6
Едгар Алан По „Гарванот“ Едгар Алан По (1809-1849) Едгар Алан По е роден во Бостон, САД. Откако таткото ги напуштил, мајка му починала кога тој имал две години, па бил неофицијално посвоен од богатиот трговец Џон Алан. Пет години живееле во Англија и таму го започнал своето школување. Кога студирал во Вирџинија дошол во конфликт со потаткото и ја изгубил неговата материјална поткрепа. Оттогаш се обидувал да се осамостои, почнал да пишува и објавува стихозбирки. Две години бил во американската армија, за потоа целосно да и се посвети на литературата. Работел како публицист и уредник на повеќе списанија, но цел живот бил сиромашен и гладен. По смртта на неговата млада сопруга тој ќе се растрои и ќе му се оддаде на алкохолот и дрогата. Живеел во агонија, работел многу, претчувствувајќи ја блиската смрт. По е автор на поетските книги: „Тамерлан и други песни“, „Аларааф Тамерлан и помали песни“, „Песни“, „Гарванот и други песни“; книгите куса проза: „Раскази, гротески и арабески“, „Раскази“; новелата: „Доживувањето на Артур Гордон Пим“; а во последниот период од животот ги напишал песните: „Ѕвона“, „Анабел Ли“, „За Ани“. Популарноста прво ја стекнал во Европа, преведуван од Шарл Бодлер, а потоа и во целиот свет. Гарванот Еднаш, среде полноќ една, покрај стари книги седнат, дури водев в соба бледна со тајната ука спор, дури дремлив тонев в скука, зачув некој тропнеж тука, зачув некој како чука на портата однадвор. „Некој гостин“ — реков, — „чука на портата однадвор!“ Тоа сал и ниту збор! Ах, си спомнам многу јасно: в декемвриска вечер касна, жарта в пепелта што згасна го засени мојот взор. Жедно утрото го пекав; од книгите штуро чекав

Едгар Алан По

Embed Size (px)

DESCRIPTION

abc

Citation preview

Page 1: Едгар Алан По

Едгар Алан По „Гарванот“

Едгар Алан По

(1809-1849)

Едгар Алан По е роден во Бостон, САД. Откако таткото ги напуштил, мајка му починала кога тој имал две години, па бил неофицијално посвоен од богатиот трговец Џон Алан. Пет години живееле во Англија и таму го започнал своето школување. Кога студирал во Вирџинија дошол во конфликт со потаткото и ја изгубил неговата материјална поткрепа. Оттогаш се обидувал да се осамостои, почнал да пишува и објавува стихозбирки. Две години бил во американската армија, за потоа целосно да и се посвети на литературата. Работел како публицист и уредник на повеќе списанија, но цел живот бил сиромашен и гладен. По смртта на неговата млада сопруга тој ќе се растрои и ќе му се оддаде на алкохолот и дрогата. Живеел во агонија, работел многу, претчувствувајќи ја блиската смрт.

По е автор на поетските книги: „Тамерлан и други песни“, „Аларааф Тамерлан и помали песни“, „Песни“, „Гарванот и други песни“; книгите куса проза: „Раскази, гротески и арабески“, „Раскази“; новелата: „Доживувањето на Артур Гордон Пим“; а во последниот период од животот ги напишал песните: „Ѕвона“, „Анабел Ли“, „За Ани“.

Популарноста прво ја стекнал во Европа, преведуван од Шарл Бодлер, а потоа и во целиот свет.

Гарванот

Еднаш, среде полноќ една, покрај стари книги седнат,

дури водев в соба бледна со тајната ука спор,

дури дремлив тонев в скука, зачув некој тропнеж тука,

зачув некој како чука на портата однадвор.

„Некој гостин“ — реков, — „чука на портата однадвор!“

Тоа сал и ниту збор!

Ах, си спомнам многу јасно: в декемвриска вечер касна,

жарта в пепелта што згасна го засени мојот взор.

Жедно утрото го пекав; од книгите штуро чекав

спас од болот што ме штрека, бол по еден редок збор,

збор Ленора, свидна мома, тој ангелски убав створ,

таа вечна неизгор.

Page 2: Едгар Алан По

А завесата од свила, в пурпур сета што се слила,

грозен шум во себе скрила. На ужас е чиниш створ!

