26
КОРИСТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ

КОРИСТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА КАЈ … 2015/Pravoto na ostvaruvanj… · ВОВЕД •Правото на користење на средствата

  • Upload
    lammien

  • View
    238

  • Download
    4

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: КОРИСТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА КАЈ … 2015/Pravoto na ostvaruvanj… · ВОВЕД •Правото на користење на средствата

КОРИСТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ

Page 2: КОРИСТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА КАЈ … 2015/Pravoto na ostvaruvanj… · ВОВЕД •Правото на користење на средствата

ВОВЕД

• Правото на користење на средствата (за надоместоци, репрезентација) кај буџетските корисници е регулирано во рамките на повеќе законски прописи, кои пропишуваат различни видови на надоместоци кои во одделни законски прописи не се спомнати, или се укинати

• При формирање на буџетите кај буџетските корисници се тргнува од рестриктивниот Закон за извршување на Буџетот на РМ кој за одделни надоместоци се разликува од оние кои се предвидени со другите закони кои се во функција во Република Македонија

Page 3: КОРИСТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА КАЈ … 2015/Pravoto na ostvaruvanj… · ВОВЕД •Правото на користење на средствата

ВОВЕД

• Независно што одделни законски решенија предвидуваат остварување на повеќе права (надоместоци, репрезентација), сепак треба да се има во предвид содржината на одобрениот буџет на буџетскиот корисник, дали во истиот се планирани и одобрени таков вид исплати

• Рестриктивните мерки заради светската финансиско – економска криза во последните години ги намалија правата на остварување на надоместоци поврзани со работата кај буџетските корисници

• При планирање и исплата на надоместоците поврзани со работата се наметнаа прашањата:

• Дали се предвидени со законската регулатива во Р.Македонија и

• Дали се планирани при формирање на буџетот на буџетскиот корисник

Page 4: КОРИСТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА КАЈ … 2015/Pravoto na ostvaruvanj… · ВОВЕД •Правото на користење на средствата

ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

• Кога се зборува за правото на остварување на надоместоци поврзани со работата кај буџетските корисници, треба да се имаат во предвид неколку законски прописи кои различно ги третираат надоместоците, и тоа:

• Закон за плати („Службен весник на РМ“ број 26/2013 – Пречистен текст) член 9 кој предвидува дека „работодавачот може да врши исплата на надоместоците и тоа најмногу:

• 60% за регрес за годишен одмор (врз основа на просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија објавена на денот на исплатата),

• Двократен износ на отпремнина при заминување на работникот во пензија“.

Page 5: КОРИСТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА КАЈ … 2015/Pravoto na ostvaruvanj… · ВОВЕД •Правото на користење на средствата

ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

• Законот за работни односи, во член 113 пропишува надоместоци за:

• Службено патување,

• Теренски додаток,

• Користење на приватен автомобил за службени патувања,

• Одвоен живот од семејството,

• Смрт на работникот и смрт на член на потесното семејство,

• Отпремнина при одење во пензија,

• Јубилејни награди

Page 6: КОРИСТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА КАЈ … 2015/Pravoto na ostvaruvanj… · ВОВЕД •Правото на користење на средствата

ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

• Членот 21 од Општиот колективен договор за јавен сектор на Република Македонија предвидува надоместоци за:

• Исхрана,

• Трошоци за превоз до и од работа,

• Дневници за службени патувања во земјата и во странство,

• Теренски додаток, одвоен живот,

• Трошоци за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавачот во висина од 30% од цената на литар гориво за секој изминат километар со патен налог,

• Трошоци при селидба,

• Смрт на работникот и член на семејството,

• Непрекинато боледување подолго од 6 месеци,

• Отпремнина при одење во пензија,

• Јубилејни награди

Page 7: КОРИСТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА КАЈ … 2015/Pravoto na ostvaruvanj… · ВОВЕД •Правото на користење на средствата

ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

• Одредбите од член 52 од Законот за државни службеници ги предвидуваат следните надоместоци:

