44
univerzitetski vesnik Издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Број 100, ноември 2009 К К о о н н с с т т о о т т и и о о т т б б р р о о ј ј н н а а У У н н и и в в е е р р з з и и т т е е т т с с к к и и в в е е с с н н и и к к

Univerzitetski vesnik br. 100

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Универзитетски весник број 100, издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија.

Citation preview

Page 1: Univerzitetski vesnik br. 100

univerzitetskivesnik

Издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Број 100, ноември 2009

КК оо нн сс тт оо

тт ии оо тт бб рр оо

јј нн аа УУ нн ии

вв ее рр ззии тт ее тт

сс кк ии вв ее сс нн

ии кк

Page 2: Univerzitetski vesnik br. 100

Зошто излегуваме

Одбележан светскиот ден на науката за мир и развој

Донација на софтѕверски пакети за проектирање и визуелизација на техничките факултети на УКИМ

Донесен деловникот за работењето и одлучувањето

Болоњскиот процес 2020 - Европскиот високообразовен простор во новата деценија

ДОГОВОР за соработка меѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Националниот институт за Ориентални јазици и цивилизации во Париз

• Curriculum vitae• Програма за работа на ФМУ за

мандатниот период 1.10.2009 - 20.09.2012

• Curriculum vitae• Програма за работа на деканот на

Економскиот факултет во надатниот период 2009 - 2013

Проф. д-р Борче Давитковски, декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“

..................................... 2

......................................... 5

...... 7

.................................... 8

.............................................. 9

....................... 14

.................................. 16

.......................................... 17

................................. 23

.......... 25

................................................ 30

ЗЗООШШТТОО ИИЗЗЛЛЕЕГГУУВВААММЕЕ??Кон стотиот број на Универзитетски весник

Page 3: Univerzitetski vesnik br. 100

3

Page 4: Univerzitetski vesnik br. 100

4

Во 1969 година е формирана првата класа ДРАМСКИ АКТЕРИ, под раководство на истакнатиот македонски актер, режисер и педагог, професорот Илија Милчин, при Високата музичка школа, што е зародиш и база, за она што ФДУ денес претставува, со своите седум катедри и Театролошкиот институт.Развојот на Одделот за драмски актери, неговото пополнување со наставен кадар и афирмацијата на првите завршени студенти, придонесоа за осамостојување на овој оддел, во ФАКУЛТЕТ ЗА ДРАМСКИ УМЕТНОСТИ во 1979 година. Согласно потребите во нашата култура и творештво, почнаа да се прават интензивни подготовки за отворање на нови катедри. Така, во 1986 година се формира одделот за ДРАМАТУРГИЈА И РЕЖИЈА; во 1989 година се формира катедрата за ПРОДУКЦИЈА; во 1990 година се раздвојуваат ДРАМАТУРГИЈА И РЕЖИЈА како 2 катедри; во 1992 година се отвораат катедрите за ФИЛМСКО И Т.В. СНИМАЊЕ и ФИЛМСКА И Т.В. МОНТАЖА; во 1994 година катедрата по режија се дели на ФИЛМСКА И Т.В. РЕЖИЈА и ТЕАТАРСКА РЕЖИЈА; во 1996 година, се формираат две класи на драмски актери, со познавање на АЛБАНСКИ и ТУРСКИ ЈАЗИК, со што се овозможи и овие реномирани театри, ТУРСКИОТ И АЛБАНСКИОТ, да ги обноват своите ансамбли, со млади и успешни кадри, како достојна замена за ветераните. Во 1999 година, се отворија постдипломски студии по театрологија, на Театролошкиот институт, а во рамките на ФДУ. Во овој момент, Факултетот интензивно работи на подготовките за отворање постдипломски студии, односно ВТОР ЦИКЛУС студии, и во театарскиот и во филмскиот оддел.

Page 5: Univerzitetski vesnik br. 100

5

Во 1969 година е формирана првата класа ДРАМСКИ АКТЕРИ, под раководство на истакнатиот македонски актер, режисер и педагог, професорот Илија Милчин, при Високата музичка школа, што е зародиш и база, за она што ФДУ денес претставува, со своите седум катедри и Театролошкиот институт.Развојот на Одделот за драмски актери, неговото пополнување со наставен кадар и афирмацијата на првите завршени студенти, придонесоа за осамостојување на овој оддел, во ФАКУЛТЕТ ЗА ДРАМСКИ УМЕТНОСТИ во 1979 година. Согласно потребите во нашата култура и творештво, почнаа да се прават интензивни подготовки за отворање на нови катедри. Така, во 1986 година се формира одделот за ДРАМАТУРГИЈА И РЕЖИЈА; во 1989 година се формира катедрата за ПРОДУКЦИЈА; во 1990 година се раздвојуваат ДРАМАТУРГИЈА И РЕЖИЈА како 2 катедри; во 1992 година се отвораат катедрите за ФИЛМСКО И Т.В. СНИМАЊЕ и ФИЛМСКА И Т.В. МОНТАЖА; во 1994 година катедрата по режија се дели на ФИЛМСКА И Т.В. РЕЖИЈА и ТЕАТАРСКА РЕЖИЈА; во 1996 година, се формираат две класи на драмски актери, со познавање на АЛБАНСКИ и ТУРСКИ ЈАЗИК, со што се овозможи и овие реномирани театри, ТУРСКИОТ И АЛБАНСКИОТ, да ги обноват своите ансамбли, со млади и успешни кадри, како достојна замена за ветераните. Во 1999 година, се отворија постдипломски студии по театрологија, на Театролошкиот институт, а во рамките на ФДУ. Во овој момент, Факултетот интензивно работи на подготовките за отворање постдипломски студии, односно ВТОР ЦИКЛУС студии, и во театарскиот и во филмскиот оддел.

П о повод одбележувањето на Светскиот ден на науката за мир и развој, на 10 ноември

оваа година на Универзитетот се одржа изложба на постери на научноистражувачките проекти кои на-учните работници на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги работеле во текот на 2009 година.

Одбележувањето на 10 ноември, како Светски ден на науката за мир и развој е воведено од УНЕСКО во 2001 година. Денот е посветен на наме-рата да нè потсетува на континуираните напори на светската заедница да се посвети на развојот на науката.

Светскиот ден на науката за мир и развој се одбе-лежува со цел да се истакне јавната свест за улогата на науката за развој на мирно и одржливо општес-тво, да се промовира националната и меѓународна-

Page 6: Univerzitetski vesnik br. 100

6

та солидарност за заедничко користење на научните дострели помеѓу државите, за обновување на националната и меѓуна-родната обврска за користење на науката како добивка за оп-штественото опкружување, да се привлече вниманието на предизвиците со кои се соочува науката денес, како и да се зголеми поддршката на науката во материјалните и човечките ресурси, во интерес на добивање поголеми научни резултати.

Како и во претходните години, и оваа година, Универзите-тот активно се вклучи во одбележувањето на Денот на наука-та. Организирањето на изложбата на дел од научните проекти кои годинава ги работеле научните работници претставува своевиден придонес кон разбирањето на обемот на научната мисла во Републиката и нужноста од натамошни поинтензив-ни вложувања во науката.

На изложбата присуствуваа голем број наставно-научни ра-ботници на Универзитетот, министерот за образование и нау-ка, г. Никола Тодоров, со што се даде нагласка на важноста, успешноста и значењето на настанот, и истовремено, се даде поттик за нови научни откритија и напредок во развојот на науката на Универзитетот. Вака сублимирани, научните проек-ти на Универзитетот даваат причини за верба, гордост, истрај-ност и непоколебливост на патот кон откривање нови научни вистини.

По одржаните поздравни говори на министерот за образо-вание и наука, г. Никола Тодоров и на проректорот за наука, д-р Коле Василевски, манифестацијата продолжи со презента-ција на три научни проекти, работени од научните работници на Универзитетот во оваа година, и тоа: • д-р Сашо Јосимовски, од Економскиот факултет во Скопје,

ја презентираше темата посветена на развивањето техно-логии за проценка на ризични пратки: Risk Assessment for Custom in Western Balkans – RACWeB;

• д-р Јасмина Чаловска, од Машинскиот факултет во Скопје, ја презентираше темата посветена на подобрување-то на површинскиот слој на алати за бризгана пластика: Surface plus;

• д-р Марина Стефова, од Институтот за хемија на Природ-но-математичкиот факултет во Скопје, ја презентираше те-мата посветена на зголемувањето на истражувачките капа-цитети за карактеризирање на квалитетот на храната: Reinforcement of the WBC research capacities for food quality characterization.По одржаните презентации, присутните имаа можност да

ја разгледаат изложбата на постери на научноистражувачките проекти работени од научните работници на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во текот на 2009 година, која беше по-ставена во аулата на Ректоратот на Универзитетот.

Page 7: Univerzitetski vesnik br. 100

7

Н а 2 ноември о.г., во просториите на Ректо-

ратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржа централната конфе-ренција по повод доделува-њето на донацијата од водеч-киот светски производител на софтвер за проектирање и креирање на дигитални содржини – „Аутодеск“, пре-ку овластениот дистрибутер за Македонија, Црна Гора и Србија, ОСА Рачунарски ин-женеринг. Донацијата за Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје опфаќа софтверски пакети за проек-тирање и визуелизација во сите области на техничките науки, а е наменета за Ма-шинскиот, Архитектонски-от, Градежниот факултет и за Факултетот за електротех-ника и информациски техно-логии. Со оваа акција, во ко-ја како соработници се јаву-ваат министерствата за обра-зование и наука и за инфор-матичко општество на Репуб-лика Македонија, ќе бидат опремени околу 400 работ-ни места на три универзи-тети, односно на УКИМ, на Универзитетот „Гоце Дел-чев“ во Штип и на Универ-зитетот „Американ колеџ“ во Скопје, со што во проце-сот на образување на идни-те инженери ќе биде обезбе-дена употреба на најновата генерација на софтвер.

На церемонијалното до-делување на донацијата, чиј-што домаќин беше УКИМ, односно ректорот проф. д-р Велимир Стојковски, во при-суство на раководството, де-каните и други претставни-ци од академската заедница на Универзитетот, претстав-ници на другите универзи-тети, претставници од ОСА Рачунарски инженеринг и нивните соработници во земјата, свои обраќања имаа министрите за образо-вание и наука и за инфор-матичко општество, г. Нико-ла Тодоров и м-р Иво Ива-новски. За содржината на софтверските пакети, пред-мет на оваа донација, гово-реше претставникот од ОСА Рачунарски инженеринг, г. Дејан Стелкиќ, а за време на целата свеченост се одвива-ше и визуелна презентација на софтверот на „Аутодеск“.

Page 8: Univerzitetski vesnik br. 100

8

Ректорската конференција на јавните уни-верзитети, на 3.11. 2009 година, во Ректо-ратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, одржа седница на која разгледа по-веќе актуелни прашања од својата надлеж-ност. Во воведните напомени за потребата од донесување на Деловник за начинот на работата и одлучувањето на Ректорската кон-ференција на јавните универзитети, м-р Илија Пиперкоски истакна дека согласно со Законот за високото образование, Ректор-ската конференција на јавните универзитети треба да има акт, со кој ќе се регулираат прашањата од делокругот на работењето и одлучувањето. Токму затоа, Ректорската кон-ференција на јавните универзитети донесе Одлука за усвојување на Деловникот за начи-нот на работата и одлучувањето на Ректор-ската конференција на јавните универзитети.

Расправајќи за забелешките по Правилни-кот за содржината и формата на дипломата, Упатството за подготовка на додаток на ди-пломата и на другите јавни исправи, проф. д-р Златко Жоглев истакна дека јавните универзитети преземаа усогласени активнос-ти за утврдување предлози за пропишување на формата и содржината на наведените исправи во согласност со новиот систем на студирање кој кореспондира со решенијата во Болоњската декларација и ЗВО. Во оваа смисла, изготвени се соодветни предлози за формата и содржината на јавните исправи и другите обрасци од универзитетската доку-ментација, спроведена е расправа по факул-тетите и институтите и утврдени се предлози од органите на универзитетите. Во меѓу-време, во јули 2009 година, министерот за образование и наука го донесе и го објави Правилникот за содржината и формата на дипломата, Упатството за подготовка на додаток на дипломата и на другите јавни исправи, кој во повеќе сегменти не соод-ветствуваше со предлозите на јавните уни-верзитети. Ректорската конференција одржа посебна седница посветена на реализацијата на решенијата утврдени во Правилникот, при што констатира дека е потребно заед-ничко усогласување помеѓу универзитетите и Министерството за образование и наука, со цел да се извршат измени и дополнувања на Правилникот во деловите кои не соодвет-ствуваат со карактеристиките на новиот сис-тем на студирање. Оттука е и потребата за организирање на заедничка средба на која ќе присуствуваат претставници на Министер-

ството за образование и наука и на јавните универзитети во Република Македонија, на која ќе се разгледаат сите отворени прашања во врска со решенијата понудени во Правил-никот и ќе се видат можностите за поведу-вање постапка за измена и дополнување на Правилникот за содржината и формата на дипломата, Упатството за подготовка на до-даток на дипломата и другите јавни испра-ви.

Разгледувајќи ја Информацијата за кори-стењето на средствата наменети за реали-зација на европските проекти, проф. д-р Златко Жоглев истакна дека јавните универ-зитети во Република Македонија се анга-жирани во реализација на проекти што се финансирани од страна на асоцијации од европски држави. При реализацијата на ев-ропските проекти, универзитетите, односно носителите на проектите, подолг период се соочуваат со проблемот на блокираност на финансиските средства. Токму затоа, Ректор-ската конференција на јавните универзитети зазеде став да побара од Министерството за образование и наука да се ангажира во Министерството за финансии и да побара итно деблокирање и ослободување на сред-ствата добиени за реализација на европски-те проекти за да не се дозволи натамошно сериозно нарушување на соработката со партнерите од Европа кои ги финансираат ваквите проекти.

Истовремено, Ректорската конференција ја разгледа и Информацијата за корис-тењето на средствата од сопствени приходи констатирајќи дека јавните универзитети се соочуваат со сериозни тешкотии во корис-тењето на средствата од сопствени приходи, кои се наменети, пред сѐ, за покривање на трошоци што не ги покрива државата, а се во функција на подобрување на условите за студирање на студентите, потоа за плаќање на трошоци кои не се покриваат од буџет-ската сметка или се покриваат, но во неце-лосен износ и сл.

Ректорската конференција на јавните универзитети констатира дека се исполнети законските одредби за пристапување на Универзитетот за информатички техноло-гии во Охрид, во членството на Ректорската конференција.

Page 9: Univerzitetski vesnik br. 100

9

БОЛОЊСКИОТ ПРОЦЕС 2020 - ЕВРОПСКИОТ ВИСОКООБРАЗОВЕН ПРОСТОР ВО НОВАТА ДЕЦЕНИЈА

Ние, министрите одговорни за високото образование од 46 земји вклучени во болоњскиот процес, на 28 и 29 април 2009 го-дина заседававме во Лувен/Лувен Ла Нев, Белгија, за да ги согле-даме достигнувањата на болоњскиот процес, како и да ги поста-виме приоритетите на европскиот високообразовен простор за следната деценија.

ПРЕАМБУЛА

1. Во периодот до 2020 година високото образование во Евро-па треба да има значителен придонес во создавањето Европа со високо креативно и иновативно знаење. Соочувајќи се со предиз-викот на возрасна популација, Европа може да го постигне ова само доколку ги подобрува и поттикнува дарбата, талентот и можностите на сите свои граѓани, доколку целосно се вклучи во процесот на доживотно учење, како и доколку овозможи зголе-мување на учеството во високото образование.

2. Европското високо образование, исто така, се соочува и со најголемите предизвици и резултати на глобализацијата, како и со забрзаниот равој во технологијата, новите ученици, како и новите типови на образование. Учењето во чиј делокруг се наоѓа ученикот, како и мобилностите ќе помогнат во развивањето на компетенции потребни за промени во пазарот на трудот, а исто така, ќе им помогнат во постанувањето активни и одговорни граѓани на Европа.

