44

Револуција магазин бр.47

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Revolucija magazin br.47

Citation preview

Page 1: Револуција магазин бр.47
Page 2: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 15 ОКТОМВРИ 2011 ГОДИНА страна 2

„Револуција“, магазин за политика, економија и култура

ISSN 1857- 7458

Адреса:

Востаничка 67б-7 1000, Скопје

Република Македонија

[email protected]

http://mkrevolucija.com/ 00 389 76 52 93 89

00 389 75 63 44 94

Импресум

Oсновач и главен и одговорен уредник М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

Заменик на главниот и одговорен уредник и администратор

Славица Ѓоргиева, e-mail: [email protected]

Помошник на главниот и одговорен уредник и администратор Елена Павловска, e-mail: [email protected]

Уредник на содржини за Европската унија и евроатланските интеграции:

Ениса Бајрами e-mail: [email protected]

Уредник на Артвизор и Релаксација: Силвана Јовановска. e-mail: [email protected]

Уредник за филмска уметност, стрип и уметнички анимации:

Владимир Неделковски, e-mail:[email protected]

Соработници-аналитичари: Светлана Пеншовски, Атанас Величков, Сенада Ибраимова, Сања Алексовска, Владимир Неделковски

Надворешен соработник:

Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

Технички уредник:

Миланчо Ристовски e-mail: [email protected]

Маркетинг: Славица Ѓоргиевa

e-mail: [email protected] моб.: +389 (0) 75 63 44 94

Драгица Маренчева

e-mail: [email protected] моб.: +389 (0) 78 32 97 36

Издавач:

МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА

Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење

Жиро сметка: 2704953485006

Даночен број: 4058011508300 Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Адреса:

Востаничка 67б-7

1000, Скопје 00 389 76 52 93 89

00 389 75 63 44 94

Page 3: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 15 ОКТОМВРИ 2011 страна 3

Автор: Влатко Неделковски

Page 4: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 СОДРЖИНА страна 4

Содржина

Неделна панорама .......................................................................... 05

Мирисот на парите и моќта на политичарите ..................................... 11

Зошто еврото е толку скапо?............................................................. 16

Да не ја газиме историјата ............................................................... 19

Кога извештаите ќе „прозборат“... .................................................... 26

Останавме без пописни резултати .................................................... 30

Остани гладен... Остани луд... ......................................................... 32

REVENGE OF THE BRIDESMAIDS (2010) ............................................. 39

Македонска Гордост или Будалештина? ............................................ 42

Page 5: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 5

Пукна пописот Одговори од премиерот Никола

Груевски за причините за

прекинувањето на пописот,

одговорност за штетата што e направена на државата, за

залудно потрошените народни

пари, како и одржување

лидерска средба за надминување

на проблемот, побараа опозициските пратеници на

собраниската седница, на која

почна постапката по владиниот

предлог за поништување на Законот за пописот.

Министерот за правда, Блерим Беџети, образложи зошто пописот

(официјално) мораше да биде

прекинат - поради недоследности

и недоречености во Законот, но и поради тоа што немало доволно

време за обука на реонските

инструктори и на попишувачите.

Тој додаде дека Државниот завод

за статистика ќе го уништи пописниот материјал собран во

текот на пописот.

Ако законот имал недоречености

– зошто сте го изгласале? Ако немало доволно време - зошто

избрзавте со стартот? Ако

обуката не била доволна - зошто

беа поставени толку ниски критериуми за попишувачите?

Следниот пат, или организирајте

се подобро, или смислете

поверодостојни изговори, но немојте да си играте со граѓаните.

Тоа не се простува!

11-ти Октомври

одбележан со скандал Во Собранието на Република

Македонија беше врачена

државната награда „11 Октомври“ за животно дело за

2011 година, за остварувања во

областа на науката, уметноста,

стопанството и во други дејности

од јавен интерес на државата.

Во областа на културата и

уметноста високото признание

годинава го добија балетскиот

уметник Тања Вујисиќ -Тодоровска, писателот Ресул

Шабани и актерот Петар

Темелковски.

Во областа на заштитата на вредностите на културно-

историското наследство

наградата му беше доделена на

советникот-библиотекар Миле

Бошески. Награда „11 Октомври” за животно дело во областа на

Page 6: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 6

стопанството доби стопанственикот Тихомир

Чепреганов.

Необично, но на врачувањето на

можеа да присуствуваат само камермани и фоторепортери,

бидејќи од собраниското

обезбедување се повторуваше

едно категорично „Внатре новинари НЕ!“ По реакцијата на

новинарите, од Кабинетот на

претседателот на Собранието

беше појаснето дека инструкции за организација на настанот дало

Министерството за култура.

Изгледа требало да им кажат во

лице - „не ни треба медиум за

промовирање на настанот, тој е голем сам по себе“. Ај што само

петмина го добиваат признанието

за остварувања во областа на

науката, уметноста, стопанството и во други дејности од јавен

интерес на државата, па и тие не

можеа да поуживаат во петте

минути слава пред новинарите...

Прилеп-освежен Со полагање цвеќе на Могилата

на непобедените, на Алејата на народните херои и на споменикот

на првиот претседател Методија

Андонов-Ченто, Прилеп

одбележува седум децении од вооруженото востание.

Министерката за култура

Елизабета Kанческа Милевска го

отвори реконструираниот

Меморијален музеј „11 Октомври“, каде што пред 70 години е

извршен нападот врз

окупаторската полициска станица.

Прилепскиот градоначалник Марјан Ристески го откри

споменикот на народниот херој

Kузман Јосифоски-Питу.

Споменикот, висок два и пол метра, е дело на професор Жарко

Башески.

Музејската поставка има голем

број документи, скици, карти,

оружје и воена опрема, а посебен простор е оставен за учесниците

кои го кренаа вооруженото

востание на 11-ти октомври.

Реконструиран е и муралот

посветен на борбата на македонскиот народ од уметникот

Борко Лазески.

Одличен повод, за квалитетно

реанимирање на историјата, имате само подршка и ништо

друго.

Си Ен Ен најде нешто

интересно во Македонија Никој друг, туку токму

американската телевизиска

мрежа Си Ен Ен од 10-ти до 19-ти

октомври секојденевно ќе емитува прилози посветени на

Македонија, како дел од

нејзиниот популарен серијал

„Поглед кон...“. Овие неколку дена познатиот водител на таа

телевизиска мрежа Џим Кленси,

во 18.30 часот во живо ќе се

јавува од разни локации во

Page 7: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 7

Скопје и Македонија... Секој Македонец ќе рече - одлично...

Во фокусот на серијалот на Си Ен

Ен посветен на Македонија се

проектот Скопје 2014-та,

економскиот развој и индустрија, промените во образованието и

инфраструктурата, новиот

аеродром „Александар Велики”,

пејачката и хуманистка Есма Реџепова, компанијата за

специјални филмски ефекти „Еф-

Икс-3 Икс“, режисерот Милчо

Манчевски, како и образовниот

систем и невработеноста во Македонија.

Да е слеп човек, па ќе забележи

дека објективноста се коси со

наклонетоста кон едната страна застапена од новинарот; како до

сега да немало ништо толку

маркантно како новиот споменик

во Скопје. Да не знаеш дали е подобро да го избркаш заради

невистините, или да го оставиш

па како така ќе каже некој збор

за нас. Проблематична дилема,

нели? „Со својата позиција на

географски крстопат меѓу истокот

и западот, Македонија е многу

важна земја за бизнисот, културата и трговијата“, се

наведува во промотивниот спот

Си Ен Ен.

Според оценката на телевизиската куќа, „Скопје

2014“ е амбициозен проект чија

цел е да го подигне културниот

профил на главниот град и да ја подобри инфраструктурата, а

аеродромот „Александар

Велики“ е прозорец кон поголем

економски раст. Укажуваат, дека реформите во образовниот

систем, требало да ја намалат

високата невработеност. Штом

тие рекоа така, па така и нека биде... Што би рекле старите, од

нивна уста во божји уши. Ние

немаме ништо против!

Ќе се лечиме по

електронски пат - Издадени се првите 50 илјади

електронски здравствени

картички. Се комплетира документацијата за издавање 100

илјади картички за јавната

администрација, а во меѓувреме

тоа се прави и за невработените - информираше Маја Парнаџиева-

Змејковска, директор за Фондот

за здравствено осигурување.

Таа најави дека до средина на

2012 година, очекувањата се 80 проценти од граѓаните на

Македонија да имаат електронски

здравствени картички. Ако биде

тоа толку брзо и ефективно како издавањето лични карти или

пасоши, тогаш на бројката од

80% треба да направиме

пермутација (08%). Новиот проект за пристап

односно за услугите на

државните институции кон

граѓаните и фирмите, со акцент на акцискиот план за постепено

модернизирање на услугите што

Page 8: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 8

ги нуди Фондот за здравствено осигурување, беше една од

точките на дневниот ред на

последната седница на

Економскиот совет.

Директорката на Фондот

информира и дека ФЗО веќе е електронски поврзан со Управата

за јавни приходи и за исплата на

боледувања, породилно и други

надоместоци, но и за издавање сини картони, со што е

овозможено автоматско

остварување на овие права. Ние

драги мои, треба само

нетрпеливо да чекаме и да се увериме во новината, а воедно и

да си набавиме паричници со

многу отвори за картици.