Па, срцето дури бие, јас го молам да се свие:

„Некој гост е што се крие пред портата однадвор —

доцен гост е што се крие пред портата однадвор“ —

Тоа сал и ниту збор!

Веднаш срдито се вденав, мигум својот глас го кренав:

„Човек ли сте или жена, простете е мојот збор;

врз клепкиве дремка стежна а пак вие в ноќва мрежна

затропавте толку нежно на портата однадвор“ —

тоа реков, порти ширум отворив и пратив взор —

надвор мрак и ниту збор!

Длабоко во мракот страшен долго стоев втренчен, вџашен,

сонувајќи сон незнаен ни на еден смртен створ;

Спокој секаде се свлече, мирнотија в ноќта тече,

збор единствен што се рече беше тажен, шепнат збор,

збор Ленора, што низ ехо се врати во одговор.

Тоа сал и ниту збор!

В собата штом дојдов назад, сетив: морници ме лазат,

зачув некој како чука пак со удар тап и спор.

Па си реков: „Дај, ќе идам до прозорецот, да видам,

треба сигурен да бидам таен ли е некој створ! —

Да се смирам сал за малку од тропнежот однадвор!“ —

Вон сал ветер развигор.

Панѕурите штом ги турнав, преку мене нешто јурна,

низ прозорецот се турна Гарван горд со темен взор.

Ни да климне глава само, ни да запре в таа штама,

Page 3: Едгар Алан По

но со лик на лорд ил дама ко што дојде однадвор,

врз бистата на Палада, над вратата, овој створ

летна, седна и ни збор!

И со таа птица света, што пред малку тука слета

одважна и строга сета сега, почнав чуден разговор:

„Бувка немаш да се реси, сепак плашливка ти не си,

грозно, страшно сениште си, Брегот Ноќен ти е двор —

речи, какво име носиш во Плутоновиот хор?“

Тој сал гракна: ”Nevermore!“

Станав плен на почудица, кога таа грда птица

ја чув како зборна в мракот сосем јасен одговор!

Никој смртен жив створ вака, среде глува ноќна мрака,

не чул птица да му грака и му праќа огнен взор —

птица или друга лишка да му праќа огнен взор

со збор еден: ”Nevermore!“

Гарванот, штом седна таму, еден збор тој гракна само

в душа божем тој збор може сам да начне разговор.

Друго појќе ни да каже, ни да пафне пердув влажен,

дур не сронив мрмор тажен: „Осамен сум долго створ.

И ти како мојта надеж исчезнат ќе бидеш створ!“

Тој сал гракна: ”Nevermore!“

Изненаден, мигум трепнав, од одветот негов сепнат,

„Сомневање нема“, шепнав, „Се е тоа празен збор.“

Од несреќен стопан сметен, кого Пропаст зла го сплете

и го следи уште, ете, до песните преумор,

тажачките песни, припев на Надежта непрегор

од вечното ”Nevermore!“

Page 4: Едгар Алан По

Но Гарванот грак што срони, макар тажен, в смев ме гони,

па на столот седнав сонлив со втренчен во него взор;

Врз кадифе глава веднам, но ми тежи мисла една,

мисла тажна, бледна: „кој е овој зловест створ?

Овој кобен страшен хишник каков ли е судботвор

со своето ”Nevermore!“

В плен на такви мисли седев, птицата со глед ја следев,

без да речам ниту еден, дури ниту еден збор;

В плен на такви мисли вивнат, понабргу потем стивнав

и врз кадифе да здивнам, се отпуштив нем и спор,

врз кадифето кај Она нема веќе ко жив створ

Пак да седне, ”Nevermore!“

Одненадеж ми се чини, мирис воздухот да прими,

божем крилни серафими кадат тамјан беспрекор;

„Страдалнику“, реков тогај, „Ова дар ти е од бога;

па ангели тој ти пратил мир и непент којшто мати.

Испиј го и тогај мора да ја заборавиш Ленора!“

Грак се слушна: ”Nevermore!“

„Пророку“, му реков право, „птица ли си или ѓавол!

Сеедно е кој те пратил! Сотона ли друг ли створ!

