24
Универзитет “св. Кирил и Методиј ”-Скопје _________________________________________________ ФАКУЛТЕТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ-СКОПЈЕ ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПО ПРЕДМЕТОТ МЕНАЏМЕНТ И ИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИКА ТЕМА: ЛИДЕРСТВО Изработил: Бобан Милосавлески

Proektna Zadaca-Liderstvo

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Proektna zadaca po liderstvo

Citation preview

Page 1: Proektna Zadaca-Liderstvo

Универзитет “св. Кирил и Методиј ”-Скопје _________________________________________________

ФАКУЛТЕТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И

ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ-СКОПЈЕ

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПО ПРЕДМЕТОТ

МЕНАЏМЕНТ И ИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИКА

ТЕМА: ЛИДЕРСТВО

Изработил: Бобан Милосавлески

53/2010

Ментор: проф. Д-р Атанас Илиев

Page 2: Proektna Zadaca-Liderstvo

1.ВОВЕД

За лидерството, поим добро познат како на искусните познавачи на стратегискиот менаџмент, така и на широката маса љубопитни лаици, се појавува дилема за неговото дефинирање и облици на постоење. Масовната експанзија на локалниот пазар и глобализацијата на истиот налагаат безусловна имплементација на лидерството како една од главните варијабли во организациските структури.

Без разлика каква дефиниција ќе приложиме на оваа тема, во комплексниот систем на меѓучовечките односи секогаш постои простор за отстапки од пропишаните правила, што го прават моделот на современ лидер да наликува на еден вид “отворена област” во која не секогаш припаѓаат посакуваните однесувања на истиот.

Постојат многу начини на дефинирање на лидерството. Сликовито истото може да се претстави како “влијанието кое го има индивидуалецот врз масата”. Лидерството е процес во кој поединецот влијае врз другите луѓе, ги инспирира и мотивира, ги насочува нивните активности за да им помогне на групата и на организацијата да ги постигнат своите цели.

Во неколкуте прашања опфатени во оваа проектна задача е направен обид да се дефинира поимот за лидер и лидерство, сведувајќи ја “грешката” при истото на инфинитезимална. Направена е споредба помеѓу лидерството и менаџментот, успешните и неуспешните лидери, анализа на употребата на моќта и авторитетот во управувањето и обработени се неколку типа на лидери, карактеристични за развиениот менаџмент.

Page 3: Proektna Zadaca-Liderstvo

2.ДЕФИНИЦИЈА

Лидерство е процес на социјално влијание во кој една личност ја придобива соработката и поддршката на останатите во остварувањето на заедничката цел. На лидерството се гледа како начин или облик на управување на однесувањето на луѓето како најзначаен ресурс во современото општество. Лидерството е трансформација од статичен стереотипен модел до флексибилен модел на менаџерот. Подразбира водач и следбеници, секогаш подготвени да ги прифатат насоките и упатствата на лидерот. Генерално,начинот на кој самиот лидер ја манифестира својата моќ врз следбениците го дефинира неговиот лидерски профил, но во оваа дефиниција акцентот секогаш паѓа на влијанието кое истиот, грубо кажано, го поседува во однос на “подредените”, што му дава легитимна моќ во навигацијата на заедницата во процесот на остварување на зацртаните идеи.

Лидерството е процес и споственост. Како процес лидерството вклучува користење на влијание без принуда, а како сопственост лидерство е збир на карактерис- тики својствени за секој поединец за кој се претпоставува дека успешно ќе го примени споменатото влијание. Може да напоменеме дека истото се манифестира како меѓупер-сонално влијание кое се случува кога една личност е способна да добие согласност од друга во остварување на саканите цели на претпријатието.

Лидерството е динамичен процес на работа во група каде што поединецот, во определен период, во определен организационен контекст, влијае на другите членови на групата своеволно да се обврзат за остварување на целите или задачите на групата.

Page 4: Proektna Zadaca-Liderstvo

3. Лидерот како менаџер со човечки ресурси

Анализата на однесувањето на лидерот во процесот на планирање и дефинирање на целите во едно претпријатие,начинот на дејствување и способноста за управување со човечки ресурси воопшто, не предизвикува да направиме изолација на сите карактеристики специфични за еден модерен лидер кои го издвојуваат од класичниот менаџер и се составен дел од јавната слика за истиот.

