24
План за час по англиски јазик Одделение второ одделение Модул / тема Тема бр.2- Colours! (Бои!) Наставна единица 1.Модел на културно однесување-поздравување и отпоздравување Датум 14.10.2011 Цели на часот Ученикот да може: да го усвои моделот на културно однесување (Hi boys and girls! Hello teacher!) да го усвои знечењето на Mr, Mrs, Miss да соработува со соучениците при тимски и тандемски активности Фази на часот Активности Воведен дел (10 мин) Наставникот ги потсетува учениците на начинот на поздравување некого (Hi! Hello!) при што оди од ученик до ученик и ги поздравува, а тие му возвраќаат на поздравот. Потоа ја пушта песничката “Hi! What’s your name?”за учениците да ја слушнат, да се потсетат на комуникативниот модел и да ја пеат истата правејќи соодветни движења. Главен дел (25 мин) Наставникот заедно со двајца ученици го презентира дијалогот. Тој објаснува дека “Hi!”и “Hello!” се преведуваат на македонски со “Здраво!” и дека на омажените жени им се обраќаме со госпоѓа (Mrs), на неомажените или на девојките им се обраќаме со госпоѓица (Miss), а додека на мажите им се обраќаме со господин (Mr). Наставникот го презентира и вториот дијалог, а потоа го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат дијалогот и да ги погледнат сликите во учебникот поврзани со истиот. Учениците го слушаат дијалогот неколку пати и го повторуваат слушнатото увежбувајќи го изговорот. Учениците еден по еден ја играат улогата на наставничката, а останатите на одделението. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа. Наставникот дистрибуира наставно ливче а учениците ги поврзуваат сликите и зборовите кои им се напишани и Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Тема бр 2- II odd

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Тема бр 2- II odd

План за час по англиски јазик

Одделение второ одделениеМодул / тема Тема бр.2- Colours! (Бои!)Наставна единица 1.Модел на културно однесување-поздравување и отпоздравувањеДатум 14.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да го усвои моделот на културно однесување (Hi boys and girls! Hello teacher!)

да го усвои знечењето на Mr, Mrs, Miss да соработува со соучениците при тимски и тандемски активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ги потсетува учениците на начинот на поздравување некого

(Hi! Hello!) при што оди од ученик до ученик и ги поздравува, а тие му возвраќаат на поздравот. Потоа ја пушта песничката “Hi! What’s your name?”за учениците да ја слушнат, да се потсетат на комуникативниот модел и да ја пеат истата правејќи соодветни движења.

Главен дел (25 мин) Наставникот заедно со двајца ученици го презентира дијалогот. Тој објаснува дека “Hi!”и “Hello!” се преведуваат на македонски со “Зgраво!” и дека на омажените жени им се обраќаме со госпоѓа (Mrs), на неомажените или на девојките им се обраќаме со госпоѓица (Miss), а додека на мажите им се обраќаме со господин (Mr). Наставникот го презентира и вториот дијалог, а потоа го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат дијалогот и да ги погледнат сликите во учебникот поврзани со истиот. Учениците го слушаат дијалогот неколку пати и го повторуваат слушнатото увежбувајќи го изговорот. Учениците еден по еден ја играат улогата на наставничката, а останатите на одделението. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа.Наставникот дистрибуира наставно ливче а учениците ги поврзуваат сликите и зборовите кои им се напишани и на македонски јазик.

Завршен дел (5мин) Во парови учениците ги увежбуваат дијалозите бр. 1 и 2. Наставникот се движи низ училницата додека тие комуницираат и им помага доколку имаат потреба од тоа.

