30
УНИВЕРЗИТЕТ “СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ИНСТИТУТ ЗА СОЦИЛОШКИ И ПОЛИТИЧКО – ПРАВНИ ИСТРАЖУВАЊА МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ СЕМИНАРСКА ПО ПРЕДМЕТОТ ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ ТЕМА Конференцијата за печат како тактика на Односите со јавност 1

ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ - СЕМИНАРСКА(1)

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ - СЕМИНАРСКА(1)

УНИВЕРЗИТЕТ “СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

ИНСТИТУТ ЗА СОЦИЛОШКИ И ПОЛИТИЧКО – ПРАВНИ

ИСТРАЖУВАЊА

МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

СЕМИНАРСКА ПО ПРЕДМЕТОТ

ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

ТЕМА Конференцијата за печат како тактика на Односите со јавност

МЕНТОР: ИЗРАБОТИЛ:ПРОФ.Д-Р.ЕМИЛИЈА СИМОСКА АНЧЕ ЈОВАНОСКА БР.НА ИНДЕКС:495

НОЕМВРИ, СКОПЈЕ 2009

1

Page 2: ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ - СЕМИНАРСКА(1)

СОДРЖИНА:

1.Вовед.......................................стр.3

2.Односи со медиумите............стр.5

3.Конференција за печат..........стр.7

4.Заклучок.................................стр.20

2

Page 3: ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ - СЕМИНАРСКА(1)

1.Вовед

“ Сето она што го правиме или кажуваме е односи со јавноста “

Philip Crosby

Односи со јавност е општествена наука која ги анализира трендовите, ги

предвидува нивните последици, ги советува водачите на организацијата и ги

спроведува планираните програми за акција со цел да служат на организацискиот и

јавниот интерес. Практичарите на Односи со јавност планираат, воспоставуваат, го

одржуваат доброто име и меѓусебното разбирање помеѓу организациите и нивната

јавност.

Односите со јавност претставуваат, според некои аналитичари, изградба на

Вашата репутација. Резултат од она што го правите, што зборувате, и што другите

зборуваат за вас. Односи со јавност или скратено PR (од англиските зборови Public

Relations) се дефинира како дисциплина која ја гради и поддржува вашата

репутација , и го зголемува мислењето и однесувањето.1

Односите со јавност овозможуваат да се проектира имиџот или личноста на

една организација кај својата “јавност“ – корисници, поддржувачи, спонзори,

донатори, локалната заедница и вашата друга публика. Значи се работи за

пренесување порака до публиката, но тоа е двонасочен процес. Вие мора да

комуницирате со вашата публика, но треба исто така да и овозможите на публиката

полесно да комуницира со вас. Вистинските односи со јавност вклучуваат дијалог –

вие треба да ги слушате другите, да ги гледате нештата од нивна перспектива.

Добриот PR е невидлив. Преку ненаметливо делување, добриот PR ги

преведува деловните цели во реални, јавно прифатливи политики и обезбедува

разбирање во рамки на организацијата и разбирање на организацијата со

надворешната јавност.

1 http://www.economy.rs/biznis-mali/action/marketing/podkategorije/marketing-osnove/subact/full/32.html

3

Page 4: ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ - СЕМИНАРСКА(1)

Односите со јавноста се алатка на најразлични организации, претпријатија,

владини и државни институции, фондации, асоцијации, невладини организациии,

училишта, верски институции...За да ги остварат своите цели, организациите мора

да развиваат ефикасна комуникација со најразлични публики и јавности:

вработени, членови, клиенти, локална заедница, акционери, конкурентски

организации, државни институции...со јавноста воопшто.

Еден аспект на Односите со јавност е и односите со медиумите. Тој аспект

може да се смета дури и за најважен за вашата компанија. Медиумите се оние кои

можат да ве издигнат но и оние кои можат да ве симнат на дното. Токму затоа е

важно секогаш да се има добра соработка со нив бидејќи можеби некогаш ќе ви

требаат. Токму таков е случајот и со конференцијата за печат. Таа е една од

техниките на Односите со јавност но за да можете успешно да ја изведете потребна

ви е соработката од медиумите. Во текстот кој следува ќе биде обработена

конференцијата за печат, ќе бидат неколку совети за тоа како да се организира за да

помине во најдобар ред.

