52
УЧЕНИЧКИ ЗБОР Училишен весник на учениците од ООУ Јонче Смугрески“, с.Обршани Број 3, мај 2016 Активности на учениците Интервју со... МИО—активности Занимливости Хороскоп за најмладите Конкурси, натпревари, наградени ученици Семинари и обуки на наставници Шарена страница

Ucenicki zbor 2016

Embed Size (px)

DESCRIPTION

ucilisen vesnik pri OOU Jonce Smugreski, s.Obrsani, Krivogastani

Citation preview

УЧЕНИЧКИ ЗБОР

Училишен весник на учениците од ООУ „Јонче Смугрески“, с.Обршани Број 3, мај 2016

Активности на учениците

Интервју со...

МИО—активности

Занимливости

Хороскоп за најмладите

Конкурси, натпревари,

наградени ученици

Семинари и обуки на

наставници

Шарена страница

2

3

ВОВЕД

Драги читатели! Пред Вас е третиот број на училишниот весник „Ученички збор“

кој оваа година излезе од печат со мало задоцнување. И овој број како и минатите два изобилува со информации и фотографии за случувањата поврзани со нашето училиште и нашите ученици. Сето ова е направено благодарение на учениците од новинарската секција, како и на несебичното залагање и работа на останатите ученици и нивните наставници.

Се надеваме дека ќе го задржиме Вашето внимание до последната страна на нашиот весник.

Од Редакцијата

Редакција: Милена Димитриеска, Моника Ѓоргоска, Тања Ѓореска, Ленче Сркески, ученици од новинарска секција , ученици од VI, VII, VIII и IX одделение

4

1 септември, почеток на нова учебна година

Брзај, брзај прваче

кон школскиот двор

те чека учителка

со мајчински збор.

На први септември одекна ѕвончето за првиот училишен час за првачињата од ООУ „Јонче Смугрески“ - Обршани. Освен родителите, учениците и наставниците, топло добредојде на првачињата им посакаа: градоначалникот на општина Кривогаштани, г-дин Тони Заткоски, советникот за образование Владо Деспотоски, директорката на училиштето Благица Везенкоска и претставници од општина Кривогаштани. Пред да седнат првачињата во ученичките клупи, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ и ДИРЕКТОРКАТА им посакаа среќни и весели денови поминати во училиште и им подарија скромни подароци .

5

Ден без автомобили

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ БЕЗ АВТОМОБИЛИ

По повод 22 септември – Меѓународниот ден без автомобили, учениците од основното училиште „Јонче Смугрески“ со своите велосипеди се приклучија на акцијата која се одбележа во повеќето општини низ државата.

6

Поздрав од прво Поздрав и од нас најмалите првачиња, до сите вас наставници и поголеми другарчиња . Малечки сме ние, но сме многу вредни , ќе ви докажеме еве преку сликичките следни . Да пишуваме песни сеуште не умееме , но затоа цртежи лесни насекаде ние сееме . Ветуваме до година ќе научиме да пишуваме , и на многуте натпревари ние ќе ви се придружиме. Примете поздрави топли од нас првачиња мравки вредни и нашата наставничка верна .

Активности на најмалите...

Нашиот прв училишен ден

Учествувавме на конкурсот „Приказните на дедо за тутунарите“ , а нашата другарка Христина освои второ место . Браво Христина, се гордееме со тебе !!!

7

Активности на најмалите...

Се подготвувавме, го чекавме и го дочекавме најсаканиот Дедо Мраз!

А да не ги заборавиме и нашите родители кои секогаш се дел од нашите постигнувања . Ви благодариме !!!

8

Интервју со младата писателка Стефани Сидороска

1. Од каде ја добиваш инспирацијата да твориш? Инспирацијата ја добивам од сите страни, тоа може да се случи дури и кога седам на клупата , може да смислам цела приказна во мојата глава. Најголемата инспирација и подршка ја добив од моето семејство и болното момче од даунов сидром Мартин. 2. Колку време ја пишуваше книгата? Две години. 3. Кога ја издаде? 17 Ноември 2015г. 4. Дали си во план да издадеш нови книги? Да, веќе започнав две нови книги, едната од нив ја пишувам за мојот живот, а другата за незаменливиот наставник по ликовно „Дади“ . 5. Што сакаш да твориш повеќе, поезија или проза? - Повеќе сакам да творам проза, а со пишувањето јас ја пронајдов топлината во

парчето хартија и заборавив на ладните души од луѓето.

Интервјуто го направија Николина Стомнароска и Сања Ефтинџиоска

9

Интервју со младата писателка Стефани Сидороска Културни активности

24.09.2015 -Посета на учениците од 1-5 одд од ООУ „Јонче Смугрески“ на театарот „Војдан Чернодрински“ и следење на театарската претстава ,,Како се станува цар“, а воедно и имплементација на проектот со родителите - Заедничка грижа за правилно насочување на учениците—,,Одиме во театар “. Среќа, радост и насмеани лица насекаде!

Посета на детскиот музички фестивал „Тра-ла-ла“ во Битола

Театарска претстава „Кралски фестивал“ во ООУ „Јонче Смугрески“.

10

Детска недела

Подготовки по повод ДЕТСКАТА НЕДЕЛА. Без вредните рачиња на учениците ништо од ова не би било возможно !