3. Нашето општество моментално се соочува со последиците од глобалната финансиска и економска криза. За да се подобри економијата и да се постигне развој, динамичното и флекси-билното високо образование ќе тежнее кон промени и иновации врз основа на интеграција меѓу образованието и истражувањето на сите нивоа. Знаеме дека високото образование треба да одигра клучна улога, доколку сакаме успешно да се соочиме со пре-дизвиците, како и доколку сакаме да промовираме културен и општествен развој. Токму затоа, како најголем приоритет го поставуваме јавното инвестирање во високото образование.

4. Целосно се посветуваме на остварување на целите на европскиот високообразовен простор, кој претставува простор каде високото образование е јавна одговорност и каде што сите високообразовни институции треба да одговорат на зголемените потреби на општеството преку разнообразноста на нивните мисии. Целта е да се осигури дека високообразовните институ-ции ги имаат потребните средства да продолжат со оствару-вањето на нивните разновидни цели, како на пример: подготовка на студентите за живот како активни граѓани во демократско општество; подготовка на студентите за нивните понатамошни кариери и овозможување на нивен личен развој; создавање и зачувување на напредната и широка образовна основа и стиму-лирање научно истражување и иновации. Неопходните тековни реформи во високообразовните системи ќе продолжат да бидат цврсто вградувани во европските вредности на институционал-ната автономија, академската слобода и социјалната праведност, но, исто така, ќе бара целосно учество и посветеност како од студентите, така и од кадарот.

Page 10: Univerzitetski vesnik br. 100

1 0

БОЛОЊСКИОТ ПРОЦЕС 2020 - ЕВРОПСКИОТ ВИСОКООБРАЗОВЕН ПРОСТОР ВО НОВАТА ДЕЦЕНИЈА

I. ДОСТИГНУВАЊА И ЗАЦВРСТУВАЊЕ

5. Во изминатата деценија создадовме и развивавме европски високообразовен прос-тор, истовремено осигурувајќи дека тој оста-нува длабоко вкоренет во европското инте-лектуално, научно и културно наследство и кој се карактеризира со постојана и трајна соработка меѓу влади, високообразовни ин-ституции, студенти, академски кадар, работо-давачи и други клучни лица во образование-то. Особено значаен, исто така, е и придо-несот на европските институции и организа-циите во процесот на реформи.

6. Болоњскиот процес води кон поголема компатибилност и споредливост на системи-те на високо образование. На студентите им ја олеснува мобилноста, додека на инсти-туциите им овозможува да ги привлекуваат студентите и научниот кадар од другите континенти. Високото образование беше мо-дернизирано со усвојувањето на трите цик-луси на образование, вклучувајќи ја во рам-ките на националните контексти и можноста за квалификации поврзани со првиот цик-лус на студии, како и со усвојувањето на европските стандарди за обезбедување на квалитет. Забележливо, исто така, беше и со-здавањето на Европски регистар на агенции за обезбедување на квалитет и основање на национални квалификациски рамки кои во-дат до рамката за европскиот високообра-зовен простор, која, пак се заснова на обра-зовните резултати и оптовареноста. Покрај тоа, болоњскиот процес ги промовираше и додатокот кон диплома и европскиот систем за трансфер и акумулација на кредити (ЕКТС) со цел понатамошно зголемување на транспарентноста и признавањето.

7. Целите поставени со Болоњската декла-рација и политиката развивана во годините потоа се неоспорни и важечки и денес. Бидеј-ќи сè уште целосно не се постигнати сите цели, ќе биде потребна поголема посвете-ност и по 2010 година за нивна целосна и соодветна имплементација на европско, на-ционално и институционално ниво.

II. ОБРАЗОВАНИЕТО ВО ИДНИНАТА: ПРИОРИТЕТИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА НАРЕДНАТА ДЕЦЕНИЈА

8. Тежнеејќи кон совршенство во сите аспекти на високото образование, ќе посве-тиме внимание на предизвиците на новата ера, што, пак, од друга страна бара постојано фокусирање на квалитетот. Исто така, под-држувајќи ја високо вреднуваната различ-ност на нашите образовни системи, јавната политика целосно ќе ја препознае вредноста

на различните високообразовни мисии, кои се однесуваат како на образованието и истра-жувањето, така и на посветеноста во општес-твената кохезија и културниот развој. Сту-дентите и кадарот во високото образование треба да бидат подготвени да одговорат на барањата на општетсвото кое брзо се разви-ва и менува.

• Општествена димензија: праведно запишување и завршување

9. Студентските организации во рамките на високото образование треба да ја одра-зуваат различноста на европската попула-ција. Токму затоа ја нагласуваме општес-твената карактеристика на високото образо-вание и имаме за цел да обезбедиме еднакви можности за квалитетно образование. При-стапот до високото образование треба да биде овозможен со поттикнување на потен-цијалот на студентите на недоволно заста-пените и претставените групи, како и со обезбедување соодветни услови за завршу-вање на студиите. Овој процес вклучува по-добрување на образовната средина, отстра-нување на сите препреки за студирање, како и создавање на соодветни економски услови, за студентите да можат да исползуваат од образовните можности на сите нивоа. Секоја земја-учесник ќе постави цели до крајот на следната деценија да се зголеми целокупно-то учество воопшто, но да се зголеми и учеството на недоволно застапените групи во високото образование. Напорите за пра-ведност во високото образование треба да бидат надополнети со дејствувања и во дру-гите делови на образовниот систем.

• Доживотно учење

10. Зголемувањето на учеството може, исто така, да се постигне и преку процесот на доживотно учење како составен дел од на-шите образовни системи. Доживотното уче-ње зависи од начелата на јавната одговор-ност. Ќе бидат осигурени и достапноста, квалитетот на обезбедување и транспарент-ност на информации. Доживотното учење вклучува здобивање со квалификации, про-ширување на знаењето и погледите, здоби-вање со нови вештини и компетенции, како и збогатување и созревање на личноста. Доживотното учење имплицира дека квали-фикациите можат да се стекнат преку флексибилни образовни патеки, вклучувај-ќи и вонредни студии.

11. За целосна имплементација на наче-лата на доживотното учење потребни се цврсти партнерства меѓу јавната власт, висо-

Page 11: Univerzitetski vesnik br. 100

1 1

БОЛОЊСКИОТ ПРОЦЕС 2020 - ЕВРОПСКИОТ ВИСОКООБРАЗОВЕН ПРОСТОР ВО НОВАТА ДЕЦЕНИЈА

кообразовните институции, студентите, рабо-тодавачите и вработените. Европската уни-верзитетска повелба за доживотно учење соз-дадена и развиена од страна на Европската универзитетска асоцијација нуди корисни информации за дефинирање на таквите парт-нерства. Успешните начела за доживотно учење ќе ги вклучуваат основните принципи и процедури за признавање на претходно стекнатото образование врз основа на обра-зовните резултати, без разлика на тоа дали знаењето, вештините и компетенциите се стекнати преку формално, неформално и ин-формално образование. Доживотното образо-вание ќе биде поддржано од страна на соод-ветни организациски структури и финансис-ки средства.

12. Развојот на националните квалифика-циски рамки е важен чекор кон имплемен-тација на доживотното учење. Ние би сакале до 2012 година тие да бидат имплементи-рани и подготвени за самопотврдување наспрема квалификациската рамка за европ-скиот високообразовен простор. За постиг-нување на оваа цел, потребна ќе биде коор-динација на ниво на европскиот високо-образовен простор, како и со европската ква-лификациска рамка за доживотно учење. Во национален контекст квалификациите во рамките на првиот циклус можат да бидат средство за зголемување на пристапот до високото образование.

• Можности за вработување

13. Со трендот на пазарот на трудот да се потпира на високи нивоа на вештини и ком-петенции, високото образование треба да им понуди на студентите напредно знаење, ве-штини и компетенции кои ќе им бидат потребни во професионалниот живот. Мож-ностите за вработување овозможуваат целос-но исползување на приликите и можностите во променливиот пазар на трудот. Нашата цел е зголемување и подобрување на првич-ните квалификации, како и зачувување и обновување на квалификуваната работна сила преку блиска соработка меѓу владите, високообразовните институции, општестве-ните партнери и студентите. Ова ќе им овозможи на институциите подобро да одго-ворат на барањата на работодавачите, а на работодавачите ќе им овозможи подобро да ја разберат образовната перспектива. Високо-образовните институции, во соработка со вла-дите, владините агенции и работодавачите, треба да ги подобрат подготовката, достап-носта и квалитетот на кариерите на нивните поранешни студенти, како и да им обезбедат помош при вработување.

• Образование во чиј центар се наоѓа студентот и образовна мисија на високото образование

14. Ја нагласуваме важноста на образов-ната мисија на високообразовните инсти-туции и потребата за понатамошни реформи во студиските програми, кои би воделе до развој на образовните резултати. Образова-нието во чиј центар се наоѓа студентот треба да ги осигури правата на поединечните сту-денти, да обезбеди нови пристапи во преда-вањето и учењето, ефикасни структури за поддршка и раководење, како и студиски програми кои своето внимание ќе го фоку-сираат на студентот во сите три циклуси на студии. Реформите во студиските програми на овој начин ќе бидат тековен процес, кој ќе доведе до висок квалитет, флексибилност и образовни патеки кои ќе ги поставува и гради самиот студент. Академскиот кадар, во соработка со студентите и претставниците на работодавачите, ќе продолжи да ги разви-ва образовните резултати и меѓународните референтни точки за зголемување на бројот на предметните области. Побаравме од висо-кообразовните институции да посветат пове-ќе внимание на зголемување на квалитетот на предавањето на студиските програми на сите нивоа. Ова треба да биде приоритет во понатамошната имплементација на стандар-дите и упатствата за обезбедување на ква-литет во областа на европското високо обра-зование.

• Образование, истражување и иновација

15. Високото образование во сите нивоа треба да се заснова на квалитетна истражу-вачка дејност и развој, на тој начин поттик-нувајќи ја иновацијата и креативноста во општеството. Сосема е јасно дека потенци-јалот на високообразовните програми, тука вклучувајќи ги и оние кои се засноваат на применета наука, ја поттикнува иновација-та. Како резултат на тоа, треба да се зголеми бројот на лицата со компетенции во истра-жувањето. Докторските програми треба да обезбедат висококвалитетно дисциплинарно истражување и сè повеќе да бидат надопол-нувани од страна на интердисциплинарни и меѓусекторски програми. Јавната власт и ви-сокообразовните институции, исто така, ќе го направат поатрактивен развојот на кари-ерите на младите истражувачи.

• Меѓународна отвореност

16. Ги повикуваме европските високооб-разовни институции да продолжат со промо-вирањето на нивните активности во интер-

Page 12: Univerzitetski vesnik br. 100

1 2

национални рамки, како и да се вклучат во глобалната соработка за одржлив развој. Привлечноста и отвореноста на европското високо образование ќе бидат нагласени со заеднички европски активности. Конкурен-цијата на глобално ниво ќе биде надопол-нета со помош на дијалог и зголемена сора-ботка, која ќе се заснова на основање парт-нерства со други региони во светот, особено преку организирање на болоњски форуми, во кои учесници ќе бидат клучните лица во високото образование.

17. Традиционалното образование треба да се раководи од европските стандарди и упатства за обезбедување на квалитет, какво што се применува во рамките на европскиот високообразовен простор, и да биде во тек со упатствата на УНЕСКО/OECD за обезбеду-вање на квалитет во високото образование.

• Мобилност

18. Сметаме дека мобилноста на студен-тите, на младите истражувачи и на ака-демскиот кадар го подобрува квалитетот на студиските програми и истражувањето; мо-билноста ја зајакнува академската и култур-ната интернационализација на европското високо образование. Мобилноста е важна за личен развој, како и за можностите за вра-ботување, а ја поттикнува и почитта за разно-видност и за прифаќање на другите култури. Мобилноста поттикнува јазичен плурали-зам, на тој начин поткрепувајќи ја мултикул-турната традиција на европскиот високообра-зовен простор, а ја зголемува и соработката и конкурентноста меѓу високообразовните институции. Затоа мобилностите треба да бидат белег и карактеристика на европскиот високообразовен простор. Ги повикуваме зем-јите да ги зголемат мобилностите, да обезбе-дат нивен висок квалитет, како и да ги видо-изменат видовите мобилности и нивниот делокруг. Во 2020 година, најмалку 20% од дипломираните студенти во европскиот висо-кообразовен простор треба да имаат остваре-но студиски престој во странство.

19. Во рамките на секој од трите циклуси на студии, можностите за остварување мобил-ност треба да се создаваат и вклучуваат во структурата на образованите програми. Заед-ничките дипломи и програми, како и мобил-ностите ќе станат сè почеста практика. Исто така, начелата за мобилност ќе се засноваат на низа практични мерки, кои ќе се одне-суваат на финансирање на мобилностите, нивно признавање, достапна инфраструк-тура, како и одредби за добивање виза и дозвола за престој. Флексибилни образовни патеки и начела за постојано информирање, целосно признавање на образовните достиг-

нувања, образовна поддршка и целосна пре-носливост на грантови и финансиска помош се потребните барања и услови. Мобилноста треба, исто така да придонесе за поурамно-тежен тек на студенти кои доаѓаат и сту-денти кои заминуваат на студиски престој во рамките на европскиот високообразовен простор, а нашата цел се однесува, исто така, и на подобрена стапка на учество од раз-лични профили на студенти.

20. Атрактивните работни услови и про-фесионални патеки, како и отвореното ин-тернационално вработување се неопходни за привлекување на висококвалификувани про-фесори и истражувачи во високообразовни-те институции. Земајќи го предвид фактот дека професорите се клучните лица, профе-сионалните структури треба да бидат прила-годени на тој начин што ќе ја олеснат мобил-носта на професорите, младите истражувачи и другиот кадар; рамковните услови ќе би-дат основани за да обезбедуваат соодветен пристап до општествена безбедност и да ја олеснат преносливоста на приходите и до-полнителните права за приходи за кадарот на размена, на тој начин најдобро исползу-вајќи од постоечките правни рамки.

• Собирање информации

21. Зголемено собирање информации ќе помогне во следењето на прогресот напра-вен со постигнувањето на целите, поставени во општествената димензија, можностите за вработување и плановите за мобилност, како и во други области, и ќе послужи како осно-ва за анализа.

• Повеќедимензионални средства за транспарентност

22. Забележуваме дека постојат неколку тековни иницијативи покренати со цел раз-вивање на механизмите за обезбедување подетални информации за високообразов-ните институции во европскиот високообра-зовен простор да ја направат нивната раз-личност потранспарентна. Веруваме дека ваквите механизми, вклучувајќи ги и оние кои им помагаат на високообразовните сис-теми и институции да ја согледаат и спо-редат нивната односна сила, треба да се развиваат со постојана и блиска консулта-ција со клучни лица во високото образо-вание. Овие средства за транспарентност треба да се однесуваат на принципите и начелата на болоњскиот процес, особено со обезбедувањето на квалитет и признава-њето, кои ќе останат наш приоритет и ќе се засноваат на споредливи информации и соодветни показатели за опишување на раз-

БОЛОЊСКИОТ ПРОЦЕС 2020 - ЕВРОПСКИОТ ВИСОКООБРАЗОВЕН ПРОСТОР ВО НОВАТА ДЕЦЕНИЈА

Page 13: Univerzitetski vesnik br. 100

1 3

личните профили на високообразовени ин-ституции и инивните програми.

• Финансирање

23. Високообразовните институции доби-ја поголема автономија со брзото зголемува-ње на очекувањата кои треба да одговорат на општествените потреби. Во рамките на јав-ната одговорност, потрвдуваме дека јавното финансирање останува главниот приоритет кој ќе гарантира еднаков пристап и поната-мошен одржлив развој на автономните висо-кообразовни институции. Треба да се посве-ти поголемо внимание на нови и различни средства и методи на финансирање.

III. ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА И ПОНАТАМОШНИ АКТИВНОСТИ

24. Тековната организациска структура на болоњскиот процес, кој се одликува со соработка меѓу владите, академската заедни-ца со нејзините организации и други клучни лица во високото образование се оправдува и поддржува како соодветна за целите. Во иднина, со болоњскиот процес, исто така ќе претседава и раководи и земјата-претседа-тел на Европската унија и една земја која не е членка на Европската унија.

