36
ХАРДВЕРСКИ ДЕЛОВИ НА КОМПЈУТЕРОТ , ФУНКЦИОНАЛНОСТ И КАРАКТЕРИСТИКИ

Хардверски делови на компјутерот , функционалност и карактеристики

  • Upload
    keefe

  • View
    99

  • Download
    5

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Хардверски делови на компјутерот , функционалност и карактеристики. ХАРДВЕР (HARDWARE) е машинскиот дел на компјутерот, односно неговите делови. Хардверот е поделен на: -         ЦЕНТРАЛНА ЕДИНИЦА -         ПЕРИФЕРНИ ЕДИНИЦИ. Централната единица е сместена во метална кутија или куќиште. - PowerPoint PPT Presentation

Citation preview

ХАРДВЕРСКИ ДЕЛОВИ НА КОМПЈУТЕРОТ ,

ФУНКЦИОНАЛНОСТ И КАРАКТЕРИСТИКИ

ХАРДВЕР (HARDWARE) е машинскиот дел на компјутерот, односно неговите делови.

Хардверот е поделен на:-         ЦЕНТРАЛНА ЕДИНИЦА-         ПЕРИФЕРНИ ЕДИНИЦИ

Периферните единици се поделени на:-         ВЛЕЗНИ ЕДИНИЦИ-         ИЗЛЕЗНИ ЕДИНИЦИ-         ВЛЕЗНО-ИЗЛЕЗНИ ЕДИНИЦИ

Централната единица е сместена во метална кутија или куќиште

ВО КУЌИШТЕТО СЕ СМЕСТЕНИ СЛЕДНИТЕ ДЕЛОВИ НА КОМПЈУТЕРОТ:

матична плоча процесор внатрешна меморија (RAM, ROM) cache (кеш) меморија хард диск диск единица (DVD-R/W) дел за напојување со електрична енергија графичка картичка звучна картичка мрежна картичка влезно-излезни магистрали

МАТИЧНА ПЛОЧА

Матичната плоча, е прицврстена на долната страна кај хоризонталните куќишта или на една од вертикалните страни кај вертикалните куќишта.

Задача поврзување на сите делови на компјутерот - преку електрични патишта кои се наречени магистрали.

На матичната плоча се вградуваат и картички (графичка, звучна, мрежна...), на неа се наоѓаат разни чипови во кои се сместени процесорот, RAM меморијата итн.

ПРОЦЕСОР

Процесорот или на англиски CPU (Central Processing Unit – Централна процесирачка единица) е главниот дел на компјутерот, чија функција е да извршува обработка на податоците.

Процесорот е составен од голем број електронски кола поврзани во функционални целини и спакувани во еден чип. Тој е прицврстен на матичната плоча и над него се наоѓа ладилник или на англиски cooler, кој има задача постојано да го разладува процесорот, бидејќи тој се загрева при неговата работа.

СЕКОЈ ПРОЦЕСОР ИМА СВОЕ ИМЕ И РАБОТНА

ФРЕКВЕНЦИЈА.

Пример: CPU Core i5-2310 Quad 2.9GHz LGA 1155 6MB

BOXCPU Celeron G530 Dual Core 2.4GHz s1155 2MB BOXCPU AMD FX-4100 3.6GHz Quad-Core Black Edition 8MB AM3+ BOXCPU AMD Sempron 145 2.8Ghz 1MB L2 AM3 BOX

Името доаѓа од фирмата која го произведува (пример, Intel или AMD), додека работната фреквенција, која се изразува во Hz (херци), односно моментално во GHz (гига херци, 1Gz = 109 Hz), е поврзана со брзината на работа на процесорот.

