50

Револуција магазин бр.55

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Revolucija magazin br.55

Citation preview

Page 1: Револуција магазин бр.55
Page 2: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 10 ДЕКЕМВРИ 2011 ГОДИНА страна 2

Page 3: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 РЕВОЛУЦИЈА-МАГАЗИН страна 3

Содржина

Неделна панорама .......................................................................... 04

Фејсбук генерација ......................................................................... 09

Младинско ДА за Европската Унија!!! ............................................... 11

Балканот не е она што мислите ........................................................ 13

Европа ќе експлодира? .................................................................... 16

„Компаратистите“ станаа „напоредници“ ........................................... 19

Ми се допаѓа ентузијазмот на македонските студенти ........................ 27

Педофилската идила продолжува ..................................................... 30

Жешката битка на саудиско - иранската Студена Војна ...................... 33

Системскиот закон како имплементирачки за ООН Конвенцијата за

правата на лицата со хендикеп ........................................................ 36

THE BIG BANG THEORY (2008-2011) .................................................. 45

Импресум

Oсновач и главен и одговорен уредник

М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

Заменик на главниот и одговорен уредник и администратор

Славица Ѓоргиева, e-mail: [email protected]

Помошник на главниот и одговорен уредник и администратор

Елена Павловска, e-mail: [email protected]

Уредник за филмска уметност, стрип и уметнички анимации:

Владимир Неделковски, e-mail:[email protected]

Соработници-аналитичари: Светлана Пеншовски, Атанас Величков, Елена Николовска, Сања Алексовска, Владимир Неделковски, Симе

Симовски, Елизабета НАјдоска – Величкова, Стаменче Серафимова, Симона Митровска

Надворешен соработник:

Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

Технички уредник:

Миланчо Ристовски e-mail: [email protected]

Маркетинг: Славица Ѓоргиевa Драгица Маренчева

Е- mail: [email protected] Е-mail: [email protected] моб.: +389 (0) 75 63 44 94 моб.: +389 (0) 78 32 97 36

Page 4: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 РЕВОЛУЦИЈА-МАГАЗИН страна 4

Автор:

Влатко Неделковски

„Револуција“, магазин за политика, економија и култура

ISSN 1857- 7458

Адреса: Востаничка 67б-7

1000, Скопје

Република Македонија

[email protected]

http://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94

Издавач:

МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА Непрофитна организација за демократија и

креирање јавно мислење

Жиро сметка: 2704953485006

Даночен број: 4058011508300

Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Адреса:

Востаничка 67б-7 1000, Скопје

00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94

Page 5: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 5

Македонија ја доби

Грција во Хаг Меѓународниот суд на правдата

во Хаг јасно констатираше дека Грција го прекршила членот 11

и оти во иднина очекува таа да

се воздржи од такво

однесување. За ваквата одлука гласале 15 судии, а само еден

бил против. За македонскиот

тим, со пресудата се враќа

правната сигурност и неа треба да ја земат предвид и Грција и

сите актери на меѓународната

сцена. Грчкиот тим, кој беше

преполовен, не ја коментираше

одлуката. Судот на правдата, практично,

ги одби сите грчки аргументи.

Притоа констатираше неколку

клучни работи за Македонија, кои сега се зацементирани и во

пресуда на влијателна

меѓународна судска

институција: кратенката ФИРОМ е само референца, името на

земјава е Република Македонија

и преговорите за надминување

во спорот се водат во добра волја.

Значи, каде и да ги начекаме

Грците ги „тепаме“... Ги тепавме

на кошарка, еве сега ги

победивме и во Хаг. Кога сме ние во прашање, веројатно ги

следи тежок малер. Што е

важно по Хаг? Важното е тоа

дека конечно една авторитетна меѓународна институција

истакна дека Грција нема право

да го блокира нашето членство

во ЕУ и НАТО. Грците не се трогнаа многу од оваа пресуда и

истакнаа дека се надеваат,

преговорите да продолжат и да

се дојде до компромис. Тој

компромис не е толку

едноставен, ама Грците тоа не

ги тангира, да му ја мислиме

ние... Грчкиот државен врв, дури сакаше да се извади, во

врска со блокадата за влезот на

Македонија на самитот во

Букурешт во 2008 година...

Првите луѓе на Атина истакнаа

дека блокадата била заедничка

одлука на мнозинството земји од НАТО, т.е. меѓу редови

кажано: немаме само ние

проблем со вашето име, имаат и

речиси сите земји од Атлантскиот пакт. Дора

Бакојани пак изјави дека не

жали за одлуката, за блокадата

на Македонија пред 4 години... Браво Дора, браво и

благодариме за искреноста...

Само се прашувам, како се

прави компромис, кога едната од двете страни не попушта ни

сантиметар од своите ставови?

Волерс ги повтори

старите ставови за

спорот со Грција Амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс изјави

дека ставот на САД, во врска со

поканата на Македонија за

членство во НАТО е познат. Волерс изјави дека Македонија

ќе може да стане членка на

Page 6: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 6

НАТО, кога ќе се реши

прашањето со името.

Амбасадорот истакна дека по позитивната пресуда на

Меѓународниот трибунал за

правда во Хаг, раководителите

на Грција и Македонија треба да направат додатни напори за да

го решат спорот за името.

Лесно му е на Волерс да дели

совети... Од нас се чека да го направиме компромисот со

сопственото име.

Грците никој ништо не ги тера.

Тие сега имаат оправдување со

фактот дека се пред објавување

на банкрот и повторно сите погледи се свртени кон нас.

Изгледа, сè додека Грција не се

одлучи да не нè блокира, ние ќе

останеме надвор од НАТО и ЕУ...

Лесно е да поставуваш услови, кога веќе си влезен во одреден

клуб или друштво, сосема друга

е приказната, кога мораш

самиот да исполнуваш услови и да се надеваш дека на

останатите членови, ќе им се

допадне тоа дека си спремен за

соработка.

Македонско-холандски

бизнис форум во Хаг Македонските економски

потенцијали им бea

презентирани на повеќе

холандски компании, на бизнис

форумот што се одржа во административниот центар на

Холандија, Хаг. Премиерот

Никола Груевски, како и

министрите Владимир Пешевски, Веле Самак и

директорот на Дирекцијата на

технолоско-индустриските

развојни зони зборуваа за поволностите што им ги нуди

Македонија на странските

инвеститори, бизнис климата во

нашата земја, како и пристапот до странските пазари и

плановите за идниот развој на

земјата.

Сега ни останува само да ги

чекаме Холанѓаниве и нивните

инвестиции. Пожелно е вакви

бизнис форуми да се организираат почесто, за да

може Македонија да се

промовира како добра

дестинација за инвестирање. За да биде сè ОК, сепак ние треба

да се покажеме и на дело, како

земја отворена за странските

инвестиции. Македонија треба да работи посветено во борбата

за сузбивање на корупцијата и

криминалот, ако сака навистина

да биде сметана како земја, во која што може да се прави

Page 7: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 7

бизнис, што ќе биде исплатлив

за сите. Холанѓаниве нека

повелат, ние Македонците сме научени да работиме, а за

солидна плата пак и да се

искршиме од работење...

Работната рака ја имаат, сега и административно да заличиме

на европска земја и сè ќе биде

ОК.

Регистрација - табу тема Во Тиквешкиот регион се

купуваат трактори и на

килограм, како старо железо,

без потребната придружна документација, која пак е услов

за регистрација. Вака велат

земјоделците од најголемиот

лозарски регион во државата, дека стотици земјоделски

машини не можат да бидат

регистрирани.

Станува збор за трактори кои потекнуваат од некогашните

земјоделски стопанства, но и

земјоделски машини кои по

разни канали биле увезени во земјава пред повеќе години,

велат лозарите.

Дека навистина трактори и

плугови се купувале на килограм, потврди и

раководителот на Агенцијата за

поддршка на развојот во

земјоделството, Лазе

Стамаџиев. Еден од начините да

се реши проблемот бил таквите трактори да се регистрираат

откако сведоци ќе потврдат

дека не се украдени, туку

навистина се купени. Некои сопственици и досега се

обидувале да пронајдат

документи за нив по разни

архиви, но таквата документација се чувала осум

години, а машините се стари

неколку децении. Сега тие

земјоделци имаат по две опции за избор, или да почестат по

некоја ракија и да го убедат

соседот да сведочи за

тракторот, или пак (иако врз

него се потпира целото производство) да го продадат

како старо железо. Да земеме за

пример некој случаен дедо. Тој

има 80-ина години, од кога знае за себе си - го купил тракторот

од Југославија, во неговата

трошна куќа, едвај да има

хартија за потпалување, па веројатноста дека токму тоа

парче хартија помогнало да се

свари грав пред некоја деценија

- е многу голема.

ФИНЕКСПО по 9-ти пат Деветтиот Меѓународен саем за

финансии, деловни можности и

економски развој ФИНЕКСПО 2011, се одржа на Скопскиот

саем. Најавено беше учество на

поголемите комерцијални

банки, Управата за јавни приходи, осигурителни

компании, инвестициски

фондови и софтверски куќи, кои

во двата дена на посетителите

Page 8: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 8

им ги претставувале своите

актуелни производи и услуги.

Организатор на годинашното издание на оваа саемска

манифестација е Скопски саем,

а покровител Министерството за

финансии на Република Македонија.

Според организаторот, Скопски

саем, оваа манифестација има своја еволуција и значење во

Република Македонија бидејќи

на едно место ги здружува сите

релевантни фактори од финансискиот сектор и бизнис

заедницата кои ќе направат

сублимат на актуелните

состојби во финансискиот

сектор во тековната и најава на приоритетните активности во

наредната година и воедно дава

можност за афирмација,

размена на идеи, иницијативи и информации меѓу релевантните

фактори од финансискиот

сектор и бизнис заедницата. На

овој саем, се одржаа многу трибини, кои треба да нè

едуцираат за електронското

плаќање на даноците, за

осигурителните друштва, за

финансиската состојба и нејзината примена во

реалноста. Ако наскоро

„пркне“прогресот, ќе знаеме

дека треба привилегиите да ги

припишеме на Министерството

за финансии. Доколку

термините за одржување беа ставени во вторник и петок,

тогаш организаторите ќе беа

преплавени со пензионери кои

сакаат да научат како да го платат својот данок по

електронски пат. Нивното

неприсуство беше компензирано

со компетентни лица, кои освен што понудуваат, мора да

едуцираат. Резултатите треба да

бидат видливи, уште пред

следното 10-то, јубилејно издание.

Дали постои мито и

поткуп? Митото и поткупот постојат во

изразена форма во високото образование; студентите, па и

самите раководни лица се

свесни за оваа појава, но

постои толеранција кон овие коруптивни процеси, па дури и

поттикнување наместо

пријавување. Ова е резултатот

од неодамнешното истражување „Поткуп во високообразовните

установи“ што го спроведе

Младинскиот образовен форум

на шест факултети на

универзитетот „Св. Kирил и Методиј“. Високи 32% од испитаниците

навеле дека биле принудени да

му ја носат сопствената копија од книгата или скриптата на

професорот за да учествуваат

на часовите, додека 24%

познаваат некој на кој му се случило истото. Истовремено,

34% од испитаниците изјавиле

дека биле принудени да ја

имаат книгата на професорот за

Page 9: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 9

да им биде дозволено да го

полагаат испитот.

