22
Насоки за користење на услугата E-УНИБанка на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје I. ОПШТО Електронското банкарство е сервис преку кој удобно и лесно може да управувате со личните сметки и/или сметките на компанијата без да доаѓате во банката. Со единствената платформа Е- УНИБанка може да вршите банкарски операции директно од вашиот компјутер со интернет конекција при високо ниво на безбедност. Во зависност од Вашите лични желби и потреби може да изберете: Пасивно банкарство – за правни и физички лица резиденти и нерезиденти; Активно банкарство –за правни и физички лица резиденти. Услугата пасивно банкарство овозможува: Следење на состојби на трансакциски сметки во денари и девизи, расположливи средства, следење на текот на трансакциите, изводи, промети и слично; Следење на состојби на депозити, дебитни и кредитни картички, преглед на кредити; Преглед на авторизации направени со картички; Следење на курсни листи; Месечни извештаи за кредитни картички on line; Добивање на изводи од трансакциски сметки и кредитни картички по e-mail; Генерирање на податоците од изводите во excel, pdf, html или txt со цел полесна обработка на истите; Информации за експозитури, банкомати, новости од Банката и слично. Услугата активно банкарство овозможува : Плаќања во денари со помали трошоци во однос на хартиените плаќања; Плаќања во странска валута; Процесирање на налози од датотека; Отворање на сметки и депозити; Следење на курсни листи; Купување и продавање на валута, како и можност за добивање на договорен курс; Следење на состојби на трансакциски сметки во денари и девизи, расположливи средства, следење на текот на трансакциите, изводи, промети и слично; Следење на состојби на депозити, дебитни и кредитни картички, преглед на кредити; Преглед на авторизации направени со картички; Месечни извештаи за кредитни картички on line; Можност за предвремено затворање на достасан долг по кредитна картичка;

Насоки за користење на услугата E-УНИБанка на Универзална ...unibank.com.mk/files/attachments/nasoki_e_unibanka.pdf · - Зачувани

  • Upload
    others

  • View
    14

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Насоки за користење на услугата E-УНИБанка на Универзална ...unibank.com.mk/files/attachments/nasoki_e_unibanka.pdf · - Зачувани

Насоки за користење на услугата E-УНИБанка

на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје

I. ОПШТО

Електронското банкарство е сервис преку кој удобно и лесно може да управувате со личните

сметки и/или сметките на компанијата без да доаѓате во банката. Со единствената платформа Е-

УНИБанка може да вршите банкарски операции директно од вашиот компјутер со интернет

конекција при високо ниво на безбедност.

Во зависност од Вашите лични желби и потреби може да изберете:

• Пасивно банкарство – за правни и физички лица резиденти и нерезиденти;

• Активно банкарство –за правни и физички лица резиденти.

Услугата пасивно банкарство овозможува:

• Следење на состојби на трансакциски сметки во денари и девизи, расположливи средства,

следење на текот на трансакциите, изводи, промети и слично;

• Следење на состојби на депозити, дебитни и кредитни картички, преглед на кредити;

• Преглед на авторизации направени со картички;

• Следење на курсни листи;

• Месечни извештаи за кредитни картички on line;

• Добивање на изводи од трансакциски сметки и кредитни картички по e-mail;

• Генерирање на податоците од изводите во excel, pdf, html или txt со цел полесна

обработка на истите;

• Информации за експозитури, банкомати, новости од Банката и слично.

Услугата активно банкарство овозможува :

• Плаќања во денари со помали трошоци во однос на хартиените плаќања;

• Плаќања во странска валута;

• Процесирање на налози од датотека;

• Отворање на сметки и депозити;

• Следење на курсни листи;

• Купување и продавање на валута, како и можност за добивање на договорен курс;

• Следење на состојби на трансакциски сметки во денари и девизи, расположливи средства,

следење на текот на трансакциите, изводи, промети и слично;

• Следење на состојби на депозити, дебитни и кредитни картички, преглед на кредити;

• Преглед на авторизации направени со картички;

• Месечни извештаи за кредитни картички on line;

• Можност за предвремено затворање на достасан долг по кредитна картичка;

Page 2: Насоки за користење на услугата E-УНИБанка на Универзална ...unibank.com.mk/files/attachments/nasoki_e_unibanka.pdf · - Зачувани

• Добивање на изводи од трансакциски сметки и кредитни картички по e-mail;

• Генерирање на податоците од изводите во excel, pdf, html или txt со цел полесна

обработка на истите;

• Информации за експозитури, банкомати, новости од Банката и слично.