Земјоделци-навалете!!! Агенцијата за финансиска

поддршка во земјоделството и

руралниот развој соопшти дека од 12-ти октомври до 5 ноември

ќе трае аплицирањето за

директни плаќања за

градинарски култури предадени во преработувачки капацитети и

за производство на

сертифициран семенски и саден

материјал.

Во истиот период ќе можат да се поднесуваат и барања за

директни плаќања за заклани

говеда, гоеници, бројлери и

несилки во регистрирани кланични капацитети, за набавка

на приплодни грла овци, кози,

јунци, свињи, набавка на матици,

како и за производство на бројлерски пилиња и пилиња од

јајценосни хибриди.

До 5 ноември

млекопроизводителите можат да поднесат барања за финансиска

поддршка за произведено и

продадено кравјо, овчо и козјо

млеко во регистрирани

млекарници во период од 1 мај до 30 септември.

Во периодот од 12 октомври до

15 ноември барања можат да

поднесат лозарите за произведено и продадено грозје

во регистрирани домашни

винарски визби.

Барањата се поднесуваат во подрачните единици на

Министерството за земјоделство,

шумарство и водостопанство.

Значи, не го пропуштајте рокот, аплицирајте побрзо, можеби

среќата ќе ви се насмее, па ќе

капне по некој денар, кога веќе

производот не држи цена...

Page 9: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 9

Македонија го „окупира“ Волстрит Под мототот „Заземи го скопскиот

плоштад“ во знак на солидарност

за обединување со протестите на

Волстрит, денес на плошадот во Скопје ќе се одржат мирни

протести. Еден од повикувачите

на протестите, Предраг Ристиќ

вели, дека тој и неговите приврзаници се согласуваат со

луѓето кои го окупираат Волстрит

оти е време да се најдат начини

за да се подобри квалитетот на живеење:

„Причини за незадоволство има

многу. Повеќето работници во

Македонија кога ќе влезат во 8

часот на работа тие влегуваат во диктатура, слушаме еден шеф,

еден диктарот, тој е господарот.

Зошто да не разговараме за

алтернативите кои што се појавуваат низ цел свет во кој

што структурата е многу

похоризонтална?“

Ристиќ уверува дека протестите немаат политичка позадина.

Собирот не е насочен против

одредена политичка партија,

личност или организација, туку е против глобалниот систем и обид

на демократски начин истиот да се подобри.

Не може со сигурност да се каже

колкава ќе биде бројката на оние

што ќе протестираат. Заинтересирани се многу, а веќе

некое време отворена е и

посебна страница која повикува

на протести на социјалната мрежа Фејсбук.

Дали овој пат ќе се задржи

еуфоријата, или ќе биде само

еднодневна екскурзија, која ќе заврши со еден Big Mac оброк?

Традиционален маратон

за Тоше Маратонците од традиционалниот маратон со кој се одбележува

годишнината од трагичното

заминување на Тоше Проески

тргнаа од Нова Градишка, а нивното пристигнување во Скопје

се очекува на 15 октомври.

Нивната прва дестинација е

„Београдска арена“, каде што ќе

ги пречекаат српските фанови на македонската музичка легенда.

Во Скопје маратонците ќе го

посетат плоштадот Македонија и

Page 10: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 10

фонтаната во Ново Лисиче, а потоа ќе тргнат за Kрушево.

Четиригодишнината од

заминувањето на Тоше ќе биде

одбележана со концерт кој ќе се одржи на 14 октомври во салата

во Нова Градишка, Хрватска. На

денот на годишнината во

манастирот „Св. Преображение“ во Kрушево ќе се

одржи манифестацијата „Вешта жена“, на која ќе учествуваат

повеќе од 300 жени. Производите

што ќе ги подготват ќе се

продаваат, а средствата од продажбата ќе бидат донирани за

изградба на манастирот. Да се

надеваме дека традицијата ќе

стане со трицифрени бројки во однос на години од одржувањето.

Page 11: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 11

Од платформата на м-р Митко Јованов

Мирисот на парите и моќта на политичарите Законот со кој Рузвелт во 1933

година ги заузда банкарите, и светот се извлече од кризата,

Клинтон во 1999 година го

укина, денеска последиците се

слични како во Големата депресија.

Банкари наспроти

политичари По избувнувањето на светската финансиска криза, битката меѓу

светските политичари и

банкарите продолжува со

голема предност на вторите.

Политичарите Барак Обама, Никола Саркози, Ангела Меркел,

битката против банкарите ја

отпочнаа со големи зборови,

кои останаа до денеска без реализација. Да се потсетиме:

„Никогаш повторно нема да

биде дозволено американските

даночни обврзници да бидат заложници на една голема

банка“, ветуваше Обама додека

илјадници американци ја губеа

работата, а неговата

администрација подготвуваше стотици милијарди долари

даночни пари за спас на

банките.

Најрадикален во зборови беше

Никола Саркози: „Не можеме да дозволиме

капиталистички систем без

правила, норми и ред. Не ни е

потребен систем во кој најмногу пари можат да се заработат со

финансиски шпекулации,

наместо преку производство. Во

таков систем, јас не сакам да живеам“, изјави Саркози

револтиран од однесувањето на

банкарите.

Канцеларката Ангела Меркел,

веднаш побара воведување строги правила во германски

стил:

„Итно мораме да ја регулираме

секоја финансиска трансакција и финансиски продукт, секоја

постапка на било кој субјект на

финансискиот пазар. Ова им го

ветивме на граѓаните и должни сме кон нив, тоа и да го

реализираме“.

И после овие изречени силни

зборови од моќни политичари,

банкарите си продолжија да книжат милијарди долари

заработувачка откако беа

спасени од банкрот со пари на

даночните обврзници. Се одржуваа самити на шефовите

на Г20 државите во Вашингтон,

Лондон, Петерсбурк, на кои се

договораа преку корднинирани мерки да ја надминат кризата и

да спречат повторно банкарите

да го колабираат

финансисикиот систем. Во меѓувреме, банките

продложуваат со

шпекулативните активности,

преземаат финансиски ризици

Page 12: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 12

со инвестициски фондови,

осигурителни компании, со

заштедите на граѓаните, тргуваат со акции, валути,

инвестираат. Овие бизниси не

се адекватни на нивниот

основачки капитал кој го поседуваат и затоа се високо

ризични. Според податоците

објавени од германскиот

економски магазин „Менаџер“, во три месеци од минатата

година, само три банки,

американските банки „Голдман

Сакс“, „ЈП Морген Чеис“ (Morgan Chase) и германската банка

„Дојче банк“ , заработиле 13,5

милијарди долари. Наспроти

овие банкарски профити, во

овој период европските држави мораа да издвојат над 100

милијарди евра да ја спасат

Грција од банкрот поради

нејзиниот долг кон банките. Ваквиот развој на состојбите

покажува дека политичарите ја

губат битката со светската

олигархија, која веќе и државите ги става на колена

доведувајќи ги пред банкрот,

случај со Грција, Ирска,

Португалија, Шпанија.....

Живееме во време кога се води глобална битка за моќ. На

едната страна се банкарите,

инвестициските фондови,

(светската олигархија), нивни правници, лобисти... На другата

страна се најмоќните светски

политичари, кои го

преставуваат мнозинството население на планетата.

Исходот од оваа битка ќе

покаже дали најмоќните

политичари се немоќни, неспособни или пак

корумпирани. Американскиот

претседател Франклин Рузвелт

во 1933 година успеал законски

да ги заузда банкарите и финасиските шпакуланти.

Тогашната финансиска криза,

позната и како Големата

депресија, ја предизвикаа, како и сегашната, банкарите кои

посакаа да се богатат на сметка

на граѓаните и реалната

економија.

Имено, администрацијата на

Рузвелт во 1933 година го

изработи и донесе законот

познат како Глас-Штигел (Glass-Steagall). Преку овој закон

Рузвелт ги принуди банките да

се определат, дали ќе се

занимаваат со класични банкарски услуги или пак со

трговија со хартии од вредност

и инвестициски активности. За

кратко време законот ја вратил

довербата во банкарскиот сектор и ги стабилизирал

финансиските пазари. Законот

успешно функционира во

следните шест децении сè до крајот на деведесетите години

од минатиот век кога почнува

нов правец на економски

размислувања, познат како „Нова економија“ (New

ekonomy). Администрацијата на

тогашниот американски

Page 13: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 13

претседател Бил Клинтон,

спроведува финансиски

реформи и во ноември 1999 го укина целосно овој закон

познат како „Глас-

Штигел“ донесен во 1933

година. Тоа практично значеше ослободување на банките од

цврстите контролни механизми.

Тогаш Клинтон изјавува:

„Со реформата што ја спроведовме, го направивме

вистинското за американскиот

народ“.

Администрацијата на Клинтон сметала дека реформата ќе

донесе поголем раст на

американската економија.

Неполна деценија потоа, реформата на Клинтон се

покажа како историска грешка,

не само за САД, туку и за

Европа. Повторно се активира светското казино, банките

започнаа веднаш бизнис со

инвестициските фондови,

почнаа да тргуваат

(шпекулираат) со хартии од вредност, метали, енергенси, да

се занимаваат со инвестиции.

