Upload
goce-gjorgjijoski
View
243
Download
11
Embed Size (px)
DESCRIPTION
Univerzitetski vesnik br. 132
Citation preview
univerzitetskivesnikИздание на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ во Скопје Број 132, јули 2012
УУССППЕЕШШННОО ООДДРРЖЖААННИИТТРРААДДИИЦЦИИООННААЛЛННИИТТЕЕММААННИИФФЕЕССТТААЦЦИИИИ ННААММЕЕЃЃУУННААРРООДДННИИООТТ ССЕЕММИИННААРРЗЗАА ММААККЕЕДДООННССККИИ ЈЈААЗЗИИКК,,ЛЛИИТТЕЕРРААТТУУРРАА ИИ ККУУЛЛТТУУРРАА ННААУУННИИВВЕЕРРЗЗИИТТЕЕТТООТТ ,,,,ССВВ.. ККИИРРИИЛЛИИ ММЕЕТТООДДИИЈЈ““ ВВОО ССККООППЈЈЕЕ
Универзитетски весник бр. 1 32
универзитетски
весник
Главен и одговорен уредник
ППрроофф.. дд--рр ВВееллииммииррССттоојјккооввссккии
Заменик главен и одговорен уредник
ММ--рр ИИллиијјаа ППииппееррккооссккии
Постојани соработнициККооссттааддииннаа ММооккррооввааББииљљааннаа ФФооттииннооввссккааММ--рр ММаарриијјаа ЦЦееннееввссккааТТооммииссллаавв ББаашшееввссккии
ЛекторВВеессннаа ИИ.. ЦЦввееттааннооввссккаа
Техничко уредувањеГГоорраанн ММууррааттооввссккии
УУССППЕЕШШННОО ООДДРРЖЖААННИИ ТТРРААДДИИЦЦИИООННААЛЛННИИТТЕЕ ММААННИИФФЕЕССТТААЦЦИИИИ ННАА ММЕЕЃЃУУННААРРООДДННИИООТТ ССЕЕММИИННААРР ЗЗААММААККЕЕДДООННССККИИ ЈЈААЗЗИИКК,, ЛЛИИТТЕЕРРААТТУУРРАА ИИ ККУУЛЛТТУУРРАА ННАА УУННИИВВЕЕРРЗЗИИТТЕЕТТООТТ ,, ,, ССВВ .. ККИИРРИИЛЛ ИИ ММЕЕТТООДДИИЈЈ ”” ВВОО ССККООППЈЈ ЕЕ
ННаајјззннааччаајјннииттее ссооддрржжииннии ппррееккуу ккооии ддооааѓѓаа ддоо ииззрраазз ццееллооккууппннааттаа ммааккееддооннииссттииччккаа ооббррааззооввннаа,, ннааууччннаа ии ккууллттууррннаа ддеејјнноосстт ннааММееѓѓууннааррооддннииоотт ссееммииннаарр ззаа ммааккееддооннссккии јјааззиикк,, ллииттееррааттуурраа ииккууллттуурраа ппррии УУннииввееррззииттееттоотт ,, ,,ССвв.. ККиирриилл ии ММееттооддиијј”” ввоо ССккооппјјее ииоовваааа ггооддииннаа ггии ппррееттссттааввуувваааа XXLLVV ллееттннаа шшккооллаа,, XXXXXXIIXX ммееѓѓууннааррооддннаа ннааууччннаа ккооннффееррееннцциијјаа ,, ккааккоо ии ккооннттииннууииррааннааттаа ррааббооттаа ннааллееккттооррааттииттее ппоо ммааккееддооннссккии јјааззиикк ввоо ссттррааннссккииттее ссррееддииннии..ММааккееддооннссккииттее јјааззииччннии ии ккнниижжееввннии ввррссккии ссоо ссттррааннссккииттее ссррееддииннии оовваааа ггооддииннаа ббееаа ппррооддллааббооччееннии ппррееккуу ддввееттее ббииллааттееррааллннииннааууччннии ккооннффееррееннццииии –– ММааккееддооннссккооррууссккааттаа ннааууччннаа ккооннффееррееннцциијјаа ии ММааккееддооннссккооссееввееррннооааммееррииккааннссккааттаа ннааууччннаа ккооннффееррееннцциијјаа..ССииттее ннааууччннии ссооббииррии ЛЛееттннааттаа шшккооллаа,, ММееѓѓууннааррооддннааттаа ннааууччннааккооннффееррееннцциијјаа ии ддввееттее ббииллааттееррааллннии ннааууччннии ккооннффееррееннццииии ссееооддрржжаааа ввоо ттееккоотт ннаа јјууннии ии ппррввааттаа ппооллооввииннаа ннаа јјууллии 22001122 ггооддииннааввоо ппрриијјааттннииоотт ааммббииееннтт ннаа ККооннггрреессннииоотт ццееннттаарр ннаа УУннииввееррззииттееттоотт ввоо ООххрриидд..
Меѓународната научна конференција се одржа непосредно пред почетокот на Летнаташкола во деновите 20 и 21 јуни2012 година. Работата на оваа традиционална Меѓународна конференција се одвиваше во две секции лингвистичка и литературна.На Конференцијата учествуваа80 професори и научни истражувачи од земјава и од странство, меѓукои доминираа истакнати македонисти од повеќе странски земји(Австрија, Германија, Србија, Полска, Русија, Чешка, Словенија, Хрватска).Лингвистичката секција работеше на следниве теми:• Синтаксичката варијантност икарактеристиките на македонскиот јазик• Македонскиот јазик наспротидругите јазици (општа тема,која е застапена секоја година)
• Научната дискусија и Семинарот за македонски јазик, литература и култура.XXXIX научна конференција одлингвистичката секција бешемногу успешна, со богата програмараспределена во текот на дватадена. Се одржаа сите девет сесии.Рефератите од главната тема I(Синтаксичката варијантност икарактеристиките на македонскиот јазик) и од постојаната тема II(Македонскиот јазик наспротидругите јазици), кои се испреплетуваа со оние од главната тема, беараспределени во осум сесии. Спо
редната тема III (Научната дискусија и Семинарот за македонскијазик, литература и култура) имаше една сесија.Најмногу реферати беа од главната тема и од постојаната тема итоа од 39 прифатени реферати, 4 несе прочитаа. Едниот беше со најавено оправдано отсуство на проф.Соколовски од Полска, а другитетри од домашни лингвисти, Димитар Пандев (најавено), АлександраСаржоска (најавено) и Лидија Тантуровска (ненајавено). Од вкупно43 прифатени и планирани реферати, 39 се прочитаа, од кои 14 беаподготвени од странски лингвисти.
Странските лингвисти што учествуваа на оваа Научна конференција се: Влоѓимјеж Пјанка од Варшава (Полска), Марко Јесеншек одМарибор (Словенија), Максим Макарцев од Москва (Русија), ТадеушЛевашкјевич од Познањ (Полска),Наталија Прасолова од Санкт Петербург (Русија), Станислав Станковиќ од Белград (Србија), ИванКњижар од Нови Сад (Србија), Елена Иванова од Санкт Петербург(Русија), Вероника Кампф од Мајнц(Германија), Бранко Тошовиќ одГрац (Австрија), Маќеј Кафка одКраков (Полска), Кристина Чендоод Загреб (Хрватска), Елена Обу
XXXXXXII XX ММЕЕЃЃУУННААРРООДДННАА ННААУУЧЧННАА ККОО ННФФЕЕРР ЕЕННЦЦИИ ЈЈАА
3Универзитетски весник бр. 1 32
УУССППЕЕШШННОО ООДДРРЖЖААННИИ ТТРРААДДИИЦЦИИООННААЛЛННИИТТЕЕ ММААННИИФФЕЕССТТААЦЦИИИИ ННАА ММЕЕЃЃУУННААРРООДДННИИООТТ ССЕЕММИИННААРР ЗЗААММААККЕЕДДООННССККИИ ЈЈААЗЗИИКК,, ЛЛИИТТЕЕРРААТТУУРРАА ИИ ККУУЛЛТТУУРРАА ННАА УУННИИВВЕЕРРЗЗИИТТЕЕТТООТТ ,, ,, ССВВ .. ККИИРРИИЛЛ ИИ ММЕЕТТООДДИИЈЈ ”” ВВОО ССККООППЈЈ ЕЕ
хова од Воронеж (Русија), а и одмакедонски лингвисти што работатна странски универзитети: ИлијаЧашуле од Сиднеј (Австралија) иЃоко Николовски од Марибор (Словенија).Домашните лингвисти штоучествуваа беа од повеќе високообразовни институции од Македонија: најмногу од матичните институции за македонистички лингвистички истражувања, пред сѐ одКатедрата за македонски јазик приФилолошкиот факултет „Блаже Конески“, како и од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“,МАНУ, потоа од катедрите застрански јазици при Филолошкиотфакултет итн. Посебно треба да сенагласи дека учествуваа и петминапостдипломци од Катедрата за македонски јазик при Филолошкиотфакултет „Блаже Конески“ со реферати поврзани со придонесот настранските лингвисти за проучувањето на македонскиот јазик.Главна карактеристика на овааКонференција беше плодната дискусија по секој реферат. Затоа имаше два дена исполнети со рефератии дискусии. На затворањето наКонференцијата имаше околу 40присутни и се коментираше успешноста на Конференцијата, интересноста на рефератите, бројните дискусии во рамките на планиранотовреме по секој реферат и се дадоапредлози за следната конференција. Бидејќи следната конференцијае јубилејна, доминираше предлоготза една поопшта тема поврзана соМакедонскиот јазик во балканскии во словенски контекст, која ќеможе да привлече многу странскилингвисти слависти и балканисти,што е и главна цел на Научнатаконференција.Координатор на лингвистичкатасекција беше проф. др Елена Петроска.Литературната секција работеше на две теми:• Творештвото на Гане Тодоровски (поезија, критика, есеистика, литературна историја,препеви на Тодоровски, препеви на неговата поезија, културологија)
• Македонската литература идругите литератури.За првата тема беа пријавени 31реферат, а 32 излагачи. За вторататема беа пријавени 10 реферати. Запрвата тема присуствуваа 19 излагачи, а за втората 7.На 20 јуни 2012, за темата „Творештвото на Гане Тодоровски“, сосвои реферати, како пленарен дел,имаа излагање: Блаже Ристовски,Скопје, Гане Тодоровски и Форумот за Македонија 2001, и ЛуанСтарова, Скопје, Времето со Гане.Во секцијата со поттемата Поезијата на Гане Тодоровски, настапија: АлаШешкен, Москва, Дали иколку бил «спокоен» чекор на творечката еволуциjа на Гане Тодоровски (во контекстот на македонската лирика), Катица Ќулафкова, Скопје, Поетиката на ГанеТодоровски, Стефан Влахов Мицов, Софија, Македонскиот идентитет во поезијата на Гане Тодоровски, Кристина Николовска,Скопје, Ганевина, Јордан Плевнеш, Скопје, Гане Тодоровски восветската книжевна република,Наташа Аврамовска, Скопје, Лириката на Гане Тодоровски, ВиолетаДимова, Скопје, Трепетликата наГане Тодоровски, и Христо Петре
ски, Скопје, Искачување кон поетската планина – Или за најновитепесни на Гане Тодоровски.Во секцијата со поттемите:• Гане Тодоровски критика,есеистика и литературнаисторија• Гане Тодоровски како културна историја• Македонствување,настапија: Вера Стојчевска Антиќ,Скопје, Гане Тодоровски пат безбели што нема завршница, ВеснаМојсова Чепишевска, Скопје, Биографија за Гане Тодоровски прекунеговата „Автобиографија“.На 21 јуни, во секцијата со поттемите:• Гане Тодоровски – јазикотворец. Препеви.• Паралели.,настапија: Олга Панкина, Москва,Преправки и преиначувања на песниурнеци од светската поетскаризница, Славица Велева, Скопје,Ганевиот поетски збор избор,изгор, Соња Должан, Љубљана,Поезијата на Гане Тодоровски вопреводи на словенечки јазик со посебен осврт на превод на песнатаЉубовна и дополнителни можности како да се преведе истата,Чедо Цветановски, Скопје, Прило
4 Универзитетски весник бр. 1 32
гот на Гане Тодоровски во македонските потраги на новиот хуманизам.Во секцијата со поттемата ГанеТодоровски – пораки, настапија:Ранко Младеновски и Толе Белчев, Епитафните модалитети востиховите на Гане Тодоровски.За темата Македонската литература и другите литератури, настапија: Јоланта Сујецка, Варшава,Функцијата на контекст во анализа на литературен текст. Врзпоезијата на Богомил Ѓузел и проза на Данило Киш, Томас Дерлатка, Лајпциг, За проблемите околумикророманот во македонскаталужичката и кашупската литература, Нина АнастасоваШкрињариќ, Скопје, Кога сонцето бешебог: соларниот мит во календарските празници (јужнословенскифолклорни паралели), Илија Велев, Скопје, Византискомакедонските книжевни релации во XI век,Иван Џепароски, Скопје, Естетика на прозниот екфрасис: Достоевски и Смилевски, Ѓоко Здравески, Скопје, Фикција и факција
(споредбена анализа на поетиките на Живко Чинго и Данило Киш),Иван Глигоровски, Скопје, Придонесот на Македонската радиотелевизија во следењето и информирањето на Семинарот за македонски јазик, литература и култура.На крајот се одржа обемна дискусија за двете теми, и се предлагаатеми за следната Научна конференција. Во дискусијата беше заклучено дека темата „Творештвотона Гане Тодоровски“ е непресушнаинспирација за науката и дека евистинско време да се посветимекако литературна наука на неговиот епохален опус и влог во нашаталитература, јазик, култура и наука.Втората тема предизвика квалитетен одѕив кај излагачите, кои во неанаоѓаат непресушен извор за славистиката, македонистиката ивоопшто, литературната наука.Координатор на литературнатасекција беше проф. др КристинаНиколовска.
