46

Револуција магазин бр. 76

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Поттикнува да мислиш

Citation preview

Page 1: Револуција магазин бр. 76
Page 2: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJAMAGAZINBR.76

MAGAZIN REVOLUCIJA12 Maj 2012

2

Page 3: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJA MAGAZINBR.76

MAGAZIN REVOLUCIJA

3

12 Maj 2012

ИМПРЕСУМ

OСНОВАЧ:М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Славица Ѓоргиева, e-mail: [email protected]

ЗАМЕНИК НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИКЕлена Николовска, e-mail: [email protected]

ПОМОШНИК НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Елена Павловска, e-mail: [email protected]

УРЕДНИК ЗА ФИЛМСКА УМЕТНОСТ, СТРИП И УМЕТНИЧКИ АНИМАЦИИ:Владимир Неделковски, e-mail:[email protected]

СОРАБОТНИЦИ-АНАЛИТИЧАРИ:Магдалена Јовановска, Кристина Вељаноска, Славе Ангелов, Милена Петровска, Љубица Картова, Леонора Ташкоска, Анамарија Велиновска, Емилија Петреска, Ленка Солеска

НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК:Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

ТЕХНИЧКИ УРЕДНИК:Миланчо Ристовскиe-mail: [email protected]

МАРКЕТИНГ:Славица Ѓоргиевa Е- mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 75 63 44 94

Porobuvawe na gra|anskata misla ............................................................................................... 5

[ansa za novinarstvoto vo Makedonija ................................................................................... 10

Crveni i sini informacii .......................................................................................................... 13

Masovnite mediumi i javnoto mislewe .....................................................................................16

Op{testvenata negativnost e poatraktivna ............................................................................. 22

Premnogu marketing ne }e e na arno ......................................................................................... 24

Evropa se dvoumi - rast ili {tedewe? ..................................................................................... 28

Koga tatkovata qubov dobi poinakov oblik? ........................................................................... 31

Fakultetskata diploma bara dlabok xeb ................................................................................. 34

Godini za nov po~etok ...................................................................................................................37

Minato izgravirano na porcelain ............................................................................................ 40

GOON (2011) ........................................................................................................................... 43

Sodr`ina

Page 4: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJAMAGAZINBR.76

MAGAZIN REVOLUCIJA12 Maj 2012

4

„Револуција“ - онлине магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458

АДРЕСА:Востаничка 67б-7

1000, Скопје Република Македонија

[email protected]://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 8900 389 75 63 44 94

ИЗДАВАЧ:МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА

Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 2704953485006 Даночен број: 4058011508300

Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Автор:Влатко Неделковски

Page 5: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJA MAGAZINBR.76

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

5

Анкетата покажа дека граѓаните се... Истражувањето покажа оти народот мисли дека... - често ги слушаме овие формуалции во медиумите, кои се резултат на истражувањето од најразлични агенции во врска со мислењето на народот. Но, дали тие навистина се точни? Дали точно се презентира јавното мислење или пак, тие се алатка на манипулативната акција врз народот? Ако мнозинството мисли така, зошто да се издвојувам, и јас ќе го прифатам тоа - со ваква логика функционира македонскиот граѓанин. За жал, на одредени структури ова им е и повеќе од јасно и неретко го вметнуваат во своја корист. Што е јавно мислење?Но, да тргнеме од почеток. Што е јавно мислење? Јавното мислење е мислење за важен општествен проблем (политички, економски, правен, спортски итн.) Мислење, кое е е широко распространето, претежно во јавноста или во некои од поголемите социјални групи. Јавното мислење е агрегат од индивидуалните ставови и убедувања,

одржуван од страна на возрасната популација. Јавното мислење, исто така, може да се дефинира како комплекс, збир од мислењата на различни луѓе и збирот на сите нивни ставови.

Демократското општество има потреба од социјална клима што дава поволни услови за дискутирање на различности во размислувањата. Да не се сложуваш и да се сложуваш со некоја постапка, активност, состојба е твое право како граѓанин во една демократска држава. Поимот јавно мислење означува дека негов предмет се јавните, а не приватните работи.

Под терминот јавност спаѓаат сите граѓани или здруженија на граѓани, кои размислуваат за заедницата и кои ги изразуваат и претставуваат своите мислења во вид на критика и одбивање, предлог и согласност и со тоа се обидуваат да влијаат врз градењето на општеството. Така, всушност, се формира јавното мислење.

Сите во демократијата имаат право на

Porobuvawe na gra|anskata misla

Page 6: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

6 BR.76

слободно формирано јавно мислење во доменот на општеството во кое што живеат. Сопственото мислење е основата за активно учество во јавниот живот. На крај на краиштата општеството постои заради граѓаните и нивното мислење е особено битно при процесот на напредувањето на истото. Но, НИВНОТО мислење е битно, а не она на власта, шефот, политичката партија.

Испитувањето на јавното мислење е дел од односите со јавноста и опфаќа пренесување на порака до властите за нејзиното делување, но тоа е двонасочен процес. Како што власта бара да биде соослушана и таа треба нас да нé сослуша. Вистинските односи со јавноста вклучуваат дијалог — да се слушаат другите, да ги гледате нештата од нивна перспектива. Односите со јавноста имаат намера да создадат взаемно разбирање. Но, во македонското општество наместо дијалог имаме монолог и наместо мислењето на јавноста да биде сослушано, истото се обидува да се смени, преобликува и креира според потребите на одредени центри на моќ.

Дали навистина постои едно јавно мислење? НЕ! И сите анкети што го тврдат ова -грешат. Бидејќи во плуралистичкото општество по правило

постојат различни мислења за различни работи, всушност никогаш не постои јавно мислење, туку само јавни мислења. Плуралистичкото општество би требало да познава само мноштво на јавни мислења, кои вообичаено се контроверзни и спротивставени.

Мислењата се, всушност, актуелни верувања, ставови или, пак, емоционално обоени судови, па затоа многу често се предмет на промена, контрола и манипулација од политичките и економски центри на моќ.

Медиумска манипулација Mислењата веќе ретко се формираат спонтано и се дел од сопствените ставови и замисли, често се појавуваат и формираат од надворешни фактори. Затоа, центрите за моќ се обидуваат да влијаат врз овие надворешни фактори и да загосподарат со мислата на јавноста. Тука правото на слободно формирање и искажување на мислење е во најтесна врска со слободата за собирање и здружување, како и слободата на печатот, односно масовните медиуми.

Масовни медиуми е термин кој најчесто се користи за да се означи оној дел од медиумите кои допираат до многу голема публика. Публиката на масовните

Page 7: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJA MAGAZINBR.76

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

7

медиуми е разгледувана од некои теоретичари како масовно општество со посебни особини, меѓу кои атомизација и недостиг на општествени врски, што го прават посебно подложно на влијанието на модерните мас-медиумски техники како рекламирањето и пропагандата. Медиумите користат широк спектар на техники за да ја пренесат својата порака надвор и да го променат мислењето на луѓето.

Пропагандата која е мошне честа во денешното општество е тип на порака чија цел е да влијае врз мислењето или однесувањето на луѓето. Денотација на пропагандата е да пропагира (активно шири) една филозофија или став. При пропаганда, најчесто не се работи за обезбедување на неутрални информации, туку на намерно искривени податоци, логички грешки, кои, иако понекогаш се убедливи, не мора да се и точни. Не знаејќи го ова, народот го сфаќа како вистинито и го креира своето мислење според податоците, кои медиумите му ги нудат.

Пропагандни техники се: повикување на патриотските чувства, неосновани воопштувања, намерна неодреденост, преголемо упростување на комплексни прашања, рационализација, апелирање, употреба на кратки пароли, на еуфемизми, создавање стереотипи, непотврдени претпоставки, употреба на мислења на познати лица или авторитети и слично (Ви звучи ли ова познато?!). Медиумите користат широк спектар на

рекламни техники за да ја пренесат својата порака надвор и да го променат мислењето на луѓето. А, зошто тие би сакале да сменат нечие мислење? Затоа што се директно, цврсто поврзани и финансиски зависни од одредени политички структури, кои својата намера се обидуваат да ја реализираат токму преку медиумите.

Затоа по индивидуалното право за учество во јавното мислење, следи барањето дека средствата за масовна комуникација мораат да бидат ослободени од секаков политички притисок – ако сакаме да изградиме демократско општество во вистинска смисла на зборот. Политиката не смее да има можност да се меша во слободното креирање на весниците или радио и телевизиските програми. Нешто што особено е важно, но и неоходно за развитокот на нашето општество.

Јавните инстанци мораат да обезбедат во општествениот домен да не се развиваат монополи на мислење, бидејќи е евидентна опасноста од модерните средства за масовна комуникација. Карл Јасперс, германски филозф и психолог потенцирал дека „не е сигурно дали реалноста се остварува во слободата, но сигурно е дека под цензура се изопачува“.

