ГРДОТО ПАЈЧЕ - WordPress.com · 2020. 3. 21. · Уморно и со тажно...

Preview:

Citation preview

Ханс Кристијан

АНДЕРСЕН

ГРДОТО ПАЈЧЕ

Ханс Кристијан Андресен

Живеел пред повеќе од сто години . За децата тој напишал голем број прекрасни сказни , раскази и песни .Неговите читатели ги има толку многу што не можат да се избројат.

Напишал повеќе сказни за деца како што се : “Грдото пајче “, ,,Палче “, “ Девојчето со кибритчиња “, “ Малата сирена,,

Ах , колку беше прекрасно полето лете : житата беа златести , ливадите зелени ,

сеното во нив беше насобрано во стогови, а штркот чекореше со долги нозе и штракаше

со клунот.

Си беше една патка која снесе неколку јајца . Кога од јајцата излегоа пајчињата , таа не можеше да се изначуди : сите беа мали и жолти , освен последното кое беше големо и грдо и не личеше на нив.

Мајката пајка ги одведе во дворот да ги запознаеeсо другите пајки . На пајките не им се допадна големото пајче па почнаа да го клукаат, да го задеваат. Дури и кокошките зачудено се собираа околу него. Мајка му го бранеше : долго остана во јајцето, та затоа не ја доби вообичаената форма .

Неговите братчиња и сестричиња воопшто не го сакаа, го одбегнуваа

а потоа го задеваа.

Најпосле на несреќното пајче толку му се смачи , па реши да ја премине оградата и да побегне далеку оттука.

Одејќи така грдото

пајче дојде до едно мочуриште во кое се беа населиле дивите пајки .

Уморно и со тажно срце, несреќното пајче ја преспа ноќта . На дивите пајки не им сметаше што е грдо.Тука остана два дена , а потоа дојдоа дивите гуски . Пријателу ! – му рекоа – Ти си грд но сепак ни се допаѓаш, ќе дојдеш ли со нас ? Но дојдоа ловџиите и ги застрелаа.

Но ,светот беше пострашен отколку што мислеше.Грдото пајче толку се исплаши што веднаш го напушти мочуриштето.

Беше веќе мрак кога стигна до мала селска куќичка. Тука живееше старица со својата кокошка и мачор. И пајчето остана во куќата.

Kутрото несреќно пајче ! Не беше навикнато затворено . Беше многу нерасположено , мислеше само на свежиот воздух и сонцето. Едно утро си замина и стигна до друга вода . Дојде есента , времето застуде , за несреќното пајче доаѓаа уште потешки и поцрни денови .

Eдна вечер додека сонцето заоѓаше , од грмушките излетаа јато прекрасни птици.Беа побели и од снег со долги ,тенки вратови .Тоа беа лебеди, летаа кон топлите предели каде не замрзнуваат водите во езерата.Не знаеше како се викаат тие птици но во миг ги засака .

Долгата зима многу тешко ја преживеа.Лежеше во барата , меѓу трските и шеварот , трепереше од студ, гладуваше и што се не го снајде додека огреа сонцето и се стопли времето.

Eдно утро замавна со крилјата и гледај чудо ! Сега му беа поцврсти , бучно зашумеа и го понесоа во височина.Се најде во раскошна градина во која цутеа јаболкници и мирисаше јоргованот.Се појавија три бели лебеди и лесно запловија по водата .

Грдото пајче летна во водата и заплива кон лебедите .Ја наведна главата кон водата и чекаше да го клукаат .Но какво чудо виде во водата ! Го виде својот лик , беше вистински убав лебед.Лебедите запливаа околу него и го милуваа со своите клунови.

Во градината дојдоа неколку деца , во водата фрлија храна , анајмалото меѓу нив извика радосно :-Еве нов лебед!И другите деца се радуваа и викаа-Овој е најубав ! Новиот лебед е млад и убав.Се засрами и ја скри главата под крилото.Од преголема среќа не знаеше што да прави.

И јоргованот ги беше наведнал гранките кон него , а сонцето топло, топло грееше.Ги растресе пердувите , го истегна својот долг врат и од се срце радосно кликна :

-Ваква среќа додека бев грдо пајче не можев ни да сонувам!

Пополни ги празните квадратчиња со првата буква од цртежот?

Кога пајчето станува среќно?

Recommended