на овој член. (3) Постапката правосилно завршена со пресуда врз основа на признание и пресуда врз основа на одрекување може да се повтори затоа што изјавата за признание, односно одрекување е дадена во заблуда или под влијание на присила или измама. Член 392

Page 18: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 18

98. Ако странката стекне можност да употреби докази, може да бара постапката да се повтори странката узнае за нови факти или најде или стекне можност да употреби нови докази врз основа на кои за странката можела да биде донесена поповолна одлука тие факти или докази да биле употребени во поранешната постапка. Член 392, став 1, точка 9 99. Во постапка во работни спорови постапката пред првостепениот суд мора да се заврши во рок од шест месеца од денот на поднесувањето на тужбата. Член 405, став 4 100. Во спорови поради смеќавање на владение ќе се расправа и докажува ќе се ограничи само на расправање и докажување на фактите за последната состојба на владението и за настанатото смеќавање. Исклучено е расправање за правото на владение, за правниот основ, за совесноста или несовесноста на владението или барањата за надоместок на штета. Член 412 101. Тужителот може да бара извршување на решението поради смеќавање на владение во рок од 30 дена по истекот на рокот што со решението е определен за извршување на тоа дејствие. Член 415 102. Судот ќе ја отфрли тужбата на тужителот со предлог за издавање платен налог Ако тужителот не го стори веројатно постоењето на правниот интерес или не побарал од нотар да донесе решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа чл.418, став 5 103. Во постапка по платен налог, судот може да се огласи за месно ненадлежен само по приговор на тужениот истакнат во приговорот против платниот налог. Член 425 104. Спорови од мала вредност се спорови во кои тужбеното барање се однесува на побараување во пари кое не го надминува износот од 180.000 денари. Член 430, став 1 105. Во постапка од мала вредност

Page 19: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 19

Во постапката во споровите од мала вредност е дозволена посебна жалба само против решението со кое се завршува постапката. Член 433, став 1 106. Во постапка за регрес за исплатена штета од страна на странска осигурителна компанија против домашна осигурителна компанија За споровите со меѓународен елемент за правата со кои слободно располагаат странките можат да договорат надлежност на домашен или на странски избран суд, ако барем една од нив е физичко лице со живеалиште или со трајно престојувалиште во странство, односно правно лице со седиште во странство, ако за тие спорови не е предвидена исклучителна надлежност на суд во Република Македонија. Член 440 107. Во стопански спорови суди судија поединец ако вредноста на спорот е не го надминува износот од 1.800.000 денари, а во споровите за плаќање камата без оглед на вредноста на предметот на спорот. Член 467 108. Ако обете странки во стопанските спорови предложат рочиштето да се одложи за да се обиде спорот да се реши со поравнување судот ќе го уважи овој предлог и веднаш ќе ги извести странките за денот и часот кога ќе се одржи ново рочиште. Член 470 109. Против второстепена одлука за доверување на деца на чување и воспитание Против второстепената одлука за доверување на деца на чување и воспитание е дозволена ревизија. Член 372 ЗПП и Член 273 Закон за семејство 110. Судот ќе донесе одлука за издржување на малолетните деца Во споровите за издржување на малолетно дете или полнолетно дете над кое е продолжено родителското право се применува одредбата од член 272 на овој закон. Во постапката заради доверување на деца на чување и воспитание судот не е врзан со барањата на странките. -со пресудата со која бракот се поништува или разведува (чл.274 Закон за семејство) -и во спорови за утврдување или оспорување на татковство или мајчинство, кога донесувањето на оваа одлука, со оглед на

Page 20: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 20

исходот на спорот и околностите на случајот е можно и потребно (чл.275 Закон за семејството) 111. За постапување по предлогот за уредување на начинот на управување и користење на заеднички предмети Надлежен e судот на чиешто подрачје се наоѓа заедничкиот предмет. Член 193 ВПП 112. Судот во вонпроцесна постапка по изведување на доказите односите меѓу етажните сопственици ги уредува со донесување судот донесува решение со кое ги уредува односите на етажните сопственици. Член 208 ВПП 113. Во постапка за уредување на меѓи, судот врши обновување или исправање на меѓи. Член 228 ВПП 114. Постапката за определување на надоместок за експроприрана недвижност се поведува судот ја поведува по службена должност, кога ќе му бидат доставени списите од надлежниот орган на управата. Член 242, став 1 ВПП 115. Судски тестамент се составува Судски тестамент се составува во просториите на судот или надвор од него, во станот на завештателот, во болница или на друго место, ако завештателот не е во состојба да дојде во судот. Член 252 ВПП 116. Ако лицето во чија корист е предаден предметот во депозит, во рок од 10 годни од предавањето на депозитот не го подигне депонираниот предмет судот со решение ќе утврди дека депонираниот предмет станал сопственост на Република Македонија. Член 307 ВПП 117. Кога се отвара наследство Со смртта на едно лице се отвора неговото наследство. Истото дејство го има и прогласувањето на едно лице за умрено. Член 120 ЗН 118. Со способност за наследување се стекнува Наследник може да биде само лице кое е живо во моментот на отворањето на наследството. Детето веќе зачнато во моментот на отворање на наследство се смета како родено ако се роди живо.

Page 21: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 21

Врз основа на тестамент можат да наследат и правни лица, доколку со одделни прописи нешто друго не е определено. Член 122 ЗН 119. За недостојноста на наследување води сметка За недостојноста судот води сметка по службена должност, освен во случај на повреда на обврската за издршка и неукажување на нужна помош. Член 124, став 3 ЗН 120. За да бидат релевантни причините за недостојност треба да постојат Во времето на составувањето на тестаментот. чл.47 ЗН 121. Недостојноста за наследување може да престане Недостојноста престанува со проштевање на оставителот. Член 124, став 2 122. Правните лица може да се јават како наследници врз основа на Врз основа на тестамент можат да наследат и правни лица, доколку со одделни прописи нешто друго не е определено. Член 122, став 3 ЗН 123. Вонбрачните деца на оставителот се наследници од Вонбрачните деца на оставителот се наследници од прв наследен ред. 124. Посвоеникот на оставителот е наследник од прв наследен ред. чл. 13 и чл. 23 ЗН 125. Во првиот наследен ред наследници се потомците и брачниот другар на оставителот чл.13 ЗН 126. Брачниот другар може да се јави како наследник од првиот наследен ред доколку бракот траел Бракот бил законски склучен на денот на смртта на оставителот. Нема законско ограничување за траење на бракот во поглед на правото на наследување. 127. Вонбрачниот другар може да се јави како наследник доколку умрениот не оставил други наследници од првиот првиот наследен ред и родители и браќа и сестри и ако трајната заедница траела најмалку 5 години непрекинато од

Page 22: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 22

засновањето на односите па се до смртта на оставителот чл.29 ЗН 128. Во вториот наследен ред како наследници може да се јават Оставината на умрениот кој не оставил потомци ја наследуваат неговите родители и неговиот брачен другар. Член 16, став 1 ЗН 129. Во третиот наследен ред како наследници може да се јават Оставината на умрениот што не оставил ниту потомци, ниту родители, ниту овие оставиле некој потомок, ниту брачен другар, ја наследуваат неговите дедовци и баби. Едната половина од оставината ја наследуваат дедото и бабата по татко, а другата половина дедото и бабата по мајка. Член 20 ЗН 130. Законски наследници во првиот наследен ред добиваат од оставината Оставината на умрениот ја наследуваат пред сите неговите деца и неговиот брачен другар. Тие наследуваат еднакви делови. Член 13, став 2 131. Во првиот наследен ред делот на брачниот другар може да се намали ако Кога има деца на оставителот кои не потекнуваат од бракот со надживеаниот брачен другар, а имотот на овој брачен другар изнесува повеќе од делот што би му припаднал при делбата на оставината на еднакви делови, тогаш на секое дете на оставителот му припаѓа двапати поголем дел отколку на брачниот другар. Член 15 ЗН 132. Доколку покрај брачниот другар оставителот оставил и 4 деца наследниот дел на брачниот дугар изнесува 1/5 (една петтина) 133. Доколку оставителот оставил 2 малолетни деца, еден посвоеник и еден син од вонбрачна заедница . Оставината помеѓу наследниците се дели на по ¼ (една четвртина) 134. Оставителот има брачен другар, татко, две сестри и двајца браќа, колкав дел од оставината ќе добие секоја од двете сестри. По 1/16 ( една шеснаестина)

Page 23: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 23

135. Оставителот има татко, двајца браќа и лице што живеело непрекинато 5 години до смртта на оставителот. Делот што ќе го добие лицето што живеело во трајна заедница со оставителот изнесува Согласно законот ова лице нема право на дел од оставината. 136. Оставителот има два сина, двајца внуци од порано умрен син, посвоеник, татко и двајца браќа. Секој од внуците ќе наследи од оставината Секој од внуците наследува по 1/8 од оставината. 137. Оставителот има брачен другар, татко, двајца браќа и син од вонбрачна заедница. Секој од браќата ќе наследи од оставителот. Браќата не наследуваат во овој случај. 138. Оставителот има три сина, двајца внуци од порано умрен син, брачен другар, татко, мајка и две сестри. Секој од синовите ќе добие од оставината Секој од синовите ќе добие по 1/5. 139. Оставителот има татко, мајка, двајца браќа и една сестра. Сестрата ќе добие од оставината. Сестрата нема да добие од оставината. Браќата нема да добијат од оставината. 140. Оставителот има двајца правнуци, татко, брат и дедо и баба по мајка. Таткото ќе добие Таткото нема да добие од оставината. 141. Оставителот има дедо и баба и двајца чичковци а во лозата по мајка нема живи наследници. Бабата ќе добие ½ (една половина) од оставината. 142. Оставителот има татко, мајка двајца браќа и лице што живеело во заедница со оствителот 5 години непрекинато до моментот на неговата смрт. Таткото ќе добие ½ една половина од оставината 143. Оставителот има брачен другар, татко, мајка, двајца браќа и две сестри. Секоја од сестрите ќе наследи Сестрите не наследуваат.

Page 24: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 24

144. Оставителот има брачен другар и два сина од вонбрачна заедница. Имотот на брачниот другар изнесува повеќе од делот што би му припаднал доколку оставината се дели на еднакви делови. Колкав дел од оставината ќе добие брачниот другар. Кога има деца на оставителот кои не потекнуваат од бракот со надживеаниот брачен другар, а имотот на овој брачен другар изнесува повеќе од делот што би му припаднал при делбата на оставината на еднакви делови, тогаш на секое дете на оставителот му припаѓа двапати поголем дел отколку на брачниот другар. 1/5 145. Оставителот има две сестри, двајца браќа и два сина – внуци од порано умрен брат. Секој од синовите на порано умрениот брат ќе наследат по. Внуците од порано умрениот брат ќе наследат по 1/10. 146. Оставителот има баба и дедо по мајка, дедо по татко и двајца чичковци. Секој од чичковците ќе наследат по Чичковците ќе наследат по 1/8 147. Оставителот има син, татко, мајка, две сестри . Таткото ќе наследи Таткото не наследува 148. Оставителот има брачен другар, три сина, ќерка и две внуки од порано умрена ќерка. Секоја од внуките ќе наследи Секоја од внуките ќе наследи по 1/12 од оставината 149. Кои од наведените лица не може да бидат нужни наследници Нужни наследници се: децата на оставителот, неговите посвоеници и неговиот брачен другар. Потомците на децата на оставителот и на неговиот посвоеник се нужни наследници само ако во моментот на смртта на оставителот живееле во заедница со него или ако тој ги издржувал или ако се трајно неспособни за работа и немаат нужни средства за живот. Родителите на оставителот и неговите браќа и сестри се нужни наследници само ако се трајно неспособни за работа и немаат нужни средства за живот. Лицата наведени во овој член се нужни наследници кога според законскиот ред на наследување се повикани на наследство. Член 30 ЗН

Page 25: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 25

150. Нужниот наследен дел на брачниот другар на оставителот изнесува Нужните наследници имаат право на дел од оставината кој се вика нужен дел и кој им припаѓа во случај кога оставителот располагал со оставината. Нужниот дел на потомците, посвоениците и нивните потомци и на брачниот другар изнесува една половина, а нужниот дел на другите наследници една третина од оној дел што на секој наследник би му припаднал според законскиот ред на наследувањето без оглед на тоа што некој од нужните наследници не бара дел од оставината, или пак е исклучен од наследство или е недостоен да наследи. Притоа, не се применуваат одредбите од овој закон за зголемување, односно намалување на наследниот дел на брачниот другар, односно на родителите. Член 31, став 2 ЗН 151. Нужниот наследен дел на родителите на оставителот изнесува една третина од оној дел што на секој наследник би му припаднал според законскиот ред на наследувањето без оглед на тоа што некој од нужните наследници не бара дел од оставината, или пак е исклучен од наследство или е недостоен да наследи.Член 31, став 2 ЗН 152. Внуците на оставителот се јавуваат како нужни наследници Потомците на децата на оставителот и на неговиот посвоеник се нужни наследници само ако во моментот на смртта на оставителот живееле во заедница со него или ако тој ги издржувал или ако се трајно неспособни за работа и немаат нужни средства за живот. Член 30, став 2 ЗН 153. Браќата и сестрите на оставителот се јавуваат како нужни наследници Родителите на оставителот и неговите браќа и сестри се нужни наследници само ако се трајно неспособни за работа и немаат нужни средства за живот. Член 30, став 3 ЗН 154. Оставителот може да го лиши потомокот од неговиот нужен дел ако Ако потомокот кој има право на нужен дел е презадолжен или е растурач, завештателот може да го лиши во целост или делумно од неговиот нужен дел во корист на неговите потомци.

Page 26: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 26

Ова лишување останува полноважно само ако во моментот на отворањето на наследството лишениот има малолетно дете или малолетен внук од порано умреното дете, или има полнолетно дете или полнолетен внук од порано умреното дете кои се неспособни за стопанисување. 155. Оставителот може да го исклучи наследникот од неговиот нужен дел ако Завештателот може да исклучи од наследство наследник кој има право на нужен дел ако: 1) потешко се огрешил спрема оставителот со повреда на некоја законска или морална обврска и 2) со смисленост сторил некое потешко злодело спрема него или неговиот брачен другар, дете или родител. Исклучувањето од наследство може да биде целосно или делумно. Член 46 ЗН 156. Доколку оставителот во тестаментот располагал со целиот свој имот неговиот единствен син кој не е тестаментален наследник ќе добие дел од оставината која изнесува . 1/2 од она што би му припаднало според законскиот ред на наследувањето. чл.31 ЗН 157. Како се обезбедува нужниот дел ако е повреден Намалување на располагањата со тестаментот и враќање на подароците сторени во последните 90 дена од животот на оставителот можат да бараат само нужните наследници. Со смртта на нужниот наследник кој не побарал нужен дел до завршувањето на расправата на оставината, правото од став 1 на овој член не преминува на неговите наследници, но потомок на нужниот наследник кој и самиот би бил нужен наследник доколку неговиот предок умрел пред оставителот, може да го оствари за себе правото на нужен дел, што во таков случај би му припаднал. Намалување на располагањето со тестаментот може да се бара во рок од три години од прогласувањето на тестаментот, а враќање на подароците сторени во последните 90 дена од животот на оставителот во рок од три години од смртта на оставителот, односно од денот кога решението за неговото прогласување за умрен, односно решението со кое се докажува неговата смрт станало правосилно. -со намалување на располагањата со тестаментот, па доколку нужниот дел со тоа не би бил намирен, тогаш се враќаат подароците сторени во последните 90 дена од животот на сторителот. чл.38 и чл.39 ЗН

Page 27: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 27

158.Правото да се бара враќање на подароците направени последните 90 дена од животот на оставителот заради обезбедувње на нужниот дел застараува во рок од во рок од три години од смртта на оставителот, односно од денот кога решението за неговото прогласување за умрен, односно решението со кое се докажува неговата смрт станало правосилно. Член 45 ЗН 159.Правото да се бара намалување на тестаменталните располагања заради обезбедување на нужниот дел застарува во рок од Намалување на располагањето со тестаментот може да се бара во рок од три години од прогласувањето на тестаментот, Член 45 ЗН 160. Делот на нужниот наследник исклучен од наследство преминува на Со исклучувањето наследникот ги губи наследните права во мерката во која е исклучен, а правата на другите лица кои можат да го наследат оставителот се определуваат како да умрел исклучениот пред оставителот. 161. Едно лице се здобива со способност да состави тестамент Тестамент може да состави секое лице способно за расудување коешто наполнило 15 години . Тестаментот е ништовен ако во времето на неговото составување завештателот немал 15 години или не бил способен за расудување. Губењето на способноста за расудување што би настапило откога е направен тестаментот не влијае врз неговата полноважност. Член 62 ЗН 162. Ако завештателот составил тестамент па подоцна ја изгубил способноста за расудување тестаментот ќе Губењето на способноста за расудување што би настапило откога е направен тестаментот не влијае врз неговата полноважност. Член 62, став 3 ЗН 163. Кои видови на тестамент не се предвидени со Законот за наследувањето на РМ -предвидени се: своерачен тестамент (чл.66 ЗН), судски тестамент (чл.67 ЗН), тестамент составен пред дипломатски или конзуларен претставник во странство (чл.71 ЗН), тестамент составен за време на воена состојба (чл.73 ЗН),

Page 28: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 28

меѓународен тестамент (чл.74 ЗН) и устен тестамент (чл.90 ЗН) 164. Своерачниот тестамент во кој не е наведена датата на неговото составување е Тестаментот е полноважен ако го напишал завештателот со своја рака и ако го потпишал. За полноважност на своерачниот тестамент не е нужно, но е корисно, во него да е означен датумот кога е составен. Член 66 ЗН 165. Судски тестамент го составува Тестамент на завештателот, по негово кажување може да му состави судија на основен суд, кој претходно ќе го утврди идентитетот на завештателот. Откога завештателот ќе го прочита и потпише ваквиот тестамент, судијата на самиот тестамент ќе потврди дека завештателот во негово присуство го прочитал и го потпишал. 166. Сведоци кај судски тестамент се потребни Во случај завештателот да не е во состојба да го прочита тестаментот што му го составил судијата, овој ќе му го прочита на завештателот во присуство на двајца сведоци, па тогаш завештателот во присуство на истите сведоци ќе го потпише тестаментот или ќе стави на него свој ракознак, откога ќе изјави дека тоа е негов тестамент. Сведоците ќе се потпишат на самиот тестамент. Судијата ќе потврди на тестаментот дека сите овие дејствија се извршени. Член 68 ЗН 167 Времето на важење на тестамент составен пред диполматко или конзуларното преставништво изнесува. Полноважен е тестаментот составен од државјанин на Република Македонија во странство според одредбите што важат за составување на судски тестамент од страна на конзуларен претставник или дипломатски претставник на Република Македонија кој врши конзуларни работи. Нема време на важење 168. Tестаментот составен пред Дипломатско конзуларниот претставник се составува според одредбите што важат за според одредбите што важат за составување на судски тестамент од страна на конзуларен претставник или дипломатски претставник на Република Македонија кој врши конзуларни работи. Член 72 ЗН

Page 29: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 29

169. Меѓународен тестамент може да состави За составување на меѓународен тестамент надлежен е судија на основниот суд кој е надлежен и за составување на судски тестамент. Меѓународен тестамент за државјанин на Република Македонија во странство можат да состават и дипломатските или конзуларните претставници на Република Македонија, кои ќе ги определи шефот на дипломатското или конзуларното претставништво. Член 76 ЗН 170. Усниот тестамент престанува да важи Завештателот може да ја изјави својата последна волја усно пред двајца сведоци само ако поради исклучителни околности не е во можност да состави писмен тестамент. Усниот тестамент престанува да важи кога ќе поминат 30 дена од престанокот на исклучителните околности во кои е составен. Член 90, став 2 ЗН 171. Доколку македонски државјанин се наоѓа на брод кој плови по исклучително јака бура по Медитеранот за време на својот пат може да состави Завештателот може да ја изјави својата последна волја усно пред двајца сведоци само ако поради исклучителни околности не е во можност да состави писмен тестамент. Усниот тестамент престанува да важи кога ќе поминат 30 дена од престанокот на исклучителните околности во кои е составен. При составувањето на устен тестамент можат да бидат сведоци само лицата кои можат да бидат сведоци при составувањето на судски тестамент, но не мораат да знаат да читаат и да пишуваат. Член 90 и 91 ЗН 172. Тестаментот составен за време на воена состојба се составува според правилата на Полноважен е тестамент составен за време на воена состојба според одредбите што важат за составување на судски тестамент на лица на воена должност од страна на командирот на четата или на некој друг старешина од неговиот или од повисок ранг, или од некое друго лице во присуство на некој од овие старешини, како и од секој старешина на одделен одред. Член 72, став 1 173. Дали може оставителот да го отповика судскиот тестамент со подоцнежна изјава на волја дадена за време на негова тешка болест кога тој не може да дојде до судот, дадена пред двајца сведоци

Page 30: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 30

Завештателот може секогаш да го отповика тестаментот, во целост или делумно, со изјава дадена во каква и да било форма во која според законот може да се состави тестамент. Завештателот може да го отповика писмениот тестамент и со уништување на писменото. Член 117 ЗН 174. Правно лице во РМ може да наследи врз основа на Врз основа на тестамент можат да наследат и правни лица, доколку со одделни прописи нешто друго не е определено. Член 122, став 3 175. Доколку оставителот е лице неспособно за расудување Член 62 Тестамент може да состави секое лице способно за расудување коешто наполнило 15 години . Тестаментот е ништовен ако во времето на неговото составување завештателот немал 15 години или не бил способен за расудување. Губењето на способноста за расудување што би настапило откога е направен тестаментот не влијае врз неговата полноважност. Член 62 ЗН 176. Дали исто лице може да се појави како наследник на оставителот врз основа на закон и врз основа на тестамент Не може 177. На првото јавно наддавање недвижноста може да се продаде На првото јавно наддавање, недвижноста не може да се продаде под утврдената вредност. Член 174, став 1 ЗИ На првото јавно наддавање недвижноста може да се продаде најниско по цената утврдена со проценката и заклучокот на извршителот.