А токму тоа и медиумите го прават - ги цензурираат информациите кои доаѓаат до нас, ни даваат селективна слика за настанот или состојбата, која често пати е емотивно обоена. Во нашето општество јавноста повеќе не функционира според мислењето на одредени индивидуи, туку од официјалните ставови на владата, партиите и здруженијата. Јавноста не се слуша, не се слуша поединецот, туку се слушаат групите кои го нашле своето место во медиумите.

Денеска, често оној што истапува дека го презентира јавното мислење, потпаѓа во сомнеж дека говорејќи за јавното мислење им придава тежина на сопствените интереси. Така, анкетите со кои се известува јавноста кај граѓаните будат целосна недоверба, бидејќи се сметаат за „алатка“ за манипулација.

Page 8: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

8 BR.76

Имено, партиите и здруженијата кои дејствуваат, до јавноста пристапуваат со спроведување на анкети, а со цел да се креира политичко мислење. Притоа како заклучок од анкетата нудат нерелеватни и неточни податоци. Тоа се само обиди за креирање на јавното мислење. Кажувајќи што јавноста мисли, односно манипулирајќи со она што се тврди дека јавноста мисли, всушност, му се наметнува на поединецот дека и тој би требало да стане дел од мноштвото.

„Перење на мозок“Со процесот на манипулација на јавното мислење всушност се врши контрола на умот или „перење на мозокот“ на граѓанинот. Контрола на умот (исто така познато како и перење на мозокот, присилно убедување, злоупотреба на умот, мисловна контрола или реформи на мислата) се однесува на процес во кој група или поединец систематски користи неетички манипулативни методи за да ги убеди другите да се во согласност со неговите желби , често на штета на лицето врз кое се манипулира. Терминот се применува на било која тактика, психолошка или на друг начин, која може да предизвика поткопување на чувството на поединецот за контрола врз сопствено размислување, однесување, емоции или одлуки.

„Овие навистина ни го перат мозокот“, е фраза што ја користиме кога ни станува неподнослива некоја медиумска кампања, а особено кога очевидно се користат лаги и шпекулации, само за „да ни се отворат очите“, како што ни тврдат. Сите тие одат според изреката „Стопати изречена лага станува вистина“.

Перењето на мозокот се смета за „поробување на човечката мисла“. Тоа се прави поради пари, моќ, самодоверба, контрола на големи групи или популации. Кај нас најчесто се делува врз емоциите на индивидуалецот или групата , сé додека не дојде до степен на бес, страв, возбуда или нервозна тензија.

Техниката на перење на мозок се користела со векови и би можела да се дефинира како ре- едукација на основни убедувања и вредности без согласност

на лицето врз кое се врши.

Во психологијата под методите на перење на мозок се вметнува секоја постапка која служи за манипулација со човечкото мислење или акција за контрола на психичкото и социјалното опкружување на индивидуалецот.

Како основни методи на перење на мозок се сметаат:

Всадување на однесувањеПроцес кој луѓето ги прави имуни на промени на нивното однесување, изложувајќи ги на мали дози на аргументи спротивни на нивната позиција. Тој процес дава објаснување на однесување, аргументи и убедувања на противникот. Објаснувањата можат да бидат крајно пристрасни и неточни, но поради изворот на информации можат значително да придонесат за кредибилитетот на вредносниот систем.

Всадување на стравПроцес кој исто така ги прави луѓето имуни на обиди за промена на однесувањето, со изложување на последиците (често неверојатни и бесмислени) при отфрлање на еден систем на убедување поради друг.

Креативна интерпретација на ситуацијатаПроцес на покорување така што поединецот се опсипува со доволен број на информации кои ја објаснуваат неговата посебна ситуација за да е согласна со системот на верување, со што

Page 9: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJA MAGAZINBR.76

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

9

повторно се стекнува кредибилитетот на поединецот и со тоа се забрзува убедувањето на останатите во одреден систем. Интерпретирање на таков начин што е соодветен на системот на верување. Со тоа повторно се стекнува доследност и кредибилитет.

Селективна сликаТенденција на признавање само на оние работи кои му одат на рака на вредносниот систем. Сé што противречи е интерпретирано како сосема ирационално.

Тврдење за групното мислењеПризнавање на одреден систем поради повеќето членови во таа група. Ова се заснова на вербата дека голем број на членови или цела група не можат да не

бидат во право.

Зошто молчиме! Сите овие техники можат да се препознаат во нашето општество. Се користат нашироко и без двоумење. Дека ни се пере мозокот ни се пере, дека ни се наметнуваат туѓи ставови и погледи со цел да си ја држиме затворена устата - ни се наметнуваат, дека од целиот тој процес само ние страдаме – страдаме и се уништуваме.

Но, прашањето е, кога сето ова веќе го знаеме, ЗОШТО ОВА ГО ДОЗВОЛУВАМЕ И ЗОШТО МОЛЧИМЕ!?!!!!

Елена Павловска

Page 10: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

10 BR.76

Новите јунаци во Македонија очекувам да бидат новите генерации новинари „наоружани“ со најновите алатки за комуникација кои ги нуди интернетот. Новите генерации - образовани млади луѓе кои ја разбираат демократијата, ја имаат историската шанса да воспостават практики во новинарството според тие во западните демократии.

Тоа подразбира истражувачко новинарство, наместо трчање по прес конференции на кои се читаат политички неписмени пораки кои затупуваат, и од кои се чуствуваме понижени и навредени што ни ги сервираат преку ТВ екраните или печатените медиуми.

Инвалидна демократијаДемократијата подразбира создавање услови за слободно функционирање на медиумите. Во спротивно не може да се зборува за постоење демократија. Демократијата опстојува во држави каде што се воспоставени контролни механизми врз практикувањето на власта и моќта. Власта и моќта

произлегуваат од располагањето со државниот буџет од една страна и од друга страна, полицијата, војската и слични институции за принуда и контрола.

Медиумите имаат клучна улога во контролата на власта и моќта. Во развиените демократии медиумите ги окриваат злоупотребите на власта, финансиските и неморалните скандали на политичарите, кои се принудени да заминат од политичката сцена, но и да се поведуваат правни постапки ако тие ги прекршиле законите.

Низа примери имаме во изминатите децении. Во оваа прилика ќе го споменеме случајот со веќе поранешниот претседател на Германија Кристијан Вулф, кој токму од медиумите беше принуден да си замине од функцијата откако во јавноста медиумите обелоденија низа злоупотреби на функциите кои претходно тој ги извршувал.

Сè започна откако Вулф одлучил да му се јави на главниот уредник на весникот

[ansa za novinarstvoto vo Makedonija

Page 11: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJA MAGAZINBR.76

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

11

„Билд“, најтиражен дневен весник во Германија, за да спречи објавување текст поврзан за неговото минато. Не само што не успеа да ја попречи објавата, туку со оваа негова „дрскост“ да се јави до уредникот од позиција на претседател, ја разлути германската јавност.

Потоа следеа серија на откривање бројни морални злоупотреби на функцииите што претходно ги извршувал Вулф, што резултира со негова оставка од функцијата. „Престапите“ на Вулф, кои му беа откриени и натоварени, за македонски услови се секојдневjе, тие се веќе дел од „нормалното“ однесување на државните функционери кај нас, а медиумите до таа мера отрпнаа што тоа за нив и не е посебна тема за третирање. И кога ја третираат, освен што ќе ја забележат и архивираат, таквите информации одвај да предизвикуваат сериозни последици врз извршителите на злоупотребите на власта.

Моќта на медиумите Од каде произлегува моќта на медиумите во развиените демократски држави?

Нивната моќ произлегува пред сè поради тоа што се насочени во правец на вршење на контрола врз центрите на власта и моќта во државата, дали тие ги почитуваат законите и како ги трошат јавните пари (Буџетот).

Во Македонија е обратно - власта и другите центри на моќ, ги контролираат медиумите. Што е најпоразително, медиумите се користат за манипулација со граѓаните. Токму ваквата практика доведува до големи штети врз интересите на граѓаните, а тоа поразбира штети и врз државата, бидејќи државата се граѓаните, а не власта да е државата, бидејќи сме организирани како уставна република.

Поради ваквата состојба во која се доведоа медиумите, тие не уживаат доверба кај граѓаните, тиражите се ужасно намалени, гледаноста исто така, а со тоа и влијанието. Кај граѓаните е создадена апатија, недоверба, што пак ја ползуваат тесни елити кои поседуваат или поседувале власт, и тие кои располагаат со економските ресурси во државата, за и понатаму да ги зајакнуваат позициите, без притоа да се соочат со одговорност за состојбите во државата.

За медиумите да ја имаат довербата кај граѓаните потребно е точно и навремено да ги пренесуваат информациите и да бидат „арена“ на судир на различни мислења и ставови во фер и подеднакви услови за учесниците. Во спротивно, тие се на работ да станат инструменти за манипулација и пропаганда.

Новинарската професија во демократските општества е високо ценета и платена и се вбројувата во групата со пилотите и хирурзите.