II. ТЕХНИЧКИ УСЛОВИ

Интернет пребарувачи кои можете да го користите за оптимална работа и максимална безбедност

се официјалните верзии на Internet Explorer (верзија 9 и повисока) и Mozilla Firefox (верзија 52 и

повисока).

1. За извршување на услуги во делот на активно банкарство непходно е да се користи КЕП –

квалификуван електронски потпис издаден на токен.

Инсталацијата и приспособувањето на сертификатите во зависност од издавачот се детално

опишани во делот XXI.

2. Средства за пристап и идентификација

Во зависност од бараните услуги, Средство за пристап и идентификација се: корисничко име,

лозинка, Квалификуван електронски потпис (КЕП) и нивна комбинација.

III. РЕГИСТРАЦИЈА НА НОВ КОРИСНИК

Page 3: Насоки за користење на услугата E-УНИБанка на Универзална ...unibank.com.mk/files/attachments/nasoki_e_unibanka.pdf · - Зачувани

За да се користи услугата електронско банкарство мора да бидете клиент на Банката и да се

регистрирате како корисник на еден од следниве начини:

1. On-line регистрација – може да се направи барање за регистрација преку https://e-

unibanka.mk. При ваков вид на регистрација сами одредувате корисничко име и

лозинка за влез, по што е потребно истото да го потврдите во билокоја од

експозитуритена УНИБанка, каде што ќе извршите потпишување на потребната

документација и ќе ги дефинирате услугите кои ќе сакате да ги користите. Може да

се користи и за физички и за правни лица. Во овој случај на on-line регистрација

корисникот не добива e-mail со корисничко име и лозинка за најава затоа што

истите самостојно ги креирал.

2. Регистрација во експозитурите на УНИБанка – регистрација на корисникот се врши

во просториите на Банката. По потпишување на потребната документација и

дефинирање на корисничките услуги како и корисничкото име, се врши активација

на корисникот и истиот добива e-mail со лозинка за најава на апликацијата за

електронско банкарство. Може да се користи и за физички и за правни лица.

Корисничкото име и лозинка може да се променат по желба на клиентот.

IV. ЗАБОРАВЕНА ЛОЗИНКА

Преку страната за користење на електронското банкарство може да ја смените тековната лозинка,

која не ја знаете (заборавена лозинка). За да направите Барање за заборавена лозинка треба да

знаете:

• Корисничко име – корисничко име кое се користи за најава во системот;

• E-mail адреса – електронска адреса која во моментот на поднесување на барањето

е валидна и регистрирана во Банката. Во случај ако не е направена промена тоа е

електронската адреса поднесена во Банката во процесот на регистрација;

• Клиентски број – број со кој што сте регистрирани во Банката и служи како

средство за идентификација. Истиот го имате во документот Барање за

регистрација или може да го добиете во експозитурите на Банката по извршена

лична идентификација. Клиентскиот број не се добива по телефон.

Page 4: Насоки за користење на услугата E-УНИБанка на Универзална ...unibank.com.mk/files/attachments/nasoki_e_unibanka.pdf · - Зачувани

V. ХОРИЗОНТАЛНО МЕНИ

Преку хоризонталното мени на најавната страна имате достап до следните функционалности:

1. Македонски – промена на јазикот на менијата од македонски во англиски и

обратно

2. Помош – менито преставува објаснување и упатство за работа. Кога ќе отворите

еден екран за кој што не Ви е јасно за што служи со избор на менито Помош

добивате дополнителни информации. Менито автоматски ги поминува екраните

и работи со последователни пораки.

3. Пораки – од тука може да напишете порака во слободен формат до тимот на

УНИБанка ако имате прашања за функционалности или нејаснотии во

електронското работење или билокакви други пораки насочени према УНИБанка.

4. Приспособувања

- Лични податоци – Преглед на личните податоци и можност за промена на

корисничкото име;

- Општи приспособувања – можност за сокривање на затворени сметки, уредување

на таблици за извршени информации;

- Приспособувања за сметки – можност за избор дали сметката да се гледа или не и

под какво име да се именува и да се визуелизира;

- Приспособувања за депозити – можност за избор дали депозитот да се гледа или

не и под какво име да се именува и да се визуелизира;

- Приспособувања за картички – можност за избор дали картичката да се гледа или

не и под какво име да се именува и да се визуелизира;

- Приспособувања на модули – можност за приспособување на визуелизацијата на

модулите;

Page 5: Насоки за користење на услугата E-УНИБанка на Универзална ...unibank.com.mk/files/attachments/nasoki_e_unibanka.pdf · - Зачувани

- Промена на лозинка – можност да се промени лозинката за најава во системот;

- Регистрирање на сертификат – регистрирање на сертификат.