На прашањето дали некогаш се

нашле во ситуација - да мора да посетуваат платени приватни

часови кај некој од

професорите/асистентите со кои

им се гарантира повисока оценка, 4% одговориле дека им

се случило, а 28% дека

познаваат некој на кој му се

случило. Бројките не лажат.

Можеби вината треба да се бара во ниските професорски плати,

но и во нивната алчност за

дополнителна заработка. Како

дополнување во ова истражување, се дрзнувам да

дадам и мој впечаток. Професор

ја продава својата

задолжителна книга на студентите – по „ниска“ цена,

бидејќи како автор има

„дискаунт“ привилегии. Но,

прошетаните студенти, ја наоѓаат идентичната книга во

книжарница, по регуларна сума,

за половина помала од

понудената на професорката.

Ете, до таму одат небулозите!

Page 10: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 10

Елена Николовска

Фејсбук генерација И додека Европа го користи

интернетот за пребарување на

можности, македонската

младина го користи за ажурирање статуси на фејсбук,

разгледување профили и

играње игри....

Интернетот во Европа Младите од Европа се

мобилизираат и ги користат сите

ресурси кои им се на

располагање за да дознаат за можностите кои им ги нуди

Европската Унија и како да ги

искористат истите во своја

полза. Нивна најсилна алатка е интернетот каде се поставени

сите грантови, стипендии,

натпревари и бесплатни

патувања кои ги нуди ЕУ како

шанса да се поврзат младите од Европа, да си разменат искуства

и да се вратат дома со нови

знаења. Овие позитивни

искуства тие понатаму ги применуваат во секојдневниот

живот и никогаш не застануваат

таму. Одново и одново

присуствуваат и аплицираат за истите или нови можности сè со

цел да го искористат

максимумот од можностите на

Унијата.

А кај нас... Што прават за тоа време

младите од нашиот драг

Балкан? Во Македонија постојано се жалат дека нема

работа и нема иднина за

младите. И додека Европа го

користи интернетот за

пребарување на можности, македонската младина го

користи за ажурирање статуси

на фејсбук, разгледување

профили и играње игри.

Некои дури се користат и со

изговорот дека никогаш не

научиле англиски, па не можат

да се снајдат. Ова не е нешто кое треба да се користи како

изговор! Курсевите по англиски

денес и не се толку скапи,

многубројни се, а доколку постои вистинска желба и

мотивација, постојат и

бесплатни онлајн курсеви со

лесен пристап до јазикот и

аудио помош. Ова подолу е само еден линк за оној кој вистински

сака да го научи доминатниот

јазик:

http://www.learn-english-

online.org/

Европа нуди бесконечен број можности. Од стипендии до

бесплатни патувања и дружења.

Овие можности не се комплетно

бесплатни. Единствен начин да

се дојде до нив е да се учествува, што значи

искористување на вродените

потенцијали и активирање.

Меѓутоа, не со чекање. Доколку

Page 11: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 11

само половина од времето

искористено за фејсбук сурфање се искористи за

пребарување на младинските

веб страни на Европската Унија,

барем едно од тие пребарувања ќе вроди со труд.

Информациите се таму, можностите се таму, останува

фактот дека младите од Западен

Балкан едноставно не се

доволно заинтересирани за да ги придвижат работите.

Меѓутоа, кој друг ако не

самите?..

Page 12: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 12

Симона Митровска

Младинско ДА за Европската Унија!!!

Мнозинско мислење на

Македонците е дека сакаат да

ја видат својата земја како дел

од Европската Унија. А македонското сонце заслужува

да биде дел од европското

соѕвездие и да заблеска

заедно со останатите европски држави. Останува на нас

младите да ја прифатиме

одговорноста за тоа колку ке

придонесеме нашата земја тоа да го оствари.

ЕУ – виза за подобра

иднина? Гледајќи процентуално од сите

анкети досега, младите се тие кои се најмногу застапени со

позитивен став кон ЕУ.

А како и не би биле кога за

денешната младина ЕУ претставува виза за во

иднина, единствен спас со кој

би им се променил животот.

Живеејќи во ова брзо и динамично време, деновите ни

поминуваат гледајќи како

нашите родители едвај

собираат средства за да нè

школуваат. А секојдневно се прашуваме – што потоа?

Влезот во Европската Унија

влева голема надеж за тоа

дека ако бидеме дел од неа ќе се подобри економската

состојба во државата, ќе се

отворат нови работни места

кои реално од секоја можна гледна точка ке ни го

променат животот. Првиот

чекор на осамостојување -

наши лични приходи, со што

ќе се тргнеме од грбот на нашите родители, па на тој

начин и на нив ке им го

подобриме животот.

Бидејќи дојде време во кое парите го кројат животот

секогаш прво се гледа

економската состојба, а

Европската Унија ни е светла точка за подобрување на

истата. А од таму сè потоа ќе

си дојде на свое место. Ќе се

зголеми производството во

државата, ќе се прошири пазарот и така ќе се зголеми

буџетот. Ќе има реформи во

здравството, образованието,

стандардите за работа и со тоа на некој начин сè ке се

подобри. Со тоа што младите

ќе бидат во поголем број

вработени ќе можат да го живеат нормалниот тек на

животот и полесно да оформат

семејство, што за денешната

младина претставува проблем

бидејќи тешко доаѓаат до лични средства за самостоен

живот, за сопствен дом и за

градење семејство.

Мојата слика гледајќи ја Македонија во ЕУ е блиску до

совршена, бидејќи за мене

намалувањето на

невработеноста претставува најпозитивната работа што

може да ѝ се случи на една

земја секако ако со тие

Page 13: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 13

работни места се остварува

нормален капитал.

Единствено нешто што младите ги плаши е тоа што

Македонија е многу мала

држава во споредба со другите

земји членки на ЕУ - да не биде Европската Унија

преголем залак за нас или ние

премал за неа?!

Македонија е мала држава, која поминала тежок пат до

своето осамостујување и

сеуште се соочува со многу

пречки и потешкотии во борбата за свое афирмирање

на меѓународната сцена. Но

Македонците никогаш не биле

народ кој лесно се откажува.

Мнозинско мислење на Македонците е дека сакаат да

ја видат својата земја како дел

од Европската Унија. А

македонското сонце заслужува да биде дел од европското

соѕвездие и да заблеска

заедно со останатите европски

држави. Останува на нас, младите да ја прифатиме

одговорноста за тоа колку ке

придонесеме нашата земја тоа

да го оствари.

Page 14: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 14

Балканот не е она што мислите

Професорот по политичка

филозофија, Астерис Хулиарас, во текстот

„Неуспехот на државите на

Балканот: седум митови“,

негира дека т.н „балканизација“ е лоша, дека

луѓето на Балканот се

исклучително насилни, дека

можноста за влез во ЕУ е единствената гаранција за

мирот и стабилноста, како и

дека Балканот е хомоген

регион.

Тој како прв мит го наведува

„Балканот отсекогаш бил

Балкан“. Според овој мит

географскиот термин Балкан „отсекогаш бил исполнет со

негативна конотација,

насилство, дивјаштво,

примитивизам – до степен за

кој што е тешко да се најде паралела во историјата“.

Терминот „балканизација“,

обично подразбира распаѓање

од поголеми политички единици на помали меѓусебно

антагонистички земји. По

Првата светска војна терминот

доби негативна конотација поради наводните закани на

меѓународниот поредок,

стабилноста и мирот, наведува

Хулиарас. Професорот од Универзитетот

на Пелопонез наведува дека

Балканот е опишуван како

„Буре барут на Европа“ и го цитира некогашниот британски

премиер Винстон Черчил кој

одамна истакнал дека

„Балканот произведува повеќе

историја отколку што може да потроши“.

Во почетокот на 90-тите,

терминот стана уште

понегативен, бидејќи повеќето луѓе од Западот веруваа дека

распаѓањето на Југославија се

должи на омразата од

минатото. Тоа е причината поради која зборот „Балкан“ и

сега се избегнува и почесто се

користи терминот „Југоисточна

Европа“ и „Западен Балкан“. Во однос на митот

„балканизацијата е лоша

работа“, Хулиарас наведува

дека „балканските земји се

подемократски од било кога до сега“.

Иако во балканските земји

нема совршена демократија,

власта главно се избира на слободни и чесни избори;

губитниците го признаваат

поразот, а националните

малцинства имаат права кои што им се загарантирани со

Page 15: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 15

Уставот или со службени

договори.

„Балканизацијата и демократизацијата изгледа

како да одат заедно“,

наведува авторот и додава

дека за разлика од минатото, современата балканизација

изгледа дека не ја загрозува

економијата, и границите во

регионот се отворени како никогаш претходно.

„Стремежите за членство во ЕУ

ги хармонизира разликите во

законите, стандардите и валутите, и како резултат на

тоа, протокот на идеите на

Балканот се создаваат со

огромна брзина. На некој

начин, националната фрагментација е дополнителна

мотивација за интензивирање

на политичката и економската

интеграција. Веројатно за прв пат од раниот период на

Отоманската империја,

Балканот е обединет

навистина“, истакнува Хулиарас.

„Исто така претставува мит,

дека после прогласувањето

на независноста на Косово,

на Балканот нема да има повеќе територијално

расцепување кое што би

можело да доведе до

создавање на нови држави“, наведува Хулиарас.

„И понатаму постојат значајни

и силни побарувања за

промена на границите“, истакнува авторот и додава

дека претставниците на

Република Српска многу често

говорат за референдум и за

припојување кон Србија,

слично на барањата на босанските Хрвати.

Не многу поразлична

иницијатива е можна и од

страна на Албанците во Македонија или Србите во

северниот дел на Косово.

„Сепак поголемиот дел од

Балканот и меѓународните фактори (вклучувајќи ги САД

и ЕУ) не се наклонети кон

идни промени на границите.

Изгледа дека моменталната рамнотежа на власта го штити

статусот кво“, додава

Хулиарас.

Говорејќи за митот „мамката

со членството во ЕУ, го одржува Балканот стабилен

и мирен“, авторот додава

дека стабилноста на Балканот

се смета како одговорност на Европската унија, која што во

регионот е присутна повеќе од

било каде во светот.

„Изгледите за членство во ЕУ имаат значајно влијание врз

политичките и економските

реформи, но сепак Европската

унија нема единствена надворешна политика и во

Page 16: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 16

Брисел очигледно постои

замор од проширувањето“,

истакна авторот. Хулиарас заклучува дека

„ангажманот на Европа не е

доволен за одржување на

стабилноста и поттикнувањето на растот на Балканот“, и

додава дека е потребна трајна

посветеност на САД и на

Русија. „На крајот на краиштата,

лесно е да се предвиди дали

домашните политички актери

ќе бидат склони да играат на ривалитетот Запад- Русија,

како што и веќе се случувало

повеќе пати во историјата“,

оценува грчкиот професор.