178. Парични казни спрема должникот може да се изрекуваат, доколку должникот во определениот рок не ја исполни обврската која наместо него не може да ја изврши друго лице (1) Ако според извршната исправа должникот е должен да стори определено дејствие кое наместо него не може да го стори друго лице, извршителот со налог за извршување ќе му остави на должникот рок потребен за исполнување на обврската. (2) Со налогот за извршување извршителот го известува должникот дека доколку должникот во определениот рок не ја

Page 31: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 31

исполни обврската, судот, во рок од 48 часа со решение ќе изрече парична казна и тоа на физичко лице од 20.000 до 80.000 денари, а на правно лице од 100.000 до 30.000.000 денари и на одговорното лице во правното лице од 20.000 до 80.000 денари. (3) Ако должникот во тој рок не ја исполни обврската, извршителот ќе го спроведе решението за изречената парична казна. (4) Во тој случај, извршителот истовремено ќе донесе нов налог со кој на должникот ќе му остави нов рок за исполнување на обврската и ќе го извести дека доколку должникот во определениот рок не ја исполни обврската, судот во рок од 48 часа со решение ќе изрече нова парична казна во поголем износ отколку со претходното решение. (5) Против должникот кој и покрај таа казна нема да ја исполни својата обврска извршителот и судот и натаму ќе постапуваат на начинот определен во ставовите (2), (3) и (4) од овој член, се додека вкупниот збир на паричните казни по одделни решенија не достигне десеткратен износ на првата изречена казна. (6) Ако извршителот не може да ја изврши паричната казна, судот по известување од извршителот, ќе ја замени со казна затвор според правилата што важат во казненото право. (7) При одмерувањето на висината на паричната казна во пропишаните граници, судот ќе води сметка за значењето на дејствието што должникот бил должен да го изврши, како и за другите околности на случајот. (8) Жалбата по решение за изречена парична казна не го задржува спроведувањето на извршувањето на решението. Член 222 ЗИ 179. Кога должникот може да поднесе предлог за противизвршување: (1) Кога извршувањето е веќе спроведено, должникот може да поднесе до судот, односно органот кој ја донел извршната исправа, предлог за противизвршување, барајќи доверителот да му го врати она што го добил со извршувањето, ако извршната исправа е правосилно укината, преиначена, поништена или ставена вон сила. (2) Предлогот за противизвршување може да се поднесе во рок од еден месец од денот кога должникот дознал за причината за противизвршување, а најдоцна во рок од една година од денот на завршувањето на извршувањето.Член 78 ЗИ 180. Субјективниот рок за поднесување на приговор против неправилности при извршувањето е: Приговорот образложен, аргументиран и поткрепен со соодветни докази се поднесува во рок од три дена по денот на

Page 32: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 32

осознавање на неправилноста, но не подоцна од 15 дена по завршувањето на извршувањето. Член 77, став 2 ЗИ 181. Извршно дејствие што не се спроведува при извршување врз подвижни педмети заради намирување на парично побарување. Извршување врз подвижни предмети се спроведува со попис, процена, пленидба и продажба на предметите и намирување на доверителот од износот добиен со продажбата. Член 85 ЗИ 182. Врз кој од наведените подвижни предмети може да се спроведе извршување. (1) Предмет на извршување не можат да бидат: 1)облека, обувки, долна облека и други предмети за лична употреба, постелнина, садови, мебел, шпорет, ладилник и други предмети со вообичаена вредност што служат за задоволување на основните потреби за домаќинството, доколку му се потребни на должникот и на членовите на неговото домаќинство; 2)храна и огрев за потребите на должникот и на членовите на неговото домаќинство за три месеца; 3)работен и расплоден добиток, земјоделски машини и други орудија за работа, семе, добиточна храна, алат, машини и други предмети што на должникот земјоделец или занаетчија му се неопходни за одржување на земјоделското стопанство, односно за вршење на занаетчиската дејност, во мера во која е потребно со тоа да се оствари минимален приход за неговото издржување и за издржување на членовите на неговото семејство; 4)книги и други предмети што му се потребни на должникот кој самостојно во вид на занимање со личен труд врши научна, уметничка или друга професионална дејност; 5)готови пари на должникот до месечниот износ кој според закон е изземен од извршување; 6)ордени, медали, воени споменици и други знаци на одликување и признание, венчален прстен, лични писма, ракописи и други лични списи на должникот, како и семејни фотографии и 7)помагала што на инвалидот или на друго лице со телесни недостатоци му се дадени врз основа на прописите или што ги набавил сам, а се неопходни за извршување на неговите животни функции. (2) Одредбите од ставот (1) точка 3 на овој член не се однесуваат на извршувањето заради остварување на парични побарувања на банките по основа на наменски

Page 33: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 33

кредити за развој на земјоделската, односно на занаетчиската дејност под услов таа можност да е изрично предвидена со договорот за кредитот. (3) Поштенска пратка или поштенска парична дознака упатена до должникот не може да биде предмет на извршување пред да му се врачи. (4) Со закон може да се определи дека и други подвижни предмети не можат да бидат предмет на извршување. Член 84 ЗИ 183. По предлогот за противизвршување одлучува: (1) Предлогот за противизвршување судот, односно органот кој ја донел извршната исправа, ќе го достави до доверителот и ќе го повика да поднесе одговор во рок од осум дена од денот на доставувањето. (2) Ако во тој рок доверителот во одговорот го оспори предлогот, судот, односно органот, со решение ќе одлучи по предлогот. Судот по исклучок, ценејќи ги фактите на предметот, заради донесување на решението може да закаже и рочиште. (3) Ако доверителот не поднесе одговор на предлогот, ненавремено поднесе одговор, или пак изјави дека не се противи на предлогот, судот, односно органот, со решение го усвојува предлогот и му наложува на доверителот во рок од 15 дена да му го врати на должникот она што го добил со извршувањето. (4) Решението се извршува според одредбите на овој закон. Член 79, ЗИ 184. Која од наведените постапки- дејства на извршување заради остварување на непарично побарување не е уредно со Законот за извршување. -уредени се предавање и испорака на подвижни предмети (чл.212 ЗИ), испразнување и предавање на недвижности (чл.218 ЗИ) 185. Што од наведеното не може да биде средство на извршување заради остарување на парично побарување. Извршување заради остварување на парично побарување може да се изврши само со продажба на подвижни предмети, продажба на недвижности, продажба на хартии од вредност и удели во трговски друштва, пренос на парично побарување, претворање во пари на други имотни права и пренос на средства што се водат на сметката кај носител на платен промет согласно со прописите за платен промет . Член 23 ЗИ

Page 34: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 34

186. Која од наведените недвижности е изземена од извршувањето Предмет на извршување не може да биде земјоделско земјиште и стопански згради на земјоделец во обем нужно неопходен за негова издршка и за издршка на членовите на неговото потесно семејство и на други лица кои според закон е должен да ги издржува. Член 163, став 1 ЗИ 187. Привремена мерка може да се дозволи: -пред поведувањето и во текот на судска или управна постапка. чл.31 Закон за обезбедување на побарувањата=ЗОП 188. Судот може да дозволи привремена мерка за обезбедување: -ако доверителот го стори веројатно постоењето на побарувањето и опасноста дека без таква мерка должникот ќе ја осуети или значително отежне наплатата на побарувањето, со тоа што својот имот, односно своите средства ќе ги отуѓи, прикрие или на друг начин ќе располага со нив. чл.33 ЗОП 189. Кој го спроведува извршувањето. Извршителот го спроведува извршувањето.Член 3, став 1 ЗИ 190. Што од наведеното не е содржано во условите за продажба на недвижност. (1) Условите за продажбата, покрај другите податоци, содржат: 1) поблизок опис на недвижноста со припадоците; 2)назначување на службеностите и на стварните товари што ги презема купувачот; 3) вредноста на недвижноста утврдена со заклучок на извршителот; 4) цена по која недвижноста може да се продаде; 5) рок во кој купувачот е должен да ја положи цената; 6) начин на продажба и 7) износ на гаранцијата. (2) Рокот во кој купувачот е должен да ја положи цената не може да биде подолг од 15 дена од денот на продажбата. (3) По исклучок, а по претходна согласност од доверителот, рокот од ставот (2) на овој член, може да биде продолжен до три месеца. Член 170 ЗИ

Page 35: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 35

191. Ако според извршната исправа должникот е должен да стори определено дејствие кое наместо него не може да го стори друго лице, а должникот во определениот рок не ја исполни обврската, извршувањето се спроведува: (1) Ако според извршната исправа должникот е должен да стори определено дејствие кое наместо него не може да го стори друго лице, извршителот со налог за извршување ќе му остави на должникот рок потребен за исполнување на обврската. (2) Со налогот за извршување извршителот го известува должникот дека доколку должникот во определениот рок не ја исполни обврската, судот, во рок од 48 часа со решение ќе изрече парична казна и тоа на физичко лице од 20.000 до 80.000 денари, а на правно лице од 100.000 до 30.000.000 денари и на одговорното лице во правното лице од 20.000 до 80.000 денари. (3) Ако должникот во тој рок не ја исполни обврската, извршителот ќе го спроведе решението за изречената парична казна. -со спроведувањето на решението за изречената парична казна (чл.222 ЗИ) 192. Извршувањето врз парично побарување на должник се спроведува со Извршувањето врз парично побарување се спроведува со забрана и со пренос, ако со овој закон за одделни случаи поинаку не е определено. Член 106, став 1 ЗИ 193. Против одлуката на претседателот на судот донесена по приговорот против неправилности при извршувањето: Против решението на претседателот на судот, странката или учесникот има право да поднесе жалба до апелациониот суд, на чие подрачје се наоѓа Основниот суд. Член 77-а, став 1 ЗИ 194. Доверителот може да побара одлагање на извршувањето. (2)Доверителот може да побара одлагање на извршувањето за одреден временски период, а најмногу до 30 дена. (3)Доверителот може да побара одлагање на извршувањето најмногу двапати. Член 81, став 2 и 3 ЗИ 195. Што не претставува услов за дозволување на привремена мерка услов е: доверителот да го стори веројатно постоењето на побарувањето и опасноста дека без таква мерка должникот ќе ја осуети или значително отежне наплатата

Page 36: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 36

на побарувањето, со тоа што својот имот, односно своите средства ќе ги отуѓи, прикрие или на друг начин ќе располага со нив. -доверителот немора да ја докажува опасноста ако стори веројатно дека со предложената мерка должникот би претрпел само незначителна штета -се смета дека опасност постои ако побарувањето би требало да се оствари во странство (чл.33 ЗОП) 196. Основа за извршување е: (1) Основа за извршување претставува извршната исправа. (2) Основа за извршување е и решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа донесено од нотар.Член 2, став 1 и 2 ЗИ 197. Извршувањето започнува по барање на : Извршувањето започнува по барање од доверителот. Член 2, став 3 ЗИ 198. Извршна исправа е : (1) Извршни исправи се: 1) извршна судска одлука и судско порамнување; 2) извршна одлука и порамнување во управна постапка, ако гласат на исполнување на парична обврска; 3) извршна нотарска исправа, 3-а) заклучокот на извршителот за утврдување на трошоците на извршувањето, 3-б) решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа донесено од нотар и 4) друга исправа која како извршна исправа е предвидена со закон. Член 12, став 1 ЗИ 199. Судска одлука е извршна: Судската одлука е извршна ако станала правосилна и ако истекол рокот за доброволно исполнување на должниковата обврска. 200. Извршување заради остварување на парично побарување се извршува со : Извршување заради остварување на парично побарување може да се изврши само со продажба на подвижни предмети, продажба на недвижности, продажба на хартии од вредност и удели во трговски друштва, пренос на парично побарување, претворање во пари на други имотни права и пренос на средства што се водат на сметката кај носител

Page 37: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 37

на платен промет согласно со прописите за платен промет . 201. Предмет на извршување заради наплатување на парично побарување може да биде: Предмет на извршување заради намирување на парично побарување може да биде секој должников предмет или имотно право, што со закон не се изземени од извршување, односно доколку извршувањето врз нив не е ограничено со закон. Член 24 ЗИ 202. Барањето за извршување на извршната исправа се доставува до Барањето за извршување на извршната исправа доверителот го поднесува до извршителот во писмена форма со приложување на извршната исправа во оригинал.Член 27, став 21 ЗИ 203. Доверителот во текот на постапката може да го повлече барањето за извршување. Доверителот во текот на постапката може, без согласност на должникот, да го повлече барањето за извршување во целост или делумно, освен во случаите кога со повлекувањето на барањето се злоупотребуваат правата на доверителот.Член 28, став 1 ЗИ 204. Извршувањето по правило се спроведува (1) Извршувањето по правило се спроведува секој ден од 06,00 до 21,00 часот. (2) Со дозвола на претседателот на основниот суд на чие подрачје се спроведува извршувањето, извршувањето може да се спроведе независно од термините утврдени во ставот (1) на овој член. Член 74 ЗИ 205. При превземање на извршни дејствија во станот на должникот, извршителот е овластен На извршните дејствија во станот на должникот на кои не присуствува должникот, негов законски застапник, полномошник или полнолетен член на неговото домаќинство, мора да присуствува полиција и двајца полнолетни сведоци. 206. За преземање на извршни дејствија во станот на должникот извршителот обезбедува писмена дозвола За преземање на извршни дејствија во станот на должникот, извршителот обезбедува писмена дозвола од претседателот на основниот суд на чие подрачје се спроведува извршувањето, во која не се назначува денот на преземањето на дејствието. Член 75, став 1 ЗИ

Page 38: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 38

207. Странката или учесникот кој што смета дека при извршување се сторени неправилности може да поднесе приговор Странката или учесникот којшто смета дека при извршувањето се сторени неправилности може да поднесе приговор до претседателот на основниот суд на чија територија извршувањето, или пак дел од него, се спроведува. Член 77, став 1 ЗИ 208. Со решение претседателот на судот може Со решението претседателот на судот, може приговорот да го одбие или да го усвои. Член 77, став 7 ЗИ 209. Претседателот на судот ако го усвои предлогот Претседателот на судот со решението со кое го усвојува приговорот ги утврдува сторените неправилности и ги става вон сила преземените извршни дејствија. Член 77, став 8 ЗИ 210. Против решението на претседателот на судот жалба се поднесува во рок од Жалбата се поднесува во рок од три дена по приемот на решението од членот 77 преку основниот суд. Член 77-а, став 2 ЗИ 211. Жалбата против решение на претседателот на судот Жалбата не го задржува извршувањето. Член 77-а, став 5 ЗИ 212. Предлог за противизвршување може да се поднесе во рок Предлогот за противизвршување може да се поднесе во рок од еден месец од денот кога должникот дознал за причината за противизвршување, а најдоцна во рок од една година од денот на завршувањето на извршувањето. Член 78, став 2 ЗИ 213. Судот односно органот со решение ќе го усвои предлогот на должникот за противизвршување ако Ако доверителот не поднесе одговор на предлогот, ненавремено поднесе одговор, или пак изјави дека не се противи на предлогот, судот, односно органот, со решение го усвојува предлогот и му наложува на доверителот во рок од 15 дена да му го врати на должникот она што го добил со извршувањето. Член 79, став 3 ЗИ

Page 39: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 39

214. Претседателот на судот на барање на странката или учесникот може да го одложи извршувањето. Претседателот на судот од членот 77 од овој закон, може најмногу еднаш на барање на една од страните или учесниците да го одложи извршувањето за одредено време, но не подолго од 90 дена. Член 81, став 4 ЗИ 215. Во времето за кое е одложено извршувањето по барање на доверителот, доверителот Во времето за кое е одложено извршувањето по барање на доверителот доверителот го губи стекнатиот редослед за првенствена наплата кое го стекнал во времето на барање на извршувањето.Член 82, став 1 ЗИ 216. Предмет на извршување може да биде Предмет на извршување заради намирување на парично побарување може да биде секој должников предмет или имотно право, што со закон не се изземени од извршување, односно доколку извршувањето врз нив не е ограничено со закон. Член 24 ЗИ 217. Извршување врз плата и пензија заради нaдомест на штета поради губење на работна способност може да се спроведе до износ од Извршувањето врз плата и пензија, како и врз надоместок наместо плата, за побарување врз основа на законска издршка, надоместок на штета настаната поради нарушување на здравјето или намалување, односно губење на работната способност и надоместок на штета за загубена издршка поради смрт на давачот на издршката, може да се спроведе до износот од една половина, а за побарувања по друга основа - до износот од една третина на платата или пензијата. Член 105, став 1 ЗИ 218. Извршување врз плата и пензија до износот од 1/3 од платата или пензијата може да се спроведе за Сите парични побарувања по друг основ различен од: законска издршка, надоместок на штета настаната поради нарушување на здравјето или намалување, односно губење на работната способност и надоместок на штета за загубена издршка поради смрт на давачот на издршката 219. Извршување врз примање врз основа на договор за доживотна издршка и доживотна рента може да се спроведе само Извршување врз примањето врз основа на договор за доживотна издршка и доживотна рента, како и врз примањето врз основа на договор за осигурување на

Page 40: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 40

животот, може да се спроведе само на делот кој го надминува износот на најниската социјална помош која се исплатува на подрачјето на кое должникот има живеалиште. Член 105, став 4 ЗИ 220. Извршувањето врз парично побарување кое по сметка кај банка му припаќа на физичко или правно лице се спроведува Извршување врз парично побарување кое по сметка кај банка му припаѓа на физичко или правно лице, се спроведува така што со налог за извршување и се наложува на банката паричниот износ за кој е издаден налог за извршување да го исплати на сметката на извршителот предвидена во членот 35 став (4) од овој закон. Член 137, став 1 ЗИ 221. Со налогот за пренос на должниково побарување извршителот ќе му наложи на должниковиот должник подвижните предмети кои се однесуваат на тоа побарување да ги предаде на Со налогот за пренос на должниковото побарување, извршителот ќе му наложи на должниковиот должник подвижните предмети на кои се однесува тоа побарување, да му ги предаде на извршителот или на друго лице на чување.Член 142, став 1 ЗИ 222. Со налогот за пренос на должниковото побарување извршителот ќе му наложи на должниковиот должник недвижноста на која се однесува побарувањето да му ја предаде на Со налогот за пренос на должниковото побарување, извршителот ќе му наложи на должниковиот должник недвижноста на која се однесува тоа побарување да му ја предаде на доверителот. Член 144, став 1 ЗИ 223. Доверителот е должен да управува со недвижноста од името и за сметка на должникот како Доверителот е должен да управува со недвижноста од името и за сметка на должникот, како добар стопанственик, односно добар домаќин и на должникот, по негово барање, да му положи сметка за управувањето. Член 144, став 2 ЗИ 224. Дали должникот може да предложи друго средство за изршување по приемот на налогот за извршување и во кој рок Должникот може во рок од три дена од денот на приемот на налогот за извршување врз недвижности да предложи

Page 41: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 41

извршувањето да се спроведе врз друго средство на извршување или извршувањето да се спроведе врз друга недвижност, од онаа определена во налогот за извршување врз недвижности. Член 155, став 1 ЗИ 225. Кон извршување врз невижност може да се пристапи Кон извршувањето може да се пристапи до донесување на заклучокот за продажба на недвижноста на купувачот. Член 157, став 3 ЗИ 226. Со извршување врз невижност се намирува и Со извршувањето врз недвижност се намирува и заложниот доверител кој не барал извршување. Член 158, став 1 ЗИ 227. Залогот врз недвижност се гаси со денот на Залогот запишан врз недвижност се гаси со денот на донесувањето на заклучокот за предавање на недвижноста (член 178) и ако заложните доверители не се наполно намирени. Член 159, став 1 ЗИ 228. Со продажба на недвижност не се гасат (1) Стварните службености врз недвижност не се гасат со продажба на недвижноста. (2) Со продажба на недвижноста не се гасат ни личните службености ни стварните товари што се запишани во јавната книга пред правата на заложните доверители и правата на намирување на доверителот на чие барање е спроведено извршувањето. Член 160, став 1 и 2 ЗИ 229. Не се изземени од извршување кај земјоделец земјоделско земјиште и стопански згради на земјоделец извршување заради остварување на парични побарувања обезбедени со договорно заложно право над недвижности (хипотека). Член 163, став 2 ЗИ 230. Извршителот нема обврска да го доставува заклучокот за продажба на недвижност до Заклучокот за продажба се доставува до странките, до заложните доверители, до учесниците во постапката, до лицата кои имаат запишано или законско право на првенствено купување и до надлежниот орган на управата. 231. Усното јавно наддавање за продажба на недвижност се одржува

Page 42: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 42

Од објавувањето на заклучокот за продажба во средствата за јавно информирање до денот на продажбата мораат да изминат најмалку 15 дена, но не повеќе од 30 дена. Усното јавно наддавање за продажба на недвижност се одржува пред извршителот во простории што тој ќе ги определи. 232. Рокот во кој купувачот е должен да ја плати цената не може да биде Рокот во кој купувачот е должен да ја положи цената не може да биде подолг од 15 дена од денот на продажбата. Член 170, став 2 233. Висината на гаранцијата за јавно наддавање при продажба на недвижност при извршување изнесува Гаранцијата изнесува една десеттина од утврдената вредност на недвижноста. Член 175, став 5 ЗИ 234. На второто јавно наддавање недвижноста не може да се продаде под Ако недвижноста не можела да се продаде на првото јавно наддавање, извршителот ќе закаже второ јавно наддавање на кое недвижноста може да се продаде под утврдената вредност, но не под две третини од таа вредност.Член 174, став 2 ЗИ 235. Основ за стекнување на правото на сопственост на недвижноста продадена при извршувањето е За продажбата на недвижноста, извршителот изготвува записник и донесува заклучок за продажба, кој го доставува до сите учесници на наддавањето. Член 175, став 4 ЗИ 236. Договорот за продажба на недвижноста со непосредна спогодба го потпишуваат Договорот за продажба со непосредна спогодба се склучува во писмена форма. Договорот го потпишуваат купувачот и извршителот во име и за сметка на должникот. Член 176, став 2 ЗИ 237. Ако недвижноста не може да се продаде на второто јавно наддавање по предлог на доверителот Ако недвижноста не можела да се продаде на второто наддавање, по предлог на доверителот недвижноста ќе му биде продадена нему, по цена определена за продажба на

Page 43: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 43

второто јавно наддавање, со обврска доверителот позитивната разлика во цената да ја положи кај извршителот во рок што тој ќе му го определи. Член 180, став 1 ЗИ 238. Ивршителот пристапува кон намирување Извршителот пристапува кон намирување, по донесување на заклучокот за извршено предавање на недвижноста на купувачот. Член 181 ЗИ 239. Од износот добиен од продажбата најпрво се намируваат 1) трошоците на извршувањето и 2) давачките пристигнати за последната година кои ја товарат продадената недвижност.Член 183, став 1 ЗИ 240. Трошоците и каматата за последните три години до донесување на заклучокот за предавање на недвижноста на купувачот определен со извршната исправа се намирува Трошоците и каматите за последните три години до донесувањето на заклучокот за предавање на недвижноста на купувачот, определени со извршна исправа, се намируваат по истиот ред како и главното побарување. Член 184, став 3 ЗИ 241. Доколку доверителот или друго лице приговори на редот на намирување извршителот Доколку доверителот или друго лице приговори на редот на намирувањето, извршителот не застанува со намирувањето, а лицето кое приговара на редот на намирување го упатува да заведе спор во рок од 30 дена. Член 187, став 2 ЗИ 242. Побарувањето за кое во јавните книги е запишана прибелешка за спор заради бришење на заложно право се намирува. Побарување за кое во јавната книга е запишана прибелешка на спор заради бришење на заложно право или прибелешка за друг спор се намирува на начин на кој се намирува побарување под раскинувачки услов. Член 191, став 2 ЗИ 243. До кога може да се бара наплата на судски пенали (1) Наплатата на судските пенали може да се бара се додека не е барано извршување на извршната исправа.

Page 44: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 44

(2) Правото на судските пенали не му припаѓа на доверителот од денот на поднесувањето барање за извршување. Член 197 ЗИ 244. Предмет на извршување не може да бидат Предмет на извршување не можат да бидат предмети надвор од промет, како ни рудно богатство и други природни богатства. Член 198 ЗИ 245. Ако доверителот во барањето за извршување не го определи редоследот на солидарните должниците налогот се врши по Против два или повеќе должници кои солидарно одговараат според извршната исправа, извршителот може да донесе налози за извршување за секој должник посебно. Доверителот може во барањето за извршување да го определи редоследот на должниците според кој ќе се врши наплатата, а ако тоа не го сторил, наплатата ќе се врши по оној редослед по кој должниците се наведени во барањето за извршување. Член 207, став 1 и 2 ЗИ 246. Извршување заради предавање на недвижност се спроведува Извршување заради испразнување и предавање на недвижности се спроведува така што извршителот, откако ќе ги отстрани лицата и предметите од таа недвижност, му ја предава недвижноста во посед на доверителот. Член 218, став 1 ЗИ 247. Барањето за извршување на извршната исправа според која работодавецот е должен работникот да го врати на работа може да се поднесе во рок Барање за извршување на извршната исправа според која работодавецот е должен работникот да го врати на работа или одново да му ги довери работите што ги вршел порано, може да се поднесе во рок од шест месеца од денот кога работникот стекнал право да го поднесе тоа барање. Член 226 ЗИ 248. Заложното право врз недвижоста се заснова Кога должникот не е запишан како сопственик на недвижност, запишување на доверителовото право на сопственост на таа недвижност може да се изврши ако доверителот, заедно со барањето за извршување поднесе доказ дека правен претходник на должникот е лицето кое е запишано како сопственик. Член 229 ЗИ

Page 45: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 45

249. Времето за кое е определена претходната мерка може да трае најдолго до истекот на -15 дена од денот на настанувањето на условите за присилно извршување. чл.27 ЗОП 250. Што од наведеното не е вид на претходна мерка видови се: -попис на подвижни предмети -забрана на должниковиот должник да му исплати на должникот побарување или да му предаде предмети, како и забрана на должникот да наплати побарување, да ги прими предметите и со нив да располага -забрана на носител на платен промет на должникот или на трето лице, по налог од должникот, да исплати од неговата сметка паричен износ за кој е дозволена претходна мерка и -прибелешка на заложно право врз недвижност на должникот или врз право запишано врз недвижност чл.24 ЗОП 251. Барањето за надомест на штета должникот може да поднесе спрема доверителот предизвикана со определувањето и спроведувањето на претходната мерка во рок од 3 месеца од денот на правосилноста на решението за запирање на постапката за обезбедување. чл.28 ЗОП 252. Привремената мерка може да се дозволи -пред поведувањето и во текот на судска или управна постапка. чл.31 ЗОП -ако доверителот го стори веројатно постоењето на побарувањето им опасноста дека без таква мерка должникот ќе ја осуети или значително отежне наплатата на побарувањето, со тоа што својот имот, односно своите средства ќе ги отуги, прикрие или на друг начин ќе располага со нив. чл.33 ЗОП 253. Што претставува стварното право во објективна смисла? систем на норми (збир на правни правила) на граѓанското право со кои се уредуваат оние односи што настануваат меѓу луѓето во врска (по повод) со остварувањето на непосредната - дирекната власт на стварите, призната од државата (стварноправни односи). 254. Што претставува стварното право во субјективна смисла?