Се поставува прашањето дали лидерот може да биде менаџер, и дали менаџерот може да биде лидер?

Постојат повеќе разлики помеѓу моделот за лидер и класичниот менаџер во една компанија.Разлики постојат во личните карактеристики, типот на моќта, како и во начинот на преземање акции во текот на работењето.

Примарен фокус на менаџментот е концептуалната страна на бизнисот, односно планирањето, организирањето и буџетот.Менаџерот се стреми кон правилно распоредување на ресурсите кои му се на располагање. Тој дава предност на добивање, интегрирање и алоцирање на ресурсите за остварување максимален профит.

Page 5: Proektna Zadaca-Liderstvo

Главна цел на лидерот е зголемување на неформалното учење и интеракција помеѓу вработените за зголемување на ефикасноста на работната организација.

Лидерството претставува способност на менаџментот да креира такво опкружување кое ќе создаде обврска, дел од вработените да учествуваат во извршувањето на стратегијата што ќе резултира со постигнување на целите на организацијата.

Доколку направиме сликовита паралела помеѓу приоритетите кои ги наметнува лидерот, наспроти оние на класичниот менаџер ќе забележиме јасна разлика помеѓу двата субјекти.

Лидерот ги инспирира вработените зрачејќи со љубов, црпејќи авторитет од добрата волја на вработените;

Лидерот креира атмосфера во која секој поединец се поистоветува со тимот(во кој што спаѓа и лидерот), притоа врши корекција на несаканите исходи алудирајќи на начинот на кој истите можат да се исправат;

Лидерот вклучува емоции и на работата гледа како на пријатен амбиент во кој сите вработени ќе бидат вклучени и наведени на правилен избор.

Од друга страна пак, менаџерот гледа ја работата како процес за остварување на целите. Тој ги турка вработените користејќи формален авторитет, јасно укажувајќи на грешките и сторителот на истите. Спроведувањето санкции и издвојувањето од групата, алудирајќи на неговата супериорност во однос на вработените се главните разлики помеѓу шефот и лидерот.

4.Проучување на карактерните особини

Психолозите при проучувањето на карактерните особини на лидерот, употребиле два пристапи:

1) Ги споредиле карактерните особини на оние кои станале лидери со оние кои не станале лидери;

2) Ги споредиле карактерните особини на успешните лидери со карактерните особини на неуспешните лидери.

Page 6: Proektna Zadaca-Liderstvo

4.1 Лидери и нелидери

Од искуство се покажало дека лидерите како група се паметни, отворени и далеку посамоуверени од нелидерите. Иако милиони луѓе ги имаат овие особини, повеќето од нив никогаш нема да станат лидери.Од друга страна пак,кај многу успешни лидери се забележува јасен недостаток на некои од горенаведените особини. Сепак, во никој случај не е исклучена можноста лидерот да стекне некоја од овие карактеристики по доаѓање на таа позиција.

4.2 Успешни и неуспешни лидери

Успехот на лидерството не зависи од групата особини, туку од тоа колку особини на лидерот одговараат во дадената ситуација. Жените можат да бидат еднакви по популарноста со мажите, но веројатноста да станат лидери е помала. Сепак, резултатите покажуваат дека жените лидери се ценат исто кај работниците и постигнуваат еднакво добри резултати како и мажите.

Разните стереотипи се уште еден проблем со кои се соочуваме поставувајќи ја врската меѓу карактерните особини и лидерските квалитети, најчесто поради тоа што лидерските квалитети можат да останат скриени.

Особините ги издвојуваат квалитетите или карактеристиките на личноста. Самиот карактер претставува збир на различни особини. Постојат стотици различни особини, но оние кои што се клучни за еден успешен лидер, врз основа на поделбата на Tom Peters се следните: Чесност, Компетентност, Современост, Инспиративност, Правичност, Либералност, Истрајност, Имагинативност.

Тајната на успешните лидери е тоа што користат четири едноставни чекори- селекција, вклучување на вработените, охрабрување и задржување на вработените.

Лидер е личност која спроведува влијание без принуда према вработените во извршување на своите задачи, размислува за целите на начин што креира претстава и очекување за насоката во која ќе се одвиваат и во своето работење вклучуваат емоции. Лидерите се фокусирани на најглавниот ресурс, луѓето. Лидерите ја комуницираат визијата за иднината, ги мотивираат луѓето и ја поттикнуваат нивната максимална инволвираност.