Наставни средства и помагала

Учебник, CD, CD плеер, табла, креда, наставно ливче, молив, гума и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, аудио-лингвален метод, метод на песна, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со музичко образование (песничка)

Додатна активност Учениците ја играат играта погоди го зборот. Со употреба на мимики и гестикулации еден ученик се обидува да објасни познат предмет, а останатите ученици го погодуваат предметот именувајќи го на англиски јазик.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 2: Тема бр 2- II odd

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот преку бележење во чек-листа, учеството во кратки дијалози, усни одговори на прашања од наставникот, наставно ливче, усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Ученикот го усвои моделот на културно однесување и прави разлика меѓу поимите “госпоgин, госпоѓа” и “госпоѓица”.

Рефлексија на часот Учениците го усвоија моделот на културно однесување и прават разлика помеѓу термините “госпоgин, госпоѓа” и “госпоѓица”, иако некои ученици имаа мали потешкотии во усвојувањето на моделот на културно однесување. Сите ученици учествуваа во предвидените активности.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 3: Тема бр 2- II odd

План за час по англиски јазик

Одделение второ одделениеМодул / тема Тема бр.2- Colours! (Бои!)Наставна единица 2.Пеење песничка и наредби кои наоѓаат примена во училницата Датум 18.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да го увежба моделот на културно однесување (Hi boys and girls! Hello teacher!) преку пеење на песничка

да усвои наредби кои се среќаваат во училницата да соработува со соучениците при тимски и тандемски активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ги потсетува учениците на начинот на поздравување и

отпоздравување кој беше поучуван во текот на претходниот час. Тој го пушта дијалогот за учениците да го слушнат и да го увежбаат во парови. Додека учениците го увежбуваат дијалогот наставникот се движи низ училницата и го слуша изговорот на учениците. Доколку има потреба, тој им помага на учениците со изговорот.

Главен дел (25 мин) Наставникот заедно со двајца ученици го презентира дијалогот. Тој им објаснува на учениците дека ќе слушаат песничка и ја пушта песничката. Откако учениците ќе ја слушнат песничката најмалку два пати, наставникот ги прашува дали препознале некои зборови во текстот на песничката, а учениците одговараат. Потоа учениците ја слушаат песничката повеќе пати и се обидуваат да ја пеат правејќи соодветни движења.Наставникот ги поучува наредбите “Дојgи!/ Сврти се!” (Come here!/ Turn around!)при што прави соодветни движења, а учениците ги повторуваат наредбите и ги прават истите движења. Наставникот покажува флеш карти со наредбите, а учениците ја изговараат наредбата и прават соодветни движења.

Завршен дел (5мин) Во мали групи, учениците се обидуваат да ја пеат песничката најдобро што можат притоа правејќи соодветни движења. Наставникот им помага доколку имаат потреба од тоа.

Наставни средства и помагала

Учебник, CD, CD плеер, табла, креда, флеш карти, и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, природен метод, метод на песна, работа во заедница, работа во парови, работа во групи

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 4: Тема бр 2- II odd

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со музичко образование (песничка)

Додатна активност Еден од учениците-во улога на наставник, излегува пред одделението и дава наредби, а останатите од одделението ги извршуваат истите. Потоа друг ученик дава наредби итн.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот преку бележење во чек-листа, учеството во изведба на песничката, усни одговори на прашања од наставникот, усвоеност на наредбите, усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Ученикот го увежба моделот на културно однесување и усвои две нови наредби кои наоѓаат примена во училницата.

Рефлексија на часот Учениците го увежбаа моделот на културно однесување и усвоија две нови наредби кои наоѓаат примена во училницата. На почетокот песничката им беше малку тешка за учење, но потоа со слушање на истата повеќе пати им стана полесна за паметење. Сите ученици учествуваа во активноста, а особено интересно им беше извршувањето на наредбите.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 5: Тема бр 2- II odd

План за час по англиски јазик

Одделение второ одделениеМодул / тема Тема бр.2- Colours! (Бои!)Наставна единица 3.Усвојување на боите и на прашањето “What colour is it?” Датум 21.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги усвои боите и да одговори на прашањето “What colour is it?” да соработува со соучениците при тимски и тандемски активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (5 мин) Наставникот ги прашува учениците да му кажат кои бои ги гледаат во

училницата и дали знаат некои бои да ги именуваат на англиски јазик. Потоа наставникот кажува бои на македонски јазик а учениците му кажуваат каде ја гледаат таа боја во училницата.