Page 46: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 46

Според првата, секоја призната дирекна власт на една ствар претставува субјективно стварно право. Според втората, стварното субјективно право е облик на владение (поседување) на стварта, признато од објективното стварно право. 255. Што е предмет на стварното право ? Стварното право како наука е дел од граѓанското право како наука. Тоа е научна дисциплина што за свој предмет на проучување ги има стварно-правните норми, односно стварното право како објективно право. Науката за стварно право има задача да го изучува објективното стварно право онака како што е нормирано во правните прописи и при тоа критички да ги оценува, односно анализира и систематизира. Таа тоа го прави де леге лата (врз нормите според постојниот закон) и дава свое мислење за законот- де лега ференда (за иднина, според законот што треба - или ќе се донесе), водејќи сметка за адекватноста на општествено - економските услови и цели на конкретната општествена заедница. 256. Видови стварни права се: Сопственоста, службеностите, залогата, реалниот товар, правото на долготраен закуп на градежно земјиште и другите стварни права определени со закон 257. Основни карактеристики на стварното право се: стварно-правноста, апсолутноста и законската определеност 258. Други карактеристики на стварното право се: специјалноста, јавноста, трајноста и правото на првенство 259. Поим на ствар. Ствар, во смисла на овој закон, е дел од материјалната природа што може да биде во власт на човекот и што може да се индивидуализира. Член 12, став 2 ЗСДСП 260. Стварите можат да се поделат според: Постојат различни видови на ствари зависно од нивната природа, положбата во просторот, составот, намената и другите особини врз кои правото на сопственост со закон се уредува на различни начини, водејќи сметка за општата природа на правото на сопственост. Член 12, став 3 ЗСДСП 261. Видови на ствари:

Page 47: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 47

-подвижни и недвижни (чл.13 ЗСДСП) -прости и сложени (чл. 14 ЗСДСП) -главна и споредна ствар(припадоци и прирастоци) (чл.15 ЗСДСП) -ствари во општа употреба и ствари од општ интерес (чл.16 ЗСДСП) 262. Што ја сочинува содржината на правото на сопственост? Сопственикот има право својата ствар да ја држи, целосно да ја користи и да располага со неа по своја волја, доколку тоа не е спротивно на закон или на некое право на друго лице. Секој е должен да се воздржува од повреди на правото на сопственост на друго лице. Член 8 ЗСДСП 263. Предмет на правото на сопственост: Предмет на правото на сопственост се сите ствари, коишто можат да припаѓаат на физички и правни лица, освен оние што според својата природа или врз основа на закон не можат да бидат предмет на ова право.Член 12, став 1 ЗСДСП 264. Кои се носители на правото на сопственост? Право на сопственост можат да стекнуваат сите домашни и странски физички и правни лица, вклучувајќи ја и државата и единиците на локалната самоуправа, под услови и на начин предвидени со овој и друг закон.Член 2 ЗСДСП 265. Сосопственост е: Сосопственост е сопственост на повеќе лица кои имаат право на сопственост на неподелена ствар на која делот на секој од нив е определен сразмерно според целината (идеален, сосопственички дел).Член 31, став 1 ЗСДСП 266. Кои се условите за остварување на правото на првенствено купување? Сосопственикот кој има намера да го продаде својот сосопственички дел е должен на другите сосопственици со подавка преку нотар да им го понуди за продажба својот дел и да им ја соопшти цената и условите за продажба. Сосопственикот на ствар што е предмет на делба со јавна продажба има право на првенствено купување пред најповолниот понудувач ако веднаш по заклучувањето на јавната продажба изјави дека стварта ја купува под исти услови.

Page 48: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 48

Секој од наследниците за време на траењето на наследничката заедница има право на првенствено купување на делот од другите наследници. Доколку посебниот дел од зграда е деловна просторија, право на првенствено купување со сосопственикот има и закупецот. 267. Со кое правно средство се остварува заштита на право на првенствено купување? Тужбата за повреда на правото на првенствено купување може да се поднесе во рок од 30 дена од денот кога секој од сосопствениците дознал за продажбата за условите за продажбата. Член 34, став 2 ЗСДСП 268. Како се одлучува за редовното управување со сосопственичка ствар? За преземање работи за редовно управување со стварта е потребна согласност од сосопствениците чиишто делови претставуваат повеќе од половината на вредноста на стварта. Член 36, став 1 ЗСДСП 269. За превземање на работи што ги надминуваат рамките на редовното управување со стварта, потребна е: За преземање на работи што ги надминуваат рамките на редовното управување со стварта (отуѓување на целата ствар, промена на намената на стварта, издавање на стварта во закуп, засновање залог, засновање стварни службености, поголеми поправки и преправки и слично) потребна е согласност од сите сосопственици. Член 37, став 1 ЗСДСП 270. Во кој рок и на кој начин може да се одложи правото на делба? Сосопствениците можат едногласно да се спогодат определено време да не може да бараат делба. Спогодбата произведува правно дејство ако рокот во кој не може да се бара делба не е подолг од пет години. Сосопствениците можат ваквата спогодба да ја обновуваат. Член 50, став 4,5 и 6 ЗСДСП 271. Заедничка сопственост – поим и видови: Заедничка сопственост е сопственост на повеќе лица на неподелена ствар кога нивните делови се определиви, но не се однапред определени. Заедничката сопственост постои во случај на стекнување имот во брачна заедница, во вонбрачна заедница, во случај на здобивање имот во наследничка заедница, во

Page 49: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 49

семејна заедница и во други случаи определени со закон. Член 51, став 1 и 2 ЗСДСП 272. Отпуштање на долг е: Обврската престанува кога доверителот ќе му изјави на должникот дека нема да бара нејзино исполнување и кога должникот ќе се согласи со тоа. Член 333, став 1 ЗОО 273. Со Закон за облигациони односи се уредуваат основите на облигационите односи, договорите и другите облигациони односи во прометот на стоки и услуги помеѓу: Учесници во облигационите односи се правни и физички лица. Член 2 ЗОО 274. Кога се смета дека договорните страни го склучиле договорот Договорот е склучен кога договорните страни се спогодиле за суштествените состојки на договорот. Член18 ЗОО 275. Изјавата на воља за склучување на договор мора да биде направена Изјавата на волјата мора да биде направена слободно и сериозно. Член 20, став 2 ЗОО 276. Каква мора да биде договорната обврска Договорната обврска мора да биде возможна, дозволена и определена, односно определива. Член 38, став 2 ЗОО 277. Секоја договорна обврска мора да има дозволена основа која е во согласност со Основот е дозволен ако е во согласност со Уставот, законите и добрите обичаи. Член 43, став 2 ЗОО 278. Каква способност е потребна за да можат субјектите-физички лица да склучат договор Деловна способност. 279. За да можат да склучат договор правните лица треба да имаат Правно лице може да склучува договори во правниот промет во рамките на својата правна способност. Член 46, став 1 ЗОО 280. Вољата за склучување на договор може да се изјави со

Page 50: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 50

Волјата за склучување на договор може да се изјави со зборови, со вообичаените знаци или со друго однесување од кое со сигурност може да се заклучи за нејзиното постоење. Член 20, став 1 ЗОО 281. Кои видови на мани на вољата постојат Закана, суштествена заблуда, заблуда за побудата кај договорот без надомест, недоразбирање, посредна изјава, измама, привиден договор. Член 52-58 ЗОО 282. Заблудата е суштествена кога се однесува на суштествените својства на Заблудата е суштествена ако се однесува на суштествените својства на предметот, на лицето со кое се склучува договорот ако се склучува со оглед на тоа лице, како и на околностите што според обичаите во прометот или според намерата на странките се сметаат за решавачки, а страната која е во заблуда инаку не би склучила договор со таква содржина. Член 53, став 1 ЗОО 283. Кога странките веруваат дека се согласни а всушност меѓу нив постои недоразбирање за природата на договорот или за основот на предметот на обврската таквиот договор Кога страните веруваат дека се согласни, а всушност меѓу нив постои недоразбирање за природата на договорот, или за основот или за предметот на обврската, договорот не настанува. Член 55 ЗОО 284. Што преставува измама при склучување на договор Ако едната страна предизвика заблуда кај другата страна или ја одржува во заблуда со намера со тоа да ја наведе на склучување на договор, другата страна може да бара поништување на договорот и тогаш кога заблудата не е суштествена. Член 57, став 1 ЗОО 285. Странката која склучила договор под измама има право на Страната која склучила договор под измама има право да бара надомест на претрпената штета. Член 57, став 2 ЗОО 286. Привидниот договор кој нема дејство меѓу договорните страни е Рушлив договор. 287. Ако привидниот договор прикрива некој друг договор другиот договор

Page 51: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 51

Ако привидниот договор прикрива некој друг договор, другиот договор важи ако се исполнети условите за неговата правна исправност. Член 58, став 2 ЗОО 288. Која е правната последица од склучен договор со деловно неспособно лице Договорот е ништовен. Член 47-а ЗОО 289. Каков е договорот што ограничено деловно способно лице го склучило без потребното одобрение од својот законски застапник Ако се склучени без одобрение од законскиот застапник се рушливи, но можат да останат во сила со негово дополнително одобрение. 290. Во која форма може да биде склучен договорот Договорот може да биде склучен во било која форма, освен ако со закон поинаку не е определено. Член 59, став 1 ЗОО 291. Формалните договори можат да се раскинат со неформална спогодба освен ако за определениот случај со закон е предвидено нешто друго или ако целта поради која е пропишана формата за склучување на договорот бара раскинувањето на договорот да се изврши Формалните договори можат да бидат раскинати со неформална спогодба, освен ако за определениот случај со закон е предвидено нешто друго или ако целта поради која е пропишана формата за склучување на договорот бара раскинувањето на договорот да биде извршено во истата форма. Член 60 ЗОО 292. Договорот кој не е склучен во пропишаната или договорената форма Договорот кој не е склучен во пропишаната форма нема правно дејство доколку од целта на прописот со кој е определена формата не произлегува нешто друго. Член 62, став 1 ЗОО 293. Договорот за чие склучување се бара писмена форма иако не е склучен во таа форма а договорните страни ги извршиле во целост или во поголем дел обврските што настануваат од него Договорот за чие склучување се бара писмена форма се смета за полноважен иако не е склучен во таа форма ако договорните страни ги извршиле, во целост или во поголем дел, обврските што настануваат од него, освен

Page 52: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 52

ако од целта поради која е пропишана формата очигледно не произлегува нешто друго. Член 65 ЗОО 294. Договорот е склучен под услов ако неговиот настанок или престанување зависи од Договорот е склучен под услов ако неговиот настанок или престанување зависи од неизвесен факт. Член 66, став 1 ЗОО 295. Какви услови можат да се предвидат од страна на страните при склучување на договорот Ако е склучен под одложен услов па условот се исполни, договорот дејствува од моментот на неговото склучување, освен ако од законот, природата на работата или волјата на страните не произлегува нешто друго. Ако е склучен под раскинлив услов, договорот престанува да важи кога ќе се исполни условот. Член 66,став 2 и 3 ЗОО 296. Ако е склучен договор под одложен услов па истиот се исполни тогаш Ако е склучен под одложен услов па условот се исполни, договорот дејствува од моментот на неговото склучување, освен ако од законот, природата на работата или волјата на страните не произлегува нешто друго. Член 66, став 2 ЗОО 297. Ако е склучен договор под раскинлив услов Ако е склучен под раскинлив услов, договорот престанува да важи кога ќе се исполни условот. Член 66, став 3 ЗОО 298. Како се врши сметањето на роковите според ЗОО (1) Рокот определен во денови започнува да тече првиот ден по настанот од кој се смета рокот, а завршува со истекот на последниот ден од рокот. (2) Рокот определен во недели, месеци или години, завршува оној ден кој според името и бројот се поклопува со денот на настанокот на настанот од кој започнува да тече рокот, а ако таков ден нема во последниот месец, крајот на рокот паѓа на последниот ден од тој месец. (3) Ако последниот ден од рокот паѓа во ден кога со закон е определено да не се работи, како последен ден од рокот се смета наредниот работен ден. (4) Почетокот на месецот го означува првиот ден во месецот, средината петнаесеттиот, а крајот последниот ден во месецот, ако не произлегува нешто друго од намерата на странките или од природата на договорниот однос. Член 69 ЗОО

Page 53: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 53

299. Капар како спореден акцесорен договор се реализира преку давање на Ако во моментот на склучувањето на договорот едната страна и дала на другата извесен паричен износ или извесно количество на други заменливи предмети како знак дека договорот е склучен (капар), договорот се смета склучен кога капарот е даден, ако не е договорено нешто друго. Член 71, став 1 ЗОО 300. Што преставува пишманлак Извесен паричен износ или извесно количество на други заменливи предмети што едната страна ќе и го даде на другата страна доколку изјави дека го откажува договорот. 301. Договор може да се превземе и преку застапник чии овластувања се засноваат на Овластувањето за застапување се засновува врз закон, статут или друг општ акт, врз акт на надлежниот орган или врз изјава на волјата на застапуваниот (полномошно). Член 76, став 2 ЗОО 302. Кога застапникот ќе ги пречекори границите на овластувањето, застапуваниот е во обврска само доколку Кога застапникот ќе ги пречекори границите на овластувањето, застапуваниот е во обврска само доколку ќе го одобри пречекорувањето. Член 79, став 1 ЗОО 303. Кои овластувања ги има полномошникот спрема трети лица Договорот што ќе го склучи застапник од името на застапувано лице и во границите на своите овластувања ги обврзува непосредно застапуваниот и другата договорна страна. Член 77, став 1 ЗОО 304. Еден од начините на престанок на полномошното е: 1.Полномошното престанува со престанувањето на правното лице како полномошник, ако со законот поинаку не е определено. 2.Полномошното престанува со смртта на полномошникот. 3.Полномошното престанува со престанувањето на правното лице, односно со смртта на лицето кое го дало, освен ако започнатата работа не може да се прекине без штета за правните следбеници или ако полномошното важи и во случај на смрт на давателот, по негова волја или со оглед на природата на работата.

Page 54: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 54

4.Полномошното престанува и со отповикување од страна на тој што го дал. 305. При толкувањето на спорните одредби не треба да се прифаќа буквалното значење на употребените изрази, треба да се истражува заедничката намера на договарачите и одредбата да се разбере така како што им одговара на При толкувањето на спорните одредби не треба да се прифаќа буквалното значење на употребените изрази , туку треба да се истражува заедничката намера на договорачите и одредбата да се разбере така како што тоа им одговара на начелата на облигационото право утврдени со овој закон. Член 91, став 2 ЗОО 306. Договорот заклучен помеѓу странките е ништовен кога не во согласност со Договорот кој не е во согласност со Уставот, законите и добрите обичаи е ништовен, ако целта на повреденото правило не упатува на некоја друга санкција или ако со законот во определениот случај не е предвидено нешто друго.Член 95, став 1 ЗОО 307. Кои се правните последици при ништовност на договорот (1) Во случај на ништовност на договорот секоја договорна страна е должна да и го врати на другата сето она што го примила врз основа на таквиот договор, а ако тоа не можно, или ако природата на она што е исполнето му се спротивставува на враќањето, ќе се даде соодветен надомест во пари, според цените во време на донесувањето на судската одлука, доколку законот не определува ништо друго . (2) Ако договорот е ништовен поради тоа што според својата содржина или цел не е во согласност со Уставот, законите и добрите обичаи судот може да го одбие, во целост или делумно, барањето на несовесната страна за враќање на она што и го дала на другата страна, а може и да одлучи другата страна она што го примила врз основа на забранетиот договор да и го предаде на општината на чија територија таа има седиште, односно живеалиште или престојувалиште. Член 96, став 1 и 2 ЗОО 308. Какви правни последици предизвикува ништовноста на некоја одредба на договорот (1) Ништовноста на некоја одредба на договорот не повлекува ништовност и на самиот договор, ако тој може да опстане

Page 55: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 55

без ништовната одредба и ако таа не била ни услов на договор ни решавачка побуда поради која е склучен договорот. Член 98 ЗОО Делумна ништовност 309. Кој може да се повика на ништовност на склучен договор (1) На ништовноста судот внимава по службена должност и на неа може да се повикува секое лице кое има правен интерес. (2) Право да бара утврдување на ништовноста има и јавниот обвинител. Член 101 ЗОО 310. Кога склучениот договор е рушлив кога го склучила страна ограничено деловно способна, кога при неговото склучување имало мани во поглед на волјата на страните, како и кога е тоа определено со овој закон или со друг пропис. Член 103 ЗОО 311. Последици од поништување на рушлив договор се (1) Ако врз основа на рушлив договор кој е поништен било нешто исполнето, ќе се изврши враќање, а ако тоа не е можно или ако природата на тоа што е исполнето му се противи на враќањето, ќе се даде соодветен надомест во пари. (2) Надоместот во пари се дава според цените во време на враќањето, односно донесувањето на судската одлука. Член 105 ЗОО 312. Кога престанува правото да се бара поништување на рушлив договор престанува со истекот на рокот од една година од дознавањето за причината за рушливоста, односно од престанувањето на принудата. во секој случај престанува со истекот на рокот од три години од денот на склучувањето на договорот. Член 109 ЗОО 313. Кој одговара за материјалните и правните недостатоци на исполнувањето кај договори со надомест секој договарач одговара за материјалните недостатоци на своето исполнување.Член 110, став 1 ЗОО 314. Во двостраните договори ниедна страна не е должна да ја исполни својата обврска ако другата страна не ја исполни или ако не е готова истовремено да ја исполни својата обврска освен ако

Page 56: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 56

нешто друго е договорено или со закон определено, или ако нешто друго произлегува од природата на работата.Член 111, став 1 ЗОО 315. Во двостани договори кога една страна не ја исполнува својата обврска другата страна може да бара исполнување на обврската или да бара да го раскине договорот со проста изјава, ако раскинувањето на договорот не настапува според самиот закон, а во секој случај има право на надомест на штетата. Член 113 ЗОО 316. Ако по склучување на договорот настанат околности што го отежнуваат исполнувањето на обврската на едната страна или ако поради нив не може да се оствари целта на договорот, а во едниот и во другиот случај во таа мера што е очигледно дека договорот не им одговара на очекувањата на договорните страни и дека според општо мислење би било неисправно да се одржува таков каков што е настанува претпоставка за раскинување на договорот поради страната на која и е отежнато исполнувањето на обврската, односно страната која што поради променетите околности не може да ја оствари целта на договорот може да бара договорот да се раскине. Член 122, став 1 ЗОО Раскинување или измена на договор поради променети околности 317. Кога исполнувањето на обврската на едната страна во двостран договор станала невозможна поради вонреден настан кој се случил по склучување на договорот а пред престанување на обврската се гаси и обврската на другата страна, а ако оваа исполнила нешто од својата обврска, може да бара враќање според правилата за враќање за стеченото без основа. Член 126, став 1 ЗОО 318. Ако меѓу обврските на договорните страни во двостран договор во време на склучувањето на договорот постоел очигледен несразмер на заемните давања оштетената страна може да бара оштетената страна може да бара поништување на договорот ако за вистинската вредност тогаш не знаела ниту морала да знае.Член 128, став 1 ЗОО Прекумерно оштетување

Page 57: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 57

319. Договорот со кој една од договорните страни со користење на состојбата на нужда или тешка материјална состојба на друг, неговото недоволно искуство, лекомисленост или зависност, ќе договори за себе или за некој трет корист која е во очигледен несразмер е Ништовен договор Член 129, став 1 ЗОО Лихварски договор 320. Отстапување на договор е двостран договор со кој една од страните помеѓу кои е склучен го отстапува своето место во договорот на трето лице кое се стекнува со Секоја страна во двостран договор може, ако со тоа се согласи другата страна, да му го отстапи договорот на некое трето лице кое со тоа станува носител на сите нејзини права и обврски од тој договор. Член 132, став 1 ЗОО Отстапување на договор 321. Што создава договорот за договорните страни права и обврски за договорните страни. Член 132, став 1 ЗОО 322. Кога некој од свое име ќе договори побарување во корист на трет третиот стекнува према должникот третиот стекнува сопствено и непосредно право спрема должникот, ако нешто друго не е договорено или не произлегува од околностите на работата. Член 136, став 1 ЗОО 323. За да настане одговорност од причинување на штета, потребно е да бидат исполнети следните претпоставки кои се состојат во постоење на Тој што ќе му причини штета на друг должен е да ја надомести, доколку не ќе докаже дека штетата настанала без негова вина. Член 141, став 1 ЗОО Вина постои кога штетникот причинил штета намерно или со невнимание. Член 145, став 1 ЗОО 324. Штетата преставува Штетата е намалувањето на нечиј имот (обична штета) и спречувањето на негово зголемување (испуштена корист), како и нанесувањето на друга физичка или душевна болка или страв (нематеријална штета). Член 142 ЗОО 325. Кој може да бара од друг да го отстрани изворот на опасност од кој му се заканува опасност од позначителна штета нему или на неопределен број лица

Page 58: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 58

Секој може да бара ако настанувањето на вознемирувањето или на штетата не може да се спречи со соодветни мерки. Член 143, став 1 ЗОО 326. Од кого може да се бара да се нареди престанување на дејствие со кое се повредува нечие лично право и одстранување на последиците од тоа од суд или од друг надлежен орган Член 144, став 1 ЗОО 327. Одговорност за причинување на штета врз основа на вина постои кога штетникот штетата ја причинил намерно или со невнимание . Член 145 ЗОО 328. Дали одговара за штета што ќе му ја причини на друг лице кое поради душевна болест или заостанат умствен развој или од кој и да е други причини не е способен за расудување не одговара за штетата што ќе му ја причини на друг . Член 146, став 1 ЗОО 329. Кој одговара за штетата што ќе ја причини дете со навршени седум години од својот живот Малолетник до наполнета седма година не одговара за штетата што ќе ја причини. Член 147, став 1 ЗОО Родителите одговараат за штетата што ќе му ја причини на друг нивното дете до наполнета седма година, без оглед на својата вина. Член 152, став 1 330. За штета што работникот во работата или во врска со работата ќе му ја причини на трето лице одговара одговара работодавецот кај кој работел работникот во моментот на причинувањето на штетата, освен ако докаже дека работникот во дадените околности постапувал онака како што требало. Член 157, став 1 ЗОО 331. Кој одговара за штета што ќе му ја причини орган на правното лице на трето лице при вршењето или во врска со вршењето на својата функција Правно лице Член 158, став 1 ЗОО 332. За штета настаната од смрт, телесна повреда или оштетување, односно уништување на имотот на физичко или правно лице, поради акти на насилство или терор, како и при јавни демонстрации и манифестации се одговара без оглед на постоење на вина а за овој вид штета одговара

Page 59: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 59

државата, освен ако не е поинаку определено со друг закон. Член 166, став 1 ЗОО 333. Кој одговара за штета настаната од некое дело на корупција сторено од државните службеници при вршење на нивните функции одговара државата, односно органите на локалната самоуправа, во чии органи вршеле функција државните службеници. Член 167, став 1 ЗОО 334. За штета направена на правни и физички лица на територија на Република Македонија од лица ангажирани од меѓународни воени или други организации со кој Република Македонија склучила договор одговара државата. Член 169, став 1 ЗОО 335. Одговорното лице е должно да ја воспостави состојбата што била пред настанување на штетата но ако таа не може да се воспостави ќе биде задолжен да за остатокот на штетата да даде надомест во пари. Член 174, став 2 ЗОО 336. Во случај на смрт, телесна повреда или оштетување на здравјето надоместокот се определува по правило во форма на парична рента, доживотно или за определено време. Член 177, став 1 ЗОО 337. Како се определува висината на надоместокот на обична штета што ја причинило одговорното лице Висината на надоместот на штетата се определува според цените во времето на донесувањето на судската одлука, освен ако нешто друго не е уредено со закон. Член 178, став 2 ЗОО 338. Што се зема во предвид при оцена на висината на испуштената корист при надомест на штета добивката што можела основано да се очекува според редовниот тек на работите или според посебни околности, а чие остварување е спречено со оштетниковото дејствие или пропуштање на оштетениот. Член 178, став 3 ЗОО 339. Оштетениот кој придонел штетата да настане или да биде поголема отколку би била има право на има право само на сразмерно намален надомест. Член 181, став 1 ЗОО

Page 60: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 60

340. Одговорното лице кое со штетното дејствие довело до нечија смрт е должно да ги надомести вообичаените трошоци за неговиот погреб. Член 182, став 1 ЗОО 341. Правото на надомест на штета во вид на парична рента поради смрт на блиско лице или поради повреда на телото или оштетување на здравјето не може да се пренесе врз друго лице. Член 186, став 1 ЗОО 342. Повредата на честа како и изнесување или пренесување на невистински наводи преставува основ за (1) Тој што на друг ќе му ја повреди честа како и тој што изнесува или пренесува невистинити наводи за минатото, за знаењето, за способноста на друго лице или за нешто друго, а знаел или би морал да знае дека се невистинити и со тоа му причини материјална штета, должен е да ја надомести. Член 187 ЗОО 343. Како се надоместува нематеријална штета -нематеријално (морална сатисфакција) и -материјално (материјална сатисфакција) во случаите предвидени со закон (чл.187-а ЗОО) 344. Што може да нареди судот во случај на повреда на некое лично право на оштетениот на трошок на штетникот, објавување на пресудата, односно на исправката или да нареди штетникот да ја повлече изјавата со која е сторена повредата, или нешто друго со што може да се оствари целта која се постигнува со надоместот. Член 188 ЗОО 345. За повреда на личните права каков надоместок на штета досудува судот СПРАВЕДЛИВ ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОК, независно од надоместот за материјалната штета, како и во нејзиното отсуство, Член 189, став 2 ЗОО 346. Кога се досудува справедлив паричен надоместок на потесното семејство на оштетениот (1) Во случај на смрт на некое лице, судот може да им досуди на членовите на неговото потесно семејство (брачен другар, деца и родители) справедлив надомест за нивните душевни болки. (2) Таквиот надомест може да им се досуди и на браќата и сестрите ако меѓу нив и умрениот постоела потрајна животна заедница .