4

Page 5: ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ - СЕМИНАРСКА(1)

2.Односи со медиумите

Повеќето организации имаат различно искуство со новинарите и медиумите.

Често пати, разни активности, проекти на некои организации или субјекти се лошо

разбрани или погрешно презентирани. Денес живееме во време на масовни

медиуми. За се она што се случува околу нас, во светот кој не опкружува дознаваме

од медиумите. Секоја организација е тесно поврзана со медиумите, преку

специфични меѓузависни односи. Сето она што се пишува во медиумите е значаен

извор на информации за секоја организација, за секој субјект. Медимуте се клучно

средство за презентирање на гласот на секоја организација т.е. субјект. Преку

медиумите тие градат мостови до целната група, поддржувачите, клиентите,

спонзорите итн. Медиумите имаат силно влијание. Претставниците на медиумите,

новинарите, колумнистите, нивните уредници влијаат на секој оној кој го

конзумира соодветниот медиум и на тој начин влијаат и на создавање на мислење.

Познато е тоа дека медиумите можат да бидат нечиј најголем непријател или пак

најголем сојузник при постигнување на сопствената цел.

Масовните медиуми се најважниот елемент во работата на PR бидејќи со

нив ги остваруваат односите со јавноста. Средствата за масовно комуницирање

остваруваат повеќе функции: информативна, рекреативно – забавна, културна итн.

Односите со медиумите се состојат од безброј активности преку кои

организациите и нивните претставници комуницираат со медиумите, информираат,

убедуваат, разговараат и преговараат со новинарите и уредниците; даваат повратна

информација од извештаите, прашањата и иницијативите на медиумите, на

индиректен начин ги адресираат специфичните читатели и гледачи на медиумите,

обезбедуваат притисок од јавноста врз одредени личности и инситуции.

Примери на еднонасочна комуникација со медиумите, преку испраќање на

соопштение за јавноста или одбивање комуникација при случај на непријатни

прашања од страна на медиумите, не спаѓаат во дефиницијата за односи со

медиумите. Исто така секоја дружба со новинарот не значи дека постои изграден

однос со медиумите. Односите со медиумите поминуваат низ долгорочен процес на

5

Page 6: ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ - СЕМИНАРСКА(1)

размена на информации и пораки, постојана професионална соработка, почитување

и следење на заедничките цели и интереси. Од ова може да се заклучи дека станува

збор за односи со медиумите доколку постои двонасочна комуникација; стратешка,

систематска, ефикасна и одговорна комуникација проследена со долгорочна

соработка.

Едноставна дефиниција која е изнесена во книгата на проф. Груевски е

“односите со медиумите се занимаваат со тоа што луѓето мислат за нас или би

можеле да мислат, врз основа на информациите што им ги нудат мас –

медиумите“.2

Медиумите се компании кои покрај останатото произведуваат вести и

стории. Една од најважните активности на медиумите е новинарството кое како

професионална активност се состои од собирање, избор, проверка, анализа,

пишување, дистрибуција на вести итн. Главна задача на новинарството е да

обезбеди вистинито и објективно информирање во интерес на јавноста,

обезбедувајќи мислење од сите вклучени страни и презентирајќи различни ставови

за некое прашање. Новинарството не е маркетинг. Маркетингот за разлика од

новинарството подразбира платена информација, платен медиумски простор и

време во корист на одредени клиенти кои плаќаат за нивните медиумски пораки.

Целта на новинарите не е да им отежнуваат на луѓето и да пишуваат лоши вести за

нив, туку да собираат, проверуваат, анализираат и толкуваат информации од разни

извори. Медиумите и новинарите покрај функција на информирање имаат и други

функции како на пр.: да ја развиваат свесноста, да влијаат на јавното мислење, да

вршат едукација, да обезбедуваат забава за своите консументи.

Иако медиумите имаат заеднички карактеристики тие сепак се разликуваат

меѓу себе. Известуваат за настаните и подготвуваат вести на различни начини во

однос на временскиот интервал, темите, областа на информирање, во однос на

различните ефекти од публикуваните или објавените вести.