Лидер може да биде било која личност која ги поседува следниве особини:

Искреност- треба да ја поттикнува чесноста, интегритетот и непристрасноста во сите свои активности, во спротивно измамничкото однесување не поттикнува доверба или ја уништува веќе стекнатата.

Page 7: Proektna Zadaca-Liderstvo

Гледање кон иднината- треба да гледа во иднината, да може да ја види насоката на својата компанија, и да изгради тим со кој ќе ја постигне истата.

Интелегенција- вработените имаат потреба од лидер кој ќе покаже интелегенција, лидер кој ќе може веднаш да ги реши проблематичните ситуации.

Фер-плеј- треба да биде фер, секоја одлука да биде донесена на начин кој ќе биде почитуван од другите. Оваа карактеристика е поврзана со искреноста.

Слободоумност- кога треба да се одлучи како лидер, вработените очекуваат се да се земе во предвид. Лидерот треба да биде отворен кон нови идеи и сугестии од вработените.

Компетентност- лидерот треба да ги базира своите активности врз основа на морални принципи. Ефективниот лидер не смее да донесува одлуки кои што ќе бидат базирани на емоционални желби и чувства.

4.3 Улога на лидерот во компанијата

Лидерите имаат 3 важни улоги:

1. Дефинирање на задачи -јасно дефинирање што групата треба да направи;

2. Остварување на задачи– насочување на групата кон исполнување на оваа точка суштината зашто постои тим/група и зашто постои лидер. Ако оваа точка не се оствари тогаш настануваат проблеми во компанијата, дисхармонија, фрустрации, итн;

3. Одржување на ефективни релации– помеѓу лидерот и групата/тимот и помеѓу членовите на групата/тимот.

5.Распределба на моќ

Page 8: Proektna Zadaca-Liderstvo

Самата дефиниција за лидерството како влијание на лидерот врз групата укажува на нееднаква распределба на моќ во работниот тим. Во еден амбиент каде најголем дел од моќта ја поседува лидерот, а вработените влијаат врз исходот од акцијата преку различни активности, постојат различни извори на моќ.

Под поимот моќ подразбираме способност или потенцијал да се оствари висок степен на влијание врз другите. Тоа е способност да се влијае на луѓето за да се извршат работите онака како што сакате.

Колку е поголем бројот на извори на моќ во групата, толку поголемо влијание има лидерот врз вработените. Начинот на користење на истата од страна на лидерот и акциите кои тој ги извршува потпирајќи се на истата дефинираат позитивна и негативна форма на моќ во организацијата. Ситуациите во кои поединецот е принуден да се однесува на начин спротивен на неговата волја не се позитивни за развојот на компанијата. Позитивната форма на моќ е онаа кога двете страни се чувствуваат добро во меѓусебниот однос.

Како најпосакувана работна атмосфера се препорачува онаа во која моќта е правилно распоредена помеѓу лидерот и вработените. Ваквата распределба нуди многу придобивки како учење и компетенција, интегрирање на вработените во заедницата и валоризација на нивниот придонес,креирање на пријатен амбиент во кој групата ќе го даде својот максимум. При ваква распределба на моќта секој поединец пронаоѓа место во тимот и задачите ги извршува со значително поголема енергија и одговорност.

Моќта можеме да ја поделиме на пет вида:

Легитимна моќ –заснована на позицијата на лидерот во хиерархијата, овој тип на моќ произлегува од формалниот авторитет кој се поседува .

Моќта на наградување-која зависи од способноста на лидерот да ги награди своите подредени за извршената работа.

Моќта на принуда- лидерот влијае на другите преку својата способност да ги казнува вработените поради незадоволителното ниво на извршување на работните задачи, односно способност на лидерот на ги ускрати од награда.

Референтна моќ - заснована на влијанието на лидерот на останатите поради персоналната идентификација со него.

Експертска моќ- произлегува од поседување одредени искуства, технички знаења или информации неопходни за проблемот што се решава, а кои останатите ги немаат. .

6.Авторитет и етика во организацијата

Page 9: Proektna Zadaca-Liderstvo

Авторитет претставува доверба, почитување, углед, влијание со лична вредност. Лице со голем научен, морален, уметнички и друг углед често поседува голем авторитет. Авторитетот е право да се бара акција од другите или право на команда која ја има менаџерот.