25. Со цел комуникација со други начел-ни области, последователната група на бо-лоњскиот процес ќе воспоставува односи и ќе соработува со експерти од други области, како на пример: истражување, имиграција, општествена безбедност и вработување.

26. Подготвувањето на работниот план ѝ го доверивме на на болоњската последова-телна група до 2012 година, за да се насочи кон остварување на приоритетите претста-вени во ова коминике, како и на извештаите предадени до оваа конференција на минис-три, на тој начин овозможувајќи интегра-ција на резултатот од самостојната проценка на болоњскиот процес.

Од група на болоњскиот процес се бара:

• да ги препознае показателите користени за следење и набљудување на мобилнос-та и општествената димензија заедно со собирање на информации;

• да размисли и да согледа како може да се постигне урамнотежена мобилност во рамките на европскиот високообразовен простор;

• да го следи развојот на механизмите за транспарентност и да го пренесе извеш-тајот на следната конференција на ми-нистри во 2012 година;

• да основа мрежа, оптимално искористу-вајќи ги постоечките структури за подоб-ро информирање и промоција на болоњ-скиот процес надвор од европскиот висо-кообразовен простор;

• да ги следи препораките на анализата од нацаионалните акциони планови за при-знавање.

27. Известувањето за напредокот од им-плементирањето на болоњскиот процес ќе се одвива на координиран начин.

• анализата ќе ја подобри методологијата која се заснова на показатели;

• Еуростат заедно со Еврустудент и во со-работка со Eurydice треба да дадат свој придонес преку обезбедување и собира-ње релевантни информации;

• давањето извештаи ќе биде контролира-но и надгледувано од страна на болоњ-ската последователна група и ќе води кон еден целосен извештај кој ќе ги вклучува претходно споменатите сред-ства за конференцијата на министри во 2012 година.

28. Побаравме од групата Е4 (ENQA-EUA-EURASHE-ESU) да ја продолжи соработката во понатамошното развивање на европската димензија на обезбедување квалитет и осо-бено да осигури дека европскиот регистер за обезбедување квалитет се евалуира надво-решно, земајќи ги предвид ставовите на клучните лица во високото образование.

29. Повторно ќе се состанеме на болоњ-ската годишна конференција во Будимпеш-та и Виена, чиишто домаќини ќе бидат Австрија и Унгарија на 11 и 12 март 2010 година. Следната редовна конференција на министри ќе се одржи во Букурешт, Ро-манија на 27 и 28 април 2012 година. Кон-ференции на министри ќе се одржат и во 2015, 2018 и 2020 година.

БОЛОЊСКИОТ ПРОЦЕС 2020 - ЕВРОПСКИОТ ВИСОКООБРАЗОВЕН ПРОСТОР ВО НОВАТА ДЕЦЕНИЈА

Page 14: Univerzitetski vesnik br. 100

14

Page 15: Univerzitetski vesnik br. 100

1 5

Page 16: Univerzitetski vesnik br. 100

1 6

Во рамките на процесите за интегрирано дејствување и функционирање на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје усогласени со Законот за високото образование и Статутот на Универзитетот, во Универзитетски весник ги претставуваме раководните органи на единиците и придружните членки на Универзитетот. Во зависност од обемноста на содржините и актуелните настани, во секој број објавуваме биографски податоци на еден или повеќе декани на факултети, односно директори на научни институти.

Во овој број ги претставуваме ППРРООФФ.. ММ--РР ГГООРРДДААННАА ЈЈООССИИФФООВВАА –– ННЕЕДДЕЕЛЛККООВВССККАА и ППРРООФФ.. ДД--РР ЉЉУУББООММИИРР ККЕЕККЕЕННООВВССККИИ..

Проф. м-р Гордана Јоси-фова – Неделковска дипло-мирала и магистрирала на Факултетот за музичка уметност при Универзите-тот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на проф. Киро Давидовски. Се усовршувала на акаде-мијата „Моцарт“ во Вар-шава, Полска и во БАНФФ

центарот за музика и звук во Канада, како нивен сти-пендијант. Гордана Јоси-фова – Неделковска успеш-но настапувала за време на своите престои во Полска и Канада.

Проф. м-р Јосифова – Не-делковска е учесник на бројни семинари и курсе-ви (зимскиот курс за барок и современа музика во Ду-бровник, Хрватска), и е член и еден од основачите на интернационалниот нат-превар за млади музичари „Охридски бисери“ и на „Македонски дувачки квин-тет“.

Во изминатиот период извршувала повеќе значај-ни функции: претседател на Музичката младина на Македонија, шеф на катед-рата за дувачки инструмен-ти и продекан за настава на Факултетот за музичка

уметност – Скопје, и член на Сенатот на Универзите-тот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во периодот 2001-2003 била претседа-тел на Управниот одбор и селектор на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“. Од 2005 година е назначена за претседател на Комиси-јата за култура на Уни-верзитетот „Св. Кирил и Методиј“. По предлог на Универзитетот, а со Одлу-ка на Собранието на Р. Македонија е избрана за член на Советот на Ма-кедонската радио-телеви-зија. Во 2007 година е пов-торно назначена за селек-тор на музичката програма на фестивалот „Охридско Лето“. Во 2008 од страна на Ѓорѓи Мартиновски, то-гашен ректор на Универ-зитетот „Св. Кирил и Методиј“, ѝ е доделена

плакета за придонес во афирмацијата на Универ-зитетот во земјата и стран-ство.

Гордана Јосифова – Не-делковска на Факултетот за музичка уметност во Скопје изведува настава по наставните предмети: обоа, камерна музика и методика на наставата на дувачки инструменти.

Успешноста на нејзино-то делување е потврдено со едно светско признание - во 2004 година од Уред-ничкиот одбор на Амери-канскиот биографски ин-ститут е номинирана во категоријата „Успешни же-ни на 21 век“. Во пуб-ликацијата која содржи биографии и трудови на жените кои се влијателни и креативни во општес-твениот живот во своите земји, токму Гордана Јоси-

Проф. м-р Гордана Јосифива - Неделковска,декан на Факултетот за музичка уметност

Page 17: Univerzitetski vesnik br. 100

1 7

фова - Неделковска е из-брана меѓу жените во све-тот, бидејќи со своето делу-вање како уметник и педагог оставила длабоки траги во својата средина. „Таа е една од успешните жени на 21 век“ се наведува во текстот на Американ-скиот биографски инсти-тут, „која со својата севкупна активност може да послужи како пример и патоказ за младите генерации“.

Гордана Јосифова – Не-делковска добитник на На-града „13 Ноември“ за 2009 заради посебни достигнува-ња во областа на културата.

Како музичар - солист на-стапувала со многу значајни оркестри - Симфонискиот оркестар на националната капела на Санкт Петербург, Камерниот оркестар „Музи-ка вива“ под диригентство на Александар Рудин, Сим-фонискиот оркестар на Бел-град, Камерниот оркестар „Софиски солисти“, Маке-донската филхармонија, Ма-кедонскиот камерен орке-стар, Камерниот оркестар „Св. Ѓорѓе“, Оркестар на Авињон-Прованса, Камерен оркестар на Порто Алегре – Бразил, Обединет европски камерен оркестар. Со бројни рецитали има настапувано во Русија, Италија (Болоња, Милано, Фиренца, Рим - како претставник на Р. Ма-кедонија во чест на денот на Св. Кирил и Методиј), Шпа-нија, Франција, Германија, Холандија, Канада, Грција, Турција, Полска, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора и др. Од особено значење во 2008 година се нејзините настапи во Бра-зил, Португалија, Шпанија и Италија, а особено настапот во престижната сала „Верди“ во Милано. По покана од страна на маестро Енио Мориконе, Гордана Јоси-фова – Неделковска настапи и на свеченото отворање на фестивалот „Охридско Лето“ оваа година.

НАСТАВНО-ОБРАЗОВНА ДЕЈНОСТ

Денес Европа бара силни универзитети како клуч-ни актери во развитокот на европското општество на знаење, со широко учество на општството и промо-ција на квалитетот во образованието, истражува-њето и иновациите, развивањето на уметничките, културните и спортските активности како обележје на секој универзитет и секоја нација. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денес минува низ многу чувствителна фаза од својот развиток. Исправен е можеби пред најголемиот предизвик од своето постоење – промените во организацијата кои ги налага новиот Закон за високото образование.

Болоњската декларација како најважен документ за глобализацијата на високото образование ги пос-тави темелните начела на мобилноста, препознатли-воста и вреднувањето за студиските програми.

Прашањата за квалитет во високото образование е тесно поврзано со создавањето заеднички европ-ски простор на високото образование и има централ-но место во препораките произлезени од болоњски-от процес. Главни цели за кои се смета дека се од примарна важност за создавање европски простор на високото образование се: - усвојување систем на лесно претпознатливи и

споредливи степени и воведување додаток на дипломата (Diploma Supplement),

- воведување систем на студирање базиран во три циклуси,

- воведување на ЕКТС (Европски систем за транс-фер и акумулација на кредити),

- зголемување на мобилноста на студентите, нас-тавниците, истражувачите и административниот персонал,

- европска соработка во осигурувањето на квали-тетот,

- воведување на потребната европска димензија во високото образование.ФМУ како членка на УКИМ успешно го импле-

ментира ЕКТС во додипломските студии, но во прет-стојниот период интензивно треба да се работи на веќе задоцнетата имплементација на ЕКТС на пост-дипломски и докторски студии. Обезбедувањето услови за мобилност како во Универзитетот, така и на национално и меѓународно ниво, е еден од клуч-ните елементи на болоњскиот процес. Во иднина ФМУ треба да работи на обезбедување услови за престој на наши студенти во соодветни институции на универзитети надвор од земјата, како и обезбе-дување престој на одреден број странски студенти на нашиот Факултет.

Проф. м-р Гордана Јосифова - Неделковска, декан на Факултетот за музичка уметност

ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ФМУ ЗА МАНДАТНИОТ ПЕРИОД(1.10.2009 – 20.09.2013)

Page 18: Univerzitetski vesnik br. 100

1 8

Секако дека за реализиција на оваа цел е неопходна и финансиска поддршка од УКИМ односно од Министерството за обра-зование и наука.

ПРОШИРУВАЊЕ НА ДЕЈНОСТА НА ФМУ

- Отворање на оддел за балетска пе-дагогија за класичен и модерен балет. Од контактите и разговорите со компетентни стручни лица и уметнич-ки раководители од нашиот балет, искажана е потребата од професио-нално оформени кадри во областа на балетската уметност. Овие кадри би биле користени во прв ред во балетот на МОБ, во балетскиот оддел на ДМБУЦ, но и како аниматори и рако-водители на балетски групи при музич-ките училишта и основните училишта. Затоа сметам дека е време да се размис-ли за отворање на оддел за балетска педагогија за класичен и модерен ба-лет на ФМУ. Во заедничките разговори е дојдено до заклучок дека постојат сите претпоставки за отворање на ваков оддел: евидентирани потреби, наставен кадар и просторни услови. Се разбира дека доколку од страна на ННУ Совет на Факултетот биде прифа-тена оваа иницијатива, ќе биде потреб-но да се изработи детален елаборат со сите релевантни податоци. И покрај тоа што годинава се навршуваат 60 години од постоењето на Македон-скиот балет, оваа професија во нашата Република сѐ уште останува без високо образование и стручните кадри се шко-луваат надвор од земјата. Веќе постои иницијатива и поддршка од надлежни-те институции, така што со отворањето на одделот за балетска педагогија, ќе се пополни една празнина и ќе се комплетира високото уметничко обра-зование во нашата Република.

- Отворање насока за барокна музи-ка. Со оглед на тоа што во Европа и светот постои поголем интерес за барок-ната музика изведувана на стари барок-ни инструменти, сметам дека е време и на нашиот Факултет да се покрене ини-цијатива за изучување на овие инстру-менти со тоа што во поблиска иднина би се формирал и оркестар составен од овие инструменти. Наставата би се одвивала во рамките на инструментал-ните оддели. Со оглед на тоа дека овие инструменти не се изучуваат на сосед-ните музички академии, нашиот Факул-тет би можел да стане регионален цен-тар за студии на барокни инструменти.

- Отворање насока за џез музика. Бидејќи повеќето настапи на нашиот Биг Бенд се покажаа мошне успешни и побудија голем интерес, не само кај публиката, но уште повеќе кај нашите

студенти од изведувачките оддели за учество во него, покрај продолжува-њето и интензивирањето на неговата дејност со нови програми и повеќе нас-тапи, сметам дека е време да се реали-зира една поранешна иницијатива за отворање на насока за џез музика. Оваа насока би делувала во рамките на инструменталните оддели, а студенти-те почнувајќи од трета година покрај совладувањето свирење на разни сти-лови на џез музика и импровизација

на овој инструмент би изучувале и не-кои теоретски предмети врзани за оваа област – џез хармонија, аранжирање, историја на џез и сл. За изведување на наставата постојат наставни кадри во нашата средина, а сметам дека отвора-њето на оваа насока ќе биде минимал-но финансиско оптоварување за Факул-тетот. И во овој случај ќе биде потреб-на изработка на подетален елаборат со сите параметри.

- Отворање насока за корепетици-ја. На ФМУ покрај постдипломските студии за пијано веќе постојат и пост-дипломски студии за корепетиција. Сметам дека ваквата можност студен-тите треба да ја имаат уште на додип-ломските студии со отворање на нова

Page 19: Univerzitetski vesnik br. 100

1 9

насока – корепетиција, за студентите од трета и четврта година на катедрата за клавишни инструменти. Од друга страна треба да се нагласи дека во нашата Република во повеќе сегменти од нашиот музички живот, поодамна е евидентна дефицитарноста од ваков профил пијанистички кадри, што го оправдува отворањето на оваа насока.

- Воведување на постдипломски сту-дии за камерна музика. Оваа идеја е иницирана од дипломираните студен-

ти на изведувачките катедри на ФМУ, кои имаат афинитет за доусовршување во областа на камерната музика. За таа цел е потребно изготвување на студис-ки и предметни програми од страна на професорите кои предаваат камерна музика, а потоа ќе бидат доставени до надлежните тела за понатамошна по-стапка.

КАДРОВСКА ПОЛИТИКА

Кадровската политика на УКИМ е би-тен услов за успешно остварување на наставно-образовниот процес и на научно-истражувачката и уметничка дејност и претставува комплексно прашање услове-но од повеќе фактори тесно поврзани со начинот на финансирање, ефикасноста на

студирањето и севкупниот развој на сами-те институции.

Еден од најгорливите проблеми со кој ФМУ се соочува во изминатите години е проблемот со кадровска неекипираност. Со години наназад не се пополнети во це-лост местата на пензионираните профе-сори, па затоа досега истите се пополну-вани со ангажирање на професори во до-полнителен работен однос. Главната спе-цифика на ФМУ - индивидуалната наста-ва, а од друга страна имплементирањето на болоњскиот процес (работа во помали групи), во целост го отежнува процесот на покривање на наставата со постоечкиот кадар. Фактичката состојба на оптоваре-ност на професорскиот кадар на ФМУ е повеќе од разочарувачка – неделниот фонд се движи од 14 до 20 часа, од кои 10 претставуваат исполнет фонд на часови на ФМУ. Исто толкав е и фондот на наставни-ците во дополнителен работен однос чие финансирање ФМУ го врши од сопствени средства. За решавање на ваквата алар-мантна кадровска состојба потребна е тес-на соработка и пред сѐ поддршка од УКИМ и МОН за да се изнајдат стратешки реше-нија на оваа повеќегодишна кадровска криза, кои би се движеле во насока: - да се намали енормно големиот фонд

на часови на наставничкиот кадар на ФМУ,

- добивање согласност од страна на државните органи за пополнување на упразнетите места по пат на пензио-нираните професори,

- обезбедување на финансиски сретства за систематско отворање на нови нас-тавнички и соработнички места, врз основа на реалните потреби кои ги на-лагаат студиските програми.Сегашното работење на наставниот ка-

дар на ФМУ е врз основа на ентузијазам и исклучително залагање. Преголемата опто-вареност на наставничкиот и соработнич-киот кадар може негативно да се одрази и врз квалитетот на наставата, а од друга страна доведува до недостаток на време за индивидуална надградба (уметничка деј-ност, научноистражувачка и издавачка дејност, учество на домашни и меѓународ-ни конференции и сл.).