По повод митот „Балканот е особено насилен регион“,

тој додава дека не постојат

податоци кои што би докажале

дека луѓето на Балканот се понасилни од другите луѓе и

потсетува на извештајот на ОН

од 2008 година, кој што

покажува дека на ниво на кривични дела –убиства,

кражби, силувања,

разбојништво и напади- на

Балканот ги има во помал број во споредба со Западна

Европа.

Хулиарас ги негира и митовите

дека „Балканот е хомоген регион“ и дека „балканските

држави се премногу мали

за да ја обезбедат својата

сигурност и економски

развој“.

Извор: European View

Подготви:

Елизабета Најдоска Величкова

Page 17: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 17

Стаменче Серафимова

Европа ќе експлодира? - Европа никогаш не се наоѓала

пред поголем ризик од

експлозија, истакна Саркози во

говорот во Марсеј, додавајќи дека нема да има „друга шанса“

ако на самитот не биде

постигнат договор, како и дека

Европјаните имаат само „неколку недели“ за да ја спасат

Еврозоната.

- Мораме веднаш да реагираме.

Колку подолго го одложуваме

донесувањето на оваа одлука, таа сè повеќе ќе нè чини, а сè

помалку ќе биде ефикасна.

Решение, а не нови

проблеми Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот

претседател Никола Саркози на

состанокот со шефовите на

држави и влади кои се членови на Европската народна партија,

во Марсеј бараа поддршка за

планот на членките на

Еврозоната, да им се воведе

значително построга буџетска контрола и автоматски санкции

за кршење на буџетските

правила.

Францускиот претседател

Никола Саркози предупреди

дека пред Европа се наоѓа

ризик без преседан поради

должничката криза и дека

клучниот самит на ЕУ, кој во

четвртокот почна во Брисел, е последна шанса за решавање на

проблемот.

- Европа никогаш не се наоѓала

пред поголем ризик од експлозија, истакна Саркози во

говорот во Марсеј, додавајќи

дека нема да има „друга шанса“

ако на самитот не биде

постигнат договор, како и дека Европјаните имаат само

„неколку недели“ за да ја спасат

Еврозоната.

- Мораме веднаш да реагираме. Колку подолго го одложуваме

донесувањето на оваа одлука,

таа сè повеќе ќе нè чини, а сè

помалку ќе биде ефикасна, истакна Саркози на состанокот

на Европската народна партија.

Меркел пак, оптимистички

порача дека на Самитот во

Брисел, ќе бидат пронајдени

добри решенија за излез од кризата.

„Ќе најдеме добри решенија.

Уверена сум дека ќе најдеме

решенија за сите проблеми. Зборовите не се доволни, ни

требаат поблиски односи и

промени во договорите“, рече

Page 18: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 18

Меркел, признавајќи дека

преговорите ќе бидат тешки. Франција и Германија имаат

заедничка цел во Еврозоната,

да се воведат построги буџетски

дисциплини и нови фискални правила, кои на Европската

централна банка (ЕЦБ) ќе ѝ

овозможат примена на нови

одредби, веќе во периодот од следните три месеци. Новите

правила ќе ѝ дадат шанса на

ЕЦБ да одигра агресивна улога

во смирување на должничката

криза.

Европската централна банка ја

намали основната камата за

0.25 процентни поени и ја врати на најниско ниво во историјата,

од само еден процент. Банката

во исто време ја намали и

задолжителната резерва за банките од земјите-членки на

Еврозоната од два на еден

процент, а го прошири и

долгорочниот фонд за поддршка

на Европските банки. Овие мерки треба да го намалат

притисокот кон банките, поради

кој има опасност тие да

престанат да го кредитираат реалниот сектор. Претседателот

на ЕЦБ Марио Драги, ја исклучи

можноста банката да му

позајмува пари на ММФ за купување обврзници од

загрозените земји, што беше

една од опциите која требаше

да помогне во излезот од кризата.

- Излез од кризата треба да

бараат сите 27 членки на

Унијата, а не 17 како што е планирано во првичниот

договор, побара Леонети.

- Европските земји треба да

донесат решение, а не проблеми, порача претседателот

на Европската комисија -

Баросо.

Она што го очекувам од сите

земји членки, е да не зборуваат за она што не можат да го

направат, туку да зборуваат за

она што ќе го направат за

Европа. Цел свет нè гледа и она што очекуваат од нас не е

национален проблем, туку

европско решение.

По заканите на рејтинг агенцијата Стандард и Пурс за

намалување на кредитниот

рејтинг на Еврозоната, лидерите

ќе бараат нови политики за спроведување на буџетска

дисциплина.

Британија и Шведска веќе

најавија дека не сакаат да

потпишат таков договор. Ангела Меркел, Никола

Саркози, шефот на Европската

централна банка - Марио Драги,

во Брисел ќе ги убедуваат земјите членки за потребата од

итен договор.

Во меѓувреме, Европската

централна банка одобри 1,6 милијарди долари, седумдневни

заеми за пет банки и повеќе од

50 милијарди долари за 34

банки.

Овие кредити, со американска валута се во рамките на својата

прва понуда по

минатонеделното намалување

Page 19: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 19

на трошоците за позајмување во

долари. Очекувањата од Самитот се

големи, а аналитичарите

предвидуваат големи социјални

и политички превирања, доколку европските лидери не

постигнат договор...

Сепак приложените решенија

дали ќе бидат од економски или пак од политички карактер, за

некои од земјите останува само

прашање...

Page 20: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 54 МАКЕДОНИЈА страна 20

Елена Павловска

„Компаратистите“ станаа „напоредници“

Пред десетина дена, почитуваниот министер за

образование - Панче Кралев,

излезе со соопштение во кое

предлага некои студиски групи да се стават во мирување, меѓу

другото тој изјави:

„Суфицитарни на пазарот на

трудот каде што треба да се стават во сукцесивно мирување

одредени студиски програми

се: социјален работник,

професор за предучилишно

образование, воспитувач, учител, професор по

македонска книжевност и

јужнословенски книжевности со

македонски јазик, професор по историја на книжевност на СФРЈ

со македонски јазик, професор

по напоредна литература,

професор по одделенска настава на албански и на

македонски јазик“.

Ова без преседан беше

пренесено во сите медиуми.

Арно ама, ниту еден медиум, а ниту пак почитуваниот министер

не забележа и не сфати дека

всушност, предлага да се укине

непостоечи смер, или, пак

самоиницијативно одлучи да скова некој свој термин за

одредена студиска група која постои три децении.

Реакцијата на поранешните и

сегашните студенти беше... епа,

и самите можете да замислите каква беше.

Наметнување на

професија „Моламммм?“, се шокиравме сите ние- студентите кои

длабоко верувавме и веруваме

дека го студиравме она што го

сакаме. Првиот шок беше од

смелоста на министерот да им наметнува професија на идните

студенти, велејќи им што може,

а што не може да студираат.

Рака на срце, точно е дека се соочуваме со голем број на

невработени млади луѓе (а и

постари) со високообразовни

квалификации и точно е дека во одредени професии има повеќе,

а во некои помалку невработен

кадар, но дали предлогот за

укинување е единствениот

начин да се справиме со оваа ситуација?

„Панче Кралев, министерот за

образование и наука посочи

дека има за цел на овој начин

Page 21: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 МАКЕДОНИЈА страна 21

да им помогне на матурантите,

објаснувајќи им со кој факултет

полесно ќе најдат работа.“- го оправдуваа медиумите. Хмм,

зарем ја заборавивте онаа

старата поговорка „најуспешно

се работи она што се сака“, а како ќе се работи она што се

сака, ако не се студира она што

се сака, туку она што се мора.

Почитуван министре, се студира ли за да се негува талентот и

интересирањето за некоја

област или само за да се најде

работа?! Што е со оние млади луѓе, кои екстремно се

надарени и имаат талент и

предиспозиции за некоја

област, а нема да можат да ја

студираат, бидејќи „има премногу кадар“?! Дали тоа

значи дека тие со сила ќе

мораат да учaт нешто друго и да

дозволат нивните таленти да пропаднат?! На тој начин не

губат само индивидуите, туку

губи и државата, бидејќи тие

излез ќе бараат надвор од неа. „Министерство за (наметната)

професионална ориентација“,

„Само бизнисмени ќе се

негуваат во државава, ќе ги

снема актовките по продавниците, набргу сите ќе се

продадат“, „Општество без

силна хуманистика не е за

радување“, „Државата треба да се потруди да им најде работа

на децата кои го студирале она

што го сакале, а не да им ги

сече крилјата“...се слуша наоколу. „Не можеме сите да

бидеме бизнисмени, економисти

и програмери“- пламнаа

изјавите низ социјалните медиуми. Можеби намерата за

ваква постапка е логична, ќе се

намалат кадрите, каде има

вишок на способни луѓе, а ќе се

пополнат местата каде што нема. Собери, одземи и ја

решаваш равенката, проста

математика. Но, почитуван

министре, народот не е проста математика, луѓето не се само

бројки. Во ред е да посочите на

пренатрупаниот кадар во некоја

област, и во ред е да им посочите на луѓето дека можат

потешко да дојдат до работа,

ако се определат за некоја

област, но барем оставете им ја таа слобода да избираат самите.

Ги имаат фактите, ги знаат

информациите, предупредени

се! Оттаму патот е нивен- дали

ќе се обидат да ја реализираат својата желба, да го исполнат

својот сон и да се борат со

конкуренцијата или ќе го

послушаат вашиот совет и ќе тргнат по „полесниот“ пат.

Од „компаратисти“ во

„напоредници“

Покрај овој првичен шок, дипломираните и сегашни

студенти на Катедрата за Општа

и компаративна книжевност,

добија уште една неверојатна вест. Имено министерот се

осмели без никаква претходна

најава, на сопствена

Page 22: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 МАКЕДОНИЈА страна 22

иницијатива да ја преименува

оваа катедра. И така

долгогодишната дилема, која што ја имаа останатите, не

знаејќи дали да нè ословуваат

со „компаратисти“ или

„компаративисти“, министерот и неговите аналитичари

пресудија: „нека бидат

напоредници“. Ако размислиш

малку, па и има логика во сето тоа- компаративно значи

споредбено, а напоредно (што

не сум ни сигурна дека го има

во македонскиот речник во тој контекст, бидејќи ние

компарираме и споредуваме, а

не напоредуваме) е некоја

кованица по принцип на звук од

овој збор. „Што има, па тоа врска?“, ќе си кажете, логиката

е иста! Драги мои Македонци,

нели токму ние сме оние кои се

обидуваме да му докажеме на светот дека името е име и дека

името е дел од нас и нашиот

идентитет? Јас сум компаратист,

а не напореднист и својот идентитет го наоѓам во овој

назив. Во ред е кога некој

неупатен во сето ова ќе направи

лаичка грешка поради

неинформираност, но овој пат ова беше изречено од

министерот за образование,

човекот кој треба да е најупатен

во целокупниот процес и во образованието. Тој треба

најдобро да знае од сите. Не

станува збор за нов отсек со

неоформена програма, пуштен како пилот-проект, туку станува

збор за катедра која постои во

рамките на Филолошкиот

факултет повеќе од триесет години и станува збор за

вискоко-образовно изучување

на една мошне значајна научна

дејност.