За изворот на формалниот авторитет во една организација постојат две теории: класичната теорија на авторитетите и теоријата на прифатен авторитет.

-Класичната теорија на авторитет ја поддржува организационата хиерархија на авторитетот, односно авторитетот се поврзува со функцијата во организацијата.

-Според теоријата на прифатен авторитет авторитетот доаѓа оддолу, бидејќи никој нема авторитет освен подредените кои ги прифаќаат директивите. Според оваа теорија авторитетот не произлегува од личноста која поседува авторитет или која издава наредби, туку од подредените кои можат да го прифатат или одбијат авторитетот кој им се наметнува.

Познатиот етичар Мајкл Џозефсон тврди дека етиката не ја учиме од луѓето кои ја проповедаат или морално зборуваат за неа; етиката ја учиме од луѓето кои ги почитуваме и цениме, од луѓето кои имаат моќ над нас. Тие се вистински учители за етика. Многу е важно да се даде поддршка на идеалите, ако се искрени. Многу е важно лидерите, било да се спортски ѕвезди или политичари, да даваат позитивни изјави за етиката.

Важно е да се истакне дека лидерството и управувањето не се ист поим и покрај фактот што лидерството е поврзано со управувањето и дека е многу значајно за менаџментот.

Page 10: Proektna Zadaca-Liderstvo

7.Лидерски функции и стилови на лидерство

7.1 Лидерски функции

Лидерските функции се активности кои се насочуваат кон одржување на групата и задачите кои мора еден лидер да ги реализира за да може една група успешно да работи. Истражувачите заклучиле дека за да има успешна работа кај работниците, потребен е лидер кој може да изврши две важни функции: функција за решавање на проблемот и функција за одржување на групата (социјална функција).

При реализација на првата функција многу битни се методите кои ќе ги примени лидерот пристапот за добивање решение на проблемот кој ќе го оцени како соодветен. Успешниот лидер не ги доведува поединците во непријатна положба посочувајќи ги како причина за непосакуваниот резултат, туку го користи тимот како референца, притоа изнесувајќи предлози за евентуално решение на проблемот. Ваквиот пристап ја намалува шансата од деморализација на вработените, што би резултирало со негативни последици врз целокупното раководење во организацијата.

Социјалната функција е од суштинско значење за одржување на заедницата во топ форма, односно лидерот е должен да создаде комплексна мрежа на интеракции помеѓу вработените и истата успешно да ја одржува, притоа алудирајќи на сериозноста и важноста на истата во процесот на остварување на заедничките цели во една компанија.

Лидерот мора да води, да балансира, да дава предлози и да биде правичен, што го прави модел на кој секој од неговите подредени би се угледувал и восхитувал. Ваквата тенденција да се вклучат дел од емоциите во работењето и управувањето е нејсвојствена за класичниот менаџер, што му дава на лидерот одредена предност во менаџирањето. Мора да се напомене дека односите помеѓу вработените не смеат да достигнат ниво на преголема комплексност, што би резултирало со дестабилизирана група во која дури и лидерот не би можел да влијае на социјалните активности.

7.2 Стилови на лидерство според начинот на донесување на одлуки

Постојат неколку критериуми според кои се дефинираат различните лидерски стилови. Лидерите се разликуваат според начинот на донесување на одлуките, техничките квалитети , пристапот кон следбениците и др. Во однос на начинот на кој тие ги донесуваат одлуките, постојат неколку типови на лидери и тоа:автократски, демократски и laizes-faire лидер.

Примената на автократскиот стил на лидерство му овозможува на водачот апсолутна моќ и власт, која истиот неисцрпно ја користи. Во ситуација од зголемена важност и итност лидерот делува самостојно. Тој е единствениот кој ги поседува најважните сознанија и е релативно зацврстен на својата позиција.Водачот ги поставува целите, го анализира и

Page 11: Proektna Zadaca-Liderstvo

дефинира проблемот. Тој одлучува кој од вработените ќе ги исполнат бараните задачи. Соработниците се зависни од автократскиот лидер и ретко од нив се бара да дадат предлози или решенија.

Работната ситуација ја карактеризираат силна дисциплина и контрола, особено контролата на трошоците. Овој тип на лидерство е погоден за работни структури составени од ниско квалификувани работници или за извршување на рутински задачи.