Page 12: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

12 BR.76

Историска шанса за новите генерации новинариЗа надминувањето на ваквата состојба пред сè е потребно да се овозможат услови за охрабрување нови генерации новинари кои ќе ги исползуваат најновите интернет интеракции со публиката за да ја преземат во голема мера контролната улога на медиумите врз власта и другите центри на моќ, и да се создаде неопходната противтежа на безобразната злупотреба на власта и јавните пари во нашата држава.

Новите генерации - образовани млади луѓе кои ја разбираат демократијата, ја имаат историската шанса да воспостават практики во новинарството според тие во западните демократии. Тоа подразбира истражувачко новинарство, наместо трчање по прес конференции на кои се читаат политички неписмени пораки кои затупуваат, и од кои се

чуствуваме понижени и навредени што ни ги сервираат преку ТВ екраните или печатените медиуми.

Новите јунаци во Македонија очекувам да бидат новите генерации новинари „наоружани“ со најновите алатки за комуникација кои ги нуди интернетот. Токму од нив очекувам да ја повратат честа на новинарската професија во Македонија, ккао и на влијанието и важноста на искажаниот збор во јавноста.

Благодарение на можностите кои ги нуди интернетот веќе нема потреба од екстремно големи ресурси за развивање на влијателни медиуми. Главни предуслови се знаењето, акцептирање и почитување на демократските вредности, и неминовно за македонски услови - да се поседува храброст.

М-р Митко Јованов

Page 13: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJA MAGAZINBR.76

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

13

Crveni i sini informacii

Во секоја академска или, пак, професионална дефиниција за тоа што е медиум, ќе сретнете дека истиот мора да биде непристрасен и да ги штити интересите на јавноста.

E кога ќе го прочитате тоа и ќе седнете да гледате телевизија на Сител или Канал 5, ќе сфатите многу работи, односно точно ќе знаете што не треба да се прави на една телевизија, особено кога се презентира информативната програма или народски кажано вести.

Ама ова не е случај само со телевизиите. Истото се случува и со печатените медиуми, без разлика дали излегуваат во опипливата печатена форма или, пак, на интернет.

Традиционалните медиуми се оние кои од секогаш биле влијателни во процесот

на креирање на јавното мислење, но таа слика полека почнува да се менува, со појавата на новите медиуми.

Многу често ќе слушнете како луѓето се класифицираат според тоа кој на која телевизија гледал вести. Во зависност од тоа имате едни кои до скоро гледааа вести на А1, а од другата страна оние кои се инфромираа од Сител. Така се делеше јавноста, а многумина велат дека и така се гласало на изборите.

Застапеноста на овој податок во сечие секојдневје, е добра основа да заклучиме дека влијателната информативна програма во Македонија, секогаш била обоена. Вестите или биле црвени или сини, трета опција многу потешко.

Политиката на медиумот во голема мера влијае на начинот на создавање и

Page 14: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

14 BR.76

пласирање иформации, па од тука многу често се забележува како една иста информација во јавноста е претставена на неколку начини.

Интересна е сликата и со социјалните мрежи. Таму секој е гласен на свој единствен начин. Секој сака да го крене својот глас и да го каже своето мислење. Социјалните мрежи и комуникацијата во виртуелниот свет во голема мера ја отсликува реалната слика на случувањата во општеството. Па, ако постојат било какви тензии, негодувања, незадоволство меѓу луѓето, тогаш Фејсбук профилите на луѓето се уникатната можност, тие да можат да го изразат тоа незадоволство, а истото да допре до поголем број на луѓе во еден момент.

Секако дека и во виртуелниот свет, односно и кај новите медиуми,

се јавуваат влијателни лица кои ненаметливо и без предумисла успеваат да допринесат во процесот на креирање на јавното мислење. Но, сега засега, споредбено со моќта и влијанието на традиционалните медиуми, овие креатори на јавно мислење се во сенка на уредувачките политики на македонските телевизии.

Социјалните мрежи се местото каде луѓето треба слободно да се изразуваат и да не подлегнуваат на цензура. Но, праксата покажа поинаква слика.

Кога младите луѓе сакаа да се организираат за да протестираат за било какви цели, многу често внатрешните органи на државата им ги затвораше и блокираше виртуелните групи создадени на социјалната мрежа Фејсбук. Изговорот секогаш беше дека тоа се групи кои повикуваат на

Page 15: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJA MAGAZINBR.76

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

15

насилство, независно дали е тоа така или се само иницијатива за мирен протест.

Феноменот на виртуелно дружење и разменување на мислења и ставови многу често знаеше да ескалира и да се претвори во место каде што ќе се навредува сé она што е различно од нас. Па, така во Македонија бевме и сé уште останавме сведоци, каде со навредливи зборови и испишани

пароли се креираат Фејсбук групи, кои подоцна се реплицираат и во реалниот свет.

Секако дека не може ни да се споредува пристрасноста кај традиционалните и онаа кај новите медиуми. Новите медиуми имаат занемарливо мала пристрасност. Сопствените блогови на поединци – тоа е единственото место каде можеме да ја бараме пристрасноста. Сето она што се случува на социјалните мрежи се само лични ставови и мислења на поединци, бидејќи самиот медиум се креира од корисниците.

Од друга страна пак, традиционалните медиуми имаат хиерархија, во која точно се знае кој какви задолженија има при креирањето на информативните програми. Уредувачката политика може да зависи и само од еден човек, кој ќе биде одговорен за креирање на јавното мислење во една веќе одредена насока.Па, ќе дозволите други да ги градат вашите ставови или ќе се информирате и размислувате со своја глава?

Магдалена Јовановска

Page 16: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

16 BR.76

Американците имаат еден куп информации што им се достапни. Масовните медиуми особено телевизијата и кабелските и сателитските нудат дневен пакет вести и анализи. За време на изборниот период дневниот пакет станува целодневно тормозење. Достапноста на информации не значи дека сите се примаат и користат.

Американците можеби се политички заинтересирани, но истражувањата покажуваат дека многумина не се запознаени со начинот на којшто владата функционира и за што се залагаат кандидатите, а да не зборуваме за оние коишто не ги ни знаат основните факти за јавните политики. Како и да е, недостатокот на знаење не ги спречува да коментираат за проблемите. Ретко ќе чуете некој да рече: „Не можам да зборувам за тоа. Не знам доволно информации.“ Тогаш, како се оформува

јавното мислење?

СемејствоПрвите политички идеи ги формираме во семејството. Родителите скоро никогаш не зборуваат за политика со нивните деца, но муабетите на ручек или додека помагаат за домашната работа, може да имаат влијание.

Семејната традиција е фактор при партиската определеност што може да се види и од изјаснувањата доживотен републиканец /доживотен демократ. Семејството со време почнува да ја губи улогата на социјализатор, а истовремено институциите добиваат моќ врз единката.

УчилиштаДецата се запознаваат со гласање и избори уште кога избираат претседател на одделението, а подоцна на колеџ

Masovnite mediumi i javnoto mislewe

Page 17: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJA MAGAZINBR.76

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

17

истото тоа гласање опфаќа и водење кампањи. Политички факти се учат на часови по американска историја и влада и училиштата ги охрабруваат учениците критички да ги набљудуваат владините институции.

Самите училишта се вклучени во политика: реформи во образованието, спонзорства и владина поддршка за приватните училишта- честопати предизвикува дебати коишто вклучуваат ученици, наставници и родители.

ВрснициПритисокот од страна на врсниците влијае на начинот на живот на тинејџерите, но не е толку значаен кога е во прашање политичкиот став.

Има исклучоци како што беше случајот со војната во Виетнам во 1960-тите. Подоцна, доколку врсниците ги

опфаќаат оние со конкретна професија тогаш може да се рече дека има можност за вршење притисок да членовите на групата да мислат политички. На пример наставниците и банкарите честопати имаат ист политички став, особено за прашања поврзани со кариерите.

Политичка социјализацијаПолитичката социјализација е долготраен процес во којшто луѓето ги формираат нивните идеи за политика и се здобиваат со политички вредности.

Семејството, образовниот систем, врсниците и масовните медиуми, сé тоа игра улога. Додека семејството и училиштето се важни во раната возраст, мислењето на врсниците и она што го читаме во весници или го гледаме на телевизија има повеќе влијание на нашите политички ставови кога сме повозрасни.

Page 18: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

18 BR.76

Личен интересЛичниот интерес има директен ефект на јавното мислење. Индивидуалци го коментираат проблемот во зависност од тоа како исходот би влијаел на нив. Но, личниот интерес не е присутен во сите сфери на политичката дебата. Доколку немате деца коишто одат на училиште, ефектот од Образование за сите нема да се почувствува.

По 11-ти септември 2001, секој Американец има свое мислење за воениот тероризам и колку ефикасно владата се справува со заканите врз земјата: мислењата за војната во Ирак не беа ограничени на Американците во вооружените сили или оние кои имаа член од семејството кој служи во војска.

