4
- 1 - Нов проект на МИМ преку инструментот ЕИДХР на ЕУ - Човековите права во фокусот на соработката меѓу медиумите и граѓанскиот сектор СТРАНИЦА 1 МИМ и ЗНМ во консултации со медиумската заедница за формирање повеќепартитен Совет за етика СТРАНИЦА 2 Менаџерите и сопствениците на конференција за предизвиците и перспективите на медиумскиот пазар СТРАНИЦА 2 СодРжИНА: Информатор Нов проект на МИМ преку инструментот ЕИдХР на ЕУ ЧоВЕКоВИТЕ ПРАВА Во ФоКУСоТ НА СоРАБоТКАТА МЕЃУ МЕдИУМИТЕ И ГРАЃАНСКИоТ СЕКТоР В о декември 2012, МИМ официјално го потпиша договорот за започнување на активностите на проектот „Зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации и медиумите за унапредување на човековите права и слободата на изразување“, којшто е финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР). Проектот ќе се реализира во соработка со Центарот за независно новинарство од Букурешт, Романија во текот на 2013 година. Целта на проектот е да го зајакне влијанието на граѓанскиот сектор преку отстапување поголем простор за нивните активности во медиумите, но и да ги поттикне медиумите да ја промовираат слободата на изразување преку професионално известување за човековите права. Преку активностите, медиумите и граѓанските организации коишто работат во областа на човековите права, ќе имаат можност поблиску да соработуваат и да изградат ефикасни релации за промоција на човековите права и на слободата на изразувањето. На граѓанските организации и медиумите ќе им се понуди можност да бидат дел од повеќе активности, вклучувајќи истражување за ставовите и проблемите во меѓусебната комуникација, учество во неколку интерактивни настани, како и заедничка изработка на Бела книга за приоритетите, потребите и формите на ефикасна соработка за промоција на човековите права. На оваа тема ќе се создаваат образовни и информативни ресурси и содржини, а ќе се поддржат и професионални новинарски истражувања за човековите права. МИМ веќе објави повик до граѓанските организации, заинтересирани да се вклучат во проектот. Година ХII, број 36 септември – декември 2012 содрЖина Форум на уредници – Кои се денешните предизвици во редакцијата? → Веб платформата “АКТИВ“ пред публиката Медиумите во посета на средношколците - филмаџии од Арсени Јовков → Спроведени обуки за планирање ефикасни интерактивни јавни презентации во 4 општини → Уредници и претставници на медиумските институции на студиска посета во Словенија → Регионалниот портал “Точак“ промовиран во Скопје → Конкурси за новинари: • Новинарска наградата “Жан Моне“ → • Европска награда за новинарство за 2012 → • Стипендиска програма за демократија “Реган - Фасел“ →

МИМ Информатор бр.36

  • Upload
    mim-mim

  • View
    247

  • Download
    10

Embed Size (px)

DESCRIPTION

МИМ Информатор бр.36

Citation preview

Page 1: МИМ Информатор бр.36

- 1 -

Нов проект на МИМ преку инструментот ЕИДХР на ЕУ - Човековите права во фокусот на соработката меѓу медиумите и граѓанскиот сектор

СТРАНИЦА 1

МИМ и ЗНМ во консултации со медиумската заедница за формирање повеќепартитен Совет за етика

СТРАНИЦА 2

Менаџерите и сопствениците на конференција за предизвиците и перспективите на медиумскиот пазар

СТРАНИЦА 2

Со

дРж

ИН

А:

ИнформаторНов проект на МИМ преку инструментот ЕИдХР на ЕУ

ЧоВЕКоВИТЕ ПРАВА Во ФоКУСоТ НА СоРАБоТКАТА МЕЃУ МЕдИУМИТЕ И ГРАЃАНСКИоТ СЕКТоРВо декември 2012, МИМ официјално го потпиша договорот за започнување на

активностите на проектот „Зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации и медиумите за унапредување на човековите права и слободата на изразување“, којшто е финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР). Проектот ќе се реализира во соработка со Центарот за независно новинарство од Букурешт, Романија во текот на 2013 година. Целта на проектот е да го зајакне влијанието на граѓанскиот сектор преку отстапување поголем простор за нивните активности во медиумите, но и да ги поттикне медиумите да ја промовираат слободата на изразување преку професионално известување за човековите права.

Преку активностите, медиумите и граѓанските организации коишто работат во областа на човековите права, ќе имаат можност поблиску да соработуваат и да изградат ефикасни релации за промоција на човековите права и на слободата на изразувањето. На граѓанските организации и медиумите ќе им се понуди можност да бидат дел од повеќе активности, вклучувајќи истражување за ставовите и проблемите во меѓусебната комуникација, учество во неколку интерактивни настани, како и заедничка изработка на Бела книга за приоритетите, потребите и формите на ефикасна соработка за промоција на човековите права. На оваа тема ќе се создаваат образовни и информативни ресурси и содржини, а ќе се поддржат и професионални новинарски истражувања за човековите права.

