40
Студентско списание Година 1/Број 4 Март 2011 Тираж: 2.000 примероци Земи залет! Можности, Култура, Музика, Технологија, Алтернативи, Погледи... Студентски водич низ измените во Законот за високо образование Форум - Закон, слобода, автономија Осознавање на студентската автономија Енергијата на Википедија лежи во студентите

Студентско Списание Излез број 4

  • Upload
    izlez

  • View
    254

  • Download
    12

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Четвртиот број на Студентското Списание Излез.

Citation preview

Page 1: Студентско Списание Излез број 4

1

Излез | март 2011

1

Излез | март 2011

Студентско списание Година 1/Број 4 Март 2011 Тираж: 2.000 примероци

Земи залет!

Можности, Култура, Музика, Технологија, Алтернативи, Погледи...

Студентски водич низ измените во Законот за високо образование

Форум - Закон, слобода, автономија

Осознавање на студентската автономија

Енергијата на Википедија лежи во студентите

Page 2: Студентско Списание Излез број 4

2

Излез | март 2011

Овој проект е делумно подржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата, и заклучоците, или препораките изнесени овде се на авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Стејт Департментот на САД.

WWW.

IZLEZ.MKвашиот нов медиум

Page 3: Студентско Списание Излез број 4

3

Излез | март 2011

Содржина04

05

06

08

10

11

12

14

16

18

Англиска е - библиотека

Студенти на протест

Без наука нема напредок, без автономија нема квалитет

Демократијата како предуслов за образовниот прогрес

Дефанзивна суета

Не занимавај се со политика

Студентите немаат право да се плашат

Енергијата на Википедија лежи во студентите

Криејтив...што?

Студентски водич низ измените во законот за високо

образование

Осознавање на студентската автономија

Зависност и занес: Против академската слобода

Пермакултура: Во рацете на мудрите, земјата се претвора во злато

ММФ – Стара љубов на нови патеки

Искуства што не можат да се добијат од книга

Студ и студии во Осло

Гоце – терен на кој се водат многу битки

Црниот човек е меѓу нас

Литература

A Venus Fly Trap

Технологија

20

22

24

26

27

28

30

32

34

36

37

Импресум - Излез

Главен и одговорен уредник:Даниела АтанасоваУредници:Ана ЛакалискаБилјана ДијанисиеваКоста Бојчески (Литература)Дамјан Цветков-Димитров(Технологија)Нино ДомазетовиќРедакција:Билјана Нацевска Стефан МарковскиОливер ВасилевскиДалибор СтајиќВесна ИлиевскаМилка Ивановска Данаил СтанојескиАлександар МицескиАлександар СоколовДиме МитрескиИвана ВасеваМими Николиќ

„Излез“ има простор за твоите идеи!- Споделете го вашиот примерок со колегите -

Симона МладеновскаАдмир БраваМарија МирчевскаКатерина ТодоровскаСања БожовиќЛектура:Драгана ЕвтимоваЈасмина ПетровскаБиљана СтојановскаЕлена Митреска Фотографии:Јасна Дишлиеска МитоваВикторија БачвароваВесна ИлиевскаНино ДомазетовиќАлександар СоколовИгор КостовСтрип:Томи ЏуровскиГрафички дизајн:

(Мартин Панев/Нерсес Малакјан)За издавачот:Здружение на граѓани „Студентска организација Излез“

Печати:Печатница Европа 92, КочаниКонтакт: [email protected]

Контактите на авторите и се познати на редакцијата.

Следете ја и нашата Фејсбук страница: Излез – студентско списание - Izlez

Page 4: Студентско Списание Излез број 4

4

Излез | март 2011

Нов проект на Студентската организација „Излез“

Англиска е-библиотека

Студентите на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ сигурно се сеќаваат на хаосот што владееше во библиотека за време на зимскиот распуст – купишта книги насекаде, некои со години неотворени и полни со прашина, сту-денти кои штракаат нешто на тастатурите од преисториските компјутери во библиотека, библи-отекарката растрчана носи уште книги, и од време на време по некое „трас!“. Ах, пак некому му испопаѓале книгите... За овој хаос „виновна“ е Студентската организација

Во најава на четвртиот број на „Излез“, истовремено прв во 2011 година, ќе споделам еден впечаток за македонскиот студентски „простор“ кој ми се наметнува заради случувањата во последниве месец-два во високото образование. Ми се чини како многу работи да се придвижуваат од мртва точка, чувствувам бранувања какви што не сум почувствувала досега во мојата студентска „кариера“. Без разлика што многу од тие бранувања настанаа под влијание на лош ветер – требаше да се случи закон и законски контроверзии за да се отворат некои теми - сепак позитивно е тоа што бродот тргна во некаков правец кој, можеби, ќе го донесе до подобродушни води. Се слушаат гласови, сè повеќе гласови, се дебатираат многу прашања, а тоа што многу од тие гласови се студентски, а многу од темите поврзани со квалитетот на нашето високо образование, секако фрла зрак оптимизам врз нашево сивило.

Светла точка што морам да ја истакнам, затоа што не е спомната на друго место во овој број, е појавата на Форумот за слободна академска комуникација „Сократовци“, отворена и неформална група студенти и професори кои на еднакво рамниште разговараат за маките, грешките и пропустите – нивни и на образовниот систем. Се надевам дека многу наскоро ќе понудат и решенија, во чие осмислување можат и треба да се вклучат сите студенти кои сакаат нештата да се променат на подобро. Дали со „Сократовците“, дали преку списанието и веб страницата „Излез“ кои веќе некое време постојат за вас, или низ форуми што самите ќе ги создадете, важно е да се вклучите во дебатата и да се чуе и вашиот глас!

Четвртиот број на „Излез“ во некоја мера ги отсликува бранувањата, особено низ рубриката „Форум – Закон, слобода, автономија“, која е посветена на актуелните настани, но и низ рубриката „Ние и системот“. За рубриката „Погледи“, пак, остваривме соработка со „Инфон“, списание на студентите од Универзитетот ФОН, и за првпат имаме текстови и од студенти од овој универзитет. За останатото, ќе видите сами, а вашите коментари ги очекуваме на www.izlez.mk или на меил адресата на редакцијата. Даниела Атанасова

БранувањаОд уредникот...

Билјана НацевскаФилолошки факултет „Блаже Конески“

Фотографии: Весна Илиевска

„Излез“, која во јануари запо-чна со проектот „Англиска е-библиотека“ (English e-Library), кој ќе трае до ноември 2011 година. Физичкиот попис е првата фаза на проектот, во која учествуваа над триесет студенти волонтери и волонтери од наставниот кадар на Катедрата. Волонтерите од трета и четврта година за својата работа ќе добијат потврда за изработен семинарски труд, а оние од прва и втора година ќе бидат наградени поинаку. Целта на овој проект е создавање на електронска база на податоци за каталогот на библиотеката на Катедрата за англиски јазик и книжевност и нејзино поврзување со меѓународниот електронски библиотекарски систем CO-BISS. Проектот ќе им овозможи на студентите и професорите детален увид во библиотечниот фонд, па наместо да се мачат да ја бараат во библиотеката таа и таа книга, од тој и тој автор и таа издавачка куќа, тие ќе имаат можност и привилегија да го пребаруваат каталогот он-лајн од дома. Исто така, откако ќе се изработи овој проект, нашата библиотека ќе биде дел од системот во кој членуваат повеќе од четириесет библиотеки во светот. Овој проект го финансира фондацијата Open Society Foundation, London. Физичкиот попис ќе се заокружи со една мала забава во чест на секоја книга внесена во системот, штракањето на студентите и трчкањето на библиотекарката Марија, која буквално ја извади цела библиотека надвор и успешно ја врати на место, и пред сè на неуморната работа на членовите на „Излез“.

На почетокот

Page 5: Студентско Списание Излез број 4

5

Излез | март 2011

Студенти на протест

Во 2010 година илјадници студенти низ Европа и светот излегоа на улици и го изразија својот револт против напливот од владини решенија за намалување на финансиите за високото образование. Без амбиции да дадеме исцрпен преглед на сите студентски протести што се одржаа минатата година, овде ќе ги спомнеме само позначајните, за на крај да се задржиме на ситуацијата во Македонија.

Во март минатата година, протести се организираа на државните универзитети во Калифорнија, каде што студенти поддржани од професори се спротивставија на најавеното намалување на буџетот за уни-верзитетите во оваа американска држава. Слични протестни на-стани се одржаа и на 2 март годинава, кога групи студенти од повеќе универзитети во САД се солидаризираа со своите врсници од Калифорнија, предупредувајќи дека со наметнатите реформи универзитетите ќе мораат да го намалат изборот на предмети, да отпуштат предавачи и да ја зголемат партиципацијата. Токму предложеното тројно зголемување на партиципа-цијата, со подигнување на грани-цата на школарината од 3.200 на 9.000 фунти, ги предизвика најмасовните студентски проте-сти во 2010 година, кои се одржаа во Велика Британија, и тоа во три брана, на 10, 24 и 30 ноември во Лондон и ширум целата земја. При првите два протеста имаше и испади на насилство од страна на студентите, но и од страна на полицијата, која на 24 ноември го примени т.н. „кетлинг“ метод, заробувајќи ги студентите со часови во заграден простор без греење и пристап до тоалет. Организираниот отпор на студентите продолжи и годинава и на 29 јануари се случи уште еден масовен протест. Меѓутоа, засега владината коалиција не се откажува од намерата за зголемување на партиципацијата како една од мерките за штедење, и покрај тоа што студентите и добар дел од јавноста ја обвинија дека изневерува цела една генерација. Додека ситуацијата „вриеше“ во Британија, десетици илјади студенти во Италија исто така изразија отпор преку протести . Тие окупираа 44 од 66-те државни универзитети и организираа маршови во 55 градови, протестирајќи против т.н. „Гелмини реформи“ со кои владата на Берлускони сакаше да го намали буџетот за јавното образование и да отвори простор за приватизација на овој сектор. Слични студентски протести против намаленото јавно финансирање на универзитетите се организираа и во Грција, Ирска, Холандија, Австрија, Бугарија и други земји. Општ впечаток е дека нападот врз образованието во Европа и САД е еден интернационален феномен преку кој владите се трудат да се справат со последиците од економската криза и со засилената меѓународна конкуренција.

Но, студентите и младите луѓе се изреволтирани затоа што сметаат дека на овој начин тие се принудени да плаќаат за кризата која ја предизвикаа банкарите. Во секој случај, тие не останаа неми и извршија притисок врз властите, исто како и студентите во Тунис, Египет, Јемен, Либија, кои беа и се носители на револуциите што го зафатија арапскиот свет од почетокот на годинава. Што се случува во Македонија? Додека насекаде низ светот студентите се моби-лизираат во разни каузи, македо-нските студенти молчат. Поточно, тие постојано го изразуваат своето незадоволство по факултетските ходници и би-феа, но ретко настапуваат масовно и организирано. Ми-слење за причините за ова НЕпротестирање побаравме од професорката Антоанела

Петковска од Институтот за социологија. Според неа, протести има, но проблемот е во кристализирањето на барањата кои се поставуваат на протестите. „Нормално е барањата да се врзани со студентскиот стандард, кој е исклучително низок, но забележливо е дека многу малку се бара да се подобри квалитетот на образование. Потоа, меѓу студентите има голема доза на резигнација; тие се на факултет само за да добијат диплома која понатаму ќе им помогне во вработувањето, а не за да добијат знаење. Резигнацијата е од тоа што многу малку млади имаат можност да се запишат таму кај што сакаат и со тие дипломи подоцна и да се реализираат, и тоа е прашање на егзистенција во крајна линија,“ ни рече проф. Петковска. „Протестите не се единствен начин за искажу-вање на незадоволството, студентите не ги познаваат сите средства на институционално реагирање. Ако зборуваме за протест во една метафорична смисла на зборот, протестирате и кога ќе побарате од професорот да си ја врши работата и да ви објасни кога нешто не ви е јасно, како и кога ќе им речете на колегите: Не, јас не препишувам, јас седам и пишувам есеи!“Проф. Антоанела Петковска

Даниела АтанасоваФотографија: Далибор Стајиќ

СЛОБОДЕН ИНДЕКС: НЕ ЧЕКА БУРНА ПРОЛЕТ!

Од движењето „Слободен индекс“ велат дека во земјава има масовна апатија и студентите имаат секаква причина да бидат скептици. „Гнилата партизираност успева да пенетрира во секоја пора на нашево општество, па дури и таму каде што автономијата и мислечката слобода се императиви - во образованието. Партиските структури ги регрутираат младите умови уште пред да се оспособат за независно размислување, па место со слободна и критичка младина, ние се соочуваме со инструирани послушници чија најголема амбиција е да си обезбедат сигурно место во редовите на политичката елита. Такви луѓе нема да излезат на протест, освен ако не им стигне наредба од штабот“, велат тие. Запрашани дали како резултат на ова, тие ја смениле својата стратегија на делување, студентите од „Слободен индекс“ ни рекоа: „Не ја сменивме стратегијата, но во последно време климата не беше погодна за протести. Додека немири и бунтови го тресеа светот, нас медиумите нè труеја со проблемот за името и вербалните војни меѓу власта и опозицијата.Но, имаме впечаток дека во последниве месеци вибрацијата се прошири и на нашиве простори и мора да го искористиме моментот и да ги алармираме студентите, да ги изведеме на улиците. Сè што можеме да кажеме е дека нè чека бурна пролет”.

Ние и системот

Page 6: Студентско Списание Излез број 4

6

Излез | март 2011

Со професорката Мимоза Ристова од Институтот за физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје разговаравме на две теми – едната поповрзана со нејзината специјалност, а другата поопшта и особено актуелна во последниов период – двете значајни и горливи прашања во македонското високо образование.

Научно-истражувачки главоболки

Професорке, дали и колку истражувачката работа е застапена во наставната програма на Вашиот институт? Имаат ли можност студентите да се вклучат во истражувачки проекти? На оваа тема можам да говорам само како индивидуа, а не и од името на Институтот, бидејќи работите во теориските и експерименталните истражувања стојат многу различно. Имено, во експерименталната физика истражувачката работа строго зависи од финансирањето на научноистражувачки проекти од страна на Министерството на образование и наука на РМ. Со не толку голема строгост, зависат истражувањата на теоретичарите. Бидејќи финансирање на нови проекти четири години немаше, стариот и добар обичај на нашиот Институт за физика, најдобрите студенти од секоја генерација да се воведуваат во научноистражувачката работа на своите професори, едноставно замре. До пред две-три години нашите студенти работеа со нас во лабораторија на реални научни предизвици. Имаа студиски престои што им беа платени од средствата од проектите во научни институции во странство. Сега тоа повеќе го нема. Мобилностите од програмата Еразмус Мундус на Европската комисија не нудат соодветна финансиска помош за вакво нeшто. Потребно е родителите да учествуваат во нивните студиски престои, што е големо ограничување.

Интервју со проф. д-р Мимоза Ристова

Без наука нема напредок, без автономија нема квалитет

Кога ќе дојде нож до коска, ќе ги повикаме студентите и заеднички ќе настапиме

Дали е иста ситуацијата и на другите институти на Природно-математичкиот факултет? Какви се општите услови (и во смисла на просторни и материјални услови) за истражување? Таму каде што имаат проекти финансирани од Европската Комисија или од НАТО, таму има и живот во науката, таму има и студенти што истражуваат. На ПМФ постојат такви проекти на Институтот по информатика и на Хемискиот институт. Другите сами се снаоѓаат и вклучуваат студенти во ентузијастички проекти. Кој е најмногу виновен за сегашната состојба? Иако се обидуваат некои неуки и недооформени новинари да нè етикетираат нас, дека токму ние, професорите, сме виновни и неспособни, секој што малку се разбира од наука ќе знае дека проблемот не е во нас. Па историјата покажа дека ние физичарите, математичарите и хемичарите плодотворно истражуваме секогаш кога сме надвор од земјата. Дури и во немаштија објавуваме научни статии во списанија со импакт фактор. Но ние не сме чудотворци за да создаваме AB NIHILO. Ова ништавило во науката и научната мисла го нема никаде на континентов. Мислам дека индуктивно ве наведов и вие да заклучите заедно со мене дека единствениот виновник за ова е моменталната власт. Сите претходни влади во историјата на РМ имаа повеќе чувство за науката и за нејзината улога во развојот на една земја – без наука нема напредок. Според претходниот извештај на Европската комисија за прогресот на РМ, вкупните издвојувања за наука изнесуваат помалку од 0,5 % од БДП, и Владата не дала реална развојна програма што ќе го зголеми овој процент за да не приближи до ЕУ. Хрватска, на пример, издвојува околу 2%.