2 Груевски, Т.; Односи со јавноста; “Студориум“, НИП “Студентки збор“; Скопје; 2007

6

Page 7: ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ - СЕМИНАРСКА(1)

Нашата комуникација со медиумите секогаш треба да се базира на

професионалност, соработка и љубезност кон медиумите и нивните новинари.

3.Конференција за печат

Конференцијата за печат уште се нарекува и прес – конференција.

Претставува современ облик на контакт меѓу новинарите од печатот, радиото и

телевизијата и агенциите и службените лица претставници на угледни личности во

општеството преку што јавноста се известува за некој настан, појава, процес,

проблем. Таа претставува медиумски настан на кој говорникот официјално ја

пренесува својата порака и одговара на прашањата на медиумите.

Постојат две причини зошто се свикува конференција за печат. Едната е

практична – собирањето на различни новинари и медиуми на едно место штеди

време и ресурси со оглед на тоа дека немора да се одговара на многу телефонски

повици и да се даваат различни изјави. Втората причина е тоа што самото

закажување на прес – конференцијата често дава значење на случувањата кои

претходно не привлекувале внимание на новинарите.3

3 http://sh.wikipedia.org/wiki/Pres-konferencija

7

Page 8: ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ - СЕМИНАРСКА(1)

Еден од највообичаените начини за промоција на вашите вести и активности

е организирање и одржување конференција за печат. Таа се свикува само ако имате

да соопштите нешто уникатно и важно, да кажете нешто ново, или за да одговорите

бргу на некоја голема вест, а немате време да му се обратите на секој медиум

одделно. Користењето на конференција за печат како комуникациска врска со

јавноста е едноставно, евтино и многу ефикасно. Таа ќе ви овозможи да одговорите

на прашањата на новинарите и отворено да проговорите за некои клучни теми и

настани. Потрудете се вестите што треба да ги пренесете да ги артикулирате

прецизно и на интересен начин. Според ова, важно е да се одбере соодветен момент

за да се организира конференција за печат (на пр. на почетокот или на крајот на

важен проект, наведување на значителни постигнувања, резултати, кризни

ситуации итн.) како и добро одбрана локација за конференцијата за печат со цел да

се поттикне интересот на медиумите.

Целта на конференцијата за печат е да се запознаат медиумите со како што

беше погоре кажано со одредени проблеми, активности, акции кои ги превземале

или имаат намера да ги превземат пр. политичките партии, некоја институција,

владата, некој поединец итн. Нив најчесто ги водат портпаролите на владата, на

политичките партии итн.

Потрудете се добро да ја подготвите конференцијата за печат, а вашиот

портпарол подгответе го за неочекувани прашања кои новинарите можат да му ги

постават. Ако за време на конференцијата за печат се случат грешки или некои

непредвидливи ситуации, тие лесно можат да станат главна тема или наслов во

вестите. Тоа е нешто што не го сакате и поради тоа водете сметка тоа да не ви се

случи и секогаш бидете најдобро подготвени.

Како се организира конференција за печат

Пред да организирате конференција за печат, размислете дали е навистина

неопходно да ја закажете или пак е подобро да информирате со изјава преку

8

Page 9: ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ - СЕМИНАРСКА(1)

соопштение за печат, проследено со телефонски повици. Исто така пред да

одлучите да свикате конференција за печат, треба не само да размислите за

содржината (кој ќе зборува, што ќе каже и колку ќе трае) туку да земете и предвид

дека е важен форматот (каде ќе се одржи конференцијата и како ќе биде

организирана, колку медиуми ќе поканите).

Конференцијата за печат не треба да наликува на предавање. Во зависност

од бројот на говорниците, ограничете ги нивните презентации на разумен

временски интервал, оставајќи доволно време за одговарање на прашањата на

новинарите. Ако е потребно обезбедете и превод, а соопштените за печат и другите

материјали напишете ги на повеќе од еден јазици во зависност од публиката

(локални јазици или странски јазици доколку имате странски гости или новинари).

Локација – Во зависност од тоа што треба да го соопштите, од локацијата на

вашата канцеларија и од буџетот, обидете се за одржување на конференцијата за

печат да изберете локација до која медиумите ќе дојдат лесно. Вашата канцеларија

може да биде адекватно место доколку имате доволно простор. Просторијата треба

да биде доволно голема за во неа удобно да се сместат 20 отсто повеќе од бројот на

гостите кои ги очекувате, но не и премногу голема за групата да не се чувствува

изгубена во просторот. Изберете просторија што ќе ја има потребната електрична

инсталација за вашата опрема за презентација и за бројот на телевизиските екипи

што ги очекувате.