Последиците се исти како и во

Големата депресија од минатиот век, милијарди долари преку

банките, се претворија во

безвредни хартии од вредност,

и се загрозија депозитите на

граѓаните. Разликата е што овој

пат граѓаните индиректно и на одложено време, ќе ги плаќаат

хазардските задоволства и

лакомост на банкарите, бидејќи

нивните загуби од илјадници милијарди долари, владите им

ги надоместија со народни пари.

Во Европа оваа тема станува

поактуелна со цел појасно да се лоцира причината за кризата,

односно дека нејзиниот

епицентар е во САД.

Почнаа дискусии и во САД за повторно враќање на „Глас-

Штигел“ законот. Пол Волкер,

советникот на претседателот

Обама, е предводник на ваквите

размислувања, за банките да се принудат да се определат за

класичните банкарски дејности,

кредитирање и услуги со

штедни влогови. Банките ќе мора да се откажат или да ги

раздвојат дејностите и

ризичните зделки како што се

трговијата со акции, инвестиции од класичните банкарски услуги.

Дел од мерките предвидуваат во

иднина банките да имаат

сопствен капитал за секој даден

кредит, за во случај корисникот да не може да го врати. Секој

финансиски продукт да подлежи

на стандардна процедура на

оценување, дали има економска основаност. Апсурдно е секој

продукт на пазарот да мора да

исполнува одредени стандарди,

а за финансиските продукти тоа да не важи.

Друга важна мерка е контролата

врз работата на инвестициските

фондови. Таа е неопходна за да постои здрава економија.

Денеска адресата на

Page 14: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 14

инвестициските фондови

вообичаено е едно поштенско

сандаче. Во светот ги има околу 7000 вакви финансиски

институти познати и како

„хедџфондови“, тие располагаат

со над 1500 милијарди долари, пари на пензиските фондови,

осигурителните компании, и

разни други јавни институции

во многубројни држави.

Парите ги инвестираат без

никаква контрола од државата,

не мораат да прават завршни биланси за финансиското

работење; токму од таа причина

и се примамливи и за банките,

кои пак настојуваат парите да ги оплодуваат преку нив.

Особено од голема важност за

стабилноста на финансиските

системи, е да се спречат

шпекулациите што ги прават финансиските консултантски

куќи. Токму тие им помагаат на

банките во нивните

шпекулативни активности. Пример: Консултатските куќи

Фитч (Fitch), Стандард и пур

(Standard and Poor) и Мудис

(Moodys), непосредно пред банкротот на банката „Леман

Брадерс“, ги вреднуваа

нејзините акции со најдобра

оценка, односно А+. Овој

аргумент зборува за постоење

голема корумпираност и

конфликт на интереси. Според германските експерти,

решението е да не се дозволи

банките да ги плаќаат

консултанските куќи за проценување на хартиите од

вредност. Во иднина плаќањето

на нивните услуги, треба да го

прават купувачите на акциите. Во Комисијата на Европската

унија во Брисел, се размислува

ЕУ да основа консултанска

финансиска куќа, која ќе биде коректор на приватните.

Банкарите ги ставија во полна

пареа сите свои сили да спречат

овие предлози да се преточат во

законска регулатива. И банките во Македонија имаат

голема моќ и се издигаат над

останатите субјекти во

општеството. Во изминатите десетици години стотици

милиони евра буџетски пари

завршија кај банките. Овие

активности беа именувани како Закон за санација на банките.

Стопанска банка пред да се

продаде, беше исчистена од

долговите, пари кои не можела

банката да ги наплати. Сепак парите не пропаднале во земја,

туку завршиле некаде, во

приватни џебови.

Page 15: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 15

Се санираше и ТАТ

штедилницата. Подоцна

државата станува најголем клиент на банките. Граѓаните

плаќаат највисоки камати во

Европа за било кој вид кредит и

влегуваат во безизлезен должнички круг. Наспроти ова,

банките книжат најголеми

профити, нивните раководители,

земаат десетици илјади евра плата. Државата мора да

размисли како да го олабави и

симне овој банкарски јарем од

себе, но и од граѓаните.

Page 16: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 16

Светлана Пеншовски

Зошто еврото е толку скапо? Во текот на минатата година,

според Блумберг (сајт за

информирање на сите новости и

збиднувања за финансиите и бизнисот) - еврото беше во

најлошо издание од

разгледаните 30 дополнителни

валути. Затоа се вели дека

сувереното-должничка криза во Еврозоната е на работ од макро-

економски пад. Во овој момент

доживеавме пад како никогаш

до сега.

Во Брисел, пред две недели

сите вести беа базирани на

феноменот кој што не се случил

до сега, во период од еден час толку многу да варира

вредноста (позитивна и

негативна). За мала споредба,

во Македонија во исто време се

известуваше за гроздобери! Додека во светот имаме бум,

овдешните медиуми

заташкуваат речиси сè што е

шокантно во глобален план. Меѓутоа, да се вратиме на

темата. Еврото загуби 6.6% од

неговата вредност во споредба

со доларот и во моментов,

неговото постоење се чини дека

е под голема закана.

Зошто еврото не е

поевтино? Можеби пазарот на странските девизи веќе верува дека

најлошото во Еврозоната е

завршено, дека веројатно до

сега проблемите се надминале, а Европа сега се заплеткува во

истата мрежа во која што беше

минатата година. Меѓутоа

тешкотиите за вредноста на еврото растат повторно (а за

жал, тој факт носи голем пад на

берзите).

Како следен кандидат кој чека да биде спасен, се навестува

Португалија. Нејзиниот пристап

кон пазарот за финансирање,

од страна се смета како многу

несигурен. Веќе се платени 3.68% за сметки од 6 месеци.

Десетгодишните обврзници се

зголемија за 22 основни поени.

Ова значи дека Португалија се соочува со вистински претстоен

тест, во момент кога се прави

закажување за прв обид во

пазарот со обврзници. Но сите треба да знаат дека акцијата на

пропаднати обврзници ќе биде

катализаторот за нова и свежа

Евро-мизерија.

Постои и друго објаснување за стабилноста и издржливоста на

евро-валутата. Тоа е дека

инвеститорите го мразат

доларот, некои повеќе, некои помалку, меѓутоа го мразат.

Во подлабоките корени на оваа

должничка криза е лагата на

проблемите со конкуренција, во

Page 17: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 17

следниве држави: Грција, Ирска,

Италија, Португалија и Шпанија,

а тоа се земјите кои опфаќаат речиси една третина од Бруто

Општественото Производство.

Затоа ни е потребна сигурна

валута, бидејќи растот на бруто

домашното производство сè уште е слаб, а невработеноста

генерално во овој момент е

близу 10%.

Размената на девизниот курс долар со евро ќе биде

определена според онаа држава

која го има најлошиот и

најдолготрајниот проблем.

Америка го почна

бунтот- дајте поддршка Случувањата во Америка

изгледаат дека се помалку

тромави, а повеќе послушни отколку Европските.

Впрочем, затоа од 17-ти

септември двишењето

„Окупирајте го Вол Стрит“ организираат протести

против алчноста на

финансискиот капитал,

корупцијата и финансиските

неправди. Власта била загрижена дека

дополнително плаќала за сите

прекувремени часови на

полицијата, за да го обезбедат

редот и мирот. Сериозно?

Од сите написи, сите вести, тие се фатиле за одлеаните

средства, кои и не би биле

побарани, ако воопшто кон нас

се однесувале човечки и би нè

прашале за мислење.

Парите поважни од сè Постои и трето гледиште, дека

еврото во суштина не ни е

навистина драго, колку и да го споредуваат со цената на

вкусните хамбургери. Инаку

вистина е дека ефикасноста на

економијата изгледа изненадувачки добро, но сите

се прашуваме колку време ќе

помине, додека да заврши

времето кога ќе нè демнат сите неизвесности во нестабилноста

на обврзниците?

Во Македонија нема големо ехо

за глобалните случувања, ниту младите активисти се

поддржувачи, ниту некој го

кажува мислењето за бунтот,

како да не знаат дека секој

треба да биде чесно исплатен како што заработил, а никако

изманипулиран и оштетен.

Page 18: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 18

Сега нема човек, кој не се сетил

на времето, кое не сме го

искусиле, но тоа бил идеалниот период во минатото кога парите

немале вредност.

Големите коорпорации мора да

се свртат кон секој човек како единка.

Page 19: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 МАКЕДОНИЈА страна 19

Елена Павловска

Да не ја газиме историјата

„Па, каква сте вие војска! Војска без оружје ! И вие ќе ја

браните татковината!“-

раскажуваше дедо ми,

поранешен борец во НОБ, за потсмевот упатен на нивна

сметка кога неговата војска се

упатила кон Сремскиот фронт.

„Но, докажавме дека сме вистинска војска“- блеснуваа

неговите очи покажувајќи го

орденот што му бил доделен

тогаш. Морам да признаам дека

денес за прв пат почнувам да ги разбирам неговите „приказни“;

денес тринаесет години после

неговата смрт почнувам да

сфаќам што всушност тој сторил. Тогаш како дете неговите лични

сведоштва, ми делуваа како

бајки, бајки кои имаат среќен

крај и како секое дете крајот ми беше најубавиот дел од

приказната. Но, и покрај тоа

што бајката за НОВ има среќен

крај, денеска на големо се дебатира, зборува, потврдува и

негира, се прави преиспитување

на фактот дали сите елементи

што дојдоа со НОВ се среќен

дел од бајката.