Недефиниран статус -Што имаш завршено?

- Општа и компаративна

книжевност.

- И што можеш да работиш? - Хмм... па...

Е, на ова прашање никој не

може да го даде одговорот, па

ни личностите кои имаат докторати во оваа област,

бидејќи и покрај тоа што три

децении се изучува оваа наука,

сè уште не им е дефинирано

местото на овие студенти кои имаат дипломирано во оваа

област. Во ниеден оглас нема да

најдете дека пишува „Бараме

дипломиран филолог по компаративна книжевност“

(официјалниот назив на оваа

професија, а не

„напоредничкиот“ на министерот).

Но, за неупатените да тргнеме

од почеток. Што е компаративна

книжевност? Компаративната книжевност е

интердисциплинарна област,

која ја проучува книжевноста

надвор од своите национални

рамки, надвор од своето време, надвор од својот јазик, надвор

од својот жанр, преку границите

на литературата и другите

Page 23: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 МАКЕДОНИЈА страна 23

уметности (музика, сликањето,

танцот, филмот), преку

границите на хуманистичките дисциплини (психологија,

филозофија, наука, историја,

архитектура, социологија,

политика). Најшироко, компаративната

литература се дефинира како

изучување на „литературата

без граници.“ Студентите и стручните лица од

оваа поле, се подразбира, дека

традицонално имаат познавања

од неколку јазици и имаат увид во литературните традиции,

литературни критики и големите

литературни текстови на тие

јазици.

Некои од под-областите на оваа наука, имаат и поголемо

влијание од критичките теории

и литературни теории,

развивајќи ја теоретската вештина, но и способноста да се

разгледуваат повеќе дела, а и

повеќе уметности истовремено,

базирајќи се на високата јазична способност.

Интердисциплинарната природа

на полето, упатува на тоа дека

компаративистите мора да

имааат познавање во преведувачките насоки,

социологијата, критичките

теории, културолошките науки,

регилиозните проучувања и историјата. Самиот назив

филолог што се добива со

дипломирањето на овој

факултет, упатува дека се проучува светската култура

преку пишаните текстови.

И покрај тоа што зачетокот на

оваа наука се гледа во 19 век, а

светските центри за

компаративистика (најзначајни се француската, германската и

американската школа) се

формирани некаде по Втората

Светска Војна, Катедрата за

општа и компаративна книжевност во Македонија е

формирана во учебната 1980/81

година. Иницијативата за

основање на Катедрата ја дал академикот д-р Милан

Ѓурчинов, во март 1977 година.

Токму таа е и најзаслужната за

најдлабоките научни истражувања од областа на

книжевноста (светската и

домашната).

На сајтот на Филолошкиот факултет, во доменот на

компетенциите на студентите од

Катедрата за Општа и

Компаративна книжевност стои:

-Оспособеност за научно-истажувачка работа од областа

на општата и компаративна

книжевност со аплицирање на

стекнатите знаења од областа на теоријата и методологијата

врз текстови од

културата;

Page 24: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 МАКЕДОНИЈА страна 24

- Оспособеност за

интердисциплинарни

проучувања во корелација и интеграција на содржини од

науката за книжевност со

сознанија од други

компатибилни дисциплини: лингвистика, антропологија,

социологија, филозофија,

психологија, историја, историја

на уметност, културологија,

родови студии; -Оспособеност за компаративни

интермедијални проучувања на

книжевните феномени;

-Оспособеност за реализирање на воспитно-образовниот

процес преку примена на

општото педагошко-дидактичко

обравование и динамична настава со примена на

современи наставни методи,

средства и медиуми;

- Оспособеност и методичка

компенција за развивање на креативност и критичко

мислење кај учениците при

проучувањето на литературата;

-Оспособеност за научно-истажувачка работа од областа

на книжевноста со аплицирање

на стекнатите знаења од

областа на теоријата и методологијата врз текстови од

културата;

Читајќи го ова, ви станува јасно

дека станува за мошне специфична група на научна

дејност, која успеваат да ја

завршат само студентите со

назначените компетенции. Јавна тајна е дека оваа група е

етикетирана како научна и како

таква, беше протерана од

образовниот процес пред неколку години, а некои

особени институции и центри за

проучување на книжевноста

речиси и да немаме во Македонија, па студентите беа

присилени да се снаоѓаат како

знаат и умеат. На почетокот на

дипломираните од оваа катедра им беше доделено истото право

како и на дипломираните од

катедрите за Македонска и

јужнословенска книжевност, за

учество во образовниот процес и пренесувањето на своето

познавање од областа на

книжевноста врз учениците, за

подоцна да им посочат, дека не се доволно „педагошки“

образовани за ваквиот процес,

наметнувајќи им дополнителни

испити за учество во образованието. Во времето кога

јас студирав (имам дипломирано

пред 3 години) и со драстично

зголемување на бројот на

дипломираните професори, се донесе одлука дека и овие

испити не се доволни. Одлучено

е дека немаат способност да

предаваат книжевност по училиштата, протерувајќи ги од

образовниот процес. Изговорот

беше дека се преквалификувани

од областа на книжевноста, но недоволно квалификувани од

областа за македонскиот јазик

(и покрај тоа што во склоп на

оваа студиска група 4 семестри се изучува стандардниот

македонски јазик). Се постави

Page 25: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 МАКЕДОНИЈА страна 25

прашањето: ако научни центри

немаме, а немаат дозвола за

пристап до образовниот процес, тогаш зошто оваа катедра

постои?

„Катедрава функционира над

три децении, а ресорното

министерство се загубило во преводот. Мислам дека

ангажирале посебен креативен

тим за да „склепа” таква

ступидна кованица. Катедрава не е ставена во нафталин сега,

затоа што над три децении е во

дефицит од кадар. Постојните

професори, до сега не успеаја

да го издејствуваат моделот во училиштата да се изучува

македонски јазик кои ќе го

предаваат македонисти, а

книжевност т.е. литература да предаваат книжевници. На

почетокот се профилираа кадри

кои по првичната вокација

требаше да бидат научници по литература и културологија...

Сетне, дипломираните

компаратисти беа

„квалификувани” да издаваат

книги во библиотеки, а сега само неколкумина работат во

образовниот процес (и тоа од

постарите генрации). По ова

излегува дека триесет години државата не знае што

финансира. Каде се

професорите на кои им зависи

работниот ангажман да

реагираат и да побараат извинување?“- беше објавено

на фејсбук групата на Општа и

компаративна книжевност.

Со воведување на изборните предмети: компаративна

книжевност, говорење и

пишување (вештини) и основи

за драмски уметности, во гимназиското образование, се

јави капка надеж кај

компаратистите, бидејќи тие се

единствените кои се обучени и доволно запознаени со овие

области. Така со измените во

образованието и студиските

групи, беа вметнати две насоки

во оваа дејност на Општата и компаративна книжевност:

научна и наставна.

Сомневање во

валидноста на истражувањето Слушајќи ја изјавата на

министерот и пренесувањето на

истата во сите медиуми, морам

да се запрашам и да се посомневам во валидноста на

истражувањето и резултатите од

истите, барем што се однесува

на дипломираните филолози по општа и компаративна

книжевност. Како прво ако се

обратиле до Агенцијата за

вработување и побарале број на

невработени „професори по напоредна книжевност“-

резултатот би бил 0, бидејќи

нема личности со таква

професија (како што утврдивме), па како тогаш

според нив има премногу вакви

лица? Ако се обратиле до

Филолошкиот факултет за

Page 26: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 МАКЕДОНИЈА страна 26

бројот на дипломирани, сигурно

би добиле повратна

информација дека такво нешто нема и министерот немаше да

направи ваква смешна грешка.

Како второ, факт е дека

годишно од оваа катедра дипломираат во просек по

десетина студенти (оние

најталентираните и

најупорните), значи во ниеден случај не станува збор дека

пазарот на трудот е презаситен

со овој кадар, туку станува збор

дека нема дефиниран пазар на труд - за овие личности.

Како трето, ако му простиме на министерот за неговата

лингвистичка грешка и си

претпоставиме дека рекол:

„професори по компаративна книжевност“, тогаш како може

пазарот да биде презаситен со

оваа струка, професорската,

кога таа се појави во

општеството пред година или две?

А, низ целава наша земја дали

има вработено 2-3 професори

по компаративна книжевност во училиштата. Тоа е затоа што

предметите предвидени со оваа

област во гимназиското

обазование, поштедувајќи се од дополнително трагање по

професори, го предаваат

дипломираните на катедрата по

македонска и јужнословенска

книжевност. Значи компаратистите (според

тврдењето на ресорното

министерство) не се

квалификувани да предаваат македонска и јужнославенска

книжевност, а дипломата по

македонска и јужнословенска

книжевност е доволна за предавање на компаративна

книжевност. Е, ова е просто да

пукнеш од мака!

Да се крене гласот И мои драги „напореднисти“,

што сега? Компаративната

книжевност е највозбудливата

наука (барем според мене), која носи интересни содржини и која

ти дава нов поглед кон светот,

но тоа никој друг не го сфаќа

освен ние самите.

А и самите сме си виновни за ова. Го прифативме фактот да

нè гледаат со поинакви очи

уште од самиот старт.

Студиравме со сознанието дека

сме посебна изолирана група,

сместена во мрачниот простор на ХЕСП и П12, и рака на срце

тоа можеби му годеше на некој

за „инспирација“ по креативно

пишување, но изолираноста во општеството на никого не му

Page 27: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 МАКЕДОНИЈА страна 27

годи. Нели сметате дека е време

и другите да дознаат како стојат

работите? Нели сметате дека е време и

Македонија и министерот да

чујат и да разберат за оваа

катедра, нели е време да научат дека напоредниците се

всушност компаратисти и дека

тие се далеку поспособни и

поквалификувани, отколку што се презентирани во

општеството?

Page 28: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 МАКЕДОНИЈА страна 28

Интервју со Сем Потоликио

Ми се допаѓа ентузијазмот на македонските студенти

Сем Потоликио е професор на универзитетот Џорџтаун во САД,

каде што предава „Односи со

јавноста и Методологија на

истражување“ на универзитетот во Вашингтон. На Џорџтаун ,

Потоликио држи предавања на

различни теми: претседателска

реторика, религија и политика, уставно право и за политичкиот

систем на САД. Тој е исто така и

еден од најдобрите млади

професори во САД.