Колку е македонската наука конкурентна во светски контекст, во поглед на објавување на научни статии во светски признати списанија? Еве ви еден податок за нас. Во 2005 година беше направена статистичка анализа од страна на Министерството за образование и наука на РМ, која покажа дека нучниот кадар од Природно-математичкиот факултет има далеку поголем број публикации во меѓународни списанија со импакт фактор отколку која и да било друга научно-образовна институција во РМ. Всушност, бројката покажа дека околу половината од публикациите со коавтори од Македонија се врзани со ПМФ. Притоа, најголем број потекнуваат од хемичарите , а потоа од физичарите од ПМФ.

Ние и системот

Page 7: Студентско Списание Излез број 4

7

Излез | март 2011

Најпосле, зошто е важна научно-истражувачката работа во изучувањето на природните науки? Колку, во идеални услови, би требало таа да биде застапена во студирањето, и на додипломско и на постдипломско ниво? Важна е за најдобрите студенти, оние кои ќе бидат идните носители на научната и техничката мисла. Важна е затоа што за нив истражувачкиот дух е дарба што ја добиле со раѓањето. Ние треба да ја негуваме и развиваме таа дарба. Ако не успееме тоа да го сториме ние тука, ако не ги врземе за ова истражувачко тло, тогаш нивниот истражувачки порив ќе си го најде патот во Европската унија и во Америка. Странскиот пазар на трудот за нив секогаш бил и ќе остане отворен, и тие добро се снаоѓаат дури и на најпознатите светски универзитети. Ни бегаат засекогаш. Тоа масовно се случува пред нашите очи последниве години. Свежиот мозок истекува од Македонија. Одличните студенти се желни и страдни за истражување, па и мало финансирање би значело многу.

Законски експерименти и (не)автономоја

Професорката Ристова е и член на Иницијативниот одбор за зачувување на автономијата на Унивезритетот „Кирил и Методиј“ кој го организираше мирниот протест на професорите што се одржа на 27 јануари. Ја прашавме што, според неа, е најспорно во последните измени и дополнувања на Законот за високо образование. Ние во никој случај не сме за отфрлање на Законот во целост, таму има многу добри членови за коишто досега ние навистина сме се бореле. Меѓутоа, има членови со кои се навлегува во автономијата на Универзитетот. На пример членот 70 предвидува формирање на Одбор за акредитација и евалуација, чиј состав е доста проблематичен. Тука има огромен простор за манипулација од страна на власта, која преку една пробрана гласачка машинерија ќе може што сака да акредитира и кому сака да доделува и да одзема дозволи за вршење на дејноста. Што се однесува до глобите предвидени за професорите и институциите, пречи тоа што наместо да имаме еден систем на „јинг и јанг“, на награди и казни, предвидени се само казни, кои се несразмерно високи. Доколку се изречат три-четири такви казни, факултетот ќе банкротира и нема да може да функционира. Инаку, нормално дека треба да има казни за оние професори коишто не држат настава, коишто се премногу ангажирани од четири-пет универзитети, со приватни фирми итн. Не дека ние не знаеме дека меѓу нашите колеги има луѓе и од тој жанр, но на Природно-математичкиот факултет мнозинството се чесни и угледни професори што си ги држат часовите - мнозинството, гарантирам. Не треба од исклучоците да се генерализира и да се етикетира целата професорска фела.

Доста се зборуваше и за автономијата на Универзитетот, а верувам дека на многу студенти не им е јасно за што се работи. Дали воопшто и пред ова постоеше и можеше да се зборува за некаква автономија кога Универзитетот зависи од државни пари? Автономијата е уставно загарантирано начело, а значи дека власта не може да се меша во финансиските работи и во образовниот процес на Универзитетот. Ќе се задржам на финансирањето. Требаше да се оформи тело кое ќе се вика Совет за финансирање и кое ќе одредува кој универзитет колку средства ќе извлече од Буџетот.

Потоа секој универзитет со својата внатрешна политика ќе си ги одредува и квотите, коишто задолжително треба да ги усогласи со потребите на државата и пазарот, наместо власта да кажува колку студенти ќе се запишат во дадената година и каде сè ќе се дисперзираат студии. За илустрација, експерименталното заморче наречено дисперзирани студии по информатика во Крива Паланка Природно-математичкиот факултет го чинеше 18.500 евра, од кои од Владата добивме само 500 евра. А од првично запишаните шеесет студенти, на крај останаа само двајца.

Но, очигледно, овие проблеми се од поодамна. Зошто дури сега реагиравте? Па, има момент кога чашата ќе се прелие. Критичниот момент беше начинот на кој го донесуваа Законот, без никаква дискусија и без никого да консултираат. Но, тој веќе излезе во „Службен весник“, значи ништо повеќе не може да направиме освен претставка до Уставен суд која колегите од Правен веќе ја подготвуваат.

Кај македонските студенти очигледно нема доволна свест да се организираат на масовни протести, како што тоа се случува во светот, и да ја притиснат власта нешто да смени. Зошто ништо не се случува на тој план овде? Кај нас има два вида на студенти – едните се под влијание на власта, а другите се обезглавени. Но, во ниедна земја студентите сами по себе не се толку силни, нив ги организираат професорите. Тие се предводени и раководени од нивните учители коишто ги учат и на ука и на општество. Кај нас не е така, кај нас власта ги пушти пипците и во Студентскиот парламент, не за првпат, и претходната власт веројатно го имаше направено истото. Ние, другите, коишто не сме со власта и не се даваме така лесно не сме ги повикале студентите досега и сè уште не сакаме да ги повикаме. Меѓутоа, кога ќе решиме, кога ќе дојде нож до коска, ќе ги повикаме и ќе им укажеме на сите предности и недостатоци на овој систем и како треба да се бориме за да опстанеме понатаму како држава.

Но, зарем не сметате дека тоа треба континуирано да се прави, бидејќи минуваат генерации и генерации студенти без никаква критичка свест? Па да, треба. Но, еве, сега е почеток. Ние од Иницијативниот одбор решивме најпрвин да ги повикаме студентите што се во Сенатот и да поразговараме со нив. Потоа ќе почнеме да организираме и форуми и ќе се среќаваме со сите заинтересирани студенти кои сакаат да научат нешто повеќе за своите права. Веќе излезе и нашето прво независно списание „Vox Academica“, кое им е достапно и на студентите.

Даниела АтанасоваФилолошки факултет „Блаже Конески“

Фотографии: Јасна Дишлиеска Митова,Филозофски факултет

Ние и системот

Page 8: Студентско Списание Излез број 4

8

Излез | март 2011

Демократијата како предуслов за образовниот прогресКакви се и какви би требало да бидат односите меѓу „чистите“ демократски и прагматични тенденции во македонското општество и систем на едукација?

На студентот, како динамичен конституент на високообразовниот процес (покрај вработените во образовните институции), му се неопходни варијабилни перспективи за да ја перципира сопствената местоположба во севкупноста на еден конкретен политички систем, своестрано согледувајќи ги на тој начин релациите меѓу образовната и останатите сфери на политичкото уредување – социјалната, родовата, индустриската, аграрната, културно - традиционалната, здравствената... како резултат на што пред себе поставува извесни параметри по кои би ги раководел сопствените постапки. Каузалната поврзаност на ресорите во едно прагматски ориентирано демократско општество налага неопходност за избирање на подрачја во кои самиот студент оценил дека поседува најголеми шанси за успех, за реализирање на сопствениот животен сон, од никого неускратен и од никого невознемирен. Никој отстрана не би можел сигурно и долгорочно да го демократизира општеството, освен самото тоа. А прашањето на демократизација на образованието не се сведува само и само на овозможување поголеми можности за избор (од секаква природа) на студентите, туку и на секој негов конституент, вклучувајќи ги и професорите и обичните вработени лица. Сепак, како резултат на примарната улога на студентите како „двигатели на образованието“, кога станува збор за демократските тенденции во образованието првенствено се говори за правата на студентите, изворот на тие права и нивните граници, како и должностите на студентите како сочинители на овој сегмент и како камен - темелник на современите општества.

Моделот Судбери (Sudbury) Познатиот Судбериски модел на демократски образовен систем овозможува релативно висок степен на дискретност во функционирањето на студентите, кои не подлежат на компаративни анализи по однос на нивниот општ успех, евалуиран едноставно како приватно право на избор: да се учи или не? Во овој случај единствениот механизам за споредување на успесите меѓу студентите, впрочем, е во нивни раце. Образованието, според личностите кои го зaстапуваат овој образовен модел, несомнено претставува тежнеење кон комплементарност од понудените можности за учење и социјализација од една страна, и самосвеста на студентите, нивните способности за себеперцепција (релативно на останатите) од друга, тежнеење кое треба да резултира со една сестрана подготовка за долгорочните предизвици на животот. Според тоа, секој вид знаење, според Судберискиот модел, недвосмислено произлегува како нуспродукт на сеопштото егзистирање на човекот во

Амфитеатарска утопија – Викторија Бачварова

Ние и системот

Page 9: Студентско Списание Излез број 4

9

Излез | март 2011

заедницата, кое пред и над сè е раководено според високи демократски услови, приспособени на нејзината разноликост, а во функција на отстапката на тамошниот поредок. Управувањето на установите кои го следат Судберискиот модел функционира преку директна демократија, произлезена од еднакво значајното право на глас на студентот со она на останатите динамични конституенти – професорите и останатите вработени; простото мнозинство (50% + 1) гласови е одговорно за одлуки од варијабилен карактер: донесување долгорочни институционални законски регулативи или определување постапки за конкретни случаи (вработување, отпуштање од работа и останати казни и унапредувања). Атмосферата во еден таков образовен модел не го приморува студентот на каков било вид компетитивност; напротив, статистички е востановено дека придонесува за развој на кооперативниот дух меѓу младите, заради што бројните критичари на овој образовен систем оценуваат дека кадарот што ќе произлезе од една таква образовна установа ќе биде онеспособен за натамошно индивидуално, нетимско функционирање.

Образовните установи кои го следат овој образовен модел (триесетина на број во светот) не ги поттикнуваат директно студентите кон постигнување подобри резултати, наместо тоа, стекнувањето знаења од произволни области претставува колатерална придобивка на искуствата во процесот на индивидуално „созревање“, подразбирајќи поединечно наклонување кон извесни интереси. На овој начин, носители на одговорноста за здобиеното/стекнатото знаење на студентите de facto претставуваат самите студенти. Степенот на демократија кај Судбериските училишта/факултети е „екстремен“: -Не постојат одделни едукативни/специјализира-чки насоки; -Не постојат одделни предмети; -Темата на секое предавање е произволно определена од дадена, самоизбрана група студенти; -Возраста како карактеристика е целосно занемарена; -Родителите речиси немаат никакво влијание врз раководењето на животот на студентот за време на неговото присуство во институцијата; -Кај овие институции дури не постојат ни строго определени оддели, одредени како такви за одвивање на наставата, туку, едноставно, истата (заедно со сите нејзини специфики) се одвива во простории по избор на студентите.

Последната фаза од овој едукативен процес, повторно претставувајќи прашање на избор, се однесува на поднесувањето индивидуален одговор во вид на (барем) усно презентиран дипломски труд врзан за прашањето како студентот како субјект се вклопил во општеството, почитувајќи ги стандардите на Судберискиот модел и оние општествените, при што од студентот се бара да ги издвои најзначајните лични искуства и според нив да наведе и тези за сопствените потенцијали во натамошното општествено интегрирање. По ова следува тајно гласање по редовната, веќе наведена постапка, со цел доделување диплома. Карактерот на дипломата, во секој случај, е повеќе формален и во контекст на општествените барања и регулативите неопходни за вработување на студентите

кои произлегле од институцијата, одошто е во согласност со начелата на самиот Судбериски модел.

Тежнеењето кон демократизација на македонскиот образовен систем во XXI век Би можеле да поставиме бројни прашања врзани за демократскиот модел кој, повторно од прагматични причини, би требало да го следиме, а кој, разгледувајќи го односот меѓу академскиот и работодавниот потенцијал на нашето општество, од една, и оној меѓу демократските и прагматичните капацитети од друга страна, би ни ја предочиле нужноста од крајно определување на функцијата на образованието во сеопштиот институционален причинско - последичен синџир: -Дали демократијата би требало да ја сфатиме како нешто понакво од самиот процес на едукација? -Дали почитувањето на демократските начела од страна на студентите и професорскиот кадар би можеле да го определиме како процес со спонтан тек и развој за време на образованието, а демократските начела како стандарди на колективното однесување и менталитетот подразбрани и произлезени од него? -Кој е односот меѓу сеопштите демократски услови во општествата и нивниот прогрес? -Дали т.е. како спроведувањето подемократски услови во образованието инхерентно го засега демократскиот систем на државата, односно колку е поврзан прогресот во образованието со општествениот? Одговорите на овие и други последователни прашања секако не би можеле со апсолутна убеденост дијалектички да ги утврдиме. Сепак, врската помеѓу демократските начела и општествениот/цивилизацискиот прогрес сè повеќе нè усмерува кон сфаќањето дека демократијата претставува аспект, или поточно, нужност каква еден прагматичен општествен поредок, вршејќи анализи на долгорочен план, задоволува во контекст на задоволување на својата кауза. Можностите за индивидуален избор, рефлектирајќи го својот прагматичен дух во тој поглед, овозможуваат и постабилни услови во процесот на едуцирање, како и во секој останат потпроцес од ресорите кои го опфаќаат општественото егзистирање.

Стефан МарковскиФилолошки факултет „Блаже Конески“

Фотографија: Викторија БачвароваФилозофски факултет

Ние и системот

Page 10: Студентско Списание Излез број 4

10

Излез | март 2011

Еден извонреден професор ме натера да ја разгледам суетата од една интересна дефанзивна перспектива. Покрај основната дефиниција за суетноста, којашто би значела алчност за слава, сопствено истакнување, болна амбиција и слични начини на однесување, кои секогаш се перцепирани во пејоративен контекст и кои, со зачудување, ги согледувам кај универзитетските професори, почувствував морална обврска да се задлабочам во причините за таа појава. Прво што ми падна на памет е мојата претстава во врска со тоа како би требало да се однесува еден универзитетски професор. Покрај тоа што секој негов дискурс треба да содржи суштина, тој треба да дозволи и интеракција со студентите и како најважен момент е интелектуалноста. Интелектуалноста подразбира познавања или знаења од секаков вид, што би било дијаметрално спротивно на специјализацијата. Откако расчистивме со мојата фантазија за идеалниот професор, за моја среќа, но и за среќа на македонските студенти, таков професор постои, и тоа на Филозофскиот факултет и држи предавања по предметот „Историја на културата“, кој е изборен предмет на нашата катедра по социологија. Методот кој го употребив е најосновниот, а тој е компарација. Се запрашав: „Зошто на секое негово предавање ние со задоволство ја изоставаме паузата и, згора на тоа, остануваме подолго од предвиденото време за тие предавања?“. Дискутираме за разни теми кои се поврзани со предметот и кои се многу далеку од него, а сето тоа со интензивна интеракција на целата група. Секое поединечно

Дефанзивна суетаДоблесниот професор ќе си дозволи да научи нешто и од неговите студенти, па дури и ќе си дозволи да каже дека нешто не знае и не разбира. Ова е во линија со интелектуалноста.

