6
ПРЕВРСКИ Дисмургија е дел од медицинската практика во која се изучуваат преврските. Преврзувањето спаѓа меѓу најважните медицински манипулации при укажувањето прва помош. Преврските се поставуваат ба повредени делови на телото со механички, физички или хемиски агенси. Постоперативните рани, декубиталните и други оштетувања на кожата претходно треба да се обработат, да се дезинфиковаат, да се заштитат со антибиотско средство, а потоа се поставува преврзочен материјал (газа, вата). Потоа следува поставување на преврска на завој. Завој е лента направена од памучна мрежеста ткаенина долга 5 метри, а широка 2, 5, 8, 10 cm. Лентата е намотана во вид на валјак, или главата на завојот, а од другата страна завојот е слободен. Има едноглав, двоглав и компресивен завој. Ако едната страна има слободен дел, а од другата завиткана лента во вид на валјак тоа е едноглав завој. Ако завојот од двете страни е намотан во вид на валјак без слободен дел, се вика двоглав завој. Компресивниот завој на слободниот дел има газа и вата во вид на перниче за да се превезе повреденето место истовремено и да се притиснат газите, раната и слично. ПРАВИЛА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ПРЕВРСКИ 1. Главата од завојот се држи во десната рака завртена нагоре т.е. Завојот да се отвори кон лицето кое преврзува, а слободниот дел во левата рака , придржувајќи го со показалецот и средниот прст горниот крај, а палецот и четвртиот прст долниот крај. Преврската оди од лево кон десно. 2. При преврзувањето завојот се држи лесно и затегнато, водејќи сметка преврската да не биде премногу стегната или лабава. 3. Секоја преврска почнува со Fascia cirkularis која се поставува во близина на повбредениот дел на телото. Слободниот дел од завојот се поставува накосо на екстремитетот или делот кој се преврзува, а потоа се прави кружно намотување. Кога лентата се враќа преку косо поставениот крај, врвот на завојот кој е во вид на триаголник се превртува и повторно уште еднаш кружно се намотува. 4. Преврските каде што почнуваат таму и завршуваат 5. Сеоке наредно намотување на преврската покрива 2/3 од ширината на претходното намотување. Намотувањето е состои од

Prevrski

Embed Size (px)

DESCRIPTION

asdassadsad

Citation preview

Page 1: Prevrski

ПРЕВРСКИ

Дисмургија е дел од медицинската практика во која се изучуваат преврските. Преврзувањето спаѓа меѓу најважните медицински манипулации при укажувањето прва помош. Преврските се поставуваат ба повредени делови на телото со механички, физички или хемиски агенси. Постоперативните рани, декубиталните и други оштетувања на кожата претходно треба да се обработат, да се дезинфиковаат, да се заштитат со антибиотско средство, а потоа се поставува преврзочен материјал (газа, вата). Потоа следува поставување на преврска на завој.

Завој е лента направена од памучна мрежеста ткаенина долга 5 метри, а широка 2, 5, 8, 10 cm.

Лентата е намотана во вид на валјак, или главата на завојот, а од другата страна завојот е слободен. Има едноглав, двоглав и компресивен завој.

Ако едната страна има слободен дел, а од другата завиткана лента во вид на валјак тоа е едноглав завој.

Ако завојот од двете страни е намотан во вид на валјак без слободен дел, се вика двоглав завој.

Компресивниот завој на слободниот дел има газа и вата во вид на перниче за да се превезе повреденето место истовремено и да се притиснат газите, раната и слично.

ПРАВИЛА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ПРЕВРСКИ1. Главата од завојот се држи во десната рака завртена нагоре т.е. Завојот да се

отвори кон лицето кое преврзува, а слободниот дел во левата рака , придржувајќи го со показалецот и средниот прст горниот крај, а палецот и четвртиот прст долниот крај. Преврската оди од лево кон десно.

2. При преврзувањето завојот се држи лесно и затегнато, водејќи сметка преврската да не биде премногу стегната или лабава.

3. Секоја преврска почнува со Fascia cirkularis која се поставува во близина на повбредениот дел на телото.Слободниот дел од завојот се поставува накосо на екстремитетот или делот кој се преврзува, а потоа се прави кружно намотување.Кога лентата се враќа преку косо поставениот крај, врвот на завојот кој е во вид на триаголник се превртува и повторно уште еднаш кружно се намотува.

4. Преврските каде што почнуваат таму и завршуваат5. Сеоке наредно намотување на преврската покрива 2/3 од ширината на

претходното намотување. Намотувањето е состои од пооделни намотувања или тури. Тоа епатот на завојот што го минува околу екстреимитетот или на некој друг дел од телото што го преврзуваме (лактот, граден кош, глава итн.)

6. Ако преврската треба да се продолжи во текот на турата со другзавој, тогаш слободниот крај од другиот завој се подметнува под завршниот крај на првиот околу 5 cm, за да се покаже крајот од предходниот завој (без врзување) при одмотувањето и се продолжува понатаму.