Недоволна почит Гледајќи ја прославата за 11

Октомври и збрчканите лица на

старците, кои со гордост ги беа

закачиле своите ордени и

медали на градите за да сведочат за нивното дело, кои

со прст покажуваа кон спомен-

плочите на кои беа напишани

имињата на нивните соборци, неизбежно беше да се потсетам

на дедо ми. Сите тие го имаа тој

ист поглед, горделив со

неколеблив став и доказ дека тие нешто сториле, дека тие се

заслужни за денешново

слободно сонце, а истовремено

и некоја тага проткаена со доза на убедување и докажување на

другите за нивното дело, со

молба сето тоа да не остане

подзаборавено.

„Не го потценувајте нашето дело, не ја газете историјата“-

се слушаа нивните апели. Овие

исти зборови од година на

година се повторуваат од сé помалата група на борци. Се

прашувам дали нивниот апел ќе

биде чуен пред времето да ги

згази сите нив, или пак, како што вообичаено се случува во

Page 20: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 МАКЕДОНИЈА страна 20

оваа наша држава, ќе се

освестиме кога ќе стане

предоцна. Хероите кои со свои дела ја

одбележаа четиригодишната

епопеја по која македонскиот

народ ги удри темелите на својата држава, длабоко се

вградија во НОБ, но нивното

дело сé уште не е ниту доволно

истражено ниту достоинствено одбележано.

Народноослободителната борба

на македонските партизани

мора да се почитува и тоа од сите политички фактори и од

сите етнички заедници. Борците

се пожалија дека се целосно

заборавени и игнорирани од

власта. Побараа барем минимална почит кон

придобивките од борбата, како

и кон покојните, но и живите

борци. Повеќегодишните борби, сé до

првото заседание на АСНОМ во

1944 година, со кои се

оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска

држава, како секогаш да се во

сенка на Илинденскиот период,

како во полемиките и

приказните за нив, така и во нивното одбележување и

прославување. Наместо да се

анализираат и истакнуваат

придобивките од асномските заседанија, кога беа удрени

политичките и правните темели

на нашата државност, кога се

потенцираа и официјализираа најсуштествените работи за

Македонците: нацијата, јазикот,

државата, единствено нешто на

што посветуваат внимание властите и медиумите во

августовскиот ден е „Дали ќе

биде примена делагацијата во

манастирот „Прохор Пчински?“.

Внатрешно-државниот настан

свесно го потценуваме давајќи им предност на билатералните

односи меѓу двете цркви. Луѓе

мои, зарем не знаете дека и

најмалото камче го држи

столбот, а пак, да не зборуваме за важните потпорни елементи.

Борбата на НОБ беше темелот,

врз кој ние го изградивме

нашиот живот. Како можеме да оцениме дека некои работи од

нашето минато се поважни од

другите. Сè е важно, сè е дел од

нас...

Цел на партиски

препукувања „Унијата на млади сили по повод

11 Октомври ќе ги чисти и

брише сите натписи со кои се оштетени спомен обележјата

кои се симбол на

Народноослободителната

борба“- беше една од ударните вести на сите медиуми. Посебно

интересен ми беше фактот што

сите партии ги праќаа своите

помладоци на чистење. Се замислив: „Како ќе се поделат

кој споменик да го чистат? Или

пак ова ќе биде еден од ретките

Page 21: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 МАКЕДОНИЈА страна 21

моменти кога сите заедно и

здружено ќе работат?“ Втората

опција во истата секунда ја исфрлив од глава, бидејќи

„заедно“ и „здружено“ можеби

им одговараше на борците, но

на партииве – нема шанси! На ударната вест за чистење на

спомениците, јас ноншалантно

би додала „Големо чудо!“. Драги

мои колеги новинари, не е веста дали некој ќе ги чисти или не!

Веста е како некој се осмелил

да ги оштети и сквернави овие

симболи. Веста мои драги ченови на помладоците на

партиите е зошто сте дозволиле

да ситуацијата дојде до чистење.

Точно е дека огромните

бетонски и масовни споменици, градени непосредно после

војната како потег на почит кон

дадените животи за слободата и

не изгледаат нешто спектакулатно во однос на

модерниве пограциозни

споменици, но тие со себе

влечат огромна историја, го влечат зачетокот. Тие со себе ја

влечат државноста и

индентитетното оформување, а

валкајќи го тој спомен, ние се

валкаме и себе си! „ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го

прикрие сопствениот срам затоа

што со години не сака

достоинствено да го одбележи празникот 11 Октомври, денот

на народно ослободителното

востание. Таков е случајот и со

овој 70-годишен јубилеј од почетокот на вооруженото

востание против фашистичкиот

окупатор“ - реагираа од

опозициската партија. „СДСМ и на ваков свечен ден се

обидува да ја наметне својата

политика на делби и

потценување на власта

искажувајќи невистини!“- возвраќаа од противничкиот

политички табор.

Се прашувам дали некој би

имал волја во далечната 1945

година, да ја подигне пушката и

да застане во првите редови на фронтот, знаејќи каква ќе биде

сегашноста на нивните потомци.

Знаејќи дека нивната порака за

слобода, обединување и заедничко самосвесно градење

на иднината, ќе се искористи за

партиски препукувања и за

фактот кој е полош и кој кого

почитува и прославува. Драги мои политичари до вас имам

само едно прашање: „За ова ли

се бореа нашите претци, за ова

ли се бореше дедо ми?“ Минувајќи го патот на својот

повеќедецениски развој и

растеж како дел од СФРЈ, а 20

години како самостојна држава, пребродувајќи го конфликтот во

2001 година и од него

произлезениот Рамковен

договор, Македонија, која е

полноправна членка на Обединетите нации, денес

чекори на патот кон

евроатлантските интеграции.

Конфликтите, поделбите,

Page 22: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 МАКЕДОНИЈА страна 22

тесните партиските интереси се

работи кои не се од интерес за

граѓаните и не се добри за развојот на оваа држава - тоа

им е јасно на сите. Зошто тогаш

повторно и повторно ја

повторуваме истата песна? Има работи кои се пресвети за нас и

од кои не смее да се прави

политика! Има работи за кои не

треба да се спори! Има прашања за кои мора да бидеме

обединети и сложни! Такво е

прашањето за нашето минато,

такво е прашањето за херојските дела на нашите

борци, такво е прашањето за

оддавањето почит.

Страв од соочување со минатато Во сите овие дилеми и анализи

се кријат длабоки и суштински

прашања. Коренот на сето ова е

фактот што народно ослободителните војни се

организираа и водеа во рамките

на организација која подоцна ќе

израсне во комунистичката партија, која ќе застане на чело

на СФР Југославија. Сите

поранешни земји од бившиот

комунистички блок се

растргнати меѓу предобивките од минататот и стремежите кон

иднината. Минатато - какво

такво е коренот за нивното

постоење, а иднината го осудува тој корен. Од една

страна се величи делото на

партизаните и нивната борба

против фашизмот, а од друга страна, европските народи,

вклучувајќи ги и оние од

Источниот блок, преку

резолуција во Советот на

Европа го осудија комунизмот

за ретроградна идеологија, исто

онака како што го осудија и

фашизмот!

Дали осудувајќи го комунизмот,

ние ги осудуваме и негираме

нашите херои? Не треба да се

срамиме со минатото, не треба да се срамиме со одлуките што

нашите претци ги донеле во

наше име. Цел свет знае дека

славната НОБ не беше борба на

партиска основа и партиска припадност. Дедо ми не знаеше

ништо за никаква партиска

идологија. Неговиот избор не

беше комунизам или не, туку борба или не преземање ништо

и седење со скрстени раце.

Во овој револуционерен и

борбен период се поставија

темелите на нашата нова

држава, а воедно беше

Page 23: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 МАКЕДОНИЈА страна 23

обновена и Македонската

православна црква. Ова не

беше борба за партија, ова беше борба за слобода, а до неа

постоеше само еден единствен

пат. Или НОБ и создавање на

македонската држава, или, пак, неутрален и пасивен однос кон

таа ретка историска шанса.

Тоа е вистината за овој борбен

и револуционерен период. Вистина на која живите борци

од тоа време се должни

постојано да укажуваат и

заедно со целиот наш народ да се борат за неа, уверени дека

вистината секогаш

победува. Смрт или живот, да се

биде или не!

Факт е дека тогашната Комунистичка партија ја

формира државата и, ако го

избришеме тоа, ќе нема на што

да се потпреме. Друга работа се некои случувања потоа. Уште

погрдо е кога се извлекуваат

само некои црни точки од таа

борба, со што се сака да се создаде општа негативна слика

за таа борба. Зошто се изостава

јунаштвото на стотина

прогласени народни херои и на

илјадниците учесници што ги дадоа и своите животи?!

Со поврзување на историските

факти се фрли светло и на

некои дилеми во јавноста за тој период поврзани со прашањето

за обединување на Македонија

преку вооружена борба. По

објавувањето на Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ,

мала група на интелектуалци

беа незадоволни од погледот

држава да се гради во рамките на Југославија. Да се оди на

Солун наместо на Срем! –

прашањето кои ги раздели

борците. И денеска дилемите се: што со борците за

македонско национално

ослободување, кои комесарите

на KПЈ ги прогласија за

идеолошки непријатели на социјалистичката револуција?