ФИНАНСИРАЊЕ

Како што е познато, финансирањето на дејноста на Универзитетот е според зако-нот и годишните програми за реализација на програмата за високообразовна дејност, која се врши од Буџетот на Р. Македонија, додека пак студиските програми се финан-сирани од страна на Министерството за образование и наука и дополнително од студентските партиципации. Во моментот се соочуваме со ограничени финансиски средства од Буџетот за реализирање на

Page 20: Univerzitetski vesnik br. 100

20

наставниот процес, кадровско обновување и финансиска поддршка за имплемен-тација на болоњскиот процес. Квалитетот на студирање на Универзитетот па според тоа и на ФМУ може да се подигне само со добро решен модел на финансирање, со мотивирани наставници чиј што менаџ-мент не е оптоварен со елементарни финан-сиски проблеми.

За жал, сегашната финансиска состојба на ФМУ е повеќе од незадоволувачка, алар-мантна, а самиот Факултет е на маргините на неговото егзистирање. Неповолната кад-ровска состојба, односно големиот недос-таток на наставнички кадар, за последица има зголемување на оптовареноста на наставниците со часови (просечен фонд околу 16 часа неделно). Наставниците пре-даваат по неколку предмети, а во овој фонд не влегуваат часовите предвидени за постдиплимски и докторски студии, како и ангажираноста на наставниците во подго-товката на наставата и во различни форми на континуирано следење на знаењата на студентите (колоквиуми, семинарски тру-дови и сл.) кои се задолжителни за форми-рање на завршната оцена. Исто така поразителен е фактот што на ФМУ се анга-жирани 22 наставника во дополнителен работен однос, чиј фонд само за покри-вање на додипломските студии изнесува околу 15 часа неделно. Часовите на настав-ниците и соработниците во дополнителен работен однос како и хонорарните часови на редовно вработените кадри во целост финансиски ги покрива ФМУ, односно се исплаќаат од сопствената сметка, што е главна причина за ваквата алармантна

финансиска состојба. Во наредниот период најголем дел од мојата активност ќе биде насочена кон изнаоѓање стратешки реше-нија за подобрување на материјалната состојба на вработените која веќе подолг период е крајно демотивирачка.

Изворите на финансирање на работе-њето на ФМУ генерално се состои од два столба:

- буџетски средства (преку УКИМ) и- сопствени приходи.

Нужен предуслов за успешно решавање на овој проблем е ургентното донесување на предлог-мерилата за финансирање на високото образование врз основа на инди-катори за реално чинење на образовани-ето на одредени профили, како и функцио-нирањето на Советот за финансирање и развој.

Со новиот начин на финансирање, а врз основа на веќе направени консултации, во периодот што следи, потребно е да се вло-жат посебни напори за признавање на ин-дивидуалната настава како главна специ-фика на ФМУ, но и за изнаоѓање стра-тешки решенија за финансиско покривање на хонорарните часови (како на надвореш-ните, така и на внатрешните наставници и соработници) од страна на Министерство-то за образование и наука.

За реализирање на програмските цели на ФМУ и унапредување на кадровските, просторните и финансиските можности и услови за работење, ќе биде неопходна целосна мобилизација на сите интелекту-ални и кадровски ресурси кои ќе придо-несат за зголемување на вториот столб на

Page 21: Univerzitetski vesnik br. 100

21

финансирање. За таа цел ќе се залагам: - за проширување на алтернативните

извори на финансирање на Факултетот по пат на донации и спонзорства;

- менаџирање со постоечките ансамбли на ФМУ (симфониски оркестар, Биг Бенд, Солисти на ФМУ, оркестарот на народни инструменти, хорот „Драган Шуплевски“, разни камерни ансамбли;

- за изработување на ценовник на финан-сиска надокнада за настап на ансам-бли од ФМУ за потребите на други факултети и институции, гостување во Републиката и сл. ;

- задолжително аплицирање со предлог проектите на ФМУ на конкурсот на Министерство за култура со цел одре-дени проекти да не се финансираат од сопствени средства како досега;

- за зголемување на услужните дејности на Факултетот преку организирање на разни курсеви, работилници, подготви-телна настава и слично, не само од областа на класичната музика туку и пошироко (изучување на народни ин-струменти, џез, традиционално пеење, естрадно пеење и друго);

- за постигнување договор помеѓу Ректо-ратот на УКИМ и ФМУ за откуп на CD-а со концерти од настапите на ФМУ снимени од студентите по сонологија како репрезентативен материјал на УКИМ;

- за преземање едукативни активности во насока на доживотно, перманентно учење и усовршување;

- како член на Kомисијата за култура и спорт на УКИМ ќе се залагам за пого-лема активност на ансамблите на ФМУ, како во Републиката така и над-вор од неа.

СТУДЕНТИ

Со Болоњската декларација студентот станува централен субјект, а воедно и партнер во образовниот процес. Партнер-скиот статус на студентите треба да им овозможи да станат рамноправни оцену-вачи на образовниот процес и двигатели на иницијативи за промени кои водат кон подобрување. Во таа своја улога студентите треба да бидат одговорни и компетентни. Остварувањето на ваквите очекувања и надминувањето на проблемите со кои се соочуваат студентите во текот на нивното студирање, треба да бидат остварени преку реализација на следниве цели:- развивање механизам за следење на

потребите на студентите;- континуирана анализа на студентските

програми и на соодветната успешност на завршените студенти на пазарот на трудот;

- создавање услови за мобилност на сту-дентите на институционално и нацио-нално ниво;

- активна соработка на Факултетот со студентската организација на ФМУ во однос на изведување на наставата и повратни информации од студентите за квалитетот и недостатоците во нас-тавната програма;

- стимулирање на учеството на студен-тите во научноистражувачката работа;

- студентски анкети за квалитетот во текот на студиите, должината на студи-рање и сл.;

- рамноправност во критериумите за уписните квоти;

- поедноставување на процедурите за пријавување на испити, земање на потврди и слично;

- обезбедување на четири стипендии од страна на ФМУ за најдобрите студенти од секоја студиска година. Согласно со новиот Закон за високото

образование и Статутот на Универзитетот се планира реално обезбедување услови на студентите за нивно учество во органите на управување на Факултетот (студентски парламент) и Универзитетот, како и усло-ви за други форми и облици на студентско организирање.

УПИСНА ПОЛИТИКА

Во периодот што претстои, деканот и новата деканска управа на ФМУ треба да се справат со засилената конкуренција на постоечките универзитети и факултети во Република Македонија. Во оваа сфера мно-гу е важно да се изгради стратегија за уписната политика. Тоа подразбира:- подобра понуда во образовниот про-

цес, квалитетен наставнички кадар, по-добри студиски програми, но и подоб-рување на условите за студирање;

- почести средби и посети на настав-ници од ФМУ во средните музички училишта со цел преку овие посети од страна на наставничкиот кадар на ФМУ да се презентираат студиските програми како и други дејности (семи-нари, курсеви, работилници, подготви-телна настава и сл.);

Page 22: Univerzitetski vesnik br. 100

22

- добивање увид во бројот, профилот и квалитетот на учениците, како и воде-ње грижа за посебно талентираните ученици;

- подобрување на уписната политика во однос на висината на партиципаци-јата, односно градење на исти крите-риуми за сите студенти врз основа на квалитетот, надминување на досегаш-ниот некоректен демотивирачки мо-дел (во класите каде што професорите се во дополнителен работен однос сту-дентите се примаат исклучиво во квота на самофинансирање).

НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКА ДЕЈНОСТ

Во периодот што следи покрај поддрш-ката на ИРАМ каде што е сконцентрирана најголемата научноистражувачка дејност на ФМУ (домашни и меѓународни конфе-ренции, дигитално обработување и архиви-рање на значителни фондови од македон-ското културно богатство, изработка на документирани видеа ставени во ДВД фор-мат, хроника на ИРАМ за настаните на ФМУ итн.), ќе настојувам да се поттикне:- издавачката дејност;- магистерските, а посебно докторските

студии (особено од редот на помладиот наставнички и соработнички кадар), со што ФМУ би го зголемил процентот на магистри, а посебно доктори во со-ставот на ННУС;

- учество на конкурси во Министерство за образование и наука за добивање средства за реализирање проектиЧ

- потикнување на меѓународната научно-истражувачка дејност, особено во сфе-рата на докторските студии.

СОРАБОТКА НА ФМУ СО ДРУГИ ИНСТИТУЦИИ НА ДОМАШНО И МЕЃУНАРОДНО НИВО

Во овој домен од активностите на ФМУ ќе настојувам и ќе се залагам за:- во иднина нашиот Факултет да ја не-

гува и интезивира соработката со му-зичките институции: Македонска фил-хармонија, Македонска опера и балет, СОКОМ и други;

- од голема важност за едукацијата, но пред сѐ и за мотивацијата на студен-тите, да се организираат разни средби, предавања и работилници, од страна на гости солисти (диригенти, инстру-менталисти, пеачи, композитори) на веќе споменатите институции. Оваа соработка е посебно важна и од аспект на ефикасно и рационално штедење на сопствените средства на ФМУ;

- за поддржување и насочување на квали-тетните студенти од ФМУ за нивно активно учество во ансамблите на на-

ционалните институции (пред сѐ МФ и МОБ) ;

- за гостување на истакнати визитинг професори од други средини.Посебна заложба во мојата активност

ќе биде насочена во правец на градење релации за соработка со сродни факултети и универзитети од нашето опкружување но и пошироко, затоа што постоечката затвореност во голема мера влијае демо-тивирачки, како за студентите така и за настваничкиот кадар.

Трнувајќи од сето горе наведено, функ-цијата декан претставува многу повеќе одговорност отколку чест, посебно во овој неповолен и неизвесен финансиски пе-риод за ФМУ. Секако дека предлог-програ-мата сама по себе не може да биде реали-зирана доколку не биде поддржана од це-лиот колектив и доколку секој не го даде својот придонес во нејзиното остварување. Ја изразувам својата подготвеност за раз-гледување и прифаќање на идеи и иници-јативи предложени од поедини настав-ници и катедри, со цел за поуспешен развој и афирмација на нашиот Факултет.

На крајот би сакала да потврдам дека основните принципи на работењето на де-канот и Деканатската управа покрај почи-тувањето на законитоста и Статутот на ФМУ, ќе бидат одговорноста, транспарент-носта и отчетноста.

Page 23: Univerzitetski vesnik br. 100

23

Д-р Љубомир Кекенов-ски е роден на 23.10.1962 година во Скопје. Основно и средно образование завр-шил во родниот град. По успешното завршување на студиите на Економскиот факултет во Скопје во 1988 година, се запишал на пост-дипломските студии на сту-диската програма Економ-ски развој со методи на економската анализа. Се вра-ботил на Економскиот фа-култет во Скопје, на 1.3.1989 година, како по-млад асистент по пред-метот политичка еконо-мија. Бил вклучен во тимот за изведување на настава и испити и по предметите основи на економија и еко-номика на јавните служби. Во 1992 година бил избран за асистент на новиот пред-мет, за првпат воведен на Економскиот факултет, еко-номија на јавниот сектор. Магистерската работа под наслов Јавниот сектор во развиените пазарни сто-панства ја одбранил на 14.7.1995 година, со што се стекнал со академското зва-ње магистер на економски науки. На 22.3.1999 година ја одбранил докторската дисертација на тема Новата положба на јавниот сектор,

со посебен осврт на профи-лирањето на јавниот сектор во Република Македонија. Избран е за доцент по предметот економија на јав-ниот сектор во јуни 1999 година, а во 2004 година е избран во звањето вонреден професор. Во септември 2009 година е избран за де-кан на Економскиот факул-тет.

Во текот на наставно-научната дејност, д-р Љубо-мир Кекеновски има оства-рено повеќе студиски прес-тои, кои се од извонредна важност за унапредување и осовременување на настав-ната програма со нови и актуелни содржини, и тоа: на универзитетите Гренобл и Сорбона во Франција во 1991 и 1995 година, соод-ветно, на Универзитетот Са-пиенца во Рим во 1999 година, на Универзитетот во Виена - Австрија во 2000 и 2002 година, на Универ-зитетот во Женева и на Инс-титутот за управување со јавниот сектор IDHEAP, при Универзитетот UNIL во Лозана - Швајцарија, во 2000 година, на Универзи-тетот во Атина, Грција, во 2000 година, на Економски-от универзитет во Свиштов и на Економскиот факултет во Софија, Бугарија, во 2003 година, на Аthenau Academy of Catalonia во Бар-селона, Шпанија, во 2007 година, на престижните MIT и Харвард-универзите-тот во САД во 2008 година и други.

Активно учествувал и во изработката на проекти од областа на јавниот сектор. Имено, тој бил координа-тор и коавтор на Програ-мата за трансформација на јавниот сектор во Репуб-лика Македонија, што се одвивала во соработка со Министерството за развој, Министерството за финан-

сии и со Виенскиот инсти-тут за компаративни сту-дии (WIIW), до 2002 годи-на. Бил учесник и коавтор во изработката на Страте-гијата за трансформација на здравствениот сектор - делот за финансиска транс-формација, што се работел под покровителство на МАНУ во 2001/2002 годи-на. Како дел од воспоста-вувањето специјализирана едукација на јавната адми-нистрација во Република Македонија, во соработка со Француската амбасада, Институтот за социолошки и политичко-правни истра-жувања и Француската ви-сока школа за јавна адми-нстрација - ENA од Париз, Франција, во текот на 2002 година, држел предавања и спроведувал испити како програмски директор на курсот по економија. Во рамките на проектот По-добрување на знаењето за одржлива трансформација на јавните претпријатија, финансиран од Германски-от завод за техничка сора-ботка - ГТЗ, во текот на 2000 година, партиципирал во соработката со еминен-тни меѓународни експерти и учествувал со свој труд и со предавање на тема Ре-структурирање на електро-енергетскиот систем на Ре-публика Македонија.

Во областа на локалниот јавен сектор работел на проучување и трансфер на знаење во пет општини во Република Македонија: Ка-вадарци, Куманово, Стру-мица, Гевгелија и Штип. Имено, како координатор и автор, од февруари до ок-томври 2002 година, го реа-лизирал обемниот проект Нови методи на управу-вање и трансформирање на локалните јавни претпри-јатија, на Германската вла-да, финансиран преку ГТЗ и Заедницата на единиците на локалната самоуправа - ЗЕЛС. Во декември 2004 го-дина учествувал во проек-тот на UNDP - Квантитатив-ни и квалитативни анализи на човечките ресурси во

Проф. д-р Љубомир Кекеновски,декан на Економскиот факултет

Page 24: Univerzitetski vesnik br. 100

24

општините, пристапност на јавните служби во раз-лични региони и социјал-ни средини во РМ.

Како експерт на мрежата на Local Government Initia-tive - LGI од Будимпешта, Унгарија, бил раководител на меѓународниот проект на LGI - Подобрување на знаењето за финансирање на јавните служби. По три-годишно истражување, во 2003 година, успешно е завршен проектот со учес-тво на студенти од Србија - Економскиот факултет во Ниш, Бугарија - Економски-от универзитет во Свиштов и Република Македонија - Економскиот факултет во Скопје. Во улога на коор-динатор се јавува на две-годишниот истражувачки проект Откривање и мере-ње на трансакционите тро-шоци - компаративна ана-лиза на случајот на Маке-донија споредено со други-те земји во транзиција и САД, на кој учествувале претставници од универзи-тети од Швајцарија, Слове-нија, Србија, Бугарија и Ма-кедонија, од 2005 до 2007 година.

Бил член на Економски-от совет на Владата до 1999 година и претседател на Монополската комисија до 2000 година. Претседава со Економско-социјалниот со-вет при Институтот „Евро-Балкан“, а раководител е на работното тело за економ-ска интеграција при Фору-мот за евроинтеграција - ФЕИМ. Како член на Сове-тот на Народната банка на Република Македонија во периодот 2000 - 2007 годи-на, претседава со Советот од надворешни членови кои одлучуваат по жалби против решенија изјавени од гувернерот и врши над-зор над работењето на Бан-ката согласно со член 64 од Законот за Народна банка.