• Дневници за патување во земјата и странство,

• Користење на возило во лична сопственост за службени цели,

• Одвоен живот,

• Работа на терен,

• Смрт на работникот и член на семејството,

• Штета при елементарни непогоди,

• Подолго боледување

Page 8: КОРИСТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА КАЈ … 2015/Pravoto na ostvaruvanj… · ВОВЕД •Правото на користење на средствата

РЕГРЕС ЗА ГОДИШЕН ОДМОР

• Правото на регрес за годишен одмор е пропишано единствено во Законот за платите во Република Македонија, додека во останатите закони овој вид надоместок не е предвиден. Можноста за исплата на овој вид надоместок според наведениот закон во праксата не се применува од страна на буџетските корисници од централната власт, имајќи предвид дека Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2014 година (како и за претходните години) не пропишува право на исплата на регресот за годишен одмор.

• На локално ниво ова право во минатите години повеќе се користеше заради фактот што Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија не се однесува за единиците на локална самоуправа, при што останува неискористеното право што го нуди Законот за исплата на платите во Република Македонија

Page 9: КОРИСТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА КАЈ … 2015/Pravoto na ostvaruvanj… · ВОВЕД •Правото на користење на средствата

ПАТНИ И ДНЕВНИ ТРОШОЦИ ВО ЗЕМЈАТА

• Во однос на надоместокот за патни, дневни и други трошоци за службени патувања во земјата, треба да се истакне дека Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2014 година не го пропишува овој вид надоместок

• Со одредбите од член 113 од Законот за работните односи предвиден е надоместок за службени патувања во земјата и во странство

• Општиот колективен договор за јавниот сектор во РМ предвидува исплата на дневници за службени патувања во земјата и службени патувања во странство, согласно Уредбата за издатоците за службен пат и селидби во странство што на органите на управата им се признаваат во тековни трошоци

Page 10: КОРИСТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА КАЈ … 2015/Pravoto na ostvaruvanj… · ВОВЕД •Правото на користење на средствата

ПАТНИ И ДНЕВНИ ТРОШОЦИ ВО СТРАНСТВО

• Уредбата за издатоците за службени патувања и преселби во странство што на органите на управата им се признаваат во тековни трошоци го регулираат прашањето за издатоците за патни и дневни расходи за патување во странство, кои ги опфаќаат: издатоците за сместување, за исхрана и за превоз

• Износот на дневницата за службено патување во странство, по одделни држави се утврдени со Решение за највисоките износи на дневници за службени патувања и преселби во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци, донесено од Владата на РМ. Износот на дневницата во странство се исплатува во висина од 35%, ако се поднесе сметка за сместување, како и во случај кога сместувањето не паѓа на товар на органот на управата

• Издатоците за превоз за службено патување во странство се признаваат во висина на цената на патничката тарифа за превоз со средство од оној вид и класа што е одобрено, а се користи на службено патување

• Издатокот за сместување при службено патување во земјата и странство се пресметува врз основа на платена сметка за хотел до четири ѕвездички

Page 11: КОРИСТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА КАЈ … 2015/Pravoto na ostvaruvanj… · ВОВЕД •Правото на користење на средствата

ИЗМЕНИ ВО УРЕДБАТА И РЕШЕНИЕТО

• Со последната измена на Уредбата, објавена во „Сл.весник на РМ“ број 90/2014 се враќаат старите правила при пресметка и исплата на дневницата за патување во странство:

• 50% од утврдената дневница, ако се поднесе сметка за сместување или во случај кога сместувањето не паѓа на товар на органот на управа

• 20% од утврдената дневница, ако издатоците за сместување и исхрана не паѓаат на товар на органот на управа

• 5% од утврдената дневница, доколку издатоците за стручно оспособување и усовршување не паѓаат на товар на органот на управа, а престојот е над 30 дена

• Со последните измени на Решението објавени во „Сл.весник на РМ“ број 19/2014 се пропишуваат нови износи на дневници