Ефективно водењеПолитичарите слепо се водат по анкетите, ги менуваат страните како што се менува јавното мислење. Ефективните лидери за разлика од останатите помагаат да се изгради консензус за политики, коишто сметаат дека се од интерес на државата. Улогата на оформувач на мислењето, обично е во рацете на претседателот. Џорџ Х.В Буш на пример, кој не беше успешен во неговите економски политики споредено со Роналд Реган, како и да е, заврши одлична работа кога го опфати и американското и меѓународното јавно мислење по ирачката инвазија во Кувајт во 1990. Син му е тотална спротивност. Иако Џорџ В. Буш имаше поддршка во САД и светот по нападите во 2001, не успеа да ја добие истата поддршка за време на војната во Ирак.

Масовни медиумиМногу од политичката информираност доаѓа од масовните медиуми: весници,

списанија, радио, телевизија и интернет.

Со оглед на времето кое едно американско семејство го поминува гледајќи ТВ, може да се каже дека телевизијата е главен извор особено кога кабелските програми се достапни 24 часа.

Притоа, телевизијата не само што помага да се формира јавното мислење, туку исто така нуди новости и анализи што исто така се нудат и на забавните програми, каде освен политика се опфаќа проблематика и од областа на дрогата, абортусот и криминалот.

Застапеноста на интернетот е исто така важна, бидејќи отстапи место на голем број блогери слободно да си го искажат своето мислење.

Како се мери јавното мислење?Поимот јавно мислење се однесува на страните кои Американците ги заземаат за одредени прашања поврзани со земјата. Честопати се работи за проблеми од лична природа, како што се правата на хомосексуалците.

Мислењето за одредена проблематика се менува постепено или, воопшто, не се менува. На пример, ставот за абортус, воопшто, не се има сменето од почетокот на 1970-тите. Рејтингот на претседателот се зголемува во време на криза, барем тоа беше случајот со Буш после 11-ти септември 2001. Но, исто така се намали драматично за време на војната со Ирак во вториот мандат.

Во ретките случаи кога јавното мислење одеднаш се менува за одреден проблем, истражувањата покажуваат дека политиките околу тој проблем подоцна се прегледувани одново.

Page 19: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJA MAGAZINBR.76

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

19

Како и да е, јавноста не успева секогаш да истера по свое кога се во прашање политиките. Понекогаш причина за тоа е што одредени групи на луѓе се силно посветени на своите верувања. Добар пример е законот за дозвола и поседување огнено оружје; мнозинството Американци сакаат построго спроведување на законот, а оние кои се спротивставуваат на законот уште повеќе се трудат да ја исполнат својата цел.

Друга пречка во народните желби е Врховниот Суд. На пример, иако мнозинството Американци преферираат закони, кои дозволуваат молење во училиштата или закони кои забрануваат палење на знамиња, Судот смета дека владата би го злоупотребила уставниот закон на малцинствата доколку создаде такви закони.

Точно мерење на јавното мислење преку анкети е тазе појава. За таа цел, Џорџ

Галуп и Елмо Ропер создадоа статистички техники во 1930-тите, но беше потребно усовршување на нивните методи.

Техники за анкетирањеТелевизиите честопати бараат од гледачите да се јават во одредена емисија и да го искажат своето мислење за одредена политика. Весниците и веб-порталите, исто така, понекогаш се впуштаат во ваквиот начин на забава. Овие обиди може да се наречат анкети, но не се вистинити затоа што испитаниците имаат избор дали да бидат дел од таа анкета, а групата што е доволно мотивирана за да биде дел од анкетата не може да се каже дека го претставува целото општество.

Клучен елемент во исправноста на анкетите е избраникот којшто треба да е испитан. Денес тоа се прави по случаен избор, се врти по телефон во некое домаќинство и по одреден принцип

Page 20: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

20 BR.76

избираат еден член од тоа домаќинство да одговори на анкетата.

Секако дека анкетите не се совршени. Ама анкетарот може да успее да создаде јавно мислење по испитување на 1200 до 1500 луѓе. Степенот на точност се одредува според тоа колку одговори се врткаат околу вистината.

Значење на анкетитеАнкетите се неодвоив дел од американската политичка сцена. Освен организациите што се занимаваат со тоа и медиумите честопати спроведуваат анкети и ги прикажуваат резултатите од истите. Анкетарите имаат високопрофилни позиции во кампањи и како дел од вработените во Белата Куќа. Грижата за мерење на јавното мислење покажува дека тоа е корисно при разбирањето на местото на Американците и кои политики ги поддржуваат.

Функции на масовните медиумиРечиси сите добиваат информации од масовните медиуми, било да се информации од светот, регионот или

државни политики. Овој факт придава голема важност и на печатените и на електронските медиуми воедно и моќ да влијаат на јавното мислење одредувајќи ја политичката агенда и овозможувајќи врска помеѓу владата и народот којшто има улога на надзор на владата.

Јавно мислењеМасовните медиуми не само што прикажуваат резултати од анкети спроведени од независни организации, но исто така тие самите прават и спроведуваат анкети во нивните вести. Важно да се спомене е и дека весниците и телевизијата, исто така, помагаат при формирањето на јавно мислење. Истражувањата покажаа дека одлуката да заземат одредена страна во некои критични ситуации, најчесто зависи од медиумите, особено кога на медиумите се застапени емисии коишто прикажуваат различни мислење и подлабоки анализи.

Политичка агендаПоимот политичка агенда има пошироко значење отколку јавно мислење и се однесува на проблеми коишто Американците ги сметаат за важни и на коишто владата мора да најде решение. Како една личност ќе ги сфати криминалот, човековите права, економијата, имиграцијата и мирот, во голема мера зависи од начинот и мерата до којашто се медиумски застапени.

Истражувањат покажуваат дека постои сооднос помеѓу важноста што луѓето ја придаваат на еден проблем и времето и просторот што се одвојува за да се претстави тој пробелм во вести или во весници.

Врската меѓу владата и граѓанитеМасовните медиуми се алатка преку која се информира, се објаснува и се обидува да се добие поддршка за своите планови

Page 21: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJA MAGAZINBR.76

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

21

и политики. Домашните разговори на претседателот Франклин Рузвелт беа емитувани на радио. Денес, поголемиот дел од медиумите нема да му дозволат слободно време на претседателот, доколку сметаат дека намерата е целосно политичка. Доколку му дозволат на претседателот одредено време за обраќање, тогаш опозицијата отпосле има своја можност да се спротивстави на кажаното или, пак, да ги презентира своите идеи и ставови за темата веднаш по обраќањето на претседателот.

Надзор на владатаОд клевети на почетокот на 20-от век, па сé до денешните истражувачки емисии, важна задача на масовните медиуми е да му прикаже на американскиот народ докази за корупција, злоупотреба на моќ и неефикасни програми и политики.

Вотергејт ќе останеше уште една кражба во редот, стуткана на задните страници на Вашингтон Пост доколку Карл Бернштајн и Боб Вудвард не поткопаа подлабоко во приказната.

Иако понекогаш медиумите се етикетирани како пролиберални (што не е далеку од вистината затоа што анкетите покажаа дека повеќето новинари се либерални демократи), претседателската администрација беше следена под будното око на печатените и електронските медиуми.

СоцијализацијаМасовните медиуми допринесуваат за нашата запознаеност со политиката и нашите политички погледи преку вести репортажи и анализи. Освен семејството, училиштето и верските организации, телевизијата стана дел од процесот преку кој луѓето учат за општествените вредности и научуваат што се очекува од нив во општествени рамки. Влијанието најпрво доаѓа од забавните програми - начинот на којшто телевизијата ги претставува малцинствата и жените, семејните врски и местото на религијата во животот - има силно влијание врз нашите ставови.

Некои луѓе веруваат дека Американците, особено децата го имитираат однесувањето присутно во медиумите. Поради тоа Американците се загрижени околу присуството на секс и насилство на ТВ. Оваа теорија за однесувањето звучи детски и недостасуваат научни докази.

Како и да е ова гледиште е важна политичка сила, затоа што ги поврзува социјалните конзервативци, коишто не поддржуваат сексуален промискуитет и социјалните либерали, коишто сметаат дека култот на Америка кон оружјето е невкусен. И извршните и правните одреди ги притиснаа медиумите да го исчистат култоролошкиот пустош како што беше наречен од страна на Ал Гор.

Извор: Cliffs NotesПодготви: Милена Петровска

Page 22: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

22 BR.76

Како изгледа една „просечна“ македонска партиско-политичка изборна кампања? Да бевме нормална демократска држава, тука би требало да се убијам објаснувајќи ви низ минимум шест пасуси, како е многу важно за еден кандидат да ги најде сите слаби точки, односно недостатоци во својата држава и креативни и привлечни начини како да ги пополни тие празнини, за да го привлече народот да гласа за него.

Ама суровата вистина е дека нашите изборни кампањи можам да ги објаснам со три збора - „плукај по противникот“. Тоа е целата филозофија. Не се зборува за што не штима и како да се наштима истото, туку колку оној од спротивната страна е раштиман.