Главен дел (20 мин) Наставникот со употреба на флеш карти ги поучува боите (red, blue, yellow, green, brown). Учениците ги гледаат флеш картите и секоја боја ја повторуваат повеќе пати увежбувајќи го нивниот изговор.Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да ги слушнат боите, а потоа да ги слушнат уште еднаш, да ги покажат на сликата во учебникот и да ги повторат.Наставникот го поучува прашањето “What colour is it?” покажувајќи на некоја од боите и кажувајќи го соодветниот одговор (на пр. “It’s blue.”). Оваа постапка ја повторува и со останатите бои. Потоа, наставникот го поставува прашањето, а учениците го кажуваат соодветниот одговор.Во парови, учениците ги увежбуваат прашањето и боите.

Завршен дел (15мин) Учениците одбираат некој предмет или растение и го цртаат во пет примероци. Потоа секој примерок го обојуваат во една од боите кои беа поучувани во текот на часот. Тие ги претставуваат нивните изработки пред останатите од одделението.

Наставни средства и помагала

Учебник, CD, CD плеер,флеш карти, постер со боите, боички, молив, гума, блокче, табла, креда, и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, природен метод, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со ликовно образование (цртање и обојување)

Додатна активност Учениците ја играат играта “пронајgи го преgметот со ...боја” при што оној кој ќе го погоди предметот е следниот кој кажува боја.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот преку бележење во чек-листа, учествово кратки дијалошки ситуации, усни одговори на прашања од наставникот, усвоеност на вокабуларот, усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Ученикот ги усвои боите (red, blue, yellow, green, brown) и одговара на прашање за истите бои (“What colour is it?”).

Рефлексија на часот Учениците ги усвоија боите (red, blue, yellow, green, brown) и можат да Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 6: Тема бр 2- II odd

одговорат на прашањето за боите. Со тоа целите на часот беа постигнати без потешкотии, но кај еден ученик се забележува потешко усвојување на вокабуларот. Сепак, сите ученици учествуваа во предвидените активности.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 7: Тема бр 2- II odd

План за час по англиски јазик

Одделение второ одделениеМодул / тема Тема бр.2- Colours! (Бои!)Наставна единица 4.Усвојување на нов вокабулар- бои Датум 25.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги усвои боите (orange, purple, black, white, pink) да го увежба прашањето “What colour is it?” и соодветните

одговориФази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот покажува предмети обоени во различни бои кои им се веќе

познати на учениците (црвена, жолта, сина, зелена, кафена) и бара од нив да му одговорат на прашањето “What colour is it?” . Потоа, наставникот кажува една боја, а учениците треба да кренат боичка во истата боја.

Главен дел (20 мин) Со употреба на флеш карти наставникот ги поучува новите бои (orange, purple, black, white, pink), а учениците ја повторуваат секоја боја повеќе пати. Потоа, наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да ги слушнат боите. Втор пат наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да ги слушнат, да покажат кон слушнатите бои и да ги повторат истите увежбувајќи го нивниот изговор.Наставникот покажувајќи ги картичките една по една го поставува прашањето “What colour is it?” , а учениците му одговараат именувајќи ги боите. Потоа, во парови, учениците ја увежбуваат оваа активност. Наставникот се движи низ училницата наслушувајќи го нивниот изговор и им помага доколку има потреба од тоа.

Завршен дел (10мин) Наставникот дистрибуира наставно ливче-боенка на кое е дадена слика со познати предмети. Учениците треба да го пронајдат предметот кој наставникот ќе го каже и да го обојат во бојата која ќе ја слушнат. (На пр. наставникот кажува “It’s a ball.”, а учениците го пронаоѓаат предметот на сликата. Потоа наставникот кажува “It’s red.”, а учениците го обојуваат предметот во црвена боја.)