МИМ веќе објави повик до граѓанските организации, заинтересирани да се вклучат во проектот.

Година ХII, број 36септември – декември 2012

содрЖинаФорум на уредници – Кои се денешните предизвици во редакцијата? →

Веб платформата “АКТИВ“ пред публиката →

Медиумите во посета на средношколците - филмаџии од Арсени Јовков →

Спроведени обуки за планирање ефикасни интерактивни јавни презентации во 4 општини →

Уредници и претставници на медиумските институции на студиска посета во Словенија →

Регионалниот портал “Точак“ промовиран во Скопје →

Конкурси за новинари:

• Новинарска наградата “Жан Моне“ →

• Европска награда за новинарство за 2012 →

• Стипендиска програма за демократија “Реган - Фасел“ →

Page 2: МИМ Информатор бр.36

- 2 -

Иницијатива на ЗНМ и МИМ за поддршка на саморегулацијата КоНСУЛТАЦИИ Со МЕдИУМСКАТА ЗАЕдНИЦА ЗА СоЗдАВАЊЕ СоВЕТ НА ЕТИКА

Медиумската саморегулација и основањето Совет за етика во

медиумите се теми на повеќе тркалезни маси и консултативни средби со уредници и сопственици на медиуми, од кои дел веќе се одржаа во неколку градови низ Македонија. Средбите се одвиваат во рамки на проектот „Поддршка на процесот за основање Совет на етика во медиумите во Македонија“, што ќе го спроведуваат ЗНМ и МИМ до крајот на март 2013.

Преку овој проект ќе бидат изработени и внатрешни процедури за работа на Советот, ќе се спроведе мониторинг на информативните програми на 10 медиуми, а ќе се разгледаат и искуствата

од саморегулативните механизми во регионот.

Целта на овој зафат е да се подигне свеста во медиумската заедни-ца за важноста на саморегулацијата и да се создадат услови за создавање Совет на етика, во кој ќе членуваат новинарите и уредниците, сопствениците на медиумите и јавноста. Ова тело треба да се грижи за почитување на професионалните стандарди во медиумите и за заштита на јавноста од можни

злоупотреби од страна на новинарите.

Проектот е поддржан од Британската амбасада во Скопје. Повеќе

Конференција „Предизвиците и перспективите на медиумскиот пазар во Македонија“

По доЛГо ВРЕМЕ, СоПСТВЕНИЦИТЕ И МЕНАЏЕРИТЕ дЕБАТИРАА ЗА МЕдИУМСКИоТ БИЗНИСЧетириесетина менаџери и сопственици на поголем дел од водечките национални

и локални електронски и печатени медиуми во земјава, за првпат по долго време, седнаа на заедничка маса да разговараат за состојбите во медиумскиот бизнис. На конференцијата “Пазарот на медиуми во Македонија - трендови и перспективи”, што ја организираше МИМ на 6 декември 2012, се дискутираше за предизвиците и развојните стратегии, како и за создавањето услови за поуспешен развој на пазарот на медиуми во Македонија.

На средбата, искуство и размислувања во регионален и глобален контекст понудија сопственици и менаџери од успешни медиумски бизниси од регионот - Матија Бабиќ, сопственик на популарниот хрватски портал Индекс, и менаџерите Иван Ловречек од РТЛ Хрватска и Томаж Дрозг од Адрија групацијата од Словенија. Во дискусијата активно учествуваа и претставници на СРД, новинарскиот синдикат и медиумски експерти. Повеќе

Нов интернет простор посветен на граѓанскиот активизамВЕБ ПЛАТФоРМАТА “АКТИВ“ ПРЕд ПУБЛИКАТА

Во септември 2012г, МИМ ја промовираше он-лајн платформата

- “АКТИВ“ (www.aktiv.org.mk), посветена на граѓанскиот активизам од областа на човековите и малцинските права. Повеќе

Претходно, во јули и септември, тимот на АКТИВ одржа две обуки посветени на користењето на он-лајн платформите за граѓански активизам, на кои учествуваа 14 претставници на граѓански организации и активисти - индивидуалци кои дејствуваат во оваа област. За време на овие работилници, учесниците изработија мултимедијални стории, во кои се третираат проблеми на ранливи категории на граѓани. Овие стории, а и многу други содржини поврзани со активизмот и човековите права, можат да се најдат на веб платформата aktiv.org.mk. Повеќе