Во рамките на Меѓународната научна конференција, проф. д-рАнета Дуческа ја промовира книгата на проф. д-р Олга Мишевска-Томиќ, A Grammar of Macedonian, издадена во 2012 година од
Slavica Publishers, Indiana University, Bloomington IN, USA.
J убилејната Летна шко-ла се одржа од 22 јуни до5 јули 2012 година. На
отворањето на Летната школа,учесниците и гостите беа по-здравени и на нив им се обратијапретседателот на РепубликаМакедонија, проф. д-р Ѓорге Ива-нов, и проректорот за меѓуна-родна соработка на Универзите-тот, проф. д-р Моме Спасовски.
Oбраќање на претседателот на РепубликаМакедонија,др Ѓорге ИвановООББВВРРССККАА ИИ ДДООЛЛГГ ККООНН ККУУЛЛТТУУРРННООТТОО
ННААССЛЛЕЕДДССТТВВОО
Почитувани учесници,почитувани гости,Ми претставува особеначест и големо задоволствошто имам можност да присуствувам на отворањето на
ЗЗББООГГААТТЕЕННАА ИИ ППЛЛООДДННАА ММААККЕЕДДООННИИССТТИИЧЧККАА ДДЕЕЈЈННООССТТ ННААXXLLVV ЈЈУУББИИЛЛЕЕЈЈННАА ЛЛЕЕТТННАА ШШККООЛЛАА
5Универзитетски весник бр. 1 32
Oбраќање на претседателот на РепубликаМакедонија,др Ѓорге ИвановООББВВРРССККАА ИИ ДДООЛЛГГ ККООНН ККУУЛЛТТУУРРННООТТОО
ННААССЛЛЕЕДДССТТВВОО
45. Летна школа на Меѓународниот семинарза македонски јазик, литература и културакој го организира Универзитетот „Св. Кирили Методиј“ во Скопје. Благодарение на овојнастан, повеќе од четири децении македонскиот јазик, литература и култура доживуваат своја афирмација и популаризација меѓу бројните учесници кои ни доаѓаат од различни страни на светот. Преку оваа манифестација секоја година имаме десетици и десетици нови почитувачи и вљубеници воРепублика Македонија и нејзината култура,литература и јазик. Практично, со секојучесник, Република Македонија добива нов
пријател и поддржувач кој ќе ги промовирамакедонскиот јазик, литература и култура.Почитувани,
Не треба многу да се зборува што за еднадржава, за една нација, значи афирмацијатана јазикот и културата. Тие се столбовите на
идентитетот на еден народ, на едно општество. Тие се средството со кое луѓето се самоидентификуваат, со кое комуницираат со сите други, со кое се потврдува нивното постоење и опстојување. Ирационални се обидитево 21 век да се негира, оспорува и напаѓаидентитетот, јазикот, културата. За жал,токму ние, македонскиот јазик, идентитет икултура, сме исправени пред такви предизвици и такви обиди. Но, тоа се апсолутнонеодржливи и апсурдни обиди. За сопствениот јазик, за сопствениот идентитет, денесникој на овој свет ниту разговара со кој било,ниту бара или очекува потврда и признава
ње. Му се допаѓало тоа некому или не, тие сереалност, постојат, се негуваат, се афирмираат. Тие можат само да се констатираат и дасе почитуваат. Каков било обид за негација,оспорување, не може да ја промени реалноста.Kрај прекрасното Охридско Езеро, на местото што претставува македонско и европско светилиште, осумдесетина учесници од20 земји и годинава ќе беседат на македонски.Често, кога сум крај Охридското Езеро, неможам, а да не истакнам дека мислата којасе раѓа на овие простори е мисла ослободенаод стеги и граници. Мисла необременета соматеријализам и егоизам, туку мисла исполнета со духовност и хуманизам. Таа мисла,таа енергија е вткаена и во нашиот јазик. Јазик на кој зборуваат милиони Македонци воМакедонија и надвор од Македонија. Јазикна кој зборуваат и гласно размислуваат илјадници наши пријатели низ светот. БлажеКонески велеше дека јазикот е наша духовнататковина. Татковина отворена за секој добронамерник, за секој гостин, за другиот.Обврската да го зачуваме и негуваме нашиотјазик не е само долг кон нашите предци инашите потомци, не е обврска само кон ситесегашни Македонци. Тоа е обврска и долгкон сите учесници на оваа Летна школа икон сите оние што го љубат, почитуваат инегуваат македонскиот јазик. Впрочем, тоа еобврска и долг кон културното наследство начовековата цивилизација, кон суштината начовековото суштествување.Токму вие, со вашиот интерес за изучување на македонскиот јазик, со вашата мотивација и желба за негово изучување стеискрени амбасадори на Република Македонија низ светот. Најискрено ви благодарамза сиот ваш труд и за посветеноста. Дозволете, на крајот, да ви посакам успешна работаво Летната школа и, секако, пријатен престојво Република Македонија.
ЗЗББООГГААТТЕЕННАА ИИ ППЛЛООДДННАА ММААККЕЕДДООННИИССТТИИЧЧККАА ДДЕЕЈЈННООССТТ ННААXXLLVV ЈЈУУББИИЛЛЕЕЈЈННАА ЛЛЕЕТТННАА ШШККООЛЛАА
6 Универзитетски весник бр. 1 32
Ова попладне е од особено значење замене, како проректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, зашто ми припадна таачест од името на Универзитетот, како и одимето на ректорот на Универзитетот, проф.др Велимир Стојковски, но и од свое личноиме да ве поздравам и да ви посакам топлодобредојде!Од денес, заради Меѓународниот семинарза македонски јазик, литература и култура,Охрид повторно станува центар на македонската и славистичката научна мисла. Некогашната култна Охридска книжевна школана св. Климент од далечната 886 година соповеќе од 3.500 ученици, првиот Универзитет на Балканот и Европа, секоја годинаоживува во текот на деновите на траењето наСеминарот. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, организаторот на оваа манифестација, е достоен наследник на големото делона светите браќа Кирил и Методиј и на делото на св. Климент Охридски.Во ова кратко обраќање, само да се потсетиме на некои моменти со кои Македонија имакедонската историја и култура се вградијаво светската историја и култура. Ова тло муго даде на светот Александар Македонски.Ова тло стана вистинска почва за ширење нахристијанството во Европа. А светите сесловенски и македонски браќа Кирил и Методијго создадоа писмото на кое денес пишуваатмногу народи.Почитувани учесници на Семинарот, драги македонисти, драги пријатели на Маке
донија и на убавиот македонски збор, ме радува што токму македонскиот јазик сте гоодбрале како предмет на вашата професионална и научна ориентација и што во самотоизучување на македонскиот јазик, литература и култура сте нашле сериозен предизвик. Ме радува и тоа што оваа година, овојСеминар ги собира своите македонисти појубилејен 45. пат.Оваа година на Семинарот ќе учествуваатпознати и помалку познати, стари и новистотина македонисти и слависти од 20 земји,од Австрија, Албанија, Бугарија, Германија,Полска, Романија, Русија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Украина, Унгарија,Франција, Хрватска, Чешка, но и од далечните НР Кина, Ј. Кореја, САД. Фактот дека воработата на Семинарот секоја година учествуваат истакнати македонисти, професорипо македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, преведувачи,научни и културни работници, студенти коиго изучуваат македонскиот јазик во нашителекторати низ светот, е уште една потврда зауспешноста на Семинарот.Почитувани учесници на 45. Меѓународенсеминар за македонски јазик, литература икултура, најискрено се надевам дека покрајсите оние секојдневни работни обврски вонаредните 15 дена, ќе најдете време и за дружење и за шетање и за подобро запознавањена богатите ризници на Македонија и деказа момент навистина ќе го почувствуватедухот на нашата богата историја.
Oбраќање на проректорот на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ во Скопје, проф.дрМоме Спасовски
УУККИИММ -- ДДООССТТООЕЕНН ННААССЛЛЕЕДДННИИККННАА ДДЕЕЛЛООТТООННАА ССВВЕЕТТИИТТЕЕ ББРРААЌЌАА ККИИРРИИЛЛ ИИ ММЕЕТТООДДИИЈЈ
7Универзитетски весник бр. 1 32
Активности на XLV летна школаНа годинашнава Летна школа учествуваа 103 слушатели од 20 земји (Австрија, Албанија, Бугарија,Германија, Канада, НР Кина, Ј. Кореја, Полска, Романија, Русија, Словачка, Словенија, САД, Србија, Турција, Украина, Унгарија, Франција, Хрватска, и Чешка).Потврда за големиот интерес за изучување на јазикоте тоа што осумина учесници го кофинансираа својотпрестој во Охрид.
Меѓу учесниците имаше странски слависти, македонисти, балканисти, историчари, етнолози, универзитетски професори, научни истражувачи, преведувачи и студенти по македонистика, славистика и балканистика. Учесници на Летната школа и годинава беаистакнатите македонисти: академиците ВлоѓимјежПјанка од Полска, Ала Шешкен од Русија и ИванДоровски од Чешка, професорите Маќеј Кавка, ИренаСтавовиКавка и Јан Соколовски од Полска, БранкоТошовиќ од Австрија, Алексеј Пентковски од Русија идр.Програмата на Летната школа содржеше повеќеактивности: предавања и циклус на предавања, лекторски вежби, курсеви по избор и културна програма,кои во целост се реализираа.Предавањата се одржаа на повеќе теми од различни области, традиционално застапени во програмата.Прегледот на одржаните предавања е наведен споредобластите.
