40

Како при средба со слепото лице 2016 r

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Slepi lica

Citation preview

Page 1: Како при средба со слепото лице 2016 r
Page 2: Како при средба со слепото лице 2016 r
Page 3: Како при средба со слепото лице 2016 r

Почитувани читатели-корисници на Прирачникот,

Хуманоста и солидарноста меѓу луѓето се основа на секое организирано општество. Ретки се оние кои што никогаш немале потреба да се потпрат на некого. Ретки се и оние кои што никогаш немале порив да пружат потпора. Секој во рамките на своите можности и на разни начини: во семејството, меѓу пријателите, во заедницата. Индивидуално или организирано во помали или поголеми групи на истомисленици. Сеедно, целта е иста - да се поддржат, помогнат и зајакнат ранливите меѓу нас.Лајонс клубовите во Македонија му припаѓаат на глобалното хуманитарно движење со традиција од еден век, која е започната во Чикаго, САД.

Lions Clubs International е најголема организација на сервисни клубови во светот. Нашите 1,4 милиони членови делуваат во 210 земји во светот. Водени сме од идејата дека секаде каде што има потреба, има Лајон да помогне. Лајонсите се нарекуваат витези на слепите. Иако денес сме насочени во сите области на општественото живеење, нашите почетоци се поврзани со помош и поддршка на лицата со пречки во видот. Подобрувањето на нивниот квалитет на живот било, е, и секогаш ќе биде наша основна преокупација.

Лајонс клубот „Св. Пантелејмон“ - Скопје е еден од пионерите во ширењето на лајонистичката мисија во Македонија. Во текот на речиси дведецениското постоење, со низа активности ја покажа на дело својата посветеност за подобрувањето на квалитетот на животот на нашите сограѓани без вид, почнувајќи од најмладите, штитениците на Државното училиште за образование и рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје.

Page 4: Како при средба со слепото лице 2016 r

Со намера да придонесеме во создавањето на основната литература за тоа како да се однесуваме во секојдневието кон слепите и слабовидните, а со цел да им помогнеме полесно да ги обавуваат своите потреби во поглед на движењето низ градот и во разни ситуации, како шо е одењето на лекар, во театар, користењето на превозни средства итн., помогнавме да се издаде овој Прирачник за лица со вид – „Како при средба со слепото лице“.

Прирачникот го подготви Чедомир Шопкиќ, уредник на програма за издавачка дејност на Центарот за слепи и слабовидни лица при НУБ „Св. Климент Охрдиски“ во Скопје. Со своето големо искуство во оваа област, а во континуитет со други новинарски и публицистички проекти посветени на оваа популација, Г-дин Шопкиќ успеа во Прирачникот да опфати разни ситуации во кои се сретнуваме со слепите лица и сакаме да им помогнеме. Квалитет на Прирачникот е и дискретниот, но добредојден осврт кон психологијата на овие лица, што е многу битно да се знае, за нашата конкретна помош во разни ситуации да го постигне саканиот ефект.

Веруваме дека Прирачникот ќе стигне во електронска или печатена форма до што поширок круг читатели и дека ќе биде користен во секојдневието за поудобен живот и социјална интеграција на нашите сограѓани со пречки во видот.

Ќе бидеме среќни доколку нашиот скромен прилог за објавувањето на Прирачникот, придонесе да се постигне целта. Тоа секако ќе биде уште еден поттик во нашата натамошна дејност.

Мелпомени Корнети, претседател Лајонс клуб Св. Пантелејмон – Скопје

Мај 2016

Page 5: Како при средба со слепото лице 2016 r

Со овој прирачник е даден голем придонес кон социјалната интеграција на слепите лица. Во ова кратко упатство се говори дека контактот со слепите лица може да биде едноставен под услов да посветиме внимание на некои основни правила.

Page 6: Како при средба со слепото лице 2016 r

Издавач: Лајонс клуб “Свети Пантелејмон” СкопјеПрирачникот го подготви: Чедомир Шопкиќ, уредник на програма за издавачка дејностЛектура: Лектори на Македонското радио - Радио Скопје Нада Манисиева, Лидија Јордановска и Мирјана Цветковска

Комјутерска обработка и илустрации: Чедомир Шопкиќ

Техничко уредување: Владимир Хаџи Пулевски

Тираж: 1000 примероци

Сите права за прирачникот се задржани. Ниту еден дел од ова издание не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во која било форма или на кој било начин во електронските или печатените медиуми без писмена согласност од издавачот.

Page 7: Како при средба со слепото лице 2016 r

ЧЕДОМИР ШОПКИЌ

Како при средба со слепото лице

Скопје, 2016

Page 8: Како при средба со слепото лице 2016 r
Page 9: Како при средба со слепото лице 2016 r

ВОВЕД

Во прирачников Ви нудиме соодветни информации важни заначинотнакомуникацијасослепителица.СоветитеќеВиовозможатпо-едноставно и попријатно комуницирање, добро да се чувствувате какочовеккојпомогналнекомукомувотојмоментпомоштамубиланеопходна. СоветитепримарновигинаменувамеВам–заданесенајдетевоситуацијадабидетезбунетиприсредбасослепителица.Истотакасоветитеимгинаменувамеиназдравственитеработницикоинанивнитеработниместачестосесретнуваатсослепителица.Сакамевотаакомуникацијадасеодбегнатнеможнитенедоразбирањабидејќитребадасеиманаумдека во таквите моменти слепото лице како пациент зависи од Вашатастручна и техничка помош. Бидејќи во таа незавидна положба, не е воможностдасеизборизатолкупотребниотчовечкипристапниесакамедагоелиминирамеВашетоевентуалнонедоволнопознавањеидавидадемекорисниинформации.ТаасредбатребаиВаминаВашиотпациентдавибидепријатнабидејќиљубезнатакомуникацијавлијаеврзрасположениетонапациентите. Истотакапредупредувамекаконесмеедасепостапувабидејќислепилотобараспецифиченпристапиначиннаоднесување.

Веруваме дека по читањето на прирачников, за слепите лица како Ваши сограѓани, ќе стекнете поинаква, појасна слика, бидејќи и тие претставуваат дел од нашиот разновиден свет, а сигурни сме дека сакаме да го сториме поетичен и похуман за сите.

Затоаенеопходеновојприрачник,несонекаквипретензиидабидекомплетноиапсолутноточен!Прирачникот,всушност,емалводич,штоќевиукажекакодаимпомогнетенадругитенаедноставен,пријатенипредс#начовечкиначин.Илјадапатиепопријатнодададетепомош,отколкудабидетевоситуацијавамдавиепотребнапомош.Љубезнаисоодветнапомошзадветестраниќебидедоживувањештоќевезбогати.Акоовојприрачникзатоапридонесе,тоајапостигналосвојатацел.