11

Детска недела

Учениците од трето одд. ООУ „Јонче Смугрески“ од Обршани со големо внимание и интерес го разгледаа камиончето со сликовници и во рамките на активностите во Детската недела си избраа што сакаат да читаат. Ние со големо задоволство ја обработивме приказната на денот

ДЕТСКА НЕДЕЛА (ОД 5 ДО 9 0КТОМВРИ 2015 год.) ПО ПОВОД ДЕТСКАТА НЕДЕЛА И ПРИЕМОТ НА ПРВАЧИЊАТА ВО ДЕТСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА БЕА ОРГАНИЗИРАНИ ПОВЕКЕ АКТИВНОСТИ ВО КОИ ЗЕДОА УЧЕСТВО УЧЕНИЦИТЕ ОД ПРВО ДО ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ ОД НАШЕТО УЧИЛИШТЕ. ПОНЕДЕЛНИК 5 ОКТОМВРИ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ЧЕКОР ПО ЧЕКОР—СО ЧИТАЊЕ ДО ЛИДЕРСТВО РЕАЛИЗИРАН Е ЧАС ВО УЧИЛИШНИОТ ДВОР, СО ЧИТАЊЕ НА СЛИКОВНИЦИ ОД „БИБЛИОТЕКАТА НА ТРКАЛА“. СРЕДА 7 ОКТОМВРИ ПРОСЛЕДЕНА Е ДРАМАТА „МОДА“ ВО ИЗВЕДБА НА ПОГОЛЕМИТЕ УЧЕНИЦИ НАМЕНЕТА ЗА НИВНИТЕ ПОМАЛИ ДРУГАРЧИЊА ОД УЧИЛИШТЕТО. ПЕТОК 9 ОКТОМВРИ ПРИЕМ НА ПРВАЧИЊАТА ВО ДЕТСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ПРОСЛЕДЕНО СО БОГАТА ПРОГРАМА ВО КОЈА ЗЕДОА УЧЕСТВО И САМИТЕ ПРВАЧИЊА СО СВОЈА ТОЧКА. НА ПРИРЕДБАТА ПРИСУСТВУВАА ДИРЕКТОРОТ НА УЧИЛИШТЕТО, НАСТАВНИЦИТЕ ,ПОГОЛЕМИТЕ УЧЕНИЦИ И МНОГУ РОДИТЕЛИ. ОДДЕЛЕНСКИ НАСТАВНИК : СТЕФАНОСКА ЗЛАТА

12

Реновирања, градежни работи...

Реновирање на фасадата во ООУ,, Јонче Смугрески'' Обршани

Училиштето доби поубав изглед... Нели?

13

Отворање на центар за ран детски развој

Во присуство на заменик министерот Диме Спасов и градоначалникот на општина

Кривогаштани Тони Заткоски свечено беше пуштен дневниот центар за ран детски

развој во Обршани.

14

Лични творби од младата поетеса Марија Вељаноска—V одделение с. Бела Црква

Чудна песна Мачката моја е со темно-виолетова боја. Најдобар пријател ù е глушецот Марко, а бидејќи е стар сите го викаат Старко. Тие одат на лов имаат уловено: еден кит, пет ајкули и три делфини. Тие секогаш имаат добар лов. Мачката моја знае да плива, да вози кола во црвена боја. Пред гости вели дека се вика Олива, но сепак таа се вика Ива. Изработила: Марија Вељаноска 5 одд Ментор: Соња Бришкоска

Мојата татковина Република Македонија Македонија-сонце што нè грее, црвено-жолто знаме што се вее и прекрасна химна што гордо се пее. Македонија, независна држава, држава сместена во Европа на Балканскиот Полуостров. Убавини те красат Македонијо, езера сини, ко очи мили. Луѓе солидарни, од нивните очи само љубов и добрина се точи. Јагули-риби, пастрмки-прекрасни и вкусни, рис со шари разни и Пелистер со волшебни сказни. Скопје, цвет во бои, најубав е дечиња мои. На секоја страна споменик стои од борци низ многу војни. Вруток мало брзо изворче скриено во Шара. Вруток - изворче што реката Вардар ни ја дава. Во Република Македонија луѓето македонски зборуваат, дедовци и баби на внучињата приказни им раскажуваат. Изработила: Марија Вељаноска 5 одд Ментор: Соња Бришкоска

Дете Ти си дете на овој голем свет, биди среќно,биди весело, биди како шарен цвет. Светот без деца е тажен, без деца нема радост, светот без деца е лажен. Ти си злато на твоите родители, ти си нивната среќа. Детскиот лик е сонце што нè грее, детскиот глас е песна што без прекин се пее. Дете мило, ти си мајски цвет, биди ми здраво, биди ми живо, биди ми украс на овој свет. Изработила: Марија Вељаноска 5 одд Ментор: Соња Бришкоска

15

Активности на учениците од I до V одделение од подрачното училиште во с. Бела Црква

НА 11.09.2015 ГОД. ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО БИТОЛА, ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА НАУКА, КУЛТУРА И ЛИТЕРАТУРА „ЗЛАТНО ПЕРО“ БЕА ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ОД НАГРАДНИОТ КОНКУРС ЗА КРАТОК РАСКАЗ НА ТЕМА „ ЗОШТО ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА“ УЧЕНИКОТ АНДРЕЈ ГРАШКОСКИ ГО ОСВОИ ПРВОТО МЕСТО ВО КАТЕГОРИЈАТА - АВТОРИ УЧЕНИЦИ.

МЕНТОР НАСТАВНИК : СТЕФАНОСКА ЗЛАТА

16

Активности на учениците од I до V одделение од подрачното училиште во с. Бела Црква

Вредните рачиња на петтачињата направија вкусна пица со наставничката по англиски Андријана Најдоска .

Низ галерија од слики ВИ претставуваме дел од активностите на овие вредни ученици подготвени со помош на нивните наставници.

17

Ликовен и литературен конкрус на тема ,,Приказните на дедо за тутунарите''

Општина Кривогаштани во соработка со Филип Морис, Сокотаб, МЦМС, Aliance One и ТКП распишаа конкурс на тема „Приказните на дедо за тутунарите“. На конкурсот учествуваа учениците од ООУ „Јонче Смугрески“ - Обршани и ООУ „Манчу Матак“ - Кривогаштани. Учесниците учествуваа со литературни и ликовни творби во три категории. На ден 06.11.2015 беа доделени наградите во ООУ „Манчу Матак“ - Кривогаштани од страна на градоначалникот на Општина Кривогаштани - Тони Заткоски и претставниците од тутунските комбинати.

18

Активности од трето одделение под раководство на наставничката Виолета Палеска

Во рамките на активностите во Детската недела беше организиран натпревар во изработка на детска касичка, а со тоа беше одбележан светскиот ден на штедењето. Касичката од трето одделение беше избрана како „НАЈКРЕАТИВНО ИЗРАБОТЕНА ШТЕДНА КАСИЧКА“ за која доби и ПОФАЛНИЦА од училиштето .