Од областа на лингвистиката: Трајко Стаматоски: Реликтната лексика воМалешевијата Димитар Пандев: 60 години од првиот дел одГраматиката на македонскиот литературен јазикна Блаже Конески Алексеј Пентковски: Охридската книжевнашкола
Од областа на литературата: Милан Ѓурчинов: Можности и перспективи навредносната критика Маја ЈакимовскаТошиќ: Традиција идемократизација на жанровите во македонскатасредновековна литература Науме Радически: Пред крстот на Миладиновциили на македонската Голгота Вера СтојчевскаАнтиќ: Владимир Мошин вомакедонистиката Весна МојсоваЧепишевска: Како се пее/љубина македонски
Од областа на историјата и културата: Лилјана Гушевска: Димитар Миладинов каконароден мобилизатор Ермис Лафазановски: Традиционалните уснинарации и современата литературна проза Ацо Гиревски: Македонска православна црква Охридска архиепископија (По повод 45годишниот јубилеј од обновата на автокефалноста) Бобан Петровски: Хералдиката ихералдизацијата
8 Универзитетски весник бр. 1 32
Лекторски вежбиГлавниот дел од наставата се одвиваше преку лекторските вежби. Семинаристите беа поделени во лекторски групи според три степени на познавање на јазикот. Лекторските групи ги водеа лекторите: Роза Тасевска, др Лидија Тантуровска и Андријана Павлова –почетен курс (4 часа дневно); мр Марија Паунова имр Гордана Алексова – среден курс (3 часа дневно);др Симон Саздов – напреден курс за јазик и др ВеснаМојсоваЧепишевска – напреден курс за литература (3часа дневно).
Курсеви по изборНа Летната школа беа понудeни повеќе курсеви ипо добиените податоци за извршениот избор од странана учесниците, се реализираа следниве курсеви:
Етнологија на македонскиот народ – ЉупчоРистовски Историја на македонскиот јазик – ДимитарПандев Историја на македонската култура – НикосЧаусидис Македонски народни ора – Благоја Јовановски
Македонски народни песни – Илче Ѓорески Македонска национална кујна – Васо Цуцулески
Циклус предавањаГолем интерес кај учесниците побудија циклуситепредавања, за што доказ беа нивните многубројнипрашања, на кои предавачите со задоволство одговараа низ пријатен и потикнувачки дијалог.
Илија Велев: Византиска култура Славица Велева: Зборообразувањето намакедонскиот јазик Марко Китевски: Народна култура Благоја Марковски: Македонска географија Снежана Велковска: Македонска фразеологија Лорета ГеоргиевскаЈаковлева: Македонскиотфилм (предавањата ги реализирашеМишелПавловски) Димитар Пандев: Охридската книжевна школа(текстови и коментари) Викторија Коларовска: Јазикот и музиката
Преведувачка работилницаСоставен дел на секоја Летна школа се преведувачките работилници, кои имаат особено значење за усовршување на македонскиот јазик. Годинава беа активни три работилници, кои придонесоа за пренесувањезначајни творби и дела на македонските автори од дома кон странство. Преведувачката работилница од македонски наруски и обратноЛекторка: Роза Тасевска Преведувачката работилница од македонски наполски и обратноЛекторка: мр Лидија Танушевска Преведувачката работилница од македонски наанглиски и обратноЛекторка: Андријана ПавловаВо работата на овие креативни работилници учествуваа над 40 семинаристи од повеќе земји.
9Универзитетски весник бр. 1 32
Издавачка дејност на СеминаротНа Летната школа беа претставени повеќе изданијаод сопствената издавачка дејност на Меѓународниотсеминар:
Редовните изданија: зборници од минатогодишните Летна школа и Меѓународнанаучна конференција: Предавања на XLIV летна школаПромотор: др Веселинка Лаброска Зборниците од XXXVII меѓународна научнаконференција: лингвистичка секција илитературна секција Блаже Конески, преводи на 8 јазици – приреденоод Максим Каранфиловски, Роза Тасевска иБлагица ВелјановскаПромотор: др Маќеј Кавка Семинаристи – македонисти промотори иафирматори на Македонија и на македонскиотјазик, литература и култура од МаксимКаранфиловски и Благица ВелјановскаПромотори: акад. Иван Доровски иакад. АлаШешкен Македонски песни – приредени од МаксимКаранфиловски и Благица ВелјановскаОд искажувањата на промоторите на книгата Семинаристи – македонисти промотори и афирматорина Македонија и на македонскиот јазик, литератураи култура:
Акад. Иван Доровски: „...книгава е ценет историски документ за работата на Меѓународниотсеминар за македонски јазик, литература и култура во еден подолг временски период, таа е сведоштво за едно време, за една искрена љубов конМакедонија на луѓе од разни земји“.
Акад. Ала Шешкен: „...Изданието претставуваисториjа на Семинарот проследена од самиот почеток во 1967 и сè до 2011 година. Богата со фотографии, документи и впечатоци од семинаристите, книгата е многу информативна и корисна однеколку гледни точки. Таа дава можност да сепроследи историjата на Семинарот со скроменброj на учесници во самиот почеток и со солиднаброjка од над стотина семинаристи секоја годинаво последните дваесет години. Составот на учесниците на Семинарот сведочи за зголемениотинтерес за македонскиот jазик во светот, бидеjќиако се тргне од географиjата на земjите, т.е. одфактот од каде доаѓале и доаѓаат тие, се забележува како тој интерес интензивно се ширел и продолжува да се шири. Книгата е пишана со огромнаљубов од самите учесници на Семинарот, но и одљубов кон сите нас“.Летната школа претставуваше добра можност,своите најнови научни изданија да ги промовираатнационалните научни институти од составот на Универзитетот: Институтот за македонски јазик „КрстеМисирков“, Институтот за макдонска литература, Институтот за национална историја и Интитутот за фолклор „Марко Цепенков” во Скопје. На учесниците имбеа отстапени примероци од промовираните изданија.
Богата културна програмаВо рамките на културната програма на Летнаташкола се претставија истакнати дејци од најразлични
10 Универзитетски весник бр. 1 32
сфери на културното живеење вонашата земја, главно преку промоција на најновите остварувања.Така, учесниците и гостите наЛетната школа имаа извонредна иединствена можност да присуствуваат на неколку промоции накниги: Од сегашен агол од акад.Милан Ѓурчинов, Чешкомакедонски книжевнитеми од акад.Иван Доровски, и Ветрот носиубаво време (Антонологија нанајмладата македонската поезијаи проза), приредиле: Весна МојсоваЧепишевска и Иван Антоновски.На семинаристите, како големипријатели и љубители на книгата,им се овозможија средби со добитниците на книжевни награди:Снежана МладеновскаАнгелков,авторка на романот Единаесетжени, добитничка на наградата„Роман на годината“ на „Утрински весник“ и Александар Прокопиев, автор на романот Човечулец, добитник на меѓународната книжевна награда „Балканика“.За љубителите на поезијата се одржа поетска вечерпосветена на македонскиот поет Тодор Чаловски, пришто учесниците читаа преводи од неговото творештво.И оваа година се организираа разгледувања на најголем дел од убавините на Охрид, со посета на најзначaјните културноисториски споменици: црквата „Св.Софија“, Куќата на Робевци, Античкиот театар, Галеријата на икони, црквата „Св. Богородица Перивлепта“, Плаошник и Самоиловата тврдина, како и предавање и разгледување на манастирскиот комплекс „Св.Наум“. За време на посетата на „Св. Наум“, за учесниците беше организиран заеднички ручек на изворитена Црн Дрим со фолклорен концерт на ансамбл одВелгошти.За учесниците на Летната школа се организирашепосета на изворите во Вевчани, Пештерската црква воКалишта и Домот на Миладиновци во Струга.Работата на Летната школа и на Меѓународната научна конференција медиумски беше покриена од Ма
кедонската телевизија и Македонското радио, Телма,Канал 5 и др., како и од радиостаниците во Охрид иСкопје. За семинаристите беа обезбедени бесплатно подесетина примероци од „Утрински весник”.За организацијата и реализацијата на Летнаташкола и Меѓународната научна конференција се грижеа Управата на Меѓународниот семинар (директоротпроф. др Максим Каранфиловски и секретарот Благица Велјановска), Советот на Семинарот и лекторите.За одбележување е обезбедувањето значителна финансиска поддршка од страна на ректорот проф. дрВелимир Стојковски и Ректорската управа на УКИМ.Ректоратот на Универзитетот ја обезбеди потребнатакомпјутерска и аудиовизуелна опрема и со просторотшто го нуди универзитетскиот Конгресен центар,условите за организирање на Летната школа беа нависоко ниво.Во однос на финансирањето, Семинарот повторносе соочува со проблеми. Министерството за културадодели финансиски средства, но тие се недоволни запокривање на сите активности. За истакнување е тоашто ова Министерство, во рамките на овогодинешнатапрограма за остварување на националниот интерес во културата, гоподдржа изданието Семинаристи –македонисти промотори и афирматори на Македонија и на македонскиот јазик, литература и култура,приредено од Максим Каранфиловски и Благица Велјановска, и на тојначин овозможи да се објави грижливо собраниот документарен материјал за опстојувањето на 44 воконтинуитет одржани универзитетски летни школи.Но, и понатаму останува обврската на државата, надлежните министерства, Универзитетот и надлежните факултети и институти вонеговиот состав да придонесуваатза одржувањето и развојот на овааманифестација, исклучително важна за афирмацијата на Македонијаниз целиот свет.
Од промоцијата на книгата Од сегашен аголод акад. Милан Ѓурчинов
Од промоцијата на книгата Чешко-македонскикнижвни теми од акад. Иван Доровски
11Универзитетски весник бр. 1 32
ДДВВЕЕ ЗЗННААЧЧААЈЈННИИ ББИИЛЛААТТЕЕРРААЛЛННИИННААУУЧЧННИИ ККООННФФЕЕРРЕЕННЦЦИИИИ
V МАКЕДОНСКОРУСКА НАУЧНАКОНФЕРЕНЦИЈА
V македонско – руска научна конференцијасе одржа на 17 и 18 јуни 2012 година во Ох-рид. На отворањето на Конференцијата
поздравни обраќања имаа ректорот на Универзите-тот ,,Св. Кирил и Методиј”, проф. д-р Велимир Стој-ковски и Н.Е. амбасадорот на Руската Федерација воРепублика Македонија, Олег Шчербак.
VV ММААККЕЕДДООННССККОО –– РРУУССККАА ННААУУЧЧННАА ККООННФФЕЕРРЕЕННЦЦИИЈЈАА
Недела, 17.6.2012 г.
ОТВОРАЊЕИПОЗДРАВНИ ГОВОРИ
Проф. др Велимир Стојковски, ректор наУниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“ воСкопје
Н.Е. Олег НиколаевичШчербак, амбасадорна Руската Федерација во Р. Македонија
Проф. др Максим Каранфиловски, декан наФилолошкиот факултет „Блаже Конески“ воСкопје
ПЛЕНАРНА СЕСИЈА
Ала ГенадевнаШешкен: Рускомакедонските литературни врски и нивната еволуција во19452000 г.
Милан Ѓурчинов: Руската литература вомојот етички и естетски кодекс (М. Горки, Ф.М. Достоевски, А. П. Чехов, Б. Л. Пастернак)
Блаже Ристовски: Рускиот славист С. Б.Бернштејн и македонскиот литературен јазик(по повод 100годишнината од неговoтораѓање)
Понеделник, 18.6.2012 г.
ЛИНГВИСТИКА
Наталија Владимировна Бороникова, ЕленаВладимировна Верижникова: Видови начестички во македонскиот јазик
Елена Јурјевна Иванова: Синтакса начестичката ли во рускиот и во македонскиотјазик
Самедова Незрин Гусејн гизи: Видска иневидска започнатост за што сведочатподатоците од рускиот јазик?