Во случај кога автократското водење се користи екстремно или пречесто, може да резултира со слаба комуникација, крутост во делувањето и намалување на способноста за адаптација во променливи работни средини.

Демократскиот стил на лидерство означува лидер со ограничена власт и авторитет. Тимот може да го одбие неговиот авторитет и да го надгледува. Има ограничена моќ во областа на санкционирање на вработените. Тие чувствуваат потреба да бидат добро информирани за методите на лидерот и истите да ги контролираат.Овој стил на лидерство се покажува значително корисен кога членовите на групата се на повисоко ниво на интелектуална развиеност, односно кај докторите, инженерите, научниците и др.

Работната атмосфера ја карактеризира прилив на разбирливи идеи кои се со еднаква одговорност за сите членови на групата. Реалните и потенцијалните ризици се вклучени во дискусијата. Тимот го дијагностицира и анализира проблемот, дава алтернативни решенија и ја носи конечната одлука.

Демократскиот стил на лидерство овозможува тимска работа и реализација на целите. Пречестата употреба на овој стил може да резултира со недостаток на индивидуална иницијатива од страна на членовите на групата и споро донесување на одлуките. Препорачлив е за решавање на тешки проблеми кои бараат висока доза на креативност.

Laizes-faire стилот на лидерство или “стил на одврзани раце” претставува начин на менаџирање во кој водачот се користи како ресурс и не користи присила за да ги принуди вработените да ги извршат своите задачи. Неговиот мандат се избира врз база на задоволството на групата и тој не поседува специфични сознанија кои го издвојуваат од работниот тим. Вработените не се подложни на наредби и имаат право да ја одбијат секоја акција за која не се целосно согласни. Тие сами си ги поставуваат целите и ги одбираат соодветните методи за нивна реализација.

Работната ситуација ја отежнуваат нејасно дефинираните цели, ослабената организација и недостатокот на водечки структури.

Различните комбинации на карактеристиките на автократскиот и демократскиот стил на лидерство се објаснети во тн. Мешан стил на лидерство.

Page 12: Proektna Zadaca-Liderstvo

Автократски стил на лидерство Демократски стил на лидерство

Мешан стил на лидерство

1.Менаџерот носи одлуки и наредби за нивно извршување

2.Менаџерот ги “продава”своите одлуки

3.Менаџерот ги презентира своите одлуки и повикува на поставување прашања

4.Менаџерот предлага пробна одлука која може да биде изменета

5.Менаџерот укажува на проблемот и собира предлози и решенија,па потоа носи одлука

6.Менаџерот поставува граници и бара од групата донесување на одлука

7.Менаџерот дозволува вработените да постапуваат слободно во границите на системот

7.3 Стилови на лидерство според личноста на менаџерот

Лидер командант –во овој модел на лидерство менаџерот од врвот ја составува стратегијата и ја пренесува на останатите менаџери за нејзино извршување.

Лидер на промени –ваквиот лидер вклучува промени во начинот на извршување на стратегијата и се покажува како поуспешен модел од лидер командант.

Лидер на соработка- овој тип на лидер ги координира и вклучува останатите менаџери во креирањето и извршувањето на стратегијата.

Лидер на култура -Во овој модел врвниот менаџер ја води организацијата преку информирање и пренесување на својата визија на подредените, а им овозможува да партиципираат во дизајнирањето на сопственото дејствување согласно со мисисјата на организацијата.

Лидер на развој-дозволува учество на пониските нивоа на менаџмент и ја стимулира нивната креативност и иновативност.

8. Групно лидерство

Спротивно на индивидуалното лидерство, многу успешни компании развиваат тн. групно лидерство. Во ваква средина, повеќе од еден водач ја креира насоката по која се движи групата како целина. На ваков чекор компаниите се одлучуват во ситуации кога е потребна зголемена креативност, намалување на трошоците и вработените. Ваквиот начин на организација придонесува за зголемена продуктивност. Имено, на вработените им е олеснето исполнувањето на задачите во услови кога тие се привремени лидери во одредени фази од проектот. Фактот што секој од членовите ќе се најде во ситуација кога

Page 13: Proektna Zadaca-Liderstvo

поседува одредена моќ врз останатите придонесува за забрзување на циклусот на реализација и валоризација на поставените цели и го зголемува успехот на организацијата.