1

Како при средба со слепото лице Чедомир Шопкиќ

Page 10: Како при средба со слепото лице 2016 r

** *

Лицатабезвиднесакаатдаимсеобраќатесопатетика,сомилост,со претерана срдечност и пресретливост. Тие сакаат да им се обраќатенормалнокакоинасекоедруголице, Споредтоа,такатребадаимсеобраќатесекогаш,аособеноакосакатедаимпомогнетеидаимјапонудитевашатапомош. Лицата без вид не можат да се движат без помош на другите,колкуидасеоспособениза„самостојнодвижење”исекогашвоодредениситуацииименеопходнанечијапомош. НивнотоединственоиосновносредствоштоможедаимпомогнееБЕЛИОТСТАП,апотоапомоштанапридружникотилинаслучајниотминувачсодобраволја. Прашањеекогатребадаимсепомогнеикако,заданедојдетевоситуацијадаимпомагатеикогаВашатапомошнеимепотребна,бидејкитиеможатодреденапроблематичнаситуацијадајарешатисамите. Ќеимпомогнететогашкогатиетоаодвасќегопобараат,односноќеимјапонудитеВашатапомошкогапонивнотооднесувањеќезаклучитедекаситуацијатанеможатдајарешатсамите.Ќеимпријдете,бидејкитиенезнаатдаливонивнатаблизинаиманекојодкогобипобаралепомошиќеимпомогнетенасоодветенначин. Пример: Лицето без вид, ќе го познаете по БЕЛИОТ СТАП итемнитеочила,стоинаработнатротоаротнаспротипешачкиотпреминилибезнего,долговремесерешавадајапоминеулицата,гоослушнувасообракајот, се врти лево, десно, се обидува да помине, па се враќанесигурноисостравдалинаидувавозило,очекувајкинечијапомош. Ќемупријдетесовообичаенпоздравиќемупонудитепомошзадајаминеулицата. ЛицетобезвидВашатапонудасоблагодарностќејаприфати.

2

Како при средба со слепото лице Чедомир Шопкиќ

Page 11: Како при средба со слепото лице 2016 r

СРЕДБА СО СЛЕПОТО ЛИЦЕ

Овие упатства им се наменети на лицата со вид, а чија помош е драгоцена при средбата со слепото лице. Техниките што слепите лица ги користат при нивното снаоѓање во просторот се: долгиот бел стап, кучето - водич, водич со вид, или електронските помагала. На слепите лица понекогаш при движењето им треба помош од другите дури и кога добро се снаоѓаат сами. Лицето што гледа, а не знае да помогне може да погреши, при што слепото лице сечувствува несигурно и непријатно. Техниките што во продолжение Ви се препорачуваат се усовршуваат со вежба како и повеќето вештини.

ПРИСТАП НА СЛЕПОТО ЛИЦЕ

Обраќање

При пристапувањето на слепото лице обратете му се со смирен глас нудејќи му ја Вашата помош. Доколку бидете одбиени немојте да се навредите, бидејќи за тоа постојат оправдани причини, но тоа не значи дека и друго лице Вашата добронамерна помош ќе ја одбие. Ако сакате да стапите во разговор со лице без вид потребно е да му се обратите на начин што ќе му овозможи да знае дека нему му се обраќате, а не на некој друг и кој му се обраќа. Ако со тоа лице не сте толку блиски или не сте му роднина, за да ве познае по гласот, потребно е да му се претставите и да му назначите дека му се обраќате токму нему, а не на некој друг. На пример: „Добар ден господине” - му го кажувате името или презимето), јас сум вашиот сосед (го кажувате името или презимето). Ракувањето не е потребно, но ако сакате да се ракувате, или ако лицето ви ја подаде својата рака заради поздрав, прифатете ја

3

Како при средба со слепото лице Чедомир Шопкиќ

Page 12: Како при средба со слепото лице 2016 r

или земете му ја раката, за тоа лице да не мафта низ воздухот барајќи ја вашата рака, бидејќи тоа не знае каде вие се наоѓате. Ако со лицето со вид се познавате, доволно е да назначите дека му се обраќате нему, а не на некој друг. На пример: „Добар ден соседу (му го кажувате името или презимето). При обраќањето на лицата без вид, обраќајте им се директно ним, а не на нивните придружници, и немојте да се воздржувате да ги употребувате вообичаените изрази како на пример „Ќе се видиме” - нема да ви биде забележано. Не е пожелно да поставувате индискретни прашања за причината на инвалидноста. Освен ако не сте близок роднина или пријател на тоа лице. Доколку се наоѓате во простор во кој има повеќе луѓе полека допрете му го рамото, за да биде сигурно дека разговарате со него. Со лицето без вид контактирајте само со зборови, бидејќи гестовниот говор, мимики, говорот на телото, за него не значат ништо. Прашајте ги лично и без страв, не се тие толку опасни.

СЛЕПИТЕ ЛУЃЕ НЕ СЕ ОПАСНИ

Кога одат со придружник, слепите лица неретко го доживуваат следново: „Госпоѓо, дали господинот сака нешто да се напие?” или „Госпоѓице, може ли господинот сам да се потпише?” или „Госпоѓо, сака ли господинот можеби да седне?” Луѓето му се обраќаат на придружникот наместо директно на слепото лице. Еден ден тоа ја поттикнало една госпаѓа со насмевка да одговори: „Прашајте го, без страв, лично, не е тој толку опасен”. Луѓето имаат обичај пред некому да му се обратат да воспостават контакт со поглед, а бидејќи овде тоа го нема, стануваат збунети и му се обраќаат на придружникот. Таквото однесување може да се разбере, но, не се оправдува. Со таквата постапка лицето без вид не го третирате како

4

Како при средба со слепото лице Чедомир Шопкиќ

Page 13: Како при средба со слепото лице 2016 r

возрасно лице. Доколку сакате да му се обратите, кажете го неговото име (ако го знаете), допрете го доколку не го познавате или ако, можеби, не забележи дека прашањето му е упатено нему бидејќи се наоѓа во група, кажете на пример: „Господине, дали сакате, кекс, да се напиете чаша… тоа и тоа?” Не заборавајте детаљно да ја наведете евентуалната можност на изборот. Потоа љубезно донесете го посакуваното на дофат на неговите раце и пуштете го самото да земе или дајте му го во рака тоа што го барало. Не држете го пред него, на пример, послужувалникот со чашите, бидејќи го изложувате на ризик, земајќи една чаша, да преврти повеќе други бидејќи не претпоставува дека послужувалникот пред него е полн.