Во рамките на проектот „Со читање до лидерство“ на наше големо задоволство ни пристигна „Библиотеката на тркала“ . Буквите и книгите се волшебни порти кои ни овозможуваат влез во многу нови и поинакви светови. Учениците се вклучени во сите воннаставни активности, конкурси, натпревари, игри кои ги организира училиштето.

19

Донации

Во знак на благодарност за посветеноста во воспитно - образовниот процес, родителите на учениците од трето одделение заедно со нивната наставничка Виолета им донираа шкавче и два теписи со едукативна содржина—Крстосница. Голема благодарност до родителите. Соработката продолжува и понатаму.

20

Активности на учениците од подрачното училиште во с. Боротино

Низ оваа галерија ви ги доловуваме активностите на учениците од подрачното училиште во с. Боротино кои ги подготвија заедно со нивните наставници Билјана Наумоска и Бобан Ралоски .

21

Ученици за пофалба

Ова е само мал дел од успесите на нашите ученици на општински регионални и државни натпревари по математика, биологија, природни науки, техничко образование, дабар, македонски јазик, хемија...

Петар Кромидоски, Симона Стомнароска, Христина Станојовска, Ева Шипинкоска, Андреј Грашкоски, Леонид Грашкоски, Николче Бозоски, Дино Мискоски, Михаела Благадушоска, Бојан Шипинкоски, Фросина Сидороска, Маријана Стојчевска, Мартин Рајчиноски, Јована Мискоска, Христина Тасеска, Катерина Станкоска, Радослав Велески, Александар Ризоски, Давор Мирчески, Бојан Рајчиноски, Цветанчо Паскоски, Ивона Катмероска, Бојан Пилоски, Елена Китаноска, Михаела Аџиоска, Елена Мискоска, Сања Ефтинџиоска, Николина Стомнароска, Стефан Шипинкоски, Иван Блажески, Стефани Сидороска, Христина Китаноска, Афродита Волческа, Мирослав Секулоски, Антонио Гулабоски, Филип Катмероски, Моника Тасеска, Искра Николоска, Ангела Мискоска, Марија Мицакоска....

22

Ученички активности

На следниве неколку страници низ слики ќе Ви прикажеме дел од активностите на учениците заедно со нивните наставници, како на часовите така и во вооннаставните агктивности. Благодарение на знаењата стекнати од страна на учениците и несебичното работење на наставниците постигнати се значајни резултати на голем број конкурси, натпревари....

23

Ученички активности

Се раѓа Тој На исток сред полноќ, пламен над искра жедна тлее во јасли вел, прашен и в сламка стишен во колевка света, се распламти своден рај ѕвезда на небо-жар, врз надеж олтар вишен. Од Гаврил глас се чу, блесок сред рана доба предвиди живот свет, тој ангел од вечен трон, по време Божји син, зачнат од Светиот дух од утроба света, в пештера се роди Тој. Марија ја сретна, пред месеци свишен рај тој Архангел Гаврил, на син Божји име дал Исус-Тој се роди, Христос-Спасителот наш во градот на Давид, блесна круна на свет бал. И години после, ѕвезда повторно блеска, се празнува Бадник, свеќа во крв се гори на трпеза ноќна, паричка среќа носи И богата храна, за него е до в зори сал од возвишен рај, ќе се симне Тој в дом парче леб ќе земе, за здравје, мир и спокој ил дух на мртов род, вратен во домот стар свој ќе нахрани душа, залче за мирен спокој. И утрото тој ден, пред Божиќ оган блеска деца слават гласно, за Коледе се пее кога вечерта пак, од исток сјај се носи се раѓа тој ден Бог, над свет, пред нас и во сè. Ученик - Викторија Талевска IV Одделение Невенка Велеска—ментор ООУ ”Јонче Смугрески-Обршани

Мојата наставничка Елизабета Аглите - алфа, делта, гама или бета ни ги кажува наставничката Елизабета. Ајде секој нека се сети, на дефиницијата што знаење ни вети! Секој од нас на убав пат го строи и различни оценки во дневникот брои. Знаење во нашите глави лее, на табла плус-минус, како на нива жито да сее. Мерак ми е по математика да правам тест, бидејќи секогаш од тестот добивам убава вест. Последица на добро предавање тоа е, по математика од неа научено е сè . Најдобра наставничка е таа знам јас и го кажувам ова на цел глас! Михаела Аџиоска

24

Ученички ЕКО активности

Одбележување на Ден на дрвото– акција во која се вклучуваат учениците, наставниците

Копнежот по планетата Земја Таа се бори со векови за опстанок... Се бори против тешки војни... Се бори против загадување... Како се осмелувате да наречете дека е Наш дом, кога никој нема грижа за него... Дали го слушате нејзиниот плач, кој се моли да не биде заборавена... Очигледно дека не...Вие сте глуви! Ништо не слушате! Таму каде што мирот ѕуни, а владее грижата, таму негде на дното на нашите души е оставен овенат корен од нашата совесност. Како можите да си дозволите злите сили да превладеат кај Вас? Дали имате и прошка од таа Ваша свест? А дали можете да го направите светот подобро место за живеење? Чиста околина, здрав живот... Би се осмелиле ли отпадоците да ги затворите во пропаст на 1000 години? Но сигурно тоа 1000 за вас се само еден обичен ден. Зошто денот на планетата да не биде секој ден туку само 1 ден? Ако имате капка срам ова замислете го... И за миг ќе биде вистина. Не знаете ли како можеме да го исполниме копнежот на Земјата... Не знаете ли дека не треба да бараме резервна планета? Андреј Грашкоски VI а одделение

25

Ученички ЕКО активности

Еколошко дело Еј, вие луѓе, бидете вредни активисти, заштитете ја природата, бидете екологисти! Воздухот загаден ни штети, зошто да правиме така? А може ли некој да не загадува, да ми вети. Водата загадена, зар не е поубава кога таа блика, кога е бистра?

