65
План за час по англиски јазик Одделение трето одделение Модул/ тема бр.1- Let’s remember! (Ајде да се потсетиме!) / (units 1&2) Наставна единица 1.Запознавање на учениците со наставната програма за 3 то одд. Датум III a -01.09.2011 /III б - 02.09.2011 Цели на часот Ученикот да може: да се запознае со наставната програма за 3 то одд. која ќе биде предмет на изучување во текот на учебната година Фази на часот Активности Воведен дел (10 мин) Наставникот ги поздравува учениците и им посакува успех во текот на учебната година. Ги прашува како го поминаа летниот распуст, дали беа некаде на летување и сл. Главен дел (20 мин) Наставникот им објаснува на учениците што се содржи наставната програма и што е предвидено да се изучува во текот на оваа учебна 2011-2012 година. Наставникот ги информира учениците дека во текот на годината тие ќе бидат описно оценувани според дадени критериуми во согласност со наставната програма. Наставникот одговара на прашања поврзани со материјалот кој ќе се изучува. Завршен дел (10мин) Наставникот ги прашува учениците што им беше најинтересно од материјалот кој се изучуваше во претходната учебна година, а што им беше најтешко. Наставни средства и помагала Учебник, табла, креда, и сл. Наставни методи и форми на работа работа во заедница Корелација со други наставни со македонски јазик Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Тема бр 1-III odd

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Тема бр 1-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.1- Let’s remember! (Ајде да се потсетиме!) / (units 1&2)Наставна единица 1.Запознавање на учениците со наставната програма за 3то одд.Датум IIIa -01.09.2011 /IIIб- 02.09.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се запознае со наставната програма за 3то одд. која ќе биде предмет на изучување во текот на учебната година

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ги поздравува учениците и им посакува успех во текот на

учебната година. Ги прашува како го поминаа летниот распуст, дали беа некаде на летување и сл.

Главен дел (20 мин) Наставникот им објаснува на учениците што се содржи наставната програма и што е предвидено да се изучува во текот на оваа учебна 2011-2012 година. Наставникот ги информира учениците дека во текот на годината тие ќе бидат описно оценувани според дадени критериуми во согласност со наставната програма.Наставникот одговара на прашања поврзани со материјалот кој ќе се изучува.

Завршен дел (10мин) Наставникот ги прашува учениците што им беше најинтересно од материјалот кој се изучуваше во претходната учебна година, а што им беше најтешко.

Наставни средства и помагала

Учебник, табла, креда, и сл.

Наставни методи и форми на работа

работа во заедница

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик

Додатна активност /Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Не се оценува во текот на овој час.

Очекуван исход Ученикот се запозна со наставната програма за 3то одделение.Рефлексија на часот Учениците ги искажаа своите импресии од летниот распуст. Наставникот

ги запозна со наставната програма за 3то одделение, а тие одговараа на неговите прашања искажувајќи го своето мислење.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 2: Тема бр 1-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул / тема бр.1- Let’s remember! (Ајде да се потсетиме!) / (units 1&2)Наставна единица 2.Почетно пишување и препознавање на буквите од азбукатаДатум IIIa -05.09.2011/IIIб -02.09.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги запознае и да ги усвои буквите од азбуката да соработува со соучениците при тимски и тандемски активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ги потсетува учениците на начинот на поздравување некого

(Hi! Hello!) при што оди од ученик до ученик и ги поздравува, а тие му возвраќаат на поздравот. Потоа, ги прашува учениците дали се сеќаваат на азбуката во англискиот јазик која беше предмет на поучување во текот на минатата учебна година. Доколку се сеќаваат, учениците ја кажуваат азбуката. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа.

Главен дел (25 мин) Покажувајќи на постер со буквите од азбуката, наставникот ги изговара истите една по една, а учениците ги повторуваат. Наставникот ја кажува азбуката повеќе пати, а учениците му се придружуваат при оваа активност.Наставникот запишува едно зборче на таблата и ги прашува учениците дали можат да ги препознаат буквите од кои е составено зборчето и да ги именуваат истите. Наставникот им помага при оваа активност.Наставникот го запишува своето име на таблата и го кажува (спелува) буква по буква. Потоа запишува име на ученик и од тој ученик бара да се обиде да го спелува своето име. Истото го повторува и со другите ученици во одделението. Наставникот им помага на учениците при оваа активност.

Завршен дел (5мин) Наставникот ја пушта песничката со азбуката од видеозапис за учениците да се потсетат на буквите уште еднаш.

Наставни средства и помагала

Учебник, компјутер, проектор, Интернет, екран, постер со азбуката и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, работа во заедница

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите, азбука)со музичко образование (песничка)

Додатна активност Еден по еден, учениците се обидуваат да ја кажат азбуката покажувајќи ги буквите на постер или во учебникот. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот, именување на буквите од азбуката, усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Ученикот се потсети на буквите од азбуката.Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 3: Тема бр 1-III odd

Рефлексија на часот Дел од учениците самостојно спелуваат кратки зборчиња, но мал дел имаат потешкотии со спелувањето. Сите ученици ја кажуваат азбуката, со исклучок на двајца ученици кои прават повеќе грешки.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 4: Тема бр 1-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул / тема бр.1- Let’s remember! (Ајде да се потсетиме!) / (units 1&2)Наставна единица 3. Претставување на самите себе и поздравувањеДатум IIIa-12.09.2011 /IIIб -05.09.2011Цели на часот Ученикот да може:

да го усвои моделот на културно однесување да соработува со соучениците при тимски и тандемски активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ги потсетува учениците на начинот на поздравување некого

(Hi! Hello!) и на начинот на кој прашуваме некого за неговото име и се претставуваме самите себе. Тој покажува кон себе и вели “My name is Biljana” и обраќајќи се кон некој од учениците прашува “What’s your name?”. Ученикот одговара на ова прашање. Наставникот ја повторува постапката и со останатите ученици од одделението. Доколку има потреба, тој им помага при одговарање на прашањето.

Главен дел (25 мин) Со помош на еден од учениците наставникот го презентира дијалогот. Наставникот ги потсетува учениците на ликовите кои се среќаваа во учебникот во текот на претходната учебна година. Тој го пушта дијалогот за учениците да ги погледнат сликите и да го слушнат. Наставникот ги прашува учениците кој ги изговара слушнатите искази, а тие одговараат. Наставникот го пушта дијалогот повеќе пати за учениците да го слушнат, да покажат кон соодветниот лик во учебникот и да го повторат слушнатото.Потоа, во групи, учениците го увежбуваат дијалогот. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа.

Завршен дел (5мин) Игра (meet and дreet). Учениците се наредени во два концентрични кругови од кои едниот круг е внатре во другиот круг. Учениците од внатрешниот круг се свртени со лицето кон надвор односно кон учениците од надворешниот круг. Тие се фатени за раце и се движат во спротивни насоки. Кога наставникот ќе каже Стоп! Тие го прашуваат ученикот пред нив за неговото име и одговараат на истото прашање.

Наставни средства и помагала

Учебник, CD, CD плеер, табла, креда и сл.

Наставни методи и форми на работа

демонстративен метод, комуникативен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, фронтална работа, работа во заедница, работа во групи

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)

Додатна активност Учениците се наредени во круг и си подаваат топка. Кога наставникот ќе каже Стоп! ученикот во чии раце е топката треба да се претстави (My name is...).