На чија страна е денес Сојузот

на борците - на страната на

комунизмот или на страната на Македонија? Експертите

наведуваат дека во тоа време

станувало збор за судир на две

идеологии – пројугословенска и промакедонска. И процесот на

рехабилитација на некои

прогонети борци не ги намалува

заслугите на борците во НОВ.

Нормално е дека тие луѓе треба да се рехабилитираат, бидејќи

биле судени само затоа што

имале поинакво мислење од

официјалната идеологија. Затоа не треба да се остави нивните

потомци и генерациите што

доаѓаат да учат за нив како за

предавници, бидејќи факт е дека сега го живееме тоа за што

некои од нив се залагаа.

Но, кон ова прашање мора да се

пристапи многу внимателно, да се направи соодветна комисија,

добро да се проучат досиејата,

Page 24: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 МАКЕДОНИЈА страна 24

бидејќи, сепак, станува збор за

човечки судбини.

Обично оцените за одредени

ликови варирале според политичката клима и

политичките потреби на

владејачките гарнитури. Дали

ако ги прифатиме едните, ги

негираме другите? Не. Сите тие

го правеле она за што мислеле

дека е најдоброто и најсооветното во тој момент и

во тие услови. Лесно е од

денешна дистанца да се даде

позитивна или негативна оцена. Но, тогашните услови и

сфаќање диктирале поинаков

поглед на државноста и

националноста. Крајно време е да го прифатиме

нашето минато и нашата

историја. Одлуките што тогаш

биле донесени во наше име, без разлика дали ги осудуваме или

величиме, се дел од

формирањето на нашето минато.

Тие се нераскинлив дел од нас.

Прифаќајќи го минатато ние се прифаќаме себе си и она што го

нарекуваме наше тло. Минатато

какво е, такво е - наше е!

Page 25: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 МЛАДИ СО СТАВ страна 25

Page 26: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 26

Атанас Величков

Кога извештаите ќе „прозборат“...

Фаците од Брисел го кажаа својот тежок збор... Балканот сè

уште живее со старата слава на

буре барут за Стариот

континент... Европската комисија го даде своето

мислење за „лошите балкански

дечиња“...

Етнонимите Македонија и

македонски не беа спомнати во

извештајот, кој беше наменет за нашата скромна Татковина...

Европејците, не сакале да нè

навредат, бидејќи требало да ја

користат, привремената

референца ФИРОМ, кога ни се обраќаат нам...

Ептен воспитани излегоа,

нашиве пријатели од западот...

Толку воспитани, па дури трчаат по валканиот задник на

Грција и туку забришуват

нешто...За да не мириса, не за

друго... Ама парфемот, што го користат, за замачкување на

миризбата, ептен скап ми се

гледа... Мисијата е јасна, ќе ја

спасуваат „лулката на

демократијата“, по секоја цена... Ако треба дури ќе ја уништат и

Европската унија...

Во меѓувреме Грција толку се извалка и баш фацата Баросо

требаше да ги моли Британциве

да пуштат некоја фунта за спас

на Елиники Демократија... Нема разбирачка со бирократите од

Брисел... Туку маткаат нешто и

секогаш се трудат да докажат,

колку глупави работи можат да „родат“ нивните паметни глави...

Да се вратам кај нас, затоа што

ќе се заборавам и ќе истрескам

нешто што е упатено кон

нашите јужни соседи, а не е за објавување во јавност...

Од Брисел по трет пат ни кажаа

дека напредуваме, ама спорот

за името со Грција ќе ни биде главна препрека за влез во ЕУ...

Еве пак ја спомнав Грција... Сè

се врти околу Грција, драги мои

и околу фактот дека таа земја е „галеничето“ на стара Европа...

Нема да видиме бел

„европски“ ден додека не

попуштиме за името... Тоа е жестоката вистина, само дека

Европејците се премногу

воспитани за да ни ја плеснат

во очи, како неперените гаќи на

комшивката од карши... На нас, како на најобични кандидат

членови ни останува само

надежта, гаќите на комшивката

да не бидат ептен извалкани... Еврокомесарот Филе, пак

повикува да не губиме повеќе

време и да одиме на туширање

за да бидеме готови за една активност, на која првата буква

и е П, ама за жал не е

пешачење... Кога си на зорт

така е... Ќе те шуткаат и

реметат, како што ги шуткаат и

Page 27: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 27

реметат сите аутсајдери... Ние

во сè живо и диво сме

аутсајдери, драги мои... Се покажавме во поинакво светло

во Литванија, ама пак се најдоа

некои да изедат бурек и за тоа...

Црно ни било пишано... Не дај Боже и Уставот со црно да

почнат да ни го пишуваат,

нашите „пријатели“ од ЕУ... Не

се секирајте, тие ќе најдат начин, како да ѝ погодат на

Грција, додека ние ги полниме

марамчињата со солзи и мрсоли

по доброто старо време... Ни треба акција... Треба да им

покажеме на сите дека ние не

сме паднати од некоја планета,

која дури ја нема во нашиот

сончев систем... Треба да удриме по масата, а после тоа

сами да си удриме по една

„воспитна“ и да се освестиме...

Инаку црно ни се пишува... Не дај Боже во Уставот да ни го

запишат...

Дури им се чудам на тие од ЕУ...

Кога почнале со критикиве...

Аман бе, срцки, дај оладете

малце... Знам дека е поубаво да ѝ се ситите на Македонија, или

како што Вие викаате „оваа

земја“, во споредба со тоа да се

погледнете во огледало и да признаете дека и кај Вас нешто

не штима... Нема и како да

штима, кога сме сведоци, како

должничката криза ги поткопува темелите на

Еврозоната...

Токму кон таа Еврозона се

упатиле нашиот источен сосед Бугарија и нејзиниот северен

сосед Романија... Како што

напишаа дел од бугарските

медиуми, Софија и Букурешт удрија по масата на Шенген...

Бугарскиот премиер Борисов и

романскиот министер за

надворешни работи Теодор Баконски, се согласија дека

нивните две земји не смеат да

бидат понижувани во нивниот

пат кон Шенген... Деновиве во

европскиот парламент се изгласа и новата резолуција за

приемот на Бугарија и Романија

во Еврозоната...

Европратениците се согласија дека нема потреба од додатни

услови за влез на двете

балкански земји, во Шенген...

Турција, пак кркаше критики... Сè повеќе се убедувам дека

само Полат Алемдар, може да ја

внесе таа земја во ЕУ... Ако

подлабоко ги разгледаме работите, Турција и нема

некаква жестока потреба од

влез во ЕУ... Економски Турците,

ќе бидат број еден во Европа, за

Page 28: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 28

има-нема 20 години... Шо се

вика, те го дека е... Прашањето

со влезот на Турција во ЕУ е принципиелно... Нашите

пријатели од Анкара, сакаат да

станат дел од Унијата за да

покажат дека таа не е исклучливо христијански клуб...

Европската комисија во својот

извештај ја критикуваше

Турција поради нејзните односи со Кипар, а исто така и поради

фактот дека бил заглавен

процесот на преговори... Па,

како нема да заглават преговорите, кога Турција во

моментот е зафатена со

мисијата да стане лидер на

земјите од Блискиот исток, а

западните општества и покрај декларативната поддршка за

Арапската пролет, не се баш

благонаклонети кон Арапите...

Ердоган се претвори во ѕвезда за арапскиот свет, поради

својата конфронтација со

Израел... Во последно време

беше актуелно и заладувањето на односите помеѓу Турција и

Франција...

Саркози ја повика Турција да го

признае геноцидот врз

Ерменците за време на Првата светска војна, а пак, министерот

за европски прашања на

Турција Егемен Багиш му

порача на Саркози, да не изиграва историчар, туку да се

сконцентрира на економијата на

сопствената земја...

Во истото време Србија беше наградена од страна на ЕУ и

доби статус на кандидат-член

на Унијата... Нашите северни

соседи, како по нарачка ги најдоа Младиќ и Хаџиќ и сега

Европа гледа со други очи кон

нив... Сега на Србите им

преостанува само да го голтнат

горчливото апче наречено независно Косово и да заспијат

ѓоа бебиња под звуците на

химната на Европа...

Српскиот државен врв се надеваше дека, ако ги испорача

во Хаг, „лошите момци“ Младиќ

и Хаџиќ, никој нема да ја тера

Србија да го признава Косово, за да стане дел од Унијата...

Ама нејсе... Србија мора да

преговара со Косово и кога

тогаш ќе мора да се помири со судбината дека Косово одамна

веќе не е српска територија...

Во глобала работите на

Балканот се многу

комплицирани... Така било отсекогаш...

Црна Гора и Хрватска излегоа

победници во својата европска

авантура... Црногорците веќе имаат зелено светло за

почнување на преговори, а

Хрватите за малку повеќе од

половина година ќе станат дел од ЕУ... Според еврокомесарот

Филе, Црногорците постигнале

голем напредок во

спроведувањето на потребните

демократски реформи, а пак за Хрватска се знаеше дека ќе

стане дел од ЕУ, уште пред

неколку месеци...

Page 29: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 29

Сепак да не заборавиме дека и

Црна Гора и Хрватска,

демонстрираа нешто, што ретко се гледа на нашите простори...