Од областа на економ-ското интегрирање на РМ со ЕУ, може да се истакне дека бил член на прегова-рачкиот тим на Република

Македонија за потпишува-ње на Спогодбата за стаби-лизација и асоцијација со Европската унија. Коавтор е на Акциониот план и на Стратегијата за интегрира-ње на РМ во Европската унија. Во 2004 година бил дел од тимот за одговарање на Прашалникот на ЕУ во врска со теми поврзани со јавниот сектор. Бил коорди-натор и коавтор на проек-тот Трансформација на јав-ниот сектор во Р. Македо-нија во согласност со европ-ската легислатива - со посе-бен осврт на енергијата и гасот во 2005 година.

Како други позначајни проекти во коишто земал учество д-р Кекеновски се издвојуваат следниве: Парт-нерство меѓу јавниот и при-ватниот сектор во Репуб-лика Македонија - проект на ГТЗ - Германски завод за техничка соработка и ЗЕЛС - Заедница на единици на локална самоуправа, 2000 година; Intereg II - EU pro-ject, домашен експерт за се-лекција на проекти за регио-нална соработка на погра-ничните општини со Репуб-лика Грција, 1999/2000 го-дина; Јавниот долг на Репуб-лика Макаедонија - проект на Министерството за фи-нансии и WIIW, Viena, 2000 година; Стратегија за трансформација на јавниот сектор во Република Маке-донија - Министерство за финансии и WIIW, 2000 -2002 година; Проект за мо-дернизација на образование-то во Република Македо-нија - проект на Светската банка и Министерството за образование, 2003 година; Национална стратегија за намалување на сиромашти-јата - проект на Светската банка и Министерството за развој, делот за пристап-ност на јавните услуги до граѓаните на РМ, 2002 година; Локални јавни фи-нансии - тригодишен про-ект со Економскиот факул-тет во Ниш и Економскиот факултет во Свиштов, под покровителство на LGI –

Local government initiatiive од Будимпешта и Економ-скиот универзитет во Свиш-тов, Бугарија, 2001 - 2003 година; проект за трансфор-мација на образованието во РМ - Светска банка и Ми-нистерство за образование на РМ, 2004 година; проект на Светската банка за унапредување на пристап-носта на образовните услу-ги - Министерство за обра-зование, 2005 година; консултант на Конферен-цијата на синдикати КСС, околу подготовките за до-несување на Законот за вработување во јавниот сек-тор, 2007 година; локален експерт за меѓународниот проект финансиран од швајцарската агенција SDC “Berovo Urban Water Supply and Sanitation Pro-ject”, 2006/07 година; консултант на Министер-ството за економија за подготовка на Стратегијата за енергетски развој за 2008/09 и други.

Во текот на својата ка-риера, д-р Кекеновски има објавено повеќе научни ста-тии во земјата и во стран-ство. Автор е на трудот Еко-номија на јавниот сектор - теоретски и практични ас-пекти, којшто се користи како учебно помагало по предметот економија на ја-вен сектор. Одлично збо-рува и успешно се служи со стручна литература на англиски и на француски јазик.

Д-р Љубомир Кекенов-ски активно учествувал на повеќе домашни симпози-уми, работилници и триби-ни, со свои коментари, осврти и излагања, како и на повеќе меѓународни конференции и семинари.

Page 25: Univerzitetski vesnik br. 100

25

Економскиот факултет веќе го ужива ста-тусот на лидерска институција во образова-нието од областа на економијата и бизни-сот во Република Македонија, но има визи-ја преку натамошно унапредување на него-вите перформанси, оваа позиција не само да се задржи, туку и да добие меѓународни димензии, со што Факултетот би прерас-нал во една од водечките институции од ва-ков карактер во регионот. Поради тоа, напо-рите во периодот што следува ќе бидат насочени кон промоција на академската слобода и интегритет, заедничко владее-ње, чесност и фер пристап во секое поле на дејствување, високи очекувања и стандар-ди, и издигање на образовниот процес на едно повисоко ниво, во чии рамки, смисла-та за критичко размислување, конструкти-вен дијалог, меѓусебно почитување и сора-ботка ќе се сметаат за основни атрибути на новопрофилираните кадри. Мисијата на Факултетот е: создавање отворен факултет со меѓународен, мултикултурен амбиент и со препознатлив квалитет во вкупната деј-ност, подготвен за интеграција во меѓуна-родниот високообразовен простор.

Подобрување на квалитетот на образовниот процес

Она што претставува sine qua non за еми-ненцијата на секој еден факултет е академ-ската супериорност (“academic excellence”), квантифицирана преку квалитетот на ис-тражувачкиот потенцијал, знаењето што се понудува и кадрите што се продуцираат, заедно со нивниот колективен импакт врз општеството, како целина. Факултетот во периодот што следува ќе се залага за вове-дување на меѓународна димензија во сите аспекти на неговото холистичко управува-ње. Така, континуираното подобрување на квалитетот на наставно-образовниот про-цес ќе се изведува преку повисок степен на интеракција (професор-студенти) за време на наставата. Во тој контекст, особено ќе се вреднуваат љубопитноста, креативноста, чувството за експериментирање и критич-киот пристап кај студентите. Неопходна е и стручна едукација на кадрите преку нив-но ангажирање во научноистражувачки проекти и учество на меѓународни конфе-ренции, стручна едукација на студентите и нивна целосна подготовеност за вклучу-

вање во работни ангажмани во меѓународ-ни рамки и во мултикултурниот глобален простор. Сублимирано, тоа ќе се сведува на:• унапредување и интегрирање на науч-

ноистражувачката дејност, на универ-зитетско, национално и на меѓународ-но ниво;

• трансформација на Библиотеката во современ информационен центар, при-способен на потребите на новото вре-ме;

• континуирано надградување на тех-ничката опременост на Факултетот со најновите достигнувања, дизајнирани за унапредување на научно-образов-ниот процес;

• ставање на технологијата во функција на развој и меѓународна промоција на Факултетот преку организирање на видеоконференции и предавања од страна на еминентни странски профе-сори, со посредство на електронски линкови;

• обезбедување поголема застапеност на економетриското образование во рам-ките на постојните наставни програми;

• обука на студентите за ракување и при-мена на современите економетриски софтвери од типот на STATA, E-Views;

• истражување на можностите за органи-зирање на летни програми фокуси-рани на обезбедување на практична обука на студентите;

• интегрирање на меѓународната сора-ботка во рамките на Факултетот зара-ди хармонизација на високообразовни-от и научниот систем со европскиот, односно меѓународниот едукативен простор;

• истражување на можностите за работа со студентите во помали групи;

• обезбедување компатибилност со гло-балното високо образование и квали-

Проф. д-р Љубомир Кекеновски, декан на Економскиот факултет

ПРОГРАМА ЗА РАБОТАТА НА ДЕКАНОТНА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ

ВО МАНДАТНИОТ ПЕРИОД 2009-2013

Page 26: Univerzitetski vesnik br. 100

26

тетна мобилност на кадрите и студен-тите.За подобрување на квалитетот ќе се вос-

постави систем во кој ќе се следат настав-ните активности, а ќе се одвива преку:• континуирана евалуација од страна на

студентите, која постои и сега, но ќе се интензивира;

• следење на успешноста на студентите во совладувањето на знаењата по секо-ја предметна програма;

• следење на должината на студирање за секој студент;

• анкетирање на завршените студенти за студиските програми и општо за систе-мот на студирање;

• следење на кариерата на дипломира-ните студенти – ALUMNI, како од стра-на на Центарот за кариера на Факул-тетот, така и од страна на реномиран економски весник (пр. „Капитал“) .Со цел да се обезбеди целосен квалитет

на наставната дејност, веднаш ќе започнат активностите за реформа на постдиплом-ските студии, кои треба да одат во насока на:• флексибилност и компатибилност на

постдипломските студии со потребите на бизнис-секторот и државните инсти-туции;

• воведување задолжителна практична работа на постдипломските студии, која ќе се изведува во соработка со при-ватниот сектор;

• фокус на усовршување на аналитички-те и комуникациски вештини на канди-датите;

• аплицирање на неконвенционални нас-тавни техники од типот на анализа на конкретни случаи, симулациони техни-ки и сл.;

• воведување работа на проекти со при-ватни партнери;

• воспоставување на поблиска соработка со сродни странски универзитети, во доменот на размена на искуства и идеи;

• истражување на можностите за обезбе-дување кратки студиски престои на магистрантите на партнерските факул-тети, со цел реализација на конкретни истражувачки проекти или изработка на магистерските тези;

• воведување на нови дисциплини и насо-ки, кои ќе се организираат во соработ-ка со еминентни странски факултети;

• изработка на Водич за евалуација на поднесените магистерски тези, којшто ќе се заснова на прецизно дефинирани стандарди.Веднаш ќе започне и реформа на досе-

гашниот начин на докторирање, како трет циклус во системот на високото образова-ние. Со оглед на тоа што ова ќе биде нови-на, за успешно и квалитетно воведување на докторските студии ќе се оствари сора-ботка со Ректоратот за користење на капа-

цитетите на Универзитетот, но ќе се прави напор и за соработка со странски факул-тети кои имаат успешни докторски про-грами.

Науката во функција на квалитетот на наставата

Натамошното унапредување на домаш-ната и меѓународната проминенција на Факултетот е клучно условена од значење-то што ѝ се полага на научноистражувач-ката дејност. Во таа насока, планирано е позначаен дел од расположливите ресурси да бидат канализирани во изградба на современа истражувачка инфраструктура, со што Факултетот во следниот период би

се промовирал како истражувачки интен-зивна институција.

Научноистражувачката дејност на Фа-култетот се одвива во услови на ниска буџетска поддршка на оваа дејност во Ре-публика Македонија, која е далеку од за-ложбите на Лисабонската декларација за поддршка на науката. Во такви услови, тешко се извршува научноистражувачката дејност, со необновена опрема која не може да обезбеди квалитетни анализи за сè поострите стандарди и критериуми кои

Page 27: Univerzitetski vesnik br. 100

27

во светот постојано се подигнуваат. Ова, пак, придонесува кон очигледно опаѓање на конкурентната способност на Факул-тетот во меѓународните истражувачки про-екти. Оваа состојба доведува и до тешко-тии во врска со прифаќањето на наставно-научните работници на Факултетот со свои трудови во меѓународни списанија со фак-тор на влијание.

Надминувањето на ваквата состојба ќе бара значаен ангажман и претставува про-цес во кој ќе се комбинираат повеќе актив-ности:• зголемување на апликациите на проек-

тите за Министерството за образова-ние и наука;

• интензивирање на соработката со Ми-нистерството за економија и Министер-

ството за финансии, во делот на истра-жувачки, но и на применети истражу-вања за потребите на Министерството;

• поголемо вклучување во меѓународни истражувачки конзорциуми (посебно во ФП-7);

• промовирање на регионална соработка преку учество во заеднички истражу-вачки проекти;

• обезбедување наменски средства и до-нации од домашни и од меѓународни фондации, бизнис-компании и други

партнери за модернизирање и набаву-вање на нова опрема;

• обезбедување средства за учество на наши наставно-научни работници на семинари, конференции и други сред-би каде што ќе презентираат научен труд;

• обезбедување наменски средства за пе-чатење на научни трудови во меѓуна-родни списанија со фактор на влија-ние;

• развој и промоција на истражувачка култура кај наставниот кадар и инве-стирање во неопходната инфраструк-тура;

• дефинирање на продуктивни партнер-ски релации со приватниот сектор;

• воспоставување на активности за трансфер на истражувачки технологии;

• развивање и имплементација на соод-ветни алатки – квантитативни и квали-тативни - за документирање и евалу-ација на постигнатиот прогрес во доме-нот на истражувачката дејност;

• промоција на кооперативни истражу-вачки проекти и изградба на коопера-тивни партнерства со државните инс-титуции и приватните субјекти;

• имплементација на комуникациски план за поддршка на истражувачката дејност;

• обезбедување на неопходната технич-ка поддршка за Библиотеката во функ-ција на успешно исполнување на нејзи-ниот мандат, како поддршка на настав-но-образовниот процес и истражувач-ката дејност во услови кога технологи-јата бележи континуиран пропулзивен развој и со мисија на унапредување на информационата писменост;

• организирање на дисциплинарни и интердисциплинарни конференции и истражувачки форуми;

• посебно акцентирање на истражувач-ките капацитети во процесот на регру-тирање и ангажирање на нови кадри;

• во соработка со факултетите од развие-ните европски земји, ќе се организи-раат обуки, посебно наменети за по-младите истражувачи од Факултетот, за учење на нови истражувачки мето-ди, техники на изработка на научни трудови кои ќе се печатат во списанија со фактор на влијание, како и техники за подготвување на предлог - проекти од европски и други меѓународни фон-дови.Целокупната активност за подигнување

на квалитетот и интензитетот на научно-истражувачката работа може да ја поддр-жат и применетите истражувања, за потре-бите на бизнис-секторот. Во оваа насока, постигнување на подобри резултати ќе се остварат со поголемо институционално присуство на Факултетот во стопанството.

Page 28: Univerzitetski vesnik br. 100

28

Така, Центарот за усовршување на кадри и истражувачка дејност ќе биде реорганизи-ран и ставен во функција на поголемо отворање на Факултетот кон стопанството. Исто така ќе се направат активности за привлекување на стопанството кон Факул-тетот, преку обезбедување промоции на стопанските субјекти во неговите актив-ности.

Студентот во фокусот на работата на Факултетот

Целокупното работење на Факултетот и активностите ќе се одвиваат во насока кон студентот. Неопходно е да се подобри работ-ниот амбиент и да се мотивираат студен-тите преку:• воведување интернет-апликација (вклу-

чително и Интранет) која ќе ја корис-тат професорите и студентите овозмо-жувајќи поголема интеракција;

• почитување на принципот на транспа-

рентност кон студентите во сите финан-сиски полиња (пр. плаќање осигуру-вање на студентите, со објаснување на покритието);

• нудење на можности за професио-нален развој на студентите, преку обез-бедување нивна партиципација на про-фесионални конференции и семинари и логистичка и финансиска поддршка на продуктивните истражувачки идеи;

• воспоставување на нови и зацврстува-ње на постојните партнерства со ком-плементарните институции од стран-ство со цел поактивна инволвираност на Факултетот во меѓународните про-

грами на размена и студентски конфе-ренции;

• вложување напори за обезбедување на надворешни стипендии и грантови за најдобрите студенти.Покрај секојдневните редовни актив-

ности во наставно-образовниот процес, за студентите ќе бидат преземени активности кои ќе овозможат нивно вклучување и во други активности на Факултетот, прибли-жување кон стопанството, како и нивно вклучување во меѓународната студентска размена. Ќе бидат преземени следниве активности:• формирање на Одделение за меѓуна-

родна соработка и мобилност на студентите;

• организирање на смотра на трудови од студенти.

Технолошки иновации

Посебно внимание ќе се посветува на развојот и експлоатирањето на партнер-

ските односи. Фондацијата на нашите колабора-тивни напори ја гледаме во вос-поставувањето на силни и долго-рочни релации со партнерските институции. Во таа смисла, наша-та мрежа на парт-нерства со корпо-рациите, фонда-циите, државни-те институции, непрофитните агенции, граѓан-ските здружени-ја, јавниот сектор и останатите уни-верзитети, ќе про-должи да се ши-ри, паралелно со напорите за изна-оѓање нови и ино-вативни модали-тети за збогату-

вање на образовниот процес со емпириски фундирани доктрини. Партнерски односи ќе се обидеме да изградиме и со нашите студенти во функција на оптимизација на нивното знаење, како во предавалните, така и надвор од нив.

Промоција на интердисциплинарни истражувачки проекти

Интердисциплинарното образование и истражување интегрира две или повеќе различни научни полиња или дисципли-ни, во функција на остварување на одре-

Page 29: Univerzitetski vesnik br. 100

29

дени заеднички цели, при што во фокусот на неговите интереси, најчесто се одреде-ни комплексни прашања и теми.