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 5: Тема бр 1-III odd

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

чек листа, усни одговори на прашања од наставникот, учество во кратки дијалошки ситуации, усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Ученикот го усвои моделот на културно однесување.Рефлексија на часот Учениците учествуваа во предвидените активности за овој час и го усвоија

моделот на културно однесување увежбувајќи го преку игричка. Не беа забележани некои потешкотии во усвојувањето на предвидените цели, освен кај двајца ученици кај кои беше потребно повеќе увежбување на изговорот.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 6: Тема бр 1-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул / тема бр.1- Let’s remember! (Ајде да се потсетиме!) / (units 1&2)Наставна единица 4. Песничка “The hello sonд”Датум IIIa-15.09.2011 /IIIб- 09.09.2011Цели на часот Ученикот да може:

да го увежба моделот на културно однесување преку пеење на песничка

да соработува со соучениците при тимски и тандемски активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Влегувајќи во училницата наставникот ги поздравува учениците со

“Hello!” а потоа се претставува себе си (I’m Biljana. /My name is Biljana). Наставникот прашува неколку ученици “What’s your name?”, а тие му одговараат на прашањето.

Главен дел (25 мин) Наставникот ја пушта песничката за учениците да ја слушнат. Тој ги прашува дали препознаа некои зборови или фрази во песничката која ја слушнаа, а учениците му одговараат. Наставникот ја пушта песничката повеќе пати и плеска со рацете по ритамот на музиката, а учениците го следат неговиот пример и му се придружуваат. Откако ќе ја слушнат песничката повеќе пати, учениците се обидуваат да ја пеат истата. Наставникот ја пушта песничката онолку пати колку што има потреба.Во мали групи, учениците ја изведуваат песничката, а потоа самите одбираат која група најдобро ја пеела песничката.

Завршен дел (5мин) Наставникот го запишува зборчето “Hello!” на табла и бара од учениците да му ги именуваат буквите од кои е составено зборчето. Истата постапка ја повторува и со други познати зборчиња.

Наставни средства и помагала

Учебник, CD, CD плеер, табла, креда, постер со азбуката и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, аудио-лингвален метод, метод на песна, работа во заедница, работа во групи

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите, азбука)со музичко образование (песничка)

Додатна активност Учениците ја играат играта наречена “музички столчиња” притоа слушајќи и пеејќи ја песничката “The hello sonд”.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот, именување на буквите од азбуката, учество во изведба на песничката, усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Ученикот се потсети на моделот на културно однесување преку пеење на песничка.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати-сите ученици учествуваа во изведбата на Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 7: Тема бр 1-III odd

песничката најдобро што можат и се потсетија на моделот на културно однесување.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 8: Тема бр 1-III odd

Одделение трето одделениеМодул / тема бр.1- Let’s remember! (Ајде да се потсетиме!) / (units 1&2)Наставна единица 5. Наредби кои се среќаваат во училиштетоДатум IIIa-15.09.2011 /IIIб- 09.09.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на моделот на културно однесување преку изведба на песничката од минатиот час

да усвои наредби кои наоѓаат примена во училницата да соработува со соучениците при тимски и тандемски активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците. Потоа ја пушта

песничката “The hello sonд” за учениците да се потсетат на моделот на културно однесување . Учениците ја слушаат песничката и во мали групи се обидуваат да ја пеат истата. Доколку има потреба наставникот им помага.

Главен дел (20 мин) Со употреба на флеш карти наставникот ги поучува наредбите. Учениците ги повторуваат секоја од наредбите повеќе пати. Наставникот наизменично ги покажува флеш картите барајќи од учениците да ги изговорат наредбите. Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да ги слушнат наредбите. Потоа го пушта уште еднаш за да ги слушнат наредбите, да покажат кон соодветната слика во учебникот и да ги повторат наредбите.Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да ги слушнат наредбите да плескаат по ритамот кој го слушаат. Откако ќе ги слушнат наредбите и ќе го увежбаат ритамот, тие плескаат со рацете по ритамот и ги повторуваат наредбите.

Завршен дел (10мин) Наставникот дава инструкции, односно дава наредби, а учениците ги извршуваат истите. Потоа, некои од учениците даваат наредби, а останатите ги извршуваат истите.

Наставни средства и помагала

Учебник, CD, CD плеер, табла, креда, флеш карти и сл.

Наставни методи и форми на работа

природен метод, комуникативен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, фронтална работа, работа во заедница, работа во групи

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со музичко образование (песничка)

Додатна активност Учениците се движат низ училницата и за една минута се обидуваат колку што е можно повеќе ученици да ги прашаат за нивното име и да го запишат името на ученикот кој го прашале. Потоа, во табела, наставникот запишува кој колку ученици прашал за нивното име. Победник во оваа активност е ученикот кој успеал да праша најмногу ученици.

Методи, форми и инструменти за

усни одговори на прашања од наставникот, усвоеност на наредбите, усна повратна информација, чек листа и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 9: Тема бр 1-III odd

оценување и вреднување на работата на ученицитеОчекуван исход Ученикот се потсети на моделот на културно однесување преку пеење на

песничка и усвои нови наредби кои наоѓаат примена во училницата.Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати-учениците се потсетија на моделот на

културно однесување и усвоија наредби кои наоѓаат примена во училницата. Особено интересна им беше активноста во која наставникот или некој од учениците кажува наредби, а тие ги извршуваат.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 10: Тема бр 1-III odd

Одделение трето одделениеМодул / тема бр.1- Let’s remember! (Ајде да се потсетиме!) / (units 1&2)Наставна единица 6. Усвојување на нов вокабуларДатум IIIa-19.09.2011 /IIIб- 12.09.2011Цели на часот Ученикот да може:

да усвои нов вокабулар со кој се именуваат предмети во училиштето

да се потсети на веќе познатиот вокабулар со кој се именуваат предмети во училиштето

да соработува со соучениците при тимски и тандемски активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците. Потоа кажува

наредби, а учениците ги извршуваат истите потсетувајќи се на она што беше поучувано во текот на претходниот час. Наставникот ги прашува учениците дали можат да му кажат некои предмети кои се среќаваат во училницата, а кои им се веќе познати (pen, pencil, book). Доколку не можат да се присетат наставникот им помага.

Главен дел (20 мин) Со употреба на флеш карти наставникот ги поучува зборовите со кои се именуваат предмети кои се среќаваат во училницата. Учениците го повторуваат секој збор повеќе пати. Потоа, наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да ги слушнат зборовите. Втор пат наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да покажат кон соодветната слика во учебникот и да го повторат слушнатото зборче.Наставникот наизменично ги покажува флеш картите за учениците да ги именуваат предметите кои ги гледаат.

Завршен дел (10мин) Наставникот ја поучува употребата на новите зборови во реченица. Покажувајќи флеш карти тој кажува: “It’s a pen/pencil…”, а учениците ги повторуваат речениците. Потоа, наставникот покажува флеш карти и прашува “What’s this?”, а учениците му одговараат “It’s... ”.

Наставни средства и помагала

Учебник, CD, CD плеер, табла, креда, флеш карти, хартија, боички и сл.

Наставни методи и форми на работа

природен метод, комуникативен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, метод на илустрација, фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со ликовно образование (цртање и обојување)со запознавање на околината (мојата училница)

Додатна активност На лист хартија учениците ги цртаат предметите кои се среќаваат во училницата. Додека тие работат, наставникот се движи низ училницата и ги прашува за предметите кои ги цртаат.