КАКО ДА ГО ВОДИТЕ СЛЕПОТО ЛИЦЕ РАКАТА - ВОДИЛКА

(Слика 1)

5

Лицето ќе ве следи сосема лесно со нормален чекор. При паралелно одење во за творен или отворен простор зас танете покрај слепото лице со спуштени раце. Лицето нека Ва-шата рака ја фати веднаш над лакотот со прстите на внат реш-ната, а со палецот на над во реш-ната страна на раката. При тоа лакотот на Ва шиот помагател треба да биде свит-кан. Во таа положба слепото лице ќе биде половина чекор зад вас, што ќе му овозможи полесно да го следи ритамот на вашето движење. (Слика 1)

Како при средба со слепото лице Чедомир Шопкиќ

Page 14: Како при средба со слепото лице 2016 r

(Слика 2)

Во никој случај Вие не сме-е те да го фатите слепото лице за рака или да го туркате пред себе. Тоа не само што предизвикува не пријатност, ту ку е и опасно за животот. (Слика 2)

Може да Ви се случи да седите со слепо или слабовидно лице во авотбус или во трамвај и да треба да се симнете на иста станица или на улица да сретнете слеп човек кој со напор оди, би-дејќи луѓето се туркаат, на тро то-арот има премногу пречки, а тој не го познава тој дел од градот.

Никогаш не воздржувајте се да ја понудите својата помош, што, секако, не значи дека треба да ја наметнувате. Кажете на пример: „Одам кон железничката станица, дали Вие можеби би сакале да појдете со мене?” Ако се согласи дајте му ја својата рака и заедно тргнете натаму. Немојте да се разочарате ако вашиот учтив предлог не биде прифатен. Има слепи лица кои повеќе сакаат самостојни акции отколку едноставно да ја прифатат помошта. Не сакаме овој пат да дискутираме за тоа дали тие имаат право, но во секој случај имаат право, треба така да постапат. Сепак, вашиот предлог најчесто ќе биде прифатен. За некого да поведете, секогаш самите понудете му ја својата рака. Значи, никогаш не земајте го слепото лице под рака за да го туркате пред себе! Таквото водење е многу тешко и кај слепиот човек создава чувство на несигурност. Ако одите рака под рака, не е потребно да говорите: „А, еве, сега се свртуваме налево (надесно).” Лицето без вид го чувствува тоа движење и автоматски го следи. При помин- увањето низ врата или тесен премин, секогаш вие одите пред слепото лице Со раката со која се држи треба благо да го турнете така тоа да оди сосема или делумно зад водичот.

6

Како при средба со слепото лице Чедомир Шопкиќ

Page 15: Како при средба со слепото лице 2016 r

(Слика 3)

7

ЧЕКОРЕЊЕ ВО РЕДИЦА – ЕДЕН ЗАД ДРУГ

Чекорењето во редица чес-то се користи во продавниците, ор-динациите, рестораните и во соо-бра ќајните метежи. За слепото лице да знае де ка треба да се повлече зад Вас, по мрд-нете ја Вашата рака - водилка до средината на грбот Лицето ве следи со испружена рака чекорејќи зад, наместо покрај вас. Ако има доволно простор за паралелно движење повлечете ја раката во нејзината вообичаена положба од страна и продолжете го движењето. (Слика 3)

РАБНИЦИ Без оглед на тоа што пронаоѓањето на рабникот е едноставно, луѓето често не зна-ат што треба да сторат. Малку застанете пред да зачекорите горе или долу, и ли-цето ќе ја почувствува проме-ната во положбата на раката. Многу современи крстос-ни ци имаат широки и заоблени рабници. Внимавајте лице- то да (Слика 4)

Како при средба со слепото лице Чедомир Шопкиќ

Page 16: Како при средба со слепото лице 2016 r

8

не се најде на коловозот пред Вас (без оглед на правилната положба на раката - водилка) поради изра зи тата заобленост на рабникот. (Слика 4)

ТРОТОАРИ

При качувањето на тротоар или при си- мнување од него, можете само да кажете: „Сега горе!” или „Сега долу”. Ако лицата се меѓусебно блиски, доволен е и договорен знак, на пример стисок на раката или водичот да направи благо движење со својата рака надолу или нагоре. Непотребно е да го запирате слепото лице за да му се покаже работ на тротоарот тропкајќи по него со неговиот бел стап. Во суштина, најдобро е белиот стап да не го допирате!!! Доволно е во почетокот или на крајот на тротоарот или на скалилата да го предупредите дали се качувате или се симнувате, тоа со својот стап ќе го напипа работ на тротоарот или на скалилото и на крајот само благо опоменете го дека нема повеќе скалила и дека пред него е рамен терен.

ПРЕЧКИ

Лицата без вид имаат голем проблем со разни пречки на патеката по која „самостојно” се движат. Наидуваат на ископани канали, дупки, изложена стока и амбалажа на тротоарот. Исто така, многу чести пречки се пар ки-раните возила, отворените шахти, бандери, билборди, не- рамни- ните на тротоарот, масите и столовите пред кафеана, и уште многу очекувани и сите други ситуации. Ваквите пречки, а особено оние променливите, што лицето без вид не може да ги меморира, често се причина за полесни и потешки повреди. Најголем број луѓе со добра волја ќе ги предупредат овие лица на пречките. Притоа мора да знаете дека вашиот погрешен

Како при средба со слепото лице Чедомир Шопкиќ

Page 17: Како при средба со слепото лице 2016 r

9

начин на предупредување за тие лица не претставува ништо. Предупредувањето од типот: „Таму е тоа, тука е ова, десно е тоа и слично на тоа, за тие лица не се од голема помош. Подобро кажете: „На метар пред вас е тоа, на пет метри пред вас е тоа, лево од вас е тоа итн.”. Најдобро е на лицето да му го понудите своето раме или надлактицата со известување дека ќе му помогнете таа пречка да ја заобиколи, и да го преведете преку или покрај таа пречка.