Нашата цел ќе биде развој на интердис-циплинарни истражувачки проекти, во чии рамки, преку експлоатирање на екс-пертското знаење од различни области, би се обезбедила комплетна идентификација и разбирање на комплексните општестве-ни појави и проблеми.

Поактивна јавна ангажираност

Како локални и глобални граѓани, сите ние ја имаме одговорноста за адресирање на клучните општествени проблеми. Тргну-вајќи од оваа поставка, ќе се настојува да се обезбеди поголема инволвираност на Факултетот во сите сфери на јавното живее-ње преку:• поместување на фокусот од улогата на

јавен сервис кон улога на јавна анга-жираност;

• идентификување, организирање и пуб-ликување на расположливата кадров-ска и материјална експертиза;

• воспоставување на партнерски рела-ции со медиумите, со цел промоција и поактивна ангажираност на кадровска-та база во давање консултативни услу-ги, јавно излагање на ставови и идеи, особено во однос на прашањата од фундаментален, развоен и национален карактер;

• активно ангажирање на Факултетот во истражување и идентификување на ло-калните и националните потреби и приоритети.

Управување насочено кон резултати

Процесот на управување на Факултетот во наредниот мандат ќе се одвива во усло-ви на промените кои се неопходни, а во согласност со имплементацијата на Зако-нот за високото образование и новиот Ста-тут на Универзитетот. Во такви услови, про-мените ќе се однесуваат на повеќе аспекти:• целосна промена на постојните правил-

ници;• промена на организациската структура;• поставување на нов систем на управува-

ње (рекомпонирање на факултетската управа);

• реформа на администрацијата во функ-ција на новите структури и потреби на дејностите на Факултетот.Организациската структура е прашање

кое произлегува од промената во составот на факултетската управа. Промената на организациската структура ќе се одвива по принципот на целосно почитување на ста-вовите на постојните катедри и принципот на организирање согласно со компатибил-носта и заедничкиот интерес за работа во

сродни и блиски подрачја. Како критери-ум ќе биде поставена рамноправноста во застапувањето на поединечните подрачја во менаџментот на Факултетот, ефикаснос-та во дејствувањето на организациските единици и оптималното искористување на капацитетите.

За потребите на дејностите на Факул-тетот, во новонастанатите услови, кога дел од менаџмент-функциите ќе бидат водени на ниво на Универзитет, ќе биде потребно реорганизација на администрацијата на Факултетот, а во функција на наставниот процес, студентите, научноистражувач-ката работа и соработката на Факултетот со домашни и со странски институции и компании. Реорганизацијата ќе обезбеди флексибилна администрација во функција на вработениот наставен и помошнонаста-вен кадар.

Ефикасноста на управувачкиот процес ќе биде постигната преку целосно интегри-ран информациски систем кој натаму ќе се поврзе со информацискиот систем на Уни-верзитетот. Посебен дел на овој информа-циски систем ќе се однесува на студент-ската евиденција и обезбедување на мож-ност за електронско пријавување на испит и затворање на целиот циклус: студент - студентски прашања - наставник (елек-тронски пристап до дел од материјалите за предавања и вежби).

Особено значајно внимание за постиг-нување ефикасност во управувањето ќе биде посветено на финансискиот менаџ-мент. Во сегашните услови на ограничено буџетско финансирање на дејностите на Факултетот, финансискиот менаџмент ќе се фокусира на рационално искористува-ње на средствата и ефикасно канализира-ње на лимитираните ресурси кон продук-тивни цели.

Целокупните залагања за квалитет и развој можат да се постигнат само со моти-вирање на сите вработени, зачувување на дигнитетот на наставно-научните работни-ци и соодветно достоинствено наградува-ње.

Изнаоѓање на дополнителни извори и начини за зголемување на примањата со кои ќе се надминат елементарните финан-сиски проблеми, ќе биде примарна задача во финансискиот менаџмент.

Во оваа насока, како потенцијал се до-полнителните извори што вработените на Факултетот ги остваруваат од научни и апликативни проекти, обезбедување на-чин оваа целокупна активност да се одви-ва преку Факултетот без бариери и адми-нистративни ограничувања.

При прибирањето на овие активности, ќе се пристапи кон прелокација на сред-ствата кои Факултетот ги зафаќа како ре-жиски трошоци во насока на враќање на дел од овие средства преку формирање на заеднички средства на катедрата од која

Page 30: Univerzitetski vesnik br. 100

30

доаѓа проектот. На овој начин ќе се постиг-не и поефикасно управување со катедрите и преземање на одговорност за развој на самата катедра.

Инвестициите - носители на развојот

Развојот и инвестициите се органски по-врзани, односно без инвестиции не е мо-жен развој. Во наредниот период, инвес-тициите ќе се фокусираат на:• опрема за научни истражувања;• формирање на фонд за издаваштво, со

кој ќе се обезбеди систем на обезбедува-ње на основна литература за студен-тите (учебници, практикуми, скрипти и др.);

• инвестиции насочени кон содржини за спорт и култура, како потреби кои при-донесуваат во развојот на студентите и вработените на Факултетот.Во насока на реализација на инвестиции-

те, потребните средства ќе се настојува да се обезбедат од државата, но секако и од сопствени средства. Како потенцијал за реа-лизација на одредени инвестиции ќе биде вклучен и бизнис-секторот. Ќе се направи

напор и за обезбедување на донации од страна на бизнис-секторот, кои ќе бидат наменски користени во поединечни инвес-тициски активности, но и во развојот на наставно-научниот кадар.

Заклучок

Врз основа на сето погоре истакнато, неспорен е фактот дека е чест, но и голема одговорност да се биде декан на Економ-скиот факултет во Скопје, во периодот 2009 - 2013 година. Оваа Програма ќе може да се реализира само доколку во нејзината реализација бидат вклучени сите вработени на Факултетот. Економски-от факултет е институција со шестдеце-ниско постоење, институција која е една од првите високообразовни институции во Република Македонија и основач на Уни-верзитетот „Св. Кирил и Методиј“, па за-тоа да се води Факултетот одговорно и во натамошен континуиран развој е обврска кон сите генерации кои со својата настав-на и научна работа ја изградиле денеш-ната позиција на Факултетот како водечка институција во областа на економските науки.

Во согласност со Законот за високото образование и Статутот на Универзи-тетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, обврска на деканите на факултетите е, најмалку еднаш во годината, до наставно-научните совети и до ректорот на Универзитетот да поднесат извештај за својата работа. Во Универзитетски весник објавуваме дел од извештаите за работа на деканите, кои по својата форма и содржина можат да бидат редактирани за оваа намена. Во овој број го објавуваме извештајот за работата на деканот на ППррааввннииоотт ффааккууллттеетт, ппрроофф.. дд--рр ББооррччее ДДааввииттккооввссккии.

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТАНА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“ ВО СКОПЈЕ

(1.10.2008 - 14.9.2009)

Проф. д-р Борче Давитковски,декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“

Во извештајниов период (1.10.2008 - 14.9.2009) се при-кажани резултатите од работата на Факултетот за учебна-та 2008/09 година, односно за првата година од мандатот на деканот проф. д-р Борче Давитковски и продеканите проф. д-р Тодор Каламатиев, проф. д-р Никола Тупанче-ски и проф. д-р Гордана Бужаровска. Заради целост, но и поради обврската на деканот да доставува годишен из-вештај до ректорот на Универзитетот, во овој извештај се вклучени и податоците од последното тримесечје на 2008 година, што претходно го разгледа и го усвои Наставно-научниот совет.

Донесувањето на Законот за високото образование (Сл. весник бр. 35/2008, бр. 103/2008, бр. 26/2009 и бр. 99/2009) наложи наше усогласување, пред сè на ниво на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со донесува-њето на Статутот на Универзитетот, во чија подготовка учествуваа професори и од нашиот Факултет, а потоа и со донесувањето на нашиот Правилник за внатрешните односи и работењето на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Неговата имплементација значи при-способување на нашето работење во рамките на еден интегриран универзитет.

Page 31: Univerzitetski vesnik br. 100

31

Како Факултет со долга традиција, оче-кувано, во учебната 2008/09 година беа продолжени веќе започнатите проекти, пред сè ЕКТ-системот, кој започна да се реа-лизира и во вториот циклус. Застој има во воведувањето на докторските (третиот цик-лус) студии поради доцнењето на актите на ниво на Универзитетот, и покрај тоа што работната група на Факултетот изгот-ви текст на правилник за докторски сту-дии, што требаше да се усвои во јануари 2009 година.

Ставена е во мирување и издавачката деј-ност на Факултетот, издавањето учебници и учебни помагала, поради сè порестрик-тивната политика на користење на сопстве-ните средства, но и поради уредувањето на оваа материја на ниво на Универзитетот.

По долг период, по наше упорно докажу-вање, Факултетот е изедначен во критери-умите за финансирање од државата со дру-гите факултети.

Студии од прв циклус

Во учебната 2008/09 година се организи-ра настава на Правниот факултет „Јусти-нијан Први“ во Скопје, и тоа во прв циклус (прва, втора и трета година), како и во дисперзираната паралелка во Штип (трета завршна година).

На 13.10.2008, во просториите на Сове-тот на град Велес, во присуство на тогаш-ниот министер за образование Перо Стоја-новски, ректорот на нашиот Универзитет, проф. д-р Велимир Стојковски, тогашниот градоначалник на Велес, Аце Коцевски, ка-ко и продеканите проф. д-р Тодор Калама-тиев и проф. д-р Никола Тупанчески, дека-нот проф. д-р Борче Давитковски свечено ја отвори учебната година на дисперзира-ната паралелка во Велес, за запишаните 118 редовни студенти.

За жал, поради необезбедени простор-ни услови за работа, наставата за овие сту-денти се изведуваше во Скопје.

Наставата во академската 2008/09 го-дина (зимски и летен семестар) се изведу-ваше според одлуката за распоред на работните задачи и распоредите за настава, и тоа на правните студии: прва година - 5 паралелки, втора година - 6 паралелки, трета година - 6 паралелки; на политичките студии: прва година - 1 паралелка, втора година - 2 паралелки и трета година - 2 паралелки; на студиите по новинарство: во сите три години по една паралелка, правни студии во Штип - една паралелка во трета година, правни студии во Велес - една паралелка во прва година.

Во академската 2008/09, во прва годи-на се запишале, по сите основи, 463 сту-денти на правните студии, 63 студенти на политичките студии и 32 студента на студиите по новинарство по првиот уписен рок.

Во текот на ноември се спроведе актив-ност за доделување ваучери за компјутери, согласно со акцијата на Владата - компју-тер за секој студент. Со акцијата беа опфа-тени студенти на завршна трета година на правните, политичките и на студиите по новинарство. Беа доделени вкупно 912 вредносни бонови-ваучери. За спроведена-та активност добивме и благодарност од Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во текот на зимскиот и летниот семе-стар беа примани и разгледувани голем број барања од студентите, кои беа со раз-лична содржина (промена на група, проме-на на статус на студии, студирање по но-виот наставен план, намалување на парти-ципацијата за студирање, продолжување на студиите на Правниот факултет во

Page 32: Univerzitetski vesnik br. 100

32

Скопје од студенти кои се запишале на дис-перзираната паралелка во Велес итн).

За учебната 2009/10 година се спроведе конкурсот за запишување студенти во прва година на правните, политичките и студии-те по новинарство. За првпат беа спроведу-вани три уписни рока; во досегашната прак-тика уписите се завршувале во еден рок, што е резултат на големиот број отворени факултети во државава со државна квота. За првпат и за нашиот Факултет е зголеме-на државната квота на сметка на квотата со кофинансирање, што влијаеше и на на-шиот приход по оваа основа.

Бројките се следниве: правни студии - 553 (350 - државна квота, 142 со кофинан-сирање, 13 - вонредни, 29 според нацио-налност и 19 по други основи), политички студии - 164 (92 - државна квота, 27 со ко-финансирање, 10 вонредни, 15 според на-ционалност и 20 по други основи); студии по новинарство - 83 (69 - државна квота, 7 со кофинансирање, 4 вонредни, 3 според националност). Според бројките, наставата ќе се организира во 5 групи.

Факултетот запиша една група студенти во прва година на дисперзираните студии во Велес (83, од кои 65 во државна квота, 11 со кофинансирање, 5 според национал-ност и 2 по други основи). Студентите од паралелките во Велес наставата ја следеа во Скопје, поради немање соодветни усло-ви за работа, но е договорено за новите студенти наставата да се држи во Велес во зградата на локалната самоуправа.

Во рамките на перманентните напори на Факултетот да ги осовременува и подоб-рува условите за изведување настава, во овој период две предавални се опремени и адаптирани во амфитеатри, како и опреме-на е и училница за електронско полагање на испити.

Во извештајниов период беа одржани пет промоции: промовирани беа 932 прав-ници и 102 новинари. Се работи за дипло-мирани студенти по стара наставна програ-ма.

Склучен е договор со Македонски теле-комуникации за практично оспособување на двајца студенти во областа на корпора-тивниот сектор и правото.

Студии од втор циклус (постдипломски студии)

На Правниот факултет „Јустинијан Пр-ви“ во Скопје, од учебната 2008/09 година започна реализацијата на студиите од вто-риот циклус (постдипломски студии), на правните студии, на политичките студии и на студиите по новинарство.

1. Конкурсот за запишување студенти на правните студии од втор циклус (пост-дипломски студии) во учебната 2008/09 година беше објавен на 27/28 септември

2008 година во дневните весници и на веб-страницата на Правниот факултет „Јусти-нијан Први“ во Скопје.

Запишувањето се вршеше на следниве насоки: административно право и јавна ад-министрација, деловно право, меѓународ-но право и меѓународни односи, правосуд-на насока, уставно право и финансии и фи-нансово право.

Запишувањето траеше до 10 ноември 2008 година. Вкупно се запишаа 417 сту-денти, и тоа: на правосудната насока - вкупно 182 студента, на насоката по адми-нистративно право и јавна администра-ција - вкупно 49 студенти, на насоката по деловно право - вкупно 60 студенти, на насоката по меѓународно право и меѓуна-

родни односи - вкупно 51 студент, на насо-ката по финансии и финансово право - вкупно 61 студент и на насоката по уставно право - вкупно 16 студенти.

Наставата за сите насоки започна на 24 ноември 2008 година.

2. Конкурсот за запишување студенти на политичките студии и на студиите по новинарство од вториот циклус во учебна-та 2008/09 година беше објавен на 1 ноем-ври 2008 година во дневните весници и на веб-страницата на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Запишувањето на политичките студии од втор циклус се вршеше на насоката при-менета политика, а на студиите по нови-нарство, на насоките: новинарство и ме-диуми и комуникации.

Page 33: Univerzitetski vesnik br. 100

33

Запишувањето траеше до 1 декември 2008 година. Се запишаа вкупно 22 канди-дата на политичките студии и вкупно 31 кандидат на студиите по новинарство, при што на студиите по новинарство се акти-вираше само насоката медиуми и комуника-ции.

Наставата започна на 22 декември 2008 година.

3. Правниот факултет „Јустинијан Пр-ви“ во Скопје распиша конкурс во рамките на ТЕМПУС - проектот (ЈЕП-41035-2006), заедно со партнерските универзитети (Уни-верзитетот Западна Бохемија – Пилсен, Чешка Република, и Грац-универзитетот – Грац, Австрија).

Во рамките на овој конкурс, запишува-њето се вршеше на две насоки: политички менаџмент и европски институции и поли-тики.

На двете насоки се запишани вкупно 34 студенти, и тоа: 20 студенти на студиската програма за европски институции и поли-тики и 14 студенти на студиската програма за политички менаџмент.

Наставата започна на 6 ноември 2008 година, се изведува само на англиски ја-зик, а во наставата учествуваат и експерти од универзитети во Холандија и Германија (Берлин).

4. По добиеното решение за акредита-ција на постдипломските студии по делов-но право на Европската унија, Правниот фа-култет „Јустинијан Први“ во Скопје распи-

ша конкурс за упис на регионалните пост-дипломски студии за деловно право на Европската унија, што ќе се спроведуваат во конзорциум со уште 11 правни факул-тети од регионот на Југоисточна Европа.