VI. РЕГИСТРИРАЊЕ НА СЕРТИФИКАТ

Достапот до ова мени е овозможено само за регистриран корисник за активни банкарски

операции.

Прифатливи сертификати за регистрација се само сертификатите издадени од овластените

издавачи КИБС и Македонски Телеком.

После изборот од менито Приспособувања и Регистрирање на сертификат

во следниот екран кај пораката “Please enter the master password for the” се внесува пин-от од

серификатот (најчесто шестоцифрен број кој го добивате заедно со сертификатот и токенот)

и се потврдува регистрацијата со повторно внесување на истиот пин во следниот екран.

Регистрацијата на сертификатот е завршена со што е дозволено да се реализираат плаќања во

земјата и странство.

Регистрација на сертификат треба да се реализира за активни банкарски операции за сите клиенти

кои се достапни на Корисникот.

Page 6: Насоки за користење на услугата E-УНИБанка на Универзална ...unibank.com.mk/files/attachments/nasoki_e_unibanka.pdf · - Зачувани

VII. ПРОМЕНА НА КЛИЕНТ

Кога корисникот има пристап до повеќе клиенти, преминот од еден кон друг клиент се извршува

преку менито Клиент означено со иконата

VIII. МЕНИ ЗА НАВИГАЦИЈА

Менито за навигација е на левата страна на екранот и е видливо веднаш при извршена најава.

Менито е поставено вертикално. Преку него може да се преминува низ екраните во

Електронското банкарство.

IX. ЕКРАН – ПОЧЕТНА СТРАНА

По успешна најава во електронското банкарство се отвара екран – Почетна страна. Тоа е првиот

екран во апликацијата. На овој екран се групирани и подредени сите информации за Вашето

електронско банкарство и важно е што екранот може да се приспособува во согласност со

желбите и потребите на клиентот.

Екранот нуди брз пристап до информациите за Вашите ‘’Сметки”, ’’Депозити”, ’’Картички’’,

’’Кредити’’ и друго.

Приспособувањето на екранот се прави преку мени Приспособувања – Приспособувања на

модули, а дополнително се врши приспособување за секој модул поединечно. Секој модул може

поединечно да се тргне или да се додаде. На пример може да се избере кои сметки клиентот сака

да ги гледа, а кои не, преку модул Приспособувања за сметки.

Д

Page 7: Насоки за користење на услугата E-УНИБанка на Универзална ...unibank.com.mk/files/attachments/nasoki_e_unibanka.pdf · - Зачувани

X. ЕКРАН – ИНФОРМАЦИИ

Од овој екран се добиваат информации за:

- Салдо на сите сметки – салдо на сите сметки и депозити за сите клиенти до кои

корисникот има пристап.

- Извршени услуги за клиент – дава информации за e-mail известувањата испратени до

клиентот во зависност од регистрираните e-mail услуги. Пребарува по тип на услуга за

даден период.

- SWIFT Плаќања – Информации за кредитни плаќања и приливи во странска валута.

Пребарува по поединечна сметка за даден период.

- Сесии – дава информации за извршените активности од корисничкиот профил по

време и IP адреса. Пребарува за даден период.

Page 8: Насоки за користење на услугата E-УНИБанка на Универзална ...unibank.com.mk/files/attachments/nasoki_e_unibanka.pdf · - Зачувани

XI. ЕКРАН – ПЛАЌАЊА

Во овој екран се гледаат сите видови на плаќања кои може да се прават. Може да бидат различни

во зависност од типот на клиентот (физичко или правно лице), како и во зависност од правата на

клиентот дефинирани во процесот на регистрација.

1. Ново плаќање – Менито ново плаќање се користи за внес на кредитни трансфери во

денари или во девизи. Плаќањето се врши брзо и лесно во неколку чекори: прво се избира

сметката од која се врши плаќањето, во вториот чекор се врши избор на примач на плаќањето,

понатаму се избира износ на плаќањето и последниот чекор е пополнување на дополнителни

информации.