ПРЕМИН ПРЕКУ УЛИЦА

Најтежок проблем воедно и најопасен за лицата без вид е поминувањето преку улица, односно минувањето од едната на другата страна на улицата со семафор или без него, а посебно надвор од пешачкиот премин. Крстосницата со семафор е полесно да се мине, бидејки возилата ќе застанат на црвеното светло на семафорот, дури и ако не го воочат БЕЛИОТ СТАП, додека ми- нувањето на улицата без семафор е поголема опасност бидејки возачот може да не го воочи БЕЛИОТ СТАП. Можеби, и што не е реткост, возачот не знае што претставува тој стап или го заменува со обична палка, или не го почитува предимството на пешакот на пешачкиот премин. Тогаш несреќата е неизбежна, бидејки лицето без вид не може да го воочи и евентуално да го избегне возилото. Златно правило што секогаш важи. Пред нешто да преземете, треба да го прашате слепото лице дали може да му помогнете. На тој начин вие покажувате дека ја уважувате слободата на неговата личност. Освен тоа, тоа правило е и од практична корист, за што сведочи и наредниот пример од реалниот живот. На работ на тротоарот, чекајќи автобус или трамвај, често се случува слепото лице нагло да биде фатено за рака и влечено на спротивната страна на улицата, а дури и да не го чуе гласот на непознатиот „помагател”. Замислете, кога конечно, негодувајќи, ќе

Како при средба со слепото лице Чедомир Шопкиќ

Page 18: Како при средба со слепото лице 2016 r

10

објасни дека не сакало да ја помине улицата туку само дека чекало автобус или трамвај, помагателот понекогаш толку се збунува што слепото лице го остава на сред улица, со извинување или без него. Тогаш проблемот останува на слепото лице како повторно да стаса до тротоарот. Значи, подобро е да прашате: ,,Дали можам да Ви помогнам да ја минете улицата на другата страна?” И кога ќе добиете потврден одговор, понудете му ја својата рака: „Еве, повелете, земете ме под рака над надлактицата, или рамето” и заедно поминете ја улицата. Лицето без вид лесно ќе ве следи. Предупредете го пред да стапнете на тро- тоарот или при симнување од него. Потребно е уште да го предупредите на работ на тротоарот дека на него се симнувате или се качувате, иако тоа ќе го почувствува по вашето движење. По преминувањето на другата страна на улицата упатете го во правецот на натамошното движење, ако од Вас лицето тоа го побара.

СКАЛИ

При доаѓање до скалите секогаш поставете се со лице кон него. Без оглед на тоа дали се искачувате или се симнувате морате да бидете чекор (скалило) пред лицето, така што тоа да не ги бара имагинарните скали. Приближувајќи се кон скалите предупре- дете го на насоката на движење, (горе или долу). Кај скалите, доколку и вие одите на скали или се симнувате по нив, едноставно предупредете: „Вни -мавајте, одиме на скали” или „Сега се симнуваме” и рака под рака симнете се или искачете се по скалите. Можете да го прашате слепото лице дали притоа повеќе сака да се држи за гелендерот. Во тој случај ставете му ја раката на гелендерот или предупредете го: „Гелендерот е десно или лево од вас”. Во секој случај пред- упредете

Како при средба со слепото лице Чедомир Шопкиќ

Page 19: Како при средба со слепото лице 2016 r

11

го кога скалите завршуваат или наиду- ваат нови. Ако немате намера и самите да ги користите скалите, покажете му го гелендерот како што порано е назначено. Никако не е потребно претходно да ги броите скалилата за да му соопштите на слепото или слабовидното лице. Поради итање најчесто може да изброите погрешно.

(Слика 5)

Доколку слепото лице е само, без сомнение ќе го кон с -татира крајот на скалите тро-пкај ќи со својот бел стап. Ако го придружувате, можете да се ослободите од брзо броење на скалилата така што, едноставно, ќе му кажете кога скалите се завршуваат. Ако постои можност за избор меѓу обични и подвижни скали, изборот препуштете му го на слепото лице. Пред користење на под- вижните скали тоа треба многу јасно да го најавите.

При симнување некои слепи лица сакаат да повлечат со ногата по работ на скалилото за да го определат растојанието пред поаѓањето. Симнува- јќи се по скалите Вие сте чекор (скалило) пред лицето. Кога ќе дојдете до крајот, застанете и причекајте и слепото лице да се симне од последната скалило. (Слика 5) При качувањето слепото лице ќе забележи дека Вашата рака се подигнува. Следејќи го Вашето движење секогаш ќе биде едно скалило зад вас. При доаѓањето до завршувањето на скалилото, зачекорете со подолг чекор за слепото лице да почувствува дека продолжувате во истата рамнина. (Слика 6)

Како при средба со слепото лице Чедомир Шопкиќ

Page 20: Како при средба со слепото лице 2016 r

12

(Слика 6)

КАКО ДА ПОМОГНЕТЕ ПРИ ПРОНАОЃАЊЕ НА

СЕДИШТЕТО

Слепото лице никогаш не тур кајте го свртено со грб во се-диш тето. Ако сте во друштво на лицето без вид во соба, во работна просторија, ресторан, театар, кон-церт на сала и во слични простории ќе му помогнете да го пронајде столчето, фотелјата или седиштето доколку постапите на следниов начин:

На пример, одведете го лицето до посакуваниот ред и стра-нич но зачекорете во истиот, со грб свртен кон седиштата. Застанете кога лицето ќе дојде до неговото место. Ставете му ја неговата рака врз наслонот и кажете му на која страна е седиштето. Запомнете, раката-водилка секогаш поставете ја на наслонот на седиштето. Тоа движење на лицето ќе му ја покаже положбата на седиштето. Тоа е сосема доволно лицето без проблем да седне. При излегувањето од редот постапката е иста.

Како при средба со слепото лице Чедомир Шопкиќ

Page 21: Како при средба со слепото лице 2016 r

13

Во средствата за јавен превоз понудете му седиште на лицето без вид, но без инсистирање, лицето само нека реши дали ќе седне. Генерално владее мислењето дека на слепиот човек секогаш и насекаде треба колку што е можно побргу да му се најде место да седне. Во воз, трамвај или автобус, тоа е препорачливо, бидејќи при нагло кочење лицето со инвалидност не е секогаш во состојба веднаш да го пронајде соодветниот држач. Кога станува збор за стари слепи лица тоа се подразбира како што тоа требало да биде и со сите други стари или болни лица. И во тој случај применете го златното правило, покажете му го седиштето, но препуштете му, без натамошно инсистирање, самото да реши за тоа дали ќе седне или не. Дури и тоа покажување понекогаш многу се комплицира, бидејќи се вмешуваат едно, две па и три лица. Слепото лице го свртуваат, повторно го свртуваат, го туркаат, го држат за едната или двете раце и на крајот го посадуваат на седиштето. Тоа, навистина, може да се направи на многу полесен начин. Ставете му ја раката

на слепото или слабовидното лице на наслонот на седи- штето - „Еве го седиштето, а ова е наслонот” И лицето веднаш ќе знае како стои седиштето и без проблеми ќе седне или ставете ја неговата рака на страничниот наслон на фотелјата и објаснете му: „Фотелјата е десно од вас”. Слепото лице тогаш со брзи движења лесно и прецизно ќе се ориентира. Доколку столчето е покрај масата предупредете го лицето без вид на близината и на положбата на масата. (Слика 7)

(Слика 7)