Наставни средства и помагала

Учебник, CD, CD плеер, наставно ливче-боенка, боички, табла, креда, флеш карти, и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, природен метод, целосен физички одговор (TPR), работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со ликовно образование (обојување на слика)

Додатна активност Наставникот им пушта на учениците видеозапис со песничка за боите. Учениците ја слушаат песничката и се обидуваат да ја пеат.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот преку бележење во чек-листа, усни одговори на прашања од наставникот, наставно ливче-обојување по слушнат исказ, усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Ученикот ги усвои боите (orange, purple, black, white, pink) и искажува бои Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 8: Тема бр 2- II odd

преку одговарање на прашањето “What colour is it?” .

Рефлексија на часот Учениците ги усвоија боите (orange, purple, black, white, pink) и ги увежбаа истите преку одговарање на прашањето “What colour is it?”. Некои ученици имаа потешкотии при изговарање на зборчето purple. Учениците ги следеа инструкциите од наставникот и ги обојуваа предметите на сликата според слушнатиот исказ, иако некои ученици правеа и грешки. Сепак целите на часот беа постигнати и сите ученици учествуваа во предвидените активности.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 9: Тема бр 2- II odd

Одделение второ одделениеМодул / тема Тема бр.2- Colours! (Бои!)Наставна единица 5.Вежби-увежбување на боите и прославување на Halloween во земјите во

светотДатум 28.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги увежба боите и да го увежба прашањето “What colour is it?” и соодветните одговори

да се стекне со информации за други култури –прославување на Halloween

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Со употреба на флеш карти наставникот ги потсетува учениците на боите

кои беа поучувани во претходните часови. Потоа им го поставува прашањето “What colour is it?” покажувајќи ги боите една по една, а учениците одговараат на прашањето. Потоа наставникот кажува боја, а учениците брзаат да допрат предмет во училницата обоен во таа боја.

Главен дел (20 мин) Наставникот сокрива една флеш карта зад грб и прашува “What colour is it?” , а учениците се обидуваат да погодат која е таа боја. Оној ученик кој ќе ја погоди бојата е следниот кој сокрива картичка зад грб. Наставникот им кажува на учениците дека се ближи еден празник кој е доста популарен меѓу децата во некои земји во светот (на пр. САД, Канада, Австралија и др.) и кој е наречен Halloween (Ноќ на вештерките). Наставникот објаснува за начинот на прославување и за симболите на овој празник. Потоа пушта краток анимиран филм поврзан со Halloween, а учениците го гледаат краткото видео на следната веб страница http://www.youtube.com/watch?v=skdVouumMk4

Завршен дел (10мин) Наставникот им објаснува на учениците дека ќе се обидат да изработат Jack-o’lantern користејќи компјутер. Учениците се забавуваат изработувајќи фенер-тикви online на следата веб страница http://www.ncs-tech.org/pub/carve_pumpkin.swf

Наставни средства и помагала

Учебник, компјутер, проектор, екран, лап топ компјутери, Интернет, работен лист-боенка, боички,ножици, лепило, хартија, табла, креда, флеш карти, и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со информатика (Интернет)со ликовно образование (обојување на слика)

Додатна активност Наставникот дистрибуира работно ливче-боенка на кое се претставени делови од тикви кои учениците треба да ги обојат, да ги отсечат и да ги спојат залепувајќи ги на лист хартија.

Методи, форми и инструменти за

Постојано следење на активноста на ученикот преку бележење во чек-листа, усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 10: Тема бр 2- II odd

оценување и вреднување на работата на учениците

информација и сл.

Очекуван исход Ученикот ги увежба боите преку одговарање на прашањето “What colour is it?” и се стекна со информации за други култури и обичаи.