9

Page 10: ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ - СЕМИНАРСКА(1)

При изборот на просторот имајте во предвид дека публиката треба да биде

блиску до презентерите, но и дека треба да постои јасна разлика помеѓу

презентерите или домаќините на настанот и публиката. Ако е можно најдобар

извор е амфитеатар, бидејќи има најдобра акустика, камерманите може да се

постават на неколку агли, а публиката ќе се чувствува пријатно во просторот.

Добра опција е и обична просторија во форма на училница, со голема табла свртена

кон столовите. Таквиот простор обезбедува добри визуелни услови за презентација

и ќе го фокусирате вниманието на публиката врз говорниците. Во овој случај не

заборавајте во средината на собата да оставите доволно широка патека меѓу

столовите по која ќе се движат камерманите и фотографите.

10

Page 11: ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ - СЕМИНАРСКА(1)

Технички прашања – Проверете ја просторијата каде ќе се одржува

конференцијата за печат неколку часа пред почетокот на настанот. Проверете дали

целата опрема функционира и дали се исполнети техничките услови: доколку е

потребно двапати проверете дали озвучувањето работи; истото важи и за стативот

за микрофони и микрофоните (доколку има потреба и доколку ги има); дали има

доволно приклучоци за камерите, дали има доволно материјали. Ако користите

подиум погрижете се тој да биде поставен како што треба и да е во една боја.

Сината се смета за најдобра боја за позадина – делува смирувачки и добра е

за на телевизија. Од ѕидовите тргнете ги сите слики и отстранете ги сите огледала.

Зад подиумот со говорниците поставете го логото или плакатот на вашата

организација, за да го снимат телевизиските камери и фотографите. Логото може да

го поставите блиску до микрофонот, а во близина ставете ги графиконите кои ќе ги

користите.

Време – Многу е важно да сметате на времето. Општо земено, во

Македонија најдобро време за одржување конференција за печат е помеѓу 10 и 13

часот. Во спротивно ризикувате да нема одзив од медиумите. Во Македонија,

новинарите обично почнуваат со работа во 8-9 часот (освен во радиостаниците).

Крајни рокови за предавање на текстовите во печатените медиуми се попладне.

Потрудете се вашата конференција за печат да не се одржува во исто време со некој

друг важен настан или со некоја друга конференција за печат. Проверете во некоја

од големите новински агенции дали се случуваат и други настани во исто време.

11

Page 12: ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ - СЕМИНАРСКА(1)

Времетраење – Времетраењето на конференцијата за печат е многу битно.

Таа не треба да трае подолго од 45 минути. Трудете се да останете фокусирани врз

една тема и во вобедното обраќање учтиво истакнете ги правилата и потсетете ги

новинарите дека ќе одговарате само на прашања кои се поврзани само со вашиот

настан. Тоа не значи дека не треба да бидете подготвени за неочекуваното.

Структура – Ако имате модератор тоа обично помага конференцијата за

печат да се одвива според планот. Модераторот треба да ги претстави сите

учесници по име, функција и организација (медиумите овие податоци треба да ги

добијат и во писмена форма); да го контролира времето на презентациите и сесиите

за прашања и одговори и на крајот да ја затвори конференцијата за печат.

Почеток – Модераторот или водителот ја поздравува публиката и ги

претставува говорниците. Секое лице треба да биде претставено со целото име и

презиме како и со функцијата.

Изјави – Изјавите треба да бидат кратки, јасни и конкретни и вкупно не

подолги од 15 минути. Имајте ги изјавите и во писмена форма и на повеќе јазици

(ако е потребно). На крајот на конференцијата за печат поделете им ги на

новинарите.

Прашања – Секој новинар што поставува прашање треба да си го каже

името и медиумската организација која ја претставува. Ако новинарот не само што

12

Page 13: ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ - СЕМИНАРСКА(1)

прашува туку и се обидува да отвори некаква дебата потрудете се да не бидете

вовлечени во неа.