мислење го следи со големо внимание и скоро секогаш има одговор или негово мислење за дадената проблематика. Од нас црпи социолошки аспекти, коишто нему не му се познати. Со други зборови, сите учиме, вклучувајќи го и професорот. Оттука, можеме да заклучиме дека имаме работа со ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ par excellence. Од другата страна на мојата споредба стои професор којшто ни предава многу важен предмет за нашата струка, која е толку апстрактна, неопиплива, далеку од можна емпирија и егзактност и за кој огромна е потребата од Интелектуалец. На тие часови професорот доаѓа со графоскоп (на кој местото му е во антикварница) и фолии со целото предавање, и згора на тоа нè тера еден по еден, како во прво или второ одделение, да читаме точка по точка. Интеракцијата е апсолутно недозволена, но не е и формално забранета. Неколкуте мои обиди за критичка интеракција завршија со дување на егото на професорот како балон, што помисливме дека ќе експлодира и ќе нè потресе до толку што ќе ни нанесе трајни трауми. Тие часови

не можеме да ги избегнеме, затоа што нема да добиеме потпис, а со тоа го губиме правото за полагање. Понекогаш амфитеатарот наликува на некој религиозен храм, во кој сите се молиме часот што побрзо да заврши. Тука дојдов до мојата парадигма, дефанзивната суета. Веројатно во вториот случај немаме работа со интелектуалец, туку со човек на кого не му е местото во универзитетот, кој се плаши од интеракција, од дефокусирање, заради тоа што не поседува доволен број на одговори, на кого ќе му биде повредена суетата доколку некој увиди дека не знае нешто надвор од неговата специјалност. Јас не верувам во одделност на науките. За мене сите науки се испреплетени и доведени до комплементарност и ниедна од нив не би можела да се истражува без помош на другите. Слична е комплементарноста и помеѓу професорите и студентите, за која нашите драги професори заборавиле. Доблесниот професор ќе си дозволи да научи нешто и од неговите студенти, па дури и ќе си дозволи да каже дека нешто не знае и не разбира. Ова е во линија со интелектуалноста. Откако мојата фантазија се материјализира, сега чувствувам поголем товар со тоа што сакам сите предавања да бидат како првиот пример од споредбата. Зборувам во името на целата моја група, која со своите коментари ми помогна при артикулација на сроченото.

Оливер ВасилевскиФилозовски факултет, Социологија

Илустрација: Далибор Стајиќ

Ние и системот

Page 11: Студентско Списание Излез број 4

11

Излез | март 2011

Пред многу години, Бора Чорба во една своја песна ги актуелизираше овие стихови:„Не се бави со политика: спиј, работи, молчи и јадиИ не верувај никому: легни, разбуди се, стани и седни.“ Ќе речеме дека можеби и не е така чудно, со оглед на фактот како стоеле работите во тогашната СФРЈ, кога младиот човек „смеел“ да верува и да размислува само за унапредувањето на братството и единството, наместо да го надградува критичкото размислување. Но, дали наидуваме на проблем кога ќе го поставиме прашањето денес - дали и денес, во демократска држава како Република Македонија, младината ни се оградува од политичката сцена и политиката воопшто? Дали „нешто е труло во државата Данска“? Според последната анкета на Младинскиот отворен форум, спроведена низ безмалку сите средни училишта во Македонија, 64% од средношколците се незадоволни од состојбата во својата земја и не се гледаат себеси во неа во иднина, а само 6% од истите средношколци се запознаени со политичките настани во земјава и ги следат истите. Ова се поразителни податоци за земја со високи стремежи како Република Македонија. Сведоци сме дека Владата вложува во образовни и едукативни кампањи, дека секојдневно, барем три пати во денот, гледаме реклами од типот „Читај повеќе, биди повеќе“ или „Знаењето е сила, знаењето е моќ“, на дебатни емисии и трибини слушаме како „нашата цел е да обезбедиме подобра перспектива за младите...“. Зошто, тогаш, никој не ги гледа плодовите од овие обраќања? Зошто никој не ја гледа светлата перспектива на својата иднина во оваа земја? Дали можеби ја нема?

Не занимавај се со политика: Спиј, работи, молчи и јадиДали и денес младината ни се оградува од политичката сцена и политиката воопшто? „Нешто е труло во државата Данска“?

Настојувајќи од нас да направи силни, продуктивни и перспективни луѓе, луѓе со свои ставови и размислувања, луѓе со истенчено сетило за моралните вредности, со развиено критичко размислување, системот успеа во остварувањето на своите настојувања. Успеа до тој степен што сега можеме да го видиме сиот оној ТВ патриотизам на малите екрани, да ја видиме вистинската дисфункционалност на политичкиот систем во државава, да ги идентификуваме правилностите и неправилностите во општеството и, што е најважно, базирано врз сегашните настани, без проблем да предвидиме како во блиска и подалечна иднина ќе се одвиваат настаните. Можеби да не беше последново, ситуацијата немаше да биде толку разочарувачка, но на сите ни е јасно дека кога на нештата им се гледа крајот уште пред да почнат, осудени се на пропаст од истиот момент кога кој било ќе го забележи тоа. Па, така е и со нас. Пораснавме, се вразумивме и сфативме дека знаењето од книгите во најдобар случај може да ни послужи за во некој квиз, на кој ќе се пријавиме по пет-годишно чекање на шалтерите во заводот за невработени, без да го имаме она сино или портокалово парче картон во џебот. Научивме да бидеме лицемерни речиси колку и насмевнатите лица на предизборните плакати: горди Македонци со бугарски пасоши. Научивме да ја сакаме Македонија, како што Данте Алигиери ја сакал Беатриче – од далеку и потајно. Додека нашата политичка елита гордо се топори во медиумите и мавта со листови в рака, покажувајќи ги податоците за своите „достигнувања“, младината мавта со бело знаме во раката во знак на признаен пораз и ги пакува своите куфери за пат кон подобра иднина. Онаму каде што политичарите не се слаткоречиви, а платите се 2.000 евра, каде што правата на жената и детето не постојат само на хартија и каде што продавачите на сезонско цвеќе немаат универзитетски дипломи.

Симона Младеновска Факултет за политички науки, ФОН

Илустрација: Далибор Стајиќ

Погледи

Page 12: Студентско Списание Излез број 4

12

Излез | март 2011

Како беше да се биде студент во времето кога ти студираше? Во каков амбиент живееше студентаријата тогаш? Па скоро исто, слично како и сега, бидејќи нема некоја промена во студентските домови ниту некоја промена во студентскиот стандард. Можам да кажам дека отприлика и тогаш и сега се живееше скромно како студент. Јас лично не живеев во студентски дом, бидејќи ја имав таа среќна околност со цимери да живеам во изнајмен стан. Од своја временска дистанца, што мислиш

Студентите немаат право да се плашат и да веднат глава!

Интервју со Филип Петровски

Бројката и енергијата на студентите е рамна на промена во општеството во кој било момент!

дека донесоа новите, а што однесоа старите гене-рации? Дали во тој период можат да се забележат некакви интересни феномени во однос на развој на студентската свест и мисла? Најголем феномен од крајот на деведесеттите години, па и до ден денес, остануваат - студентските протести од 1997 година. Тогаш, ние како генерација, успеавме да направиме рели, да собереме 20.000 луѓе и да му покажеме на целото општество дека студентите како група можат да извршат многу силен политички притисок и да ги направат нивните барања легитимни, односно да се постават во насока на групација која може да го менува општеството. За жал од тогаш до денес, таков феномен нема, студентите повеќе не се група која што може на таков или некаков начин да ги менува работите.

Каква улога играат студентите во едно опште-ство? Дали студентите треба да се најпрогресивната сила во едно општество и дали е тоа пример за нашето? Студентите се најважни за едно општество и сметамдека тие се прогресивна сила. Нивната бројка и енергијата што ја покажуваат е рамна на промена во општеството во кој било момент. Нажалост, во нашиот случај тие се атомизирани и се држени под контрола што не е случајно. Сметам дека во студентите лежи една голема, прогресивна можност и капацитет кои треба подобро да бидат искористени, во смисла да знаат многу почесто и поотворено да ги искажуваат своите мислења за општествените и социјални проблеми. Дали сметаш дека студентите, настрана од инструираниот подмладок на политичките партии, покажуваат интерес за општествените процеси и желба за учество во донесувањето на одлуки кои во крајна линија влијаат и на нив? Не се заинтересирани доволно. Лично сметам дека е направено сè за младите да се чувствуваат дека се безвредни, за на студентите да им се стави до знаење дека нема да можат ништо да променат во општеството и дека затоа е подобро да си молчат. Така што мислам дека оние што не се инструментализирани, практично се доведени во ситуација да мислат дека не се ни битни.

Од каде потекнува таквата незаинтереси-раност? Дали станува збор за закоравување на студентската маса или студентите се спречени во тој процес? Спречени се со многу сериозна акција. Кога тие ќе погледнат наназад и ќе видат дека повеќе студентски генерации не направиле ништо, самите се демотивираат. Што значи дека сега е потребно тие да го превртат тој процес, и да се доведат во ситуација да кажат: „Не! Ние можеме нешто да направиме и сакаме да направиме здружени на каков било начин.“ Убеден сум дека во таква ситуација брзо

Екс-студент

Page 13: Студентско Списание Излез број 4

13

Излез | март 2011

ќе постигнат резултати.

Студентите насекаде во светот, своите ста-вови и мислења често ги искажуваат преку масовни протести. Кај нас сме сведоци на многу неуспешни обиди за протести. Зошто ни се случуваат такви неуспеси? Затоа што е препознаена силата на студентите и е направено сè за тие да останат поделени и да останат надвор од поголеми здружувања. Затоа што ако студентите од сите факултети се здружат и појасно го изразат својот политички став можат да направат многу сериозни политички и општествени промени. За да не го направат тоа, ставени се полтрони коишто ги контролираат студентските сојузи и коишто се апсолутно таму во улога на умртвувачи на силата на студентите и тоа многу успешно го прават.

Студентскиот стандард е тема на која ни-кој или малкумина дискутираат.Реалноста вели: руинирани студентски домови, сериозни пропусти во финансиската помош за студентите, учебници кои чинат повеќе од 2000 денари. Дали сметаш дека оваа земја, низ годините и сега, навистина инвестира и се грижиза студентите? Не, не сметам дека се грижи. Сметам дека радикално треба да се промени тој однос кон студентите.Дури и сумата од две-три илјади денари финансиска помош е за потсмев. Вие со толку пари едвај можете да купите леб во наредниот месец, а не да си обезбедите некакво покомотно ослободување, во смисла да можете да учите и да не се грижите за финансиските проблеми. Под итно мора да се зголеми сумата која се доделува како помош и бројката на луѓе на кои се доделува. Ако на државата навистина и е важно да едуцира квалитетен кадар, за кој се знае дека поради социјалните услови во општеството не е во можност преку своите семејства да ги обезбеди тие финансии, таа мора да го промени тоа. И не само декларативно да каже „ќе доделиме толку пари“, па истите да доцнат по една година.

На кој начин треба да дејствуваме како студенти и како членови на општеството со цел да се подигне свеста на студентите? Секој еден студент треба да сфати дека силата лежи во него. Треба да ги побара тие околу него и да ги покани на акција. Кога ќе се здружат во мали јадра, треба да ги побараат другите јадра и повторно, да ги мотивираат на акција. Кога ќе дојдат во ситуација да знаат што сакаат, треба да го изразат тоа јасно и гласно, и тогаш ќе настане промена! Студентите немаат право да се плашат и веднат глава, немаат право да се повлекуваат, немаат право да

кажат: „Нека го сработи ова некој друг за мене“. Тие самите мора да ја најдат силата во себе за акција и промена.

Дали сметаш дека во услови на поделеност во општеството на скоро сите основи (партиска, религиска, национална...) младите и студентите воедно, имаат капацитет да бидат носители на инте-грационите процеси во рамките на општеството? Младите можат тоа да го направат со голема леснотија. Старите генерации веќе се изморени и потрошени. Младите можат да донесат една сосема нова свежина и идеја дека ниту партиското, ниту религиозното, ниту етничкото треба да бидат знак за поделба, туку знак за здружување.

Си студирал на високата школа за Влада на САД на универзитетот Харвард. Какво е чувството да се студира на светски познат универзитет? Никако не можеме да го споредуваме со нашите универзитети, барем не од аспект на условите и инфраструктурата, но дали по некоја случајност има некои сличности во однос на предавањата и односот помеѓу студентите и професорите или, сепак, сè е дијаметрално различно? Да, имам завршено одредени степени таму. Тоа беше еден елитен курс кој на маса ми стави имиња, исклучително познати во научниот свет, во целиот свет. Луѓе кои што во тоа време беа дел од кабинетот и советничкиот тим на Бил Клинтон и со своите идеи вршеа влијание на политиките на САД и меѓународната заедница. Во однос на студирањето, она што тогаш го видов таму беше сосема различно од она што го знаев од тука. Сега не знам како се поминати реформите овде и што тоа значи за односот студент - професор, меѓутоа, однесувањето на професорите кон студентите во тоа време беше сосема поинакво. Имено, професорите често знаеја да ги сметаат студентите како бројка, а не како поединци на кои треба да им обрнат внимание и да се погрижат да им дадат што подобро знаење.

За крај... Дали имаш омилен професор од студентските денови? Да, целата моја катедра! Една елитна катедра во смисла на интелектуален капацитет и потенцијал! Тука се Старделов, Виолета Панзова, Вера Ѓоргиевска, Цуцуловски, Темков, Ферид Мухиќ и др. Среќен сум што сум ја имал среќната околност да ми предава елитата на Филозофски факултет, луѓе што во интелектуалниот македонски свет многу значат и луѓе од кои што сум добил многу знаење и затоа сум им благодарен.

Текст и фотографии: Н.Д.

Екс-студент

Page 14: Студентско Списание Излез број 4

14

Излез | март 2011

Енергијата на Википедија лежи во студентитеПо повод десетгодишниот јубилеј на Википедија

Вики, среќен роденден!

