289
ЗАКОН ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ КОНСОЛИДИРАН ТЕКСТ 1 ДЕЛ ПРВИ ОСНОВИ НА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ (ОПШТ ДЕЛ) Глава I ОСНОВНИ ОДРЕДБИ Цел и содржина на законот Член 1 Со овој закон се уредуваат основите на облигационите односи, договорните и други облигациони односи во прометот на стоки и услуги. Учесници на облигационите односи Член 2 Учесници во облигационите односи се правни и физички лица. Слобода на уредувањето на облигационите односи Член 3 Учесниците во прометот слободно ги уредуваат облигационите односи во согласност со Уставот, законите и добрите обичаи. Рамноправност на учесниците во облигациониот однос Член 4 Учесниците во облигациониот однос се рамноправни. Начело на совесност и чесност Член 5 Во засновувањето на облигационите односи и остварувањето на правата и обврските од тие односи учесниците се должни да се придржуваат кон начелото на совесност и чесност. Забрана на злоупотреба на право

Закон За Облигациони Односи 11.12.2014

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Закон За Облигациони Односи 11.12.2014

Citation preview

ЗАКОН ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ

КОНСОЛИДИРАН ТЕКСТ 1

ДЕЛ ПРВИ

ОСНОВИ НА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ (ОПШТ ДЕЛ)

Глава I ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Цел и содржина на законот

Член 1

Со овој закон се уредуваат основите на облигационите односи, договорните и други облигациони односи во прометот на стоки и услуги.

Учесници на облигационите односи

 Член 2

Учесници во облигационите односи се правни и физички лица.

Слобода на уредувањето на облигационите односи

Член 3

Учесниците во прометот слободно ги уредуваат облигационите односи во согласност со Уставот, законите и добрите обичаи.

Рамноправност на учесниците во облигациониот однос

 Член 4

Учесниците во облигациониот однос се рамноправни.

Начело на совесност и чесност

Член 5

Во засновувањето на облигационите односи и остварувањето на правата и обврските од тие односи учесниците се должни да се придржуваат кон начелото на совесност и чесност.

Забрана на злоупотреба на право

Член 6

Забрането е вршењето на право од облигационите односи спротивно на целта заради која е тоа со закон установено или признаено.

Забрана на искористување на монополска положба

Член 7

Во засновувањето на облигационите односи учесниците не можат да установат права и обврски со кои за кој и да е од нив или за друг се искористува монополската положба на пазарот.

Начело на еднаква вредност на давањето

Член 8

(1) Во засновувањето на двострани договори, учесниците тргнуваат од начелото на еднаква