Милица Миркуловска: Конструкции штоизразуваат валентен (актантен) таксис вомакедонскиот јазик и нивните рускиеквиваленти
Елена Викторовна Овчиникова: Влијаниетона англискиот јазик врз усвојувањето начленскиот систем во услови на рускомакедонски билингвизам
Јулија Александровна Мареева: Рускитеприлози како категорија зборови воогледалото на македонскиот јазик
Красимира Илиевска: Живот живее
12 Универзитетски весник бр. 1 32
Лилјана Макаријоска, Еленка СтоевскаДенчова: Кон лексиката поврзана сообредната структура раѓање
Елена ЈовановаГрујовска: За деминутивитеи хипокористиците во расказите наА.П.Чехов
Роза Тасевска: Антонимите во краткитефолклорни жанрови
Екатерина Терзијоска, Марија АнатолевнаСмирнова: Нијанси на белото
Биљана МирчевскаБошева, ЈасминкаДеловаСилјанова: Семантиката на крвта воемотивната фразеологија (врз примери одмакедонскиот, од рускиот и од чешкиотјазик)
Тамара Ивановна Ерофеева: Културноговорната ситуација на градот: аспекти наистражувањето
Елена Валентиновна Ерофеева:Претставување на базата на податоци„Рускиот устен спонтан говор на Пермскиоткрај“
Соња Новотни: За промените воконсонантскиот систем и во консонантскитегрупи во Слоештичкиот патерик, во споредбасо консонантскиот систем во ракописите соруска редакција
Михајло Марковиќ: Редукцијата (губењето)на еровите во Слепченскиот патерик,наспрема развојот на еровите во ракописитесо руска редакција
Александра Гецовска: Етимолошкиот развојна зборообразувачката деривацијагоспод(ин) на македонскоруски план
ЛИТЕРАТУРА, ПРЕВОД, КУЛТУРА, ИСТОРИЈА
Вера Антиќ: Кон средновековните рускомакедонски врски
Димитрија Ристески: Рускомакедонскитекнижевни врски во почетокот на 21 век
Димитар Пандев: Јазичната слика на светотво драмскиот текст „Буре барут“(македонскоруски паралели)
Науме Радически: Пресоздавањето наминатото и создавањето визии за иднинатаво поезијата на А. Поповски и А. Вознесенски
Кристина Николовска: Поетскиот „вулкан“на Андреј Вознесенски
Нина Анастасова – Шкрињариќ:Матријархалниот код на митските амазонски(реликти од амазонството во јужнословенската традиција)
Кирил Трајковски: Действительноепричастие в македонских переводах
Здравко Божиновски: Најновите дострели вомакедонскиот уметнички препев на рускатакласична поезија
Лидија Танушевска: Лук или кромид? Целтана преводот
Емил Ниами: Преводот за деца: „38папагали‘‘ во ќорсокак
Елена Сергеевна Обухова: Особенностиперевода личных имен сказок А.С. Пушкинана македонский язык
Софија Андреевна Заболотнаја: Спецификата на преводот на антропонимите вороманот на М.А.Булгаков «Мајсторот иМаргарита» на македонски јазик
Викторија КоларовскаГмирја: „Рускататема“ во творештвото на Гоце Коларовски
Соња ЗдравковаЏепароска: Улогата наруската кореографија во конституирањето иразвојот на македонскиот балет
Оливер Цацков, Кирил Цацков: СергејМихајлов – музички педагог, творец иреализатор на првата опера во Македонија„Паљачи“ од Леон Кавалов.
Наталија Владимировна Прасолова:Научните врски на Р. Македонија соБиблиотеката на Руската академија нанауките
Евгениј Андреевич Колосков: РРускомакедонските односи (19912001 г)
Стефанија Кузмановска: Народнитеверувања и суеверија како дел одсекојдневието на македонскиот и на рускиотнарод
СО ПОДГОТВЕНИ РЕФЕРАТИ КОИ ЌЕ СЕ ОБЈАВАТ ВО ЗБОРНИКОТУЧЕСТВУВААТ УШТЕ 30 УЧЕСНИЦИ
13Универзитетски весник бр. 1 32
VIII МАКЕДОНСКОСЕВЕРНОАМЕРИКАНСКА КОНФЕРЕНЦИЈА
V III македонско-северноамериканска кон-ференција се одржа на 7 и 8 јули 2012 годинаво Охрид.
Учесниците на Конференцијата беа поздравени одпретседателот на Република Македонија, д-р ЃоргеИванов и ректорот на Универзитетот ,,Св. Кирил иМетодиј” во Скопје, проф. д-р Велимир Стојковски,истакнувајќи дека ваквите настани даваат исклучи-телно вреден придонес кон зацврстувањето, негување-то и афирмацијата на македонскиот јазик, литера-тура и култура.
На учесниците им се обрати акад. Виктор Фрид-ман, еден од основачите на оваа значајна славистичкаконференција и тој го промовираше зборникот од
претходната VII македонско-северноамериканскаконференција.
На Конференцијата беа поднесени следниве реферати:
Вера СтојчевскаАнтиќКон иницијативите за македонскоамериканските славистички врски
Виктор ФридманИмперативот на раскажување вомакедонскиот и во другите балкански исловенски јазици
Grace FielderThe Care and Maintenance of a StandardLanguage: Macedonian in the 21st Century
Марјан МарковиќЗа постпозитивните партикули возаменскиот и прилошкиот систем намакедонскиот јазик
Joseph SchallertMixing of e and iverb present tense endings inthe Konikovo Gospel
Олга МишевскаТомиќОтстапувања од основниот ред на зборовитево македонската проста реченица
Eлени Бужаровскa / Лилјана МитковскаТипови модалност во менливите инеменливите има даконструкции
Елена Петроска / СтаниславаСташа ТофоскаЗа некои функционални зборови штоизразуваат евиденцијалност во македонскиотјазик од аспект на семантичката синтаксаEVIDENTIAL FUNCTIONAL WORDS ANDTHE SEMANTIC STRUCTURE OF THESENTENCE IN MACEDONIAN
Марија КусевскаУлогата на дискурсните маркери приобликување на говорните чинови вомакедонскиот јазик
14 Универзитетски весник бр. 1 32
Александра ЃурковаКон текст стилистиката на македонскиотјазик
Даринка МароловаСинтаксичка повеќезначност вомакедонскиот јазик
Емил НиамиПополнување на табуизираната лексика вомакедонскиот јазик соанглизми/американизми
I секција
Carolyn SnivelyKratovo: Archaeology in R. Macedonia in the21st Century
Marija Emilija KukubajskaЕducational/professional settings in diffusingethics in culture and literature – throughecology of the soul concept
Eben FriedmanMacedonian Policy towards Roms from 1948 to2012
David WilsonРазбирајќи го „етното” во „етнобендови”:народна музика и музичко значење
Јоана ХаџиЛега ХристоскaМажот во македонскиот провербијален свет
Vasiliki NeofotistosBecoming Boško Mekelebovski
Весна МојсоваЧепишевскаЗа македонскосеверноамериканскитекнижевни врски преку магистерските идокторските тези одбранети на Филолошкиотфакултет „Блаже Конески“
George MitrevskiCultural Attitudes Toward Biblical Prototexts inMacedonian Folktales
Славица СрбиновскаВлијанијата на американскатакултуролошка критика врзкомпаратистичките истражувања вомакедонската култура
II секција
Кристина НиколовскаПоетско „ехо“ на иднината (поезијата наВилијам С. Мервин)
Ранко МладеноскиЛиковидублети во романот „Тунел“ од ПетреМ. Андреевски
Луси Караниколова„Приказната за Силјан штркот имакедонската стварност“ (или: зошто Силјанод мало коњари дојде во Скопје и што имкажа на министрите и амбасадорите)
Наталија Поп Зариева / Крсте ИлиевРоманот во Македонија и во Америка во 20век преку романите „Белата долина“ наСимон Дракул и „Бисерот“ на Џон Стеинбак
Кристина КрамерThe Frinta Lectures
Anastasia KarakasidouHealthy modern bodies and the ethnicdimensions of the cancer experience in Greeceand Macedonia
Лилјана Макаријоска / Бисера ПавлескаТрадицијата и подновувањата вомакедонската кулинарска терминологија
Снежана ВеновскаАнтевска, БилјанаМаленкоАсоцијативните врски кај лексиката соемотивна оцена во македонскиот јазик
Биљана МирчевскаБошеваЉубовта и фразеологијата (на материјал одмакедонскиот, англискиот и рускиот јазик)
Емилија Бојковска / Димитар ПопоскиМожностите и перспективите намакедонскојазичниот корпус „Гралисмак“
Максим КаранфиловскиЗа некои значења на негираниот императивво македонскиот јазик и во другитесловенски јазици
Изготвиле:проф.дрМаксим Каранфиловски иБлагица Велјановска
15Универзитетски весник бр. 1 32
На 24.7.2012 година, во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство беше потпишан Договор за соработка иразмена на студенти со Универзитетот во Бостон, САД.Со Договорот се предвидува можност за 5 студенти одФИНКИ, дел од студиите да ги изведуваат на престижниот Оддел за компјутерски науки при Метрополитенколеџот на Универзитетот во Бостон. Согласно со одлуката на Владата на РМ, трошоците за студиите наовие студенти ќе бидат покриени од Министерствотоза образование и наука.Договорот беше потпишан од проф. Љубомир Читкушев, декан на Факултетот за компјутерски наукипри Универзитетот во Бостон и проф. Велимир Стојковски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На свеченото потпишување присуствуваа и министерот за образование и наука во Владата наРМ, мр Панче Кралев, министерот без ресор во Владата на РМ задолжен за странски инвестиции, г. БилПавлески, амбасадорот на РМ во САД, г. Ѓорѓи Јолески, деканот на ФИНКИ, проф. Димитар Трајанов,како и бројни претставници од медиумите.Министерот Кралев истакна дека посебно значаенфакт е тоа што студиските програми на ФИНКИ поминале процес на верификација на Универзитетот воБостон, што значи студентите ќе можат да учат нанекој вид компатибилни програми кои ќе бидат меѓусебно признаени од аспект на кредитите што ги носат.„Тоа е важно како почеток на долгогодишна соработка меѓу двата универзитета која ќе се развие воповеќе области, но посебно е значајно тоа што во иднина ќе се стремиме да дојде до заеднички програми“ потенцираше министерот Кралев.Министерот Павлески додаде дека станува збор задоста значаен договор во однос на привлекувањето странски инвестиции во информатичкиот сектор.Ваквиот договор, според него, ќе помогне странскитекомпании да видат дека Македонија е дестинација којае способна да квалификува соодветни образовни структури.Деканот на ФИНКИ, др Димитар Трајанов, изразизадоволство од воспоставувањето на соработката, која,како што рече, значи дека студиите на ФИНКИ се прифатени како партнерски за Универзитетот во Бостон.Професорот од Универзитетот во Бостон, ДимитарЧиткушев, нагласи дека иницијативата е почната во
2008 година со Владата на Република Македонија иоти оптимистички гледа на соработката како континуитет кој ќе овозможи студентите да продолжат редовно да доаѓаат во Бостон, но и обратно.„Во рамките на ова партнерство, студенти одФИНКИ ќе можат да доаѓаат во Бостон на специјализација, а во иднина ќе имаме и двојни магистратури и мислам дека тоа ќе отвори и мост за соработкамеѓу професори кои работат во Скопје и Бостон“ рече Читкушев.Универзитетот во Бостон претставува една од најреномираните високообразовни институции во САД.Рангиран е на 77. место на светската листа на универзитети, изработена од шангајскиот Јио Тонг универзитет. Формиран е во 1869 година, а во неговиот составфункционираат 17 школи и колеџи со преку 250 студиски програми.Преку својата партнерска програма, Универзитетотво Бостон идентификува факултети и универзитетиниз целиот свет, чии студенти потоа можат дел од своето образование да го остварат на овој престиженУниверзитет. Процесот на воспоставување на партнерство се одвива преку посебна верификација на компатибилноста на наставните планови на факултетите иуниверзитетите со оние на Универзитетот во Бостон, запотоа да се пристапи и кон потпишување на договор засоработка.Во текот на јуни 2012, Колеџот за компјутерски науки при Универзитетот во Бостон, спроведе постапказа верификација на наставните планови на ФИНКИ икако заклучок препорача дека тие се потполно компатибилни со нивните и дека ФИНКИ при УКИМ можеда стане институција партнер на овој Универзитет.На својата седница одржана на 17.7.2012 година,Владата на РМ одлучи да обезбеди 5 стипендии застуденти на ФИНКИ кои дел од студиите ќе можат даги изведуваат на Универзитетот во Бостон. Со тоа уштееднаш се потврдува заложбата за унапредување наквалитетот на високото образование во РМ. Ова истовремено претставува и признание за ФИНКИ, чиинаставни програми се на ниво на најреномиранитесветски универзитети од областа на компјутерскитенауки и инженерство.