Сите ја користат, а никој не признава. Кога научната литература не е на дофат, последна надеж за изработка на семинарскиот труд е Википедија, најголемата енциклопедија на интернет-мрежата. По десет години од нејзиното основање, Википедија ги победи сите, некогаш водечки, лексикони и енциклопедии со светско реноме. Во неа се застапени околу 17 милиони текстови за разни подробности од животот. Тајната на успехот е во неуморниот дух на околу еден милион волонтери, кои секојдневно пишуваат, коригираат и дополнуваат информации во нејзината отворена база. Нивниот ангажман ја направи Википедија олицетворение на „добрата страна“ на интернетот и покажа дека преку соработка секој поединец може да дојде во допир со целокупното знаење на човештвото. Идејата за неа произлегла од нејзината „постара сестра“ Нупедија, чии содржини биле пишувани и контролирани од експерти, при што не било дозволено надворешни корисници да вршат измена на подготвените текстови. Википедија била воведена како спореден проект со цел да се зајакне соработката и размената на мислења меѓу експертите и корисниците на Нупедија. За чудо, интересот за Википедија бил многу над очекувањата на нејзиниот основач Џими Вејлс. Со текот на времето, Нупедија ја загубила конкурентноста, па така нејзините содржини постепено биле преточувани во системот на Википедија. Денес, со повеќе од 400 милиони посети месечно, Википедија спаѓа меѓу десетте најпопуларни веб-страници во светот. Ткивото на Википедија го сочинуваат 32 волонтерски ограноци. За нормален тек на нивната работа се црпат средства исклучиво преку донации. Џими Вејлс уште од самиот почеток настојува да избегне каков било обид за комерцијализација на Википедија. Таа решителност и дава една сосема поинаква димензија, за разлика од други веб-страници чии сопственици станаа милијардери. Во последниот повик за донации во 2010 година беа собрани околу 16 милиони американски долари, со што беше потврдена довербата на нејзините корисници. Мноштво експерти низ светот беа против ваквиот начин на собирање средства, укажувајќи на грешките и слабата издржаност на фактите понудени од Википедија. Сепак, за обичните луѓе беше пресуден брзиот и едноставен пристап до информации, коишто од ден на ден стануваат сè побројни и поверодостојни. Википедија значително ги заостри критериумите за објавување податоци, а тоа придонесе кон зајакнување на нејзиниот углед. Популарноста на Википедија станува сè поизразена и во Македонија. Имајќи го на ум недостатокот од информации на македонски јазик во виртуелниот свет, понудата на Википедија има

голем удел во подигнувањето на нивото на општата култура на граѓаните, без разлика на нивното потекло или лични убедувања, а неретко е и почетна станица за истражувањата на подмладокот во земјата. За македонското издание се грижи Викимедија Македонија, официјален локален огранок на фондацијата Викимедија, со вкупно 11 уредници. Заедни-цата брои повеќе од 25.000 регистрирани корисници, а досега се обработени над 44.000 статии на македонски јазик – бројка која постојано расте. Во јануари годинава, македонскиот огранок го про-слави роденденот на Вики-педија со низа настани. Студентите во Македони-ја, чие високо образование делумно сè уште почива врз старомодна фактографија, многупати се принудени да ја користат Википедија како единствен извор на информации од некоја стручна област. Мошне мал е бројот на студенти мотивирани да истражуваат надвор од границите на Википедија. За волја на вистината, истра-жувањето не е силна страна на просечниот македонски студент – долгогодишен тренд кој се разединува со модерните европски образовни вредности. Роберт Киевски, студент на Стоматолошкиот факултет, порачува дека Википедија, како и сите други енциклопедии, не треба да биде цитирана како главен извор на информации, туку да послужи како појдовна точка за разбирање на некој проблем. Неколку студенти од Катедрата за преведување и толкување при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во доверба изјавија дека честопати имаат речиси исти домашни задачи, бидејќи податоците ги цитирале од Википедија. Ако згора на тоа се додаде и фактот дека речиси никој не знае како правилно се наведува изворната литература, се доведува во прашање способноста на младите луѓе за самостојно истражување. На тоа секојдневно укажуваат и професорите, коишто отворено се спротивставуваат на употребата на Википедија и жалат што библиотеките се непознат терен за повеќето студенти. Википедија е во процес на постојана еволуција. Со оглед на тоа дека на нејзината платформа може да пишува секој, не постои гаранција дека информацијата објавена денес ќе остане иста и утре. Сепак, тоа не значи дека луѓето кои учествуваат во развојот на Википедија не се веродостојни. Напротив, нивната будност и ентузијазам докажаа дека Википедија го положи тестот на времето и оти добро му служи на човештвото. Во која насока ќе се одвива нејзиниот раст е прашање на утрешнината. Единствено неоспорно е дека влезе во историјата како едно од најголемите дела на човекот.

Далибор СтајиќФилолошки факултет „Блаже Конески“

Можности

14

Излез | март 2011

Page 15: Студентско Списание Излез број 4

15

Излез | март 2011

Енергијата на Википедија лежи во студентитеПредизвиците на македонската Википедија

Слободан Јаќоски, потпретседател на здружението Викимедија Македонија

Почетокот на 2011 година ни беше доста бурен: почнавме со прилично посетената прослава на десетгодишнината на Википедија, нови предавања на факултетите, проекции на документарни филмови, маркетинг на социјалните медиуми, а неодамна потпишавме и Договор за соработка со Фондацијата Метаморфозис за еден интересен проект поврзан со локалните заедници во Македонија. Тешко е да се оцени дали Македонија е позитивен или негативен пример во однос на Википедија. Најголема пофалба за нашата досегашна работа е сериозноста со која останатите невладини организации и компаниите ни пристапуваат за соработка. Секако, пред нас претстојат голем број предизвици, и се надевам дека во иднина ќе надминеме некои од критиките кои главно се фокусираат на она што се перцепира како „пасивност“. Всушност, не се работи за пасивност, туку за недостиг на волонтери!Со моменталниот капацитет на волонтери постигнавме бројка од речиси 44.000 статии, што сметам дека

навистина не е за потценување. Во секој случај, неопходна е поголема вклученост на луѓето во овој проект. Замислете само каква би била енциклопедијата доколку само мал дел од вкупно 800.000 македонски корисници на Фејсбук придонесат кон проширувањето на Википедија!

Недостигот од волонтери останува најголем проблем

Најголем проблем со кој се соочува македонската заедница на Википедија е недостигот од луѓе. Токму затоа започнавме активности со кои настојуваме да ги запознаеме и анимираме студентите. Нашата најголема надеж, всушност, лежи во поголемиот ангажман на студентската популација како наша клучна целна група. Не е тајна дека и во светски рамки студентите се движечка сила на Википедија. Студентите ја имаат потребната креативна енергија, интелектуалниот потенцијал, визионерството, а и доволно слободно време да ја туркаат Википедија напред.

Друга позначајна активност е поголемото присуство на социјалните медиуми, сега за сега, преку страницата на Фејсбук и профилот на Твитер. Веќе забележавме поголема посетеност на Википедија на македонски преку овие две страници, иако функционираат само месец и половина. Некои од посетителите започнаа и да уредуваат, така што имаме и зголемен број на уредници. Ширењето на мрежата на овој начин останува наш приоритет. Во иднина, освен поголемата промоција во студентските кругови, на ум ги имаме и средношколците и невладините организации. Паралелно работиме на поголема етаблираност на Википедија во институциите и системот воопшто. Наш стратешки приоритет е Википедија и слободните содржини да влезат во размислувањата на институциите на највисоко ниво: министерства, универзитети, јавни библиотеки, музеи и галерии. Се надеваме оти ќе ја убедиме македонската јавност дека Википедија и слободните содржини не се само корисни, туку и неопходни за културниот развој на нашата држава.

Слобадан Јаќоски

Можности

Page 16: Студентско Списание Излез број 4

16

Излез | март 2011

Криејтив...што?,,Криејтив Ејт“ е единствена непрофитна организација во моментов во Македонија којашто делува на полето на визуелните медиуми и видео продукцијата, промовирајќи граѓански вредности и младински активизам преку користење на различни видови медиуми.

„Криејтив Ејт“ (Cre8ive8) е независна младинска организација која веќе неколку години постои и работи на полето на неформалното образование во Македонија и пошироко. Идејата зад „Криејтив Ејт“ се роди пред скоро шест години, на иницијатива на Британскиот совет во Македонија, кој го започна „Криејтив Ејт“ како свој младински проект и дел од „Блу скај“ мрежата. Дел од тимот што беше вклучен во овој проект реши успешната приказна да ја продолжи понатаму, преку формирање на истоимено здружение на граѓани кое веќе три години неуморно снима, создава, како и подучува и инспирира млади луѓе. Целта на оваа организација е преку неформално образование да им го доближи на младите користењето на различни видови визуелни техники базирани на фотографија, филм и интернет и да го насочи стекнатото знаење кон промовирање на социјални вредности, младински и општествени прашања. Тимот кој е вклучен во и посветен на оваа организација самиот претставува група на млади луѓе кои како студенти или средношколци се вклучиле во „Криејтив Ејт“ и ја увиделе посебноста на оваа организација, како и можностите кои им ги нуди на младите. Дел од нив, сега веќе младински работници, се специјализирани за младинска работа, филм и видео, фотографија и нови медиуми, и заедно со голем број волонтери од Македонија и бројни партнерски организации од Европа, ја имаат задачата да ги пренесат понатаму креативните, позитивните и иновативните идеи на кои наидуваат на регионално и меѓународно ниво. Во зависност од проектите кои се спроведуваат, оваа организација секогаш има на ум две групи на луѓе. Првата и најголема целна група се младите, средношколци и студенти од Македонија и голем број држави од Европа, на кои во интерес им е да ги напреднат своите знаења во полето на различните видео и мултимедијални техники и стекнатото знаење да го искористат за актуелизирање значајни младински и општествени проблеми. Втората целна група се активисти и засегнати граѓани кои се

вклучени во младинскиот активизам и активното граѓанство, и кои имаат слична цел - преку користењето на различни форми на визуелното изразување да потенцираат значајни општествени прашања и да влијаат на нивното подобрување. Достигнувања Нив „Криејтив Ејт“ ги има повеќе, и тоа од локален и од меѓународен карактер. Дел од оние кои би можеле да се истакнат се: едноминутниот филм „e“, во кој се опишува природниот и спонтан тек на комуникацијата како природна дарба, кој ја доби наградата од публика за најдобар филм на единаесетиот Скопски филмски фестивал, триминутното видео со наслов „Скалила“ кое ја доби третата награда од публика на Светскиот форум на Global Development Learning Network во Вашингтон во 2006 година. Покрај ова, „Криејтив Ејт“ исто така е и добитник на почесната награда „Гласот на младите“, која ја доделува УНИЦЕФ. Оваа награда организацијата ја освои во 2005 година, на светско ниво, за краткото едноминутно видео „Направи разлика“, чија цел беше да го промовира гласот на младите и нивната улога во општеството.

Што е следно?

Сите оние кои сакаат да се вклучат во правење позитивни промени во нашата околина, а особено активните граѓани и граѓанските организации, мора што побрзо да сфатат дека медиумите ја имаат клучната улога во промовирањето на вистинските вредности. Истовремено, истите мора да поработат на подобрување на нивните знаења и вештини од оваа област доколку сакаат со нивното дејствување да извршат некакво позитивно влијание и да станат препознатливи. Токму затоа „Крејтив Ејт“ и оваа година ќе понуди многу нови интересни тренинзи и настани поврзани со филмот, видеото, младинската работа и медиумите. Моментално се работи на утврдување на програма за нови курсеви за филм и фотографија. Наскоро ќе продолжат понапредните работилници за фотографија од успешно спроведениот проект од минатата година „Фото грејт“. Продукцијата истотака најави голема проекција на младински европски филмови како и продолжување на соработката со бројни организации од земјата и странство, меѓу кои и „Ниси Маса“, која претставува европска мрежа на младински филмски организации во која членува „Криејтив Ејт“.

Можности

16

Излез | март 2011

Page 17: Студентско Списание Излез број 4

17

Излез | март 2011

„Со сигурност ќе продолжиме да даваме поддршка и на важни настани за културата во Скопје како што беа настаните на TED Х Скопје, предавањата и дискусијата на Прва архи бригада насловени „Замисли град“, дебатата „Аргумент“ на Младинскиот образовен форум и многу други значајни настани. Во 2011 годинa очекуваме и тројца нови волонтери од Ирска, Полска и Естонија како и реализација на големиот меѓународен тренинг против различни форми на дискриминација и за промоција на граѓански вредности преку разни видови медиуми - „Не дискриминирај“. Дополнително, се планираат и дводневни работилници со фокус на документарни филмови со неколкукратно наградуваната режисерка и продуцентка на документарци од САД, динамичната Мелоди Гилберт, како и неколку самостојни филмски проекции, изложби и кампањи.’’ - изјави Ристе Змејкоски, програмски координатор за 2011 година. Заинтересирани... да дознаете нешто повеќе или да се вклучите? Добредојдени се сите млади луѓе, без разлика дали сакаат да дознаат нешто повеќе за техничкиот процес на правење филм или видео, или сакаат да се изразат преку одреден визуелен медиум, без разлика дали имаат своја идеја, или пак сакаат да помогнат при остварувањето на туѓа, да ги погледнат дадените линкови за да дознаат нешто повеќе за Криејтив Ејт и нивните следни активности.

Весна ИлиевскаФилолошки факултет „Блаже Конески“

Фотографии: Cre8ive 8

Оваа организација исто така ја има можноста да праќа млади луѓе, особено студенти, од Македонија како волонтери во странство, како дел од програмата European Voluntary Service на Европската комисија, овозможувајќи им да стекнат меѓународни искуство и да ја доживеат културата на одредена земја преку волонтирањето во одредена невладина организација.

Линкови - www.facebook.com/Cre8ive8- www.cre8ive8.org- [email protected]

Можности

17

Излез | март 2011

Page 18: Студентско Списание Излез број 4

18

Излез | март 2011

Студентски водич низ измените во Законот за високо образованиеПредности и недостатоци на новите законски одредби Неспорно е дека образованието е сектор на јавни услуги кој ги засега сите граѓани. Затоа не зачудува што во изминатиот период усвоените измени на Законот за високо образование се предмет на јавна дискусија во вестите на секој ТВ канал, во секоја маалска кафана или интернет форум. Заглавени на средина, помеѓу паничните крици на професорите за уривањето на автономијата на универзитетот и убедувањата на министерството дека со овој закон конечно ќе се решат сите студентски маки во поглед на односите студент-професор, студентите се збунети и изгубени. Во ситуација кога „избраните“ студентски претставници не се потрудија да ги информираат студентите и да им понудат аргументи „за“ и „против“ усвоените законски решениија, ќе се потрудиме да анализираме дел од одредбите од измените на Законот за високо образование (ЗВО) кои ќе имаат најдиректно влијание врз студентите. Пред да се предложи каква било реформа, треба да се направи сегментирана анализа, а не да се говори генерално. Измените на ЗВО, за волја на вистината, таргетираат некои од постоечките проблеми во високообразовните институции, но дел од понудените решенија се несоодветни или навлегуваат во доменот на автономија на универзитетите.

Прва промена која паѓа во очи и придонесува за поголема застапеност на студентските интереси во Универзитетскиот сенат е зголемувањето на законскиот минимум на бројот на студентски сенатори од 10% на 15%, но точната бројка се остава на самиот универзитет да ја презицира со својот акт, најчесто Статутот на универзитетот. На овој начин, привидно се зголемува моќта на студентите да влијаат врз процесот на донесување одлуки, но реалноста е сосема поинаква. Компаративниот преглед на најголемите јавни универзитети во РМ изгледа вака: Статутот на УКИМ предвидува минимум 18% од сенаторите да се студенти (од вкупно 63 сенатори, 10 се студенти избрани од СПУКМ), Статутот на УКЛО предвидува пет студенти сенатори, додека Статутот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип го има задржано тогашниот законски минимум од 10% на студенти сенатори (и во двата случаи

избрани од Студентскиот парламент на универзитетот). Во случајот на УКИМ, студентските сенатори ретко имаат влијание врз одлучувањето и речиси секогаш гласаат воздржано, особено кога се одлучува за важни прашања, како на пример при одлучување за ставот на УКИМ за измените на ЗВО (за потоа во јавноста да истапат со јасно дефинирана поддршка на овие законски измени). Состојбата на терен покажува дека поголема вклученост на студентите во процесот на одлучување на универзитетите нема да се постигне со зголемување на бројот на студентски сенатори. За да се постигне оваа цел треба да се делува на монополот на номинирање на студентски сенатори кој го имаат студентските парламенти и да се воведат стандардите на демократија и плурализам во овој систем. Со цел да се зголеми транспарентноста на универзитетите и за да им се даде поголемо значење на студентските оценки за професорите кои произлегуваат од самоевалуацијата, измените предвидуваат задолжително објавувување на резултатите на веб страниците на факултетите. Секако дека ова е чекор напред за потранспарентно работење, но недостаток е непредвидувањето мерки кои би се презеле согласно резултатите од самоевалуацијата. Пред усвојувањето на измените, во истражувањето на МОФ реализирано во 2009 година на осум факултети од УКИМ и три приватни универзитети, на поставеното барање за копија од извештајот за самоевалуација на факултетите во годината 2008-09, само една третина од факултетите одговорија дека имаат направено самоевалуација, но одбија да ги достават резултатите заради заштита на лични податоци на професорите. Друга интересна промена од аспект на студентите е воведување на можноста за полагање и слушање изборни предмети на други факултети во склоп на универзитетот. На овој начин им се доделува правото на студентите да бидат креатори на својата студиска програма, која во иднина би изгледала вака: 60% задолжителни предмети од соодветната област, 30% изборни предмети од сите предмети на факултетот и 10% изборни предмети од листата на слободни

Форум – Закон, слобода, автономија

Page 19: Студентско Списание Излез број 4

19

Излез | март 2011

изборни предмети од кој било факултет во рамките на универзитетот. Ова е само чекор во создавање на слободата на студентите да го кројат својот образовен профил и вештини кои ќе ги поседуваат согласно своите сопствени интереси. Во ситуација кога пазарот на трудот бара кадри кои имаат познавање од повеќе дисциплини, овој тренд на доделување слобода на студентите за креирање на сопствените студиски програми дефинитивно треба да продолжи да се развива. За да биде успешна и во реалност оваа законска можност, нужно е студентите да имаат пристап до информации за предметите кои ги нудат факултетите, организирани на лесно достапен начин (на пример, на веб страницата на секој факултет), како и создавање информатички систем за регистрација на студентите за изборните предмети за да се осигура еднаквост во правото на пристап на сите студенти до сите предмети кои се нудат. Усвоените измени содржат уште една значајна измена во поглед на понудата на студиските програми. Високообразовните институции имаат обврска да понудат најмалку две студиски програми од прв циклус на студии (додипломски) и најмалку четири програми од втор циклус на студии (постдипломски) кои ќе се изведуваат и полагаат на англиски јазик. За докторските студии се предвидува само можност, но не и обврска за нивно изведување на англиски јазик. Моменталната ситуација, според истражувањето на МОФ, е дека повеќе од 50% од испитаните високообразовни установи опфатени во истражувањето немаат настава на друг јазик освен на македонски додека пак 29% спроведуваат настава дополнително и на англиски јазик. Несомнено, целта на оваа одредба е да се направат македонските високообразовни установи привлечни за странските студенти и да се зголеми мобилноста, но постои опасност да се соочат овие програми со мала заинтересираност од страна на студентите, при што би дошло до неефикасно користење на финансии и човечки ресурси.