Page 61: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 61

(3) Во случај на особено тежок инвалидитет на некое лице, судот може да им досуди на неговиот брачен другар, на децата и на родителите справедлив паричен надомест за нивните душевни болки. (4) Надоместот од ставовите (1) и (3) на овој член може да му се досуди и на вонбрачниот другар, ако меѓу него и умрениот постоела трајна животна заедница. Член 190 ЗОО 347. Во кој случај надоместокот на нематеријална штета може да премине врз наследникот на оштетениот само ако е признаено со правосилна одлука или со писмена спогодба. Член 193 ЗОО 348. Каква е одговорноста за штета што ја причиниле повеќе лица сите учесници одговараат солидарно. Член 195, став 1 ЗОО 349. Каква е одговорноста на нарачателот и изведувачот на работи врз недвижност спрема трето лице за штета што ќе му настане во врска со изведување на тие работи солидарно му одговараат на трето лице за штета што ќе му настане во врска со изведувањето на тие работи. Член 196 ЗОО 350. Кога дел од имотот на едно лице премине на било кој начин во имот на некое друго лице а тоа преминување нема своја основа во некоја правна работа или во закон станува збор за СТЕКНУВАЊЕ БЕЗ ОСНОВ. Член 199, став 1 ЗОО 351. Кој нема право да бара враќање на платеното Тој што ќе изврши исплата знаејќи дека не е должен да плати, нема право да бара враќање, освен ако го задржал правото да бара враќање или ако платил за да ја избегне принудата. Член 200 ЗОО 352. Кога едно лице ќе исплати долг двапати без оглед на каков начин го извршил плаќањето има право да бара враќање според општите правила за стекнување без основа. Член 201 ЗОО 353. Кога се враќа она што е стекнато без основ мора да се вратат и плодовите и да се плати затезна камата, и тоа ако е стекнувачот несовесен, од денот на стекнувањето, а инаку од денот на поднесувањето на барањето. Член 203 ЗОО

Page 62: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 62

354. Не може да се бара враќање на неосновано платени износи на име надомест на штета поради повреда на телото, нарушување на здравјето или смрт, доколку исплатата е извршена на совесен прибавувач. Член 205 ЗОО 355. Кон вршење на туѓа работа може неповикано да се пристапи само ако работата не трпи одлагање, па престои штета или пропуштање на очигледна корист, а тоа преставува РАБОТОВОДСТВО БЕЗ НАЛОГ Член 209 ЗОО 356. Кога се врши туѓа работа и покрај забраната на лицето чија е работата а за забраната знаел и морал да знае, работоводителот ги нема правата што му припаѓаат на работоводителот без налог. Член 215, став 1 ЗОО 357. Писмената исправа со која нејзиниот издавач се обврзува дека ќе му ја исполни на нејзиниот законит имател обврската запишана на таа хартија преставува Хартија од вредност Член 223 ЗОО 358. На кого може да гласи хартијата од вредност на доносител, на име или по наредба, освен ако поинаку не е уредено со закон. Член 225 ЗОО 359. Обврската од хартија од вредност настанува во моментот кога издавачот на хартијата од вредност ќе му ја предаде на нејзиниот корисник. Член 226 ЗОО 360. Доверителот во обврзан однос е овластен да бара од должникот исполнување на обврската, а должникот е должен да ја исполни совесно во сето како што гласи таа. Член 251, став 1 ЗОО 361. Кога должникот нема да ја исполни обврската или ќе задоцни со нејзиното исполнување доверителот има право да бара и надомест на штетата што ја претрпел поради тоа. Член 251, став 2 ЗОО 362. Должникот се ослободува од одговорност од штета бидејќи неможел да ја исполни својата обврска поради околности настанати по склучувањето на договорот кои не можел да ги спречи, отстрани или избегне. Член 252 ЗОО

Page 63: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 63

363. Доверителот и должникот можат да се договорат дека должникот ќе му исплати на доверителот определен паричен износ или ќе му прибави некоја друга материјална корист ако не ја исполни својата обврска или задоцни со своето исполнување коj паричен износ претставува договорна казна Член 259, став 1 ЗОО 364. Како се определува висината на договорната казна во еден вкупен износ, во процент, или за секој ден задоцнување, или на некој друг начин. Член 260, став 1 ЗОО 365. За исполнување на кои обврски не може да се договори договорна казна за парични обврски. Член 259, став 3 ЗОО 366. Должникот коj ќе задоцни со исполнување на парична обврска долгува покрај главницата и затезна камата по стапката утврдена со закон. Член 266 ЗОО 367. Стапката на казнената камата се определува во висина на референтната стапка на НБРМ што за секое полугодие важела на последниот ден на полугодието што му претходело на тековното полугодие кај трговските договори и договори помеѓу трговци и лица на јавно право зголемена за 10 процентни поени Член266-а ЗОО 368. Стапката на казнената камата се определува во висина на референтната стапка на НБРМ што за секое полугодие важела на последниот ден на полугодието што му претходело на тековното полугодие кај договори во кои барем едното лице не е трговец зголемена за 8 процентни поени Член266-а ЗОО 369. Кога паричнита обврска е изразена или определена во странска валута стапката на казнената камата се определува за секое полугодие и тоа во висина на Едномесечна стапка на Еурибор за евра што важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие, зголемена за 10 процентни поени во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за 8 процентни поени во договорите во кои барем едното лице не е трговец (чл.266-а ЗОО)

Page 64: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 64

370. Кога камата се договара повисоко од стапката на законската казнена камата таа одредба од договорот е целосно или делумно ништовна (чл.266-а ЗОО) 371. На износот на неисплатена камата може да се бара казнена камата само од денот кога до судот е поднесено барање за нејзина исплата. Член 268, став 2 ЗОО 372. Дали тече казнена камата на стасаната, а неисплатена договорна или казнена камата, како и на други стасани повремени парични давања не тече затезна камата, освен кога е тоа определено со закон. Член 268, став 1 ЗОО 373. Кога доверителот чие побарување е стасано за исплата може да го побива правното дејство на својот должник што е преземено на штета на доверителите. Член 269, став 1 ЗОО 374. Товарното располагање може да се побива ако во времето на располагање должникот знаел или можел да знае дека со располагањето им нанесува штета на своите доверители и ако на третото лице со кое или во чија корист е преземено правното дејствие тоа му било познато или можело да му биде познато. Член 270, став 1 ЗОО 375. Неможат да се побиваат поради оштетување на доверителот вообичаените пригодни подароци, наградните подароци, како ни подароци направени од благородност, сразмерни со материјалните можности на должникот. Член 271 ЗОО 376. Како се врши побивање на должниковите правни дејствија со тужба или со приговор. Член 272, став 1 ЗОО 377. Ако судот го усвои тужбеното барање, правното дејствие го губи дејството само према тужителот толку колку што е потребно за исполнување на неговите побарувања. Член 273 ЗОО 378. Во кој рок може да се поднесе тужба за побивање на должниковите правни дејствија во рок од три години. Член 274, став 1 ЗОО

Page 65: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 65

379. Видови посебен имот на брачните другари: Имотот кој едниот брачен другар го имал во времето на склучувањето на бракот претставува негов посебен имот. Како посебен имот ќе се сметаат и имотот и правото врз имотот што брачниот другар ќе го добие по основа на наследство, легат и подарок, како и стварите стекнати во бракот, а кои исклучиво служат за задоволување на личните потреби на еден од брачните другари, доколку не претставуваат несразмерно голема вредност во споредба со вредноста на вкупниот заеднички имот. Член 68, став 1 и 2 ЗСДСП 380. Дали заедничкиот недвижен имот на брачните другари мора да биде запишан на двајцата брачни другари? НЕ.Ако во јавните книги како сопственик на заедничкиот имот е запишан само едниот од брачните другари ќе се смета дека уписот е извршен на името на двајцата брачни другари. Член 69, став 2 ЗСДСП 381. Брачниот другар кој од својот посебен имот исполнил солидарна обврска има право да бара од другиот брачен другар: да му го надомести делот на обврската што паѓа на него. Член 79, став 3 ЗСДСП 382. Кои правила се применуваат во стекнувањето и делба на имот на вонбрачна заедница? соодветно се применуваат одредбите на овој закон за заедничкиот имот на брачните другари. Член 81, став 2 ЗСДСП 383. Какво својство имаат наследниците до правосилноста на решението за наследување? Заедничари Член 82 ЗСДСП 384. Во кој обем наследниците одговараат за долговите на оставителот? Наследникот одговара за долговите на оставителот до висината на вредноста на наследниот имот. Кога има повеќе наследници тие одговараат солидарно за долговите на оставителот и тоа секој до висината на вредноста на својот дел од наследениот имот, без оглед на тоа дали е извршена делба на наследството. Член 83, став 1 и 3 ЗСДСП

Page 66: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 66

385. Застарување на делба на наследен имот: Делба на наследството може да бара секој наследник во секое време. Ова право не може да застари. Член 88, став 1 ЗСДСП 386. Поим на заедничка сопственост во семејна заедница: Во семејна заедница секој член, освен брачните и вонбрачните другари, стекнува право на сопственост на стварите за себе (посебен имот), освен ако поинаку не се договорат или ако тоа не произлегува од околностите на случајот. Член 92 ЗСДСП Во семејната заедница, по правило, не може да стекнува имот дете кое не навршило 15 години од животот. Член 94 ЗСДСП 387. Кои околности влијаат врз големината на делот на секој член во семејната заедница при непостоење на договор? Ако за тоа нема посебен договор, големината на делот за секој член се утврдува врз основа на придонесот на членовите кои учествувале во стекнувањето на правото на сопственост, зависно од вложениот труд, заработувачката, водењето на домашните работи, грижата за одржување на имотот и секоја друга форма на работа и соработка во неговото управување, одржување и зголемување. Член 93, став 2 ЗСДСП 388. Кои ствари можат да бидат во сопственост на различни физички и правни лица (етажна сопственост)? Станови, деловни простории, визби, гаражи и други посебни делови од станбени и деловни згради што имаат два или повеќе станови, односно деловни простории и други посебни делови можат да бидат во сопственост на различни физички или правни лица (етажна сопственост). Член 95, став 1 ЗСДСП 389. Кои се правните основи за стекнување на право на сопственост? Право на сопственост се стекнува според закон, врз основа на правна работа и со наследување. Право на сопственост се стекнува и со одлука на надлежен државен орган, на начин и под услови определени со закон. Член 112 ЗСДСП 390. Правото на сопственост врз основа на Закон, се стекнува со:

Page 67: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 67

со создавање нова ствар, со мешање и спојување, со градење на земјиште, со одржување, со одвојување на плодовите, со стекнување сопственост од несопственик, со окупација, со припојување и таложење, со промена на корито на водотек и создавање на остров и во други случаи определени со закон. Член 113 ЗСДСП 391. Како се стекнува сопственост со создавање нова ствар? Лицето кое ќе изработи од свој материјал со свој труд нова ствар, стекнува право на сопственост на таа ствар. Правото на сопственост на новата ствар му припаѓа на сопственикот од чиј материјал, врз основа на правна работа, стварта ја изработило друго лице. Ако некој од туѓ материјал изработил со свој труд нова ствар, таа му припаѓа нему, ако е совесен и ако вредноста на трудот е поголема од вредноста на материјалот, но тој е должен да ја надомести вредноста на материјалот, а ако вредностите се еднакви настанува сосопственост. Член 114 ЗСДСП 392. Сопственост со мешање и спојување се стекнува: Кога стварите што им припаѓаат на разни сопственици се измешани или споени, така што не можат да се раздвојат без значителна штета или без несразмерни трошоци, на новата ствар настанува право на сосопственост во корист на дотогашните сопственици и тоа сразмерно со вредноста што одделни ствари ја имале во моментот на мешањето или спојувањето.Член 115, став 1 ЗСДСП 393. За стекнување право на сопственост со одржувачка на подвижна ствар, потребно е да бидат исполнети следните услови: Совесниот и законит држател на подвижна ствар, на која друг има право на сопственост, стекнува право на сопственост на таа ствар со одржувачка по истекот на време од три години. Совесниот и законит држател на недвижна ствар на која друг има право на сопственост, стекнува право на сопственост на таа ствар со одржувачка, по истекот на време од десет години. Совесниот држател на подвижна ствар на која друг има право на сопственост, стекнува право на сопственост на таа ствар со одржувачка по истекот на време од десет години. Совесниот држател на недвижна ствар, на која друг има право на сопственост, стекнува право на сопственост на

Page 68: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 68

таа ствар со одржувачка по истекот на време од 20 години. Наследникот станува совесен држател од моментот на отворањето на наследството и во случај кога оставителот бил несовесен држател, а наследникот тоа не го знаел ниту можел да го знае, а времето за одржувачка почнува да тече од моментот на отворање на наследството. Член 124 ЗСДСП 394. Право на сопственост на подвижна ствар со окупација се стекнува: На подвижна ствар, што нејзиниот сопственик ја напуштил, право на сопственост стекнува лицето кое ја зело таа ствар во владение со намера да ја присвои, ако со закон поинаку не е определено. Член 133, став 1 ЗСДСП 395. Во кои ситуации се стекнува право на сопственост од несопственик? Совесно лице стекнува право на сопственост на подвижна ствар што ја прибавило со надоместок од несопственик кој во рамките на својата дејност пушта во промет такви ствари, од несопственик кому сопственикот му ја предал стварта во владение врз основа на правно дело што не е основа за прибавување на правото на сопственост, како и на јавна продажба.Член 147, став 1 ЗСДСП 396. Стекнување на право на сопственост на подвижна ствар врз основа на правно дело претставува: Дериватно стекнување на сопственост. Правото на сопственост на подвижна ствар преоѓа на стекнувачот со предавање на стварта во негово владение. 397. Сопственост на недвижност врз основа на правно дело се стекнува со: запишување во јавната книга за запишување на правата на недвижностите или на друг соодветен начин определен со закон. Член 148, став 1 ЗСДСП 398. Кога се стекнува правото на сопственост со наследување? во моментот на отворање на наследството на имотот на умрениот, ако со закон поинаку не е определено. Член 153, став 1 ЗСДСП 399. Право на сопственост со одлука на државен орган се стекнува:

Page 69: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 69

Со одлука на суд или на друг орган се стекнува сопственост во случаите и под условите определени со закон. Право на сопственост се стекнува во моментот на правосилноста на судската одлука, односно конечноста на одлуката на друг орган, ако со закон не е нешто друго определено, ниту произлегува од целта заради која одлуката е донесена.Член 154, став 1 и 2 ЗСДСП 400. Кои видови тужби може да се поднесат заради заштита на право на сопственост? Сопственичка тужба за поврат на стварта Сопственикот може со тужба да бара од држателот поврат на индивидуално определена ствар. Член 156, став 1 ЗСДСП Тужба на претпоставениот сопственик Лицето кое прибавило индивидуално определена ствар врз правна основа и на законит начин, а не знаело и не можело да знае дека не станало сопственик на стварта (претпоставен сопственик), има право да бара нејзин поврат и од совесниот држател кај кого таа ствар се наоѓа без правна основа или по послаба основа. Член 160, став 1 ЗСДСП Тужба поради вознемирување на сопственоста Ако во остварувањето на правото трето лице го вознемирува сопственикот или претпоставениот сопственик на друг начин, а не со одземање на стварта, сопственикот, односно претпоставениот сопственик може со тужба да бара да престане со тоа вознемирување. Член 161, став 1 ЗСДСП Тужба за заштита на сосопственоста, односно заедничката сопственост Сосопственикот, односно заедничкиот сопственик, има право на тужба за заштита на правото на сопственост на целиот предмет. Член 162 ЗСДСП Деклараторна и излачна тужба Правото на сопственост се заштитува со тужба за утврдување на правото (деклараторна) и со излачна тужба, кои се уредуваат со посебни закони. Член 163 ЗСДСП 401. Што се подразбира под сопственичка тужба за поврат на ствар? Барање на поврат на ствар од страна на сопственик на индивидуално определена ствар со доказ дека, стварта чиј поврат се бара е сопственост на тужителот и дека, истата се наоѓа во фактичка власт на тужениот. 402. Што е тужба од претпоставен сопственик? Лицето кое прибавило индивидуално определена ствар врз правна основа и на законит начин, а не знаело и не

Page 70: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 70

можело да знае дека не станало сопственик на стварта (претпоставен сопственик), има право да бара нејзин поврат и од совесниот држател кај кого таа ствар се наоѓа без правна основа или по послаба основа. Член 160, став 1 ЗСДСП 403. Кога се поднесува тужба поради вознемирување на сопственост? Ако во остварувањето на правото трето лице го вознемирува сопственикот или претпоставениот сопственик на друг начин, а не со одземање на стварта, сопственикот, односно претпоставениот сопственик може со тужба да бара да престане со тоа вознемирување.Член 161, став 1 ЗСДСП 404. Кој може да поднесе тужба за заштита на сосопственост односно заедничка сопственост? Сосопственикот, односно заедничкиот сопственик, има право на тужба за заштита на правото на сопственост на целиот предмет. Член 162 ЗСДСП 405. Обележи ја дефиницијата за деклараторна тужба: Правото на сопственост се заштитува со тужба за утврдување на правото (деклараторна) и со излачна тужба, кои се уредуваат со посебни закони. Член 163 ЗСДСП 406. Кога престанува правото на сопственост? Правото на сопственост престанува со пропаѓањето на стварта. Член 164, став 1 ЗСДСП 407. Дали врз остатоците од стварта сопственикот го задржува правото на сопственост? го задржува правото на сопственост. Член 164, став 2 ЗСДСП 408. Право на задржување (ретенција) претставувa: Доверителот на стасаното побарување во чии раце се наоѓа некој должников предмет има право да го задржи додека не ќе му биде исплатено побарувањето. Член 275, став 1 ЗОО 409. Обврската престанува кога: ќе се исполни, како и во други случаи определени со закон. Член 284, став 1 ЗОО 410. Кај исполнување со преминување на правото врз исполнувачот (суброгација):

Page 71: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 71

(1) Во случај на исполнување на туѓа обврска, секој исполнувач може да договори со доверителот, пред исполнувањето или при исполнувањето, исполнетото побарување да премине врз него со сите или само со некои споредни права. (2) Доверителовите права можат да преминат врз исполнувачот и врз основа на договор меѓу должникот и исполнувачот, склучен пред исполнувањето. (3) Во случаите од ставовите (1) и (2) на овој член суброгацијата на исполнувачот во правата на доверителот настанува во моментот на исполнувањето. Член 288, став 3 ЗОО 411. Полноважно исполнувањето се состои од: Исполнувањето се состои од извршување на она што ја сочинува содржината на обврската, па ниту должникот може да ја исполни со нешто друго, ниту доверителот може да бара нешто друго. Член 296, став 1 ЗОО 412. Кога не постои должникова изјава за засметување: обврските се намируваат по оној ред како која стасала за исполнување. Член 301, став 2 ЗОО 413. Доверителот паѓа во задоцнување ако: без основана причина одбие да го прими исполнувањето или ако го спречи во своето однесување. е готов да го прими исполнувањето на должниковата истовремена обврска, но не нуди исполнување на својата стасана обврска. Член 314, став 1 и 2 ЗОО 414. Должникот паѓа во задоцнување кога: кога не ќе ја исполни обврската во рокот определен за исполнување. Ако рокот за исполнување не е определен, должникот паѓа во задоцнување кога доверителот ќе го повика да ја исполни обврската усно или писмено, со вонсудска опомена или со започнување на некоја постапка чија цел е да се постигне исполнување на обврската. Член 313 ЗОО 415. Со пребивање (компензација) должникот може да го пребие побарувањето што го има спрема својот доверител со она што овој го побарува од него ако: двете побарувања гласат на пари или други заменливи предмети од ист род и ист квалитет и ако двете се стасани. Член 325 ЗОО 416. Обврската престанува (новација):