7. Преврската може да се заврши на 3 начини: крајот на завојот се фиксира со леукопласт крајот на завојот се сече по средината на должина 10-15 cm краевите се

подврзуваат, се префрлаат во спротивен правец околу делот кој се преврзува и се врзува во вид на машна, на местото каде што нема да му пречи на болниот

крајот на завојот се фиксира со безопасна игла8. Вадењето на завојот се врши по обратен редослед со собирање во една рака и префрлање во другата.

Page 2: Prevrski

ОСНОВНИ ПРЕВРСКИПреврските можат да бидат типични и атипични. Типични се иние преврски кои

ги правиме на одреден начин со одредена техника, на одреден дел од телото за разлика од атипичните кои се изведуваат ако има повреди со поголема површина комбинирајќи ги повеќе техники на преврзување. Според тоа изборот на преврската не е услвен, од вкусот и желбата на лицето кое се преврзува, туку од обликот и положбата на оној дел од телото што ќе се преврзува. Преврските треба да се сигурни и без несакани последици.

Основни преврски се:1. Dolabra currens – Продолжен кружен завој. Се поставува покривајќи секое

наредно намотување 2/3 од претходното. Според правецот може да биде Dolabra currens ascendens и Dolabra currens descendens. Оваа преврска се поставува на оние делови кои се со иста широчина. На пример долниот дел на подлактицата, надлактицата, вратот, градниот кош.

2. Dolabra serpens – Завојот се поставува змиулесто т.е. Развлечено во вид на спирала. Притоа завојот не го покрива претходното намотуваер туку има празен простор. Се поставува со цел да се фиксира преврзочниот материјал или предмети за имобилизација. Може да се постави и во случај кога треба да се продолжи со преврска од едно на друго место во близина, а да не завршува преврската. На пример, лактот и рамото, а спирално се намотува надлактицата.

3. Dolabra reversa – Продолжено намотување со превртување. Преврската личи на клас. Завојот се намотува и се превртува преку палецот на левата рака на предниот дел од телото. Секое наредно намотување покрива 2/3 од претходното. Се поставува на делови од телото кои конусно се прошируваат. На пример, подлактицата во горниот дел, горниот дел на потколеницата и бутот итн.

4. Fascia cruciata – Преврска во вид на осмица. Тоа е специјален вид преврска при која се создаваат две јами кои по средината се вкрстуваат. Според тоа при ставањето на завојот во вид на осмица цкрстувањето на завојот се изведува на предната или задната страна на делот кој се преврзува.

Доколку осмиците се вкрстуваат на надворешната страна, тогаш велиме дека тој Spica која може да биде Ascendens и Descendens. Се преврзува палец, дланка, рамо, стапало, колк. Ако осмиците се вкрстуваат на задната страна се викаат Testudo, т.е. Во вид на желка може да биде инверса и реверса. Се преврзува лактот, коленото, петицата. Inversa – намотувањата почнуваат од периферијата, а reversa – од центарот на зглобот

СПЕДИЈАЛЕН ДЕЛ (ТИПИЧНИ ПРЕВРСКИ)

Spica policis descendens – завојотпочнува кружно да се намотува на дланката и продолжува со три осмици кои се симнуваат кон палецот и се вкрстуваат едно по друга од надворешната страна. Првата осмица се прави во висина на коренот на палецот, втората во висина на првата фаланга, а третата осмица во висина на втората фаланга.

Spica policis ascendens – започнува со кружно намотување околу дисталната фаланга на палецот и продолжува со 3 осмици кои се качуваат кон зглобот на дланката. Преврската завршува онаму кадешто и почнува.

Involutio digitorum completa – Оваа преврска се прави при случаи на изгореници, кога мора секој прст посебно да се преврзе. Преврската личи на

Page 3: Prevrski

ракавица. Се изведува како и преврска на прстот со покривање на врвот на прстите. Инаку почнува и завршува на зглобот на дланката.

Testudo cubit reversa – почнува со кружно намотување преку самиот лакотен зглоб и продолжува со осмици кои се спуштаат кон подлактицата, а се качуваат на надлактицата додека да го покријат лактот целосно. Се вкрстуваат на внатешната страна. Преврската завршува каде што е почната.

Spica humeri ascendens – Преврската почнува со кружно намотување во горната третина на надлактицата, во непосредна близина на пазувната јама. Осмиците почнуваат од задната надворешна страна на надлактицата, продолжуваат преку предната страна на градниот кош до здравото рамо т.е. пазува. Оттука преку грбот се качуваат до повреденото рамо и од горната предна страна се спуштаат до пазувата. Повторно се качува преврската и се прави втората и третата осмица кои се вкрстуваат на предната страна на рамото. Преврската завршува со кружоно намотување на надлактицата.

Spica pedis ascendens – Оваа преврска на стапалото почнува со кружно намотување над прстите, а осмиците се качуваат кон зглобот и се вкрстуваат на предната страна. Завршува онаму каде што е почната преврската.

Testudo calcanei reversa – Преврската почнува со кружно наомотување околу петицата и местот на свивање на стапалото. Осмицитево пределот на стапалотокон прстите се спуштаат, а кон потколеницата и зглобот се качуваат, т.е. се оддалечуваат.