Лидерот кој поседува одлучност ,храброст, иновативност и креативност и постојаност ги пренесува истите карактеристики на останатите членови на групата.

Десет карактеристики на успешен тим:

1) Цел: Членовите се горди што се дел од групата и истите своеволно го даваат својот максимум за успешно остварување на зададените цели;

2) Приоритети: Членовите точно знаат кој што треба да сработи и до кога ќе бидат исполнети предвидувањата;

3) Улогa: Вработените се свесни за задачата која ја имаат и знаат кога треба да му ја препуштат на поискусен соработник;

4) Одлуки: Границите на авторитетот и донесувањето одлуки се јасно зацртани;5) Конфликти: со конфликтите се справува заеднички и нивнито решавање

придонесува за заеднички напредок;6) Личен карактер: Различните карактеристики на поединците се добро прифатени и

диверзитетот е функционално вклопен во организациската структура;7) Норми: групните норми се поставени како стандарди кои важат за сите членови;8) Ефективност: Групните состаноци се сметаат за квалитетно искористување на

времето и за зголемување на ефективноста во работењето;9) Успех: Членовите знаат точно кога се постигнати целите и успехот го споделуваат

заеднички со особена гордост;10) Тренинг:можноста за надградба на вештините се користи масовно од страна на

членовите на организацијата.

9. Абнормално лидерство

Во суштината на лидерството е наметната потребата од поседување на одредени лични карактеристики, вештини и предзнаења на различни области како основа за квалитетен лидер. Многумина го сметаат лидерството како вродена особина и го карактеризираат лидерот како симбиоза на исклучителни техники и достигнувања во дадена област, општоприфатлив карактер допадлив на јавноста и јасно дефиниран стил на одлучување.

Главната причина поради која лидерскиот профил на Жозе Мурињо е предмет на нашата анализа, а не некој од светските лидери од областа на политиката или економијата, не е

Page 14: Proektna Zadaca-Liderstvo

неговата планетарна популатност или огромните успеси, туку токму фактот што тој е дијаметрално спротивен на гореспоменатото тврдење.

Лидерски профил: Жозе Мурињо

Лични податоци:

Полно име:Жозе Марио дос Сантош Феликс Мурињо

Роден на: 26 јануари 1963 (48г)

Роден во: Сетубал, Португалија

При анализирањето на лидерскиот профил на тренерот на најголемиот клуб во светот-Реал Мадрид, свесно ќе го прескокнеме делот со неговите фудбалски успеси кои го прават еден од најдобрите тренери во фудбалската историја за да обрнеме внимание на неговите лидерски карактеристики и уникатните менаџерски вештини кои го дефинираат во целост.

Опозиција на теоријата за вродено лидерство

Самиот факт што Жозе Мурињо,после неуспешниот обид за градење на фудбалска кариера, успева да и се наметне на фудбалската јавност како врвен лидер преку трансформацијата од преведувач на легендарниот Боби Робсон во експерт на фудбалската игра преку константо надоградување и впивање на вештини, апсолутно ја побива теоријата за вродено лидерство.

Неформален авторитет

Авторитетот со кој се здобива Мурињо и покрај тоа што не поседува успешна играчка кариера е огромен. Харизматичноста и јасно воочливата страст со која тој и приоѓа на работата се главниот адут на Жозе. Членовите на тимот имаат апсолутна доверба во лидерот пред се поради неговите цврсти убедувања и непопустлив карактер.

Несвојствени лични карактеристики

Кога ќе се анализираат личните карактеристики на Жозе Мурињо,јасно се забележува отстапување од критериумите за особините на класичниот лидер. Егоцентричната појава, дрскоста со новинарите и преголемата самодоверба се несвојствени за теоретската претстава за лидер. Ова е само еден од многуте индикатори за тоа колку лидерството во

Page 15: Proektna Zadaca-Liderstvo

реалниот свет е комплексна појава, која иако е една од најистражуваните, сепак малку за неа знаеме во пракса.

Лидер Командант

Како тип на лидер, Мурињо се класифицира како лидер командант кој ја има апсолутната власт во својата група, исклучиво тој ги носи решенијата за проблемите и сам се соочува со последиците. Она што го одделува од класичниот менаџер е заштитничката улога која ја има према своите играчи и поделбата на заслугите и успесите на целата заедница.