Затворање – Модераторот или водителот треба да и се заблагодари на

публиката и да ја повтори главната порака или информација на конференцијата.

Совети:

-не избегнувајте да одговорите на прашањата;

-не велете дека ќе одговорите подоцна а после да не одговорите;

-не велете “немам коментар“ или “незнам“, ако не сте подготвени да дадете

прецизен одговор најдобро речете: “одговорот ќе го добиете во текот на денот“ и

потрудете се тоа навистина да биде така;

-ако ви постават прашање кое е надвор од темата, одговорете го, но потоа

обидете се да се вратите на главната тема на конференцијата за печат;

-не заборавајте дека не се претставувате само себе туку и вашата

организација;

-правилата кажете ги однапред: колку ќе трае конференцијата, колку време е

предвидено за прашања и одговори и дали по неа има можност да одделни

интервуја (првенствено за ТВ и радиостаниците на кои им требаат конкретни

кратки изјави за нивните прилози);

-подгответе список на кој новинарите ќе се потпишуваат кога ќе пристигнат

на конференцијата за печат. Нека го наведат нивното име, функција, организација и

контактни информации (број на мобилен телефон, факс, и-меил адреса итн.).

Податоците може да ги искористите за да ја ажурирате вашата база на податоци.

Ова ќе ви помогне да ги идентификувате и да стапите во контакт со оние медиуми

чии новинари присуствувале на вашата конференција за печат. Тоа овозможува да

стапите во контакт со нив и да им дадете дополнителни информации, ако сметате

дека е потребно;

-во повеќето случаи, на конференцијата за печат треба да има најмногу

двајца говорници и еден експерт за темата;

13

Page 14: ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ - СЕМИНАРСКА(1)

-кога ќе ја дистрибуирате поканата за конференцијата, не заборавајте ги

националните новински агенции. Повеќето од нив до корисниците испраќаат

список на дневни настани.

Распоред

Една недела пред конференција за печат:

-проверете, одберете, резервирајте соодветен датум и термин и она што е

многу важно обидете се да не се поклопувате со слични медиумски настани или

случувања;

-проверете ја просторијата која сте ја одбрале на соодветна локација која

има соодветни технички можности (доволно седишта, струја, приклучоци за ТВ,

звучници, микрофони, подиум за оние кои ќе говорат, посебен дел за ТВ камерите,

за компјутер, видео, проектор итн.;

-резервирајте озвучување и микрофони;

-дизајнирајте и изработете позадина;

-направете список за потпишување на новинарите и прес – пакети, лична

карта на организацијата, материјали во однос на темата на конференцијата за печат,

листа со имиња и функции на говорниците, фотоматеријали;

-подгответе и испратете известување (покана) за медиумите при што јасно

ќе нагласите и наведете каде и кога ќе се одржи прес – конференцијата, кои ќе

бидат говорниците, кои се главните теми и прашања, зошто новинарите би сакале и

би требало да присуствуваат, кое е лицето кое можат да го контактираат за

дополнителни информации итн. Поканите испратете ги по факс, пошта или преку

лична испорака на: уредниците, редакциите, репортерите, националните новински

агенции.

14

Page 15: ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ - СЕМИНАРСКА(1)

Еден ден претходно:

-подгответе го сценариото, формализирајте го редоследот на говорниците и

кој што ќе каже, времетраењето;

-јавете се на сите релевантни медиуми и инсистирајте на нивното присуство;

-испечатете ги имињата и функциите на говорниците за да им ги дадете на

медиумите;

-предвидете ги прашањата од медиумите;

-договорете се за завршните услови за конференциската сала и овозможете

добри агли за фотографирање: распоред за седење на говорниците и новинарите,

картички со имиња на говорниците, позадина (лого, боја, знамиња, цвеќе),

освежување (кое обично се служи пред конференцијата за печат).

Тоа утро (утрото кога се одржува конференцијата за печат):

-повторно проверете ја просторијата неколку часа пред почетокот на

конференцијата за печат;

-последен повик до дежурните редакции;

-проверете ја целата опрема и електриката;

-генерална проба за конференцијата за печат.