Вечниот премиер на Црна Гора,

Мило Ѓукановиќ се повлече од

активната политика, а поранешниот хрватски премиер

Иво Санадер е обвинет во

корупција и против него во тек

е судска постапка... Ептен европски начин за решавање на

проблемите... Ајде кажете ми

после, како да не ги награди ЕУ,

овие две земји и да не им каже „Повелете“...

Page 30: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 МЛАДИ СО СТАВ страна 30

Симона Младеновска

Останавме без пописни резултати

„..Сите членови на Државната пописна комисија поднесоа

неотповиклива оставка и ги

повикаа сите учесници во

Пописот 2011 да ги сопрат сите идни активности поврзани со

Пописот, соопшти Државната

пописна комисија.“ - објави

МИА, а по неа, сите македонски медиуми.

Го избравме помалото

зло... или не? Октомври годинава имал 5

понеделници, 5 недели, 5 саботи и не знам уште што, кое

се случувало еднаш во 823

години и според Фенг Шуи

носело хармонија, среќа... Сè на сè нешто убаво.

Не можам да кажам со сигурност

што аир видела

Македониичкава наша пред точно 832 години, или да бидам

попрецизна 11. X. 1188, но ова

2011 лето Господово како да се

подобединивме.

Искрено не можам со сигурност да кажам дека

„еволуционерната“ одлука на

Државната описна комисија е

поттикната од патриотските чувства засилени од екотот на

првите пушки или пак нешто

сосем друго, многу

порационално, но сакам да верувам дека е првото.

Да не ја подречам работава, но

имам впечаток како да дошло до

освестување, како прв пат некој кај нас да рекол – „Доволно

беше! Од сега ги правиме

нештата правилно! Или ќе

работиме како што треба, или

воопшто не почнуваме ништо!“. Кога ќе ја удриме математиката

навистина е подобро без

пописни резултати отколку

истите да ни бидат лоши, погрешни и бесмислени.

Јас, како овластен реонски

попишувач сум многу задоволна

со одлуката на Државната комисија. На луѓето душата им

ја извадија и секој ден им даваа

нови инструкции, се разбира

различни од претходните, чисто

за да се разбие монотонијата и да се зголеми динамиката во

комуникацијата државен

инструктор – реонски

инструктор – попишувач. Додуша сè уште не знам дали ќе

бидам исплатена за делумното

завршување на мојот пописен

реон, но во моментов не ја гледам поентата во бркањето на

таа информација кога пред очи

ми се случува нешто што за

наши услови е „трансцендентно“ искуство.

Луѓето сфатија дека не постојат

пари кои можат да им го платат

времето и нервите, а има уште

една варијанта, сфатија и дека нема пари кои можат да го

платат искуството со кое се

стекнаа за време на овие 10

дена, па несебичо одлучија да дозволат некои „нови

клинци“ се здобијат со истото.

Е, сега нормално, пропаѓаат

државни пари, треба да се дуплираат трошоците за

повторување на пописот, а тоа

се нели (бла бла бла) многу

пари кои државата не може да

си ги дозволи два пати во текот

Page 31: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 МЛАДИ СО СТАВ страна 31

на 10 години. Се надевам дека

ќе ве утеши фактот дека тоа се

повторно ваши пари драги мои, државата ќе најде начин да ги

извади од нашите паричници,

никој друг нема да ја плати

цената заради нашето општонародно ноншалантно

однесување кон

ораганизацијата на пописите. И

уште една утешна мисла, која веќе стана клише во текстов,

ама многу ми е мерак кога ја

кажувам во ваква конотација

„НЕМА ПАРИ СО КОИ МОЖЕ ДА СЕ КУПИ ИСКУСТВОТО СО КОЕ

СЕ СТЕКНАВМЕ ЗА ОВИЕ 10

ДЕНА“.

...Најверојатно следното вакво

искуство Македонија ќе го доживее во 2834 година, кога

октомври ќе има 5 саботи,

недели, понеделници и слично...

Е тогаш, здравје ако е изборна година, во историјата за 4-та

средно може да влезе податок

дека тоа се првите бојкотирани

избори во Р. Македонија, но да не зборувам предвреме...

Шансите дека ќе биде 11-ти

октомври и тогаш се 50% - 50%,

или ќе биде или нема да биде.

Сè до тогаш, никогаш не е доцна за славење - честит 11-ти

Октомври 2011! Нека ни е за

многу години!

Page 32: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 АРТВИЗОР страна 32

Трите приказни на Стив Џобс

Остани гладен... Остани луд...

Минатата недела почина Стив Џобс, еден од основачите на

Епл и поранешен извршен

директор. Имаше 56 години, а

уште од 2003-та ја водеше битката со рак на панкреасот.

Во соопштението на Епл

објавено по неговата смрт, стои

дека компанијата загубила визионер и гениј, а светот

извонредно човечко суштество.

Едно од нештата по кое ќе

остане запаметен е

легендарниот говор кој го одржа пред дипломираните

студенти на познатиот

универзитет Стенфорд, во јуни

2005 година. Еден дел од овој говор е посветен и на неговото

искуство со ракот и

соочувањето со смртта.

Обраќање Почестен сум што можам да

бидам со вас денеска на вашето

дипломирање на еден од

најдобрите универзитети во светот. Јас никогаш не

дипломирав. Всушност, ова е

најблиску што сум дошол до

дипломирање на колеџ. Денеска сакам да ви раскажам три

приказни од мојот живот. Тоа е

тоа. Ништо повеќе, само три

приказни.

Поврзување на точките Го напуштив Рид Колеџот после

првите 6 месеци, но продолжив

да одам на некои предавања повремено уште 18 месеци пред

целосно да се откажам. Но

зошто го напуштив колеџот?

Тоа започна уште пред да се родам. Мојата биолошка мајка

била млада, недипломирана

студентка на факултет и

одлучила дека е најдобро да ме даде на посвојување. Таа била

сигурна дека треба да бидам

посвоен од луѓе кои завршиле

факултет, па така сè било средено да бидам посвоен од

адвокат и неговата сопруга. Но

во последниот момент, тие

сепак одлучиле дека сакаат

девојче. Па така моите родители, кои биле на листа на чекање,

добиле повик доцна во ноќта и

ги прашале: Имаме неочекувано

машко дете, дали го сакате? Тие рекле: Секако. Мојата биолошка

мајка подоцна дознала дека

мојата мајка никогаш не

завршила ниту средно училиште. Одбила да го потпише

последниот договор за

посвојување. Се согласила дури

неколку месеци подоцна, кога моите родители ветиле дека

еден ден јас ќе одам на

факултет.

17 години подоцна јас се

запишав на колеџ. Но наивно

Page 33: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 АРТВИЗОР страна 33

избрав колеџ кој беше речиси

исто скап колку и Стенфорд, и

целата заштеда на моите родители од работничка класа

беше потрошена за школарина.

После 6 месеци не можев да ја

видам вредноста на тоа. Немав идеја што сакам да правам со

мојот живот и немав идеја како

колеџот може да ми помогне да

сфатам што сакам. А овде ги трошев сите пари што моите

родители ги штеделе цел живот.

И така се откажав и верував

дека на крај, сè ќе биде добро. Беше многу страшно во тоа

време, но кога сега гледам

наназад, тоа беше една од

најдобрите одлуки што сум ги

донел во животот. Во моментот кога го напуштив колеџот,

можев да престанам да одам на

предавањата што не ме

интересираа, и почнав да упаѓам на предавањата кои ми

изгледаа интересни.

Не беше сè толку романтично.

Немав соба во домот, па спиев на подот во собите на моите

пријатели, враќав празни

лименки Кока Кола за 5 центи

депозит за да можам да си

купам храна, и пешачев по 7 милји меѓу градовите секоја

недела вечер за да можам да

имам барем по еден добар

оброк неделно во Харе Кришна храмот. И многу од она што го

преживеав заради тоа што ја

следев својата љубопитност и

интуиција се испостави како бесценето подоцна. Дозволете

да ви дадам еден пример:

Рид Колеџот во тоа време го

нудеше можеби најдобриот курс по калиграфија во земјата. Во

кампусот секој постер, секој

натпис, секој цртеж, беше многу

убаво рачно напишан. Бидејќи

се откажав од факултетот и не морав да одам на нормалните

предавања, одлучив да одам на

часовите по калиграфија да

научам како ова се прави. Научив за сериф и сан сериф

начините на пишување, за

варијациите на простор помеѓу

различни комбинации на букви, за тоа што предизвикува една

типографија да биде убава и сл.

Беше преубаво, историски,

уметнички суптилно на начин на кој што науката тоа не може да

го претстави, и за мене тоа

беше фасцинантно.

Ништо од ова не ми даваше

надеж дека некогаш практично ќе го искористам во животот. Но,

10 години подоцна, кога го

креиравме првиот Мекинтош

компјутер, сè ми се врати. И сето тоа го дизајниравме во Мек.

Тоа беше првиот компјутер со

убава типографија. Ако никогаш

не се појавев на тој курс на колеџ, Мек никогаш немаше да

има различни и пропорционално

раздвоени фонтови. А бидејќи

Виндоус целосно го копираше Мек, тоа значи дека ни

персоналните компјутери

Page 34: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 АРТВИЗОР страна 34

немаше да имаат фонтови

воопшто. Ако никогаш не се

откажев, немаше да упаднам на часовите по калиграфија, и

компјутерите можеби никогаш

немаше да имаат типографија

каква што имаат денеска. Секако, беше невозможно да се

поврзат точките тогаш додека

бев на колеџ. Но кога гледав 10

години наназад, сè беше многу јасно.