Нас, на гордите гласачи, сé ова ни е некако привлечно, па редовно си го гласаме тој што направил најубава реклама за нечистите гаќи на другиот.

А зошто е тоа така? Па, негативните и валкани вести се некако поинтересни и поскокотливи, тие се таканаречениот „жолт печат“, и не ни се омилени само нам, целиот свет ги преферира. Арно, ама оние од поразвиените држави ставаат јасна граница кога станува збор за избори. И тие вадат валкани работи за изборните кандидати, ама ги ставаат на дното на вагата кога одмеруваат за кого да гласаат. На врвот е агендата за поправање на проблемите...

Многу едноставен пример за тоа како ни функционираат мозочињата се скорешните повици за разноразни протести. Во насловот на протестот јасно си пишува „Протест против РАДИКАЛНИОТ ислам“, а од целава реченица младите Македонци и Албанци го слушнале само зборот „ислам“. Автоматски и едните и другите си ја сфатиле и ја промовираат целава работа накај најкатастрофалниот и најнегативен исход.

Зборот волонтерство е уште еден пример за терање на една позитивна, убава и оптимистичка страна во правецот на нешто грдо и лошо. Додека фирмите во светот го ценат и вреднуваат

Op{testvenata negativnost e poatraktivna

Page 23: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJA MAGAZINBR.76

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

23

ваквото искуство кај еден млад човек, нашите фирми само научиле како да го злоупотребат за бесплатна работна сила.

Изгледа дека негативноста ни е традиционална карактеристика како народ. Секогаш прво се гледа лошата

страна од една работа, па здравје Боже да успее, дури тогаш ќе се смета за позитивно. Златна средина не постои. Повеќе од очигледно е дека и такви негативни кампањи и размислувања отсекогаш ни биле поинтересни.

Си плукаме самите по себе и својата иднина кога избираме да гледаме само црно. Следниот пат кога ќе видите билборд или реклама со содржина која ве навредува вас и вашата интелегенција, преку промоција на „бессодржински глупости“, затворете ги очите и исклучете го телевизорот. Не им давајте рејтинг, ниту шанса да ве навредуваат. Вредите многу повеќе...

Елена Николовска

Page 24: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

24 BR.76

Денес просто човек не може да биде начисто што е маркетинг, а што не. Денес сме сведоци на толку многу рекламирање, промовирање, наметнување на производи, личности, места, што не можеме да го одделиме фиктивното од реалноста.

Маркетингот е навлезен во секоја пора на модерното општество, така што на современиот човек може слободно да се гледа како на подвижна реклама, бидејќи секој на себе рекламира нешто. Тоа може да биде фустан од Манго, патики Адидас, ташна од Фурла, фармерки Ева, јакните на Најк, или пак дизајнерска облека скроена по мерка, каде што човекот служи како маркетинг за дизајнерот чија облека „ја шета“.

Пред сто години на луѓето не им било гајле дали ќе носат облека од деликатна свила, или пак обична волна и памук,

дали дома ќе имаат обичен кревет или кревет од високо квалитетна природна кожа увезен од Италија. И сигурно не се замарале со тоа дали да купат ЛЕД или Плазма телевизор. Дали нивниот компјутер ќе биде Дел или Ејпл...

Поентата е дека тогаш тие работи не биле достапни за луѓето, и не биле познати. Се чудиме како можеле да живеат и функционираат без сето тоа, но можеби биле посреќни. Можеби немале толку „стресни“ одлуки за донесување во пазарниот свет, како што имаме ние сега. Тогаш немало КОЈ и ПРЕКУ ШТО да влијае врз нивното мислење, и врз нивните одлуки. Просто речено, немало начин да им се пере мозокот. Но, и тој начин се пронајде.

Конкуренцијата е премногу силна, гигантските фирми вртоглаво се богатат на сметка на маркетингот кој е 99,9%

Premnogu marketing ne }e e na arno

Page 25: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJA MAGAZINBR.76

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

25

заслужен за впечатоците на купувачите за фирмата, за продажбата и познатоста на производот и фирмата и за нивото на мултинационалност што ќе го достигне компанијата.

Маркетингот, народски кажано е нож со две острици. Едната страна е фактот дека без маркетинг луѓето ќе останат незапознати со сè што се случува околу нив, незапознати со голем дел од функционалните технологии. Маркетингот им дава можност да луѓето да бидат во тек со најновите трендови и во допир до иднината.

А другата страна пак, е фактот дека маркетингот во глобала е инструмент кој нема многу позитивности кои се на страна на потрошувачот, а има многу предности за компанијата која инвестира во него. Значи ако компанијата инвестира во маркетингот ќе има поголема можност да влијае врз пошироката јавност. Колку повеќе се вложува во маркетингот толку поголема маса на луѓе ќе се запознаат со компанијата која вложува, а со тоа и повеќе пари ќе бидат во оптек.

Компаниите вложуваат преногу во маркетингот. Барем оние најуспешните и

оние што се чекор понапред од другите. Еден гигант од типот на Кока Кола, за маркетинг годишто издвојува повеќе од 60-70% од својот профит. Но затоа нема жив човек на планетава кој не слушнал за овој бренд. Несомнено, кога обичниот човек ќе го прашате кој е најпознат сок во светот, сигурно ќе Ви каже Кока Кола. Тоа е врежано во неговата потсвест, и тој е така научен од она што го гледа, слуша, чита... Тоа е влијание кое се всадило во неговиот мозок, и сега мозокот реагира соодветно на тоа што ни е познато.

Истото се случува и со облеката. Маркетингот „типувал“ дека надобра и најквалитетна облека е италијанската. Денес нема човек што не посакува во својот плакар да има барем едно парче италијанска облека. Значи, во Македонија може да се произведат милион пати поквалитетни парчиња, но сепак Италија ќе остане престолнина на модата и квалитетот на облеката. Тоа е уште едно влијание на маркетингот врз јавноста.

Друг пример: нели за миг можеме да го смениме мислењето за некој човек? Еве, некој ќе рече, го обожавам Жаре Бербер. Но откако појде на Преживеан, многу се глупира, не е тоа-тоа, не можам да го гледам... Или обратно - не го сакам Жаре

Page 26: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

26 BR.76

Бербер, но откако појде на Преживеан многу ми е добар, се бори за племето, позитивен е, го засакав итн итн.. Преживеан е еден вид на маркетинг за Жаре Бербер и сите другарчиња кои го придружуваат таму, а како ќе се покажат и како тоа ќе влијае на јавното мислење зависи од нив и од телевизијата која ги пренесува.

Всушност, самиот факт што сега пишуваме за Жаре Бербер покажува дека маркетингот бил делумно успешен (ќе видиме за понатаму) и дека успеа да ни влијае на начин што ни го всадил Жаре во секојдневното размислување, бидејќи навистина и не можев да најдам некој поактуелен и попримамлив пример од македонската сцена во моментов. Па на човек секој ден да му повторуваш едно па исто со месеци, ќе почне и да го сонува, не само што ќе размислува за тоа. Заклучивме дека маркетингот има големо влијание врз јавното мислење. Како поединецот ќе го доживее нештото, зависи од начинот на кој ќе му се

сервира.

Што се однесува до мене и мојата критика за темава, мислам дека маркетингот е добар инструмент за контролирање на пошироката маса. Денес најпаметните го сфатија тоа. Земете ги за пример политичките партии. Го користат маркетингот за сè: воведовме иновации во здравството - гласајте за нас, образованието ни пркна откако сме на власт - гласајте за нас, се бориме да се раѓаат повеќе деца - гласајте за нас, сега можете поволно да си купите куќа или стан - гласајте за нас, пополнивме дупка на автопатот - гласајте за нас...

Опозицискиот маркетинг е на друга страна: поскапеа сите производи - сега гласајте за нас, власта нема милост за никого - сега гласајте за нас, половина од населението е невработено - сега гласајте за нас... Значи ова плус милион други апсурдни теми на маркетинг влијание врз јавноста преку кое ќе се поттикне населението да гласа. За било

Page 27: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJA MAGAZINBR.76

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

27

кој, само да гласа.

Истото го прават и компаниите, особено македонските. Ние вака, ние така. За чудо, до ден денес успеваат доволно да влијаат врз јавноста во Македонија.

Но, другата страна на приказнава е со полошиот крај. Премногу влијание на јавноста е балон кој се дува и дува,

но еден ден ќе пукне и од најгорното скалило ќе ве фрли на земја толку силно, што долго време потоа не ќе можете да се опоравите. Тоа сè уште не е сфатено во маркетинг практиката, не кај нас. Премногу маркетинг не е маркетинг. Или како што рекле старите - премногу арно не ќе е на арно.

Леонора Ташкоска

Page 28: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

28 BR.76

Ekonomija

Реакциите против мерките за штедење, како што веќе имавме можност да видиме на изборите во Франција и Грција, отвoраат нова дебата во Европа.