Како при средба со слепото лице Чедомир Шопкиќ

Page 22: Како при средба со слепото лице 2016 r

14

НА МАСА

Ако се најдете во ситуација да сте на иста маса во ресторан, кај пријател или сте угостиле лице без вид мора да водите сметка како ќе му помогнете при послужувањето и самопослужувањето, да не го дове- дете во многу непријатна ситуација за него, Евентуално нешто да турне, скрши, истури по масата и сл. Не помагаат многу зборовите како што се:„Кафето ти е на масата”, „Пред тебе е пепелникот” и сл. Подобро кажете му: „Вашата чаша е десно пред вас”, „Вашиот пепелник е точно пред вас” и сл. Тоа што можеби е најдобро решение е чашата или филџанот да му ги ставите на лицето директно в рака, но не заборавајте да му кажете каде потоа може да ги остави. За време на ручекот, мора да знаете дека лицето без вид не може да се служи со приборот за јадење (нож и виљушка). Затоа месото и сличните јадења треба да му ги исечете на поситни парчиња, така да ги сервирате, а тоа ќе мора да се служи со прсти, па затоа е неопходна и салветка за бришење на рацете. Ако сервирате повеќе видови јадења, тогаш најдобро е да го користите принципот на часовник. Така ќе му кажете на лицето: „Месото ви е на средина на чинијата, компирите на 6, оризот на 12, сирењето на 9, лебот е на 3 во однос на чинијата, чашата на 2, салветката за раце на 8 и сл.”. Не заборавајте дека допирот е замена за видот. Ако сакате да наздравите, во таа пригода не мора да се чукнувате со чашите, туку тоа сторете го со зборови со назначување на името на лицето на кое му наздравувате. Ако и покрај вашиот труд и внимание се случи „инцидент” немојте да бидете премногу „агресивни” во правдање на тоа, не правете „спектакл” туку очистете ја масата како во гости да ви е лице со вид.

Како при средба со слепото лице Чедомир Шопкиќ

Page 23: Како при средба со слепото лице 2016 r

15

ВРАТА

При поминувањето низ вратата задолжително отворајте ја со раката - водилка, бидејќи така слепото лице ќе знае во која насока се отвораат. Притоа треба да внимавате лицето да биде на иста страна каде што е и кваката, за вратата по поминувањето со неговата слободна рака да ја затвори. Предупредете го лицето кога ќе наидете на врата која сама се затвора. (Слика 7)

При користењето на ротациони врати потребно е да процените дали има доволно место за поминување на две лица. Доколку лицето користи бел стап или куче - водич, отворете ја вратата и пуштете ги самостојно да поминат. (Слика 8)

ВО СРЕДСТВАТА ЗА ЈАВЕН ПРЕВОЗ

Да се влезе во средството за јавен превоз и самиот влез во него е сложен проблем за лицето без вид. Доколку на постојката или на автобуската, трамвајската па и на железничката станица има други патници, овие лица ќе им се обратат ним за да им кажат дали превозното средство што наидува е средството што нему му е потрбно. Доволно е на тоа да им одговорите: „Да тоа е автобусот број…” Истото важи и за местото во кое лицето патува. Проблем е ако други патници нема бидејки лицето без вид е упатено исклучиво

Како при средба со слепото лице Чедомир Шопкиќ

Page 24: Како при средба со слепото лице 2016 r

16

на кондуктерот или на возачот на прашањето за линијата да им одговорат што е неретко тешко поради патниците што излегуваат од возилото и краткото задржување на возилото на станицата. Помошта на лицата без вид речиси секогаш им е потребна при влез во возилото, особено ако има многу патници кои најчесто се туркаат за да влезат во возилото и тогаш лицето без вид го поттурнуваат на страна, наместо да му отстапат предност при влезот. Но, помош често укажуваат многубројни луѓе подготвени да помогнат, и тоа толку истрајно, што слепото лице, поточно кажано, повеќе е кревано во возилото отколку што му е дадена можност нормално да влезе. Но, при излегувањето се случува спротивното: лицето со инвалидност толку цврсто го држат и напред и одзади, што одвај може да се симне. Колку и да е тоа добронамерно, непотребно е! Верувајте ни! Слепиот човек што патува е во состојба самиот да ги користи автобусот, трамвајот или возот. Доволно е да го отпратите до вратата на возилото и да му го покажете металниот држач спуштајќи ја неговата рака врз него. Тој има нозе и, значи, самиот може нормално да влезе, а при тоа да не виси како вреќа. При излегувањето е слично, само покажете му го држачот за раката и пуштете го самостојно да излезе. Ако заедно влегувате или излегувате, придружникот во секој случај треба да оди пред него, да му го покаже металниот држач или, евентуално, да испружи рака. Не е потребно повеќе лица да му помагаат при влез влечејќи го или туркајки го со притиснување на грбот. Доволно е да му се овозможи без туркање лицето да влезе само, со предупредување колку скалила има, секако ако не станува збор за нископоден автобус или некое друго возило. Во превозното средство доволно е раката на лицето да му ја ставите на наслонот на седиштето или на држачот, а тоа самото ќе го најде седиштето. Помош при излезот од возилото е да му одговорите на пра-ша њето за наредната станица, да му помогнете да го најде држачот ставајки му ја неговата рака врз него, а тоа самото ќе излезе од возилото.

Како при средба со слепото лице Чедомир Шопкиќ

Page 25: Како при средба со слепото лице 2016 r

(Слика 9)

17

Секако следува вашето предупредување колку последното скалило или подот на возилото се подигнати од тлото. Ако се користи патничко возило или такси, доволно е на лицето без вид да му ја ставите неговата рака врз кровот на возилото или врз горниот раб на отворената врата на возилото. Тој тогаш со другата рака ќе ја опипа висината на работ на вратата и положбата на седиштето. Повеќе не ќе морате да му помагате при влегувањето, бидејќи тоа самото ќе го најде седиштето. Вториот начин е слепото лице да го доведете до автомобилот и да му ја ставите раката на кваката од затворената врата, кај некои слепи во тој момент сте завршиле со помагањето околу влегувањето во автомобилот.

НАПОМЕНА: Нема точно правило како да се влегува и излегува од автобусот, трамвајот или возот бидејќи тоа го одредува нивниот модел.