ППООТТППИИШШААНН ДДООГГООВВООРР ЗЗАА РРААЗЗММЕЕННАА ННАА ССТТУУДДЕЕННТТИИННАА УУННИИВВЕЕРРЗЗИИТТЕЕТТООТТ ВВОО ББООССТТООНН ИИ ФФААККУУЛЛТТЕЕТТООТТ ЗЗАА ИИННФФООРРММААТТИИЧЧККИИ
ННААУУККИИ ИИ ККООММППЈЈУУТТЕЕРРССККОО ИИННЖЖЕЕННЕЕРРССТТВВОО ((ФФИИННККИИ)) ППРРИИ УУККИИММ
ФИНКИ
16 Универзитетски весник бр. 1 32
На 12.7.2012 година, на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство приУКИМ беа промовирани 4 нови истражувачки лаборатории во вредност од преку 1,5 милиони евра, дел одпроектот на Владата на РМ за осовременување наистражувачката инфраструктура, вреден 60 милиониевра.На свеченото пуштање во употреба присуствувашепретседателот на Владата на РМ, мр Никола Груевски, придружуван од министерот за образование инаука, мр Панче Кралев. Премиерот Груевски истакнадека со овие лаборатории, како и заедно со останатитешто претходно се набавени и оние што влегуваат воовој пакет, овој Факултет ќе биде еден од најопремените факултети во регионот во конкуренција на другите вакви факултети. Тој нагласи дека со набавките наовие лаборатории се прави една револуционерна работа за сите универзитети во Македонија, приближувајќи ја науката кон современите светски и европскитрендови. Исто така, со тоа се даваат одлични можности за луѓето кои сакаат да се занимаваат со наука, одлични можности за студентите, за професорите и забизнисот, затоа што бизнисот досега за вакви целиодеше во Хрватска, во Словенија, Бугарија, Германија,Австрија. Оваа инвестиција е и една од најголемитеинвестиции во делот на образованието и науката, особено во делот на науката споредено со целиот изминатпериод на независноста на Република Македонија. Тојподвлече дека бизниссекторот веќе почнал директна
соработка со ФИНКИ на комерцијална основа, такашто лабораториите ќе бидат и еден вид дополнителниприходи за Факултетот со кои ќе може да инвестира вонова опрема и во научни цели.Станува збор за: Лабораторија за пресметувањесо високи перформанси, Лабораторија за мобилнии мултимедиски апликации, Серверска лабораторија и Лабораторија за грид, паралелно и дистрибуирано процесирање.Лабораторијата за пресметување со високи перформанси ќе се користи за масовно пресметување и пресметување со високи перформанси, кое ќе може да секористи од сите научници во Македонија за истражувања во сите научни полиња каде што е потребна голема процесирачка моќ како: физика, сеизмологија,
метеорологија, хемија, молекуларна биологија, роботика, техника и сл. Оваа Лабораторија претставува најголем процесирачки ресурс во целата држава и е еденод најголемите во регионот. Лабораторијата располагасо 84 блејд сервери, секој со 12 физички (24 логички) процесирачки јадра, со 24 GB RAM; вкупно 1008физички (2016 логички) јадра и 2TB меморија. Инсталиран е склад од 30 GB со највисоки перформанси имрежа за поврзување со пропусен опсег од 40 Gbit и 1.5μs латентност.Лабораторијата за мобилни и мултимедиски апликации е поткрепена со учество и поддршка на меѓународни и локални истражувачки проекти како што се:градење видеоконференциска инфраструктура науниверзитетите во Република Македонија и поврзување на таа мрежа во европската инфраструктура.Таа интензивно се користи како поддршка на наставните и истражувачките процеси на ФИНКИ.Гридтехнологијата претставува поддршка на иновативните истражувања и овозможува соработка надистрибуирани тимови на научници низ светот. Лабораторијата располага со 6 сервери со високи перформанси и 2 склада, кои се користат за хостирање намногуте сервиси од гридинфраструкутрата, кои сенеопходни за што е можно потранспарентно искористување на гридкластерите во Македонија и Европа. Сопомош на оваа инфраструктура се прави доближувањедо европските научни текови и воспоставување регионална мрежа на научници кои ќе можат успешно датворат во своите држави, зацврстуваќи ја позицијатана македонската гридиницијатива, чиј основач еУКИМ, како рамноправен партнер во европската гридиницијатива.Серверската лабораторија на ФИНКИ, пак, ќе играулога на централен сервис за сите научни лабораториипри Факултетот. Таа обезбедува сервиси за сите останати истражувачки лаборатории на ФИНКИ. Лабораторијата располага со 8 сервери со високи перформанси и 2 склада, современа мрежна опрема и опрема зазаштита на мрежата.Опремата ќе можат да ја користат сите факултетиво Република Македонија бесплатно, а приватниотсектор со минимален надомест.
ЧЧЕЕТТИИРРИИ ННООВВИИ ИИССТТРРААЖЖУУВВААЧЧККИИ ЛЛААББООРРААТТООРРИИИИННАА ФФИИННККИИ
ФИНКИ
17Универзитетски весник бр. 1 32
ПРЕОСМИСЛУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА
Како и да ја дефинираме, во високообразовнатасредина постои општ консензус дека интернационализацијата не претставува само посакувана, туку истотака и потребна стратегија која треба да се усвои засите високообразовни институции, кои, како стратегија, кон процесот на интернационализација се стремат од многу причини. Клучна причина, која се сметакако манифест во многу стратегии, но и која е претставена во студиите за интернационализација на високото образование на ИАУ (Глобална студија за интернационализација на високото образование, 2003,2005, 2010), е подготовка на студентите да живеат и даработат во глобализиран свет, подобрување на квалитетот на предавања, зајакнување на истражувањето,привлекување на нови студенти, обезбедување на приходи и престиж и репутација.Интернационализацијата претставува процес напромени, кој истовремено е инициран од чинителите(стакехолдерс) кои доаѓаат од самите високообразовниинституции и оние кои доаѓаат од надворешната средина. Таа претставува динамичен процес на промени,кој можеби никогаш не бил толку популарен и сеприсутен како во последните неколку години, притоапривлекувајќи сé поголемо внимание кај оние што сеодговорни за изготвување на стратегии, академскатасредина и раководните структури во високото образование. Аргументите за интензивираниот процес наинтернационализација се темелат врз неопходноста одекономски развој, конкурентност, демографски трендови, но исто така и врз меѓународното разбирање,глобалната одговорност и можеби врз она најважното,а тоа е верувањето дека интернационализацијата можеда го подобри квалитетот на високото образование.Она што некогаш беше одговорност на еден човекили мала група на луѓе на универзитетот, кои работеасами за да го поттикнат интересот за меѓународна соработка и да ја добијат поддршката на ректорот/претседателот, сега претставува најважен приоритет воголем број институции. Интернационализацијата еогромна, и многумина ќе речат глобална индустрија.Таа „индустрија“ подразбира партнерски проекти одмилиони долари/евра; вклучува стотици илјади студенти кои секоја година реализираат мобилности восветот; подразбира развој на заеднички студиски програми кои ги реализираат институции од секој агол на
Земјината топка. Многу често, на институционалнониво, интернационализацијата стана одговорност напоискусниот академски или административен кадар,кој работи со работни групи во рамките на целата институција во кои се вклучени голем број на вработениод факултетите и студенти.Со тоа, интернационализацијата на високото образование се помести од својата маргинална позиција,која ја имаше неколку децении во повеќето универзитети, во сржта на стратешкото планирање и институционалниот развој, барем теоретски. Самото значењеи централност кои ги зазема процесот на интернационализација во високото образование, исто така, поттикна голем број на дебати за неговото значење – очекувано и релано, дома и во странство. Академскиоткадар и практичарите имаат критичен поглед конинтернационализацијата и го разгледуваат прашањетоколку и дали со ширењето интернационализацијатапретставува позитивна и корисна институционалнаразвојна стратегија. Некои прашуваат дали интернационализацијата го изгубила својот пат, или пак сесоочува со некоја криза (Јан Најт); други прашуваатдали го достигнавме крајот на процесот на интернационализација (Ханс де Вит и Ув Бранденбург) ипосочуваат одредени митови (де Вит) кои бараат подетално истражување.Овие дилеми се повеќе од неопходни и корисни.Тие се клучни за да се потсетиме, да се усогласиме, ида ги потврдиме и потенцираме централните вредности и цели на интернационализацијата на високотообразование.Фактот што во глобалните студии на ИАУ постојано се потенцира загриженост од ризиците на интернационализација, најчесто, но не само од страна на институции во земјите во развој, е главната причина поради овие дилеми. Тоа ја поттикна ИАУ да истражишто може да се направи за овој процес да го задржисвојот позитивен и конструктивен карактер, особенокога се имплементира во различни и многу разновидни контексти. ИАУ постојано ја промовира интернационализацијата како средство за подобрување наакадемскиот квалитет, како процес кој го промовирабогатството од разновидни гледишта и академскитрадиции кои постојат помеѓу членките на Асоцијацијата. Згора на тоа, за ИАУ интернационализацијатапретставува средство за намалување на различноститеи зајакнување на институциите кои можеби располагаат со послаб капацитет поради недостаток на ресурсиили, едноставно, бидејќи се новоосновани. ИАУ сметадека меѓународните партнерства помеѓу високообразовните институции можат да придонесат за надминување на развојните предизвици во образованието иистражувањето, како и за изнаоѓање на решенија засоциоекономските и културните предизвици во ситеопштества.