Page 72: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 72

Обврската престанува ако доверителот и должникот се согласат постојната обврска да ја заменат со нова и ако новата обврска има различен предмет или различна правна основа. Член 337, став 1 ЗОО 417. Обврската престанува со соединување (конфузија) кога: едно исто лице ќе стане и доверител и должник. Член 342, став 1 ЗОО 418. Неможност за исполнување: (1) Обврската престанува кога нејзиното исполнување ќе стане невозможно поради околности за кои должникот не одговара. (2) Должникот треба да ги докаже околностите кои ја исклучуваат неговата одговорност. Член 343 ЗОО 419. Трајниот долговен однос ќе престане со отказ: Трајниот долговен однос со определен рок на траењето престанува кога рокот ќе истече, освен кога е договорено или со закон определено дека по истекот на рокот долговниот однос продолжува за неопределено Ако времето на траењето на долговниот однос не е определено, секоја страна може да го прекине со отказ. 420. Кај активната облигација застареноста започнува да тече: првиот ден по денот кога доверителот имал право да бара исполнување на обврската, ако за одделни случаи со закон не е пропишано нешто друго. Член 350, став 1 421. Побарувањето на надомест за причинета штета застарува: за три години од кога оштетеникот дознал за штетата и за лицето кое ја сторило штетата. Во секој случај ова побарување застарува за пет години од кога настанала штетата. Побарувањето на надомест на штета настаната со повреда на договорна обврска застарува за времето определено за застареност на таа обврска. Член 365 ЗОО 422. За 1 година застаруваат: (1) За една година застаруваат: 1) побарувањето на надомест за испорачана електрична и топлотна енергија, гас, вода, за оџачарски услуги и за одржување на чистота, кога испораката, односно услугата е извршена за потребите на домаќинството;

Page 73: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 73

2) побарувањето на радиостаница и радио- телевизиска станица за употреба на радиоприемник и телевизиски приемник; 3) побарувањето на пошта, телеграф и телефон за употреба на телефон и на поштенски преградоци, како и другите нивни побарувања што се наплатуваат во тримесечни или во пократки рокови и 4) побарувањето на претплата на повремена публикација, сметајќи од истекот на времето за кое е нарачана публикацијата. (2) Застарувањето тече иако се продолжени испораките или услугите.Член 367 ЗОО 423. Преклузивен рок е: непроменлив, неодложен, конечен, последен рок до кој мора да се изврши обврската 424. Застарувањето не тече меѓу: 1) брачни другари; 2) родители и деца додека трае родителското право; 3) штитеник и неговиот старател, како и органот за старателство, за време на траењето на старателството и додека не ќе бидат положени сметките и 4) две лица кои живеат во вонбрачна заедница додека постои таа заедница. Член 370 ЗОО 425. Застарувањето се прекинува: Застарувањето се прекинува кога должникот ќе го признае долгот.Член 376, став 1 ЗОО 426. Начелото на монетарен номинализам подразбира: Кога обврската има за предмет парична сума, должникот е должен да го исплати оној број парични единици на кој гласи обврската, освен кога со закон се определува нешто друго. Член 383 ЗОО 427. Плаќање пред рокот: (1) Должникот на парична обврска може истата да ја исполни пред рокот. (2) Ништовна е одредбата на договор со која должникот се откажува од ова право. (3) Во случај на исполнување на парична обврска пред рокот, должникот има право од износот на долгот да го одбие износот на каматата за времето од денот на исплатата до стасаноста на обврската само ако е за тоа овластен со договор. Член 387 ЗОО 428. Стапката на договорна камата се определува:

Page 74: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 74

Стапката на договорната камата страните договорно ја oпределуваат, но не повисока од стапката на законската казнена камата зголемена најмногу за 50% Член 388 ЗОО 429. Алтернативна обврска претставува: Ако некоја обврска има два или повеќе предмети, но должникот е должен да даде само еден за да се ослободи од обврската, правото на избор, ако не е договорено нешто друго, му припаѓа на должникот и обврската престанува кога тој ќе го предаде предметот што го избрал. Член 391 ЗОО 430. Доверителот на факултативната обврска може да бара од должникот : само предметот на обврската, но не и друг предмет со кој должникот, ако сака може, исто така, да ја исполни својата обврска. Член 398, став 1 ЗОО 431. Кај солидарните обврски, солидарноста на доверителот означува: Секој солидарен доверител има право да бара од должникот исполнување на целата обврска, но кога еден од нив ќе биде намирен, обврската престанува и спрема другите доверители. Член 414, став 1 ЗОО 432.Деливи обврски: -деливи се оние обврски, чиј предмет е делив и поради тоа е можно исполнувањето на тие односи да се врши во делови -неделиви обврски се солидарните значи деливи се сите други (чл.423 ЗОО) 433. Со договорот за отстапување на побарувања (цесија) се врши промена на субјектот на страната на: Доверителот Член 424, став 1 ЗОО 434. Со договорот за отстапување на побарувања (цесија) доверителот може: со договор склучен со трет да го пренесе врз него своето побарување Член 424, став 1 ЗОО 435. Преземањето на долг се врши: Преземањето на долг се врши со договор меѓу должникот и преземачот, со кој се согласил доверителот. Член 434, став 1 ЗОО 436. Преземање на исполнување се врши со:

Page 75: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 75

договор меѓу должникот и некој трет со кој овој се обврзува спрема должникот да ја исполни неговата обврска спрема неговиот доверител. Член 441, став 1 ЗОО 437. Договорот за продажба е: Со договорот за продажба продавачот се обврзува предметот што го продава да му го предаде на купувачот така што купувачот да стекне право на сопственост, а купувачот се обврзува да му ја плати на продавачот цената. Член 442, став 1 ЗОО консензуален, двострано-обврзувачки, каузален, по правило неформален и именуван договор на облигационото право, главно се склучува како главен договор, односно ретко може да се случи тој да биде склучен како акцесорен договор кон некој друг договор. 438. Консензуалноста на договорот за продажба означува дека: е постигната согласност на волјите помеѓу купувачот и продавачот 439. Предметот на договорот за продажба: (1) Предметот за кој е договорот мора да биде во промет, па е ништовен договорот за продажба на предмет кој е надвор од прометот. (2) За продажбата на предмети чијшто промет е ограничен важат посебни прописи.Член 446, став 1 и 2 ЗОО 440. Предавање на предметот на договорот за продажба: (1) Продавачот е должен да му го предаде предметот на купувачот во времето и на местото предвидено со договорот. (2) Продавачот ја извршил обврската за предавање на купувачот, по правило, кога предметот ќе му го врачи или ќе му предаде исправа со која предметот може да се преземе. Член 455 ЗОО 441. Кога постојат материјални недостатоци на предметот: 1) ако предметот ги нема потребните својства за негова редовна употреба или за промет; 2) ако предметот ги нема потребните својства за особената употреба за која го набавува купувачот, а која му била позната на продавачот или морала да му биде позната; 3) ако предметот ги нема својствата и одликите што се изречно или премолчено договорени, односно пропишани и

Page 76: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 76

4) кога продавачот предал предмет кој не е соодветен на мострата или на моделот освен ако мострата или моделот се покажани само заради известување. Член 467 ЗОО 442. Кога продавачот одговара за материјални недостатоци на предметот на продажба: што тој ги имал во моментот на преминувањето на ризикот врз купувачот, без оглед дали тоа му било познато. и за оние материјални недостатоци што ќе се појават по преминувањето на ризикот врз купувачот ако се последица од причина што постоела пред тоа. Член 466 ЗОО 443. Скриени недостатоци на предметот на продажба: Кога по приемот на предметот од страна на купувачот ќе се покаже дека предметот има некој недостаток што не можел да се открие со вообичаениот преглед при преземањето на предметот (скриен недостаток), купувачот е должен, под закана на губење на правото, за тој недостаток да го извести продавачот во рок од осум дена, сметајќи од денот кога го открил недостатокот, а кај трговски договор без одлагање. Член 470, став 1 ЗОО 444. Купувачот кој навремено и уредно го известил продавачот за недостатокот може: 1) да бара од продавачот да го отстрани недостатокот или да му предаде друг предмет без недостаток (исполнување на договорот); 2) да бара намалување на цената и 3) да изјави дека го раскинува договорот. (2) Во секој од овие случаи купувачот има право и на надомест на штетата. (3) Покрај тоа и независно од тоа, продавачот му одговара на купувачот и за штетата што овој поради недостаток на предметот ја претрпел на другите свои добра и тоа според општите правила за одговорноста за штета. Член 476 ЗОО 445. Одлагање на предавање на предметот до исплата на цената: Ако не е нешто друго договорено или вообичаено, продавачот не е должен да го предаде предметот ако купувачот не му ја исплати цената истовремено, или ако не е готов тоа да го стори истовремено, но купувачот не е должен да ја исплати цената пред да има можност да го прегледа предметот. Член 463 ЗОО 446. Раскинување на договорот за продажба:

Page 77: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 77

Раскинувањето на договорот поради недостаток на предметот произведува исти дејства како и раскинувањето на двостраните договори поради неисполнување. Купувачот да изјави дека го раскинува договорот. (1) Купувачот може да го раскине договорот само ако претходно му оставил на продавачот дополнителен примерен рок за исполнување на договорот. (2) Купувачот може да го раскине договорот и без оставање на дополнителен рок ако продавачот, по известувањето за недостатоците, му соопштил дека нема да го исполни договорот, или ако од околностите на конкретниот случај очигледно произлегува дека продавачот не ќе може да го исполни договорот ни во дополнителниот рок. Член 478 ЗОО 447. Кај договорот за продажба, купувачот поради неисправно функционирање на предметот: да бара од продавачот, односно од производителот поправка или замена на предметот во текот на гарантниот рок, без оглед на тоа кога се појавил недостатокот во функционирањето. Член 490, став 1 ЗОО 448. Одговорност за правните недостатоци (заштита од евикција) кај договорот за продажба: Продавачот одговара ако врз продадениот предмет постои некое право на трет што го исклучува, намалува или ограничува правото на купувачот, а за чие постоење купувачот не е известен, ниту се согласил да го земе предметот оптоварен со тоа право. Член 496, став 1 ЗОО 449. Претпоставки за реализација на заштитата од евикција: Кога ќе се покаже дека трето лице полага некое право врз предметот, купувачот е должен да го извести продавачот за тоа, освен ако тоа на продавачот веќе му е познато и да го повика во разумен рок да го ослободи предметот од правото или претензијата на трет или кога предмет на договорот се предмети определени според родот, да му испорача друг предмет без правен недостаток. Член 497 ЗОО 450. Правни последици и санкции за правните недостатоци во однос на одговорноста на продавачот: (1) Ако продавачот не постапи според барањето на купувачот, во случај на одземање на предметот од купувачот, договорот се раскинува според самиот закон, а во случај на намалување или ограничување на правото на купувачот, купувачот може по свој

Page 78: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 78

избор да го раскине договорот или да бара сразмерно намалување на цената. (2) Ако продавачот не го задоволи барањето на купувачот во разумен рок да го ослободи предметот од правото или претензиите на трет, купувачот може да го раскине договорот ако поради тоа неговата цел не може да се оствари. (3) Во секој случај купувачот има право на надомест на претрпената штета. (4) Меѓутоа, ако купувачот во моментот на склучувањето на договорот знаел за можноста предметот да му биде одземен, или да му биде намалено или ограничено неговото право, нема право на надомест на штетата ако таа можност се оствари, но има право да бара враќање, односно намалување на цената. Член 498 ЗОО 451. Ако продавачот не изврши во разумен рок кој не може да биде подолг од 45 дена, поправка или замена на предметот кај договорот за продажба: (1) Купувачот може поради неисправното функционирање да бара од продавачот, односно од производителот поправка или замена на предметот во текот на гарантниот рок, без оглед на тоа кога се појавил недостатокот во функционирањето. (2) Тој има право на надомест на штетата што ја претрпел поради тоа што бил лишен од употребата на предметот од моментот на барањето поправка или замена до нивното извршување. 452. Обврски на купувачот кај договорот за продажба: Купувачот е должен да ја плати цената во времето и на местото определено во договорот. Член 504, став 1 ЗОО Преземањето на предметот се состои во вршење на потребните дејствија за да биде возможно предавањето, како и во однесување на предметот. Член 507, став 1 ЗОО 453. Кај продажба со право на првенствено купување: Со договорната одредба за правото на првенствено купување купувачот се обврзува да го извести продавачот за намерата да му го продаде предметот на определено лице, како и за условите на таа продажба и да му понуди тој да го купи предметот за истата цена. Член 515 ЗОО 454. Кај продажба со право на првенствено купување, продавачот: Продавачот е должен да го извести купувачот на сигурен начин за својата одлука да го користи правото на првенствено купување во рок од еден месец, сметајќи од

Page 79: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 79

денот кога купувачот го известил за намерата да изврши продажба на трето лице.Член 516, став 1 ЗОО 455. Лицата кои според самиот закон имаат право на првенствено купување: мораат да бидат известени писмено за намерата да се изврши продажба и за нејзините услови, инаку имаат право да бараат поништување на продажбата. Член 521, став 3 ЗОО 456. Со продавен налог: Со договорот за продавен налог се обврзува налогопримачот определен подвижен предмет, што му го предал налогодавецот, да го продаде за определена цена во определен рок или во тој рок да му го врати на налогодавецот. Член 540, став 1 ЗОО 457. Со договорот за размена: Со договорот за размена секој договарач се обврзува спрема својот содоговарач да му го предаде предметот што се разменува така што тој да стекне право на сопственост врз предметот. Член 543, став 1 ЗОО 458. Каков е предметот во договор за размена? -предмет на размена можат да бидат и преносливи права (чл.543 ЗОО) -на размената соодветно се применуваат одредбите од договорот за продажба (чл.544 ЗОО) што значи предмет на размена можат да бидат: -можат да бидат подвижни и недвижни предмети -предметот за кој е договорот мора да биде во промет, па е ништовен договорот за продажба на предмет кој е надвор од прометот (чл.446 ЗОО) -за продажбата на предмети чијшто промет е ограничен важат посебни прописи (чл.446 ЗОО) -продажбата може да се однесува и на иден предмет (чл.446 ЗОО) 459. Договор за заем е: Со договорот за заем се обврзува заемодавецот да му предаде на заемопримачот определен износ пари или определено количество други заменливи предмети, а заемопримачот се обврзува да му го врати по извесно време истиот износ пари, односно истото количество предмети од ист вид и квалитет. Член 545, став 1 ЗОО 460. Договорот за заем настанува:

Page 80: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 80

(1) Заемодавецот е должен да ги предаде определените предмети во договореното време, а ако рокот за предавање не е определен, тогаш кога тоа ќе го побара заемопримачот. (2) Правото на заемопримачот да бара предавање на определени предмети застарува за три месеци од паѓањето на заемодавецот во задоцнување, а во секој случај престанува за една година од склучувањето на договорот. -кога договорните страни се спогодиле за суштествените состојќи на договорот (чл.18 ЗОО) -односно кога ќе се спогодат за: предметот на заемот, времето на траење на договорот и надоместот доколку се работи за заем со камата 461. Обврски на заемодавецот се: -заемодавецот е должен да ги предаде определените предмети во договореното време, а ако рокот за предавање не е определен, тогаш кога тоа ќе го побара заемопримачот (чл.547 ЗОО) -ако се покаже дека материјалните прилики на заемопримачот се такви што е неизвесно дали тој ќе биде во состојба да го врати заемот, заемодавачот е должен да ја изврши својата обврска ако заемопримачот или некој друг за него даде доволно обезбедување(чл.548 ЗОО) -заемодавецот е должен да му ја надомести на заемопримачот штетата што му била причинета поради материјалните недостатоци на зајмените предмети (чл.549 ЗОО) 462. Обврски на заемопримачот: -заемопримачот е должен да го врати во договорениот рок истото количество предмети, од ист вид и квалитет (чл.550 ЗОО) -ако на заем не се дадени пари, а договорено е заемопримачот да го врати заемот во пари, заемопримачот сепак е овластен да ги врати по свој избор зајмените предмети или износот на пари кој одговара на вредноста на тие предмети (чл.551 ЗОО) -заемопримачот е должен на заемодавачот да му ја надомести шетата што би настанала ако заемопримачот се откаже од договорот пред да му ги предаде заемодавецот определените предмети (чл.552 ЗОО) -должен е да го извести заемодавецот за својата намера да го врати заемот пред рокот определен за враќање и да му ја надомести штетата настаната од предвременото враќање, освен ако поинаку не е договорено (чл.553 ЗОО) 463. Договорот за дар на движен имот се склучува: (1) Договорот за дар се склучува во писмена форма.

Page 81: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 81

(2) Договорот за дар за движен предмет склучен во усмена форма е полноважен, ако тој е предаден на даропримачот. (3) Кога дар се прави со договор во корист на трето лице, прифаќањето на даропримачот не мора да биде во писмена форма, освен ако предмет на договорот за дар е недвижност. (4) Кога предмет на договорот за дар е недвижност на формата од ставовите (1) и (3) на овој член, соодветно се применува одредбата за формата на договорот за продажба на недвижности. Член 556 ЗОО 464. Дар може да направи: (1) Дар може да направи само лице со полна деловна способност. (2) Под услови предвидени со овој и друг закон дар може да дава и лице со ограничена, односно посебна деловна способност. Член 557 ЗОО 465. Дарувачот одговара за: (1) Дарувачот одговара за неисполнување на својата обврска, како и за задоцнување на исполнувањето, ако е тоа со намера или е од негово крајно невнимание. (2) Во случај на задоцнување на исполнување на паричен дар, дарувачот должи законска камата од денот на поднесувањето на тужбата, ако поинаку не е договорено. Член 561 ЗОО (1) Дарувачот одговара за правните недостатоци на даруваниот предмет. (2) Дарувачот одговара и за материјалните недостатоци на предмет, ако тие биле скриени, а тој знаел или можел да знае за тие недостатоци, а истите не му ги соопшти на даропримачот. Член 562 ЗОО 466. Не можат да се отповикаат следниве дарови: (1) Вообичаените, пригодните дарови, наградните дарови, како и даровите од благодарност не можат да се отповикаат. (2) Не можат да се отповикаат ни даровите направени за добротворни и општо корисни цели. Член 567 ЗОО 467. Предмет на договорот за закуп е: (1) Со договорот за закуп се обврзува закуподавецот да му предаде определен предмет на закупецот на употреба, а овој се обврзува за тоа да му плаќа определена закупнина. Член 570, став 1 ЗОО -подвижни ствари и недвижности, а ако предмет се подвижни ствари тие треба да бидат непотрошни

Page 82: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 82

468. Обврски на закуподавецот се: Да го предаде предметот, да го одржува во исправна состојба, одговара за материјалните недостатоци, одговара за правните недостатоци. 469. Закупецот сноси одговорност за: Тој одговара за штетата што ќе настане со употребата на закупениот предмет спротивно на договорот или на неговата намена, без оглед дали го употребувал предметот тој или некое лице кое работи по негов налог, подзакупецот или некое друго лице на кое тој му овозможил да го употребува предметот. Член 584, став 3 ЗОО 470. Кога можат предметите да се дадат во подзакуп? Доколку не е договорено поинаку, закупецот може закупениот предмет да му го даде во закуп на друг (подзакуп) или според некој друг основ да му го предаде на употреба, но само ако со тоа не му се нанесува штета на закуподавецот.Член 589, став 1 ЗОО 471. Со договорот за послуга: Со договорот за послуга се обврзува послугодавачот да му предаде определен предмет на користење без надомест на послугопримачот на определено или неопределено време, а послугопримачот се обврзува тој предмет да му го врати по истекот на тоа време. Член 603 ЗОО 472. Права и обврски на послугопримачот: Послугопримачот е должен предметот да го чува и да го користи со потребно внимание (на добар домаќин, добар стопанственик или внимание на добар стручњак). Во случај кога со договорот не е определен начинот на користење на предметот кој се дава на послуга, послугопримачот може да го користи предметот на начин кој одговара на неговата примена и намена. Без согласност на послугодавачот, послугопримачот не може предметот да го дава на послуга на трети лица. Послугопримачот ги поднесува трошоците на тековно (редовно) одржување на предметот земен на послуга. Во случај кога направил инвестициони трошоци заради подобрување на предметот или други трошоци соодветно ќе се применуваат одредбите од овој закон за работоводство без налог . Послугопримачот одговара за оштетување или целосно уништување на предметот ако го употребувал на начин

Page 83: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 83

спротивен на договорот или на природата, или ако предметот го доверил на трето лице иако со оглед на околностите не било потребно тоа да го направи, а тој не би пропаднал доколку го употребувал на договорениот начин, односно доколку го задржал кај себе. 473. Вршителот на работите е должен: Со договор за дело вршителот на работата (претприемач, изведувач на работи) се обврзува да изврши определена работа, како што е изработка или поправка на некој предмет или извршување на некоја физичка или интелектуална работа и слично, а нарачувачот се обврзува за тоа да му плати надомест. (чл.619 ЗОО) -да му го сврти вниманието на нарачувачот на недостатоците на материјалот што му го предал нарачувачот, а кои ги забележил или морал да ги забележи, инаку ќе одговара за штета (чл.625 ЗОО) -да го изврши делото како што е договорено и според правилата на работата (чл.626 ЗОО) -да го изврши за определеното време, а ако тоа не е определено, тогаш за времето кое разумно е потребно за таквите работи (чл.626 ЗОО) -работата да ја изврши лично, доколку од договорот или од природата на работата не произлегува нешто друго (чл.629 ЗОО) -на нарачувачот на работата да му го предаде изработениот или поправениот предмет (чл.632 ЗОО) 474. Договорот за дело може да се раскине поради отстапување од договорените услови ако : Кога извршената работа има таков недостаток кој ја прави неупотреблива или е извршена во спротивност со изречните услови на договорот, нарачувачот може, небарајќи претходно отстранување на недостатокот, да го раскине договорот и да бара надомест на штетата. Член 638 ЗОО 475. Квалитетот на материјалот кај договорот за дело: Кога е договорено вршителот на работата да изработи предмет од свој материјал, а не е определен квалитетот, вршителот на работата е должен да даде материјал со среден квалитет.Член 621, став 1 ЗОО 476. Право на нарачувачот на работи кај договор за дело да бара отстранување на недостатоците: (1) Нарачувачот кој уредно го известил вршителот на работата дека извршената работа има некој недостаток, може од него да

Page 84: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 84

бара да го отстрани недостатокот и за тоа да му определи примерен рок. (2) Тој има право и на надомест на штетата што ја трпи поради тоа. (3) Ако отстранувањето на недостатоците бара претерани трошоци, вршителот на работата може да одбие да го изврши, но во тој случај на нарачувачот, по негов избор му припаѓа право на намалување на надоместот или на раскинување на договорот, како и право на надомест на штетата. Член 639 ЗОО 477. Итни и непредвидени работи кај договорот за градење : (1) Непредвидени работи изведувачот може да изведе и без претходна согласност од нарачувачот ако поради нивната итност не бил во можност да ја прибави таа согласност. (2) Непредвидени работи се оние чие преземање било нужно поради осигурување на стабилноста на објектот или заради спречување на настанувањето на штета, а се предизвикани од неочекуваната потешка природа на земјиштето, неочекуваната појава на вода или од други вонредни и неочекувани настани. (3) Изведувачот е должен за овие појави и за преземените мерки да го извести нарачувачот без одлагање. (4) Изведувачот има право на справедлив надомест за непредвидени работи што морале да бидат извршени. (5) Нарачувачот може да го раскине договорот ако поради овие работи договорената цена би морала да биде значително зголемена, за што е должен да го извести изведувачот без одлагање. (6) Во случај на раскинување на договорот, нарачувачот е должен да му исплати на изведувачот соодветен дел од цената за веќе извршените работи, како и справедлив надомест за направените неопходни трошоци. Член 653 ЗОО 478. Договор за градење со посебни одредби: (1) Ако договорот за градење ја содржи одредбата клуч во раце или некоја друга слична одредба, изведувачот самостојно се обврзува да ги изврши збирно сите работи потребни за изградба и употреба на определен целосен објект. (2) Договорената цена во случајот од став (1) на овој член ја опфаќа и вредноста на сите непредвидени работи и на вишоците на работите, а го исклучува влијанието на недостатоците на работите врз договорената цена. (3) Ако во договорот “клуч во раце” учествуваат како договорна страна повеќе изведувачи, нивната одговорност спрема нарачувачот е солидарна. Член 659 ЗОО

Page 85: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 85

479. Одговорноста на изведувачот за солидноста на градеж: (1) Изведувачот одговара за недостатоците во изработката на градеж што се однесуваат на неговата солидност, доколку тие недостатоци би се покажале за време од десет години од предавањето и приемот на работите. (2) Изведувачот одговара и за недостатоците на земјиштето на кое е подигнат градежот, што би се покажале за време на десет години од предавањето и приемот на работите, освен ако специјализирана организација дала стручно мислење дека земјиштето е погодно за градење, а во текот на градењето не се појавиле околности кои ја доведуваат во сомневање основаноста на стручното мислење. (3) Истото важи и за проектантот ако недостатокот на градеж произлегува од некој недостаток во проектот. (4) Субјектите од ставовите (1), (2) и (3) на овој член, се одговорни не само пред нарачувачот, туку и пред секој друг стекнувач на градеж. (5) Оваа нивна одговорност не може со договорот ниту да се исклучи, ниту да се ограничи. Член 663 ЗОО 480. Договор за ортаклак е: Со договорот за ортаклак две или повеќе лица ортаци заемно се обврзуваат да го здружат својот имот и труд или дел од имотот и труд, заради заедничко остварување имотна корист и поделба на таа корист (во вид на добивка). Член 667 ЗОО 481. Поделба на добивката и загубите кај договорот за ортаклак: (1) Добивка е оној дел од имотот на ортаклакот кој ќе преостане по одбивањето на вредноста на ортачките влогови (главнина), заеднички долгови и трошоци. (2) Загуба настанува ако вредноста на имотот падне под вредноста на ортачките влогови (главнината). (3) Ортаците можат со договор да одредат како меѓу нив се делат добивката и загубата. (4) Кога со договорот е предвидено единствено како ќе се дели добивката, истото правило ќе важи и за поделба на загубата. (5) Ако со договорот не е предвидено како ќе се дели добивката се претпоставува дека ортаците имаат еднакво учество во поделбата, истото важи и за загубата. (6) По правило ортакот чиј влог се состои исклучиво во труд не учествува во поднесувањето на загубата освен ако тоа изречно не е договорено. (7) Ништовна е одредбата на договорот со која ортакот се лишува од учество во поделба на добивката.

