12
КаКо да му помогнете на срцето Прирачник за пациенти со срцева слабост РМ 12.3.10

Како да му помогнете на срцето

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Корисна и информативна брошура Болницата Филип Втори за пациенти со срцева слабост која дава одговор на најчесто поставуваните прашања.

Citation preview

Page 1: Како да му помогнете на срцето

КаКо да му помогнете на срцето

Прирачник за пациенти со срцева слабост

РМ 12.3.10

Page 2: Како да му помогнете на срцето

Најчесто поставувани прашања ►

Page 3: Како да му помогнете на срцето

Што е срцева слабост Срцева слабост не значи дека срце-то престанало да работи или дека имате инфаркт, туку дека не може да пумпа доволно крв за потребите на организмот.

Како настанува срцева слабост

Настанува поради многу други нарушувања. Некогаш не може да се открие вистинската причина. Најчесто настанува поради:- Коронарна артериска болест (зат-нување на артериите што го хра-нат срцето). Многу често луѓето со срцева слабост веќе прележале миокарден инфаркт.- Слабеење на срцевиот мускул ( т.н „кардиомиопатија“)- Висок крвен притисок (хипертен-зија)- Проблеми со срцевите валвули- Неправилен ритам на срцето (аритмија)- Токсични супстанции (како што е алкохолот)- Вродени срцеви маани- Дијабет- Проблеми со тироидната жлезда

Кои се симптомите на срцева слабост

Најчести симптоми на срцевата слабост се:- гушење (особено при физички напор)- гушење при лежење на равно- општа слабост и малаксаност- отоци на нозете ( особено на ста-палата и глуждот)- кашлица

Кои испитувања треба да се направат

- рентген снимки на белите дробо-ви и срцето- ЕКГ (електрокардиограм)- ехокардиографија на срцето- крвни анализи- коронарографија (по индика-ција)

Најчесто поставувани прашања ►

Page 4: Како да му помогнете на срцето

Како оди третманот

Срцевата слабост не може да се излечи комплетно. Може само да се намалат симптомите и да се подобри квалитетот на живот со лекување на примарната болест. Третманот може да биде опера-тивен или конзервативен. И во двата случја е потребно промена на начинот на живеење, односно соодветна диета, намалување на физичката активност, а најважно од се е редовното земање медика-ментозната терапија..

Кои лекарства треба да ги земам

Најчести лекови за срцевата слабост се:

► АЦЕ инхибиторите (енап, еналаприл, реналаприл, алкадил, капторил, зоркаптил, хемоквин) ги дилатираат (прошируваат) крвните садови, со што се намалува крвниот притисок и се овозможува подобар проток на крвта;

► Диуретиците (ласикс, фу-росемид, едемит форте, алдакто-не, спиринолактон, хидрохлор-тијазид) помагаат во излачување на вишокот на вода од телото со што се спречува насобирање теч-ност во белите дробови и се олес-нува дишењето;

► Бета-блокерите (блоксан, атенолол, пропранолол, принорм, панапрес, пресолол, метопролол, беталок, белок, конкор, дилатренд кориол, карведилол) го подобруваат протокот на крвта и помагаат при проблеми со срцевиот ритам;

► Кардиотониците (ланитоп, плитоп, дигоксин) му помагаат на срцето подобро да пумпа крв;

► С т а т и н и т е ( а н т и х и п е р л и п и д е м и ц и ) : холеста, василип, синвастатин, атровастатин, аторис и други ги намалуваат маснотиите во крвта.

► Други кои се употребуваат како додатоци на целата терапија: калиум, магнезиум.;

Поради земањето поголем број медикаменти е потребно да се прават повремени лабораториски анализи заради контрола на кали-умот во крвта како и функцијата на бубрезите и црниот дроб.