ВНАТРЕШНА МЕМОРИЈА

Постојат два вида внатрешна меморија: -         RAM (Random Access Memory –

Меморија со случаен пристап) -         ROM (Read Only Memory – Меморија

само за читање)

RAM МЕМОРИЈА Оваа меморија се нарекува и работна

меморија или оперативна меморија или главна меморија;

o       ова е меморија во која податоците можат да се запишуваат, да се бришат и да се преместуваат од едно место на друго;

o       нејзината функција е да ги чува тековните податоци на програмите кога тие се извршуваат;

o       нејзината големина (капацитет) кај денешните персонални компјутери изнесува 1GB, 2 GB, 4 GB, 8 GB, па и повеќе.

o       големината (капацитетот) на RAM меморијата битно влијае врз брзината на работа на компјутерот (секако, заедно со останатите компоненти);

o       RAM меморијата претставува чип кој се прицврстува на матичната плоча; на една матична плоча можат да се прицврстат повеќе RAM мемориски чипови, во зависност од бројот на лежишта што ги има матичната плоча.

RAM МЕМОРИЈА

ROM МЕМОРИЈА Во ROM меморијата се

сместени програми што се извршуваат веднаш по секое вклучување на компјутерот и овозможуваат тој да се доведе во работна состојба, а и потоа имаат голема улога во контролата на работата на компјутерот. Овие програми се познати под името BIOS (Basic Input Output System) –програми. Содржина на ROMмеморијата не се менува;

o       RОM меморијата претставува чип кој е прицврстен на матичната плоча (за разлика од RAM меморијата, овој чип не се менува).

                 

ROM МЕМОРИЈА

CACHE (КЕШ) МЕМОРИЈА

Кеш меморија (англ. Cache) е компјутерска меморија која се користи од Централната Процесирачка Единица (CPU) или од контролер на некој периферен уред (на пр. контролер на тврд диск) во компјутерот, со цел да се скрати времето за пристап кон основната меморија

Кога на процесорската единица и требаат податоци, таа најпрво ги бара во сопствените процесорски регистри, доколку не ги пронајде, ги бара во кеш меморијата и доколку и таму не ги најде, ги бара во главната меморија.

ПОВЕЌЕТО МОДЕРНИ ПРОЦЕСИРАЧКИ ЕДИНИЦИ ИМААТ НАЈМАЛКУ ТРИ

НЕЗАВИСНИ КЕШ ДЕЛОВИ:

инструкциски кеш - за да ги забрза инструкциските команди

податочен кеш - да го забрза читањето и запишувањето на податоците

преведувачки бафер (TLB - Translation Lookaside Buffer) - кој се користи да го забрза преведувањето на виртуелните во физички адреси за податочниот и инструкцискиот кеш.

ЕДИНИЦИ ЗА НАДВОРЕШНИ МЕМОРИИ

Хард диск Компакт диск Мемориски стик

ХАРД ДИСК

Хард дискот е сместен во куќиштето. На него се приклучени еден кабел за напојување со електрична енергија и една влезно-излезна магистрала која е прикачена на матичната плоча и преку која се врши трансферот на податоци

Хард дискот може да биде надворешен и внатрешен и има капацитет од неколку GB

ХАРД ДИСК

   

   

Кај дискот за чување на податоци се користат метални плочки кои се премачкани со магнетен слој.

Секоја плочка има по две глави за читање и запишување

Главите за читање и за запишување лебдат над плочите додека тие се вртат со огромни брзини ( околу 7200 вртежи во минута

КОМПАКТ ДИСК

Може да биде : Само за читање ( CD- ROM) За читање и за запишување само еднаш ( CD-R) За читање и за запишување произволен број пати

(CD-RW) Оптички дискови ( DVD ) Капацитет 700 MB а DVD неколку GB

МЕМОРИСКИ СТИК

Пренесување на податоци поради мали дименции , и релативно големите капацитети ( денес 8 или повеќе GB)

ДЕЛ ЗА НАПОЈУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

   

Тој се приклучува со посебен кабел на наизменичен напон од 220V (или 110V) во електрична мрежа.Склопот обезбедува еднонасочни напони од ±5V и ±12V, потребни за работа на персоналниот компјутер.Неговата моќност е од 150W па до неколку киловати (KW) во последно време.

ГРАФИЧКА КАРТИЧКА

Ја претвора сликата која ја генерира процесорот, во облик кој може да се прикаже на мониторот.

   

ГРАФИЧКАТА КАРТИЧКА Е СОСТАВЕНА ОД ТРИ ДЕЛА: ГРАФИЧКИ

ПРОЦЕСОР, ВИДЕО МЕМОРИЈА И ДИГИТАЛНО-АНАЛОГЕН

КОНВЕРТОР.