За студентите веројатно една од најспорните одредби е членот 11 со кој се воведува надворешно оценување за студентите, со тоа што наставните предмети кои ќе подлежат на надворешно оценување ги определува Одборот за акредитација и евалуација на високото образование. Проблематично за студентите е што крајната оценка за наставниот предмет би била позитивна доколку студентот добил позитивна оценка од внатрешниот (професорот) и од надворешниот оценувач (лица избрани од Одборот кои никогаш претходно не го запознале студентот). Според Болоњската декларација, оценката не ја сочинуваат само резултатот од крајниот испит, туку и низа активности на студентот по самиот предмет, за кои оценка единствено може да даде предметниот професор. Веројатно најголемиот проблем во усвоените измени не е во содржината, туку во фактот дека не се предвидува никаква финансиска поддршка за да може студентите реално да ги почуствуваат придобивките. Така крупен реформски зафат во образованието не може квалитетно да се реализира без алокација на финансии. Се прашуваме колкаво е значењето на ваквите пост фестум анализи, во ситуација кога Законот беше непотребно донесен по итна постапка, а остави многу прашања неодговорени.

Марија Мирчевска

Катерина ТодоровскаСања Божовиќ

(Авторките се студентки и дипломци на Правниот факултет „Јустинијан Први“)

Илустрација: Далибор Стајиќ

Форум – Закон, слобода, автономија

Page 20: Студентско Списание Излез број 4

20

Излез | март 2011

Осознавање на студентската автономија

ДА за студентот како мислечко суштество

Олимпија Христова, Иван Петровски, Милка Ивановска и Фанија Ивановска се студенти од Правниот Факултет во Скопје кои секојдневно меѓусебе споделуваат ставови околу студентскиот статус и можности, правилата на игра на факултетот, студентските проблеми и можните решенија за нив. Она што е толку посебно во нивните размисли е нивната оптимистичка верба во престижноста на студентскиот статус. Подослободен од товарот на општеството, студентот е млад граѓанин кој може да си дозволи да биде слободен - во мислата и во делата! Но, зошто не е? Овој текст открива како овие студенти размислуваат за автономијата на личноста, за студентската автономија и конечно за автономијата на Универзитетот.

Да се обидеме да го осознаеме филозофскиот концепт на АВТОНОМИЈАТА. За да го сфатиме, ајде да замислиме еден слободен простор (апстрактен или физички, сеедно). Вие, заедно со пријателите можете да го организирате тој простор како што сакате и притоа самите ги избирате правилата на игра. Тие правила (закони – номос) ги создавате самите во името на некое поголемо добро, сметајќи на тоа дека никому нема да му наштетат и притоа кон нив се однесувате со одговорност бидејќи тоа се вашите правила. Кога ги избирате правилата, кога одлучувате како ќе го користите тој простор, никој не ве ограничува, не ви забранува и не ви наметнува свои правила. Автономијата, значи, се остварува кога можноста за акција не е ограничена, условена или забранета. Автономијата подразбира афирмативна акција, ангажи-раност, тоа е реална и видлива доблест, а не празна фраза или апстракција без содржина. Во случајот на автономијата на Универзитетот, ваквото право на слободен избор не е крајната цел, туку начин/средство до поквалитетно образование, послободно општество, подобар живот. За нечинењето или пасивноста, студентите се морално одговорни пред своите врсници, пред генерациите што следат и општеството што наивно го чека нивниот придонес.

Вистина е дека во реалноста автономијата е условена од животните можности и општествената положба. Има животни ситуации кои човекот го чинат губење на достоинството. Но, дали положувањето на испит или плус три бода од активност, или на крајот здобивањето со диплома на најлесен можен начин вредат колку човековото достоинство? Се враќа ли повторно веќе еднаш изневерената автономија на личноста или тоа е магичен круг во кој вие секогаш го бирате најлесниот пат до целта во замена за личната слобода, интегритет и достоинство? Осознавањето на поимот на студентската автономија не наведува да ја согледаме полидимензионалната природа на автономниот студентски простор. Прво, се јавува потребата од автономен интелектуален простор за студентска мисла и интелектуален развој. ЕКТС е стандардизирана форма на студирање која е дизајнирана да поттикнува и наградува просечност. ЕКТ системот не признава извонредни студенти! Автономијата на студентскиот став/израз завршува пред тестот со multiple choice или пред ставот на професорот кој вели: Не признавам есеј со ваше мислење бидејќи вие немате ваше мислење! Есејот кој е жанр кој подразбира автономија на личен израз нашите професори често го претвораат во прост тест за меморија (со сета почит кон исклучоците). Притоа, плурализмот на извори е излишен бидејќи таквото знаење не се препознава од ЕКТ системот. Наместо ова, посакуваме отворени универзитети и простори на размена на знаење кои не се ограничени со институционална рамка, со времетраење на час, со стриктни силабуси и конвенционални знаења. Во тој простор влегува онаа личност која самостојно и свесно одбира знаење, вистина и критичка мисла, без разлика на возраста, статусот или етничката припадност. Таму влегува оној што сака, а не оној што мора! Универзитет во универзитет, автономна зона која ќе ја освоиме ние – мислечките луѓе во рамките на постоечкиот систем на институции и правила. Не сме предмети со шифра, туку личности, а универзитетот не е фабрика! ДА за студентот кој е дел од јавната дебата, да за мислечкото суштество кое размислува за општествените проблеми и дејствува во насока на нивно решавање. ДА за студентот кој е солидаризиран со своите колеги без разлика дали нивните проблеми се и негови лични проблеми.

Форум – Закон, слобода, автономија

Page 21: Студентско Списание Излез број 4

21

Излез | март 2011

Лицемерни сме ако зборуваме за автономен студенски простор, а ги занемариме студентските домови. Веруваме во департизација на студентските домови и нивно повторно освојување и прераспределба која ја запазува социјалната димензија но и мерит критериумите. Социјално понезависните студенти да се солидаризираат со своите колеги од студентските домови чие студентско легло зависи од степенот на лојалност кон некоја партија, и во нивно име да ја поведат борбата за департизација на домовите. Попривилигираниот социјален статус значи и морална одговорност кон студентот кој е социјално помалку привилигиран - чија автономија во такви неповолни и недостоинствени услови се релативизира и за жал, се губи! Потребен е автономен комуникациски простор на студентите. Комуникациски канали односно мрежа низ која ќе циркулираат информации за „студенцките работи“. Видувања, анализи и размислувања на студентите за студентите. Ваквата потреба најјасно се гледа на случајот со измените на Законот за високо образование. Потребна ни е анализа на последиците од Законот за високо образование по квалитетот на образовниот процес, по статусот на студентот, по студентската автономија. Што студентите губат, а што добиваат? НЕ безочна пропаганда на партиска младина која не убедува како за производ дека тоа е закон кој ќе не избави од сите студентски маки, НЕ професорски стравови кои велат дека ќе не уништи, НЕ параноични медиуми кои се занимаваат со подгревање на студентските страсти наместо на студентскиот интелектуализам. Туку, наша студентска автономна мисла, жестока и остроумна, која ќе се занимава со нормите кои го регулираат нашиот статус.

Еден асистент имаше ставено налепница на својот лаптоп на која пишуваше: „Секогаш сомневај се во апсолутниот авторитет на професорот!“ Ние не го сфаќаме ваквото мото како повик за простачки волунтаризам, туку како потреба од преиспитување на формалните и фактичките односи помеѓу професорите и студентите кои досега имаа тенденција да фабрикуваат авторитарни, покорливи личности кои се поларен опозит на автономните мислечки личности. Ваквото преиспитување на односите е потребно во име на автономијата на нашиот заеднички дом – Универзитетот, но и во име на либерализацијата на општеството во кое живееме. Единствено студентот го има правото да евалуира успех или неуспех на професорот, тоа да го прави индиректно манифестирајќи го сопствениот успех или неуспех, но и експлицитно изразувајќи го своето мислење во повремени анкети кои потоа ќе се објавуваат на страницата на факулетите како на еден вид „столб на срамот“. Ако го изразиме своето нездоволство од некој професор и тој став биде објавен само на наставнички совет и никаде на друго место, тогаш студентскиот став се омаложува и не ја исполнува својата суштинска функција - да го промени статус квото. Професорите и студентите треба да бидат еднакви во амфитеатрите кога одлучуваат за организирањето на часот, да бидат кооперативни и кога се одлучува за уредување на пошироки прашања – но, драги професори, вашата одговорност е поголема! Поодговорни сте кон автономијата на Универзитетот пред се заради предноста на животното искуство, педагошкиот етос на вашата благородна професија, и зошто студентите брзо минуваат, а вие останувате! Автономијата не е вредносно неутрална, инаку би отварала простор за самоукинување. Ако правото на слободен избор го искористиме за да одбереме корумпираност, пасивност, непотизам, полтронство, антинтелектуализам и сл. тогаш се откажуваме од својата автономија бидејќи си ја корумпираме слободата. Професорите и студентите од овој Универзитет често го прават тоа, но тоа нас не нè обесхрабрува да размислуваме во насока на нејзино повторно откривање.

Милка ИвановскаПравен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје

Политички студии

Илустрацијa: Далибор Стајиќ

Форум – Закон, слобода, автономија

21

Излез | март 2011

Page 22: Студентско Списание Излез број 4

22

Излез | март 2011

Зависност и занес: Против академската слобода

Академската слобода е нешто што лесно може да се брани зашто нема конкретно значење за сите. Со какви цели ја бранеа професорите во неодамнешните протести и реакции? Академската слобода е поим со широко значење. Во основа вклучува концепти како слобода на изразување и делување на студенти, професори и образовни институции. Кој ја поседува академската слобода? Идејата дека тоа е студентско право потекнува од германскиот модел на образование и значи дека студентот без влијание може да бира какви предмети да посетува во образовната институција. Сфатена како право на професорот, академската слобода во многу образовни модели се сфаќа како слобода на истражување и објавување на трудови. Тоа што варира од земја до земја е сфаќањето за слободата на однесување на професорот при предавањата; колку и како тој смее да ги искажува своите политички и други мислења. Академската слобода како концепт кој се поврзува со образовната инстутиција е најблизок до идејата за институционална автономија. На пример, Врховниот суд на САД утврдил дека академска слобода значи дека универзитетот на академска основа може да одлучи кој може да предава, што може да предава, како тоа треба да биде предадено и кој смее да студира.

Многу очи ненадејно прогледаа и многу усти почнаа да зборуваат против новите реформи во високото образование во Македонија во име на академската слобода. Професори побрзаа да бараат колективно ангажирање на нивните колеги против упадот од страна на државата во државните универзитети. Но, работите не се толку едноставни затоа што секој проблем си има своја историја, а проблемот има глобални димензии.

Универзитетот во модерна смисла не е сфатен како продавница за знаења и вештини како што треба да биде, зашто тогаш работата на професорите би била иста како и таа на занаетчијата и продавачот на книги. Тоа што професорите успешно го направија е што изградија пиедестал под нивните нозе, се прогласија за извори на знаењето, можеби не во класа над останатите, но блиску до тоа. Бидејќи секој може да се прогласи за сезнајко, ним им требаше партнер кој ќе ја убеди публиката. Партнерот речиси низ цел свет е државата. Причината е едноставна – државата го има апаратусот и „легитимноста“, па може да собира пари од секого за секакви цели. Во случајов, целта е „високото образование“.

Горенаведените дефиниции за академската слобода се прилично опширни и непрецизни. Токму затоа, академската слобода е нешто што лесно може да се брани зашто нема конкретно значење за сите. Некогаш кога за таквата слобода говорат професори, се добива впечатокот дека сакаат гарантирана публика пред која можат да ги истурат своите идеи. Тоа не е толу благородна цел колку што може првично да ни се чини. Во тој случај, публиката (пред сè, студентите) не би имале право на своја слобода, слободата да не ги слуша. Оние што сега се бунат во името на академската слобода треба да бидат прашани од нас, студентите (крајните корисници на нивните услуги, муштериите) – каков е нивниот интерес? Ако вистината е она по коешто трагаат, зошто ги тераат сите (даночни обврзници) да го

Форум – Закон, слобода, автономија

Page 23: Студентско Списание Излез број 4

23

Излез | март 2011

платат тоа? Зошто не пишуваат колумни за приватизација на универзитетот ако независноста, слободата, автономијата им се толку важни? Зошто не се толку жестоки против мешањето на државата во било која друга пора на општеството? Не велам дека не ги разбирам. Напротив, нормално и очекувано е таа установа која најдолго профитирала од фактот што била „единствената (академска) игра во градот“ да дава најголем отпор при промена на нејзиниот статус. Она што не можеме да го дозволиме е нивното интелектуализирање по однос на прашањето да остане некритикувано.

Очигледно е дека тоа што во минатото им одговарало на професорите сега веќе ги загрозува нивните позиции. Секое морализирање од нивна страна е непотребно, задоцнето и неискрено. Моќта на професорите не зависеше од оние што се образуваа, туку од државата и нејзините променливи расположенија (со други зборови, од партиско-непотистичка природа) и тоа всушност е главниот проблем кој ќе остане и во иднина, независно колку добронамерно е законодавството, професорите или администрацијата што ги контролира. Мора да се спомене и лошиот тренд на зголемување на авторитетот на професорите надвор од полињата на специјализација. Ставовите на професорите не се ништо повредни кога се зборува за нешто за кое што не се стручни да зборуваат. Затоа со голема резерва треба да се земат предвид мислењата на нестручни професори кои коментираат за закони и одлуки. Да, нив тоа ги засега, но нивното мислење не е повредно од мислењето на родителот кој праќа свое дете на тој факултет или од самиот студент кој учи во установата.

За да не бидам адвокат на ѓаволот, мора да признаам дека корупцијата и општата неефикасност на универзитетите можат лесно да се поврзат со одобрувањето и прогледувањето низ прсти што го дозволуваат исто толку корумпираните и неефикасни повисоки органи на државата. Тие опстојуваа во симбиоза, заедно и не за некои виши, научни цели, туку од себични причини. Веројатно тоа и ќе продолжи, заедно со континуираната борба за надмоќ, дури и по изгласувањето на законот за високо образование. Независно од исходот, студентите нема да добијат поквалитетно образование.