Дали треба да ги земам доживотно лековите

Некои од лековите можеби ќе треба да ги земате подолго време, што зависи од состојбата на срцето како и од природата на примарната болест. Секогаш консултирајте доктор ако го нема соодветниот лек и прашајте за за-мена.

Page 5: Како да му помогнете на срцето

Колку често треба да доаѓам на контрола

На почетокот контролите се позачестени: може дури и секоја не-дела за да се видат ефектите од ме-дикаментите. Откако ќе се адаптира терапијата и откако ќе се чувствува-те подобро, контролните прегледи може да се редуцираат.

При кои промени треба да контактирам со доктор

Контактирајте го вашиот лекар при секоја промена со ди-шењето, отоци на нозете, покачена телесна тежина за 1-2 килограми во неколку дена, како и секакви пра-шања околу пропишаната терапија.

Дали треба да си ја мерам телесната тежина

Многу е важно да си ја мерите и да си ја запишувате те-лесната тежина секој ден. Секоја промена значи задршка на течност во организмот и додатно оптова-рување на веќе ослабнатиот срцев мускул. Со редовното мерење и запишување, ќе му помогнете на лекарот да ја приспособи диурет-ската терапија и да се избегнат додатните влошувања и хоспита-лизации.Известете го лекарот за секоја

промена во тежината за 1-2 ки-лограми во рок од еден ден. Ако не ви се подобри дишењето и не се намали тежината, и покрај зго-лемената диуретска терапија вед-наш, контактирајте со докторот.

Физичка активност Најпрепорачливо е пешачењето. Се почнува со куси прошетки и потоа секојдневно се зголемувуваат, во за-висност од општата состојба. Секо-гаш престанете со физичката актив-ност ако почуствувате гушење, замор, градна болка, ладна пот. Избегнувајте физичка активност при многу ниски или многу високи температури.

Page 6: Како да му помогнете на срцето

Дијагностички Центар „ФИЛИП ВТОРИ“

Page 7: Како да му помогнете на срцето

Каква треба да биде исхраната

Исхраната треба да биде раз-новидна. Најдобро е јадење свежа храна (овошје и зеленчук), без конзерванси. Да се избегнува висококалорична исхрана (шеќер и масти) како и алкохол.Најважно е во храната да не се до-дава сол или, пак, тоа да биде во мо-шне мали количества. Солта прави задршка на течности во организмот, предизвикува гушење и отежнато дишење.

Што се случува ако забора-вам да испијам таблета

Никогаш не земај дупла доза ако си заборавил да ја земеш во одреденото време. Продолжи со терапијата како што е одредено од лекарот.

Дали можам да возам Ако си имал губиток на свест како резултат на аритмија, не треба да возиш. Последната регистрирана вентрикуларна аритмија треба да биде најмалку 6 месеци пред да почнеш да возиш самостојно.

Дали може да примам вакцини

Секако. Препорачливо е да се при-ма вакцината против грип, како и други вакцини за да спречат бело-дробни инфекции што може да бидат сериозни кај пациентите со срцева слабост.

Дали може да пушам Пушењето е најстрого забрането кај сите срцеви болни. Чадот од цигарите содржи карбон моно-ксид што влијае врз снабдувањето на клетките со кислород.

Page 8: Како да му помогнете на срцето

Неколку предлози за да бидете ,,добар“ пациент:

● Земајте ја терапијата во исто

ме секој ден ● Проверете како треба да ги земате таблетите (пред јадење, после јадење, со храна итн)

• Не ja зголемувајте дозата на своја рака; ● Консултирајте се со лекарот за земањето на секаков вид на витамини и минерали како додатоци на исхраната

● Обидете се да ја земете диуретската терапија наутро за да не се будите ноќе

● Мерете ја телесната тежина секој ден

● Престанете со пушењето ● Не пијте алкохол;

● Консултирајте се со лекар ако забележите промени при земањето на некои лекови- сува кашлица, отоци во подколениците итн.