Page 86: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 86

(8) Полноважна е одредбата на договорот за ортаклак, со која се предвидува губење на правата на учество во поделба на добивката заради повреда на некоја обврска . Член 677 ЗОО 482. Ортаклакот престанува: (1) Ортаклакот престанува со протекот на времето одредено за негово траење. (2) Ако по протекот на времето одредено за траење на ортаклакот, ортаците продолжат да ги вршат заедно работите од ист вид се смета дека ортаклакот премолчно е продолжен за неодредено време. Ортаклакот престанува кога е постигната целта за која е заклучен договорот за ортаклак, како и кога постигнувањето на таа цел станува невозможно. Ортаклакот престанува со оставка или отповикување на работоводителот на ортаклакот, ако ортаците не можат да се согласат да именуваат друг работоводител. Ортаклакот престанува со смрт на еден од ортаците, освен ако не е договорено нешто друго. Ортаклакот престанува ако ортакот правно лице престанал да постои со припојување кон друго правно лице, со разделување на повеќе правни лица или со други статусни промени, освен ако со договор не е определено дека ортаклакот ќе продолжи со правните следбеници на правното лице. (1) Ортаклакот престанува со стечај на еден ортак правно лице. (2) Ортаклакот престанува и тогаш кога личниот доверител на еден ортак, што не можел да го наплати своето побарување од неговиот имот, бара издвојување на неговиот дел од имотот на ортаклакот. Ортаклакот престанува кога еден ортак ќе биде лишен од деловната способност. 483. Со договорот за превоз: се обврзува превозникот да превезе на определено место некое лице или некој предмет, а патникот односно испраќачот се обврзува за тоа да му исплати определен надомест.Член 704, став 1 484. Превозникот кај договорот за превоз е должен: предметот што го примил за превоз да му го предаде на определеното место на испраќачот или на определено лице (на примачот). Член 709 ЗОО 485. Договор за превоз на лица:

Page 87: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 87

да го изврши безбедно со она превозно средство што е определено со договорот за превоз и под оние услови на удобност и хигиена што според видот на односното превозно средство и оддалеченоста на патот се сметаат како неопходни. Член 737 ЗОО 486. Договорот за лиценца : (1) Со договорот за лиценца давачот на лиценца се обврзува на стекнувачот на лиценца да му го отстапи во целост или делумно, правото на искористување, на патент, знаење и искуство, на жиг, мостра или модел, а стекнувачот на лиценца се обврзува да му плати за тоа определен надомест. (2) Со договорот за лиценца давачот може да се обврзе да му отстапи потенцијално право од пријава на патент, жиг модел и мостра како и непатентиран пронајдок на стекнувачот на лиценцата. Член 742 ЗОО 487. Исклучива лиценца во договорот за лиценца е онаа: Со договорот за лиценца стекнувачот на лиценца стекнува исклучиво право на искористување на предметот на лиценцата, само ако е тоа изречно договорено (исклучива лиценца).Член 745, став 1 ЗОО 488. Обврски на стекнувачот на лиценца: - Стекнувачот на лиценца е должен да го искористува предметот на лиценцата на договорениот начин, во договорениот обем и во договорените граници. (чл.752 ЗОО) - Ако предметот на лиценцата го сочинува непатентиран пронајдок или тајно техничко знаење и искуство, стекнувачот на лиценца е должен да го чува во тајност. (чл.754 ЗОО) - Ако со лиценцата за производство е отстапена и лиценцата за употреба на жиг, стекнувачот на лиценца може да пушта во промет стоки со тој жиг само ако нивниот квалитет е ист како што е квалитетот на стоките што ги произведува давачот на лиценца. (чл.755 ЗОО) - Стекнувачот на лиценца е должен стоките да ги обележи со ознаката за производство по лиценца. (чл.756 ЗОО) - Стекнувачот на лиценца е должен на давачот на лиценца да му го исплати договорениот надомест во време и на начин како што е тоа определено со договорот. (чл.757 ЗОО) - Ако надоместот се определува во зависност од обемот на искористувањето на предметот на лиценцата, стекнувачот на лиценца е должен на давачот на лиценца да му поднесе извештај за обемот на искористувањето и да изврши пресметка на надоместот за секоја година, ако со договорот не е определен за тоа покус рок. (чл.758 ЗОО)

Page 88: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 88

- Ако договорениот надомест станал очигледно несразмерен во однос на приходот што стекнувачот на лиценца го има од искористувањето на предметот на лиценцата, заинтересираната страна може да бара измена на договорениот надомест. (чл.759 ЗОО) 489. Договорот за лиценца престанува: -со истекот на времето за кое е склучен, ако е склучен на определено време (чл.764 ЗОО) -со отказ што секоја страна може да и го даде на другата почитувајќи го отказниот рок(чл.766 ЗОО) -во случај на смрт на давачот на лиценцата, таа се продолжува со неговите наследници, ако поинаку не е определено -во случај на смрт на стекнувачот на лиценцата, таа се продолжува со неговите наследници кои ја продолжуваат неговата дејност -во случај на стечај или редовна ликвидација на стекнувачот на лиценцата, давачот на лиценцата може да го раскине договорот (чл.767 ЗОО) 490. Со договорот за депозит: Со договорот за депозит, примачот на депозит се обврзува да го прими предметот од давачот на депозит, да го чува и да го врати кога овој ќе го побара.Член 768, став 1 ЗОО 491. Права на примачот на депозитот : -да бара од давачот на депозит да му ги надомести трошоците оправдано направени заради чување на предметот, како и штетата што ја имал поради депозитот (чл.775 ЗОО) -право на надомест за својот труд, ако е договорен надоместот, ако примачот на депозит се занимава со примање предмети на чување или ако надомест можело да се очекува со оглед на околностите на работата (чл.776 ЗОО) -примачот на депозит кој се обврзал бесплатно да го чува предметот определено време може да му го врати на давачот на депозит пред истекот на договорениот рок, ако на самиот предмет би му се заканувала опасност од пропаѓање или оштетување или ако неговото натамошно чување би можело да му причини штета (чл.777 ЗОО) -ако рокот не е договорен, примачот на депозит може во секое време да се откаже од договорот, но должен е на давачот на депозит да му определи примерен рок за преземање на предметот (чл.777 ЗОО) 492. Кај угостителскиот депозит: Угостителот се смета како примач на депозит во поглед на

Page 89: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 89

предметите што ги донеле гостите и одговара за нивното загубување или оштетување најмногу до 10.000 денари.Член 780, став 1 ЗОО 493. Со договорот за доживотна издршка: Со договорот за доживотна издршка, давателот на издршката се обврзува да го издржува доживотно примателот на издршката или некое трето лице, а примателот на издршката во надомест му го остава целиот свој имот или определен дел од имотот, чие предавање е одложено се до неговата смрт. Член 1029 ЗОО 494. Договорот за доживотна издршка е полноважен ако: (1) Договорот за доживотна издршка се составува во писмена форма и се заверува од надлежен суд. (2) При заверка судијата во присуство на договарачите и двајца сведоци кои ги познаваат гласно ќе го прочита договорот и ќе ги предупреди договарачите на последиците од договорот. Член 1030, став 1 и 2 ЗОО 495. Договорот за доживотна издршка може да се раскине меѓу другoто: (1) Договорните страни можат спогодбено да го раскинат договорот за доживотна издршка од кога почнало неговото извршување. (2) Ако според договорот за доживотна издршка, договарачите живеат заедно, па нивните односи толку се растројат што заедничкиот живот станал неподнослив, секоја страна може да бара од судот раскинување на договорот. (3) Секоја страна може да бара раскинување на договорот ако другата страна не ги извршува своите обврски. (4) Во случај на раскинување на договорот, страната што не е одговорна за раскинувањето има право да бара од другата страна надомест на штета што ја трпи. Во случај на смрт на давателот на издршката, неговите обврски поминуваат на неговиот брачен другар и на неговите потомци што се повикани на наследство, ако тие се согласат со тоа. Член 1033 ЗОО 496. Со договорот за отстапување на имот за време на живот: Со договорот за отстапување на имот за време на живот, отстапувачот се обврзува да им го отстапи целиот свој имот или дел од имотот на потомците. Член 1022 ЗОО

Page 90: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 90

497. Полноважен е договорот за отстапување на имот за време на живот: единствено ако со тоа се согласиле сите потомци и брачниот другар на оставителот кои според законот ќе бидат повикани да ја наследат неговата оставина. (2) Договорот за отстапување на имотот за време на живот мора да биде составен во писмена форма и заверен од надлежен суд . (3) При заверката судијата ќе го прочита договорот и ќе ги предупреди договарачите на последиците од него. (4) Ако некој потомок не дал согласност тој може да ја даде дополнително во иста форма. (5) Отстапувањето останува полноважно ако потомокот што не се согласил умрел пред отстапителот, а не оставил свои потомци, или се откажал од наследството или е исклучен од наследството, или е недостоен. Член 1023 ЗОО 498. Со договорот за отстапување на имот за време на живот може да биде опфатен: само постоечкиот имот на отстапителот.Член 1024, став 1 ЗОО 499. Настанот со оглед на кој се склучува осигурувањето (осигурениот случај) мора да биде: Настанот со оглед на кој се склучува осигурувањето (осигурениот случај), мора да биде иден, неизвестен и независен од исклучивата волја на договарачот.Член 954, став 1 ЗОО 500. Договорот за осигурување е склучен: кога договарачите ќе ја потпишат полисата на осигурување или листата на покритието.Член 957, став 1 ЗОО 501. Плаќање на премија: (1) Договарачот на осигурувањето е должен да ја плати премијата на осигурувањето, но осигурувачот е должен да ја прими исплатата на премијата од секое лице кое има правен интерес таа да биде платена. (2) Премијата се плаќа во договорените рокови, а ако треба да се исплати одеднаш, се плаќа при склучувањето на договорот. (3) Место на плаќањето на премијата е местото во кое договарачот на осигурувањето има свое седиште односно живеалиште, ако со договорот не е определено некое друго место. Член 968 ЗОО 502. Повеќекратко осигурување е: Ако некој предмет е осигурен кај двајца или повеќе осигурувачи

Page 91: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 91

од ист ризик, за ист интерес и за исто време, така што збирот на сумите на осигурувањето да не ја преминува вредноста на тој предмет (повеќекратно осигурување), секој осигурувач одговара за извршувањето во целост на обврските настанати од договорот што го склучил тој. Член 990, став 1 ЗОО 503. Карактеристики на сите осигурувања на лица се следните : Во договорите за осигурување на лица (осигурување, на живот и осигурување од несреќен случај), висината на осигурената сума што осигурувачот е должен да ја исплати кога ќе настане осигурениот случај, се утврдува во полисата според спогодбата на договорните страни. (1) Покрај состојките што мора да ги има секоја полиса, во полисата за осигурување на животот мораат да бидат назначени: името и презимето на лицето на чијшто живот се однесува на осигурувањето, датумот на неговото раѓање и настанот или рокот од кој зависи настанувањето на правото да се бара исплата на осигурената сума. (2) Полисата за осигурување на живот може да гласи на определено лице или по наредба, но не може да гласи на доносител. (3) За полноважноста на индосаментот на полисата по наредба потребно е тој да го содржи името на корисникот, датумот на индосирањето и потписот на индосантот. Член 999 ЗОО 504. Договорот за паричен депозит е склучен: Договорот за паричен депозит е склучен кога банката се обврзала да прими, а депонентот да положи кај банката определен паричен износ. Член 1074, став 1 ЗОО 505. Кај договорот за паричен депозит, права и обврски на банката се: Со овој договор банката стекнува право да располага со депонираните пари и е должна да ги врати според условите предвидени во договорот. (чл.1074 ЗОО) -банката отвора сметка во корист и врз товар на која ги запишува сите побарувања и должења што ќе произлезат од работите со депонентот или за негова сметка со трет (чл.1075 ЗОО) -банката е должна да врши исплати од сметката во границите на расположливите средства (чл.1076 ЗОО) -банката е должна да го известува депонентот за секоја промена на состојбата на неговата сметка (чл.1078 ЗОО) -банката е должна на крајот од секоја година, а ако е тоа договорено или вообичаено и почесто, да испрати извештај за состојбата на сметката(салдо)(чл.1078 ЗОО)

Page 92: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 92

-банката плаќа камата на средствата што се депонирани кај неа, доколку со занок поинаку не е определено (чл.1081 ЗОО) 506. Депозит по видување е: Депонентот на сметката има право да располага со дел или со целото салдо во секој момент. Член 1077, став 2 ЗОО 507. Со штедна книшка депонентот: (1) Ако паричниот депозит е примен како штеден влог банката, односно штедилницата му издава на депонентот штедна книшка. (2) Штедната книшка може да биде издадена само на име на определено лице или на доносител. Член 1082 ЗОО 508. Со договорот на порамнување: Со договорот за порамнување лицата меѓу кои постои спор или неизвесност за некој правен однос, со помош на заемни попуштања го прекинуваат спорот, односно ја отстрануваат неизвесноста и ги определуваат своите заемни права и обврски. Член 1128, став 1 ЗОО 509. Предмет на договорот за порамнување може да биде: Предмет на порамнувањето може да биде секое право со кое може да се располага. Член 1131, став 1 ЗОО 510. Начело на диспозиција подразбира: Сопственикот има право својата ствар да ја држи, целосно да ја користи и да располага со неа по своја волја, доколку тоа не е спротивно на закон или на некое право на друго лице (чл.8 ЗСДСП) 511. За давање дозвола за склучување на брак малолетното лице мора да има наполнето: наполнило 16 години од животот ако утврди дека тоа достигнало телесна и душевна зрелост потребна за вршење на правата и должностите што настануваат во бракот, а по претходно прибавено мислење од здравствена установа и укажана стручна помош во центарот за социјална работа. Член 16, став 2 ЗС 512. Постапување на здравствена установа кога ќе прими лице со душевна болест: Кога здравствена организација ќе прими душевно болно лице без негова согласност или без одлука на судот, овластено лице на јавна здравствена установа е должно во рок од 48 часа да поднесе пријава до судот.

Page 93: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 93

Кога јавната здравствена установа ќе прими лице со согласност, потврдена со негова писмена изјава пред овластено лице и пред двајца писмени полнолетни сведоци кои не се вработени во јавната здравствена установа и не се крвни роднини со лицето кое се прима, во права линија, во странична линија до четврти степен, по сватовство до втор степен, ни негов брачен другар, како ни лицето кое го донело во јавната здравствена установа и ако по приемот лицето биде ограничено во слободата на движењето или контактирањето со надворешниот свет, овластеното лице во рок од 48 часа е должно да поднесе пријава до судот. Овластеното лице известувањето од ставовите 1 и 2 на овој член, го упатува до судот на чиешто подрачје се наоѓа јавната здравствена установа. Член 59 ЗВП 513. Предлог за прогласување на исчезнато лице за умрено може да поднесе: секое лице кое има правен интерес за тоа и јавниот обвинител. Предлог од ставот 1 на овој член може да поднесе и јавниот правобранител, кога е во прашање имотен интерес на Републиката. Член 76 ЗВП 514. Нотарите како судски повереници преземаат дејствија и донесуваат одлуки во: Нотарите, како судски повереници, преземаат дејствија и донесуваат одлуки во оставинската постапка согласно со одредбите на овој закон. Член 132, став 1 ЗВП 515. Постапката за продолжување на родителското право се поведува: Во постапката за продолжување на вршење на родителското право и должност по полнолетството, судот одлучува за продолжување на ова право и должност ако детето и по полнолетството поради пречки во психичкиот развој не е способно само да се грижи за себе и за заштита на своите права и интереси. Постапката за продолжување на родителското право и должност по полнолетството се поведува и довршува пред полнолетството на детето. Член 112, став 2 ЗВП Постапката за продолжување на родителското право и должност по полнолетството е итна. Предлог за продолжување на родителското право и должност по полнолетството можат да поднесат родителите на детето или центарот за социјална работа. Член 114 ЗВП

Page 94: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 94

516. Против решението со кое се одбива предлогот за лишување од вршење на родителски права жалба може да изјави : жалба можат да изјават - родителот на кого се однесува решението, другиот родител и центарот за социјална работа, ако по нивен предлог е поведена постапката. Член 110 ЗВП 517. За расправање на оставината месно надлежен е: За расправање на оставина месно е надлежен судот на чие подрачје оставителот во времето на смртта имал постојано живеалиште, односно престојувалиште (оставински суд). Ако оставителот во времето на смртта немал живеалиште или престојувалиште во Република Македонија, за расправање на оставината месно е надлежен судот на чие подрачје оставителот има оставина, а неговите наследници поднесле барање за поведување на оставинска постапка. Ако ниту еден дел од оставината не се наоѓа во Република Македонија, месно надлежниот суд ќе го определи Врховниот суд на Република Македонија. Член 129 ЗВП 518. Врховниот суд ќе одреди месно надлежен суд за расправање на оставината во случаи: Ако ниту еден дел од оставината не се наоѓа во Република Македонија Член 129, став 3 ЗВП 519. Привремен старател на оставината поставува: судот ќе постави привремен старател на оставината кој ќе ги застапува наследниците. За поставување на привремен старател судот ќе го извести органот на старателството, кој може да постави друг старател. Кога судот со решение за наследување ќе огласи за наследник лице со непознато престојувалиште, неговиот дел од оставината ќе му го предаде на старател определен од Центарот за социјална работа во смисла на одредбите од Законот за семејството. Член 126 ЗН 520. Оставината преминува на наследниците: Оставината на умрено лице преминува, по силата на законот, врз неговите наследници во моментот на неговата смрт. Член 127 ЗН 521. Новопронајдениот имот на оставителот судот ќе го распредели:

Page 95: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 95

Ако по правосилноста на решението за наследување, дополнително се пронајде имот на оставителот, кој не бил познат кога е донесено решението за наследување, судот новопронајдениот имот на оставителот ќе го распредели со ново решение врз основа на порано донесеното решение. Ако наследник дал порано изјава дека се откажал од наследството, судот ќе го повика да даде нова наследничка изјава за новопронајдениот имот и неа ќе ја земе предвид при донесувањето на решението од ставот 1 на овој член. Ако оставината порано не била расправена затоа што оставителот не оставил имот или оставината се состоела од подвижни предмети, а наследниците не барале да се одржи расправа, судот ќе ја расправи оставината, ако новопронајдениот имот се состои од недвижности, а ако се состои само од подвижни предмети, само ако тоа го бараат заинтересираните лица. Член 185 ЗВП 522. Ако по правосилноста на решението за наследување се појави лице кое не учествувало во постапката за расправање на оставината, а како наследник полага право врз оставината, оставинскиот суд: оставинскиот суд ќе го упати таквото лице да ги остварува своите права во парничната постапка. Член 187 ЗВП 523. Ревизија во оставинска постапка е дозволена: Во постапката за расправање на оставина е дозволена ревизија кога меѓу учесниците настанал спор за примената на правото, а правните прашања ги решил судот согласно со членот 173 став 3 од овој закон. Член 188 ЗВП Член 173: Судот ќе го прекине расправањето на оставината и учесниците ги упатува да поведат парнична, односно управна постапка, ако меѓу учесниците настане спор за фактите од кои зависи некое нивно право. Спорни можат да бидат особено фактите: 1) од кои зависи правото на наследство, полноважноста или содржината на тестаментот или односот на наследниците и оставителот врз основа на кои се наследува според закон; 2) од кои зависи основаноста на барањето на преживеаниот брачен другар и на лицата кои со оставителот живееле во трајна заедница, да им се издвојат од оставината предметите за домаќинство што служат за задоволување на секојдневните потреби; 3) од кои зависи големината на наследниот дел, а особено пресметувањето на наследниот дел; 4) од кои зависи основаноста на исклучувањето на нужните

Page 96: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 96

наследници или основаноста на причините за недостојност и 5) за тоа дали некое лице се откажало од наследство. Ако во наведените случаи нема спор за факти, а спорот меѓу учесниците е за примена на право, правните прашања ќе ги расправи оставинскиот суд. 524. Претходни дејствија во оставинска постапка: -попис и процена на оставината (од чл.146 до чл.152 ВПП) и -привремени мерки за обезбедување на оставината (чл.153 и чл. 154 ВПП) 525. Судот одлучува да не се расправа оставината кога: Ако од податоците од смртовницата се гледа дека умрениот не оставил имот, оставинскиот суд ќе одлучи да не се води постапка за расправање на оставината. Судот ќе одлучи да не се води постапка за расправање на оставината и кога умрениот оставил само подвижен имот, а ниту едно од лицата повикани на наследство не бара да се спроведе расправа. Кога меѓу наследниците има лица кои не се способни сами да се грижат за своите права, а немаат родители, судот е должен кога ќе одлучи да не се расправа за оставината, да го извести за тоа центарот за социјална работа. Член 165 ЗВП 526. Што претставува владение врз стварите? Владение на определена ствар има секое лице, кое непосредно или со посредство на полномошник, врши фактичка власт на стварта (непосредно владение). Владение на ствар има и лицето кое фактичката власт на стварта ја врши преку друго лице на кое, по основа на плодоуживање, врз основа на договор за залог, договор за закуп, договор за послуга или на некое друго правно дело, му ја дало стварта во непосредно владение (посредно владение). Во случај кога владетелот од став 2 на овој член е во таков однос со некое трето лице, третото лице е непосреден владетел, а тој е посреден владетел. Член 167 ЗСДСП 527. Како се остварува владението? Преку вршење на фактичка власт на стварта. Член 167, став 1 ЗСДСП 528. Како се остварува заштита на владението? Владетелот на ствари и права има право на заштита на владението од смеќавање или одземање. Владетелот кој владението го стекнал со неовластено одземање од друг со сила, закана, заблуда, со измама или со злоупотреба на доверба има право да го штити своето владение. Тој нема

Page 97: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 97

право да го штити само од она лице од кое неовластено го одзел, но откако владението ќе му стане мирно, ќе може да го штити и од него. Правото на заштита на владението се остварува во рок од 30 дена од денот на сознанието за смеќавањето или одземањето и за сторителот, а најдоцна во рок од една година од настанатото смеќавање или одземање. Правото на заштита на владението се остварува во посебна постапка пред суд (постапка заради смеќавање или одземање на владение) или со самопомош. Член 182, став 2 ЗСДСП Владението, кое на владетелот му било одземено, не престанало ниту било прекинато ако владетелот, служејќи се со своето право на заштита на владението повторно го воспоставил или изнудил негово воспоставување. Владетелот на кого неовластено му е смеќавано или одземено владението, овластен е да бара од судот да се утврди чинот на смеќавање или одземање, да се нареди воспоставување на владетелска состојба каква што била во моментот на смеќавањето или одземањето и да се забрани такво, или слично смеќавање или одземање за во иднина. Судот ја дава оваа заштита на владението во посебна постапка според последната мирна состојба на владението и настанатото смеќавање или одземање, без оглед на законитоста на владение, совесноста на владетелот, како и без оглед на тоа колку смеќавањето или одземањето на владението е во определен јавен интерес. 529. Како престанува владението на стварта? Владението на ствар престанува кога стварта ќе пропадне, кога ќе се загуби и кога е очигледно дека нема да биде вратена и кога владетелот по своја волја ќе ја напушти. На дотогашниот владетел му престанува владението кога стварта му ја одзело друго лице, ако тој не остварил заштита на своето владение. Член 190 ЗСДСП 530. Што претставува стварна службеност? Стварна службеност е право на сопственикот на една недвижност' (привилегирана ствар) за потребите на таа недвижност да врши определени дејствија врз недвижноста на друг сопственик (послужна ствар) или да бара од сопственикот на послужната ствар да се воздржува од вршење определени дејствија, што инаку би имал право да ги врши врз својата недвижност. Член 192, став 2 ЗСДСП

Page 98: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 98

531. Кои се видовите на стварна службеност? Стварните службености се полски, куќни и комунално- технички. Член 194, став 1 ЗСДСП Стварната службеност може да се утврди како трајно право, на определено време или за определено годишно време. 532. Кои се овластувањата на носителот на стварната службеност и обврските на сопственикот на недвижноста? Стварна службеност е право на сопственикот на една недвижност' (привилегирана ствар) за потребите на таа недвижност да врши определени дејствија врз недвижноста на друг сопственик (послужна ствар) или да бара од сопственикот на послужната ствар да се воздржува од вршење определени дејствија, што инаку би имал право да ги врши врз својата недвижност. Член 192, став 2 ЗСДСП 533. Како се стекнува право на стварна службеност? Стварната службеност се заснова со правно дело (договор, тестамент), со одлука на државен орган и со одржувачка. Член 199 ЗСДСП 534. Како престанува стварната службеност? Стварната службеност престанува ако сопственикот на послужната ствар се противи на нејзиното вршење, а сопственикот на привилегираната ствар не го вршел своето право три години едноподруго. Сопственикот на послужната ствар може да бара да престане правото на стварната службеност кога таа ќе стане непотребна за користење на привилегираната ствар, кога ќе истече определеното време, ако е заснована на определено време или кога ќе престане причината поради која таа е заснована. Стварната службеност престанува ако не се врши за времето потребно за нејзино стекнување со одржувачка, кога исто лице ќе стане сопственик на послужната и привилегираната ствар или со пропаѓање на привилегираната, односно послужната ствар.Член 206 ЗСДСП 535. Како се дефинира личната службеност? Личната службеност е стварно право врз туѓа ствар со кое се овластува одредено лице, кое е во посебен однос со сопственикот на послужната ствар да се служи со неговата ствар на определен начин, а сопственикот на таа ствар тоа мора да го трпи. Член 192, став 3 ЗСДСП 536. Кои се видовите лични службености?

