27
Univerzitet Sv .Kliment Ohridski Bitola Fakultet za turizam i ugostitelstvo Ohrid Seminarska rabota Po predmetot: DELOVNO PLANIRAWE Na tema: ДЕЛОВНО ПЛАНИРАЊЕ 1

деловно планирање

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: деловно планирање

Univerzitet Sv .Kliment Ohridski Bitola

Fakultet za turizam i ugostitelstvoOhrid

Seminarska rabota

Po predmetot:

DELOVNO PLANIRAWE

Na tema: ДЕЛОВНО ПЛАНИРАЊЕ

1

Page 2: деловно планирање

Содржина

1. Вовед:

2. Целите во процесот на планирање

3. Нивоа на цели/планови и нивна важност

4. МИСИЈА; ВИЗИЈА:

5. SWOT анализа

6. Класификација на плановите

7. Стратегиски и оперативни планови

8. Еднократни и трајни планови

9. Краткорочни и долгорочни планови

10. Бизнис план

11. Содржина на бизнис планот

12. Користена литература

2

Page 3: деловно планирање

Вовед:

Разумниот процес кој го насочува човековото однесување кон рационално

постигнување на однапред поставена цел е планирање. Многу автори во стручната

литература ја заемаат за предмет потребата и значењето на деловното планирање.

Потребата да се планираат активностите на претпријатието произлегува од

окружувањето и неговата динамика. Концептот на деловното планирање има свој

долг еволутивен развој. Тој минал низ многу фази. Исто така можат да се истакнат

повеќе карактеистики кои ја сочинуваат природата на деловното планирање.Пред

се, тоа е ментална активност на менаџерите, дејност со која тие размислуваат за

развој на претипријатието. Деловното планирање во својот состав ја вклучува и

деловната политика на претпријатието. Менаџерите пред да запоčнат била каква

активност планираат односно најнапред поставуваат цели кои тежнеат да ги

исполнат, начини на кои ćе ги остварат истите, средствата, во кое време и слично.

Во денеšните услови на стопанисување кои се карктеризираат со големи

технолошки промени, зголемена неизвесност во работењето, зголемена

конкуренција планирањето претставува неопходност и неизбежност. Една од

примарните одговорности на менаџерите е да одлучат каде огранизацијата треба да

оди во иднина и како да стигне таму. Но тоа значи дека менаџерите планираат за

иднината на претпријатието во постојаното променливо окружување-економско,

политичко, техничко итн. Притоа, тоа значи дека промените не треба да се

игнорираат, бидејќи на тој начин претпријатието нема да бележи прогрес и ќе

пропадне. Претпријатието мора промените да ги антиципира, да се бори ид а ги

искористива, за да преживее. Планирањето е примарна функција на управувањето

со оганизацијата во која што се донесуваат плански одлуки за целите, политиките и

плановите. Првиот финален производ на процесот на планирање се целите односно

тоа е резултатот кој организацијата се стреми да го оствари. Вториот финален

производ се политиките како начини на кои што целите на најефикасен начин ќе

бидат остварени. И, третиот финален производ се плановите кои претставуваат

конкретизација на целите и на деловната плитика, во кои квалитативно и

квантитавно се прецизирани задачите за престојниот период, носителите на

3

Page 4: деловно планирање

одговорноста за нивното извршување. Сите задачи опфатени во планот мора да

бидат материјално, капацитетно, кадровски, пазарно и финансиски избалансирано,

односно за нив да е докажана можноста за обезбедување на суровини и материјали,

капацитет, обртни средства, пласман во земјата или надвор и работна рака.

Терминот политика го наоѓа своето етимолошко значење и потекло во

грчките зборови “ polis” што значи град, држава, и “ politicos” со кој се искажува

водење на јавните, државните работи. Плановите се крајниот производ во процесот

на деловното планирање и во нив се конкретизираат поставените цели преку

квантативно и квалитативно поставени задачи што треба да се извршат во одреден

временски интервал. Во процесот на планирање се користат голем број на методи и

техники, па некои од нив имаат традиционален карактер.

Целите во процесот на планирање

Целите и плановите станаа општ концепт во нашето општество. Целта претставува

посакувана идна состојба која организацијата настојува да ја оствари. Целите се

битни бидејќи организациите егзистираат за определена намера, а целите ја

дефинираат и ја прикажуваат таа намера. Планот претставува скица, средство за

постигнување на целта и ги специфицира потребните распореди, задачи, алокација

на ресурсите, како и определени други активности. Целите специфицираат идни

краеви; плановите специфицираат денешни средства. Зборот планирање обично ги

инкорпорира двете идеи; ги детерминира организациските цели и дефинира

начини, односно средства за нивно постигнување.