ИИННТТЕЕРРННААЦЦИИООННААЛЛИИЗЗААЦЦИИЈЈАА ННАА ВВИИССООККООТТООООББРРААЗЗООВВААННИИЕЕ
Автор: Ева Егрон – Полак (Eva Egron - Polak),генерален секретар и извршен директор наМеѓународната асоцијација на универзитети -IAU ([email protected])
18 Универзитетски весник бр. 1 32
Двете Стратегии за интернационализација ивисоко образование без граници кои Асоцијацијата гиусвои во 2000 и 2004, исто така го поддржуваат тојстав. Принципите и препораките на овие две стратегиисе насочени кон проблемите идентификувани од страна на високообразовните институции. Сепак, одливотна мозоци, културната хомогенизација, конкуренцијата помеѓу високообразовните институции, како изголемената комерцијализација и понатаму се припишуваат како можни последици од интернационализацијата на високото образование. За одредени луѓе тиесе сметаат за ризици на интернационализацијата, задруги, пак, тие претставуваат колатерална штета за самиот процес.Целта на ad hoc експертската група на ИАУ за преиспитување на процесот на интернационализација е дареагира конструктивно на овие предизвици. Краткитестатии кои се дадени во делот „во фокусот“, а кои се
напишани од страна на членовите на оваа група, јаилустрираат продуктивноста на оваа дискусија. Дури ипомеѓу оние што одредено време заеднички дискутирале за овие прашања, постојат спротивставени ставови, имплицитни и експлицитни несогласувања. Но,како и да е, сепак владее поголемо согласување отколку несогласување. Она што нè обединува е цврстиотконсензус дека интернационализацијата е важна засевкупните заложби на институцијата да им понудиквалитетно искуство на сите студенти, што исто така еповрзано со истражувачката средина која е отворенакон светот и каде што истражувањето ги зема предвидсветските проблеми. Она што исто така нè обединува ецврстиот став за давање приоритет на академскиотфокус и објаснување на процесот на интернационализација. На крај, и академскиот кадар и практичаритесе обврзуваат да преминат од зборови на дело со целда се постигнат позитивни резултати.** *
Кога се појави терминот „интернационализација“,пред 25 години, беше сфатен – барем во СевернаАмерика – како процес на интегрирање на разнитемеѓународни активности на еден колеџ или универзитет и имплементирање на меѓународни перспектививо сите сегменти на институцијата. Во првите 15 години од појавата на процесот, опсегот на институционални активности поврзани со интернационализацијатапостепено се зголеми, и фразата „сеопфатна интернационализација“, сега масовно се користи за посочување на големиот број меѓународни активности кои сеспроведуваат во рамките на колеџите и универзитетите во САД.Оваа статија ги потенцира ставовите дека стандардната употреба на терминот „сеопфатна интернационализација“ сепак не е толку сеопфатен како што самотозначење налага, токму поради тоа што се употребуваво контекст на поединечни институции, кои се боратза своите индивидуални цели преку независни процеси. Дефиницијата за „интернационализација“ на ЈанНајт од 2008 (Jane Knight) нè тера да го разгледуваметерминот надвор од границите на институционалнотониво, потенцирајќи дека интернационализацијата станала национален и институционален процес поврзансо самата цел, функција и резултати на високото образование. Ние целосно се согласуваме и сакаме да одиме чекор понатаму.Подетално, сакаме да ги поставиме следнивепрашања: Што би се случило доколку ја сметаме ин
тернационализацијата како глобален и институционален процес? Што може да се случи доколку институциите би ја сфаќале својата дејност како функционална во глобалниот систем на високото образование?Како ова би можело да ги промени институционалнитестратегии и цели? Дали е можеби време да го промениме сфаќањето за “сеопфатната интернационализација“ како нешто што бара поинтернационализиранаформа од интернационализацијата, форма која би гипозиционирала соработката, целите и одговорноститево својот фокус?Сметаме дека ова се прашања кои заслужуваат внимание. Оние што ја предводат интернационализацијата на универзитетите во Америка често дискутираатза придобивките на институцијата, кои најчесто гимерат преку бројот на студенти, долари и рангирање.Ова се важни прашања, но постојат и други кои институциите треба да ги земат предвид. Главно, помеѓу тиедруги прашања можеби е степенот до кој предавањата,истражувањето и функционирањето на услугите наедна институција се зајакнати преку соработката сомеѓународните партнери. Овој вид на институционална придобивка поттикнува став дека вистинскатавредност на интернационализацијата е нејзината способност да го трансформира учењето на студентите,добивањето на знаење и вклученост на заедницатапреку синергија на различни перспективи. Ова, пак, оддруга страна води до интернационализација насоченане само кон трансформација на индивидуални институции, туку и кон градење на глобални мрежи за учење. Според ова, интернационализацијата претставуванадворешен процес на поврзување и внатрешен процес на имплементација на придобивки, со своите целиформирани од страна на глобалниот систем на високообразование на начини кои овозможуваат споделување на ресурси, зголемување на знаење, проширувањена пристапот и насочување на колективното знаењекон решавање на моменталните проблеми.Дообјаснувајќи ја оваа мисла дополнително, ваквиот проширен став за интернационализацијата истотака бара да се посвети внимание на влијанието наактивностите на една институција надвор од нејзинитеграници. Ева ЕгронПолак и ИАУ беа предводници во
ИИННТТЕЕРРННААЦЦИИООННААЛЛИИЗЗИИРРААЊЊЕЕ ННАА ИИННТТЕЕРРННАА--ЦЦИИООННААЛЛИИЗЗААЦЦИИЈЈААТТАА:: ГГЛЛООББААЛЛЕЕНН ККООННТТЕЕККССТТ
Автори: Сузан Бак Сатон (Susan Buck Sutton),Претседател на меѓународната асоцијација наобразовни администратори (AIEA) ([email protected])и Дарла К. Дирдорф (Darla K. Deardorff), Извршендиректор, (AIEA) ([email protected]), САД
19Универзитетски весник бр. 1 32
признавањето на недостатоците на интернационализацијата сфатена во денешен контекст, од одлив намозоци до зголемување на разликите помеѓу елитнитеинституции и другите. Интернационализираниот видна интернационализација бара од колеџите и универзитетите да размислат дали нивните активности гообликуваат или не глобалниот образовен систем кој ќего унапреди и трансформира високото образование воцелина.
На крај, интернационализираната интернационализација ќе биде дел од институциите кои ќе склучуваат партнерства, ќе го мерат успехот преку заедничкакорист и глобални активности. Од оваа глобална перспектива, интернационализацијата станува процес којја зголемува синергијата помеѓу академската средина,ја продлабочува вклученоста на студентите и институциите во светот и кој создава големи мрежи кои придонесуваат кон трансформацијата на самата природана високото образование.
Сите зборуваат за „интернационализација“ и неа јасреќаваме во секоја агенда. Глобална конкуренција заталенти, појава на меѓународни подружници на кампуси, користење на агенти за привлекување на студенти, интенационализација на студиски програми, ова сетеми за кои се дискутира на сите нивоа во светот. Сведоци сме дека не само универзитетите од Европа, Северна Америка и Пацификот ја прифаќаат агендата заинтернационализација, туку исто така и земјите воразвој од Азија, Латинска Америка и Средниот Истокстанаа проактивни во поттикнувањето на интернационализацијата на нивното образование. Границите помеѓу ресурсите и целните земји на интернационализација почнаа да стануваат недефинирани. Позитивниотзаклучок што може да се изведе од оваа состојба е декаинтернационализацијата е во подем во високото образование. Но, исто така постојат и проблеми.Во нашиот есеј со провокативен наслов „Крај на интернационализацијата“ (Меѓународно високо образование, CIHEколеџ во Бостон, број 62, зима 2011), нагласивме дека постои тренд за премин од материја воформа и таа популарност може да доведе до негирањена значењето на интернационализацијата. Доколку сеистражат последните објавени статии, може да се добие впечаток дека интернационализацијата има идентитет или се соочува со средновековна криза како штопотенцира Јан Најт во IMHE Инфо (OECD/IMHE, август 2011).
Доколку прогласиме крај на процесот на интернационализација, зошто да го оживуваме минатото?Според нас, она што не оди во прилог на дискусијата е фокусирањето на преименувањето. Неодамнешниот феномен во дискусиите за иднината на интернационализацијата во високото образование е тенденцијата да се додаваат нови придавки на терминот, какосеопфатна, холистичка, интегрирана интернационализација. Најчестата придавка е „сеопфатна интернационализација“, благодарение на статијата со истнаслов на претходниот претседател на NAFSA, ЏонХаџик (John Hudzik), со поднаслов „Од концепт дореализација“ (www.nafsa.org.cizn). Ние не сме противакциони планови за потврдување на значењето наинтернационализацијата, но доколку ја споредимедефиницијата за сеопфатна интернационализација наХаџик со општоприфатената дефиниција за интернационализација на високото образование на Јан Најт:„процес на интегрирање на меѓународна, интеркултурна или глобална димензија во целта, активноститеили резултатите на високото образование“, која потекнува од раните 90ти, не може да се забележи некојаразлика. Ова исто така се однесува и на други придавки. Може да се заклучи дека овие придавки сетафтологии, користење на различни зборови за да сеобјасни иста работа дури ако повторувањето не давадополнително појаснување).Сакаме да обратиме внимание на она што може иона кое не може да ни помогне да ги вратиме работитево првобитна состојба. За да се направи ова, главнотопрашање секако е: зошто мораме да ја вратиме првобитната состојба? Доколку прогласиме крај на процесот на интернационализација, зошто да го оживувамеминатото? Според нас, процесот и неговите различнипристапи имаат потреба од преориентација. Ова потврдува дека крајот исто така значи почеток на новаинтернационализација.Ние поддржуваме преориентација кон резултати ивлијание. Наместо да се фалиме за бројот на студентикои реализираат мобилност во странство, за тоа колкустрански студенти се примени, бројот на студискипрограми кои се изведуваат на англиски јазик и апстрактната заложба да ги направиме студентите глобални граѓани, сакаме да се фокусираме на резултатите од учењето. Како можеме да бидеме сигурни декастудентите го добиваат потребното знаење кое ги прави подготвени за еден свет кој е сè повеќе интеркултурно и меѓународно поврзан? Што значи тоа за развојот на факултетите? Какви се импликациите од
** *
ВВРРААЌЌААЊЊЕЕ ННАА ИИННТТЕЕРРННААЦЦИИООННААЛЛИИЗЗААЦЦИИЈЈААТТААВВОО ВВИИССТТИИННССККАА ННААССООККАА
Автори: Ув Бранденбург (Uwe Brandenburg),проектен менаџер и партнер во Центарот засоветување за развој во високото образование,Германија ([email protected]) иХанс де Вит (Hans de Wit), професор поинтернационализација, Универзитет за применетинауки во Амстердам, Холандија, и директор наЦентарот за интернационализација на високотообразование при Католичкиот универзитет „Светосрце“ во Милано, Италија ([email protected])
20 Универзитетски весник бр. 1 32
оценувањето на студентите? Како можат инструментите како учење во странство, предавална со странски идомашни студенти, предавање на странски јазик, привлекување на студенти од странство да дадат придонескон процесот? Со други зборови: како можеме да бидеме сигурни дека сите студенти, а не само мала елита навеќе меѓународно ориентирани студенти и факултетидобиваат основни интеркултурни и меѓународни вештини и знаење кои им се потребни во општеството?Дали е можно да се бараат нови начини на интернационализација како што е виртуелната размена? Можеме ли да научиме од искуствата за интернационализација на средните училишта и да се надоградимена тоа? Или, пак, ќе се фокусираме на класичниотконцепт на мобилност? Во последните години сведоцисме на добра практика на нови пристапи кон интерна
ционализацијата, кои треба да ги прифатиме иимплементираме.Без негирање на важноста и работата на канцелариите за меѓународна соработка, интернационализацијата треба да се оттргне од тие канцеларии и да стане дел од развојот на студиски програми, обезбедувањето на квалитет, развојот на факултетите. Според нас,не станува збор за потенцираните поделби помеѓуконкуренцијата и соработката, помеѓу дома и востранство, или пак помеѓу институцијата и студентоткои треба да го предводат процесот, туку фокусот требада биде на резултатите и на прашањето зошто и какоинтернационализацијата може да придонесе за подобрување на квалитетот на образованието.