Општите упатства што треба да ги знаете се:

• При влегување и излегување од средствата на јавниот превоз, задолжително користете ја првата врата (кај возачот).• Пријдете му на влезот во сообраќајното средство така што слепото

Како при средба со слепото лице Чедомир Шопкиќ

Page 26: Како при средба со слепото лице 2016 r

18

лице со слободната рака да може да го пронајде држачот.• Чекорете еден зад друг по скалите и низ преминот меѓу седиштата.• Кога ќе дојдете до празни седишта Вие први зачекорете и дозволете лицето да ве следи. Можете истовремено да седнете.• При излегувањето исто така треба еден зад друг да чекорите. (Слика 9)

КУЧЕ - ВОДИЧ

Еден од начините на движење што на слепото лице му овозможува максимална самостојност и независност од другите, е помошта на кучето - водич. (Слика 10) Бидејќи кучето-водич е научено да ги заоби- колува пречките, да ги бара и да ги маркира рабниците, скалите или пешачките пре-ми ни, да ги пронаѓа автобуските или трамвајските станици, на не-го виот корисник движењето му е многу сигурно и лесно. Но, има ситуации кога корисникот на кучето - водич ќе се најде во непознат простор и не може да ги пронајде ориентирите. Во такви ситуации не може да му зададе правилни наредби на неговото куче, за да го од- веде до целта. Во таков случај е потребно

Како при средба со слепото лице Чедомир Шопкиќ

Page 27: Како при средба со слепото лице 2016 r

19

на слепото лице да му ја објасните насоката на движење и да одго- ворите детаљно на неговите прашања. Ве молиме никогаш да не му пречите на кучето - водич додека работи. Со Вашата искажана љубезност му го одвлекувате вниманието на кучето од задачата што во тој момент треба да ја изврши за корисникот. Тоа понекогаш може да биде опасно и за живот на слепото лице. Доколку процените дека кучето во тој момент мирува и сакате да го погалите, морате да го прашате корисникот за и тој да знае за Вашата намера.

ЃАВОЛЧЕ КОЕ ПРЕЧИ

Секое информирање за слепите луѓе и нивното залагање за самостојност некој пат е причина поединци да се двоумат, токму поради уважување на таа самостојност, да ја дадат својата помош дури и кога ќе забележат слепо лице на улица, на железничката стан- ица или на некое друго место колку тешко го пронаоѓа патот. Тие тогаш како некои „анѓели чувари” во чекор ги следат. Целта им е на тој начин на време да не овозможат евентуално судрување со некоја пречка. Во многу случаи, а особено кога се движи сигурно, сите сетила на слепото лице се исклучително напнати. На тој начин тоа го компензира недостатокот на видот. Никого нема да го зачуди ако кажеме дека во таквите случии главна улога игра сетилото за слух. Тоа, значи, многу бргу, ќе открие дека добило „анѓел чувар”. Наместо тоа да му помогне или да го смири, тоа го одвлекува неговото внимание од другите работи. Ако тоа уште & потрае, може ужасно да ги вознемири нервите на слепото лице. Како што веќе е кажано: никогаш не воздржувајте се на луѓето да им ја понудите својата помош, но не играјте „анѓел чувар”. Наспроти вашата добра намера, би станале пред с# некој вид „ѓаволче кое пречи” од кого со задоволство што побргу би се ослободиле.

Како при средба со слепото лице Чедомир Шопкиќ

Page 28: Како при средба со слепото лице 2016 r

20

КАДЕ Е – ТУКА Е

Никогаш немојте да кажете: „Тука е столчето.” „Нешто подалеку е масата” или „Еве, тука пред вас вело си-пе дот го препречил патот”, додека притоа со прст покажувате во одредена насока. Сите тие известувања за насоката, засновани врз покажу-вањето со очите, рацете или поинаку, на слепото лице не му значат ништо. Подобро кажано: „Токму пред Вас е столчето”, „Еден метар зад Вас се наоѓа столчето” или „Десет метри напред, од лева страна, велосипедот е потпрен на ѕидот”.

При служење на масата можете да кажете: „Вашата чаша се наоѓа лево пред Вас” или „Пепелникот е покрај Вашата десна рака”. Можете и да тропнете по некој предмет, за да може слепото лице да го локализира по звукот. Ако чашата, пепелникот или слични предмети му ставате директно в рака, не заборавајте да додадете каде потоа може да ги стави: ,,Од лева страна покрај вашиот стол, се наоѓа висока маса”.

Како при средба со слепото лице Чедомир Шопкиќ

Page 29: Како при средба со слепото лице 2016 r

21

Како да се најдат работите?

За време на одржување седници, собири, во воз, ресторан или кафетерија, луѓето се многу често пресретливи и со задоволство го прифаќаат вашиот капут и шапка, багажот и слично: ,,Да ви помогнам, молам?” И вашите: капут, шапка, куферот се некаде таму. Во тој случај не е едноставно повторно да ги најдете, пред сé поради тоа што сопственикот не ја знае бојата на работите. Вашите вербални предупредувања нема многу да му помогнат, па најдобро е тоа лице да го доведете до местото и да го пуштите самото да ги остави своите работи, бидејќи така полесно повторно ќе ги пронајде и ќе ги земе. Ако во тоа му помагате, бидете љубезни и кажете јасно: „Вашиот капут виси на првата кука покрај вратата” или “Вашиот куфер се наоѓа во рафтот пред вас.”

НЕМА ТАБУ ЗБОРОВИ

Во присуство на слепите лица многу луѓе се воздржуваат да ги користат зборовите „видете” „набљу- дувајте” или „слеп”. Тогаш велат: ,,И мојот чичко е... хм, хм...” или „Мојата баба го има истото тоа”. Ако, сепак, и против својата волја го употребат својот збор „видете”, или некој сличен, ја губат самоконтролата. Почнуваат да пелтечат или во недоглед молат за извинување: ,,Oх, простете! Ве молам да не ми замерувате. Не мислев на тоа” итн. Од друга страна, слепите луѓе често се шегуваат на сметка на својата инвалидност. Тие го користат и го прифаќаат зборот „слеп” исто како и секој друг збор. И тие самите велат „видете” и употребуваат слични зборови со кои го изразуваат својот специфичен начин на „гледање”: допирање, пипкање, перцепција итн - „Ја читав таа книга” (на Брајово писмо или во звучна техника), „Видов прекрасна скулптура” (ја допирав, ја опипав), ,,Да, ја гледав

Како при средба со слепото лице Чедомир Шопкиќ

Page 30: Како при средба со слепото лице 2016 r

22

таа претстава” (Чув). Значи, не плашете се да му кажете на визуелно -хендикепираното лице: „Би сакале ли да го видите овој модел?” ставајќи му ја раката на одреден предмет, шише, предмет за облекување или што било друго. Слободно користете ги зборовите „слеп” или „слепило” кога тие ќе се појават во конверзација. Секако, сосема е непристојно да кажете нешто вакво: Дали сте слеп? Целосно слеп? Значи, ништо не гледате? О, колку е тоа ужасно! Дали од раѓање сте такви? Поради болест? Можеби поради некоја несреќа?”. Никако не заборавајте дека слепите луѓе не се и глуви. Затоа немојте ни со шепотење да ги изговарате забелешките како: „Тоа е најстрашната работа на све- тот” и слично. Можете во себе така да размислувате, но слепите мислат за тоа сосема поинаку.