Беше гостин предавач на многу од нашите универзитети, средни

школи и непрофитабилни

организации во Македонија. И

покрај густиот распоред, професорот оддели дел од

своето време за добро

познатиот неделник за

политика, економија и култура „Револуција-магазин”.

Г-не Потоликио, добредојдовте во

Македонија. Да имаме еден

од најдобрите професори и

идни лидери на aмериканското високо

образование, кој што три

пати добил награда за

„професор на годината” на универзитетот Џорџтаун, е

големо задоволство.

Многу од Вашите предавања

зборуваат за поврзаноста на религијата и политиката.

Можете ли да ни кажете

нешто повеќе околу тоа?

- Нa предавањeтo штo го одржав на Меѓународниот

балкански универзитет во

Скопје, зборував за тоа дека,

доколку политиката не би се мешала во религијата, луѓето

повеќе ќе ја почитуваат

религијата. Теоријата позади

оваа теза е дека, колку е

послободна религијата, толку таа би била поатрактивна за

луѓето, без никакви притисоци

од страна на Државниот врв.

САД е држава со многу

различности, многу религии.

Кажете ни нешто повеќе за

американскиот федерализам? Дали постои

етничка нетолеранција и

дали тоа претставува

проблем? - Едно од прашањата кои ги

поставив на Државниот правен

факултет, беше како

Соединетите Американски

Page 29: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 МАКЕДОНИЈА страна 29

Држави останаа обединети веќе

два века, како „колекција” од

многу различни држави. Сето тоа се должи на единствениот

уставен дизајн на поделба на

власта во владините сектори: на

федерално и државно ниво. Поделбата на моќта е корисна

за да се спречи концентрацијата

на моќта. Како и во секоја

држава, така и во САД има луѓе кои се полни со предрасуди. Тоа

е човековата природа. Но како

нација од имигранти, нема

смисла тоа да постои. Ние сме „колекција” од цел свет.

Ефективната комуникација е

најбитна за еден политичар.

Кои се најефективните

техники за успешна

комуникација? - Доколку присуствувавте на

моите предавања, ќе го

дознаевте одговорот на ова

прашање (се смее). Не можам да ви кажам нешто толку важно

-бесплатно (се смее). За

распоредот на моите предавања

може да се информирате на мојата Фејсбук страна.

Шармот и харизмата треба

да ги поседува секој политичар. Кој според вас е

најхаризматичен политичар

во светот?

- Бил Клинтон. Никој не сe

поврзува сo луѓето, како што тој

го прави тоа.

А сега, се селиме малку на

домашен терен. Македонија

е земја во транзиција и се труди да изгради високо

ниво на демократија и

либерализација. Според

Вашето досегашно искуство во американскиот уставен

систем, кои се најбитните

работи за да се постигне

посакуваното ниво на демократија?

- Еден од најважните услови, за

создавање демократска држава,

се демократските вредности и

очекувања врежени кај луѓето. Од тоа што го забележав кај

Македонците, посебно кај

младата популација, ми дава

огромен оптимизам за иднината на оваа држава. Македонците се

енергична и страствена нација,

одлична „состојка“ зa високо

ниво на демократија.

Што мислите за македонскиот образовен

систем и ентузијазмот кај

студентите?

- Ми се допаѓа интелектуалната

љубопитност и интелигенција на македонските студенти. Беше

Page 30: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 МАКЕДОНИЈА страна 30

многу интересно и забавно

додека им предавав, но и

научив многу работи од нив. Едвај чекам да се вратам.

Уште од дете, Вие сте со

студенти и како професор и како нивен најдобар

пријател. Сте биле професор

на повеќе од 5000 студенти

низ целиот свет. Што би им препорачале на

Македонските студенти?

- Кога и да ви се пружи шанса

да патувате, зграпчете ја можноста. Нема ништо поубаво

од тоа, да запознаваш луѓе од

целиот свет и да научиш за

различни култури. Има многу

богатства и убавини во овој свет и ако успееш да ја видиш сета

таа различност, ќе останеш без

здив. Големо е искуството,

доколку успееш да сфaтиш

зошто и покрај многубројните

разлики, сепак сите сме слични.

И последното прашање ќе

биде многу тешко. Која е

Вашата порака до АИПЕС студентите од Македонија?

- Јас ќе се вратам наскоро,

затоа одморете малку од мене.

Знам дека не ви беше лесно да се грижите за мене, додека бев

во Македонија (се смее). Беше

голема чест за мене да ја

посетам вашата држава и им се заблагодарувам на сите кои што

се погрижија околу ова магично

патување.

Подготви:

Драгица Маренчева

Page 31: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 31

Атанас Величков

Педофилската идила продолжува

Ова е повик до сите психопати во Македонија! Ако не знаете со

каков криминал да започнете да

се бавите, ако сè уште сте во

дилема дали да станете сериски убијци, силувачи итн... јас без

капка егоизам, ќе Ви дадам

еден бесплатен совет - станете

педофили! Во Македонија најмногу ти се исплати, ако

веќе си криминалец со болен

мозок, да бидеш педофил, тие

најубаво си поминуваат во

судница!

Последен пример за тоа, беше

пресудата изречена од страна

на Велешкиот суд, против лицето Ѓ.Ѓ. од Велес. Тоа исто

лице, од македонските медиуми

беше наречено „македонскиот

Фрицл“. Ѓ.Ѓ. беше наречен така, не поради тоа дека има секси

бркчиња, како оние на Фрицл,

туку поради фактот дека исто

како Австриецот сексуално се изживувал врз своите деца...

Црвот од Велес има 4 деца,

четири мали девојчиња, од кои

врз три, тој на најживотински

начин ги практикувал своите болни фантазии...

Велешкиот суд му пресудил на педофилот по 10 години, за

сексуалните престапи кон секое

од децата, а тоа значело дека

ѓубрето требало да скапе во затвор 30 години... Во

Македонија е срамота да лежиш

30 години во затвор, затоа што

си ги „онадел“ сопствените деца и поради таа причина, судиите

што го воделе овој судски

предмет се одлучиле да му ја

намалат пресудата на половина.

Лицето Ѓ.Ѓ. пред неколку дена доби единствена затворска

казна од 15 години за

силувањето на 3 од своите 4

деца...

Браво!!! Македонија веќе лежерно можеме да ја објавиме

за рај на педофилите... Нема да

е лошо исто така и да

прекинеме со лицемерието и да им кажеме на хомосексуалците,

право во очи: „Батки вас

„повеќе“ ве мразиме од

педофилите... Не сакаме да ги

гледаме вашите паради, ама кога во наше маало живее

педофил, немаме мадиња за да

му ги пресечеме неговите! Тоа е

македонската реалност драги

Page 32: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 32

мои... Македонија ја

претворивме во земја на

педофили, земја во која што за искинати десет денари, смрдени

„сељаци“ вршат обљуба и

пенетрација во деца... Браво

Македонци... Алал да ви е за толеранцијата...

Јас предлагам да направиме и рекламна кампања. Текстот

може да оди некако вака: „Ако

си педофил и не сакаш да

бидеш осуден на доживотна робија, или пак хемиски

кастриран, дојди во

Македонија... Тука е твоето

место, овде по ѓубрето што го прават политичарите, најмногу

се толерираат педофилите“.

Рекламата ќе ја „вртнеме“

неколку пати низ сајтовите за

педофили и после „ела да видиш“ што ти се вика скок во

туристичкиот сектор...

Да се вратам на лицето Ѓ.Ѓ.!!!

Да Ви кажам искрено, драги мои, многу им се лутам на

македонските новинари... Кога

можат да го објават како

криминалец Драган Даравелски, со цело име а не само со

иницијали, зошто не ги

објавуваат со цело име и

педофилите, кои веќе се осудени, макар и скромно за

своите злодела? Која е таа

етика, што оправдува јавните

личности, кога се објект на судско гонење да бидат

објавувани со име и презиме, а

маргиналците, кои вршат

сексуални злосторства врз деца, да бидат штитени со

анонимност? Е..те етиката...

Осудениот педофил Ѓ.Ѓ., ќе лежи 15 години во затвор...

Сега има 42 или 43 години, па

ако случајно не му пресудат во

затворската келија, ќе го видиме надвор кога ќе има 58

години... Ако, се разбира

нашиот епски лик се однесува

добро во затвор, сигурно ќе му

ја намалат казната затвор и нема да е чудно, ако судските

органи го пуштат на слобода за

некакви-никакви 10-тина

години...

Мераци... Да му е ќеф на секој

монструм да стане педофил!!!

Новинарите го нарекоа Ѓ.Ѓ., „македонскиот Фрицл“, а каков

Фрицл ги гони немам поим,

каков Фрицл, какви „бакрачи“...

Јозеф Фрицл, монструмот од

Австрија, кој 24 години ја држеше во плен сопствената

ќерка, со која дури имаше и

деца родени во инцест, беше

осуден од австрискиот суд на доживотна робија... Значи -

доживотна робија, а во

Македонија за педофилија со

родосквернавење се даваат 15 години...

Еве уште еден факт, кој што ни

покажува, колку сме далеку од

стандардите на европските земји, во случајот со Австрија...

Page 33: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 33

Бидејќи во нашата мила Македонија има еден круг на

луѓе, кои се залагат за лечење

на педофилите, би сакал со сета

почит да им се обратам на тие хумани луѓе, кои се загрижени

за психата на педофилите.

Драги, борци за здравата психа

на педофилите, еве сега ви се отвора прекрасна можност да

покажете на дело, колку сте

хумани и колку ви е грижа за

задните делови на чичковците што сакаат да пипкат дечиња...

Одберете си некој волонтер од

вашите густи редици и пратете

го во затвор да го лечи Ѓ.Ѓ. од Велес, вака за без пари, да

појде кај него во ќелија и да му

прави друштво, кажувајќи му

дека не е убаво да си ги „онади“

децата... Може пак на Ѓ.Ѓ. да му текне какво ѓубре е и да се

удави во некоја кофа со вода...

Хуманиот човек, испратен од гардата за чување на

педофилски газиња, за да го

лечи Ѓ.Ѓ. и покрај тоа што нема

да земе хонорар за својот труд, ќе биде задоволен од фактот

дека успеал да го излечи

болниот мозок на еден

монструм... За некои завршени работи не е потребен хонорар,

за сè останато, постојат гладни

кучиња, кои се подготвени да

бранат и манијакални сериски убијци за да ќарат некое евро...

За крај би сакал да му посакам

на Ѓ.Ѓ. добар цимерски живот. Многу е важно да ти се погодат

цимерите... Се надевам дека

неговите ќе бидат доволно

креативни, за да му се видат одредените 15 години затвор,

од Велешкиот суд, пеколно

долги и полни со интересни

моменти.