4

Page 5: деловно планирање

Нивоа на цели/планови и нивна важност

Прилогот1 илиустрира нивоа на цели и планови во организацијата. Процесот на

планирање започнува со формалната мисија која ја дефинира причината на

поостоење на организацијата, особено за екстерната јавност. Мисијата е основа за

стратегиско(на ниво на компанијата) ниво на цели и планови, според која се

формира тактичкото(на ниво на главни сектори и функции) ниво и оперативното(на

ниво на департмани, одделенија) ниво на цели и планови. Врвните менаџери

обично се одговорни за поставувањето на стратегиски цели и планови. Тактичките

цели и планови се одговорност на средните менаџери, на функционалното ниво.

Оперативните планови идентификуваат специфични процедури или процеси

потребни за пониските нивоа на организацијата, како што се индивидуални

департмани, сектори, одделенија, вработени. Менаџерите на пониско ниво и

супервизорите развиваат оперативни планови кои се фокусираат на специфични

задачи и процеси кои помагаат да се остварат целите на средно и високо ниво,

односно тактичките и стратегиските планови, а со тоа остварување на мисијата на

претпријатието.

5

Page 6: деловно планирање

Мисија;визија

МИСИЈА------------------------------------------------------------------------>

"Засекогаш"

ВИЗИЈА ---------------------------------------->

3 - 5 години

Мисија

Стратегиски цели/планови

Врвно ниво

Тактички цели/планови

Средно ниво

Оперативни цели/планови

Пониско ниво

Eksterni porakiPrepoznatlivost zainvestitori, snabduvaчi,potrошuvaчi i dr.

Interni porakiPrepoznatlivost,motivacijaracionalnоst,standardi

6

Page 7: деловно планирање

Вредности : принципи, стандарди или квалитети кои го претставуваат системот во

кој се верува и убедувањата на индивидуалецот и/или организацијата која ги

негува. Вредностите на една организација можат но и не мора да бидат отворени/

јавни.

МИСИЈА: Широк опис на она што го работиме, со кого и за кого тоа го работиме

и ЗОШТО тоа го правиме.

Ефективниот исказ на мисијата во себе содржи одговор на три прашања:

• За што постои организацијата?

• Која е целта на организацијата?

• Како организацијата ја исполнува својата задача/функција?

ВИЗИЈА: Дава опис на она како сакаме организацијата да изгледа во идеални

услови во иднината – резултатите кои ќе ги постигниме и карактеристиките кои

организацијата треба да ги поседува со цел да се остварат тие резултати. Изјавата

за визија ни дава насоки и инспирација за поставување на целите на

организацијата. Визијата се развива од основните вредности и принципи како што

се искажани во текстот на мисијата. Мисијата ја опишува желбата, посакуваната

иднина на организацијата. Визијата одговара на прашањето: „Како навистина

сакаме да изгледаме?“, и нуди можност да се креира иднина која можеби и никогаш

нема да се оствари.

* Визијата ги канализира нашите вредности во работното опкружување

* Изјавата за визија претставува израз на оптимизам и надеж

Што е визија:

• Визиите претставуваат соништа и надежи кои ни изгледаат реално. Тие се она

што длабоко веруваме дека ќе се случи во иднина, и произлегуваат од нашите

суштински животни искуства. Визиите го надминуваат она што ни е на дофат

и често изгледа дека е невозможно да се остварат. За нивно остварување

7

Page 8: деловно планирање

потребно е луѓето да ја прескокнат реалноста и стигнат до посакуваната

иднина.

• Секој од нас носи во себе одредено ниво на предвидување и надеж за иднината.

Со овие моменти во нашата свест, како делови од сложувалка, доаѓаме на

планирачката сесија. Секое индивидуално парче од сложувалката е потребно

за да се креира Споделена Визија на целата група.

• Понекогаш визијата е многу јасна, а друг пат повеќе изгледа како збир од чувства

и е тешко да се изрази прецизно.

Што не е визија:

• Визијата не е мисија. Мисијата претставува изјава за тоа за што организацијата

постои, во која област делува.

• Визијата не е цел. Целите се дел од стратегиите и тактиките, и се насочени кон

остварување на крајот на планирачкиот процес. Целите се мерливи, реални и

остварливи, и зависат од надворешни фактори, додека визијата е она што го

носиме во нас.