Уште еднаш, не можете да ги

поврзете точките гледајќи

нанапред, можете да ги поврзете точките само ако

гледате наназад. Така, морате

да имате верба дека точките

некако ќе се спојат во иднината.

Морате да верувате во нешто, во среќа, судбина, живот, карма,

што и да е. Овој пристап

никогаш не ме изневерил, а ги

направи и сите разлики во мојот живот.

Губитокот и љубовта Бев среќен, дознав што сакам

да правам многу рано во мојот живот. Воз и јас го направивме

Епл во гаражата на моите

родители кога имав 20 години.

Работевме напорно, и за 10 години Епл прерасна во

компанија од само двајца во

компанија вредна 2 милијарди

долари и со 4.000 вработени. Штотуку ја објавивме нашата

најфина креација, Макинтош,

една година претходно, а јас

имав 30 години. И тогаш бев

отпуштен. Како можеш да бидеш отпуштен од компанија

која си ја стартувал? Како што

Епл растеше, така ангажиравме

некого за кого мислев дека е доволно талентиран да ја води

компанијата со мене, и првата

година и нешто работите одеа

добро. Но нашите видици за иднината почнаа да се

разликуваат и почнавме да

паѓаме. Кога конечно бевме

доле, нашиот борд на директори застанаа на негова страна. Па

така, со 30 години, јас бев

избркан. Сè она што беше

фокус на мојот живот заврши и јас бев уништен.

Навистина не знаев што да

правам сам со себе во следните

неколку месеци. Чувствував

дека сум разочарал некоја претходна генерација на

претприемачи, дека ми паднала

штафетата која претходно ми ја

подале мене. Се сретнав со

Дејвид Пакард и Боб Нојс и пробав да им се извинам што

толку многу зафркнав. Бев

таква јавна пропаст што дури

помислив да си одам од Долината. Но нешто полека

почна да изгрева во мене – сè

уште го сакав она што го правев.

Нештата во Епл не се изменија ни малку. Јас бев избркан, но сè

уште бев заљубен. И затоа

решив да започнам одново.

Не го видов тоа тогаш, но

излезе дека отказот од Епл беше најдоброто нешто што ми

Page 35: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 АРТВИЗОР страна 35

се случило. Тежината да бидеш

успешен беше заменета со

леснотијата да бидеш почетник одново, помалку сигурен во сè

околу мене. Тоа ме турна во

еден од најкреативните периоди

во мојот живот.

Во текот на следните 5 години,

ја создадов компанијата која ја

нареков Некст, уште една компанија со име Пиксар, и се

заљубив во прекрасна жена,

која ми стана сопруга. Пиксар

започна да го создава првиот компјутерски анимиран

долгометражен филм, „Приказна

за играчките“, а во моментов е

најуспешното студио за

анимација во светот. Во непредвидлив круг на

случувања, Епл го купи Некст,

така јас се вратив во Епл и

технологијата која ја развивавме во Некст сега е

срцето на ренесансата на Епл.

А Лорен и јас имаме прекрасен

семеен живот заедно. Речиси сум сум сигурен дека сè

ова немаше да се случи доколку

не добиев отказ во Епл. Беше

одвратно да се прими таа терапија, но очигледно на

пациентот му требаше.

Понекогаш животот ќе те удри

со цигла во глава. Не губете

надеж. Уверен сум дека

единственото нешто што ме

одржа да продолжам беше тоа што го сакав тоа што го правам.

Морате да најдете што е тоа што

го сакате. А тоа се однесува и

на вашата работа и вашиот љубовен живот. Работата ќе ви

пополни еден голем дел од

вашиот живот и единствениот

начин да бидете целосно задоволни е да го работите она

што верувате дека е одлична

работа. А единствен начин да ја

завршувате добро работата е да ја сакате. Ако сè уште не сте ја

пронашле, продолжете да

барате. Не се откажувајте. Со

целото срце ќе го почувствувате

тоа кога ќе ја најдете. И, како и секоја добра врска, ќе биде сè

подобро и подобро како што ќе

минуваат годините. Па така,

барајте додека не ја пронајдете, не се откажувајте.

Приказна за смртта Кога имав 17 години, прочитав

цитат кој што звучеше отприлика вака: Ако го живееш

секој ден како да ти е последен,

тогаш еден ден сигурно ќе

бидеш во право. Остави впечатокот на мене и од тогаш

во последните 33 години, ќе се

погледнев во огледало секое

утро и ќе се прашав: Ако денеска е последниот ден од

мојот живот, дали би сакал да

го правам тоа што имам намера

да го правам денеска? И ако

одговор беше НЕ неколку дена по ред, знаев дека треба да

сменам нешто.

Сознанието дека ќе бидам мртов

наскоро е најважната алатка која ми помогна да правам

Page 36: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 АРТВИЗОР страна 36

големи одлуки во мојот живот.

Бидејќи речиси сè - сите

надворешни очекувања, целата гордост, сите стравови од

понижување или неуспех, сите

овие нешта паѓаа во вода

соочени со смртта, оставајќи го само она што е навистина битно.

Сознанието дека еден ден ќе

умрете е најдобриот начин да ја

избегнете замката дека имате што да изгубите. Веќе сте голи,

нема причина да не го следните

вашето срце.

Пред една година ми беше дијагностициран рак. Имав

скенирање во 7.30 наутро и

одеднаш се покажа дека имам

рак на панкреасот. Тогаш не ни

знаев што е панкреас. Докторот ми кажа дека најверојатно имам

тип на рак кој не се лечи и дека

не треба да очекувам да живеам

повеќе од 3 до 6 месеци. Докторот ме советуваше да

одам дома и да си ги средам

сите работи, што во докторски

шифри значи да се подготвам да умрам. Тоа значи да пробате да

има кажете на вашите деца сè

она што сте планирале да им го

кажете во следните 10 години

за само неколку месеци. Тоа значи да се осигурате дека сè е

средено за да може на вашата

фамилија да ѝ биде што е можно

полесно. Тоа значи да се збогувате.

Живеев со таа дијагноза цел

ден. Подоцна тој ден имав

закажано биопсија, каде што ми спроведоа ендоскоп низ моето

грло, преку стомакот, ставија

игла во мојот панкреас и земаа

неколку клетки од туморот. Јас бев под седативи, но мојата

сопруга, која беше таму, ми

кажа дека кога ги виделе

клетките под микроскоп

докторите почнале да плачат бидејќи се покажало дека е тоа

многу редок тип на рак на

панкреасот кој што сепак се

лечи со операција. Се оперирав и сега сум добар.

Ова беше најблиску што сум се

соочил со смртта и се надевам

дека тоа ќе биде најблиску што

ќе се соочам во следните неколку декади. Преживувајќи

го тоа, сега можам со поголема

сигурност да ви го кажам

следново отколку кога смртта

беше чист интелектуален концепт: Никој не сака да умре.

Дури и оние што сакаат да одат

во рајот не сакаат да умрат за

да одат таму. Сепак смртта е дестинација која сите ја делиме.

Никој никогаш не и избегал. И

така треба да биде, бидејќи

смртта е единствената најдобра иновација на

животот. Таа е агентот за

промена на животот. Го

чисти она што е старо и

прави пат за новото. Сега новото сте вие, но еден ден не

многу далеку од денеска, вие

постепено ќе станувате старото

и ќе се чистите од патот. Се

Page 37: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 АРТВИЗОР страна 37

извинувам што сум драматичен,

но ова е многу точно.

Вашето време е ограничено, па така не го трошете за да

живеете нечиј туѓ живот. Не

бидете заглавени во догма која

е живот по резултат на туѓото мислење. Не дозволувајте

шумовите од туѓите мислења да

го удават вашиот внатрешен

глас. И најважно од сè, имајте храборост да го следните

вашето срце и интуиција. Тие

некако веќе знаат што

вистински сакате да бидете. Сè друго е споредно.

Кога бев млад, имаше едно

прекрасно издание наречено

Каталог за целата Земја, кое

беше библија на мојата генерација. Беше напишана од

еден дечко Стујард Бранд

недалеку од Манло Парк, и тој

го донесе во живот благодарение на неговиот

поетски допир. Ова беше во

доцните 60-ти, пред

персоналните компјутери и пишувањето на компјутер, па

така сè беше направено со

машина за чукање, ножици и

полароид апарат. Беше еден

вид на Гугл во печатено издание, беше идеалистично и

преплавено со одлични алатки и

забелешки.

Стујард и неговиот тим издадоа неколку изданија на Каталогот,

па кога ги поминаа сите теми го

издадоа и последното. Тоа беше

во средината на 70-тите а јас бев на ваша возраст. На

последната страна на тоа

издание се најде фотографија

на пат рано наутро, оној на кој

можеш да се замислиш како

стопираш ако си доволно авантурист. Под неа беа

зборовите: Остани гладен.

Остани луд. Тоа беше нивна

порака за крај кога се одјавуваа. Остани гладен, остани луд. И

отсекогаш го посакував тоа за

мене. И сега кога дипломирате

за да почнете од почеток, ви го посакувам тоа вам.

Останете гладни! Останете

луди!