Полн со очај, смел и злобен, дојден ваму в крајов кобен,

в дом кај цари ужас гробен, дај ми искрен одговор:

Речи, дали Гилеада има цер за тој што страда?“

Тој сал гракна ”Nevermore!“

„Пророку“, му реков право, „птица ли си или ѓавол!

Те колнам во тој што в светот владее над секој створ!

Page 5: Едгар Алан По

Речи и на мојва душа, која јадови ја гушат,

дали повтор ќе ја гушка Ленора со вљубен взор?

Дали пак во далек Еден ќе прегрне свиден створ?“

Грак се слушна ”Nevermore!“

Нека биде тој збор сега збор разделбен а не шега,

птицо или враже, бегај во Плутоновиот двор!

Не оставај пердув траги, спомени од твојте лаги,

остави ме в мисли драги, престани со твојот збор!

Од срцево извади го клунот свој, тој слун на нор!

Грак се слушна: ”Nevermore!“

А Гарванот ни да претне, ниту пак за миг да летне

од бистата на Палада, туку како кобник створ

над портата бдее, молчи, со поспани демон - очи,

и врз подот сенка дрочи, без да гракне ниту збор;

И врз таа сенка - тема, душава, знам, веќе нема

да се крене. ”Nevermore!“

Мотивот во песната „Гарванот“ е смртта на љубената. На почетокот од песната е прикажан осамениот и разочаран поет, кој во депресивна атмосфера и време (полноќ, декември), се обидува да најде спас од мислите што го прогонуваат, од мислите за неговата сакана која повеќе ја нема.

Меѓу сонот и јавето, меѓу реалноста и халуцинацијата, слуша тропање и се надева дека ќе најде соговорник кој ќе ја ислуша неговата мака. Но, во собата влетува црно сениште - гавран, кој горделиво се сместува врз бистата на Палада (божица на мудроста). Гавранот е симбол на смртта, но и на поетовото второ јас, па затоа во својот безизлез и очај започнува разговор со него. Тоа е всушност монолог на поетовата растргана душа. Бара помош, напиток за заборав, бара уште еднаш да ја види, уште еднаш да ја допре, да ја гушне - и добива одговор на своите молби - никогаш повеќе. Неговиот соговорник, гавранот, постојано му го повторува тоа - никогаш повеќе. За на крајот, очајно, песимистички да заклучи дека нема надеж за неговата болна душа.

Во врска со оваа песна Едгар Алан По го напишал есејот: „Филозофија на композицијата“ во кој ни ја открива својата поетска постапка. Тој образложува дека многу рационално ја обмислил темата и начинот на изложување. За да биде впечатлива, се определил за убавината, за да биде поетична - за тагата и спојувајќи ги тие две нешта дошол до мотивот за смртта на саканата прекрасна жена. Во потрагата по техничко решение за стожерот околу кој ќе се врти целата градба, заклучува дека треба да има збор кој свечено и издолжено се изговара и треба да ги содржи „о“ и „р“. Така доаѓа до зборот ”Nevermore“. За да се повторува и изразот да биде посилен, прво си помислил да разговара со папагал, но доаѓа до прекрасното решение за гавранот, кој освен што ќе повторува, претставува и симбол на нешто лошо, злокобно, на смрт. Исто така, при конструкцијата, тој започнал од кулминацијата, односно од

Page 6: Едгар Алан По

прашањето што му го поставува на гавранот, а чиј одговор веќе го знаел - дали повторно ќе ја држи во прегратките својата сакана?; а дури потоа се враќа на почетокот и воведот во дејството.

,,Гарванот‘‘ е напишана пред смртта на неговата жена, така да мотивот за стиховите сигурно не е од неговиот личен живот.

Инаку самиот По дава објаснување и анализа за тематиката во ,,Философија на композицијата‘‘, еден од неговите есеи од значење за теоријата на литературата.

,,Се прашав самиот себеси- од сите најтажни теми која би била, според општо мислење, најтажна? Сосема разбирливо, одговорот беше смртта. А, кога таа најтажна тема би била и уште попоетична -се прашував понатаму. Кога ќе се поврзе со убавината...Според тоа, смртта на убавата жена е, без колебање, најпоетична тема на светот.‘‘