За време на конференцијата за печат:

-пречекајте ги гостите;

15

Page 16: ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ - СЕМИНАРСКА(1)

-направете список за присуство на новинарите со нивни имиња и адреси;

-поделете прес – пакети;

-поделете испечатен список на учесници;

-обратете се со воведен збор, поздравете ги новинарите и претставете ги

говорниците;

-говорниците продолжуваат со кратки изјави, потоа следуваат прашања од

медиумите;

-фокусирајте се на определена тема од конференцијата за печат, не се

обидувајте да давате долги објаснувања за широка проблематика на организацијата

и нејзината област;

-зборувајте јасно и гласно, седете исправено, гледајте директно во

присутните, остварете контакт со очите, обидете се да изгледате добро на

фотографијата и пред ТВ – камерите;

-секогаш внимавајте на времето – 30 – 45 минути вклучувајќи ги и

прашањата;

-секогаш дозволувајте доволно време за прашања, кои треба добро да бидат

организирани: новинарите креваат рака за да постават прашања, модераторот

дозволува прашања да се поставуваат еден по еден, новинарот најпрво се

претставува себеси и медиумската куќа која ја претставува, кажува за кого е

наменето прашањето, поставува кратки и концизни прашања, при што тие прашања

можат да бидат одговорени од една или повеќе личности;

-на барање, договорете и одделни интервјуа;

-снимајте ја конференцијата на аудио лента и направете фотографии за

интерна употреба и за публикации.

-љубезно заблагодарете им се за присуството на медиумите, поздравете ги и

поканете ги за дополнителна комуникација.

16

Page 17: ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ - СЕМИНАРСКА(1)

По конференцијата за печат:

-продолжете да им се обраќате на присутните новинари;

-доколку побараат присутните новинари организирајте индивидуални

интервјуа;

-испратете им прес – пакети на оние кои не дошле на конференцијата за

печат, апстракт од главните прашања за кои се разговарало на соодветната

конференција за печат;

-јавете им се на некои новинари кои не дошле, но не бидете премногу

агресивни;

-следете ги и снимајте ги извештаите на локалните електронски медиуми и

исечете ги написите објавени во печатот;

-соберете ги материјалите на едно место и што поскоро испратете им ги на

учесниците заедно со кус извештај;

-јавете им се на претставниците на медиумите кои беа присутни на прес

конференцијата за да ги прашате дали им се потребни дополнителни информации;

-дадете им слики од прес – конференцијата;

17

Page 18: ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ - СЕМИНАРСКА(1)

-анализирајте.

Како новинарите гледаат на конференцијата за печат?

Гледано од аспект на новинарите целта на конференцијата за печат не е да

им се понудат на новинарите објективни и целосни информации за некоја тема.

Напротив, тие конференции се организираат за да на медиумите им се понудат

субјективни ставови на некоја јавна личност, компанија, политичка партија или

група на луѓе за одредено прашање, за да организаторите зборуваат позитивно за

себе а понекогаш негативно за другите. Согласно на тоа, на тие конференции

самите новинари лесно можат да бидат изманипулирани наместо да бидат

информирани (посебно ако не се подготвиле). Тоа се случува најчесто, бидејќи кај

нас следува само чисто пренесување на она што било кажано на конференцијата.

На тој начин медиумите ги известуваат читателите, слушателите и гледачите за она

што се случило на конференцијата но не им даваат потполна и точна информација

за темата за која се говорело на таа конференција. Целта на организаторот на таа

конференција во тој случај е остварена – го пласирале својот став за одредена тема

во медиумите; меѓутоа медиумите не ја извршиле својата задача т.е. не понудиле

целосна и објективна информација.

Задачата на новинарите не е само да го прераскажат текот на

конференцијата бидејќи самата конференција не е вест. Нивната задача е на

едноставен и разбирлив начин да известат за најзначајните поединости т.е. да се

објави она што заслужило да биде вест.

Што се однесува на тоа дали би требало да присуствуваат на секоја

конференција одговорот е дека се исплати присуството и тоа многу. Иако можеби

она што ќе го слушнат од говорникот во службениот дел на конференцијата не

вреди за да стане вест во медиумот, сепак тие конференции се вреден извор на

информации, понекогаш она што се чини безначајно вреди повеќе. Конференцијата

не е само прилика да чуете што организаторот одлучил да и соопшти на јавноста,

тоа е можност да се добие одговор на некои прашања од други теми вклучувајќи ги

18

Page 19: ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ - СЕМИНАРСКА(1)

и оние на кои што организаторот не одговорил при други конференции или ветил

дека ќе испрати одговор а не го сторил тоа.