Методи, форми и инструменти за

усни одговори на прашања од наставникот, усвоеност на вокабуларот, усна повратна информација, чек листа и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 11: Тема бр 1-III odd

оценување и вреднување на работата на ученицитеОчекуван исход Ученикот усвои нов вокабулар и се потсети на веќе познатите зборови со

кои се именуваат предмети во училницата.Рефлексија на часот Дел од учениците се присетија на веќе познатите зборови со кои се

именуваат предмети во училницата. Целите на часот беа постигнати-учениците ги усвоија новите зборови и истите ги применуваа во едноставни реченици.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 12: Тема бр 1-III odd

Одделение трето одделениеМодул / тема бр.1- Let’s remember! (Ајде да се потсетиме!) / (units 1&2)Наставна единица 7. Поставување прашања од типот “ What’s this?” и одговарање на истите

(It’s…)Датум IIIa-22.09.2011 /IIIб- 16.09.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на вокабуларот со кој се именуваат предмети во училиштето

да го увежба прашањето“What’s this?” и соодветните одговори на истото “It’s…”

да соработува со соучениците при тимски и тандемски активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците. Потоа со

употреба на флеш карти ги потсетува учениците на вокабуларот кој беше поучуван во текот на претходниот час. Учениците се потсетуваат и ги именуваат познатите предмети.

Главен дел (20 мин) Наставникот покажувајќи кон познат предмет (на пр. пенкало) го поучува прашањето “What’s this?” . Учениците го повторуваат истото прашање повеќе пати. Наставникот покажувајќи кон предметот, во овој случај-пенкало, прашува “What’s this?” и дава одговор на истото “It’s a pen.” Истата постапка ја повторува и со други познати предмети кои се среќаваат во училницата. Потоа, наставникот прашува, а учениците му одговараат на прашањето и обратно-учениците прашуваат, а наставникот одговара.Во парови, учениците го увежбуваат прашањето и соодветниот одговор на истото, притоа користејќи предмети кои се среќаваат во училницата или флеш карти.

Завршен дел (10мин) Еден од учениците излегува пред одделението и во улога на наставник ги прашува останатите “What’s this?” покажувајќи една од флеш картите, а учениците му одговараат “It’s... ”. Оваа постапка ја повторува и со други флеш карти. Потоа, друг ученик поставува прашање.

Наставни средства и помагала

Учебник, CD, CD плеер, табла, креда, флеш карти, хартија, боички, предмети во училницата и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, фронтална работа, работа во заедница,работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со запознавање на околината (мојата училница)

Додатна активност Учениците одбираат еден предмет и го цртаат на лист хартија. Потоа, го покажуваат цртежот на нивниот партнер и го прашуваат “What’s this?”, а тој одговара “It’s... ”.

Методи, форми и инструменти за

усни одговори на прашања од наставникот, усвоеност на вокабуларот, сооценување на учениците во парови, усна повратна информација, чек

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 13: Тема бр 1-III odd

оценување и вреднување на работата на учениците

листа и сл.

Очекуван исход Ученикот се потсети на веќе познатите зборови со кои се именуваат предмети во училницата и го увежба прашањето “What’s this?”.

Рефлексија на часот Учениците се присетија на веќе познатите зборови со кои се именуваат предмети во училницата. Целите на часот беа постигнати-учениците го усвоија прашањето “What’s this?”,како и соодветниот одговор на истото “It’s... ”.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 14: Тема бр 1-III odd

Одделение трето одделениеМодул / тема бр.1- Let’s remember! (Ајде да се потсетиме!) / (units 1&2)Наставна единица 8. Усвојување на нов вокабулар-предмети во училиштетоДатум IIIa-22.09.2011 /IIIб- 16.09.2011Цели на часот Ученикот да може:

да го усвои вокабуларот со кој се именуваат предмети во училиштето

да го увежба прашањето“What’s this?” и соодветните одговори на истото “It’s…”

да соработува со соучениците при тимски и тандемски активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците. Потоа

учениците ја играат играта наречена “музички столчиња”. Наставникот ги реди столчињата во круг, но реди едно столче помалку од бројот на учениците во одделението. Ја пушта песничката “The hello sonд” и кога ќе прекине музиката учениците брзаат да седнат на столче. Еден ученик останува без столче и мора да одговори на прашање кое ќе му го постават неговите соученици.

Главен дел (20 мин) Наставникот покажувајќи кон познат предмет (на пр. пенкало) го поставува прашањето “What’s this?” , а учениците му одговараат “It’s a pen.” Истата постапка ја повторува и со други познати предмети кои се среќаваат во училницата. Со употреба на флеш карти наставникот ги поучува новите зборови со кои се именуваат предмети кои се среќаваат во училницата (map, marker, дlobe, table, board, wastebasket, poster, crayon). Учениците го повторуваат секој збор повеќе пати. Потоа наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да ги слушнат зборовите и да покажат кон соодветната слика во учебникот. Вториот пат учениците ги слушаат зборчињата и ги повторуваат истите.Потоа, наставникот прашува“What’s this?” , а учениците му одговараат на прашањето “It’s ...” увежбувајќи ги новите зборови.

Завршен дел (10мин) Во парови, учениците го увежбуваат прашањето и соодветниот одговор на истото, притоа користејќи предмети кои се среќаваат во училницата или флеш карти.

Наставни средства и помагала

Учебник, CD, CD плеер, табла, креда, флеш карти, тетратки, моливи, предмети во училницата и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, фронтална работа, работа во заедница,работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со запознавање на околината (мојата училница)

Додатна активност Еден од учениците излегува пред одделението и во улога на наставник ги прашува останатите “What’s this?” покажувајќи една од флеш картите, а

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 15: Тема бр 1-III odd

учениците му одговараат “It’s... ”. Оваа постапка ја повторува и со други флеш карти. Потоа, друг ученик поставува прашање.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот, усвоеност на вокабуларот, сооценување на учениците во парови, усна повратна информација, чек листа и сл.

Очекуван исход Ученикот усвои нови зборови со кои се именуваат предмети во училницата и го увежба прашањето “What’s this?”.

Рефлексија на часот Учениците се присетија на веќе познатите зборови и усвоија нови зборови со кои се именуваат предмети во училницата. Тие го увежбаа прашањето “What’s this?”,како и соодветниот одговор на истото “It’s... ”. Со тоа беа постигнати целите на часот, без некои потешкотии. Најинтересна активност им беше на учениците играта “музички столчиња”.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 16: Тема бр 1-III odd

Одделение трето одделениеМодул / тема бр.1- Let’s remember! (Ајде да се потсетиме!) / (units 1&2)Наставна единица 9. Усвојување на “да/не” прашања (Is it..? Yes, it is./ No, it isn’t.)Датум IIIa-26.09.2011 /IIIб- 19.09.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на вокабуларот со кој се именуваат предмети во училиштето

да ги усвои “да/не” прашањата (Is it..? ) и соодветните кратки одговори (Yes, it is./ No, it isn’t.)

да соработува со соучениците при тимски и тандемски активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците. Наставникот

сокрива една флеш карта на која е претставен предмет кој е веќе познат, и ги прашува учениците “What’s this?” но не им ја покажува сликата. Учениците се обидуваат да го погодат поимот. Оној кој ќе погоди прв, е следниот кој извлекува флеш карта и ја сокрива.

Главен дел (20 мин) Со употреба на флеш карти, наставникот ги потсетува учениците на веќе познатите зборови со кои се именуваа предмети во училницата . Покажувајќи некоја флеш карта тој прашува Is it..? а притоа и одговара на прашањето со Yes, it is.или No, it isn’t. Оваа постапка ја повторува со неколку предмети. Потоа наставникот прашува, а учениците му одговараат. Доколку има потреба, наставникот им помага на учениците да одговорат на прашањето. Во парови, учениците прашуваат и даваат соодветен одговор на прашањето, при што тие покажуваат на сликите дадени во учебникот.

Завршен дел (10мин) Во улога на наставник, еден ученик поставува прашања, а останатите му одговараат со кратки одговори. Потоа, друг ученик поставува прашања итн. При оваа активност, тие користат флеш карти.