• Моите сметки – се врши пренос на сопствени сметки кои се избираат по

автоматизам;

• Нов примач – се користи за примач за кој што мора да се внесе сметка и со

притискање на копчето Тab од тастатурата автоматски ќе се пополнат податоците за

истиот. Плаќањето може да биде во денари интерно (кон сметки во банката), ПП30

(меѓубанкарски – кон сметки во други банки во РМ), ПП50 (меѓубанкарско плаќање

кон буџетски институции) и дознака во странство. Плаќањата се вршат согласно

Терминскиот план на Банката.

- Зачувани примачи – Список на зачувани примачи. Клиентот ги зачувува по желба.

- Историја – Список со примачи кон кои некогаш е извршено плаќање, од сметката кој е

избрана во привиот чекор.

Page 9: Насоки за користење на услугата E-УНИБанка на Универзална ...unibank.com.mk/files/attachments/nasoki_e_unibanka.pdf · - Зачувани

2. Плаќања од датотека – Можност за вчитување на налози од датотека, една сметка

налогодавач врши пренос на средства кон сметки на различни примачи. Се користи како

олеснување при масовни плаќања, со помош на посебен генератор кој може да го превземете

преку опција ”Види пример за изглед на датотека’’ од мени Плаќања од датотека. По вчитување

на налозите, истите може да се потпишат преку менито Налози за потпис. Плаќањата се вршат

согласно Терминскиот план на Банката.

3. ПП53 – се користи за процесирање на налози за плати, во согласност со издадениот

документ од УЈП. Плаќањата се вршат согласно Терминскиот план на Банката.

Page 10: Насоки за користење на услугата E-УНИБанка на Универзална ...unibank.com.mk/files/attachments/nasoki_e_unibanka.pdf · - Зачувани

4. Режиски трошоци – можност за плаќање на режиски трошоци, преку претходно

дефинирани примачи. Плаќањата се вршат согласно Терминскиот план на Банката.

5. Купување/Продажба на валута – се користи за размена на една кон друга валута.

Плаќањата се вршат согласно Терминскиот план на Банката. Корисниците правни лица од ова

мени можат само да продаваат странска валута за МКД, а корисниците физички лица можат и да

продаваат и да купуваат странски валути.

6. Договарање на курс – можност да се побара поволен курс, истиот да се добие и да се

искористи во дефиниран рок на плаќање во времетраење од 15 минути до 1 час во зависност од

валутата на плаќање, но не подоцна од 15:45. Услугата може да се користи од 08 до 15:30 секој

работен ден.

XII. ЕКРАН – ИЗВЕШТАЈ

Во овој екран се следат кончени изводи од трансакциски сметки и месечни извештаи за кредитни

картички. Се пребарува по поединечна сметка за даден период. Изводот може да се печати и да

се пренесува во excel, pdf, html со цел на полесна понатамошна обработка.

Page 11: Насоки за користење на услугата E-УНИБанка на Универзална ...unibank.com.mk/files/attachments/nasoki_e_unibanka.pdf · - Зачувани

XIII. ЕКРАН – СМЕТКИ

Преку екранот Сметки имате пристап до различни информации за сметките. Истите може да ги

гледате во сметководствен, табеларен и графички приказ.

Преку Сметки имате пристап до следните подменија:

- Преглед – подмени кое прикажува информации за почетна состојба, тековна состојба,

дозволено пречекорување, искористен дел од дозволено пречекорување, авторизиран

износ со картичка;

- Состојба – подмени кое прикажува табеларен приказ на состојбите, со детали за

дозволено пречекорување;

- Извод – подмени кое прикажува информации за следење на извод online, трансакции

во тековниот ден и процесирани трансакции за даден период. Од тука може да се

прави пренесување на податоците во excel,pdf, html;

- Промет – подмени за графички приказ на дневната состојба, месечен и годишен

промет.

Page 12: Насоки за користење на услугата E-УНИБанка на Универзална ...unibank.com.mk/files/attachments/nasoki_e_unibanka.pdf · - Зачувани

XIV. ЕКРАН – ДЕПОЗИТИ

Преку екран Депозити имате пристап до различни информации за депозитните сметки. Истите

може да ги гледате во сметководствен, табеларен и графички приказ.

Преку Депозити имате пристап до :

- Преглед - под мени кое прикажува информации за износот на депозитот, датумот на

отварање, датум на доспевање и износот на пресметаната камата;

- Состојба - под мени кое прикажува табеларен приказ на состојбите, со детали за

расположлив износ,пресметана камата,валута, достасување;

- Извод - подмени кое прикажува информации за следење на извод online, каде што се

добива информација за трансакциите на депозитната сметка.

- Промет - под мени за графички приказ на дневна состојба, месечен и годишен

промет.

Page 13: Насоки за користење на услугата E-УНИБанка на Универзална ...unibank.com.mk/files/attachments/nasoki_e_unibanka.pdf · - Зачувани

XV. ЕКРАН – КАРТИЧКИ

Во екранот Картички се добиваат информации за дебитните и кредитните картички, регистрирани

за следење.

Преку овој екран имате пристап до следните подменија:

- Преглед – регистар на дебитни и кредитни картички со информација за расположливи

средства по истите,износ на доспеан долг за кредитните картички;

- Месечен извештај – за даден период преглед на месечен извештај за кредитни

картички;

- Авторизации – со картички за даден период по поединечна картичка се добива

информација за секоја поединечна трансакција.

XVI. ЕКРАН – КРЕДИТИ

Екранот дава информација за кредитите кои се користат преку УНИБанка. За секој кредит одделно

се добиваат следните информации: износот наостатокот на главница на избраниот кредит,

износот на месечниот ануитет и датумот на следниот ануитет, како и датум на доспевање на

кредитот.

Page 14: Насоки за користење на услугата E-УНИБанка на Универзална ...unibank.com.mk/files/attachments/nasoki_e_unibanka.pdf · - Зачувани

XVII. ЕКРАН – НАЛОЗИ ЗА ПОТПИС

Во овој екран се гледаат сите налози кои се снимени, зачувани, а не се потпишани. Од овде

налозите може да се потпишат или да се откажат. Потпишувањето може да биде налог по налог,

селектирање на сите налози одеднаш или избор на поединечни налози.

XVIII. ЕКРАН – ДОСТАВЕНИ ДОКУМЕНТИ

Овој екран дава податоци за сите доставени документи и нивниот статус. Се препорачува

задолжително по извршување на секоја акција да се посети менито Доставени документи.

Статуси на платни трансакции:

- За потпис – прикажува дека документот не е потпишан од сите потписници;

- Потпишан – документот е потпишан од сите потписници, не треба да се прават

дополнителни акции. Тој статус е додека истиот не се смени во одобрен;

- Одобрен – документот е реализиран и добил референтен број под кој истиот е

реализиран. Овој статус е конечен;

- Откажан – документот е откажан. Конечен статус;

- Грешен – документот е одбиен од страна на Банката. Статусот е конечен. Во

самиот статус стои причината за одбивање на истиот;

- Очекува обработка – документот е создаден во време на вечерни процедури на

Банката и очекува понатамошна обработка;

- Избришан – документот е избришан пред да биде потпишан;

- Идна валута – документ со идна валута.

Page 15: Насоки за користење на услугата E-УНИБанка на Универзална ...unibank.com.mk/files/attachments/nasoki_e_unibanka.pdf · - Зачувани

XIX. ЕКРАН – УСЛУГИ

Преку ова мени Ви се овозможува регистрирање за брз пристап за добивање на изводи и e-mail

информација за авторизации со картички. Може да се избере e-mail адреса на која да се

доставуваат истите, формат на фајл на податоците....:

- Изводи по сметки на e-mail се добиваат еднаш дневно ако има трансакции.

- Месечен извештај за кредитна картичка по e-mail се добива еднаш месечно,

наредниот ден по неговото изготвување;

- Авторизации со картички по e-mail се добиваат еднаш дневно за авторизации со

картички направени претходен ден.

Page 16: Насоки за користење на услугата E-УНИБанка на Универзална ...unibank.com.mk/files/attachments/nasoki_e_unibanka.pdf · - Зачувани

XX. ЕКРАН – ДЕКЛАРАЦИИ

Овој екран се добива податок за известувања за девизен прилив, можност за пополнување на

распоред на истиот и достава до Банката.

XXI. МЕРКИ ЗА СИГУРНОСТ

Мерките за сигурност се објавени на web страната на УНИБанка на следниот линк

http://www.unibank.mk/files/attachments/soveti_za_bezbednost.pdf

XXII. НАЧИН НА ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ ПРЕБАРУВАЧИТЕ ЗА ПОТПИШУВАЊЕ

СО СЕРТИФИКАТ

1. На следниот линк можете да ги најдете информациите за инсталирање и приспособување на

сертификатите од КИБС на вашиот компјутер.

https://www.kibstrust.mk/support/PomosMK.aspx

2. На следниот линк можете да ги најдете информациите за инсталирање и приспособување на

сертификатите од Телеком на вашиот компјутер.

https://ca.telekom.mk/upatstva.htm

1. Пoтпишување под Internet Explorer

За пријавување на страницата на електронското банкарство Е-УНИБанка преку интернет

пребарувачот Internet Explorer, Ви предлагаме дополнително да ја инсталирате апликацијата

CAPICOM, во случај да ја немате веќе инсталирано на вашиот компјутер. При отворање на

страната https://e-unibanka.mk доколку компонентата CAPICOM не е инсталирана, се појавува

Page 17: Насоки за користење на услугата E-УНИБанка на Универзална ...unibank.com.mk/files/attachments/nasoki_e_unibanka.pdf · - Зачувани

предлог од пребарувачот за инсталација на компонентата, коja се одобрува со притискање на

Allow или Install во зависност од верзијата на Internet Explorer.

Таа е неопходна апликација за да може пребарувачот Internet Explorer да ги потпишува дигитално

со електронски потпис плаќањата и другите активни банкарски операции.

Приспособувањата на пребарувачот ги вклучуваат следните два чекора:

1. Додавање на страната https://e-unibanka.mk во доверливи страни (trusted sites)

2. Овозможување (enable) на Active X контролата – Initialize and script Active X controls not marked

as safe

Имаjте во предвид, дека само 32-битната верзија на пребарувачот Internet Explorer може да

потпишува дигитално со електронски потпис. Во случај оперативниот систем на вашиот компјутер

да има 64-bit верзија, неопходно е да стартувате 32-bit верзија на пребарувачот.

Пребарувачот се стартува од следната локација: Computer – Disc C – Program files (x86) – Internet

Explorer – iexplore. За подобра пристапност можете да си направите Shortcut од посочената

датотека.

Приспособувањата на пребарувачот:

По стартување на Internet Explorer пребарувачот изберете Tools – Internet options

Page 18: Насоки за користење на услугата E-УНИБанка на Универзална ...unibank.com.mk/files/attachments/nasoki_e_unibanka.pdf · - Зачувани

Се отвора прозорецот на кој треба да се избере:Security– Trusted Sites – Sites.

Потоа неопходно е да се додаде соодветната веб странаhttps://e-unibanka.mk со притискање на

копчетоAdd

Page 19: Насоки за користење на услугата E-УНИБанка на Универзална ...unibank.com.mk/files/attachments/nasoki_e_unibanka.pdf · - Зачувани

Притиснете Close.

На претходниот екран изберете ниво Custom Level

Во листата што ќе се отвори најдете го делот Initialize and script Active X controls not marked as safe

– изберете: Enable

Page 20: Насоки за користење на услугата E-УНИБанка на Универзална ...unibank.com.mk/files/attachments/nasoki_e_unibanka.pdf · - Зачувани

Затворете ги отворените прозорци со ОК, откако ќе се согласите со направените промени.(OK,

Yes, OK).

Рестартирајте го пребарувачот.

2. Пoтпишување под Mozilla Firefox

За да користите пребарувач Mozilla Firefox за дигитално потпишување на документи, освен

бараниот софтвер за работа со електронски потпис од издавачите на потписот и направените

приспособувања од погоре, ќе ви биде неопходно и да набавите и додаток (add-on) за дигитално

потпишување. Во постарите верзии на пребарувачот, таа функционалност е вградена, а во

верзиите над 33.0, можноста за дигитално потпишување се остава да биде направено преку

инсталација на додатоците(add-ons).

signTextJS plus

Инсталирање на додатокот:

од менито горе десно на пребарувачот Mozilla Firefox избирате Menu – Add-ons

Page 21: Насоки за користење на услугата E-УНИБанка на Универзална ...unibank.com.mk/files/attachments/nasoki_e_unibanka.pdf · - Зачувани

По избирање на Add-onsизбирате на левото менио Get Add-ons

Потоа одите најдолу со scroll на листата, и доколку не се појавува signTextJS plus

кликнувате на

На следната страна што ќе ви се отвори во делот за пребарување, каде барате signTextJS plus

Page 22: Насоки за користење на услугата E-УНИБанка на Универзална ...unibank.com.mk/files/attachments/nasoki_e_unibanka.pdf · - Зачувани

Инсталирајте го додатокот signTextJS plus на копчето + Add to Firefox.

По инсталацијата на додатокот, рестартирајте го пребарувачот.