Може ли некој да ми каже, ама да не лаже! Планетата Земја очајно нè повикува Таа сака да чиста, секогаш така иста! Зошто да бидеме лоши кон нашата природа што ни е како мајка, нам ни дава живот како бајка! Чиста средина, здрав живот! Така една поговорка не учи, А нас лесно ни е да си ја разјасниме, сите пожари да ги гасниме! Да бидеме здрави, со колкови и грбови прави, да бидеме спортисти, да бидеме како вредни мрави. Ние на природата треба љубов да и дадеме, а не да бидеме лоши како да ја крадеме. Да и помогнеме на нашата планета, да ја зачуваме, да не правиме никаква штета, да ја чуваме така илјада лета! СТОП! Силно викнете на глас. Да не се фрла отпад, веднаш престанете во овој час! Андреј Грашкоски VI а одделение

26

Нова Година—подготовки, украсување Подготовки за дочек на Новата година !

Новогодишна програма пред домот на културата во Кривогаштани .

Вредните рачиња на нашите ученици допринесоа за повеселата атмосфера

27

Дочек на Новата Година

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА НА 29.12.2015 год. градоначалникот на општина Кривогаштани, г-дин Тони Заткоски, со советникот за образование од нашата општина Владо Деспотоски, гостуваа во нашето училиште заедно со Дедо Мраз, и на првачињата им поделија новогодишни пакетчиња. За возврат првачињата се претставија со пригодна програма за Дедо Мраз, а на нивните лица се читаше огромно задоволство и среќа. Му ветија дека и наредната година вредно ќе учат и ќе ги слушаат своите родители и наставници.

28

Градоначалникот Г-дин Тони Заткоски во интрвјуто што го даде за нашиот весник истакна дека се чувствува многу убаво кога се наоѓа меѓу вакви млади креативни луѓе. Тој, за време на неговиот мандат има направено многу работи за НАШЕТО училиште, но вети дека и понатаму ќе се залага за реализација на други проекти поврзани со образованието - изградба на спортска сала, игралиште и др. На сите ученици и наставници им ја честита Новата 2016 година со желби за многу здравје, среќа и успех.

Годинава општина Кривогаштани одбележа 19 години од своето успешно постоење во присуство на голем број на гости, пријатели и луѓе кои безрезервно ја даваат својата поддршка за развојот на општината. Се разбира најзаслужниот за она што денес претставува општината, актуелниот Градоначалник на општина Кривогаштани Г-дин Тони Заткоски го отвори настанот, им се заблагодари на присутните за нивното залагање и поддршка и додели благодарници и ваучери на истакнати поддржувачи и амбасадори на општината од областа на образованието, спортот, културата, бизнисот и другите сфери на општественото живеење.

Општината денес ги награди своите истакнати наставници од двете основни училишта во општина Кривогаштани, Сотир Нешкоски и Злата Стефаноска и постхумно се заблагодари на еден од најдобрите наставници , кој нам колегите од ООУ „Манчу Матак“ и ООУ „Јонче Смугрески“ ни беше чест што го познававме и имавме како НАШ колега и пријател, човекот кој никој ученик нема да го заборави, Драги -Дади Петрески.

Награди, признанија...

29

Обуки , семинари...

Нашето училиште од оваа учебна 2015/16 година е вклучено во Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ спроведуван од страна на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија. Цели на проектот се: да се подобрат јазичните и математичките вештини кај учениците од почетните одделенија, да се зајакнат педагошките вештини на наставниците, особено вештините за формативно оценување и проценка на нивото на јазична и математичка писменост кај учениците, и да се подигне свеста кај целата заедница за тоа колку е важно описменувањето на рана возраст. Една од активностите на проектот ќе биде учество во студијата за процена на јазичната и математичка писменост кај учениците од второ и трето одделение.Планирано е студијата да биде спроведена во текот на месец мај 2016 година кога обучените лица педагогот Менче Петреска и наставничката во одделенска настава Злата Стефаноска ќе ја имаат улогата на оценувачи во процесот на задавање на инструментите ЕГРА и ЕГМА за процена на јазичната и математичка писменост со помош на таблет компјутер на избран примерок од ученици од второ и трето одделение.

На иницијатива на Македонската асоцијација на надарени и талентирани и по барање на наставниот кадар се одржа обука на тема ,,Откривање и работа со надарените и талентираните ученици“.Обуката ја реализираа Прф. д-р Љупчо Кеверески и Проф. д-р Татјана Атанасоска. На обуката присуствуваа наставници од двете општински училишта ООУ ,,Јонче Смугрески“ и ООУ,,Манчу Матак“ и се стекнаа со сертификати. Целта е, вработените кои се вклучени во воспитно –образовниот процес на децата да ги детектираат надарените ученици, да можат соодветно да работат со нив и да го следат нивниот напредок и развој.

Еду конференција—Струга

Без ука—нема наука!

30

Литературно—рецитаторска секција

ЗБОРОВИ НЕ СЕ ПОТРЕБНИ, НАШИТЕ НАСМЕВКИ НА ФОТОГРАФИИТЕ КАЖУВААТ СÈ ! ТВОРИМЕ И ДОБИВАМЕ НАГРАДИ, А НАЈГОЛЕМАТА НАГРАДА ЈА ЧУВАМЕ ВО СРЦЕТО !

31

Литературно—рецитаторска секција

32

Проект „МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“ Активности со нашиот партнер училиште „Исмаил Ќемали“ с. Црнилиште, Општина Долнени.

Голем број на активности се организираат и спроведуваат во партнерство со училиштето „Исмаил Ќемали“ од општина Долнени, кои има за цел да ја продлабочат соработка меѓу наставниците и учениците, заеднички да ги зајакнат капацитетите, како и да се продлабочат знаењата и вештините за поуспешно да се промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности. Во рамките на овој проект во основното училиште се направи пристапна лифт платформа за лица со посебни потреби како и се изврши малтерисување на ѕидовите во училиштето, сите активности беа помогнати од локалната самоуправа, наставниците, техничкиот персонал на училиштето, родителите и учениците. Официјално настанот започна со сечење на црвената лента.

Свое обраќање пред присутните имаше градоначалникот Тони Заткоски кој изјави : - Голема благодарност до УСАИД за успешната соработка за реализација на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието. Ова не е единствен проект на УСАИД кој се реализира во општина Кривогаштани, ние имаме добра соработка која се надевам дека и во иднина ќе продолжи со вакво темпо“.