• Наведените измени се применуваат од 1 јануари 2015 година

Page 12: КОРИСТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА КАЈ … 2015/Pravoto na ostvaruvanj… · ВОВЕД •Правото на користење на средствата

ЗАКОН ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА РМ

• Со одредбите од Законот за извршување на Буџетот на РМ за 2014 година се предвидени надоместоци за именувани лица по основ на:

• надоместок на трошоци за одвоен живот од семејството во висина од 30% од просечната месечна плата исплатена во РМ во претходните три месеци. Одвоен живот од семејството се смета кога избраните и именувани функционери кои имаат семејство за издржување засноваат работен однос во орган на управа надвор од нивното живеалиште, а во местото каде што е седиштето на органот во кој имаат засновано работен однос не живеат со нивното семејство. Надоместокот за трошоците за одвоен живот не им припаѓа на лицата доколку местото на живеење е оддалечено помалку од 100 километри од местото на работење,

• на именуваните лица на кои не им е обезбеден службен стан, им следува надоместок за закупнина на стан, утврдена од страна на Владата на РМ. Надоместокот за одвоен живот и надоместокот за службен стан меѓусебно се исклучуваат,

• надоместокот за селидбени трошоци на лица на кои им следува право на користење на службен стан, се исплатува во висина на вистинските трошоци за превоз на покуќнината

Page 13: КОРИСТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА КАЈ … 2015/Pravoto na ostvaruvanj… · ВОВЕД •Правото на користење на средствата

ОСТАНАТИ НАДОМЕСТОЦИ

• Теренскиот додаток не е пропишан со Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2014 година, иако овој надоместок е предвиден со Законот за работните односи, Законот за државни службеници (како трошоци за работа на терен) и Општиот колективен договор за јавниот сектор.

• Останатите надоместоци кои се однесуваат на:

• Отпремнина при одење во пензија, јубилејни награди,

• Смрт на вработен или член на неговото семејство,

• Трошоци за селидба,

се предвидени со наведените законски прописи, а со Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2014 година ги пропишува износите/лимитите на нивните износи.

Page 14: КОРИСТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА КАЈ … 2015/Pravoto na ostvaruvanj… · ВОВЕД •Правото на користење на средствата

ОСТАНАТИ НАДОМЕСТОЦИ

• Во случај на заминување на работникот во пензија му се исплатува двократен износ за отпремнина, пресметан врз основа на просечната месечна плата по работник во Републиката објавена до денот на исплатата.

• Во случај на смрт на вработениот на неговото семејство му припаѓа парична помош во износ од 30.000 денари, додека во случај на смрт на член на неговото семејство (родител, брачен другар, деца родени во брак или вон брак, посиноците, посвоените деца и децата земени на издржување), доколку живеел во заедница, му припаѓа парична помош во висина од 15.000 денари по семејство. Живеењето во заедница подразбира вработениот и членот на потесното семејство да се со место на живеење на иста адреса што се докажува со соодветен документ за идентификација (лична карта, пасош)

Page 15: КОРИСТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА КАЈ … 2015/Pravoto na ostvaruvanj… · ВОВЕД •Правото на користење на средствата

ОСТАНАТИ НАДОМЕСТОЦИ

• Се наметнува прашањето за третманот на надоместокот на трошоците за користење на сопствен автомобил. Имено, според одредбите од Законот за работните односи, Закон за државните службеници и Општиот колективен договор предвиден е овој вид надоместок, но во Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2014 година не е пропишан надоместокот, така што во праксата не се сретнува појава кога буџетскиот корисник има исплатено средства за користење на возила за службени цели

• Во случај на непрекинато боледување од шест месеци и во случај на потешки последици од елементарни непогоди во смисла на Законот за заштита и спасување, според Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2014 година на вработениот му се исплатува еднократна парична помош во висина од една последна исплатена просечна месечна нето плата во органот каде што е вработен

Page 16: КОРИСТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА КАЈ … 2015/Pravoto na ostvaruvanj… · ВОВЕД •Правото на користење на средствата