** *
Се проценува дека 1,7 милијарда луѓе во светот живеат во сиромаштија. Скоро 40% од светската популација живее без градска канализација, од кои поголемиот број се во Азија и Африка. И кога станува збор заобразование, само 10% од светот има пристап до средно образование и оваа бројка драстично опаѓа на 1% зависокото образование. Овие проблеми исто така постојат и во развиените земји: околу 33% од студентитево Америка запишани на колеџ никогаш не ги завршуваат своите студии и третина од сите студенти запишани во прва година на студии посетиле барем едендополнителен курс по математика или читање.Јасно е дека живееме во време кое се соочува сомногу проблеми, од оние што влијаат само врз индивидуалци, до оние што влијаат врз цела заедница илиопштество. Наспроти ова опаѓање, со преку 3,7 милиони студенти кои ги преминуваат границите на нивните матични држави за да се стекнат со меѓународнообразование и со многу држави и организации коиинвестираат огромни човечки и финансиски ресурсиза промовирање на глобално образование, мора да сепостави прашањето: за кого и за чија корист меѓународно образование? Покрај очигледните индивидуални и културни придобивки, што може да се стекнат одмобилноста на студенти, кои локални или глобалнипроблеми ги решава меѓународното образование?Генезата на ова прашање оди подлабоко и може дасе пронајде во поделбата на две наизглед слични, носепак неспоредливи полиња: меѓународно образование какво што им е познато на оние што учествуваат во„размена” или работат на полето на интернационали
зација, и меѓународно образование, како што е дефинирано во рамките на полето на меѓународен развој.Експертите и практичарите од едно поле едноставноне зборуваат со оние од другото. Оние од нас кои работат во полето на меѓународна соработка во високотообразование многу ретко критикуваат за голематаимпликација и релевантност на интернационализацијата во изнаоѓањето на решенија за глобални, национални или проблеми на заедницата. До кој степен, например, ние ги насочуваме нашите идни студенти,мобилни на меѓународен план, да размислуваат замилениумските развојни цели, или за иницијативатаОбразование за сите или рамката за активности одДакар како примери на референтност за избор на нивните студиски програми и идни професии?Иако меѓународните програми отсекогаш билетрадиција за западните земји, во најголем дел тие постојат во формалното високо образование и обука. Нопостојат неколку програми, кои можат да бидат посочени како пример, што се обиделе да ја премостат тааподелба и според кои меѓународното искуство се сметаза критична насока за решавање на развојните проблеми. Една од тие програми еПрограмата за меѓународни стипендии на Фондацијата Форд која поддржува талентирани лица од маргинализирани групиниз светот за да го искористи нивното образовно искуство за решавање на клучните социјални проблеми.Друг пример на иницијатива која ја поддржува примената на меѓународно образование за решавање на секојдневни проблеми еИнженери без граници, која наинженерите додипломци од САД им нуди можност заучење во странство. Како еден начин на документирање на овие видови активности, неодамна Институтотзапочна со студијата Отворени врати за учење востранство, за да собере податоци за стажирањата востранство (и други видови на применето искуство одучење).Групирањето и пронаоѓањето на вакви иницијативи не е лесен процес. Од истражувачки аспект, најголемиот предизвик, се разбира, е проценката на крајното влијание на мобилностите и размената во високото образование. Како можеме да ги мериме придонесите на меѓународното образование за решавање наглобалните проблеми? Дали треба да се обидеме да гисинтетизираме податоците за мобилност по области одпотенцијален интерес како, јавно здравство, образо
ППРРЕЕООССММИИССЛЛУУВВААЊЊЕЕ ННАА ИИННТТЕЕРРННААЦЦИИОО--ННААЛЛИИЗЗААЦЦИИЈЈААТТАА:: ККООЈЈАА ЕЕ ЦЦЕЕЛЛТТАА ННААММЕЕЃЃУУННААРРООДДННООТТОО ООББРРААЗЗООВВААННИИЕЕ??
Автор: Рајика Бхандари (Rajika Bhandari),заменик-претседател, Институт за истражу-вање и евалуација на меѓународното обра-зование ([email protected])
21Универзитетски весник бр. 1 32
вание и животна средина во делот каде што студентитедаваат информација за своето поле на студирање? Овасе само еден дел од многуте прашања кои треба да серазгледаат.Изборот на дестинација и поле на студирање накрај ќе биде индивидуален, поттикнат од лични и професионални аспирации, но сите ние можеме да имаме
улога во формирањето на мислењето на идните генерации за тоа како нивното образование може да помогне во решавање на некои од најтешките проблемисо кои се соочува светот. Но, за да се случи тоа првинтреба повторно да размислиме и да го преформулираме нашето сегашно сфаќање за интернационализацијата.
Проф. др Јован Пејковски е роден во Скопје во1953 година, каде што завршил основно и средно училиште. Дипломирал на Економскиот факултет воСкопје во 1977 година. Магистрирал во 1989 година одобласта на економскиот развој и методите на економската анализа, а докторирал во 1997 година, со одбранана докторската дисертација со наслов: Претприемачката функција и стопанскиот развој, со посебен освртна перспективите за развојот на претприемаштвотово Република Македонија.Бил вработен во Републичкиот секретаријат за економски односи со странство во доменот на надворешнотрговската мрежа во странство. Во периодот од 1982до 1986 година бил секретар на Комисијата за тековнаекономска и социјална политика на Извршниот совет(Влада) на Собранието на Република Македонија. Од1986 до 2004 година бил вработен во Собранието наРепублика Македонија, како самостоен советник заекономска политика и развој и шеф на кабинетот напотпретседателот на Собранието задолжен за економски и социјални прашања, и за меѓународна соработка. Бил и раководител на Секторот за меѓународнасоработка на Собранието. Како член на официјалниделегации на Собранието непосредно учествувал воработата на повеќе меѓународни организации и институции во земјата и во странство. Раководел и ја координирал работата на 41 пратеничка група на Собранието за соработка со странство, во кое својство престојувал повеќе пати во странство. Бил државен советник на двајца претседатели на Владата на РепубликаМакедонија за областите: економски прашања и надворешна политика. Од 2005 година бил вработенкако вонреден професор на Филозофскиот факултет воСкопје. Бил раководител на Институтот за социјалнаработа и социјална политика при Филозофскиот факултет во Скопје. Во 1999 година бил избран за доцентна Економскиот факултет во Прилеп по предметотмеѓународен менаџмент. Од учебната 2001/02 до учебната 2005/06 година, на Филозофскиот факултет воСкопје, на Институтот за социјална работа и социјалнаполитика бил ангажиран како професор по предметотпланирање на социјален развој. Во 2004 година билизбран за вонреден професор на Универзитетот „Св.Климент Охридски”, Економски факултет во Прилеп,по предметот современи економски системи. На овојФакултет бил ангажиран и по предметите мултинационални корпорации и стратегиски алијанси, како ипо монетарна економија и девизна економија, додекана постдипломските студии по предметите: регионални економски интеграции и глобален менаџмент. НаЕкономскиот институт во Скопје од 2003 до 2006 година бил професор на постдипломските студии по:претприемаштво и трансфер на нови технологии. Во2005 година бил избран за вонреден професор на Фи
лозофскиот факултет во Скопје, по предметите: социјален развој, економика на јавни служби и социјалнаполитика. На постдипломските студии на овој Факултет ги предава и: менаџмент на човечки ресурси, претприемаштво, економија на Европската унија и стратешко планирање. Како визитингпрофесор на Универзитетот „Њујорк“ во Скопје, во 2005 година го предавал предметот претприемаштво и развој. Исто така наУниверзитетот „Американ колеџ“ во Скопје од учебната 2006/2007 до 2008/2009 година ги предавал наанглиски и македонски јазик предметите: претприемаштво и економија на Европската унија. На Економскиот факултет воШтип бил ангажиран за предметите: здравствено и социјално осигурување и надворешна трговија. Во наведените универзитети и образовни установи бил ментор на бројни дипломски, магистерски и докторски трудови.Др Јован Пејковски има објавено над 145 научни истручни трудови. Автор е на книгата „Претприемаштвото и развојот”, а коавтор е на монографијата“Republic of Macedonia”. Oбјавил скрипта за предметотмеѓународен менаџмент и скрипта по предметот планирање на социјален развој. Исто така, објавил авторизирани предавања по предметите: претприемаштвои економија на ЕУ (на англиски јазик). Во 2008 годинабил објавен учебникот „Социјален развој“. Во 2009година бил издаден учебникот „Здравствено и социјално осигурување“, а во 2010 година бил објавен учебникот „Мултинационални корпорации и стратегискиалијанси“. Бил член на истражувачкиот тим на Македонската академија на науките и уметностите што јаподготвила и објавилаНационалната стратегија заекономскиот развој на Република Македонија развоји модернизација. Др Пејковски изработил и учествувал во изработката на повеќе значајни проекти, студии, анализи, одлуки и акти за потребите на Владата иСобранието на Република Македонија. Подготвил иучествувал во подготвувањето на повеќе закони идруги прописи од економскиот систем, социјалнатаполитика и меѓународната соработка усвоени од Собранието и од Владата. Учествувал на бројни меѓународни конференции, а има и остварено повеќе студиски престои и учество на семинари и советувања востранство.Во звањето редовен професор бил избран на седница на Универзитетскиот сенат, одржана на 5.5.2010година.
ССооггллаасснноо ссоо ооддррееддббииттее оодд ЗЗааккоонноотт ззаа ввииссоо--ккооттоо ооббррааззооввааннииее,, ккааккоо ии ннаа ССттааттууттоотт ннааУУннииввееррззииттееттоотт „„ССвв.. ККиирриилл ии ММееттооддии јј ““ ввооССккоопп јјее,, УУннииввееррззииттееттссккииоотт ссееннаатт,, ппооччннуу--вваа јјќќии оодд 33 .. ссееддннииццаа ооддрржжааннаа ннаа 44..1111 ..22000088ггооддииннаа ,, ддооннеессее ооддллууккии ззаа ииззббоорр ввоо ззвваањњееттооррееддооввеенн ппррооффеессоорр..ВВоо ооввоојј ббрроојј ннаа УУннииввееррззииттееттссккии ввеесснниикк ќќееббииддаатт ооббјј ааввееннии ккррааттккии ббииооггррааффссккии ппооддаа--ттооцции ззаа ппррооффеессооррииттее ччии јј ииззббоорр ее ииззвврршшееннввоо ииззммииннааттииоотт ппееррииоодд..
Д-Р ЈОВАН ПЕЈКОВСКИФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ
ННООВВИИ РРЕЕДДООВВННИИ ППРРООФФЕЕССООРРИИ ННАА УУККИИММ
22 Универзитетски весник бр. 1 32
Др Елена Петроска е родена на 25.11.1963 годинаво Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет воСкопје во 1986 година со средна оценка 9,61 на групата за македонски јазик (како прв главен предмет)и англиски јазик и книжевност (како втор главенпредмет), а дополнително полагала и полски јазик.Магистрирала на тема Елементот по во современиотмакедонски јазик во 1991 година. Докторската дисертација под наслов Количествени категории во македонскиот јазик ја одбранила во јануари 2000 година.Др Петроска била вработена на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици, како стажантприправник од 1987, потоа од 1988 како помлад асистент, од 1992 како асистент, од 2000 година какодоцент, а од 2005 како вонреден професор по современмакедонски јазик. Како асистент учествувала во наставата по предметите фонологија на современиот македонски јазик, современ македонски јазик (култура наговорот), увод во општа лингвистика и општалингвистика I, современ македонски јазик I за странските јазични групи, дијалектологија на македонскиот јазик и др. Како доцент, ја изведувала наставата попредметите: македонски јазик I (за групата толкувањеи преведување), современ македонски јазик II (загрупите албански и турски) и синтакса на македонскиот јазик (како предмет под ,,Б"). Во текот на овојпериод ја изведувала и наставата по предметот современ македонски јазик I (за групите албански и турски)и современ македонски јазик I (за новинарство).Др Петроска е вклучена во наставата на постдипломските студии по македонски јазик со предавања одобласта на семантиката и социолингвистиката.Др Петроска била ангажирана како лектор наМеѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, а учествувала и во наставата замакедонски јазик како странски за студентите одУниверзитетот во Аризона, Темпи, на студиски престој во Скопје (од програмата Студии во странство).Од 2001 година ја изведувала наставата по македонски јазик на Универзитетот Индијана, Блумингтон, САД, а како гостинпрофесор го започнала курсотпо македонски јазик на Универзитетот Индијана. Ворамките на тие престои држела и предавања од областа на македонистиката за студентите (постдипломци идокторанди), учествувала во повеќе работилници засоздавање материјали за настава по втор (странски)јазик, тркалезни маси за јужнословенските јазици,организирање на културни програми и сл.Била на студиски престои во Полска, Канада и воАвстралија, каде што учествувала и во наставата помакедонски јазик на Одделот за македонски студии.Др Елена Петроска учествувала на повеќе семинариза изучување јазици, и тоа во: Полска, Унгарија, Словенија. Во периодот до изборот во звањето вонреденпрофесор, др Петроска била вклучена и во низа другиактивности на Факултетот и надвор од него. Од 2005година, др Петроска е вонреден професор по современ македонски јазик на Филолошкиот факултет„Блаже Конески“. Како вонреден професор ја започнува наставата по предметот основи на семантиката,а ја изведува и наставата по предметите: македонскијазик 1 и 2 (за групата ПИТ), современ македонскијазик 3 и 4 (за групите албански и турски) и современмакедонски јазик 3 и 4 (за ПИТА). Во овој период билаи гостинпрофесор на Универзитетот Индијана воСАД, на Катедрата за словенски јазици и книжевности.