Програмата ја изведуваат домашни пре-давачи (40% од вкупната настава), преда-вачи од регионот на Југоисточна Европа (30% од вкупната настава) и меѓународни предавачи (30% од вкупната настава). Про-грамата се изведува примарно на англис-ки јазик и делумно на македонски јазик.

Запишувањето траеше до 24 ноември 2008 година.

Студиите беа отворени на 9.11.2008 го-дина, со обраќање на деканот проф. д-р Борче Давитковски, раководителот на сту-диите, проф. д-р Тито Беличанец и прет-ставникот на ГТЗ, м-р Вероника Ефремо-ва. Наставата за 13-те запишани студенти започна на 10.11.2008 година.

5. По добивањето на решението за акре-дитација на студиите по римско право и приватно-правна традиција и на историја на правото, по одлука на Наставно-науч-ниот совет на Правниот факултет, на 27/28 декември 2008 година беше распи-шан конкурсот за запишување студенти на овие студии.

Запишувањето на конкурсот траеше до 1 февруари 2009 година, а наставата започ-на во март 2009 година.

Студентите кои на студиите од вториот циклус (постдипломски студии) се запиша-ни во минатата учебна година (2008/09), треба да започнат со настава од деветтиот семестар на студиите на 19 октомври 2009.

Студии од вториот циклус (постдипломски студии) според конкурс во учебната 2009/10 година

1. На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, од учебната 2009/10 го-дина беше распишан вториот конкурс за реализацијата на студиите од вториот цик-лус (постдипломски студии) на правните студии, на политичките студии и на сту-диите по новинарство.

Конкурсот за запишување студенти на правните, политичките и на студиите по новинарство од втор циклус во учебната 2009/10 година беше објавен на 5/6 сеп-тември 2009 и на 19/20 септември 2009 година во дневните весници и на веб-страницата на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

1.1. Правни студииЗапишувањето на правните студии се

вршеше на следниве насоки: администра-тивно право, граѓанско материјално право и граѓанско процесно право, деловно пра-

Page 34: Univerzitetski vesnik br. 100

34

во, историја на правото, казнено право, меѓународно право и меѓународни односи, римско право и приватно-правна традици-ја, уставно право и на финансии и финан-сово право.

Запишувањето траеше до 1 октомври 2009 година.

Се запишаа вкупно 520 студенти, и тоа: на насоката по административно право и јавна администрација - вкупно 42 студен-та, на насоката по деловно право - вкупно 79 студенти, на насоката граѓанско мате-ријално право и граѓанско процесно право - вкупно 83 студенти, на насоката казнено право - вкупно 156 студенти, на насоката меѓународно право и меѓународни односи -вкупно 61 студент, на насоката финансии и финансово право - вкупно 74 студенти и на насоката уставно право - вкупно 25 студен-ти.

1.2. Политички студииНа политичките студии запишувањето

се вршеше на насоката применета полити-ка. Се запишаа вкупно 12 кандидати.

1.3. Студии по новинарствоНа студиите по новинарство запишува-

њето се вршеше на следниве насоки: нови-нарство и медиуми и комуникации. Се запи-шаа вкупно 7 кандидати, и тоа на насоката медиуми и комуникации.

Наставата треба да започне на 19 октом-ври 2009.

Постдипломски студии за студентите кои завршиле четири-годишни студии

Во октомври 2008 година беа распиша-ни конкурси за упис на постдипломски студии за студентите кои завршиле четири-годишни континуирани студии.

Распишани се конкурси од областа на: граѓанско право, казнено право и кримино-логија, меѓународно право и меѓународна политика, правно-политички науки и кому-никологија и од областа на деловното право.

Наставата започна во февруари 2009 го-дина.

И во октомври 2009 година беа распи-шани конкурси за упис на постдипломски студии за студентите кои завршиле четири-годишни континуирани студии пред вове-дувањето на системот на студирање според ЕКТС.

Распишани се конкурси од областа на: граѓанско право, казнено право и кримино-логија, меѓународно право и меѓународна политика, правно-политички науки и кому-никологија и од областа на деловното право.

Пријавувањето трае до 1 декември 2009, а наставата се планира да започне во февруари 2010 година.

Соработка со други институции

Согласно со Законот за високото обра-зование и Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, студентот треба да посетува практична настава, над-вор од Факултетот во државни органи, судови, невладини организации, медиуми и др. коишто се од интерес за остварување на правничката, политиколошката и нови-нарската струка.

Оттука, за реализирање на оваа наша обврска спрема студентите, како поврза-ност на науката со практиката, беа доста-вени 45 писма со барање согласност за со-работка, за примање студенти за практич-на настава и за учество на нивни струч-њаци во наставата. Речиси сите одговорија дека се подготвени да соработуваат и да потпишат договор со нас. Во тек е склучу-вање договори со овие институции.

Проект „Евроинтегра-ција на општестве-ниот, правниот и политичкиот систем на Република Македонија“

Во рамките на проектот „Евроинтегра-ција на општествениот, правниот и поли-тичкиот систем на РМ“, на Правниот фа-култет „Јустинијан Први“ во Скопје, на 10 ноември 2008 година беше организирана научна расправа по повод Предлог-зако-нот за градот Скопје на тема: „Децентрали-зацијата, статусот и организациониот мо-дел на градот Скопје“.

На расправата, меѓу другите, присуству-ваа тогашниот градоначалник на градот Скопје, г. Трифун Костовски и претседате-лот на ЗЕЛС, г. Коце Трајановски. Со во-ведни излагања и дискусии учествуваа нас-тавниците и соработниците од Факултетот.

Следејќи ја досегашната практика, во-ведните излагања и дискусиите од распра-вата ќе бидат објавени во најновиот број на списанието Forum Europaeum.

Темпус IV-проект: „Регионални пост-дипломски студии по право на интелек-туална сопственост“

По одобрувањето на апликацијата од страна на Европската комисија, деканот проф. д-р Борче Давитковски го потпиша договорот за реализација на Темпус-про-ектот под наслов „Regional Joint Degree Master of Intelectual Properts Law“ (Регио-нални постдипломски студии со заедничка диплома по право на интелектуална сопственост).

Проектот има цел да се воведат нови

Page 35: Univerzitetski vesnik br. 100

35

регионални постдипломски студии по пра-во на интелектуална сопственост. Студиите ќе бидат на англиски наставен јазик. Пред-видено е издавање на заедничка диплома на: Академијата на Светската организација за интелектуална сопственост, Центарот за меѓународни студии по индустриска соп-ственост на Универзитетот „Роберт Шу-ман“ од Стразбур, Правниот факултет „Јус-тинијан Први“ во Скопје и Правниот факул-тет во Белград.

Беше планирано конкурсот за првата ге-нерација студенти да биде објавен во перио-дот април-јуни 2009 година, а наставата да започне во октомври 2009 година. Ова не беше реализирано поради административ-ни пречки на релација со Универзитетот и доцнењето на започнувањето на проектот. Најверојатно овие активности ќе се реали-зираат во 2010 година.

Нов ТЕМПУС-проект на политичките студии

Во рамките на последниот повик на ТЕМПУС-програмата на Европската коми-сија, конзорциумот во кој учествуваат и по-литичките студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје доби проект насловен: „Примери за извонредност за раз-вој на joint degrees во Југоисточна Европа“. Конзорциумот е составен од 18 универзите-ти, 2 меѓународни студентски организа-ции, како и асоцијација за евалуација на квалитет во високото образование.

Резултат на проектот ќе биде воспоставу-вањето на joint degrees магистерски интер-дисциплинарни студии за Југоисточна Ев-ропа во кои ќе учествува и нашиот Факул-тет. Раководител на проектот е проф. д-р Ѓорге Иванов.

Активности во однос на самоевалуацијата

Комисијата за самоевалуација формира-на од стана на Наставно-научниот совет во состав: проф. д-р Весна Пендовска, претсе-дател, проф. д-р Сашо Георгиевски, проф. д-р Јадранка Дабовиќ – Анастасовска, проф. д-р Гордана Бужаровска, доц. д-р Ана Павловска – Данева, и студентите Тимчо Муцунски и Никола Главинче спро-веде анкетирање на студентите на додип-ломски студии на правните, политичките и новинарските студии на Факултетот.

Анкетирањето беше реализирано во те-кот на мај 2009 година за сите семестри (зимски и летен). За анкетирањето беше изготвен анкетен лист. Анектирани беа вкупно 2166 студенти, и тоа: 1631 студент на правните студии, 336 студенти на поли-тичките студии и 199 студенти на студиите по новинарство.

Комисијата поднесе посебен извештај до Наставно-научниот совет во кој беше содржана анализата на коментарите и забелешките поместени на крајот од анкет-ниот лист, во облик на отворени прашања (open-end questions), а поединечните про-сечни оценки од анкетирањето му беа до-ставени на секој наставник и соработник во затворен плик.

Во тек е спроведување евалуација на студиите од вториот циклус на насоките на кои се спроведуваше настава во седмиот и осмиот семестар во учебната 2008/09.

Спроведувањето на самоевалуацијата е дел од четиригодишната програма за рабо-та на деканот, како важен сегмент за ана-лизата на предностите и недостатоците од воведувањето на ЕКТС.

Page 36: Univerzitetski vesnik br. 100

36

Електронско списание Law Review “Iustinianus Primus“

Наставно-научниот совет на Факултетот донесе одлука да се започне со издавање на електронско списание Law Review “Iusti-nianus Primus“, во кое текстовите ќе се обја-вуваат на англиски јазик, ќе биде достапно на веб-страницата на Факултетот и во него ќе бидат содржани трудови на наставници и соработници од Факултетот, но и други текстови за кои Уредувачкиот одбор ќе оцени дека може да бидат објавени.

Главен и одговорен уредник е проф. д-р Дејан Мицковиќ, а членови на Уредувачки-от одбор се проф. д-р Ванчо Узунов, проф. д-р Гордана Бужаровска, проф. д-р Ана Пав-ловска – Данева, доц. д-р Мелина Гризо и доц. д-р Тони Дескоски.

Првиот број се очекува да биде објавен во првата половина од декември 2009 годи-на.

Меѓународна соработка

Од подолу наведените активности, даде-ни по хронолошки ред, евидентно е дека

продолжува обемната меѓународна сора-ботка на Факултетот.• По повод Денот на Правниот факултет

„Јустинијан Први“ во Скопје – 3 ноем-ври, во просториите на Факултетот, ка-ко резултат на долгогодишната сора-ботка со Правниот МДУ „М. В. Ломоно-сов“, беше промовиран третиот том од двојазичниот Зборник на трудови: „Актуелните прашања на државата и правото во Република Македонија и Руската Федерација.“ На промоцијата присуствуваа претставници од Руската амбасада во Република Македонија.

• На 14 ноември 2008 година, во просто-риите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ беше одржана свечена промоција на која се додели титулата почесен професор на правни науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на проф. д-р Филип Џенти, професор на Колумбија-универзите-тот, САД. Промоторска реч одржа проф. д-р Гордана Силјановска – Дав-кова.

• Во периодот од 16 до 20 ноември 2008 година на Правниот факултет „Јусти-нијан Први“ во Скопје, во возвратна посета престојуваше делегација од

Page 37: Univerzitetski vesnik br. 100

37

Правниот факултет во Загреб, во след-ниот состав: проф. д-р Михајло Дика, раководител на Катедрата за граѓанско процесно право, проф. д-р Иван Коп-риќ, раководител на Катедрата за управ-ни науки, доц. д-р Марко Баретиќ, про-декан, доцент на Катедрата за граѓан-ско право, доц. д-р Саша Никшиќ, до-цент на Катедрата за граѓанско право, доц. д-р Хрвоје Марковинивиќ, проде-кан, доцент на Катедрата за трговско право и право на друштва и доц. д-р Петар Миладин, доцент на Катедрата за трговско право и право на друштва.

• За време на посетата, на 17 ноември 2008 година, на Правниот факултет бе-ше организиран Вториот скопско-за-грепски колоквиум од областа на гра-ѓанското, меѓународното, трговското и казненото право. Исто така, беше договорено до крајот на 2008 година да бидат и во писмена форма изгот-вени изложените трудови, така што до крајот на април 2009 година би се из-дал Зборник кој ќе биде промовиран во Загреб.

• Деканот на Правниот факултет „Јусти-нијан Први“, проф. д-р Борче Давит-ковски, на покана од деканот на Прав-

ниот факултет при Софискиот универ-зитет „Св. Климент Охридски“, Бугари-ја, од 22 до 26 ноември 2008 година, присуствуваше на одбележувањето на 120-годишнината од основањето на Универзитетот. При посетата уште ед-наш беше реафирмирана потребата од поинтензивна соработка меѓу двата фа-култета, како и потребата за операцио-нализација на досегашните форми на соработка.

• По повод одбележувањето на 10 декем-ври, Меѓународниот ден на правата на човекот, во просториите на Правниот факултет, во свечениот амфитеатар, говор одржа Н.Е. г. Филип Рикер, ам-басадор на САД во Република Македо-нија, посветен на Денот на правата на човекот.

• Од 13 до 16 декември 2008 година, де-вет професори и асистенти од нашиот Факултет, со свои трудови учествуваа на 21. Копаоничка школа на природно-то право која традиционално се орга-низира на Копаоник, Србија.

• На Ораторската вечер ,,Иво Пухан“, во декември 2008 година, со свои говори настапија двајца студенти од Правниот факултет во Белград.

• Во јануари 2009 година, претставници на Правниот факултет ,,Јустинијан Пр-ви“ во Скопје ја возвратија посетата на Правниот факултет во Белград на ма-нифестацијата ,,Натпревар во бесед-ништво“. Имено, ас. м-р Даниела Бла-жевска, еден од организаторите на Ораторската вечер ,,Иво Пухан“ и сту-дентката Ана Алибегова, претставник на Клубот на оратори, остварија три-дневна посета на Правниот факултет во Белград, односно присуствуваа на 15. по ред манифестација ,,Натпревар во беседништво“, како и на генерал-ната проба што ѝ претходеше на мани-фестацијата.

• На 5 мај 2009 година, во Собранието на РМ се одржа интеруниверзитетски натпревар по говорништво на тема ,,Човековите права и слободи и Маке-донија на патот кон Европа“. На нат-преварот победи студентката од Прав-ниот факултет ,,Јустинијан Први“, На-талија Крстова.

• На натпреварот во говорништво на тема ,,Студентите ја обединуваат Евро-па: постигнувања, ограничувања и про-блеми во Македонија“, беа доделени четири награди. Студентите на Прав-ниот факултет ,,Јустинијан Први“ осво-ија три од нив. Првото место му при-падна на Мартин Стрезовски. Остана-тите две награди ги освоија Јасмина Левковска и Ана Ефремовска. Натпре-варот се одржа на манифестацијата ,,Европски студентски собир на уни-верзитетите во Македонија“, на 6 мај

Page 38: Univerzitetski vesnik br. 100

38

2009 година, на Педагошкиот факул-тет во Битола.

• Свои предавања на Правниот факултет „Јустинијан Први“ одржаа новинарот Бери Хиленбранд и проф. Вејн Филдс од Универзитетот Вашингтон од Сент Луис. На 8 мај 2009 година, Бери Хи-ленбранд одржа двочасовно предава-ње на тема: „Известување од избори“ и воедно, елоквентно ја објасни амери-канската новинарска практика при сле-дењето на изборите. Проф. Вејн Филдс, познат како исклучителен експерт за реторика на политиката и истакнат автор во САД, одржа двочасовно преда-вање на тема: „Реториката на избори-те“ на 11 јуни оваа година.

• Во периодот од 25 април до 2 јуни оваа година на студиите по новинарство, медиуми и комуникации предавашe проф. Хамден Смит од Универзитетот Вашингтон и Ли од САД. Проф. Смит, со богато триесетгодишно искуство ка-ко новинар и предавач, беше ангажи-ран како Фулбрајтов предавач.