ПРИМЕР БРОЈ 1

• Исплатени се аконтации за патни и дневни расходи за службено патување во земјата во вкупен износ од 15.000 денари, по патен налог одобрен од раководителот на корисникот од кои:

• за патни расходи 5.000 денари

• за сместување 10.000 денари

• Вкупно 15.000 денари

420120 - Патувања во земјата – патни расходи............5.000

420130 - Патувања во земјата – сместување ...............10.000

101 – Благајна .......................................................................15.000

128 – Други побарувања ...............................................15.000

298 – Други пасивни временски разграничувања ......15.000

Page 17: КОРИСТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА КАЈ … 2015/Pravoto na ostvaruvanj… · ВОВЕД •Правото на користење на средствата

ПРИМЕР БРОЈ 1

Доколку по враќањето од пат, лицето приложи сметки во поголем износ од примениот аванс, се спроведуваат следните корективни книжења:

• Повеќе потрошени средства за ноќевање за износ од 2.500 денари

• Повеќе потрошени средства за превоз во износ од 1.500 денари

420120 - Патувања во земјата – патни расходи.............2.500

420130 - Патувања во земјата – сместување ..................1.500

101 – Благајна ...........................................................................4.000

298 – Други пасивни врем.разграничувања …….......15.000

128 – Други побарувања .............................................15.000

Page 18: КОРИСТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА КАЈ … 2015/Pravoto na ostvaruvanj… · ВОВЕД •Правото на користење на средствата

ПРИМЕР БРОЈ 1

Доколку по враќањето од пат, лицето приложи сметки во помал износ од примениот аванс, се спроведуваат следните корективни книжења:

• Помалку потрошени средства за ноќевање за износ од 1.000 денари

• Помалку потрошени средства за превоз во износ од 200 денари

(420120) - Патувања во земјата – патни расходи............(1.000)

(420130) - Патувања во земјата – сместување ..................( 500)

101 – Благајна ..........................................................................1.500

298 – Други пасивни временски разграничувања ........15.000

128 – Други побарувања ....................................................15.000

Page 19: КОРИСТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА КАЈ … 2015/Pravoto na ostvaruvanj… · ВОВЕД •Правото на користење на средствата

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

• Како репрезентација се сметаат издатоците кои служат за прикажување на економската состојба на субјектот, како резултат на активност од страна на одделни вработени во субјектот кои имаат задача да обезбедат влијание или деловно мислење кај деловните соработници

• Кога се зборува за репрезентација најчесто се мисли на трошоци за: угостителски услуги, трошоци за угостителски услуги за деловните партнери, подароци, трошоци за одмор и рекреација, трошоци за време на одделна манифестација или промоција во делот на исхраната и пијалаци

Page 20: КОРИСТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА КАЈ … 2015/Pravoto na ostvaruvanj… · ВОВЕД •Правото на користење на средствата

ДАНОЧЕН АСПЕКТ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

• Од даночен аспект, потребно е да се истакнат данокот на додадена вредност и данокот на добивка

• Според одредбите од член 35 став 3 од Законот за данок на додадена вредност правото на одбивка на претходниот данок е исклучено за сите расходи за репрезентација на субјектот и на сопственикот, за издатоци за гостење, подароци, одмор, рекреација и разонода

• Во однос на данокот на добивка треба да се имаат во предвид одредбите од член 11 од Законот за данокот на добивка, според кои за оданочиви расходи се сметаат и издатоците за репрезентација во висина од 90%, при што истите ја зголемуваат даночната основа во даночниот биланс ДБ. При ова треба да се додаде состојбата кога издатоците за репрезентација се даваат како подарок на физички лица, при што во такви случаи истите имаат третман на лични примања во натура и согласно Законот за персонален данок на доход треба да се пресмета персонален данок на доход по стапка од 10% и за вкупниот износ заедно со персоналниот данок во висина од 90% се зголемува даночната основа во даночниот биланс ДБ

Page 21: КОРИСТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА КАЈ … 2015/Pravoto na ostvaruvanj… · ВОВЕД •Правото на користење на средствата

ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

• Правото и начинот на користење на средствата за репрезентација треба да се утврди со акт донесен од страна на одговорното лице на субјектот, за да се избегнат настаните кога овој вид издатоци се користат од неовластени лица за сопствени потреби

• Потребно е да се истакне законската обврска дефинирана во член 7 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, според кој раководителот на субјектот е одговорен покрај останатото да воспостави организациска структура и да донесе процедури за работа со кои ќе се обезбеди правилно и законско функционирање на контролите при наменско и законско користење на средствата

Page 22: КОРИСТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА КАЈ … 2015/Pravoto na ostvaruvanj… · ВОВЕД •Правото на користење на средствата

ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

• Со процедурата треба да се дефинираат нивоата на одговорност и право на користење на издатоците за репрезентација, начинот и целите на користење на средствата, начинот на документирање и авторизација (потврдување) на издатоците за репрезентација

• Во праксата постои отсуство на овој вид акт со што е намалена контролата на користење на средствата и не е точно дефинирана одговорноста на лицата кои ги користат истите

Page 23: КОРИСТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА КАЈ … 2015/Pravoto na ostvaruvanj… · ВОВЕД •Правото на користење на средствата

КОРИСТЕЊЕ НА КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ

• Наметнати прашања:

• Дали треба да се применуваат од страна на буџетските корисници кои имаат лимитирани средства утврдени со одобрениот буџет,

• Дали кредитните картички претставуваат ризик за користење на средства над утврдените и одобрените буџетски средства,

• Потреба за изготвување и примена на процедура која ќе ги регулира прашањата од аспект кои лица можат да ги користат, за кои потреби можат да се користат во земјата и во странство, начинот на евидентирање на обврските кои произлегуваат од истите,

• Правилна примена сметководствените политики и начела пропишани во Законот и Правилникот за сметководство за буџетите и буџетските корисници

Page 24: КОРИСТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА КАЈ … 2015/Pravoto na ostvaruvanj… · ВОВЕД •Правото на користење на средствата

ДОСЕГАШНО ИСКУСТВО

• За користење на кредитните картички се склучуваат договори помеѓу деловната банка-издавач на картичките и буџетскиот корисник-корисник на истите. Со договорот е пропишана обврска корисникот да гарантира за редовно плаќање на обврските по основ на користење на средствата

• Банката согласно договорот го утврдува лимитот на користење на средствата

• Одговорното лице на буџетскиот корисник го утврдува и распределува кредитниот лимит по корисници на картичките, при што буџетскиот корисник поднесува барање за издавање на кредитните картички

Page 25: КОРИСТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА КАЈ … 2015/Pravoto na ostvaruvanj… · ВОВЕД •Правото на користење на средствата

ДОСЕГАШНО ИСКУСТВО

• Во текот на годината, односно во текот на користење на средствата, банката доставува извештаи за настанатите промени при користење на картичките, со наведување на корисникот, дата на настанатата промена на средствата, местото на извршената трансакција. Но, најчесто во сметководствената евиденција кај буџетскиот корисник на име обврски на кредитните картички не се евидентирани состојбите

• Плаќањата се вршат со примена на пропишан образец и согласно доставените месечни извештаи

Page 26: КОРИСТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА КАЈ … 2015/Pravoto na ostvaruvanj… · ВОВЕД •Правото на користење на средствата

КОНСТАТАЦИИ/УТВРДЕНИ СЛАБОСТИ

• Месечните извештаи за користење на кредитните картички не се приложуваат како документите кој претставуваат доказ за извршената трансакција (фактури, фискални сметки и слично)

• Одобрените средства кои се искористени за различни намени не се искажани во сметководствената евиденција, не се евидентираат побарувањата од лицата кои ги користат кредитните картички, ниту се евидентираат обврските спрема деловната банка

• Врз основа на претходното комисијата за попис нема претходна информација кои парични средства треба да бидат опфатени со пописот, со што истиот не е целосно спроведен,

• За користење на овие средства најчесто не се изготвува и применува соодветна процедура