Данаил Станојески Правен факултет „Јустинијан Први“

Фотографии: Викторија БачвароваФилозофски факултет

23

Излез | март 2011 Форум – Закон, слобода, автономија

Page 24: Студентско Списание Излез број 4

24

Излез | март 2011

Пермакултура: Во рацете на мудрите, земјата се претвора во златоИмаме чест да разговараме со Никола Стојаноски, еден од тројцата Македонци кои минатиот Ноември слушаа курс по пермакултурен дизајн директно од пионерот на овој алтернативен пристап – Бил Молисон. Интервјуто следи по краток прилог кој објаснува некои од основните информации поврзани со појавата и значењето на пермакултурата.

Поимот Пермакултура (Permaculture) подразбира одржлив систем на земјоделство кој со цел да постигне долгорочна стабилност на продуктивните екосистеми ги ползува меѓусебните односи и зaемно корисни функции на природната средина. Изразот е кованица од зборовите перманентно земјоделство (per-manent agriculture) и перманентна култура (permanent culture) која во англискиот јазик ја воведува Бил Молисон како опозиција на традиционалното земјоделство во кое се размислува неодговорно краткорочно по однос на начелото на одржливост. Смислата на изразот е да ја нагласи постојаноста на човечките потреби кои зависат од постојаноста на интегритетот на животната средина.

Пермакултура е промислен дизајн и одржување на земјоделски продуктивни екосистеми кои ги поседуваат диверзитетот, стабилноста и приспособливоста на природните екосистеми. Тоа е хармонична интеграција на пејсажот и луѓето преку која се обезбедуваат нивната храна, енергија, престојувалиште и други материјални и нематеријални потреби на одржлив начин. Без перманентно земјоделство нема можност за стабилен општествен поредок. Пермакултурен дизајн е систем на собирање концептуални, материјални и стратешки компоненти во модел кој функционира за да му користи на животот во сите негови форми. Филозофијата зад пермакултурата е онаа на работење во склад со, наместо против, природата; на долго и промислено набљудување наместо долго и немарно дејствување; на поглед кон системот во сите негови функции, наместо барање на само една негова придобивка; и дозволување на системите да ја покажат сопствената еволуција. Извор: Permaculture Research Institute – Australia [www.permaculture.org.au]

Од 21 ноември до 4 декември минатата година, Никола Стојаноски и уште двајца луѓе од Македонија посетија курс по пермакултурен дизајн организиран од Турскиот институт за истражување на пермакултура на кој предавањата ги држеа пионерот Бил Молисон и неговиот, условно кажано, наследник - Џеф Лотон. Имаме можност да поразговараме со Никола за неговото запознавање со пермакутурата, неговото искуство во Истанбул и перспективите за ширење на пермакултурата во Македонија.

Што претставува пермакултурата за Вас лично како однос кон светот и како филозофија на живеење? Пермакултурата е всушност практично решение за осамостојување и живеење од сопствениот труд и од ресурси кои се на дофат околу домот. На пример, за храната која ја јадеме, а е произведена во индустриски услови, пермакултурата нуди решенија за производство на сопствена храна во природни услови. За домот кој е изграден од индустриски и скапи материјали, пермакултурата нуди решенија за ефтина градба со природни материјали од најблиската околина. За енергетски ресурси кои секојдневно ги трошиме, а кои бараат скапа инфраструктура и високи редовни и бесконечни трошоци, и кои дополнително ја загадуваат природата и нашите тела и животи, пермакултурата

Алтернативи

Page 25: Студентско Списание Излез број 4

25

Излез | март 2011

нуди ефтини и едноставни решенија за нивно собирање и користење, повторно од најблиската околина. И така натаму. Тоа е етичката и практичната страна на пермакултурата. Нејзината научна страна ни овозможува да ги разбереме, научиме, препознаеме и употребиме процесите и механизмите на природата, која претставува множество од совршени креации.

Претпоставувам дека повеќето читатели досега не слушнале за пермакултура. На кој начин вие се запознавте со идејата? Онака како што се случуваат сите важни работи во животот – „сосем случајно“. Јас сум дел од невладината еколошка организација Фронт 21/42 (www.front.org.mk), која во склоп на регионалната соработка со слични организации од Хрватска и БиХ беше поканета на „Воведен курс по пермакултура“ во Сараево во февруари 2010. Тоа за мене беше како љубов на прв поглед, за мене тогаш небото се отвори. Јас долго претходно размислував и зборував за комплетно off-grid, независно и самоодржливо живеење од сопствениот труд и ресурси, но бев свесен дека како градско дете нема да можам да се снајдам ако нагло преминам во една сосем различна, рурална средина. Тажно е што во рамките на денешново „модерно“ општество живееме скоро комплетно одвоени од сите аспекти на природата. На пример, воопшто не сме свесни како се произведува храната која ја конзумираме. Дури не знаеме ни како изгледаат целите билки чии делови ги јадеме, во каква почва и услови виреат, дали се едно- или повеќегодишни, со кои други билки најдобро се сложуваат, кои инсекти најчесто ги посетуваат, кои болести најчесто ги засегаат и кој е лекот за нив, што им прават разно-разните хемикалии кои земјоделците „традиционално“ ги ставаат на нив итн. Тогаш сфатив дека пермакултурата нуди комплетно практично решение за секој кој сака да живее од сопствениот труд т.е. да јаде храна која сам ја произвел, да троши енергија која самиот ја собрал од природата, да живее во дом кој сам го изградил. И сето тоа со минимум труд и максимум резултати.

„Пермакултурата раѓа радост на повеќе нивоа. Најпрво е потребно да се набљудуваат и разберат генијалните принципи и механизми на природата. Потоа, нивната успешна практична апликација раѓа огромно задоволство затоа што овде се креираат идеални услови и се потпомага развојот на природата. Истовремено, одгледувањето на растенија и животни од семиња/бебиња претставува посебна радост за човекот кој е сведок на нивното растење и развој. Чувството на слобода кое се добива од одгледувањето на сопствената храна е исто така неизмерно. И на крај, делењето на сето ова со потесното или поширокото семејство, пријателите и соседите е вишничка на шлагот.“

Никола Стојаноски

Ќе може да им објасните на читателите зошто Вие - стоматолог од Скопје - ја носите пермакултурата во Македонија, а не некоја институција или барем некој човек со искуство во земјоделството? Најпрво, пермакултурата е присутна во Македонија од 1999 година. Тогаш самиот Џеф Лотон раководел со дизајнирањето и уредувањето на кампот за бегалци во Чегране кај Гостивар според пермакултурни принципи. Во кампот се одржувале и обуки и се основала организација, Центар за пермакултура и градење мир, која сè уште постои. Понатаму, Зелената Арка веќе неколку

години работи на проекти и идеи од пермакултурата. Што се однесува до кадровската компатибилност, пермакултурата не е ексклузивна струка или ориентација за одредени природни или технички кадри. Таа е толку широка и ниско-технолошка, што со неа може да се занимава секој. Суштината на пермакултурата е во набљудувањето на природата и учењето од неа. (Или, како што рекоа на едно место – една од најважните алатки во пермакултурата е – лежалката.) Оној кој е отворен за ова, е тргнат на бесконечна авантура полна со воодушевувања и увиди. Дополнително, светот гледан низ пермакултурата нуди огромно количество информации, за кои човек исто така треба да биде спремен да ги апсорбира. Е сега, согласно личните афинитети, можеби вие ќе бидете подобар во земјоделство, а јас во градежништво, но пермакултурата е таа која ќе нè интегрира. И токму заради тоа е прекрасна. Кога имате работа со алтернативен пристап, нормално е да наидете на отпор од средината, бидејќи луѓето тешко се откажуваат од своите навики, макар тие биле крајно штетни за нив. Најчесто токму естаблишментот го пружа најголемиот отпор, бидејќи најцврсто е вкоренет во својата област. Но тоа не им пречи на луѓето да разработуваат нови идеи, посебно вака темелно докажани како пермакултурата.

Кои се перспективите на пермакултурата во нашата средина? Од она што мене ми е познато, освен организациите кои ги спомнав претходно и два имоти во Струшко и Делчевско, во Македонија има мала група заљубеници која разменува идеи и искуства преку интернет групата Permakultura-MK (http://tech.groups.yahoo.com/group/permakultura-mk/). Се привршува организацијата на едукативни настани – вовед во пермакултура кон крајот на февруари, целосен курс за пермакултурен дизајн во периодот од март – мај. Покрај ова ќе има и придружни работилници за био козметика, природни бои, соларни панели и слично. Едукацијата ќе тече и понатаму и во континуитет, за сите нови заинтересирани. Она што е побитно е практичната работа, да почнат што повеќе луѓе да живеат со и од пермакултурата. А Македонија има одлични услови, бидејќи климатски се наоѓа во умерениот појас, почвата е сеуште доволно богата, традиционално сме земјоделска земја, а огромен дел од селата се запуштени или напуштени. Тука ги гледам перспективите, во враќањето на животот поблиску до природата. Но не само на село – пермакултурата еднакво може да се применува и во градските средини: урбаната пермакултура е дури подостапна за сите нас, градските деца. Таа не бара повлекување и селење и може да се практикува овде и сега. Важно е човек да сфати и почувствува дека пермакултурата е прекрасна алтернатива на сегашниот начин на живот, алтернатива која нуди живот во склад со себе и природата.

Александар МицескиФилолошки факултет „Блаже Конески“

Целосното интервју, заедно со подолг вовед за пермакултурата, можете да го прочитате на izlez.mk

Алтернативи

Page 26: Студентско Списание Излез број 4

26

Излез | март 2011

Македонија се враќа во прегратките на ММФ

Стара љубов на нови патекиММФ имаше важна улога кај македонската економија во последните 20 години, а како што се гледа неговото влијание ќе биде присутно и понатаму

Размислувајќи за содржината и начинот на кој ќе ги третирам настаните поврзани со оваа тема, случајно на телевизија слушнав една стара песна на Балашевиќ, на која насловот и гласеше „Прва љубав“ (Прва љубов). Овој наслов ме заинтригира затоа што и самиот однос помеѓу Македонија и Меѓународниот монетарен фонд ми личеше на стара, прва љубов, која ние како држава ја имавме во воспоставување на билатералните односи, нормално, овде на економско - финансиски план. Од самата независност, па сè до ден-денес, ММФ играше важна улога во креирањето на нашите макроекономски политики, или како што би кажал еден мој професор по макроекономија: „ММФ во почетокот на ‘90-тите нè учеше како да креираме макроекономски политики“. И така нашата прва љубов, од финансиски аспект, беше ММФ. И додека ММФ, како искусен играч на меѓународната арена, ни даваше пари и совети како да трошиме, ние како добар ученик, или фигуративно кажано како послушен партнер во финансиската врска, ги следевме нивните препораки. Тоа траеше сè до 2005 година, кога ни беше склучен и последниот аранжман со ММФ. Дојде 2006, се смени власта, а со тоа и нашиот пристап кон ММФ. Од послушна странка, полека но сигурно почнавме да ги игнорираме советите на ММФ. Светската економска криза дојде и во Македонија. Првите знаци на економската криза во РМ се појавија во август/септември 2008 година. Македонија, како земја во развој, не беше многу имуна на овој притисок. Кризата, исто така, влијаеше и врз нашиот платен биланс, така што на Македонија и беше потребен влез на нови, свежи пари во оптек кои би и помогнале да го израмни буџетскиот дефицит. Буџетскиот дефицит растеше, експертската јавност бараше Македонија итно да склучи аранжман со ММФ. Кулминацијата се достигна во јануари, кога домашниот бруто производ, спореден со истиот период минатата година, изнесуваше 1,4% помалку. Притисоци врз Владата сега имаше и од реалниот сектор, односно од бизнисмените. Македонија мора да ја затвори буџетската дупка која се создаде во тоа време. ММФ во тој случај беше најповолна алтернатива, имајќи ги предвид каматните стапки. Сепак, Македонија не

се реши за таа алтернатива, со цел да се зачува рејтингот на државата на финансиските пазари. Од другата страна, пак, експертската јавност и опозицијата обвинуваат дека сегашната Влада не се задолжува во ММФ заради контролата која ММФ ја врши врз начинот на трошење на парите, па сигурно нема да се провираат пари од ММФ за популистички проекти и неинвестициони цели. Како и да е, Владата не се реши да се задолжи кај Меѓународниот монетарен фонд, туку емитираше еврообврзница со 9,8% годишна камата, што е за околу 8% повеќе отколку каматите што ги нуди ММФ, или подобро кажано, со ова

Македонија мора да плати 15 милиони евра повеќе само за камати. Штета, со тие пари можевме да изградиме уште неколку споменици, затоа што малку ми изгледаат во моментов.И кога се мислеше дека нашите односи опаднаа до минимум, исто како и во рефренот на горенаведената песна, „првата љубов” ни дојде тивко, без да ја повикаме, и тоа со понуда од 480 милиони евра, но овој пат на нова патека, односно преку нов инструмент – кредитна линија за претпазливост. Македонија е првата земја во светот која ја има можноста да ја користи оваа кредитна линија, а нејзината намена главно е за земји кои имаат стабилна макроекономска политика кога се во криза. Едно е сигурно – Македонија овие нови пари од ММФ не смее, во никој случај, да

ги потроши за непродуктивни цели, како што се финансирање на проекти слични на „Скопје 2014“, вработување во администрацијата и така натаму. Македонија и понатаму треба да соработува со ММФ, затоа што, без разлика на сè, таа ќе има потреба од Фондот сè додека има проблеми со платниот биланс. Ова соработка може да се одвива на разни начини, почнувајќи од склучување на аранжмани, па сè до активирање на кредитни линии. Без сомнение, ММФ имаше важна улога кај македонската економија во последните 20 години, а како што се гледа неговото влијание ќе биде присутно и понатаму.

Адмир БраваФОН Универзитет

Погледи

Page 27: Студентско Списание Излез број 4

27

Излез | март 2011

Искуства што не можат да се добијат од книгаУчење низ неформални активности со студентската организација БЕСТ

Можности

за едукација, дружење и патување. Курсевите во најголем дел се од технички карактер и често се случува студентите да се двоумат дали да се пријават или не, мислејќи дека тоа не е за нив. Напротив, сите курсеви се на почетно ниво и се прилагодени за сите студенти! Заинтересираните и оние кои се двоумат треба да знаат дека сè што е потребно да се учествува на еден курс е мотивација, желба за дружење и патување и интерес за темата на курсот! На курсевите можат да се пријават сите студенти кои студираат на некој од факултетите на УКИМ, а тоа можат да го сторат на официјалната страница на БЕСТ (www.best.eu.org) преку регистрирање за избраниот курс и испраќање на мотивационо писмо. Селекцијата на избраните кандидати ја врши локалната БЕСТ група која е организатор на курсот, врз основа на испратеното мотивационо писмо. Повикот за пријавување на курсевите во летниот термин е веќе отворен, а истиот ќе трае до 20 март. Оваа година курсеви ќе се одржат во Чешка, Хрватска, Романија, Белгија, Шпанија, Португалија и во многу други европски земји. Целосната листа на настани може да ја најдете на официјалната страница. Оние студенти кои ќе се пријават и уче-ствуваат на курсевите потребно е да знаат дека во однос на трошоците, останува на нив да ги платат патните трошоци до земјата каде ќе бидат примени на курс и симболична партиципација, додека сите останати, како оние за храна, сместување, кафе паузи и слично, се покриени од локалната БЕСТ група која го организира настанот.

Н.Д.