Tendo genus inversa преврската почнува со кружно намотување на горната третина на потколеницата. Првата осмица се поставува повисоко, до натколеницата, а втората и третата пониско. Во пределот на потколеницата осмиците се качуваат, т.е. постепено се доближуваат, а се вкрстуваат во јамата на зглобот на коленото. Преврската завршува околу потколеницата. При преврски на зглобовите екстремитетите треба да се постават во физиолошка положба т.е. лесно свиткана.

Stella pectoris – Преврската на предниот дел на градниот кош која почнува со кружно намотување околу градниот кош во висина на брадавките. Преврската се качува преку предната страна на градниот кош кон спротивното рамо, и од горната страна се спушта надолу кон пазувата. Од долната страна на пазувата преврската сре качува преку предната страна на градниот кош кон другот рамо и од горната страна се спушта надолу од задната кон предната страна, на аксилата. Потоа се прават уште три осмици, кои се вкрстуваат на предната страна на градниот кош и се качуваат нагоре. Преврската завршува каде што и почнала.

ПРЕВРСКИ НА ГЛАВАГлават се преврзува со едноглав и двоглав завој. Оваа преврска е наречена

Mitra Hipocratica и личи на капа.Со едноглав завој преврската се изведува со две лица или ако може, болниот

помага. Се прави кружно намотување околу главата, а потоа завојот се превртува од челото кон тилот и назад почнувајќи од средината на главата. Притоа болниот или другото лице го придржува превртениот завој на челото, а лицето кое преврзува одзади. На крај кога ке се покрие главата завршува кружно и се фиксирасо фластер.

Преврската на глава со двоглав завој ја изведува едно лице. Започнува од средината на челото со средниот дел од завојот, а главите на завојот се одмотуваат кон тилот каде што се вкрстуваат. Лентите од завојот по вкрстувањето се по должина во правец на оската на телото наболниот, т.е. едната нагоре, а другата надолу.

Горната лента ја покрива главата почнувајќи од средината од тилот до челото и назад, а потоа лево и десно, додека со другата лента само се фиксира со кружно намотување околу главата во висина на челото и над ушите.

Monoculus – Оваа е преврска на едното око. При оваа преврска треба да се внимава на окото да се покрие одозгоранадолу за да не се оштети окото, и да не се

Page 4: Prevrski

покрие другот око и увото на пациентот. Почнува со кружно намотување околу челото и над ушите. Потоа се оди од здравата страна преку болното око одозгора надолу, под увото. Завојот потоа оди преку тилот повторно кон здравата страна. Намотувањата од здравата страна се качуваат, а од болната страна се спуштаат под увото. Преврската завршува со кружни намотувања околу главата.

Binoculus – оваа е преврска на двете очи. Преврската почнува со кружно намотување околу главата, а потоа наизменично се преврзува едното и другото око, поминувајќи (завојот) хоризонтално во пределот на тилот. Намотувањата се вкрстуваат на челото и коренот на косата. Преврската завршува околу челото.

Преврска според Kerner – Оваа е преврска на увото. Се почнува со кручно намотување околу челото и ушите, а потоа завојот оди од болната страна и темниот предел од задната страна го покрва увото. Притоа се внимава окото да не се покрие. Кај оваа преврска намотуваеата од здравата страна на темето, се спуштаат, а во пределот на болното уво се качуваат заврчувајќи со кружно намотување околу главата.

Funda – Фунда или прачка е лента од завој широка 5-8 cm и долга 70-80 cm. Краевите на лентата се сечат по должина , а на средината останува непресечен дел 10 cm. Потоа краевите се подврзуваат. Непресечениот дел се поставува на носот или брадата, бидејќи прачките се немнети најчесто за преврска на овие делови на телото.

Funda nasi – Оваа е преврска на носот. Предниот дел од фундата се става на носот, а горниот пар од врвците се става под ушите и се врзуваат во тилот. Долниот пар на врвците се става над ушите и се врзуваат во тилот.

Funda mandibulare – Средниот дел од прачката се става на долната вилица. Горниот пар на врвците одат под ушите кон тилот, тука се вкрстуваат. Потоа одат кон челото и се врзуваат. Долниот пар на врвците се качуваат горе и тоа едната зад увото, а другата пред увото и се врзуваат на главата горе.

ЗАКЛУЧОК:

Целта за поставување на преврски е: Повредата или раната да се држи во контакт со примениот лек. Да се затиштити раната или повредата од допири и нечистотија ( заштитен

завој) Да го спречи или да го прекине крварењето ( компресвен завој ) Да оневозможи прекумерно придвижување на болниот или повредениот дел

од телото (положен завој), но без имобилизација Да ги впива излачевините од раната или повредата (гној, крв) Да се постигне потполна неподвижност (имобилизација) кај фрактури,

исчашувања или воспаленија (фиксациски завој) Да делуваат на одреден дел од телото во смисла на истегање, на пример кај

фрактури на коските со скратување (екстензиони завои)