Како функционира визијата:

Нашите визии се многу моќни и не мотивираат. Произлегуваат од нашата потсвест

и имаат карактеристика на светост. Кога визиите се претставени објективно, тие ни

даваат енергија и посветеност. Луѓето кои ги побиваат сопствените визии ја губат

врската со самите себе. Тие ја губат мотивацијата и стануваат негативни. Нашите

визии растат како што растеме и ние. Процесот на визионирање е динамичен

процес и преку него постојано ја редефинираме споделената визија како што

сметаме дека треба да биде.

8

Page 9: деловно планирање

SWOT

Следниот чекор во процесот на стратешко планирање претставува анализа на

ситуацијата или SWOT анализа. Тоа претставува често употребувано менаџмент

орудие во функција на креирање анализа на глобалната ситуација на

организацијата.

SWOT е кратенка од англискиот јазик, во која буквите се однесуваат на следните

поими:

S-strengths – ВНАТРЕШНИ СИЛНИ/ЈАКИ СТРАНИ

W-weakness – ВНАТРЕШНИ СЛАБОСТИ

O-opportunities – НАДВОРЕШНИ МОЖНОСТИ

T-threats – НАДВОРЕШНИ ЗАКАНИ

Овој систем треба да претставува баланс помеѓу, од една страна внатрешните

силни и слаби страни на организацијата, со надворешните закани и можности, од

друга страна.

Класификација на плановите

Стратегиските планови дефинираат чекори со кои компанијата се обидува да

постигне стратегиски цели, за тоа каде организацијата сака да биде во иднината.

Стратегискиот план претставува скица која дефинира организациски активности и

алокација на ресурси-во форма на готовина, персонал, простор и способности-

барани да ги пресретнат овие цели. Стратегиското планирање е долгороčно

насоčено и може да дефинира организациски акциони чекори од две до пет години

во иднина. Користа од стратегиското планирање е да ги претвори организационите

цели во реалноста во текот на тој период на време.

9

Page 10: деловно планирање

Стратегија

Поимот стратегија потекнува од старогрчкиот јазик, и во основа под него се

подразбира главна насока. Овој концепт е со векови стар и првично е развиен од

воените структури. Во тој контекст под стратегија се подразбира маневрирање на

трупите/војската во одредени позиции, односно распоредување на силите пред

непријателот да превземе конкретни чекори. Кога непријателот ќе ги направи

своите чекори, вниманието се префрла врз тактиките, односно конкретното

ангажирање на силите на теренот.

Ако го замениме поимот трупи/војска со поимот ресурси, веќе започнуваме со

адаптација на овој концепт во современи услови на деловно опкружување и

граѓанско општество, каде што е и нашиот најголем интерес.

Стратешко планирање

Нашето работно секојдневие бара од нас постојано да размислуваме и се

однесуваме стратешки. Многу често сме исправени пред предизвиците да носиме

одлуки од кои зависи нашата иднина и постојано да се адаптираме на промените

околу нас.

Во таа насока стратешкото планирање е методологија преку која, врз основа на

вредностите во кои веруваме ја дефинираме мисијата на организација, потоа ја

визуелизираме иднината кон која сакаме да се движиме, ја анализираме

целокупната ситуација и предизвиците во кои нашата организација опстојува,

одредуваме приоритети кои треба да одговорат на предизвиците, дефинираме цели

преку кои ќе ги реализираме приоритетите, одредуваме и спроведуваме конкретни

акции за исполнување на целите и на крај вршиме ревизија на постигнатото.

Тактичките планови се дизајнирани да помогнат да се извршат стратегиските

планови и да се постигне специфичен дел од стратегијата на компанијата. Типично,

тактичките планови имаат пократок временски хоризонт отколку стратегиските над

една година.

10

Page 11: деловно планирање

Оперативните планови се развиени на пониските нивоа на организацијата кои

специфицираат акциони чекори за постигнување на оперативните цели и да ги

подржат тактичките планови. Оперативниот план е секторско средтво на

менаџерите за дневните и неделните операции. Целите се дадени во квантитативни

термини, и планот на одделението опишува како целите ќе бидат постигнати.

Оперативното планирање опфаќа планови на супервизорите, секторските менаџери

и на индивудуалните вработени. Распоредите се битна компонента на оперативното

планирање. Табелите дефинираат временски рамки за комплементирање на секоја

оперативна цел потребна за организациските тактички и стратегиски цели. Исто

така, оперативното планирање мора да биде координирано со буџетот, бидејќи

алокацијата на ресусите мора да биде според потребните активности.