БЕСТ (Борд на европски студенти по технологија) е студентска организација која на интернационално ниво, од 1989 година, овозможува остварување на комуникација, соработка и можности за размена за студентите од цела Европа. Како резултат на тоа, низ годините и денес, БЕСТ создава растечка мрежа на млади и иновативни луѓе која е присутна во 30 земји преку 89 локални БЕСТ групи. Студентите од цела Европа, преку настаните организирани од локалните БЕСТ групи, имаат уникатна можност за меѓусебно запознавање и учење едни од други, како и можност за патување и запознавање на европските земји! Мрежата на локални БЕСТ групи го овозможува тоа преку организирање на формални и неформални настани и курсеви, кои и покрај академските, им помагаат на студентите да ги развијат и своите лични способности. БЕСТ–Скопје Зачетоците на БЕСТ во нашата земја датираат уште од 9 март 2002 година, кога група студенти го формираат локалниот огранок на оваа организација, но официјално БЕСТ–Скопје станува член во 2002 година и се здобива со статусот „baby member”. Веќе во ноември 2003 година, БЕСТ–Скопје станува полноправен член. Од своето постоење, БЕСТ–Скопје организира различни видови настани меѓу кои и Саемот за вработување и кариера (Job Fair) кој оваа година ќе биде организиран по седми пат. Покрај тоа, БЕСТ-Скопје, како и сите други локални БЕСТ групи, организира меѓународни академски курсеви. Што се меѓународни академски курсеви? Курсевите се настани организирани од локалните БЕСТ групи низ цела Европа, кои се одвиваат во четири термини. Тие на студентите им нудат можност

Page 28: Студентско Списание Излез број 4

28

Излез | март 2011

Интервју со Маја Филиповска

Студ и студии во Осло

Во текот на овие студии е опфатено стекнување на знаења и практични вештини од областа на сите видови попречености кај луѓето (сензорни, телесни, интелектуални, моторни). Иако секогаш успевав да се прилагодам кон потребите на сите овие групи на луѓе, сепак со запишувањето на магистерските студии одлучив да се насочам кон лицата со слушни оштетувања. Комуникацијата на знаковен јазик ми била од секогаш предизвик.

Како се случи да заминете во Осло? Во текот на последната година од додипломските студии излезе конкурс за запишување магистерски студии на Универзитетот во Осло за дипломирани студенти на Институтот за дефектологија и решив да се пријавам. Програмата не е ниту една од веќе познатите, туку се работи за специјално создадена програма која конкретно во мојот случај произлегува од соработката на мојот институт со Факултетот за специјална едукација во Осло. Ваква соработка постои и со Стоматолошкиот факултет во Скопје. Програмата вкучува престој од еден семестар на тамошниот факултет, а по завршувањето на тој семестар продолжување на магистерските студии во Скопје, со тоа што одредени предмети кои се полагаат

за време на престојот во Осло се признаваат кај нас. Поради сето ова морав малку да го забрзам моето дипломирање за да заедно со уште пет други колешки исто така од Институтот за дефектологија заминеме во Осло. Во оваа програма беа вклучени и двајца студенти од Стоматолошкиот факултет со тоа разлика што тие слушаа еден семестар од додипломските студии.

Кажи ни нешто повеќе за програмата и за вредноста на искуството од академска гледна точка. Никојпат нема да згрешам кога ќе речам дека искуството од престојот таму за мене е бесценето. Сметам дека за да се биде успешен во идната професија, знаењата треба да се стекнат од повеќе извори, за да може да се направи споредба и да се изберат и користат позитивните страни од двата. Токму тоа ми го овозможи семестарот поминат на Универзитетот во Осло.

Можеш ли да ги споредиш високообразовните системи тука и таму? Што од тоа што се нуди таму недостасува тука? Колку се разликува студентскиот живот таму од овој во Македонија? Животот во Норвешка е навистина скап, но затоа партиципациите на факултетите се симболични. Секој кој сака да студира и има квалитети би можел тоа да си го овозможи. Многу ни се допадна начинот на полагање на испитите. Никој не бара репродуцирање на факти од прочитаните книги, туку ставање на знаењето во функција. Сопственото мислење и практиката се ставени на највисоко место во нивниот високо-образовен систем. Доживувањето на професорите како „врховни богови” кои знаат сè, таму не постои. Студентите се во

Успешна приказна

Маја Филиповска во јуни минатата година дипломирала на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет на насоката за општа дефектологија и со уште неколкумина студенти од земјата заминала во Осло, Норвешка, на академска размена. Таа со „Излез“ го сподели своето искуство со програмата и престојот таму. Маја вака накратко ни ги опиша своите студии и што ја привлекло да ја одбере дефектологијата како идна професија:

Page 29: Студентско Списание Излез број 4

29

Излез | март 2011

постојан контакт со професорите и преку тие контакти разменуваат идеи, односно се вреднува и ставот на студентот. Подобро е организирана самата настава, студентот однапред знае што ќе се случува, како треба да се подготви, а на време е известен и за измените. Групната работа многу се почитува. Така студентите се активираат и го даваат дефинитивниот облик на предавањето, во соработка со професорот, се разбира.

Што има Осло (и Норвешка воопшто) да им понуди на младите кои престојуваат таму? После петмесечен престој можам да кажам дека Норвешка како земја нуди искуства многу различни од сите други места каде што сте биле. Во центарот на Осло можете да се напиете најобична пијачка за „само” десет евра, а до таму да стасате со сите можни превозни средства (автобуси, трамваи, метроа, такси). Ако се земе предвид дека по бројот на жители Осло и Скопје се приближно исти, ова е навистина невообичаено. Во само еден ден во Осло можете да ги доживеете сите четири годишни времиња. Тоа е град каде чадорите се менуваат на секои две недели и со таква клима тешко би се справиле луѓе што патат по беспрекорен изглед на својата коса. Дека е викенд ќе забележите по тоа што градот навечер е значително раздвижен и луѓето излегуваат од барови со прилично нестабилен од. Норвежаните различно размислуваат за време на работната недела и за време на викендот и Но, секогаш

се љубезни кога нешто ќе побарате од нив. Зимата, неверојатно ниските температури и чекорењето по замрзнати водни површини се посебно доживување.

Дали престојот таму влијаеше на начинот на кој го гледаш светот? Дали мислиш дека целото искуство на некој начин те промени како личност? Какви придобивки можат да очекуваат студентите што сакаат да заминат на размена? Дружбата со големиот број интернационални студенти не може, а да не те натера да почнеш да гледаш поинаку на работите. Сите тие доаѓаат таму со свои приказни и со свои искуства и кога ќе ги споредиш со тоа што ти го знаеш или барем си мислел дека го знаеш, доаѓаш до некој нов заклучок, а тоа секако те менува како личност.

Што те очекува на академско поле сега? На што би сакала да се посветиш професионално во животот? Сега ми останува да ги довршам магистерските студии, а моментално ги разгледувам можните теми за магистерскиот труд.

Ана ЛакалискаФилолошки факултет „Блаже Конески“

Успешна приказна

Page 30: Студентско Списание Излез број 4

30

Излез | март 2011

„Излез“ во студентските домови

Гоце - терен на којшто се водат многу битки„Прекрасно“ место за скоро секој студент, помага во самоспознавањето на секоја душа, а богами дава мотивација за што поскоро завршување на целите за кои сме дојдени повеќето од нас.

Студентскиот живот претставува многу важен фрагмент на секој студент, период кој останува длабоко врежан во меморијата скоро на секоја личност, време на студентски перипетии, заплети и расплети, време кога треба најдобро да се дооформи сопствениот карактер, сопствените цели, да се постигне индивидуалитет и време во кое треба да се земе залет и длабок здив за авантурите, коишто престојат во понатамошниот живот.Прекрасно е чувството кога човек ќе се најде сред толпа од илјада луѓе, кои го пронашле својот мир и уживаат во благодетите што ги нуди животот во студентскиот дом „Гоце Делчев“ – груб терен, којшто е доста немилосрден cпрема послабите, терен на којшто се водат многу битки, битки за храна, битки со самите

себе, битки со комшиите, битки на играта дота, битки со книгите ит.н. ит.н., едноставно борба за опстанок. Условите за живеење не се воопшто споредливи со оние во земјите од Европската Унија, ниту пак со тие во Америка, повеќето веќе имаат отидено, видено, дојдено и раскажувано. Но, тоа е како што е, ние сме Македонија и тоа нè прави да се разликуваме од сите овие земји и да бидеме уникатни со своите вредности. Овде постои нешто кое што западниот човек не може ни да го замисли, а камоли да го доживее.

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ претставува место во кое цути слогата, меѓусебното разбирање и толеранцијата, место доволно самото за себе, во кое се

30

Излез | март 2011Студентски живот

Page 31: Студентско Списание Излез број 4

31

Излез | март 2011

поврзува сегашноста со минатото и кое дава јасна визија за иднината. Прекрасно место за скоро секој студент, помага во самоспознавањето на секоја душа, а богами дава мотивација за што поскоро завршување на целите за кои сме дојдени повеќето од нас. Овој дом претставува интересно место за живеење, јас би рекол мини општество, место во кое постои голема разновидност помеѓу луѓето, нивните идеали, како и многубројните занаетчиски услуги кои се нудат и кои стојат залепени на ѕидовите околу вратите на лифтовите. Во овој студентски дом опстојува посебна општествена група, којашто моите драги пријатели и другари обожаваат да ја нарекуваат „Гоцевисти“. Животот овде е толку возбудлив и неповторлив, па и сто страници би биле малку за да се опише. Исполнет е со интересни настани и феномени, кои со текот на времето ќе бидат на работ на исчезнување ... Навистина ме воодушевува чувството кога ќе наидам на тмурен израз од страна на тетките од мензата или пак на тие од продавничката, а уште повеќе кога ќе добијам дрзок одговор. Тоа е нешто неописливо, нешто за коешто Американците би платиле да го видат. Но, не е сè така црно, постојат мигови кога истите тетки, топло, мајчински ќе те послужат со јадење, нешто што толку те разнежнува и расположува, што едноставно снемуваш волја да се расправаш со тетката на каса за тоа дали те украла или не. Од голема историска важност, а истовремено и исполнувачки е фактот што се храниме со дел од приборот, којшто го користеле нашите родители на времето, тоа ги буди мислите за нивното време, за нивните приказни и воздишки од Југославија и за добро познатата фраза „Во наше време не беше така“. Прекрасно е чувството кога едно утро влегов во бифе и покрај скарата распослана со

приближно 50 пилешки ражничи, тетката, која за жал оваа година ја немам видено и чијашто импулсивност сееше смрт врз гладните и невини студентски души, ми одговори дека сите се резервирани, а во просторијата имаше само тројца студенти. Дали е можно? Половина ден ми помина чудејќи се дали јас или таа има станато на лева нога. Интересен е моментот кога со последните бонови в џеб, ќе фрлам поглед во продавничката и ќе видам дека фрижидерот е празен, а уште поголема е радоста тогаш кога ќе пристигне возилото со сокови и кога тетката од мензата ќе ги извади тазе приготвените стекови и помфрит во 15 часот. Е овде се одвива главната битка, овде доаѓа до израз убавината на студентскиот живот, кој за саат време поминува во магла, ни трага ни глас од соковите, ни од стековите, кој зел зел, кој не, здравје, повеќе среќа во наредното извлекување!

Ова се само дел од оние мали нешта, кои го прават студентскиот живот интересен и возбулив, секако, во поголемите припаѓаат положените испити. Искрено кажано, толку многу инспирација ни во градинка немам добиено, а толку радост, ни кога ги пречекувавме ластовичките од југ, немам доживеано. Секоја чест

за господинот Кензо Танге, за замислата на целиот комплекс, како и за прекрасната илуминација која ја добива ова место во текот на целата година. Овој дом е место по мерка создадено за мојот објектив, спремен да ги долови и раскаже приказните за него, како и за луѓето кои живеат во него.

Текст и фотографии: Александар СоколовФЕИТ

www.sokolovphotography.mk

31

Излез I март 2011 Студентски живот

Page 32: Студентско Списание Излез број 4

32

Излез | март 2011

Црниот човек е меѓу нас

Има некој во мојата глава, но не сум јас... - Пинк Флојд

Сите сме имале недоумици. Нема кој немал. И којзнае во кои темни шуплини на умот ќе ми се потиснеше и загинеше желбата да го напишам овој текст да не излезеше како електричен шок во лондонски Гардијан веста дека во најновото издание на легендарниот Хаклбери Фин од Марк Твен, навредливиот збор niggerќе се брише и заменува со некој поприфатлив епитет! Во образложението на редакцијата, имено, стои дека, иако во контекстот во кој живеел и творел Марк Твен

овој израз не ја носел со себе негативната конотација на расна навреда, таа денес постои и е навредлива за припадниците на црната раса, што, според нив, е и причина за сè почестото исклучување на овој роман од наставните програми... Како јас да ја создавам Стерната и треба да го изречам нејзиниот збор! По првиот шок од помислата дека така културно ќе се искасапи и уништи за новите генерации инаку еден од моите омилени романи од детството, ме полази уште пострашна помисла: колку е оваа постапка одраз

Илустрација од оригиналното издание на „ Авантурите на Хаклбери Фин“

Page 33: Студентско Списание Излез број 4

33

Излез | март 2011

нив, во случајов не е оправдување да се прават такви интервенции. Зашто, доколку кај младите се јавува згрозеност од употребата на еден збор, тоа е резултат на усилбите на постарите, свесни или несвесни, од во минатото неутрален израз да создадат една модерна анатема и навреда, и со тоа да ги всадат своите црни луѓе и во потомството. Има мнозина филозофи говедари и мнозина говедари станале филозофи. И додека отаде барата се водат дебати и расправии од ваков калибар, кај нас се снимаат ре-дактираните верзии на Македонски народни приказни, кои своевремено важеа, па и сè уште важат, за една од најрафинираните продукции на МТВ, заедно со Бушава азбука. И тука се прекројува една стварност, и на макро план се заменува со друга. А ние би биле донекаде и злобни ако упатиме критика само кон техничките и естетските недостатоци на новиот серијал, бидејќи тие и не се нешто ново. Да ставиме тогаш раце на очите пред несмасната употреба на јазикот, лошата продукција и глума и претерувањето во секој поглед, па дури и во употребата на реалии (лични имиња, топоними, периодизација на фабулата), со што се обездушува приказната, за во мракот на мислите да ги здогледаме вистинските штети кои ги прави овој серијал со пораките што ги пренесува. Како да подзаборавиле авторите на овие приказни за дидактичката моќ која секоја од нив неизбежно ја носи и со која зрачи на малите екрани, па од стварноста која ни ја спакувале внатре направиле грозна турлитава. Едно поопстојно читање на приказниве ќе ни открие една непријатна тенденција: рамнотежата меѓу позитивното и негативното тука често се изместува, со тоа што поучните пораки се најчесто предадени со клише, па следствено бледнеат пред самати публика, за сметка на негативностите кои се постојано присутни низ целиот серијал. Често пати ликовите се наоѓаат во една анахрона позиција – одигруваат дејство кое под претпоставка се одвива во некое минато (кое – не знае ни горниот), носат градски носии, а живеат во полураспаднати земјанки, и во секоја прилика ги истакнуваат своите секојдневни навики и манири, кои се скоро идентични со оние на малограѓанштината на дваесет и првиот век. Па останува големиот прашалник, каква порака од ваков тути-фрути би извлекол младиот и наивен гледач? Најжалосно е што во нашиов случај, црн чо-век реално не постои. Сами го создадовме, попрво се-нка одошто вистински дух. Од партали и монистра го направивме. И тоа во еден раздолец, меѓу два врва: едниот – неизмерна лакомост по брз успех и инстант богатство, а другиот – болна потреба за самоидентификување, која извира од незнаење и духовен мрак. Во тој раздолец, од нашите усилби да ги дофатиме и двата врва истовремено, ни се испили една поразителна стварност во која Лазар Бараков е цар, во која децата се препредени и ласцивни уште од пелени, во која Правината седи на иста маса со Кривината, па по неколку чашки ракија во квази - меанчето не се знае која е која!