Рефлексија на часот Учениците ги увежбаа боите преку одговарање на прашањето “What colour is it?”. Тие се стекнаа со информации за празнувањето на Halloween (Ноќ на вештерките) во некои земји во светот и ги развиваа своите моторни вештини преку online изработката на фенер –тикви познати како Jack-o’lantern. Сите ученици учествуваа во овие активности а особено интересна им беше online изработката на фенер –тикви. Целите на часот беа постигнати.

План за час по англиски јазикНаставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 11: Тема бр 2- II odd

Одделение второ одделениеМодул / тема Тема бр.2- Colours! (Бои!)Наставна единица 6.Идентификување на букви од азбуката (a, b, c, d) и зборови кои

започнуваат на истите букви Датум 01.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги препознава буквите (a, b, c, d) да усвои нови зборови кои започнуваат на овие букви

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот употребува флеш карти за да ги потсети учениците на веќе

познатите бои. Учениците ги именуваат боите употребувајќи ги во едноставни реченици. Потоа, наставникот ја пушта песничката со азбуката за учениците да се потсетат на истата.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги поучува буквите (a, b, c, d) употребувајќи флеш карти. Учениците ги повторуваат буквите повеќе пати. Наставникот ги запишува буквите на табла со измешан редослед и бара од учениците да се обидат да ги именуваат истите.Со употреба на флеш карти наставникот ги поучува зборовите кои започнуваат на овие букви. Потоа, го пушта аудиозаписот за учениците да ги слушнат буквите и зборовите. Учениците го слушаат аудиозаписот и по втор пат, ги повторуваат буквите и зборчињата и покажуваат кон соодветната слика.Во вежба C, учениците ги пронаоѓаат сокриените мали и големи букви. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа.

Завршен дел (10мин) Наставникот дистрибуира наставно ливче-боенка на кое се дадени буквите(a, b, c, d), а учениците треба да ги обојат истите во различни бои. Додека тие работат наставникот се движи низ училницата и ги прашува за буквите кои ги обојуваат и за боите кои ги одбрале за обојување на буквите.

Наставни средства и помагала

Учебник, CD, CD плеер, наставно ливче-боенка, боички, табла, креда, флеш карти, постер со азбуката и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, природен метод, тивка активност (silent way), работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со ликовно образование (обојување на слика)со музичко образование (песничка)

Додатна активност Учениците ги илустрираат поимите кои започнуваат на буквите (a, b, c, d), односно (apple, bird, cat, dog). Потоа ги презентираат нивните изработки и ги именуваат нацртаните поими.

Методи, форми и инструменти за

Постојано следење на активноста на ученикот преку бележење во чек-листа, усни одговори на прашања од наставникот, усвојување на буквите и

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 12: Тема бр 2- II odd

оценување и вреднување на работата на учениците

новите зборови, усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Ученикот ги усвои и ги препознава буквите (a, b, c, d) и зборовите кои започнуваат на овие букви.

Рефлексија на часот Во текот на часот не беа забележани некои потешкотии во реализирањето на активностите. Учениците ги усвоија буквите (a, b, c, d) и можат да ги именуваат поимите кои започнуваат на овие букви. Со тоа целите на часот беа постигнати.

План за час по англиски јазикНаставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 13: Тема бр 2- II odd

Одделение второ одделениеМодул / тема Тема бр.2- Colours! (Бои!)Наставна единица 7.Увежбување на буквите (a, b, c, d) и на боите Датум 04.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги препознава буквите (a, b, c, d) и да именува зборови кои започнуваат на истите букви

да се потсети на боите

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот бара учениците да се наредат во круг. Секој ученик кажува

по една буква од азбуката поседователно се додека не стигнат до последната буква. Потоа со употреба на флеш карти наставникот ги потсетува на буквите кои беа поучувани во текот на претходниот час, а учениците ги именуваат буквите и зборчињата кои започнуваат на истите.