СТРАТЕШКИ ПРИОРИТЕТИ: Широки изјави за она што организацијата се

надева дека ќе го постигне во наредните 3-5 години. Стратешките приоритети се

фокусираат на резултати кои имаат квалитативна природа.

ЦЕЛИ: Специфични, конкретни и мерливи изјави за она што ќе се направи во

насока на остварување на стратешките приоритети за период од една година.

АКТИВНОСТИ: Конкретни мерки и акции кои треба да се превземат во насока на

остварување на целите.

11

Page 12: деловно планирање

СТРАТЕГИСКИ И ОПЕРАТИВНИ ПЛАНОВИ

Планови кои одговараат на целата органиџација,каде што се утврдени сите

организациски цели и каде што е определена позицијата на организацијата во

нејзината околина, се наречени стратегиски планови. Планови кои специфицират

детали за тоа како сите цели треба да се постигнат, се наречени оперативни. Како

се разликуваат стратегиските и оперативните планиви? Три разлики се

идентификувани: временска рамка, ширина и дали или не вклучуваат знаење за

организациските цели. Оперативните планови покриваат пократок период на време.

На пример, месечни, неделни и секојдневни планови се речиси секогаш

оперативни. Стратегиските планови покриваат поширок временски период -

обично пет години и повеќе. Тие исто така покриваат поширок поглед за

организацијата и се справуваат со специфични области. Конечно, стратегиските

планови вклучуваат формулирање на целите, додека оперативните планови ги

присвојуваат постоечките цели. Оперативните планови дефинираат начини за

постигнување на целите.

Еднократни и трајни планови

Постојат многу дивергентни стојалиша кога станува збор за видовите и

класификација на плановите. Генерално постојат два вида на планови: еднократни

и трајни.

Еднократните планови се развиени за постигнување на цели за кои не постои

веројатност дека ќе бидат повторени во иднина. Трајните планови се

континуирани планови кои се користат за да обезбедат насочување при

извршување на повторливи задачи во претпријатието.

12

Page 13: деловно планирање

Еднократни планови Трајни планови

· Програм· Планови за постигнување на еднократниорганизациски цели· Главното превземање може да трае неколкугодини за комплетитање· Голем делокруг: може да бидат содржаниповеćе проекти

Примери: Изградба на нов главен штабПретворање на сите хартиенифајлови во дигитални

· Проект· Исто така сет од планови за постигнувањена едникратна цел· Помал делокруг и компликасност одпрограмот; помал временски хоризонт· Čесто еден дел од поголем програмПримери: Реновирање на канцеларијаПоставување на интернет

· Политика· Šирок делокруг - главен водишч кон акција· Базирана на сите организацискицели/стратегиски план· Дефинира граници во кио ćе се донесуваатодлукиПримери: Политика за употреба на интернет и е-маил

· Правило· Мал делокруг· Опишува како специфична акција треба да сеизврšи· Моžе дасе употребува во специфична околинаПримери: Правило за забрането јадење навработените на места во компанијата каде што тиесе видливи за јавноста

· Процедура· Понекогаш се нарекуваат стандардниоперативни процедури· Дефинира точно одредена серија на чекори запостигнување на оределена цел.

13

Page 14: деловно планирање

КРАТКОРОЧНИ И ДОЛГОРОЧНИ ПЛАНОВИ

Според временската димензија за која се однесуваат плановите можат да се

класифицираат на два типа: долгорочни и краткорочни планови. Долгорочен план

обично се однесува за период од пет и повеќе години и содржи општа ориентација,

правци на развој, планирана алокација на ресурсите, конкурентски предности со

кои претпријатието ќе се разликува и друго. По правило догорочниот план има

стратегиски карактер и се однесува на врвното ниво каде што се донесуваат

релативно трајни одлуки. Тој треба да содржи дефинирање на идниот делокруг

(производи, потрошувачи, локација, конкуренција), насоки за активностите на

претпријатието, планирана алокација. Краткорочниот план се донесува за период

обично од дванаесет месеци и со него се врши конкретизација на задачите. Тие

претставуваат етапа за остварување на петгодишниот план како и, начин за

оптимално приспособување на претпријатието кон актуелната состојба на пазарот

и кон моменталното дејство на останатите фактори на работење. Финансиските

аналитичари традиционално опиšуваат враćање на инвестициите за краток,

посреден и долг период. Краткорочниот покрива период помал од една година.