Page 99: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 99

правото на плодоуживање, правото на употреба и правото на домување. Член 208 ЗСДСП 537. Како се остварува заштита на правото на службеност? Ако сопственикот на привилегираната ствар неосновано е смеќаван во вршењето на стварната службеност, тој може со тужба да бара да престане тоа смеќавање. Член 205 ЗСДСП -со тужба до суд и тоа владетелска (поседовна) тужба која се поднесува, главно, при смеѓавањето на вршењето на содржината на правото на службеност и петиторна (конфесорна) тужба за заштита на правото на службеност која се поднесува ако сопственикот на привилегираната ствар неосновано е смеќаван во вршењето на стварната службеност 538. Што претставува скриено богатство? пари, злато, сребро, накит, драгоцени камења, ствари изработени од племенити метали и други драгоцености, кои скриени лежеле толку долго време, така што со сигурност не може да се утврди кој им е сопственикот. Член 142, став 1 ЗСДСП 539. Што е културно добро? За културно добро во смисла на овој закон се смета ствар која има општокултурно значење или е од јавен интерес и како таква се наоѓа под посебен правен режим заради негова заштита и користење (споменик на културата, музејски материјал, библиотечен материјал, архивска граѓа, природна реткост и слично). Член 142, став 2 ЗСДСП 540. Дали наоѓачот на скриено богатство е должен да го пријави и предаде ? Лице коешто ќе пронајде скриено богатство, односно културно добро е должно веднаш да го пријави и да го предаде на надлежната служба во владение, односно до предавањето да преземе мерки кои се нужни за да не пропадне и да не се оштети или да се отуѓи. Член 143, став 2 ЗСДСП 541. Во кој рок сопственикот на подвижна ствар може да бара нејзино враќање? Ако лицето кое ја изгубило стварта или нејзиниот сопственик се јави на надлежната служба во рок од една година од наоѓањето и докаже дека ја изгубило стварта од владение, односно дека е нејзин сопственик, ќе му се предаде стварта или износот добиен со продажбата, откако ќе се одбијат нужните трошоци во врска

Page 100: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 100

со чувањето на најдената ствар, како и евентуалната награда на наоѓачот, доколку наоѓачот барал награда. Член 138, став 1 ЗСДСП 542. Дали наоѓачот на изгубена ствар има право на награда? Наоѓачот на изгубената ствар има право на надоместок за направените нужни трошоци, како и на награда во висина од 15% од вредноста на стварта. Член 139, став 1 ЗСДСП 543. Поим на етажна сопственост. Станови, деловни простории, визби, гаражи и други посебни делови од станбени и деловни згради што имаат два или повеќе станови, односно деловни простории и други посебни делови можат да бидат во сопственост на различни физички или правни лица (етажна сопственост).Член 95, став 1 ЗСДСП 544. Кои се основите за засновање на заложно право врз недвижност- хипотека? Правото на залог е стварно право врз туѓа ствар со кое се обезбедува побарувањето на заложниот доверител со давање во залог (заложување) на определена ствар или право во корист на заложниот доверител, кој е овластен да располага со туѓата ствар, на начин што по истекот на рокот на пристигнатоста да бара намирување на своето побарување од вредноста на таа ствар или право (со продавање на заложената ствар), пред доверителите кои на таа ствар или право немаат засновано право на залог, како и пред заложните доверители кои право на залог врз таа ствар стекнале по него, без разлика на промената на сопственикот на заложената ствар. Договорниот залог се стекнува со склучување на договорот за залог и со запишување во соодветните јавни книги кога заложената ствар е недвижност. -да постои парично и друг вид побарување, чија вредност е изразлива во пари, што доверителот ги има во однос на својот должник од одреден облигационен однос (чл.2 ЗДЗ) -хипотеката која е невладетелски залог се стекнува со договор за хипотека и со запишување на хипотеката во јавна книга на начин и под услови пропишани со закон(чл.17 ЗДЗ) -договорот за хипотека што не е склучен во писмена форма не произведува правно дејство (чл.21 ЗДЗ) -договорот за залог врз недвижност се заверува кај нотар чие службено седиште е на подрачјето на основниот суд каде што се наоќа недвижноста (чл.22-а ЗДЗ)

Page 101: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 101

545. Кога се стекнува договорниот залог на подвижни предмети и права? кога заложената ствар се подвижни ствари или права, договорниот залог се стекнува со склучување на договорот за залог и со предавање на стварта во владение на заложниот доверител (нерегистриран залог), односно со склучување на договорот за залог и со попис на заложната ствар, без предавање на стварта во владение на заложниот доверител (регистриран залог). 546.Поим на експропријација одземањето и ограничувањето на правото на сопственост и на имотните права на недвижности заради реализација на јавен интерес утврден со закон, а заради градење на објекти и изведување на други работи (во натамошниот текст: експропријација), утврдувањето на јавниот интерес, постапката за експропријација и постапката за определување на пазарниот надоместок. (чл.1 ЗЕ) 547. Фази во постапката за експропријација 1. Предлагач на експропријацијата 2. Предлог за експропријација 3. Предлог по иницијатива за експропријација 4. Постапка пред органот за експропријација 5. Расправа за спогодување 6. Решение за експропријација 7. Владение на експроприраната недвижност 8. Откажување од предлог за експропријација 9.Поништување на правосилно решение за експропријација 548. Определување на надоместок за потполна експропријација Член 37-44, член 44-а од измени, -Пазарната вредност на експроприраните недвижности и на недвижностите што се даваат како надоместок, ја утврдува овластен проценувач согласно со Законот за процена. -Надоместокот за експроприраната недвижност се определува по правило во пари ако поранешниот сопственик, односно носителите на други имотни права и предлагачот на експропријацијата поинаку не се договорат. -Сопственикот на недвижноста што се експроприра има право на надоместок и за насадите, посевите, шумите на земјиштето и плодовите, доколку не влегле во пазарната цена на земјиштето. -Кога како надоместок за експроприраната недвижност се нуди друга недвижност, таа треба да биде по вредност соодветна на експроприраната недвижност.

Page 102: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 102

-Предлагачот на експропријацијата е должен на сопственикот на недвижноста што се експроприра кој во експроприраниот објект живее, односно врши дејност, ако тој тоа го бара, да му даде во замена друг соодветен по вредност објект. -Ако се експроприра недвижност во која се врши дејност, при определувањето на надоместок се зема предвид и штетата што се трпи заради прекинот на дејноста, како и штетата која настанала заради промена на локацијата, ако таква настанала. -Кога се определува надоместок за објект кој заради својата природа не е во промет и за кој не се формира пазарна цена (бунари, оградни и потпорни ѕидови и слично), висината на надоместокот се определува според пазарната вредност на материјалот и работната рака потребни за изградба на тие објекти, намалена за соодветниот износ на амортизација. 549. Што е предмет на денационализација? Се враќа имот односно се дава надомест за имот на физички лица и на верски храмови, манастири и вакафи одземени од 2 август 1944 година: 1) врз основа на прописите со кои е вршено општо одземање и ограничување на сопственоста; 2) врз основа на прописите за одземање на имот заради остварување на општокорисни цели, како и имот експроприран заради остварување на општокорисни цели, односно општ интерес, ако не се исполнети условите за враќање на имотот според одредбите за експропријација 3) без правна основа. Предмет на денационализација е и имотот што државата го презела како голем имот, односно како вишок на имот за предавање на управување согласно со членот 6 ставови 1 и 2 од Законот за постапување со имот којшто сопствениците морале да го напуштат во текот на окупацијата и имотот кој им е одземен од страна на окупаторот и неговите помагачи (“Службен лист на ДФЈ” бр. 36/45), односно членовите 3, 5, 10 и 11 од Законот за потврда и измени на Законот за постапување со имот кој што сопствениците морале да го напуштат во текот на окупацијата и имотот кој им е одземен од страна на окупаторот и неговите помагачи (“Службен лист на ФНРЈ бр. 64/46). Предмет на денационализација е и имотот: отстапен со изјава на волја дадена под закана и присилба и тоа за земјиште до денот на влегувањето во сила на прописите за аграрна реформа и колонизација за стопанските објекти до денот на влегувањето во сила на прописите за национализација на приватните стопански претпријатија и за згради и делови од згради до денот на влегувањето во сила на прописите за национализација на наемните згради и градежното земјиште.

Page 103: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 103

Одредбите од овој закон се применуваат и кога имотот е одземен со конфискација изречена за казниви дела до влегувањето во сила на Кривичниот законик (“Службен лист на ФНРЈ бр. 13/51), освен за дела на воени злосторства кога воените злосторници се верификувани од меѓународната комисија на Обединетите нации. 550. Како се постапува во постапка за денационализација, кога имотот претставува добро во општа употреба или постои јавен интерес? Не се враќа во сопственост поради постоење на јавен интерес, а се дава надомест. Член 10 ЗД 551. Поим на градежно земјиште Градежно земјиште е земјиштето кое е планирано со урбанистички план, урбанистичко планска документација или проект за инфраструктура. Градежно земјиште, во смисла од овој закон, е изградено и неизградено земјиште, планирано со актите предвидени со Законот за просторното и урбанистичкото планирање. Член 4 ЗГЗ Градежното земјиште е добро од општ интерес за Републиката и ужива посебна заштита на начин и под услови утврдени со овој и друг закон. 552. Кои се носители на правото на сопственост врз градежно земјиште? Градежното земјиште може да биде во сопственост на Република Македонија, во сопственост на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, во сопственост на, јавните претпријатија, акционерски друштва и други субјекти основани од Владата на Република Македонија и Собранието на Република Македонија и во сопственост на домашни и странски физички и правни лица, под услови утврдени со овој и друг закон. Член 7 ЗГЗ 553. Каков е режимот на градежното земјиште во сопственост на Република Македонија? (1) Со градежното земјиште сопственост на Република Македонија, во име на Република Македонија управува Владата на Република Македонија. (2) Градежното земјиште во сопственост на Република Македонија може да се отуѓи, да се даде под долготраен закуп, под краткотраен закуп, да се разменува, да сe заснова право на стварна службеност, да се даде на трајно користење, да се пренесе правото на сопственост и

Page 104: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 104

на него да се востановат други стварни права, на начин и под услови утврдени со овој и друг закон. (чл.15 ЗГЗ) 554. Кој е временскиот рок за давање под долготраен закуп на градежното земјиште сопственост на РМ? најмалку пет, а најмногу 99 години.Член 21 ЗГЗ 555. Кој е временскиот рок за давање под краткотраен закуп на градежното земјиште сопственост на РМ? до пет години со можност за продолжување на уште три години. Член 40 ЗГЗ 556. Правен режим на земјоделското земјиште Со овој закон се уредува користењето, располагањето, заштитата и пренамената на земјоделското земјиште. -земјоделското земјиште може да се отуѓува и може да се даде на користење по пат на закуп и плодоуживање (чл.17 ЗЗЗ) 557.Во кои случаи е можна физичка делба на земјоделко земјиште помеѓу сосопствениците или заедничките сопственици? доколку катастарската парцела е со површина поголема од 2 хектари. Член 15-а ЗЗЗ 558. Закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост 1) Земјоделското земјиште во државна сопственост не може да биде предмет на продажба. 2) Земјоделското земјиште во државна сопственост може да се даде на користење по пат на закуп и плодоуживање. 3) Во име на Република Македонија земјоделското земјиште во државна сопственост на користење го дава Министерството, на начин и услови предвидени со овој закон. 4) Земјоделското земјиште дадено на користење, согласно ставот 2 од овој член не смее да се даде во подзакуп и плодоуживање. 1) Земјоделското земјиште во државна сопственост можен да се дава во закуп по пат на јавен оглас и со непосредна спогодба во случаите од членот 38 на овој закон. 2) Земјоделското земјиште од членот 17 на овој закон, може да се даде во закуп и тоа за: − подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) за период до 30 години; − подигање на маслинарници за период до 50 години; − одгледување на други земјоделски култури за период до 15 години; − ливади за период до 15 години;

Page 105: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 105

− рибници до 20 години и − спортско - рекреативни активности и рурален туризам до 30 години. 3) Земјоделското земјиште во државна сопственост кое претставува блокови со природни граници, се дава под закуп како целина. 1) За потребите на јавните научни и државно образовни институции од областа на земјоделството, министерот може земјоделското земјиште во државна сопственост да го дава во закуп со непосредна спогодба по претходна согласност од Владата на Република Македонија. 2) Земјоделското земјиште во државна сопственост може да се даде под закуп со непосредна спогодба од страна на министерот, по претходна согласност од Владата на Република Македонија, во случај кога на закупеното земјоделско земјиште има подигнато долгогодишен насад, а закупецот по било кој правен основ располага со насадот. 3) Непосредната спогодба од ставот 2 на овој член се склучува со новиот сопственик на насадот под исти услови од договорот склучен со претходниот закупец за преостанатиот период од основниот договор. -се заснова по пат на јавен оглас, со прибирање на понуди и со непосредна спогодба (чл.18 ЗЗЗ) 559. Во кои случаи престанува да важи договорот за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост? − со истекот на времето за кој е склучен; − спогодбено меѓу договорните страни; − земјоделското земјиште престане да биде земјоделско заради трајна пренамена; − со правосилно решение за денационализација (враќање и давање на надомест од ист вид); − со отворање на стечајна постапка; − со отворање на ликвидациона постапка; − при статусна промена (присоединување, спојување или поделба); − со бришење на правното лице од трговскиот регистар или друг регистар на упис и − со смрт на закупецот. -- закупецот ги отугил долгогодишните насади или објектите поставени на земјоделското земјиште дадено под закуп или ја изгубил сопственоста врз истите по кој било друг правен основ (чл.35 ЗЗЗ) 560. Врз основа на кои начела на Законот за концесии и јавно приватно партнерство во постапката се овозможува ангажирање за финансирање на концесија на добра од

Page 106: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 106

општ интерес и договор за воспоставување на јавно приватно партнерство? Целта на овој закон е да овозможи ангажирање за финансирање на концесија на добра од општ интерес и договор за воспоставување на јавно приватно партнерство врз основа на начелата на еднаквост, транспарентност, недискриминација, пропорционалност, меѓусебно признавање, заштита на животната средина и ефикасност во постапката за склучување на договор за концесија на добра од општ интерес и договор за воспоставување на јавно приватно партнерство, како и квалитетно и ефикасно вршење на работите и услугите од склучениот договор за концесија и договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство. (чл.8 ЗКЈПП) 561. Фази во постапката за доделување на концесија според Законот за концесии и јавно приватно партнерство. Подготвителни работи за доделување на концесија на добра од општ интерес и договор за воспоставување на јавно приватно партнерство Започнување на постапка Содржина на одлуката за започнување на постапка Тендерска документација Гаранција за учество во постапката Јавен повик за доделување на концесија на добра од општ интерес Критериуми за избор на најповолна понуда Јавно отворање на понудите Евалуација на понудите Извештај за евалуација Одлука за избор на најповолна понуда Содржина на одлуката за избор на најповолна понуда Период на договорот 562. Кои се најзначајните новини воведени со новиот Закон за катастар на недвижностите? - најзначајни новини се изготвувањето од страна на катастарот бесплатни геодетски елаборати за легализација на дивоградби за лицата корисници на социјална и постојна парична помош и лица со ниски примања до 168.000 денари бруто на годишно ниво, Регистарот на цени и Електронскиот имотен лист. 563. Кои се начелата на запишување во катастарот на недвижностите? начело на задолжително запишување, конститутивност на запишувањето, јавност на запишаното, точност и верба во запишаното, законитост при запишувањето, приоритет,

Page 107: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 107

одреденост и самостојност на запишувањето (чл.142 до чл.149 ЗКН) 564. Видови на запишување во Катастарот на недвижностите. укнижување, предбележување и прибележување (чл.169 ЗКН) 565. Правни основи за запишување во Катастарот на недвижности -закон, -правосилни судски одлуки, одлуки за привремена мерка, претходна мерка и други акти за обезбедување на побарувања согласно закон -одлука на Владата на РМ -конечни, односно правосилни акти на органите на државната власт, на органите на единиците на локалната самоуправа и на градот Скопје, правни и други лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања -правни дела -изјави заверени кај нотар врз основа на кои може да се изврши запишување на правата на недвижностите, чие поднесување е задолжително утврдено со овој или друг закон(чл.174 ЗКН) 566. Што претставува Имотниот лист? Јавна исправа со која се докажува запишаното право на сопственост и други стварни права на недвижностите согласно со закон (чл.156 ЗКН) 567. Што претставува укнижувањето во катастарот на недвижностите? -укнижувањето е потполно и дефинитивно, безусловно запишување на настанувањето или престанувањето на: 1. правото на сопственост и подоблиците на правото на сопственост (сосопственост и заедничка сопственост) и 2. другите стварни права (службеност, хипотека, реален товар, долготраен закуп на градежно земјиште) под услови и на начин утврдени со закон (чл.170 ЗКН) 568. На што се однесуваат промените при запишувањето во Катастарот на недвижностите? -се однесуваат на податоците за: -недвижностите -правата на недвижностите -носителите на правата на недвижностите -прибележувањата на факти од влијание за недвижностите и -предбележувањата (чл.200 ЗКН)

Page 108: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 108

569. Во кој рок може да се поднесе тужба за бришење на запишано право во Катастарот на недвижностите? во рок од 3 години од извршеното запишување (чл.238 ЗКН) 570. Брак и услови за склучување на брак - Брак можат да склучат две лица од различен пол со слободно изјавена волја пред надлежен орган, на начин определен со овој закон. (чл.15 ЗС) - Не може да склучи брак лице кое не наполнило 18 години од животот. -Надлежниот суд може, во вонпарнична постапка, да дозволи склучување на брак на лице кое наполнило 16 години од животот ако утврди дека тоа достигнало телесна и душевна зрелост потребна за вршење на правата и должностите што настануваат во бракот, а по претходно прибавено мислење од здравствена установа и укажана стручна помош во центарот за социјална работа.(чл.16 ЗС) - Не може да склучи нов брак лице додека порано склучениот брак не му престане (чл.17 ЗС) - Не можат да склучат брак лица кои поради манифесна форма на душевно заболување со присуство на психотички симптоми или резидуални знаци од болеста не се во состојба да го сфатат значењето на бракот и обврските што произлегуваат од него, а кои се истовремено неспособни за расудување. -Не можат да склучат брак и лица кои заостануваат во менталниот (психичкиот) развој, а припаѓаат во групата на лица со тешка и најтешка ментална заостанатост IQ под 36 0. -Лицата кои се распоредени како лица со умерени пречки во психичкиот развој, или со лесни пречки во психичкиот развој, како и лица кои имаат тешки наследни заболувања во фамилијата, можат да склучат брак по претходно прибавено мислење за генетската конструкција издадено од Заводот за ментално здравје на деца и младинци Скопје или друга соодветна институција која се занимава со вршење на генетските истражувања.(чл.18 ЗС) - Не можат меѓу себе да склучат брак крвни роднини во права линија (дедо, баба, мајка, татко и внуци), како ни родени браќа и сестри, брат и сестра по татко, односно по мајка, стрико и дете од брат, вујко и дете од сестра, тетка и дете од брат, тетка и дете од сестра, ниту први братучеди. -Не можат да склучат брак и лица чие сродство од претходниот став е засновано со посвојување. (чл.20 ЗС) - Не можат меѓу себе да склучат брак свекор и снаа, зет и тешта, очув и паштерка, маќеа и пасинок, без оглед на тоа дали бракот, поради чие склучување тие дошле во такво сродство, престанал.

Page 109: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 109

-Од оправдани причини надлежниот суд може во вонпарнична постапка, да дозволи роднините од став 1 на овој член меѓу себе да склучат брак. (чл.21 ЗС) - Вонбрачното сродство претставува пречка за склучување на брак како и брачното.(чл.22 ЗС) 571. Услови за склучување на брак -ист одговор со прашање бр. 570 572. Услови за полноважност на бракот - Бракот не е полноважен кога согласноста за склучување на брак е дадена под присила или во заблуда. (чл.19 ЗС) 573. Права и должности на брачните другари - При склучувањето на бракот, брачните другари можат да се спогодат да го земат за презиме презимето на едниот или на другиот брачен другар или секој да го задржи своето презиме или секој од нив на своето презиме да го додаде презимето на другиот брачен другар или едниот брачен другар да го земе презимето на другиот брачен другар и на тоа презиме да му го додаде своето презиме. (чл.31 ЗС) - Секој брачен другар е независен во изборот на работата и занимањето. -Брачните другари спогодбено одлучуваат за местото на заедничкото живеење и за водење на заедничкото домаќинство. (чл.32 ЗС) - Брачните другари секој според своите способности се грижат за задоволување на потребите на семејството (чл.33 ЗС) - Се забранува секаков вид на насилство во бракот и семејството. (чл.33-а ЗС) 574. Престанок на бракот - Бракот престанува со смрт на еден од брачните другари, со прогласување на исчезнатиот брачен другар за умрен, со поништување и со развод на бракот. Ако еден од брачните другари е прогласен за умрен, бракот престанува со денот,кој со правосилното решение е утврден како ден на неговата смрт. (чл.34 ЗС) 575. Кој може да бара поништување на брак? - Поништување на брак може да бара еден од брачните другари, јавниот обвинител, како и физичко и правно лице кое за тоа има правен интерес, ако со овој закон не е определено поинаку (чл.36 ЗС) 576. Кој може и во кој рок да бара поништување на бракот склучен под принуда или во заблуда?