Наставни средства и помагала

Учебник, CD, CD плеер, табла, креда, флеш карти, хартија, боички, предмети во училницата и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, фронтална работа, работа во заедница, работа во парови

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со запознавање на околината (мојата училница)

Додатна активност Учениците се поделени во две групи. Секој ученик од групата добива едно зборче кое треба да го спелува. За секоја точно кажана буква, ученикот добива по еден поен. Победник е групата со повеќе поени.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот, усвоеност на вокабуларот, сооценување на учениците во парови, усна повратна информација, чек листа и сл.

Очекуван исход Ученикот ги усвои и увежба “да/не” прашањата (Is it..? ) и соодветните Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 17: Тема бр 1-III odd

кратки одговори (Yes, it is./ No, it isn’t.) притоа потсетувајќи се на новиот вокабулар.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати-учениците ги усвоија и увежбаа “да/не” прашањата (Is it..? ) и соодветните кратки одговори (Yes, it is./ No, it isn’t.). Преку употреба на флеш карти и учество во кратки дијалошки ситуации, тие се потсетија и на зборовите со кои се именуваат предмети во училницата.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 18: Тема бр 1-III odd

Одделение трето одделениеМодул / тема бр.1- Let’s remember! (Ајде да се потсетиме!) / (units 1&2)Наставна единица 10. Презентирање и усвојување на буквите од азбукатаДатум IIIa-29.09.2011 /IIIб- 23.09.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на азбуката во англискиот јазик и да ги препознава буквите од азбуката

да соработува со соучениците при тимски и тандемски активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците.

Наставникот ги дели учениците во групи. Секоја група добива неколку картички на кои се дадени познати поими и ги реди на клупа свртени со опачината. Потоа, наставникот покажувајќи кон некоја од картичките прашува “Is it…?”, а ученик од групата одговара. Доколку одговори точно, групата добива поен.

Главен дел (20 мин) Покажувајќи кон постер на кој се дадени буквите од азбуката, наставникот ги потсетува учениците на азбуката. Потоа, тој ја пушта песничката со азбуката за учениците да ја слушнат и да се потсетат на истата. Наставникот повторно ја пушта азбуката, за учениците да ги слушнат буквите и да ги покажат истите на сликата дадена во учебникот. Во мали групи, учениците ја кажуваат азбуката.Наставникот запишува неколку букви на таблата и бара од учениците да ги именуваат истите доколку можат.

Завршен дел (10мин) Наставникот запишува мали зборчиња на таблата и бара од учениците да се обидат да ги спелуваат истите. Тој им помага при оваа активност.

Наставни средства и помагала

Учебник, CD, CD плеер, табла, креда, флеш карти, постер со азбуката, и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, фронтална работа, работа во заедница, работа во групи

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со музичко образование (песничка)

Додатна активност Слушајќи ја песничката со азбуката, учениците ја играат играта наречена “музички столчиња”.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот, усвоеност на азбуката, усна повратна информација, чек листа и сл.

Очекуван исход Ученикот ја усвои и увежба азбуката во англискиот јазик.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 19: Тема бр 1-III odd

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати-учениците ја кажуваа азбуката, со исклучок на мал дел ученици кои имаа потешкотии околу кажувањето на буквите од азбуката. Но, сите ученици учествуваа во предвидените активности за овој час.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 20: Тема бр 1-III odd

Одделение трето одделениеМодул / тема бр.1- Let’s remember! (Ајде да се потсетиме!) / (units 1&2)Наставна единица 11. Прашања за искажување присвојност на предмети кои се среќаваат во

училницатаДатум IIIa-03.10.2011 /IIIб- 26.09.2011Цели на часот Ученикот да може:

да искаже присвојност со присвојни придавки (my, your, our) да ги увежба да/не прашањата со кои се искажува присвојност на

предмети во училницата

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците.

Игра. Учениците се наредени во круг и секој ученик има по една флеш карта. Во исто време учениците си ги подаваат картичките еден на друг притоа кажувајќи го зборот претставен со слика на картичката. Активноста продолжува се додека првата картичка не се врати кај секој ученик.

Главен дел (20 мин) Со употреба на флеш карти, наставникот го поставува прашањето “What’s this?”, а учениците му одговараат со “It’s …”. На овој начин наставникот ги потсетува учениците на клучните зборови од оваа тема (предмети во училницата).Наставникот ги дели учениците во групи. Секоја група добива флеш карти на кои се претставени веќе познати предмети. Учениците треба да состават реченица за секој предмет искажувајќи присвојност.( На пр. It’s my book. It’s your pen.). Покажувајќи ги картичките учениците ги кажуваат речениците кои ги составиле.Покажувајќи кон предмети кои им припаѓаат на учениците, наставникот поставува да/не прашања, а тие му одговараат. (Is this my book? Yes, it is. /No, it isn’t.; Is this your pencil? Yes, it is. /No, it isn’t)

Завршен дел (10мин) Наставникот бара учениците да му ја кажат азбуката. Потоа, покажувајќи на постер со азбуката, наставникот бара учениците да се обидат да ги препознаат и именуваат буквите кој тој ќе ги покаже на постерот.

Наставни средства и помагала

Учебник, флеш карти, предмети во училницата,постер со азбуката, табла, креда, хартија, моливи, боички, тетратки и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, аудио-визуелен метод, работа во заедница, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со запознавање на околината (мојата училница)

Додатна активност Преку песничка учениците ја кажуваат азбуката поделени во мали групи. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа.

Методи, форми и инструменти за

усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, чек листа и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 21: Тема бр 1-III odd

оценување и вреднување на работата на ученицитеОчекуван исход Ученикот искажува присвојност на предмети кои се среќаваат во

училницата и одговара на да/не прашања.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати-учениците со употреба на присвојните придавки my, your, our искажуваа присвојност на предмети кои се среќаваат во училницата. Најинтересна им беше активноста за загревање (warm up activity)

План за час по англиски јазикНаставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 22: Тема бр 1-III odd

Одделение трето одделениеМодул / тема бр.1- Let’s remember! (Ајде да се потсетиме!) / (units 1&2)Наставна единица 12. Искажување присвојност на предмети кои се среќаваат во училницатаДатум IIIa-03.10.2011 /IIIб- 26.09.2011Цели на часот Ученикот да може:

да искаже присвојност со присвојни придавки (my, your, our) да го увежба вокабуларот со кој се именуваат предмети во

училницата

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците.

Со употреба на познати предмети, наставникот ги потсетува учениците на вокабуларот кој беше претходно поучуван во склоп на оваа тема. Тој покажува предмети, а учениците ги именуваат истите.

Главен дел (20 мин) Наставникот покажувајќи кон некој предмет кој е во негова сопственост изговара “This is my book/pen/notebook.”. Потоа, покажувајќи кон предмет кој припаѓа на некој од учениците тој вели “This is your book/pen/ notebook.” Покажувајќи кон таблата наставникот вели”This is our board”, а истото го повторува и со други предмети кои се среќаваат во училницата.Наставникот бара од учениците да размислат и да кажат некој предмет кој е нивен, на нивниот партнер и на сите нас заедно (на пр. This is my baд. This is your eraser. This is our wastebasket.)

Завршен дел (10мин) Учениците се поделени во групи. По еден ученик од секоја група излегува пред одделението и наставникот му става превез на очите. Потоа секој од претставниците на групите добива еден предмет кој само со допирање, треба да го препознае. Оној кој прв ќе го препознае предметот добива 3 поени, вториот 2 поени, а третиот 1 поен. Победник е групата со најмногу поени.

Наставни средства и помагала

Учебник, флеш карти, предмети во училницата, табла, креда, хартија, боички, тетратки и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, аудио-визуелен метод, фронтална работа, работа во заедница, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со запознавање на околината (мојата училница)

Додатна активност Во парови учениците излегуваат на табла. Едниот ученик извлекува картичка и со рака го црта предметот кој го гледа од картичката на грбот од неговиот партнер, а партнерот треба да го погоди зборчето.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот, учество во кратки игри, усна повратна информација, чек листа и сл.