Мајорот Џефри Ван Сикл изјави : - Ова е веќе осмо училиште од вкупно четиринаесет оваа година. И ова е еден начин на кој ги поттикнуваме учениците, наставниците и родителите да работат на меѓуетничката интеграција во образованието бидејќи сметаме дека ова е eдна голема инвестиција за иднината на Македонија“.

Директорката Благица Везенкоска изјави : - Реновирањето е само еден поттик за ние да работиме континуирано кон создавање на добри можности за учениците од различна етничка припадност да можат да комуницираат и со тоа да се создаде интегрирана околина. Придобивките од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието се големи и значајни. Јас само ќе нагласам една димензија од тие придобивки: активностите и тоа како овозможуваат да ги воспитуваме нашите деца како да се обезбеди и применува меѓусебната соработка, како да се негува постојаното дружење, и осознавање на културата на другата заедница. Упатувам голема благодарност до Европската команда на американската војска и УСАИД за нивниот придонес, позитивен стимул и за можностите да ги негуваме и промовираме уште повеќе различностите и мултиетничките вредности “. Во рамките на настанот се одржаа и работилници со децата од двете училишта ООУ „Јонче Смугрески“ од Обршани и партнер училиштето „Исмаил Ќемали“ од Општина Долнени, работилниците беа на теми од мајчин јазик,информатика, математика, биологија како и физичко воспитување. Децата од двете училишта покажаа дека не постојат граници во образованието и во заедничкото дружење.

МИО активности

33

МИО активности

34

МИО активности

Доделување на благодарници

35

МИО активности

Изработки од учениците

36

МИО активности

Ликовна колонија

Спортски активности

37

МИО активности

Благодарение на соработката помеѓу наставниците и учениците од двете училишта ги имаме овие лични творби од на албански јазик.

38

МИО активности

МИО-Заеднички час на учениците од 5 одд.од ООУ „Јонче Смугрески“ Обршани ,ПП Бела Црква и учениците од ООУ „Мирче Ацев“ Лажани. Учениците учеа,се забавуваа си разменија искуства, честитки,адреси за

понатамошно дружење, а и стекнаа многу важно знаење. За да ни се

исполнат желбите - мора да ги засукаме ракавите, Дедо Мраз не може

да ни ги исполни желбите без вредна работа.

39

МИО активности

40

МИО активности

41

Ученички активности

Општински натпревар „Детски семафор“ - 2016

ИЗБОР ЗА НАЈУБАВО УКРАСЕНО ВЕЛИГДЕНСКО ЈАЈЦЕ. ПРВО МЕСТО - МИХАЕЛА ТУТУНОСКА, ВТОРО МЕСТО - БОЈАН БЛАГАДУШОСКИ И ФИЛИП КУКЕСКИ, ТРЕТО МЕСТО - РАДОСЛАВ ВЕЛЕСКИ.

42

ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК

Со свечена програма подготвена од учениците и наставниците и оваа година ООУ „ Јонче Смугрески “ од Обршани го одбележа ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК. Од страна на директорката на училиштето Благица Везенкоска, градоначалникот на општина Кривогаштани—Тони Заткоски и фамилијата Смугрески на ПРВЕНЦИТЕ од деветто одделение Искра Николоска и Моника Тасеска им беа доделени награди. Учениците на најдобар начин, со богата приредба, рецитали, драматизации, музичко—балетски изведби ги покажаа своите достигнувања.

43

ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК

44

Уште ученички активности

Зошто ја сакам Македонија? Македонија—збор нанижан од Охридски бисери, кој крие многу убавини во себе. Најубаво парче земја создадено од мајка природа, кое е честопати газено, распарчувано и прогонувано од душманите, но сепак сеуште постои и вечно ќе постои! Осумкрако сонце кое зрачи со гордост и сила, љубезност и толеранција. Нашата таковина е света библиска земја која најмногу ја сакаме од сè. Оваа земја покриена со планини, реки, градови и села како втора мајка на сите нас. Неа ја бранеле најголемите војсководци чии имиња денес ни е чест да ги славиме. Прекрасната река Вардар која гордо тече низ нашата татковина блеска од сјај затоа што сонцето ја грее, се чувствува како да и „пушта“ насмевки. Мариовскиот и Кривогаштанскиот крај се восхитува на природната убавина на реката Црна што те занесува во брзината на водата и очите ти бликаат, како ветрец развигорец да дувнал и да си заборавил на сите работи кои се мрачни, само сакаш цел свет да биде како да ти е во прегратка. Брегалница, извира од малешевските планини, па како долга жица шета низ Штипско Ново Село и ја разубавува природата, обвиена во разнобој... Небо, зеленило, инсекти! Татковината наша има и три езера кои се бистри и убави како отсјајот на сонцето. Охридското езеро те привлекува да ги откриеш сите ендемски видови и да уживаш во него, да се препуштиш на него и тоа да те опушти. А Преспа му оддава почит на Преспанското Езеро кое го покажува својот отсјај затоа што живее во прегратките на сонцето. А во срцевинаѕа на ова езеро лежи островот кој изобилува со змии, но сепак и тој е убав на свој начин. Да, наречен е Голем Град.... Таму негде на македонскиот југ се распослало во падините на Стар Дојран и Нов Дојран како голем базен, Дојранското езеро. Таму водата ќе ти го „стопли“ срцето штом ќе влезеш, кога ќе ги видеш тие алги под нозете како бели кокичиња. Над градот Струмица се протега високо до небото, планината Беласица. Некогаш таа не потсетува на историската Беласичка битка, каде Цар Самоил и неговата војска ја пролеале крвта за Самоиловото Царство. Кожув—Голема планина од која извораат многу реки, а прекрасните дрвја и чистиот воздух те водат во занес. Кога ќе речеш висока планина сигурно те потсетува на планината Баба, таму се наоѓа и националниот парк Пелистер кој е исполнет со флора и фауна. Водопадот на Беловишката река, Црното Езеро, сточарството, рудни богатства... Тоа е Шара која во зима е еден од најголемите туристички места во Македонија. Галичица одвојува две езера, Прспанско и Охридско, кои го слушаат шумот на дивината и сè е мирно и тивко, само езерата во брзина итаат кон Охрид и Преспа. Бабино те очекува да ја посетиш библиотеката Ал—Би и убавините на селото. Но, тие убавини нема кој да ги гледа, кој да ги одгледува, да бидат среќни на нив, бидејќи сите се во туѓина и заминале по градовите. „Република“ Вевчани знае честопати да се пофали со Вевчанскиот карневал и традиционалните архитектури, затоа не е залудно „Република“. Градот на 365 цркви и на најголемото езеро во државата, тоа е Лихнида...нашиот Охрид...што благодарение на него секогаш ќе имаме „Наше Море“. „Градот под Марковите кули“ кој крие историски значења за јунакот Крале Марко. Орденот за град на СФРЈ е припаднат на Прилеп, па токму затоа Прилеп секогаш ќе го „кити“ името на Македонија. Битола—градот на конзули, со врвот на него Пелистер ќе ве „маѓепса“ за минута. Македонскити празници се редат ред по ред, еден по друг. За Илинден Крушево посети го и оддај му почит на оние кои во минатото се бореле за нас. На Осми Септември сподели ја и ти својата независност, слобода, самостојност со другите, празнувај во чест на македонците! Празникот Божиќ го прославуваме и раѓањето на Исус... Ресенските јаболка се највкусните јаболка во светот на кои никој не може да им одолее. Ја сакам Македонија и поради зачуваната природа на која никој не може да остане рамнодушен. Македонија има безброј таленти, со кои никој не е „посилен“. Ние имаме најубаво знаме на светот кое ја означува пролеаната крв на нашите војсковотци, самостојноста и нашата независност! Тоше Проески е нашата најголема звезда, која за жал „згасна“, но неговиот глас вечно ќе се слуша низ овие простори. Негде таму на Бистра, одекнува звукот на тапанот, низ цела околина се слуша зурлата, сите така распеани го играат тешкото. Кирилица е нашето свето писмо, кое ние со почит го пишуваме. Тетовското тавче гравче е наша традиционална храна и за нас е убаво како што на турците им е баклавата. Македонија ја сакам и поради нејзината преубава литература која ако знаеме правилно да ја говориме ни ги отвора златните порти на нашиот јазик. Македонските народни приказни сите ги обожаваме затоа што секое утро кога се будиме тие не потсетуваат какви тешки времиња минал народот во минатото....... Андреј Грашкоски VI а одделение