ЗВУЧНАТА КАРТИЧКА 

Звучната картичка е дел на компјутерот кој обезбедува звучен влез и излез. Таа содржи звучен чип кој аналогните звучни сигнали (звучните бранови) ги претвора во дигитален сигнал (единици и нули).

МРЕЖНА КАРТИЧКА

Мрежната картичка или контролерот за мрежниот интерфејс (или на англиски Network card, Network adapter, NIC – Network Interface Controller, LAN adapter) е хардверска компонента, која се грижи за комуникацијата на компјутерот преку компјутерска мрежа

      

Мрежната картичка може да биде интегрирана на матичната плоча или да биде посебна картичка, која пак, може да биде со можност за приклучок на кабел (кабелска комуникација), безжична (wireless) или USB-варијанта.

Овозможувајќи комуникација помеѓу мали групи на компјутери во една LAN (Local Area Network – локална компјутерска мрежа) и големи мрежни комуникации преку рутирачки протоколи, како IP (Internet Protocol).

Секоја Ethernet мрежна картичка има уникатен 48-битен сериски број кој се нарекува MAC адреса, која е сместена во ROM-от.

Секој компјутер кој е на Ethernet мрежа мора да има картичка со единствена MAC адреса

Мрежните картички обично се достапни во 10/100/1000 Mbit/s.

Ова значи дека тие можат да ја поддржат замислената максимална брзина на трансфер на податоци од 10, 100 или 1000мегабити

ВЛЕЗНИ ЕДИНИЦИ 

Влезни единици кај компјутерот се оние хардверски компоненти со кои се овозможува “внесување“ на податоци во компјутерот, односно проток на податоците од корисникот (човекот) кон компјутерот.

ВО ВЛЕЗНИ ЕДИНИЦИ СПАЃААТ:

-         тастатура -         глувче -         палка (joystick) -         скенер -         микрофон -         дигитален фотоапарат -         видео камера -         графичка табла

ИЗЛЕЗНИ ЕДИНИЦИ 

Хардверски компоненти со кои се овозможува “изнесување“ на податоци од компјутерот, односно проток на податоците компјутерот кон корисникот (човекот).

Во излезни единици спаѓаат:     -         монитор     -         печатач     -         цртач (plotter)     -         звучници     -         видео проектор

ВЛЕЗНО-ИЗЛЕЗНИ ЕДИНИЦИ 

Хардверски компоненти со кои се овозможува и“внесување“ и “изнесување“ на податоци, односно протокот на податоците е од корисникот (човекот) кон компјутерот и обратно.

Типична влезно- излезна единици е: модемот ги претвора бихарни

информатиции во звучни сигнали а модемот кој се наоѓа на другиот крај на врската овие звучни сигнали ги претвора во бинарни

Брзина на модемот се мери со битови во секунда т.е во килобитови во секунда

Постојат два вида модеми: Внатрешен ( интерен)- во облик на картичка и се

приклучува на некој од слотовите на матичната плоча

Надворешен ( екстерен)- е посебен уред кој преку кабел се приклучува со компјутерот

ЕДИНИЦИ ЗА МЕМОРИЈА

1 b (1 bit) е најмалата единица за меморија.

Битот може да има две вредности: логичка нула (“0“) или негативна вредност и логичка единица (“1“) или позитивна вредност.

Поголеми единици од битот се: B (Byte), KB, MB, GB, TB ...

1 B = 8 b 1 KB = 1024 (210) B 1 MB =1024 (210) KB  = 1024x1024 (220) B 1 GB = 1024 (210) MB = 1024x1024 (220) KB

= 1024x1024x1024 (230) B 1 TB = 1024 (210) GB = 1024x1024 (220) MB

= 1024x1024x1024 (230) KB = 1024x1024x1024x1024 (240) B

Доколку сите овие единици ги претставиме на едно скалило, тоа би изгледало вака:

      1 GB 210

    1 MB 210 220

  1 KB 210 220 230

1 B 210 220 230 240

                                                                                                                                                   1 TB