Page 3: МИМ Информатор бр.36

- 3 -

Форум за зајакнување на капацитетите и унапредување на позицијата на уредниците во медиумите во Македонија

УРЕдНИЦИTE дИСКУТИРАА ЗА дЕНЕШНИТЕ ПРЕдИЗВИЦИ Во РЕдАКЦИЈАТА

Проект НА УСАИд за меѓуетничка интеграција во образованиетоМЕдИУМИТЕ ИЗВЕСТИЈА ЗА УСПЕШНАТА ЗАЕдНИЧКА ПРИКАЗНА НА УЧЕНИЦИТЕ - ФИЛМАЏИИ од „АРСЕНИ ЈоВКоВ“На почетокот на декември 2012, МИМ организираше

студиска посета во средното училиште Арсени Јовков за новинари од неколку национални медиуми. Целта на посетата беше јавноста да се запознае со успешната приказна за соработката на средношколците од различни етнички заедници во ова училиште, кои преку креативните работилници организирани во склоп на проектот на УСАИД, произведоа неколку куси филмови, низ кои раскажуваат приказни кои ја промовираат еднаквоста, инклузивноста и соработката помеѓу различните.

Неколку медиуми, меѓу кои и ТВ Канал 5, ТВ Алфа, редакциите на Радио Слободна Европа на македонски и албански јазик, весникот Нова Македонија, и ромската редакција при МТВ, учествуваа на студиската посета и известија за успехот на учениците. Повеќе

Проект на УСАИд за меѓуетничка интеграција во образованиетодИРЕКТоРИ, НАСТАВНИЦИ, РодИТЕЛИ И оПШТИНАРИ УЧЕА ВЕШТИНИ НА ПРЕЗЕНТИРАЊЕ ЗА ПодоБРА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈАВо текот на ноември, МИМ одржа 4 обуки за планирање

ефикасни интерактивни јавни презентации во контекст на меѓуетничка интеграција во образованието. На обуките во Битола, Тетово, Струмица и Општина Бутел учествуваа претставници од општините, Бирото за развој на образованието, училиштата, како и претставници на советите на родители. Работилниците се состоеја од предавања и практични вежби за планирање кратки изјави за специфична целна публика, структурирање ефикасни презентации, како и за начините на препознавање и избегнување на стереотипите, предрасудите и говорот на омраза.

Обуките се дел од активностите кои МИМ ги спроведува во рамки на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

На дводневниот форум, што се одржа на 16 и 17 октомври 2012, педесетина уредници од национални и локални

медиуми во земјава дебатираа за повеќе теми поврзани со одговорностите, надлежностите и улогата на уредниците во редакцијата во контекст на модерното општествено, политичко и економско опкружување.

Во повеќе интерактивни сесии кои ги модерираа и на кои презентираа истакнати и искусни уредници и новинари, се дискутираше за прашањата дали постои независно новинарство, кои знаења и вештини треба да ги поседува “совршениот” уредник, како да се менаџираат вестите на креативен и ефикасен начин, како да се користат предностите на дигиталните уреди и платформи и социјалните медиуми. Повеќе

Page 4: МИМ Информатор бр.36

Телефон: 30 90 144, Факс: 30 90 104

Адреса: Јуриј Гагрин 17-1/1

1000 Скопје, Македонија

УРЕдНИЦИТЕ И ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА МЕдИУМСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ Со КоРИСНИ ИСКУСТВА од СТУдИСКАТА ПоСЕТА Во СЛоВЕНИЈА

Главни уредници од повеќе влијателни медиуми од земјава, како и претставници на институции од медиумската сфера, беа на дводневна студиска посета во

Словенија. Ова студиско патување, што го организираше МИМ на почетокот на ноември 2012, им овозможи на учесниците да се запознаат непосредно со медиумскиот амбиент во Словенија и да разменат искуства со своите колеги од влијателните медиумски куќи и институции со надлежности во медиумската област. Повеќе

Регионален проект “Роми во јавноста“ПРоМоЦИЈАТА НА РЕГИоНАЛНИоТ ПоРТАЛ “ТоЧАК“ Во СКоПЈЕ

Македонскиот институт за медиуми, заедно со партнерските организации од регионалниот проект „Роми во јавноста“,

на промоцијата што се одржа на 26 септември во Скопје, пред пошироката јавност во регионот го претстави регионалниот портал “Точак“ (www.tocak.org) - информативен медиум посветен на известување за важни теми за Ромите на Балканот.

Промоцијата донесе многу интересни моменти, но пред сè одлична забава инспирирана од водителот Рамуш Муарем-Цирко и регионалните музички ѕвезди Шутка Рома Рап. Целиот настан за публиката во Македонија, Србија и Босна и Херцеговина беше пренесуван во живо преку „Точак“ и повеќе веб-платформи. Повеќе