45

Прва љубов.....

Може ли да се заборави првата љубов Првата љубов можеме да ја доживееме на било која возраст. Некои велат дека таа е посебна за секој човек и емоционално и физички. Првата љубов има големо влијание врз нашите животи, и остава еден белег кој трае цел живот. Од друга страна некои сметаат дека првата љубов по малку е будалеста и тогаш сме многу љубопитни. Но како и да е спомените од првата љубов се секогаш слатки. Во животот на луѓето многу малку доживувања се интензивни и возбудливи како првата љубов. Првата љубов во тинејџерските години е многу поеуфорична отколку првата љубов во повозрасни години. Сепак првата љубов во тинејџерските години, обично испарува многу брзо. Истражувањата покажуваат дека кај лицата на 15 години првите љубовни врски обично траат од 3 до 4 месеци. Психолозите идентификуваат три фази во првата љубов; желба, привлечност и приврзување. Нормално за прва љубов не се смета занесот кон наставникот/наставничката или кон некоја филмска ѕвезда. Сеќавањата на првата љубов најчесто се убави, но во одредени случи можат да бидат и многу болни. Оние кои во првата љубов искусиле среќа, ентузијазам, возбуда и гордост најверојатно ќе имаат стабилни долги врски во животот. Од друга страна пак оние кои имаат лошо искуство со првата љубов многу е веројатно дека во иднина ќе се плашат и ќе имаат кратки и несигурни врски. Иако човек може да се заљуби многу пати во животот сепак спомените на првата љубов ќе останат свежи и секогаш ќе имаат посебно место во нашето срце. Една турска поговорка вели „Младата љубов е од земјата, а зрелата љубов е од рајот“ Кога сме млади, сме многу енергични и нивото на хормони е многу високо. Поради тоа може да се појават многу силни чувства, но постои опасност доколку не се контролираат емоциите на соодветен начин. Очигледни опасносности се прерана бременост, сида, зависност од дрога... Во почетната фаза на првата љубов, имаме тенденција да ги игнорираме нашите сопствени потреби и желби и да им дадеме приоритет на желбите на партнерот. Сепак како поминува времето стануваме свесни за ова и кај нас се јавува огорченост и лутина. Тогаш кај нас се јавува потреба постојано да го анализираме партнерот и да ги проценуваме неговите особини. Психолозите тврдат дека љубовта на прв поглед е сосема возможна.Сепак љубовта на прв поглед примарно зависи од нашата ментална состојба во тој момент. Понекогаш се потребни само 30 секунди за да се одлучи дали другата личност е вредна за да се заљубите во нега. Студиите докажуваат дека мажите имаат тенденција да се заљубуваат побрзо отколку жените. Мораме да запомниме дека кога се заљубуваме за прв пат во суштина ние сме емотивни девици. Првата љубов има многу големо влијание врз нашите животи без разлика дали ќе признаеме или не. Тешко е да се подготвиме за првата љубов, бидејќи тоа е едно ненадејно искуство. Емотивните искуства кои се јавуваат со првата љубов се многу силни. Сепак мора да знаете како да се справите со целата еуфорија и емоции кои ги носи првата љубов. Дефинитивно првата љубов засекогаш го означува нашиот живот и невозможно е да се заборави. Тектот е преземен од www.fakulteti.mk

46

Занимливости

Монт Еверест сепак не е највисокиот врв на светот! Дали знаете кои сè масиви се пред него?

Монт Еверест, којшто му припаѓа на планинскиот венец Хималаи, е највисок врв на светот со надморска височина од 8.848 метри, но има и други начини на мерење, па со самото тоа и поинакво подредување за тоа кој планински врв е највисок на светот.