Диме МитревскиФилолошки факултет „Блаже Конески“

на колективната шизофренија на современиот човек, колку сето човештво се обзело во ничеовскиот занес да се гради и да се урива, што да дојде до крајноста на ваков подмолен начин да се пресмета со отровните стерни од минатото. Тоа е порив за менување на цела една некогашна стварност – онаа на Твен – и нејзино порекнување. За пресоздавање на минатото, бришење и украсување на колективната свест, за леење пластика на робијашката верига... одбивање на средбата со есениновиот црн човек. Морничаво. Другите јас - тва постојат кај секого од нас и здраво е да се соочуваме со нив; сепак, во ситуација кога тие се вештачки создадени од некој друг или од нас самите, вметнати во нашата глава однадвор, таа борба станува бесцелна, како што е оваа со твејновиот нигер: целта да се поштедат младите генерации од вознемирувањата што може овој погрден збор да ги предизвика, а воедно да се популаризира и книгата меѓу

Page 34: Студентско Списание Излез број 4

34

Излез | март 2011

ТАПОСТДенови испиени како витамински сок – - со згужвани очи и без сладост...

Љубов добиена како памфлет в град – - со вкопан в земи поглед и без радост...

Насмевки подадени како монета на бедник кој проси– - со нема душа преуморна за конфликт...

Заробена во мисловниот светОд себеси сторив зрно грашокНесвесна, измолкнував гревСо насилен стисок претварајќи се в прашок.

Ана Алексовска

Утре1. Носот ти е студен. Под портокаловите чаршави на болничкиот кревет водевмељубов. Зад индиго плавите завесиутрото, пушеше цигара и си замина.Утре кога ќе дојдешќе ти кажам дека ноќта имаше светла месечинка,кога ме бакнуваш носот секогаш ти е студенсобата мирисаше на портокалод нашите корупкишто сестрата утрово пак ги фрли. 2. Кога ќе дојдеш. Кога ќе дојдеш ќети кажам дека сум си го заборавилаимето. Кога ми доаѓаш од теловоми се кине по една индиго китка.Кога ќе дојдеш ќе ти кажам дека ноќватвоите ноти ми спиеја низ трепките,неотворени мастилни булкиобвиткани во свиленипарчиња лушпи.Мокри. Низ трепките ми спиеја.Знам дека доѓаш секое утро,Не доаѓај.Кога ми доаѓаш од косата ми излетуваатпортокалови бубамари. Се раскрилувааткон китките, целата соба е плава ливада. Не доаѓај.

Ноќва зачнува. Раѓање.

Афродита Николова

ЗАМИСЛЕТЕЗаедно со човекот од автобуската станицаго чекав дождот под крошната на есенското дрвце.Имаше крајност во тоа додворување на чуден начинимаше потенцијал да стане нешто...воодушевувачко!Начинот на кој го вртеше цигарчетои фактот дека носеше марамче во десниот џебфасцинираа со авангардност...Но, сепак, стоевме во тишина -без да се запрашаме која боја ни е омилена,или каде одиме на лето,во кој случај се плашиме, а што ни носи насмевка?Постојано без збор, со погледние имавме цел,имавме мотив, имавме времено...останавме без разменана телефонските броеви.Кој знае зошто молчевме?

Ана Алексовска

ДоаѓањеИзградив кули високи именгемиња уште повисоки.Соѕидав широки бедемии орлите кога летаатда не можат да ги долетаат.Ставив по една пушкарницана секое ќоше и по два војниказа да те видат кога ќе идеши никогаш да не ти дозволат да дојдеш.Изградив кули високи ибедеми широки за да те сопрат,за да го скријат твојот поглед,за да го задушат звукот на твоите мамузи.Изградив, и уште градам и доградувамнови темели за нови ѕидови, нови пушкарници,за камењата никогаш да не те видат,никогаш да не те чујат.

Анита Манчева

Литература

34

Уредува: Коста БојческиФилолошки факултет „Блаже Конески“

Page 35: Студентско Списание Излез број 4

35

Излез | март 2011

Вечнаја ПамјатТоа што ми застана толку ненадејно на прстот и ме натера да ја испуштам од рака последната цигара што ја имав беше еден дебел, тромав мајски бумбар. Не знам како би реагирала кога би ми се приближил во мај, но сега е март и ме преплаши. Го гледав некое време. Ми се обеси на палецот со малите влакнести ноженца и уживаше во топлината. Цигарата полека се гаснеше во тревата. Погледнав нагоре. Небото беше блескаво и чисто, сонцето пукаше низ синилото во илјадници тенки нишки пајажина. Но тревата покрај дрвениот крст беше престарена и истурена од влага – не исушена – некако помодрена и сплескана врз накострешената земја. Го истресов натрапникот со еден брз, но нежен, потег и тој одлета. Го гледав некое време. Се смалуваше, лебдејќи кон планината, под која се исправаа илјадници мермерни и дрвени крстови, плочи и помпезни споменици. Не можев да не забележам колку тивко и скоро гордо изгледаа гробиштата под утринската светлина. Празни, чисти, оросени; одвреме-навреме ќе се појавеше по некоја птица, но не застануваше (од почит, од страв ли?); како самите да зрачеа некаква светлина која и пркосеше на сончевата – но, за разлика од неа, без топлина.Како некој што ја поминал ноќта пред тоа врз мермерна плоча, до која стоев сега и му се восхитував на утрото, можам да ви кажам дека не постојат вампири, сеништа, духови, вештерки, самовили, демони... Но постојат спомени. И верувајте, не се помалку страшни. Стомакот ми кркореше. Кога последен пат си јадела? - како да ме прашуваше. Се потпрев на крстот и ја погледнав сликата на него. Истите очи од вчера – некако тиркизни, смрачени – истото ниско чело, уста како млада месечина свртена во погрешна насока. Да, постојат спомени. И, не... Не собрав сили да го зграпчам крстот, да го откорнам од земјата и да го газам дури не останат од него само илјада груби, суви парчиња. Не, не го фрлив во правта оној што ме држеше в кал последниве дваесет години. Око не склопив цела ноќ. Утки и кукавици се гласеа над мене, а јас, и самата црна птица со канџи и болен крик во грлото, ревев и плачев, со нокти го гребев мермерот и пцуев кон небото. Потоа се смеев и ко дете скокав врз плочата. Не! Никогаш веќе не ќе ја допреш, татко! Никогаш нема да ме разбуди нејзиниот плач сред вечер, нема да си ги брои мама згрутчените ѕвездички крв додека го вадиш ременот зашто сум ти се противставила... Готово е, татко, си го доби своето. Не можев веќе да гледам во сликата. Ми избледе во очите како што сакав да се исуши и во сеќавањата. Ја сврtев главата на страна. Низ големата порта на гробиштата веќе се појавуваа првите згрбавени бабички во црнина. Доаѓаа да ги оплакуваат своите мртви и да ги молат поскоро да ги земат крај себе. Тебе никој не ќе те оплакува... Тато... За да ги сопрам солзите, ги раширив рацете и се стрчав кон планината.

Ива Р.

35

ВАЖНО: Во следниот број, изборот на литературните творби кои ќе се објават ќе го прави наш познат писател. Праќајте ги вашите песни и кратки раскази на [email protected], најдоцна до 5 април 2011 година.

Page 36: Студентско Списание Излез број 4

36

Излез | март 2011

A Venus Fly TrapМесојадно цвеќе на македонската музичка сцена

Како настана A Venus Fly Trap? Кои се членовите, од кога постоите? Од каде ви дојде идејата за името? Бендот е формиран во 2010 година, но никој од нас не може точно да каже како настана. Ако се погледне хронолошки на развитокот на меѓусебните соработки на сите членови во претходните бендови/проекти, A Ve-nus Fly Trap е производ на она што мораше да се случи во нашите животи по толку време поминато заедно разговарајќи на сите тие теми кои наедно се предмет за обработување во нашата музика и текстови. Членови на бендот се: Александар Савовски - гитара и вокал, Горан Стојчевски - клавијатури и вокал, Саше Паневски - вокал и Петар Паневски - бас-гитара, кој наедно ја даде и идејата за името на бендот, по што сите се сложивме, едноставно, месојадното цвеќе е добра метафора за нашиот критицизам.

Скопската публика ве запозна кога настапивте како предгрупа на Бернајс Пропаганда во рамките наТаксират 12. Како ќе го опишете овој настап? Настапот како предгрупа на Бернајс Пропаганда се случи по само три месеци постоење на бендот. Беше одлична прилика да нè запознае оној дел од скопската публика кој сметаме дека навистина е компетентен да даде реална критика, оценка и да нè следи во понатамошниот развиток. Тоа беше и добар пример за поддршка на сцената повикувајќи предгрупи – помлади бендови во кои се гледа перспектива, што е реткост со

оглед на тоа дека често изборот за предгрупа паѓа на тоа кој би донел повеќе продадени карти.

Во моментов подготвувате нов материјал? Каде се снима? Колку песни ќе има? Во моментов работиме на новиот материјал, го снимаме сами (за среќа имаме добри услови) и би требало да излезе оваа пролет како ЕП.

Кои бендови ги слушате и влијаат на вашиот израз и начин на размислување за музиката? Имаме доста влијанија, чиј круг е доста широк. Црпиме инспирација од многу различни сцени, стилови и времиња - од почетоците на панкот, почетоците на синт поп, сè до денешните индипендент бендови. Понатаму, од многуте балкански бендови вклучувајќи ги и домашните бендови, посебно new wave бранот пред раните деведесетти во Македонија до изворната народна музика. Се сметаме за бенд од DIY сцената кој сака да прави музички и тематски споредби на нешто што било и нешто што е. На тој начин ги остваруваме нашите критички погледи со цел да не навредиме нeкој кој е различен од нас, туку да му укажеме на она што ние го сметаме како погрешно.

Ивана ВасеваФилолошки факултет „Блаже Конески“

Фотографии: Игор Костов

Музика

Page 37: Студентско Списание Излез број 4

37

Излез | март 2011

Снајди се сам

Финта број 1 Ако случајно сфатите дека сте ја испратиле електронската пошта на погрешна адреса или погрешен човек една секунда откако ќе го стиснете копчето за праќање на пораката, можно е да ја поправите грешката ако брзо реагирате. Извлечете го Ethernet кабелот (или каков и да е кабел што ве поврзува со интернет) од вашиот компјутер или затворете го веднаш и оневозможете интернет. За да се прати електронската пошта, обично треба неколку секунди, некогаш и повеќе, давајќи ви последна шанса да се спасите од непотребни незгодни ситуации.

Финта број 2 Ви треба mp3 аудио датотека магично да стане wav, или .bmp фотографија да стане .jpeg без никаков софтвер на кој било компјутер што има пристап до интернет? Задоволете ги сите потреби за конверзија на аудио, видео, фото, документи, текстуални датотеки на едноставен и брз начин преку горенаведената интернет апликација, на релативно едноставен начин преку неколку кликнувања на вашиот омилен електронски глушец.

www.online-convert.com - За сите ваши потреби за конверзија

Финта број 3Знаете неколку одлични видеа на YouTube што посакувате да ги имате на вашиот тврд диск, но досега не сте успеале на едноставен начин да ги симнете? Тоа е затоа што сè уште не ја користите веб страницата за симнување YouTube видеа: downloadtube.org, едноставно, брзо и ефективно.

downloadtube.org

Технологија

И повторно игриPortal

За оние што се фанатици по играта Portal на Valve, а и за оние што воопшто не знаат за што се работи, ова е бесплатна Flash игра базирана на Portal, во две димензии. Ако сте во исчекување на Portal 2, наместо залудно да чекате и да си го трошите драгоценото време на активности како читање обемни книги или спортување, сега можете да отварате портали во две димензии on-line, додека замислувате дека ја играте втората Portal игра. Воедно, откако ќе се истренирате да размислувате во портали, кршејки ги физичките закони и налутувајки барем триесет мртви познати физичари, вие ќе бидете спремни за новата Portal за која кружат гласини дека треба да биде уште потродимензионална од првата.http://www.kongregate.com/games/Dragy/portal-the-flash-version

Технологија

Page 38: Студентско Списание Излез број 4

38

Излез | март 2011 Технологија

Auditorium

Релаксација или игра или звучно искуство, некои го користат и за медитација. Играва во исто време е и алатка за создавање генеративна музика и е доведена до апсолутен минимум на графички елементи при што елегантно ги разгалува вашите сетила додека ви поставува сè потешки и потешки загатки. Секоја промена на елементите во играта предизвикува и звучна промена на мелодијата, честопати создавајќи нови комбинации на звучни амбиенти. Внимание: Оваа игра бара и создава високи нивоа на опуштеност, не возете моторно возило со над осум-цилиндричен мотор додека ја играте. http://www.playauditorium.com/

Coma

Една од оние игри што повеќе наликуваат на интерактивна анимација, но сепак се игри. Замислете некоја анимација или филм на Тим Бартон, но вие сте главниот лик кој ја движи целата приказна и влегува во дијалози со ликовите. Како што дознавате повеќе, така напредувате низ играта којашто и нема конкретна, од почеток јасно одредена, цел. Само истражувајте, изгледа е мотото на Coma.http://www.newgrounds.com/portal/view/541124

ImmorTallКратка игра што се обидува да ви го засече срцето за неколкуте минути играње. Можно е оваа игра да е направена за да служи како противтежа за маничниот период на манично депресивните луѓе, или чисто како противтежа на претерана еуфорија. Следен пат кога ќе видите некој што скока од радост гледајки една од милијардите слики од кученца на интернет (затоа што интернетот во главно се состои од слики од кученца, и мачки), натерајте го да ја игра играта, за да можете да

направите нормален муабет и да се договорите кој ќе ја плати интернет сметката овој месец. Покрај сето ова, сепак оваа инди Flash игра е успешен пример за тоа колку може да се постигне ако сте висок бесмртен црн џин, кој е нападнат од армијата додека треба да заштити едно семејство. Всушност, не знам дали е успешен пример за тоа, важно за тоа се работи, и оттаму името ImmorTall. http://www.newgrounds.com/portal/view/529320

RebuildВо последните неколку години ретко може да се најде игра со насилство во која нема зомби. Скоро секогаш нашите полумртви, или полуживи пријатели (зависи како сакате да ја гледате чашата) се присутни наоколу, чекајки нè зад следниот виртуелен агол, посакувајки ни среќна Нова година и слично. Во оваа бесплатно овозможена игра што можете да ја играте директно во прелистувачот, вие сте главниот логистички ум на мала група луѓе што треба да ја преживее зомби апокалипсата и повторно да ја изгради цивилизацијата. Стратегијата е важен елемент во играта, најмногу затоа што и самата игра е стратегија, и се состои од освојување нови згради за ресурси, поставување бариери, одгледување на фарма (што ќе бевме да не постоеше Farmville?), сè тоа од комфорот на божјата перспектива. Без FPS перспективата, нормално се намалуваат тензијата и хорор елементот, но сепак колку страшна може да биде Flash игра?http://www.newgrounds.com/portal/view/562116

Hotel626

Пред некое време, авторот се запраша: Колку страшна може да биде Flash игра? Одговорот на ова прашање доаѓа во форма на име на игра, или таканаречена „Ho-tel626“ и краток, недостоен опис на играта за да ве вовлече во незгодна ситуација со исклучени светла и слушалки на ушите, како викате на цел глас или се соочувате со вашите најголеми стравови. Сосема неочекувано за една Flash игра, Hotel626 внесува јак свеж здив во онаа карактеристика на игрите што се нарекува immersion или, во слободен превод, потопување во средината. Меѓу другото воведува и нови методи на играње не толку искористени во целина како во оваа игра. Сега останува на вас, дали сакате да видите до каде ќе стигнете без да се појават сите цимери/комшии со лопати пред врата пробувајки да ве спасат од што и да ве исплашило толку.http://www.hotel626.com

Дамјан Цветков-ДимитровФилозофски факултет

Page 39: Студентско Списание Излез број 4

39

Излез | март 2011

39

Излез I март 2011 Сатирична

Page 40: Студентско Списание Излез број 4

40

Излез | март 2011