ПОГОДИ КОЈ СУМ

На улица, во воз или на состанок... некој запи- ра слепо лице или го тапка по рамето: „Добар ден, господине! Како сте?” или уште полошо: „Кажете ми кој сум јас?” Слепите, навистина, често имаат увежбана меморија кога станува збор за гласовите. Но во моментот кога мораат да го насочат вниманието на многу други забележувања, препознавањето на гласот врз основа на три или четири збора е премногу да барате од нив. Освен тоа, тоа н# потсетува на познатата детска игра: „А сега покажи кој е мама?”. Ако не сте близок роднина или многу добар познајник чиј глас слепото лице веднаш ќе го препознае, при обраќањето само кажете го своето име: „Добро утро, господине. Јас сум...” Ако последен пат сте се сретнале пред подолго време, доволно е само да го кажете своето име за да ве препознае слепото лице (лицето, инаку, побргу се препознава од името) и додајте кратко објаснување: „Се

Како при средба со слепото лице Чедомир Шопкиќ

Page 31: Како при средба со слепото лице 2016 r

сеќавате: се сретнавме таму и тогаш”. Незамисливо е во минување или оддалеку да го поздравувате слепото лице со климнување на глава или со мавнување со рака, што често го правиме со другите познајници. Тие, сепак, со задволство учествуваат и во тој облик на општествениот живот. Климнувањето на глава и мавнување со рака тогаш заменете го со говор: „Добро вечер, господине. Ја сум полицаец од овој кварт”, за слепото лице да знае дека поздравот му е упатен нему и кој го поздравува.

ПРИ ЗАМИНУВАЊЕ И ДОАЃАЊЕ

Можеби и вам некогаш ви се случило да сте му говореле некому во момент кога веќе не е тука. Веројатно тогаш сте се насмеале на своја сметка, бидејќи сте виделе дека сте сами. Кај слепите работата е поинаква. Во случај на бучава, во соба со теписи и музика, во преполнет ресторан, во толпа луѓе итн. често не е лесно да се утврди дали соговорникот с# уште е присутен. Неретко се случува некое слепо лице да му говори на празниот стол или во воздух. Тој тоа на крај, секако, ќе го открие, но сознанието не е пријатно. Значи, при заминување секогаш известете го за тоа, а при евенту- алното враќање направете го истото. Ако тоа не го направите, може да се случи вие веќе одамна да сте се вратиле, а лицето без вид и натаму да верува дека с# уште сте отсутни. На крај, обрнете внимание на слепите лица да им одговарате со зборови:

Како при средба со слепото лице Чедомир Шопкиќ

23

Page 32: Како при средба со слепото лице 2016 r

климнувањето со глава и насмевнувањето, колку и да сте љубезни, ним ништо не им значат.

ДАЛИ ДА ОПИШУВАТЕ И КАКО

Многу луѓе мислат дека при контакт со слепо лице мораат непрестано да зборуваат, верувајќи дека „тој не може поинаку да знае дали сте с# уште присутни”. Колку и да е тоа добронамерно, може многу да го иритира слепото лице. Како и во секој друг разговор, ако дојде до пауза, не плашете се. Слепиот човек смета и на тоа дека нема да го оставите а претходно да не го известите за тоа. Кога станува збор за недостатокот на видот, можете да бидете сигурни дека слепите луѓе, благодарение на другите свои сетила, често забележуваат многу повеќе од тоа во својата околина отколкушто најчесто се претпоставува. Врз основа на нивните прашања набргу ќе установите дали им годи вашиот детален или површен опис на околината, некои лица или работи. Сепак, не наметнувајте премногу објаснувања. Корисно е самоиницијативно да ги споменете обичните или необичните работи, како на пример: „Подвижните скалила денес не функционираат”, дури иако тие во моментот не му се потребни. Или: ,,Во оваа зграда на аголот наскоро ќе биде отворен нов бутик”. Тие информации можеби ќе му бидат подоцна од корист. Доколку му помагате на слепото лице да оди во бутик или во некоја друга продавница, одведете го до некој од вработените продавачи кои ќе можат понатаму да му помогнат. Ако имате повеќе време, можете да го одведете директно до соодветен штанд. Ако купувачот без вид точно знае што треба да купи, треба тоа непосредно да му го продадете. Но, доколку тој сака претходно да се запознае со асортиманот, дајте му во рака, ако е можно, повеќе различни примероци од бараниот артикал или дозволете му самиот да ги опипа. На тој начин ќе може тој добро да ги оцени обликот, големината и квалитетот на тоа што го купува. Кажете му нешто и

Како при средба со слепото лице Чедомир Шопкиќ

24

Page 33: Како при средба со слепото лице 2016 r

за бојата, дезенот итн. Не воздржувајте се да му кажете на пример: „Ако дозволувате да забележам, оваа боја не ви стои добро”. Доколку при плаќањето лицето без вид не ја споменува вредноста на банкнотите со кои плаќа, се препорачува вие тоа самите да го направите: „Дајте ми 500 денари”. Често слепото лице тоа точно го знае, но човек и греши, а вие така ги избегнувате можните недоразбирања. Исто така е препорачливо при плаќа- њето или менувањето пари да му ги ставите ситните пари во раката на лицето без вид, ако тоа веќе продавачот не го сторил. Така не ќе мора самото да ги бара и да ги собира, бидејќи кога станува збор за ситни метални пари - тоа бара напор и време.

ТОАЛЕТ

Да, и визуелно - хендикепираните подлежат на законите на природата, и може да се случи нивното барање помош во такви случаи можеби малку да ве збуни. Зошто? Земете го предвид тоа колку е тешко да зависите од таквата помош. Ако сте од ист пол и ако се наоѓате во јавна установа, можете заедно да влезете во тоалетот или да побарате помош од персоналот. Ако постои и писоар и клозет, предупредете го слепото лице на можноста за избор. Ако е избран писоарот, информирајте го слепото лице за видот. Пред да го користи тоалетот, на брзина погледнете дали се одржува хигиената и покажете му што што би можело да му биде потребно и што би требало да знае (хартија, начин на пуштање вода). Ако имате време да причекате надвор, покажете му го и лавабото, сапунот, крпата за бришење или апаратот за сушење раце. Ако има потреба, не воздржувајте се да му кажете: „Крпата за бришење е многу нечиста, можеби е подобро да го земете своето марамче”. Во секој случај, следете ја тактиката каква што би сакале другите да ја применуваат кон вас. Затворете ја вратата на таолетот или оддалечете се неколку метри од писоарот. За жал, луѓето не се

Како при средба со слепото лице Чедомир Шопкиќ

25

Page 34: Како при средба со слепото лице 2016 r

однесуваат секогаш така како што се подразбира. Ако лицето без вид е од спротивниот пол, замолете го за помош персоналот или друг корисник. Ако нема никој во близина, без комплицирање постапете токму онака како што веќе е назначено.