Кога се одредува која планина е највисока, сè зависи од тоа како се извршува мерењето. Ако се мери надморска височина, Монт Еверест секако победува со своите 8.848 метри височина.

Меѓутоа, ако се мери оддалеченоста од Земјиниот центар, Монт Еверест не се наоѓа ниту во првите 20. Причината за тоа е обликот на планетата Земја – таа е сплескана на половите, а испакната на Екваторот. Тоа испакнување од околу 20 километри чини врвовите на планините близу Екваторот да бидат најоддалечени од центарот на Земјата и на тој

начин тие се и највисоки.

Чимборасо, највисоката планина во Еквадор, во тој случај се води како највисока планина на светот. Оваа планина има надморска височина од 6.267 метри и е дел од Андите.

Еверест ја губи битката во мерењата од дното до врвот на планината и од Мауна Кеа на Хаваите. Меѓутоа, поголем дел од планината Мауна Кеа се наоѓа под вода, па нејзината надморска височина изнесува само 4.169 метри. Но, ако

се мери од подножјето коешто се наоѓа под вода, височината изнесува дури 9.100 метри.

Но, како и да е, Монт Еверест секогаш ќе важи за една од планините којашто е најтешко да се освои.

47

Занимливости

Досега, имено, тој рекордер го држел малезискиот инсект "Phobaeticus Chani" или популарно наречен "Мега-стапче Чанг". Новиот рекордер е шест сантиметри подолг, со респектабилни 62,4 сантиметри. Станува збор за, како што го нарекле кинезите, "Phryganistria chinensis Zhao". Името го добил според научникот кој со години трагал по огромни инсекти, а конечно пронашол еден таков во 2014. година во планините на регионот Гунгжи Жуанг.

Жао инсектот го однел во Музејот за инсекти, каде положил шест јајца и добил подмладок кој од раѓање веќе бил долг 26 сантиметри, пишува Popular Scienci.

Новооткриениот вид на инсект од јужна Кина е прогласен за најдолг инсект на светот,

48

Детски бисери

Зошто БОГ ја создал мама? 1. Само таа знае каде се наоѓа селотејп. 2. Во главно, за да ја чисти куќата. 3. Да ни помогне да излеземе од каде што сме се родиле. Зошто Бог ти ја дал баш мајка ти за мајка, а не некоја друга? 1. Затоа што сме роднини. 2. Бог знаел дека таа ме сакала многу повеќе од некоја друга мајка.

Што морала да знае мајка ти за татко ти пред да се венчаат? 1. Неговото презиме. 2. Морала да го знае неговото минато. Дали бил крадец? 3. Колкава плата зема? Дали се дрогира и дали ќе ѝ помага во работата дома?

Која е разликата помеѓу мама и тато? 1. Мајките работат и на работа и дома, а татковците само на работа. 2. Мајките знаат како да разговараат со учителките, без да ги исплашат. 3. Татковците се високи и јаки, ама мајките ја имаат вистинската сила, затоа што нив мора да ги прашаш ако сакаш да преспиеш кај другарка ти.

Кога би можел,а да промениш една работа кај мајка ти која би била таа? 1. Има некоја чудна идеја дека треба нон стоп да ја чистам својата соба. Би го променил тоа. 2. Би ја направила попаметна. Тогаш би знаела дека сестра ми е крива за сè, не јас. 3. Би сакала да ги нема тие невидливи очи, за кои вели дека ги има на грбот. -Полуостров е остров што треба да се доправи. -Оние кои живеат во Сардинија, се викаат Сардини. -Кога баба ја болат забите, таа само ги остава во чаша. -Многу се уплашив кога беше болна мајка ми. Помислив дека тато ќе ни готви. -Зоолошката градина е супер. Таму можеме да ги видиме и животните кои не постојат. -Кравите не смеат да трчаат, за да не го истурат млекото. -Праската е како јаболка со килим. -Израелците направиле златно теле бидејќи немале доволно злато за златна крава. -Разликата меѓу селото и градот е во тоа што тревата во селото е во еден дел, а во градот е испрекината. -Машко не може да се ожени со машко затоа што тогаш ќе нема кој да го облече фустанот на невестата. -Кругот е тркалезен квадрат.

49

Шарена страница

**ТИПОВИ НА ФЕЈСБУКЕРИ...

ДЕМНАЧ - ниту коментира, ниту постира, но сè чита..

ХИЕНА - ништо паметно не кажува и на се коментира со "хахаха'' и "хехе, јако"..

ПОПУЛАРЕН - има 4.567 пријатели, чисто онака колку да се рече...

ГЕЈМЕР - игра по цел ден Mafia Wars, Cittzvile, Farm, Top 11....

ПРОРОК - на секој пост и на секој коментар мора да го спомне Бог..

КРАДЕЦ - Краде сè...секој статус, секоја слика...

КОЛЕКЦИОНЕР - ништо не постира, туку лајкува рендом групи, настани, страни...

ПРОМОТЕР - секогаш праќа покани за настани и групи и на крај ги игнорирате...

ЛАЈКЕР - лајкнува сè...буквално..

ХЕЈТЕР - секој пост е поздрав до некого кого го мрази...

УТКО - се обидува да биде смешен, но џабе му е...

Постојат 3 типа на девојки:

Има фаца, нема тело

Има тело, нема фаца

Има фаца, има тело, има дечко.

Jас му ѕвонам, тој не се јавува. Сигурно паднал во несвест од среќа.

Дојдовте во ''Се или нешто" да го исвоите милионот или за слава?? -Заради пари дојдов, слава имам Св. Никола ми е...

))

Ќерко, колку се 2+2? Пет мамо. Добро, барем си убава.

50

Хороскоп за најмалите

Овен Дете родено во овој знак, било од каков пол и во која било средина, кавгите и расправиите ќе им бидат секојдневна појава. Нивните родители треба да имаат нерви како бандери, за да понекогаш останат глуви, бидејќи детето Овен, кога е разбеснето се и сешто зборува со јасна цел да ги навреди родителите. Кога ќе се смират, најчесто им е жал. Во пубертетот посебно лудуваат и не постои начин да се смират. Совет- Овновите на сила со сила враќаат.