Page 34: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 СВЕТ страна 34

Наим Бајрами

Жешката битка на саудиско - иранската Студена Војна

Последните настани во Арапската Република - Сирија,

протестите и намерите на

опозицијата, настојувањето на

режимот на актуелниот претседател Башар Ал-Асад по

секоја цена да опстане на власт,

секако дека имаат поврзaна

точка со општите случувања на Блискиот Исток и започнатиот

политички процес, наречен

Арапска пролет, кој започна во

Тунис, продолжи со Египет и

Либија, а пак свое влијание имаше и во земјите како Јемен и

Бахреин, каде сè уште низ

улиците на споменатите земји,

се води тешка битка на народот против автократските режими.

Начинот и средствата и самите

намери се разликуваа од земја

во земја, па така не може на ист начин да се гледа на Египет и

Либија. Бахреин и Јемен се

приказни сами по себе, а уште

повеќе ситуацијата е посложена

во земјата-предмет на ова анализа, Сирија. Нешто мораме

да заклучиме, а тоа е дека

вистинското незадоволство на

мнозинскиот народ против една угнетувачка власт, се случи

само во Тунис и Египет, целиот

народ од различна верска,

политичка и идеолошка припадност, се обедини против

тамошите автократи, нешто што

не може да се каже за Либија,

затоа се јавува прашањето, на кое е тешко да му се одговори:

дали на Гадафи му се случи

народ, или нешто друго беше во

прашање? Беше ли тоа како што

Саиф Ал-Ислам (синот на Гадафи) уште додека траеше

интервенцијата на НАТО, за

еден од светските медиуми ќе

каже: „На една страна ви е тортата (нафтата и гасот), на

друга Западот, ние (мислејќи на

семејството Гадафи) сме на

средина, тие сакаат да нè тргнат нас, за да ја грабнат

тортата (либиските природни

ресурси)?“ Тоа се низа на

прашања на кои треба посебно

да се одговори.

Но да се навратам на нашата

тема за Сирија. Зошто Сирија е

во посложена ситуација? Од северна Африка, сега коцката е

префрлена на Блискиот Исток, а

тука се среќаваме со различни

гео-политички фактори и нивните регионални

политички замисли.

Верувам, повеќемина ќе се

сложат со тоа дека на Блискиот Исток, веќе подолг период

постои очигледен антагонизам

помегу С. Арабија како носител

и матичната земја на Сунитскиот Ислам, и Иран како

земја каде втората гранка на

исламот, Шиизмот, има добиено

Page 35: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 СВЕТ страна 35

на власт и од таму ја шири

својата теза за политичкиот

ислам. Откако Саудијците ја изгубија битката со Хезболлах

(групација формирана и

поддржана од Иран) во Либан,

во Палестина (Хамас, кои се во тесни врски со властите во

Техеран, успеаја да ја преземат

власта и да ги поразат Фатах,

кои се поддржани од Саудијците и нивните сојузници) сега

битката се прелеа во Сирија.

Ова следи откако веќе

идеолошкиот конфликт помеѓу Шиитите и Сунитите,

ексалираше во Бахреин и Јемен.

Во Сирија, мнозинството од

населението припаѓа на Сунитскиот Ислам, додека

владејачката гарнитура и околу

13% од населението, припаѓа

на сектата Алевити (идеолошки

поблиска до Шиитскиот Ислам и шиитските власти во Техеран).

Во изјавите на саудиските и

иранските официјални лица и

на нивните пријатели од двете страни, ќе наидете на типични

примери на политика на двојни

аршини. Имено од една страна

ќе видите како Саудијците (а исто така и нивите сојузници од

Запад, особено САД), ја

осудуваат прекумерната

употреба на сила од сириските

власти против демонстрантите,

и укажувањето на фактот дека

малцинството (Алевити) не можат да бидат владетели над

мнозинството (Сунити). Од

друга страна пак, истите тие

саудијски власти испраќаат воено засилување во Бахреин,

за задушување на народниот

бунт на шиитското мнозинско

население, против владејачката класа која припаѓа на

сунитското малцинство во

земјата. Ист е и случајот со

официјален Техеран, каде ќе наидете на жестоки критики

упатени од Иран кон властите

во Бахреин, за прекумерна

употреба на сила против

демонстрантите. Додека пак од друга страна, Иран заедно со

нејзиниот елемент во Либан,

Хезболлах, даваат безусловна

помош до режимот во Дамаск, а јавна тајна е дека помеѓу

најжестоките конфронтери со

демонстрантите, се токму

припадниците на либанската шиитска милиција Хезболлах,

испратени во одбрана на

Асадовиот режим, против

демонстрантите (од сунитското

мнозинство). Она што е забележително во

целата ова конфронтација, е

фактот дека Саудијците,

идеолошката битка ја губат и во однос на самиот Сунитски

Ислам, токму поради

саудијската надворешна

политика, наклонета кон инетересите на САД и Израел, и

не е чудно што Хамас - како

сунитска организација е во

тесни врски со шиитски Иран, а исто така имаме случаи каде

еминентни „школари“ на

Page 36: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 СВЕТ страна 36

Сунитскиот Ислам во Дамаск, се

ставаат во одбрана на режимот

на Асад. Во ваква поставеност на работите, каде интересите на

Саудијците, Американците и

Израелците се во хармонија,

додека пак Турција сè уште недоволно надворешно-

политички недефинирана, Иран

ја доби улогата на главен

опонент на американско-израелските интереси на

Блискиот Исток. Сирија е една

од клучните точки, каде

евентуалната победа на една од страните, ќе решава за многу

нешта понатаму.

Опстанокот на Асад, ќе значи

голема победа за Иран, и ќе ги

отвори вратите за понатамошно оперирање и продолжување на

нивната политика за

„извезување на револуцијата”,

бидејќи и до сега, преку Сирија се одвиваше снабдувањето на

Хезболлах со оружје од Иран,

исто така Сирија помагаше во

политичките турбуленции во Ирак, во корист на Иран, преку

помагање на шиитските

милиции, кое главно се

одвиваше од Иран, но и Сирија

имаше значителна улога. Од опстанокот на Асад и победата

на Иран, на Саудијците ќе им се

зголемат маките во Бахреин, а

уште полошо и во самата нивна држава, каде постои значително

шиитско малцинство, кое би

можело да биде

инструментализирано од Иран. Од друга страна, Саудиска

Арабија води интензивна битка

со шиитските бунтовници на

северот од Јемен, јужно од С. Арабија, а кои пак добиваат

помош од Иран.

Како што можеме да видиме,

Блискиот Исток е полн со арени

на саудиско-иранска пресметка. Битката за „нов Блиски Исток“

сè повеќе се интензивира,

различни „раце” се вмешани, а

ќе видиме која „рака” ќе биде пресечена, а која пак ќе

продолжи да оперира.

(Авторот е Политолог и редовен

студент на Мастер Студии по Меѓународна Политика и Дипломатија)

Page 37: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 РЕВОЛУЦИЈА - СОРАБОТНИЦИ страна 37

Системскиот закон како имплементирачки за ООН Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп

ДОБАР ЗАКОН – ПРАВДА

V.S.НЕПРАВДА

Во 2005 и 2006 година бевме

сведоци на свечениот момент

за македонското Собрание и за развојот на граѓанската

партиципација во власта - 18.

968 граѓани на оваа држава,

за првпат предложија како законски треба да биде

решено некое прашање и на 3

март 2006 година, 66

пратеници со акламација

гласаа ЗА потребата од донесување на Закон за

заштита на правата и

достоинството на лицата со

хендикеп. На собраниската седница пак, од 5 овој месец,

пратениците беа целосно

едногласни и донесоа Закон за

ратификација на ООН Конвенцијата за правата на

лицата со хендикеп!

Во годините што следеа,

„организмот“ на ИППГ, природно, ги следеше сите

промени во државава и

„доживеа“ неколку повторни

конституирања и нови

екипирања, во согласност со неколкуте редовни/вонредни

парламентарни и

претседателски избори оттогаш

до денес.

Македонија доби еден од

најпристапните парламенти во

светот, пример што треба да го следат сите во државата, а

членството на ИПП(Л)Г

стануваше сè побројно.

Работеше на подготовка на компаративни согледувања на

законските решенија што ја

третираат проблематиката на

хендикепот, и кај нас, и во Европа, и во светот. А токму тие

анализи беа појдовна основа за

поднесување инцијативи за

измени на постојни закони, но и

за изработка на сеопфатен закон, кој ќе ги гарантира

правата и нивното остварување

во практика. Членовите на ИППГ

решија - тој Системски закон да не биде предложен од Владата,

ниту од самата група, туку како

иницијатива на граѓаните...

Page 38: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 РЕВОЛУЦИЈА - СОРАБОТНИЦИ страна 38

Најубав момент во оваа

приказна е што дури 46

пратеници ја поддржаа идејата на 23 организации на лицата со

хендикеп и решија да го дадат

својот потпис заедно со 18.968

граѓани на Македонија, како поддршка за донесување на

овој закон. А на 3 март 2006

година, 66 пратеници во

Собранието, со акламација, гласаа ЗА потребата од

донесување на Законот!

Вториот состав на ИПП(Л)Г

(2006) пак, изработи глобален акционен план на дејствување,

покрена нови прашања,

значајни за лицата со хендикеп:

деинституционализацијата,

независното живеење... Во меѓувреме, во ООН беше

усвоена Конвенција за правата

на лица со хендикеп, а ИППГ

заедно со Полио Плус покрена иницијатива и нашата држава

да ја ратификува...

А пак, напорот за донесување

Системски закон за лицата со

хендикеп, го здружи со оној на

претставниците на други

ранливи групи и со потребата од општа законска рамка против

дискриминацијата...

Третиот состав на интер-

партиската група (2009), го

сочинуваа 43 пратеници,

дотогаш најголем број членови

откако таа постои. Тие, поради усвоениот Закон за лобирање,

решија од називот на групата да

го исфрлат зборот „лоби“, но со

исто темпо „притискаа“ за постигање на зацртаните цели...

Годинава, од неодамна,

прашањето за ратификација на

ООН Конвенцијата е вметнато во работната агенда на

Собранието за што, по богата и

целесообразна дискусија, на

собраниската седница од 05 овој месец, 87 пратеници гласаа

„за“ и донесоа Закон за

ратификација на оваа

Конвенција!

Од конституирањето на 4 состав на ИППГ,

01.12.2011, Собрание на РМ

А што се однесува до

пратениците кои ги застапуваат и промовираат правата и

интересите на лицата со

хендикеп во Собранието, тие

четири дена претходно го претставија и четвртиот состав

на ИППГ кој засега брои 45

пратеници од сите политички

партии. Сржта на сите нивни следни напори и заложби е,

секако, спроведувањето на

Конвенцијата на ООН за

правата на лицата со хендикеп,

но и усвојувањето на Системскиот закон, како

Page 39: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 РЕВОЛУЦИЈА - СОРАБОТНИЦИ страна 39

имплементирачки закон за

Конвенцијата, и како

заокружување на напорите на движењето против хендикеп од

балканскиот простор и на

речиси десетгодишната

посветена работа на ИППГ!

Зошто има потреба од

токму ваков Закон? Системскиот закон идејно беше

осмислуван речиси цели три години, а на неговата содржина

активно се работеше цела една

година. Запазувајќи ги

меѓународните норми и

стандарди, како и согледувањата и успешните

примери на законските

решенија во други земји, при

подготвувањето на овој предлог закон се користени решенија од

повеќе држави, во корелација

со специфичноста на

македонскиот правен и политички систем. Во овој

предлог е вклопен трудот на

многу стручни луѓе, практичари,

но и оние – вистинските експерти – т.е. лицата со

хендикеп и нивните семејства

кои секојдневно се соочени со

изолација, самоизолација,

маргинализација и дискриминација.

Овој закон не е фикс идеја, туку

е резултат на еден голем светски процес, кој само се

одсликува кај нас – изработка и

донесување на сеопфатна и

интегрална Конвенција за заштита на правата и

достоинството на лицата со

хендикеп, во рамките на ООН.

Текстот на Законот дише со идната Конвенција. Македонија

има ретка шанса да биде меѓу

првите земји во светот која не

само што ќе ја потпише и ратификува – туку и

организирано и системски ќе ја

примени идната Конвенција.

Предложениот закон не се обидува да создаде, нити да

додели, нови права за лицата со

хендикеп. Ова во суштина е

имплементирачки закон. Збир

од координирани и осмислени норми, механизми и тела кои

треба да ги обезбедат

постоечките права, притоа

создавајќи услови за еднакви можности и подостоинствен

живот за лицата со хендикеп.

Од самата структура на

предложениот законски текст се гледа и неговиот дух. Покрај

позицијата на државата во

однос на забраната на

дискриминација по основ на

хендикепот (вториот дел), јасно е изразена и намерата на

поднесувачот за вклучување на

афирмативни мерки во осумте

релевантни области на заштита правејќи значителен исчекор и

воспоставувајќи модели за

понатамошно уредување на

напорите кои државата ќе ги презема во секоја област

поодделно (третиот дел). Со

механизмот за регулација е

отелотворена идејата на поставеност на релациите и

креирање на простор (а не едно

Page 40: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 РЕВОЛУЦИЈА - СОРАБОТНИЦИ страна 40

централизирано тело) каде ќе

се рефлектира принципот на

проверка и рамнотежа („цхек анд баланце“) на клучните

чинители во системот

(четвртиот дел). Механизмот за

заштита главно го обезбедува Комисијата за заштита на

правата на лицата со хендикеп,

која како експертско тело треба

активно да се залага, покрај правното регулирање и помош

при индивидуални повреди, да

учествува и во процесот кој

кореспондира со градење на позитивни трендови (петиот

дел).

Од конституирањето на 4 состав на ИППГ,

01.12.2011, Собрание на РМ

Последниот механизам воведен

со овој закон со кој се

заокружува системот е механизмот за обезбедување во

кој се посочува модус за

финансирање на

имплементација на истиот (шестиот дел). Во седмиот дел

се стимулирани казнените

одредби кои, во однос на

постоечките за овој тип на

законска регулатива, се предвидуваат да бидат високи и

со квалификаторен елемент. Во

последниот, осми дел се

поместени преодните и завршните одредби во кои се

регулираат идните чекори на

државата кон фундаментална

национална легислатива во сферата од интерес, сè со цел,

да се создадат добри

предуслови за имплементирање

на овој закон.

Забелешки има, ќе има и

ТРЕБА да има Има забелешки дека ова ќе

биде долг и макотрпен процес. Меѓутоа, само лошото се

случува во миг. Убавите работи

се резултат на стремеж, воља и

заедничка работа. Токму затоа

овој закон, чии иницијатори сакаат да воспостават систем,

бара да стапи во сила цела една

година од неговото усвојување.

Преодните и завршни одредби не калкулираат со ништо од под

две години, а за клучните

промени е оставен рок од пет до

десет години. Времето не е мачно кога не се чека туку се

пресретнува. Добро знаеме дека

и најдолгиот пат почнува со

само еден чекор. Тој чекор беше направен на 3 март 2006 година

и сега треба да се продолжи

понатаму.

Има забелешки дека

имплементирањето на овој закон ќе биде скапа работа! –

нешто што Македонија, барем

засега, не може да си го

дозволи? Но мала држава, како нашава, не може да си дозволи

да се откаже од само едно

нешто! Не може да се откаже од

придонесот на ниту еден нејзин граѓанин.

Има забелешки дека

постоечката македонска

легислатива има доволно

одредби за лицата со хендикеп.

Page 41: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 РЕВОЛУЦИЈА - СОРАБОТНИЦИ страна 41

Точно, гледано квантитативно,

на Македонија се чини дека не ѝ недостасува легислатива која ја уредува положбата на лицата со

хендикеп. Меѓутоа, вистинскиот

проблем во постоечката

законска регулатива е тоа што таа е донесувана поради

различни конкретни интереси и

званични моментни политики

(од чисто фискални до милосрдни и солидарни), од

страна на различен законодавец

(дури и од различни држави –

СФРЈ, СРМ), мотивирана од различни цели и принципи, со

сосема различен предмет на

заштита и области на

уредување. Некоегзистентноста

не се состои само во нејасното дефинирање на феноменот

хендикеп и неговото

именување, туку во

суштинските начела, инволвираните институти и

целите на законите.

Со тек на време ова создаде

ситуација на изумирање (фактичко нефункционирање)

на одредени механизми и

институти (пример: Комисиите

за утврдување на хендикеп, кои

Владата ниту со три одвоени заклучоци не можеше да ги

убеди да проработат).

За емпириско појаснување на

сликата во оваа област треба да се спомене и истражувањето врз

репрезентативен примерок од

1.670 испитаници (јуни–

септември 2005). Неговите резултати покажаа дека 69% од

испитаниците сметаат дека,

според местото и статусот во

општеството, лицата со хендикеп се целосно

маргинализирани, а 57% - дека

тие не ги остваруваат воопшто

своите права туку се, напротив,

граѓани од втор ред. Испитувајќи го задоволството на

граѓаните од постојните

законски решенија кои се

однесуваат на лицата со хендикеп, само 4% сметаат дека

државата активно може да ги

заштити лицата со хендикеп со

измени и дополнувања на постојните закони, додека дури

71 - дека е потребно

донесување на посебен Закон

за лицата со хендикеп. За крај би предочиле дека овој

Предлог е само можен текст на

идниот закон.

Од конституирањето на 4 состав на ИППГ,

01.12.2011, Собрание на РМ

Забелешки има и ќе има, и

ТРЕБА да ги има. Никој и ништо

не е совршено. Токму затоа

Собранието на Македонија го даде овој законски текст на

јавна дискусија за да можат да

се изјаснат сите министерства,

институции, засегнати организации, здруженија и

поединци. Државата треба јасно

и недвосмислено да ја

дефинира својата политика со која постапно ќе изгради систем

на целосно изедначување на

положбата и можностите на

оваа категорија - свои граѓани.

Само работејќи ЗАЕДНО,

Page 42: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 РЕВОЛУЦИЈА - СОРАБОТНИЦИ страна 42

продолжувајќи во духот на

иницијативата, ќе се добие

солиден, модерен и, што е најважно, применлив закон - за

кој, согледавме, постои широк

консензус во државата.

Наместо заклучок:

политиката и

принципите Без оглед на политичкиот

пристап кон обезбедувањето на

човековите права за лицата со хендикеп, мора да се има

предвид максимата дека „секоја

политика е онолку добра

колкав што е импактот на нејзината имплементација”.

Главни појдовни одредници кон

нивно дефинирање можат да ни

бидат: 1. Хендикепот во главните

текови. Појдовната политика на

сите документи кои го

регулираат прашањето на

хендикепот треба да биде целосно вклучување на лицата

со хендикеп, на нивните

потенцијали и способности како

интегрален дел од севкупниот човеков потенцијал на

заедницата.

2. „Ништо за нас - без нас”.

Ниту еден политички пристап кон хендикепот нема да може да

биде сеопфатен и доволно

длабок без активно учество на

самите лица со хендикеп,

особено оние нивни групи подложни на исклучување

(жените и децата со хендикеп,

лицата со ментален

хендикеп...). 3. Општество за сите.

Политиката на вклучување мора

јасно да го дефинира

инклузивното општество и

улогата на лицата со хендикеп

во него.

4. Не-дискриминација. Мора да се дизајнираат мерки кои

нема да остават правни

празнини за толерирање на

каква било дискриминација по основ на хендикеп.

5. Позитивна

дискриминација. Добрата

политика мора да предвиди силни и сеопфатни конкретни

мерки на државата кои ќе

обезбедат ставање на лицата со

хендикеп во поповолна положба, со цел изедначување

на можностите, но за период во

кој потребата од таква акција

постои.

6. Интер-дискриминација. Добрата политика мора, мерките

против дискриминирање по

основ на хендикеп како

најчесто нарушување на човековите права, да ги

избалансира и со мерки против

т.н. интер-дискриминација,

изедначување на третманот по основ на хендикеп, а не по

причината за здобивање на

хендикепот.

7. Прашање на човекови

права. Добрата политика мора да го потенцира недоволното

уживање на лицата со хендикеп

на нивните човекови права и

при реализацијата на човековите и политичките

права, да ја рефлектира

нивната поврзаност со

социјалните права. 8. Анализа од социјален

аспект. Добриот политички

пристап мора да има расчистено

со фактот кој ја дискриминира релацијата помеѓу личноста со

хендикеп и општеството и да се

Page 43: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 РЕВОЛУЦИЈА - СОРАБОТНИЦИ страна 43

фокусира врз бариерите кои

мора да бидат превенирани и

отстранети. 9. Сиромаштијата и

хендикепот. Добрата политика

мора да ја сфати причинско-

последичната врска помеѓу сиромаштијата и хендикепот.

Лицата со хендикеп мора да се

најдат во стратегиите за

намалување на сиромаштијата и да се расветли нивната позиција

како причина, но и последица

на сиромаштијата.

10. Двостран пристап. Добрата политика мора да води

сметка за двете страни на оваа

појава. Треба, во исто време, да

се направи баланс помеѓу

потребата од посебни мерки и механизми за лицата со

хендикеп, од една страна, како

и од потребата за нивна

интеграција и изедначување со другите сектори во општеството.

11. Целесообразни и

практични стратегии.

Политиката мора да реферира и да се потпира на изворниот

модел и стратегија која базата

ја има во духот, на развојот и

разбирањето на заедницата, а

не врз некаков увезен модел од развиените земји.

12. Повеќекратен хендикеп.

Добрата политика мора да го

предвиди фактот дека лицата со хендикеп не се една единствена

хомогена група и дека, на

пример, децата и жените со

хендикеп, лицата со тежок и комбиниран хендикеп се

особено подложни на

маргинализација и

дискриминација. 13. Достапност. Политиката

која ќе се зафати со

обезбедување на

партиципацијата на лицата со

хендикеп во општественото живеење, во самиот старт ќе

треба да расчисти со

обезбедувањето пристап кон

сите различни форми на живеење и комуницирање.

14. Лоцирање на носителот.

Добрата политика мора точно и

недвосмислено да го лоцира носителот на заштита на

правата и достоинството на

лицата со хендикеп.

15. Буџет. Расположливите буџетски средства мора да

станат достапни и за

вклучување на лицата со

хендикеп во главните текови на

општественото живеење. 16. Финансиска одговорност.

Добрата политика не смее

покривањето на трошоците за

нејзино спроведување да му го препушти на некој друг или на

некоја друга политика и

стратегија

17. План. Добрата политика освен што треба да се преточи

во добра стратегија, мора да

има и своја операционализација

во ефективен план за акција.

Планот мора да биде временски определен, јасен во позициите и

одговорноста на носителите и,

финансиски покриен.

18. Правна држава. Без оглед на тоа колку добро политиката е

преточена во ефективни правни

норми, нивната имплементација

секогаш ќе зависи од силата на државата да ги наметне во

секојдневието.

19. Мониторинг (Watchdog).

Организациите на лица со хендикеп се единствен субјект

на кој може да се смета дека

Page 44: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 РЕВОЛУЦИЈА - СОРАБОТНИЦИ страна 44

нема да потфрли во

надгледувањето на процесите

на имплементација на доброто законодавство. Сепак, ова не се

случува по автоматизам.

20. Менување на свеста.

Секоја политика, законодавство и субјектите кои го водат тој

процес, мора да сметаат на овој

значаен сојузник или лут

противник. Останатото е само храброст и

вредна работа...

Полио Плус - движење против хендикеп

Page 45: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 АРТВИЗОР страна 45

Page 46: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 АРТВИЗОР страна 46

Од перото на Владимир Неделковски

THE BIG BANG THEORY (2008-2011) Улоги: Johnny Galecki, Jim Parsons, Kaley Cuoco

Режија: Mark Cendrowski Сценарио: Chuck Lorre, Bill Prady Продуцент: Chuck Lorre, Bill Prady, Steven Molaro (За да не се наруши автентичниот стил на авторот, текстот не е редактиран)

Љубовна приказна за

„глупавицата“ и бубалицата

Се сеќава ли некој на една

„хумористична“ серија која се

вртеше на нашите телевизии под името Луди седумдесетти

шоу? Една од оние т.н. сит-ком

серии од типот Два и пол мажи,

Сите го сакаат Рејмонд и легендарната (но преценета)

серија, Пријатели (Friends). Е,

па, нешто од тој тип е и

Теоријата за Големиот Бум. СО ЕДНА ГОЛЕМА РАЗЛИКА ШТО ЈА

РАЗЛИКУВА ОД „ФРЕНДОВИТЕ“

И „ЛУДИТЕ“ -хумор. Имено, иако

изведбата на сите епизоди се во шаблонски стил на амерички

ситком, заклучно со онаа

вештачка, снимена

смеа на публиката, сепак,

досетките и вицевите се нови, свежи и модерни и дури и да не

сте фан на ваков тип на хумор,

постепено, ликовите, кои се

маестрално осмислени и

реализирани, ќе ви се пикнат

под кожа. Дури и јас ја гледав

првата епизода со тежок скептицизам, но со

време, едноставно ја засакав

целата идеја. А, самата идеја е

навистина оригинална: - Двајца млади генијалци од

Технолошкиот Институт на

Калифорнија, Ленард и Шелдон,

живеат заедно како цимери и некој вид на другари (?),

монотон, мирен, „бубаторски“

живот, исполнет со возбудливи

мигови, како поставување нова

теорема по кватна физика или докажување теорија по

молекуларна биохемија и сл. Сè

ДОДЕКА, нешто несекојдневно

не влета во нивната тивка идила – нормална, просечно

интелигентна и убава девојка,

ќе се всели во апартманот

наспроти нивниот. Пени, е, келнерка која не успеала да

заврши ниту средно, со амбиции

да стане славна актерка. Таа е

фина, обична, пристојна девојка, која наеднаш ќе се

најде во центарот на научниот

свет, опкружена од сето она

што го карактеризира

„бубаторот“ т.е. човекот кој се занимава со наука и

технологија, не поради

финансиски, туку поради

мотиви на задоволство, што науките го будат кај него (се

Page 47: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 АРТВИЗОР страна 47

прашувам дали има вакви

интелектуалци кај нас?). Значи,

тука светот се врти околу, Физика и Квантна Механика,

најнови технолошки

достигнувања, сè ама баш сè, од

светот на научната фантастика; книги, серии, филмови,

стрипови, видео-игри и уште

многу, многу, од виртуелните

„деликатеси“ на денешницата. Брилијатните умови на Ленард,

Шелдон и нивните другари-

научници од Технолошкиот

Институт на Масачусетс, Хауард и Раџ, се преокупирани со

Алберт Ајнштајн, Исак Њутн,

Ѕвездени Патеки, Ѕвездени

Војни, Терминатор, Спајдермен,

Хулк, Флеш (види сл.), КолОфДјути, Хејло, Супер

Марио и цел куп други нешта

кои на една „плавушка“

келнерка ѝ делуваат, во најмала рака, неразбирливи. Пени, ќе се

осмели да влезе во нивниот

чуден и „таинствен“ свет, така

што ќе се спријатели со нив и дури ќе им покаже, што

пропуштиле да искусат во

нормалниот свет, реалноста.

Притоа, како што тоа се случува

во американските екранизации, се раѓа романса меѓу неа и

Ленард (типот што е најмалку

бубаторот од четворицата,

хех)... Едноставна, лесна-за-умот,

приказна, која вака раскажано

и не оддава впечаток за

комично дело (хе-хе, дури и јас не кажав ниеден безобразен

одн. скопски збор за истава),

така што, на прв поглед, сето

ова е сè, само не е смешно, нели? ГОЛЕМА ЗАБЛУДА! За да

засакате ваква приказна, треба

да ги запознаете (и засакате, се

разбира) карактерите на

главните ликови, а тие се следните:

- Др. Ленард Лики Хофштедер-

класичниот бубатор; просечен

физичар со Умствен Количник од 173, со „висина“ од метар и

пол и вооружен со „тегли“ од

минус 20 диоптри (за лаиците,

тоа се наочари што МНОГУ ги зголемуваат ситните букви).

Убав, како што е на мајка (а и

мајка му е

бубаторка/физичарка), Ленард е успешен со дамите колку што

е полжавот во трчање. За

негова среќа или несреќа (!),

Ленард е толку окупиран со

своите научни дела, што нешто како спротивен пол не постои

во неговиот интелектуален

речник. Но, штом ќе ја запознае

Пени, наеднаш ќе му се крене, интересот, и постапно ќе ја

засака таа едноставна,

недообразувана (со негови

зборови), но симпатична персона и… и тн.

- Др. Шелдон Ли Купер е детето

гениј. Запишан на колеџ од

свои 11, типот е теоретски

физичар со дипломи од биологија и астрономија и

социологија и штоуштенелогија.

Истовремено, тој е лудиот

ексцентрик во дружината, а со тоа и најзабавниот лик во

серијата. Значи тој е прецизен и

пресметлив, со аверзија кон

секс и физички контакти со човечки субјекти. Неговата

строго зацртана рутина е толку

силно изразена, што се граничи

со психопатолошки опсесивно-компулзивен синдром (за

нормалниот народ: типот е

Page 48: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 АРТВИЗОР страна 48

фрик, кој не може да влезе низ

врата, сè додека не тропне

точно девет пати, при што мора да го каже името на човекот од

другата страна, точно на секое

трето чукање). Шелдон е толку

забеган во светот на равенките, формулите и замислите

(измислиците) што нормален

разговор со него е апсолутно

неможен. Не разбира поими како иронија и сарказам, што го

чини уште понесмасен во

човечкото друштво и затоа

единствен вистински другар му е неговиот лаптоп, а единствен

вистински свет што го знае е

виртуелниот (па, знаете на што

мислам; интернет, фејсбук и

сл.) - Хаурд Џол Воловиц,

вселенски, астро-инженер, е

„набилдано“ Еврејче од некои

40 кила, кој смета дека неговиот ум, финансиската

зависност од родителите и

неговиот „аполонски“ стас, се

фактори кои би се вброиле во божји дар за жените на оваа

планета. Соодветно, типчето се

пушта на сè што оди, дише,

ползи и носи здолниште (Хе-хе-

хе).

- И Раџ, последниот од

лудаците, пардон, научните лица, е експерт за физика на

микрочестички, дојден од Њу

Делхи, Индија, со полно име:

Др. Раџеш Рамајан Кутхрапали

(е поглупи имиња од индиските НЕМА). За него само ќе кажам

една реченица: страв од жени.

Да, типот, едноставно, занемува

кога некоја девојка ќе се најде во радиус од пола метар од

него.

Па, сега... Замислете се себе,

како вообичаен (нормален) човек, кој се вселил во нов стан

и кој открива дека сите негови

комшии се некакви Др. Мр. Фр.

и сега вие сте како црна овца во бело стадо и сакате да се

дружите со другите овци и им

викате учтиво Мее (здраво), а

тие ве гледаат чудно и ви

возвраќаат: Мее? Па, драг господине, од сите воспитно-

критички прифатени поставки

одн. нормативи на денешната

бихевиористичка и хуманистичка терминологија

која е формулирана како

дидактички и ходегетски скор

на модерната лингва, вие се определивте за таков лексички

анахронизам, кој е дури и

реторички и дијалектички

догматичен? Зарем не? – Вие

сте зинале како да ќе го пиете Тихиот Океан и дури сега се

чувствувате како вистинска

Овца! Па, вака се чувствува

последниот од главните ликови, Пени, која, како што кажав е

само обична, просечна, девојка,

среде научна џунгла (види прва

слика). И токму ваквиот судир на два сосем различни света

(малограѓанскиот/балканскиот и

интелектуалниот/европскиот) е

она што ја прави оваа серија оригинална и забавна за

гледање.

Page 49: Револуција магазин бр.55

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 55 АРТВИЗОР страна 49

Сепак, морам да напоменам

дека најјаката страна на

серијата е истовремено и нејзината слаба точка. Далеку е

Балканецот (Македонецот) од

ваков хумор, бидејќи за да се

насмееш на шегите во Големиот Бум, треба да имате големо

предзнаење.

Да, за жал, серијата не е за

сите. Мислам, сепак, мора да

имате познавања од сите аспекти на американската

модерна култура, масмедиуми,

политика, економија, па

познавања од Хемија, Биологија, Физика, Анатомија,

Физиологија, Математика и цел

куп други науки, што е клучно,

не само за да се сфатат шегите, туку за да се разбере суштината

на една епизода. Затоа, засега,

мојата оценка е оваа, иако се

работи за серија со милионска публика и достигнување од

дури петта сезона на

прикажување…

конечна оценка 9.0/10

Се читаме!

Page 50: Револуција магазин бр.55