• Во периодот од 18 до 23 мај 2009 годи-на, делегација од Правниот факултет во Скопје, во состав: проф. д-р Борче Да-витковски, декан на Правниот факул-тет „Јустинијан Први“ во Скопје, проф. д-р Никола Тупанчески, продекан за меѓународна соработка и проф. д-р Ана Павловска - Данева, ја реализира својата посета на Правниот факултет во Загреб и со тоа беше заокружен еден значаен стадиум од билатерална-та соработка помеѓу двата универзите-та чиј финален производ беше публику-ваниот македонско – хрватски Збор-ник на трудови (Втор скопко-загреп-ски правен колоквиум, ноември 2009).

• Од 25 мај до 3 јуни 2009 година, прет-ставници од Правниот факултет во Скопје ја реализираа својата посета на Универзитетот „Ломоносов“ во Мос-

ква. Инаку, ваквиот престој се оства-рува веќе неколку години наназад и претставува привилегија за студентите кои во текот на студиите се истакнале со своето исклучително знаење, инвол-вираност во научниот процес и пока-жале висок просек во режимот на сту-дирањето. Посета остварија вкупно де-вет претставници од Правниот факул-тет – 6 студенти и 1 претставник од Сојузот на студенти на Универзитетот кои патуваа во придружба на проф. д-р Гордана Силјановска – Давкова и ас. м-р Лазар Јовевски.

• Паралелно со тоа, во рамките на своја-та долгогодишна соработка, во перио-дот од 27 мај до 1 јуни 2009 година, Московскиот универзитет го посетија и деканот на Правниот факултет „Јус-тинијан Први“ во Скопје, проф. д-р Борче Давитковски и проф. д-р Нико-ла Тупанчески, продекан за меѓународ-на соработка.

• Во првата половина на јуни, на Прав-ниот факултет во Скопје гостуваше и судијата Torres Segura, Miguel Angel од Шпанија, еден од најугледните носите-ли на судската функција, чија потесна специјалност претставува криминалот на перење пари. Појдовна цел на него-вата посета, покрај воспоставување соработка со нашиот Факултет, беше предавањето наменето за студентите на магистерските студии (на насоките: деловно право и финансии и финансо-во право), во рамките на кое судијата зборуваше за феноменот на перење па-ри, мерките за превенција и отстрану-вање, изложувајќи ја состојбата во Шпанија и еден од најтешките случаи на перење пари од нивно поднебје кој паднал во негови раце, а во кој биле инволвирани околу 150 обвинети ли-ца, главно припадници на општестве-ната елита.

Page 39: Univerzitetski vesnik br. 100

39

• Во периодот од 15 до 17 јуни 2009 го-дина, на Правниот факултет во Скопје престојуваше делегација од Правниот факултет во Љубљана, во следниов сос-тав: проф. д-р Игор Каучич (шеф на катедрата), проф. д-р Франц Град, проф. д-р Цирил Рибичич, д-р Саша Загорц и ас. Само Бардутцки. При посе-тата уште еднаш беше реафирмирана потребата од натамошна соработка помеѓу двата универзитета. На 16.6.2009 година беше одржано пре-давање на тема: „Уставните аспекти во процесот на евроинтеграцијата на Ре-публика Словенија“. Едновремено, во рамките на излагањето се зборуваше и за одлуките на Европскиот суд за чове-кови права со седиште во Стразбур, нив-ното задолжително дејство во однос на Република Словенија и ефектите кои ги произведуваат тие одлуки.

• Во првата половина на март 2009 годи-на, посета на нашиот Факултет оствари и еден од најугледните професори и воедно, еден од најпризнатите експер-ти од областа на меѓународното право на Универзитетот Њујорк, проф. Томас Франк. Проф. Франк, на 12 март 2009 година, одржа предавање пред студентите на тема: „Принципот на про-порционалност во меѓународното право“.

• Во мај 2009 година, професори од на-шиот Факултет: проф. д-р Никола Ту-панчески (продекан за меѓународна соработка), проф. д-р Софија Тодоро-ва, проф. д-р Тодор Каламатиев (проде-кан за настава) и проф. д-р Мирјана Аќимовска - Поленак, остварија работ-на вечера со делегација од Универзи-тетот во Истанбул, во следниов состав: проф. д-р Yunus Söylet (ректор на Уни-верзитетот), Çiğdem Kayacan (прорек-тор), вклучително и генералниот дирек-тор - Yakup Arslan од YAHYA KEMAL college (Република Македонија).

• Докторанд по уставно право при Универзитетот „Анкара“ – Анкара, Ре-публика Турција, по писмен пат, се обрати до нашиот Факултет со цел добивање дозвола за започнување на научно истражување по повод изработ-ка на својата докторска дисертација. Правниот факултет „Јустинијан Први“ испрати официјална покана до заинте-ресираниот кандидат со која го извести дека ќе бидат преземени сите потреб-ни чекори за оваа цел, како и натамош-но зајакнување на соработката со него-виот Факултет.

• По повод одбележувањето на 50 годи-ни од уписот на првата генерација сту-денти, деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, проф. д-р Борче Да-витковски, ја реализира својата посета на Правниот факултет во Нови Сад. Воедно, беше одржана конференција

на тема: „Положбата на правните сту-дии и правната струка“, одржана на 15 септември 2009 година.

Работата на Наставно-научниот совет и Деканатската управа

Наставно-научен советВо периодот од 1.10.2008 година до

14.9.2009 година, одржани се 11 редовни седници и 1 вонредна седница на Наставно-научниот совет. Првата редовна седница на Наставно-научниот совет со новото раководство е одржана на 30.10.2008 година, а вонредната седница е одржана на 14.10.2008 година. На дневен ред бea поставени вкупно 214 точки /308 потточки/.

Од анализата на дневните редови на Наставно-научниот совет произлегува дека на седниците на Наставно-научниот совет главно се расправало за тековни прашања, но биле донесени и важни одлуки, пред сè, во рамките на наставно-образовниот процес.

Исто така, на седниците на Наставно-научниот совет беше расправано и беа дадени мислења до Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј“ во Скопје во врска со предлог-правилниците на Универзитетот, за избор во наставно-научни, научни, нас-тавно-стручни и соработнички звања, за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на прв и втор циклус универзитетски студии, за донесу-вање и реализација на заеднички студиски програми во рамките на УКИМ, како и Предлог-правилникот за донесување на студиски програми.

Во текот на мај 2009 година беше спро-ведена внатрешна евалуација, за којашто беше изработен Извештај од Комисијата за евалуација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Наставно-научниот совет го разгледа Извештајот за спроведената евалуација, од членовите на Наставно-научниот совет беа дадени позитивни критики, и со мали забелешки во врска со нејзиното спроведување, Извештајот беше усвоен.

Во овој период беа донесени и следниве правилници и акти, многу битни за рабо-тата на Факултетот, и тоа:

1. Согласно со новиот Закон за високото образование и Статутот на Универзи-тетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, на седницата на Наставно-научниот совет одржана на 21.11.2008 година, донесе Правилник со кој се уредуваат внатрешните односи и рабо-тењето на Правниот факултет „Јусти-нијан Први“ во Скопје. Во рамките на овој Правилник, покрај основните од-редби, печатот, знаците и другите обе-

Page 40: Univerzitetski vesnik br. 100

40

лежја на Факултетот, дејноста на Факул-тетот, утврдена е и внатрешната орга-низација на Факултетот, односно основани се 8 институти, 5 центри и 22 катедри во рамките на институтите. Основани се следниве институти, и тоа: Институт за граѓанско право, Институт за деловно право и економ-ски науки, Институт за казнено право, Институт за меѓународно право и меѓу-народни односи, Институт за правно-политички науки, Институт за политич-ки науки, Институт за новинарство, медиуми и комуникации и Институт за

правно-историски науки. Во Правил-никот се утврдени и органите на Факултетот, како и нивната надлеж-ност. Правилникот е објавен во Уни-верзитетски гласник бр. 114 од 30 март 2009 година.

2. На седницата на Наставно-научниот со-вет одржана на 21.11.2008 година, донесен е Правилник за систематиза-ција на работните места и за условите за вршење на работата на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, во кој се утврдуваат работите, работни-те задачи и бројот на извршителите за изведување на наставната, научната и апликативната дејност, како и админи-стративно-стручните и помошните ра-боти и работни задачи, и бројот на работниците за нивно извршување во административно-стручната служба. Правилникот е објавен во Универзи-тетски гласник бр. 108 од 2 февруари 2009 година.Овој Правилник е донесен по еден по-

долг временски период, односно од 14.3.1983 година, кога е донесена Само-управната спогодба за опис на работите и работните задачи на работниците на ООЗТ Правен факултет во Скопје.

Деканатска управаВо текот на овој период, од 1.10.2008 до

14.9.2009 година, одржани се 11 седници на Деканатската управа. Првата седница на Деканатската управа со новото раковод-ство е одржана на 9.10.2008 година. На дневен ред беа поставени 110 тoчки /9 пот-точки/.

Од анализата на дневните редови се утврдува дека на Деканатската управа главно се разгледуваa прашања за тековно-то и финансиското работење на Факул-тетот. Биле разгледувани и разни барања за надомест на патни трошоци за реали-

зирани патувања на семи-нари, советувања, меѓуна-родни конференции и сл. во странство, надомест на тро-шоци за учество на семина-ри за членови на студентски организации при Факулте-тот и други барања од вра-ботени на Факултетот по раз-ни основи.

Здравствени услуги

Согласно со чл. 22 од За-конот за безбедност и здрав-је при работа (Сл. весник на РМ бр. 92/07), работодава-чот е должен да обезбеди здравствени прегледи за вработените најмалку на се-кои 18 месеци.

Со цел остварување на оваа обврска, а согласно со препораките од ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Велимир Стојковски, деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, проф. д-р Борче Давитковски, во декември 2008 година склучи Договор за здравствени пре-гледи со ЈЗО Здравствена станица на Уни-верзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скоп-је.

Врз основа на заклучокот од Наставно-научниот совет одржан на 22.12.2008 годи-на, прегледите беа извршени во февруари 2009 година.

Презентација на изда-нија на професори и соработници на Правниот факултет „Јустинијан Први“, издадени самостојно и во коавторство со други автори во текот на 2007 и 2008 година

Во рамките на одбележувањето на 10 де-кември, Денот на човековите права, проф. д-р Ана Павловска–Данева ги презентира-ше изданијата на професорите и соработ-ниците на Правниот факултет „Јустинијан

Page 41: Univerzitetski vesnik br. 100

41

Први“, издадени самостојно и во коавтор-ство со други автори во текот на 2007 и 2008 година:1. учебникот „Криминологија“, автор:

проф. д-р Љупчо Арнаудовски;2. учебникот „Облигационо право“, коав-

тори: проф. д-р Гале Галев и проф. д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовска;

3. учебникот „Административно право“, коавтори: проф. д-р Наум Гризо, проф. д-р Симеон Гелевски, проф. д-р Борче Давитковски и доц. д-р Ана Павловска Данева;

4. учебникот „Јавна администрација“, ко-автори: проф. д-р Наум Гризо, проф. д-р Борче Давитковски и доц. д-р Ана Павловска Данева;

5. збирка на текстови и колумни објавени во дневниот печат во периодот 2006-2007 година, „За...“, автор: проф. д-р Борче Давитковски;

6. учебникот „Право на интелектуална сопственост“, издаден во коавторство на проф. д-р Јадранка Дабовиќ Анаста-совска и друг автор;

7. учебникот „Корпоративно управува-ње“, издаден во коавторство на проф. д-р Горан Коевски и други автори;

8. учебникот „Како до сопствен бизнис“, автор: проф. д-р Горан Коевски;

9. „Поимник на термини од областа на конкуренцијата“, издаден во коавтор-ство на проф. д-р Горан Коевски и друг автор;

10. учебникот „Право и информатичката технологија“, автори: доц. д-р Гоце Наумовски и ас. м-р Мишо Докмано-виќ;

11. учебникот „Применета економика“, ав-тори: проф. д-р Софија Тодорова и проф. д-р Вачно Узунов;

12. „Political Finance and Corruption in Eastern Europe, Тhe Тransition Period“, автор: проф. д-р Рената Тренеска Дес-коска;

13. Зборник на трудови „Актуелни теми за државата и правото во Република Маке-донија и Руската Федерација“.

Јавни набавки

Согласно со Законот за јавни набавки (Сл. весник на РМ бр.136/2007), Комиси-јата за јавни набавки на Правниот факул-тет ,,Јустинијан Први“ во Скопје спроведе 14 постапки за јавни набавки со приби-рање на понуди без објавување на оглас, 4

постапки со барање за прибирање на по-нуди со објавување на оглас и 1 отворена постапка за јавни набавки.

Се констатира дека само на една пос-тапка за јавна набавка била поднесена жалба од страна на еден од учесниците на тендерот, која Комисијата за јавни набав-ки при Владата ја отфрлила како неос-нована. За укажување е и фактот дека ниту една постапка за јавна набавка што ја спро-ведуваше Факултетот не беше поништена.

Информации од јавен карактер

Во изминатиов период беа доставени огромен број барања за остварување на правото за слободен пристап до информа-ции од јавен карактер со кои располага Факултетот, како имател на информации. Бараните информации (околу 70) се одне-суваа на податоци од целокупното рабо-тење на Факултетот, но и на студентските организации. Факултетот редовно одгова-раше на барањата, како и на поднесените жалби, иако во работењето беше констати-рано дека голем број информации се обја-вени на нашата веб-страница. Ова се дол-жи или на слабата информираност за таа можност или на изборот на полесен начин за пристап до информација.

Ораторска вечер

На 9.12.2008 година се одржа 12. Ора-торска вечер „Иво Пухан“. Со говорот-извадок од книгата „Словенскиот ковчег“ од Венко Андоновски, студентката по нови-нарство Наталија Крстева ги придоби сим-патиите на публиката и стручното жири и беше победник.

Второто место го освои Марија Димиш-кова, исто така студентка по новинарство, со говорот на Мери Фишер, одржан на Конференција за борба против сидата во САД, а третопласиран беше Емил Лазаревски, со говор одржан пред падот на Константинопол.

Наградените учесници настапија во категоријата историски говори, а се одржа и дебата на тема „Заедници или брак помеѓу лица од ист пол“.

Со сопствени говори на публиката ѝ се претставија и студентите од Правниот фа-култет при Белградскиот универзитет, Ми-лица Гвозденовиќ и Марко Ѓуриќ.

Поради промена на статусот на факултетите, како единки во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на крајот на декември се изврши промена на печатите, потписниците и жиро-сметките што предизвика застој во првите месеци на 2009 година, во исплатата на платите и користењето на средствата од сопствените приходи.

Page 42: Univerzitetski vesnik br. 100

42

СПОРТИСТИТЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ - СЕВКУПНИ ПОБЕДНИЦИ НА НАТПРЕВАРИТЕ ПО

ПОВОД ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА ВО ТЕТОВО

На 20.11.2009 година се одржаа спортските активности по повод патро-

ниот празник на Универзитетот на Југо-

источна Европа во Тетово, во мал фудбал, пинг-понг и шах.

Во присуство на претседателот на Бор-

дот на Универзитетот на Југоисточна Евро-

па во Тетово, проф. д-р Денис Фарингтон, потпретседателот на Бордот на Универ-

зитетот на Југоисточна Европа во Тето-

во, проф. д-р Пол Фостер, проректорот на Универзитетот на Југоисточна Евро-

па во Тетово, проф. д-р Муртезан Исма-

или, претставници на Универзитетска-

та спортска федерација на Македонија, универзитетските спортски сојузи и организации на универзитетите - учес-

ници, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, акад. Алајдин Абази, со пригодни зборови ги поздрави сите присутни гости, служ-

бени лица и спортисти.

Севкупен победник на овие натпрева-

ри беа екипите на Универзитетот „Св. Ки-

рил и Методиј“ во Скопје.Натпреварите беа во организација на

Универзитетската спортска организација на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, и се одвиваа беспрекорно, во фер и коректна спортска атмосфера.

По завршувањето на натпреварите, генералниот секретар на Универзитетот, г. Џевахир Мемеди, на победниците им врачи пригодни награди и признанија.

За сите учесници, Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово организи-

раше заедничко дружење и свечен ручек. Свој придонес во успешната организација на овие натпревари дадоа Универзитет-

ската спортска федерација на Македонија и Универзитетскиот спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Page 43: Univerzitetski vesnik br. 100
Page 44: Univerzitetski vesnik br. 100