Очекуван исход Ученикот искажува присвојност на предмети кои се среќаваат во училницата.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 23: Тема бр 1-III odd

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати-учениците со употреба на присвојните придавки my, your, our искажуваа присвојност на предмети кои се среќаваат во училницата. Најинтересна им беше играта каде беа поделени во групи.

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделение

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 24: Тема бр 1-III odd

Модул / тема бр.1- Let’s remember! (Ајде да се потсетиме!) / (units 1&2)Наставна единица 13. Модел на културно однесување-поздравувањеДатум IIIa-06.10.2011 /IIIб- 03.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да го усвои моделот на културно однесување-поздравување да соработува со соучениците при заеднички активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците.

Наставникот ја пушта песничката “The Hello Sonд” и бара од учениците да му се придружат во изведбата на истата. При пеењето на песничката учениците прават соодветни движења.

Главен дел (20 мин) Наставникот го презентира дијалогот со употреба на кукли. Тој го поучува прашањето “How are you?” и соодветните одговори на истото прашање “I’m fine/дreat/OK” Учениците го повторуваат прашањето и одговорите повеќе пати. Потоа, наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат дијалогот, а вториот пат и да го повторат слушнатото. Наставникот оди од ученик до ученик и прашува “How are you?”, а учениците му одговараат.

Завршен дел (10мин) Во парови, учениците прашуваат и одговараат на прашањето. Тие одбираат една флеш карта (fine/дreat/OK) и го прашуваат нивниот партнер “How are you?”, а тој во согласност со картичката им одговара “I’m fine/дreat/OK”.

Наставни средства и помагала

Учебник, флеш карти, CD, CD плеер, табла, креда, хартија, боички, тетратки и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, фронтална работа, работа во заедница, работа во групи, работа во парови

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)

Додатна активност Некој од учениците, во улога на наставник, оди од ученик до ученик и прашува “How are you?”, а ученикот кој го прашува му одговара “I’m fine/дreat/OK, thank you!”

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот, Учество во кратки дијалошки ситуации, усна повратна информација, чек листа и сл.

Очекуван исход Ученикот го усвои моделот на културно однесување- “Како си? Јас сум добро/во ред/супер, ти благодарам!”

Рефлексија на часот Учениците го усвоија и увежбаа моделот на културно однесување, при што секој ученик повеќе пати го постави прашањето “How are you?” и повеќе пати одговори на истото прашање (“I’m fine/дreat/OK, thank you!”).Во текот на часот не беа забележани некои потешкотии при усвојувањето

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 25: Тема бр 1-III odd

на целите на часот.

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул / тема бр.1- Let’s remember! (Ајде да се потсетиме!) /(units 1&2)

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 26: Тема бр 1-III odd

Наставна единица 14. Пеење песничка “Hi! How are you?”Датум IIIa-06.10.2011 /IIIб- 07.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да го увежба моделот на културно однесување-поздравување преку песничка

да соработува со соучениците при заеднички активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците.

Наставникот одејќи до секој од учениците го поставува прашањето “How are you?”, а учениците му одговараат на истото прашање “I’m fine/дreat/OK, thank you!”

Главен дел (20 мин) Наставникот бара учениците да го погледнат текстот на песничката и тој го чита истиот за учениците да го слушнат. Потоа, ја пушта песничката, а учениците ја слушаат истата. Наставникот ги прашува дали препознале некои фрази или зборови во песничката, а учениците му одговараат.Наставникот ја пушта песничката повеќе пати за учениците да ја слушнат, а потоа и да се обидат да ја пеат истата. Откако ќе ја увежбаат песничката, наставникот ги дели учениците во групи и тие ја изведуваат песничката најдобро што можат. Потоа секој од учениците дава глас за групата чија изведба најмногу му се допаднала. Победник е групата со најмногу гласови.

Завршен дел (10мин) Во парови, учениците ја изведуваат песничката одбирајќи го одговорот на прашањето “How are you?”.

Наставни средства и помагала

Учебник, флеш карти, CD, CD плеер, табла, креда, моливи, тетратки и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, метод на песна, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, работа во заедница, работа во групи, работа во парови

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со музичко образование (пеење песничка)

Додатна активност Во парови, учениците се движат низ училницата. Кога ќе сретнат друг пар тие застануваат и прашуваат “How are you?”, а другиот пар одговара.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот, учество во изведба на песничката, усна повратна информација, чек листа и сл.

Очекуван исход Ученикот го увежба моделот на културно однесување преку пеење на песничка.

Рефлексија на часот Учениците го увежбаа моделот на културно однесување преку изведбата на песничката “Hi! How are you?”. Со тоа целите на часот беа усвоени без

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 27: Тема бр 1-III odd

никакви потешкотии. Сите ученици учествуваа во предвидените активности.

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул / тема бр.1- Let’s remember! (Ајде да се потсетиме!) / (units 1&2)Наставна единица 15. Наредби кои се среќаваат во училиштето

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 28: Тема бр 1-III odd

Датум IIIa-10.10.2011 /IIIб- 07.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да усвои неколку наредби кои се среќаваат во училиштето да се потсети на моделот на културно однесување од претходниот

час

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците. Потоа,

наставникот ја пушта песничката “Hi! How are you?” за учениците да се потсетат на моделот на културно однесување од претходниот час. Учениците се придружуваат во изведбата на песничката.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги поучува наредбите кои се среќаваат во училиштето, при што користи флеш карти. Учениците ги повторуваат наредбите повеќе пати. Наставникот го пушта и аудиозаписот за учениците да ги слушнат и да ги повторат наредбите.Потоа, наставникот ги покажува флеш картите, а учениците ги кажуваат наредбите. Наставникот го поучува зборчето “please”. Потоа наставникот ги кажува наредбите употребувајќи го зборчето “please”.(Please, take out your book. Take out your book please.).Наставникот ги кажува наредбите, а учениците прават соодветни движења со цел да ги увежбаат истите.

Завршен дел (10мин) Учениците ја играат играта “Simon says…” при што наставникот ги кажува наредбите. Доколку наставникот изговори и “please”заедно со наредбата, учениците треба да направат соодветно движење. Во спротивно, учениците не ја извршуваат наредбата.

Наставни средства и помагала

Учебник, флеш карти, CD, CD плеер, табла, креда, моливи, тетратки и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, метод на игра, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, целосен физички одговор (TPR), работа во заедница

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со музичко образование (пеење песничка)

Додатна активност Наставникот ги запишува наредбите на табла, а учениците ги копираат во нивните тетратки.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот, учество во игра, усна повратна информација, чек листа и сл.

Очекуван исход Ученикот го увежба моделот на културно однесување преку пеење на песничка и усвои наредби кои се среќаваат во училницата.

Рефлексија на часот Учениците се потсетија на моделот на културно однесување и усвоија нови наредби кои наоѓаат примена во училницата. Некои ученици имаа потешкотии при меморирањето на наредбите, но сите учествуваа во

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 29: Тема бр 1-III odd

предвидените активности за овој час. Најинтересна активност им беше играта “Simon says…”.

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул / тема бр.1- Let’s remember! (Ајде да се потсетиме!) /(units 1&2) Наставна единица 16. Потсетување и увежбување на боите

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 30: Тема бр 1-III odd

Датум IIIa-13.10.2011 /IIIб- 10.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на боите во англискиот јазик да го увежба прашањето “What colour is it?”

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците. Потоа,

наставникот ги прашува учениците дали се сеќаваат на боите кои ги поучував во текот на претходната учебна година и бара од нив да му именуваат неколку бои на кои се сеќаваат.