Парадоксална медиумска појава

Откако Мурињо пристигнува на “Островот”, колевката на фудбалот и најсилната лига во светот, започнува неговата војна со медиумите која до денес зема огромен замав. Вистински парадокс е што во некоја теориска утопија, лидерот по правило е “добро момче” со благородничко однесување, кристална слика во јавноста и претставува пример за тоа како треба да изгледа секој член на групата. Сликата која свесно е наметната од страна на Мурињо јасно се коси со сите претходни тврдења.

Лојалност и пожртвуваност кон “Специјалниот”

Покрај необичното однесување, строгата политика и честопати неоправданите критики кои Мурињо ги упатува кон членовите, истиот ужива апсолутна доверба и подреденост од страна на целокупната структура. Додека секој друг на негово место би се етикетирал како “диктатор” и би наишол на спротиставување на огромните ега на денешните суперѕвезди, Жозе Мурињо успева да се избори за своето место меѓу великаните како можеби за многумина несвојствен, но несомнено неоспорен лидер во својата област.

Page 16: Proektna Zadaca-Liderstvo

10.Цитати од познати лидери за лидерството:

“Да се води група луѓе значи да се чекори покрај нив. Кога работата на најдобриот лидер е завршена, луѓето велат:”Ја завршивме самите ! ”

— Lao-tsu

“Ниту една институција не може да опстои ако е потребно да ја водат генијалци или супер- луѓе. Таа мора да биде организирана на тој начин да опстои под лидерство на просечни човечки суштества.”

— Peter Drucker

“Лидерство е уметност друг да изврши нешто што ти го сакаш затоа што тој сака да го направи тоа.”

— Dwight D. Eisenhower

“Одличните лидери се скоро секогаш добри упростувачи, кои можат да пресечат било каков аргумент, дискусија или двоумење и да понудат решение разбирливо за сите”

— General Colin Powell

“Луѓето прашуваат која е разликата меѓу лидерот и шефот. Лидерот води, а шефот вози.”

— Theodore Roosevelt

“Менаџмент е ефикасност во искачување на скалата на успехот. Лидерство е да се одлучи дали скалата е поставена на вистинскиот ѕид”

— Stephen R. Covey

Page 17: Proektna Zadaca-Liderstvo

11.Заклучок

Уште од зачетокот на човековата цивилизација голем број на харизматични поединци ја имале дарбата да привлекуваат. Во ова време на постојана борба за освојување на пазарот, кога конкуренцијата е подготвена и немилосрдна како никогаш, вистинското водство игра огромна улога во конечниот исход . Лидерството е процес и сопственост. Како процес, лидерството вклучува користење на влијание без принуда. Како сопственост, лидерството е збир на карактеристики својствени за секој поединец за кој се претпоставува дека успешно ќе го примени споменатото влијание. Лидерството се темели на воспоставување врски, внатре, во соодветната организација. Лидерството е привилегија но не само заради привилегии. Погрешниот пристап кон лидерството е стапицата што води кон нарцисоидност, појава на корупција и применување мобинг или притисок. Ако лидерите не се ефективни, нивното влијание не придонесува за тоа, и често пати ги остранува кон постигнување на целите. Но и без разлика на тоа во светот постојат и лидери кои лошо влијаат во светот, кои се иницијатори на војни, и кои некаде го прават светот неубаво место за живеење.

Ако направиме резиме на комплетниот материјал и целокупниот развој на цивилизацијата воопшто, несомнено ќе сфатиме дека вистинскиот лидер, без разлика на кој стил или школа припаѓа, е должен одговорно и совесно да го води својот тим со цел да го доведе заедничкиот успех до максимум, а со тоа да овозможи подобар свет во кој сите ние ќе живееме.

Page 18: Proektna Zadaca-Liderstvo

СОДРЖИНА:

1.Вовед

2.Дефиниција

3. Лидерот како менаџер со човечки ресурси

4.Проучување на карактерните особини

4.1Лидери и нелидери

4.2 Успешни и неуспешни лидери

4.3 Улога на лидерот во компанијата

5. Распределба на моќ

6.Авторитет и етика во организацијата

7.Лидерски функции и стилови на лидерство

7.1 Лидерски функции

7.2 Стилови на лидерство според начинот на донесување на одлуки

7.3 Стилови на лидерство според личноста на менаџерот

8.Групно лидерство

9.Абнормално лидерство

10.Цитати од познатите лидери за лидерството

11.Заклучок