Секој период подолг од пет години се смета за долгорочен. Посредниот период е

секој период помеѓу нив.

Бизнис план

Бизнис планот е документ каде е поврзано се она што го сочинува еден работен фат

– што ќе се работи и по која технологија, на кој пазар ќе се пласира производот или

услугата, каква е конкуренцијата, која е предноста на вашиот производ, односно

услуга во однос на конкурентните, како и економската и финансиската страна на

целиот бизнис. Голем е бројот на оние кои веруваат дека имаат вистинска бизнис

идеја, за која би имал потенцијал вистинскиот бизнис.  За да се утврди, со што е

14

Page 15: деловно планирање

можно поглема веројатност, дали тој потенцијал навистина постои, одрдена бизнис

идеја мора да се анализира од секој можен агол со цел тој потенцијал да се докаже. 

Тоа се светски признати стандарди, треба само да се придржуваме до нив.

Сопствените грешки можат да се избегнат така што ќе се усвои она што во светот е

веќе докажано како добро.  Заблудите и илузиите не се добар партнер во бизнисот!

Во приватниот бизнис, по правило судбината се дели на она што е веќе направено. 

Многу немаат јасна визија за тоа по кој пат треба да одат и каде нивното

претпријатие или бизнис треба да се најде за две, три или пет години.  За да се

предупредат на многубројните и разновидни ризици, мора да се има јасна идеја за

она што треба да се работи и да се предвиди што може да се очекува во наредниот

период.  Таквиот пристап во работата ќе помогне благовремено да произлезат

алтернативи за различни ситуации кои можат да настапат, и како би се реагирало

на прав начин.

Постојат одредени теми (содржини) кои секој бизнис-план мора да ги содржи во

себе, на пример: со што ќе се занимава бизнисот, кои се клиентите, која е

конкуренцијата, како ќе се одредуваат цените, кои се финансиските показатели и

предвидувања, колкави се вкупните приходи и трошоци и сл.

Содржина на бизнис планот

1.      ИЗВРШНО РЕЗИМЕ

 

2.      ОПИС НА БИЗНИС-ИДЕЈАТА И КОМПАНИЈАТА

·         Опис на бизнис-идејата

·         Правен статус на компанијата

·         Сопственост на компанијата

15

Page 16: деловно планирање

·         Членови на тимот/менаџментот

·         Локација

·         Просторни и технички капацитети

 

3.      ВИЗИЈА, МИСИЈА, ЦЕЛИ

·         Мисија

·         Визија

·         Долгорочни цели

·         Краткорочни цели

4.      ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

·         Опис на производите / услугите

·         Предности на производите /услугите

·         Придобивки за клиентите

·         Конкурентска споредба

·         Снабдувачи

·         Развојни планови

16

Page 17: деловно планирање

5.      АНАЛИЗА НА ПАЗАРОТ И КОНКУРЕНЦИЈАТА

·         Обем на пазарот

·         Сегментација на пазарот

·         Специфики на пазарните сегменти

·         Анализа на конкуренцијата

·         Развој на пазарот

6.      СТРАТЕГИЈА НА КОМПАНИЈАТА

·         Позиционирање на пазарот

·         Стратешки партнерства

·         Дистрибутивни канали

·         SWOT Анализа на компанијата

7.      МАРКЕТИНГ И ПРОДАЖБА

·         Маркетинг-стратегија

·         Маркетинг микс

·         Стратегија на цени

·         Промотивни активности

17

Page 18: деловно планирање

·         Продажба

·         Грижа за корисниците

8.      МЕНАЏМЕНСКИ ТИМ  И ОРГАНИЗАЦИЈА

·         Менаџмент-тим

·         Способности и стручност на менаџментот

·         Организациска структура

·         Улога и задачи на вработените

·         Менаџирање на човечките ресурси

·         План за развој на човечките ресурси

9.      ФАКТОРИ НА УСПЕХ И РИЗИЦИ

·         Фактори за успех

·         Можни ризици за бизнисот

10. ФИНАНСИСКИ ПРЕДВУДУВАЊA

 

·         Потребни инвестиции

·         Распоред на инвестициите

18

Page 19: деловно планирање

·         План на приходите

·         План на трошоците

·         Точка на рентабилноста

·         Готовински тек

·         Биланс на успех

·         Биланс на состојба

19

Page 20: деловно планирање

Користена литература

“Деловно планирање со примена во осигурителните

компании” – проф. Д-р. Лидија Симонческа

http://www.google.com

http://seebiz.net.mk/

20