● Одетее редовно на контролните прегледи: зпишувајте ги прашањата што сакате да му ги поставите на лекарарот.

РЕЧНИК НА МЕДИЦИНСКИ ИЗРАЗИ

o Ангина пекторис-стеглива градна болка како резултат на недоволно кислород во срце-виот мускул. Обично е карак-теристична кај сигнификантна коронарна артериска болест.

o Атеросклероза- стеснување и стврднување на крвните садови предизвикана од таложење плаки од различно потекло.

o Крвни садови- во вид на цевчиња што пренесуваат крв: артерии, вени, капилари.

o Коронарни артерии- артерии во срцевиот мускул и го снабдуваат со кислород

o Коронарна артериска болест (КАБ)- болест на крвните садови што го хранат срцевиот мускул како резултат на стеснување и затнување од различна етиологија.

Page 9: Како да му помогнете на срцето

o Дислипидемија- нарушување на вредностите на мастите во крвта.

o Ризик фактори за кардиоваскуларни болести- хипертензија, пушење, пиење алкохол, дислипидемија, старост, пол, фамилијарна историја за КАБ.

o Антихипертензиви лекови- лекови што го намалуваат високиот крвен притисок.

o Холестерол- супстанција што учествува во формирањето на клетките. При зголемени вредности на холестеролот во крвта настанува таложење на ѕидовите на крвните садови што води до стеснување и прекинување на протокот на крвта.

o ХДЛ (добар холестерол)- - липопротеин, збогатен со фосфолипиди и холестерол што го пренесува холестеролот до црниот дроб заради разградување.

o ЛДЛ (лош холестерол)- го пренесува холестеролот од крвта низ целото тело.

o Триглицериди- друг вид масти во крвта кои, исто така, може да ги затнат крвните садови.

o Дијабет (шеќерна болест)- зголемени количества шеќер во крвта поради недоволно лачење инсулин (хормон што помага

шеќерот да се транспортира во клетките каде што се користи како енергија).

o Антиоксиданти- супстанции во овошјето, зеленчукот, интегралите жита, семките кои го спречуваат или намалуваат таложењето на холестеролот и другите масти во крвта на ѕидовите на крвните садови. Може да се земат како додаток на исхранат.

o Миокарден инфаркт- - затнување на една или повеќе коронарни артерии, со што се прекинува доводот на кислород што предизвикува оштетување на тој дел од срцевиот мускул

o Срцева фреквенција (пулс)- број на срцевите контракции во една минута

o Метаболизам- хемиски промени во клетките со кој се обезбедува енергијата потребна за виталните функции и активности

o Плаки- кога се работи за атеросклероза овој термин ги опишува жолтите делови од внатрешниот дел на крвните садови задебелени поради наталожените масни супстанции (масти и холестерол) и фиброзни ткива.

Page 10: Како да му помогнете на срцето

o Ежекциона фракција- количеството на крв што се испумпува од срцето при секоја контракција, односно ја покажува пумпната сила на срцевиот мускул

o Аритмија- неправилен ритам на срцето

o Антихиперлипидемици-лекови што ги намалуваат мастите во крвта.

Според најновите светски статистики пациентите кои се придржувале кон советите од лекарите, земале редовно терапија, го смениле начинот на живот и знаат повеќе за својата болест имаат подобра прогноза отколку пациентите кои не се придржувале кон правилата.

Најпознати web страници на кои може да се информирате повеќе за срцевите заболувања:

www.americanheart.orgwww.heartfailure.org www.hfsa.orgwww.familydoctor.org

Page 11: Како да му помогнете на срцето

НОВА ДИМЕНЗИЈА ВО МЕДИЦИНСКАТА ДИЈАГНОСТИКА

Приказ на нормални срцеви артерии

Kомпјутеризирана томографска коронарографија

Page 12: Како да му помогнете на срцето

www.filipvtori.com [email protected]

ПЗУ Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори”

02/ 3091- 484