Непристојно е да се прекинува говорникот или да му се поставуваат

прашања пред да го каже она што го подготвил за обраќање на новинарите, но во

моментот штом заврши излагањето и почнат новинарските прашања дозволено е да

се праша се – не само она што организаторот и говорникот би сакале да го чујат.

На конференцијата се сретнуваат колеги кои можат да бидат од големо

значење, од кои може да се дознаат корисни информации. Некои новинари одат и ја

гледаат конференцијата како можност да се покажат пред други колеги, па тоа дури

се искористува и за навредување на некој од говорниците или некој колега –

новинар. Често се случува и некои новинари да постават по две или три прашања а

некој да не постаи ниедно. Организаторите – говорниците понекогаш дури и ги

игнорираат оние новинари кои не ги познаваат (посебно помладите) или кои

доаѓаат од редакциска куќа која говорникот не ја смета за наклонета кон него, кон

неговата организација или политичка партија. Доколку станува збор за

конференција за печат која не е многу посетена, секој новинар има можност да

постави прашање па дури и самиот говорник се случува да даде информации за кои

не бил прашан, но недостаток на ваква конференција се истакнува тоа што

неможете да поставите некое “љубопитно“ прашање.

Да се знае да се постави вистинско прашање во вистинско време и на

вистинско место е одлика на добар новинар. Доколку новинарот сака да искористи

што е можно повеќе од конференцијата за печат мора добро да се подготви.

19

Page 20: ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ - СЕМИНАРСКА(1)

4.Заклучок

Конференцијата за печат е една од техниките на PR за работа со медиумите.

Постојат повеќе техники меѓутоа ќе биде одбрана онаа за која се смета дека е

најсоодветна во моментот. Со помош на конференцијата за печат некои личности

од општеството, организации, политички партии итн. известуваат за некој настан,

активност или проблем со помош на медиумите. Она што е важно кога станува

збор за оваа техника е да се има што да се соопшти и секако да се има поддршка од

медиумите. Медиумите никогаш не треба да се гледаат ни како непријатели но ни

како пријатели. Кај нас најчесто конференција за печат имаат политичките партии

или владата доколку сакаат да соопштат нешто (нов проект, резултати од работење

итн. но најчесто и за “ниски удари“ на спротивните партии). На прашањето до

некои новинари за тоа која или чија конференција за печат ќе им остане во

сеќавање одговорот беше дека тоа се конференциите на Тоше кои секогаш биле

добро организирани и конференцијата за започнување кампања против насилство

врз жената од страна на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на

жените во Македонија.

Кога се подготвува конференција за печат секогаш треба да пристапите

сериозно кон тоа. Нејзината организација зборува многу за вас како компанија или

поединец. Секогаш погрижете се оние кои сте ги викнале да се чувствуваат убаво,

да им биде чест што дошле на вашата конференција за печат. Погрижете се за да

имате убава просторија во која што ќе можат да се сместат сите оние кои сте ги

поканиле. Внимание треба да се обрне и на говорниците, да внимаваат на начинот

на кој го презентираат тоа што треба да се каже, на нивниот однос кон новинарите.

Златно правило во односот со медиумите е секогаш имајте коректен однос со

медиумите и новинарите доколку сакате да успеете.

20

Page 21: ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ - СЕМИНАРСКА(1)

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

1.Груевски,Т.; Односи со јавноста; Студориум, НИП Студентски збор;

Скопје; 2007

2. http://www.economy.rs/biznismali/action/marketing/podkategorije/marketing- osnove/subact/full/32.html

3. http://sh.wikipedia.org/wiki/Pres-konferencija

4. http://www.media.ba/mcsonline/bs/tekst/konferencija-za-novinare-ima-li- pitanja-u-notesu

5. http://en.wikipedia.org/wiki/Media_relations

6. http://aboutpublicrelations.net/ucransom5.htm

7. http://managementhelp.org/pblc_rel/pblc_rel.htm

8. интерни материјали

21