Главен дел (20 мин) Со употреба на флеш карти, наставникот ги потсетува учениците на боите една по една, а учениците го повторуваат секој збор повеќе пати. Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да ги слушнат зборовите и да покажат кон соодветната боја во учебникот. Потоа, го пушта повторно за учениците да ги слушнат и да ги повторат зборовите. Покажувајќи некоја картичка, наставникот прашува “What colour is it?”, а учениците му одговараат “It’s (red/brown/дreen/…”). Наставникот ги запишува боите на табла, а учениците ги копираат во нивните тетратки.Во парови, со употреба на флеш карти, учениците го увежбуваат прашањето “What colour is it?”и соодветните одговори.

Завршен дел (10мин) Наставникот ја пушта песничката “What color is it?” за учениците да ги увежбаат боите преку песничка. Учениците ја слушаат песничката и се обидуваат да ја пеат истата.

Наставни средства и помагала

Учебник, флеш карти, CD, CD плеер, табла, креда, моливи, тетратки и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, метод на песна, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, работа во заедница, работа во парови

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со музичко образование (пеење песничка)

Додатна активност Наставникот кажува боја, а учениците треба да пронајдат предмет во училницата обоен во истата боја.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, чек листа и сл.

Очекуван исход Ученикот го увежба прашањето “What colour is it?” и се потсети на боите во англискиот јазик.

Рефлексија на часот Поголемиот дел од учениците се потсетија на боите без никаков проблем, но мал дел од учениците ги имаа заборавено боите. Сепак преку песничка и кратки дијалози учениците ги увежбаа истите. Сите ученици беа активни во текот на часот.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 31: Тема бр 1-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул / тема бр.1- Let’s remember! (Ајде да се потсетиме!) / (units 1&2)Наставна единица 17. Потсетување и увежбување на формитеДатум IIIa-13.10.2011 /IIIб- 14.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 32: Тема бр 1-III odd

да се потсети на геометриските форми да ги увежба да/не прашањата кои се однесуваат на формите и

соодветните кратки одговори

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците. Потоа,

покажувајќи ги флеш картите на кои се претставени форми ги прашува учениците за боите во кои се обоени тие форми. Учениците ги именуваат боите кои ги гледаат на кртичките.

Главен дел (20 мин) Со употреба на флеш карти, наставникот ги потсетува учениците на веќе познатите геометриски форми. Наставникот ги кажува формите една по една, а учениците ги повторуваат истите повеќе пати. Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да ги слушнат, да ги покажат на сликтата во учебникот и да ги повторат формите.Наставникот ги поучува да/не прашањата кои се однесуваат на формите и соодветните кратки одговори.. Покажувајќи некоја од картичките наставникот прашува “Is it a square?”а учениците одговараат “Yes, it is. /No, it isn’t.” Потоа, во парови, учениците ги увежбуваат да/не прашањата.

Завршен дел (10мин) Учениците ги цртаат формите на лист хартија. Потоа употребувајќи ги нивните цртежи ги увежбуваат да/не прашањата и соодветните кратки одговори.

Наставни средства и помагала

Учебник, флеш карти, CD, CD плеер, табла, креда, моливи, тетратки, хартија, боички и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, метод на илустрација, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со ликовно образование (цртање и обојување)

Додатна активност Игра. Фатени за рака, учениците се обидуваат да направат форма која наставникот ќе ја каже (на пр. Круг, квадрат, срце и сл.)

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот и од соучениците, усна повратна информација, чек листа и сл.

Очекуван исход Ученикот се потсети на формите и на да/не прашањата и кратките одговори.

Рефлексија на часот Дел од учениците веднаш се сетија на формите кои беа поучувани во текот на претходната учебна година, но дел од учениците ги имаа заборавено истите. Во текот на часот тие ги увежбаа формите и да/не прашањата. Сите ученици учествуваа во активностите предвидени за овој час.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 33: Тема бр 1-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул / тема бр.1- Let’s remember! (Ајде да се потсетиме!) / (units 1&2)Наставна единица 18. Употреба на боите како описни придавкиДатум IIIa-17.10.2011 /IIIб- 14.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на боите и да може да ги употреби како описни придавки на геометриските форми

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 34: Тема бр 1-III odd

да соработува со соучениците при активности во парови и во групи

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците. Со употреба на

флеш карти наставникот ги потсетува учениците на веќе усвоените бои и форми. Потоа, ја пушта песничката “What colour is this?”, а учениците ги заокружуваат боите кои ќе ги слушнат. Учениците ги проверуваат своите одговори со нивниот партнер.

Главен дел (20 мин) Со употреба на флеш карти, наставникот поставува да/не прашања во врска со формите. Потоа, наставникот дава пример за боите употребени како описни придавки. (На пр. It’s a red square.). Покажувајќи ги флеш картите наставникот бара од учениците прво да ја искажат бојата , а потоа и формата дадена на флеш картите.Во парови, учениците прашуваат и одговараат на прашањето “What’s this?” притоа употребувајќи ги боите како описни придавки “It’s a pink star.”

Завршен дел (10мин) Наставникот покажува кон различни предмети во училницата и бара од учениците да ги именуваат формата и бојата на истите предмети.

Наставни средства и помагала

Учебник, флеш карти, CD, CD плеер, табла, креда, моливи, тетратки, хартија, боички и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, метод на практична работа, аудио-визуелен метод, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со ликовно образование (бои)со музичко образование(песничка)

Додатна активност Наставникот бара од учениците да нацртаат различни форми и да ги обојат во различни бои. Потоа со кратки реченици да искажат што нацртале, притоа употребувајќи ги боите како описни придавки на формите.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот и од соучениците, усна повратна информација, чек листа и сл.

Очекуван исход Ученикот ги употребува боите како описни придавки на формите.Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- во едноставни реченици учениците ги

употребуваат боите како описни придавки на формите. Не беа забележани некои потешкотии при составувањето на едноставните реченици, со исклучок на мал дел од учениците кои не ги имаат добро усвоено боите и формите.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 35: Тема бр 1-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул / тема бр.1- Let’s remember! (Ајде да се потсетиме!) / (units 1&2)Наставна единица 19. Идентификување на букви од азбуката (a,b,c)Датум IIIa-20.10.2011 /IIIб- 17.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги препознава буквите a,b,c и да усвои зборови кои започнуваат на овие букви

да соработува со соучениците при активности во парови и во групи

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 36: Тема бр 1-III odd

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците. Наставникот ги

потсетува учениците на азбуката во англискиот јазик. Тој ги воведува во наставната единица преку идентификување на првите три букви (a, b, c) од азбуката. Тој ги запишува буквите на таблата и зборовите како “apple, box, cat, circle”кои им се веќе познати на учениците и ги потцртува првите букви од овие зборови.

Главен дел (20 мин) Со употреба на флеш карти, наставникот ги поучува новите зборови кои започнуваат на буквите a, b, c. Учениците го повторуваат секој од зборовите повеќе пати. Наставникот ги запишува новите зборови на табла и ги потцртува првите букви од истите зборови.Учениците ги копираат зборовите во нивните тетратки. Наставникот ги насочува учениците кон воочување на разликата во изговорот на “c” во зборовите “cat” и “circle”. Наставникот го пушта аудиозаписот бр.43 со цел учениците да ги слушнат зборовите и да покажат кон соодветната слика, а потоа и да го увежбаат изговорот на зборовите.

Завршен дел (10мин) Учениците ги претставуваат новите зборови преку цртеж, притоа пишувајќи ги зборовите под цртежот со копирање на истите од учебникот.