ЧИТАЊЕ

Иако се усовршуваат различни видови уреди за читање, веројатно треба да помине уште многу време пред тие да станат достапни, практични и, што е важно, со пристапни цени. Дотогаш, лицето без вид во многубројни случаи не ќе може без читач. Печатената книга на Брајово писмо или снимена во аудио формат, колку и да е распространето, само делумно го решава проб-ле мот. Најизразено таа зависност се чувствува при потребата да бараат од други на глас да им ја читаат приватната пошта или кога станува збор за документација што се однесува на парите. Поради тоа при читањето на таквите работи со право се очекува тактичност и максимална дискреција. Таквите документи на глас читајте ги полека и буквално. Се-ко гаш претходно проверете дали можеби на пликото постои некоја напомена на испраќачот. Знак за тоа би можел за слепото лице да биде решавачки фактор да замоли некој друг да му ја прочита содржината. Значи, без изрично одобрување, никако не отворајте го ковертот. Ако пратката сепак се однесува на финансии, без видлив знак за тоа на ковертот, кажете му го тоа пред да почнете да го читате. Никако не читајте го писмото во себе за потоа лаконски да го известите: „Господинот што пишува за… “ и л и „Тоа е само реклама”, а дури и да не му кажете за што станува збор во рекламата. Воздржете се од коментар или забелешки што би се однесувале на содржината или на испраќачот, доколку тоа од вас не се бара. Имајте, пред сé, на ум дека вие само читате наместо вам блиското слепо или слабовидно лице.

Како при средба со слепото лице Чедомир Шопкиќ

26

Page 35: Како при средба со слепото лице 2016 r

Во текот на читање весници, списанија итн., она што го сме-таме за важно, интересно или забавно не мора да има исто значење и за слепиот човек. Затоа, едноставно прочитајте ги сите наслови. Вашиот слушател ќе ве извести што би сакал да слуша. Немојте постојано да го прекинувате читањето со извици или коментари. Тоа дејствува многу збунувачки.

РЕД И ТОЧНОСТ

Тоа се два збора што не се многу популарни, но за лицата без вид се од голема важност. Ако сакате и во најмала мера да постигне самостојност слепото лице, мора да се држите до едно од основните правила: секоја работа мора да има свое утврдено место и таа работа треба навистина тука и да се најде. Затоа враќајте с# на исто место од каде што и сте го земале. Посебно за слепите лица што живеат сами, патуваат или работат сами, тоа е од најголемо значење. Обрнете внимание и на вратата, не само на собите, туку и на ормарите: домашната или собната врата треба да бидат или сосема отворени или сосема затворени. Вратите на ормарот треба секогаш да бидат затворени. Освен тоа не оставајте ги кантите, корпите со алишта, метлите, бришачите итн. без ред да стојат расфрлани на места на кои редовно поминуваат слепи лица. Исто така, при дружењата, посетите итн, точноста е многу важна. Минутите стануваат часови ако треба да се чека без вид и движење. Тоа без никаква потреба го вознемирува слепиот човек.

ОВА НЕ Е СЕ’

Веќе стасавте до крајот на овие едноставни упатстава и сугестии, и колку да се некомплетни тие. Ако во иднина, при слу-чајна средба со некој од „светот на слепите”, бидете помалку збунети или се чувствувате по малку несигурни, тогаш ова упатство ја

Како при средба со слепото лице Чедомир Шопкиќ

27

Page 36: Како при средба со слепото лице 2016 r

постигнало својата цел. Во стварноста „светот на слепите” никаде не постои. Тие живеат во нашиот свет. Сиве овие упатства можете да ги примените и во кому ни ка-цијата со слепите деца. Секако, таа средба ќе ви биде попријатна, ако ги користите Вашите чувства и Вашите сознанија за децата воопшто. Се надеваме дека овие вештини ќе ви користат. Можеби ќе ги усовршите оние што најмногу ќе Ви одговараат според специфичните околности, а може- би овој прирачник го потврди само она што веќе го знаете. Можеби само уште ова. Одвреме навреме ќе чуете: „Еднаш се обидов да му помогнам на едно слепо лице и тоа едноставно ме откачи! Значи, никогаш повеќе”. За жал, нешто такво навистина може да се случи. Лицата без вид се луѓе, како и сите други, со свои доблести и мани. Зар никогаш лицата без инвалидност на кои учтиво сте се обратиле не се однесувале нетактично и дрско? Исто така, на многубројни лица без инвалидност никако не им годи кога се обидуваат на нешто да се сконцентираат, а вие тоа упорно го расипувате! Благодарноста со која мнозинството слепи и слаболвидни лица ќе ја ценат Вашата соодветна помош лесно ќе ги надмине тие несреќни исклучоци. Суштината не е видлива со очи, мора да се стремите со срцето.Ви пожелуваме пријатни средби и сигурно движење. И на крајот Ви, се заблагодаруваме за стрпливоста и раз-бирањето на специфичните потреби на слепите лица.

Како при средба со слепото лице Чедомир Шопкиќ

28

Page 37: Како при средба со слепото лице 2016 r

СОДРЖИНА

1. Вовед 5 2. Средба со слепото лице 10 3. Пристап на слепото лице - Обраќање 11 4. Слепите луѓе не се опасни 13 5. Како да го водите слепото лице Раката - водилка 15 6. Како тоа да го направите? 15 7. Чекорење во редица – еден зад друг 19 8. Рабници 20 9. Тротоари 2110. Пречки 2211. Премин преку улица 23 12. Скали 2513. Како да помогнете при пронаоѓање на седиштето 28 14. На маса 3115. Врата 3316. Во средствата за јавен превоз 34 17. Куче-водич 38 18. Ѓаволче кое пречи 4019. Каде е – тука е 4120. Како да се најдат работите? 4221. Нема табу зборови 4322. Погоди кој сум 4523. При заминување и доаѓање 4624. Дали да опишувате и како 4725. Тоалет 4926. Читање 5027. Ред и точност 5228. Ова не е сé 53

Како при средба со слепото лице Чедомир Шопкиќ

29

Page 38: Како при средба со слепото лице 2016 r

30

Page 39: Како при средба со слепото лице 2016 r
Page 40: Како при средба со слепото лице 2016 r