Page 110: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 110

-Поништување на брак склучен под принуда може да бара само брачниот другар кој бил принуден да го склучи бракот. Тужба може да се поднесе во рок од една година од денот кога опасноста од извршувањето на принудата престанала. Поништување на брак склучен во заблуда може да бара само брачниот другар кој во заблуда се согласил да склучи брак. Тужба може да се поднесе во рок од една година од денот на сознавањето на заблудата. (чл.36 ЗС) 577. Надлежност на суд за постапување во брачни спорови -за судење во спорови заради утврдување на постоење или непосотење на брак, поништување на брак(брачни спорови), покрај судот од општа месна надлежност, надлежен е и судот на чие подрачје брачните другари имале последно живеалиште (чл.46 ЗПП) 578. До кога може да се повлече тужба во постапка за развод на брак? -тужителот може да ја повлече тужбата се до заклучувањето на главната расправа без согласност на тужениот, а со согласност на тужениот додека постапката правосилно не е завршена (чл.234 ЗС) 579. До кога може да се повлече предлог за спогодбен развод на брак? -се додека постапката правосилно не е завршена (чл.236 ЗС) 581. Кои факти врз кои странките го засновуваат тужбеното барање во брачниот спор, во кој странките имаат заеднички малолетни деца, Судот може да ги утврдува и кога не се спорни меѓу странките? фактите кои се однесуваат на децата (чл.257 ЗС) 582. Дали Центарот за социјална работа се вклучува во бракоразводниот спор во кој има деца и дали му се доставуваат одлуки? да, се вклучува и му се доставуваат сите одлуки донесени во таа постапка (чл.249 ЗС) 583. Кои се правата на детето? -Детето има право да биде издржувано од своите родители, да биде згрижено, да биде заштитен неговиот живот и здравје, да биде оспособено за самостоен живот и работа, да му се обезбедат оптимални услови за негово воспитување, школување

Page 111: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 111

и стручно оспособување, зависно од условите на семејството. (чл.46 ЗС) -Малолетните деца имаат право да живеат со своите родители. -Малолетните деца можат да живеат одвоено од своите родители само кога е тоа од непосреден интерес за децата или кога тоа е од заеднички интерес за децата и за родителите. -Детето има право да одржува лични односи и непосредни контакти со родителот со кого не живее. -Малолетните деца имаат право да одржуваат непосредни контакти со родителите и други блиски роднини на родителот кој е умрен, на кого му е одземено родителското право или од други причини е спречен да го врши родителското право. (чл.47 ЗС) -Детето има право да биде застапувано од своите родители или старатели. (чл.48 ЗС) 584. Кој одлучува за местото на живеење на децата? -одлучуваат родителите заеднички и спогодбено, а ако не можат да се спогодат одлучува центарот за социјални работи (чл.76 ЗС) 585. Кој го врши надзорот над вршењето на родителското право? -Центарот за социјална работа (чл.83 ЗС) 586. Кога може да се одземе родителското право? -кога родителот го злоупотребува вршењето на родителското право или грубо го занемарува вршењето на родителските должности (чл.90 ЗС) 587. Утврдување на татковство и мајчинство - Брачниот другар на мајката се смета за татко на детето родено за време на траењето на бракот или во рок од 300 дена по престанокот на бракот.(чл.50 ЗС) - За татко на детето родено надвор од брак се смета лицето кое детето ќе го признае за свое. (чл.51 ЗС) - Татковство на дете родено надвор од брак може да признае секое полнолетно деловно способно лице, како и малолетно лице ако е постаро од 16 години, како и лице со ограничена деловна способност, доколку е способно да ја сфати содржината и значењето на изјавата за признавање на татковство. (чл.55 ЗС) - Признавањето на татковството произведува правно дејство и се запишува во матичната книга на родените само ако со тоа се согласи мајката на детето, која за тоа матичарот ја известува. (чл.56 ЗС)

Page 112: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 112

- Ако детето е постаро од 16 години, потребна е и негова согласност за признавање на татковството. Изјавата за согласност се дава во рок од 30 дена од денот на приемот на известувањето. - Ако детето е помало од 16 години, и е под старателство, бидејќи мајката е умрена или е со непознато живеалиште или престојувалиште или му е одземена деловната способност, изјава за согласност за признавање на татковството дава старателот на детето со одобрение на центарот за социјална работа. (чл.57 ЗС) - Ако мајката на детето и детето кое e постаро од 16 години или старателот на детето кога е потребна негова согласност, не се согласат со признавањето на татковството или не се изјаснат за тоа во рок од 30 дена по приемот на известувањето, лицето кое го признало детето за свое може да поднесе тужба заради утврдување дека е тој татко на детето. (чл.58 ЗС) - Изјавата за признавање на татковство, како и изјавата на мајката и детето за согласност со признаеното татковство, не може да се отповикуваат (чл. 59 ЗС) - За татко на детето, родено надвор од брак, ќе се смета лице кое со мајката на детето имало полови односи во време од најмалку 180 до 300 дена пред раѓањето на детето, доколку не се докаже спротивното. -При утврдувањето на татковството судот особено ги зема предвид и заедничкиот живот и меѓусебните односи на мајката на детето и на тужениот пред и по раѓањето на детето, како и медицинските и други докази кои не го исклучуваат тужениот дека е татко на детето. (чл.61 ЗС) - Не е дозволено утврдување на татковство на дете кое е зачнато со вештачко оплодување. (чл.62 ЗС) - Одредбите на овој закон за утврдување на татковство соодветно се применуваат и при утврдување на мајчинство. (чл.63 ЗС) 588. Кои лица имаат право на заштита од семејно насилство? -брачниот другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, -поранешен брачен другар или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи, вклучувајќи ги односите кои настануваат со посвојувањето и старателството, -браќа и сестри, полубраќа и полусестри, -постарите членови во семејството или заедничкото домаќинство -лица - членови на семејството или заедничкото домаќинство чија деловна способност е делумно или целосно одземена.

Page 113: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 113

Под блиски лични односи, во смисла на овој закон, се подразбираат лични односи меѓу лица од различен пол кои се или биле во партнерски односи, а не живеат во вонбрачна заедница. (чл.94-б ЗС) 589. Постапка за заштита од семејно насилство и привремени мерки -Жртвата на семејно насилство може да поднесе предлог за изрекување на привремена мерка на заштита до надлежниот суд непосредно или преку центарот за социјална работа. -Центарот за социјална работа ќе поднесе предлог за изречување на привремена мерка за заштита од семејно насилство до судот за малолетни и деловно неспособни лица секогаш кога родителот, старателот или законскиот застапник тоа нема да го сторат. -Центарот за социјална работа, предлогот за полнолетни и деловно способни лица, ќе го достави до судот, само со согласност на жртвата на семејното насилство. (чл.94-д) - Надлежниот суд на сторителот на семејното насилство може да му ги изрече следниве привремени мерки на заштита: 1) забрани да се заканува дека ќе стори семејно насилство; 2) забрани да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин комуницира со член на семејството, директно или индиректно; 3) забрани да се приближува до живеалиштето, училиштето, работното место или определено место кое редовно го посетува друг член на семејството; 4) одреди отстранување од домот без оглед на сопственоста, до донесување на конечна одлука од надлежниот суд; 5) забрани да поседува огнено или друго оружје или истото да му биде одземено; 6) го задолжи да ги врати предметите кои се потребни за задоволување на секојдневните потреби на семејството; 7) изрече задолжително издржување на семејството; 8) нареди тужениот да посетува соодветно советувалиште; 9) нареди задолжително лекување, доколку е корисник на алкохол и други психотропни супстанции или има некое заболување; 10) го задолжи да ги надомести медицинските и другите трошоци настанати од семејното насилство и 11) изрече која било друга мерка која судот ќе ја смета за неопходна за да се обезбеди сигурност и добросостојба на другите членови на семејството.(чл.94-е ЗС) 66 - Привремената мерка за заштита од семејно насилство може да трае најмалку три месеца, а најмногу една година.

Page 114: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 114

Доколку семејното насилство продолжи и по истекот на мерката центарот за социјална работа односно жртвата на семејното насилствo може да поднесе барање за продолжување на некоја од мерките. (чл.94-ж ЗС) 590. Постапката за мирење на брачните другари кои имаат малолетни деца ја спроведува: Центарот за социјална работа (чл.237 ЗС) 591. Кога мирењето се спроведува во Судот, претседателот на советот составува: службена белешка (чл.245 ЗС) 592. Кои се правата и должностите на родителите? - Родителите имаат право и должност да ги издржуваат своите малолетни деца, да се грижат за нивниот живот и за нивното здравје, да ги подготвуваат за самостоен живот и работа, да се грижат за нивното воспитание, школување и стручно оспособување. (чл.46 ЗС) - Родителот со кого детето не живее има право и должност да одржува лични односи и непосредни контакти со своето дете. (чл.47 ЗС) - Родителите имаат право и должност да ги застапуваат своите малолетни деца. (чл.48 ЗС) - Поднесоците и изјавите за малолетните деца може полноважно да се доставуваат на едниот или на другиот родител, а ако родителите не живеат заедно, тогаш на родителот кај кого живее детето. (чл.49 ЗС) 593. Оспорување на татковство и мајчинство - Брачниот другар може да оспорува татковство на дете кое го родила неговата брачна другарка за време на траењето на бракот или пред истекот на 300 дена од престанокот на бракот, ако смета дека не му е татко на детето. (чл.64 ЗС) - Ако по истекот на рокот за поднесување на тужба се откријат факти и докази од кои произлегува дека брачниот другар не е татко на детето кое го родила неговата брачна другарка, на негово барање Врховниот суд на Република Македонија со решение може да определи нов рок за поднесување тужба за оспорување на татковство. Барањето не може да се поднесе по полнолетство на детето. (чл.65 ЗС) - Мајката може да оспорува татковство на лицето кое според овој закон се смета за татко на нејзиното дете.(чл.66 ЗС) - Детето може да оспорува дека му е татко лицето кое според овој закон се смета за негов татко.

Page 115: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 115

Тужбата за оспорување на татковство детето може да ја поднесе најдоцна до навршување на 21 година од животот.(чл.67 ЗС) - Жената која во матичната книга на родените е запишана како мајка на детето може да го оспорува своето мајчинство ако смета дека не му е мајка.(чл.68 ЗС) - Жената која себе си се смета за мајка на детето може да го оспорува мајчинството на жената која во матичната книга на родените е запишана како мајка на детето под услов, со истата тужба да бара и утврдување на нејзиното мајчинство. (чл.69 ЗС) 67 - Детето може да го оспорува мајчинството на жената која во матичната книга на родените е запишана како негова мајка.(чл.70 ЗС) - Оспорување на татковство не е дозволено кога мајката, со писмена согласност на нејзиниот брачен другар, е оплодена со вештачка инсеменација. (чл.71 ЗС) - Татковство не може да се оспорува по смртта на детето. (чл.72 ЗС) - Законските наследници на таткото, на мајката и на детето, немаат право да поднесуваат тужба за оспорување на татковство, односно мајчинство, но тие можат да ја продолжат тужбата поднесена од нив.(чл.73 ЗС) - До полнолетство на детето, како и во случаите кога детето е лишено од деловна способност, тужба за оспорување на татковство и мајчинство, во негово име,може да поднесе старателот, со одобрение на центарот за социјална работа.(чл.74 ЗС) -Не е дозволено утврдување или оспорување на мајчинство и татковство во случај кога родителскиот однос настанал со посвојување.(чл.75 ЗС) 594. Посвојување поим Со посвојувањето се создаваат односи какви што настануваат со раѓањето (потполно посвојување) или само односи што постојат меѓу родители и деца (непотполно посвојување).(чл.95 ЗС) 595. Услови за посвојување - Посвоител може да биде лице кое е деловно способно, кое има лични својства за успешно вршење на родителските права и да не е постаро од 45 години. Посвоител може да биде лице најмалку 18 години постаро од посвоеникот. По исклучок како посвоител може да се јави и лице кое е постаро од 45 години, но старосната граница меѓу посвоителот и посвоеникот не смее да биде поголема од 45 години. Брачни другари можат да се јават како посвоители ако еден од нив не ја надминува горната старосна граница.

Page 116: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 116

Изборот на посвоителот ќе зависи од следниве критериуми: здравствена состојба, психосоцијален статус, материјални услови, станбени услови, време на чекање, степен на образование, брачен статус и државјанство. (чл.100-а ЗС) - Кога детето го посвојува брачниот другар на родителот на детето, детето може да биде посвоено без разлика на старосните граници (чл.100-б ЗС) -по исклучок како посвоител може да се јави и лице или брачни другари кои ја надминуваат горната граница на старост, доколку се посвојува брат или сестра на детето кое е веќе посвоено. (чл.100-в ЗС) - Не може да се посвои сродник во права линија ниту брат ниту сестра (чл.101 ЗС) - Кога детето го посвојува сродник кој не живее на територијата на Република Македонија, детето може да биде посвоено до наполнување на 12 години од животот на детето.(чл.101-а ЗС) 596. Дали може да се раскине или да престане посвојувањето? - Потполно посвојување не може да се раскине. (чл.116 ЗС) - Непотполното посвојување може да престане по спогодба меѓу посвоителот и посвоеникот според одредбите кои важат за посвојувањето. Ако посвоеникот е малолетен, центарот за социјална работа е должен да испита дали престанувањето на посвојувањето е во согласност со најдобриот интерес на посвоеникот. (чл.117 ЗС) 597. Од каква природа се податоците за засновано посвојување? тие се службена тајна (чл.123-а ЗС) 598. Старателство -Со старателството Републиката им дава посебна заштита на малолетните деца кои се без родителска грижа и на полнолетни лица на кои им е одземена или ограничена деловната способност. -Според одредбите на овој закон заштитата им се дава и на други лица кои не се во состојба или немаат можност сами да се грижат за заштитата на своите права и интереси. -Републиката обезбедува заштита и на малолетни лица жртви на трговија со луѓе.(чл.124 ЗС) 599. Старател - На лицето под старателство центарот за социјална работа назначува старател, доколку не одлучи должноста старател да ја врши непосредно.

Page 117: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 117

-За старател се поставува лице кое има лични својства и способности за вршење на должноста старател, а кое претходно ќе даде согласност да биде старател. -За старател првенствено се поставува близок роднина на лицето под старателството. При поставување на старател, центарот за социјална работа ги зема предвид и желбите на лицето под старателство, ако тоа е во состојба да ги изрази, како и желбите на неговите блиски роднини. (чл.135 ЗС) 600. Каков вид на надоместок има право авторот односно носителот на сродно право, за користење на авторското дело односно предметот на сродното право? -право на следство (право на надоместок од препродажба) -право на надоместок од умножување за приватно користење -право на надоместок од изнајмување и -право на надоместок од послуга (чл.39 ЗАПСП) 601. Какви видови заштита уживаат авторското право и сродните права? кривична, граѓанска и прекршочна заштита (чл.159 ЗАПСП) 602. Што претставува фонограм според Законот за авторското право и сродните права? Фонограм, е снимка на звуци од изведба или други звуци или звучни појави, освен во форма на снимка вградена во аудиовизуелно дело. Правата над фонограмот на кој било начин не се ограничени со вградувањето на фонограмот во видеограм.“ (чл.109 ЗАПСП) 603. Кој е рокот на траење на материјалните права на авторското право? материјалните права траат за време на авторовиот живот и 70 години по неговата смрт (чл.55 ЗАПСП) 604. Права на брачниот другар на отстапителот: - Отстапителот со отстапување може да го опфати и својот брачен другар, во кој случај е потребна и негова согласност. -Ако брачниот другар не биде опфатен неговото право на нужен дел останува. -Во тој случај, отстапувањето останува полноважно, но при утврдување на вредноста на оставината заради определување и намирување на нужниот дел на надживеаниот брачен другар, деловите на имотот на оставителот што им се отстапени на неговите потомци се сметаат како подарок. (чл.1027 ЗОО)

Page 118: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 118

605. Во кој рок може да се остварува правото на заштита на владението од смеќавање или одземање? во рок од 30 дена од денот на сознанието за смеќавањето или одземањето и за сторителот, а најдоцна во рок од 1 година од настанатото смеќавање (чл.183 ЗСДСП) 606. Основи за стекнување на право на плодоуживање: -правно дело (договор, тестамент) и со одржувачка (чл.213 (ЗСДСП) 607. Правото на плодоуживање прастанува со: -изминување на определено време, ако е утврдено за определен временски период -со смртта или престанокот на плодоуживателот -со преминување на послужната ствар во сопственост на плодоуживателот (соединување) -со одрекување од страна на плодоуживателот и -со пропаѓање на стварта (чл.219 ЗСДСП) 608. Што претставува вистинско владение? -посебен вид на законско владение. Вистинско или мирно владение е она што не е прибавено со сила, со измама или со злоупотреба на довербата (чл.179 ЗСДСП) 609. Што судот меѓу другото утврдува во одлуката за смеќавање на владението? -го утврдува чинот на смеќавање или одземање -наредува воспоставување на владетелската состојба каква што била во моментот на смеќавањето или одземањето и -забранува такво или слично дејство за во иднина (чл.184 ЗСДСП) 610. Во која постапка се одлучува за одземање на вршењето на родителското право поради злоупотреба или грубо занемарување на вршењето на родителските должности? -во вонпарнична постапка (чл.106 ВПП) 611. Во кој рок може да поднесе тужба за утврдување татковство лицето кое го признало татковството а со признавањето не се согласиле мајката на детето и детето постаро од 16 години? -во рок од 3 месеци од приемот на известувањето за несогласувањето на мајката и детето или по истекот на рокот од 30 дена во кој мајката и детето биле должни да се изјаснат за признавањето на детето (чл.58 ЗС)

Page 119: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 119

612. Дали судот може да изрече било која друга мерка која ќе ја смета неопходна, освен предложените во постапката за заштита од семејно насилство? да, може (чл.94-е ЗС) 613. Во кои случаи не се спроведува постапка за мирење на брачните другари? 1) еден од брачните другари е неспособен за расудување; 2) еден или обата брачни другари живеат во странство; 3) едниот брачен другар е со непознато место на живеење подолго од шест месеци и 4) по противтужба за развод на брак, без оглед кога е таа поднесена, а обидот за мирење на брачните другари по тужбата завршил безуспешно. (чл.237 ЗС) 614. За кои цели можат родителите да ги употребуваат приходите на своето дете? - Приходите од имотот на своето дете родителите можат да ги употребуваат првенствено за негово издржување, воспитание и образование, како и за неопходните потреби на семејната заедница, доколку сами немаат доволно сопствени средства. (чл.221 ЗС) 615. Ако тужителот го стори веројатно постоењето на правниот интерес, судот ќе издаде платен налог: -кога побарувањето се однесува на пристигнато побарување во пари кое се докажува со веродостојна исправа (чл.418 ЗПП) 616. Во ревизијата странката треба: -точно да ги наведе и образложи причините поради кои е изјавена (чл.377 ЗПП) 617. Дали странките можат да изнесуваат нови факти и да предлагаат нови докази на главната расправа? -не, неможат, тоа можат да го сторат најдоцна на подготвителното рочиште(чл.271 ЗПП) 618. Странката е должна да поднесе барање за изземање на судија, судија поротник или претседател на првостепениот суд: -кога ќе узнае дека посоти причина за изземање, а најдоцна до завршувањето на главната расправа пред првостепениот суд, а ако главната расправа не се одржала, до донесувањето на одлуката (чл.66 ЗПП) 619. Странките и замешувачите пред судот се должни:

Page 120: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 120

-да ја зборуваат вистината и совесно да ги користат правата што им се признаени со овој закон (чл.9 ЗПП) 620. Судот по службена должност оценува дали е надлежен да постапува по предметот: -веднаш по приемот на тужбата (чл.14 ЗПП) 621. Во споровите што се однесуваат на заштита на права од индустриска сопственост, во прв степен: -суди совет без оглед на вредноста на предметот на спорот (чл.36 ЗПП) 622. По предлог на странка или надлежен суд за определување да постапува друг стварно надлежен суд во определен предмет, одлучува: -судот до кого била поднесена тужбата (чл.14 и чл.19 ЗПП) 623. Странките можат да се спогодат во прв степен да им суди суд кој месно не е надлежен: -под услов тој суд да е стварно надлежен и ако со закон не е определена исклучителна месна надлежност на друг суд (чл.63 ЗПП) 624. По приемот на одговорот на тужба или по протекот на рокот за поднесување на одговор на тужба: -судот најдоцна во рок од 8 дена ќе закаже подготвително рочиште, а истото ќе го одржи најдоцна во рок од 50 дена сметано од денот на закажувањето (чл.271 ЗПП) 625. Каков надомест на штета следува за оштетеното лице во случај на претрпена телесна повреда? -надомест на материјална и нематеријална штета (ЗОО) 626. Каков вид на надомест на штета има право да прими лицето кое загинатиот го издржувал или редовно го помагал? -надомест на штета во вид на парична рента (чл.183 ЗОО) 627. Кога може да дојде до намалување на надометокот за причинетата штета ако таа не е причинета ниту намерно ниту со крајно невнимание? -кога одговорното лице е во слаба имотна состојба па исплатата на целосниот надомест би го довел во скудност (чл.180 ЗОО) 628. Што преставува поимот "целосен надоместок на материјална штета"? -надоместок во висина на износот кој е потребен материјалната ситуација на оштетениот да се доведе во онаа сосотјба во која

Page 121: PrespaDesign ГРАЃАНСКО ПРАВО

www.facebook.com/prespa.design

правосуден испит – граѓанско право – прашања и одговори 121

би се наоѓала да немало штетно дејствие или пропуштање (чл.179 ЗОО) 629. За штетата што ќе ја причини лице кое поради душевна болест или заостанат душевен развој или други причини поради кои не е способно за расудување, одговара: -оној кој врз основа на закон или на одлука од надлежниот орган или на договор е должен да врши надзор над него (чл.151 ЗОО) 630. На кој начин одговара за штета причинета од свое штетно дејствие малолетник со наполнети 14 години од својот живот? -според општите правила за одговорност за штета (чл.147 ЗОО) 631. За дејноста од чие вршење произлегува зголемена опасност од настанување штета за околината (опасна дејност), одговара: лицето кое се занимава со неа (чл.160 ЗОО) 632. За штета настаната во врска со предмет, подвижен или недвижен чија положба, употреба, особина или самото неговото постоење претставуваат зголемена опасност од настанување на штета за околината (опасен предмет), одговара: неговиот имател (чл.160 ЗОО) 633. Кога истекува правото на оштетениот по застареноста да бара надоместок? - По настапувањето на застареност на правото да бара надомест на штетата, оштетениот може да бара од одговорното лице, според правилата кои важат во случај на стекнување без основа, да му го отстапи она што го добил со дејствието со кое е причинета штетата. -Правото на оштетениот да бара од одговорното лице да му го отстапи она што го добило со дејствието со кое е причинета штетата застарува со истекот на последниот ден на општиот рок на застареност. (чл.198 ЗОО) 634. Кого обврзува јавното ветување награда? го обврзува ветувачот да го исполни ветувањето (чл.218 ЗОО) 635. За доделување награда во случај на конкурс одлучува: -организаторот на конкурсот или едно од повеќе лица што ќе го определи тој (чл.221 ЗОО)