Бик Децата родени во овој знак бараат многу љубов и нежност, а делуваат како до тоа да не им е потребно. Доста им е важно какви односи имаат родителите и секогаш знаат кој од родителите треба да се обвини. За овие деца не треба да се грижите премногу за нивната иднина, особено на материјален план, бидејќи на секој мал Бик, сон му е што побрзо да се осамостои. Место за родителите секогаш ќе има, не само во нивното срце, туку и во нивниот дом.

Близнаци Како и во младоста, така и во постарите години Близнаците го задржуваат, она детинското во себе. Своите родители секогаш ги расположуваат со смеа и смисла за игра. Среќно ќе се провлекуваат низ сите препреки, а вистински мајстори се во измислување на спасувачки приказни и објаснувања. Доста се бистри и брзо реагираат, па затоа и добро се снаоѓаат во животот. Кога имаат проблеми, секогаш бараат помош од родителите, но нажалост многу ретко ја нудат самите.

Рак Чувствителни во детството и ранливи во пубертетот, посебна приказна се децата родени од овој воден знак. Со нив е тешко, бидејќи ги кријат своите чувства непристапно, а од нив им зависи целиот живот. Се однесуваат ладно и непристапно, а очекуваат да ги заграбите. Доколку родителите не им даваат доволно љубов и чувство на сигурност, Раковите ќе бидат многу несреќни. Доколку односите со родителите им се барем малку добри одма се гледа колку им значи родителскиот дом.

Лав Ова се деца кои многу рано ќе се изборат за место во семејството. Да се скроти еден Лав е доста тешка работа. Успехот се постигнува само тогаш кога проблемите се решаваат на пријателски начин со разбирање без употреба на сила и закани. Лавовите доста ги ценат своите родители, но ако тие применуваат сила можат да очекуваат дека нивниот Лав, кога тогаш ќе им го врати.Постарите Лавови добро знаат што сакаат и додека не ја остварат својата цел нема да застанат.

Девица Ова се најпослушните и најпедантните деца, со што се истакнуваат меѓу своите врсници. Ќерките се внимателни према мајката, а синовите се секогаш спремни да му поможат на таткото при куќните работи. Со училиштето ретко имаат проблеми, а лошите оценки повеќе ги вознемирува нив, отколку нивните родители. Девиците се совесни и одговорни, малку повеќе пасивни и нервозни, а вечно раздвижени помеѓу семејството и работата. Помошта од родителите многу им значи, но знааат да ја ценат и почитуваат.

51

Хороскоп за најмалите

Вага Вагите добро знаат како да го добијат тоа што го сакаат, па затоа родителите ретко им одбиваат. Поради ова, Вагите често се однесуваат разгалено, барајќи љубовта да им се докажува со подароци и внимание. Вагата секогаш наоѓа начин како нештото да се оддолжи, а се труди да одржува рамнотежа и добри семејни односи. Мразат агресивност и избегнуваат личности кои на тој начин ги решаваат своите проблеми. Ако некој од родителите има ваков карактер, тогаши Вагата ќе го промени своето однесување.

Скорпија Уште како мали се како ѓаолчиња, а ништо не се подобри ни во пубертетот. Секогаш се немирни, прво велат не сакам, а потоа мама или тато. На секој лош поглед на родителите, викање и скратена нежност од родителите покасно се одмаздуваат. Брзо се осамостојуваат и тргнуват по својот пат. Кога тоа ќе го направат и односот со родителите им станува подобар. Синовите се доста љубоморни на својот татко, ако мајката му придава големо внимание.

Стрелец Стрелците се весели и разиграни деца на кои им е најдобро кога не се дома. Се радуваат кога тргнуваат на пат, а најголемо задоволство им претставува играњето со своите врсници. Не се многу послушни, но може да им се наметне одреден ритам на однесување. Љубопитни се и постојано нешто запрашуваат, што секогаш треба да им се одговори. Мрзливи се и не сакаат да го учат тоа што не им е интересно. Често знаат да побегнат од дома, а не сваќаат зошто се крева толкава паника од тоа. Со родителите имаат пријателски однос не толку интимен.

Јарец Јарците се тешки и сериозни деца, мистерија дури и за своите родители. Невозможно е да ги натерате да го направат она што не го сакаат. Упорни се и тврдоглаво работат по свое. Не се многу омилени во друштвото на своите врсници и затоа со саати си играат самите. На училиште секогаш си имаат некој предмет, кој им задава главоболки, или професорот не ги поднесва. На родителите не им кажуваат што ги мачи, се стремат кон самосталност и добро се грижат за себа и за другите. Ако во детството родителите према нив биле коректни, ќе им се одолжи во староста.

Водолија Тоа се деца самоиницијативни, со кои е многу тешко да се оствари соработка. Тие едноставно не слушаат и не се плашат од казнување, ни од родителско викање. Слично е и со училиштето. За некои предмети ќе покажуваат поголемо интересирање, а тие резултати ќе бидат очигледни. Водолиите имаат многу пријатели и повеќе сакаат да се со нив отколку дома. Пубертетот го минуваат доста бурно, со посебен стил на облекување, со што ќе бидат во расчекор со родителите и авторитативните личности. На почетокот односот со родителите им е лош, а се подобрува со текот на времето.

РибиЧувствителните деца Риби, често се голема грижа за родителите. Своите проблеми не знаат сами да ги решаваат, што можеби е добро, бидејќи ако самите ги решаваат, уште толку ќе ги замрсат. Бескрајно се заљубуваат, што најдобро ќе се виде по апетитот и оцените. Рибите се многу нежни и знаат да им подарат љубов на своите родители, а ако е потребно и доживотна грижа. Секогаш знаат да ги задоволат оние кои ги сакаат. Не е добро, родителите да применуваат казнени методи, со оглед на тоа што Рибите, после тоа долго страдаат, иако тоа не го покажуваат

Полуматуранти 2015/2016 година, ООУ „Јонче Смугрески“ Обршани, Општина Кривогаштани

Редакцијата на училишниот весник „Ученички збор“ на полуматурантите им посакува многу здравје, среќа и успех во животот !