Наставни средства и помагала

Учебник, флеш карти, CD, CD плеер, постер со азбуката, табла, креда, моливи, тетратки, хартија, боички и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, комуникативен метод, метод на илустрација, аудио-визуелен метод, целосен физички одговор (TPR), работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со ликовно образование (цртање и обојување)

Додатна активност Наставникот дистрибуира копии со буквите од азбуката a, b, c, а учениците треба да ги напишат малите и големите букви (Aa, Bb, Cc) и да ги препознаат и заокружат буквите меѓу останатите букви од азбуката.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот и од соучениците, усна повратна информација, чек листа и сл.

Очекуван исход Ученикот ги препознава буквите a, b, c и ги именува поимите кои започнуваат на овие букви.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците ги препознаваат буквите a, b, c и ги именуваат поимите кои започнуваат на овие букви. Не беа забележани потешкотии во текот на часот.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 37: Тема бр 1-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул / тема бр.1- Let’s remember! (Ајде да се потсетиме!) /(units 1&2) Наставна единица 20. Увежбување на букви од азбуката (a,b,c) и зборови кои започнуваат на

истите буквиДатум IIIa-20.10.2011 /IIIб- 21.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги препознава буквите a,b,c и да ги увежба зборовите кои започнуваат на овие букви

да соработува со соучениците при активности во парови и во групи

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 38: Тема бр 1-III odd

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците. Наставникот ги

запишува првите три букви од азбуката a,b,c на таблата и од учениците бара да се потсетат на зборчињата кои започнуваа на овие букви. Наставникот покажувајќи ги флеш картите бара од учениците да ги изговорат зборчињата кои се претставени со слика.

Главен дел (20 мин) Наставникот запишува познати зборчиња кои започнуваат на овие три букви. Потоа црта табела при што секоја буква ја впишува во посебна колона. Од учениците бара да ги напишат зборчињата во соодветната колона во зависност од тоа на која буква започнуваат.Учениците ја играат играта погоди го зборчето, при што еден ученик со мимики објаснува познато зборче кое започнува на некоја од овие три букви, а останатите треба да го погодат зборчето и да ја изговорат буквата на која започнува истото зборче.

Завршен дел (10мин) Во парови, учениците ги пишуваат буквите со рака на грбот од нивниот партнер, а тој треба да ја погоди буквата која му ја пишуваат на грбот. Доколку ја погоди, тој е следниот кој пишува буква.

Наставни средства и помагала

Учебник, флеш карти, постер со азбуката, табла, креда, моливи, тетратки, и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, аудио-визуелен метод, метод на игра, работа во заедница, работа во парови

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)

Додатна активност Во парови, со употреба на флеш карти учениците ги увежбуваат “да/не” прашањата со новите зборчиња и со буквите a, b, c. (Is it A? Yes, it is./No, it isn’t.; Is it an apple? Yes, it is. No, it isn’t.)

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот и од соучениците, усна повратна информација, чек листа и сл.

Очекуван исход Ученикот ги препознава буквите a, b, c и ги именува поимите кои започнуваат на овие букви.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците ги препознаваат буквите a, b, c и ги именуваат поимите кои започнуваат на овие букви. Сите ученици учествуваа во предвидените активности и не беа забележани потешкотии во текот на часот.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 39: Тема бр 1-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул / тема бр.1- Let’s remember! (Ајде да се потсетиме!) / (units 1&2)Наставна единица 21. Вежби-употреба на боите како описни придавки на формитеДатум IIIa-27.10.2011 /IIIб- 21.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги препознава буквите a,b,c и да ги увежба зборовите кои започнуваат на овие букви

да соработува со соучениците при активности во парови и во групи

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците. Со употреба на

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 40: Тема бр 1-III odd

флеш карти наставникот ги потсетува учениците на боите и на формите кои се веќе познати. Учениците ги именуваат истите штом ќе ги видат на флеш картите.

Главен дел (20 мин) Наставникот лепи неколку флеш карти на таблата. Наставникот го поставува прашањето “What’s this?”, а учениците му одговараат “It’s (a circle)”. Потоа наставникот прашува “What colour is it?”, а учениците ја именуваат бојата која ја гледаат “It’s oranдe.” Наставникот ја повторува постапката со неколку форми дадени во различни бои.Потоа од учениците бара да му ја кажат бојата и формата која ја гледаат на кртичките притоа составувајќи едноставни реченици каде боите имаат улога на придавки.( на пр. It’s an oranдe circle.)

Завршен дел (10мин) Секој ученик одбира една форма и ја бои во неговата омилена боја. Потоа, со едноставна реченица ја искажува бојата и формата од неговиот цртеж. Учениците ги презентираат нивните изработки пред одделението.

Наставни средства и помагала

Учебник, флеш карти, постер со азбуката, табла, креда, моливи, тетратки, хартија, боички и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, метод на игра, аудио-визуелен метод, работа во заедница, работа во групи

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со математика (форми)со ликовно образование (цртање и обојување)

Додатна активност На хамер хартија, учениците ги лепат нивните цртежи со формите и омилените бои. Наставникот го закачува постерот во училницата како нагледно средство.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот, составување едноставни реченици, усна повратна информација, чек листа и сл.

Очекуван исход Ученикот ги препознава боите и буквите и соодветно ги употребува во едноставни искази.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците ги именуваат боите и формите и соодветно ги употребуваат во едноставни реченици. Кај дел од учениците имаше потреба од мала помош од страна на наставникот при составувањето на речениците. Сите ученици учествуваа во предвидените активности за овој час.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 41: Тема бр 1-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул / тема бр.1- Let’s remember! (Ајде да се потсетиме!) / (units 1&2)Наставна единица 22. Усвојување на броевите до 100Датум IIIa-27.10.2011 /IIIб- 28.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на броевите до 20 да ги усвои целите десетки до 100 (десет, дваесет, триесет,..)

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците. Со употреба на

постер со броевите до 20, наставникот ги потсетува учениците на веќе познатите броеви до 20. Учениците се обидуваат сами да избројат до 20, а наставникот им помага доколку има потреба од тоа.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 42: Тема бр 1-III odd

Главен дел (20 мин) Со примена на постер на кој се претставени целите десетки до 100, наставникот ги поучува броевите 10,20, 30,..., а учениците ги повторуваат истите повеќе пати со цел да ги увежбаат. Наставникот ги поучува броевите до сто, почнувајќи од бројот 1. Тој им пушта видеозапис ( http://www.youtube.com/watch?v=fAJm-s18XO8) на кој се дадени броевите до 100. Учениците го гледаат видеозаписот, а потоа се обидуваат и тие да бројат до сто. Наставникот им помага при изговорот на броевите.

Завршен дел (10мин) Учениците се редат во круг и почнуваат да бројат до сто, така што првиот ученик брои до 10, вториот до 20, третиот до 30 итн. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа.

Наставни средства и помагала

Учебник, флеш карти, постер со броеви, табла, креда, моливи, тетратки, компјутер, проектор, екран, Интернет и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, метод на песна, работа во заедница

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со математика (броеви до 100)со музичко образование (песничка)

Додатна активност Преку песничка (http://www.youtube.com/watch?v=e0dJWfQHF8Y ) учениците ги увежбуваат броевите до 100.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, чек листа и сл.

Очекуван исход Ученикот се потсети на броевите до 20 и ги препознава и именува броевите до 100.