Европските претставници кои до неодамна беа заколнати поддржувачи на мерките за штедење, сега се претвараат во жестоки поддржувачи и ентузијасти за раст.

На 23-ти мај, Херман Ван Ромпуј, претседателот на Советот на Европа, ќе биде домаќин на една неформална вечера на која ќе се дискутира за „растот“ во Европа. На почетокот на оваа година, Дејвид Камерон се бореше за некои од неговите идеи за раст да бидат вклучени во заклучоците од самитот.

Но, успехот на Франсоа Оланд на претседателските избори во Франција доведе до истуркување на идеите за раст на прв план.

Европските лидери поставија загатка,

која ги подели економистите: дали може истовремено да се штеди и да се постигнува раст?

Лажен изборШефицата на ММФ, Кристин Лагард е меѓу оние кои инсистираат на тоа дека раст наспроти штедење е погрешен избор. Таа верува дека и двете може да се постигнат, но исто така предупредува и на ризиците од преголемото намалување на расходите.

Овој аргумент ќе излезе на површина следната недела кога Франсоа Оланд за прв пат ќе се состане со германската канцеларка Ангела Меркел.

Тој на најдиполоматски начин ќе ѝ соопшти на Меркел дека францускиот народ му дал мандат, но со цел растот да биде негов приоритет.

А, она што таа нема да им го дозволи на француските гласачи е повторно преговарање за нејзиниот ценет Пакт со

Evropa se dvoumi - rast ili {tedewe?

Page 29: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJA MAGAZINBR.76

MAGAZIN REVOLUCIJA Ekonomija

29

кој се воведува дисциплина во буџетите на еврозоната.

Сепак Германците не можат да си дозволат судир со Французите, тоа би било многу неповолно. Па, Европа очекува на фискалниот пакт да му се додаде и план за раст.

И тука веќе почнува да станува интересно. Меркел смета дека најдобар начин за да се дојде до раст е преку структурните реформи, според кои е полесно да се отпуштаат и да се вработуваат и да се создаваат нови работни места за работниците.

Големи проектиОва не е идејата на Франсоа Оланд за раст. За почеток таквите реформи ќе го втурнат во жестока борба со француските синдикати. Она што тој сака да види е вложување, трошење, особено на европско ниво во големи проекти, како инфраструктурни и енергетски технологии.

Она на што германската канцеларка нема

да се согласи е земјите да се позајмуваат за да можат повеќе да трошат. Таа исто така ќе пружи отпор на секој притисок и нема да дозволи Европската централа банка директно да ѝ одобри кредит на некоја влада.

Претседателот Баросо го кажа официјалниот став на Европската унија:„Нашиот фокус на стабилноста не смее да ослабе додека забрзано се воведуваат структурните реформи.“

Проблемот може да биде виден во земји како Шпанија. Таму започна воведувањето на реформите, но треба време за да вродат со плод. А, на краток рок регионалните влади, компаниите и домаќинствата ги отплаќаат долговите.

Во иднина реформите може да донесат раст, но засега земјите како Шпанија се чини дека заглавуваат во магичен круг на опаѓање.

Од таа причина фокусот на дебатата ќе биде на прашањето дали целите за намалување на дефицитот може да бидат

Page 30: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

30 BR.76

Ekonomijaспуштени на пониско ниво.

НесигурностГерманците ќе бидат многу внимателни во испраќањето сигнали до Французите. Питер Алтмер, кој е близок со Ангела Меркел, ги опиша француските финансии како „несигурни“ додавајќи дека „секоја земја која има намера да оствари поголем дефицит мора да се откаже,

бидејќи едноставно нема простор за такво нешто“.Засега Германците го преферираат штедењето и реформите, кои можат да донесат раст. Тоа се разбира можеби нема да ги задоволи гласачите. И во тоа лежи проблемот со монетарната унија.

Како што неодамна, во пресрет на германските и грчките избори пишуваше германскиот весник „Die Welt“:

„Резултатите се доказ дека Европа не функционира. Земјите сé уште дебатираат во рамките на своите национални граници, бидејќи не постои европски јавен простор.“

Гласачите можеби нема да им дадат доволно време на европските лидери да ги разработат стратегиите за постигнување раст преку намалувањето на дефицитот.

Извор: BBC Превод: Кристина Вељаноска

Page 31: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA Mladi So Stav

31BR.76

Koga tatkovata qubov dobi poinakov oblik?

Неодамна повторно на вестите ударна вест беше „новиот македонски Фрицл“, вест која за миг ги окупира нашите мисли и нашето внимание. Насловот познат, повторуван речиси во ист временски интервал од неколку месеци. Главните улоги повторно ги имаа таткото и ќерката, но не во онаа пријатна семејна атмосфера од рекламите, туку во двегодишни измачувачки моменти на најдеструктивната човечка појава - педофилијата.

Но дали за момент може да се запрашаме кога татковата љубов го доби токму овој облик? Кога татковите раце наместо првите спомени, почнаа да оставаат болни траги по кожата и психата?

И се прашувам уште колку вакви случаеви има, уште колку мајки, браќа, соседи се сведоци на траумите со кои еден татко ја „почестува“ својата незаштитена ќерка, а сепак замижуваат, се правдаат со одговорот дека не се мешаат во туѓите

семејни работи. Колку случаеви има во кои не му/ѝ се верува на синот/ќерката, каде родителите не се заинтересирани да ги погледаат знаците кои ги покажува невиното детско тело?

Дали законодавниот систем со своите казни од 6, 8, 10 години може да изведе еден ваков случај на вистинскиот пат? Дали затворските решетки се единствениот лек кој го поседуваме?

Page 32: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAMladi So Stav

32 BR.76

Додека итаме на патот кон Европа ние не го забележуваме остриот начин со кој тие се справуваат со оваа појава, на нивната ангажираност да се превземат ако треба и крајни хемиски мерки само за да се лекува болниот човечки ум, кој ни сам не е свесен за огромната штета која може да ја направи доколку навремено не му се застане на патот исполнет со детски солзи.

Регистарот на педофили е наменет токму за да ја заштити околината од ваквиот профил на личности, од ваквите колеги и соседи. Но дали неговите „идеолози“ и за еден миг помислиле како ќе успее да го заштити семејството од „чичкото од соседството“? Колку измачувачки мигови поминале несреќните ќерки додека соберат храброст да ја пријават погрешната таткова љубов, да сфатат дека не се тие виновни и дека мора да се изборат со тоа?

Признанието на малечката Сара, на прашањето од својата учителка зошто не се дружи со другарчињата и зошто постојано се мокри на столчето каде што седи сè уште ги шокира сите вработени во тоа училиште. Имено Сара и објаснува на учителката како тато навечер легнува до неа, ја допира во ѓаќичките и таа само

чуствува болка, плаче, но татко ја гушка велејќи дека таа е најдоброто татино девојче. Од билните болки таа повеќе не може да чуствува кога има потребa за одење во тоалет и затоа го валка столчето на кое седи, срамејќи се од своето другарче кое постојано ја иsмева нарекувајќи ја со погрдни имиња, кои уште повеќе ја повредуваат нежната детска психа.

Потресената учителка слушајќи ја малата исповед, ја однела Сара кај училишниот социјален работник, каде по извршената проверка утврдни се модринки на нејзиниот абдомен и случајот е пријавен во полиција.

Нашата држава нема систем со кој може да ја заштити оваа ќерка, првенствено од медиумите кои трагајќи по публицитет објавуваат идентитети, места на живеење, додавајќи масло на огнот и нанесувајќи дополнителна штета. Во Македонија, жртвите не се штитат со преселување во некое ново место, каде би почнале нов живот, со стручна поддршка како во случајот со германскиот педофил Фрицл, туку едноставно се оставаат сами да се

Page 33: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA Mladi So Stav

33BR.76

борат со разните озборувања, комшиски дијагнози и пред сè, сами да се снајдат во нашиот социјален лавиринт, во нашите центри за социјална заштита кои правдајќи се со преоптеретеност ги испуштаат своите најважни клиенти. Ги оставаат незгрижени и сами во борбата против бремето кое им ги потиска рамената, растејќи во можен злоставувач

бидејќи нив никој не им ја покажал другата страна на паричката.

И кога ќе се согледаат сите овие факти, не можам а повторно да не се запрашам кога татковата љубов доби ваков уништувачки облик?..

Наташа Димеска

Page 34: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAMladi So Stav

34 BR.76

Високи потпетици во бои на виножито, долги тоалети со најразновидни текстури, кратки сатенски фустанчиња, вештачки трепки и црвени усни, свилени кошули и шпиц чевли, скапи парфеми, насмеани очи, блиц од фотоапарати – да, навистина звучи како апсолвентска вечер од соништата. Најпосакуваната ноќ во животот на еден студент, во која експлицитно го покажува сиот свој младешки шарм што длабоко се криел под неколкугодишното малтретирање со стручна литература, несоници, нервози, паднати колоквиуми...

Ете, помина и апсолвентската вечер во Александар Палас со целиот тој гламур и шарм, оставајќи неодговорено прашање во мојата глава: Дали поголема тривијалност беше турбофолкерскиот призвук што ечеше низ елегантната сала три часа или бројот на раце на идните академски граѓани кренати во вис на таа “бучава”? Но, тоа е друга приказна. Вистинската реалност е следнава: По завршување на најлудата ноќ, полека,

но сигурно, излегуваме на пазарот на трудот, ние 500 правници од Правниот факултет „Јустинијан Први” секоја година, иако е ноторен фактот дека општествените науки произведуваат суфицитарни кадри, за кои повеќе нема место ниската апсорбна моќ на пазарот на трудот. Цела среќа што дисперзираните студии во Велес ќе бидат ставени во мирување следната година.

Не го оспорувам фактот дека Правниот факултет е еден од најдобрите факултети на универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, имајќи го во предвид врвниот наставно-научен кадар, бројните соработки што ги остварува овој факултет со престижни европски факултети, меѓу кои и Ломоносовиот Универзитет од Москва.

Со препорачаниот Европски-кредит-трансфер-систем (ЕКТС) по болоњски рецепт, на правните студии се воведоа две новини: нов концепт на полагање на испити и двегодишни мастер студии. Двете новини ја погодија мојата

Fakultetskata diploma bara dlabok xeb

Page 35: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA Mladi So Stav

35BR.76

генерација по две основи: плиткоста на знаењето и длабочината на џебот.

Прилично е иронично да слушам дел од професорите кои го критикуваат новиот систем , велејќи дека не осакати, особено нас правниците, бидејќи поголем дел од студентите ги положуваат испитите со заокружување од понудените одговори по комјутерски пат без да имаат било каков вербален контакт со предметниот професор, а од друга страна истите тие професори и го гласаа неговото воведување.

Колку е несуштинско нашето знаење, е дискутабилно прашање, но она што е неизбежно е двегодишната партиципација за магистерски студии. Додека претходно партиципацијата за четиригодишно школување изнесуваше 800 евра за државна квота за додипломски студии, при што дипломираниот правник би ги исполнувал условите да полага правосуден, денес со тригодишно студирање кое чини 600 евра во државна квота, облигаторно е запишување на мастер студии, кои вредат и до 2000 евра за да може дипломираниот правник да полага правосуден испит, што во старт го олеснува нашиот џеб за трипати повеќе од претходните генерации.

Меѓу другото, задолжителни, и „најомилени” давачки за студентскиот буџет се административните такси. Откако од март 2011 година се укина плаќањето преку таксени марки, студентите ги плаќаат административните такси преку уплатници, за кои минимална провизија е 15 денари, а некои банки знаат да наплатат провизија и од 50 денари. Ох, колку е убаво да профитирате од финансиска институција, па нема ден, а некој студент да не плаќа административна такса по различни основи: запишување на семестар, заверка на семестар, земање на оценка, презапишување на предмет, полагање испит во казнена сесија итн.

Списокот на давачки не е готов, особено ако сте добар студент кој има предиспозиции да биде корисник на стипендија, па ќе ве одерат до гола кожа! Меѓу потребните документи за аплицирање за стипендија се и потврда за редовен студент во висина од 100 денари и уверение за положени испити за рекордни 500 денари, чија тарифа под неразјаснети околности беше определена на Правниот факултет. Одлука на деканат -кратко објаснување. Уште поголема е иронијата доколку аплицирате за да стекнете стипендија, но едноставно не влегувате на ранг-листа. Од старт сте во минус.

Page 36: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAMladi So Stav

36 BR.76

Студент како студент, си е економичен по природа, па ќе си скрати од некое уживање за да ги покрие трошоците за друго. Но, дефинитивно не може да си скрати од исхрана.

Да се зборува за цените на прехрамбрените производи во студентското бифе е non sense, тоа едноставно треба да се види и проба. Жално што интелектуалната маса се храни со нездрави тостови по вртоглаво високи цени.

Како и да е, изминуваат три години од додипломски студии со потрошени пари на оригинал учебници или фотокопирани, сеедно, „пробиени” колоквиумски прашања, повторно набавени од истите фотокопирници , холестеролна исхрана, студентски забави, такси и градски/меѓуградски автобус превоз, тромав железнички сообраќај, веќе станувате апатични кон предавања и букви, единствена разонода ви е чмаењето на сонце со колегите во студентското бифе со вртоглаво високите цени - сигурен знак дека се ближи апсолвентска екскурзија!

Најпосакувана дестинација на речиси секој студент, со своите блиски колеги, пријатели, другари, на три недели да се откачи од медиокритетскиот балканизам и за миг да се нурне во европската културна и ноќна сцена. Но, буџетот е повторно проблем. Во игра се две агенции, наводно си прават

конкуренција, ви овозможуваат шетање низ цела Европа за само 499 евра! Да, официјално...

Меѓу другото во цените на двете понуди не се вклучени факултативните посети кои чинат и повеќе од 200 евра, ниту пак јадење во добар дел од деновите кои ќе ги минете автобус... Една студентска екскурзија безмалку чини 1000 евра. Ако ги земете предвид трошоците за мастер-студиите, оние 15 денари провизија за административни такси ви изгледаат смешно. Дефинитивно, да се биде студент не е лесна работа. Ниту пак студентот е доволно богат за да си дозволи трошење пари на евтини работи. Тогаш зошто е толку пасивен и молчалив за сопствените проблеми? Можеби ова општество раѓа премногу униформираност, пасивност и комформизам.

Додека македонскиот студент се алкохолизира на безмалку психотична музика, разговара за едноличните турски серии и ја гледа студентската библиотеката како последно место на кое би се задржал повеќе од два часа во текот на денот, таквата униформираност и не е така запрепастувачка. Дојдоа навистина чудни времиња: Кога паметот замолчува, будалиот прозборува, а кретенот заработува, како што би кажал Иво Андриќ.

Тамара Славеска

Page 37: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

37BR.76

Revolucija - Sorabotnici

Соочувајќи се со првите пензионерски денови, некои поединци се ангажираат на различни работни полиња и тврдат дека имаат повеќе обврски сега, отколку кога работеле, но други се соочуваат со губење на самодовербата, здодевноста и со чуство дека немаат за што да се надеваат во престојните денови. За задржување на благосостојбата и на менталното здравје, експертите им советуваат на новопечените пензионери секој ден да исполнат нова креативна активност и да се испробаат во работите за кои порано немале време.

Не е крај на светотНе препуштајте им се на монотонијата и на секојдневната рутина. Ако повеќе не одите на работа, тоа не значи дека треба да се поместувате од кревет на фотелја и да ги менувате TB-каналите барајќи нова серија од 100 епизоди, која ќе ви го убие остатокот од денот.

Тоа што сте во пензија, не значи дека

е крај на светот. Пронајдете нови предизвици во годините кои доаѓаат, препорачуваат докторите.

Страв од иднинатаЗа разлика од оние што имаат повеќе од доволен интерес и страст да го исполнат секој момент од својот живот по заминувањето во пензија, има и такви кои не знаат да се снајдат, се плашат за иднината и паѓаат во депресија.

Мажите најчестo ги мачат заморни мисли дека повеќе нема да можат да напредуваат во кариерата и дека изгубиле дел од својата машкост. Жените често се чуствуваат безначаjни,отфрлени и вишок, па се повлекуваат во себе обидувајќи се да ги спречат своите човекови потреби.Во некои случаeви се јавува и потиштеност (меланхолија), пад на енергијата, несоница и немање на желба за јадење.

Како резултат на депресијата, се случува поединци да ја изгубат врската со реалноста, па без причина се борат со чувство на вина. Има и такви пензионери кои по одредено време се соочуваат со телесно и ментално пропаѓање, вознемиреност и нерасположеност, кои ги блокираат да одат понатаму. Поради нарушувањето на сонот и исцрпеноста, подоцна во текот на денот некои се повлекуваат во себе и ја прекинуваат комуникацијата со блиското опкружување.

Како против депресијата?Има многу начини како да ја надминете депресијата. Научете нешто ново и пронајдете го вашиот неоткриен

Godini za nov po~etok

Page 38: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJARevolucija - Sorabotnici

38 BR.76

талент. Кога сакате квалитетно да ги искористите пензионерските денови, потрудете се да направите нешто што порано не сте го правеле поради недостиг на времето и организирајте си ги активностите по кои се чуствувате исполнети и задоволни.

Посветете се на себеси и на животниот партнер во целост. Вежбајте јога или

научете танцови чекори. Запишете се на часови по странски јазици, сликајте, изработувајте предмети, одете во кино, театар. Шетајте покрај река, во парк. Има ли нешто поубаво од реализирана личност? Сега веќе можете да уживате во животот!

Сашко Jованов

ХУМАНОСТЗдружение за унапредување на условите за грижа и сместување на стари и

изнемогнати лица

Page 39: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJA MAGAZINBR.76

MAGAZIN REVOLUCIJA

39

12 Maj 2012

Page 40: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

40 BR.76

Од фабриката за порцелан, која некогаш му припаѓаше на истакнатиот руски патрон и љубител на уметноста, принцот Николај Јусупов, во 2008 година се појавија 190 ракотворби.

Грнчарските и порцеланските ракотворби, произведени во фабриката на Јусупов, се богато проценети од страна на познавачи на уметноста. Воедно, делата се сметаат за уникатна и ретка уметност.

Порцеланот на Јусупов се издвојува од други дела поради орнаментите кои се насликани со злато, деловите кои се позлатени и многубројните ситни цветови кои се насликани на нив.

Многу од овие дела биле направени по специјално барање. Чиниите, и сервисите за кафе и чај, се декорирани со портрети и прекрасни пејсажи, употребени се и мали копии од големи уметнички дела.

Неверојатните парчиња од колекциите, биле креирани од селани кои биле уметници и обучени од страна на професионални сликари од Москва и Санкт Петербург.

Со познавање од областа на уметноста, тие биле способни не само да пресликаат туѓи слики, туку и да создадат свои дела. Тие исто така цртале илустрации на книги во библиотеката на принцот, ја одржувале неговата галерија и доколку е потребно учествувале во внатрешното уредување на имотот на принцот.

Принцот Николај Јусупов, бил истакната личност. Љубител на уметноста и колекционер, образован човек со префинет вкус и доста талентиран. Тој бил богат благородник во дворот на Катерина Велика, речиси 20 години од животот ги поминал патувајќи по светот.На неговите патувања, тој секогаш

Minato izgravirano na porcelan

Page 41: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

41

Artvizor

BR.76

купувал книги, скулптури, слики и декоративни уметнички предмети.

Во периодот од 1792 до 1802 година, додека бил во државната служба, Јусупов основал Кралска фабрика за порцелан и стакларија. Подоцна, откако се преселил во Москва, решил да основа своја порцеланска фабрика.

Делата кои се создадени од него и целата порцеланска колекција, скапоцените садови насликани од раката на врвниот уметник, се чувале во кралските палати на големи принцови во Санкт Петербург, Гатчина, Павловск и истите биле вклучени во колекциите на благородните семејства.

Благодарение на вештите раце на Јусупов, се создадени вистински ремек-дела. Многу големци, тогаш биле желни да ги испратат своите слуги, да бидат чираци на умешните сликари во работилницата на принцот.

Дел од колекцијата е и детски сервис од 8 парчиња, кој некогаш му припаѓал на големиот принц Александар Николаевич. Сетот е украсен со злато, на него се насликани цвеќиња, позлатениот грб на Русија и монограм АН.

На сетот за чај од две парчиња, кој му беше претставен на Алексеј Аракчеев (тогашен претседател на Одделението за воени работи при Државниот совет),

Page 42: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

42 BR.76

се насликани обичаите на селото Гузино.Предели со многу цвеќиња беа насликани на три-димензионални парчиња, панорамски слики, послужавници и чинии. Деталите се обложени со злато.

Ќе бидете воодушевени доколку ја видите колекцијата од слики на Јусупов, нацртани на чинии, произведени во раните години на работилницата.

По смртта на Николај Јусупов, неговите наследници прво ја затвориле сликарската работилница, а потоа и

фабриката. Дел од сервисите и други производи кои биле во рацете на познати семејства, биле предадени во разни музеи во Русија, а останатите биле продадени.

Во Државниот музеј се наоѓаат 400 порцелански парчиња, во Рускиот музеј околу 100 парчиња, а во музејот за керамика можат да се најдат над 100 парчиња.

Извор: МoscowПревод: Љубица Картова

Page 43: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

43

Artvizor

BR.76

Да. Точно прочитавте. Ова е филм, базиран на вистинит настан, кој обработува определен период од животот на еден од оние дечки кои стојат на врата од дискотеки и ноќни клубови и слични места и на чии, обично црни, маички пишува: Security. Абе, ги знаете, момците кои се познати по колоритни надимаци како на пр. Ѕвер, Булдог, Обезбеџење, Вратар, Горило, Кољач, Питбул итн. Сега, сигурно ќе прашате „А зошто би гледал филм за таму некој си силеџија?“.

Одговорот е – А, зошто да не! Особено кога во државава ни, професијата тепач т.е. обезбедувач, заедно со професијата возач/шофер се двете преостанати професии во кои доминира машкиот пол и за кои нема заинтересирани (читај агресивни) женски индивидуи. Не дека нема исклучоци, али тоа е друга тема...

Даг „Чекичот“ Глат е професионален тепач. Тој е всушност вработен како обезбедувач во едно кафанче во

GOON (2011)

Улоги: Seann William Scott, Liev Schreiber, Jay BaruchelРежија: Michael DowseСценарио: Jay BaruchelПродуцент: Mark Slone

Od biografijata na eden obi~en tepa~

Page 44: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

44 BR.76

Бинтаун, Америка. Но, единствено обезбедување што го работи е што го обезбедува ифрлањето на ѓубре (како материјално така и човечко) од кафичот. Зошто го прави тоа? Затоа што само за тоа го бива.

Даг е богат како македонски стечаец, паметен како македонски средношколец и грд ко’ к.. Единственото нешто во кое акцелерира од другите луѓе е уникатноста и деликатноста на вештината на „мењање личен опис“ на други дечки. Каде Даг мавнал/прошол трева не расти.

Но, во душа, Даг е само еден обичен буљаш, кој само бара место под сонцето, каде ќе почувствува дека припаѓа. Тој доаѓа од богато и образувано еврeјско семејство, но самиот се доживува како Eвреин колку што Mакедончето се гледа себе како граѓанин на својата држава. Неговиот брат, кој иако е хомосексуалец, е поприфатен од него, само затоа што заработува дебела пара. Неговите татко и мајка едноставно не го признаваат за син. Затоа Даг, се чувствува како вонземјанин и неговата персона е во длабока регресија.

Негов единствен другар е полулудиот Рајан, со кој го дели својот интерес за единствениот спорт во кој тепањето меѓу играчите е (речиси) дозволенo,

Хокејот. И така, кога во една прилика, Рајан и Даг ќе гледаат хокеј утакмица, седнати во предната ложа, еден дрзок хокејаш, ќе го нападне Даг со навреди дека брат му е геј и слично и Даг сакајќи да ја одбрани честа на неговиот брат, прописно ќе го ИЗЏИГЕРИ невоспитаниот играч (абе, ќе го скрши од мавање).

Кога тренерот на тимот ќе забележи како јаде ќотек неговиот најсилен играч, ќе се заинтересира за Даг и уште наредниот ден, ќе го побара по телефон за да му ја понуди, шансата на животот: да игра... не... поточно, да тепа, за неговиот хокеј тим.

Даг прифаќа без размислување и неговиот живот конечно добива смисол. Даг е ѕверската фурија на мразот. Нема поим од хокеј, нема поим од лизгање по мраз, но она што го разбира и го сфаќа како животна мисија, е да го заштити својот тим од противничкиот, растурајќи ги неговите редови со челична тупаница. Пробивајќи си го патот со тупаници, лакти и колена, низ купови искршени и крвавави коски, заби, ГЛАВИ... Даг успева да стигне и да „заигра“ во

Page 45: Револуција магазин бр. 76

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

45

Artvizor

BR.76

Националната Хокејска Лига на мајката на хокејот, Канада... Да, Канада! Госпо’ да ја благослови, како во нивната химна, за овој редок и крваво-црвен, скапоцен камен од филм. Значи, ова е -најсмешниот, најбруталниот, најкрвавиот, најсуровиот, најСИРовиот, спортски филм што сум го гледал во живот. И целата крвавица од прича, е раскажано толку верно, толку забавно и возбудливо, што едноставно не ве остава да земете здив. И ликот на Даг, инспириран според вистински хокејаш, е толку добро осмислен и доловен од страна на Шон Вилијам Скот. Тој е инаку Стифлер од хит комедиите Американска Пита.

Инаку, велам најсмешниот, бидејќи колку што се хеморагични тепачките сцени, толку се смешни и комичните:

- Кога Даг ќе се смува со една цура и ќе дознае дека она уствари имала фраер, ќе отиде дома кај дечкото и ќе го моли на колена да му прости што му ја земал женската; и сеа замислете човек од два метра, како моли и плаче за прошка (I’m sorry… I’m so, sorry), цел модар, клекнат во снег, додека другиов, „големиот тепач“ го млати Господ во него. Сурово, драматично и смешно. Сè во едно. И сега, сигурен сум дека полно префинети личности ќе реагираат на бруталноста на филмот и можеби дури на рецензијава која го фали. Но, сепак, јас сметам дека треба да го видите. Најдобро се проценува, кога со свои очи и уши ќе се обработи нечие дело.

Се читамеКонечна оценка 9,5/10

Владимир Неделковски

(За да не се наруши автентичниот стил на авторот, текстот не е редактиран)

Page 46: Револуција магазин бр. 76