Главен дел (20 мин) Наставникот го поучува начинот на употребување на боите како описни придавки. Тој покажува флеш карта со една боја и флеш карта со познат предмет и прво ја именува бојата, а потоа и предметот. (на пр. red ball, blue bicycle и сл.) Учениците се обидуваат сами да ги употребат боите како описни придавки на веќе познатите предмети, при што сами одбираат флеш карти со боја и предмет. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа.Наставникот ги поучува и присвојните придавки my и your притоа покажувајќи кон предмети што му припаѓаат нему и предмети кои припаѓаат на некој од учениците. Учениците допираат некој предмет кој е нивен и изговараат my, а потоа допираат предмет кој е на нивниот партнер и изговараат your.

Завршен дел (10мин) Наставникот држејќи топка во рака вели “I have got a ball.” Потоа, држејќи кукла вели “I have got a doll”. Наставникот покажувајќи флеш карти искажува сопственост и на други предмети. Учениците, еден по еден, одбираат по една флеш карта со познати зборови и искажуваат сопственост со “have got”.

Наставни средства и помагала

Учебник, CD, CD плеер, боички, табла, креда, флеш карти, постер со азбуката, кукла, топка и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, природен метод, работа во заедница, работа во парови

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите, азбука)со ликовно образование (бои)

Додатна активност Наставникот запишува зборови кои започнуваат на буквите (a, b, c, d), а учениците треба да ги препознаат и да ги именуваат веќе познатите букви.

Методи, форми и инструменти за

Постојано следење на активноста на ученикот преку бележење во чек-листа, усни одговори на прашања од наставникот, усвојување на буквите и

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 14: Тема бр 2- II odd

оценување и вреднување на работата на учениците

новите зборови, усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Ученикот ги усвои и ги препознава буквите (a, b, c, d) и зборовите кои започнуваат на овие букви. Искажува бои како описни придавки на познати предмети и искажува сопственост со my/ your и have got.

Рефлексија на часот Учениците ги препознаваат познатите букви (a, b, c, d) и искажуваат бои како описни придавки на познати предмети, иако за некои ученици ова беше потешко да го разберат. Потешка активност им беше и искажувањето сопственост со have got.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 15: Тема бр 2- II odd

Одделение второ одделениеМодул / тема Тема бр.2- Colours! (Бои!)Наставна единица 8.Потсетување на содржините од тема бр.2 Датум 08.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на содржините кои беа поучувани во склоп на оваа тема

да соработува со соучениците при заеднички активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот пушта видеозапис со песничка од азбуката за учениците да ја

слушнат. Наставникот ја пушта песничката повеќе пати, а учениците штом ќе препознаат некоја од буквите треба да ја повторат гласно. Песничката е на веб страницата http://www.youtube.com/watch?v=5XEN4vtH4Ic

Главен дел (20 мин) Учениците ја играат играта “играј и зборувај “. Преку оваа активност учениците се потсетуваат на боите. Во парови, тие се движат низ училницата и кога ќе слушнат “Стоп!” застануваат до најблискиот предмет и едниот прашува за бојата, а другиот одговара (What colour is it? It’s…). Следниот пат си ги заменуваат улогите.Наставникот дистрибуира наставно ливче и дава инструкции како се решаваат вежбите, а потоа учениците самостојно работат пополнувајќи ги истите. Доколку има потреба наставникот објаснува повторно. Пополнетите ливчиња учениците ги враќаат кај наставникот.Наставникот дистрибуира листа за самооценување на ученикот за темите бр.1 и 2 и дава инструкции како се пополнува истата. Учениците го оценуваат нивното познавање на содржините од овие две теми.

Завршен дел (10мин) Игра. Еден ученик излегува пред одделението и извлекува една флеш картичка со познат поим. Потоа, со употреба на мимики и гестикулации се обидува да го објасни поимот, а останатите од одделението да го погодат. Оној кој прв ќе го погоди зборчето е следниот кој извлекува картичка.