Page 38: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 АРТВИЗОР страна 38

Page 39: Револуција магазин бр.47

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 47 АРТВИЗОР страна 39

Од перото на Владимир Неделковски

REVENGE OF THE BRIDESMAIDS (2010) Улоги: Raven-Symoné, Joanna Garcia, Chryssie Whitehead Режија: Jim Hayman Сценарио: Stephanie Phillips Продуцент: Frank von Zerneck (За да не се наруши автентичниот стил на авторот, текстот не е редактиран)

Филм кој ќе сакаат да го

гледаат Скопјанките

Конечно. Конечно филм одн.

шанса за опишување на модерната девојка. (Аууууу,

како ќе ме замрзи поубавата

половина од моите познаници,

ако го прочитаат ова).

Значи... од телевизиската куќа

ABC ни доаѓа „Одмаздата на

Спонзорушите“... т.е. пардон, на

Деверушите. Женски филм, со

женска тема, со женско сценарио (автор на приказната

е жена) и најнормално, има

исклучиво женски ролји. Дури и

музиката е изразително, „женскаста“. Фали уште

сообраќаен знак на кој пишува:

No Dicks Allowed. Знаете за кого

е наменет овој филм? За

женската публика, што кај нас е

во ред, со обзир дека гледачите

по бројност се воглавном жени (ако не се слагате, запрашајте

се има ли женско што не знае за

Шехерезад или Ферхунде.) Со

ова кажано, филмот, всушност не е толку лош.

Четири девојчиња си играат

венчавка, при што, играта е сè,

освен невина и наивна. Водачот на групата е преубавата

плавуша, Кејтлин, која е

невестата – се разбира, и која е

вистинска, мала росп... шмизла.

Кејтлин е од оние девојки на кои мораат сите да се

поклонуваат и потчинуваат.

Каква што била Кејтлин, кога

била дете, таква (или бетер) останала. Кејтлин, на нејзината

другарка од детството, Рејчел, ѝ

го краде дечкото и веднаш

подготвува „голема, бела венчавка“ и тоа под капата дека

е трудна со дете од спомнатиот,

дечко. А, вистината е дека,

Кејтлин и нејзината мајка се

соочени со банкрот, па затоа е направена целата работа. Кога

тоа ќе го дознаат останатите две

другарки, Паркер и Абигејл, ќе

сковаат сопствен заговор, за да ја одмаздат честа на Рејчел.

Планот е да се инфилтрираат на

свадбата, како деверуши и на

секој можен начин, да го саботираат немилиот настан...

Page 40: Револуција магазин бр.47

Револуција магазин број 47 АРТВИЗОР страна 40

Па, како шо спомнав... Женски

филм, кој е опишан како

семејна комедија за сите

возрасти, а во реалноста е наменет за Неа. За модерната,

спонзоруша т.е. шмизла,

ќерката на капитализмот. А која

е всушност Таа..?

Таа, е госпоѓица Елегантна, која

е најотмена во лето, кога од

ултра - тесните панталончиња

се прелева надвор, салото од мевот и задникот. Таа е мис

независна, со сопствени пари и

вработување, без никаква

потреба од некаков си маж да ја издржува, а сепак, првото што

го прави кога ќе стапи во

брачните води е да даде отказ

поради бременост И НИКАД ВЕЌЕ ДА НЕ СЕ ВРАТИ НА

РАБОТА, (а ниту во форма)

ПОШО СЕГА Е МАЈКА. Таа е

дефиниција за здрав живот, најадена (напунета) секогаш,

само со микробиотска здрава

храна: бурек, хамбургер, пица,

тост, помфрит... Таа е високо

образувана, софистицирана, млада жена, запознаена со сите

аспекти на социјалата,

економијата, политиката, и се

воопшто, при што, од сите информации ја интересира

вистински, ама баш ништо,

пошо ноктите не ѝ се лакирани!

Таа е силна, агресивна жена, која е ПОГОЛЕМ МАЖ ОД СИТЕ

МАЖИ, што го докажува со

фактот што може да ги надпие и

надпуши, сите машки кога е во

кафич. Таа е друштвена, харизматична персона, која сите

ја сакаат за пријател и чиј

друштвен „живот“ се состои од

сесии и сесии на дружба со мониторот (прашајте ги сите

1547 френдови на Фејсбук за да

се уверите). Таа е секогаш

најтренди; можеби во џебот нема ни двеста денари, но во

фризурата, шминката и ноктите

е потрошена цела месечна плата.

Кога сме кај плата... Таа е жена од кариера, секогаш профи и

секогаш на работа како

келнерка, продавачка во бутик,

презентерка... Секогаш? Па, ако

секогаш се смета возраст од 24 до 30 години. Таа е онаа,

атрактивна девојка налактена

над пијалокот на шанкот во

кафана, која е дотерана (стегната) во скапи

„парталчиња“ кои повеќе

покажуваат отколку што

покриваат, со цел да изгледа привлечно, а не за да се

затреска фраерот седнат

отспротива, кој треба да има

храброст за да и пријде и да

биде артикулиран за да ѝ се додворува и да има пари за да

ја почести што сака и да има

скапа кола за да ја однесе каде

Page 41: Револуција магазин бр.47

Револуција магазин број 47 АРТВИЗОР страна 41

Таа сака и на крајот од вечерата,

да има и соодветен „алат“ и

дури и стомачни плочки (?) за да ја заинтересира И НАЈВАЖНО

ОД СЕ, тој мора да има живци од

челик, за да не полуди, кога ќе

му го спушти со зборови од типот: Ај, другпат (заклучно со

еден „страстен“ бакнеж во

образ).

Таа е модерната македонска девојка или како што еден

колега, Албанец, ја нарече:

Македонско девојче, к..ва

најголема...

Конечна оценка 6.0/10 Се читаме!

Page 42: Револуција магазин бр.47

Револуција магазин број 47 АРТВИЗОР страна 42

Запис на Сања Алексовска

Македонска Гордост или Будалештина? Дојде денот кога светот ни го

подари вниманието. Човек за

малку ќе помислеше дека проектот Скопје 2014 беше за

бадијала. Но трај ни се исплати.

Конечно го добивме толку

посакуваното внимание од светската јавност, и тоа не од

било кој туку од една од

највлијателните светски

медиумски мрежи Си Ен Ен или пак како некој по нашите

медиуми би ја нарекол ЦНН.

Си Ен Ен ќе снима низа на

емисии за Македонија од

различни локации како дел од нивниот серијал „Поглед кон”.

Добрата вест е што нè

погледнаа. Лошата вест е што

емисијата се вика „Македонска Гордост или Будалештина”. Ауч!

Тоа болеше Си Ен Ен, болеше

многу, особено болеше затоа

што е вистина. Една работа е што по дома си се жалиме, ама

веќе кога странец ќе дојде и ќе

ти каже дека нешто не чини -

тогаш знаеш дека работата е сериозна.

Во извештајот кој го имаат за

нашата земја стои дека познати

историски обележја во Скопје и

нема, освен Камениот мост кој датира некаде од 15-тиот век,

сè додека владата не го

презентирала новиот 22-

метарски национализам во бои на виножитото наречен „Воин на

коњ”. И ете како сиот свет нè

перцепира, народе - како

расфрлани колоритни националисти.

Едно од примарните прашања

кои се акцентираат во емисијата

е како една толку мала земја со

стапка на невработаност од 30%

може да си дозволи вакви

екстравагантни потфати. Тоа е многу добро прашање Си Ен Ен,

честитки за вашата моќ за

перцепција, а одговорот би бил

дека не може... Чекај, момент... Не, сепак не може да си дозволи.

Но за некого тоа не е важно;

она што е важно е слепиот

национализам, кој сега можеме да го опипаме, видиме, да му се

восхитуваме и поклонуваме, па

дури и со него да се сликаме и

потоа да ја постираме сликата

на Фејсбук. Туристите како и граѓаните на Р.Македонија ја

имаат единствената можност да

се чуствуваат како Алиса во

Земјата на чудата и во секој момент да очекуваат дека некој

голем бел зајак ќе се појави и

ќе им го покаже патот низ

целата таа конфузија. Но зајакот нема да дојде затоа што

ова, за разлика од случајот со

Алиса, не е сон туку е прилично

реално.

Така да, ако до сега не

привлековме доволно туристи,

сега благодарение на Си Ен Ен промоцијата ќе привлечеме

Page 43: Револуција магазин бр.47

Револуција магазин број 47 АРТВИЗОР страна 43

многу повеќе, што многу јасно

ќе ни донесе и многу повеќе

средства за нови проекти.

Тематски парк “Александрија” е нешто што ми доага на ум во

моментов... или пак подземен

аквариум наречен „Пастрмката

Аце”... Мхм, подземен аквариум

е реткост, тоа би дало јасна и

гласна слика за кои сме, што

сме и од каде доаѓаме. Уствари

стоп чекај, ќе заборавев за малку дека пописот ни пропадна.

Нема повеќе да бидеме

Македонија - Вечниот кандидат

за Европска Унија туку Македонија - Државата која не

може да реализира попис на

населението. 14 милиони евра

еј!!! Милиони. Евра. Исто како еден милион само пута 14.

Милиони. Пропаднати. Не ми е

за парите туку за пропаднатите

споменици што можевме да ги изградиме со тие пари. Знате

колку споменици се тоа???

Многу. Многу споменици се тоа...

Или барем можеа да бидат...

Page 44: Револуција магазин бр.47