Учествува и во постдипломската настава по предметот општа лингвистика со предавања од областа насемантиката и социолингвистиката. Др Петроскасе покажала како добар организатор на наставнонаучната дејност на Филолошкиот факултет, како и наУниверзитетот Индијана каде што го вовела македонскиот јазик во наставата. Учествувала на повеќе конференции и семинари во земјата и во странство (САД,Хрватска и Канада и др.), со што придонесува запоширока афирмација на македонскиот јазик и воопшто, на македонистиката на повеќе универзитети востранство, а учествувала и во неколку научноистражувачки проекти. Автор е на монографијата Семантичката категорија количество во современиот македонски јазик. Во научната дејност на др Петроска особено место зазема и социолингвистичкото проучувањена македонскиот јазик како втор јазик и како наследенјазик. Била член на Комисијата за проучување награматичката структура на словенските јазици;член е наМеѓународната европска мрежа за изработка на база на податоци за показателите наевиденцијалноста во европските јазици, и е одговорна за македонскиот јазик; член е на Американскатаасоцијација за унапредување на славистичките проучувања, како и на Славистичкото лингвистичкодруштво, а учествувала и во два идејни проекта.Во звањето редовен професор била избрана на седница на Универзитетскиот сенат, одржана на 5.5.2010година
Д-Р ЕЛЕНАПЕТРОСКАФИЛОЛОШКИФАКУЛТЕТ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“
М-Р МОЈЦА СЕДЕУФАКУЛТЕТ ЗАМУЗИЧКА УМЕТНОСТ
Мојца Седеу е родена 1970 година во Скопје, кадешто го завршила нижото музичко образование наотсекот пијано. Средното музичко училиште го завршила на два оддела: инструментален и наставнотеоретски, во МБУЦСкопје и добила диплома законтинуиран одличен успех по сите наставни предмети и проширени знаења во областа на наставнотеоретските предмети и удирачки инструменти. Во 1993година, Седеу дипломирала на Факултетот за музичкауметност во Скопје, со највисока оценка десет (10), наВокално инструменталниот оддел удирачки инструменти. Во 1995 година ги завршила специјалистичкитестудии по солистичко свирење удирачки инструменти на ДМАСофија. Афинитетот кон камерното музицирање ја поттикнало да ги заврши и специјалистичките студии по камерна музика во 1997 година. Постдипломските студии на Државната музичка академијаво Софија ги завршила во 1998 година, при што сестекнала со академски степен магистер.Добитник е на највисоката награда на интернационалниот натпревар за инструменталисти и композитори „Музиката и Земјата”, како и специјална награда од Здружението на композиторите на Бугарија во1998 год. Истата година, мр Мојца Седеу добила признание – високо професионална презентација на изложената тема „Камерна музика за удирачки инструменти”, Performing Arts Resource CenterSkopjeMULTIMEDIA. Во 2001 година на интернационалниот конкурс „Проф. др Добри Палиев – Проф. др х.к. Зигфрид Финк”, Р. Бугарија, ѝ е доделено признание заодлична педагошка работа. Во 2006 година ја добиланаградата „Ѓеорги Божиков”.Мр Мојца Седеу, како еден од најактивните музичари на нејзината генерација, се докажа себеси како
23Универзитетски весник бр. 1 32
водечки перкусионист во Македонија. Повеќе авториинспирирани од нејзината креативна изведба посветиле дела за удирачки инструменти. Како изведувач, имаостварено бројни снимки за радио и ТВ станици.Учествувала во проекти заедно со Heinz von Moisy, ReyCharles, Rhani Krija, DD Synthesis, Теодосиј Спасов,Tavitjan Brothers... Првите оркестарски искуства гистекнала на 16 годишна возраст, во Градскиот дувачки оркестар во Скопје. Соработувала со повеќе оркестри: Танцов оркестар на МРТВ, Македонска опера,Софиска филхармонија, Радиосимфониски оркестар Софија, Градски оркестар Софија, Војводинска омладинска филхармонија, Симфониски оркестар на ФМУ,Младински оркестар МММ, Оркестар „Банки” Р. Бугарија, Битолски камерен оркестар, Оркестар „Московија”, Балканска филхармонија, Камерен оркестар наМФ, Косовска филхармонија, Меѓународен симфониски оркестар, ансамбл за современа музика „Алеа”,ансамбл „Полиритмија” и др. Од 1993 год. до денес,Седеу е тимпанист водач на Македонската филхармонија. Во последните две децении, како оркестрантима реализирано над 400 концерти. Мојца Седеу билаактивна и како солист, и има остварено бројни настапина реномирани фестивали и манифестации, и тоа во:Македонија, како и во Србија, Хрватска, Бугарија, Канада, Германија и Англија.Во 1997 година, Седеу била асистент и демонстратор на „Bach Percussion Seminar”, Грожњан–Хрватска.Во 1998 била лидер на меѓународниот семинар заудирачки инструменти „Percussion Meeting in Macedonia”, а од 1999 година предава удирачки инструментии камерна музика на Факултетот за музичка уметноство Скопје, како наставник избран во наставнонаучното звање доцент. Во 2004 година била избрана за вонреден професор. Низ нејзините различни музички ипедагошки активности, таа секогаш ја покажува својата заложба за растење на перкусионистичката уметност, за одличната изведба и за воспоставување насилен контакт помеѓу различните учесници инволвирани во перкусионистичките полиња. Во 1998 година,мр Седеу го основала и била уметнички раководителна ансамблот за удирачки инструменти „Сонант”Во звањето редовен професор била избрана на седница на Универзитетскиот сенат, одржана на 5.5.2010година.
КАТЕРИНА ГЕЛЕБЕШЕВА-КОСТАДИНОВСКАФАКУЛТЕТ ЗАМУЗИЧКА УМЕТНОСТ
Катерина Гелебешева–Костадиновска е роденана 16.3.1969 година во Скопје. Во нижото музичко училиште била примена на 5 – годишна возраст учејќипијано во класата на проф. Евушка Трпкова – Елезовиќ, кај која продолжила и во средното музичко училиште, како и во класата на проф. Тодор Светиев. НаМузичката академија во Загреб се запишала во 1987година во класата на истакнатиот пијанист и педагогпроф. Владимир Крпан. Дипломирала како најдобарстудент во 1991 година, здобивајќи се со звањето академски музичар, пијанист и професор по пијано. Постдипломските студии ги завршила во 1993 година, наФакултетот за музичка уметност во Скопје, во класатана проф. Борис Романов. Во текот на нејзиниот едукативен период редовно учествувала на голем број јавничасови, на аудиции, а настапувала честопати и на концерти, додека од 1980 година станала редовен учесник
на сите натпревари на ученици и студенти по музика,секогаш освојувајќи високи награди како во Републиката, така и надвор од нејзините граници и тоа први,втори и специјални награди. Исто така активно учествувала на многубројни семинари за пијано под раководство на истакнати пијанисти и педагози како штосе Р. Керер, И. Ендо, Е. Тимакин, Р. Мураро, М. Н.Гинзбург и др. Веднаш по нејзиното дипломирање, работела како професор по пијано во МБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Во 1995 година била избрана за доцент по пијано на одделите I, II, VI и VII наФМУ во Скопје, а од 2004 година изведува настава настудиската програма за пијано. Во 2005 година билаизбрана во звањето вонреден професор по пијано наФакултетот за музичка уметност во Скопје, но исто така ги предава предметите камерна музика и корепетиција на Катедрата за пијано.Нејзината успешна уметничка кариера како пијанист која започнува многу рано ја одбележуваат големброј на концерти како во нашата земја така и надвород неа, проследени со извонреден прием од публикатаи музичката критика. Покрај нејзината активност насцената како самостоен солист, често зема учество икако пијанист во повеќе камерни состави. Од 2002 година активно соработува со обоистот Васил Атанасов,со кого има реализирано над 30 концерти низ Македонија (Скопје, Куманово, Струмица, Гевгелија, Неготино, Охрид...), како и на сите значајни фестивали какоОхридско лето, Скопско лето, Битола Хераклејски вечери, Штипско лето, ДММ, Есенски музички свечености. За музичката архива на МРТВ направиле повеќетрајни тонски снимки.Особено забележителна концертна дејност од 2001година па сè до денес остварува со пијано дуото Гелебешеви, кое го формирала со нејзиниот сопруг ГлигорГелебешев. Во концертната актива на пијано дуотовлегуваат над 40 јавни настапи во скоро сите градовиниз Македонија (Скопје, Битола, Прилеп, Штип, Охрид, Куманово, Тетово, Струмица, Гевгелија...), коимузичката критика ги оценува со најпофални зборови.На идентичен прием наидуваат и концертите остварени и на речиси сите најзначајни фестивали во државата (Охридско лето, Скопско лето, Битолско лето, Прилепско лето, Интерфест Битола, Златна лира, ДММ.Пијано дуото Гелебешеви настапува и во странство:2005 година, настап во Париз (Франција); 2007година, настап во Нови Сад (Србија); 2008 година,настап во Букурешт, Крајова (Романија); 2009 година,настап во Ниш (Србија); 2009 година, настап воХарлем, Ден Бош (Холандија). Во 2008 година гоимаат издадено и првото ЦД со дела од Дебиси,Хачатурјан, Шопен, Шабрие и Барток. Како пијано дуо за МРТВ оствариле и повеќе трајни тонски снимки.Својата педагошка дејност Катерина Гелебешева јазапочнува во МБУЦ „Илија НиколовскиЛуј” од Скопје, каде што како професор по пијано работи во периодот 1991 1995 година. Се истакнува како успешен младпедагог за што сведочи и фактот дека нејзините ученици редовно и успешно учествувале на тематскитевечери и на завршните концерти организирани одМБУЦ. По нејзиниот избор за вонреден професор во2005, К. Гелебешева се вклучила и во наставата за корепетиција на Вокално инструменталниот оддел, вокојшто и денес е активна. Во последните 5 годининејзините студенти редовно учествувале на концертитеорганизирани од страна на ФМУ и „Музика вива“, достигнувајќи забележителни резултати.Во звањето редовен професор била избрана на седница на Универзитетскиот сенат, одржана на 5.5.2010година.
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“бул. Гоце Делчев бр. 9, 1 000 Скопје, Македонија
: +389 2 3 293 293 : +389 2 3 293 202
: [email protected] : www.ukim.edu.mk