Наставни средства и помагала

Учебник, CD, CD плеер, наставно ливче, молив, боички, табла, креда, флеш карти, постер со азбуката, компјутер, проектор, екран, листа за самооценување на ученикот и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, метод на игра, метод на практична работа, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите, азбука)со ликовно образование (бои)со музичко образование (песничка)

Додатна активност Игра. Учениците се наредени во круг и си подаваат топка. Оној кој прв ќе ја фрли топката ја кажува буквата А, следниот што ќе ја фати ја кажува буквата B, итн. Оној кој ќе погреши излегува од игра.

Методи, форми и инструменти за

Постојано следење на активноста на ученикот преку бележење во чек-листа, усни одговори на прашања од наставникот, наставно ливче,

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 16: Тема бр 2- II odd

оценување и вреднување на работата на учениците

писмена повратна информација, листа за самооценување на ученикот и сл.

Очекуван исход Ученикотсе потсети на содржините од оваа тема и ги увежба истите.

Рефлексија на часот Учениците се потсетија на азбуката гледајќи го видеото, ги увежбаа боите и ги решаваа вежбите од наставното ливче. Дел од учениците имаа потреба од повторно објаснување на вежбите од наставното ливче. Учениците го оценија своето познавање на содржините од темите бр.1 и 2 и може да се каже дека беа објективни при оценувањето. Најинтересна активност на учениците им беше гледањето на видеозаписот со азбуката.Целите на часот беа постигнати.

План за час по англиски јазикНаставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 17: Тема бр 2- II odd

Одделение второ одделениеМодул / тема Тема бр.2- Colours! (Бои!)Наставна единица 9. Предмети и средства кои се користат во училницата Датум 11.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги усвои и увежба зборовите со кои се именуваат предмети, материјали и средства кои се среќаваат во училницата

да соработува со соучениците при заеднички активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на наставникот.

Наставникот покажува предмети, средства и материјали кои се среќаваат во училницата и од учениците бара да ги именуваат истите. Наставникот ги прашува учениците каде можат да се сретнат овие средства.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги поучува новите зборови, а учениците секој збор го повторуваат повеќе пати. Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да ги слушнат зборовите и да покажат кон соодветната слика. Наставникот повторно го пушта аудиозаписот за учениците да ги слушнат зборовите и да ги повторат, на тој начин увежбувајќи го нивниот изговор.Наставникот ја поучува употребата на глаголот “има” (have) преку практични примери (I have scissors.)Во парови, учениците искажуваат што имаат притоа употребувајќи сегашно време од глаголот “има” (have) со лична заменка во прво лице еднина (I have got/ have..). Оваа активност учениците ја повторуваат и со други познати поими кои се веќе познати.Наставникот дистрибуира листи за самооценување на учениците со техника семафор и им дава инструкции како да ги пополнат истите. Учениците се самооценуваат.

Завршен дел (10мин) Учениците ги цртаат предметите, средствата и материјалите кои се среќаваат во училницата. Потоа, ги презентираат нивните изработки (пр. I have paper. I have glue.). Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебник, CD, CD плеер, молив, боички, хартија, табла, креда, флеш карти, предмети во училницата и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, комуникативен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, фронтална работа, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите, азбука)со ликовно образование (цртање и обојување)

Додатна активност Наставникот дистрибуира флеш карти со различни предмети, а учениците искажуваат сопственост со фразата “I have…”

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 18: Тема бр 2- II odd

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (меморирање на зборови, учество во кратки дијалошки ситуации, вежби), чек-листа, усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, самооценување на учениците и сл.

Очекуван исход Ученикот усвои нови зборови со кои се именуваат предмети, средстав и материјали кои се среќаваат во училиштето.

Рефлексија на часот Учениците ги усвоија предвидените зборови и можат да ги применат во едноставен исказ искажувајќи сопственост со глаголот “има” (have). Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а на мал број ученици им беше потребна мала помош при составување на едноставни искази. Најинтересна активност им беше претставувањето на своите цртежи, а кога би го повторила истиот час би вметнала игра (можеби играта “hot-cold”).

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

ООУ “Гоце Делчев” -Босилово