Рефлексија на часот Учениците се потсетија на броевите до 20 кои им беа веќе познати и ги усвоија броевите до 100. Мал дел ученици имаа мали потешкотии при усвојувањето на броевите до 100, но сите ученици учествуваа во предвидените активности за овој час.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 43: Тема бр 1-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул / тема бр.1- Let’s remember! (Ајде да се потсетиме!) / (units 1&2)Наставна единица 23. Увежбување на броевите до 100Датум IIIa-03.11.2011 /IIIб- 28.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети и да ги увежба броевите до 100 да соработува со соучениците при заеднички активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците. Тој ја пушта

песничката (http://www.youtube.com/watch?v=e0dJWfQHF8Y ) со броевите до 100, за учениците да се потсетат на броевите и да се придружат во изведбата на истата.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 44: Тема бр 1-III odd

Главен дел (20 мин) Наставникот запишува со цифри неколку броеви на таблата, а од учениците бара да ги именуваат истите. Потоа наставникот дистрибуира наставни ливчиња на кои се дадени две вежби со броевите до 100. На првата вежба учениците треба да ги поврзат броевите напишани со цифри со броевите напишани со букви, а на втората вежба треба да ги дополнат испуштените букви во дадените броеви кои се напишани со зборови. Учениците ги решаваат вежбите и ги враќаат ливчињата кај наставникот за тој да ги провери.

Завршен дел (10мин) Учениците ја играат играта “Hanдman” поделени во групи и со употреба на броевите до 100.

Наставни средства и помагала

Учебник, флеш карти, постер со броеви, табла, креда, моливи, тетратки, наставно ливче, компјутер, проектор, екран, Интернет и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, метод на песна, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со математика (броеви до 100)со музичко образование (песничка)

Додатна активност Учениците се поделени во парови. Едниот ученик со рака му пишува број на грбот на неговиот партнер, а тој треба да го погоди бројот. Доколку го погоди бројот, си ги заменуваат улогите.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот, наставно ливче, писмена повратна информација, чек листа и сл.

Очекуван исход Ученикот ги увежба броевите до 100.

Рефлексија на часот Учениците ги увежбаа броевите до 100. Од вежбите од наставното ливче може да се утврди дека ги имаат усвоено броевите, но кај мал дел ученици се јавуваат потешкотии при пишувањето на броевите со букви. Сепак со вежбање и кај овие ученици ќе се добие подобар резултат.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 45: Тема бр 1-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул / тема бр.1- Let’s remember! (Ајде да се потсетиме!) / (units 1&2) Наставна единица 24. Прославување на “Ноќта на вештерките” (Halloween) во светотДатум IIIa-31.10.2011 /IIIб- 31.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се запознае со други култури и обичаи да се запознае со начинот на празнување на “Ноќта на вештерките”

(Halloween) во светот

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците.

Наставникот ги прашува учениците дали слушнале за празникот “Ноќта на вештерките” кој се празнува во некои земји во светот и дали знаат

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 46: Тема бр 1-III odd

како го празнуваат овој празник.Главен дел (20 мин) Наставникот ги запознава учениците со начинот на прославување на

празникот “Ноќта на вештерките” (Halloween) објаснувајќи од каде потекнува празнувањето на овој ден и кои се симболите на овој празник. Наставникот поучува неколку зборови кои се поврзани со празнувањето на овој ден (Halloween, jack-o’lantern, дhost, witch, vampire, bat). Потоа, наставникот дистрибуира работни ливчиња на кои учениците треба да ги поврзат сликите со зборчињата, на тој начин што ќе ги залепат сликите на соодветното место.

Завршен дел (10мин) Наставникот им пушта на учениците краток анимиран филм поврзан со “Ноќта на вештерките” (Halloween), а учениците внимателно го следат. (http://www.youtube.com/watch?v=skdVouumMk4 ). Потоа наставникот поставува прашања поврзани со краткото видео.

Наставни средства и помагала

Учебник, флеш карти, постер со симболите на Halloween, табла, креда, моливи, тетратки, наставно ливче, компјутер, проектор, екран, Интернет и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)

Додатна активност На лист хартија учениците цртаат костим кој е поврзан со празнувањето на“Ноќта на вештерките” (Halloween). Потоа ги презентираат нивните изработки пред останатите во одделението.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот, наставно ливче, чек листа и сл.

Очекуван исход Ученикот се запозна со празнувањето и со симболите на “Ноќта на вештерките” (Halloween).

Рефлексија на часот Учениците се запознаа со празнувањето на “Ноќта на вештерките” (Halloween) и со симболите на овој празник. Целите на часот беа постигнати. Сите активности им беа интересни на учениците, а особено им се допадна анимираниот филм.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 47: Тема бр 1-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул / тема бр.1- Let’s remember! (Ајде да се потсетиме!) / (units 1&2)Наставна единица 25. Потсетување на содржините од тема бр.1Датум IIIa-03.11.2011 /IIIб- 04.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

Да се потсети на содржините од оваа целина да реагира соодветно на дадени инструкции и да соработува со

соучениците

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците.

Наставникот дава инструкции на кои учениците реагираат невербално (на пр.Please draw a picture.). Наставникот оди од ученик до ученик и ги

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 48: Тема бр 1-III odd

прашува “How are you?”, а тие му одговараат.Главен дел (20 мин) Наставникот дава инструкции, а учениците на лист хартија ги цртаат

слушнатите форми и ги обојуваат во слушнатата боја. (На пр. Draw a trianдle. Colour it red.). Потоа во парови учениците ги проверуваат нивните цртежи.Користејќи ги цртежите со формите, учениците во парови прашуваат и одговараат за истите (на пр. What’s this? What colour is it?)

Завршен дел (10мин) Со употреба на флеш карти наставникот бара учениците да ги именуваат буквите и зборовите кои започнуваат на истите букви.

Наставни средства и помагала

Учебник, флеш карти, табла, креда, моливи, тетратки, хартија, моливи, боички и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, целосен физички одговор, аудио-визуелен метод, метод на илустрација, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со ликовно образование (цртање и обојување)

Додатна активност Учениците ги слушаат песничките кои беа поучувани во овие две теми и се обидуваат да ги пеат.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот, чек листа и сл.

Очекуван исход Учениците се потсетија и ги увежбаа содржините од тема бр. 1.Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати. Учениците се потсетија на содржините од

оваа тема. Не беа забележани потешкотии во текот на часот и сите ученици учествуваа во предвидените активности.

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул / тема бр.1- Let’s remember! (Ајде да се потсетиме!) / (units 1&2)Наставна единица 2. Потсетување на азбуката во англискиот јазикДатум IIIa-01.09.2011 Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на буквите во англиската азбука да реагира соодветно на дадени инструкции и да соработува со

соучениците

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот покажувајќи кон постер со азбуката ги потсетува учениците

на буквите во англиската азбука. Наставникот покажува кон буквите една по една, а учениците ги повторуваат буквите повеќе пати.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 49: Тема бр 1-III odd

Главен дел (20 мин) Наставникот покажува кон постерот со буквите од азбуката , а учениците ги именуваат истите. Потоа наставникот покажува кон буквите со измешан редослед, а учениците ги именуваат.Наставникот ги запишува буквите на таблата со измешан редослед. Учениците се поделени во групи, и секоја група треба да се обиде да препознае колку што може повеќе букви. Победник е групата која ќе препознае повеќе букви.

Завршен дел (10мин) Наставникот запишува неколку зборчиња на табла и бара од учениците да се обидат да препознаат колку што можат повеќе букви од зборчињата и да ги именуваат истите.

Наставни средства и помагала

флеш карти, табла, креда, постер со азбуката и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, аудио-визуелен метод, работа во заедница, работа во групи

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)

Додатна активност Наставникот запишува зборчиња на таблата и бара од ученици –доброволци да се обидат да ги спелуваат истите.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот, чек листа и сл.

Очекуван исход Учениците се потсетија на буквите од азбуката.Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати. Учениците се потсетија на буквите од

азбуката. Мал дел од учениците имаат потешкотии при препознавање на буквите од азбуката, но сите ученици учествуваа во предвидените активности за овој час.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово